Госпоѓиците од Авињон Archives - Република https://republika.mk/tema/gospogjicite-od-avinjon/ За подобро да се разбереме Tue, 09 Apr 2024 09:32:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Госпоѓиците од Авињон Archives - Република https://republika.mk/tema/gospogjicite-od-avinjon/ 32 32 Јубилејното, 20. издание на „Танц фест“ се отвора во Опера и балет со „Госпоѓиците од Авињон“ в четврток https://republika.mk/vesti/kultura/jubilejnoto-20-izdanie-na-tants-fest-se-otvora-vo-opera-i-balet-so-gospogitsite-od-avinon-v-chetvrtok/ Tue, 09 Apr 2024 09:31:00 +0000 https://republika.mk/?p=764163

Во четврток, 11 април, во 20 часот, во Националната опера и балет, со црвен тепих започнува 20-то јубилејно издание на интернационалниот фестивал Танц-Фест Скопје 2024, под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години Извонредност во современиот танц“.

Дваесеттото фестивалско издание започнува со програмата насловена „Паралели“, која ја означува соработката на фестивалот и Националната опера и балет и во која ќе се прикажат три современи кореографии на домашни автори.

Програмата „Паралели“ која годинава го отвара јубилејното издание на Скопје Танц Фест преставува една парабола која го поврзува Националниот балет со современата танцова сцена. Таа е од големо значење и преставува сведоштво за имплементирање на модерниот израз во балетот врзан исклучиво за македонски кореографи. Развојот на македонските кореографи обединет во едно, се годинешниве „Паралели“ – вели уметничкиот раководител на Националниот балет, кореографката Олга Панго, чија претстава, современиот балет „Госпоѓиците од Авињон во четврток, ќе го отвори фестивалот.

Претставата е една од најзабележителните продукции на рецентната македонска балетска сцена, чии автори се Калиопи (музика), Олга Панго (кореографија), Сашо Димоски (либрето), Валентин Светозарев (сценографија) и Раде Василев (костимографија), ја имаше својата премиера на 9 март 2021 година, а покрај редовните изведби на репертоарот на НОБ, во изминативе неколку години претставата гостувала во Народно Позориште Белград, Пловдивската опера, Софискиот музикален театар, Народно позориште Сараево, била изведена на фестивалот „Охридско лето“, како и на сцените во Велес, Куманово и Битола. Покрај исклучителната авторска екипа, во балетската деконструкција/коментар на познатата слика на Пабло Пикасо учествуваат балетските уметници од НОБ: Александра Мијалкова, Мими Поп Алексова, Саша Евтимова, Ивана Коцевска, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаш Лочеј, Ендру Кук и Агим Бафтии.

Во склоп на програмата „Паралели“ во рамки на фестивалот Танц Фест Скопје 2024 следуваат претставите „Сага“ на кореографката Рисима Рисимкин, на музика на Тони Китановски, сценографија на Матеа Мијановиќ и костимите на Благој Мицевски, а на 23 април на сцената на НОБ ќе го проследи балетскиот триптих, чиј идеен творец е костимографот Александар Ношпал, драматург е Соња Здравкова-Џеперавоска, а кореографиите се на Ивана Коцевска, на музика на Дарија Андоновска, на Адријана Данчевска, на музика на Александар Гроздановски и на Саша Ефтимова, на музика на Александар Пејовски.

Програмата на фестивалот ќе има одбележување на Јубилејот на 30 април на сцената на МНТ, а се затвора со светската кореографска ѕвезда Мурад Мерзуки на 17 мај на сцената на Македонскиот народен театар.

The post Јубилејното, 20. издание на „Танц фест“ се отвора во Опера и балет со „Госпоѓиците од Авињон“ в четврток appeared first on Република.

