гасен интерконектор Грција – Бугарија Archives - Република https://republika.mk/tema/gasen-interkonektor-grcija-bugarija/ За подобро да се разбереме Sat, 01 Oct 2022 21:22:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гасен интерконектор Грција – Бугарија Archives - Република https://republika.mk/tema/gasen-interkonektor-grcija-bugarija/ 32 32 Пендаровски: Интерконекторот ИГН отвора сигурна порта за диверзифициран природен гас за Југоисточна Европа https://republika.mk/vesti/ekonomija/pendarovski-interkonektorot-ign-otvora-sigurna-porta-za-diverzificiran-priroden-gas-za-jugoistochna-evropa-2/ Sat, 01 Oct 2022 13:09:44 +0000 https://republika.mk/?p=556352

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Софија, Република Бугарија, се обрати на церемонијата по повод почетокот на комерцијалната работа на гасниот интерконектор Грција – Бугарија.

Пендаровски оцени дека ова е значаен настан бидејќи се случува во клучен момент, кога нашиот регион и континентот се соочува со изгледите за тешка зима, зголемена инфлација и преголема невработеност.

Интерконекторот отвора нова, сигурна порта за диверзифициран природен гас, не само за земјите домаќини, туку, во крајна линија, и за Југоисточна Европа, рече претседателот Пендаровски, упатувајќи честити на Азербејџан за, како што рече, конструктивната улога во текот на целиот потфат и ја поздрави подготвеноста на Грција и на Бугарија за проширување на енергетската инфраструктура во нашиот регион.

Јасно е дека колку сме повеќе меѓусебно поврзани, толку поотпорни ќе бидеме на енергетските предизвици од секаков вид. За да обезбеди одржлив развој и да ги задоволи потребите на бизнисите и домаќинствата, Македонија мора да стане дел од оваа мрежа за природен гас. Оттука, подготвени сме да ги направиме сите неопходни чекори во таа насока, рече претседателот Пендаровски.

Во своето обраќање претседателот Пендаровски посочи на потребата и од поголема европска солидарност, нагласувајќи дека паневропската солидарност на дело може да ги ублажи ефектите од акумулираниот евроскептицизам, што според него, е нуспроизвод на долготрајната европска интеграција.

Нашите граѓани очекуваат помалку реторика и поконкретна поддршка. Во вакви околности, најдобриот начин за ублажување на негативните последици врз нашите економии е Европската Унија да го одобри нашето пристапување во нејзините механизми, фондови и инструменти за управување со кризи, рече Пендаровски.

Ако нашата иднина е во Обединета Европа, цела и слободна, како што е кажано многу пати, време е да се намали меѓу-државната конкуренција, да се погледне малку подалеку од тесните национални интереси и да се зајакне солидарноста и соработката како единствен излез од оваа невидена глобална ситуација со која се соочуваме, рече Пендаровски на церемонијата во Националната палата на културата во Софија.

На настанот, покрај домаќинот, претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, присуствуваа и Урсула фон дер Лејен, претседателка на Европската Комисија, Илхам Алијев, претседател на Република Азербејџан, Киријакос Мицотакис, премиер на Хеленската Република, Николае-Ионел Чука, премиер на Романија и Александар Вучиќ, претседател на Република Србија.

