Фрушка гора Archives - Република https://republika.mk/tema/frushka-gora/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Sep 2023 20:04:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фрушка гора Archives - Република https://republika.mk/tema/frushka-gora/ 32 32 Стравично невреме на Фрушка Гора во Војводина: Се урнале три столба на далноводот, 11 илјади луѓе се без струја https://republika.mk/vesti/balkan/stravichno-nevreme-na-frushka-gora-vo-vojvodina-se-urnale-tri-stolba-na-dalnovodot-11-iljadi-luge-se-bez-struja/ Sat, 23 Sep 2023 20:04:26 +0000 https://republika.mk/?p=684528

Невреме проследено со град ја зафати Фрушка Гора во Војводина, а во околината на Шид се урнале три столба на далновод, поради што околу 11.000 потрошувачи останале без струја.

Како што јави РТС, утре се очекува продолжување на врнежите, кои во некои делови на Србија ќе имаат интензитет од просечната месечна количина на врнежи за овој период, поради што е издадено предупредување за излевање на помалите реки и формирање на поројни потоци.

Упатен е апел до граѓаните да не се движат во близина на поројни потоци во следните 24 часа.

Зголемен водостој се очекува на реките Колубара, Јадро, Лим, Лепеница, Млава и Тимок.

Поради очекуваните врнежи, единиците на Секторот за вонредни состојби се во состојба на готовност, а противпожарните и спасувачките единици и денеска беа во посета на терен и потенцијално критични места.

Временската прогноза за Белград утре предвидува до 60 литри дожд на метар квадратен во одредени делови од градот.

https://republika.mk/vesti/balkan/grom-prepolovi-bandera-dozhdot-poplavi-ulitsi-i-avtomobili-silno-nevreme-ja-zafati-hrvatska/

The post Стравично невреме на Фрушка Гора во Војводина: Се урнале три столба на далноводот, 11 илјади луѓе се без струја appeared first on Република.

]]>

Невреме проследено со град ја зафати Фрушка Гора во Војводина, а во околината на Шид се урнале три столба на далновод, поради што околу 11.000 потрошувачи останале без струја. Како што јави РТС, утре се очекува продолжување на врнежите, кои во некои делови на Србија ќе имаат интензитет од просечната месечна количина на врнежи за овој период, поради што е издадено предупредување за излевање на помалите реки и формирање на поројни потоци. Упатен е апел до граѓаните да не се движат во близина на поројни потоци во следните 24 часа. Зголемен водостој се очекува на реките Колубара, Јадро, Лим, Лепеница, Млава и Тимок. Поради очекуваните врнежи, единиците на Секторот за вонредни состојби се во состојба на готовност, а противпожарните и спасувачките единици и денеска беа во посета на терен и потенцијално критични места. Временската прогноза за Белград утре предвидува до 60 литри дожд на метар квадратен во одредени делови од градот. https://republika.mk/vesti/balkan/grom-prepolovi-bandera-dozhdot-poplavi-ulitsi-i-avtomobili-silno-nevreme-ja-zafati-hrvatska/

The post Стравично невреме на Фрушка Гора во Војводина: Се урнале три столба на далноводот, 11 илјади луѓе се без струја appeared first on Република.

]]>
„Народен непријател“ на МНТ ќе гостува во Фрушка Гора и во Италија https://republika.mk/vesti/kultura/naroden-neprijatel-na-mnt-kje-gostuva-vo-frushka-gora-i-vo-italija/ Tue, 30 Aug 2022 09:31:03 +0000 https://republika.mk/?p=545526

Претставата на Македонскиот народен театар (МНТ) „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ во септември ќе гостува на Фестивал во Фрушка Гора, Србија, а во ноември во Италија, соопштија од Националниот театар.

„Нема да биде крај на светот“ од Аднан Лугониќ, исто така во режија Николиќ ќе гостува на 30. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ на 12 септември во Струмица.

Првото гостување со претставата „Народен непријател“ ќе се случи на отворена сцена на први септември во 20 часот, со отворање на Амбиенталниот театарски фестивал „Нов тврдина театар“ во уникатниот амбиент пред Вила „Станковиќ“ - Фрушка Гора.

