Годишно собрание Archives - Република https://republika.mk/tema/godishno-sobranie/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Feb 2024 14:08:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Годишно собрание Archives - Република https://republika.mk/tema/godishno-sobranie/ 32 32 Нема врвна наука без финансии и нема напредно општество со маргинализирање на науката, рече претседателот на МАНУ академик Живко Попов на годишното Собрание https://republika.mk/vesti/kultura/nema-vrvna-nauka-bez-finansii-i-nema-napredno-opshtestvo-so-marginalizirane-na-naukata-reche-pretsedatelot-na-manu-akademik-zhivko-popov-na-godishnoto-sobranie/ Wed, 28 Feb 2024 14:08:10 +0000 https://republika.mk/?p=749314

Нема врвна наука без финансии и нема напредно општество со маргинализирање на науката, порача новиот претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), академик Живко Попов, во експозето откако на крајот на ноември беше избран за прв човек на Академијата за мандатниот период 2024 – 2027 година заедно со нов состав на Претседателството на МАНУ.

Тој се осврна на реализираното во 2023, како што рече, „извонредно богата и содржајна научно-истражувачка и уметничка дејност“ со вкупно 67 проекти, навремено и успешно реализирани и покрај, рече, континуираниот пад на средства за основната дејност на МАНУ. И покрај „максимално лимитираните буџетски средства“. Академијата лани имала и богата издавачка дејност и објавила 24 изданија со вкупен обем од 7000 страници. Членовите учествувале на над 90 научни и стручни собири, од кои 63 во странство. Посебно го истакна учеството на МАНУ во подготовката на Националната стратегија за развој на Македонија до 2040 година.

Се засилува меѓународната димензија на работата на Академијата за што, рече Попов, говори порастот за 33 отсто во однос на 2022 на приходите од донации - наменски сметки со кои се финансира научната работа, главно од меѓународни извори.

И Програмата на МАНУ за 2024, во која се предвидени 84 научно-истражувачки и уметнички проекти од различни области, ќе зависи од одобрениот буџет кој, како што соопшти Попов, за основната дејност на МАНУ е намален за повеќе од 40 отсто во однос на почетокот на претходниот мандатен период. Веројатно ќе ја ограничат и планираната обемна издавачка дејност (25 периодични и 50 посебни изданија) и поради значително намалениот износ ќе бидат принудени, рече, да направат избор на приоритетни изданија.

Соопшти дека фондот за научно-истражувачка и уметничка дејност во 2019 изнесувал 23 милиони денари, постојано се намалувал и во 2024 на Академијата и се доделени само 13 милиони денари.

Со новото раководство ќе продолжам посветено да работам за Академијата, за понатамошно зајакнување на институционалниот капацитет на МАНУ и нејзиниот дигнитет како највисока, самостојна научна и уметничка институција која скоро 60 години е еден од главните столбови на идентитетот и државноста на македонскиот народ и деловите на другите народи, истакна Попов.

Во приоритетите на неговата работа тој ги посочи зголемување на бројот на научно-истражувачки проекти, зајакнување на соработката, пред се, со академиите од регионот, дијалог и доверба во самата Академијата и соработка со универзитетите и државните институции, нејзината советодавна функција во општеството и улога на медијатор во решавање на проблемите на државата.

Во експозето во кое зборуваше за „општествените аномалии“ Попов подвлече дека научно-истражувачката работа кај нас е потценета за што сведочи само 0,3 отсто издвојување за наука од БДП.

МАНУ треба да биде обединител на општествената наука и да застане на чело на научната јавност во државата за подобрување на состојбите во науката. Исто така, мора да има главен удел и во создавањето квалитетни млади научници, рече новиот претседател на МАНУ.

Ќе се залага и за формирање посебно Министерство за наука и силен фонд за наука при Владата во кој распределбата на средствата ќе ги прави посебна експертска комисија.

Посочи и дека е потребно значително зголемување на капиталните инвестиции т.е. буџетски ставки за одржување на објектот на МАНУ изграден пред 50-ина години, ќе се залага за прием на млади членови во Академијата т.е. создавање млад научен подмладок „како гарант за иднината на науката и технолошкиот развој во државата“, како и за правно, административно и финансиско консолидирање на Академијата со цел нејзино непречено функционирање.