The post Пендаровски: Интерконекторот ИГН отвора сигурна порта за диверзифициран природен гас за Југоисточна Европа appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Софија, Република Бугарија, се обрати на церемонијата по повод почетокот на комерцијалната работа на гасниот интерконектор Грција – Бугарија. Пендаровски оцени дека ова е значаен настан бидејќи се случува во клучен момент, кога нашиот регион и континентот се соочува со изгледите за тешка зима, зголемена инфлација и преголема невработеност. Интерконекторот отвора нова, сигурна порта за диверзифициран природен гас, не само за земјите домаќини, туку, во крајна линија, и за Југоисточна Европа, рече претседателот Пендаровски, упатувајќи честити на Азербејџан за, како што рече, конструктивната улога во текот на целиот потфат и ја поздрави подготвеноста на Грција и на Бугарија за проширување на енергетската инфраструктура во нашиот регион. Јасно е дека колку сме повеќе меѓусебно поврзани, толку поотпорни ќе бидеме на енергетските предизвици од секаков вид. За да обезбеди одржлив развој и да ги задоволи потребите на бизнисите и домаќинствата, Македонија мора да стане дел од оваа мрежа за природен гас. Оттука, подготвени сме да ги направиме сите неопходни чекори во таа насока, рече претседателот Пендаровски. Во своето обраќање претседателот Пендаровски посочи на потребата и од поголема европска солидарност, нагласувајќи дека паневропската солидарност на дело може да ги ублажи ефектите од акумулираниот евроскептицизам, што според него, е нуспроизвод на долготрајната европска интеграција. Нашите граѓани очекуваат помалку реторика и поконкретна поддршка. Во вакви околности, најдобриот начин за ублажување на негативните последици врз нашите економии е Европската Унија да го одобри нашето пристапување во нејзините механизми, фондови и инструменти за управување со кризи, рече Пендаровски. Ако нашата иднина е во Обединета Европа, цела и слободна, како што е кажано многу пати, време е да се намали меѓу-државната конкуренција, да се погледне малку подалеку од тесните национални интереси и да се зајакне солидарноста и соработката како единствен излез од оваа невидена глобална ситуација со која се соочуваме, рече Пендаровски на церемонијата во Националната палата на културата во Софија. На настанот, покрај домаќинот, претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, присуствуваа и Урсула фон дер Лејен, претседателка на Европската Комисија, Илхам Алијев, претседател на Република Азербејџан, Киријакос Мицотакис, премиер на Хеленската Република, Николае-Ионел Чука, премиер на Романија и Александар Вучиќ, претседател на Република Србија.

The post Пендаровски: Интерконекторот ИГН отвора сигурна порта за диверзифициран природен гас за Југоисточна Европа appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Слоганот „Заедно сме посилни“ да го спроведеме на дело https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-sloganot-zaedno-sme-posilni-da-go-sprovedeme-na-delo/ Sat, 01 Oct 2022 10:59:40 +0000 https://republika.mk/?p=556315

Пуштањето во употреба на гасниот интерконектор Грција – Бугарија е значаен настан, бидејќи се случува во клучен момент, кога нашиот регион и континентот се соочуваат со изгледите за тешка зима, зголемена инфлација и преголема невработеност, изјави денеска во Софија претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на церемонијата по повод почетокот на комерцијалната работа на гасниот интерконектор Грција – Бугарија (ИГБ).

– Интерконекторот отвора нова, сигурна порта за диверзифициран природен гас, не само за земјите домаќини, туку, во крајна линија, и за Југоисточна Европа, додаде шефот на државата.

Пендаровски потенцира дека овој настан се случува во време на повеќекратни кризи кои, за жал, меѓусебно се засилуваат.

– Во времето кога светот постепено се опоравуваше од разорните ефекти на пандемијата, неодговорната руска агресија во Украина предизвика енергетска криза со огромно социо-економско влијание, истакна претседателот на Републиката.

Тој му упати честитки на Азербејџан за конструктивната улога во текот на целиот потфат и ги поздрави Грција и Бугарија, што се подготвени да ја прошират енергетската инфраструктура во нашиот регион.

– Јасно е, колку сме повеќе меѓусебно поврзани, толку поотпорни ќе бидеме на енергетските предизвици од секаков вид. За да обезбеди одржлив развој и да ги задоволи потребите на бизнисите и домаќинствата, Македонија мора да стане дел од оваа мрежа за природен гас. Оттука, подготвени сме да ги направиме сите неопходни чекори во таа насока, потенцира Пендаровски.

Според него, за да се постави сето ова во поширока перспектива, заедно со посилна регионална соработка, итно ни е потребна и поголема европска солидарност.

– Паневропската солидарност на дело може да ги ублажи ефектите од акумулираниот евроскептицизам, нуспроизвод на долготрајната европска интеграција. Нашите граѓани очекуваат помалку реторика и поконкретна поддршка. Во вакви околности, најдобриот начин за ублажување на негативните последици врз нашите економии е Европската Унија да го одобри нашето пристапување во нејзините механизми, фондови и инструменти за управување со кризи, рече шефот на државата.

Пендаровски потенцира дека ако нашата иднина е во Обединета Европа, цела и слободна, како што е кажано многу пати, време е да се намали меѓудржавната конкуренција, да се погледне малку подалеку од тесните национални интереси и да се зајакне солидарноста и соработката како единствен излез од оваа невидена глобална ситуација со која се соочуваме.

