г.г. Вартоломеј Archives - Република https://republika.mk/tema/g-g-vartolomej/ За подобро да се разбереме Fri, 27 May 2022 19:15:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png г.г. Вартоломеј Archives - Република https://republika.mk/tema/g-g-vartolomej/ 32 32 Спасеновски и отец Доситеј на средба со Вселенскиот патријарх Вартоломеј https://republika.mk/vesti/makedonija/spasenovski-i-otec-dositej-na-sredba-so-vselenskiot-patrijarh-vartolomej/ Fri, 27 May 2022 19:15:19 +0000 https://republika.mk/?p=507797

Професорот на правниот факултет од Скопје, Александар Спаесновски и архимандритот од Бигорскиот манастир отец Доситеј имале средба со Вселенскиот патријарх Вартоломеј во Грција. Спасеновски бил гостин на дел од настаните што беа организирани за време на посетата на Вартоломеј на Грција, каде и разговарале со Вселенскиот патријарх. Како што објави Бигорскиот манастир,Спасеновски и Отец Доситеј му се заблагодариле на Патријархот за неговата грижа за Црквата и за историската и визионерска одлука со која ја призна каноничнста на МПЦ-ОА.

Професорот Спасеновски во изјава за американското радио „Флорида“ ја потенцирал благодарност до организаторите на овој настан за поканата да бидат дел од посетата на Вселенскиот Патријарх.

-За нас како луѓе кои за прв пат имаат можност да се сретат со личности од Вселенската Патријаршија по историската одлука од 9 мај, овој настан претставува повод за да ја искажеме својата благодарност од историската одлука на Вселенската Патријаршија за признавање на канонскиот статус на нашата Црква… Конечно се надевам и дека ќе можеме да ги споделиме нашите очекувања дека финалето на овој историски процес којшто започна на 9 мај успешно ќе биде заокружен на 12 јуни, кога нашиот Архиепископ и нашите верници ќе имаат можност во седиштето на Вселенската Патријаршија да бидат дел од историскиот настан во кој заедно ќе сослужуваат нашиот Архиепископ Стефан и Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, изјавил Спасеновски.

Отец Доситеј и проф. Александар разговарале и со Митрополитот на Касандрија г. Никодим, со Игуменот на Манастирот Влатадон Епископот Аморејски г. Никифор, со архонот на Вселенската Патријаршија г. Анастасиј Масторјани, со префектот на Халкидики г. Јанис Јоргос, со градоначалник на Неа Пропонтида г. Манолис Карас.

Инаку, Вартоломеј вчера попладне одржал поздравен говор на Универзитетот Аристотел во Солун на теолошката конференција организирана во негова чест. Притоа, сите учесници на конференцијата го поздравиле и му честитале за одлуката од 9 мај оваа година, со која тој ја прими Охридската Архиепископија во канонско и евхаристиско единство.

Вселенскиот патријар посетата на Грција ќе ја заврши со посета на Света Гора.

Имено, Неговата Сесветост Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј остварува патријаршиска посета на повеќе места во Северна Грција. Неговото патување започна од Драма и Солун, а ќе заврши на Света Гора, каде ќе се задржи до недела.

Во неговата програма беа вклучени повеќе манифестации во местата што ги посетува, а во Манастирот Вознесение Господово во Драма, Патријархот изврши трисагија за неодамна блаженоупокоениот Митрополит Драмски Павле.

Една од станиците на неговата посета беше и Светиот патријаршиски Манастир Влатадон во Солун. Вчера попладне тој одржа поздравен говор во Салата за свечености на Универзитетот Аристотел во Солун на теолошката конференција организирана во негова чест. Притоа, сите учесници на конференцијата го поздравија и му честитаа за одлуката од 9 мај оваа година, со која тој ја прими Охридската Архиепископија во канонско и евхаристиско единство.

Денеска, на својот пат кон Света Гора, Патријархот Вартоломеј застана во Неа Тенедос, за да ја посети изложбата на реликвии од островот Тенедос, во внатрешноста на храмот „Успение на Пресвета Богородица“. Попладнево, тој ја посети и Неа Триглиа, каде беше прогласен за почесен граѓанин на општина Неа Пропонтида и му беше претставен плоштадот пред општинскиот театар, кој почесно е наречен со неговото име.

