гимназија „Кочо Рацин“ - Велес Archives - Република https://republika.mk/tema/gimnazija-kocho-ratsin-veles/ За подобро да се разбереме Wed, 03 Apr 2024 12:59:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гимназија „Кочо Рацин“ - Велес Archives - Република https://republika.mk/tema/gimnazija-kocho-ratsin-veles/ 32 32 Продолжува насилната албанизација во Велес: МОН укинува македонска паралелка за сметка на непотребна втора албанска https://republika.mk/vesti/makedonija/prodolzhuva-nasilnata-albanizatsija-vo-veles-mon-ukinuva-makedonska-paralelka-za-smetka-na-nepotrebna-vtora-albanska/ Wed, 03 Apr 2024 13:49:10 +0000 https://republika.mk/?p=761707

Спротивно на анализите на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ од Велес за реалните потреби и доставениот Предлог план за упис на ученици во прва година во учебната 2024/25 година, МОН предлага укинување на една паралелка на наставен македонски јазик со што директно го ускратува правото на учениците деветтоодделенци кои следат настава на македонски јазик, реагираат денеска од велешката гимназија, потенцирајќи дека ваквиот предлог доаѓа со цел продолжување на минатогодишното кршење на наставниот процес исклучиво по етничка основа, за политички цели од политички фактори од албанска националност.

Имено, на 29.03.2024 година беше објавен Конкурсот за запишување на ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/25 година во РС Македонија, во кој министерот Јетон Шаќири како потписник на спорниот Конкурс предлага отворање на втора албанска паралелка за сметка на укинатата македонска, иако податоците говорат дека нема реална потреба за тоа. Во Гимназијата последователно во претходните учебни години се пријавуваат од 25-30 ученици за настава на албански наставен јазик, од кои критериумите за упис во прва година (60 поени) ги исполнуваат од 12-22 ученици. Во учебна 2020/21 се запишале 22 ученика, 2021/22 – 15 ученика, 2022/23 – 17 ученика, додека пак во учебната 2023/24 година се запишале 31 ученик од кои само 20 го исполнуваа условот од 60 поени, а останатите се запишаа по указ на Министерот со што се нанесе неправда кон учениците деветтооделенци кои наставата ја завршија на македонски наставен јазик, конкурираа но им беше ускратено правото на упис со помалку од 60 поени, велат од гимназијата.

Од погоре наведената статистика, додаваат, јасно воочливо е дека нема потреба од втора албанска паралелка, уште помалку од директна интервенција од страна на министерот Шаќири за спуштање на критериумите единствено по етничка основа, бидејќи токму овие ученици во текот на годината постигнуваат слаби резултати со евидентирани негативни оцени, (ова да се илустрира со оценките на овие 11 ученици, наспроти другите 20 од албанската паралека) со што тенденциозно се прави удар и врз реномето на најстарата Гимназија во Македонија која се наоѓа на врвот на образовните институции во земјата.

Потенцираат дека СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ од Велес има вековна педагошка и културно – просветителска традиција во градот, постојано вложувајќи се во младите за градење на напредни генерации.

Во таа насока, во доставениот Предлог план од наша страна за прв пат е предвидена една билигвална паралелка која ќе биде поле за натпревар на најдобрите, без разлика на кој наставен јазик (македонски или албански) ја следеле наставата во основното образование. Следствено на ова, сметаме дека во објавениот Конкурс е нанесена неправда и е неприфатливо решение, поради што Наставничкиот совет на Гимназијата донесе Одлука за исправка и усогласување на Конкурсот за запишување на ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/25 година во РС Македонија и усогласување со Предлог план за упис на ученици во учебната 2024/25 во прва година до МОН преку Градоначалник на Општина Велес, односно во прва година во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ - Велес да се запишат 204 ученици во 6 паралелки и тоа:

Ø 4 паралелки со изведување на настава на македонски јазик или 136 ученици со минимум 60 поени

Ø 1 билингвална (македонско – англиска) паралелка или 34 ученици со минимум 60 поени

Ø 1 паралелка со изведување на настава на јазикот на заедницата – албански јазик или 34 ученика со минимум 60 поени

Со цел заштита на интересите на учениците, наставниците и велешката јавност, Гимназијата се обрати писмено до МОН по ова прашање.