]]>

Во четврток, 11 април, во 20 часот, во Националната опера и балет, со црвен тепих започнува 20-то јубилејно издание на интернационалниот фестивал Танц-Фест Скопје 2024, под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години Извонредност во современиот танц“. Дваесеттото фестивалско издание започнува со програмата насловена „Паралели“, која ја означува соработката на фестивалот и Националната опера и балет и во која ќе се прикажат три современи кореографии на домашни автори.
Програмата „Паралели“ која годинава го отвара јубилејното издание на Скопје Танц Фест преставува една парабола која го поврзува Националниот балет со современата танцова сцена. Таа е од големо значење и преставува сведоштво за имплементирање на модерниот израз во балетот врзан исклучиво за македонски кореографи. Развојот на македонските кореографи обединет во едно, се годинешниве „Паралели“ – вели уметничкиот раководител на Националниот балет, кореографката Олга Панго, чија претстава, современиот балет „Госпоѓиците од Авињон во четврток, ќе го отвори фестивалот.
Претставата е една од најзабележителните продукции на рецентната македонска балетска сцена, чии автори се Калиопи (музика), Олга Панго (кореографија), Сашо Димоски (либрето), Валентин Светозарев (сценографија) и Раде Василев (костимографија), ја имаше својата премиера на 9 март 2021 година, а покрај редовните изведби на репертоарот на НОБ, во изминативе неколку години претставата гостувала во Народно Позориште Белград, Пловдивската опера, Софискиот музикален театар, Народно позориште Сараево, била изведена на фестивалот „Охридско лето“, како и на сцените во Велес, Куманово и Битола. Покрај исклучителната авторска екипа, во балетската деконструкција/коментар на познатата слика на Пабло Пикасо учествуваат балетските уметници од НОБ: Александра Мијалкова, Мими Поп Алексова, Саша Евтимова, Ивана Коцевска, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаш Лочеј, Ендру Кук и Агим Бафтии. Во склоп на програмата „Паралели“ во рамки на фестивалот Танц Фест Скопје 2024 следуваат претставите „Сага“ на кореографката Рисима Рисимкин, на музика на Тони Китановски, сценографија на Матеа Мијановиќ и костимите на Благој Мицевски, а на 23 април на сцената на НОБ ќе го проследи балетскиот триптих, чиј идеен творец е костимографот Александар Ношпал, драматург е Соња Здравкова-Џеперавоска, а кореографиите се на Ивана Коцевска, на музика на Дарија Андоновска, на Адријана Данчевска, на музика на Александар Гроздановски и на Саша Ефтимова, на музика на Александар Пејовски. Програмата на фестивалот ќе има одбележување на Јубилејот на 30 април на сцената на МНТ, а се затвора со светската кореографска ѕвезда Мурад Мерзуки на 17 мај на сцената на Македонскиот народен театар.

The post Јубилејното, 20. издание на „Танц фест“ се отвора во Опера и балет со „Госпоѓиците од Авињон“ в четврток appeared first on Република.

]]>
Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ вечерва на „Охридско лето“ https://republika.mk/vesti/kultura/baletskata-pretstava-gospogitsite-od-avinon-vecherva-na-ohridsko-leto/ Sun, 16 Jul 2023 08:48:42 +0000 https://republika.mk/?p=661859

Национална опера и балет со балетот „Госпоѓиците од Авињон“ вечерва гостува на програмата на „Охридско лето“. Балетската претстава поделена во девет слики ќе биде изведена на сцената „Долни Сарај“ со почеток во 21 часот.

Улогите ги играат Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лoчеи (Унгарија), Агим Бафтии и Ендру Кук (Англија).

Музиката за „Госпоѓиците од Авињон“ ја напиша Калиопи Букле, кореограф и режисер е Олга Панго, а либретото и драматургијата се на Сашо Димоски. Костимограф на претставата е Раде Василев, асистенти на кореографот се Горан Божинов и Саша Евтимова, мултимедија и дизајн на Емил Петров. Дизајнот на светло е на Милчо Александров, а Златица Поповска е задолжена за дизајн на шминката.

