Ѓорѓе Јовановиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/gjorgje-jovanovikj/ За подобро да се разбереме Sat, 20 Jul 2024 08:21:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ѓорѓе Јовановиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/gjorgje-jovanovikj/ 32 32 Ѓорѓе Јовановиќ изложува во Њујорк: Во MC Gallery вечерва се отвора неговата самостојна изложба насловена „Огледалото” https://republika.mk/vesti/kultura/gorge-jovanovik-izlozhuva-vo-nujork-vo-mc-gallery-vecherva-se-otvora-negovata-samostojna-izlozhba-naslovena-ogledaloto/ Sat, 20 Jul 2024 08:21:36 +0000 https://republika.mk/?p=798664

Денес, 20 јули (сабота) во MC Gallery во Њујорк, ќе биде отворена самостојна изложба на уметникот Ѓорѓе Јовановиќ насловена „Огледалото”.

Проектот „Огледалото/ Мirror” користи дела - цртежи изработени врз страници од дневни весници кои Јовановиќ ги користи како подлога за цртање и на кои интервенира со цртежи и пораки, притоа менувајќи го нивниот контекст со што се обидува да создаде слоеви на други значења и поинаква реалност од онаа што ја прикажуваат или сакаат да ја прикажат. Тој овие цртежи ги комбинира со цртани и колажирани објекти со селектирани приказни од различни страни од светот за користењето на лажните вести како и примери од уметнички проекти каде лажните вести се користат како уметничка стратегија.

Во светот на медиумите и на социјалните мрежи сè почесто се среќаваме со разни дезинформации и лажни вести. Современите информациски и комуникациски технологии само го олеснија и забрзаа споделувањето на такви информации, па и последиците се далекусежни, а поради тоа Светската здравствена организација појавата на масовното ширење лажни вести го нарече инфодемија.
„Fake news”, лажни вести, дезинформации, значи информации кои се или целосно или делумно неточни, но кои свесно се пуштаат во оптек за да дејствуваат на одредени политички одлуки или едноставно да остварат што поголем број посети на социјалните мрежи.

Лажните вести се шират со голема брзина и во меѓувреме прераснаа во еден од најголемите проблеми, одобено во дигиталниот свет. И на корисниците им е тешко да ги разликуваат од веродостојните информации. Се поставува прашањето: на што се должи „успехот” на лажните вести? Еден од можните одговори го даваат психолозите кои објаснуваат дека луѓето сакаат да ги знаат причините за настаните во светот и кога погрешна информација нуди едноставно објаснување за одредени настани, луѓето ја примаат како факт и кога им е понудено друго објаснување (кое можеби е точното), тие се чувствуваат неудобно бидејќи го губат чувството на сигурност. Во ваков случај, човекот ја прима новата информација како закана за неговото разбирање на настанот и затоа е мотивиран да се задржи на претходното објаснување.

Јовановиќ во својот проект го проблематизира концептот и феноменот на медиумската комуникацијата во современиот простор и време, обидувајќи се преку своите дела да повика на критички однос кон она што ни се претставува како реалност или факт. Да се биде медиумски писмен значи да се биде свесен за својата стварна позиција внатре во медиумскиот пејсаж кој рапидно се шири, и да се биде подготвен за анализа на драматичните промени во рамките на самата јавна сфера.

The post Ѓорѓе Јовановиќ изложува во Њујорк: Во MC Gallery вечерва се отвора неговата самостојна изложба насловена „Огледалото” appeared first on Република.

