гордана јанкуловска Archives - Република https://republika.mk/tema/gordana-jankulovska/ За подобро да се разбереме Wed, 08 May 2024 21:27:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гордана јанкуловска Archives - Република https://republika.mk/tema/gordana-jankulovska/ 32 32 Гордана Јанкуловска ја слави двојната победа на ВМРО-ДПМНЕ во штабот на партијата https://republika.mk/vesti/makedonija/gordana-jankulovska-ja-slavi-dvojnata-pobeda-na-vmro-dpmne-vo-shtabot-na-partijata/ Wed, 08 May 2024 21:27:03 +0000 https://republika.mk/?p=775982

Гордана Јанкуловска ја слави двојната победа на ВМРО-ДПМНЕ во штабот на партијата.

Претходно таа ја честиташе победата на Давкова.

https://republika.mk/vesti/makedonija/jankulovska-za-prvpat-vo-istorijata-makedonija-dobi-zhena-za-pretsedatel/

The post Гордана Јанкуловска ја слави двојната победа на ВМРО-ДПМНЕ во штабот на партијата appeared first on Република.

]]>

Гордана Јанкуловска ја слави двојната победа на ВМРО-ДПМНЕ во штабот на партијата. Претходно таа ја честиташе победата на Давкова. https://republika.mk/vesti/makedonija/jankulovska-za-prvpat-vo-istorijata-makedonija-dobi-zhena-za-pretsedatel/

The post Гордана Јанкуловска ја слави двојната победа на ВМРО-ДПМНЕ во штабот на партијата appeared first on Република.

]]>
Јанкуловска: За првпат во историјата Македонија доби жена за претседател! https://republika.mk/vesti/makedonija/jankulovska-za-prvpat-vo-istorijata-makedonija-dobi-zhena-za-pretsedatel/ Wed, 08 May 2024 20:17:57 +0000 https://republika.mk/?p=775912

Екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, и честиташе победа на Гордана Силјановска-Давкова на изборите.

„За првпат во историјата Македонија доби жена за претседател. Честитки за нашата Претседателка, честитки за Македонија!“, напиша Јанкулоска на „Фејсбук“.

The post Јанкуловска: За првпат во историјата Македонија доби жена за претседател! appeared first on Република.

]]>

Екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, и честиташе победа на Гордана Силјановска-Давкова на изборите. „За првпат во историјата Македонија доби жена за претседател. Честитки за нашата Претседателка, честитки за Македонија!“, напиша Јанкулоска на „Фејсбук“.

The post Јанкуловска: За првпат во историјата Македонија доби жена за претседател! appeared first on Република.

]]>
Доби условен отпуст: Јанкуловска на први ноември излегува на слобода https://republika.mk/vesti/makedonija/dobi-usloven-otpust-jankulovska-na-prvi-noemvri-izleguva-na-sloboda/ Thu, 12 Oct 2023 13:33:46 +0000 https://republika.mk/?p=690594

Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на осудената Гордана Јанкуловска од Скопје, при што решението на Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје го преиначи и ја отпушти осудената на 1 ноември 2023 година од издржување на казната затвор, под услов до истекот на условниот отпуст, 28.09.2024 година, да не стори ново кривично дело, информираат од Апелациониот суд Скопје.

По предметот оформен по молбата за условен отпуст на осудената Гордана Јанкуловска од Скопје, од Апелациониот суд Скопје информира дека било одлучувано на нејавна седница одржана на 4 октомври годинава.

Постапувајќи по кривичниот предмет КР-133/23, Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје, донесе решение со кое ја одби како неоснована жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, а ја уважи жалбата на осудената Гордана Јанкуловска од Скопје, при што Решението на Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје го преиначи и ја отпушти осудената на 01.11.2023 година од издржување на казната затвор, под услов до истекот на условниот отпуст, 28.09.2024 година, да не стори ново кривично дело, се вели во соопштението од Апелација.

Заради транспарентност во работењето, Апелациониот суд Скопје информира дека при одлучувањето ги имаше предвид списите приложени кон предметот, пред се податоците добиени од установата каде осудената ја издржува казната затвор.

Имено, судот ги ценеше личните прилики на осудената, особено околноста дека осудената е мајка на петгодишно дете, кое било лишено од мајчинска грижа и воспитување, а посебно ценејќи ги предвид податоците од Установата каде осудената ја издржува казната затвор, со оглед да осудената ги почитувала правата и обврските кои произлегуваат од куќниот ред на затворот, истата се вклопила во домската средина во која имала максимално пријателски односи со останатите осудени лица и не манифестирала насилни и конфликтни однесувања, имала развиено чувство за лична и општествена одговорност и однесувањето и било во склад со општествените норми. Во досегашниот издржан дел од казната во ниту еден момент не биле евидентирани прекршоци на одредбите од куќниот ред, го почитувала истиот и имала примерно поведение, а воено и коректен однос кон службените лица. Сметано од 25.10.2022 година, осудената била работно ангажирана во библиотеката на женското одделение и својот ангажман го извршувала со посветеност, навремено и во целост, користела и погодности надвор од установата, што упатува дека осудената се поправила до степен што основано може да се очекува дека на слобода добро би се однесувала и дека нема да врши кривични дела, со што е остварена и целта на казнувањето предвидена со чл.32 од КЗ, информираат од Апелационен суд Скопје.

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, беше упатена во КПУ - Идризово, за издржување на казната затвор од четири години како осудена во предметот „Тенк", во септември 2020 година, откако таа ги исцрпи сите правни средства за одложување на издржување на казната затвор за предметот „Тенк".

The post Доби условен отпуст: Јанкуловска на први ноември излегува на слобода appeared first on Република.

