Град Скопје Archives - Република https://republika.mk/tema/grad-skopje/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Nov 2024 17:11:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Град Скопје Archives - Република https://republika.mk/tema/grad-skopje/ 32 32 Данела не им крева ни на младите: НМСМ се повлекува од партнерството со Град Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/danela-ne-im-kreva-ni-na-mladite-nmsm-se-povlekuva-od-partnerstvoto-so-grad-skopje/ Thu, 07 Nov 2024 17:38:07 +0000 https://republika.mk/?p=835262

Националниот младински совет на Македонија ги известува младите дека се повлекува од партнерството со Град Скопје за кандидатурата на Град Скопје за Европска младинска престолнина 2027 година, соопштија денеска од здружението.

До оваа одлука дојдовме по неколкуте обиди да стапиме во контакт со претставниците на градот, кои треба заеднички со нас да ја презентираат кандидатурата на градот пред жири комисијата за Европска младинска престолнина и безброј барања за состанок за координација за презентацијата. Неуспехот да стапиме во контакт и на самиот почеток да воспоставиме одржливо партнерство само ни покажа дека градот не е суштински посветен на младите и кандидирањето за оваа титула не е мотивирано од вистинските потреба за поставување на младите високо на листата на приоритети. Овој заклучок дополнително ни се потврдува со фактот дека градот не покажа доволно посветеност за надминување на препреките за формирање на локален младински совет, усвојување на локална стратегија за млади, ниту пак отварање на младински центар, дел од механизмите кои се основа и на самата кандидатура за Европска младинска престолнина
2027, велат од НМСМ.

Основна заложба на Националниот младински совет на Македонија е, додаваат, да застапуваме за суштинско вклучување на младите, мотивирани од ова се вклучивме во овој процес заеднички со нашите организации членки и партнери од студентските и средношколксите организации.

За жал изминатите месеци ни покажаа дека претставниците на градот единствено препознаваат токенистичко вклучување на младите во процесите вклучувајќи ја и кандидатурата на град Скопје за Европска младинска престолнина 2027 година. Апелираме до преставниците на локалните и националните институции активно да се вложат во обезбедување на услови за суштинско младинско учество и заеднички со младите да креираат програми и политики кои одговараат на нивните вистински потреби и во ваквите процеси целосно им стоиме на располагање. Покрај овој резултат, Националниот младинсии совет ќе продолжи да бара поддршка и да вложува напори визијата која ја имаме за Скопје да стане реалност, активно да ги поддржува младите и да застапува пред институциите за политики кои ги адресираат нивните приоритети и обезбедуваат зголемен младински стандард и квалитет на живот, се вели во реакцијата од НМСМ.

The post Данела не им крева ни на младите: НМСМ се повлекува од партнерството со Град Скопје appeared first on Република.

]]>

Националниот младински совет на Македонија ги известува младите дека се повлекува од партнерството со Град Скопје за кандидатурата на Град Скопје за Европска младинска престолнина 2027 година, соопштија денеска од здружението.
До оваа одлука дојдовме по неколкуте обиди да стапиме во контакт со претставниците на градот, кои треба заеднички со нас да ја презентираат кандидатурата на градот пред жири комисијата за Европска младинска престолнина и безброј барања за состанок за координација за презентацијата. Неуспехот да стапиме во контакт и на самиот почеток да воспоставиме одржливо партнерство само ни покажа дека градот не е суштински посветен на младите и кандидирањето за оваа титула не е мотивирано од вистинските потреба за поставување на младите високо на листата на приоритети. Овој заклучок дополнително ни се потврдува со фактот дека градот не покажа доволно посветеност за надминување на препреките за формирање на локален младински совет, усвојување на локална стратегија за млади, ниту пак отварање на младински центар, дел од механизмите кои се основа и на самата кандидатура за Европска младинска престолнина 2027, велат од НМСМ.
Основна заложба на Националниот младински совет на Македонија е, додаваат, да застапуваме за суштинско вклучување на младите, мотивирани од ова се вклучивме во овој процес заеднички со нашите организации членки и партнери од студентските и средношколксите организации.
За жал изминатите месеци ни покажаа дека претставниците на градот единствено препознаваат токенистичко вклучување на младите во процесите вклучувајќи ја и кандидатурата на град Скопје за Европска младинска престолнина 2027 година. Апелираме до преставниците на локалните и националните институции активно да се вложат во обезбедување на услови за суштинско младинско учество и заеднички со младите да креираат програми и политики кои одговараат на нивните вистински потреби и во ваквите процеси целосно им стоиме на располагање. Покрај овој резултат, Националниот младинсии совет ќе продолжи да бара поддршка и да вложува напори визијата која ја имаме за Скопје да стане реалност, активно да ги поддржува младите и да застапува пред институциите за политики кои ги адресираат нивните приоритети и обезбедуваат зголемен младински стандард и квалитет на живот, се вели во реакцијата од НМСМ.

The post Данела не им крева ни на младите: НМСМ се повлекува од партнерството со Град Скопје appeared first on Република.

]]>
Град Скопје најавува присилна наплата на сите должници https://republika.mk/vesti/skopje/grad-skopje-najavuva-prisilna-naplata-na-site-dolzhnitsi/ Wed, 09 Oct 2024 10:14:59 +0000 https://republika.mk/?p=824530

Град Скопје ги известува сите даночни и таксени обврзници дека за оние лица кои не ги подмириле своите обврски за комунална такса фирмарина за 2021, 2022 и 2023 година, како и за должниците за данок на имот, се отпочнува со присилна наплата и забрана на користење средства.

Сите даночни и таксени обврзници кои немаат платено данок на имот и комунална такса – фирмарина за изминатите години неопходно е неодложно и веднаш да ги подмират своите обврски.

Граѓаните по добивањето на решенијата доколку забележат неправилности, истите треба да ги пријават на сајтот на Град Скопје (е-даноци), или преку одделот за пријавување на проблеми (http://gragjani.skopje.gov.mk/korisnik/), како и преку телефонските контакти:

За данок на имот: 072/204-434, 02 3297-316, 02 3297-539, 02 3297-280 и 02 3207-546.

За комунална такса-фирмарина: 02 3297-314.

За присилна наплата: 02 3297-296 и 02 3297-298.

The post Град Скопје најавува присилна наплата на сите должници appeared first on Република.

]]>

Град Скопје ги известува сите даночни и таксени обврзници дека за оние лица кои не ги подмириле своите обврски за комунална такса фирмарина за 2021, 2022 и 2023 година, како и за должниците за данок на имот, се отпочнува со присилна наплата и забрана на користење средства. Сите даночни и таксени обврзници кои немаат платено данок на имот и комунална такса – фирмарина за изминатите години неопходно е неодложно и веднаш да ги подмират своите обврски. Граѓаните по добивањето на решенијата доколку забележат неправилности, истите треба да ги пријават на сајтот на Град Скопје (е-даноци), или преку одделот за пријавување на проблеми (http://gragjani.skopje.gov.mk/korisnik/), како и преку телефонските контакти: За данок на имот: 072/204-434, 02 3297-316, 02 3297-539, 02 3297-280 и 02 3207-546. За комунална такса-фирмарина: 02 3297-314. За присилна наплата: 02 3297-296 и 02 3297-298.

The post Град Скопје најавува присилна наплата на сите должници appeared first on Република.

]]>
Изгласани се сите програми за кои Арсовска тврдеше дека се кочат https://republika.mk/vesti/skopje/izglasani-se-site-programi-za-koi-arsovska-tvrdeshe-deka-se-kochat/ Thu, 29 Aug 2024 16:59:28 +0000 https://republika.mk/?p=811314

Доцна попладнево ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во градот Скопје ги изгласа сите програми за кои Арсовска велеше дека се кочат. Иако на Арсовска не и се потребни програми за да го исчисти Скопје, затоа што за чисто Скопје не и е потребна програма за нешто што е утврдено со закон, сега по нивното гласање Арсовска нема повеќе алиби за нехигиената на главниот град. И на крај, додека се гласаа програмите градоначалничката не беше присутна на расправата за седницата за точките за кои што тврдеше дека се клучни.

The post Изгласани се сите програми за кои Арсовска тврдеше дека се кочат appeared first on Република.

