гас Archives - Република https://republika.mk/tema/gas/ За подобро да се разбереме Mon, 21 Oct 2024 20:09:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гас Archives - Република https://republika.mk/tema/gas/ 32 32 Вучиќ: Договорено снабдување со гас од Русија по поволна цена https://republika.mk/vesti/balkan/vuchik-dogovoreno-snabduvane-so-gas-od-rusija-po-povolna-tsena/ Mon, 21 Oct 2024 20:45:41 +0000 https://republika.mk/?p=829580

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави вечерва дека тој и рускиот претседател Владимир Путин се договориле за купување гас по поволни цени и дека ќе разговараат за долгорочен аранжман.

Во интервју за РТС, тој рече дека договорил шест милиони кубни метри гас дневно според формулата за нафта, која се пресметува врз основа на дневната цена на таа енергија на Холандската берза (TTF).

„Вчера гасот на ТТФ чинеше 440 долари, а за Србија 323 долари, што е многу поповолно“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека е договорена и испорака на два милиони кубни метри гас за руските компании во Србија, како што се Нафтената индустрија на Србија и Петрохемија.

Вучиќ изјави и дека се договорени дополнителни три милиони кубни метри гас, чија цена ќе се пресметува 70 отсто според цената на ТТФ, а 30 отсто според „нафтената формула“.

Тој потврди дека ќе разговараат и за долгорочното снабдување со руски гас за Србија со одредени „компромиси за работите од минатото“.

„Ние имаме вкупно 645 милиони кубни метри гас во резерви, така што луѓето не треба да се грижат. Цените што успеавме да ги договориме со руската страна се многу добри“, изјави Вучиќ.

Истакна дека е многу благодарен на руската страна за поддршката и помошта што им ја пружаат.

 

 

 

The post Вучиќ: Договорено снабдување со гас од Русија по поволна цена appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави вечерва дека тој и рускиот претседател Владимир Путин се договориле за купување гас по поволни цени и дека ќе разговараат за долгорочен аранжман. Во интервју за РТС, тој рече дека договорил шест милиони кубни метри гас дневно според формулата за нафта, која се пресметува врз основа на дневната цена на таа енергија на Холандската берза (TTF). „Вчера гасот на ТТФ чинеше 440 долари, а за Србија 323 долари, што е многу поповолно“, рече Вучиќ. Тој додаде дека е договорена и испорака на два милиони кубни метри гас за руските компании во Србија, како што се Нафтената индустрија на Србија и Петрохемија. Вучиќ изјави и дека се договорени дополнителни три милиони кубни метри гас, чија цена ќе се пресметува 70 отсто според цената на ТТФ, а 30 отсто според „нафтената формула“. Тој потврди дека ќе разговараат и за долгорочното снабдување со руски гас за Србија со одредени „компромиси за работите од минатото“. „Ние имаме вкупно 645 милиони кубни метри гас во резерви, така што луѓето не треба да се грижат. Цените што успеавме да ги договориме со руската страна се многу добри“, изјави Вучиќ. Истакна дека е многу благодарен на руската страна за поддршката и помошта што им ја пружаат.      

The post Вучиќ: Договорено снабдување со гас од Русија по поволна цена appeared first on Република.

]]>
Европа треба да се подготви за постудена зима, пазарот на гас е ранлив https://republika.mk/vesti/svet/evropa-treba-da-se-podgotvi-za-postudena-zima-pazarot-na-gas-e-ranliv/ Tue, 15 Oct 2024 10:33:57 +0000 https://republika.mk/?p=827077

Европскиот континент по две години би можел да се соочи со постудена зима, додека пазарот на гас останува ранлив, пренесува Анадолија.

Блага зима 2024/2025 би можела да ја зголеми побарувачката за гас за најмалку осум до 10 милијарди кубни метри, а студена за најмалку 20-25 милијарди кубни метри во однос на минатата година, според Оксфордскиот институт за енергетски студии (OIES).

Најновиот тримесечен преглед на OIES покажува дека неколку денови студено време во септември потсетиле на тоа колку големо влијание може да има температурата врз побарувачката за гас во сите сектори, особено во станбениот и деловниот.

Во моментот на пишување на овој текст, сѐ уште е рано да се добие цврста временска прогноза за оваа зима, но раните индикации покажуваат голема веројатност дека западна и централна Европа ќе бидат погодени од пониски температури во споредба со минатата година поради феноменот Ла Ниња, иако температурите сепак би можеле да бидат потопли од долгорочниот просек, се вели во извештајот.

И покрај слабите европски основи, цените се зголемија во третиот квартал од 2024 година поради ограничувањата во снабдувањето и зголемената конкуренција. Европското производство благо опадна, а исто така имаше и прекини на гасоводите од Норвешка, што доведе до повисоки цени на гасот.

Еден од клучните двигатели на сегашниот скок на цените е затегнувањето на глобалниот пазар на LNG. Увозот на ЛНГ од Азија се зголеми во текот на летото, а побарувачката е особено силна од Кина, Индија и Јапонија. И покрај слабата европска побарувачка за гас, цените се зголемија поради ограничената понуда.

Пазарот останува ранлив додека се приближуваме до зимските месеци, со можност постудена сезона да ја влоши ситуацијата со гасот во Европа, посочува OIES.

Извештајот предупредува дека Ла Нина може да донесе поладни услови, што ќе ја зголеми побарувачката за греење, особено по две благи зими кои го намалија притисокот врз нивоата на складирање.

Ако температурите драстично се намалат, тоа би можело да предизвика понатамошно зголемување на цените додека Европа се обидува да ги пополни складиштата.

Големото потпирање на Европа од увозот на ЛНГ значи дека таа ќе продолжи да плаќа повисоки цени за понудата, особено бидејќи се натпреварува со растечката побарувачка во Азија. Доколку зимата се покаже потудена од очекуваното, Европа би можела да биде принудена да увезува дополнителен ЛНГ, што уште повеќе ќе ги зголеми цените.

Потребите на Европа за гас достигнаа 550 милијарди кубни метри во 2019 година. Во 2020 година Европа потрошила 534 милијарди кубни метри гас, а една година подоцна 553 милијарди кубни метри гас. Пред две години, односно во 2022 година беа потрошени 496 милијарди кубни метри гас, а во 2023 година 465 милијарди кубни метри гас.

The post Европа треба да се подготви за постудена зима, пазарот на гас е ранлив appeared first on Република.

]]>

Европскиот континент по две години би можел да се соочи со постудена зима, додека пазарот на гас останува ранлив, пренесува Анадолија. Блага зима 2024/2025 би можела да ја зголеми побарувачката за гас за најмалку осум до 10 милијарди кубни метри, а студена за најмалку 20-25 милијарди кубни метри во однос на минатата година, според Оксфордскиот институт за енергетски студии (OIES). Најновиот тримесечен преглед на OIES покажува дека неколку денови студено време во септември потсетиле на тоа колку големо влијание може да има температурата врз побарувачката за гас во сите сектори, особено во станбениот и деловниот. Во моментот на пишување на овој текст, сѐ уште е рано да се добие цврста временска прогноза за оваа зима, но раните индикации покажуваат голема веројатност дека западна и централна Европа ќе бидат погодени од пониски температури во споредба со минатата година поради феноменот Ла Ниња, иако температурите сепак би можеле да бидат потопли од долгорочниот просек, се вели во извештајот. И покрај слабите европски основи, цените се зголемија во третиот квартал од 2024 година поради ограничувањата во снабдувањето и зголемената конкуренција. Европското производство благо опадна, а исто така имаше и прекини на гасоводите од Норвешка, што доведе до повисоки цени на гасот. Еден од клучните двигатели на сегашниот скок на цените е затегнувањето на глобалниот пазар на LNG. Увозот на ЛНГ од Азија се зголеми во текот на летото, а побарувачката е особено силна од Кина, Индија и Јапонија. И покрај слабата европска побарувачка за гас, цените се зголемија поради ограничената понуда. Пазарот останува ранлив додека се приближуваме до зимските месеци, со можност постудена сезона да ја влоши ситуацијата со гасот во Европа, посочува OIES. Извештајот предупредува дека Ла Нина може да донесе поладни услови, што ќе ја зголеми побарувачката за греење, особено по две благи зими кои го намалија притисокот врз нивоата на складирање. Ако температурите драстично се намалат, тоа би можело да предизвика понатамошно зголемување на цените додека Европа се обидува да ги пополни складиштата. Големото потпирање на Европа од увозот на ЛНГ значи дека таа ќе продолжи да плаќа повисоки цени за понудата, особено бидејќи се натпреварува со растечката побарувачка во Азија. Доколку зимата се покаже потудена од очекуваното, Европа би можела да биде принудена да увезува дополнителен ЛНГ, што уште повеќе ќе ги зголеми цените. Потребите на Европа за гас достигнаа 550 милијарди кубни метри во 2019 година. Во 2020 година Европа потрошила 534 милијарди кубни метри гас, а една година подоцна 553 милијарди кубни метри гас. Пред две години, односно во 2022 година беа потрошени 496 милијарди кубни метри гас, а во 2023 година 465 милијарди кубни метри гас.

The post Европа треба да се подготви за постудена зима, пазарот на гас е ранлив appeared first on Република.