На денешните настани во Неа Тенедос и Неа Триглиа беше поканет и професорот од Правниот факултет во Скопје и поранешен пратеник во Собранието, проф. д-р Александар Спасеновски, кој за свој придружник го имаше нашиот собрат Архимандрит Доситеј. Притоа, нашите претставници имаа можност накратко да се сретнат и со Неговата Сесветост и срдечно и лично му се заблагодарат на Патријархот за неговата татковска грижа за Црквата и за „историската и визионерска одлука“ со која ја призна каноничнста на нашата Црква.

Во оваа прилика професорот Спасеновски даде своја изјава за американското радио „Флорида“ во која ја истакна благодарноста кон Вселенската Патријаршија и кон личноста на Вселенскиот Патријарх:

„Благодарност до организаторите на овој настан за поканата да бидеме дел од посетата на Вселенскиот Патријарх. За нас како луѓе кои за прв пат имаат можност да се сретат со личности од Вселенската Патријаршија по историската одлука од 9 мај, овој настан претставува повод за да ја искажеме својата благодарност од историската одлука на Вселенската Патријаршија за признавање на канонскиот статус на нашата Црква… Конечно се надевам и дека ќе можеме да ги споделиме нашите очекувања дека финалето на овој историски процес којшто започна на 9 мај успешно ќе биде заокружен на 12 јуни, кога нашиот Архиепископ и нашите верници ќе имаат можност во седиштето на Вселенската Патријаршија да бидат дел од историскиот настан во кој заедно ќе сослужуваат нашиот Архиепископ Стефан и Вселенскиот Патријарх Вартоломеј“.

The post Спасеновски и отец Доситеј на средба со Вселенскиот патријарх Вартоломеј appeared first on Република.

]]>

Професорот на правниот факултет од Скопје, Александар Спаесновски и архимандритот од Бигорскиот манастир отец Доситеј имале средба со Вселенскиот патријарх Вартоломеј во Грција. Спасеновски бил гостин на дел од настаните што беа организирани за време на посетата на Вартоломеј на Грција, каде и разговарале со Вселенскиот патријарх. Како што објави Бигорскиот манастир,Спасеновски и Отец Доситеј му се заблагодариле на Патријархот за неговата грижа за Црквата и за историската и визионерска одлука со која ја призна каноничнста на МПЦ-ОА. Професорот Спасеновски во изјава за американското радио „Флорида“ ја потенцирал благодарност до организаторите на овој настан за поканата да бидат дел од посетата на Вселенскиот Патријарх.
-За нас како луѓе кои за прв пат имаат можност да се сретат со личности од Вселенската Патријаршија по историската одлука од 9 мај, овој настан претставува повод за да ја искажеме својата благодарност од историската одлука на Вселенската Патријаршија за признавање на канонскиот статус на нашата Црква… Конечно се надевам и дека ќе можеме да ги споделиме нашите очекувања дека финалето на овој историски процес којшто започна на 9 мај успешно ќе биде заокружен на 12 јуни, кога нашиот Архиепископ и нашите верници ќе имаат можност во седиштето на Вселенската Патријаршија да бидат дел од историскиот настан во кој заедно ќе сослужуваат нашиот Архиепископ Стефан и Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, изјавил Спасеновски.
Отец Доситеј и проф. Александар разговарале и со Митрополитот на Касандрија г. Никодим, со Игуменот на Манастирот Влатадон Епископот Аморејски г. Никифор, со архонот на Вселенската Патријаршија г. Анастасиј Масторјани, со префектот на Халкидики г. Јанис Јоргос, со градоначалник на Неа Пропонтида г. Манолис Карас. Инаку, Вартоломеј вчера попладне одржал поздравен говор на Универзитетот Аристотел во Солун на теолошката конференција организирана во негова чест. Притоа, сите учесници на конференцијата го поздравиле и му честитале за одлуката од 9 мај оваа година, со која тој ја прими Охридската Архиепископија во канонско и евхаристиско единство. Вселенскиот патријар посетата на Грција ќе ја заврши со посета на Света Гора. Имено, Неговата Сесветост Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј остварува патријаршиска посета на повеќе места во Северна Грција. Неговото патување започна од Драма и Солун, а ќе заврши на Света Гора, каде ќе се задржи до недела. Во неговата програма беа вклучени повеќе манифестации во местата што ги посетува, а во Манастирот Вознесение Господово во Драма, Патријархот изврши трисагија за неодамна блаженоупокоениот Митрополит Драмски Павле. Една од станиците на неговата посета беше и Светиот патријаршиски Манастир Влатадон во Солун. Вчера попладне тој одржа поздравен говор во Салата за свечености на Универзитетот Аристотел во Солун на теолошката конференција организирана во негова чест. Притоа, сите учесници на конференцијата го поздравија и му честитаа за одлуката од 9 мај оваа година, со која тој ја прими Охридската Архиепископија во канонско и евхаристиско единство. Денеска, на својот пат кон Света Гора, Патријархот Вартоломеј застана во Неа Тенедос, за да ја посети изложбата на реликвии од островот Тенедос, во внатрешноста на храмот „Успение на Пресвета Богородица“. Попладнево, тој ја посети и Неа Триглиа, каде беше прогласен за почесен граѓанин на општина Неа Пропонтида и му беше претставен плоштадот пред општинскиот театар, кој почесно е наречен со неговото име. На денешните настани во Неа Тенедос и Неа Триглиа беше поканет и професорот од Правниот факултет во Скопје и поранешен пратеник во Собранието, проф. д-р Александар Спасеновски, кој за свој придружник го имаше нашиот собрат Архимандрит Доситеј. Притоа, нашите претставници имаа можност накратко да се сретнат и со Неговата Сесветост и срдечно и лично му се заблагодарат на Патријархот за неговата татковска грижа за Црквата и за „историската и визионерска одлука“ со која ја призна каноничнста на нашата Црква. Во оваа прилика професорот Спасеновски даде своја изјава за американското радио „Флорида“ во која ја истакна благодарноста кон Вселенската Патријаршија и кон личноста на Вселенскиот Патријарх: „Благодарност до организаторите на овој настан за поканата да бидеме дел од посетата на Вселенскиот Патријарх. За нас како луѓе кои за прв пат имаат можност да се сретат со личности од Вселенската Патријаршија по историската одлука од 9 мај, овој настан претставува повод за да ја искажеме својата благодарност од историската одлука на Вселенската Патријаршија за признавање на канонскиот статус на нашата Црква… Конечно се надевам и дека ќе можеме да ги споделиме нашите очекувања дека финалето на овој историски процес којшто започна на 9 мај успешно ќе биде заокружен на 12 јуни, кога нашиот Архиепископ и нашите верници ќе имаат можност во седиштето на Вселенската Патријаршија да бидат дел од историскиот настан во кој заедно ќе сослужуваат нашиот Архиепископ Стефан и Вселенскиот Патријарх Вартоломеј“.