– Ова е идеална можност слоганот „Заедно сме посилни“ конечно да се материјализира, со заеднички напори на сите нас, заклучи претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата што се одржа во Националната палата на културата во Софија.

The post Пендаровски: Слоганот „Заедно сме посилни“ да го спроведеме на дело appeared first on Република.

Мицотакис: Потребна е заедничка европска стратегија за справувањето со енергетската криза https://republika.mk/vesti/balkan/micotakis-potrebna-e-zaednichka-evropska-strategija-za-spravuvanjeto-so-energetskata-kriza/ Sat, 01 Oct 2022 10:50:21 +0000 https://republika.mk/?p=556310

Овој гасовод значително ќе ги промени и снабдувањето со енергија, но и енергетската безбедност за сите нас на европскиот континент, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговиот говор на церемонијата во Софија за почетокот на комерцијалната употреба на интерконекторот за природен гас меѓу Грција и Бугарија (ИГБ) и уште една порача дека за енергетската криза, потребно е заедничко европско решение и заедничка европска стратегија.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Мицотакис изрази уверување дека гасоводот што ќе носи природен гас од Азербејџан во Бугарија, во комбинација со другите инфраструктурни проекти кои се спроведуваат во моментов „ќе придонесе во создавањето кредибилна мрежа за снабдување со природен гас“.

Тој посочи дека конкретниот гасовод „поврзува европски земји што делат исти европски вредности и солидарност“, потенцирајќи ја важноста и потребата за постигнување едно европско решение, исто како и за пандемијата.

– Едно европско решение кое се надевам дека ќе се финализира за време на следните наши средби во Прага и Брисел, ќе ни помогне. Како и за пандемијата ќе треба да спроведеме заедничка стратегија за справување со кризата за да ја елиминираме фрагментацијата, за да бидеме сигурни дека над сè ја ставаме европската солидарноста, над националните интереси. Грција секогаш ќе ги поддржува оваа позиција и овој напор на Европската комисија, истакна Мицотакис.

Говорејќи за регионалните проекти, тој се осврна и на важноста на терминалот за течен природен гас во грчкиот град Александруполис.

– Знаете дека важниот проектот во Александруполис со терминалот и складирањето ќе ни помогне да обезбедиме енергетска безбедност не само за Грција, туку и за други земји од Југоисточна Европа, но не само за нив туку дури и за земјите од централна Европа, порача грчкиот премиер.

Пред церемонијата, Мицотакис оствари билатерални средби со претседателите на Бугарија и Азербејџан, Румен Радев и Илхам Алиев и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

The post Мицотакис: Потребна е заедничка европска стратегија за справувањето со енергетската криза appeared first on Република.

]]>

Овој гасовод значително ќе ги промени и снабдувањето со енергија, но и енергетската безбедност за сите нас на европскиот континент, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговиот говор на церемонијата во Софија за почетокот на комерцијалната употреба на интерконекторот за природен гас меѓу Грција и Бугарија (ИГБ) и уште една порача дека за енергетската криза, потребно е заедничко европско решение и заедничка европска стратегија.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Мицотакис изрази уверување дека гасоводот што ќе носи природен гас од Азербејџан во Бугарија, во комбинација со другите инфраструктурни проекти кои се спроведуваат во моментов „ќе придонесе во создавањето кредибилна мрежа за снабдување со природен гас“. Тој посочи дека конкретниот гасовод „поврзува европски земји што делат исти европски вредности и солидарност“, потенцирајќи ја важноста и потребата за постигнување едно европско решение, исто како и за пандемијата.
– Едно европско решение кое се надевам дека ќе се финализира за време на следните наши средби во Прага и Брисел, ќе ни помогне. Како и за пандемијата ќе треба да спроведеме заедничка стратегија за справување со кризата за да ја елиминираме фрагментацијата, за да бидеме сигурни дека над сè ја ставаме европската солидарноста, над националните интереси. Грција секогаш ќе ги поддржува оваа позиција и овој напор на Европската комисија, истакна Мицотакис.
Говорејќи за регионалните проекти, тој се осврна и на важноста на терминалот за течен природен гас во грчкиот град Александруполис.
– Знаете дека важниот проектот во Александруполис со терминалот и складирањето ќе ни помогне да обезбедиме енергетска безбедност не само за Грција, туку и за други земји од Југоисточна Европа, но не само за нив туку дури и за земјите од централна Европа, порача грчкиот премиер.
Пред церемонијата, Мицотакис оствари билатерални средби со претседателите на Бугарија и Азербејџан, Румен Радев и Илхам Алиев и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