]]>
ЕУ увезува повеќе гас од Русија отколку од САД https://republika.mk/vesti/svet/eu-uvezuva-poveke-gas-od-rusija-otkolku-od-sad/ Mon, 02 Sep 2024 18:29:12 +0000 https://republika.mk/?p=812397

Земјите на ЕУ прв пат по речиси две години увезле повеќе природен гас во еден квартал од Русија отколку од САД, покажува новото истражување за енергетскиот пазар што го објави бриселската консултантска компанија Бругел, пренесува ДПА.

Европската унија купила повеќе од 12,7 милијарди кубни метри од Русија и 12,3 милијарди од САД од април до јуни годинава.

Споредено со првиот квартал од 2024 година, испораките од Русија се незначително намалени, за разлика од оние од САД кои забалежале значителен пад, покажува истражувањето.

Норвешка останува најголемиот снабдувач на гас во ЕУ со 23,9 милијарди кубни метри во вториот квартал.

Русија ја држеше првата позиција сè додека не ја нападна Украина во февруари 2022 година, по што многу земји од ЕУ го намалија рускиот увоз.

Според статистиката на германската влада, Берлин веќе не купува гас од Русија. Сепак, во ЕУ, Русија се искачи на второто место на листата на добавувачи, веднаш пред САД.

Во неделното издание на весникот „Велт“, Норберт Ротген, експерт за надворешни работи на германската опозициска партија Христијанско-демократска унија (ЦДУ), повика на забрана за увоз на руски гас ширум ЕУ.

- Европејците ја поддржуваат Украина со милијарди и во исто време уплаќаат милијарди во воените ковчези на Путин - тоа не е ниту одговорно, ниту рационално ниту кредибилно, рече Ротген.

Михаел Крузе, портпаролот на Слободна демократска партија (ФДП), членка на владејачката коалиција на канцеларот Олаф Шолц, пак, повика да се плаќа дополнителна давачка за увезениот руски гас за да се зголеми финансиската и воената помош за Украина.

- Ова ќе овозможи Путин самиот да плати за отпорот против неговите варварски напади, вели Крузе.

The post ЕУ увезува повеќе гас од Русија отколку од САД appeared first on Република.

]]>

Земјите на ЕУ прв пат по речиси две години увезле повеќе природен гас во еден квартал од Русија отколку од САД, покажува новото истражување за енергетскиот пазар што го објави бриселската консултантска компанија Бругел, пренесува ДПА. Европската унија купила повеќе од 12,7 милијарди кубни метри од Русија и 12,3 милијарди од САД од април до јуни годинава. Споредено со првиот квартал од 2024 година, испораките од Русија се незначително намалени, за разлика од оние од САД кои забалежале значителен пад, покажува истражувањето. Норвешка останува најголемиот снабдувач на гас во ЕУ со 23,9 милијарди кубни метри во вториот квартал. Русија ја држеше првата позиција сè додека не ја нападна Украина во февруари 2022 година, по што многу земји од ЕУ го намалија рускиот увоз. Според статистиката на германската влада, Берлин веќе не купува гас од Русија. Сепак, во ЕУ, Русија се искачи на второто место на листата на добавувачи, веднаш пред САД. Во неделното издание на весникот „Велт“, Норберт Ротген, експерт за надворешни работи на германската опозициска партија Христијанско-демократска унија (ЦДУ), повика на забрана за увоз на руски гас ширум ЕУ. - Европејците ја поддржуваат Украина со милијарди и во исто време уплаќаат милијарди во воените ковчези на Путин - тоа не е ниту одговорно, ниту рационално ниту кредибилно, рече Ротген. Михаел Крузе, портпаролот на Слободна демократска партија (ФДП), членка на владејачката коалиција на канцеларот Олаф Шолц, пак, повика да се плаќа дополнителна давачка за увезениот руски гас за да се зголеми финансиската и воената помош за Украина. - Ова ќе овозможи Путин самиот да плати за отпорот против неговите варварски напади, вели Крузе.

The post ЕУ увезува повеќе гас од Русија отколку од САД appeared first on Република.

]]>
Расте увозот на руски гас во европските земји, дневно се уплаќаат по 664 милиони евра за руски енергенси https://republika.mk/vesti/svet/raste-uvozot-na-ruski-gas-vo-evropskite-zemji-dnevno-se-uplakaat-po-664-milioni-evra-za-ruski-energensi/ Wed, 07 Aug 2024 12:35:34 +0000 https://republika.mk/?p=804234

Додека Европската унија воведува санкции против Русија, увозот на руски течен природен гас (ЛНГ) во Унијата се зголеми за 9% во првата половина од годинава, открива истражувачката организација Центар за енергетски истражувања (CREA) со седиште во Финска. Француските медиуми, пак, тврдат дека Франција двојно го зголемила увозот на ваков гас од Русија што ја става на врвот на списокот на земји од Унијата кои увезуваат руски гас.

Ова, според Центарот, ја прави ЕУ најголем увозник на руски ЛНГ, по почетокот на војната во Украина. Според Центарот, ЕУ купува повеќе од половина од извезените руски количини (54%), додека Кина многу помалку односно 22%, а Јапонија купува 18% од рускиот течен гас.

Француските медиуми тврдат дека испораките на руски ЛНГ во Франција се зголемени за повеќе од двојно во првата половина од оваа година, од 2 на 4,4 милијарди кубни метри.

Француското министерство за финансии и економија овие бројки ги правда со нападите на бунтовниците Хути врз трговските бродови што пловеа низ Суецкиот канал, кои бараа пренасочување на увозните рути. Бидејќи гасот од Блискиот Исток повеќе не може лесно да стигне до Европа, затоа руската рута е активирана.

Освен Франција, најголеми увозници на руски ЛНГ се Белгија и Шпанија.

Европските земји дневно уплаќаат 664 милиони евра во рускиот буџет (за купување на сите енергетски производи, главно нафта и гас), додека на почетокот на војната со Украина, просечната дневна сума малку надмина една милијарда евра, покажуваат податоците на CREA.

The post Расте увозот на руски гас во европските земји, дневно се уплаќаат по 664 милиони евра за руски енергенси appeared first on Република.

]]>

Додека Европската унија воведува санкции против Русија, увозот на руски течен природен гас (ЛНГ) во Унијата се зголеми за 9% во првата половина од годинава, открива истражувачката организација Центар за енергетски истражувања (CREA) со седиште во Финска. Француските медиуми, пак, тврдат дека Франција двојно го зголемила увозот на ваков гас од Русија што ја става на врвот на списокот на земји од Унијата кои увезуваат руски гас. Ова, според Центарот, ја прави ЕУ најголем увозник на руски ЛНГ, по почетокот на војната во Украина. Според Центарот, ЕУ купува повеќе од половина од извезените руски количини (54%), додека Кина многу помалку односно 22%, а Јапонија купува 18% од рускиот течен гас. Француските медиуми тврдат дека испораките на руски ЛНГ во Франција се зголемени за повеќе од двојно во првата половина од оваа година, од 2 на 4,4 милијарди кубни метри. Француското министерство за финансии и економија овие бројки ги правда со нападите на бунтовниците Хути врз трговските бродови што пловеа низ Суецкиот канал, кои бараа пренасочување на увозните рути. Бидејќи гасот од Блискиот Исток повеќе не може лесно да стигне до Европа, затоа руската рута е активирана. Освен Франција, најголеми увозници на руски ЛНГ се Белгија и Шпанија. Европските земји дневно уплаќаат 664 милиони евра во рускиот буџет (за купување на сите енергетски производи, главно нафта и гас), додека на почетокот на војната со Украина, просечната дневна сума малку надмина една милијарда евра, покажуваат податоците на CREA.

The post Расте увозот на руски гас во европските земји, дневно се уплаќаат по 664 милиони евра за руски енергенси appeared first on Република.

]]>
Шолц ѝ се заблагодари на Норвешка што ѝ обезбедила гас на Германија по прекинувањето на врските со Русија https://republika.mk/vesti/svet/sholts-se-zablagodari-na-norveshka-shto-obezbedila-gas-na-germanija-po-prekinuvaneto-na-vrskite-so-rusija/ Tue, 23 Apr 2024 20:50:43 +0000 https://republika.mk/?p=769469

Германскиот канцелар, Олаф Шолц ѝ се заблагодари на Норвешка што и дава гас на Германија со што ги заменува испораките на гас од Русија. Шолц соопшти дека Норвешка станала најголемиот снабдувач со гас на Германија.

Мораме да ѝ се заблагодариме на Норвешка за фактот што за само неколку месеци успеавме да станеме целосно независни од руската енергија. Норвешка  сигурно нè снабдува со гас, дури и повеќе од првично договореното и ќе остане наш најголем снабдувач на гас во следните години. Со цел да остане најголемиот снабдувач на гас na Германија, Норвешка во моментов развива дополнителни наоѓалишта на гас“, изјави Шолц.

Германскиот канцелар присуствуваше на церемонијата на отворање на саемот во Хановер. На настанот присуствуваше и норвешкиот премиер, Јонас Гар Сторе.

Германија, заедно со други европски земји, одлучи да ја намали својата енергетска зависност од Русија по почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година. Поради тоа, земјите бараат алтернативи, во кои се вклучени и САД и нивниот извоз на течен природен гас.

The post Шолц ѝ се заблагодари на Норвешка што ѝ обезбедила гас на Германија по прекинувањето на врските со Русија appeared first on Република.

