гинеколог Archives - Република https://republika.mk/tema/ginekolog/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Oct 2024 15:26:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гинеколог Archives - Република https://republika.mk/tema/ginekolog/ 32 32 Лекарка предупредува на знак за менопауза за кој ретко се зборува: Задолжително кажете му на вашиот лекар https://republika.mk/intima/lekarka-predupreduva-na-znak-za-menopauza-za-koj-retko-se-zboruva-zadolzhitelno-kazhete-mu-na-vashiot-lekar/ Tue, 08 Oct 2024 17:48:17 +0000 https://republika.mk/?p=819206

Познато е дека менопаузата носи бројни промени во телото на жената. Топли бранови, промени во расположението, зголемување на телесната тежина и проблеми со спиењето се само некои од вообичаените симптоми на менопаузата што ги доживуваат многу жени.

Иако овие симптоми се нормални, важно е да разговарате за нив со вашиот лекар.

Менопаузата носи големи хормонални промени, првенствено поради губењето на естрогенот, кој има големо влијание врз целото тело, објаснува гинекологот д-р Џејми Сајмон.

Д-р Сајмон нагласува дека естрогенот игра клучна улога во многу телесни функции, па кога нивото на естроген опаѓа, жените доживуваат широк спектар на промени. Еден од симптомите на кој многу жени не обрнуваат внимание или не го спомнуваат на својот лекар е сувоста во интимната зона.

Вагиналната сувост често се поврзува со намалување на нивото на естроген, но може да укаже и на други здравствени проблеми, додава д-р Сајмон.

Затоа, важно е да го информирате вашиот лекар за овој симптом со цел да се исклучат други можни причини.

Покрај менопаузата, други можни причини за овој симптом вклучуваат дијабетес, Сјогренов синдром (автоимуна болест која предизвикува сувост на целото тело), ​​одредени видови на хормонална контрацепција, одредени лекови (вклучувајќи антидепресиви и антихистаминици) и третман на рак.

The post Лекарка предупредува на знак за менопауза за кој ретко се зборува: Задолжително кажете му на вашиот лекар appeared first on Република.

]]>

Познато е дека менопаузата носи бројни промени во телото на жената. Топли бранови, промени во расположението, зголемување на телесната тежина и проблеми со спиењето се само некои од вообичаените симптоми на менопаузата што ги доживуваат многу жени. Иако овие симптоми се нормални, важно е да разговарате за нив со вашиот лекар.
Менопаузата носи големи хормонални промени, првенствено поради губењето на естрогенот, кој има големо влијание врз целото тело, објаснува гинекологот д-р Џејми Сајмон.
Д-р Сајмон нагласува дека естрогенот игра клучна улога во многу телесни функции, па кога нивото на естроген опаѓа, жените доживуваат широк спектар на промени. Еден од симптомите на кој многу жени не обрнуваат внимание или не го спомнуваат на својот лекар е сувоста во интимната зона.
Вагиналната сувост често се поврзува со намалување на нивото на естроген, но може да укаже и на други здравствени проблеми, додава д-р Сајмон.
Затоа, важно е да го информирате вашиот лекар за овој симптом со цел да се исклучат други можни причини. Покрај менопаузата, други можни причини за овој симптом вклучуваат дијабетес, Сјогренов синдром (автоимуна болест која предизвикува сувост на целото тело), ​​одредени видови на хормонална контрацепција, одредени лекови (вклучувајќи антидепресиви и антихистаминици) и третман на рак.

The post Лекарка предупредува на знак за менопауза за кој ретко се зборува: Задолжително кажете му на вашиот лекар appeared first on Република.

]]>
Како до подобри интимни односи во средовечните години, советува д-р Милојевиќ https://republika.mk/intima/kako-do-podobri-intimni-odnosi-vo-sredovechnite-godini-sovetuva-d-r-milojevik/ Sat, 20 Jul 2024 20:29:47 +0000 https://republika.mk/?p=790133

Одредени студии покажуваат дека жените и мажите во средовеќни години не се возбудуваат сексуално толку лесно. Главните виновници за ова се менопаузата, машкиот и женски климактериум, либидото, како и физичката неактивност. Меѓутоа, работите можат да се сменат кога се во прашање интимните врски, рече гинекологот Дејана Милојевиќ зборувајќи за подобувањето на интимните односи во средните години на гостување на ТВ Прва.

Таа потенцира дека менопаузата постои и кај мажите и кај жените, односно тоа е периодот кога се јавува дисфункција на хормоните, односно нивно опаѓање.

Всушност, ние сме она што од нас го прават нашите хормони. Затоа треба да правиме нешто за нашата благосостојба, она што ни ги лачи хормоните на среќа, пример слушање музика и пешачење. Доволно е секој ден да попешачиме одредено растојание за хормонот на среќата да има одредена динамика во своето лачење и некако да го балансира хормоналниот милје, предлага гинекологот.

Според Милојевиќ, сексуалноста е когнитивно искуство, а физичката активност, квалитетниот сон и животот без стрес и тоа како влијаат на нивото на хормоните. Потенцира дека сексуалниот апетит може да се подобри со физичка активност.

Кога станува збор за женскиот хормон, естрогенот, доктор Милојевиќ откри како можеме да го „вратиме“.

