генерали Archives - Република https://republika.mk/tema/generali/ За подобро да се разбереме Tue, 10 Oct 2023 10:09:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png генерали Archives - Република https://republika.mk/tema/generali/ 32 32 Двајца генерали од самиот врв на армијата на Полска поднесоа оставки https://republika.mk/vesti/svet/dvajtsa-generali-od-samiot-vrv-na-armijata-na-polska-podnesoa-ostavki/ Tue, 10 Oct 2023 10:09:12 +0000 https://republika.mk/?p=689832

Началникот на Генералштабот на полската армија, генерал Рајмунд Андрејчак и началникот на Оперативната управа, генерал Томаш Пјотровски, поднесоа оставки, меѓу другото, поради злоупотреба во корист на властите во кампањата пред парламентарните избори на 15 октомври.

Весникот „Жечпосполита“ вие информации прво ги објави како неофицијални, но портпаролот на Оперативната управа, потполковник Јацек Горишевски потоа ги потврдил за телевизијата Полсат.

Причината за поднесените оставки на 1 октомври, а кои сега стигнале до полсиот претседател Анджеј Дуда, е пред се конфликтот со министерот за одбрана Мариуш Блашчак, кој трае веќе подолго време.

Конфликтот се интензивираше по падот на руската ракета во близина на градот Бидгошч во декември минатата година, а јавноста за тоа дозна дури кога случајно ја откри локален жител при прошетка во шумата, речиси пет месеци подоцна.

Блашчак тогаш го обвини генералот Пјотровски за неуспешната потрага по проектилот, но се покажа дека и покрај барањето на армијата за проширување на потрагата кога проектилот не бил пронајден од авион, Министерството за одбрана стравувајќи дека министерот ќе биде обвинет дека противвоздушната одбрана на Полска е неефикасна, одлучи потрагата да прекине.

Блашчак потоа побара оставка од началникот на Оперативната управа на Генералштабот, но претседателот на Полска Дуда одби, па министерот почна да ја игнорира Оперативната управа и задачите за зајакнување на заштита на границата со Белорусија и сега исто така ја доделил евакуацијата на Полјаците од Израел по нападот на Хамас како задачи на Генералната администрација чија команда му е полојална.

Полскиот весник „Жечпосполита“ и медиумите, кои исто така неофицијално добиле потврда за оставки во самиот врв на армијата, нагласуваат дека врз одлуката на генералите Андрејчак и Пјотровски влијаело и тоа што владејачката партија „Право и Правда“ масовно ја злоупотребува армијата во предизборната кампања.

– Ова е драматичен ден за полската армија и резиме на осум години владеење на Право и правда. Во полската армија има драматична криза. Армијата не може да остане без команданти. Претседателот Дуда е должен веднаш да го разреши министерот за одбрана Блашчак, изјави поранешниот министер за одбрана Томаш Шемоњак за полската телевизија ТВН24.

The post Двајца генерали од самиот врв на армијата на Полска поднесоа оставки appeared first on Република.

]]>

Началникот на Генералштабот на полската армија, генерал Рајмунд Андрејчак и началникот на Оперативната управа, генерал Томаш Пјотровски, поднесоа оставки, меѓу другото, поради злоупотреба во корист на властите во кампањата пред парламентарните избори на 15 октомври. Весникот „Жечпосполита“ вие информации прво ги објави како неофицијални, но портпаролот на Оперативната управа, потполковник Јацек Горишевски потоа ги потврдил за телевизијата Полсат. Причината за поднесените оставки на 1 октомври, а кои сега стигнале до полсиот претседател Анджеј Дуда, е пред се конфликтот со министерот за одбрана Мариуш Блашчак, кој трае веќе подолго време. Конфликтот се интензивираше по падот на руската ракета во близина на градот Бидгошч во декември минатата година, а јавноста за тоа дозна дури кога случајно ја откри локален жител при прошетка во шумата, речиси пет месеци подоцна. Блашчак тогаш го обвини генералот Пјотровски за неуспешната потрага по проектилот, но се покажа дека и покрај барањето на армијата за проширување на потрагата кога проектилот не бил пронајден од авион, Министерството за одбрана стравувајќи дека министерот ќе биде обвинет дека противвоздушната одбрана на Полска е неефикасна, одлучи потрагата да прекине. Блашчак потоа побара оставка од началникот на Оперативната управа на Генералштабот, но претседателот на Полска Дуда одби, па министерот почна да ја игнорира Оперативната управа и задачите за зајакнување на заштита на границата со Белорусија и сега исто така ја доделил евакуацијата на Полјаците од Израел по нападот на Хамас како задачи на Генералната администрација чија команда му е полојална. Полскиот весник „Жечпосполита“ и медиумите, кои исто така неофицијално добиле потврда за оставки во самиот врв на армијата, нагласуваат дека врз одлуката на генералите Андрејчак и Пјотровски влијаело и тоа што владејачката партија „Право и Правда“ масовно ја злоупотребува армијата во предизборната кампања. – Ова е драматичен ден за полската армија и резиме на осум години владеење на Право и правда. Во полската армија има драматична криза. Армијата не може да остане без команданти. Претседателот Дуда е должен веднаш да го разреши министерот за одбрана Блашчак, изјави поранешниот министер за одбрана Томаш Шемоњак за полската телевизија ТВН24.