]]>

Германскиот канцелар, Олаф Шолц ѝ се заблагодари на Норвешка што и дава гас на Германија со што ги заменува испораките на гас од Русија. Шолц соопшти дека Норвешка станала најголемиот снабдувач со гас на Германија.
Мораме да ѝ се заблагодариме на Норвешка за фактот што за само неколку месеци успеавме да станеме целосно независни од руската енергија. Норвешка  сигурно нè снабдува со гас, дури и повеќе од првично договореното и ќе остане наш најголем снабдувач на гас во следните години. Со цел да остане најголемиот снабдувач на гас na Германија, Норвешка во моментов развива дополнителни наоѓалишта на гас“, изјави Шолц.
Германскиот канцелар присуствуваше на церемонијата на отворање на саемот во Хановер. На настанот присуствуваше и норвешкиот премиер, Јонас Гар Сторе. Германија, заедно со други европски земји, одлучи да ја намали својата енергетска зависност од Русија по почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година. Поради тоа, земјите бараат алтернативи, во кои се вклучени и САД и нивниот извоз на течен природен гас.

The post Шолц ѝ се заблагодари на Норвешка што ѝ обезбедила гас на Германија по прекинувањето на врските со Русија appeared first on Република.

]]>
Симсон: ЕУ со рекордно ниво на залихи на гас на крајот на грејната сезона https://republika.mk/vesti/svet/simson-eu-so-rekordno-nivo-na-zalihi-na-gas-na-krajot-na-grejnata-sezona/ Fri, 12 Apr 2024 09:54:13 +0000 https://republika.mk/?p=765344

На крајот на овогодишната зимска грејна сезона, 31 март, складишта за гас ширум ЕУ беа полни над 58 отсто, што претставува рекордно највисоко ниво на гасни залихи во овој период од годината, соопшти денеска еврокомесарката за енергија Кадри Симсон.

Овие високи нивоа на залихи се резултат на нашата успешна диверзификација во снабдувањето со енергија, напорите на граѓаните и бизнисите да ја намалат потрошувачката на гас и нашите инвестиции во обновливата енергија, што воедно ги претставуваат трите столба на нашиот план „РЕПаурЕУ“, порача Симсон.

Според неа, и покрај многуте стравувања во пресрет на втората зима од стартот на илегалната инвазија на Русија врз Украина, од неа Европа излегува посилна од претходно, со поголема енергетска сигурност и солидарност и со почисти енергенси.

Високото ниво на залихи на гас во Европа значи дека пазарите се се постабилни, цените се враќаат на нивото од пред војната и Европа може да почне со самодоверба да се снабдува за грејната сезона следната зима, истакна Симсон.

Еврокомесарката за енергија , Кадри Симсон, се заложи дека ЕУ ќе ги здружи силите за да и помогне на Украина да се справи со енергетската криза и да ја преброди зимата.

Еврокомесарката потенцира дека иако ЕУ може да биде горда на начинот како досега се справува со енергетската криза, сепак нема простор за самозадоволство.

Мора да продолжиме да ги поддржуваме нашите граѓани и индустријата и нашите украински пријатели. Обезбедувањето енергетска безбедност и конкурентност на Европа, намалувањето на цените и унапредувањето на транзицијата кон чиста енергија остануваат наш висок приоритет, додаде Симсон.

Европската комисија го иницираше планот „РЕПаурЕУ“ во март 2022 година како одговор на руската инвазија врз Украина, со цел да се стави крај на зависноста на Европа од руските фосилни горива. Со планот се предвидува европските складишта на гас на 1 ноември секоја година да бидат исполнети на ниво од 90 отсто.

Со примена на мерките од овој план, уделот на руски гас во европскиот увоз на енергенсот се намали од 45 отсто во 2021 година на 24 проценти во 2022 година, па до 15 отсто лани. Од друга страна, потрошувачката на гас во ЕУ во последниве 18 месеци се намали за речиси 20 проценти, што и влијаеше на зголемените залихи.

На 25 минатиот месец, Советот на ЕУ им препорача на земјите членки да продолжат да ја намалуваат потрошувачката на гас за уште најмалку 15 отсто до 31 март 2025 година.

The post Симсон: ЕУ со рекордно ниво на залихи на гас на крајот на грејната сезона appeared first on Република.

]]>

На крајот на овогодишната зимска грејна сезона, 31 март, складишта за гас ширум ЕУ беа полни над 58 отсто, што претставува рекордно највисоко ниво на гасни залихи во овој период од годината, соопшти денеска еврокомесарката за енергија Кадри Симсон. Овие високи нивоа на залихи се резултат на нашата успешна диверзификација во снабдувањето со енергија, напорите на граѓаните и бизнисите да ја намалат потрошувачката на гас и нашите инвестиции во обновливата енергија, што воедно ги претставуваат трите столба на нашиот план „РЕПаурЕУ“, порача Симсон. Според неа, и покрај многуте стравувања во пресрет на втората зима од стартот на илегалната инвазија на Русија врз Украина, од неа Европа излегува посилна од претходно, со поголема енергетска сигурност и солидарност и со почисти енергенси. Високото ниво на залихи на гас во Европа значи дека пазарите се се постабилни, цените се враќаат на нивото од пред војната и Европа може да почне со самодоверба да се снабдува за грејната сезона следната зима, истакна Симсон. Еврокомесарката за енергија , Кадри Симсон, се заложи дека ЕУ ќе ги здружи силите за да и помогне на Украина да се справи со енергетската криза и да ја преброди зимата. Еврокомесарката потенцира дека иако ЕУ може да биде горда на начинот како досега се справува со енергетската криза, сепак нема простор за самозадоволство. Мора да продолжиме да ги поддржуваме нашите граѓани и индустријата и нашите украински пријатели. Обезбедувањето енергетска безбедност и конкурентност на Европа, намалувањето на цените и унапредувањето на транзицијата кон чиста енергија остануваат наш висок приоритет, додаде Симсон. Европската комисија го иницираше планот „РЕПаурЕУ“ во март 2022 година како одговор на руската инвазија врз Украина, со цел да се стави крај на зависноста на Европа од руските фосилни горива. Со планот се предвидува европските складишта на гас на 1 ноември секоја година да бидат исполнети на ниво од 90 отсто. Со примена на мерките од овој план, уделот на руски гас во европскиот увоз на енергенсот се намали од 45 отсто во 2021 година на 24 проценти во 2022 година, па до 15 отсто лани. Од друга страна, потрошувачката на гас во ЕУ во последниве 18 месеци се намали за речиси 20 проценти, што и влијаеше на зголемените залихи. На 25 минатиот месец, Советот на ЕУ им препорача на земјите членки да продолжат да ја намалуваат потрошувачката на гас за уште најмалку 15 отсто до 31 март 2025 година.

The post Симсон: ЕУ со рекордно ниво на залихи на гас на крајот на грејната сезона appeared first on Република.

]]>
Приходите од нафта и гас во рускиот буџет се двојно зголемени во однос на лани https://republika.mk/vesti/svet/prihodite-od-nafta-i-gas-vo-ruskiot-budhet-se-dvojno-zgolemeni-vo-odnos-na-lani/ Sun, 07 Apr 2024 09:12:26 +0000 https://republika.mk/?p=763282

Приходите од нафта и гас во рускиот буџет се двојно зголемени. Буџетските приходи од таксите за екстракција на нафта и гас се зголемиле за 90 отсто минатиот месец во однос на претходната година на речиси 1,31 трилиони рубљи (14,1 милијарди долари), соопшти руското министерство за финансии.

Даноците на нафтата и нафтените деривати, кои сочинуваа повеќе од 86% од вкупните приходи од јаглеводороди минатиот месец, најмногу придонесоа за растот, покажуваат пресметките на „Блумберг“.

Зголемувањето на буџетските приходи уследува по порастот на цената на сировата нафта од Урал, поранешната главна извозна марка на Русија. Во март 2023 година, по воведувањето на западните санкциите, цената просечно изнесуваше 47,85 долари за барел. Една година подоцна, неговата цена порасна на просечни 68,34 долари за барел, според пресметките на „Блумберг“ врз основа на податоците од „Аргус медиа Лтд“.

Очигледно, вистинската цена на нафтата е повисока, со оглед на истите податоци на „Голдман Сакс“ и „Платс“, според кои пред три недели попустот меѓу Урал и Брент не бил повеќе од 4-5 долари за барел.

Даноците за производство на нафта се зголемиле за 88% до 803 милијарди рубли во март.

Приходите од данокот на доход, кој покрива половина од производството на нафта во земјата, се зголемијале за 166% на 587,5 милијарди рубли.

 

The post Приходите од нафта и гас во рускиот буџет се двојно зголемени во однос на лани appeared first on Република.

]]>

Приходите од нафта и гас во рускиот буџет се двојно зголемени. Буџетските приходи од таксите за екстракција на нафта и гас се зголемиле за 90 отсто минатиот месец во однос на претходната година на речиси 1,31 трилиони рубљи (14,1 милијарди долари), соопшти руското министерство за финансии. Даноците на нафтата и нафтените деривати, кои сочинуваа повеќе од 86% од вкупните приходи од јаглеводороди минатиот месец, најмногу придонесоа за растот, покажуваат пресметките на „Блумберг“. Зголемувањето на буџетските приходи уследува по порастот на цената на сировата нафта од Урал, поранешната главна извозна марка на Русија. Во март 2023 година, по воведувањето на западните санкциите, цената просечно изнесуваше 47,85 долари за барел. Една година подоцна, неговата цена порасна на просечни 68,34 долари за барел, според пресметките на „Блумберг“ врз основа на податоците од „Аргус медиа Лтд“. Очигледно, вистинската цена на нафтата е повисока, со оглед на истите податоци на „Голдман Сакс“ и „Платс“, според кои пред три недели попустот меѓу Урал и Брент не бил повеќе од 4-5 долари за барел. Даноците за производство на нафта се зголемиле за 88% до 803 милијарди рубли во март. Приходите од данокот на доход, кој покрива половина од производството на нафта во земјата, се зголемијале за 166% на 587,5 милијарди рубли.  

