гласови Archives - Република https://republika.mk/tema/glasovi/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Aug 2024 06:25:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гласови Archives - Република https://republika.mk/tema/glasovi/ 32 32 Роберт Ф. Кенеди Јуниор се откажува од трката за претседател, гласовите ќе му ги даде на Трамп https://republika.mk/vesti/svet/robert-f-kenedi-junior-se-otkazhuva-od-trkata-za-pretsedatel-glasovite-ke-mu-gi-dade-na-tramp/ Thu, 22 Aug 2024 06:25:33 +0000 https://republika.mk/?p=808865

Претседателскиот кандидат Роберт Ф. Кенеди Јуниор се очекува да се откаже од трката за Белата куќа, објавија американски медиуми, а независниот кандидат треба да има големо обраќање во текот на неделава.

„Њујорк тајмс“ и „Си-Ен-Ен“ објавија дека Кенеди, чија поддршка беше 8,7 проценти во анкетата на „Хил“ ширум земјата оваа недела, ќе го поддржи републиканскиот кандидат Доналд Трамп по откажувањето.

Аналитичарите велат дека во тесната трка меѓу Камала Харис од Демократската партија и Трамп за претседателската функција, гласовите на поддржувачите на Кенеди би можеле да го одредат исходот во некои држави.

Кенеди е адвокат за заштита на животната средина и долгогодишен скептик за вакцини, чија кампања се бореше да добие привлечност кај мејнстрим гласачите.

Неговата кампања синоќа соопшти дека в петок тој ќе и се обрати на нацијата од сојузната држава Аризона, каде што Трамп исто така треба да одржи предизборен настан тој ден.

„Независниот претседателски кандидат Роберт Ф. Кенеди Јуниор в петок ќе и се обрати на нацијата во живо за сегашниот историски момент и неговиот пат напред“, се вели во кусото соопштение од кампањата.

„Њујорк тајмс“ вчера цитираше три анонимни извори дека Кенеди ќе ја заврши својата кампања и потенцијално ќе го поддржи Трамп.

Си-Ен-Ен цитира два анонимни извори кои објавија дека Кенеди се очекува да ја прекине својата кампања в петок.

 

The post Роберт Ф. Кенеди Јуниор се откажува од трката за претседател, гласовите ќе му ги даде на Трамп appeared first on Република.

]]>

Претседателскиот кандидат Роберт Ф. Кенеди Јуниор се очекува да се откаже од трката за Белата куќа, објавија американски медиуми, а независниот кандидат треба да има големо обраќање во текот на неделава. „Њујорк тајмс“ и „Си-Ен-Ен“ објавија дека Кенеди, чија поддршка беше 8,7 проценти во анкетата на „Хил“ ширум земјата оваа недела, ќе го поддржи републиканскиот кандидат Доналд Трамп по откажувањето. Аналитичарите велат дека во тесната трка меѓу Камала Харис од Демократската партија и Трамп за претседателската функција, гласовите на поддржувачите на Кенеди би можеле да го одредат исходот во некои држави. Кенеди е адвокат за заштита на животната средина и долгогодишен скептик за вакцини, чија кампања се бореше да добие привлечност кај мејнстрим гласачите. Неговата кампања синоќа соопшти дека в петок тој ќе и се обрати на нацијата од сојузната држава Аризона, каде што Трамп исто така треба да одржи предизборен настан тој ден. „Независниот претседателски кандидат Роберт Ф. Кенеди Јуниор в петок ќе и се обрати на нацијата во живо за сегашниот историски момент и неговиот пат напред“, се вели во кусото соопштение од кампањата. „Њујорк тајмс“ вчера цитираше три анонимни извори дека Кенеди ќе ја заврши својата кампања и потенцијално ќе го поддржи Трамп. Си-Ен-Ен цитира два анонимни извори кои објавија дека Кенеди се очекува да ја прекине својата кампања в петок.  

The post Роберт Ф. Кенеди Јуниор се откажува од трката за претседател, гласовите ќе му ги даде на Трамп appeared first on Република.