На прво место, можеме да го измериме и да разбереме на кој аспект од нашиот живот најмногу ни влијае неговото немање, дали се работи за сексуалната активност, вазомоторните симптоми, промените во расположението... Кога знаеме како тие влијаат на нас, полесно можеме да примениме одредена техниката на нивното нормално функционирање, советува докторката.

The post Како до подобри интимни односи во средовечните години, советува д-р Милојевиќ appeared first on Република.

]]>

Одредени студии покажуваат дека жените и мажите во средовеќни години не се возбудуваат сексуално толку лесно. Главните виновници за ова се менопаузата, машкиот и женски климактериум, либидото, како и физичката неактивност. Меѓутоа, работите можат да се сменат кога се во прашање интимните врски, рече гинекологот Дејана Милојевиќ зборувајќи за подобувањето на интимните односи во средните години на гостување на ТВ Прва.
Таа потенцира дека менопаузата постои и кај мажите и кај жените, односно тоа е периодот кога се јавува дисфункција на хормоните, односно нивно опаѓање.
Всушност, ние сме она што од нас го прават нашите хормони. Затоа треба да правиме нешто за нашата благосостојба, она што ни ги лачи хормоните на среќа, пример слушање музика и пешачење. Доволно е секој ден да попешачиме одредено растојание за хормонот на среќата да има одредена динамика во своето лачење и некако да го балансира хормоналниот милје, предлага гинекологот.
Според Милојевиќ, сексуалноста е когнитивно искуство, а физичката активност, квалитетниот сон и животот без стрес и тоа како влијаат на нивото на хормоните. Потенцира дека сексуалниот апетит може да се подобри со физичка активност. Кога станува збор за женскиот хормон, естрогенот, доктор Милојевиќ откри како можеме да го „вратиме“.
На прво место, можеме да го измериме и да разбереме на кој аспект од нашиот живот најмногу ни влијае неговото немање, дали се работи за сексуалната активност, вазомоторните симптоми, промените во расположението... Кога знаеме како тие влијаат на нас, полесно можеме да примениме одредена техниката на нивното нормално функционирање, советува докторката.
 
The post Како до подобри интимни односи во средовечните години, советува д-р Милојевиќ appeared first on Република.

]]>
Граѓанките на Македонија немаат навика да одат на гинеколог https://republika.mk/zivot/zdravje/gragankite-na-makedonija-nemaat-navika-da-odat-na-ginekolog/ Sun, 16 Jun 2024 07:40:55 +0000 https://republika.mk/?p=788028

Превентивните гинеколошки прегледи се клучни за женското репродуктивно здравје. Но, податоци од здравствени институции и здруженија покажуваат дека не е мал бројот на жени во нашава држава кои немаат избрано матичен гинеколог и на оние, кои подолг период не посетиле гинеколог.

Здравствените работници во државава се едногласни дека е потребно да се подигне свеста по ова прашање и да се зголеми бројот на работилници и едукации во училиштата, кога станува збор за женското здравје.

Податоците од годишниот извештај на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) за 2022 година говорат дека бројот на жени, без избран матичен гинеколог, а со здравствено осигурување, е околу 260.000, а бројот на оние без здравствено осигурување и без избран матичен гинеколог, околу 134.000 лица. Доколку се земе предвид дека во земјава 50,4 отсто од активното попишано население се женски лица, тогаш бројот на жени со здравствено осигурување, а без избран матичен гинеколог, изнесува околу 28 проценти.

Професор доктор Глигор Тофоски, претседател на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО) во изјава за МИА потврди дека слични бројки има и во спроведените анкети од Асоцијацијата.

- Само 33 проценти од анкетираните жени во неколку општини од нашата држава, практикуваат редовни гинеколошки прегледи на една година. Повеќе од 30 отсто не го посетиле својот матичен гинеколог подолго од три години, а дури 25 проценти немаат избрано свој матичен гинеколог, делумно заради тоа што во општините каде живеат немаат достапен матичен гинеколог, или истиот заминал во пензија/починал и оттогаш не побарале нов, а делумно и заради стравот, незаинтересираноста и неинформираноста за значењето на редовните гинеколошки прегледи, подвлече тој за МИА.

Според податоците на ФЗО за лани, во текот на 2023 година, примарна здравствена заштита на осигурениците обезбедувале вкупно 161 гинеколог. Во споредба со претходната година, бројот на гинеколози е зголемен за двајца лекари. Најголем број гинеколози има во Скопскиот регион - 56 лекари, додека најмал е бројот во Североисточниот регион со 12 гинеколози. Во 2023 година склучени се вкупно 142 договори во примарната здравствена заштита за гинекологија.

Дополнително, во 2024 година, појаснуваат од Фондот за МИА, склучени се уште два договора, едниот во Неготино, а другиот во Скопје. И двете ПЗУ имаат по еден тим.

Во општина Шуто Оризари работи само еден гинеколог, а бројот на жени во репродуктивен период е околу 8.000, според достапните податоци.

Доктор Ламбе Крстески, специјалист гинеколог - акушер во Гинеколошко - акушерската ординација ПЗУ „Мајка Б&М“ и матичен гинеколог во оваа општина, во изјава за МИА појасни дека имаат околу 2.000 пациенти.

Нашата амбуланта во моментов има 2.000 пациентки и работи веќе две години во рамки на Здравствениот дом - Шуто Оризари. Има податоци дека 2.500 пациентки со здравствено осигурување немаат избрано матичен гинеколог, а 1.000 пациентки немаат здравствено осигурување, додаде Крстески.