The post Спасеновски и отец Доситеј на средба со Вселенскиот патријарх Вартоломеј appeared first on Република.

]]>
Вартоломеј: Руската православна црква нѐ разочара, патријархот Кирил треба да му се спротивстави на Путин https://republika.mk/vesti/svet/vartolomej-ruskata-pravoslavna-crkva-n-razochara-patrijarhot-kiril-treba-da-mu-se-sprotivstavi-na-putin/ Wed, 25 May 2022 18:15:13 +0000 https://republika.mk/?p=506899

Вселенскиот патријарх Вартоломеј денеска изјави дека Руската православна црква ги предала отците на православната црква поддржувајќи го нападот врз Украина.

Рускиот патријарх Кирил ја поддржа акцијата во Москва и неговата позиција се прошири низ Православната Црква.

Светскиот совет на црквите побара од патријархот Кирил да „интервенира и посредува“ за запирање на војната, објави „Ројтерс“.

Во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ, Ватроломеи рече дека очекува Кирил да се спротивстави на одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја нападне Украина и да поднесе оставка, доколку е потребно.

„ Не е невозможно сите цркви да не го осудуваат насилството, војната. Руската црква нѐ разочара. Не сакав Руската црква и братот патријарх Кирил да бидат овој трагичен исклучок. Не знам како може да се оправда пред својата совест“, рече Вартоломеј.

Тој додаде дека очекува Кирил да застане во клучниот, историски момент и ако треба да ја жртвува својата позиција, па да му каже на Путин

„Господине претседателе, не се согласувам со вас, поднесувам оставка“.

The post Вартоломеј: Руската православна црква нѐ разочара, патријархот Кирил треба да му се спротивстави на Путин appeared first on Република.

