ѓавато Archives - Република https://republika.mk/tema/gjavato/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Nov 2024 15:21:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ѓавато Archives - Република https://republika.mk/tema/gjavato/ 32 32 По тригодишен застој пуштен во функција хидросистемот Ѓавато https://republika.mk/vesti/makedonija/po-trigodishen-zastoj-pushten-vo-funktsija-hidrosistemot-gavato/ Sat, 09 Nov 2024 15:36:56 +0000 https://republika.mk/?p=835905

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и пратеникот во Собранието на Република Македонија Миле Цеков, по тригодишен застој, денеска го пуштија повторно во функција Хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“ со кој од бунарите во Ѓавато, богданско, се врши дотур на вода во Дојранското Езеро.

Имено, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, неодамна Владата ја усвои информацијата за ставање во функција на овој хидросистем и после речиси три години застој во работата, водите на Дојранското Езеро повторно ќе се надополнуваат.

-Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање ќе се залагаат да се изнајде решение за финансиските средства за во блиска идина да се реконструира целосно овој хидросистем, изјави Меџити нагласувајќи дека за повторно функционирање на хидросистемот е потребна реконструкција на самиот цевковод и набавка на неколку нови потопни пумпи.

Пратеникот Миле Цеков изјави дека претходната Влада и сегашната општинската власт скоро три години не нашле решение за овој проблем, за кој новата Влада најде решение за помалку од половина година.

-Благодарност до министерот Изет Меџити што поднесе Предлог - одлука до Владата, за решавање на овој наследен предизвик кој не беше решен скоро три години, изјави Цеков.

На Бунарско подрачје Ѓавато моментално има технички исправни три потопни пумпи-пумпите 3, 7 и 8 кои се ставија во функција, а за останатите е потребна реконструкција.

Заради сушата и неработењето на хидросистемот во изминатиот период, нивото на водостојот на Дојранското Езеро е 76 сантиметри под дозволениот минимум и доколку продолжи ваквиот тренд нивото може и дополнително да се намали со оглед дека и хидролошка состојба е неповолна.

The post По тригодишен застој пуштен во функција хидросистемот Ѓавато appeared first on Република.

]]>

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и пратеникот во Собранието на Република Македонија Миле Цеков, по тригодишен застој, денеска го пуштија повторно во функција Хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“ со кој од бунарите во Ѓавато, богданско, се врши дотур на вода во Дојранското Езеро. Имено, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, неодамна Владата ја усвои информацијата за ставање во функција на овој хидросистем и после речиси три години застој во работата, водите на Дојранското Езеро повторно ќе се надополнуваат.
-Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање ќе се залагаат да се изнајде решение за финансиските средства за во блиска идина да се реконструира целосно овој хидросистем, изјави Меџити нагласувајќи дека за повторно функционирање на хидросистемот е потребна реконструкција на самиот цевковод и набавка на неколку нови потопни пумпи.
Пратеникот Миле Цеков изјави дека претходната Влада и сегашната општинската власт скоро три години не нашле решение за овој проблем, за кој новата Влада најде решение за помалку од половина година.
-Благодарност до министерот Изет Меџити што поднесе Предлог - одлука до Владата, за решавање на овој наследен предизвик кој не беше решен скоро три години, изјави Цеков.
На Бунарско подрачје Ѓавато моментално има технички исправни три потопни пумпи-пумпите 3, 7 и 8 кои се ставија во функција, а за останатите е потребна реконструкција. Заради сушата и неработењето на хидросистемот во изминатиот период, нивото на водостојот на Дојранското Езеро е 76 сантиметри под дозволениот минимум и доколку продолжи ваквиот тренд нивото може и дополнително да се намали со оглед дека и хидролошка состојба е неповолна.

The post По тригодишен застој пуштен во функција хидросистемот Ѓавато appeared first on Република.

]]>
Магла на Ѓавато https://republika.mk/zivot/servisi/magla-na-gavato-2/ Fri, 01 Mar 2024 11:07:15 +0000 https://republika.mk/?p=749984

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно, по влажни коловози. Намалена видливост од 50 до100 метри поради магла има на планинскиот премин Ѓавато.

Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

The post Магла на Ѓавато appeared first on Република.