Крстески потенцираше дека мал е одѕивот за ПАП - тест и ХПВ типизација, што се бесплатни.

И според Тофоски, потребно е зголемување на свеста за важноста на редовните гинеколошки прегледи, а за тоа потребна е сеопфатна стратегија што ги комбинира образованието, достапноста и поддршката.

Организираме и работилници за социо-економски ранливи категории на жени и девојчиња, а веќе трета година по ред преку мобилните гинеколошки амбуланти, се залагаме бесплатните гинеколошки услуги да бидат лесно достапни за жени и девојки од социално-економските ранливи категории, жени и девојки кои живеат во тешко достапни области и области каде нема матичен гинеколог, посочи Тофоски.

Но, како што додаде тој, неопходно е поголемо вклучување на темите за репродуктивно здравје во образованието, во училишните програми, бидејќи така ќе се овозможи рано информирање на младите за важноста на редовните гинеколошки прегледи.

The post Граѓанките на Македонија немаат навика да одат на гинеколог appeared first on Република.

]]>

Превентивните гинеколошки прегледи се клучни за женското репродуктивно здравје. Но, податоци од здравствени институции и здруженија покажуваат дека не е мал бројот на жени во нашава држава кои немаат избрано матичен гинеколог и на оние, кои подолг период не посетиле гинеколог. Здравствените работници во државава се едногласни дека е потребно да се подигне свеста по ова прашање и да се зголеми бројот на работилници и едукации во училиштата, кога станува збор за женското здравје. Податоците од годишниот извештај на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) за 2022 година говорат дека бројот на жени, без избран матичен гинеколог, а со здравствено осигурување, е околу 260.000, а бројот на оние без здравствено осигурување и без избран матичен гинеколог, околу 134.000 лица. Доколку се земе предвид дека во земјава 50,4 отсто од активното попишано население се женски лица, тогаш бројот на жени со здравствено осигурување, а без избран матичен гинеколог, изнесува околу 28 проценти. Професор доктор Глигор Тофоски, претседател на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО) во изјава за МИА потврди дека слични бројки има и во спроведените анкети од Асоцијацијата. - Само 33 проценти од анкетираните жени во неколку општини од нашата држава, практикуваат редовни гинеколошки прегледи на една година. Повеќе од 30 отсто не го посетиле својот матичен гинеколог подолго од три години, а дури 25 проценти немаат избрано свој матичен гинеколог, делумно заради тоа што во општините каде живеат немаат достапен матичен гинеколог, или истиот заминал во пензија/починал и оттогаш не побарале нов, а делумно и заради стравот, незаинтересираноста и неинформираноста за значењето на редовните гинеколошки прегледи, подвлече тој за МИА. Според податоците на ФЗО за лани, во текот на 2023 година, примарна здравствена заштита на осигурениците обезбедувале вкупно 161 гинеколог. Во споредба со претходната година, бројот на гинеколози е зголемен за двајца лекари. Најголем број гинеколози има во Скопскиот регион - 56 лекари, додека најмал е бројот во Североисточниот регион со 12 гинеколози. Во 2023 година склучени се вкупно 142 договори во примарната здравствена заштита за гинекологија. Дополнително, во 2024 година, појаснуваат од Фондот за МИА, склучени се уште два договора, едниот во Неготино, а другиот во Скопје. И двете ПЗУ имаат по еден тим. Во општина Шуто Оризари работи само еден гинеколог, а бројот на жени во репродуктивен период е околу 8.000, според достапните податоци. Доктор Ламбе Крстески, специјалист гинеколог - акушер во Гинеколошко - акушерската ординација ПЗУ „Мајка Б&М“ и матичен гинеколог во оваа општина, во изјава за МИА појасни дека имаат околу 2.000 пациенти.
Нашата амбуланта во моментов има 2.000 пациентки и работи веќе две години во рамки на Здравствениот дом - Шуто Оризари. Има податоци дека 2.500 пациентки со здравствено осигурување немаат избрано матичен гинеколог, а 1.000 пациентки немаат здравствено осигурување, додаде Крстески.
Крстески потенцираше дека мал е одѕивот за ПАП - тест и ХПВ типизација, што се бесплатни. И според Тофоски, потребно е зголемување на свеста за важноста на редовните гинеколошки прегледи, а за тоа потребна е сеопфатна стратегија што ги комбинира образованието, достапноста и поддршката.
Организираме и работилници за социо-економски ранливи категории на жени и девојчиња, а веќе трета година по ред преку мобилните гинеколошки амбуланти, се залагаме бесплатните гинеколошки услуги да бидат лесно достапни за жени и девојки од социално-економските ранливи категории, жени и девојки кои живеат во тешко достапни области и области каде нема матичен гинеколог, посочи Тофоски.
Но, како што додаде тој, неопходно е поголемо вклучување на темите за репродуктивно здравје во образованието, во училишните програми, бидејќи така ќе се овозможи рано информирање на младите за важноста на редовните гинеколошки прегледи.

The post Граѓанките на Македонија немаат навика да одат на гинеколог appeared first on Република.