]]>
Пратеник во ИЕ6 се станува со 6.662 гласови, во ИЕ1 со 9.018 https://republika.mk/vesti/makedonija/pratenik-vo-ie6-se-stanuva-so-6-662-glasovi-vo-ie1-so-9-018/ Thu, 09 May 2024 09:07:28 +0000 https://republika.mk/?p=776216

Вкупно 2 356 гласови изнесува разликата да се стане пратеник во Изборна единица 6 каде се потребни 6 662 гласови и Изборна единица 1, каде се потребни најмногу гласови на граѓаните, односно 9 018. Во случај на една изборна единица секој од 120-те пратеници би вредел по 8 088 гласа.

Ова го покажува анализата на МИА на вкупниот број на гласови што партиите ги освоија во секоја од шестте изборни единици на Парламентарните избори 2024 година поделени со бројот на мандати.

Во Изборна единица 2, еден пратеник чини 8 577 гласови, нешто помалку во Изборна единица 3 – 8 035 гласови и 8 264 во Изборна единица 4.

Изборна единица 5 е местото на кое еден пратеник се добива со 7 959 гласови на граѓаните.

Симулацијата на изборните резултати од Парламентарните избори 2024 година, според Донтовиот модел, доколку цела држава би била Една изборна единица, покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ би имале два помалку од освоените мандати, односно 56, СДСМ плус еден (19), ДУИ два помалку, или 17, Вреди исто како и сега – 13, Левица плус два пратеници (8) и ЗНАМ еден повеќе, или седум пратеници. Во случај на една изборна единица секој пратеник би вредел по 8 088 гласа.

The post Пратеник во ИЕ6 се станува со 6.662 гласови, во ИЕ1 со 9.018 appeared first on Република.

]]>

Вкупно 2 356 гласови изнесува разликата да се стане пратеник во Изборна единица 6 каде се потребни 6 662 гласови и Изборна единица 1, каде се потребни најмногу гласови на граѓаните, односно 9 018. Во случај на една изборна единица секој од 120-те пратеници би вредел по 8 088 гласа. Ова го покажува анализата на МИА на вкупниот број на гласови што партиите ги освоија во секоја од шестте изборни единици на Парламентарните избори 2024 година поделени со бројот на мандати. Во Изборна единица 2, еден пратеник чини 8 577 гласови, нешто помалку во Изборна единица 3 – 8 035 гласови и 8 264 во Изборна единица 4. Изборна единица 5 е местото на кое еден пратеник се добива со 7 959 гласови на граѓаните. Симулацијата на изборните резултати од Парламентарните избори 2024 година, според Донтовиот модел, доколку цела држава би била Една изборна единица, покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ би имале два помалку од освоените мандати, односно 56, СДСМ плус еден (19), ДУИ два помалку, или 17, Вреди исто како и сега – 13, Левица плус два пратеници (8) и ЗНАМ еден повеќе, или седум пратеници. Во случај на една изборна единица секој пратеник би вредел по 8 088 гласа.

The post Пратеник во ИЕ6 се станува со 6.662 гласови, во ИЕ1 со 9.018 appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Гласовите на ЗНАМ се гласови на незадоволно членство на СДСМ, конфликот со Максим го почна тој пред мене https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-glasovite-na-znam-se-glasovi-na-nezadovolno-chlenstvo-na-sdsm-konflikot-so-maksim-go-pochna-toj-pred-mene/ Mon, 29 Apr 2024 19:44:37 +0000 https://republika.mk/?p=772372

Максим Димитриевски и неговата партија ЗНАМ имаат респектабилен резултат и тоа се традиционални гласови на СДСМ, вели лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

На прашањето – дали СДСМ згреши во начинот на кој се постави кон Максим Димитриевски, Ковачевски топката ја префрла на претходното раководство.

Ковачевски: Тоа е прашање за некој друг, бидејќи неговиот конфликт доаѓа пред јас да станам претседател на СДСМ.

360°: Зошто кога дојдовте за лидер не се обидовте да го решавате?

Ковачевски: Максим Димитиревски имаше формирано свое движење. Ние сме од ист град, пријатели сме, се знаат нашите родители, па и дедовци. Членови на таа партија се наши поранешни членови, дури има и роднини од кои едниот е во СДСМ, а другиот во ЗНАМ. Меѓутоа, тоа се гласови на незадоволни од политиките на СДСМ, пред сè внатрешно, веројатно дел од кадровската политика, дел од однесувањето на некои наши другари визави тие кои го искажааа својот револт и гласаа за ЗНАМ. Практично, тие гласаа против своите“, вели Ковачевски.