]]>

Денес, 20 јули (сабота) во MC Gallery во Њујорк, ќе биде отворена самостојна изложба на уметникот Ѓорѓе Јовановиќ насловена „Огледалото”. Проектот „Огледалото/ Мirror” користи дела - цртежи изработени врз страници од дневни весници кои Јовановиќ ги користи како подлога за цртање и на кои интервенира со цртежи и пораки, притоа менувајќи го нивниот контекст со што се обидува да создаде слоеви на други значења и поинаква реалност од онаа што ја прикажуваат или сакаат да ја прикажат. Тој овие цртежи ги комбинира со цртани и колажирани објекти со селектирани приказни од различни страни од светот за користењето на лажните вести како и примери од уметнички проекти каде лажните вести се користат како уметничка стратегија. Во светот на медиумите и на социјалните мрежи сè почесто се среќаваме со разни дезинформации и лажни вести. Современите информациски и комуникациски технологии само го олеснија и забрзаа споделувањето на такви информации, па и последиците се далекусежни, а поради тоа Светската здравствена организација појавата на масовното ширење лажни вести го нарече инфодемија. „Fake news”, лажни вести, дезинформации, значи информации кои се или целосно или делумно неточни, но кои свесно се пуштаат во оптек за да дејствуваат на одредени политички одлуки или едноставно да остварат што поголем број посети на социјалните мрежи. Лажните вести се шират со голема брзина и во меѓувреме прераснаа во еден од најголемите проблеми, одобено во дигиталниот свет. И на корисниците им е тешко да ги разликуваат од веродостојните информации. Се поставува прашањето: на што се должи „успехот” на лажните вести? Еден од можните одговори го даваат психолозите кои објаснуваат дека луѓето сакаат да ги знаат причините за настаните во светот и кога погрешна информација нуди едноставно објаснување за одредени настани, луѓето ја примаат како факт и кога им е понудено друго објаснување (кое можеби е точното), тие се чувствуваат неудобно бидејќи го губат чувството на сигурност. Во ваков случај, човекот ја прима новата информација како закана за неговото разбирање на настанот и затоа е мотивиран да се задржи на претходното објаснување. Јовановиќ во својот проект го проблематизира концептот и феноменот на медиумската комуникацијата во современиот простор и време, обидувајќи се преку своите дела да повика на критички однос кон она што ни се претставува како реалност или факт. Да се биде медиумски писмен значи да се биде свесен за својата стварна позиција внатре во медиумскиот пејсаж кој рапидно се шири, и да се биде подготвен за анализа на драматичните промени во рамките на самата јавна сфера.    

The post Ѓорѓе Јовановиќ изложува во Њујорк: Во MC Gallery вечерва се отвора неговата самостојна изложба насловена „Огледалото” appeared first on Република.

]]>
Последниот ден од мултимедијалниот проект „Горчлив шеќер“ завршува со промоција на публикација, разговор со уметникот и музички перформанс во МСУ https://republika.mk/vesti/kultura/posledniot-den-od-multimedijalniot-proekt-gorchliv-sheker-zavrshuva-so-promotsija-na-publikatsija-razgovor-so-umetnikot-i-muzichki-performans-vo-msu/ Mon, 12 Feb 2024 08:33:08 +0000 https://republika.mk/?p=743044

Како означување на последниот ден од самостојниот мултимедијален проект „Горчлив шеќер“ на македонскиот уметник Ѓорѓе Јовановиќ, во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје в петок, на 16 февраури, во 20 часот ќе се одржи промоција на публикацијата и разговор со авторот во друштво на Никола Гелевски и кураторот Владимир Јанчевски.

Ќе стане збор за специфичниот процес на работа и конципирањето на проектот, како и за бројните референци и богатата иконографија, улогата на уметноста денес и нејзината релевантност во нашата современост, прашања кои се присутни во целокупната уметничката работа на Јовановиќ.

По промоцијата ќе следува музичкиот перформанс „Протерани од Рајот“ на Џијан Емин и Георги Шарески, кои ќе настапат во изложбениот простор.

Мултимедијалниот проект на Ѓорѓе Јовановиќ беше отворен на 19 септември 2023 година во рамки на програмата на МСУ-Скопје, побуди голем интерес кај публиката и забележа одлична посетеност. Куратори на проектот се Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец.

