ѓорѓи спасов Archives - Република https://republika.mk/tema/gjorgji-spasov/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Oct 2024 11:21:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ѓорѓи спасов Archives - Република https://republika.mk/tema/gjorgji-spasov/ 32 32 Спасов: Идејата на Мицкоски за Преспанскиот како модел за проблемот со Бугарија треба да се прифати https://republika.mk/vesti/makedonija/spasov-idejata-na-mitskoski-za-prespanskiot-kako-model-za-problemot-so-bugarija-treba-da-se-prifati/ Wed, 09 Oct 2024 13:41:48 +0000 https://republika.mk/?p=824621

Мислам дека идејата на Мицковски за промена на Уставот со одложена важност е преземена од тврдењето на Никола Димитров дека со тоа би бил исполнет условот за внесување на Бугарите во Уставот, но не и делот од вториот протокол со Бугарија во кој сме се согласиле тоа да важи веднаш, изјави во разговор за Рацин.мк професорот и поранешен амбасадор на Македонија во Бугарија Ѓорѓи Спасов.

Спасов се повикува на Димитров кој смета дека Уставот може да се смени и со тоа се почитува Рамката за преговори со ЕУ, а со уставен закон ќе се наведе дека таа промена ќе стапи во сила кога Бугарија ќе го потпише пристапниот договорот за членство на Македонија во ЕУ.

На прашање како на ова ќе одговорат во Софија со оглед на тоа дека досега се изричити со својот познат став, Спасов вели дека е малку веројатно дека Бугарија ќе го смета ова за решение.

Но, треба да сфатиме дека кај нас уште долго нема да биде можно изнаоѓање решение за започнувањето разговори без добивање некаква, па дури и симболична отстапка од Бугарија и од ЕУ, смета Спасов.

Спасов уште вели дека „иако на прв поглед изгледа како рекламата за космодиск ‘шашаво’ тоа може да се покаже како излез, но со вложување дополнителни дипломатски напори“.

The post Спасов: Идејата на Мицкоски за Преспанскиот како модел за проблемот со Бугарија треба да се прифати appeared first on Република.

]]>

Мислам дека идејата на Мицковски за промена на Уставот со одложена важност е преземена од тврдењето на Никола Димитров дека со тоа би бил исполнет условот за внесување на Бугарите во Уставот, но не и делот од вториот протокол со Бугарија во кој сме се согласиле тоа да важи веднаш, изјави во разговор за Рацин.мк професорот и поранешен амбасадор на Македонија во Бугарија Ѓорѓи Спасов. Спасов се повикува на Димитров кој смета дека Уставот може да се смени и со тоа се почитува Рамката за преговори со ЕУ, а со уставен закон ќе се наведе дека таа промена ќе стапи во сила кога Бугарија ќе го потпише пристапниот договорот за членство на Македонија во ЕУ. На прашање како на ова ќе одговорат во Софија со оглед на тоа дека досега се изричити со својот познат став, Спасов вели дека е малку веројатно дека Бугарија ќе го смета ова за решение.
Но, треба да сфатиме дека кај нас уште долго нема да биде можно изнаоѓање решение за започнувањето разговори без добивање некаква, па дури и симболична отстапка од Бугарија и од ЕУ, смета Спасов.
Спасов уште вели дека „иако на прв поглед изгледа како рекламата за космодиск ‘шашаво’ тоа може да се покаже како излез, но со вложување дополнителни дипломатски напори“.

The post Спасов: Идејата на Мицкоски за Преспанскиот како модел за проблемот со Бугарија треба да се прифати appeared first on Република.

]]>
Спасов: Цената за овој хаос ќе ја плати СДСМ на изборите https://republika.mk/vesti/makedonija/spasov-tsenata-za-ovoj-haos-ke-ja-plati-sdsm-na-izborite/ Mon, 12 Feb 2024 17:12:42 +0000 https://republika.mk/?p=743292

Глупост невидена е да се казнува некој во Македонија што до 12 овој месец не сменил лична карта или возачка дозвола заради името „Cеверна Македонија“. Тоа не се случува заради грешка или неодговорност на граѓаните и ако има таков закон мора итно да се смени, пишува Ѓорѓи Спасов, професор и активен поддржувач на СДСМ на својот профил на „Фејсбук“.

Во спротивно може да ѝ случи на власта граѓански отпор и непослушност односно масовно неплаќање на такви казни. Што ќе прави таа во таков случај? Ќе ги праќа неплаќачите во затвор? Треба да се домислуваат работите. Во спротивно некој ќе праша: Како е можно да гласаме со стари лични карти на следните избори, а не можеме да возиме низ земјава со старите возачки дозволи? Кога услов за гласање би биле само документи со Cеверна Македонија партиите би трчале и би плаќале да им обезбедат такви документи на граѓаните. Но, вака се безбедни и сè е на трошок на граѓаните. Дури треба да платат по 30 евра за патен лист што ќе им го издаваат амбасадите за да се вратат во земјава. Како и да е. Овој гнев што со хаосот околу менувањето на документите се создава ќе влијае многу лошо врз изборните резултати пред сè на СДСМ, пишува Спасов.

