гинекологија Archives - Република https://republika.mk/tema/ginekologija/ За подобро да се разбереме Thu, 30 May 2024 08:35:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гинекологија Archives - Република https://republika.mk/tema/ginekologija/ 32 32 Без вода Гинекологија Чаир https://republika.mk/zivot/servisi/bez-voda-ginekologija-chair/ Thu, 30 May 2024 08:35:33 +0000 https://republika.mk/?p=783057

Поради уличен дефект ф-1 на ул. „Дижонска“ 36, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Дижонска“, „Кримска“ и „7-ми Јули“, вклучително и Гинеколошко-акушерска болница „Чаир“.

ЈП Водовод и канализација - Скопје информира дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.

 

The post Без вода Гинекологија Чаир appeared first on Република.

]]>

Поради уличен дефект ф-1 на ул. „Дижонска“ 36, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Дижонска“, „Кримска“ и „7-ми Јули“, вклучително и Гинеколошко-акушерска болница „Чаир“. ЈП Водовод и канализација - Скопје информира дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.  

The post Без вода Гинекологија Чаир appeared first on Република.

]]>
Драма на скопска Гинекологија: Вработен нападнал 70-годишен маж https://republika.mk/vesti/crna-hronika/drama-na-skopska-ginekologija-vraboten-napadnal-70-godishen-mazh/ Fri, 05 Jan 2024 16:04:29 +0000 https://republika.mk/?p=730160

На 04.01.2024 во 08:50 часот во СВР Скопје, А.Б.(70) од Скопје пријавил дека на Клиниката за гинекологија и акушерство во Комплексот клиники „Мајка Тереза“– Скопје, по претходна расправија со А.В.(30) и А.З.(27), вработени како обезбедување, А.В. му се заканил со остар предмет и физички го нападнал.

Извршен е службен разговор и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Драма на скопска Гинекологија: Вработен нападнал 70-годишен маж appeared first on Република.

]]>

На 04.01.2024 во 08:50 часот во СВР Скопје, А.Б.(70) од Скопје пријавил дека на Клиниката за гинекологија и акушерство во Комплексот клиники „Мајка Тереза“– Скопје, по претходна расправија со А.В.(30) и А.З.(27), вработени како обезбедување, А.В. му се заканил со остар предмет и физички го нападнал. Извршен е службен разговор и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Драма на скопска Гинекологија: Вработен нападнал 70-годишен маж appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Два скандали на Гинекологија за краток период, разрешница нема, власта на СДС и ДУИ се гуши од скандали https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-dva-skandali-na-ginekologija-za-kratok-period-razreshnitsa-nema-vlasta-na-sds-i-dui-se-gushi-od-skandali/ Wed, 27 Dec 2023 08:06:51 +0000 https://republika.mk/?p=726974

Власта предводена од СДС и ДУИ за седум години власт во здравството само уништуваа и тоа буквално се. СДС и ДУИ само растураат и го гледаат само сопствениот интерес. Инвестиција немаше речиси никаква ниту во медицински кадар, ниту опрема, ниту инфраструктура, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Цената за оваа негрижа ја плаќаат граѓаните. Особено скапо чини негрижата за постоечкиот медицински кадар, неинвестирање во нов медицински кадар. Дополнително, особено голем проблем е водењето грижа менаџерите да бидат исклучиво партиски лица без докажан минат труд. Поради ова вчера бевме сведоци на два ужасни случаи. Еден се случил, пред околу 10 дена скопската Клиника за гинекологија и акушерство. На новороденче му е исечен прстот од страна на акушерка вработена во Клиниката, но по реакција санирана е повредата. Акушерката била дадена на Дисциплинска комисија и била изречена максимална казна според Законот за здравствена заштита и промена на работното место. Другиот случај за кој беше информирана јавноста се случил пред четири месеци на истата Клиника. На Клиниката била примена пациентка со проблеми во бременоста, а по 6 дена хоспитализација бебето починува во нејзината утроба. Потоа, по низа на операции по два месеци починува и мајката на бебето. Иако е поминато подолго време, уште се чека потврда од обдукцискиот и од хистопатолошкиот наод, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Власта на СДС и ДУИ се гуши во скандали. Потребен е рестарт на здравствениот систем час поскоро, додаваат од опозициската партија.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Два скандали на Гинекологија за краток период, разрешница нема, власта на СДС и ДУИ се гуши од скандали appeared first on Република.