Стојановски до Арсовска: Еве ви бел лист и напишете решение за јавниот превоз за од понеделник, втори септември! https://republika.mk/vesti/skopje/stojanovski-do-arsovska-eve-vi-bel-list-i-napishete-reshenie-za-javniot-prevoz-za-od-ponedelnik-vtori-septemvri/ Thu, 29 Aug 2024 13:38:31 +0000 https://republika.mk/?p=811290

Овие изјави градоначалничке Арсовска што ги давате дека некој бојкотирал или не, тоа е само еден обичен пиар. Сега гледам излеговте, а ќе беше добро да ме слушнете додека говорам, рече Мартин Стојановски, советник во Советот на Град Скопје на денешната седница обраќајќи и се на градоначалничката која повторно ја напушти седницата на Советот.

Стојановски како советник од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во градот побара решение за од втори септември.

Во понеделник е втори септември, децата почнуваат со училиште, речиси сите се враќаат на работа и еве ви бел лист и напишете, кажете како ќе го решите превозот на 2 септември затоа што вие овде што го зборувате е за набавка на автобуси. Тоа е за една година од сега, рече Стојановски.

Стојановски јасно апелираше дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата бараат решение за превозот во градот за од втори септември, а не за до година.

Значи еве го листот и напишете, кажете решение за од втори септември“, и порача Стојановски на Арсовска.

The post Стојановски до Арсовска: Еве ви бел лист и напишете решение за јавниот превоз за од понеделник, втори септември! appeared first on Република.

]]>

Овие изјави градоначалничке Арсовска што ги давате дека некој бојкотирал или не, тоа е само еден обичен пиар. Сега гледам излеговте, а ќе беше добро да ме слушнете додека говорам, рече Мартин Стојановски, советник во Советот на Град Скопје на денешната седница обраќајќи и се на градоначалничката која повторно ја напушти седницата на Советот. Стојановски како советник од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во градот побара решение за од втори септември.
Во понеделник е втори септември, децата почнуваат со училиште, речиси сите се враќаат на работа и еве ви бел лист и напишете, кажете како ќе го решите превозот на 2 септември затоа што вие овде што го зборувате е за набавка на автобуси. Тоа е за една година од сега, рече Стојановски.
Стојановски јасно апелираше дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата бараат решение за превозот во градот за од втори септември, а не за до година.
Значи еве го листот и напишете, кажете решение за од втори септември“, и порача Стојановски на Арсовска.
 
The post Стојановски до Арсовска: Еве ви бел лист и напишете решение за јавниот превоз за од понеделник, втори септември! appeared first on Република.

]]>
Се уште немаме конкретни мерки околу аерозагадувањето, вели советникот во Град Скопје Горјан Јовановски https://republika.mk/vesti/skopje/se-ushte-nemame-konkretni-merki-okolu-aerozagaduvaneto-veli-sovetnikot-vo-grad-skopje-gorjan-jovanovski/ Thu, 29 Aug 2024 11:48:48 +0000 https://republika.mk/?p=811221

Од страна на Градот се уште немаме конкретни мерки околу аерозагадувањето, рече денеска Горјан Јовановски, во рамките на 51 седница на Совеотот на Град Скопје, кога на дневен ред беше иницијативата на советничката група на Зелен хуман град, за преземање мерки за заштита на квалитетот на воздухот во Скопје произлезени од граѓанското климатско собрание на Скопје.

Тој, исто така, се осврна и на поставените компостари што биле покриени со пластика, наместо да компостираат отпад.

Од друга страна, Градот на многу места вели дека не е надлежен и дека други институции треба да постапат за одредени точки и ние се сложуваме. Беа наведени институциите што се засегнати заедно со градот. Градот доколку сака, може да започне соработка, иницијатива со овие други институции, аерозагадувањето не е проблем на една институција. Тоа е заедничка борба на сите. Ако пет илјади луѓе, според последната проценка во Македонија умираат годишно од аерозагадување, мислам дека е во ред да не се вели дека се нема надлежност, нагласи Јовановски, барајќи конкретни чекори.

Советникот од СДСМ, Гордан Шутаров рече дека овој проблем треба да ги засега сите и соработката треба да биде мултисекторска.

Независната советничка, Ирена Витина рече дека ја поздравува активноста на Јовановски, но, дека Градот и Советот не можат да наложат на одредени институции да преземат активности, туку може да имаат и имаат иницијативи, како таа за предлог закон за комунална полиција.

Не можам да се согласам дека Градот Скопје не презема никакви ангажмани и иницијативи, подвлече таа.

Претседателот на Советот, Трајко Славески рече дека постојано треба секој да го има на ум ова прашање во однос на квалитетот на воздухот, што ги засега сите. И да се продолжи максимум во иднина, со конкретни решенија и мерки.

Советот го одобри предлог-планот за изменување и дополнување на планот на програмите за развој за периодот 2024-2026 година. Беше усвоен кварталниот извештај за извршување на буџетот на Град Скопје за 2024 година, за периодот од 01.01 до 30.06.2024 година.

На дневен ред на денешната седница на Советот на Град Скопје се и дополнителните програми за работа на Комунална хигиена за вработување на околу 120 лица и одлука за пренамена на средства за ЈСП со кои ќе се репарираат и стават во функција уште 30 автобуси.

The post Се уште немаме конкретни мерки околу аерозагадувањето, вели советникот во Град Скопје Горјан Јовановски appeared first on Република.

]]>

Од страна на Градот се уште немаме конкретни мерки околу аерозагадувањето, рече денеска Горјан Јовановски, во рамките на 51 седница на Совеотот на Град Скопје, кога на дневен ред беше иницијативата на советничката група на Зелен хуман град, за преземање мерки за заштита на квалитетот на воздухот во Скопје произлезени од граѓанското климатско собрание на Скопје. Тој, исто така, се осврна и на поставените компостари што биле покриени со пластика, наместо да компостираат отпад.
Од друга страна, Градот на многу места вели дека не е надлежен и дека други институции треба да постапат за одредени точки и ние се сложуваме. Беа наведени институциите што се засегнати заедно со градот. Градот доколку сака, може да започне соработка, иницијатива со овие други институции, аерозагадувањето не е проблем на една институција. Тоа е заедничка борба на сите. Ако пет илјади луѓе, според последната проценка во Македонија умираат годишно од аерозагадување, мислам дека е во ред да не се вели дека се нема надлежност, нагласи Јовановски, барајќи конкретни чекори.
Советникот од СДСМ, Гордан Шутаров рече дека овој проблем треба да ги засега сите и соработката треба да биде мултисекторска. Независната советничка, Ирена Витина рече дека ја поздравува активноста на Јовановски, но, дека Градот и Советот не можат да наложат на одредени институции да преземат активности, туку може да имаат и имаат иницијативи, како таа за предлог закон за комунална полиција.
Не можам да се согласам дека Градот Скопје не презема никакви ангажмани и иницијативи, подвлече таа.
Претседателот на Советот, Трајко Славески рече дека постојано треба секој да го има на ум ова прашање во однос на квалитетот на воздухот, што ги засега сите. И да се продолжи максимум во иднина, со конкретни решенија и мерки. Советот го одобри предлог-планот за изменување и дополнување на планот на програмите за развој за периодот 2024-2026 година. Беше усвоен кварталниот извештај за извршување на буџетот на Град Скопје за 2024 година, за периодот од 01.01 до 30.06.2024 година. На дневен ред на денешната седница на Советот на Град Скопје се и дополнителните програми за работа на Комунална хигиена за вработување на околу 120 лица и одлука за пренамена на средства за ЈСП со кои ќе се репарираат и стават во функција уште 30 автобуси.

The post Се уште немаме конкретни мерки околу аерозагадувањето, вели советникот во Град Скопје Горјан Јовановски appeared first on Република.