Искрено се надеваме дека ќе преовлада разумот наспроти верска, национална или етничка припадност. Со меѓусебно разбирање и усогласување согласно реалните потреби директно ќе влијаеме на образување и воспитување ученици, идни млади поколенија кои ќе ја развиваат државата во духот на заедништвото и еднакви можности за сите, порачаа од СОУ „Кочо Рацин“.

The post Продолжува насилната албанизација во Велес: МОН укинува македонска паралелка за сметка на непотребна втора албанска appeared first on Република.

]]>

Спротивно на анализите на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ од Велес за реалните потреби и доставениот Предлог план за упис на ученици во прва година во учебната 2024/25 година, МОН предлага укинување на една паралелка на наставен македонски јазик со што директно го ускратува правото на учениците деветтоодделенци кои следат настава на македонски јазик, реагираат денеска од велешката гимназија, потенцирајќи дека ваквиот предлог доаѓа со цел продолжување на минатогодишното кршење на наставниот процес исклучиво по етничка основа, за политички цели од политички фактори од албанска националност.
Имено, на 29.03.2024 година беше објавен Конкурсот за запишување на ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/25 година во РС Македонија, во кој министерот Јетон Шаќири како потписник на спорниот Конкурс предлага отворање на втора албанска паралелка за сметка на укинатата македонска, иако податоците говорат дека нема реална потреба за тоа. Во Гимназијата последователно во претходните учебни години се пријавуваат од 25-30 ученици за настава на албански наставен јазик, од кои критериумите за упис во прва година (60 поени) ги исполнуваат од 12-22 ученици. Во учебна 2020/21 се запишале 22 ученика, 2021/22 – 15 ученика, 2022/23 – 17 ученика, додека пак во учебната 2023/24 година се запишале 31 ученик од кои само 20 го исполнуваа условот од 60 поени, а останатите се запишаа по указ на Министерот со што се нанесе неправда кон учениците деветтооделенци кои наставата ја завршија на македонски наставен јазик, конкурираа но им беше ускратено правото на упис со помалку од 60 поени, велат од гимназијата.
Од погоре наведената статистика, додаваат, јасно воочливо е дека нема потреба од втора албанска паралелка, уште помалку од директна интервенција од страна на министерот Шаќири за спуштање на критериумите единствено по етничка основа, бидејќи токму овие ученици во текот на годината постигнуваат слаби резултати со евидентирани негативни оцени, (ова да се илустрира со оценките на овие 11 ученици, наспроти другите 20 од албанската паралека) со што тенденциозно се прави удар и врз реномето на најстарата Гимназија во Македонија која се наоѓа на врвот на образовните институции во земјата. Потенцираат дека СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ од Велес има вековна педагошка и културно – просветителска традиција во градот, постојано вложувајќи се во младите за градење на напредни генерации.
Во таа насока, во доставениот Предлог план од наша страна за прв пат е предвидена една билигвална паралелка која ќе биде поле за натпревар на најдобрите, без разлика на кој наставен јазик (македонски или албански) ја следеле наставата во основното образование. Следствено на ова, сметаме дека во објавениот Конкурс е нанесена неправда и е неприфатливо решение, поради што Наставничкиот совет на Гимназијата донесе Одлука за исправка и усогласување на Конкурсот за запишување на ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/25 година во РС Македонија и усогласување со Предлог план за упис на ученици во учебната 2024/25 во прва година до МОН преку Градоначалник на Општина Велес, односно во прва година во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ - Велес да се запишат 204 ученици во 6 паралелки и тоа: Ø 4 паралелки со изведување на настава на македонски јазик или 136 ученици со минимум 60 поени Ø 1 билингвална (македонско – англиска) паралелка или 34 ученици со минимум 60 поени Ø 1 паралелка со изведување на настава на јазикот на заедницата – албански јазик или 34 ученика со минимум 60 поени
Со цел заштита на интересите на учениците, наставниците и велешката јавност, Гимназијата се обрати писмено до МОН по ова прашање. Искрено се надеваме дека ќе преовлада разумот наспроти верска, национална или етничка припадност. Со меѓусебно разбирање и усогласување согласно реалните потреби директно ќе влијаеме на образување и воспитување ученици, идни млади поколенија кои ќе ја развиваат државата во духот на заедништвото и еднакви можности за сите, порачаа од СОУ „Кочо Рацин“.