Јовановиќ преку овој проект ја интегрира неговата претходна творечка практика која опфаќа најразновидни изразни форми и медиуми од цртеж и инсталација, до перформативност и интерактивност. Проектот претставува синтеза и надоградување на искуствата на историската авангарда, особено на дадаистичките и надреалистичките интервенции, во обид да ги трансформира и употреби во современиот контекст, обременет со предизвиците на (пост)пандемиска политичка и технолошка реалност.

The post Последниот ден од мултимедијалниот проект „Горчлив шеќер“ завршува со промоција на публикација, разговор со уметникот и музички перформанс во МСУ appeared first on Република.

]]>

Како означување на последниот ден од самостојниот мултимедијален проект „Горчлив шеќер“ на македонскиот уметник Ѓорѓе Јовановиќ, во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје в петок, на 16 февраури, во 20 часот ќе се одржи промоција на публикацијата и разговор со авторот во друштво на Никола Гелевски и кураторот Владимир Јанчевски. Ќе стане збор за специфичниот процес на работа и конципирањето на проектот, како и за бројните референци и богатата иконографија, улогата на уметноста денес и нејзината релевантност во нашата современост, прашања кои се присутни во целокупната уметничката работа на Јовановиќ. По промоцијата ќе следува музичкиот перформанс „Протерани од Рајот“ на Џијан Емин и Георги Шарески, кои ќе настапат во изложбениот простор. Мултимедијалниот проект на Ѓорѓе Јовановиќ беше отворен на 19 септември 2023 година во рамки на програмата на МСУ-Скопје, побуди голем интерес кај публиката и забележа одлична посетеност. Куратори на проектот се Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец. Јовановиќ преку овој проект ја интегрира неговата претходна творечка практика која опфаќа најразновидни изразни форми и медиуми од цртеж и инсталација, до перформативност и интерактивност. Проектот претставува синтеза и надоградување на искуствата на историската авангарда, особено на дадаистичките и надреалистичките интервенции, во обид да ги трансформира и употреби во современиот контекст, обременет со предизвиците на (пост)пандемиска политичка и технолошка реалност.

The post Последниот ден од мултимедијалниот проект „Горчлив шеќер“ завршува со промоција на публикација, разговор со уметникот и музички перформанс во МСУ appeared first on Република.

]]>
„Горчлив шеќер“ – Мултимедијален проект на Ѓорѓе Јовановиќ во МСУ https://republika.mk/vesti/kultura/gorchliv-sheker-multimedijalen-proekt-na-gorge-jovanovik-vo-msu/ Tue, 29 Aug 2023 11:53:10 +0000 https://republika.mk/?p=676941

На 13 септември, во 20 часот во Музејот на современетата уметност – Скопје ќе биде отворена изложбата „Горчлив шеќер“ (Bitter Sugar) на македонскиот уметник Ѓорѓе Јовановиќ.
Куратори на овој мултимедијен проект се Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец.

Проектот „Горчлив шеќер“ (Bitter Sugar) е насловот на најновиот комплексен мултимедијален проект на македонскиот уметник Ѓорѓе Јовановиќ.

Проектот е составен од два дела, просторна инсталација и анимирани куклени претстави, осмислени како фрагменти од актуелната стварност и современиот живот, кои во себе содржат знаци, состојби и ситуации, кои истовремено функционираат во преиспитувањето на локалниот контекст, но овозможуваат и исчитување на влијанијата и меѓузависноста во глобалните текови.