]]>
Очекувавме седница, но се закажа само затворена координација со градоначалничката, се жалат советниците во Град Скопје обвинети дека ја кочат Арсовска https://republika.mk/vesti/skopje/ochekuvavme-sednitsa-no-se-zakazha-samo-zatvorena-koordinatsija-so-gradonachalnichkata-se-zhalat-sovetnitsite-vo-grad-skopje-obvineti-deka-ja-kochat-arsovska/ Thu, 22 Aug 2024 10:19:37 +0000 https://republika.mk/?p=809019

Кога станува збор за интересите на граѓаните, особено во делот на јавна чистота, комунална хигиена и јавни претпријатија, сите одлуки сме ги поддржувале бидејќи сме тука за да излеземе во пресрет на граѓаните и да овозможиме подобар живот за оние кои што ги користат јавните услуги во градот Скопје, рекоа координаторите на советничките групи на Град Скопје на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Очекувам дека до советниците на оваа координативна средба ќе биде предложен определен совет што како план треба понатаму да се изгласа. Ние остануваме конструктивни и во делот на прифаќање на предлози, давање на определени наши сугестии и за тоа како може да се подобрат состојбите исто така како што во претходните две години сме одлучувале, сме давале свои ставови и размислувања во предлог одлуки кои што биле давани од страна на градоначалничката Арсовска зошто сме ги гласале и поддржувале, но исто така сме имале и став зошто некои одлуки не сме ги поддржале, посочува координаторот на советничката група на Град Скопје и додава:

Јас правев една споредба, во 2021 година кога Советот го изгласа буџетот на град Скопје за 2022 година, паралелено на тоа се изгласале и сите програми. Тогаш во 2023 година, дел од програмите не се гласаат, а во оваа година имаме гласано само неколку програми, не се изгласани програмите за јавен превоз, локален превоз на патници, не се изгласани ниту дел на активности во јавната чистота, паркови и зеленило, генерално јавните претпријатија треба да работат врз основа на изгласани програми од страна на Советот. За жал иако сме имале определени забелешки, не сме сакале да бидеме кочничари на процесот, сме давале позитивно мислење и позитивна одлука за определени програми, но програмите за функционирањето на јавните претпријатија не добија доволен број на гласови односно нема мнозинство од Советот на градот Скопје за да бидат изгласани.

Мартин Стојановски, координатор на советничката група на Град Скопје вели дека денеска се свикани како координатори на советничките групи од страна на градоначалничката Арсовска во врска со разгледување на предлозите за проектите кои она ќе ги понуди и програмите особено за решенија за комунална хигиена, но и за неколку останати претпријатија.

Жалам што очекувавме да имаме седница, но видовте дека имаме една затворена координација која по мене требаше да биде јавна, но со големо жалење кажувам дека ќе биде затворена.Се надевам дека во иднина ваквите координации ќе бидат отворени за јавноста за граѓаните да имаат можност да видат за што точно се работи, да ги слушнат аргументите и на советничките групи и на градоначалничката секако од другата страна, вели тој и додава: Се надевам дека ќе бидат прифатени понудените одлуки доколку бидат издржани затоа што навистина како советници, не само ние, гледате дека градоначалничката која тврди дека програмите не и се изгласани, се изгласани, за тие што се изгласани се изгласани со мнозинство, за тие што не се изгласани како за новите автобуси, проаѓаат само со 6-7 гласа и значи дека не само советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата туку и останатите советнички групи не ги гласаат, изјави Мартин Стојановски, координатор на советничката група на Град Скопје.

The post Очекувавме седница, но се закажа само затворена координација со градоначалничката, се жалат советниците во Град Скопје обвинети дека ја кочат Арсовска appeared first on Република.

]]>

Кога станува збор за интересите на граѓаните, особено во делот на јавна чистота, комунална хигиена и јавни претпријатија, сите одлуки сме ги поддржувале бидејќи сме тука за да излеземе во пресрет на граѓаните и да овозможиме подобар живот за оние кои што ги користат јавните услуги во градот Скопје, рекоа координаторите на советничките групи на Град Скопје на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Очекувам дека до советниците на оваа координативна средба ќе биде предложен определен совет што како план треба понатаму да се изгласа. Ние остануваме конструктивни и во делот на прифаќање на предлози, давање на определени наши сугестии и за тоа како може да се подобрат состојбите исто така како што во претходните две години сме одлучувале, сме давале свои ставови и размислувања во предлог одлуки кои што биле давани од страна на градоначалничката Арсовска зошто сме ги гласале и поддржувале, но исто така сме имале и став зошто некои одлуки не сме ги поддржале, посочува координаторот на советничката група на Град Скопје и додава:
Јас правев една споредба, во 2021 година кога Советот го изгласа буџетот на град Скопје за 2022 година, паралелено на тоа се изгласале и сите програми. Тогаш во 2023 година, дел од програмите не се гласаат, а во оваа година имаме гласано само неколку програми, не се изгласани програмите за јавен превоз, локален превоз на патници, не се изгласани ниту дел на активности во јавната чистота, паркови и зеленило, генерално јавните претпријатија треба да работат врз основа на изгласани програми од страна на Советот. За жал иако сме имале определени забелешки, не сме сакале да бидеме кочничари на процесот, сме давале позитивно мислење и позитивна одлука за определени програми, но програмите за функционирањето на јавните претпријатија не добија доволен број на гласови односно нема мнозинство од Советот на градот Скопје за да бидат изгласани.
Мартин Стојановски, координатор на советничката група на Град Скопје вели дека денеска се свикани како координатори на советничките групи од страна на градоначалничката Арсовска во врска со разгледување на предлозите за проектите кои она ќе ги понуди и програмите особено за решенија за комунална хигиена, но и за неколку останати претпријатија.
Жалам што очекувавме да имаме седница, но видовте дека имаме една затворена координација која по мене требаше да биде јавна, но со големо жалење кажувам дека ќе биде затворена.Се надевам дека во иднина ваквите координации ќе бидат отворени за јавноста за граѓаните да имаат можност да видат за што точно се работи, да ги слушнат аргументите и на советничките групи и на градоначалничката секако од другата страна, вели тој и додава: Се надевам дека ќе бидат прифатени понудените одлуки доколку бидат издржани затоа што навистина како советници, не само ние, гледате дека градоначалничката која тврди дека програмите не и се изгласани, се изгласани, за тие што се изгласани се изгласани со мнозинство, за тие што не се изгласани како за новите автобуси, проаѓаат само со 6-7 гласа и значи дека не само советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата туку и останатите советнички групи не ги гласаат, изјави Мартин Стојановски, координатор на советничката група на Град Скопје.

The post Очекувавме седница, но се закажа само затворена координација со градоначалничката, се жалат советниците во Град Скопје обвинети дека ја кочат Арсовска appeared first on Република.

]]>
Град Скопје: Апелираме до Мицкоски да ги преиспита погрешните политики кои му ги нудат неговите соработници https://republika.mk/vesti/skopje/grad-skopje-apelirame-do-mitskoski-da-gi-preispita-pogreshnite-politiki-koi-mu-gi-nudat-negovite-sorabotnitsi/ Tue, 20 Aug 2024 17:56:36 +0000 https://republika.mk/?p=808398

Ако Мартин Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ сака да биде од корист на скопјани, на следната седница нека гласа за програмите за работа на јавните претпријатија и нека ги заслужи 500 евра паушал кои ги добива секој месец од скопјани за да глуми икебана, преку соопштение реагираат од Град Скопје.

Перински да не се крие зад Стојановски по вчерашниот дебакл, а апелираме до Мицкоски уште еднаш да ги преиспита погрешните политики кои му ги нудат неговите соработници.

Градот Скопје останува отворен за искрено партнерство со Владата во корист на граѓаните на градот Скопје, се наведува во соопштението.

The post Град Скопје: Апелираме до Мицкоски да ги преиспита погрешните политики кои му ги нудат неговите соработници appeared first on Република.

]]>

Ако Мартин Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ сака да биде од корист на скопјани, на следната седница нека гласа за програмите за работа на јавните претпријатија и нека ги заслужи 500 евра паушал кои ги добива секој месец од скопјани за да глуми икебана, преку соопштение реагираат од Град Скопје.
Перински да не се крие зад Стојановски по вчерашниот дебакл, а апелираме до Мицкоски уште еднаш да ги преиспита погрешните политики кои му ги нудат неговите соработници. Градот Скопје останува отворен за искрено партнерство со Владата во корист на граѓаните на градот Скопје, се наведува во соопштението.

The post Град Скопје: Апелираме до Мицкоски да ги преиспита погрешните политики кои му ги нудат неговите соработници appeared first on Република.

]]>
Министерот Перински за состојбата во градот Скопје: Очекувам разрешница во рамки на закон https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-perinski-za-sostojbata-vo-gradot-skopje-ochekuvam-razreshnitsa-vo-ramki-na-zakon/ Thu, 15 Aug 2024 15:43:17 +0000 https://republika.mk/?p=806960

Барањето на скопските градоначалници за одземање на ингеренциите на Град Скопје во областа на комуналната сфера е резултат на секојдневниот притисок од граѓаните, коишто со право се незадоволни од услугите, коишто се во надлежност на Град Скопје. Извесно е дека за актуелното прашање ќе се разговара на следната владина седница, со цел да се најде решение за состојбите во град Скопје, коишто секојдневно предизвикуваат нови и нови проблеми на коишто граѓаните реагираат.