]]>

Вселенскиот патријарх Вартоломеј денеска изјави дека Руската православна црква ги предала отците на православната црква поддржувајќи го нападот врз Украина. Рускиот патријарх Кирил ја поддржа акцијата во Москва и неговата позиција се прошири низ Православната Црква. Светскиот совет на црквите побара од патријархот Кирил да „интервенира и посредува“ за запирање на војната, објави „Ројтерс“. Во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ, Ватроломеи рече дека очекува Кирил да се спротивстави на одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја нападне Украина и да поднесе оставка, доколку е потребно.
„ Не е невозможно сите цркви да не го осудуваат насилството, војната. Руската црква нѐ разочара. Не сакав Руската црква и братот патријарх Кирил да бидат овој трагичен исклучок. Не знам како може да се оправда пред својата совест“, рече Вартоломеј.
Тој додаде дека очекува Кирил да застане во клучниот, историски момент и ако треба да ја жртвува својата позиција, па да му каже на Путин
„Господине претседателе, не се согласувам со вас, поднесувам оставка“.

The post Вартоломеј: Руската православна црква нѐ разочара, патријархот Кирил треба да му се спротивстави на Путин appeared first on Република.

]]> Група интелектуалци со отворено писмо му се заблагодарија на Вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј за прифаќањето во канонско единство на Охридската Архиепископија https://republika.mk/vesti/makedonija/grupa-intelektualci-so-otvoreno-pismo-mu-se-zablagodarija-na-vselenskiot-patrijarh-g-g-vartolomej-za-prifakjanjeto-vo-kanonsko-edinstvo-na-ohridskata-arhiepiskopija/ Sat, 14 May 2022 16:17:34 +0000 https://republika.mk/?p=502276

Ваша Сесветост, сепочитуван Татко на Православните и Вселенски Патријарх Г. Г. Вартоломеј,

Ние, долу потпишаните граѓани, општествени, научни, просветни, здравствени, културни работници од повеќе сфери на општеството во Република Македонија, со нескриена радост ја поздравуваме и силно Ви благодариме Вам и на членовите од Вашиот Свет Синод за Вашата историска одлука од 9 мај 2022 година. Според неа нашата возљубена Црква, нејзината свештена јерархија, клирот и народот, повеќе не се во шизма и раскол и во меѓународна изолација, туку во канонско и литургиско општење со Првопрестолната Мајка Црква, Вселенската Патријаршија, а преку неа и со сите останати помесни православни цркви. Истовремено, границите на црковната власт на нашиот Архиепископ, Неговото Блаженство г. г. Стефан и на нашиот Свет Синод се најпосле омеѓени и загарантирани, за што ние сме особено среќни.

Со Вашата одлука се поплочува патот до зацврстување на добрите односи и знаците на заемно братољубие меѓу црковните достоинственици, свештенството и верниците од сите помесни цркви, како резултат на отстранувањето на расколот.

Оваа одлука Ве преставува Вас како вистински Татко кој се бори за доброто на сите Православни и Архипастир кој се грижи за добриот поредок и успевањето на едната, света, соборна и апостолска Црква.

Како просветлен Првојерарх на Великата Христова Црква, Вие храбро и трпеливо го понесовте крстот да бидете, според зборовите на Господ Исус Христос, „прв во служење на другите“ (Сп. Мк. 9, 35) и достојно одговоривте на својот историски призив. На тој начин се уподобивте на своите славни претходници, големите патријарси на Константинополскиот престол.

Ви благодариме особено и заради тоа што на нашата Црква ѝ го признавате легитимитетот како на духовна и преемствена наследница на древната и историска Охридска Архиепископија. За неа слободно може да се каже дека е срцето со кое пулсира духот на нашиот православен македонски народ и сите други граѓани кои се црквуваат во неа.

За нејзиното возобновување се бореле поколенија и поколенија наши духовни и општествени дејци. Патем, како што некогаш древната Охридска Архиепископија била во силна духовна врска со Константинопол, така денес, со Вашето признавање, воскреснува и таа заемна врска со сечесниот Центар на Православието.

Примањето на Охридската Архиепископија во канонско единство е чин со кој Вие изградивте одбранбен ѕид против агресивната политика за духовна колонизација на Балканот, спротивна на црковните канони и традициите на Православието.

Ваша Сесветост, Вие се покажавте достоен сомолитвеник на Синот и Словото Божјо, кој во Својата првосвештеничка молитва во Гетсиманија, Го молеше Бога Отецот, „да бидат сите едно“ (Јн. 17, 21). Ние веруваме во Вашата мудрост и просветление, како и во мудроста и просветлението на нашиот почитуван и свет Архиепископ г. г. Стефан и на нашите свети архиереи и се надеваме дека наскоро ќе дојде до историското сослужение на Вселенскиот Патријарх со Охридскиот Архиепископ г. г. Стефан. Потем, со Господ напред, го очекуваме и конечното решавање на административниот статус на нашата Црква, а тоа е доделување на Томос за автокефалност од Ваша страна, бидејќи единствено Вселенскиот Патријарх има историско и канонско право да доделува автокефалност. Со тоа практично ќе се потврди црковниот суверенитет, како државотворност на нашата татковина и на верниот македонски народ и на сите граѓани во неа.