Прашан зошто, според СДСМ, секој глас за Димитриевски и ЗНАМ е глас за ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски одговара:

„Секој глас што го намалува потенцијалот на СДСМ ја зголемува разликата со ВМРО-ДПМНЕ и кога ќе се погледнат гласовите на ВМРО-ДПМНЕ, имаат 360 илјади, а на левиот дел од спектарот се над 250 илјади гласови. И затоа, велам, секое раситнување на десница или левица, практично, работи за другата страна. Имавме таков случај во 2006 година кога се формираше НСДП, тие освоија 60-70 илјади гласови, тоа го намали потенцијалот на СДСМ, па со 300 и нешто илјади гласови во тоа време ВМРО-ДПМНЕ формираше влада и владееше 11 години, а НСДП денес е коалиционен партнер на СДСМ“.

Во однос на тоа дали стравува дека одлевањето гласови од СДСМ кон ЗНАМ може да продолжи на парламентарните избори на 8 мај, Ковачевски вели дека тоа ќе зависи од гласачите.

„Ние повикуваме на обединување на сите прогресивни сили околу програмата прелдожена од нас. Програма која ги има ‘акцептирано’ сите грешки направени во текот на изминатите седум години, со јасен план каде треба да се движи државата на сите полиња, од економски, борба против корупција, грижа за млади, грижа за сите, мислам на зголемување на пензии, на минимална плата, на просечната плата. Докажавме дека можеме да работиме на тоа, минималната се зголеми за три пати, просечната за скоро двојно“, додава Ковачевски.

Тој негира дека не се во добри односи со генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, а атмосферата во партијата ја оценува како работна, со активности околу претстојните избори.

The post Ковачевски: Гласовите на ЗНАМ се гласови на незадоволно членство на СДСМ, конфликот со Максим го почна тој пред мене appeared first on Република.

]]>

Максим Димитриевски и неговата партија ЗНАМ имаат респектабилен резултат и тоа се традиционални гласови на СДСМ, вели лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. На прашањето – дали СДСМ згреши во начинот на кој се постави кон Максим Димитриевски, Ковачевски топката ја префрла на претходното раководство. Ковачевски: Тоа е прашање за некој друг, бидејќи неговиот конфликт доаѓа пред јас да станам претседател на СДСМ. 360°: Зошто кога дојдовте за лидер не се обидовте да го решавате? Ковачевски: Максим Димитиревски имаше формирано свое движење. Ние сме од ист град, пријатели сме, се знаат нашите родители, па и дедовци. Членови на таа партија се наши поранешни членови, дури има и роднини од кои едниот е во СДСМ, а другиот во ЗНАМ. Меѓутоа, тоа се гласови на незадоволни од политиките на СДСМ, пред сè внатрешно, веројатно дел од кадровската политика, дел од однесувањето на некои наши другари визави тие кои го искажааа својот револт и гласаа за ЗНАМ. Практично, тие гласаа против своите“, вели Ковачевски. Прашан зошто, според СДСМ, секој глас за Димитриевски и ЗНАМ е глас за ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски одговара: „Секој глас што го намалува потенцијалот на СДСМ ја зголемува разликата со ВМРО-ДПМНЕ и кога ќе се погледнат гласовите на ВМРО-ДПМНЕ, имаат 360 илјади, а на левиот дел од спектарот се над 250 илјади гласови. И затоа, велам, секое раситнување на десница или левица, практично, работи за другата страна. Имавме таков случај во 2006 година кога се формираше НСДП, тие освоија 60-70 илјади гласови, тоа го намали потенцијалот на СДСМ, па со 300 и нешто илјади гласови во тоа време ВМРО-ДПМНЕ формираше влада и владееше 11 години, а НСДП денес е коалиционен партнер на СДСМ“. Во однос на тоа дали стравува дека одлевањето гласови од СДСМ кон ЗНАМ може да продолжи на парламентарните избори на 8 мај, Ковачевски вели дека тоа ќе зависи од гласачите. „Ние повикуваме на обединување на сите прогресивни сили околу програмата прелдожена од нас. Програма која ги има ‘акцептирано’ сите грешки направени во текот на изминатите седум години, со јасен план каде треба да се движи државата на сите полиња, од економски, борба против корупција, грижа за млади, грижа за сите, мислам на зголемување на пензии, на минимална плата, на просечната плата. Докажавме дека можеме да работиме на тоа, минималната се зголеми за три пати, просечната за скоро двојно“, додава Ковачевски. Тој негира дека не се во добри односи со генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, а атмосферата во партијата ја оценува како работна, со активности околу претстојните избори.