„Ги разбирам барањата на градоначалниците и во целост се согласувам со нивниот став дека скопјани, за жал, поради една личност, која го окупира градот, живеат во супстандардни услови. Чекорот преземен од градоначалниците е сублимат од гневот на граѓаните, кои секојдневно се обраќаат до нив. Предлогот од страна на ЗЕЛС претпоставувам ќе се разгледува на следна седница на Влада, кадешто ние ќе ги кажеме своите ставови врз основа на законските механизми и сум убеден дека ќе се донесе најдоброто решение за граѓаните на град Скопје. Суштината е дека секое непостапување, согласно со надлежностите, кои се утврдени со закон и за којшто зема плата од скопјани, само по себе е прекршување на законот, коешто може да се третира и како злоупотреба на службена положба и овластување,“ вели министерот за локална самоуправа, Златко Перински.

Тој јавно ги повикува надлежните институции, да преземат мерки и активности за да се утврди зошто градоначалникот на Град Скопје не постапува согласно со своите надлежности и со тоа го загрозува животот и безбедноста на скопјани.

Според Перински, недозволиво и опасно е по скопските улици да има неподигнат и расфрлан смет на секој чекор и тоа на енормно високи температури. Срамни и опасни се, смета министерот, неискосените тревни површини на јавните простори под градска надлежност, каде се рекреираат скопјани и играат најмладите. Истовремено, не постои соодветен збор за нередовниот и небезбеден јавен превоз, кој е единствен транспорт на илјадници граѓани.

Впрочем и скопјани секојдневно сведочат за состојбата по улиците, а социјалните мрежи се преплавени со фотографии од јавните површини. Тоа само по себе говори дека несомнено проблемот треба да се реши под итно, во согласност со закон и секој фактор да делува во рамки на своите надлежности и ингеренции.

The post Министерот Перински за состојбата во градот Скопје: Очекувам разрешница во рамки на закон appeared first on Република.

]]>

Барањето на скопските градоначалници за одземање на ингеренциите на Град Скопје во областа на комуналната сфера е резултат на секојдневниот притисок од граѓаните, коишто со право се незадоволни од услугите, коишто се во надлежност на Град Скопје. Извесно е дека за актуелното прашање ќе се разговара на следната владина седница, со цел да се најде решение за состојбите во град Скопје, коишто секојдневно предизвикуваат нови и нови проблеми на коишто граѓаните реагираат.
„Ги разбирам барањата на градоначалниците и во целост се согласувам со нивниот став дека скопјани, за жал, поради една личност, која го окупира градот, живеат во супстандардни услови. Чекорот преземен од градоначалниците е сублимат од гневот на граѓаните, кои секојдневно се обраќаат до нив. Предлогот од страна на ЗЕЛС претпоставувам ќе се разгледува на следна седница на Влада, кадешто ние ќе ги кажеме своите ставови врз основа на законските механизми и сум убеден дека ќе се донесе најдоброто решение за граѓаните на град Скопје. Суштината е дека секое непостапување, согласно со надлежностите, кои се утврдени со закон и за којшто зема плата од скопјани, само по себе е прекршување на законот, коешто може да се третира и како злоупотреба на службена положба и овластување,“ вели министерот за локална самоуправа, Златко Перински.
Тој јавно ги повикува надлежните институции, да преземат мерки и активности за да се утврди зошто градоначалникот на Град Скопје не постапува согласно со своите надлежности и со тоа го загрозува животот и безбедноста на скопјани. Според Перински, недозволиво и опасно е по скопските улици да има неподигнат и расфрлан смет на секој чекор и тоа на енормно високи температури. Срамни и опасни се, смета министерот, неискосените тревни површини на јавните простори под градска надлежност, каде се рекреираат скопјани и играат најмладите. Истовремено, не постои соодветен збор за нередовниот и небезбеден јавен превоз, кој е единствен транспорт на илјадници граѓани. Впрочем и скопјани секојдневно сведочат за состојбата по улиците, а социјалните мрежи се преплавени со фотографии од јавните површини. Тоа само по себе говори дека несомнено проблемот треба да се реши под итно, во согласност со закон и секој фактор да делува во рамки на своите надлежности и ингеренции.

The post Министерот Перински за состојбата во градот Скопје: Очекувам разрешница во рамки на закон appeared first on Република.

]]>
Град Скопје: Мицкоски да преземе одговорност за состојбите во главниот град https://republika.mk/vesti/skopje/grad-skopje-mitskoski-da-prezeme-odgovornost-za-sostojbite-vo-glavniot-grad/ Wed, 14 Aug 2024 09:40:44 +0000 https://republika.mk/?p=806413

Ја поздравуваме најавата на претседателот на Владата – Христијан Мицкоски и го охрабруваме во најбрз можен рок да преземе одговорност за нарушените состојби во главниот град, кои што ги креираше, соопштуваат денеска од Град Скопје.

Оттаму апелираат „премиерот Мицкоски да ги вразуми советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на град Скопје кои трета година по ред свесно и за политички поени ја кочат работата на јавните претпријатија. Апелираме Мицкоски да ги убеди советниците да гласаат за набавка на нови еколошки автобуси, проект кој заедно со градоначалничката Арсовска го ветуваше на скопјани. Апелираме советниците навремено да ги гласаат програмите за работа на јавните претпријатија со цел да не се кочи нивната ефикасност, апелираме Мицкоски да превземе одговорност и за свесното блокирање на претпријатијата“.

Го охрабруваме Мицкоски да се обиде и да ја преземе одговорноста за членовите на Управните и Надзорните одбори во претпријатијата на градот Скопје каде владејачката ВМРО-ДПМНЕ е застапена со над 90% од членовите на Одборите. Токму овие членови на УО и НО три години се изживуваат врз вработените и граѓаните на Скопје. Сите управни одбори без исклучок се со мнозинство членови на ВМРО-ДПМНЕ и се чини имаат единствена задача – влошување на состојбите и блокирање на услугите. Го охрабруваме Мицкоски да ги охрабри овие луѓе да ги одобрат плановите за вработување, плановите за набавки на нови контејнери, машини, дрвја, зеленило, автобуси и резервни делови. Апелираме да се стави крај на политичкиот терор, и сега како одговорна владејачка партија, Мицкоски да превземе одговорност за состојбите во главниот град за кои најзаслужни се советниците и членовите на Управните и Надзорните одбори на градските јавни претпријатија“ се вели во соопштението од Град Скопје.

Ова доаѓа откако вчера премиерот Христијан Мицкоски најави дека ако не се средат работите во градот, Владата ќе разгледува можност за одземање на ингеренциите на градоначалничката Арсовска.

The post Град Скопје: Мицкоски да преземе одговорност за состојбите во главниот град appeared first on Република.

]]>

Ја поздравуваме најавата на претседателот на Владата – Христијан Мицкоски и го охрабруваме во најбрз можен рок да преземе одговорност за нарушените состојби во главниот град, кои што ги креираше, соопштуваат денеска од Град Скопје. Оттаму апелираат „премиерот Мицкоски да ги вразуми советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на град Скопје кои трета година по ред свесно и за политички поени ја кочат работата на јавните претпријатија. Апелираме Мицкоски да ги убеди советниците да гласаат за набавка на нови еколошки автобуси, проект кој заедно со градоначалничката Арсовска го ветуваше на скопјани. Апелираме советниците навремено да ги гласаат програмите за работа на јавните претпријатија со цел да не се кочи нивната ефикасност, апелираме Мицкоски да превземе одговорност и за свесното блокирање на претпријатијата“.
Го охрабруваме Мицкоски да се обиде и да ја преземе одговорноста за членовите на Управните и Надзорните одбори во претпријатијата на градот Скопје каде владејачката ВМРО-ДПМНЕ е застапена со над 90% од членовите на Одборите. Токму овие членови на УО и НО три години се изживуваат врз вработените и граѓаните на Скопје. Сите управни одбори без исклучок се со мнозинство членови на ВМРО-ДПМНЕ и се чини имаат единствена задача – влошување на состојбите и блокирање на услугите. Го охрабруваме Мицкоски да ги охрабри овие луѓе да ги одобрат плановите за вработување, плановите за набавки на нови контејнери, машини, дрвја, зеленило, автобуси и резервни делови. Апелираме да се стави крај на политичкиот терор, и сега како одговорна владејачка партија, Мицкоски да превземе одговорност за состојбите во главниот град за кои најзаслужни се советниците и членовите на Управните и Надзорните одбори на градските јавни претпријатија“ се вели во соопштението од Град Скопје.
Ова доаѓа откако вчера премиерот Христијан Мицкоски најави дека ако не се средат работите во градот, Владата ќе разгледува можност за одземање на ингеренциите на градоначалничката Арсовска.