]]>

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно, по влажни коловози. Намалена видливост од 50 до100 метри поради магла има на планинскиот премин Ѓавато. Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

The post Магла на Ѓавато appeared first on Република.

]]>
Пак трупа снег: Забрана за тешки товарни возила на планинскиот превој „Ѓавато“ https://republika.mk/zivot/servisi/pak-trupa-sneg-zabrana-za-teshki-tovarni-vozila-na-planinskiot-prevoj-gavato/ Thu, 07 Dec 2023 18:15:29 +0000 https://republika.mk/?p=720838

На магистралниот пат А-3, Битола-Ресен, на планинскиот превој „Ѓавато“, поради обилни врнежи на снег и задржување на истиот на коловозот, вечерва воведена е забрана за движење на товарни моторни возила.

Како што соопшти Авто мото сојузот на Македонија, забраната почнува од 18:35 часот.

The post Пак трупа снег: Забрана за тешки товарни возила на планинскиот превој „Ѓавато“ appeared first on Република.

]]>

На магистралниот пат А-3, Битола-Ресен, на планинскиот превој „Ѓавато“, поради обилни врнежи на снег и задржување на истиот на коловозот, вечерва воведена е забрана за движење на товарни моторни возила. Како што соопшти Авто мото сојузот на Македонија, забраната почнува од 18:35 часот.

The post Пак трупа снег: Забрана за тешки товарни возила на планинскиот превој „Ѓавато“ appeared first on Република.

]]>
Магла на Ѓавато https://republika.mk/zivot/servisi/magla-na-gavato/ Tue, 05 Dec 2023 07:30:57 +0000 https://republika.mk/?p=719716

Авто мото сојузот на Македонија информира дека утринава има магла на Ѓавато со видливост до 100 метри.

На останатите државни патишта сообраќајот се одвива непречено во зимски услови, по наместа влажни коловози.

The post Магла на Ѓавато appeared first on Република.

]]>

Авто мото сојузот на Македонија информира дека утринава има магла на Ѓавато со видливост до 100 метри. На останатите државни патишта сообраќајот се одвива непречено во зимски услови, по наместа влажни коловози.

The post Магла на Ѓавато appeared first on Република.

]]>
Имал пиено, па возел на средината на патот: Обвинение против возач за судирот на Ѓавато https://republika.mk/vesti/crna-hronika/imal-pieno-pa-vozel-na-sredinata-na-patot-obvinenie-protiv-vozach-za-sudirot-na-gavato/ Mon, 24 Apr 2023 17:30:17 +0000 https://republika.mk/?p=633692

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице од Ресен за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик, соопштија оттаму, во врска со тешката сообраќајка кај Ѓавато во која загина 57-годишна жена возач.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-teshka-nesreka-kaj-gavato-zagina-zhena/

Осомничениот, на 23 април, како учесник во сообраќајот на магистралниот пат А3 Битола – Ресен, управувал автомобил „Mерцедес“ со ресенски регистарски таблички во насока од Битола кон Ресен. Но, притоа не се придржувал кон одредбите за безбедност на сообраќајот на патиштата, односно возилото го управувал со недозволено количество на алкохол од 0,67 промили алкохол во крвта. Освен ова, тој не го држел автомобилот во движење блиску до десниот раб на коловозот.

 

Кога дошол на критичното место, на околу 700 метри од местото викано „Кај чешмите“, со возилото преминал преку надолжната средишна неиспрекината линија на левата коловозна лента, гледано во насока на неговото движење. Во таа коловозна лента во спротивна насока, движејќи се од Ресен кон Битола, наидувало возило „Сеат Ароса“ со ресенски регистарски таблички во кое имало две лица.

 

При судар на двете возила оштетената – возач на автомобилот „Сеат Ароса“ се здобила со тешка телесна повреда од која веднаш починала, додека нејзиниот совозач се здобил со телесна повреда, се вели во соопштението на ОЈО Битола.

Надлежниот јавен обвинител уште при извршениот увид на лице место даде наредба за обдукција на телото на починатата и други наредби потребни за обезбедување на трагите и доказите.

Основното јавно обвинителство Битола до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка куќен притвор за осомниченото лице, поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците и вештаците и можност да го повтори кривичното дело.

