градежни работи Archives - Република https://republika.mk/tema/gradezni-raboti/ За подобро да се разбереме Thu, 30 May 2024 06:34:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png градежни работи Archives - Република https://republika.mk/tema/gradezni-raboti/ 32 32 Од утре повторно градежни работи на автопатот Петровец-Катланово https://republika.mk/zivot/servisi/od-utre-povtorno-gradezhni-raboti-na-avtopatot-petrovets-katlanovo/ Thu, 30 May 2024 06:34:25 +0000 https://republika.mk/?p=782970

Заради извршување на градежни активности, од утре времено ќе биде изменет режимот на сообраќај на автопат А1, делница Петровец - Катланово.

Измената на режим на сообраќај ќе започне да се применува од петок, 31.05.2024, а во врска со проектот за завршување на работите на рехабилитација со проширување на наведената делница од автопатот, соопштуваат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 1 април, е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

The post Од утре повторно градежни работи на автопатот Петровец-Катланово appeared first on Република.

]]>

Заради извршување на градежни активности, од утре времено ќе биде изменет режимот на сообраќај на автопат А1, делница Петровец - Катланово.
Измената на режим на сообраќај ќе започне да се применува од петок, 31.05.2024, а во врска со проектот за завршување на работите на рехабилитација со проширување на наведената делница од автопатот, соопштуваат од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 1 април, е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

The post Од утре повторно градежни работи на автопатот Петровец-Катланово appeared first on Република.

]]>
Се реконструира „Никола Карев“ кај Железничка https://republika.mk/vesti/skopje/se-rekonstruira-nikola-karev-kaj-zheleznichka/ Mon, 06 Nov 2023 08:25:28 +0000 https://republika.mk/?p=698643

Почна реконструкција на улицата „Никола Карев“, од крстосницата со булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“ до крстосницата со улица „Ѓуро Ѓоновиќ“ во општината Центар.

Станува збор за фреквентна улица која поврзува клучни сообраќајници во Скопје, која е во непосредна близина на Меѓуградската автобуска станица. Реконструкцијата на улицата „Никола Карев“ се реализира на барање на граѓаните со што исполнуваме уште едно ветување од програмата „За модерно Скопје" затоа што потребите на граѓаните се наш приоритет, вели градоначалничката Данела Арсовска, која денеска изврши увид на градежните работи.

Како што соопштуваат од Град Скопје, на улицата „Никола Карев“ се врши реконструкција на коловозот, нивелација на шахтите и на сливниците, како и поставување на хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, а градежните работи ги изведуваат екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта Скопје”.

The post Се реконструира „Никола Карев“ кај Железничка appeared first on Република.

Почнуваат градежните работи на наплатната станица Глумово https://republika.mk/zivot/servisi/pochnuvaat-gradezhnite-raboti-na-naplatnata-stanitsa-glumovo/ Mon, 02 Oct 2023 06:02:56 +0000 https://republika.mk/?p=686909

Од денеска ќе отпочнат градежните и инсталатерски работи на наплатната станица Глумово. Градежните работи и реконструкцијата, предвидено е да звршат во рок од шест месеци, соопштија од Јавното претпријатие за државни патишта.

При извршувањето на градежните работи, како што е најавено, наплатната станица Глумово ќе биде во делумна функција и сообраќајот ќе се одвива со времен режим одобрен од МВР и од Министерството за транспорт и врски. Од ЈП за државни патишта апелираат на одговорно учество во сообраќајот и на почитување на времениот режим.

Инаку, потсетуваат од Државни патишта, реконструкцијата се инвестира преку заем од ЕБОР во вредност од 948.261,21 EUR. Изведувач на работите е конзорциумот Аселсан Жикол, а надзор е Институтот за патишта, Дооел Велес. Кон крајот на месец октомври ќе отпочне реконструкцијата и на наплатна станица Желино.

The post Почнуваат градежните работи на наплатната станица Глумово appeared first on Република.

]]>

Од денеска ќе отпочнат градежните и инсталатерски работи на наплатната станица Глумово. Градежните работи и реконструкцијата, предвидено е да звршат во рок од шест месеци, соопштија од Јавното претпријатие за државни патишта. При извршувањето на градежните работи, како што е најавено, наплатната станица Глумово ќе биде во делумна функција и сообраќајот ќе се одвива со времен режим одобрен од МВР и од Министерството за транспорт и врски. Од ЈП за државни патишта апелираат на одговорно учество во сообраќајот и на почитување на времениот режим. Инаку, потсетуваат од Државни патишта, реконструкцијата се инвестира преку заем од ЕБОР во вредност од 948.261,21 EUR. Изведувач на работите е конзорциумот Аселсан Жикол, а надзор е Институтот за патишта, Дооел Велес. Кон крајот на месец октомври ќе отпочне реконструкцијата и на наплатна станица Желино.