The post Приходите од нафта и гас во рускиот буџет се двојно зголемени во однос на лани appeared first on Република.

]]>
„Блумберг“: И покрај санкциите, рускиот приход од нафта и гас се зголемил за 80% https://republika.mk/vesti/svet/blumberg-i-pokraj-sanktsiite-ruskiot-prihod-od-nafta-i-gas-se-zgolemil-za-80/ Wed, 06 Mar 2024 08:40:32 +0000 https://republika.mk/?p=751772

И покрај западните санкции, приходите на Русија од нафта и гас во февруари се зголемиле за 80% во однос на минатата година.

Како што пишува „Блумберг“ приходите на Русија од продажбата на јаглеводороди надминале 10 милијарди долари благодарение на поскапувањето на руската нафта, што се случува и покрај санкциите од Западот. Даноците на нафтата и нафтените деривати, кои сочинуваат 84% од сите приходи од нафта и гас, се зголемени повеќе од двојно.

Официјална Москва го ограничи влијанието на плафонот на цените (земјите од Г7 поставија плафон од 60 долари за барел) користејќи огромна флота танкери во сенка и работејќи со незападни купувачи, посредници и даватели на услуги.

The post „Блумберг“: И покрај санкциите, рускиот приход од нафта и гас се зголемил за 80% appeared first on Република.

]]>

И покрај западните санкции, приходите на Русија од нафта и гас во февруари се зголемиле за 80% во однос на минатата година. Како што пишува „Блумберг“ приходите на Русија од продажбата на јаглеводороди надминале 10 милијарди долари благодарение на поскапувањето на руската нафта, што се случува и покрај санкциите од Западот. Даноците на нафтата и нафтените деривати, кои сочинуваат 84% од сите приходи од нафта и гас, се зголемени повеќе од двојно. Официјална Москва го ограничи влијанието на плафонот на цените (земјите од Г7 поставија плафон од 60 долари за барел) користејќи огромна флота танкери во сенка и работејќи со незападни купувачи, посредници и даватели на услуги.

The post „Блумберг“: И покрај санкциите, рускиот приход од нафта и гас се зголемил за 80% appeared first on Република.

]]>
ЕК препорачува штедењето на гасот да продолжи и во наредниот период https://republika.mk/vesti/svet/ek-preporachuva-shtedeneto-na-gasot-da-prodolzhi-i-vo-naredniot-period/ Tue, 27 Feb 2024 13:00:56 +0000 https://republika.mk/?p=748919

Европската комисијата денеска предложи усвојување на Препорака до земјите членки на ЕУ со која се бара да продолжат да преземаат мерки за намалување на потрошувачката на гас на ниво за 15 отсто под просечното трошење во периодот помеѓу април 2017 и март 2022 година.

Според податоците на ЕК, во периодот од август 2022 година до декември 2023 година ЕУ ја намалила потрошувачката на гас за 18 проценти во споредба со претходниот период, заштедувајќи околу 101 милијарда кубни метри гас. Ваквото намалување беше остварено врз основа на Регулативата усвоена во текот на летото 2022 година, со цел да се обезбеди стабилно снабдување со гас и стабилизација на енергетските пазари во ЕУ, како и да се манифестира солидарност со Украина.

Важноста на одредбите од оваа Регулатива за намалување на потрошувачката на гас истакува на 31 март, па затоа ЕК сега предлага земјите членки доброволно да продолжат со спроведување на мерките за штедење на енергенсот и по овој датум.

За предлогот на Еврокомисијата ќе се расправа на заседанието на министерскиот Совет за енергетика предвидено за 4 март.

- Благодарение на широкиот опсег на итни мерки кои беа воведени по инвазијата на Русија врз Украина, енергетската перспектива на ЕУ е подобрена: снабдувањето е поразновидно, инсталирани се поголеми капацитети за производство на обновлива енергија и направени се импресивни заштеди на енергенсите, посочи ЕК.

Според Комисијата, ваквите мерки резултираа со намалување и стабилизирање на цените на енергенсите во Европа, но со оглед на актуелните геополитички тензии, состојбите на глобалниот пазар на гас и целта на ЕУ за целосно ослободување од зависноста од руските фосилни горива, и натаму е неопходна континуирана заштеда на енергијата.

Континуираната заштеда на гас ќе помогне да се одржи и подобри тековната стабилност на пазарот, вклучително и преку олеснување на полнењето на гасните складишта во текот на пролетта и летото, а, исто така, ќе се поддржат и напорите на ЕУ за декарбонизација, наведува Еврокомисијата.

Денешната Препорака, како што јави дописникот на МИА од Брисел, се базира на извештаите за ревизија на Регулативата за намалување на потрошувачката на гас и за Регулативата за складирање гас.

Покрај гарантирањето на безбедноста на снабдувањето, двете регулативи придонесоа и за стабилизирање на цените на енергијата, за зајакнување на конкурентноста на економијата на ЕУ и за намалување на сметките за граѓаните, кои достигнаа максимални суми во август 2022 година, се додава во соопштението.

The post ЕК препорачува штедењето на гасот да продолжи и во наредниот период appeared first on Република.

]]>

Европската комисијата денеска предложи усвојување на Препорака до земјите членки на ЕУ со која се бара да продолжат да преземаат мерки за намалување на потрошувачката на гас на ниво за 15 отсто под просечното трошење во периодот помеѓу април 2017 и март 2022 година. Според податоците на ЕК, во периодот од август 2022 година до декември 2023 година ЕУ ја намалила потрошувачката на гас за 18 проценти во споредба со претходниот период, заштедувајќи околу 101 милијарда кубни метри гас. Ваквото намалување беше остварено врз основа на Регулативата усвоена во текот на летото 2022 година, со цел да се обезбеди стабилно снабдување со гас и стабилизација на енергетските пазари во ЕУ, како и да се манифестира солидарност со Украина. Важноста на одредбите од оваа Регулатива за намалување на потрошувачката на гас истакува на 31 март, па затоа ЕК сега предлага земјите членки доброволно да продолжат со спроведување на мерките за штедење на енергенсот и по овој датум. За предлогот на Еврокомисијата ќе се расправа на заседанието на министерскиот Совет за енергетика предвидено за 4 март. - Благодарение на широкиот опсег на итни мерки кои беа воведени по инвазијата на Русија врз Украина, енергетската перспектива на ЕУ е подобрена: снабдувањето е поразновидно, инсталирани се поголеми капацитети за производство на обновлива енергија и направени се импресивни заштеди на енергенсите, посочи ЕК. Според Комисијата, ваквите мерки резултираа со намалување и стабилизирање на цените на енергенсите во Европа, но со оглед на актуелните геополитички тензии, состојбите на глобалниот пазар на гас и целта на ЕУ за целосно ослободување од зависноста од руските фосилни горива, и натаму е неопходна континуирана заштеда на енергијата. Континуираната заштеда на гас ќе помогне да се одржи и подобри тековната стабилност на пазарот, вклучително и преку олеснување на полнењето на гасните складишта во текот на пролетта и летото, а, исто така, ќе се поддржат и напорите на ЕУ за декарбонизација, наведува Еврокомисијата. Денешната Препорака, како што јави дописникот на МИА од Брисел, се базира на извештаите за ревизија на Регулативата за намалување на потрошувачката на гас и за Регулативата за складирање гас. Покрај гарантирањето на безбедноста на снабдувањето, двете регулативи придонесоа и за стабилизирање на цените на енергијата, за зајакнување на конкурентноста на економијата на ЕУ и за намалување на сметките за граѓаните, кои достигнаа максимални суми во август 2022 година, се додава во соопштението.

The post ЕК препорачува штедењето на гасот да продолжи и во наредниот период appeared first on Република.

]]>
Русија е подготвена да извезува гас во Европа, но засега нема побарувачка https://republika.mk/vesti/svet/rusija-e-podgotvena-da-izvezuva-gas-vo-evropa-no-zasega-nema-pobaruvachka/ Sat, 27 Jan 2024 16:43:11 +0000 https://republika.mk/?p=737557

Русија е подготвена да испорачува гас во Европа преку различни рути и по истекот на договорот за транзит на гас преку Украина во 2024 година, но сè уште не гледа желба за разговор за ова прашање, изјави рускиот вицепремиер Александар Новак.

Секогаш сме подготвени да продолжиме да испорачуваме гас за Европа, а не само по сегашната рута до крајот на 2024 година. Доколку другата страна сака да продолжи, ние сме подготвени да разговараме за овие прашања. Засега не гледаме желба за тоа“, истакна Новак.

Во декември 2019 година, руски Гаспром и украински Нафтогас се договорија да го продолжат транзитот на руски гас преку украинска територија од 2020 до 2024 година, со опција за натамошно продолжување.

Тој договор предвидува транзит на 65 милијарди кубни метри гас во 2020 година и 40 милијарди кубни метри гас годишно од 2021 до 2024 година, пишува ТАСС.

Договорот, исто така, предвидува дека транзитните такси се наплаќаат врз основа на износот на резервиран капацитет, дури и ако реалниот волумен на пумпање е помал.