The post Продолжува насилната албанизација во Велес: МОН укинува македонска паралелка за сметка на непотребна втора албанска appeared first on Република.

]]>
За другите градоначалници кривични, за Мерко „втора шанса“ од Шаќири https://republika.mk/vesti/makedonija/za-drugite-gradonachalnitsi-krivichni-za-merko-vtora-shansa-od-shakiri/ Sun, 17 Sep 2023 14:11:06 +0000 https://republika.mk/?p=682621

Министерот за образование, Јетон Шаќири нема намера да му ги одземе ингеренциите на струшкиот градоначлалник Рамиз Мерко, поради незаконското поставување на директори во неколку основни училишта во Струга и струшко иако индиректно признава дека имало прекршувања на законот, пренесува „Алсат“ додавајќи дека Мерко добива уште една „шанса“ со распишувањето на нови пет огласи за директори.

Според нашите информации кои ги имаме во повеќе од пет училишта има нови постапки за избор на нови директори. Ако и во овие постапки за избор на нови директори, Просветен инспекторат утврди после сите насоки кои ги има добиено општината тогаш..Но и постапка за одземање на ингеренцитие подразбира взаемна соработка меѓу училиштето, раководството, општината, да може некој од внатре министерството да го назначи за директор, вели Шаќири.

Антикорупциска дури поднесе и кривична пријава против Мерко, за незаконското поставување на директор во училиштето во селото Велешта. Тоа значи дека за вас одлуките на Антикорупциска на Обивнителство немаат тежина?, го прашаа новинарите.

Немате конечни одлуки, имате препораки. Знаете дека ДКСК ги дава препораките во Обвинителство. Немате затворени предмети, вели Шаќири.

Од Основното јавно обвинителство велат дека предметите се во предистражна постапка и оти ОЈО Струга презема дејствија и обезбедува докази неопходни за проверка на наводите. Од Алијанса за Албанците бараа на Мерко да му се одземат ингеренциите за именување на директори, откако Антикорупциска, но и поранешен инспектор за образование утврдија дека во училиштата во Велешта, Подгорци, Лабуништа, Радолишта и во основното училиште Браќа Миладиновци во Струга биле поставени директори кои не ги исполнувале условите за да бидат избрани. За самоволието да биде уште поголемо, Мерко истите овие директори ги избрал и по втор пат.

Во истовреме, заменик министерот за образование, Агим Нухиу во интервју на „Алсат“ се закани со кривични пријави за директорите на гимназиите, како и кон градоначалниците на Гази Баба и во Велес.

Размислуваме да ги користиме инструментите од кривична и правна природа. Токму членот 137 од Кривичниот законик што го санкционира прашањето на еднаквост и недискриминација. Секој градоначалник, вклучително и оној на Гази Баба, кога ќе биде обвинет за кривично дело, кога ќе му бидат ставени лисици за ова кривично дело, дали знаете дека е казниво кривично дело, од 6 месеци до 5 години затвор, рече тој зборувајќи за проблемот кој министерството го наметна во велешката гимназија, каде за да отвори уште една албанска паралелка испрати допис со барање да се намалат поените потребни за упис.

Шаќири, пак, се закани дека ќе ги одземе ингеренциите за поставување на директори од градоначалниците.

The post За другите градоначалници кривични, за Мерко „втора шанса“ од Шаќири appeared first on Република.