]]>

Власта предводена од СДС и ДУИ за седум години власт во здравството само уништуваа и тоа буквално се. СДС и ДУИ само растураат и го гледаат само сопствениот интерес. Инвестиција немаше речиси никаква ниту во медицински кадар, ниту опрема, ниту инфраструктура, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. -Цената за оваа негрижа ја плаќаат граѓаните. Особено скапо чини негрижата за постоечкиот медицински кадар, неинвестирање во нов медицински кадар. Дополнително, особено голем проблем е водењето грижа менаџерите да бидат исклучиво партиски лица без докажан минат труд. Поради ова вчера бевме сведоци на два ужасни случаи. Еден се случил, пред околу 10 дена скопската Клиника за гинекологија и акушерство. На новороденче му е исечен прстот од страна на акушерка вработена во Клиниката, но по реакција санирана е повредата. Акушерката била дадена на Дисциплинска комисија и била изречена максимална казна според Законот за здравствена заштита и промена на работното место. Другиот случај за кој беше информирана јавноста се случил пред четири месеци на истата Клиника. На Клиниката била примена пациентка со проблеми во бременоста, а по 6 дена хоспитализација бебето починува во нејзината утроба. Потоа, по низа на операции по два месеци починува и мајката на бебето. Иако е поминато подолго време, уште се чека потврда од обдукцискиот и од хистопатолошкиот наод, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Власта на СДС и ДУИ се гуши во скандали. Потребен е рестарт на здравствениот систем час поскоро, додаваат од опозициската партија.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Два скандали на Гинекологија за краток период, разрешница нема, власта на СДС и ДУИ се гуши од скандали appeared first on Република.

]]>
Најчесто рак на грлото на матката: Драстичен пораст на случаи на канцер на Гинеколошкото одделение во Кочани https://republika.mk/vesti/makedonija/najchesto-rak-na-grloto-na-matkata-drastichen-porast-na-sluchai-na-kantser-na-ginekoloshkoto-oddelenie-vo-kochani/ Thu, 05 Oct 2023 14:29:10 +0000 https://republika.mk/?p=688273

Гинеколошкото одделение при Општата болница во Кочани регистрирало драстичен пораст на бројот на канцерогени случаи и алармира за подигање на јавната свест кај женската популација за редовни превентивни прегледи.

Од јануари до септември годинава во евиденцијата се забележани девет случаи на канцер, главно на грлото на матката, при што еден случај е сериозен и неоперабилен.

Практично секој месец евидентираме по еден случај со канцерогени симптоми, а најчесто пациентките на лекарски преглед доаѓаат откако ќе забележат здравствени промени. Ако продолжи таквиот тренд, до крајот на годината ќе има зголемување на случаите за трипати во споредба со лани. Пациентките се од различни генерации, најчесто околу 50-годишна возраст, но има и помлади. Поради тоа упатувам апел за навремено и редовно јавување на преглед заради заштита од евентуални несакани последици, истакнува специјалистот Илчо Атанасовски, гинеколог во Општата болница во Кочани.

Болницата има соодветни услови за прегледи, а се прават напори за подигање на квалитетот на здравствената заштита.

Располагаме со нов 4Д ехо апарат што го имаат и посовремените болници. На гинеколошко-акушерското одделение не се водат само раѓањата, туку за деветте месеци имаме и околу две илјади прегледи. Реализирани се и 180 хоспитализации на пациентки и тие се задоволни од условите и услугите, истакнува Атанасовски.

Во апелот за редовни прегледи тој потсетува дека од минатата година постои можност преку интернет платформата e-zdravstvo.mk да се направи електронска регистрација за ПАП тест на секоја жена.

Според евиденцијата на здравствените установи, секоја година во државата се регистрираат по 150 нови случаи со рак на грлото на матката, а има по околу 50 смртни случаи како последица од ова заболување.

The post Најчесто рак на грлото на матката: Драстичен пораст на случаи на канцер на Гинеколошкото одделение во Кочани appeared first on Република.