 

The post Русија е подготвена да извезува гас во Европа, но засега нема побарувачка appeared first on Република.

]]>

Русија е подготвена да испорачува гас во Европа преку различни рути и по истекот на договорот за транзит на гас преку Украина во 2024 година, но сè уште не гледа желба за разговор за ова прашање, изјави рускиот вицепремиер Александар Новак.
Секогаш сме подготвени да продолжиме да испорачуваме гас за Европа, а не само по сегашната рута до крајот на 2024 година. Доколку другата страна сака да продолжи, ние сме подготвени да разговараме за овие прашања. Засега не гледаме желба за тоа“, истакна Новак.
Во декември 2019 година, руски Гаспром и украински Нафтогас се договорија да го продолжат транзитот на руски гас преку украинска територија од 2020 до 2024 година, со опција за натамошно продолжување.
Тој договор предвидува транзит на 65 милијарди кубни метри гас во 2020 година и 40 милијарди кубни метри гас годишно од 2021 до 2024 година, пишува ТАСС.
Договорот, исто така, предвидува дека транзитните такси се наплаќаат врз основа на износот на резервиран капацитет, дури и ако реалниот волумен на пумпање е помал.  

The post Русија е подготвена да извезува гас во Европа, но засега нема побарувачка appeared first on Република.

]]>
Германија за 2,5 пати го намалила увозот на гас, но не заштедила ништо поради повисоките цени https://republika.mk/vesti/svet/germanija-za-2-5-pati-go-namalila-uvozot-na-gas-no-ne-zashtedila-nishto-poradi-povisokite-tseni/ Fri, 15 Dec 2023 19:32:02 +0000 https://republika.mk/?p=723179

Германија во периодот јануари-септември оваа година увезла 2,5 пати помалку гас во споредба со истиот период во 2021 година, но не успеала да заштеди, бидејќи цените исто така пораснале за 2,5 пати, покажуваат податоците на германската статистичка служба.

Германскиот увоз на гас во првите девет месеци од 2023 година се намалил на 47,9 милијарди кубни метри од 65,9 милијарди кубни метри во истиот период минатата година. За споредба, земјата увезла дури 121,7 милијарди кубни метри гас во 2021 година, покажуваат податоците.

Во исто време, просечната годишна цена на кубен метар гас нагло се зголеми од 0,18 евра (0,19 долари) во 2021 година на 0,45 (0,48 долари) оваа година. Како резултат на тоа, сметката за увоз на гас во Германија изнесувала 21,3 милијарди евра во периодот јануари-септември оваа година во споредба со 22,2 милијарди евра во истиот период во 2021 година, и покрај значителниот пад на снабдувањето.

The post Германија за 2,5 пати го намалила увозот на гас, но не заштедила ништо поради повисоките цени appeared first on Република.

]]>

Германија во периодот јануари-септември оваа година увезла 2,5 пати помалку гас во споредба со истиот период во 2021 година, но не успеала да заштеди, бидејќи цените исто така пораснале за 2,5 пати, покажуваат податоците на германската статистичка служба. Германскиот увоз на гас во првите девет месеци од 2023 година се намалил на 47,9 милијарди кубни метри од 65,9 милијарди кубни метри во истиот период минатата година. За споредба, земјата увезла дури 121,7 милијарди кубни метри гас во 2021 година, покажуваат податоците. Во исто време, просечната годишна цена на кубен метар гас нагло се зголеми од 0,18 евра (0,19 долари) во 2021 година на 0,45 (0,48 долари) оваа година. Како резултат на тоа, сметката за увоз на гас во Германија изнесувала 21,3 милијарди евра во периодот јануари-септември оваа година во споредба со 22,2 милијарди евра во истиот период во 2021 година, и покрај значителниот пад на снабдувањето.

The post Германија за 2,5 пати го намалила увозот на гас, но не заштедила ништо поради повисоките цени appeared first on Република.

]]>
Бугарија ја укинува таксата за рускиот гас https://republika.mk/vesti/balkan/bugarija-ja-ukinuva-taksata-za-ruskiot-gas/ Tue, 12 Dec 2023 09:12:51 +0000 https://republika.mk/?p=722024

Бугарија донесе одлука да го укине данокот за транзит на гас од Русија кој минува низ територијата на таа земја, со цел да ги подобри односите со членките на Европската унија и да се приклучи кон Шенген зоната.

Воведувањето на тој данок предизвика загриженост во цела Југоисточна Европа, поради што Унгарија го нарече потегот на Бугарија „непријателски“ и ја повика ЕУ да спроведе истрага. Овој данок неминовно доведува до поскапување на гасот, објави Блумберг.

Бугарија сега планира да ги промени законите за укинување на даноците, рекоа Бојко Борисов и Кирил Петков, поранешни премиери и лидери на двете најголеми партии во земјата. Ова го изјавија пред состанокот на министрите за внатрешни работи на земјите од Централна и Источна Европа што се одржува во Словенија, а на кој ќе се разговара и за Шенген и за борбата против нерегуларната миграција.

Не смееме да ја пропуштиме оваа шанса поради такса. Добрососедските односи секогаш ни биле многу важни - рече Борисов.

 

The post Бугарија ја укинува таксата за рускиот гас appeared first on Република.

]]>

Бугарија донесе одлука да го укине данокот за транзит на гас од Русија кој минува низ територијата на таа земја, со цел да ги подобри односите со членките на Европската унија и да се приклучи кон Шенген зоната. Воведувањето на тој данок предизвика загриженост во цела Југоисточна Европа, поради што Унгарија го нарече потегот на Бугарија „непријателски“ и ја повика ЕУ да спроведе истрага. Овој данок неминовно доведува до поскапување на гасот, објави Блумберг. Бугарија сега планира да ги промени законите за укинување на даноците, рекоа Бојко Борисов и Кирил Петков, поранешни премиери и лидери на двете најголеми партии во земјата. Ова го изјавија пред состанокот на министрите за внатрешни работи на земјите од Централна и Источна Европа што се одржува во Словенија, а на кој ќе се разговара и за Шенген и за борбата против нерегуларната миграција. Не смееме да ја пропуштиме оваа шанса поради такса. Добрососедските односи секогаш ни биле многу важни - рече Борисов.  

The post Бугарија ја укинува таксата за рускиот гас appeared first on Република.

]]>
Унгарија побара од Европската комисија да преземе мерки против новата такса за пренос на руски гас што го наметна Бугарија https://republika.mk/vesti/svet/ungarija-pobara-od-evropskata-komisija-da-prezeme-merki-protiv-novata-taksa-za-prenos-na-ruski-gas-shto-go-nametna-bugarija/ Fri, 10 Nov 2023 18:09:51 +0000 https://republika.mk/?p=700371

Унгарија побара од Европската комисија да отвори кривична постапка против Бугарија поради неодамна објавената нова такса за транзит на руски гас низ земјата, соопшти унгарскиот министер за Европа Јанош Бока.

Во видеото објавено на Фејсбук, Бока соопшти дека испратил писмо до Европската комисија со барање да се отвори кривична постапка против Бугарија, што е прв чекор во спроведувањето на почитувањето на правилата од страна на земјите-членки. Бока се жали дека Бугарија ја наметнала новата такса без консултација со Унгарија и тврди дека тоа ги прекршува европските царински и трговски правила.

Бугарската такса сериозно ја загрозува енергетската безбедност на Унгарија и на целиот регион“, вели Бока и додава дека Будимпешта е подготвена да го поднесе случајот до највисокиот европски суд до крајот на годината доколку Европската комисија не реагира и не иницира кривична постапка.

Бугарија тврди дека новата такса има за цел да ја ограничи привилегираната позиција на Газпром на пазарот на гас во Југоисточна Европа и да го намали руското влијание во регионот.

Сепак, таксата сериозно ги налути Унгарија и Србија, кои со гас главно се снабдуваат од Русија преку гасоводите „Турски тек“ и „Балкански тек“.

Таксата од 20 лева (10 евра) за мегават-час беше дискутирана во Брисел во октомври, но не беше донесена одлука дали таа е оправдана и законска. Бугарската влада тврди дека данокот нема да ги зголеми цените на бензинот за Србија и Унгарија, туку само ќе го намали профитот на Газпром.

The post Унгарија побара од Европската комисија да преземе мерки против новата такса за пренос на руски гас што го наметна Бугарија appeared first on Република.

]]>

Унгарија побара од Европската комисија да отвори кривична постапка против Бугарија поради неодамна објавената нова такса за транзит на руски гас низ земјата, соопшти унгарскиот министер за Европа Јанош Бока. Во видеото објавено на Фејсбук, Бока соопшти дека испратил писмо до Европската комисија со барање да се отвори кривична постапка против Бугарија, што е прв чекор во спроведувањето на почитувањето на правилата од страна на земјите-членки. Бока се жали дека Бугарија ја наметнала новата такса без консултација со Унгарија и тврди дека тоа ги прекршува европските царински и трговски правила. Бугарската такса сериозно ја загрозува енергетската безбедност на Унгарија и на целиот регион“, вели Бока и додава дека Будимпешта е подготвена да го поднесе случајот до највисокиот европски суд до крајот на годината доколку Европската комисија не реагира и не иницира кривична постапка. Бугарија тврди дека новата такса има за цел да ја ограничи привилегираната позиција на Газпром на пазарот на гас во Југоисточна Европа и да го намали руското влијание во регионот. Сепак, таксата сериозно ги налути Унгарија и Србија, кои со гас главно се снабдуваат од Русија преку гасоводите „Турски тек“ и „Балкански тек“. Таксата од 20 лева (10 евра) за мегават-час беше дискутирана во Брисел во октомври, но не беше донесена одлука дали таа е оправдана и законска. Бугарската влада тврди дека данокот нема да ги зголеми цените на бензинот за Србија и Унгарија, туку само ќе го намали профитот на Газпром.