]]>

Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на осудената Гордана Јанкуловска од Скопје, при што решението на Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје го преиначи и ја отпушти осудената на 1 ноември 2023 година од издржување на казната затвор, под услов до истекот на условниот отпуст, 28.09.2024 година, да не стори ново кривично дело, информираат од Апелациониот суд Скопје. По предметот оформен по молбата за условен отпуст на осудената Гордана Јанкуловска од Скопје, од Апелациониот суд Скопје информира дека било одлучувано на нејавна седница одржана на 4 октомври годинава. Постапувајќи по кривичниот предмет КР-133/23, Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје, донесе решение со кое ја одби како неоснована жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, а ја уважи жалбата на осудената Гордана Јанкуловска од Скопје, при што Решението на Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје го преиначи и ја отпушти осудената на 01.11.2023 година од издржување на казната затвор, под услов до истекот на условниот отпуст, 28.09.2024 година, да не стори ново кривично дело, се вели во соопштението од Апелација. Заради транспарентност во работењето, Апелациониот суд Скопје информира дека при одлучувањето ги имаше предвид списите приложени кон предметот, пред се податоците добиени од установата каде осудената ја издржува казната затвор. Имено, судот ги ценеше личните прилики на осудената, особено околноста дека осудената е мајка на петгодишно дете, кое било лишено од мајчинска грижа и воспитување, а посебно ценејќи ги предвид податоците од Установата каде осудената ја издржува казната затвор, со оглед да осудената ги почитувала правата и обврските кои произлегуваат од куќниот ред на затворот, истата се вклопила во домската средина во која имала максимално пријателски односи со останатите осудени лица и не манифестирала насилни и конфликтни однесувања, имала развиено чувство за лична и општествена одговорност и однесувањето и било во склад со општествените норми. Во досегашниот издржан дел од казната во ниту еден момент не биле евидентирани прекршоци на одредбите од куќниот ред, го почитувала истиот и имала примерно поведение, а воено и коректен однос кон службените лица. Сметано од 25.10.2022 година, осудената била работно ангажирана во библиотеката на женското одделение и својот ангажман го извршувала со посветеност, навремено и во целост, користела и погодности надвор од установата, што упатува дека осудената се поправила до степен што основано може да се очекува дека на слобода добро би се однесувала и дека нема да врши кривични дела, со што е остварена и целта на казнувањето предвидена со чл.32 од КЗ, информираат од Апелационен суд Скопје. Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, беше упатена во КПУ - Идризово, за издржување на казната затвор од четири години како осудена во предметот „Тенк", во септември 2020 година, откако таа ги исцрпи сите правни средства за одложување на издржување на казната затвор за предметот „Тенк".

The post Доби условен отпуст: Јанкуловска на први ноември излегува на слобода appeared first on Република.

]]>
Јанкуловска: Актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е легитимно избрано и ја има мојата поддршка https://republika.mk/vesti/makedonija/jankulovska-aktuelnoto-rakovodstvo-na-vmro-dpmne-e-legitimno-izbrano-i-ja-ima-mojata-poddrshka/ Mon, 02 Oct 2023 19:07:04 +0000 https://republika.mk/?p=687243

Јас не можам да одберам со кого кога ќе се сретнам затоа што можам да се сретнам со било кого само тогаш кога сум на домашно отсуство. Моето домашно отсуство започна точно тој ден кога излезе фотографијата и таа средба тогаш се случи“, истакна Гордана Ганкуловска во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТВ говорејќи за средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Јанкуловска додаде дека немала долг период средба со Мицкоски.

Да бидам искрена јас без оглед што сум оддалечена од дневно политичките настани и се она што се случува, мојот интерес не е намален. Така што таа средба освен како средба на стари пријатели ина луѓе што се познаваат беше идобра можност да се информирам за некои работи кои што до крај не ми беа јасни“, рече таа.

Јанкуловска посочи дека со задоволство ја имала таа средба.

И средбите и разговорите па и ставовите немам ниакков проблем да ги кажам јавно, јас стојам зад тоа што гокажувам. Немам проблем нити да се видам со некого што гопочитувам, нити да се видам со некого кој што сака да се види со мене, појасни Јанкуловска.

„Партијата односно ВМРО-ДПМНЕ не е еден човек, не е еден тим. Партијата е идеја. И сите ние се идентификуваме со таа идеја. Единството во партијата е многу значајно, и ВМРО-ДПМНЕ има легитимно избрано раководство. И токму тоа раководство кое е легитимно избрано и поддржано на Конгрес преку делегатите и мнозинството членови ја има мојата поддршка“, укажа Јанкуловска.

Таа нагласи дека актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ како легитимно избрано ја има мојата поддршка.

The post Јанкуловска: Актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е легитимно избрано и ја има мојата поддршка appeared first on Република.

]]>

Јас не можам да одберам со кого кога ќе се сретнам затоа што можам да се сретнам со било кого само тогаш кога сум на домашно отсуство. Моето домашно отсуство започна точно тој ден кога излезе фотографијата и таа средба тогаш се случи“, истакна Гордана Ганкуловска во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТВ говорејќи за средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Јанкуловска додаде дека немала долг период средба со Мицкоски.
Да бидам искрена јас без оглед што сум оддалечена од дневно политичките настани и се она што се случува, мојот интерес не е намален. Така што таа средба освен како средба на стари пријатели ина луѓе што се познаваат беше идобра можност да се информирам за некои работи кои што до крај не ми беа јасни“, рече таа.
Јанкуловска посочи дека со задоволство ја имала таа средба.
И средбите и разговорите па и ставовите немам ниакков проблем да ги кажам јавно, јас стојам зад тоа што гокажувам. Немам проблем нити да се видам со некого што гопочитувам, нити да се видам со некого кој што сака да се види со мене, појасни Јанкуловска.
„Партијата односно ВМРО-ДПМНЕ не е еден човек, не е еден тим. Партијата е идеја. И сите ние се идентификуваме со таа идеја. Единството во партијата е многу значајно, и ВМРО-ДПМНЕ има легитимно избрано раководство. И токму тоа раководство кое е легитимно избрано и поддржано на Конгрес преку делегатите и мнозинството членови ја има мојата поддршка“, укажа Јанкуловска. Таа нагласи дека актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ како легитимно избрано ја има мојата поддршка.

The post Јанкуловска: Актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е легитимно избрано и ја има мојата поддршка appeared first on Република.

]]>
Гордана Јанкулоска останала блиска само со Миле Јанакиески https://republika.mk/vesti/makedonija/gordana-jankuloska-ostanala-bliska-samo-so-mile-janakieski/ Mon, 02 Oct 2023 19:03:48 +0000 https://republika.mk/?p=687240

Моите контакти со надворешниот свет се целосно елиминирани и тешко може да се каже дека комуницирам со поранешни колеги. Можам да кажам дека во најблизок контакт останав со Миле Јанакиески, изјави поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во интервју за „360 степени“, емитувано на МРТ 1.

Јанкуловска ја одлежува четиригодишната затворска казна за случајот „Тенк“ и има уште една година.

Можностите за посета се ограничени. Треба да се направи добар план за правилно да се искористат тие т.н. еднократни посети. Меѓутоа, кога имам можност за тоа, пријателите ме посетуваат толку колку што е дозволено и колку што е можно. Тешко е да зборуваме за некаков контакт кога моите контакти со надворешниот свет се целосно елиминирани. Со дел од колегите, тогаш кога имало прилика, сме се виделе, сме поразговарале. Можам да кажам дека во најблизок контакт останав со Миле Јанакиески, иако и кај него условите се сменети и комуникацијата е значително отежната. Не сме во ист затвор, но дури и да сме, машкото и женското одделение за издржување казна се тотално разделени и ние воопшто немаме комуникација“, вели Јанкуловска.

Со поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески изминатите неколку години воопшто немале контакт, вели таа.

The post Гордана Јанкулоска останала блиска само со Миле Јанакиески appeared first on Република.