]]>

Гинеколошкото одделение при Општата болница во Кочани регистрирало драстичен пораст на бројот на канцерогени случаи и алармира за подигање на јавната свест кај женската популација за редовни превентивни прегледи. Од јануари до септември годинава во евиденцијата се забележани девет случаи на канцер, главно на грлото на матката, при што еден случај е сериозен и неоперабилен.
Практично секој месец евидентираме по еден случај со канцерогени симптоми, а најчесто пациентките на лекарски преглед доаѓаат откако ќе забележат здравствени промени. Ако продолжи таквиот тренд, до крајот на годината ќе има зголемување на случаите за трипати во споредба со лани. Пациентките се од различни генерации, најчесто околу 50-годишна возраст, но има и помлади. Поради тоа упатувам апел за навремено и редовно јавување на преглед заради заштита од евентуални несакани последици, истакнува специјалистот Илчо Атанасовски, гинеколог во Општата болница во Кочани.
Болницата има соодветни услови за прегледи, а се прават напори за подигање на квалитетот на здравствената заштита.
Располагаме со нов 4Д ехо апарат што го имаат и посовремените болници. На гинеколошко-акушерското одделение не се водат само раѓањата, туку за деветте месеци имаме и околу две илјади прегледи. Реализирани се и 180 хоспитализации на пациентки и тие се задоволни од условите и услугите, истакнува Атанасовски.
Во апелот за редовни прегледи тој потсетува дека од минатата година постои можност преку интернет платформата e-zdravstvo.mk да се направи електронска регистрација за ПАП тест на секоја жена. Според евиденцијата на здравствените установи, секоја година во државата се регистрираат по 150 нови случаи со рак на грлото на матката, а има по околу 50 смртни случаи како последица од ова заболување.

The post Најчесто рак на грлото на матката: Драстичен пораст на случаи на канцер на Гинеколошкото одделение во Кочани appeared first on Република.

]]>
Почина родилката на ГАК https://republika.mk/vesti/makedonija/pochina-rodilkata-na-gak/ Sat, 15 Jul 2023 06:51:37 +0000 https://republika.mk/?p=661536

Почина 39-годишната родилка која пред две недели скокна од прозорец од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Според информациите таа починала синоќа околу 21 часот. Лекарите се обиделе да ја реанимираат, но безуспешно.

Родилката била донесена во ГАК во 36-та недела од бременоста, и за само 14 минути потоа била породена со царски рез. Се породи на крајот на јини, а на 2 јули се обиде да си го одземе животот

Бебето е во добра состојба. Детето на родилката ѝ било прво и станувало збор за посакувана бременост.

Поради трагичниот настан, беше испратена и инспекција на клиниката. Од самата клиника рекоа дека не можат херметички да ги затвораат просториите и дека и психолозите не советуваат да не се остават отворени прозорци.

The post Почина родилката на ГАК appeared first on Република.

]]>

Почина 39-годишната родилка која пред две недели скокна од прозорец од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Според информациите таа починала синоќа околу 21 часот. Лекарите се обиделе да ја реанимираат, но безуспешно. Родилката била донесена во ГАК во 36-та недела од бременоста, и за само 14 минути потоа била породена со царски рез. Се породи на крајот на јини, а на 2 јули се обиде да си го одземе животот Бебето е во добра состојба. Детето на родилката ѝ било прво и станувало збор за посакувана бременост. Поради трагичниот настан, беше испратена и инспекција на клиниката. Од самата клиника рекоа дека не можат херметички да ги затвораат просториите и дека и психолозите не советуваат да не се остават отворени прозорци.

The post Почина родилката на ГАК appeared first on Република.

]]>
Две машки, две женски: На ГАК во новогодишната ноќ се родиле четири бебиња https://republika.mk/vesti/makedonija/dve-mashki-dve-zhenski-na-gak-vo-novogodishnata-nok-se-rodile-chetiri-bebina/ Sun, 01 Jan 2023 10:37:16 +0000 https://republika.mk/?p=592453

Во текот на новогодишната ноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје се родиле четири бебиња. Првото бебе е машко и се роди една минута по полноќ, по што на свет дошле уште едно машко и две женски бебиња.

Директорката на ГАК Викторија Јовановска соопшти дека породувањето за првото бебе е направено со царски рез.

Една минута по 12 се породи пацинетка и донесе на свет живо и здраво мако детенце, тешко 3.720 грама со 51 сантиметар. Мајката е првородка со повеќе ризици препратена тука од Кочани на клиника и е завршена со царски рез. По 12 часот се родија уште три бебиња и имаме две машки и две женски, изјави Јовановска.

https://republika.mk/vesti/makedonija/prvoto-bebe-vo-2023-godina-e-kochanchanche-rodeno-vo-skopje/

Министрите за здравство Беким Сали и за труд и социјална политика Јована Тренчевска изутрина го посетија првото бебе и му подарија златник, а на родителите им честитаа за првата рожба.