Фестивалот оваа година се одржува од први до седми септември, под слоганот: „Чудата се случуваат, но треба да ги препознаеме“, а во програмата се опфатени изведби на различни театарски ракописи во кои смело се отвораат некои прашања и започнуваат нови дискусии за нашето време и нашата конфузија.

Покрај МНТ, учествуваат и најголемите театарски куќи од регионот: Народно позориште - Белград, Народно позориште - Ниш, Народно позориште - Сараево, Српско народно позориште - Нови Сад и други.

Претставата во ноември ќе гостува и во Италија.

По гостувањето во Србија, следи изведба на театарската претстава „Нема да биде крај на светот" на 30. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ на 12 септември во Струмица.

Кон крајот на септември, на малата сцена во МНТ, се очекува и премиерната изведба на безмилосната комедија „Лагата“, работена по текст на современиот и мошне актуелен француски писател, драматург, театарски режисер, сценарист и филмски режисер, Флоријан Зелер, а во режија на Бесфорт Идризи. Во претставата во која се одигрува лавиринт на лагите, измамите и непријатните вистини што се случуваат во бракот, играат: Јордан Симонов, Габриела Петрушевска, Оливер Митковски и Драгана Левенска. Сценограф е Крсте Џидров-Џиби, костимите ги дизајнира Роза Трајческа-Ристовска, а авторската музика во оваа театарска претстава ја потпишува Игор Василев-Новоградска.

Во тек се и подготовките за претставата „Сите сме птици“, по текстот на либанско-канадскиот автор, Важди Муавад, а во режија на Слободан Унковски, кој ја поставува оваа моќна современа драма што спојува повеќе јазици и различни светови на искуства, воедно го истражува и идентитетот за тоа кои сме - или мислиме дека сме.

Во претставата играат: Емил Рубен, Звездана Ангеловска, Никола Ристановски, Николина Кујача, Дамјан Цветановски, Тина Трпкоска, Петре Арсовски, Сара Климоска и други. Текстот од француски на македонски јазик го преведе Калиопа Петрушевска.

 

The post „Народен непријател“ на МНТ ќе гостува во Фрушка Гора и во Италија appeared first on Република.

]]>

Претставата на Македонскиот народен театар (МНТ) „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ во септември ќе гостува на Фестивал во Фрушка Гора, Србија, а во ноември во Италија, соопштија од Националниот театар. „Нема да биде крај на светот“ од Аднан Лугониќ, исто така во режија Николиќ ќе гостува на 30. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ на 12 септември во Струмица. Првото гостување со претставата „Народен непријател“ ќе се случи на отворена сцена на први септември во 20 часот, со отворање на Амбиенталниот театарски фестивал „Нов тврдина театар“ во уникатниот амбиент пред Вила „Станковиќ“ - Фрушка Гора. Фестивалот оваа година се одржува од први до седми септември, под слоганот: „Чудата се случуваат, но треба да ги препознаеме“, а во програмата се опфатени изведби на различни театарски ракописи во кои смело се отвораат некои прашања и започнуваат нови дискусии за нашето време и нашата конфузија. Покрај МНТ, учествуваат и најголемите театарски куќи од регионот: Народно позориште - Белград, Народно позориште - Ниш, Народно позориште - Сараево, Српско народно позориште - Нови Сад и други. Претставата во ноември ќе гостува и во Италија. По гостувањето во Србија, следи изведба на театарската претстава „Нема да биде крај на светот" на 30. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ на 12 септември во Струмица. Кон крајот на септември, на малата сцена во МНТ, се очекува и премиерната изведба на безмилосната комедија „Лагата“, работена по текст на современиот и мошне актуелен француски писател, драматург, театарски режисер, сценарист и филмски режисер, Флоријан Зелер, а во режија на Бесфорт Идризи. Во претставата во која се одигрува лавиринт на лагите, измамите и непријатните вистини што се случуваат во бракот, играат: Јордан Симонов, Габриела Петрушевска, Оливер Митковски и Драгана Левенска. Сценограф е Крсте Џидров-Џиби, костимите ги дизајнира Роза Трајческа-Ристовска, а авторската музика во оваа театарска претстава ја потпишува Игор Василев-Новоградска. Во тек се и подготовките за претставата „Сите сме птици“, по текстот на либанско-канадскиот автор, Важди Муавад, а во режија на Слободан Унковски, кој ја поставува оваа моќна современа драма што спојува повеќе јазици и различни светови на искуства, воедно го истражува и идентитетот за тоа кои сме - или мислиме дека сме. Во претставата играат: Емил Рубен, Звездана Ангеловска, Никола Ристановски, Николина Кујача, Дамјан Цветановски, Тина Трпкоска, Петре Арсовски, Сара Климоска и други. Текстот од француски на македонски јазик го преведе Калиопа Петрушевска.  