]]>
Три града во Македонија во 2024 година немаат гинеколог https://republika.mk/zivot/zdravje/tri-grada-vo-makedonija-vo-2024-godina-nemaat-ginekolog/ Mon, 05 Feb 2024 10:22:29 +0000 https://republika.mk/?p=740474

Највисоки можности за здравствена заштита во државата имаат жителите на главниот град, Скопје. Најмалку можности за соодветна здравствена заштита имаат жителите на Крушево, покажуваат податоците од истражување, чии резултати ги објави Центарот за граѓански комуникации.

Има огромни разлики во можностите, односно степенот на здравствена заштита што можат да ја добијат жителите на 30-те градови во земјава. Подобро стојат големите, а полошо помалите градови. Но, меѓу големите градови најлошо стојат Кичево и Кочани, а меѓу малите градови најдобро стојат Виница и Делчево. Покрај Скопје, на врвот на листата се и Битола и Штип, додека на дното, покрај Крушево се и Македонски Брод, Валандово и Крива Паланка, пишува во соопштението до јавноста.

Истражувањето, како што се додава, „кое вклучува 22 индикатори, ги зема предвид човечките и просторните медицински капацитети, што им стојат на располагање на жителите на овие региони, како што се болници, здравствени домови, служби за заштита на жени, претшколски и школски деца, лекарски, специјалистички и друг здравствен кадар, но и општата и стапката на смртност на доенчиња“.

Еден од индикаторите со големи разлики меѓу градовите, е, број на деца на една служба за здравствена заштита на деца до шест години. Овде најдобро стои Виница, каде на 129 деца има една ваква служба или педијатриска амбуланта. Спротивно, најлошо стојат Охрид, Прилеп и Скопје, каде една ваква служба има на повеќе од 3.000 деца на оваа возраст. Шест градови имаат ваква служба, но, во неа нема лекари и мораат да патуваат во други градови за ваква услуга, се наведува во соопштението.

Според истражувањето, слична е и состојбата со број на жени на една служба за здравствена заштита на жени. Како што покажуваат резултатите, најдобро стои Берово со 1.388 жени на една ваква служба, додека најлоша е состојбата во Прилеп, каде една ваква служба „покрива“ дури 36.000 жени. Три градови - Македонски Брод, Крушево и Валандов, според истражувањето, воопшто немаат ваква служба, односно гинеколог.

The post Три града во Македонија во 2024 година немаат гинеколог appeared first on Република.

]]>

Највисоки можности за здравствена заштита во државата имаат жителите на главниот град, Скопје. Најмалку можности за соодветна здравствена заштита имаат жителите на Крушево, покажуваат податоците од истражување, чии резултати ги објави Центарот за граѓански комуникации.
Има огромни разлики во можностите, односно степенот на здравствена заштита што можат да ја добијат жителите на 30-те градови во земјава. Подобро стојат големите, а полошо помалите градови. Но, меѓу големите градови најлошо стојат Кичево и Кочани, а меѓу малите градови најдобро стојат Виница и Делчево. Покрај Скопје, на врвот на листата се и Битола и Штип, додека на дното, покрај Крушево се и Македонски Брод, Валандово и Крива Паланка, пишува во соопштението до јавноста.
Истражувањето, како што се додава, „кое вклучува 22 индикатори, ги зема предвид човечките и просторните медицински капацитети, што им стојат на располагање на жителите на овие региони, како што се болници, здравствени домови, служби за заштита на жени, претшколски и школски деца, лекарски, специјалистички и друг здравствен кадар, но и општата и стапката на смртност на доенчиња“. Еден од индикаторите со големи разлики меѓу градовите, е, број на деца на една служба за здравствена заштита на деца до шест години. Овде најдобро стои Виница, каде на 129 деца има една ваква служба или педијатриска амбуланта. Спротивно, најлошо стојат Охрид, Прилеп и Скопје, каде една ваква служба има на повеќе од 3.000 деца на оваа возраст. Шест градови имаат ваква служба, но, во неа нема лекари и мораат да патуваат во други градови за ваква услуга, се наведува во соопштението. Според истражувањето, слична е и состојбата со број на жени на една служба за здравствена заштита на жени. Како што покажуваат резултатите, најдобро стои Берово со 1.388 жени на една ваква служба, додека најлоша е состојбата во Прилеп, каде една ваква служба „покрива“ дури 36.000 жени. Три градови - Македонски Брод, Крушево и Валандов, според истражувањето, воопшто немаат ваква служба, односно гинеколог.

The post Три града во Македонија во 2024 година немаат гинеколог appeared first on Република.

]]>
Ја убива ли вибраторот вашата вагина? https://republika.mk/intima/ja-ubiva-li-vibratorot-vashata-vagina/ Wed, 20 Dec 2023 20:05:58 +0000 https://republika.mk/?p=724477

Додека многу сексуални помагала се сметаат за многу добри при стимулирање на вагината, постојат одредени сомнежи дека вибраторот има негативно влијание. Многумина сметаат дека пречесета употреба на вибраторот ја десензитивизира вагината, односно предизвикува синдром на „мртва вагина“.

Стручните лица решија да објаснат дали овој синдром, кој наводно ја убива страста меѓу партнерите, навистина постои или е само мит.

Гинекологот Шајза Малик за „Метро“ изјави дека не постои медицински доказ дека синдромот на мртвата вагина доведува до губење на сензитивноста.

Докторката објасни дека слабеењето на сензитивноста може да биде само моментно.

Секое чувство на десензитивност може да трае најмногу до еден час, вели гинекологот и додава дека намалување на чувството на сензитивност на вагината може да се јави непосредно по раѓање на дете, за време на доење, но и за време на користење на контрацепција.