]]>

Министерот за образование, Јетон Шаќири нема намера да му ги одземе ингеренциите на струшкиот градоначлалник Рамиз Мерко, поради незаконското поставување на директори во неколку основни училишта во Струга и струшко иако индиректно признава дека имало прекршувања на законот, пренесува „Алсат“ додавајќи дека Мерко добива уште една „шанса“ со распишувањето на нови пет огласи за директори.
Според нашите информации кои ги имаме во повеќе од пет училишта има нови постапки за избор на нови директори. Ако и во овие постапки за избор на нови директори, Просветен инспекторат утврди после сите насоки кои ги има добиено општината тогаш..Но и постапка за одземање на ингеренцитие подразбира взаемна соработка меѓу училиштето, раководството, општината, да може некој од внатре министерството да го назначи за директор, вели Шаќири.
Антикорупциска дури поднесе и кривична пријава против Мерко, за незаконското поставување на директор во училиштето во селото Велешта. Тоа значи дека за вас одлуките на Антикорупциска на Обивнителство немаат тежина?, го прашаа новинарите.
Немате конечни одлуки, имате препораки. Знаете дека ДКСК ги дава препораките во Обвинителство. Немате затворени предмети, вели Шаќири.
Од Основното јавно обвинителство велат дека предметите се во предистражна постапка и оти ОЈО Струга презема дејствија и обезбедува докази неопходни за проверка на наводите. Од Алијанса за Албанците бараа на Мерко да му се одземат ингеренциите за именување на директори, откако Антикорупциска, но и поранешен инспектор за образование утврдија дека во училиштата во Велешта, Подгорци, Лабуништа, Радолишта и во основното училиште Браќа Миладиновци во Струга биле поставени директори кои не ги исполнувале условите за да бидат избрани. За самоволието да биде уште поголемо, Мерко истите овие директори ги избрал и по втор пат. Во истовреме, заменик министерот за образование, Агим Нухиу во интервју на „Алсат“ се закани со кривични пријави за директорите на гимназиите, како и кон градоначалниците на Гази Баба и во Велес. Размислуваме да ги користиме инструментите од кривична и правна природа. Токму членот 137 од Кривичниот законик што го санкционира прашањето на еднаквост и недискриминација. Секој градоначалник, вклучително и оној на Гази Баба, кога ќе биде обвинет за кривично дело, кога ќе му бидат ставени лисици за ова кривично дело, дали знаете дека е казниво кривично дело, од 6 месеци до 5 години затвор, рече тој зборувајќи за проблемот кој министерството го наметна во велешката гимназија, каде за да отвори уште една албанска паралелка испрати допис со барање да се намалат поените потребни за упис. Шаќири, пак, се закани дека ќе ги одземе ингеренциите за поставување на директори од градоначалниците.

The post За другите градоначалници кривични, за Мерко „втора шанса“ од Шаќири appeared first on Република.

]]>
Министре, кршите закон и дискриминирате македонски ученици со вештачко создавање на потпросечни албански паралелки https://republika.mk/vesti/makedonija/ministre-krshite-zakon-i-diskriminirate-makedonski-uchenitsi-so-veshtachko-sozdavane-na-potprosechni-albanski-paralelki/ Thu, 31 Aug 2023 11:25:40 +0000 https://republika.mk/?p=677580

И професорката Весна Јаневска реагира на кршењето на закон од страна на министерот за образование Јетон Шаќири, кој испрати допис до велешката гимназија „Кочо Рацин“ во кој бара во новата учебна година да примат ученици во прва година, кои се под минимумот од 60 поени.

https://republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-veshtachki-i-nezakonski-sozdava-albanski-paralelki-vo-veles/

Таа го објавува и повикот на директорот на Инспекторатот за образование, Халит Ферати, во кој тој повикува учениците Албанци да конкурираат во гимназијата, за да се создадат нови албански паралелки и да се „отворат работни места за албанските просветители“.

Министре Шаќири,

Во “К О Н К У Р С
за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2023/2024 година во Република * Македонија“ кој Вие сте го потпишале јасно се одредени поените со кои учениците се запишуваат во средните училишта.

За Велес во конкурот пишува:

11. СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ ГИМНАЗИЈА „КОЧО РАЦИН“
Во прва година ќе се запишат 204 ученици во 6 паралелки (136 ученици во 4 паралелки со настава
на македонски јазик и 68 ученици во 2 паралелки со настава на албански јазик) според наставни планови и
програми за гимназиско образование:
Гимназиско образование - 204 ученици, 6 паралелки, 60 поени минимум
мак 136 уч. 4 пар.
алб 68 уч. 2 пар.