The post Мицотакис: Потребна е заедничка европска стратегија за справувањето со енергетската криза appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: Се чувствувам малку како „црна овца”, вклучете го и Западен Балкан во плановите на ЕУ https://republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-se-chuvstvuvam-malku-kako-crna-ovca-vkluchete-go-i-zapaden-balkan-vo-planovite-na-eu/ Sat, 01 Oct 2022 10:40:05 +0000 https://republika.mk/?p=556302

Српскиот претседател Алексадар Вучиќ во обраќањето на церемонијата на пуштање во работа на гасниот интерконектор меѓу Бугарија и Грција (ИГБ) во Софија, изјави дека овој проект е важен и за Србија и побара од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен да ги вклучи и земјите од Западен Балкан во плановите на ЕУ за цените на енергенсите.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Вучиќ рече дека Србија започнала со изградба на гасен интерконектор со Бугарија на своја територија и дека двете земји ќе го завршат проектот за една година и дека новите интерконектори со Бугарија и со Македонија ќе значат многу за Србија и дека без ЕУ никогаш немаше да се постигнат тие цели.

– Верувам дека ќе имаме тешка зима и есен, уште потешка отколку што рече овде претседателката Фон дер Лајен. Имав дилема пред да дојдам овде како ќе се однесува со мене, но беше многу пристојна и љубезна. Се чувствувам малку како „црна овца” овде во друштво на пријатели и морам да и се заблагодарам, иако не сакам да и ласкам. Таа многу ни помогна кога станува збор за изградбата на интерконектор меѓу Србија и Бугарија и во планирањето на изградбата на интерконектор меѓу Македонија и Србија. Тоа ќе значи многу за инфраструктурата на Балканот, која потоа можеме да ја разгрануваме. Но, без инфраструктурата и поддршката од ЕУ никогаш немаше да ги достигнеме овие цели, рече српскиот претседател.

Во своето обраќање, Вучиќ побара од претседателката на ЕК, Урусула фон дер Лајен, земјите од Западен Балкан да ги стави на заедничката листа на земји од ЕУ кога станува збор за цените на енергенсите.

-Драга Урсула, не слушајте го 100 отсто мојот пријател Киријакос Мицотакис и немојте да ги повторите 100 отсто мерките од ерата на борбата против Ковид – благодарни сме за вашата поддршка, но кога зборуваме за пари, ние не можеме да ги апсорбираме овие цени на енергенси и ве молам ставете ги земјите од Западен Балкан на тој список заедно со други од ЕУ. Знам дека мојот пријател Мицотакис ќе се согласи нашите земји од Западен Балкан да ги ставите на ист список со земјите од ЕУ кога се во прашање цените и ќе ви бидеме бескрајно благодарни, изјави Вучиќ во Софија, изразувајќи благодарност и до Азербејџан без кој не би можело да се смета на диферзификација на гасот.

The post Вучиќ: Се чувствувам малку како „црна овца”, вклучете го и Западен Балкан во плановите на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател Алексадар Вучиќ во обраќањето на церемонијата на пуштање во работа на гасниот интерконектор меѓу Бугарија и Грција (ИГБ) во Софија, изјави дека овој проект е важен и за Србија и побара од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен да ги вклучи и земјите од Западен Балкан во плановите на ЕУ за цените на енергенсите. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Вучиќ рече дека Србија започнала со изградба на гасен интерконектор со Бугарија на своја територија и дека двете земји ќе го завршат проектот за една година и дека новите интерконектори со Бугарија и со Македонија ќе значат многу за Србија и дека без ЕУ никогаш немаше да се постигнат тие цели.
– Верувам дека ќе имаме тешка зима и есен, уште потешка отколку што рече овде претседателката Фон дер Лајен. Имав дилема пред да дојдам овде како ќе се однесува со мене, но беше многу пристојна и љубезна. Се чувствувам малку како „црна овца” овде во друштво на пријатели и морам да и се заблагодарам, иако не сакам да и ласкам. Таа многу ни помогна кога станува збор за изградбата на интерконектор меѓу Србија и Бугарија и во планирањето на изградбата на интерконектор меѓу Македонија и Србија. Тоа ќе значи многу за инфраструктурата на Балканот, која потоа можеме да ја разгрануваме. Но, без инфраструктурата и поддршката од ЕУ никогаш немаше да ги достигнеме овие цели, рече српскиот претседател.
Во своето обраќање, Вучиќ побара од претседателката на ЕК, Урусула фон дер Лајен, земјите од Западен Балкан да ги стави на заедничката листа на земји од ЕУ кога станува збор за цените на енергенсите.
-Драга Урсула, не слушајте го 100 отсто мојот пријател Киријакос Мицотакис и немојте да ги повторите 100 отсто мерките од ерата на борбата против Ковид – благодарни сме за вашата поддршка, но кога зборуваме за пари, ние не можеме да ги апсорбираме овие цени на енергенси и ве молам ставете ги земјите од Западен Балкан на тој список заедно со други од ЕУ. Знам дека мојот пријател Мицотакис ќе се согласи нашите земји од Западен Балкан да ги ставите на ист список со земјите од ЕУ кога се во прашање цените и ќе ви бидеме бескрајно благодарни, изјави Вучиќ во Софија, изразувајќи благодарност и до Азербејџан без кој не би можело да се смета на диферзификација на гасот.