The post Град Скопје: Мицкоски да преземе одговорност за состојбите во главниот град appeared first on Република.

]]>
Програмата за јубилејното, 45. „Скопско лето“ ја правиме само со 800 илјади денари од Министерството за култура, Град Скопје не даде пари, кажа директорот Никола Глигоров https://republika.mk/vesti/kultura/programata-za-jubilejnoto-45-skopsko-leto-ja-pravime-samo-so-800-iljadi-denari-od-ministerstvoto-za-kultura-grad-skopje-ne-dade-pari-kazha-direktorot-nikola-gligorov/ Wed, 19 Jun 2024 11:45:46 +0000 https://republika.mk/?p=789032

Дваесет и два концерти, седум театарски претстави од кои три се за деца, седум изложби, како и две промоции на книги ќе бидат дел од годинешното јубилејно 45. издание на фестивалот „Скопско лето“ што ќе се одржи од 21 јуни до 31 јули. Фестивалот ќе биде отворен во петок со настапот на хрватски пијанист и композитор Звјездан Ружиќ во Куршумли ан, а се затвора со концерт на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски - Ѓумар“ во Сули ан.

Директорот на Дирекцијата за култура и уметност Никола Глигоров на денешната прес-конференција посочи дека за оваа година за програмата на фестивалот се обезбедени 800 илјада денари од Министерството за култура.

Се обидовме оваа година да направиме достојна програма за Скопско лето за јубилејното 45 издание. Своевремено, ние имавме 2 милиони денари од Градот Скопје и 2 милиони денари од Министерството за култура, но оваа година програмата ја правиме само со 800 илјада денари од Министерството за култура. Се надевам дека публиката ќе ужива, рече Глигоров.

Глигоров се заблагодари на оние луѓе што во 1980 го стартуваа „Скопско лето“.

Тие сметаа дека Скопје заслужува манифестација во текот на летото, а ние се трудиме секоја година да го оправдаме тоа, кажа Глигоров.

Сања Шуплевска од Уметничкиот центар „Полифонија“ на прес-конференцијата најави дека првиот нивен проект е Вивалдијада, што ќе се одржи на 25 јуни во соработка со хорот „Св. Злата Мегленска“. Таа го најави и настапот на Националната опера и балет - балетската гала, која ќе се случи следната среда на 26 јуни, од најдобрите и најпознатите балетски претстави кои се одиграа оваа година.

Горан Наумовски, кој е дел од организацијата на Скопско лето и кој е проектен координатор на концертот на Звјездан Ружиќ, рече дека концертот ќе трае речиси два часа ќе има многу убава програма.

Како што посочи, следен проект е театарска претстава на Штипскиот театар на малата сцена во НОБ, насловена „Лекција“ од Ежен Јонеско, во режија на Ѓорѓи Ризески. Третиот проект е „Најдоброто од Копров“. Концертот е закажан за 4 јули, во НОБ, каде што на еден начин, ќе му биде оддадена почит на Копров за неговото творештво. Ќе настапат Ана Петановска, Наде Талеска, Горан Наумовски, а ексклузивен гостин ќе биде Владо Јаневски.

Маја Чанаќевиќ од ФАМЕС Институтот на прес-конференцијата најави дека на 6 јули во Сули ан ќе се одржи концерт на Оркестарот „ФАМЕС Институтот“, а диригент ќе биде Конрад Ван Алфен. Како солисти ќе настапи Артварк - саксофонски квартет.

Таа посочи дека следниот концерт е на 22 јули во Сули ан, каде што по втор пат во државата ќе настапи романската виолинстика Ирина Мурешану, заедно со американскиот диригент Скот Флавин и заедно Оркестарот „ФАМЕС Институтот“.

The post Програмата за јубилејното, 45. „Скопско лето“ ја правиме само со 800 илјади денари од Министерството за култура, Град Скопје не даде пари, кажа директорот Никола Глигоров appeared first on Република.

]]>

Дваесет и два концерти, седум театарски претстави од кои три се за деца, седум изложби, како и две промоции на книги ќе бидат дел од годинешното јубилејно 45. издание на фестивалот „Скопско лето“ што ќе се одржи од 21 јуни до 31 јули. Фестивалот ќе биде отворен во петок со настапот на хрватски пијанист и композитор Звјездан Ружиќ во Куршумли ан, а се затвора со концерт на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски - Ѓумар“ во Сули ан. Директорот на Дирекцијата за култура и уметност Никола Глигоров на денешната прес-конференција посочи дека за оваа година за програмата на фестивалот се обезбедени 800 илјада денари од Министерството за култура.
Се обидовме оваа година да направиме достојна програма за Скопско лето за јубилејното 45 издание. Своевремено, ние имавме 2 милиони денари од Градот Скопје и 2 милиони денари од Министерството за култура, но оваа година програмата ја правиме само со 800 илјада денари од Министерството за култура. Се надевам дека публиката ќе ужива, рече Глигоров.
Глигоров се заблагодари на оние луѓе што во 1980 го стартуваа „Скопско лето“.
Тие сметаа дека Скопје заслужува манифестација во текот на летото, а ние се трудиме секоја година да го оправдаме тоа, кажа Глигоров.
Сања Шуплевска од Уметничкиот центар „Полифонија“ на прес-конференцијата најави дека првиот нивен проект е Вивалдијада, што ќе се одржи на 25 јуни во соработка со хорот „Св. Злата Мегленска“. Таа го најави и настапот на Националната опера и балет - балетската гала, која ќе се случи следната среда на 26 јуни, од најдобрите и најпознатите балетски претстави кои се одиграа оваа година. Горан Наумовски, кој е дел од организацијата на Скопско лето и кој е проектен координатор на концертот на Звјездан Ружиќ, рече дека концертот ќе трае речиси два часа ќе има многу убава програма. Како што посочи, следен проект е театарска претстава на Штипскиот театар на малата сцена во НОБ, насловена „Лекција“ од Ежен Јонеско, во режија на Ѓорѓи Ризески. Третиот проект е „Најдоброто од Копров“. Концертот е закажан за 4 јули, во НОБ, каде што на еден начин, ќе му биде оддадена почит на Копров за неговото творештво. Ќе настапат Ана Петановска, Наде Талеска, Горан Наумовски, а ексклузивен гостин ќе биде Владо Јаневски. Маја Чанаќевиќ од ФАМЕС Институтот на прес-конференцијата најави дека на 6 јули во Сули ан ќе се одржи концерт на Оркестарот „ФАМЕС Институтот“, а диригент ќе биде Конрад Ван Алфен. Како солисти ќе настапи Артварк - саксофонски квартет. Таа посочи дека следниот концерт е на 22 јули во Сули ан, каде што по втор пат во државата ќе настапи романската виолинстика Ирина Мурешану, заедно со американскиот диригент Скот Флавин и заедно Оркестарот „ФАМЕС Институтот“.  

The post Програмата за јубилејното, 45. „Скопско лето“ ја правиме само со 800 илјади денари од Министерството за култура, Град Скопје не даде пари, кажа директорот Никола Глигоров appeared first on Република.

]]>
Реакција на Град Скопје во врска со срушениот ѕид и ограда на Клиничкиот центар https://republika.mk/vesti/skopje/reaktsija-na-grad-skopje-vo-vrska-so-srusheniot-zid-i-ograda-na-klinichkiot-tsentar/ Mon, 17 Jun 2024 16:08:31 +0000 https://republika.mk/?p=788493

Ја известуваме јавноста дека по денешниот состанок организиран од страна на ЦУК, со присуство на претставници на општина Центар, Град Скопје и МВР, во врска до срушениот ѕид и ограда на Клиничкиот центар, се потврди укажувањето на Град Скопје дека законска надлежност за постапување во овој случај, односно согласно законските и подзаконски акти е на Министерството за здравство на Македонија.

Ѕидот кој има функција на ограда на Клиничкиот центар е надлежност на Министерството за здравство, односно негова изградба/реконструкција може согласно законските и подзаконски акти да прави единствено Министерството или негов орган овластен за истото, за што од страна на инспекторатот на општина Центар е издадено Решение за постапување,  информираат од Град Скопје.

The post Реакција на Град Скопје во врска со срушениот ѕид и ограда на Клиничкиот центар appeared first on Република.