]]>

Моите контакти со надворешниот свет се целосно елиминирани и тешко може да се каже дека комуницирам со поранешни колеги. Можам да кажам дека во најблизок контакт останав со Миле Јанакиески, изјави поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во интервју за „360 степени“, емитувано на МРТ 1. Јанкуловска ја одлежува четиригодишната затворска казна за случајот „Тенк“ и има уште една година.
Можностите за посета се ограничени. Треба да се направи добар план за правилно да се искористат тие т.н. еднократни посети. Меѓутоа, кога имам можност за тоа, пријателите ме посетуваат толку колку што е дозволено и колку што е можно. Тешко е да зборуваме за некаков контакт кога моите контакти со надворешниот свет се целосно елиминирани. Со дел од колегите, тогаш кога имало прилика, сме се виделе, сме поразговарале. Можам да кажам дека во најблизок контакт останав со Миле Јанакиески, иако и кај него условите се сменети и комуникацијата е значително отежната. Не сме во ист затвор, но дури и да сме, машкото и женското одделение за издржување казна се тотално разделени и ние воопшто немаме комуникација“, вели Јанкуловска.
Со поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески изминатите неколку години воопшто немале контакт, вели таа.  

The post Гордана Јанкулоска останала блиска само со Миле Јанакиески appeared first on Република.

]]>
Пораката е дека никој не е заборавен, таа е жртва на една силна политичка тортура, рече Мицкоски за средбата со Гордана Јанкуловска https://republika.mk/vesti/makedonija/porakata-e-deka-nikoj-ne-e-zaboraven-taa-e-zhrtva-na-edna-silna-politichka-tortura-reche-mitskoski-za-sredbata-so-gordana-jankulovska/ Fri, 22 Sep 2023 17:49:16 +0000 https://republika.mk/?p=684209

„Тоа е редовна средба која што е со драг пријател, кој што долго време е таму каде што е. И ценам дека од средбата не треба да се гледа каква е пораката туку треба да се каже дека никој не е заборавен“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при гостување во вестите на ТВ Алсат говорејќи за средбата со Гордана Јанкуловска.

Мицкоски додаде дека Гордана Јанкуловска е жртва на еден политички прогон и тортура која што и се прави веќе три години.

Јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ и ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ се грижи буквално за секој еден лојален член, за секој еден член кој што оставил неизбришлива трага во работењето на партијата. И ценам дека Гордана Јанкуловска е жртва на еден политички прогон и тортура која што и се прави еве веќе цели три години“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

Тој посочи дека средбата беше денеска бидејќи Гордана Јанкуловска денес добила слободен викенд.

Таа денеска доби право да користи викенд, и таа го користи. И нема друга некоја посебна причина, рече тој.

The post Пораката е дека никој не е заборавен, таа е жртва на една силна политичка тортура, рече Мицкоски за средбата со Гордана Јанкуловска appeared first on Република.

]]>

„Тоа е редовна средба која што е со драг пријател, кој што долго време е таму каде што е. И ценам дека од средбата не треба да се гледа каква е пораката туку треба да се каже дека никој не е заборавен“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при гостување во вестите на ТВ Алсат говорејќи за средбата со Гордана Јанкуловска. Мицкоски додаде дека Гордана Јанкуловска е жртва на еден политички прогон и тортура која што и се прави веќе три години.
Јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ и ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ се грижи буквално за секој еден лојален член, за секој еден член кој што оставил неизбришлива трага во работењето на партијата. И ценам дека Гордана Јанкуловска е жртва на еден политички прогон и тортура која што и се прави еве веќе цели три години“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.
Тој посочи дека средбата беше денеска бидејќи Гордана Јанкуловска денес добила слободен викенд.
Таа денеска доби право да користи викенд, и таа го користи. И нема друга некоја посебна причина, рече тој.
 
The post Пораката е дека никој не е заборавен, таа е жртва на една силна политичка тортура, рече Мицкоски за средбата со Гордана Јанкуловска appeared first on Република.

]]>
Случај „Титаник“: Намалена казната за Јанакиески,условна за Јанкуловска https://republika.mk/vesti/makedonija/sluchaj-titanik-namalena-kaznata-za-janakieski-uslovna-za-jankulovska/ Tue, 04 Jul 2023 13:56:41 +0000 https://republika.mk/?p=658070

Апелацискиот суд преиначи дел од казните за обвинетите во предметот „Титаник“, а дел и ги потврди.На Миле Јанакиески  мусе намалува казната за девет месеци и сега ќе треба да одлежи 3,6 години. Гордана Јанкуловска сега добива условна осуда наместо 2,5 години казна затвор.

Обвинетите беа гонети за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

The post Случај „Титаник“: Намалена казната за Јанакиески,условна за Јанкуловска appeared first on Република.

]]>

Апелацискиот суд преиначи дел од казните за обвинетите во предметот „Титаник“, а дел и ги потврди.На Миле Јанакиески  мусе намалува казната за девет месеци и сега ќе треба да одлежи 3,6 години. Гордана Јанкуловска сега добива условна осуда наместо 2,5 години казна затвор. Обвинетите беа гонети за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

The post Случај „Титаник“: Намалена казната за Јанакиески,условна за Јанкуловска appeared first on Република.

]]>
Првпат по три години: Гордана Јанкуловска излезе на викенд од „Идризово“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/prvpat-po-tri-godini-gordana-jankulovska-izleze-na-vikend-od-idrizovo/ Sat, 01 Jul 2023 11:45:39 +0000 https://republika.mk/?p=657091

Со измена на правилникот, жените затворенички од „Идризово“ почнаа со користење право на викенд отсуство.

Директорот Зоран Јовановски за „Макфакс“ посочи дека привилегиите ги користат по потреба. Меѓу нив е и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која речиси три години е зад решетки, без да може да излезе за да го види својот син и да помине кратко време со семејството.

Јовановски посочи дека добил пет барања за користење на овие привилегии.

The post Првпат по три години: Гордана Јанкуловска излезе на викенд од „Идризово“ appeared first on Република.

]]>

Со измена на правилникот, жените затворенички од „Идризово“ почнаа со користење право на викенд отсуство. Директорот Зоран Јовановски за „Макфакс“ посочи дека привилегиите ги користат по потреба. Меѓу нив е и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која речиси три години е зад решетки, без да може да излезе за да го види својот син и да помине кратко време со семејството. Јовановски посочи дека добил пет барања за користење на овие привилегии.

The post Првпат по три години: Гордана Јанкуловска излезе на викенд од „Идризово“ appeared first on Република.

]]>
Kaтица Јанева за Велигден си беше дома во Гевгелија, Јанкуловска остана во затвор https://republika.mk/vesti/makedonija/katitsa-janeva-za-veligden-si-beshe-doma-vo-gevgelija-jankulovska-ostana-vo-zatvor/ Wed, 19 Apr 2023 09:47:24 +0000 https://republika.mk/?p=632023

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за Велигденските празници си беше дома во Гевгелија. Таа користела повеќедневно отсуство по што се вратила во затворот.