Замислен како „тотално уметничко дело“, овој проект преку богат иконографски фундус и комплексна мрежа од релации, и комбинирање на неколку уметнички дисциплини (визуелна уметност и експериментален филм, анимации и музика) се фокусира на продлабочувањето на врските помеѓу овие уметнички форми, како и истражувањето на можностите за создавање нови уметнички содржини. Јовановиќ преку овој проект прави интегрирање на целокупната негова творечка практика која опфаќа најразновидни изразни форми и медиуми од цртеж и инсталација, до перформативност и интерактивност. Проектот претставува синтеза и надоградување на искуствата на историската авангарда, особено на дадаистичките и надреалистичките интервенции, во обид да ги трансформира и употреби во современиот контекст, обременет со предизвиците на (пост)пандемиска политичка и технолошка реалност. Преплетувањето на реалното и надреалното и екстремните точки на нивното среќавање се одразува и преку спојувањето на разните жанрови. Во просторната инсталација која ја сочинуваат огромен број слики и објекти, како и анимациите кои ја активираат, Јовановиќ создава повеќедимензионална наративна мрежа низ која бројните протагонисти и различните состојби во коишто се наоѓаат, се трансформираат на едно друго ниво, како тотална слика за хаотичната современост.

Анимираните видеа се колекција од поетични, хумористични и трагикомични приказни, а работени според идеи на Јовановиќ, како и раскази од неколку претставници на поновата генерација македонски писатели (Румена Бужаровска, Петар Андоновски, Хана, Корнети, Алекс Букарски...). Во нивниот фокус се неизвесноста, игноранцијата, преку лични приказни, трагедии и неволји на луѓето на маргините, и преку прикажување на екстреми на човековото однесување во борбата и разбивањeто на стереотипите во патријархалното општество и потрагата по правда и слобода.

Овој проект, преку повеќеслојна и мултисензорна уметничка интервенција има за цел да отвори простор за преиспитување на меѓучовечките релации, и да проговори за состојбите на локално и глобално ниво во услови на сложена општествена ситуација, која е одредена од бројни кризи и егзистенцијална неизвесност.

Ѓорѓе Јовановиќ (Скопје, 1980) има реализирано повеќе проекти во чиј фокус се прашањата за интеграцијата и дезинтеграцијата на современиот човек. Во неговите дела тој ги преиспитува меѓучовечките односи во контекст на општата состојба на редефинирање на универзалните вредности, односот човек-општество и конзумеризмот како клучен фактор на модерниот начин на живот, политиката како фактор на распаѓање на градовите, државите и семејствата. Присутен е и елементот на авто-референцијалноста, како и преиспитувањето на себеси во потесен и поширок контекст на распадот на старите и создавањето на нови вредности. Работи инсталации, перформанси, објекти, видеа, колажи и слики со цел да постигне трансформација на уметничкиот израз и индивидуална експресија, следејќи ја флуидноста на современиот контекст.
Реализирал повеќе самостојни изложби во државата и странство, меѓу кои: „Обезглавените“ – Прима центар Берлин (Берлин, 2020), „Chocolate Drops“ – галерија „Хоаст“ (Виена, 2018), „Радио Слободно Скопје“ – Центар за современи уметности (Скопје, 2015-16), „Изуми за вас, прекрасни луѓе!“ – Музеј на современата уметност (Скопје, 2014), „Исповедите на еден јадач на колачи“ (Ровињ, 2013), „Фрагментарниот архив на уметникот од земјата во транзиција“ (Њујорк, 2010), „It’sComplicated“ (Грац, 2010) итн.

Резиденцијални престои: IAAB – Базел, TICA – Тирана, La Cité internationale des Arts – Париз, Watermill Centеr Њујорк, „Апартмент проект“ – Истанбул, ISCP – Њујорк, CCN – Грац.

Добитник е на повеќе награди: „Денес“ за млад уметник за 2009, наградата за видео на меѓународниот фестивал „Алтернативен
филм/Видео“ во Белград, 2009, Акто фестивал, Битола, 2012 и Најдобар млад уметникна 10. Биенале на млади уметници, Музеј насовремената уметност за 2013/

Проектот се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Македонија и Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“
Изложбата ќе биде отворена до 10 февруари 2024 година.

The post „Горчлив шеќер“ – Мултимедијален проект на Ѓорѓе Јовановиќ во МСУ appeared first on Република.

]]>

На 13 септември, во 20 часот во Музејот на современетата уметност – Скопје ќе биде отворена изложбата „Горчлив шеќер“ (Bitter Sugar) на македонскиот уметник Ѓорѓе Јовановиќ. Куратори на овој мултимедијен проект се Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец.