]]>

Ја известуваме јавноста дека по денешниот состанок организиран од страна на ЦУК, со присуство на претставници на општина Центар, Град Скопје и МВР, во врска до срушениот ѕид и ограда на Клиничкиот центар, се потврди укажувањето на Град Скопје дека законска надлежност за постапување во овој случај, односно согласно законските и подзаконски акти е на Министерството за здравство на Македонија. Ѕидот кој има функција на ограда на Клиничкиот центар е надлежност на Министерството за здравство, односно негова изградба/реконструкција може согласно законските и подзаконски акти да прави единствено Министерството или негов орган овластен за истото, за што од страна на инспекторатот на општина Центар е издадено Решение за постапување,  информираат од Град Скопје.

The post Реакција на Град Скопје во врска со срушениот ѕид и ограда на Клиничкиот центар appeared first on Република.

]]>
Наградени најдобрите матуранти на Град Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/nagradeni-najdobrite-maturanti-na-grad-skopje/ Sat, 15 Jun 2024 10:18:25 +0000 https://republika.mk/?p=787800

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, додели признанија и парични награди на матурантите кои се првенци на генерацијата од 23. скопски средни училишта на традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“.

Градот Скопје е горд на сите наши средношколци, затоа го афирмира училишниот успех на првенците на генерација во средните училишта на Град Скопје и оддава јавно признание за постигнатите резултати. Одлика на нашите скопски средни училишта е да продуцираат успешни идни професионалци кои се квалитетни, одговорни, се движат кон иднина базирана на знаење и се пример за идните генерации средношколци.

The post Наградени најдобрите матуранти на Град Скопје appeared first on Република.

]]>

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, додели признанија и парични награди на матурантите кои се првенци на генерацијата од 23. скопски средни училишта на традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“. Градот Скопје е горд на сите наши средношколци, затоа го афирмира училишниот успех на првенците на генерација во средните училишта на Град Скопје и оддава јавно признание за постигнатите резултати. Одлика на нашите скопски средни училишта е да продуцираат успешни идни професионалци кои се квалитетни, одговорни, се движат кон иднина базирана на знаење и се пример за идните генерации средношколци.  

The post Наградени најдобрите матуранти на Град Скопје appeared first on Република.

]]>
Градскиот дувачки оркестар доби само празни ветувања од Град Скопје и МКЦ и останаа покуси за пет хонорари https://republika.mk/vesti/kultura/gradskiot-duvachki-orkestar-dobi-samo-prazni-vetuvana-od-grad-skopje-i-mkts-i-ostanaa-pokusi-za-pet-honorari/ Wed, 12 Jun 2024 15:06:45 +0000 https://republika.mk/?p=786742

Долгогодишниот член на Градскиот дувачки оркестар, Мицко Дамњановски за Радио МОФ вели дека со целата ситуација со хонорарците со МКЦ никој не го споменува овој Оркестар, за кој имало активни договори за 2023 година, но сепак музичарите останале без пет исплатени хонорари.

Според него, тие добиле само празни ветувања како од администрацијата за култура на Град Скопје, така и од раководните структури на МКЦ.

Никој не’ нема нема контактирано од Дирекцијата на МКЦ за да видиме како би се одвивале понатаму работите. Веднаш по поставувањето на господинот Бени Шаќири за директор, беше повикан диригентот на оркестарот каде усно беше ветено дека ќе стори се’ што е во негова надлежност да ги нормализира работите. Но еве, до денешен ден ништо не е превземено. Договорите кои ги потпишавме уште минатата година, веднаш видовме дека содржат сомнителни членови во нив, меѓутоа поради долгогодишната работа искрено не очекувавме да бидеме изиграни. Ние како членови на оркестарот искрено се надеваме на позитивна разврска“, посочува Дамњановски за Радио МОФ.

The post Градскиот дувачки оркестар доби само празни ветувања од Град Скопје и МКЦ и останаа покуси за пет хонорари appeared first on Република.

]]>

Долгогодишниот член на Градскиот дувачки оркестар, Мицко Дамњановски за Радио МОФ вели дека со целата ситуација со хонорарците со МКЦ никој не го споменува овој Оркестар, за кој имало активни договори за 2023 година, но сепак музичарите останале без пет исплатени хонорари. Според него, тие добиле само празни ветувања како од администрацијата за култура на Град Скопје, така и од раководните структури на МКЦ.
Никој не’ нема нема контактирано од Дирекцијата на МКЦ за да видиме како би се одвивале понатаму работите. Веднаш по поставувањето на господинот Бени Шаќири за директор, беше повикан диригентот на оркестарот каде усно беше ветено дека ќе стори се’ што е во негова надлежност да ги нормализира работите. Но еве, до денешен ден ништо не е превземено. Договорите кои ги потпишавме уште минатата година, веднаш видовме дека содржат сомнителни членови во нив, меѓутоа поради долгогодишната работа искрено не очекувавме да бидеме изиграни. Ние како членови на оркестарот искрено се надеваме на позитивна разврска“, посочува Дамњановски за Радио МОФ.

The post Градскиот дувачки оркестар доби само празни ветувања од Град Скопје и МКЦ и останаа покуси за пет хонорари appeared first on Република.

]]>
Викендов Град Скопје ќе прска против комарци https://republika.mk/vesti/vikendov-grad-skopje-ke-prska-protiv-komartsi/ Wed, 29 May 2024 14:34:03 +0000 https://republika.mk/?p=782851

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 01.06 и 02.06.2024 година (сабота и недела) во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци, се вели во соопштението од Град Скопје

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, порачаа од Град Скопје

The post Викендов Град Скопје ќе прска против комарци appeared first on Република.

Фирма од Чаир регистрирана само пред еден месец „на диво“ монтира панорамско тркало во Карпош https://republika.mk/vesti/skopje/firma-od-chair-registrirana-samo-pred-eden-mesets-na-divo-montira-panoramsko-trkalo-vo-karposh/ Sat, 18 May 2024 11:49:20 +0000 https://republika.mk/?p=779515

Фирма од Чаир, регистрирана пред само еден месец без соодветни документи и дозволи, без потребна документација која гарантира безбедност, монтира панорамско тркало и останати реквизити во Карпош пред салата „Борис Трајковски“, објави Фактор.

Од Град Скопје потенцираат дека и покрај извршениот надзор, преземени мерки и казни, правното лице „Дизниленд реквизити“ наисилно продолжува да работи.

Ја известуваме јавноста дека правното лице Дизниленд Реквизити, фирма од Чаир регистрирана пред само еден месец, без соодветни документи и дозволи, без потребна документација која гарантира безбедност, монтира панорамско тркало и останати реквизити во Карпош пред СРЦ „Борис Трајковски“.

Град Скопје, во рамки на своите надлежности изврши надзор, презема мерки и го казни правното лице, но тој сепак НАСИЛНО продожува да работи. Ги повикуваме надлежните институции и апелирамe да постапат во најкус можен рок, бидејќи се доведува во прашање безбедноста на децата и на сите останати посетители поради практицирањето на ваквото самоволие, стои во соопштението од Град Скопје.

Од таму ги повикаа надлежните институции за најбрза можна реакција, бидејќи како што потенцираат се доведува во прашање безбедноста на децата и на сите останати посетители поради практицирањето на ваквото самоволие.

Фирмата „Дизниленд Реквизити“ е регистрирана на 4 април 2024 или пред повеќе од еден месец, а како основач и сопственик стои името на извесен Никола Митевски, дознава Фактор

The post Фирма од Чаир регистрирана само пред еден месец „на диво“ монтира панорамско тркало во Карпош appeared first on Република.

]]>

Фирма од Чаир, регистрирана пред само еден месец без соодветни документи и дозволи, без потребна документација која гарантира безбедност, монтира панорамско тркало и останати реквизити во Карпош пред салата „Борис Трајковски“, објави Фактор. Од Град Скопје потенцираат дека и покрај извршениот надзор, преземени мерки и казни, правното лице „Дизниленд реквизити“ наисилно продолжува да работи.
Ја известуваме јавноста дека правното лице Дизниленд Реквизити, фирма од Чаир регистрирана пред само еден месец, без соодветни документи и дозволи, без потребна документација која гарантира безбедност, монтира панорамско тркало и останати реквизити во Карпош пред СРЦ „Борис Трајковски“. Град Скопје, во рамки на своите надлежности изврши надзор, презема мерки и го казни правното лице, но тој сепак НАСИЛНО продожува да работи. Ги повикуваме надлежните институции и апелирамe да постапат во најкус можен рок, бидејќи се доведува во прашање безбедноста на децата и на сите останати посетители поради практицирањето на ваквото самоволие, стои во соопштението од Град Скопје.
Од таму ги повикаа надлежните институции за најбрза можна реакција, бидејќи како што потенцираат се доведува во прашање безбедноста на децата и на сите останати посетители поради практицирањето на ваквото самоволие. Фирмата „Дизниленд Реквизити“ е регистрирана на 4 април 2024 или пред повеќе од еден месец, а како основач и сопственик стои името на извесен Никола Митевски, дознава Фактор

The post Фирма од Чаир регистрирана само пред еден месец „на диво“ монтира панорамско тркало во Карпош appeared first on Република.