Во балетот „Госпоѓиците од Авињон“ се користени сценографски елементи од операта „Змејовата невеста“.

The post Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ вечерва на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>

Национална опера и балет со балетот „Госпоѓиците од Авињон“ вечерва гостува на програмата на „Охридско лето“. Балетската претстава поделена во девет слики ќе биде изведена на сцената „Долни Сарај“ со почеток во 21 часот. Улогите ги играат Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лoчеи (Унгарија), Агим Бафтии и Ендру Кук (Англија). Музиката за „Госпоѓиците од Авињон“ ја напиша Калиопи Букле, кореограф и режисер е Олга Панго, а либретото и драматургијата се на Сашо Димоски. Костимограф на претставата е Раде Василев, асистенти на кореографот се Горан Божинов и Саша Евтимова, мултимедија и дизајн на Емил Петров. Дизајнот на светло е на Милчо Александров, а Златица Поповска е задолжена за дизајн на шминката. Во балетот „Госпоѓиците од Авињон“ се користени сценографски елементи од операта „Змејовата невеста“.

The post Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ вечерва на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>
Долготраен аплауз за македонските уметници: „Госпоѓиците од Авињон“ гостуваше во Домот на културата „Борис Христов” во Пловдив https://republika.mk/vesti/kultura/dolgotraen-aplauz-za-makedonskite-umetnitsi-gospogitsite-od-avinon-gostuvashe-vo-domot-na-kulturata-boris-hristov-vo-plovdiv/ Wed, 08 Feb 2023 08:21:27 +0000 https://republika.mk/?p=606286

Во Домот на културата „Борис Христов” во Пловдив, Република Бугарија, синоќа гостуваше Националната опера и балет на Република Македонија со балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон”.

На почеток на настанот беше оддадена почит на жртвите на катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

Балетската претстава е инспирирана од истоименото сликарско дело на Пабло Пикасо, со либрето и драматургија на Сашо Димоски, музика на Калиопи Букле и кореографија и режија на Олга Панго, а во балетска изведба на првенки и првенци на Македонскиот Балет.

Пловдивската публика ги поздрави нашите уметници со долготраен аплауз. Гостувањето е поддржано со финансиски средства на Министерството за култура на Република Бугарија.

The post Долготраен аплауз за македонските уметници: „Госпоѓиците од Авињон“ гостуваше во Домот на културата „Борис Христов” во Пловдив appeared first on Република.

]]>

Во Домот на културата „Борис Христов” во Пловдив, Република Бугарија, синоќа гостуваше Националната опера и балет на Република Македонија со балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон”. На почеток на настанот беше оддадена почит на жртвите на катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија. Балетската претстава е инспирирана од истоименото сликарско дело на Пабло Пикасо, со либрето и драматургија на Сашо Димоски, музика на Калиопи Букле и кореографија и режија на Олга Панго, а во балетска изведба на првенки и првенци на Македонскиот Балет. Пловдивската публика ги поздрави нашите уметници со долготраен аплауз. Гостувањето е поддржано со финансиски средства на Министерството за култура на Република Бугарија.

The post Долготраен аплауз за македонските уметници: „Госпоѓиците од Авињон“ гостуваше во Домот на културата „Борис Христов” во Пловдив appeared first on Република.

]]>
Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ во НОБ https://republika.mk/vesti/kultura/baletskata-pretstava-gospogjicite-od-avinjon-vo-nob/ Sat, 05 Nov 2022 08:33:55 +0000 https://republika.mk/?p=569794

Во рамките на манифестцијата „Есенски музички свечености 2022“ на сцената на Националната опера и балет (НОБ) вечерва ќе биде изведена балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“.

Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ е инспирирана од истоимената слика на уметникот Пабло Пикасо, зборува за пет жени и нивниот живот, нивната потрага по љубовта, смртта и слободата.