The post Имал пиено, па возел на средината на патот: Обвинение против возач за судирот на Ѓавато appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице од Ресен за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик, соопштија оттаму, во врска со тешката сообраќајка кај Ѓавато во која загина 57-годишна жена возач. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-teshka-nesreka-kaj-gavato-zagina-zhena/
Осомничениот, на 23 април, како учесник во сообраќајот на магистралниот пат А3 Битола – Ресен, управувал автомобил „Mерцедес“ со ресенски регистарски таблички во насока од Битола кон Ресен. Но, притоа не се придржувал кон одредбите за безбедност на сообраќајот на патиштата, односно возилото го управувал со недозволено количество на алкохол од 0,67 промили алкохол во крвта. Освен ова, тој не го држел автомобилот во движење блиску до десниот раб на коловозот.   Кога дошол на критичното место, на околу 700 метри од местото викано „Кај чешмите“, со возилото преминал преку надолжната средишна неиспрекината линија на левата коловозна лента, гледано во насока на неговото движење. Во таа коловозна лента во спротивна насока, движејќи се од Ресен кон Битола, наидувало возило „Сеат Ароса“ со ресенски регистарски таблички во кое имало две лица.   При судар на двете возила оштетената – возач на автомобилот „Сеат Ароса“ се здобила со тешка телесна повреда од која веднаш починала, додека нејзиниот совозач се здобил со телесна повреда, се вели во соопштението на ОЈО Битола.
Надлежниот јавен обвинител уште при извршениот увид на лице место даде наредба за обдукција на телото на починатата и други наредби потребни за обезбедување на трагите и доказите. Основното јавно обвинителство Битола до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка куќен притвор за осомниченото лице, поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците и вештаците и можност да го повтори кривичното дело.

The post Имал пиено, па возел на средината на патот: Обвинение против возач за судирот на Ѓавато appeared first on Република.

]]>
Во тешка несреќа кај Ѓавато загина жена https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-teshka-nesreka-kaj-gavato-zagina-zhena/ Sun, 23 Apr 2023 17:55:32 +0000 https://republika.mk/?p=633326

Жена загина на лице место во тешката сообраќајна несреќа која се случила на 23 април, околу 14 часот на патот Битола – Ресен кај превојот Ѓавато во атарот на с.Ѓавато.

Како што информира МВР, во несреќата учествувале автомобил „сеат“ со ресенски регистарски ознаки управувано од И.А.(57) од Ресен и „мерцедес” со ресенски регистарски ознаки управуван од С. Ј.(52) од Ресен.

Во незгодата на лице место починала И.А.. Смртта ја констатирал доктор од итна медицинска помош.

Нејзиниот сопатник А.А.(56) од Ресен и возачот на другото возило се здобиле со лесни телесни повреди, велат од МВР.

Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

The post Во тешка несреќа кај Ѓавато загина жена appeared first on Република.

]]>

Жена загина на лице место во тешката сообраќајна несреќа која се случила на 23 април, околу 14 часот на патот Битола – Ресен кај превојот Ѓавато во атарот на с.Ѓавато. Како што информира МВР, во несреќата учествувале автомобил „сеат“ со ресенски регистарски ознаки управувано од И.А.(57) од Ресен и „мерцедес” со ресенски регистарски ознаки управуван од С. Ј.(52) од Ресен. Во незгодата на лице место починала И.А.. Смртта ја констатирал доктор од итна медицинска помош. Нејзиниот сопатник А.А.(56) од Ресен и возачот на другото возило се здобиле со лесни телесни повреди, велат од МВР. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

The post Во тешка несреќа кај Ѓавато загина жена appeared first on Република.

]]>
Магла на Ѓавато и на патниот правец Тетово-Попова Шапка https://republika.mk/zivot/servisi/magla-na-gavato-i-na-patniot-pravets-tetovo-popova-shapka/ Wed, 01 Mar 2023 07:56:42 +0000 https://republika.mk/?p=614444

Намалена видливост поради магла утринава има на планинскиот превој Ѓавато и на патниот правец Тетово-Попова Шапка.