]]>
Стево не освои ниту една скопска општина https://republika.mk/vesti/makedonija/stevo-ne-osvoi-nitu-edna-skopska-opshtina/ Wed, 24 Apr 2024 20:13:41 +0000 https://republika.mk/?p=770474

Скопје гласаше за Гордана Силјановска Давкова, покажуваат последните резултати објавени на официјалната страница на ДИК. Од 98,10% обработени гласови за Силајновска гласале 81079 скопјани, што е 42816 гласови повеќе од оние кои на гласачекото ливче го заокружиле бројот 1, 38263.

По општини:

Аеродром: Пендаровски 8415 Силјановска 20160 

Бутел: Пендаровски 2040 Силјановска 7059

Гази Баба: Пендаровски 4021 Силјановска 15189

Ѓорче Петров: Пендаровски 4263 Силјановска 10502

Карпош: Пендаровски 5013 Силјановска 7500

Кисела Вода: Пендаровски 4116 Силјановска 13076

Сарај: Пендаровски 244 Силјановска 337

Сопиште: Пендаровски 382 Силјановска 1454

Центар: Пендаровски 8026 Силјановска 9860

Чаир: Пендаровски 1743 Силјановска 2742

The post Стево не освои ниту една скопска општина appeared first on Република.

]]>

Скопје гласаше за Гордана Силјановска Давкова, покажуваат последните резултати објавени на официјалната страница на ДИК. Од 98,10% обработени гласови за Силајновска гласале 81079 скопјани, што е 42816 гласови повеќе од оние кои на гласачекото ливче го заокружиле бројот 1, 38263. По општини: Аеродром: Пендаровски 8415 Силјановска 20160  Бутел: Пендаровски 2040 Силјановска 7059 Гази Баба: Пендаровски 4021 Силјановска 15189 Ѓорче Петров: Пендаровски 4263 Силјановска 10502 Карпош: Пендаровски 5013 Силјановска 7500 Кисела Вода: Пендаровски 4116 Силјановска 13076 Сарај: Пендаровски 244 Силјановска 337 Сопиште: Пендаровски 382 Силјановска 1454 Центар: Пендаровски 8026 Силјановска 9860 Чаир: Пендаровски 1743 Силјановска 2742

The post Стево не освои ниту една скопска општина appeared first on Република.

]]>
Образовните асистенти од Град Скопје бараат да им се исплати задоцнетата плата https://republika.mk/vesti/skopje/obrazovnite-asistenti-od-grad-skopje-baraat-da-im-se-isplati-zadotsnetata-plata/ Wed, 27 Mar 2024 12:47:28 +0000 https://republika.mk/?p=759344

Образовните асистенти од Град Скопје бараат општината да им ги исплати заостанатите финансиски средства за кои подолг временски период, како што велат, им доцнат по месец или два.

Како што информира за МИА Илина Додева, денеска им било ветено дека средствата ќе им бидат исплатени.

Дури чекавме пред Град Скопје нѐ повикаа и ни ветија дека има можност денеска до 14 часот да пуштат плата, ако не биде денеска, најдоцна до 14 часот до утре, изјави Додева.

Претходно, преку соопштение тие информираа дека кога се решиле на штрајк поради заостанати неисплатени средства за јануари, биле повикани на состанок на кој им биле образложени причините за доцнењето.

- На тој состанок ни го објаснија проблемот, кој гласеше дека: Буџетот на Град Скопје за 2024 сѐ уште не е изгласан и за тоа се виновни партиските војници кои се препукуваат околу точките на секоја седница. Нѐ замолија да почекаме до 14ти Март (датумот на седницата), и дека таму ќе се изгласа буџетот и веднаш ќе бидат исплатени средствата за веќе двата заостанати месеци (јануари и февруари) на нас – образовните асистенти, појаснуваат образовните асистенти.

Велат дека по изгласувањето на буџетот, им кажале дека треба да се чекаат уште седум дена за одлуката да излезе во Службен весник и веднаш потоа ќе бидат исплатени парите.

Помина половина месец од тогаш. Сѐ уште немаме добиено нити денар од Град Скопје, велат образовните асистенти.

The post Образовните асистенти од Град Скопје бараат да им се исплати задоцнетата плата appeared first on Република.

]]>

Образовните асистенти од Град Скопје бараат општината да им ги исплати заостанатите финансиски средства за кои подолг временски период, како што велат, им доцнат по месец или два. Како што информира за МИА Илина Додева, денеска им било ветено дека средствата ќе им бидат исплатени.
Дури чекавме пред Град Скопје нѐ повикаа и ни ветија дека има можност денеска до 14 часот да пуштат плата, ако не биде денеска, најдоцна до 14 часот до утре, изјави Додева.
Претходно, преку соопштение тие информираа дека кога се решиле на штрајк поради заостанати неисплатени средства за јануари, биле повикани на состанок на кој им биле образложени причините за доцнењето.
- На тој состанок ни го објаснија проблемот, кој гласеше дека: Буџетот на Град Скопје за 2024 сѐ уште не е изгласан и за тоа се виновни партиските војници кои се препукуваат околу точките на секоја седница. Нѐ замолија да почекаме до 14ти Март (датумот на седницата), и дека таму ќе се изгласа буџетот и веднаш ќе бидат исплатени средствата за веќе двата заостанати месеци (јануари и февруари) на нас – образовните асистенти, појаснуваат образовните асистенти.
Велат дека по изгласувањето на буџетот, им кажале дека треба да се чекаат уште седум дена за одлуката да излезе во Службен весник и веднаш потоа ќе бидат исплатени парите.
Помина половина месец од тогаш. Сѐ уште немаме добиено нити денар од Град Скопје, велат образовните асистенти.

The post Образовните асистенти од Град Скопје бараат да им се исплати задоцнетата плата appeared first on Република.

]]>
Славески ѝ одговори на Арсовска за иницијативата за вонредна седница: Данела не знае што Советот може да одлучува https://republika.mk/vesti/skopje/slaveski-odgovori-na-arsovska-za-initsijativata-za-vonredna-sednitsa-danela-ne-znae-shto-sovetot-mozhe-da-odluchuva/ Thu, 22 Feb 2024 17:58:48 +0000 https://republika.mk/?p=747125

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески ѝ укажа на градоначалничката Данела Арсовска не е можно да се закаже вонредна седница во форматот кој таа го бара и е поврзана со случајот со рехабилитацијата на Леонид Индов.

Арсовска претходно денеска преку прес-службата информираше дека до советниците ќе предложи да донесат одлука со која ќе донираат еден месечен паушал, а градоначалникот на Град Скопје една месечна плата во акцијата организирана од градот Скопје за што побргу да се соберат потребните средства за Леонид.

– Сепак, должен сум да Ве информирам дека Совет на град Скопје не може да донесе одлука со која би ве задолжил Вам како градоначалник или советниците за донирање средства за споменатата намена. Совет на град Скопје може единствено да расправа и да донесе одлука за донирање средства од Буџет на град Скопје, утврдени за соодветната намена – се вели во одговорот на Славески.

Тој потенцира дека доколку биде доставена таква предлог-Одлука со која од Буџет на град Скопје би се донирале средства за помош при рехабилитацијата на Леонид Индов, како Претседател на Совет на град Скопје ќе закаже вонредна седница во рокот утврден со Закон и Статут.