Уште една студија ја оспорува оваа теза, докажувајќи дека синдромот на „мртвата вагина“ е всушност само мит кој се шири на социјалните мрежи.

Според тоа истражување, дури ни еден отсто од жените не пријавиле губење на сензитивноста по долга употреба на вибратор. Истражувањето покажало дека користење на вибратор може да има позитивни ефекти кои се однесуваат на подобра стимулација на вагината.

The post Ја убива ли вибраторот вашата вагина? appeared first on Република.

]]>

Додека многу сексуални помагала се сметаат за многу добри при стимулирање на вагината, постојат одредени сомнежи дека вибраторот има негативно влијание. Многумина сметаат дека пречесета употреба на вибраторот ја десензитивизира вагината, односно предизвикува синдром на „мртва вагина“. Стручните лица решија да објаснат дали овој синдром, кој наводно ја убива страста меѓу партнерите, навистина постои или е само мит. Гинекологот Шајза Малик за „Метро“ изјави дека не постои медицински доказ дека синдромот на мртвата вагина доведува до губење на сензитивноста. Докторката објасни дека слабеењето на сензитивноста може да биде само моментно.
Секое чувство на десензитивност може да трае најмногу до еден час, вели гинекологот и додава дека намалување на чувството на сензитивност на вагината може да се јави непосредно по раѓање на дете, за време на доење, но и за време на користење на контрацепција.
Уште една студија ја оспорува оваа теза, докажувајќи дека синдромот на „мртвата вагина“ е всушност само мит кој се шири на социјалните мрежи. Според тоа истражување, дури ни еден отсто од жените не пријавиле губење на сензитивноста по долга употреба на вибратор. Истражувањето покажало дека користење на вибратор може да има позитивни ефекти кои се однесуваат на подобра стимулација на вагината.

The post Ја убива ли вибраторот вашата вагина? appeared first on Република.

]]>
Гинеколог предупредува: Ова мора да го знаат жените што долго немале секс https://republika.mk/intima/ginekolog-predupreduva-ova-mora-da-go-znaat-zhenite-shto-dolgo-nemale-seks/ Wed, 30 Aug 2023 20:50:27 +0000 https://republika.mk/?p=674854

„Пaузата“ во интимните односи не е необична појава, но многу жени се прашуваат дали е здраво или штетно ако подолго време немаат интимни односи. Гинекологот Лиз Листер открива што се случува со женското тело во таа ситуација. Како што вели, жените се срамат да признаат една работа, а тоа се случува на која било возраст.

Ова не е нешто што моите пациенти често го спомнуваат, веројатно затоа што се срамат, а нема зошто, зошто тоа е навистина голем проблем! Колку подолго сте без сексуални односи, толку понепријатен ќе биде следниот однос! Тоа е затоа што ткивото се опушта и протокот на крв во таа област се намалува, бидејќи телото нема навика да се подготвува за однос. Тоа е како вежбање, станува попријатно кога ќе се навикнеш, објаснува гинекологот.

Многу експерти тврдат дека интимниот однос и оргазмот се поврзани со посилен имунитет и здравјето на срцето. Гинекологот советува да се користат лубриканти доколку долго време сте немале интимен однос, а доколку сте соло - да се „погрижите за себе“ и да користите помагала.

The post Гинеколог предупредува: Ова мора да го знаат жените што долго немале секс appeared first on Република.

Имаш среќа што не сум те убил: Маж влета на конгрес на лекари и почна да го тепа гинекологот на жена му https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/imash-sreka-shto-ne-sum-te-ubil-mazh-vleta-na-kongres-na-lekari-i-pochna-da-go-tepa-ginekologot-na-zhena-mu/ Fri, 09 Jun 2023 13:51:32 +0000 https://republika.mk/?p=649625

Разлутен маж упаднал на конгрес на гинеколози во Балтимор и почнал да му удира шлаканици на панелист, тврдејќи дека сексуално ја вознемирувал неговата сопруга додека ја прегледувал.

Во видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како крупен маж излегува на сцената, го фаќа лекарот од Лонг Ајленд за јака, а потоа почнува да му удира шлаканици. Запрепастениот доктор гледа наоколу за помош додека многу повисокиот човек го фаќа за врат и покажува кон него.

Знаеш што направи! Пред седум години сексуално ја нападна мојата сопруга. Чекав седум години да те запознаам. Имаш среќа што не те убив – вика мажот додека некој од публиката гласно го повикува обезбедувањето.

Полицијата во Балтимор за ВМАР потврдила дека физичкиот напад врз докторот се случил на конференција на акушери и гинеколози на 20 мај. Лекарот, кој не е јавно идентификуван, според локалните медиуми, не е обвинет за никакво кривично дело.

Лекарот кој беше нападнат изјави дека не сака да поднесе кривична пријава ниту да поднесе пријава против лицето кое физички го нападна и дека повеќе би сакал тоа лице да биде изведено надвор од просториите – изјавил портпаролот на полицијата.

Американскиот колеџ за акушери и гинеколози испрати е-пошта за инцидентот до своите лекари.

Разбираме дека лекарите кои биле сведоци на инцидентот лично или на интернет, можеби доживеале траума, вклучително и многумина од вас кои во минатото доживеале сексуален напад или друго насилство – се вели во соопштението.