Проектот „Горчлив шеќер“ (Bitter Sugar) е насловот на најновиот комплексен мултимедијален проект на македонскиот уметник Ѓорѓе Јовановиќ.

Проектот е составен од два дела, просторна инсталација и анимирани куклени претстави, осмислени како фрагменти од актуелната стварност и современиот живот, кои во себе содржат знаци, состојби и ситуации, кои истовремено функционираат во преиспитувањето на локалниот контекст, но овозможуваат и исчитување на влијанијата и меѓузависноста во глобалните текови.

Замислен како „тотално уметничко дело“, овој проект преку богат иконографски фундус и комплексна мрежа од релации, и комбинирање на неколку уметнички дисциплини (визуелна уметност и експериментален филм, анимации и музика) се фокусира на продлабочувањето на врските помеѓу овие уметнички форми, како и истражувањето на можностите за создавање нови уметнички содржини. Јовановиќ преку овој проект прави интегрирање на целокупната негова творечка практика која опфаќа најразновидни изразни форми и медиуми од цртеж и инсталација, до перформативност и интерактивност. Проектот претставува синтеза и надоградување на искуствата на историската авангарда, особено на дадаистичките и надреалистичките интервенции, во обид да ги трансформира и употреби во современиот контекст, обременет со предизвиците на (пост)пандемиска политичка и технолошка реалност. Преплетувањето на реалното и надреалното и екстремните точки на нивното среќавање се одразува и преку спојувањето на разните жанрови. Во просторната инсталација која ја сочинуваат огромен број слики и објекти, како и анимациите кои ја активираат, Јовановиќ создава повеќедимензионална наративна мрежа низ која бројните протагонисти и различните состојби во коишто се наоѓаат, се трансформираат на едно друго ниво, како тотална слика за хаотичната современост.

Анимираните видеа се колекција од поетични, хумористични и трагикомични приказни, а работени според идеи на Јовановиќ, како и раскази од неколку претставници на поновата генерација македонски писатели (Румена Бужаровска, Петар Андоновски, Хана, Корнети, Алекс Букарски...). Во нивниот фокус се неизвесноста, игноранцијата, преку лични приказни, трагедии и неволји на луѓето на маргините, и преку прикажување на екстреми на човековото однесување во борбата и разбивањeто на стереотипите во патријархалното општество и потрагата по правда и слобода.

Овој проект, преку повеќеслојна и мултисензорна уметничка интервенција има за цел да отвори простор за преиспитување на меѓучовечките релации, и да проговори за состојбите на локално и глобално ниво во услови на сложена општествена ситуација, која е одредена од бројни кризи и егзистенцијална неизвесност.

Ѓорѓе Јовановиќ (Скопје, 1980) има реализирано повеќе проекти во чиј фокус се прашањата за интеграцијата и дезинтеграцијата на современиот човек. Во неговите дела тој ги преиспитува меѓучовечките односи во контекст на општата состојба на редефинирање на универзалните вредности, односот човек-општество и конзумеризмот како клучен фактор на модерниот начин на живот, политиката како фактор на распаѓање на градовите, државите и семејствата. Присутен е и елементот на авто-референцијалноста, како и преиспитувањето на себеси во потесен и поширок контекст на распадот на старите и создавањето на нови вредности. Работи инсталации, перформанси, објекти, видеа, колажи и слики со цел да постигне трансформација на уметничкиот израз и индивидуална експресија, следејќи ја флуидноста на современиот контекст. Реализирал повеќе самостојни изложби во државата и странство, меѓу кои: „Обезглавените“ – Прима центар Берлин (Берлин, 2020), „Chocolate Drops“ – галерија „Хоаст“ (Виена, 2018), „Радио Слободно Скопје“ – Центар за современи уметности (Скопје, 2015-16), „Изуми за вас, прекрасни луѓе!“ – Музеј на современата уметност (Скопје, 2014), „Исповедите на еден јадач на колачи“ (Ровињ, 2013), „Фрагментарниот архив на уметникот од земјата во транзиција“ (Њујорк, 2010), „It’sComplicated“ (Грац, 2010) итн.