Претседателот Славески ја поздрави хуманитарната акција организирана од Град Скопје и се надева дека нејзиниот личен пример за донирање на една месечна плата ќе го следат и други субјекти од Градот и институциите во негова надлежност, вклучително и членови на Советот.

https://twitter.com/tslaveski/status/1760672989459407037?s=54

The post Славески ѝ одговори на Арсовска за иницијативата за вонредна седница: Данела не знае што Советот може да одлучува appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески ѝ укажа на градоначалничката Данела Арсовска не е можно да се закаже вонредна седница во форматот кој таа го бара и е поврзана со случајот со рехабилитацијата на Леонид Индов. Арсовска претходно денеска преку прес-службата информираше дека до советниците ќе предложи да донесат одлука со која ќе донираат еден месечен паушал, а градоначалникот на Град Скопје една месечна плата во акцијата организирана од градот Скопје за што побргу да се соберат потребните средства за Леонид.
– Сепак, должен сум да Ве информирам дека Совет на град Скопје не може да донесе одлука со која би ве задолжил Вам како градоначалник или советниците за донирање средства за споменатата намена. Совет на град Скопје може единствено да расправа и да донесе одлука за донирање средства од Буџет на град Скопје, утврдени за соодветната намена – се вели во одговорот на Славески.
Тој потенцира дека доколку биде доставена таква предлог-Одлука со која од Буџет на град Скопје би се донирале средства за помош при рехабилитацијата на Леонид Индов, како Претседател на Совет на град Скопје ќе закаже вонредна седница во рокот утврден со Закон и Статут. Претседателот Славески ја поздрави хуманитарната акција организирана од Град Скопје и се надева дека нејзиниот личен пример за донирање на една месечна плата ќе го следат и други субјекти од Градот и институциите во негова надлежност, вклучително и членови на Советот. https://twitter.com/tslaveski/status/1760672989459407037?s=54  

The post Славески ѝ одговори на Арсовска за иницијативата за вонредна седница: Данела не знае што Советот може да одлучува appeared first on Република.

]]>
Закажана нова вонредна седница на Советот на Град Скопје за субвенциите за ЈСП https://republika.mk/vesti/skopje/zakazhana-nova-vonredna-sednitsa-na-sovetot-na-grad-skopje-za-subventsiite-za-jsp/ Mon, 22 Jan 2024 14:09:42 +0000 https://republika.mk/?p=735526

За 14.45 часот закажана е нова вонредна седница на Советот на град Скопје за одлуката за субвенционирање на ЈСП со 11 милиони евра и исплата на декемвриската плата, соопшти претседателот на Синдикатот во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) - Скопје Миќо Стојановски пред вработените кои од претпладнето пред просториите на град Скопје чекаат исход за одлуката за субвенционирање на ЈСП и исплата на платата.

На седницата на Советот на Град Скопје што се одржа претходно денеска, одлуката за субвенционирање на ЈСП не беше усвоена поради недоволен број гласови, односно не беа доволни 22. гласа „за“ од присутните советници. Тринаесет беа воздражани, а ниту еден против.

Не помина за еден глас. Веројатно во меѓувреме се јавил некој што му е криво што сите овде мрзнеме и ќе мрзнеме, а јавен градски превоз ќе нема па сака својата воздржаност да ја преточи во гласање „за“. Затоа вработените остануваат тука и ќе ја чекаме дополнителната вонредна седница и тогаш ќе бидете присутни и вие и ќе знаете што ќе се случува, изјави Стојановски, најавувајќи дека ќе нема јавен градски превоз ако нема нова седница на Совет на Град Скопје.

Јавниот градски превоз во Скопје е во прекин од 9 часот изутрина поради неисплатена плата за минатиот месец.

The post Закажана нова вонредна седница на Советот на Град Скопје за субвенциите за ЈСП appeared first on Република.

]]>

За 14.45 часот закажана е нова вонредна седница на Советот на град Скопје за одлуката за субвенционирање на ЈСП со 11 милиони евра и исплата на декемвриската плата, соопшти претседателот на Синдикатот во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) - Скопје Миќо Стојановски пред вработените кои од претпладнето пред просториите на град Скопје чекаат исход за одлуката за субвенционирање на ЈСП и исплата на платата. На седницата на Советот на Град Скопје што се одржа претходно денеска, одлуката за субвенционирање на ЈСП не беше усвоена поради недоволен број гласови, односно не беа доволни 22. гласа „за“ од присутните советници. Тринаесет беа воздражани, а ниту еден против. Не помина за еден глас. Веројатно во меѓувреме се јавил некој што му е криво што сите овде мрзнеме и ќе мрзнеме, а јавен градски превоз ќе нема па сака својата воздржаност да ја преточи во гласање „за“. Затоа вработените остануваат тука и ќе ја чекаме дополнителната вонредна седница и тогаш ќе бидете присутни и вие и ќе знаете што ќе се случува, изјави Стојановски, најавувајќи дека ќе нема јавен градски превоз ако нема нова седница на Совет на Град Скопје. Јавниот градски превоз во Скопје е во прекин од 9 часот изутрина поради неисплатена плата за минатиот месец.

The post Закажана нова вонредна седница на Советот на Град Скопје за субвенциите за ЈСП appeared first on Република.

]]>
Шоферите на ЈСП возеа до 9 часот, сега се префрлија на протест пред Град Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/shoferite-na-jsp-vozea-do-9-chasot-sega-se-prefrlija-na-protest-pred-grad-skopje/ Mon, 22 Jan 2024 08:07:16 +0000 https://republika.mk/?p=735285

Јавен превоз денеска граѓаните на Скопје ќе имаат до 9 часот, а потоа автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие ќе се повлечат до очекување на одлуката за седницата на Советот на Град Скопје за исплата на декемвриската плата и на субвенциите од 11 милиони евра за претпријатието. Редовно ќе сообраќаат само комбињата за превоз на лица со посебни потреби и автобусите кои вршат организиран превоз за ученици за кои ЈСП има договор со училиштата и општините.

Претседателот на Синдикатот на ЈСП Миќо Стојановски, појаснува дека со тоа ќе им се излезе во пресрет на учениците да стигнат до училиштата, со оглед дека почнува второ полугодие и на вработените да стигнат до своите работни места.

Ќе се вклучат 270 автобуси на ЈСП на сите линии и ќе сообраќаат до 9 часот, а потоа се враќаат во двете авто – бази и ќе останат се додека не се донесе одлука на седницата на Советот на Град Скопје за субвенциите од 11 милиони евра за претпријатието. Доколку парите легнат уште денеска на сметката на ЈСП, истиот ден ќе биде возобновен превозот“, изјави Стојановски.

Тој најави дека во 10,30 часот значителен дел од вработените на ЈСП ќе бидат пред вратите на Советот на Град Скопје, каде ќе се носи одлуката за субенциите на јавниот градски превоз.

Стојановски подвлекува и дека нема да прифатат половични одлуки. Очекуваат да биде донесена одлука за целосниот износ на субенциите за ЈСП од 11 милиони евра, кој треба да овозможи редовна исплата на платите за вработените за 2024 година.

Ако советниците не донесат одлука за исплата на целосниот износ на субвенциите, остануваме на ставот да нема превоз. Не чека изборна година во која поради законски ограничувања, повторно е можно одлагање на одлуките за субенциите за претпријатието и доцнење на платите, а тоа нема да го дозволиме“, подвлекува Стојановски.

Вонредната седница на Советот на Град Скопје на која како единствена точка на дневен ред е одлуката за субвенциите од 11 милиони евра за ЈСП, е закажана во 11 часот. Ова е четврти пат како одлуката за субенциите на ЈСП се става на седница на Советот на Град Скопје.

The post Шоферите на ЈСП возеа до 9 часот, сега се префрлија на протест пред Град Скопје appeared first on Република.

]]>

Јавен превоз денеска граѓаните на Скопје ќе имаат до 9 часот, а потоа автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие ќе се повлечат до очекување на одлуката за седницата на Советот на Град Скопје за исплата на декемвриската плата и на субвенциите од 11 милиони евра за претпријатието. Редовно ќе сообраќаат само комбињата за превоз на лица со посебни потреби и автобусите кои вршат организиран превоз за ученици за кои ЈСП има договор со училиштата и општините. Претседателот на Синдикатот на ЈСП Миќо Стојановски, појаснува дека со тоа ќе им се излезе во пресрет на учениците да стигнат до училиштата, со оглед дека почнува второ полугодие и на вработените да стигнат до своите работни места.
Ќе се вклучат 270 автобуси на ЈСП на сите линии и ќе сообраќаат до 9 часот, а потоа се враќаат во двете авто – бази и ќе останат се додека не се донесе одлука на седницата на Советот на Град Скопје за субвенциите од 11 милиони евра за претпријатието. Доколку парите легнат уште денеска на сметката на ЈСП, истиот ден ќе биде возобновен превозот“, изјави Стојановски.
Тој најави дека во 10,30 часот значителен дел од вработените на ЈСП ќе бидат пред вратите на Советот на Град Скопје, каде ќе се носи одлуката за субенциите на јавниот градски превоз. Стојановски подвлекува и дека нема да прифатат половични одлуки. Очекуваат да биде донесена одлука за целосниот износ на субенциите за ЈСП од 11 милиони евра, кој треба да овозможи редовна исплата на платите за вработените за 2024 година.