Авто мото сојузот на Македонија информира дека видливоста на Ѓавато е до 50 метри, а на патниот правец Тетово-Попова Шапка од 60 до 70 метри.

Поради минирање за изградба на експресниот пат А2, делница Длабочица - Чатал денеска од 13 до 16 часот ќе има прекин на сообраќајот на потегот од село Ветуница до мостот на река Блидеш.

The post Магла на Ѓавато и на патниот правец Тетово-Попова Шапка appeared first on Република.

]]>

Намалена видливост поради магла утринава има на планинскиот превој Ѓавато и на патниот правец Тетово-Попова Шапка. Авто мото сојузот на Македонија информира дека видливоста на Ѓавато е до 50 метри, а на патниот правец Тетово-Попова Шапка од 60 до 70 метри. Поради минирање за изградба на експресниот пат А2, делница Длабочица - Чатал денеска од 13 до 16 часот ќе има прекин на сообраќајот на потегот од село Ветуница до мостот на река Блидеш.

The post Магла на Ѓавато и на патниот правец Тетово-Попова Шапка appeared first on Република.

]]>
Слаб снег во Маврово, на Ѓавато остатоци од кашест снег на коловозот https://republika.mk/zivot/servisi/slab-sneg-vo-mavrovo-na-gavato-ostatotsi-od-kashest-sneg-na-kolovozot/ Tue, 31 Jan 2023 12:32:03 +0000 https://republika.mk/?p=602975

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб снег се бележат во Маврово, а на планинскиот премин Ѓавато има остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“, но тие во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, информираат од АМСМ.

Оттаму посочуваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен,а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 

The post Слаб снег во Маврово, на Ѓавато остатоци од кашест снег на коловозот appeared first on Република.

]]>

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб снег се бележат во Маврово, а на планинскиот премин Ѓавато има остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“, но тие во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, информираат од АМСМ. Оттаму посочуваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен,а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.  

The post Слаб снег во Маврово, на Ѓавато остатоци од кашест снег на коловозот appeared first on Република.

]]>
Три лица се повредени во сообраќајка кај Ѓавато https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tri-lica-se-povredeni-vo-soobrakjajka-kaj-gjavato/ Wed, 02 Nov 2022 13:30:49 +0000 https://republika.mk/?p=568818

Три лица се повредени во сообраќајка кај Ѓавато.

Во СВР Битола вчера во 14:27 часот било пријавено дека на регионалниот пат Ѓавато – Тополчани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(20) од Прилеп и патничко моторно возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Љ.(67) село Славеј, општина Кривогаштани, соопшти полицијата.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.К.(57) од Прилеп, сопатничка во возилото „цитроен“, додека со телесни повреди се здобил возачот Д.Љ., констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

The post Три лица се повредени во сообраќајка кај Ѓавато appeared first on Република.

]]>

Три лица се повредени во сообраќајка кај Ѓавато. Во СВР Битола вчера во 14:27 часот било пријавено дека на регионалниот пат Ѓавато – Тополчани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(20) од Прилеп и патничко моторно возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Љ.(67) село Славеј, општина Кривогаштани, соопшти полицијата.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.К.(57) од Прилеп, сопатничка во возилото „цитроен“, додека со телесни повреди се здобил возачот Д.Љ., констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

The post Три лица се повредени во сообраќајка кај Ѓавато appeared first on Република.

]]>
Укината забраната за движење на камиони на Ѓавато https://republika.mk/zivot/servisi/ukinata-zabranata-za-dvizenje-na-kamioni-na-gjavato/ Sun, 27 Feb 2022 16:02:18 +0000 https://republika.mk/?p=464743

Од 14 часот е укината забраната за движење на тешки моторни возила на патниот правец Ресен-Битола, превој „Ѓавато“ и обратно, соопшти АМСМ.

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила беше воведена од 6:20 часот изутринава поради обилни врнежи од снег.

The post Укината забраната за движење на камиони на Ѓавато appeared first on Република.

]]>

Од 14 часот е укината забраната за движење на тешки моторни возила на патниот правец Ресен-Битола, превој „Ѓавато“ и обратно, соопшти АМСМ. Забраната за сообраќај за тешки товарни возила беше воведена од 6:20 часот изутринава поради обилни врнежи од снег.