The post Ковачевски: Гласовите на ЗНАМ се гласови на незадоволно членство на СДСМ, конфликот со Максим го почна тој пред мене appeared first on Република.

]]>
Уште еден претседателски кандидат: Ванковска собра 10 илјади потписи https://republika.mk/vesti/makedonija/ushte-eden-pretsedatelski-kandidat-vankovska-sobra-10-iljadi-potpisi/ Fri, 01 Mar 2024 19:40:51 +0000 https://republika.mk/?p=750195

Вечерва од политичката партија Левица информираа дека нивната кандидатка го собрала потребниот број на потписи за кандидатура за претседател на Македонија.

Проф. Билјана Ванковска ќе биде Претседателка на Република Македонија! Ви благодариме за поддршката од над 10 000 потписи, за оваа наша заедничка Борба, велат од Левица.

The post Уште еден претседателски кандидат: Ванковска собра 10 илјади потписи appeared first on Република.

]]>

Вечерва од политичката партија Левица информираа дека нивната кандидатка го собрала потребниот број на потписи за кандидатура за претседател на Македонија. Проф. Билјана Ванковска ќе биде Претседателка на Република Македонија! Ви благодариме за поддршката од над 10 000 потписи, за оваа наша заедничка Борба, велат од Левица.

The post Уште еден претседателски кандидат: Ванковска собра 10 илјади потписи appeared first on Република.

]]>
Андреа била 11. во полуфинале, српското жири ѝ доделило 1 поен https://republika.mk/scena/muzika/andrea-bila-11-vo-polufinale-srpskoto-ziri-i-dodelilo-1-poen/ Sun, 15 May 2022 14:22:22 +0000 https://republika.mk/?p=502544

Македонската претставничка на Евровизија, Андреа Коевска со песната „Circles“ го освоила 11-тото место на втората полуфинална вечер, што е за само едно место подолу од првите 10 земји-учеснички кои влегоа во финалето.

Според деталните податоци од гласањето објавени на официјалната страница, Андреа освоила вкупно 76 поени, и тоа 56 од жири и 20 од телефонското гласање.

https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/kje-przite-na-ne-na-zejtin-izdajnici-vojna-na-tviter-megju-makedonija-i-srbija-poradi-glasovite-na-nasheto-ziri/

Податоците кои покажуваат дека Македонија најмногу поени добила од жири-комисијата на Германија, а најмалку од жирито на соседна Србија.

Во финалето, пак, македонското жири најмногу гласови ѝ даде на Шпанија, а 10 поени на српската претставничка Констракта, а публиката обратно - 12 поени за Србија, 10 за Шпанија. Украина освои 8 поени од телефонското гласање, додека според македонското жири, победничката песна на Украина не заслужи ниту еден поен.

The post Андреа била 11. во полуфинале, српското жири ѝ доделило 1 поен appeared first on Република.

]]>

Македонската претставничка на Евровизија, Андреа Коевска со песната „Circles“ го освоила 11-тото место на втората полуфинална вечер, што е за само едно место подолу од првите 10 земји-учеснички кои влегоа во финалето. Според деталните податоци од гласањето објавени на официјалната страница, Андреа освоила вкупно 76 поени, и тоа 56 од жири и 20 од телефонското гласање. https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/kje-przite-na-ne-na-zejtin-izdajnici-vojna-na-tviter-megju-makedonija-i-srbija-poradi-glasovite-na-nasheto-ziri/ Податоците кои покажуваат дека Македонија најмногу поени добила од жири-комисијата на Германија, а најмалку од жирито на соседна Србија. Во финалето, пак, македонското жири најмногу гласови ѝ даде на Шпанија, а 10 поени на српската претставничка Констракта, а публиката обратно - 12 поени за Србија, 10 за Шпанија. Украина освои 8 поени од телефонското гласање, додека според македонското жири, победничката песна на Украина не заслужи ниту еден поен.

The post Андреа била 11. во полуфинале, српското жири ѝ доделило 1 поен appeared first on Република.

]]>