The post Вучиќ: Се чувствувам малку како „црна овца”, вклучете го и Западен Балкан во плановите на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Радев: Интерконекторот меѓу Бугарија и Грција е симбол на растечкиот потенцијал на регионот https://republika.mk/vesti/balkan/radev-interkonektorot-megju-bugarija-i-grcija-e-simbol-na-rastechkiot-potencijal-na-regionot/ Sat, 01 Oct 2022 10:31:14 +0000 https://republika.mk/?p=556295

Интерконекторот меѓу Бугарија и Грција драстично ја менува енергетската карта на Европа и конечно имаме вистински проток на гас од Азербејџан, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев во обраќањето на церемонијата на пуштањето во употреба на гасниот интерконектор Грција – Бугарија (ИГБ), што се одржа во Софија.

– Долго време чекав на реализација на гасниот интерконектор меѓу Бугарија и Грција. Не беше лесно да се постигне. Во него сериозно беа вклучени неколку бугарски и грчки влади и требаше да се надминат многу бирократски пречки, рече Радев.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев изрази благодарност до раководството на компанијата ИЦГБ, кое, како што рече, работеше многу сериозно, но и до бугарските и грчките институции, како и до Европската комисија за финансиската поддршка за реализација на овој проект.

Според него, оваа гасна врска е можност не само за Бугарија, туку и за Романија, Србија, Македонија и многу други земји од Централна и Југоисточна Европа.

Радев се обрати кон грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој присуствуваше на церемонијата, истакнувајќи дека Бугарија очекува пуштање во употреба и на гасниот центар во Александруполис, со што, според него, ќе се постигне вистинска диверзификација.

– Затоа, интерконекторот меѓу Бугарија и Грција не е само инфраструктурен проект, туку симбол на зголемениот потенцијал на нашиот регион, успешна соработка и нашата поврзаност, кои придонесуваат за нашиот одржлив развој преку реализација на заедничката европска стратегија за понадежна, евтини и сигурна енергија, додаде Радев.

Тој истакна дека врз основа на оваа стратегија, Бугарија ќе го прошири капацитетот на складиштето за гас во Чирен за да им помогне на соседите.

Радев потенцира дека Бугарија инсистира и на воспоставување интерконектор со Србија, а соработува и со Романија.

На маргините на форумот, Радев имаше неформален разговор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и со еврокомесарот за енергетика Кадри Симсон и со грчкиот министер за животна средина и енергетика Костас Скрекас.

The post Радев: Интерконекторот меѓу Бугарија и Грција е симбол на растечкиот потенцијал на регионот appeared first on Република.