The post Имаш среќа што не сум те убил: Маж влета на конгрес на лекари и почна да го тепа гинекологот на жена му appeared first on Република.

]]>

Разлутен маж упаднал на конгрес на гинеколози во Балтимор и почнал да му удира шлаканици на панелист, тврдејќи дека сексуално ја вознемирувал неговата сопруга додека ја прегледувал. Во видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како крупен маж излегува на сцената, го фаќа лекарот од Лонг Ајленд за јака, а потоа почнува да му удира шлаканици. Запрепастениот доктор гледа наоколу за помош додека многу повисокиот човек го фаќа за врат и покажува кон него.
Знаеш што направи! Пред седум години сексуално ја нападна мојата сопруга. Чекав седум години да те запознаам. Имаш среќа што не те убив – вика мажот додека некој од публиката гласно го повикува обезбедувањето.
Полицијата во Балтимор за ВМАР потврдила дека физичкиот напад врз докторот се случил на конференција на акушери и гинеколози на 20 мај. Лекарот, кој не е јавно идентификуван, според локалните медиуми, не е обвинет за никакво кривично дело.
Лекарот кој беше нападнат изјави дека не сака да поднесе кривична пријава ниту да поднесе пријава против лицето кое физички го нападна и дека повеќе би сакал тоа лице да биде изведено надвор од просториите – изјавил портпаролот на полицијата.
Американскиот колеџ за акушери и гинеколози испрати е-пошта за инцидентот до своите лекари.
Разбираме дека лекарите кои биле сведоци на инцидентот лично или на интернет, можеби доживеале траума, вклучително и многумина од вас кои во минатото доживеале сексуален напад или друго насилство – се вели во соопштението.

The post Имаш среќа што не сум те убил: Маж влета на конгрес на лекари и почна да го тепа гинекологот на жена му appeared first on Република.

]]>
Уапсен познат белградски гинеколог: Со мерцедес се обидел да прегази полицаец, бил позитивен на кокаин https://republika.mk/vesti/balkan/uapsen-poznat-belgradski-ginekolog-so-mertsedes-se-obidel-da-pregazi-politsaets-bil-pozitiven-na-kokain/ Sun, 21 May 2023 21:02:05 +0000 https://republika.mk/?p=643381

Припадници на полицијата во Нов Белград, го уапсија М.Б.(51), познат гинеколог од Белград, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело напад на службено лице при вршењето на неговите службени должности.

Уапсениот е обвинет дека на раскрсница не ја послушал наредбата на сообраќајните полицајци кои го пренасочувале сообраќајот поради јавен собир, по што го управувал „мерцедесот“ што го возел директно кон полицаец и го оттурнал.

Против осомничениот ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава бидејќи одбил алкотестирање, а од нарко тестот било утврдено дека е позитивен на кокаин.

На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен пред Третото основно јавно обвинителство во Белград.

The post Уапсен познат белградски гинеколог: Со мерцедес се обидел да прегази полицаец, бил позитивен на кокаин appeared first on Република.

]]>

Припадници на полицијата во Нов Белград, го уапсија М.Б.(51), познат гинеколог од Белград, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело напад на службено лице при вршењето на неговите службени должности. Уапсениот е обвинет дека на раскрсница не ја послушал наредбата на сообраќајните полицајци кои го пренасочувале сообраќајот поради јавен собир, по што го управувал „мерцедесот“ што го возел директно кон полицаец и го оттурнал. Против осомничениот ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава бидејќи одбил алкотестирање, а од нарко тестот било утврдено дека е позитивен на кокаин. На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен пред Третото основно јавно обвинителство во Белград.

The post Уапсен познат белградски гинеколог: Со мерцедес се обидел да прегази полицаец, бил позитивен на кокаин appeared first on Република.

]]>
Српски лекари за 800 евра ја враќаат невиноста https://republika.mk/intima/srpski-lekari-za-800-evra-ja-vrakaat-nevinosta/ Wed, 22 Mar 2023 09:46:05 +0000 https://republika.mk/?p=622348

Младоженецот на правата браќна ноќ се пожалил зошто неговата нова сопруга  не крвари и оти бил измамен кога му кажале дека девојката што ја зел е невина. Тогаш нејзината сестра, која исто така е невина, ме замоли да ја оперирам за да искрвари повеќе кога ќе се омажи, изјави за црногорски ЦИН лекар од Белград, кој тврди дека направил над 1.000 хименопластики.

Императивот на невиност до брак преживеа како дел од патријархалната традиција во внатрешноста на Црна Гора и Србија.

Жените од Црна Гора често одат во Србија и Албанија на хименопластика.Девојките од внатрешноста на Србија одат во приватни клиники на периферијата на Белград каде се сигурни дека никој што го познаваат нема да ги види.

Реконструкцијата на невиноста во Белград чини од 600 до 800 евра, а во Подгорица до 950, во зависност од тоа дали е вклучена општа анестезија.

The post Српски лекари за 800 евра ја враќаат невиноста appeared first on Република.