Ви благодариме и Ви целиваме света десница!

Скопје 14.05.2022 година

Проф. д-р Марјан Ѓуровски с.р. Проректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола

Академик проф. д-р Вера Битракова Грозданова с.р. Македонска академија на науките и уметностите

Проф. д-р Методи Чепреганов с.р. редовен професор во пензија, Медицински факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје

Проф. д-р Цане Мојаноски с.р. редовен професор во пензија, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, поранешен Претседател на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи

Академик Газанфер Бајрам с.р. Потпретседател на Македонската академија на науките и уметностите

Проф. д-р Зоран Матевски с.р. Филозофски факултет, Институт за социологија, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје

Генерал Мирослав Стојановски с.р. генерал потполковник во пензија, поранешен началник на Генералштабот на АРСМ

Проф. д-р Татјана Стојановска Иванова с.р. Филозофски факултет, Институт за социологија, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје

Проф. д-р Драган Зајковски с.р. црковен историчар и медиевист, Институт за национална историја – Скопје

Проф. д-р Борче Илиевски с.р. црковен историчар, Институт за национална историја – Скопје

Проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ с.р. славист, редовен професор во пензија, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје

Проф. д-р Аспазија Софијанова с.р. Медицински факултет, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје

Проф. д-р Ацо Гирески с.р. редовен професор во пензија, поранешен Декан на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје

Проф. Д-р Милица Миркуловска с.р. Филолошки факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје

Проф. д-р Валериј Софрониевски с.р. Филозофски факултет, Институт за класични студии, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје

Проф. д-р Људмил Спасов с.р. Филолошки факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје

Проф. м-р Весна Ѓиновска Илкова с.р. Факултет за музички уметности, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје

Проф. д-р Крсте Најденкоски с.р. ФЕИТ, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје

Проф. д-р Веле Смилевски с.р. поет, есеист, литературен критичар и научен работник

Проф. д-р Емилија Црвенковска с.р. Филолошки факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје

Проф. д-р Апостол Трпески с.р. Факултет за драмски уметности, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје

Раде Силјан с.р. поет, писател, литературен критичар

Бранко Ѓорѓески с.р. новинар

М-р Влатко Деловски с.р. етнолог и културолог

М-р Душан Пецаковски с.р. бизнис сектор

М-р Илија Ико Каров с.р. режисер и писател

Благој Веселинов с.р. актер

Петар Костовски с.р. актер

The post Група интелектуалци со отворено писмо му се заблагодарија на Вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј за прифаќањето во канонско единство на Охридската Архиепископија appeared first on Република.