Директорот на затворот   „Идризово“ Зоран Јованоски во изјава за „Мак Факс“ потврди дека Јанева користела отсуство но и дека навреме се вратила на доиздржување на затворската казна која и истекува за три години.

[caption id="attachment_31285" align="alignnone" width="640"] (фото: МИА)[/caption]

Првата кои ги користи некогашната прва обвинителка не и се дозволени на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска поради тоа што против неа се водат уште два активни случаи.

Комисијата за дискриминација дури и констатираше дека е дикриминирана и наложи да се изготви нов правилник за женските осуденички за да може таа да минува викенди и отсуства со своето семејство.

The post Kaтица Јанева за Велигден си беше дома во Гевгелија, Јанкуловска остана во затвор appeared first on Република.

]]>

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за Велигденските празници си беше дома во Гевгелија. Таа користела повеќедневно отсуство по што се вратила во затворот. Директорот на затворот   „Идризово“ Зоран Јованоски во изјава за „Мак Факс“ потврди дека Јанева користела отсуство но и дека навреме се вратила на доиздржување на затворската казна која и истекува за три години. [caption id="attachment_31285" align="alignnone" width="640"] (фото: МИА)[/caption] Првата кои ги користи некогашната прва обвинителка не и се дозволени на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска поради тоа што против неа се водат уште два активни случаи. Комисијата за дискриминација дури и констатираше дека е дикриминирана и наложи да се изготви нов правилник за женските осуденички за да може таа да минува викенди и отсуства со своето семејство.  

The post Kaтица Јанева за Велигден си беше дома во Гевгелија, Јанкуловска остана во затвор appeared first on Република.

]]>
Јанкулоска е поголем маж од поранешните колеги и претпоставени https://republika.mk/vesti/makedonija/jankuloska-e-pogolem-mazh-od-poraneshnite-kolegi-i-pretpostaveni/ Wed, 22 Mar 2023 08:21:46 +0000 https://republika.mk/?p=622286

Гордана Јанкулоска е поголем маж од бившите колеги и претпоставени, вели адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска за екс министерката за внатрешни работи.

Таа на Фејсбук изрази поддршка за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, на која, во затворот „Идризово“ не ѝ е дозволено да ги оствари сите права кои ги имаат затворениците - мажи.

На Јанкулоска ѝ е оневозможено користење на посети надвор од установата, одмор, работно ангажирање и сл., погодности кои се достапни ако си осуденик - маж. Поддршка за овој глас за борба за еднакви права на жените, независно што доаѓа од казнено-поправна установа и што има директен интерес. Борбата за рамноправност не смее да бидеј ограничена во својата поддршка зависно од тоа дали ни е симпатичен оној кој за истата цел се бори. Таа треба да е апсолутна во својот корен, во основата на својата идеологија. Јанкулоска секако, уште еднаш покажува дека е поголем маж од нејзините бивши колеги и претпоставени“, пишува адвокатката на „Фејсбук“

The post Јанкулоска е поголем маж од поранешните колеги и претпоставени appeared first on Република.

]]>

Гордана Јанкулоска е поголем маж од бившите колеги и претпоставени, вели адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска за екс министерката за внатрешни работи. Таа на Фејсбук изрази поддршка за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, на која, во затворот „Идризово“ не ѝ е дозволено да ги оствари сите права кои ги имаат затворениците - мажи.
На Јанкулоска ѝ е оневозможено користење на посети надвор од установата, одмор, работно ангажирање и сл., погодности кои се достапни ако си осуденик - маж. Поддршка за овој глас за борба за еднакви права на жените, независно што доаѓа од казнено-поправна установа и што има директен интерес. Борбата за рамноправност не смее да бидеј ограничена во својата поддршка зависно од тоа дали ни е симпатичен оној кој за истата цел се бори. Таа треба да е апсолутна во својот корен, во основата на својата идеологија. Јанкулоска секако, уште еднаш покажува дека е поголем маж од нејзините бивши колеги и претпоставени“, пишува адвокатката на „Фејсбук“

The post Јанкулоска е поголем маж од поранешните колеги и претпоставени appeared first on Република.

]]>
Кoмисијата за дискриминација констатира дека Јанкуловска е дискриминирана во затворот „Идризово“ поради тоа што е од женски пол https://republika.mk/vesti/makedonija/komisijata-za-diskriminatsija-konstatira-deka-jankulovska-e-diskriminirana-vo-zatvorot-idrizovo-poradi-toa-shto-e-od-zhenski-pol/ Mon, 20 Mar 2023 13:26:17 +0000 https://republika.mk/?p=621585

Комисијата за заштита од дискриминација констатираше дека поранешната министерка за внатрешни работи како осуденичка е дискриминирана во затворот „Идризово каде што издржува затворска казна од четири години.

Комијата утврдила директна дискриминација од страна на Управата за извршување на санкции кон осуденичка од женски пол.

Конкретно, на Јанкуловска и е оневозможено користење на посети надвор од установата, одмор, како и работно ангажирање.

Комисијата во обраложението констатира дека станува збор за погодност кое може да се користи ако осуденото лице одлежало третина од казната или пак има примерно поведение.

Комисијата и препорачува на Упрвата за извршување на санкции во рок од шест месеци да изготви акциски план со конкретни работи и буџетирање за сите осуденици без разлика на пол да можат да ги користат сите погодности пропишани со закон.

The post Кoмисијата за дискриминација констатира дека Јанкуловска е дискриминирана во затворот „Идризово“ поради тоа што е од женски пол appeared first on Република.

]]>

Комисијата за заштита од дискриминација констатираше дека поранешната министерка за внатрешни работи како осуденичка е дискриминирана во затворот „Идризово каде што издржува затворска казна од четири години. Комијата утврдила директна дискриминација од страна на Управата за извршување на санкции кон осуденичка од женски пол. Конкретно, на Јанкуловска и е оневозможено користење на посети надвор од установата, одмор, како и работно ангажирање. Комисијата во обраложението констатира дека станува збор за погодност кое може да се користи ако осуденото лице одлежало третина од казната или пак има примерно поведение. Комисијата и препорачува на Упрвата за извршување на санкции во рок од шест месеци да изготви акциски план со конкретни работи и буџетирање за сите осуденици без разлика на пол да можат да ги користат сите погодности пропишани со закон.  

The post Кoмисијата за дискриминација констатира дека Јанкуловска е дискриминирана во затворот „Идризово“ поради тоа што е од женски пол appeared first on Република.