The post Спасов: Цената за овој хаос ќе ја плати СДСМ на изборите appeared first on Република.

]]>

Глупост невидена е да се казнува некој во Македонија што до 12 овој месец не сменил лична карта или возачка дозвола заради името „Cеверна Македонија“. Тоа не се случува заради грешка или неодговорност на граѓаните и ако има таков закон мора итно да се смени, пишува Ѓорѓи Спасов, професор и активен поддржувач на СДСМ на својот профил на „Фејсбук“.
Во спротивно може да ѝ случи на власта граѓански отпор и непослушност односно масовно неплаќање на такви казни. Што ќе прави таа во таков случај? Ќе ги праќа неплаќачите во затвор? Треба да се домислуваат работите. Во спротивно некој ќе праша: Како е можно да гласаме со стари лични карти на следните избори, а не можеме да возиме низ земјава со старите возачки дозволи? Кога услов за гласање би биле само документи со Cеверна Македонија партиите би трчале и би плаќале да им обезбедат такви документи на граѓаните. Но, вака се безбедни и сè е на трошок на граѓаните. Дури треба да платат по 30 евра за патен лист што ќе им го издаваат амбасадите за да се вратат во земјава. Како и да е. Овој гнев што со хаосот околу менувањето на документите се создава ќе влијае многу лошо врз изборните резултати пред сè на СДСМ, пишува Спасов.

The post Спасов: Цената за овој хаос ќе ја плати СДСМ на изборите appeared first on Република.

]]>
Eдна година во наши затвори е еднаква барем на пет години во модерните затвори https://republika.mk/vesti/makedonija/edna-godina-vo-nashi-zatvori-e-ednakva-barem-na-pet-godini-vo-modernite-zatvori/ Fri, 08 Sep 2023 10:43:05 +0000 https://republika.mk/?p=679919

Професорот Ѓорги Спасов од агенцијата Рејтинг и во пензија ја брани својата партија СДСМ, овојпат за измените на Кривичниот законик. Тој преку долг фејсбук-статус ја убедува јавноста дека „помалку е повеќе“.

Ви го пренесуваме неговиот став наречен „За висината на казните и застарувањето“:

Според една анегдота, за изработка на првиот кривичен закон во повоена Југославија, била формирана работна група од врвни експерти во областа на правото а на чело на групата бил Моша Пијаде.

Кога дошол редот за утврдување на висината на казните за разни кривични дела, на секој предлог од експертите да се казнува некое дело со 20 со 10 или со 5 години затвор , Моша ќе предложил половина од должината на затворската казна што ја предлагале младите експерти. Кога во еден момент еден од нив се охрабрил да му се спротистави на Моша со образложение дека со толку куси казни нема да се постигне целта за превенција од криминал ниту ќе има доволно време за превоспитување на затворениците, Моша го прашал: " А си бил ли ти момче барем еден ден во затвор"? Откако добил негативен одговор, Моша на групата и рекол: Е јас поминав 14 години во затвор. И знам што значи да си макар еден ден затворен.

Кај нас многумина од експертите што сметаат дека само со долгогодишни казни затвор и со страв од нив може да се спречи криминалот и корупцијата веројатно исто така не биле ниту еден ден во затвор. И многумина од нив кои веројатно слушнале за состојбата во затворите кај нас не се свесни дека една година затвор во наши затвори е еднаква барем на пет години поминати во модерните затвори во некоја Холандија Шведска или Швајцарија кои се опремени на ниво на пристојни хотели.

А што се однесува до застарување на делата. Ако е 10 години малку за апсолутна застареност нека прашаат како му било на некој обвинет што десет години чекал, од било кои причини, да му биде изречена правосилна пресуда и да се докаже неговата вина или невиност и како е да се живее 10 години со етикетата обвинет, да му се суди да биде неправисилно осуден и да чека на правосилна пресуда со изречени мерки да и биде достапен на правдата како еден вид затвореник на слобода.

Со последните промени на кривичниот закон може да се каже дека е извршена и еден вид скриена амнестија, ама таков вид измени се далеку од дерогирање на правото, уништување на правниот систем или создавањето услови за избегнување на правда за сторителите на кривични дела како што егзалтирано тврдат некои од граѓанските активисти и политичари.