Зошто сега барате од гимназијата во Велес да го симне критериумот за бројот на поени и да се формира посебна паралелка на албански јазик, со ученици кои не исполнуваат услов за упис? Како Вие тоа одлучивте дека така треба? Арбитрарно? Како да сте дома и гимназијата да е ваша лична сопственост? Закон има за средно образование, го кршите член 42.

Во Велес има училишта во кои се запишани помал број на ученици. Зошто овие мора да се во гимназија иако не исполнуваат услови, наместо во некое друго училиште? Кои се овие 28 деца?

Тие во трет уписен рок треба да се само ученици кои полагале поправен испит во август, односно поправиле ЕДИНИЦИ за да не повторуваат.

Министре Шаќири, ВРШИТЕ ДИСКРИМИНАЦИЈА НА УЧЕНИЦИТЕ МАКЕДОНЦИ И СИТЕ ДРУГИ НЕАЛБАНЦИ на кои не им дозволувате со помал број поени да се запишат во гимназија, а им овозможувате на Албанци. ЗОШТО?

Мислите им правите услуга на оние кои ни во основно не можеле да освојат 60 поени кога им овозможувате да се запишат во гимназија? Што мислите дека во иднина ќе работат за да заработат парче леб? Или тоа не е важно?

Да не е популизам или некаква агенда во прашање? Да не се во прашање избори? Сееедно, за деца кои треба утре да живеат од своето знаење и труд станува збор. НА ШТО ГИ УЧИТЕ ВИЕ, А И ОВОЈ ОД ДПИ? Директор на ДПИ чија основна работа е да штити закон!!!!!

П.С. Унапредување на средно образование на албански јазик. Стварно? Браво.

The post Министре, кршите закон и дискриминирате македонски ученици со вештачко создавање на потпросечни албански паралелки appeared first on Република.

]]>

И професорката Весна Јаневска реагира на кршењето на закон од страна на министерот за образование Јетон Шаќири, кој испрати допис до велешката гимназија „Кочо Рацин“ во кој бара во новата учебна година да примат ученици во прва година, кои се под минимумот од 60 поени. https://republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-veshtachki-i-nezakonski-sozdava-albanski-paralelki-vo-veles/ Таа го објавува и повикот на директорот на Инспекторатот за образование, Халит Ферати, во кој тој повикува учениците Албанци да конкурираат во гимназијата, за да се создадат нови албански паралелки и да се „отворат работни места за албанските просветители“. Министре Шаќири, Во “К О Н К У Р С за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2023/2024 година во Република * Македонија“ кој Вие сте го потпишале јасно се одредени поените со кои учениците се запишуваат во средните училишта. За Велес во конкурот пишува: 11. СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ ГИМНАЗИЈА „КОЧО РАЦИН“ Во прва година ќе се запишат 204 ученици во 6 паралелки (136 ученици во 4 паралелки со настава на македонски јазик и 68 ученици во 2 паралелки со настава на албански јазик) според наставни планови и програми за гимназиско образование: Гимназиско образование - 204 ученици, 6 паралелки, 60 поени минимум мак 136 уч. 4 пар. алб 68 уч. 2 пар. Зошто сега барате од гимназијата во Велес да го симне критериумот за бројот на поени и да се формира посебна паралелка на албански јазик, со ученици кои не исполнуваат услов за упис? Како Вие тоа одлучивте дека така треба? Арбитрарно? Како да сте дома и гимназијата да е ваша лична сопственост? Закон има за средно образование, го кршите член 42. Во Велес има училишта во кои се запишани помал број на ученици. Зошто овие мора да се во гимназија иако не исполнуваат услови, наместо во некое друго училиште? Кои се овие 28 деца? Тие во трет уписен рок треба да се само ученици кои полагале поправен испит во август, односно поправиле ЕДИНИЦИ за да не повторуваат. Министре Шаќири, ВРШИТЕ ДИСКРИМИНАЦИЈА НА УЧЕНИЦИТЕ МАКЕДОНЦИ И СИТЕ ДРУГИ НЕАЛБАНЦИ на кои не им дозволувате со помал број поени да се запишат во гимназија, а им овозможувате на Албанци. ЗОШТО? Мислите им правите услуга на оние кои ни во основно не можеле да освојат 60 поени кога им овозможувате да се запишат во гимназија? Што мислите дека во иднина ќе работат за да заработат парче леб? Или тоа не е важно? Да не е популизам или некаква агенда во прашање? Да не се во прашање избори? Сееедно, за деца кои треба утре да живеат од своето знаење и труд станува збор. НА ШТО ГИ УЧИТЕ ВИЕ, А И ОВОЈ ОД ДПИ? Директор на ДПИ чија основна работа е да штити закон!!!!! П.С. Унапредување на средно образование на албански јазик. Стварно? Браво.