]]>

Младоженецот на правата браќна ноќ се пожалил зошто неговата нова сопруга  не крвари и оти бил измамен кога му кажале дека девојката што ја зел е невина. Тогаш нејзината сестра, која исто така е невина, ме замоли да ја оперирам за да искрвари повеќе кога ќе се омажи, изјави за црногорски ЦИН лекар од Белград, кој тврди дека направил над 1.000 хименопластики.
Императивот на невиност до брак преживеа како дел од патријархалната традиција во внатрешноста на Црна Гора и Србија. Жените од Црна Гора често одат во Србија и Албанија на хименопластика.Девојките од внатрешноста на Србија одат во приватни клиники на периферијата на Белград каде се сигурни дека никој што го познаваат нема да ги види. Реконструкцијата на невиноста во Белград чини од 600 до 800 евра, а во Подгорица до 950, во зависност од тоа дали е вклучена општа анестезија.

The post Српски лекари за 800 евра ја враќаат невиноста appeared first on Република.

]]>
Лажел жени дека е гинеколог за да му испраќаат слики и видеа од гениталиите, за казна ќе оди на робија https://republika.mk/vesti/svet/lazel-zeni-deka-e-ginekolog-za-da-mu-isprakjaat-sliki-i-videa-od-genitaliite-za-kazna-kje-odi-na-robija/ Thu, 27 Oct 2022 12:39:26 +0000 https://republika.mk/?p=566383

Човек во Сингапур е осуден на три години и четири месеци затвор затоа што измамил повеќе од 30 жени претставувајќи се како гинеколог на Фејсбук за да добие фотографии од нивните гениталии.

Судот го прогласи 37-годишниот Оои Чуен Веи од Малезија за виновен за мамење и лажно претставување. Тој користел лажен профил на Фејсбук за да контактира со жени.

Откако ќе остварел контакт, тој потоа барал од нив да пополнат анкети кои вклучуваат прашања за нивните гениталии и сексуалниот живот, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на судските документи, до кои имале пристап.

Во текот на четири години, Малезиецот измамил 38 жени, а притоа добил околу 1.000 интимни фотографии и видеа. Неговите злодела излегле на виделина во јули кога жена, која се посомневала во него, сфатила дека таков лекар не постои, па го пријавила во полиција.

Полицијата извршила претрес во неговата куќа и му го запленила компјутерот. Во текот на полициската истрага тој признал дека измамил голем број жени.

Обвинетиот извршил внимателно дизајниран план за да ги задоволи своите сексуални желби. Тој се преправал дека е лекар и навел голем број жртви да испраќаат различни компромитирачки фотографии и видеа од нив - изјавил заменик-главниот обвинител, објави Си-Ен-Ен.

The post Лажел жени дека е гинеколог за да му испраќаат слики и видеа од гениталиите, за казна ќе оди на робија appeared first on Република.

]]>

Човек во Сингапур е осуден на три години и четири месеци затвор затоа што измамил повеќе од 30 жени претставувајќи се како гинеколог на Фејсбук за да добие фотографии од нивните гениталии. Судот го прогласи 37-годишниот Оои Чуен Веи од Малезија за виновен за мамење и лажно претставување. Тој користел лажен профил на Фејсбук за да контактира со жени. Откако ќе остварел контакт, тој потоа барал од нив да пополнат анкети кои вклучуваат прашања за нивните гениталии и сексуалниот живот, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на судските документи, до кои имале пристап. Во текот на четири години, Малезиецот измамил 38 жени, а притоа добил околу 1.000 интимни фотографии и видеа. Неговите злодела излегле на виделина во јули кога жена, која се посомневала во него, сфатила дека таков лекар не постои, па го пријавила во полиција. Полицијата извршила претрес во неговата куќа и му го запленила компјутерот. Во текот на полициската истрага тој признал дека измамил голем број жени.
Обвинетиот извршил внимателно дизајниран план за да ги задоволи своите сексуални желби. Тој се преправал дека е лекар и навел голем број жртви да испраќаат различни компромитирачки фотографии и видеа од нив - изјавил заменик-главниот обвинител, објави Си-Ен-Ен.

The post Лажел жени дека е гинеколог за да му испраќаат слики и видеа од гениталиите, за казна ќе оди на робија appeared first on Република.

]]>
Гинеколог злоставувал повеќе од 200 жени, УКЛА плаќа отштета од 244 милиони долари https://republika.mk/vesti/svet/ginekolog-zlostavuval-povekje-od-200-zeni-ukla-plakja-otshteta-od-244-milioni-dolari/ Wed, 09 Feb 2022 09:54:11 +0000 https://republika.mk/?p=456046

Универзитетот Калифорнија (UCLA) се согласи да плати отштета од речиси 244 милиони долари за околу 200 жени кои го обвинуваат поранешниот гинеколог Џејмс Хепс во кампусот за сексуален напад.

Во спогодбата, се опфатени 203 жени кои изјавиле дека д-р Џејмс Хепс ги допирал, симулирал сексуален однос со ултразвучна сонда или давал несоодветни коментари за време на прегледи во Студентскиот медицински центар или во неговата канцеларија во кампусот за време на неговата 35-годишна кариера. Деталите не се објавени.

Во стотици тужби се тврди дека УКЛА намерно ја сокрила сексуалната злоупотреба на пациентките на Хепс и му дозволила да продолжи да има непречен пристап до наводните жртви долги години. Во спогодбата поднесена пред судот во Лос Анџелес, универзитетот се согласи да плати 243,6 милиони долари за 203 жени кои тврделе дека Хепс ги нападнал.

УКЛА започна да го истражува Хепс во 2017 година, а тој се пензионираше следната година откако неговиот договор не беше продолжен. Со спогодбата не се опфатени повеќе од 300 пациентки кои се уште го тужат.