Музиката во претставата е на Калиопи Букле, за кореографија и режија задолжена е Олга Панго. Либрето и драматургија се на Сашо Димоски, костимограф е Раде Василев, а на мултимедија и дизајн работеше Емил Петров, дизајн на светло – Милчо Александров, а дизајн на шминкa – Златица Поповска. Асистенти на кореографот се Горан Божинов и Саша Евтимова Користени се сценографски елементи од операта „Змејовата невеста“ – сценограф Валентин Светозарев.

Настапуваат: Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лочеи, Агим Бафтии и Ендру Кук.

The post Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ во НОБ appeared first on Република.

]]>

Во рамките на манифестцијата „Есенски музички свечености 2022“ на сцената на Националната опера и балет (НОБ) вечерва ќе биде изведена балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“. Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ е инспирирана од истоимената слика на уметникот Пабло Пикасо, зборува за пет жени и нивниот живот, нивната потрага по љубовта, смртта и слободата. Музиката во претставата е на Калиопи Букле, за кореографија и режија задолжена е Олга Панго. Либрето и драматургија се на Сашо Димоски, костимограф е Раде Василев, а на мултимедија и дизајн работеше Емил Петров, дизајн на светло – Милчо Александров, а дизајн на шминкa – Златица Поповска. Асистенти на кореографот се Горан Божинов и Саша Евтимова Користени се сценографски елементи од операта „Змејовата невеста“ – сценограф Валентин Светозарев. Настапуваат: Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лочеи, Агим Бафтии и Ендру Кук.

The post Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ во НОБ appeared first on Република.

]]>
Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ на НОБ гостува во Софија https://republika.mk/vesti/kultura/baletskata-pretstava-gospogjicite-od-avinjon-na-nob-gostuva-vo-sofija/ Fri, 08 Jul 2022 07:42:24 +0000 https://republika.mk/?p=525756

Националната опера и балет денеска гостува со балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ на Софискиот фестивал на музички театар. Режисер е Олга Панго – примабалерина, кореограф и директор на Балетот на НОБ..

Претставата ќе биде изведена во Паркот на Воената академија во Софија, а доколку времето е лошо, ќе се игра на сцената на Музичкиот театар.

Во рамките на фестивалот, на голема сцена во Музичкиот театар, Олга Панго ќе зборува за тенденциите на современиот танц во класичниот балет. Таа ќе го сподели своето искуство за кореографијата во мјузиклите и за потребата од нови движења во современите балетски и танцови претстави.

Со претставниците на Националната опера и балет, Панго претходно ќе го посети Културно-информативниот центар на Македонија во Софија и ќе има средба со неговиот директор Сашко Насев, кој ќе ги запознае со односи меѓу двете земји во областа на културата.

The post Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ на НОБ гостува во Софија appeared first on Република.

]]>

Националната опера и балет денеска гостува со балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ на Софискиот фестивал на музички театар. Режисер е Олга Панго – примабалерина, кореограф и директор на Балетот на НОБ.. Претставата ќе биде изведена во Паркот на Воената академија во Софија, а доколку времето е лошо, ќе се игра на сцената на Музичкиот театар. Во рамките на фестивалот, на голема сцена во Музичкиот театар, Олга Панго ќе зборува за тенденциите на современиот танц во класичниот балет. Таа ќе го сподели своето искуство за кореографијата во мјузиклите и за потребата од нови движења во современите балетски и танцови претстави. Со претставниците на Националната опера и балет, Панго претходно ќе го посети Културно-информативниот центар на Македонија во Софија и ќе има средба со неговиот директор Сашко Насев, кој ќе ги запознае со односи меѓу двете земји во областа на културата.

The post Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ на НОБ гостува во Софија appeared first on Република.