]]>
Во 2023 година во Македонија е битно дали си жена или маж затвореник https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-2023-godina-vo-makedonija-e-bitno-dali-si-zhena-ili-mazh-zatvorenik/ Wed, 18 Jan 2023 09:05:19 +0000 https://republika.mk/?p=598168

Иако мажите и жените би требало да бидат рамноправни, па дури и припадничките на понежниот пол да имаат поголеми привилегии, во 2023 година во Македонија тоа не е случај дури ни кога станува збор за издржување на затворската казна.

Додека за жените осуденички единствен избор е КП „Идризово“, мажите можат буквално да бираат каде сакаат да ја одлежуваат казната. Оние со потешки дела остануваат во Идризово, додека другите може да бираат дали во Штип, Прилеп, некој друг затвор или пак во најпопуларниот во Струга.

Најтипичен пример за дискриминација е поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска која издржува затворска казна за случајот „Тенк“ а згора на тоа против неа се водат уште два случаи.

Сега веќе поранешниот директор на Управата за извршување на санкции Марјан Спасоски признава дека има пропуст во правиликот на КП „Идризово“.

Во случајот „Јанкуловска“ станува збор за женско осудено лице и се наоѓа во Идризово во затворен тип тука има пропуст во делот на правилникот.Во овој момент хендикеп за неа е што се наоѓа на издржување на затвор во КП Идризово бидејќи женско оделение има само во тој затвор.Тоа е дискриминација и работиме на тоа правилникот да биде сменет.Сега утврдивме дека женските затворенички се дискриминирани-објасни Спасовски за „А1он“.

Адвокатот Влатко Илиевски овој пропуст детално го објасни во интервјуто за „Република. Тој потврдува дека има неусогласеност помеѓу правилникот за распоредување и разместување на осудените лица со законот за изршување на санкции.

Од друга страна фактот што осудениците од женски може да издржуваат казна само во „Идризово“ кој што е од затворен тип, за разлика од мажите кој можат да бираат каде ќе отслужуваат ги става во нееднаква положба односно ги дискриминира.

Поднесов и претставка до Комисијата за заштита и спречување на дискриминација и се надевам дека и тие ќе најдат доблест да реагираат. Станува збор за оние осудени лица против кои се водат и други постапки.Користењето на погодностите како што се викенди или посети надвор од установата, одмор, работен ангажман тие се поврзани со условот да не се водат други постапки. Ваквиот услов е спротивен во помеѓу одреби со законот за извршување на санкции па и со презумција на невиност затоа што голем број од тие од тие постапки можеби ќе завршат со осободителна пресуда. За разлика од нив, овие услови не важат за мажите-објаснува адвокатот Илиевски во интервујото за „Република“.

The post Во 2023 година во Македонија е битно дали си жена или маж затвореник appeared first on Република.

]]>

Иако мажите и жените би требало да бидат рамноправни, па дури и припадничките на понежниот пол да имаат поголеми привилегии, во 2023 година во Македонија тоа не е случај дури ни кога станува збор за издржување на затворската казна. Додека за жените осуденички единствен избор е КП „Идризово“, мажите можат буквално да бираат каде сакаат да ја одлежуваат казната. Оние со потешки дела остануваат во Идризово, додека другите може да бираат дали во Штип, Прилеп, некој друг затвор или пак во најпопуларниот во Струга. Најтипичен пример за дискриминација е поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска која издржува затворска казна за случајот „Тенк“ а згора на тоа против неа се водат уште два случаи. Сега веќе поранешниот директор на Управата за извршување на санкции Марјан Спасоски признава дека има пропуст во правиликот на КП „Идризово“.
Во случајот „Јанкуловска“ станува збор за женско осудено лице и се наоѓа во Идризово во затворен тип тука има пропуст во делот на правилникот.Во овој момент хендикеп за неа е што се наоѓа на издржување на затвор во КП Идризово бидејќи женско оделение има само во тој затвор.Тоа е дискриминација и работиме на тоа правилникот да биде сменет.Сега утврдивме дека женските затворенички се дискриминирани-објасни Спасовски за „А1он“.
Адвокатот Влатко Илиевски овој пропуст детално го објасни во интервјуто за „Република. Тој потврдува дека има неусогласеност помеѓу правилникот за распоредување и разместување на осудените лица со законот за изршување на санкции. Од друга страна фактот што осудениците од женски може да издржуваат казна само во „Идризово“ кој што е од затворен тип, за разлика од мажите кој можат да бираат каде ќе отслужуваат ги става во нееднаква положба односно ги дискриминира.
Поднесов и претставка до Комисијата за заштита и спречување на дискриминација и се надевам дека и тие ќе најдат доблест да реагираат. Станува збор за оние осудени лица против кои се водат и други постапки.Користењето на погодностите како што се викенди или посети надвор од установата, одмор, работен ангажман тие се поврзани со условот да не се водат други постапки. Ваквиот услов е спротивен во помеѓу одреби со законот за извршување на санкции па и со презумција на невиност затоа што голем број од тие од тие постапки можеби ќе завршат со осободителна пресуда. За разлика од нив, овие услови не важат за мажите-објаснува адвокатот Илиевски во интервујото за „Република“.

The post Во 2023 година во Македонија е битно дали си жена или маж затвореник appeared first on Република.

]]>
Сопругот на Jанкулоска: Жена ми е дискриминирана, не може да користи викенди и да минува повеќе време со своето дете https://republika.mk/vesti/makedonija/soprugot-na-jankuloska-zhena-mi-e-diskriminirana-ne-mozhe-da-koristi-vikendi-i-da-minuva-poveke-vreme-so-svoeto-dete/ Thu, 12 Jan 2023 08:25:42 +0000 https://republika.mk/?p=595947

На малиот Петар најмногу му недостасува мајката за новогодишите празници. Мајката Гордана Јанкулоска поради дискриминацијата на која е изложена не може да биде со својот син ниту за викенд или празници, се жали нејзиниот сопруг Влатко Илиевски во интервјуто за „Република“.

Јанкулоска и сите осуденички од женски пол се дискриминирани во поглед на користењето на погодности како осуденички. Има неусогласеност помеѓу правилникот за распоредување и разместување на осудените лица со законот за изршување на санкции, а од друга страна фактот што осудениците од женски може да издржуваат казна само во „Идризово“ кој што е од затворен тип, за разлика од мажите кој можат да бираат каде ќе отслужуваат ги става во нееднаква положба односно ги дискриминира. Поднесов и претставка до Комисијата за заштита и спречување на дискриминација и се надевам дека и тие ќе најдат доблест да реагираат. Станува збор за оние осудени лица против кои се водат и други постапки.Користењето на погодностите како што се викенди или посети надвор од установата, одмор, работен ангажман тие се поврзани со условот да не се водат други постапки. Ваквиот услов е спротивен во помеѓу одреби со законот за извршување на санкции па и со презумција на невиност затоа што голем број од тие од тие постапки можеби ќе завршат со осободителна пресуда. За разлика од нив, овие услови не важат за мажите-објаснува адвокатот Илиевски во интервујото за „Република“.