]]>

Интерконекторот меѓу Бугарија и Грција драстично ја менува енергетската карта на Европа и конечно имаме вистински проток на гас од Азербејџан, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев во обраќањето на церемонијата на пуштањето во употреба на гасниот интерконектор Грција – Бугарија (ИГБ), што се одржа во Софија.
– Долго време чекав на реализација на гасниот интерконектор меѓу Бугарија и Грција. Не беше лесно да се постигне. Во него сериозно беа вклучени неколку бугарски и грчки влади и требаше да се надминат многу бирократски пречки, рече Радев.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев изрази благодарност до раководството на компанијата ИЦГБ, кое, како што рече, работеше многу сериозно, но и до бугарските и грчките институции, како и до Европската комисија за финансиската поддршка за реализација на овој проект. Според него, оваа гасна врска е можност не само за Бугарија, туку и за Романија, Србија, Македонија и многу други земји од Централна и Југоисточна Европа. Радев се обрати кон грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој присуствуваше на церемонијата, истакнувајќи дека Бугарија очекува пуштање во употреба и на гасниот центар во Александруполис, со што, според него, ќе се постигне вистинска диверзификација.
– Затоа, интерконекторот меѓу Бугарија и Грција не е само инфраструктурен проект, туку симбол на зголемениот потенцијал на нашиот регион, успешна соработка и нашата поврзаност, кои придонесуваат за нашиот одржлив развој преку реализација на заедничката европска стратегија за понадежна, евтини и сигурна енергија, додаде Радев.
Тој истакна дека врз основа на оваа стратегија, Бугарија ќе го прошири капацитетот на складиштето за гас во Чирен за да им помогне на соседите. Радев потенцира дека Бугарија инсистира и на воспоставување интерконектор со Србија, а соработува и со Романија. На маргините на форумот, Радев имаше неформален разговор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и со еврокомесарот за енергетика Кадри Симсон и со грчкиот министер за животна средина и енергетика Костас Скрекас.

The post Радев: Интерконекторот меѓу Бугарија и Грција е симбол на растечкиот потенцијал на регионот appeared first on Република.

]]>
Фон дер Лајен: Со ИГБ започнува новата ера на енергетски план за Бугарија и ЕУ https://republika.mk/vesti/balkan/fon-der-lajen-so-igb-zapochnuva-novata-era-na-energetski-plan-za-bugarija-i-eu/ Sat, 01 Oct 2022 10:18:54 +0000 https://republika.mk/?p=556285

– Со денешниот почеток на комерцијалната работа на гасниот интерконектор Грција – Бугарија (ИГБ) започна нова ера за Бугарија и ЕУ, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во обраќањето на церемонијата на пуштањето во работа на интерконекторот, што се одржа во Националната палата на културата во Софија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Фон дер Лајен нагласи дека гасоводот ќе биде важен фактор против „застрашувачката енергетска војна на Русија против ЕУ“.

– Гасоводот ќе донесе слобода од руската енергетска зависност. Европа може да се ослободи од руската енергетска зависност и заедно ќе направиме силна Енергетска унија. Руската енергетска уцена во Европа мора да престане, истакна претседателката на Еврокомисијата. Фон дер Лајен потсети дека 80 отсто од гасот што го користеше Бугарија го добиваше од Русија. – Ова беше пред Путин да реши да започне енергетска војна против Европа. Овој гасовод ги менува правилата на игра и за Бугарија и за енергетската безбедност на Европа. Овој проект значи ослободување од зависноста од рускиот гас. Овој интерконектор може да ја покрие целата потрошувачка на гас на Бугарија, што е одлична вест во овие тешки времиња, посочи таа.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во обраќањето на церемонијата изјави дека гасниот интерконекторот меѓу Грција и Бугарија ќе има многу сериозна улога во спроведувањето на енергетската безбедност и диверзификација, не само за Бугарија, туку и за Балканот и Централна Европа.

– Азербејџанскиот гас е на пазарот. Азербејџан е сигурен партнер и снабдувач на гас за ЕУ, изјави Алиев, додавајќи дека Баку е подготвен да ги зголеми резервите на гас од 16 милијарди на 27 милијарди кубни метри гас. Тој нагласи и дека Азербејџан има потенцијал да извезува електрична енергија во ЕУ добиена од ветерни електрани, но само се бара опција како таа да се транспортира.

The post Фон дер Лајен: Со ИГБ започнува новата ера на енергетски план за Бугарија и ЕУ appeared first on Република.

Пендаровски: Интерконекторот ИГН отвора сигурна порта за диверзифициран природен гас за Југоисточна Европа https://republika.mk/vesti/ekonomija/pendarovski-interkonektorot-ign-otvora-sigurna-porta-za-diverzificiran-priroden-gas-za-jugoistochna-evropa/ Sat, 01 Oct 2022 09:38:47 +0000 https://republika.mk/?p=556264

Пуштањето во употреба на гасниот интерконектор Грција – Бугарија е значаен настан, бидејќи се случува во клучен момент, кога нашиот регион и континентот се соочуваат со изгледите за тешка зима, зголемена инфлација и преголема невработеност, изјави денеска во Софија претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на церемонијата по повод почетокот на комерцијалната работа на гасниот интерконектор Грција – Бугарија (ИГБ).