]]>
Овации за „Госпоѓиците од Авињон“ синоќа во Битола https://republika.mk/vesti/kultura/ovacii-za-gospogjicite-od-avinjon-sinokja-vo-bitola/ Wed, 20 Apr 2022 09:14:49 +0000 https://republika.mk/?p=491021

Балетот „Госпоѓиците од Авињон“ посветен на музите на Пикасо синоќа со овации беше награден од публиката во Центарот за култура во Битола

Ова музичко-сценско дело изведено од Националната опера и балет нè однесе на едно космополитско патување, задржувајќи го вниманието на публиката од првата до последната сцена.

Госпоѓиците од Авињон во претставата ги отелотворија, со извонредната балетска игра, Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова- Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова и Христина Наќевска, кои настапија заедно со одличните Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лашеи од Унгарија, Агим Бафтии и Ендру Кук од Англија.

Олга Панго, која е и режисер на претставата, Горан Божинов и Саша Евтимова направија впечатлива кореографија, а заедно со сценографските елементи на Валентин Светозарев вклопени во приказната, но и играта на светлото за кое беше задолжен Милчо Александров, костимите на Раде Василев и шминкaта на Златица Поповска, ни овозможија неверојатна балетска магија.

За атрактивноста на оваа балетска приказна зборуваат и позитивните реакции на присутната публика синоќа во Битола, која со долг аплауз го награди тимот што работеше на овој балет, и особено извонредните балетски играчи, кои ни донесоа магија на сцената.

 

фотограф | Диоген Хаџи Коста Милевски

The post Овации за „Госпоѓиците од Авињон“ синоќа во Битола appeared first on Република.

]]>

Балетот „Госпоѓиците од Авињон“ посветен на музите на Пикасо синоќа со овации беше награден од публиката во Центарот за култура во Битола

Ова музичко-сценско дело изведено од Националната опера и балет нè однесе на едно космополитско патување, задржувајќи го вниманието на публиката од првата до последната сцена. Госпоѓиците од Авињон во претставата ги отелотворија, со извонредната балетска игра, Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова- Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова и Христина Наќевска, кои настапија заедно со одличните Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лашеи од Унгарија, Агим Бафтии и Ендру Кук од Англија. Олга Панго, која е и режисер на претставата, Горан Божинов и Саша Евтимова направија впечатлива кореографија, а заедно со сценографските елементи на Валентин Светозарев вклопени во приказната, но и играта на светлото за кое беше задолжен Милчо Александров, костимите на Раде Василев и шминкaта на Златица Поповска, ни овозможија неверојатна балетска магија. За атрактивноста на оваа балетска приказна зборуваат и позитивните реакции на присутната публика синоќа во Битола, која со долг аплауз го награди тимот што работеше на овој балет, и особено извонредните балетски играчи, кои ни донесоа магија на сцената.  

фотограф | Диоген Хаџи Коста Милевски

The post Овации за „Госпоѓиците од Авињон“ синоќа во Битола appeared first on Република.

]]>
Во Битола вечерва гостува претставата „Госпоѓиците од Авињон“ https://republika.mk/vesti/kultura/vo-bitola-vecherva-gostuva-pretstavata-gospogjicite-od-avinjon/ Tue, 19 Apr 2022 08:40:59 +0000 https://republika.mk/?p=490365

Претставата „Госпоѓиците од Авињон“ работена според истоимениот драмски текст на писателот Сашо Димоски во режија на Ненад Витанов, вечерва гостува на големата сцена на Центарот за култура во Битола.

„Госпоѓиците од Авињон“ е колажна, со многу измешани жанрови во неа и зборува за некои делови од животот на познатиот сликар Пабло Пикасо и неговите љубови, неговите музи. Ликовите на музите на Пикасо во претставата ги играат Софиа Насевска-Трифуновска, Искра Ветерова, Гордана Ендровска, Ана Стојановска, Ѕвездана Ангеловска и Васил Зафирчев.

Сценографијата во претставата е на Филип Витанов, костимограф е Тања Кокев, композитор на музиката е Калиопи Букле, додека на сценските движења работеше Маја Каревски.