Сали порача дека се надева оти целата година, како што рече, ќе ни биде здрава. Се заблагодари и за ангажманот на здравствените работници кои дале се од себе во изминатиот период да профункционира здравствениот систем.

Среќни сме што годината ја почнавме со убава приказна, здраво машко дете и се надевам дека така здраво ќе ни помине целата година. Сакам да се заблагодарам на сите граѓани, а секако и на сите здравствени работници кои изминатиот период дадоа се од себе да профункционира здравствениот систем и се надевам дека така ќе продолжиме, најпрвин чувајќи го личното здравје и давајќи придонес за здравјето на сите граѓани и оваа година да ја поминеме така, изјави Сали.

Министерката Тренчевска во име Министерство за труд и социјална политика на првороденото бебе традиционално му подари златник и упати честитки за Новата година, со желба за здравје, среќа и љубов во секој дом.

Како МТСП ја продолжуваме традицијата и на првото родено дете во Новата година му подаруваме златник. Така и оваа година, ни се роди здраво машко дете. Им честитаме на среќните родители на кои им е прва рожба. Им посакуваме многу здравје, живо и здраво да им е детето и само радости да им носи, изјави Тренчевска.

 

The post Две машки, две женски: На ГАК во новогодишната ноќ се родиле четири бебиња appeared first on Република.

]]>

Во текот на новогодишната ноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје се родиле четири бебиња. Првото бебе е машко и се роди една минута по полноќ, по што на свет дошле уште едно машко и две женски бебиња. Директорката на ГАК Викторија Јовановска соопшти дека породувањето за првото бебе е направено со царски рез.
Една минута по 12 се породи пацинетка и донесе на свет живо и здраво мако детенце, тешко 3.720 грама со 51 сантиметар. Мајката е првородка со повеќе ризици препратена тука од Кочани на клиника и е завршена со царски рез. По 12 часот се родија уште три бебиња и имаме две машки и две женски, изјави Јовановска.
https://republika.mk/vesti/makedonija/prvoto-bebe-vo-2023-godina-e-kochanchanche-rodeno-vo-skopje/ Министрите за здравство Беким Сали и за труд и социјална политика Јована Тренчевска изутрина го посетија првото бебе и му подарија златник, а на родителите им честитаа за првата рожба. Сали порача дека се надева оти целата година, како што рече, ќе ни биде здрава. Се заблагодари и за ангажманот на здравствените работници кои дале се од себе во изминатиот период да профункционира здравствениот систем.
Среќни сме што годината ја почнавме со убава приказна, здраво машко дете и се надевам дека така здраво ќе ни помине целата година. Сакам да се заблагодарам на сите граѓани, а секако и на сите здравствени работници кои изминатиот период дадоа се од себе да профункционира здравствениот систем и се надевам дека така ќе продолжиме, најпрвин чувајќи го личното здравје и давајќи придонес за здравјето на сите граѓани и оваа година да ја поминеме така, изјави Сали.
Министерката Тренчевска во име Министерство за труд и социјална политика на првороденото бебе традиционално му подари златник и упати честитки за Новата година, со желба за здравје, среќа и љубов во секој дом.
Како МТСП ја продолжуваме традицијата и на првото родено дете во Новата година му подаруваме златник. Така и оваа година, ни се роди здраво машко дете. Им честитаме на среќните родители на кои им е прва рожба. Им посакуваме многу здравје, живо и здраво да им е детето и само радости да им носи, изјави Тренчевска.
 

The post Две машки, две женски: На ГАК во новогодишната ноќ се родиле четири бебиња appeared first on Република.

]]>
Во Новата година роденo е бебе во Ковид-центарот од мајка позитивна на корона https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-novata-godina-rodeno-e-bebe-vo-kovid-centarot-od-majka-pozitivna-na-korona/ Sat, 01 Jan 2022 11:00:35 +0000 https://republika.mk/?p=439261

Првото бебе родено годинава е машко и е четврто во семејството на Сузана и Горан Стошиќ. Родено е во првата минута од новата година и тежи 3 килограми и 70 грама, долго 50 сантиметри, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој информира и за другите настани за време на новогодишната прослава.

Филипче соопшти дека се родени уште две бебиња, едно во 00:02 часот, додека другото бебе во 5 часот наутро е родено во Ковид-центарот, од мајка која е позитивна на корона вирусот.