– Интерконекторот отвора нова, сигурна порта за диверзифициран природен гас, не само за земјите домаќини, туку, во крајна линија, и за Југоисточна Европа, додаде шефот на државата.

Пендаровски потенцира дека овој настан се случува во време на повеќекратни кризи кои, за жал, меѓусебно се засилуваат.

– Во времето кога светот постепено се опоравуваше од разорните ефекти на пандемијата, неодговорната руска агресија во Украина предизвика енергетска криза со огромно социо-економско влијание, истакна претседателот на Републиката.

Тој му упати честитки на Азербејџан за конструктивната улога во текот на целиот потфат и ги поздрави Грција и Бугарија, што се подготвени да ја прошират енергетската инфраструктура во нашиот регион.

– Јасно е, колку сме повеќе меѓусебно поврзани, толку поотпорни ќе бидеме на енергетските предизвици од секаков вид. За да обезбеди одржлив развој и да ги задоволи потребите на бизнисите и домаќинствата, Македонија мора да стане дел од оваа мрежа за природен гас. Оттука, подготвени сме да ги направиме сите неопходни чекори во таа насока, потенцира Пендаровски.

Според него, за да се постави сето ова во поширока перспектива, заедно со посилна регионална соработка, итно ни е потребна и поголема европска солидарност.

– Паневропската солидарност на дело може да ги ублажи ефектите од акумулираниот евроскептицизам, нуспроизвод на долготрајната европска интеграција. Нашите граѓани очекуваат помалку реторика и поконкретна поддршка. Во вакви околности, најдобриот начин за ублажување на негативните последици врз нашите економии е Европската Унија да го одобри нашето пристапување во нејзините механизми, фондови и инструменти за управување со кризи, рече шефот на државата.

Пендаровски потенцира дека ако нашата иднина е во Обединета Европа, цела и слободна, како што е кажано многу пати, време е да се намали меѓудржавната конкуренција, да се погледне малку подалеку од тесните национални интереси и да се зајакне солидарноста и соработката како единствен излез од оваа невидена глобална ситуација со која се соочуваме.

– Ова е идеална можност слоганот „Заедно сме посилни“ конечно да се материјализира, со заеднички напори на сите нас, заклучи претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата што се одржа во Националната палата на културата во Софија.

На настанот покрај Пендаровски, присуствуваа и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателите на Азербејџан и на Србија, Илхам Алијев и Александар Вучиќ и премиерите на Грција и на Романија, Киријакос Мицотакис и Николае-Јонел Чука.

Гасниот интерконектор ИГБ ја поврзува мрежата за пренос на природен гас на Грција во близина на градот Комотини со бугарската преносна мрежа во близина на градот Стара Загора. Имплементацијата на проектот има за цел да обезбеди диверзификација, не само на рутите, туку и на изворите на природен гас за Бугарија и поширокиот регион.

Овој интерконектор за земјава има и дополнително значење, бидејќи ќе ни овозможи пристап и до складиштето за природен гас во Чилен во Бугарија, преку кој може да набавуваме ЛНГ (Liquified Natural Gas) од терминалот во грчкиот град Александрополис, а во текот на летото кога е поевтин и да го складираме во Бугарија, со можност да го користиме на зима кога е најпотребен. Диверсификацијата на изворите со природен гас, треба да обезбеди сигурност во снабдувањето со природен гас за земјава на среден и долг рок, како и одлична можност за зголемување на перформансите на домашната економија, која може да биде конкурентна со земјите од регионот.

Инаку, за време на престојот во Софија, Пендаровски се сретна со претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен, а ќе има средби и со неговиот бугарски колега Радев. Покрај ова, најавена е и заедничка трилатерална средба на Пендаровски, Радев и Фон дер лајен. Претседателот Пендаровски ќе го посети и местото на автобуската несреќа на автопатот „Струма“, во која на 23 ноември 2021 година загинаа 45 македонски граѓани, каде ќе положи цвеќе.

The post Пендаровски: Интерконекторот ИГН отвора сигурна порта за диверзифициран природен гас за Југоисточна Европа appeared first on Република.