The post Во Битола вечерва гостува претставата „Госпоѓиците од Авињон“ appeared first on Република.

]]>

Претставата „Госпоѓиците од Авињон“ работена според истоимениот драмски текст на писателот Сашо Димоски во режија на Ненад Витанов, вечерва гостува на големата сцена на Центарот за култура во Битола. „Госпоѓиците од Авињон“ е колажна, со многу измешани жанрови во неа и зборува за некои делови од животот на познатиот сликар Пабло Пикасо и неговите љубови, неговите музи. Ликовите на музите на Пикасо во претставата ги играат Софиа Насевска-Трифуновска, Искра Ветерова, Гордана Ендровска, Ана Стојановска, Ѕвездана Ангеловска и Васил Зафирчев. Сценографијата во претставата е на Филип Витанов, костимограф е Тања Кокев, композитор на музиката е Калиопи Букле, додека на сценските движења работеше Маја Каревски.

The post Во Битола вечерва гостува претставата „Госпоѓиците од Авињон“ appeared first on Република.

]]>
Втора изведба на балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ вечерва во Националната опера и балет https://republika.mk/vesti/kultura/vtora-izvedba-na-baletskata-pretstava-gospogjicite-od-avinjon-vecherva-vo-nacionalnata-opera-i-balet/ Tue, 29 Mar 2022 08:59:25 +0000 https://republika.mk/?p=480196

Националната опера и балет најави втора изведба на балетската претстава „ГОСПОЃИЦИТЕ ОД АВИЊОН“ на 29 март 2022 со почеток во 20 часот. За атрактивноста на оваа балетска претстава зборуваат  позитивните реакции на присутната публика на премиерната изведба (9 март 2022) , која со долг аплауз го награди тимот што работеше на овој балет, а особено извонредните балетски играчи, кои ни донесоа магија на сцената.

Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ е инспирирана од истоимената слика на уметникот Пабло Пикасо, зборува за пет жени и нивниот живот, нивната потрага по љубовта, смртта и слободата.

Музиката во претставата е на Калиопи Букле, за кореографија и режија задолжена е Олга Панго. Либрето и драматургија се на Сашо Димоски, костимограф е Раде Василев, а на мултимедија и дизајн работеше Емил Петров, дизајн на светло – Милчо Александров, а дизајн на шминкa – Златица Поповска. Асистенти на кореографот се Горан Божинов и Саша Евтимова Користени се сценографски елементи од операта „Змејовата невеста“ – сценограф Валентин Светозарев.

Настапуваат: Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лашеи, Агим Бафтии, Ендру Кук

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.

Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против КОВИД-19 или потврда за прележан КОВИД-19 со важност од 180 дена, односно 6 месеци, сметано од датумот на позитивен ПЦР тест.

Задолжително е носење на заштитна маска.

The post Втора изведба на балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ вечерва во Националната опера и балет appeared first on Република.

]]>

Националната опера и балет најави втора изведба на балетската претстава „ГОСПОЃИЦИТЕ ОД АВИЊОН“ на 29 март 2022 со почеток во 20 часот. За атрактивноста на оваа балетска претстава зборуваат  позитивните реакции на присутната публика на премиерната изведба (9 март 2022) , која со долг аплауз го награди тимот што работеше на овој балет, а особено извонредните балетски играчи, кои ни донесоа магија на сцената. Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ е инспирирана од истоимената слика на уметникот Пабло Пикасо, зборува за пет жени и нивниот живот, нивната потрага по љубовта, смртта и слободата. Музиката во претставата е на Калиопи Букле, за кореографија и режија задолжена е Олга Панго. Либрето и драматургија се на Сашо Димоски, костимограф е Раде Василев, а на мултимедија и дизајн работеше Емил Петров, дизајн на светло – Милчо Александров, а дизајн на шминкa – Златица Поповска. Асистенти на кореографот се Горан Божинов и Саша Евтимова Користени се сценографски елементи од операта „Змејовата невеста“ – сценограф Валентин Светозарев. Настапуваат: Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лашеи, Агим Бафтии, Ендру Кук Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против КОВИД-19 или потврда за прележан КОВИД-19 со важност од 180 дена, односно 6 месеци, сметано од датумот на позитивен ПЦР тест. Задолжително е носење на заштитна маска.