The post Унгарија побара од Европската комисија да преземе мерки против новата такса за пренос на руски гас што го наметна Бугарија appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Ќе бараме оштета од Бугарија и дополнителна поддршка од ЕУ за таксата за транспорт на руски гас https://republika.mk/vesti/bekteshi-ke-barame-oshteta-od-bugarija-i-dopolnitelna-poddrshka-od-eu-za-taksata-za-transport-na-ruski-gas-dokolku-ne-bidat-oslobodeni-kapatsitetite-na-gasovodot-2/ Wed, 25 Oct 2023 13:08:42 +0000 https://republika.mk/?p=694965

Министерот за економија Крешник Бектеши не очекува претстојната зима да биде потешка од минатата во делот на енергетиката и покрај новиот конфликт на Блискиот Исток кој предизвика зголемување на цените на енергенсите и воведување такса од 10 евра од страна на Бугарија за транспорт на киловат час руски природен гас низ бугарскиот гасовод.

Најави дека ќе бараат оштета од Бугарија и дополнителна поддршка од Европската Унија за воведувањето на таксата доколку не бидат ослободени капацитетите на гасоводот преку кој се снабдуваме со гас од Бугарија, бидејќи токму Бугарија до 2030 година му ги има отстапено сите капацитети на овој гасовод на руски „Гаспром“ со исклучок на капацитетите кои лани беа ослободени.

Ослободувањето на капацитетите е обврска на Европската Унија согласно начелата за целосна либерализација на пазарите. Не може да се воведе такса само за една држава. Во делот на гасоводот на Бугарија со Србија не се закупени капацитетите од страна на „Гаспром“ што значи дека Србија може да користи и други извори освен рускиот гас, а во случајот на нашата држава сами го имаат дадено целиот капацитет на гасоводот под закуп на „Гаспром“ до 2030 година, освен последните што лани беа ослободени. Затоа бараме веднаш да се ослободат капацитетите и да имаме можност и ние да бидеме снабдувани и од други извори за потребите што ги имаме, вклучително од Азербејџан или ЛНГ терминалите - изјави Бектеши.

Капацитетите на гасоводот, како што посочи Бектеши, не се закупени од „Гаспром“ на нашата територија, туку на територија на Бугарија која воедно е и територија на ЕУ.

Затоа доколку не се ослободат капацитетите ќе бараме оштета од Бугарија и дополнителна поддршка од Европската Унија за воведувањето на таксата, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање на паузата на бизнис настанот SUBEX - Suppliers Balkan Expo што денеска и утре се одржува во Скопје во организација на Делегацијата на германското стопанство во  Македонија (АХК).

Бектеши рече дека додека е министер за економија нема да прифати никаква уцена од никоја држава во делот на снабдување и загрозување на енергетската безбедност на државата.

Да уцениш држава е неприфатливо и е спротивно на начелата на работа на Европската Унија, а Бугарија е членка на ЕУ и веднаш треба да ги укине таксите не само кон нашата држава, туку и генерално бидејќи се неприфатливи во ЕУ. Ни кажаа дека ќе направат напори да ги ослободат капацитетите и ја очекуваме нивната одлука. Во случај да не ги ослободат капацитетите, ќе ги користиме моменталните капацитети што ги имаме и ќе бараме дополнителни отштети од Бугарија и Европската унија, бидејќи бараме само ослободување на капацитетите и не се мешаме во нивната фискална политика за воведување на дополнителни такси. Одлуката на Бугарија е нивна внатрешна одлука, но треба да се има предвид и јасно и отворено да им се каже дека ако носат такви одлуки треба да носат и други одлуки со кои ќе се ослободат капацитетите за државите да имаат простор да се снабдуваат од други извори како што е случајот со  Македонија - нагласи Бектеши.

Претходната година, како што посочи, се ослободени одредени капацитети во делот на гасоводот што го имаме со Бугарија, но тие не се доволни за побарувачката и потребите на земјава. Тоа секако би влијаело на цената на природниот гас кој генерално го користи стопанството и компаниите кои работат во зоните, рече Бектеши.

Нагласи дека е во постојан контакт со компаниите и дека веќе реагирал кај Енергетската заедница и кај Европската комисија за проблемот со новата такса во Бугарија.

Очекувам да се ослободат капацитетите кои токму Гаспром ги има закупено од бугарската страна. Легитимно е да воведат такса за природен гас кој доаѓа од Гаспром, но треба да ги ослободат капацитетите кои се закупени од страна на Гаспром кон Македонија. Тоа е нашето барање и не сакаме да се мешаме во делот на фискалната политика на Бугарија, но имаме право да се жалиме во делот на либерализација на пазарот на природен гас и да бараме од Европската Унија тоа да го применат нивните членки - потенцира Бектеши.

Најави дека до крајот на годината ќе почне изградбата на гасоводот со Грција кој, како што кажа, е приоритет и е поддржан од страна на ЕБОР и од стратешките партнери.

Нема да трпиме ниту уцени во делот како ќе инвестираме и како ќе ги диверзифицираме енергетските капацитети. Таквите уцени не се прифатливи ни од Бугарија ниту, пак, од било кого. Ако мислат да прават уцени да правиме втор гасовод со нив тоа нема да им помине заради тоа што ќе продолжиме да ги диверзифицираме изворите на снабдување. Тоа веќе го имаме започнато и за тоа нема компромис - посочи Бектеши.

Нашите очекувања, додаде, се дека нема да биде потешка зима од ланската.

Вистина е дека глобално и геополитички се случуваат работи кои не одат во прилог во делот на енергенсите како што се нафтените деривати и природниот гас и слично. Во делот на електричната енергија ги зголемивме сите домашни капацитети и таму не гледам никаков проблем, додека во делот на природниот гас и нафтените деривати немаме никакво влијание со нашите одлуки, бидејќи не сме производители и сме целосно увозно зависни. Нашите одлуки во тој дел ќе ги носиме согласно движењата на берзата во соработка со Регулаторната комисија за енергетика - рече Бектеши.

The post Бектеши: Ќе бараме оштета од Бугарија и дополнителна поддршка од ЕУ за таксата за транспорт на руски гас appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија Крешник Бектеши не очекува претстојната зима да биде потешка од минатата во делот на енергетиката и покрај новиот конфликт на Блискиот Исток кој предизвика зголемување на цените на енергенсите и воведување такса од 10 евра од страна на Бугарија за транспорт на киловат час руски природен гас низ бугарскиот гасовод. Најави дека ќе бараат оштета од Бугарија и дополнителна поддршка од Европската Унија за воведувањето на таксата доколку не бидат ослободени капацитетите на гасоводот преку кој се снабдуваме со гас од Бугарија, бидејќи токму Бугарија до 2030 година му ги има отстапено сите капацитети на овој гасовод на руски „Гаспром“ со исклучок на капацитетите кои лани беа ослободени.
Ослободувањето на капацитетите е обврска на Европската Унија согласно начелата за целосна либерализација на пазарите. Не може да се воведе такса само за една држава. Во делот на гасоводот на Бугарија со Србија не се закупени капацитетите од страна на „Гаспром“ што значи дека Србија може да користи и други извори освен рускиот гас, а во случајот на нашата држава сами го имаат дадено целиот капацитет на гасоводот под закуп на „Гаспром“ до 2030 година, освен последните што лани беа ослободени. Затоа бараме веднаш да се ослободат капацитетите и да имаме можност и ние да бидеме снабдувани и од други извори за потребите што ги имаме, вклучително од Азербејџан или ЛНГ терминалите - изјави Бектеши.
Капацитетите на гасоводот, како што посочи Бектеши, не се закупени од „Гаспром“ на нашата територија, туку на територија на Бугарија која воедно е и територија на ЕУ. Затоа доколку не се ослободат капацитетите ќе бараме оштета од Бугарија и дополнителна поддршка од Европската Унија за воведувањето на таксата, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање на паузата на бизнис настанот SUBEX - Suppliers Balkan Expo што денеска и утре се одржува во Скопје во организација на Делегацијата на германското стопанство во  Македонија (АХК). Бектеши рече дека додека е министер за економија нема да прифати никаква уцена од никоја држава во делот на снабдување и загрозување на енергетската безбедност на државата.
Да уцениш држава е неприфатливо и е спротивно на начелата на работа на Европската Унија, а Бугарија е членка на ЕУ и веднаш треба да ги укине таксите не само кон нашата држава, туку и генерално бидејќи се неприфатливи во ЕУ. Ни кажаа дека ќе направат напори да ги ослободат капацитетите и ја очекуваме нивната одлука. Во случај да не ги ослободат капацитетите, ќе ги користиме моменталните капацитети што ги имаме и ќе бараме дополнителни отштети од Бугарија и Европската унија, бидејќи бараме само ослободување на капацитетите и не се мешаме во нивната фискална политика за воведување на дополнителни такси. Одлуката на Бугарија е нивна внатрешна одлука, но треба да се има предвид и јасно и отворено да им се каже дека ако носат такви одлуки треба да носат и други одлуки со кои ќе се ослободат капацитетите за државите да имаат простор да се снабдуваат од други извори како што е случајот со  Македонија - нагласи Бектеши.
Претходната година, како што посочи, се ослободени одредени капацитети во делот на гасоводот што го имаме со Бугарија, но тие не се доволни за побарувачката и потребите на земјава. Тоа секако би влијаело на цената на природниот гас кој генерално го користи стопанството и компаниите кои работат во зоните, рече Бектеши. Нагласи дека е во постојан контакт со компаниите и дека веќе реагирал кај Енергетската заедница и кај Европската комисија за проблемот со новата такса во Бугарија.
Очекувам да се ослободат капацитетите кои токму Гаспром ги има закупено од бугарската страна. Легитимно е да воведат такса за природен гас кој доаѓа од Гаспром, но треба да ги ослободат капацитетите кои се закупени од страна на Гаспром кон Македонија. Тоа е нашето барање и не сакаме да се мешаме во делот на фискалната политика на Бугарија, но имаме право да се жалиме во делот на либерализација на пазарот на природен гас и да бараме од Европската Унија тоа да го применат нивните членки - потенцира Бектеши.
Најави дека до крајот на годината ќе почне изградбата на гасоводот со Грција кој, како што кажа, е приоритет и е поддржан од страна на ЕБОР и од стратешките партнери.
Нема да трпиме ниту уцени во делот како ќе инвестираме и како ќе ги диверзифицираме енергетските капацитети. Таквите уцени не се прифатливи ни од Бугарија ниту, пак, од било кого. Ако мислат да прават уцени да правиме втор гасовод со нив тоа нема да им помине заради тоа што ќе продолжиме да ги диверзифицираме изворите на снабдување. Тоа веќе го имаме започнато и за тоа нема компромис - посочи Бектеши.
Нашите очекувања, додаде, се дека нема да биде потешка зима од ланската.
Вистина е дека глобално и геополитички се случуваат работи кои не одат во прилог во делот на енергенсите како што се нафтените деривати и природниот гас и слично. Во делот на електричната енергија ги зголемивме сите домашни капацитети и таму не гледам никаков проблем, додека во делот на природниот гас и нафтените деривати немаме никакво влијание со нашите одлуки, бидејќи не сме производители и сме целосно увозно зависни. Нашите одлуки во тој дел ќе ги носиме согласно движењата на берзата во соработка со Регулаторната комисија за енергетика - рече Бектеши.