The post Двајца генерали од самиот врв на армијата на Полска поднесоа оставки appeared first on Република.

]]>
Најдобрите американски генерали ги подготвуваат Украинците за голем напад https://republika.mk/vesti/svet/najdobrite-amerikanski-generali-gi-podgotvuvaat-ukraintsite-za-golem-napad/ Sat, 04 Mar 2023 19:58:31 +0000 https://republika.mk/?p=615935

Американските генерали беа домаќини на украинските воени претставници оваа недела за заедно да спроведат воени вежби на голема воена маса и да му помогнат на Киев да го отвори патот низ следната фаза од битката за ослободување на својата територија. Украинските генерали за време на вежбите поминуваа низ сценарија со американските генерали и ги одмеруваа последиците од можните стратешки одлуки од идната офанзива.

Украинските функционери, пишува Њујорк тајмс, на крајот ќе одлучат во која насока да се движат, но најдобрите американски генерали вежбале со нив и симулирале потенцијални непријателски реакции. Се чини дека Американците се задоволни од борбените инстинкти на Украинците.

Генералот Кристофер Г. Чаволи, врховен командант на сојузничките сили во Европа, ги пофали воените лидери на Украина како феноменални кога станува збор за приспособливоста. „Ќе им помогнеме да го развијат тој квалитет уште повеќе“, рече Чаволи и додаде: – САД и НАТО можат да продолжат се додека е потребно.

Со воени вежби на самиот врв, Украина се подготвува за претстојниот крај на зимата и за нови големи операции. Генералот Марк А. Мили, претседател на Здружениот штаб на американската армија, учествуваше на вежбите во четвртокот.

Тој опиша како присутните вежбале покрај голема маса со мапи, обележја и други воени реквизити. Мили, се разбира, одби да открие важни детали за вежбите. Сепак, неименувани извори им откриле на медиумите дека би можеле да тргнат во насока на офанзива на североисток и исток, вклучувајќи ги Доњецк и Луганск. Исто така, во офанзивата на југот на земјата, кон копнената врска меѓу Крим и Русија.

Се верува дека би можело да биде реално Украинците да го пресечат тој копнен мост. Мили откри дека приоритет во моментов е противвоздушната одбрана, способноста да се брани воздушниот простор над Украина. Досега во војната Русија не навлезе премногу длабоко во украинскиот воздушен простор со своите борбени авиони. Со поддршка на САД, Украина успеа да ги задржи непријателските авиони надвор од своето небо со противвоздушни системи.

Генерал Даниел Р. Хокансон, началник на штабот на Националната гарда, го посети Графенвер, еден од центрите за обука на украинските војници во Германија. Тој помина време таму во кампот Херсон, додека силите беа обучени. Тој не ги соопшти деталите за воените вежби таму, но „Њујорк Тајмс“ пишува дека од јануари Пентагон ја проширил обуката. Во почетокот, обуката беше поврзана со оружје како хаубици што Америка им ги снабдуваше на Украинците.

Сега тоа е петнеделна програма чија цел е да научи како да се движи и како да ги координира четите и баталјоните на терен, да ја синхронизира употребата на артилерија, оклоп и пешадија. Американските инструктори обучија повеќе од 1.000 украински војници од јануари. Со тоа бројот на обучени украински борци од почетокот на војната достигна четири илјади.

The post Најдобрите американски генерали ги подготвуваат Украинците за голем напад appeared first on Република.