The post Втора изведба на балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ вечерва во Националната опера и балет appeared first on Република.

]]>
Премиерна изведба на балетот „Госпоѓиците од Авињон“ во Националната опера и балет https://republika.mk/vesti/kultura/premierna-izvedba-na-baletot-gospogjicite-od-avinjon-vo-nacionalnata-opera-i-balet/ Mon, 07 Mar 2022 11:20:03 +0000 https://republika.mk/?p=468909

На 9 март 2022, во 20 ч. на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетската премиера „Госпоѓиците од Авињон“ – балет во 9 слики со врвна авторска и солистичка екипа.

Настапуваат: Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лашеи, Агим Бафтии, Ендру Кук.

Музиката е на Калиопи Букле, кореографијата и режија се на Олга Панго, либрето и драматургија - Сашо Димоски. Во екипатта се уште и асистенти на кореографот: Горан Божинов, Саша Евтимова; костимограф: Раде Василев; мултимедија и дизајн: Емил Петров; дизајн на светло: Милчо Александров; дизајн на шминка: Златица Поповска; Користени се сценографски елементи од операта „Змејовата невеста“ – сценограф Валентин Светозарев.

Бивајќи загледан во еден свој сон во Пикасовата слика „Госпоѓиците од Авињон“, врз платното слета една мува. Мувата, еднакво љубопитна колку и јас, почна да зуи насекаде по сликата, да прелетува од еден до друг нејзин крај, да ја испитува со кураторска прецизност. За разлика од мене, мувата имаше можност да го допре платното, на нејзината текстура да ги остави своите отпечатоци врз боите и низ формите. Допирајќи ја сликата, мувата одново ја создаваше,зуејќи. Во тој миг од сонот го скицирав текстот „Госпоѓиците од Авињон“, вели Димоски.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.

Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против КОВИД-19 или потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Задолжително е носење на заштитна маска.

The post Премиерна изведба на балетот „Госпоѓиците од Авињон“ во Националната опера и балет appeared first on Република.

]]>

На 9 март 2022, во 20 ч. на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетската премиера „Госпоѓиците од Авињон“ – балет во 9 слики со врвна авторска и солистичка екипа. Настапуваат: Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лашеи, Агим Бафтии, Ендру Кук. Музиката е на Калиопи Букле, кореографијата и режија се на Олга Панго, либрето и драматургија - Сашо Димоски. Во екипатта се уште и асистенти на кореографот: Горан Божинов, Саша Евтимова; костимограф: Раде Василев; мултимедија и дизајн: Емил Петров; дизајн на светло: Милчо Александров; дизајн на шминка: Златица Поповска; Користени се сценографски елементи од операта „Змејовата невеста“ – сценограф Валентин Светозарев.
Бивајќи загледан во еден свој сон во Пикасовата слика „Госпоѓиците од Авињон“, врз платното слета една мува. Мувата, еднакво љубопитна колку и јас, почна да зуи насекаде по сликата, да прелетува од еден до друг нејзин крај, да ја испитува со кураторска прецизност. За разлика од мене, мувата имаше можност да го допре платното, на нејзината текстура да ги остави своите отпечатоци врз боите и низ формите. Допирајќи ја сликата, мувата одново ја создаваше,зуејќи. Во тој миг од сонот го скицирав текстот „Госпоѓиците од Авињон“, вели Димоски.
Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против КОВИД-19 или потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. Задолжително е носење на заштитна маска.

The post Премиерна изведба на балетот „Госпоѓиците од Авињон“ во Националната опера и балет appeared first on Република.