]]>

Ваша Сесветост, сепочитуван Татко на Православните и Вселенски Патријарх Г. Г. Вартоломеј, Ние, долу потпишаните граѓани, општествени, научни, просветни, здравствени, културни работници од повеќе сфери на општеството во Република Македонија, со нескриена радост ја поздравуваме и силно Ви благодариме Вам и на членовите од Вашиот Свет Синод за Вашата историска одлука од 9 мај 2022 година. Според неа нашата возљубена Црква, нејзината свештена јерархија, клирот и народот, повеќе не се во шизма и раскол и во меѓународна изолација, туку во канонско и литургиско општење со Првопрестолната Мајка Црква, Вселенската Патријаршија, а преку неа и со сите останати помесни православни цркви. Истовремено, границите на црковната власт на нашиот Архиепископ, Неговото Блаженство г. г. Стефан и на нашиот Свет Синод се најпосле омеѓени и загарантирани, за што ние сме особено среќни. Со Вашата одлука се поплочува патот до зацврстување на добрите односи и знаците на заемно братољубие меѓу црковните достоинственици, свештенството и верниците од сите помесни цркви, како резултат на отстранувањето на расколот. Оваа одлука Ве преставува Вас како вистински Татко кој се бори за доброто на сите Православни и Архипастир кој се грижи за добриот поредок и успевањето на едната, света, соборна и апостолска Црква. Како просветлен Првојерарх на Великата Христова Црква, Вие храбро и трпеливо го понесовте крстот да бидете, според зборовите на Господ Исус Христос, „прв во служење на другите“ (Сп. Мк. 9, 35) и достојно одговоривте на својот историски призив. На тој начин се уподобивте на своите славни претходници, големите патријарси на Константинополскиот престол. Ви благодариме особено и заради тоа што на нашата Црква ѝ го признавате легитимитетот како на духовна и преемствена наследница на древната и историска Охридска Архиепископија. За неа слободно може да се каже дека е срцето со кое пулсира духот на нашиот православен македонски народ и сите други граѓани кои се црквуваат во неа. За нејзиното возобновување се бореле поколенија и поколенија наши духовни и општествени дејци. Патем, како што некогаш древната Охридска Архиепископија била во силна духовна врска со Константинопол, така денес, со Вашето признавање, воскреснува и таа заемна врска со сечесниот Центар на Православието. Примањето на Охридската Архиепископија во канонско единство е чин со кој Вие изградивте одбранбен ѕид против агресивната политика за духовна колонизација на Балканот, спротивна на црковните канони и традициите на Православието. Ваша Сесветост, Вие се покажавте достоен сомолитвеник на Синот и Словото Божјо, кој во Својата првосвештеничка молитва во Гетсиманија, Го молеше Бога Отецот, „да бидат сите едно“ (Јн. 17, 21). Ние веруваме во Вашата мудрост и просветление, како и во мудроста и просветлението на нашиот почитуван и свет Архиепископ г. г. Стефан и на нашите свети архиереи и се надеваме дека наскоро ќе дојде до историското сослужение на Вселенскиот Патријарх со Охридскиот Архиепископ г. г. Стефан. Потем, со Господ напред, го очекуваме и конечното решавање на административниот статус на нашата Црква, а тоа е доделување на Томос за автокефалност од Ваша страна, бидејќи единствено Вселенскиот Патријарх има историско и канонско право да доделува автокефалност. Со тоа практично ќе се потврди црковниот суверенитет, како државотворност на нашата татковина и на верниот македонски народ и на сите граѓани во неа. Ви благодариме и Ви целиваме света десница! Скопје 14.05.2022 година Проф. д-р Марјан Ѓуровски с.р. Проректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола Академик проф. д-р Вера Битракова Грозданова с.р. Македонска академија на науките и уметностите Проф. д-р Методи Чепреганов с.р. редовен професор во пензија, Медицински факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје Проф. д-р Цане Мојаноски с.р. редовен професор во пензија, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, поранешен Претседател на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Академик Газанфер Бајрам с.р. Потпретседател на Македонската академија на науките и уметностите Проф. д-р Зоран Матевски с.р. Филозофски факултет, Институт за социологија, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје Генерал Мирослав Стојановски с.р. генерал потполковник во пензија, поранешен началник на Генералштабот на АРСМ Проф. д-р Татјана Стојановска Иванова с.р. Филозофски факултет, Институт за социологија, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје Проф. д-р Драган Зајковски с.р. црковен историчар и медиевист, Институт за национална историја – Скопје Проф. д-р Борче Илиевски с.р. црковен историчар, Институт за национална историја – Скопје Проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ с.р. славист, редовен професор во пензија, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје Проф. д-р Аспазија Софијанова с.р. Медицински факултет, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје Проф. д-р Ацо Гирески с.р. редовен професор во пензија, поранешен Декан на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје Проф. Д-р Милица Миркуловска с.р. Филолошки факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје Проф. д-р Валериј Софрониевски с.р. Филозофски факултет, Институт за класични студии, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје Проф. д-р Људмил Спасов с.р. Филолошки факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје Проф. м-р Весна Ѓиновска Илкова с.р. Факултет за музички уметности, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје Проф. д-р Крсте Најденкоски с.р. ФЕИТ, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје Проф. д-р Веле Смилевски с.р. поет, есеист, литературен критичар и научен работник Проф. д-р Емилија Црвенковска с.р. Филолошки факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје Проф. д-р Апостол Трпески с.р. Факултет за драмски уметности, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје Раде Силјан с.р. поет, писател, литературен критичар Бранко Ѓорѓески с.р. новинар М-р Влатко Деловски с.р. етнолог и културолог М-р Душан Пецаковски с.р. бизнис сектор М-р Илија Ико Каров с.р. режисер и писател Благој Веселинов с.р. актер Петар Костовски с.р. актер

The post Група интелектуалци со отворено писмо му се заблагодарија на Вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј за прифаќањето во канонско единство на Охридската Архиепископија appeared first on Република.

]]>