На сторителите на кривични дела треба да им се суди. Но бавната правда е исто неправда. Долгите казни затвор не ги даваат секогаш посакуваните резултати. А нехуманите и деградирачки услови во затворите кај нас, за кои говори и народниот правобранител се поголема казна од секоја казна на која се осудени сторителите на кривични дела.

Ќе беше секако подобро овие измени на кривичниот закон да се донесеа во нормална собраниска постапка и со поголема јавна дебата, но никој не треба да се сомнева дека тие го хуманизираат системот на превенција од криминал за што се залагаат или барем треба да се залагаат граѓанските активисти и борци за човекови права.

Никој во овој момент не знае дали зад овие измени на кривичниот закон, усвоени на брзина и без противење од страна на опозицијата стои некаков договор меѓу партиите поврзан со промените на Уставот. Но сите знаеме дека по периодите на остри внатрешно политички конфронтации исчекорувањето напред се правело со некој вид простување и помирување.

Така се случи со Амнестијата по усвојувањето на Охридскиот рамковен договор и со Амнестијата што им беше понудена на сите учесници во насилствата од 27 април пред промените на Уставот по потпишувањето на Преспанскиот договор.

Ако и оваа промена на кривичниот закон се доживува како некое простување и помирување и смалување на чуството дека постои политичка одмазда во општеството или политички прогон ,со цел да се обезбеди поместување кон членство на ЕУ и ако таа вистина е од помош во таа насока тогаш можеби и жртвата не е многу голема.

Насоката во која ќе се движи општеството по ова можеби ќе донесе повеќе правда и повеќе мир. А на тој пат и до досегнувањето на посакуваната цел ќе се прават и грешки и ќе има и разочарувања.

The post Eдна година во наши затвори е еднаква барем на пет години во модерните затвори appeared first on Република.

]]>

Професорот Ѓорги Спасов од агенцијата Рејтинг и во пензија ја брани својата партија СДСМ, овојпат за измените на Кривичниот законик. Тој преку долг фејсбук-статус ја убедува јавноста дека „помалку е повеќе“. Ви го пренесуваме неговиот став наречен „За висината на казните и застарувањето“: Според една анегдота, за изработка на првиот кривичен закон во повоена Југославија, била формирана работна група од врвни експерти во областа на правото а на чело на групата бил Моша Пијаде. Кога дошол редот за утврдување на висината на казните за разни кривични дела, на секој предлог од експертите да се казнува некое дело со 20 со 10 или со 5 години затвор , Моша ќе предложил половина од должината на затворската казна што ја предлагале младите експерти. Кога во еден момент еден од нив се охрабрил да му се спротистави на Моша со образложение дека со толку куси казни нема да се постигне целта за превенција од криминал ниту ќе има доволно време за превоспитување на затворениците, Моша го прашал: " А си бил ли ти момче барем еден ден во затвор"? Откако добил негативен одговор, Моша на групата и рекол: Е јас поминав 14 години во затвор. И знам што значи да си макар еден ден затворен. Кај нас многумина од експертите што сметаат дека само со долгогодишни казни затвор и со страв од нив може да се спречи криминалот и корупцијата веројатно исто така не биле ниту еден ден во затвор. И многумина од нив кои веројатно слушнале за состојбата во затворите кај нас не се свесни дека една година затвор во наши затвори е еднаква барем на пет години поминати во модерните затвори во некоја Холандија Шведска или Швајцарија кои се опремени на ниво на пристојни хотели. А што се однесува до застарување на делата. Ако е 10 години малку за апсолутна застареност нека прашаат како му било на некој обвинет што десет години чекал, од било кои причини, да му биде изречена правосилна пресуда и да се докаже неговата вина или невиност и како е да се живее 10 години со етикетата обвинет, да му се суди да биде неправисилно осуден и да чека на правосилна пресуда со изречени мерки да и биде достапен на правдата како еден вид затвореник на слобода. Со последните промени на кривичниот закон може да се каже дека е извршена и еден вид скриена амнестија, ама таков вид измени се далеку од дерогирање на правото, уништување на правниот систем или создавањето услови за избегнување на правда за сторителите на кривични дела како што егзалтирано тврдат некои од граѓанските активисти и политичари. На сторителите на кривични дела треба да им се суди. Но бавната правда е исто неправда. Долгите казни затвор не ги даваат секогаш посакуваните резултати. А нехуманите и деградирачки услови во затворите кај нас, за кои говори и народниот правобранител се поголема казна од секоја казна на која се осудени сторителите на кривични дела. Ќе беше секако подобро овие измени на кривичниот закон да се донесеа во нормална собраниска постапка и со поголема јавна дебата, но никој не треба да се сомнева дека тие го хуманизираат системот на превенција од криминал за што се залагаат или барем треба да се залагаат граѓанските активисти и борци за човекови права. Никој во овој момент не знае дали зад овие измени на кривичниот закон, усвоени на брзина и без противење од страна на опозицијата стои некаков договор меѓу партиите поврзан со промените на Уставот. Но сите знаеме дека по периодите на остри внатрешно политички конфронтации исчекорувањето напред се правело со некој вид простување и помирување. Така се случи со Амнестијата по усвојувањето на Охридскиот рамковен договор и со Амнестијата што им беше понудена на сите учесници во насилствата од 27 април пред промените на Уставот по потпишувањето на Преспанскиот договор. Ако и оваа промена на кривичниот закон се доживува како некое простување и помирување и смалување на чуството дека постои политичка одмазда во општеството или политички прогон ,со цел да се обезбеди поместување кон членство на ЕУ и ако таа вистина е од помош во таа насока тогаш можеби и жртвата не е многу голема. Насоката во која ќе се движи општеството по ова можеби ќе донесе повеќе правда и повеќе мир. А на тој пат и до досегнувањето на посакуваната цел ќе се прават и грешки и ќе има и разочарувања.