Тој открива и како се држи Јанкуловска во затвор.

Таа е фајтер по природа, не поткекнува и се држи со оглед на тоа во какви услови е сместена.Во одлична е психофизичка кондиција, чита книги, вежба, се труди да да ги следи сите актуелности во државата.Не потклекнува.

Илиевски го објаснува и предметот „Таргет-Тврдина каде исто така Јанкуловска е обвинета.

За дел од обвинетите во овој случај постои ризик од застарување, но тоа не важи за сите. Гордана е обвинета по член 353 каде што застарувањето е 20 години. Треба некој да се запраша како обвинителството во овој предмет кој се однесува на прислушувањето дозволило некој да биде обвинет со обвинителен предлог за кој делото застарува за пократко време.Зошто да се амнестира обвинителството од ова-нагласува Илиевски.

Илиевски е застапник и на случаите во Стразбур од каде има големи очекувања.

Очекувам да има пресуда во следните месеци.За случајот „Тенк“ пресудата не би значелo ништо бидејќи за неа немаше аболиција, но ќе се однесува за „Таргет-Тврдина“ и за „Титаник“ каде што Јанкуловска исто така е обвинета бидејќи за нив постоеше аболиција.Постојат повеќе варијанти: Eдната е да се донесе одбивателна пресуда бидејќи делата се предмет на аболиција. Друга опција може да биде преквалификација на обвинението.Станува збор за несекојдневен предмет затоа што обично секогаш кога има жалба пред Стразбур да има правосилна пресуа што овде не е случај бидејќи со аболицијата не ни требало да се води таква постапка.Нема пракса за ваков вид на предмет но јас сум убеден во нашите аргументи и очекува позитивен исход.

Илиевски открива и дали неговата сопруга имала понуди, убедувања или обиди за пазарење да биде помалку и воопшто да не биде осудена.

Имаше пријателски убедувања дека доколку заземе одредени ставови може да помине подобро и полесно.Немаше некои конкретни понуди и предлози.Меѓутоа ни беше дадено дознаење дека постои поинаков начин да се решат овие случаи бидејќи ако сме искрени сите предмети на СЈО се политички инспирирани обвиненија и доколку постоеше посилен консензус помеѓу партиите меѓу кои и ВМРО-ДПМНЕ да поддржат измени во Уставот немаше да дојде во финализирање на овие предмети.

Илиевски не се надева на помилување на неговата сопруга од страна на претседателот Пендаровски.

За тоа има можност ако има волја но не сум сигурен дека има. За разлика од Гордана има многу други осудени лица по критерум нејасен редовно добиваат помилување по неколку пати.. Постојат двојни стандарди, комисијата за помилување го нема потребниот интегритет.Искрено не сум голем оптимист а згора на тоа кога постојат други актуелни постапки помала е шансата дека ќе има помилување.

Илиевски раскажува и како синот Петар ја поднесува разделеноста од мајката.

Петар има право трипати во месецот по еден час да ја види во услови кои не се соодветни за дете.Фактот што јас сум самоваботен не ми дава многу простор да си го планирам времето и малку имам време да поминам со детето..Среќа тука се моите најблиски кои се трудат да му ја дадат таа љубов која не може да му се пружи од мајката.Секој миг го користам да поминам време со него-објаснува таткото на малиот Петар.

Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески

https://www.youtube.com/watch?v=9eorXe270h4

The post Сопругот на Jанкулоска: Жена ми е дискриминирана, не може да користи викенди и да минува повеќе време со своето дете appeared first on Република.

Клековски: Пендаровски да ја помилува Јанкуловска https://republika.mk/vesti/makedonija/klekovski-pendarovski-da-ja-pomiluva-jankulovska/ Fri, 23 Dec 2022 08:31:11 +0000 https://republika.mk/?p=589024

„Повикот ‘Слобода за Гордана’ е клучен момент за спротивставување на целосното заробување на правосудството.

Ако се исцрпени правните можности, ред е претседателот на државата Стево Пендаровски да ја земе ГорданаЈанкуловска предвид за помилување.“ – вели Сашо Клековски, политички аналитичар и член на Извршниот комитетна ВМРО ДПМНЕ, во својата колумна со наслов „Слобода за Гордана!“, која ја објави весникот „Нова Македонија“. Тојизнесува лични ставови во неа.

Покрај другото, Клековски пишува: Како е поврзана слободата за Гордана Јанкуловска со заробувањето направосудството? Аферите, кои укажуваат на влијание на избор на идни судии и обвинители, како и скандалозниотизбор за Уставниот суд, фрлаат светлина и на жестоката борба за политичко влијание врз правосудството наМакедонија.

Повикот за слобода на Гордана е повик за надминување на партиските пресуди.
Клековски: Слобода за Јанкуловска, заради ослободување и на правосудството – Пендаровски да ја помилува! -

The post Клековски: Пендаровски да ја помилува Јанкуловска appeared first on Република.

]]>

„Повикот ‘Слобода за Гордана’ е клучен момент за спротивставување на целосното заробување на правосудството. Ако се исцрпени правните можности, ред е претседателот на државата Стево Пендаровски да ја земе ГорданаЈанкуловска предвид за помилување.“ – вели Сашо Клековски, политички аналитичар и член на Извршниот комитетна ВМРО ДПМНЕ, во својата колумна со наслов „Слобода за Гордана!“, која ја објави весникот „Нова Македонија“. Тојизнесува лични ставови во неа. Покрај другото, Клековски пишува: Како е поврзана слободата за Гордана Јанкуловска со заробувањето направосудството? Аферите, кои укажуваат на влијание на избор на идни судии и обвинители, како и скандалозниотизбор за Уставниот суд, фрлаат светлина и на жестоката борба за политичко влијание врз правосудството наМакедонија. Повикот за слобода на Гордана е повик за надминување на партиските пресуди. Клековски: Слобода за Јанкуловска, заради ослободување и на правосудството – Пендаровски да ја помилува! -

The post Клековски: Пендаровски да ја помилува Јанкуловска appeared first on Република.

]]>
Слобода за Гордана! https://republika.mk/vesti/makedonija/sloboda-za-gordana/ Thu, 22 Dec 2022 16:44:21 +0000 https://republika.mk/?p=588954

Во десетгодишното пишување за „Нова Македонија“, сум пишувал слободно, без ограничувања за сите теми. Самопоставени ограничувања за коментирање, од повеќе причини, сум имал и имам само за судски одлуки. Во десет години, сум коментирал институции од правосудството, избор и личности, не сум отстапил од ограничувања за коментирање на пример за ниту еден случај поврзан со „бомбите“ или „27 април“ и насилниот упад во Собранието. Единствената отстапка ја направив во 2013 година, во „Судови на кои им треба едукација“, а реобјавено како „Слобода за Кежо“ во 2015 година, поврзано со случајот „Кежаровски“. Тоа го направив бидејќи сметав дека е клучен случај за борба против партизацијата на правосудството. Сега, со повикот „Слобода за Гордана“, сметам дека е клучен момент за спротивставување на целосното заробување на правосудството. Како слобода за Гордана Јанкуловска е поврзано со заробувањето на правосудството? - пишува Сашо Клековски во својата најнова колумна.