The post Министре, кршите закон и дискриминирате македонски ученици со вештачко создавање на потпросечни албански паралелки appeared first on Република.

]]>
Шаќири вештачки и незаконски создава албански паралелки во Велес https://republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-veshtachki-i-nezakonski-sozdava-albanski-paralelki-vo-veles/ Wed, 30 Aug 2023 15:42:08 +0000 https://republika.mk/?p=677343

Уште еден скандал ја тресе велешката гимназија „Кочо Рацин“, откако на денешната седница на Советот на Општина Велес, на дневен ред е ставено  Предлог–решение, иницирано од самиот министер Јетон Шаќири, за давање согласност за формирање на паралелка со помал број на ученици за учебната 2023/2024 година.

Претходно професорите револтирано реагираа на дописот до нив од страна на Шаќири, во новата учебна година да примат ученици во прва година, кои се под минимумот од 60 поени, што е услов за прием во гимназиите во земјава во учебната 2023/24 година.

Јасно е дека преку рушење на критериумите и деградирање на образовниот процес, министерот од редовите на ДУИ, се обидува вештачки да креира нови албански паралелки.

Како што појасни за МИА професорот Марјан Стојановски, станува збор за 16 деветооделенци кои се пријавиле за упис во велешкта гимназија, а кои се под неопходниот минуму од 60 поени. Некои се со 59, а има и со 41 поен, за кои министерот се залага да бидат запишани во велешата гимназија. Професорите од велешката гимназија бараат од надлежните во нивната работа да не се меша политиката и да ги остават да ја работат и да ги образуваат учениците. Посебно и стрикно за сите гимназии во земјава да се почитуваат критериумите од конкурсот за упис, штио ги има издадено токму надлежното Министерство за образование и наука.

Професорот Стојановски од свое и од име на колегите им се извинува на родителите на овие деца и посочува дека не е ништо друго во прашање туку и единствено тоа што овие ученици се со помалку поени од неопходните 60 колку што се наведени во конкурсот.

Секое дете има право на образование тоа е уставно загарантирано право, меѓутоа постојат правила, закони и критериуми. Според конкурсот за упис, во сите гимназии во земјава може да конкурираат ученици со минимум 60 поени. Во првиот уписен рок тоа во нашата Гимназија „Кочо Рацин“ се почитуваше, но во вториот уписен рок се пријавија ученици со помал број на поени. Добивме допис од министерот дека треба да ги примиме овие кандидати иако не ги исполнуваат условите по конкурсот за упис, појаснува професорот Стојановски.

Тој му посочува на министерот да ги смени условите за упис не само во велешката туку и во сите гимназии во земјава.

Нека ги намали под 60 поени, па така и ние би можеле да ги примиме овие кандидати за наши ученици. Вака се додека не се сменети условите ние ќе направиме прекршок на законот односно на конкурсот каде стрикно е наведено дека кандидатот за упис во гимназија мора да има минимум 60 поени, посочува професорот Стојановски.

Воедно потенцира дека не е во ред министерот да бара упис на ученици со помалку од 60 поени само во гимназиите во Велес, Маврово Ростуше, Житоше и Долнени, а тоа да не важи за сите гимназии во земјава.

Тој и неговите колеги професори револтирано посочуваат дека со намалување на бројот на поени под минимумот, само се намалува угледот на велешката гимназија, која е прва на Балканот од далечната учебна 1857/58 година, и годинава одбележва 166 години постење. Таа е и една една од најуспешните во земјава чии ученици во сите генерации и сега се добитници на голем број први места во природните и општествените науки и спортови и на највисоки домашни и меѓународни награди и признанија.