]]>

Пуштањето во употреба на гасниот интерконектор Грција – Бугарија е значаен настан, бидејќи се случува во клучен момент, кога нашиот регион и континентот се соочуваат со изгледите за тешка зима, зголемена инфлација и преголема невработеност, изјави денеска во Софија претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на церемонијата по повод почетокот на комерцијалната работа на гасниот интерконектор Грција – Бугарија (ИГБ).
– Интерконекторот отвора нова, сигурна порта за диверзифициран природен гас, не само за земјите домаќини, туку, во крајна линија, и за Југоисточна Европа, додаде шефот на државата.
Пендаровски потенцира дека овој настан се случува во време на повеќекратни кризи кои, за жал, меѓусебно се засилуваат.
– Во времето кога светот постепено се опоравуваше од разорните ефекти на пандемијата, неодговорната руска агресија во Украина предизвика енергетска криза со огромно социо-економско влијание, истакна претседателот на Републиката.
Тој му упати честитки на Азербејџан за конструктивната улога во текот на целиот потфат и ги поздрави Грција и Бугарија, што се подготвени да ја прошират енергетската инфраструктура во нашиот регион.
– Јасно е, колку сме повеќе меѓусебно поврзани, толку поотпорни ќе бидеме на енергетските предизвици од секаков вид. За да обезбеди одржлив развој и да ги задоволи потребите на бизнисите и домаќинствата, Македонија мора да стане дел од оваа мрежа за природен гас. Оттука, подготвени сме да ги направиме сите неопходни чекори во таа насока, потенцира Пендаровски.
Според него, за да се постави сето ова во поширока перспектива, заедно со посилна регионална соработка, итно ни е потребна и поголема европска солидарност.
– Паневропската солидарност на дело може да ги ублажи ефектите од акумулираниот евроскептицизам, нуспроизвод на долготрајната европска интеграција. Нашите граѓани очекуваат помалку реторика и поконкретна поддршка. Во вакви околности, најдобриот начин за ублажување на негативните последици врз нашите економии е Европската Унија да го одобри нашето пристапување во нејзините механизми, фондови и инструменти за управување со кризи, рече шефот на државата.
Пендаровски потенцира дека ако нашата иднина е во Обединета Европа, цела и слободна, како што е кажано многу пати, време е да се намали меѓудржавната конкуренција, да се погледне малку подалеку од тесните национални интереси и да се зајакне солидарноста и соработката како единствен излез од оваа невидена глобална ситуација со која се соочуваме.
– Ова е идеална можност слоганот „Заедно сме посилни“ конечно да се материјализира, со заеднички напори на сите нас, заклучи претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата што се одржа во Националната палата на културата во Софија.
На настанот покрај Пендаровски, присуствуваа и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателите на Азербејџан и на Србија, Илхам Алијев и Александар Вучиќ и премиерите на Грција и на Романија, Киријакос Мицотакис и Николае-Јонел Чука. Гасниот интерконектор ИГБ ја поврзува мрежата за пренос на природен гас на Грција во близина на градот Комотини со бугарската преносна мрежа во близина на градот Стара Загора. Имплементацијата на проектот има за цел да обезбеди диверзификација, не само на рутите, туку и на изворите на природен гас за Бугарија и поширокиот регион. Овој интерконектор за земјава има и дополнително значење, бидејќи ќе ни овозможи пристап и до складиштето за природен гас во Чилен во Бугарија, преку кој може да набавуваме ЛНГ (Liquified Natural Gas) од терминалот во грчкиот град Александрополис, а во текот на летото кога е поевтин и да го складираме во Бугарија, со можност да го користиме на зима кога е најпотребен. Диверсификацијата на изворите со природен гас, треба да обезбеди сигурност во снабдувањето со природен гас за земјава на среден и долг рок, како и одлична можност за зголемување на перформансите на домашната економија, која може да биде конкурентна со земјите од регионот. Инаку, за време на престојот во Софија, Пендаровски се сретна со претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен, а ќе има средби и со неговиот бугарски колега Радев. Покрај ова, најавена е и заедничка трилатерална средба на Пендаровски, Радев и Фон дер лајен. Претседателот Пендаровски ќе го посети и местото на автобуската несреќа на автопатот „Струма“, во која на 23 ноември 2021 година загинаа 45 македонски граѓани, каде ќе положи цвеќе.