Посакувам да биде здраво успешно бебе. Има 3 килограми и 70 грама, долго е 50 сантиметри. Родено во првата минута веднаш по полноќ, а во втората минута се роди уште едно бебе. Првото со спонтано породување, второто со цезареа и е женско бебе, 3 килограми и 50 грама, 50 сантиметри и е прво бебе на мајката Симона Петровска. И тоа посакувам да е здраво, понатаму во животот да биде успешно.

 

Има уште едно бебе родено утрово околу 5 часот наутро во ковид центарот, тоа е мајка која е позитивна на ковид. Породувањето поминало без никакви проблеми и тоа бебе и мајката се добри - информира Филипче.

Директорката на ЈЗУ Клиниката за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска соопшти дека сите деца породени после полноќ се добри, вклучувајќи го и тоа бебе кое што утрово се роди во ковид-центарот.

По ова како ја поминавме ноќта се се чини дека годината ќе ни биде одлична. Сите деца породени после полноќ се добри вклучувајќи го и тоа бебе кое што утрово се роди во ковид центарот. Исто така и мајката е добра спонтано породена инабрзо ќе замине дома. Двете бебиња коишто се родени едното во 0 часот и една минута е машко, второто е женско бебе во 0 и 2 минути. Првото е спонтано породено, второто е со царски рез. И мајките и бебињата се добри. Се чини дека оваа година ќе ни биде добра и конечно ќе заврши оваа пандемија па ќе можеме слободно да живееме - изјави Јовановска.

Министерот Филипче информира дека на Клиниката за токсикологија примени се 17 пациетни, од кои 11 се примени заради состојба на алкохолизираност.

Во службата за Итна медицинска помош имало околу 50 повици, во најголем случаи заради пациенти ко се алкохолизирани, помалку пациенти повредени во физичка пресметка и неколку помали и една посериозна сообраќајна несреќа.

The post Во Новата година роденo е бебе во Ковид-центарот од мајка позитивна на корона appeared first on Република.

]]>

Првото бебе родено годинава е машко и е четврто во семејството на Сузана и Горан Стошиќ. Родено е во првата минута од новата година и тежи 3 килограми и 70 грама, долго 50 сантиметри, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој информира и за другите настани за време на новогодишната прослава. Филипче соопшти дека се родени уште две бебиња, едно во 00:02 часот, додека другото бебе во 5 часот наутро е родено во Ковид-центарот, од мајка која е позитивна на корона вирусот.
Посакувам да биде здраво успешно бебе. Има 3 килограми и 70 грама, долго е 50 сантиметри. Родено во првата минута веднаш по полноќ, а во втората минута се роди уште едно бебе. Првото со спонтано породување, второто со цезареа и е женско бебе, 3 килограми и 50 грама, 50 сантиметри и е прво бебе на мајката Симона Петровска. И тоа посакувам да е здраво, понатаму во животот да биде успешно.   Има уште едно бебе родено утрово околу 5 часот наутро во ковид центарот, тоа е мајка која е позитивна на ковид. Породувањето поминало без никакви проблеми и тоа бебе и мајката се добри - информира Филипче.
Директорката на ЈЗУ Клиниката за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска соопшти дека сите деца породени после полноќ се добри, вклучувајќи го и тоа бебе кое што утрово се роди во ковид-центарот.
По ова како ја поминавме ноќта се се чини дека годината ќе ни биде одлична. Сите деца породени после полноќ се добри вклучувајќи го и тоа бебе кое што утрово се роди во ковид центарот. Исто така и мајката е добра спонтано породена инабрзо ќе замине дома. Двете бебиња коишто се родени едното во 0 часот и една минута е машко, второто е женско бебе во 0 и 2 минути. Првото е спонтано породено, второто е со царски рез. И мајките и бебињата се добри. Се чини дека оваа година ќе ни биде добра и конечно ќе заврши оваа пандемија па ќе можеме слободно да живееме - изјави Јовановска.
Министерот Филипче информира дека на Клиниката за токсикологија примени се 17 пациетни, од кои 11 се примени заради состојба на алкохолизираност. Во службата за Итна медицинска помош имало околу 50 повици, во најголем случаи заради пациенти ко се алкохолизирани, помалку пациенти повредени во физичка пресметка и неколку помали и една посериозна сообраќајна несреќа.

The post Во Новата година роденo е бебе во Ковид-центарот од мајка позитивна на корона appeared first on Република.

]]>