Ќе продолжиме да преговараме со надлежните финансиски институции во државата со цел да добиеме буџет повисок во сите ставки, кој меѓу другото ќе овозможи повисоки лични доходи за вработените во Академијата, кои доликуваат на МАНУ, рече Попов.

Новиот претседател на МАНУ и новиот состав на нејзиното Претседателство, чиј мандат почна на 1 јануари 2024, беа избрани на собрание на Академијата на 27 ноември 2023.

The post Нема врвна наука без финансии и нема напредно општество со маргинализирање на науката, рече претседателот на МАНУ академик Живко Попов на годишното Собрание appeared first on Република.

]]>

Нема врвна наука без финансии и нема напредно општество со маргинализирање на науката, порача новиот претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), академик Живко Попов, во експозето откако на крајот на ноември беше избран за прв човек на Академијата за мандатниот период 2024 – 2027 година заедно со нов состав на Претседателството на МАНУ. Тој се осврна на реализираното во 2023, како што рече, „извонредно богата и содржајна научно-истражувачка и уметничка дејност“ со вкупно 67 проекти, навремено и успешно реализирани и покрај, рече, континуираниот пад на средства за основната дејност на МАНУ. И покрај „максимално лимитираните буџетски средства“. Академијата лани имала и богата издавачка дејност и објавила 24 изданија со вкупен обем од 7000 страници. Членовите учествувале на над 90 научни и стручни собири, од кои 63 во странство. Посебно го истакна учеството на МАНУ во подготовката на Националната стратегија за развој на Македонија до 2040 година. Се засилува меѓународната димензија на работата на Академијата за што, рече Попов, говори порастот за 33 отсто во однос на 2022 на приходите од донации - наменски сметки со кои се финансира научната работа, главно од меѓународни извори. И Програмата на МАНУ за 2024, во која се предвидени 84 научно-истражувачки и уметнички проекти од различни области, ќе зависи од одобрениот буџет кој, како што соопшти Попов, за основната дејност на МАНУ е намален за повеќе од 40 отсто во однос на почетокот на претходниот мандатен период. Веројатно ќе ја ограничат и планираната обемна издавачка дејност (25 периодични и 50 посебни изданија) и поради значително намалениот износ ќе бидат принудени, рече, да направат избор на приоритетни изданија. Соопшти дека фондот за научно-истражувачка и уметничка дејност во 2019 изнесувал 23 милиони денари, постојано се намалувал и во 2024 на Академијата и се доделени само 13 милиони денари.
Со новото раководство ќе продолжам посветено да работам за Академијата, за понатамошно зајакнување на институционалниот капацитет на МАНУ и нејзиниот дигнитет како највисока, самостојна научна и уметничка институција која скоро 60 години е еден од главните столбови на идентитетот и државноста на македонскиот народ и деловите на другите народи, истакна Попов.
Во приоритетите на неговата работа тој ги посочи зголемување на бројот на научно-истражувачки проекти, зајакнување на соработката, пред се, со академиите од регионот, дијалог и доверба во самата Академијата и соработка со универзитетите и државните институции, нејзината советодавна функција во општеството и улога на медијатор во решавање на проблемите на државата. Во експозето во кое зборуваше за „општествените аномалии“ Попов подвлече дека научно-истражувачката работа кај нас е потценета за што сведочи само 0,3 отсто издвојување за наука од БДП.
МАНУ треба да биде обединител на општествената наука и да застане на чело на научната јавност во државата за подобрување на состојбите во науката. Исто така, мора да има главен удел и во создавањето квалитетни млади научници, рече новиот претседател на МАНУ.
Ќе се залага и за формирање посебно Министерство за наука и силен фонд за наука при Владата во кој распределбата на средствата ќе ги прави посебна експертска комисија. Посочи и дека е потребно значително зголемување на капиталните инвестиции т.е. буџетски ставки за одржување на објектот на МАНУ изграден пред 50-ина години, ќе се залага за прием на млади членови во Академијата т.е. создавање млад научен подмладок „како гарант за иднината на науката и технолошкиот развој во државата“, како и за правно, административно и финансиско консолидирање на Академијата со цел нејзино непречено функционирање.
Ќе продолжиме да преговараме со надлежните финансиски институции во државата со цел да добиеме буџет повисок во сите ставки, кој меѓу другото ќе овозможи повисоки лични доходи за вработените во Академијата, кои доликуваат на МАНУ, рече Попов.
Новиот претседател на МАНУ и новиот состав на нејзиното Претседателство, чиј мандат почна на 1 јануари 2024, беа избрани на собрание на Академијата на 27 ноември 2023.