The post Почнуваат градежните работи на наплатната станица Глумово appeared first on Република.

]]>
Од понеделник отпочнуваат градежните работи на наплатната станица Глумово https://republika.mk/zivot/servisi/od-ponedelnik-otpochnuvaat-gradezhnite-raboti-na-naplatnata-stanitsa-glumovo/ Fri, 29 Sep 2023 13:49:14 +0000 https://republika.mk/?p=686349

Јавното претпријатие за државни патишта денеска информира дека од понеделник ќе отпочнат градежните и инсталатерски работи на наплатната станица Глумово. Градежните работи и реконструкцијата, предвидено е да звршат во рок од шест месеци.

При извршувањето на градежните работи, како што е најавено, наплатната станица Глумово ќе биде во делумна функција и сообраќајот ќе се одвива со времен режим одобрен од МВР и од Министерството за транспорт и врски. Од ЈП за државни патишта апелираат на одговорно учество во сообраќајот и на почитување на времениот режим.

Инаку, потсетуваат од Државни патишта, реконструкцијата се инвестира преку заем од ЕБОР во вредност од 948.261,21 EUR. Изведувач на работите е конзорциумот Аселсан Жикол, а надзор е Институтот за патишта, Дооел Велес. Кон крајот на месец октомври ќе отпочне реконструкцијата и на наплатна станица Желино.

The post Од понеделник отпочнуваат градежните работи на наплатната станица Глумово appeared first on Република.

]]>

Јавното претпријатие за државни патишта денеска информира дека од понеделник ќе отпочнат градежните и инсталатерски работи на наплатната станица Глумово. Градежните работи и реконструкцијата, предвидено е да звршат во рок од шест месеци. При извршувањето на градежните работи, како што е најавено, наплатната станица Глумово ќе биде во делумна функција и сообраќајот ќе се одвива со времен режим одобрен од МВР и од Министерството за транспорт и врски. Од ЈП за државни патишта апелираат на одговорно учество во сообраќајот и на почитување на времениот режим. Инаку, потсетуваат од Државни патишта, реконструкцијата се инвестира преку заем од ЕБОР во вредност од 948.261,21 EUR. Изведувач на работите е конзорциумот Аселсан Жикол, а надзор е Институтот за патишта, Дооел Велес. Кон крајот на месец октомври ќе отпочне реконструкцијата и на наплатна станица Желино.

The post Од понеделник отпочнуваат градежните работи на наплатната станица Глумово appeared first on Република.

]]>
Запрени градежните работи на делницата Скопје – Блаце, имало многу сообраќај https://republika.mk/vesti/ekonomija/zapreni-gradezhnite-raboti-na-delnitsata-skopje-blatse-imalo-mnogu-soobrakaj/ Mon, 07 Aug 2023 14:26:26 +0000 https://republika.mk/?p=669685

Јавно претпријатие за државни патишта ја известува јавноста дека привремено ќе бидат прекинати градежните активности кои се одвиваат во тунелот на државниот пат А4, на делницата Скопје – Блаце. Тие ќе продложат од септември.

Прекинот на работите на оваа делница ќе биде направен заради зголемен проток на сообраќај во месец август, за да се избегнат застоите, а се во насока на зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот кои ја користат оваа делница. Изведувачот на работите, Гранит-Скопје, привремено ќе ги стопира градежните активности на рехабилитација на тунелот, при што за време на прекинот сообраќајот ќе се одвива нормално, а не под посебен режим, соопштуваат од Јавно претпријатие за државни патишта.

Работите на овој дел од државниот пат ќе продолжат на почетокот на месец септември.

The post Запрени градежните работи на делницата Скопје – Блаце, имало многу сообраќај appeared first on Република.

Седум турски државјани работеле градежни работи во Аеродром без потребните документи https://republika.mk/vesti/crna-hronika/sedum-turski-drzhavjani-rabotele-gradezhni-raboti-vo-aerodrom-bez-potrebnite-dokumenti/ Fri, 28 Jul 2023 18:43:13 +0000 https://republika.mk/?p=666435

Седум турски државјани се затекнати како извршуваат градежни работни активности без регулиран привремен престој за странец по основ на вработување и без соодветна дозвола издадена од Агенцијата за вработување.

Како што информитраат од МВР, вчера полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје при Регионалниот центар за гранични работи Север во содејство со инспектори од Државниот инспекторат за труд извршиле контрола на градежен објект на подрачјето на Аеродром, Скопје.