Ова што се прави е дискриминирачки кон останатите ученици. Која порака ќе ја испратиме кон учениците од основно образование „не учете, ќе бидете примени во гимназијата во Велес“, посочуваат револтирано професорите од велешката Гимназија „Кочо Рацин“.

Градоначалникот Марко Колев ветил дека ќе се заложи кај надлежното министерство за нивните барања и за почитување на критериумите за упис.

 

The post Шаќири вештачки и незаконски создава албански паралелки во Велес appeared first on Република.

]]>

Уште еден скандал ја тресе велешката гимназија „Кочо Рацин“, откако на денешната седница на Советот на Општина Велес, на дневен ред е ставено  Предлог–решение, иницирано од самиот министер Јетон Шаќири, за давање согласност за формирање на паралелка со помал број на ученици за учебната 2023/2024 година. Претходно професорите револтирано реагираа на дописот до нив од страна на Шаќири, во новата учебна година да примат ученици во прва година, кои се под минимумот од 60 поени, што е услов за прием во гимназиите во земјава во учебната 2023/24 година. Јасно е дека преку рушење на критериумите и деградирање на образовниот процес, министерот од редовите на ДУИ, се обидува вештачки да креира нови албански паралелки. Како што појасни за МИА професорот Марјан Стојановски, станува збор за 16 деветооделенци кои се пријавиле за упис во велешкта гимназија, а кои се под неопходниот минуму од 60 поени. Некои се со 59, а има и со 41 поен, за кои министерот се залага да бидат запишани во велешата гимназија. Професорите од велешката гимназија бараат од надлежните во нивната работа да не се меша политиката и да ги остават да ја работат и да ги образуваат учениците. Посебно и стрикно за сите гимназии во земјава да се почитуваат критериумите од конкурсот за упис, штио ги има издадено токму надлежното Министерство за образование и наука. Професорот Стојановски од свое и од име на колегите им се извинува на родителите на овие деца и посочува дека не е ништо друго во прашање туку и единствено тоа што овие ученици се со помалку поени од неопходните 60 колку што се наведени во конкурсот.
Секое дете има право на образование тоа е уставно загарантирано право, меѓутоа постојат правила, закони и критериуми. Според конкурсот за упис, во сите гимназии во земјава може да конкурираат ученици со минимум 60 поени. Во првиот уписен рок тоа во нашата Гимназија „Кочо Рацин“ се почитуваше, но во вториот уписен рок се пријавија ученици со помал број на поени. Добивме допис од министерот дека треба да ги примиме овие кандидати иако не ги исполнуваат условите по конкурсот за упис, појаснува професорот Стојановски.
Тој му посочува на министерот да ги смени условите за упис не само во велешката туку и во сите гимназии во земјава. Нека ги намали под 60 поени, па така и ние би можеле да ги примиме овие кандидати за наши ученици. Вака се додека не се сменети условите ние ќе направиме прекршок на законот односно на конкурсот каде стрикно е наведено дека кандидатот за упис во гимназија мора да има минимум 60 поени, посочува професорот Стојановски. Воедно потенцира дека не е во ред министерот да бара упис на ученици со помалку од 60 поени само во гимназиите во Велес, Маврово Ростуше, Житоше и Долнени, а тоа да не важи за сите гимназии во земјава. Тој и неговите колеги професори револтирано посочуваат дека со намалување на бројот на поени под минимумот, само се намалува угледот на велешката гимназија, која е прва на Балканот од далечната учебна 1857/58 година, и годинава одбележва 166 години постење. Таа е и една една од најуспешните во земјава чии ученици во сите генерации и сега се добитници на голем број први места во природните и општествените науки и спортови и на највисоки домашни и меѓународни награди и признанија.
Ова што се прави е дискриминирачки кон останатите ученици. Која порака ќе ја испратиме кон учениците од основно образование „не учете, ќе бидете примени во гимназијата во Велес“, посочуваат револтирано професорите од велешката Гимназија „Кочо Рацин“.
Градоначалникот Марко Колев ветил дека ќе се заложи кај надлежното министерство за нивните барања и за почитување на критериумите за упис.  

The post Шаќири вештачки и незаконски создава албански паралелки во Велес appeared first on Република.

]]>