]]>
Премиера на балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ на сцената на Националната опера и балет https://republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-baletskata-pretstava-gospogjicite-od-avinjon-na-scenata-na-nacionalnata-opera-i-balet/ Wed, 02 Mar 2022 08:53:00 +0000 https://republika.mk/?p=466271

Балетската премиера на „ГОСПОЃИЦИТЕ ОД АВИЊОН“, балет во девет слики ќе се одржи на 9.3.2022 - 20.00 часот.

Музика: Калиопи Букле
Кореографија и режија: Олга Панго
Либрето и драматургија: Сашо Димоски
Асистенти на кореографот: Горан Божинов, Саша Евтимова
Костимограф: Раде Василев
Сценограф: Валентин Светозарев
Мултимедија и дизајн: Емил Петров
Дизајн на светло: Милчо Александров
Дизајн на шминка: Златица Поповска
УЛОГИ:
Олга Коклова - Александра Мијалкова
Дора Маар - Мими Поп-Алексова Атанасовска
Ева Гуел - Ивана Коцевска
Мари-Терез Валтер - Саша Евтимова
Франсоаз Жило - Христина Наќевска
Поштарот - Мирослав Митрашиновиќ
Слаткарот - Балаж Лашеи
Пријателот - Агим Бафтии
Чевларот - Ендру Кук

ЕПИФАНИЈА

Бивајќи загледан во еден свој сон во Пикасовата слика „Госпоѓиците од Авињон“, врз платното слета една мува. Мувата, еднакво љубопитна колку и јас, почна да зуи насекаде по сликата, да прелетува од еден до друг нејзин крај, да ја испитува со кураторска прецизност. За разлика од мене, мувата имаше можност да го допре платното, на нејзината текстура да ги остави своите отпечатоци врз боите и низ формите. Допирајќи ја сликата, мувата одново ја создаваше,зуејќи.

Во тој миг од сонот го скицирав текстот „Госпоѓиците од Авињон‘“ - Сашо Димоски, либретист

The post Премиера на балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ на сцената на Националната опера и балет appeared first on Република.

]]>

Балетската премиера на „ГОСПОЃИЦИТЕ ОД АВИЊОН“, балет во девет слики ќе се одржи на 9.3.2022 - 20.00 часот.

Музика: Калиопи Букле
Кореографија и режија: Олга Панго
Либрето и драматургија: Сашо Димоски
Асистенти на кореографот: Горан Божинов, Саша Евтимова
Костимограф: Раде Василев
Сценограф: Валентин Светозарев
Мултимедија и дизајн: Емил Петров
Дизајн на светло: Милчо Александров
Дизајн на шминка: Златица Поповска
УЛОГИ:
Олга Коклова - Александра Мијалкова
Дора Маар - Мими Поп-Алексова Атанасовска
Ева Гуел - Ивана Коцевска
Мари-Терез Валтер - Саша Евтимова
Франсоаз Жило - Христина Наќевска
Поштарот - Мирослав Митрашиновиќ
Слаткарот - Балаж Лашеи
Пријателот - Агим Бафтии
Чевларот - Ендру Кук

ЕПИФАНИЈА

Бивајќи загледан во еден свој сон во Пикасовата слика „Госпоѓиците од Авињон“, врз платното слета една мува. Мувата, еднакво љубопитна колку и јас, почна да зуи насекаде по сликата, да прелетува од еден до друг нејзин крај, да ја испитува со кураторска прецизност. За разлика од мене, мувата имаше можност да го допре платното, на нејзината текстура да ги остави своите отпечатоци врз боите и низ формите. Допирајќи ја сликата, мувата одново ја создаваше,зуејќи.

Во тој миг од сонот го скицирав текстот „Госпоѓиците од Авињон‘“ - Сашо Димоски, либретист

The post Премиера на балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ на сцената на Националната опера и балет appeared first on Република.

]]>