гинеколози Archives - Република https://republika.mk/tema/ginekolozi/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Dec 2022 15:14:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гинеколози Archives - Република https://republika.mk/tema/ginekolozi/ 32 32 Од први јануари се зголемува вредноста на капитациониот бод за матичните лекари, гинеколози и стоматолози https://republika.mk/vesti/makedonija/od-prvi-januari-se-zgolemuva-vrednosta-na-kapitatsioniot-bod-za-matichnite-lekari-ginekolozi-i-stomatolozi/ Tue, 27 Dec 2022 15:14:32 +0000 https://republika.mk/?p=590636

Oд први јануари 2023 година се зголемува вредноста на капитациониот бод за избраните лекари по општа медицина и гинекологија од 63,00 на 75,00 денари. За избраните лекари стоматолози капитациониот бод се зголемува од 48,00 на 61 денари, по прикрепено осигурено лице, соопшти Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ).

Ова зголемување, како што велат од ФЗОМ е резултат од разговорите и преговорите со Лекарската и Стоматолошката комора, а во насока на повисоко вреднување на трудот на избраните лекари и зголемување на квалитетот на пружените здравствени услуги на осигурените лица.

Одлуката за зголемување на капитациониот бод била донесена на последната седница на Управниот одбор, одржана на 26 декември 2022 година.

Заложбите на Фондот се во насока на унапредување на статусот на избраните лекари во примарната здравствена заштита и потребата од нивно поголемо ангажирање во спроведувањето на претстојните реформи во ПЗЗ.

Поради тоа, зголемувањето на капитациониот бод има за цел да поттикне пружање повеќе здравствени услуги на примарно ниво, а со тоа намалување на бројот на упатувања на повисоко ниво на здравствена заштита, како и да поттикне и обезбеди подобрување на превенцијата со навремено откривање, спречување и сузбивање на незаразни заболувања кај населението во нашата држава, велат од ФЗОМ.

The post Од први јануари се зголемува вредноста на капитациониот бод за матичните лекари, гинеколози и стоматолози appeared first on Република.

]]>

Oд први јануари 2023 година се зголемува вредноста на капитациониот бод за избраните лекари по општа медицина и гинекологија од 63,00 на 75,00 денари. За избраните лекари стоматолози капитациониот бод се зголемува од 48,00 на 61 денари, по прикрепено осигурено лице, соопшти Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ). Ова зголемување, како што велат од ФЗОМ е резултат од разговорите и преговорите со Лекарската и Стоматолошката комора, а во насока на повисоко вреднување на трудот на избраните лекари и зголемување на квалитетот на пружените здравствени услуги на осигурените лица. Одлуката за зголемување на капитациониот бод била донесена на последната седница на Управниот одбор, одржана на 26 декември 2022 година. Заложбите на Фондот се во насока на унапредување на статусот на избраните лекари во примарната здравствена заштита и потребата од нивно поголемо ангажирање во спроведувањето на претстојните реформи во ПЗЗ.
Поради тоа, зголемувањето на капитациониот бод има за цел да поттикне пружање повеќе здравствени услуги на примарно ниво, а со тоа намалување на бројот на упатувања на повисоко ниво на здравствена заштита, како и да поттикне и обезбеди подобрување на превенцијата со навремено откривање, спречување и сузбивање на незаразни заболувања кај населението во нашата држава, велат од ФЗОМ.
 
The post Од први јануари се зголемува вредноста на капитациониот бод за матичните лекари, гинеколози и стоматолози appeared first on Република.

]]>
За смрт на новороденче обвинение против двајца битолски гинеколози https://republika.mk/vesti/crna-hronika/za-smrt-na-novorodenche-obvinenie-protiv-dvajca-bitolski-ginekolozi/ Wed, 15 Jun 2022 07:37:23 +0000 https://republika.mk/?p=515338

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола по спроведена претходна постапка поднесе обвинителен предлог против две лица за кривично дело „тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 1 и 3 од Кривичниот законик“.

Како што информира ОЈО, обвинетите, како лекари – специјалисти по гинекологија и акушерство вработени во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола, несовесно постапувале при укажување лекарска помош – породување на пациентка родилка од село Смилево, Општина Демир Хисар, поради што настапила смрт на новороденчето.

Родилката била примена за породување на 12.10.2019 година околу 17:00 часот во Одделот за гинекологија и акушерство при Клиничка болница Битола, каде дежурни лекари биле обвинетите. Тие не ја следеле и навремено не ги регистрирале промените во здравствената состојба кај родилката. Иако сите промени во здравствената состојба на родилката претставувале апсолутен показател дека здравјето и животот на плодот е во опасност заради недоволен доток на кислород, што, пак, претставува индикација за итен царски рез, обвинетите лекари не ја презеле оваа интервенција благовремено. Поради продолженото породување и доцнењето од најмалку пет часа од појавата на индикациите за итен царски рез, интензитетот на страдањето кај плодот се зголемувал. Интервенцијата кај родилката била извршена околу 06:30 часот на 13.10.2019 година, при што се родил плод – женско дете со родилна тежина од 3.550 грама и должина од 48 сантиметри во многу лоша состојба, кое починало за кратко време по породувањето заради кислородното страдање во утробата, соопшти ОЈО.

The post За смрт на новороденче обвинение против двајца битолски гинеколози appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола по спроведена претходна постапка поднесе обвинителен предлог против две лица за кривично дело „тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 1 и 3 од Кривичниот законик“. Како што информира ОЈО, обвинетите, како лекари – специјалисти по гинекологија и акушерство вработени во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола, несовесно постапувале при укажување лекарска помош – породување на пациентка родилка од село Смилево, Општина Демир Хисар, поради што настапила смрт на новороденчето.