По доставено барање за поведување прекршочна постапка против сите седум лица по член 217 став 1 и став 2 од Законот за странци, Основниот суд Скопје им изрече глоби од 250 евра и им издаде решенија за враќање на странец, се наведува во соопштението на МВР.

The post Седум турски државјани работеле градежни работи во Аеродром без потребните документи appeared first on Република.

]]>

Седум турски државјани се затекнати како извршуваат градежни работни активности без регулиран привремен престој за странец по основ на вработување и без соодветна дозвола издадена од Агенцијата за вработување. Како што информитраат од МВР, вчера полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје при Регионалниот центар за гранични работи Север во содејство со инспектори од Државниот инспекторат за труд извршиле контрола на градежен објект на подрачјето на Аеродром, Скопје.
По доставено барање за поведување прекршочна постапка против сите седум лица по член 217 став 1 и став 2 од Законот за странци, Основниот суд Скопје им изрече глоби од 250 евра и им издаде решенија за враќање на странец, се наведува во соопштението на МВР.

The post Седум турски државјани работеле градежни работи во Аеродром без потребните документи appeared first on Република.

]]>
Времен режим на булеварот „Киро Глигоров“ во недела https://republika.mk/zivot/servisi/vremen-rezhim-na-bulevarot-kiro-gligorov-vo-nedela/ Fri, 24 Mar 2023 18:55:01 +0000 https://republika.mk/?p=623371

 ЈП Улици и патишта Скопје ги известува граѓаните дека во недела (26.03.2023година) на булeварот Киро Глигоров на потегот од Бриколаж до булеварот АСНОМ  сообраќајот ќе се одвива во согласност со привремено воведен режим.  Времениот режим се воведува поради активностите за  обележување на хоризонтална сигнализација на булеварот  во периодот од 07 – 19 часот.

 Апелираме  до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим на сообраќај.

The post Времен режим на булеварот „Киро Глигоров“ во недела appeared first on Република.

Викендов затворена „Теодосиј Гологанов“ https://republika.mk/vesti/skopje/vikendov-zatvorena-teodosij-gologanov/ Sat, 18 Mar 2023 07:31:18 +0000 https://republika.mk/?p=620896

Поради изведување градежни работи денеска и утре ќе има изменет сообраќаен режим во Скопје, односно за сообраќај ќе биде затворена улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

Како што информираат од МВР, оваа улица денеска ќе биде затворена од 08:00 часот до завршување на градежните работи, а утре во периодот од 07:00 до 19:00 часот.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

The post Викендов затворена „Теодосиј Гологанов“ appeared first on Република.

]]>

Поради изведување градежни работи денеска и утре ќе има изменет сообраќаен режим во Скопје, односно за сообраќај ќе биде затворена улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Како што информираат од МВР, оваа улица денеска ќе биде затворена од 08:00 часот до завршување на градежните работи, а утре во периодот од 07:00 до 19:00 часот. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

The post Викендов затворена „Теодосиј Гологанов“ appeared first on Република.

]]>
Од утре до понеделник се затвора сообраќајниот влез во Битола од Ресен https://republika.mk/zivot/servisi/od-utre-do-ponedelnik-se-zatvora-soobrakjajniot-vlez-vo-bitola-od-resen/ Thu, 26 May 2022 21:58:24 +0000 https://republika.mk/?p=507420

Од утре и во наредните три денови до понеделник, во целост ќе биде затворен западниот сообраќаен влез во Битола, односно од Ресен и Охрид.

Од Општина Битола информираат дека во завршна фаза е реализацијата на проектот за реконструкција на коловоз на улица „Довлеџик“ и затоа сообраќајот ќе биде пренасочен по обиколницата, односно за влез во градот ќе се користи северниот влез, од страната на Прилеп.

Согласно динамиката за реализација на договорот за реконструкција во деновите 27, 28 и 29 мај, ќе се врши асфалтирање на улицата од раскрсницата на улицата „Довлеџик“ со улицата Големо Езеро до мостот на реката Драгор. Улицата ќе биде целосно затворена за сообраќај од 07.00 часот во петок 27 мај до 08.00 часот во понеделник 30 мај. Во деновите додека трае асфалтирањето на улицата, сообраќајот ќе се одвива преку обиколницата, информираа од Општина Битола

The post Од утре до понеделник се затвора сообраќајниот влез во Битола од Ресен appeared first on Република.

]]>

Од утре и во наредните три денови до понеделник, во целост ќе биде затворен западниот сообраќаен влез во Битола, односно од Ресен и Охрид. Од Општина Битола информираат дека во завршна фаза е реализацијата на проектот за реконструкција на коловоз на улица „Довлеџик“ и затоа сообраќајот ќе биде пренасочен по обиколницата, односно за влез во градот ќе се користи северниот влез, од страната на Прилеп.