The post Нема врвна наука без финансии и нема напредно општество со маргинализирање на науката, рече претседателот на МАНУ академик Живко Попов на годишното Собрание appeared first on Република.

]]>
Редовно годишно собрание на МАНУ https://republika.mk/vesti/kultura/redovno-godishno-sobranie-na-manu/ Wed, 28 Feb 2024 08:01:53 +0000 https://republika.mk/?p=749109

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе одржи Редовно годишно собрание.

Претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, ќе има експозе за МАНУ во 2023 година и предизвиците во претстојниот период.

На дневен ред на собранието на Академијата се Предлог-извештај за работата во 2023 и Предлог-програма за работата во 2024 година од Претседателството на МАНУ.

За финансиските планови на Академијата во оваа година излагање ќе има секретарот на МАНУ, дописен член Блажо Боев.

The post Редовно годишно собрание на МАНУ appeared first on Република.

]]>

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе одржи Редовно годишно собрание. Претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, ќе има експозе за МАНУ во 2023 година и предизвиците во претстојниот период. На дневен ред на собранието на Академијата се Предлог-извештај за работата во 2023 и Предлог-програма за работата во 2024 година од Претседателството на МАНУ. За финансиските планови на Академијата во оваа година излагање ќе има секретарот на МАНУ, дописен член Блажо Боев.

The post Редовно годишно собрание на МАНУ appeared first on Република.

]]>
Писателската асоцијација одбележа 77 години постоење: Нема да дозволиме ДПМ ниту да исчезне, ниту да пропадне ниту да се разнебити https://republika.mk/vesti/kultura/pisatelskata-asotsijatsija-odbelezha-77-godini-postoene-nema-da-dozvolime-dpm-nitu-da-ischezne-nitu-da-propadne-nitu-da-se-raznebiti/ Tue, 13 Feb 2024 14:15:52 +0000 https://republika.mk/?p=743684

Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) за 1 јуни закажа редовно изборно собрание кога се очекува членството да избере нов претседател и претседателство на писателската асоцијација која денеска одбележа 77 години постоење.

Кризата во која се наоѓа ДПМ се должи на внатрешни поделби – антагонизам меѓу повозрасни и помлади членови, дури и поделби меѓу членови од Скопје и од внатрешноста, а дека нападите по социјалните мрежи во изминатиот период често се од луѓе кои и не се членови на ДПМ и чија намера е да му наштетат. Како што рече, има и „странични удари, има и странски мешетарења и притисоци, но и домашни – партиската подвоеност има влијание врз ова друштво, рече актуелниот претседател, Христо Петрески.

Реагираше и поради негрижа на државата да му помогне финансиски и третманот што го добива како обично здружение. Тој порача дека ДПМ треба да биде гласот на македонските писатели и заедно да се изборат за многу нешта кои, како што истакна, во минатото му припаѓале на македонскиот писател, „а сега тој самиот треба да си ја реши судбината“.

Срамно е тоа што се случува во оваа организација, која е еснафска, па и синдикална.  Покрај мене има многумина истомисленици и нема да дозволиме ДПМ ниту да исчезне, ниту да пропадне ниту да се разнебити… Да сме поорганизирани и посложни и да не се критикуваме по медиуми, треба да се избориме за авторските хонорари кои се никакви, за третманот во медиумите, треба македонските писатели да гостуваат во странство, да излезат од локални рамки, истакна Петрески.

The post Писателската асоцијација одбележа 77 години постоење: Нема да дозволиме ДПМ ниту да исчезне, ниту да пропадне ниту да се разнебити appeared first on Република.