The post Укината забраната за движење на камиони на Ѓавато appeared first on Република.

]]>
Забрана за тешки товарни возила на Ѓавато, Стража, Пресека, Маврово-Дебар https://republika.mk/zivot/servisi/zabrana-za-teshki-tovarni-vozila-na-gjavato-straza-preseka-mavrovo-debar/ Sun, 27 Feb 2022 10:25:32 +0000 https://republika.mk/?p=464633

Сообраќајот на државните патишта се одвивa по влажни коловози, на повисоките места во западните и југозападните делови од државата со остатоци на кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат.

Воведени се неколку забрани за сообраќај на тешки товарни возила.

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила е воведена од 6:20 часот изутринава на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато, поради обилни врнежи од снег, соопшти АМСМ.

Од синоќа во 00:40 часот поради врнежи од снег е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Од 03:00 часот изутринава поради обилни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.

Од 05:25 часот поради обилни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека.

„Стентон градба ДОО” известува за времена измена на режим на сообраќај на државен пат крак А1 ,делница Градско – Прилеп (Фариш-Прилеп), поточно после мостот на р. Раец кон Плетвар заради отпочнување со градежни активности утре во врска со проект Рехабилитација на државен пат А1,Делница Фариш-Прилеп и ќе трае во наредните 12 месеци. Поради изведување на градежните работи ќе има пренасочување на сообраќајот по две коловозни ленти, возачите треба да ја следат поставената патна сигнализација и да возат со намалена брзина при поминување на работната делница.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на 10 км пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови на возила, од 15.11.2021 до 01.04.2022. Од охридска страна, сообраќајот ќе се одвива до месноста Корита.

Од 15.11.2021 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска, како што потсетува АМСМ, ќе трае до 15.03.2022 година.

The post Забрана за тешки товарни возила на Ѓавато, Стража, Пресека, Маврово-Дебар appeared first on Република.

]]>

Сообраќајот на државните патишта се одвивa по влажни коловози, на повисоките места во западните и југозападните делови од државата со остатоци на кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат. Воведени се неколку забрани за сообраќај на тешки товарни возила. Забрана за сообраќај за тешки товарни возила е воведена од 6:20 часот изутринава на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато, поради обилни врнежи од снег, соопшти АМСМ. Од синоќа во 00:40 часот поради врнежи од снег е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар. Од 03:00 часот изутринава поради обилни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража. Од 05:25 часот поради обилни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека. „Стентон градба ДОО” известува за времена измена на режим на сообраќај на државен пат крак А1 ,делница Градско – Прилеп (Фариш-Прилеп), поточно после мостот на р. Раец кон Плетвар заради отпочнување со градежни активности утре во врска со проект Рехабилитација на државен пат А1,Делница Фариш-Прилеп и ќе трае во наредните 12 месеци. Поради изведување на градежните работи ќе има пренасочување на сообраќајот по две коловозни ленти, возачите треба да ја следат поставената патна сигнализација и да возат со намалена брзина при поминување на работната делница. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на 10 км пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење. Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови на возила, од 15.11.2021 до 01.04.2022. Од охридска страна, сообраќајот ќе се одвива до месноста Корита. Од 15.11.2021 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска, како што потсетува АМСМ, ќе трае до 15.03.2022 година.

The post Забрана за тешки товарни возила на Ѓавато, Стража, Пресека, Маврово-Дебар appeared first on Република.

]]>
Патниот правец Прилеп-Македонски брод непрооден, на Плетвар отежнато движење https://republika.mk/vesti/makedonija/patniot-pravec-prilep-makedonski-brod-neprooden-na-pletvar-oteznato-dvizenje/ Tue, 01 Feb 2022 18:05:06 +0000 https://republika.mk/?p=452634

Ноќта ќе биде тешка за оние кои ќе се движат по македонските патишта. Речиси сите патни правци се непроодни и неисчистени. Екипата на „Република“ беше на дел од нив и забележа дека наделжните од „Македонија“ повторно ги изненади снегот.

Најопасно е можеби на Плетвар каде возилата едвај се движат и каде е неопходна зимска опрема.Патниот правец Прилеп-Македонски брод е целосно непрооден. Непродно е и на велешко брдо.