The post „Народен непријател“ на МНТ ќе гостува во Фрушка Гора и во Италија appeared first on Република.

]]>
Ова е вилата во подножјето на Фрушка Гора во која Ѓоковиќ најде мир по траумите од Австралија https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ova-e-vilata-vo-podnozjeto-na-frushka-gora-vo-koja-gjokovikj-najde-mir-po-traumite-od-avstralija/ Thu, 20 Jan 2022 14:04:24 +0000 https://republika.mk/?p=447165

По враќањето од Австралија, Новак Ѓоковиќ, мног ретко се појавува во јавноста, а како што пишиваат српските медиуми, тоа е така затоа што најдобриот тенисер во светот се повлекол во семејната викендичка што се наоѓа крај Павловачкото езеро, во подножјето на Фрушка Гора во Војводина. Таму Новак го има потребниот мир за да си дојде на себе по трауматичните десетина денови минати во Мелбурн.

Како што пишува „Објектив.рс“, по пристигнувањето на бекградскиот аеродорм, Ѓоковиќ заминал во својот луксуен стан од 250 квадрати во Нов Белград, каде што ја поминал ноќта, по што заминал кон своето катче за одмор.

Дојде право овде, но од влезот во гаражата до утрото не се појави надвор. Утрината со семејството тргна кон Павловци, најверојатно за да побегне од градот, јавноста, новинарите. Целиот беше тажен и видливо скршен - вели извор на весникот.

Според него, во вилата во близина на Рума, Ѓоковиќ има се што му е потребно, но првенствено таму има природа и мир.

Тој минатото лето покрај кучата постави и балон во кој има тениски терен, така што може и да се одмора и да се рекреира, но ако сака и да тренира. Сите приоди кон куќата се обезбедени, така што Новак таму има загарнтиран мир. Тоа е се што му е потребно во моментов - наведува соговорникот.

 

The post Ова е вилата во подножјето на Фрушка Гора во која Ѓоковиќ најде мир по траумите од Австралија appeared first on Република.

]]>

По враќањето од Австралија, Новак Ѓоковиќ, мног ретко се појавува во јавноста, а како што пишиваат српските медиуми, тоа е така затоа што најдобриот тенисер во светот се повлекол во семејната викендичка што се наоѓа крај Павловачкото езеро, во подножјето на Фрушка Гора во Војводина. Таму Новак го има потребниот мир за да си дојде на себе по трауматичните десетина денови минати во Мелбурн. Како што пишува „Објектив.рс“, по пристигнувањето на бекградскиот аеродорм, Ѓоковиќ заминал во својот луксуен стан од 250 квадрати во Нов Белград, каде што ја поминал ноќта, по што заминал кон своето катче за одмор.
Дојде право овде, но од влезот во гаражата до утрото не се појави надвор. Утрината со семејството тргна кон Павловци, најверојатно за да побегне од градот, јавноста, новинарите. Целиот беше тажен и видливо скршен - вели извор на весникот.
Според него, во вилата во близина на Рума, Ѓоковиќ има се што му е потребно, но првенствено таму има природа и мир.
Тој минатото лето покрај кучата постави и балон во кој има тениски терен, така што може и да се одмора и да се рекреира, но ако сака и да тренира. Сите приоди кон куќата се обезбедени, така што Новак таму има загарнтиран мир. Тоа е се што му е потребно во моментов - наведува соговорникот.
 

The post Ова е вилата во подножјето на Фрушка Гора во која Ѓоковиќ најде мир по траумите од Австралија appeared first on Република.

]]>