The post Бектеши: Ќе бараме оштета од Бугарија и дополнителна поддршка од ЕУ за таксата за транспорт на руски гас appeared first on Република.

]]>
Судирот во Израел ја крена цената на гасот во Европа https://republika.mk/vesti/svet/sudirot-vo-izrael-ja-krena-tsenata-na-gasot-vo-evropa/ Tue, 10 Oct 2023 08:22:10 +0000 https://republika.mk/?p=689738

Цените на гасот во Европа силно пораснаа во понеделникот, имајќи ја предвид загриженоста на трговците од судирот во Израел и затворањето на цевководот во Балтикот поради можно истекување.

На централната европска платформа за тргувае со гас TTF во Холандија, цените на терминските договори со рокови за испораи за еден месец пораснаа за 10 отсто во однос на затворањето на тргувањето минатиот петок, на 41,80 евра за мегават/час.

Трговците го објаснуват скокот со затворањето на финско-естонскиот гасовод „Balticconnector“ поради падот на притисокот во цвководт во текот на викендот. Финскиот оператори „Gasgrid“ не ја исклучи можноста од истекување на гсот, додавајќи дека сѐ уште се прават обиди да се утврди причината за падот на притисокот.

Овој инцидент сѐ уште не претставува закана за снабдувањето со гас во Европа, меѓутоа ја истакнува ранливоста на мрежата за снабдување, особено по саботажите со експлозиите на четирите цевководи од гасоводите Северен тек 1 и 2 минатата година, со кои дефинитивно беа прекинати руските испораки на енергенсто во Германија и натаму во Европа.

Трговците, исто така, го поврзуваат поскапувањето и со можноста од ескалација од судирот меѓу Израел и радикалното палестинско движење Хамас.

Цените на нафтата во понеделникот претпладнето посилно реаггираа на судирот од цената на гасот, имајќи дека регионот на Блискиот исток е клучен произведувач и дека вложивачите стравуваат од поголема дестабилизација на регионот.

The post Судирот во Израел ја крена цената на гасот во Европа appeared first on Република.

]]>

Цените на гасот во Европа силно пораснаа во понеделникот, имајќи ја предвид загриженоста на трговците од судирот во Израел и затворањето на цевководот во Балтикот поради можно истекување. На централната европска платформа за тргувае со гас TTF во Холандија, цените на терминските договори со рокови за испораи за еден месец пораснаа за 10 отсто во однос на затворањето на тргувањето минатиот петок, на 41,80 евра за мегават/час. Трговците го објаснуват скокот со затворањето на финско-естонскиот гасовод „Balticconnector“ поради падот на притисокот во цвководт во текот на викендот. Финскиот оператори „Gasgrid“ не ја исклучи можноста од истекување на гсот, додавајќи дека сѐ уште се прават обиди да се утврди причината за падот на притисокот. Овој инцидент сѐ уште не претставува закана за снабдувањето со гас во Европа, меѓутоа ја истакнува ранливоста на мрежата за снабдување, особено по саботажите со експлозиите на четирите цевководи од гасоводите Северен тек 1 и 2 минатата година, со кои дефинитивно беа прекинати руските испораки на енергенсто во Германија и натаму во Европа. Трговците, исто така, го поврзуваат поскапувањето и со можноста од ескалација од судирот меѓу Израел и радикалното палестинско движење Хамас. Цените на нафтата во понеделникот претпладнето посилно реаггираа на судирот од цената на гасот, имајќи дека регионот на Блискиот исток е клучен произведувач и дека вложивачите стравуваат од поголема дестабилизација на регионот.

The post Судирот во Израел ја крена цената на гасот во Европа appeared first on Република.

]]>
Рама: Во планината Шпираг пронајдено е големо количество висококвалитетен гас и нафта https://republika.mk/vesti/balkan/rama-vo-planinata-shpirag-pronajdeno-e-golemo-kolichestvo-visokokvaliteten-gas-i-nafta/ Wed, 23 Aug 2023 12:13:23 +0000 https://republika.mk/?p=674992

Албанскиот премиер Еди Рама соопшти дека во планината Шпираг кај Берат е пронајдено големо количество висококвалитетен гас и нафта.

Тој на социјалните мрежи напиша дека по речиси десет години работа и достигнување на длабочина од 6002 метри, веќе се подготвува конечниот тест за стабилноста на подземниот притисок за извлекување нафта и гас на површината, што доколку се покаже дека е успешна според премиерот, ќе „влијае на иднината на земјата и на енергетската иднина на Европа“.

„Од посетата на местото на големата надеж за Албанија 2030, каде по титанска работа од речиси десет години и достигнување на 6002 метри длабоко во земјата, допрена е голема резерва на гас и нафта со највисок квалитет. Во меѓувреме, за негово извлекување се подготвува решавачкиот тест за стабилноста на подземниот притисок, кој во случај на успех ќе значи историски скок во економскиот живот на државата. Ви посакувам убав ден“, напиша албанскиот премиер.

Рама објавува и видео од посетата на местото каде што испитувања врши холандската компанијата „Шел“.

The post Рама: Во планината Шпираг пронајдено е големо количество висококвалитетен гас и нафта appeared first on Република.

]]>

Албанскиот премиер Еди Рама соопшти дека во планината Шпираг кај Берат е пронајдено големо количество висококвалитетен гас и нафта. Тој на социјалните мрежи напиша дека по речиси десет години работа и достигнување на длабочина од 6002 метри, веќе се подготвува конечниот тест за стабилноста на подземниот притисок за извлекување нафта и гас на површината, што доколку се покаже дека е успешна според премиерот, ќе „влијае на иднината на земјата и на енергетската иднина на Европа“. „Од посетата на местото на големата надеж за Албанија 2030, каде по титанска работа од речиси десет години и достигнување на 6002 метри длабоко во земјата, допрена е голема резерва на гас и нафта со највисок квалитет. Во меѓувреме, за негово извлекување се подготвува решавачкиот тест за стабилноста на подземниот притисок, кој во случај на успех ќе значи историски скок во економскиот живот на државата. Ви посакувам убав ден“, напиша албанскиот премиер. Рама објавува и видео од посетата на местото каде што испитувања врши холандската компанијата „Шел“.

The post Рама: Во планината Шпираг пронајдено е големо количество висококвалитетен гас и нафта appeared first on Република.

]]>
Велика Британија ќе издава нови лиценци за експлоатација на гас и нафта во Северното Море https://republika.mk/vesti/svet/velika-britanija-ke-izdava-novi-litsentsi-za-eksploatatsija-na-gas-i-nafta-vo-severnoto-more/ Mon, 31 Jul 2023 09:13:09 +0000 https://republika.mk/?p=667178

Велика Британија ќе издаде стотици нови дозволи за експлоатација на гас и нафта во Северното Море.

Како што се наведува во денешното соопштение на британската влада, целта на оваа мерка е зајакнување на енергетската независност на земјата.

Дополнително, Лондон ќе користи и складира јаглерод на две нови локации во североисточна Шкотска и во регионите Хамбер, се додава во соопштението.