Слично е и на Стража како и на делот од Крива Паланка кон Деве Баир како и на Ѓавато каде е забрането движење за тешки моторни возила.

Возачи внимавајате

 

 

https://republika.mk/vesti/makedonija/pletvar-straza-kriva-palanka-makedonija-blokirana-od-pet-santimetri-sneg-nadleznite-iznanadeni-na-prvi-fevruari/

The post Патниот правец Прилеп-Македонски брод непрооден, на Плетвар отежнато движење appeared first on Република.

]]>

Ноќта ќе биде тешка за оние кои ќе се движат по македонските патишта. Речиси сите патни правци се непроодни и неисчистени. Екипата на „Република“ беше на дел од нив и забележа дека наделжните од „Македонија“ повторно ги изненади снегот. Најопасно е можеби на Плетвар каде возилата едвај се движат и каде е неопходна зимска опрема.Патниот правец Прилеп-Македонски брод е целосно непрооден. Непродно е и на велешко брдо. Слично е и на Стража како и на делот од Крива Паланка кон Деве Баир како и на Ѓавато каде е забрането движење за тешки моторни возила. Возачи внимавајате     https://republika.mk/vesti/makedonija/pletvar-straza-kriva-palanka-makedonija-blokirana-od-pet-santimetri-sneg-nadleznite-iznanadeni-na-prvi-fevruari/

The post Патниот правец Прилеп-Македонски брод непрооден, на Плетвар отежнато движење appeared first on Република.

]]>
Стража и Ѓавато под снежна покривка, отежнат е сообраќајот https://republika.mk/zivot/servisi/straza-i-gjavato-pod-snezna-pokrivka-oteznat-e-soobrakjajot/ Tue, 01 Feb 2022 08:07:30 +0000 https://republika.mk/?p=452211

Утрово во поголем дел од државата паѓа снег и на неколку прваци е забранет сообраќајот за тешки товарни возила. На планинските превои Стража и Ѓавато непрестано паѓа снег и отежнат е сообраќајот.

Во 06:20 часот на потегот Маврово-Дебар и обратно, поради обилни врнежи на снег, воведена е забрана за движење на тешки моторни возила.

Во 07:45 часот се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила и на патниот правец Струга-Ќафасан.

The post Стража и Ѓавато под снежна покривка, отежнат е сообраќајот appeared first on Република.

]]>

Утрово во поголем дел од државата паѓа снег и на неколку прваци е забранет сообраќајот за тешки товарни возила. На планинските превои Стража и Ѓавато непрестано паѓа снег и отежнат е сообраќајот. Во 06:20 часот на потегот Маврово-Дебар и обратно, поради обилни врнежи на снег, воведена е забрана за движење на тешки моторни возила. Во 07:45 часот се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила и на патниот правец Струга-Ќафасан.

The post Стража и Ѓавато под снежна покривка, отежнат е сообраќајот appeared first on Република.

]]>
Укината забраната за камиони преку превојот Ѓавато и на патот Маврово-Дебар https://republika.mk/zivot/servisi/ukinata-zabranata-za-kamioni-preku-prevojot-gjavato-i-na-patot-mavrovo-debar/ Tue, 11 Jan 2022 08:02:27 +0000 https://republika.mk/?p=442918

На патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато од 08:20 часот е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила, соопшти АМСМ.

Претходно во 7 часот беше укината и забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.

АМСМ во утринскиот извештај за состојба на патиштата наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на повисоките места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Врнежи од снег со променлив интензитет има во Тетово, Ресен, Крушево и на планинските превои Буково и Ѓавато.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

The post Укината забраната за камиони преку превојот Ѓавато и на патот Маврово-Дебар appeared first on Република.

]]>

На патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато од 08:20 часот е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила, соопшти АМСМ. Претходно во 7 часот беше укината и забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар. АМСМ во утринскиот извештај за состојба на патиштата наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на повисоките места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Врнежи од снег со променлив интензитет има во Тетово, Ресен, Крушево и на планинските превои Буково и Ѓавато. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

The post Укината забраната за камиони преку превојот Ѓавато и на патот Маврово-Дебар appeared first on Република.

]]>