Минатиот месец, Универзитетот во Мичиген објави дека ќе плати речиси половина милијарда долари на илјада поранешни студенти и спортисти кои биле сексуално злоупотребувани од лекарот во образовната институција, Ричард Андерсон. Во друг случај, Универзитетот Јужна Калифорнија (УСК) во Лос Анџелес се согласи да плати вкупно 1,1 милијарда американски долари преку три посебни договори на стотици жени жртви против поранешен гинеколог вработен во кампусот, што е најголемиот износ од овој тип на компензација забележан досега.

The post Гинеколог злоставувал повеќе од 200 жени, УКЛА плаќа отштета од 244 милиони долари appeared first on Република.

]]>

Универзитетот Калифорнија (UCLA) се согласи да плати отштета од речиси 244 милиони долари за околу 200 жени кои го обвинуваат поранешниот гинеколог Џејмс Хепс во кампусот за сексуален напад. Во спогодбата, се опфатени 203 жени кои изјавиле дека д-р Џејмс Хепс ги допирал, симулирал сексуален однос со ултразвучна сонда или давал несоодветни коментари за време на прегледи во Студентскиот медицински центар или во неговата канцеларија во кампусот за време на неговата 35-годишна кариера. Деталите не се објавени. Во стотици тужби се тврди дека УКЛА намерно ја сокрила сексуалната злоупотреба на пациентките на Хепс и му дозволила да продолжи да има непречен пристап до наводните жртви долги години. Во спогодбата поднесена пред судот во Лос Анџелес, универзитетот се согласи да плати 243,6 милиони долари за 203 жени кои тврделе дека Хепс ги нападнал. УКЛА започна да го истражува Хепс во 2017 година, а тој се пензионираше следната година откако неговиот договор не беше продолжен. Со спогодбата не се опфатени повеќе од 300 пациентки кои се уште го тужат. Минатиот месец, Универзитетот во Мичиген објави дека ќе плати речиси половина милијарда долари на илјада поранешни студенти и спортисти кои биле сексуално злоупотребувани од лекарот во образовната институција, Ричард Андерсон. Во друг случај, Универзитетот Јужна Калифорнија (УСК) во Лос Анџелес се согласи да плати вкупно 1,1 милијарда американски долари преку три посебни договори на стотици жени жртви против поранешен гинеколог вработен во кампусот, што е најголемиот износ од овој тип на компензација забележан досега.

The post Гинеколог злоставувал повеќе од 200 жени, УКЛА плаќа отштета од 244 милиони долари appeared first on Република.

]]>
Гинеколог оплодил најмалку 21 пациентка со сопствената сперма, страшен е и уште еден факт https://republika.mk/vesti/svet/ginekolog-oplodil-najmalku-21-pacientka-so-sopstvenata-sperma-strashen-e-i-ushte-eden-fakt/ Thu, 03 Feb 2022 20:44:36 +0000 https://republika.mk/?p=453818

Гинеколог направил најмалку 21 дете користејќи сопствена сперма, открила истрагата во холандската болница, каде осомничениот Јос Бик лекувал неплодност од 1973 до 1998 година. Пациентите на Бик очекувале дека ќе бидат оплодени со примероци од анонимни донатори, но болницата Елизабет во Лејдердорп сега соопшти се верува дека докторот ги лажел.

Скандалот избувна откако организацијата која што ги следи биолошките родители на бебињата родени со помош анонимни донатори, открила совпаѓање помеѓу ДНК примероците на Бик и на 21 дете чии мајки биле лекувани во неговата клиника помеѓу 1973 и 1986 година.

Докторот почина во 2019 година.

Питер Џу, член на одборот на болницата, рече дека не може да ја исклучи можноста Бик е биолошки татко и на многу други деца чии мајки ги лекувал.

Многу сме шокирани од оваа вест. Ова секако има значајно влијание врз инволвираните родители и деца. Веднаш започнавме разговори со децата и родителите кои тоа го сакаа, ги послушавме и понудивме соработка. Сакаме да направиме се што е во наша моќ за да ги добиеме сите информации. Начинот на кој докторот постапил во тоа време е целосно неприфатлив, изјави Џу.

Страшен е фактот што Бик е третиот лекар за плодност во Холандија за кој е откриено дека користел сопствена сперма за време на лекувањето на неплодност.

The post Гинеколог оплодил најмалку 21 пациентка со сопствената сперма, страшен е и уште еден факт appeared first on Република.

]]>

Гинеколог направил најмалку 21 дете користејќи сопствена сперма, открила истрагата во холандската болница, каде осомничениот Јос Бик лекувал неплодност од 1973 до 1998 година. Пациентите на Бик очекувале дека ќе бидат оплодени со примероци од анонимни донатори, но болницата Елизабет во Лејдердорп сега соопшти се верува дека докторот ги лажел. Скандалот избувна откако организацијата која што ги следи биолошките родители на бебињата родени со помош анонимни донатори, открила совпаѓање помеѓу ДНК примероците на Бик и на 21 дете чии мајки биле лекувани во неговата клиника помеѓу 1973 и 1986 година. Докторот почина во 2019 година. Питер Џу, член на одборот на болницата, рече дека не може да ја исклучи можноста Бик е биолошки татко и на многу други деца чии мајки ги лекувал.