Понатаму стои:

Пред само две недели во „Параспур правосудство“ пишував за аферите „Правосуден без диплома“, за изборите во Јавното обвинителство (ЈОРМ), за оставката на претседателката на Судскиот совет. Овие афери, кои укажуваат на влијание на избор на идни судии и обвинители, како и скандалозниот избор за Уставниот суд, укажуваат на жестока борба за политичко влијание, на кратки, но и долги патеки врз правосудството на Македонија. Со изборот на Весна Дамева, поранешна членка на правна комисија на СДСМ, само се потврдува тезата. Фактот дека за претседател на Судскиот совет, органот што ги оценува судиите, се избира лице што не е судија, туку стручен соработник во суд, треба да ги отстрани сите дилеми за партиските влијанија.

Борбата за контрола во правосудството се засилува понатаму со одлуката на Апелацискиот суд Скопје да ја укине 12-годишната затворска казна за масовното незаконско прислушување за Сашо Мијалков, осуден како поранешен директор на УБК во предметот „Тврдина-таргет“.

Тоа се потврдува со тоа што одлуката ја коментираа и сегашни и бивши политичари, од Зоран Заев, поранешен премиер, до Стево Пендаровски, претседател на државата. Тоа што политичари се одлучија да ја прегазат пресумцијата на невиност и во јавноста поттикнуваат атмосфера на линч говори за партиски влијанија. Или судот одлучувал независно и реагираат дека работата избегала од партиска контрола и тоа ги вознемирува. Или судот одлучувал под партиско влијание, како дел од „пактот за неказнивост“, и јавните реакции се „перење“ од сопствената одговорност.

Неблагодарни, а и неаргументирани, ќе бидат понатамошни анализи, бидејќи самото решение на Апелацискиот суд не е објавено. Има само медиумска информација дека пресудата е укината бидејќи не е опишана улогата на секој обвинет во кривичното дело, за ценење на пресудата за секого од нив. Но без објава, ни тоа не може да се цени. Оттука, може само да се оценуваат политичките реакции на пресудата, а не самата пресуда.

Непочитувањето на пресумцијата на невиноста не е новина. Како барањата за „правда“ да се барања за одмазда и единствено прифатлива одлука е осуда. Тоа не е новина, но напади на партиски ботови, врз тие што ја бранат пресумцијата на невиност, како проф. Гордан Калајџиев, се нова ескалација. Во неможност да се негира правото на пресумција на невиност се атакува на личностите што го бранат тоа право. Нападите од партиски ботови, кои бараа правда. Тука индикативно е дека целиот гнев е насочен кон Апелацискиот суд. Нема прашања за Основниот суд, кој ја донел пресудата што е укината, нема прашања ниту за јавните обвинители што ја воделе постапката. Или овие не се за критика, бидејќи нивните одлуки биле во согласност со атмосферата на линч, без разлика што можеби не се во согласност со закон? Клучен аргумент за критика на Апелацискиот суд е неговата неажурност. Но дали е таа посебна за овој случај или општа болка на судовите, особено во Скопје? И дали е селективна неажурност? А каква е ажурноста на Врховниот суд во одлуката по претставката на осудените за „27 април“?

На крајот се сведува дека немаме општ консензус за институциите и за правилата, туку страдаме од „не го признавам овој суд, го признавам само судот на мојата партија“. Или ги признавам судските одлуки додека се исти со партискиот став. Повикот за слобода на Гордана е повик за надминување на партиските пресуди. Случајот „Тенк“ не може да биде ништо друго освен партиски одлука и одмазда. Можеби Јанкуловска има вина за други работи, но за овој случај не. Доколку се исцрпени правните можности, ред е Стево Пендаровски да ја земе предвид за помилување.

The post Слобода за Гордана! appeared first on Република.

]]>

Во десетгодишното пишување за „Нова Македонија“, сум пишувал слободно, без ограничувања за сите теми. Самопоставени ограничувања за коментирање, од повеќе причини, сум имал и имам само за судски одлуки. Во десет години, сум коментирал институции од правосудството, избор и личности, не сум отстапил од ограничувања за коментирање на пример за ниту еден случај поврзан со „бомбите“ или „27 април“ и насилниот упад во Собранието. Единствената отстапка ја направив во 2013 година, во „Судови на кои им треба едукација“, а реобјавено како „Слобода за Кежо“ во 2015 година, поврзано со случајот „Кежаровски“. Тоа го направив бидејќи сметав дека е клучен случај за борба против партизацијата на правосудството. Сега, со повикот „Слобода за Гордана“, сметам дека е клучен момент за спротивставување на целосното заробување на правосудството. Како слобода за Гордана Јанкуловска е поврзано со заробувањето на правосудството? - пишува Сашо Клековски во својата најнова колумна. Понатаму стои: Пред само две недели во „Параспур правосудство“ пишував за аферите „Правосуден без диплома“, за изборите во Јавното обвинителство (ЈОРМ), за оставката на претседателката на Судскиот совет. Овие афери, кои укажуваат на влијание на избор на идни судии и обвинители, како и скандалозниот избор за Уставниот суд, укажуваат на жестока борба за политичко влијание, на кратки, но и долги патеки врз правосудството на Македонија. Со изборот на Весна Дамева, поранешна членка на правна комисија на СДСМ, само се потврдува тезата. Фактот дека за претседател на Судскиот совет, органот што ги оценува судиите, се избира лице што не е судија, туку стручен соработник во суд, треба да ги отстрани сите дилеми за партиските влијанија. Борбата за контрола во правосудството се засилува понатаму со одлуката на Апелацискиот суд Скопје да ја укине 12-годишната затворска казна за масовното незаконско прислушување за Сашо Мијалков, осуден како поранешен директор на УБК во предметот „Тврдина-таргет“. Тоа се потврдува со тоа што одлуката ја коментираа и сегашни и бивши политичари, од Зоран Заев, поранешен премиер, до Стево Пендаровски, претседател на државата. Тоа што политичари се одлучија да ја прегазат пресумцијата на невиност и во јавноста поттикнуваат атмосфера на линч говори за партиски влијанија. Или судот одлучувал независно и реагираат дека работата избегала од партиска контрола и тоа ги вознемирува. Или судот одлучувал под партиско влијание, како дел од „пактот за неказнивост“, и јавните реакции се „перење“ од сопствената одговорност. Неблагодарни, а и неаргументирани, ќе бидат понатамошни анализи, бидејќи самото решение на Апелацискиот суд не е објавено. Има само медиумска информација дека пресудата е укината бидејќи не е опишана улогата на секој обвинет во кривичното дело, за ценење на пресудата за секого од нив. Но без објава, ни тоа не може да се цени. Оттука, може само да се оценуваат политичките реакции на пресудата, а не самата пресуда. Непочитувањето на пресумцијата на невиноста не е новина. Како барањата за „правда“ да се барања за одмазда и единствено прифатлива одлука е осуда. Тоа не е новина, но напади на партиски ботови, врз тие што ја бранат пресумцијата на невиност, како проф. Гордан Калајџиев, се нова ескалација. Во неможност да се негира правото на пресумција на невиност се атакува на личностите што го бранат тоа право. Нападите од партиски ботови, кои бараа правда. Тука индикативно е дека целиот гнев е насочен кон Апелацискиот суд. Нема прашања за Основниот суд, кој ја донел пресудата што е укината, нема прашања ниту за јавните обвинители што ја воделе постапката. Или овие не се за критика, бидејќи нивните одлуки биле во согласност со атмосферата на линч, без разлика што можеби не се во согласност со закон? Клучен аргумент за критика на Апелацискиот суд е неговата неажурност. Но дали е таа посебна за овој случај или општа болка на судовите, особено во Скопје? И дали е селективна неажурност? А каква е ажурноста на Врховниот суд во одлуката по претставката на осудените за „27 април“? На крајот се сведува дека немаме општ консензус за институциите и за правилата, туку страдаме од „не го признавам овој суд, го признавам само судот на мојата партија“. Или ги признавам судските одлуки додека се исти со партискиот став. Повикот за слобода на Гордана е повик за надминување на партиските пресуди. Случајот „Тенк“ не може да биде ништо друго освен партиски одлука и одмазда. Можеби Јанкуловска има вина за други работи, но за овој случај не. Доколку се исцрпени правните можности, ред е Стево Пендаровски да ја земе предвид за помилување.