The post Eдна година во наши затвори е еднаква барем на пет години во модерните затвори appeared first on Република.

]]>
Ѓорѓи Спасов: Тие што се протов договорот се лажни патриоти и светци, од Македонија прават Србија на Милошевиќ https://republika.mk/vesti/makedonija/gjorgji-spasov-tie-shto-se-protov-dogovorot-se-lazni-patrioti-i-svetci-od-makedonija-pravat-srbija-na-miloshevikj/ Sun, 10 Jul 2022 18:55:51 +0000 https://republika.mk/?p=526700

Професорот во пензија Ѓорѓи Спасов од агенцијата Рејтинг се пенави во Фејсбук статус во одбрана на францускиот предлог. Тој беше во состав на стручната јавност со која премиерот Димитар Ковачевски се консултираше за предлогот.

„Македонија со сите добронамерни и злонамерни проповедници против Договорот за членство во ЕУ се движи во насока да стане Србија од времето на Милошевиќ. Дури и Академијата не заостанува на тој пат.
Некои од нив тоа не сакаат да го видат. Не чуствуваат одговорност. Важно им е само да се “во право”.
Некои од нив со бугарски пасоши ќе не спасуваат од “бугаризација” , други што поставуваат ултиматуми врескаат “Не за ултиматум”.
А трети се толку гласни против “фашизмот” што веќе не можеш да ги разликуваш од фашистите.
Ширењето страв од другите, од различните, од Бугарите ,од Албанците ,од ЕУ и од “домашните национални предавници” води директно во создавањето услови за воспоставување режим каков што веќе имавме и од кој едвам се ослободивме.
Овој пат Македонија само од страв да не згреши може да ја направи најголемата грешка.
Лажни патриоти и светци ја преземаат играта. И тие што се против договорот имаат должност тоа да го видат.
Со валканата вода ќе го исфрлат и бебето. Толку им сечи умот. Не гледаат со кого се ујдисале.“

The post Ѓорѓи Спасов: Тие што се протов договорот се лажни патриоти и светци, од Македонија прават Србија на Милошевиќ appeared first on Република.

]]>

Професорот во пензија Ѓорѓи Спасов од агенцијата Рејтинг се пенави во Фејсбук статус во одбрана на францускиот предлог. Тој беше во состав на стручната јавност со која премиерот Димитар Ковачевски се консултираше за предлогот.
„Македонија со сите добронамерни и злонамерни проповедници против Договорот за членство во ЕУ се движи во насока да стане Србија од времето на Милошевиќ. Дури и Академијата не заостанува на тој пат. Некои од нив тоа не сакаат да го видат. Не чуствуваат одговорност. Важно им е само да се “во право”. Некои од нив со бугарски пасоши ќе не спасуваат од “бугаризација” , други што поставуваат ултиматуми врескаат “Не за ултиматум”. А трети се толку гласни против “фашизмот” што веќе не можеш да ги разликуваш од фашистите. Ширењето страв од другите, од различните, од Бугарите ,од Албанците ,од ЕУ и од “домашните национални предавници” води директно во создавањето услови за воспоставување режим каков што веќе имавме и од кој едвам се ослободивме. Овој пат Македонија само од страв да не згреши може да ја направи најголемата грешка. Лажни патриоти и светци ја преземаат играта. И тие што се против договорот имаат должност тоа да го видат. Со валканата вода ќе го исфрлат и бебето. Толку им сечи умот. Не гледаат со кого се ујдисале.“

The post Ѓорѓи Спасов: Тие што се протов договорот се лажни патриоти и светци, од Македонија прават Србија на Милошевиќ appeared first on Република.

]]>