]]>

Американските генерали беа домаќини на украинските воени претставници оваа недела за заедно да спроведат воени вежби на голема воена маса и да му помогнат на Киев да го отвори патот низ следната фаза од битката за ослободување на својата територија. Украинските генерали за време на вежбите поминуваа низ сценарија со американските генерали и ги одмеруваа последиците од можните стратешки одлуки од идната офанзива. Украинските функционери, пишува Њујорк тајмс, на крајот ќе одлучат во која насока да се движат, но најдобрите американски генерали вежбале со нив и симулирале потенцијални непријателски реакции. Се чини дека Американците се задоволни од борбените инстинкти на Украинците.
Генералот Кристофер Г. Чаволи, врховен командант на сојузничките сили во Европа, ги пофали воените лидери на Украина како феноменални кога станува збор за приспособливоста. „Ќе им помогнеме да го развијат тој квалитет уште повеќе“, рече Чаволи и додаде: – САД и НАТО можат да продолжат се додека е потребно.
Со воени вежби на самиот врв, Украина се подготвува за претстојниот крај на зимата и за нови големи операции. Генералот Марк А. Мили, претседател на Здружениот штаб на американската армија, учествуваше на вежбите во четвртокот. Тој опиша како присутните вежбале покрај голема маса со мапи, обележја и други воени реквизити. Мили, се разбира, одби да открие важни детали за вежбите. Сепак, неименувани извори им откриле на медиумите дека би можеле да тргнат во насока на офанзива на североисток и исток, вклучувајќи ги Доњецк и Луганск. Исто така, во офанзивата на југот на земјата, кон копнената врска меѓу Крим и Русија. Се верува дека би можело да биде реално Украинците да го пресечат тој копнен мост. Мили откри дека приоритет во моментов е противвоздушната одбрана, способноста да се брани воздушниот простор над Украина. Досега во војната Русија не навлезе премногу длабоко во украинскиот воздушен простор со своите борбени авиони. Со поддршка на САД, Украина успеа да ги задржи непријателските авиони надвор од своето небо со противвоздушни системи. Генерал Даниел Р. Хокансон, началник на штабот на Националната гарда, го посети Графенвер, еден од центрите за обука на украинските војници во Германија. Тој помина време таму во кампот Херсон, додека силите беа обучени. Тој не ги соопшти деталите за воените вежби таму, но „Њујорк Тајмс“ пишува дека од јануари Пентагон ја проширил обуката. Во почетокот, обуката беше поврзана со оружје како хаубици што Америка им ги снабдуваше на Украинците. Сега тоа е петнеделна програма чија цел е да научи како да се движи и како да ги координира четите и баталјоните на терен, да ја синхронизира употребата на артилерија, оклоп и пешадија. Американските инструктори обучија повеќе од 1.000 украински војници од јануари. Со тоа бројот на обучени украински борци од почетокот на војната достигна четири илјади.

The post Најдобрите американски генерали ги подготвуваат Украинците за голем напад appeared first on Република.

]]>
Се вклучи алармот во САД: Руски генерали имале состанок за употреба на нуклеарно оружје https://republika.mk/vesti/svet/se-vkluchi-alarmot-vo-sad-ruski-generali-imale-sostanok-za-upotreba-na-nuklearno-oruzje/ Wed, 02 Nov 2022 10:27:34 +0000 https://republika.mk/?p=568697

Руски генерали неодамна разговарале кога и како може Москва да употреби нуклеарно оружје во Украина, пишува „Њујорк Тајмс“.

Рускиот претседател Владимир Путин не учествувал во разговорите, но причина за ова е неуспехот на бојното поле во Украина, тврдат американски официјални лица.

Овие шпекулации го вклучија алармот во САД, но американските власти засега немаат пронајдено докази дека Русите распоредиле нуклеарно оружје.

The post Се вклучи алармот во САД: Руски генерали имале состанок за употреба на нуклеарно оружје appeared first on Република.

]]>

Руски генерали неодамна разговарале кога и како може Москва да употреби нуклеарно оружје во Украина, пишува „Њујорк Тајмс“. Рускиот претседател Владимир Путин не учествувал во разговорите, но причина за ова е неуспехот на бојното поле во Украина, тврдат американски официјални лица. Овие шпекулации го вклучија алармот во САД, но американските власти засега немаат пронајдено докази дека Русите распоредиле нуклеарно оружје.

The post Се вклучи алармот во САД: Руски генерали имале состанок за употреба на нуклеарно оружје appeared first on Република.

]]>