The post Слобода за Гордана! appeared first on Република.

]]>
Лиле Стефанова побара условни казни за Јанкуловска и Протоѓер, ублажена казна за Јанакиески https://republika.mk/vesti/crna-hronika/lile-stefanova-pobara-uslovni-kazni-za-jankulovska-i-protogjer-ublazena-kazna-za-janakieski/ Fri, 11 Feb 2022 15:16:37 +0000 https://republika.mk/?p=457273

Откако денеска признаа вина осуммина обвинети во предметот „Титаник“ на згаснатото СЈО, обвинителката Лиле Стефанова во судот рече дека како олеснителна околност треба да се цени признанието на вина и се заложи за намалени казни или за условни казни. Стефанова побара условни казни за Гордана Јанкуловска, Мартин Протоѓер и Билјана Бришковска-Бошковски, а според законските одредби ублажување на казните за Миле Јанакиески и Коста Митровски. Пресудата ќе биде на следното рочиште, а процесот по трет пат продолжува за тие што рекоа дека не се виновни.

Стефанова додаде дека смета оти судот ќе ја цени нивната одлука да признаат вина иако, рече, имаат отежителни околности.

Обвинителката побара и за обвинетата Билјана Бришковска-Бошкоски ублажување на казната и нејзино условување, истакнувајќи дека таа пред судот дала впечатлива изјава и дека има и други семејни и здравствени околности.

Вина денеска признаа уште четворица обвинети. Примена на законските одредби за ублажување и условување на казната обвинителката побара и за Катерина Беловска, Киро Тодоровски, Мунир Пепиќ и Коста Митровски.

Таа наведе дека обвинетиот Мартин Протоѓер е невработен татко на три деца кој има и здравствени проблеми, но кој беше присутен на рочиштата. Стефанова побара судот да изрече казна според законот, но и да ги искористи одредбите според кои казната може и да се намали и услови. Таа забележа дека за него не се води друга судска постапка и дека нема сторено друго кривично дело.

Обвинителката побара и за Миле Јанакиески да ги цени олеснителните околности и да изрече ублажена казна.

За Гордана Јанкулоска Стефанова оцени дека отежнителна околност е што била министерка за внатрешни работи, но дека сепак во функција на ублажување и условување на казната треба да се имаат предвид здравствената состојба и семејниот статус како мајка.

За останатите кои не признаа вина судскиот процес процес ќе почне по третпат одново поради смена на поротник, меѓу кои се обвинетите поранешниот пратеник Илија Димовски и екс функционерот Кирил Божиновски.

The post Лиле Стефанова побара условни казни за Јанкуловска и Протоѓер, ублажена казна за Јанакиески appeared first on Република.

]]>

Откако денеска признаа вина осуммина обвинети во предметот „Титаник“ на згаснатото СЈО, обвинителката Лиле Стефанова во судот рече дека како олеснителна околност треба да се цени признанието на вина и се заложи за намалени казни или за условни казни. Стефанова побара условни казни за Гордана Јанкуловска, Мартин Протоѓер и Билјана Бришковска-Бошковски, а според законските одредби ублажување на казните за Миле Јанакиески и Коста Митровски. Пресудата ќе биде на следното рочиште, а процесот по трет пат продолжува за тие што рекоа дека не се виновни. Стефанова додаде дека смета оти судот ќе ја цени нивната одлука да признаат вина иако, рече, имаат отежителни околности. Обвинителката побара и за обвинетата Билјана Бришковска-Бошкоски ублажување на казната и нејзино условување, истакнувајќи дека таа пред судот дала впечатлива изјава и дека има и други семејни и здравствени околности. Вина денеска признаа уште четворица обвинети. Примена на законските одредби за ублажување и условување на казната обвинителката побара и за Катерина Беловска, Киро Тодоровски, Мунир Пепиќ и Коста Митровски. Таа наведе дека обвинетиот Мартин Протоѓер е невработен татко на три деца кој има и здравствени проблеми, но кој беше присутен на рочиштата. Стефанова побара судот да изрече казна според законот, но и да ги искористи одредбите според кои казната може и да се намали и услови. Таа забележа дека за него не се води друга судска постапка и дека нема сторено друго кривично дело. Обвинителката побара и за Миле Јанакиески да ги цени олеснителните околности и да изрече ублажена казна. За Гордана Јанкулоска Стефанова оцени дека отежнителна околност е што била министерка за внатрешни работи, но дека сепак во функција на ублажување и условување на казната треба да се имаат предвид здравствената состојба и семејниот статус како мајка. За останатите кои не признаа вина судскиот процес процес ќе почне по третпат одново поради смена на поротник, меѓу кои се обвинетите поранешниот пратеник Илија Димовски и екс функционерот Кирил Божиновски.  

The post Лиле Стефанова побара условни казни за Јанкуловска и Протоѓер, ублажена казна за Јанакиески appeared first on Република.

]]>