Резиденцијални престои: IAAB – Базел, TICA – Тирана, La Cité internationale des Arts – Париз, Watermill Centеr Њујорк, „Апартмент проект“ – Истанбул, ISCP – Њујорк, CCN – Грац.

Добитник е на повеќе награди: „Денес“ за млад уметник за 2009, наградата за видео на меѓународниот фестивал „Алтернативен филм/Видео“ во Белград, 2009, Акто фестивал, Битола, 2012 и Најдобар млад уметникна 10. Биенале на млади уметници, Музеј насовремената уметност за 2013/

Проектот се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Македонија и Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“ Изложбата ќе биде отворена до 10 февруари 2024 година.

The post „Горчлив шеќер“ – Мултимедијален проект на Ѓорѓе Јовановиќ во МСУ appeared first on Република.

]]>
Македонскиот уметник Ѓорѓе Јовановиќ донираше дело на МСУ – Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/makedonskiot-umetnik-gorge-jovanovik-donirashe-delo-na-msu-skopje/ Tue, 07 Feb 2023 10:11:52 +0000 https://republika.mk/?p=605882

Македонскиот уметник Ѓорѓе Јовановиќ донираше дело на МСУ - Скопје, соопштија од музејот.

Диптих фотографија, 100 x 65 cm (x2) со наслов „Морски статуи“, 2015 е дело, кое ги проблематизира национал(ните)истичките идентитетски политики што се „инклузивни” за едните, а секогаш „ексклузивни” за другите и ја парализираат сета политика што ја разобличува светоста на етничкиот принцип на општествена мобилизација. Идејата за оваа фотографија произлезе од проблематичните скулптури вклучени во скандалозниот мегапроект Скопје 2014, кој вклучуваше ре-креирање на идентитетот и имаше за цел, не само да ги трансформира главните урбани места во градот, туку исто така имаше намера да избрише бројни згради и урбани пејсажи од колективната меморија на луѓето. Македонец и Албанец, наизменично јаваат еден врз друг, притоа алудирајќи на статуа на воин на коњ и мавтаат со знаме со цитат од хрватскиот филозоф Борис Буден - Национализмот е политички инструмент. Суштината на национализмот, не е дека луѓето се националисти и немаат ништо подобро од тоа да се мразат едни со други. Фикцијата на тоа е всушност политички проект.

Ѓорѓе Јовановиќ (Скопје, 1980) дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (2003). Има реализирано повеќе проекти во чиј фокус се прашањата за интеграцијата и дезинтеграцијата на современиот човек. Во неговите дела тој ги преиспитува меѓучовечките односи во контекст на општата состојба на редефинирање на универзалните вредности, односот човек-општество и конзумеризмот како клучен фактор на модерниот начин на живот, политиката како фактор на распаѓање на градовите, државите и семејствата. Присутен е и елементот на авто-референцијалноста, како и преиспитувањето на себеси во потесен и поширок контекст на распадот на старите и создавањето на нови вредности. Работи инсталации, перформанси, објекти, видеа, колажи и слики со цел да постигне трансформација на уметничкиот израз и индивидуална експресија, следејќи ја флуидноста на современиот контекст.

Реализирал повеќе самостојни и групни изложби во државата и странство.

Добитник е на повеќе награди: Денес за млад уметник за 2009, наградата за видео на меѓународниот фестивал Алтернативен филм / Видео во Белград, 2009, Акто фестивал, Битола, 2012 и Најдобар млад уметник на 10 Биенале на млади уметници, Музејот на современата уметност за 2013.

The post Македонскиот уметник Ѓорѓе Јовановиќ донираше дело на МСУ – Скопје appeared first on Република.