Сите бевме сведоци на тоа како Путин манипулира и ја користи енергијата како оружје, нарушувајќи го снабдувањето и го стопираше растот во земјите ширум светот, изјави по тој повод британскиот премиер Риши Сунак.

Сега, повеќе од кога било, од витално значење е да ја зајакнеме нашата енергетска безбедност и да ја искористиме таа независност за да испорачаме попристапна, чиста енергија во британските домови и бизниси, додаде тој.

The post Велика Британија ќе издава нови лиценци за експлоатација на гас и нафта во Северното Море appeared first on Република.

]]>

Велика Британија ќе издаде стотици нови дозволи за експлоатација на гас и нафта во Северното Море. Како што се наведува во денешното соопштение на британската влада, целта на оваа мерка е зајакнување на енергетската независност на земјата. Дополнително, Лондон ќе користи и складира јаглерод на две нови локации во североисточна Шкотска и во регионите Хамбер, се додава во соопштението.
Сите бевме сведоци на тоа како Путин манипулира и ја користи енергијата како оружје, нарушувајќи го снабдувањето и го стопираше растот во земјите ширум светот, изјави по тој повод британскиот премиер Риши Сунак. Сега, повеќе од кога било, од витално значење е да ја зајакнеме нашата енергетска безбедност и да ја искористиме таа независност за да испорачаме попристапна, чиста енергија во британските домови и бизниси, додаде тој.

The post Велика Британија ќе издава нови лиценци за експлоатација на гас и нафта во Северното Море appeared first on Република.

]]>
Откриено поле со гас во Австрија https://republika.mk/vesti/ekonomija/otkrieno-pole-so-gas-vo-avstrija/ Fri, 28 Jul 2023 12:37:57 +0000 https://republika.mk/?p=666299

Австриската нафтена и гасна групација ОМВ (OMV) денеска соопшти дека го открила „најголемото поле со гас во Австрија во последните 40 години“, изразувајќи надеж дека тоа може да ја ограничи зависноста од Русија.

Компанијата наведе дека полето е откриено во Долна Австрија, источно од Виена, по пет месеци работа.

Полето со гас на длабочина од 5.000 метри може да го зголеми производството за 50 проценти.

Историски поврзана со рускиот државен гигант Гаспром, компанијата ОМВ се обидува да ги умножи своите извори на снабдување од почетокот на руската инвазија на Украина, но продолжува да добива гас од Русија.

The post Откриено поле со гас во Австрија appeared first on Република.

]]>

Австриската нафтена и гасна групација ОМВ (OMV) денеска соопшти дека го открила „најголемото поле со гас во Австрија во последните 40 години“, изразувајќи надеж дека тоа може да ја ограничи зависноста од Русија. Компанијата наведе дека полето е откриено во Долна Австрија, источно од Виена, по пет месеци работа. Полето со гас на длабочина од 5.000 метри може да го зголеми производството за 50 проценти. Историски поврзана со рускиот државен гигант Гаспром, компанијата ОМВ се обидува да ги умножи своите извори на снабдување од почетокот на руската инвазија на Украина, но продолжува да добива гас од Русија.

The post Откриено поле со гас во Австрија appeared first on Република.

]]>
На вториот заеднички тендер на ЕУ за набавка на гас се пријавија 25 компании https://republika.mk/vesti/svet/na-vtoriot-zaednichki-tender-na-eu-za-nabavka-na-gas-se-prijavija-25-kompanii/ Thu, 13 Jul 2023 13:03:47 +0000 https://republika.mk/?p=660949

Вкупно 25 меѓународни добавувачи одговорија на нашиот втор тендер за заедничка набавка на гас, со понуди за снабдување со вкупно 15,19 милијарди кубни метри. Сакам да им се заблагодарам на добавувачите кои ги доставија своите понуди, изјави денеска потпретседателот на Европската комисија за меѓуинституционални односи и проекции, Марош Шефчович.

Добивме понуда за речиси 16 милијарди кубни метри, што е за над четири милијарди кубни метри повеќе во споредба со првиот тендер. Заедно на двата тендера имаме двојно поголема понуда од барањата поставени од Советот за целата година. Морам да нагласам дека овие резултати ги надминаа нашите очекувања, истакна Шефчович.

Тој потсети дека првиот тендер за заедничка набавка на гас преку Енергетската платформа на ЕУ беше распишан во април годинава, вториот на 26 јуни, а најави дека ќе следи и трет по летните одмори.

Шефчович посочи дека Еврокомисијата направила одредени измени во тендерот за дополнително да се зголеми ефективноста на заедничката набавка на гас, додавајќи дека резултатите од вториот тендер покажуваат дека постои потреба од здружување на силите за да се гарантира стабилно и прифатливо снабдување со гас на пазарот на ЕУ.

Сега е важно да го зачуваме овој модел што функционира. Механизмот за заедничка набавка да стане редовна точка за поврзување на европската индустрија и добавувачите. Исто така, верувам дека сега треба да работиме на проширување на овој модел и за набавка на други стоки, вклучувајќи обновливи енергенси, водород и стратешки суровини, додаде Шефчович.

Со вториот тендер, кој траеше од 7 до 10 јули, се бараше обезбедување на гас за потребите на 49 компании од ЕУ за периодот од август 2023 година до март 2025 година. Речиси половина од бараните количества на енергенсот се однесуваа на течен природен гас (ЛНГ).

Проектот за заедничка набавка на гас во ЕУ е дел од Планот за диверзификација на изворите на енергенси и зајакнување на енергетската безбедност пред следната зима. На овој начин на компаниите им се овозможува да настапат со заедничка побарувачката за гас и да се усогласат со конкурентните понуди за снабдување на глобалниот пазар.

Механизмот, во кој досега се вклучени над 150 компании, е отворен за субјекти од сите членки на ЕУ и од земјите опфатени со Енергетската заедница.

The post На вториот заеднички тендер на ЕУ за набавка на гас се пријавија 25 компании appeared first on Република.

]]>

Вкупно 25 меѓународни добавувачи одговорија на нашиот втор тендер за заедничка набавка на гас, со понуди за снабдување со вкупно 15,19 милијарди кубни метри. Сакам да им се заблагодарам на добавувачите кои ги доставија своите понуди, изјави денеска потпретседателот на Европската комисија за меѓуинституционални односи и проекции, Марош Шефчович. Добивме понуда за речиси 16 милијарди кубни метри, што е за над четири милијарди кубни метри повеќе во споредба со првиот тендер. Заедно на двата тендера имаме двојно поголема понуда од барањата поставени од Советот за целата година. Морам да нагласам дека овие резултати ги надминаа нашите очекувања, истакна Шефчович. Тој потсети дека првиот тендер за заедничка набавка на гас преку Енергетската платформа на ЕУ беше распишан во април годинава, вториот на 26 јуни, а најави дека ќе следи и трет по летните одмори. Шефчович посочи дека Еврокомисијата направила одредени измени во тендерот за дополнително да се зголеми ефективноста на заедничката набавка на гас, додавајќи дека резултатите од вториот тендер покажуваат дека постои потреба од здружување на силите за да се гарантира стабилно и прифатливо снабдување со гас на пазарот на ЕУ. Сега е важно да го зачуваме овој модел што функционира. Механизмот за заедничка набавка да стане редовна точка за поврзување на европската индустрија и добавувачите. Исто така, верувам дека сега треба да работиме на проширување на овој модел и за набавка на други стоки, вклучувајќи обновливи енергенси, водород и стратешки суровини, додаде Шефчович. Со вториот тендер, кој траеше од 7 до 10 јули, се бараше обезбедување на гас за потребите на 49 компании од ЕУ за периодот од август 2023 година до март 2025 година. Речиси половина од бараните количества на енергенсот се однесуваа на течен природен гас (ЛНГ). Проектот за заедничка набавка на гас во ЕУ е дел од Планот за диверзификација на изворите на енергенси и зајакнување на енергетската безбедност пред следната зима. На овој начин на компаниите им се овозможува да настапат со заедничка побарувачката за гас и да се усогласат со конкурентните понуди за снабдување на глобалниот пазар. Механизмот, во кој досега се вклучени над 150 компании, е отворен за субјекти од сите членки на ЕУ и од земјите опфатени со Енергетската заедница.

The post На вториот заеднички тендер на ЕУ за набавка на гас се пријавија 25 компании appeared first on Република.

]]>
Повторно скок на цената на природниот гас на берзите https://republika.mk/vesti/svet/povtorno-skok-na-tsenata-na-prirodniot-gas-na-berzite/ Thu, 15 Jun 2023 11:53:51 +0000 https://republika.mk/?p=651722

Цената на природниот гас на холандската берза ТТФ денеска скокна на над 45 евра за мегават-час.

Според лондонската берза ИЦЕ, цената на јулските фјучерси на европскиот гас денеска во 10:02 часот изнесуваше 45,555 евра за мегават-час.

Вредноста на природниот гас на берзата ТТФ во последните пет дена се зголеми за 17,160 отсто.

The post Повторно скок на цената на природниот гас на берзите appeared first on Република.

]]>

Цената на природниот гас на холандската берза ТТФ денеска скокна на над 45 евра за мегават-час. Според лондонската берза ИЦЕ, цената на јулските фјучерси на европскиот гас денеска во 10:02 часот изнесуваше 45,555 евра за мегават-час. Вредноста на природниот гас на берзата ТТФ во последните пет дена се зголеми за 17,160 отсто.

The post Повторно скок на цената на природниот гас на берзите appeared first on Република.

]]>