фронтекс Archives - Република https://republika.mk/tema/fronteks/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Oct 2024 10:51:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фронтекс Archives - Република https://republika.mk/tema/fronteks/ 32 32 Номинираниот еврокомесар за внатрешни работи најавува можно тројно зголемување на припадниците на Фронтекс https://republika.mk/vesti/svet/nominiraniot-evrokomesar-za-vnatreshni-raboti-najavuva-mozhno-trojno-zgolemuvane-na-pripadnitsite-na-fronteks/ Wed, 30 Oct 2024 10:51:37 +0000 https://republika.mk/?p=832386

Кандидатот за нов еврокомесар за внатрешни работи и миграција, Австриецот Магнус Брунер најави дека би го поддржал евентуалниот предлог за тројно зголемување на постојаниот состав на европската Агенција за гранична и крајбрежна контрола (Фронтекс) на 30.000 припадници.

Ваквата најава Брунер ја даде во писмен одговор на прашање на Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на Европскиот парламент (ЛИБЕ), пред кој ќе биде сослушуван следната недела.

Брунер во одговорот посочува дека би сакал Фронтекс „подобро да им помага“ на земјите членки на ЕУ при репатријацијата на мигрантите чии барања за азил се одбиени, да има поголема вклученост во операциите против криумчарењето мигранти во трети земји, како и да биде во можност да „дава посилен“ одговор на хибридните закани на надворешните граници на Унијата.

Ваквите најави на Брунер доаѓаат во време на се позачестени барања за подобра заштита на надворешните граници на ЕУ и за поголема ефикасност при депортирањето на илегалните мигранти од Унијата во нивните матични земји.

Сепак, за спроведување на предлозите на Брунер, ќе биде потребна промена на надлежностите на Фронтекс, за што ќе треба да биде извршена измена на Регулативата за Агенцијата, процес за кој има сложена процедура во ЕУ.

Во коментар на одговорот на Брунер, политичката аналитичарка од бриселскиот Центар за европска политика, Анастасија Карацас, за „Еурактив“ вели дека ваквите планови и идеи на новиот еврокомесар за внатрешни работи и миграција, ќе треба да бидат поддржани и со зголемени финансиски средства за потребите на Фронтекс.

Но, врз најавите за засилување на улогата на Фронтекс сенка фрлаат серијата обвинувања изнесени во изминатиот период на сметка на припадниците на Агенцијата, вклучително и за нивна вмешаност во илегален транспорт на мигранти, за не пружање помош на лица кои се во неволја, како и за соучесништво во понижувачки и незаконски притворања.

Како резултат на овие обвинувања, актуелниот француски европратеник од редовите екстремно десничарскиот Национален собир, Фабрис Легери во 2022 година беше принуден да поднесе оставка на функцијата директор на Фронтекс.

И покрај обидите за воспоставување на мерки за спречување на ваквите илегални практики, сепак, според експертите, и натаму останува загриженоста од можноста за нивно продолжување.

Според прелиминарните податоци на Фронтекс, во првите девет месеци од оваа година се регистрирани околу 166.000 нелегални премини преку надворешните граници на Европската Унија, што претставува намалување на нивниот број на годишно ниво за 42 отсто.

Најголеми намалување на илегалните премини на границите има долж западнобалканската рута од 79 проценти и на централномедитеранската од 64 отсто. Од друга страна бројот на илегални премини преку источната копнена граница на ЕУ е зголемен за 192 отсто, а преку западноафриканската рута за 100 проценти.

The post Номинираниот еврокомесар за внатрешни работи најавува можно тројно зголемување на припадниците на Фронтекс appeared first on Република.

]]>

Кандидатот за нов еврокомесар за внатрешни работи и миграција, Австриецот Магнус Брунер најави дека би го поддржал евентуалниот предлог за тројно зголемување на постојаниот состав на европската Агенција за гранична и крајбрежна контрола (Фронтекс) на 30.000 припадници. Ваквата најава Брунер ја даде во писмен одговор на прашање на Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на Европскиот парламент (ЛИБЕ), пред кој ќе биде сослушуван следната недела. Брунер во одговорот посочува дека би сакал Фронтекс „подобро да им помага“ на земјите членки на ЕУ при репатријацијата на мигрантите чии барања за азил се одбиени, да има поголема вклученост во операциите против криумчарењето мигранти во трети земји, како и да биде во можност да „дава посилен“ одговор на хибридните закани на надворешните граници на Унијата. Ваквите најави на Брунер доаѓаат во време на се позачестени барања за подобра заштита на надворешните граници на ЕУ и за поголема ефикасност при депортирањето на илегалните мигранти од Унијата во нивните матични земји. Сепак, за спроведување на предлозите на Брунер, ќе биде потребна промена на надлежностите на Фронтекс, за што ќе треба да биде извршена измена на Регулативата за Агенцијата, процес за кој има сложена процедура во ЕУ. Во коментар на одговорот на Брунер, политичката аналитичарка од бриселскиот Центар за европска политика, Анастасија Карацас, за „Еурактив“ вели дека ваквите планови и идеи на новиот еврокомесар за внатрешни работи и миграција, ќе треба да бидат поддржани и со зголемени финансиски средства за потребите на Фронтекс. Но, врз најавите за засилување на улогата на Фронтекс сенка фрлаат серијата обвинувања изнесени во изминатиот период на сметка на припадниците на Агенцијата, вклучително и за нивна вмешаност во илегален транспорт на мигранти, за не пружање помош на лица кои се во неволја, како и за соучесништво во понижувачки и незаконски притворања. Како резултат на овие обвинувања, актуелниот француски европратеник од редовите екстремно десничарскиот Национален собир, Фабрис Легери во 2022 година беше принуден да поднесе оставка на функцијата директор на Фронтекс. И покрај обидите за воспоставување на мерки за спречување на ваквите илегални практики, сепак, според експертите, и натаму останува загриженоста од можноста за нивно продолжување. Според прелиминарните податоци на Фронтекс, во првите девет месеци од оваа година се регистрирани околу 166.000 нелегални премини преку надворешните граници на Европската Унија, што претставува намалување на нивниот број на годишно ниво за 42 отсто. Најголеми намалување на илегалните премини на границите има долж западнобалканската рута од 79 проценти и на централномедитеранската од 64 отсто. Од друга страна бројот на илегални премини преку источната копнена граница на ЕУ е зголемен за 192 отсто, а преку западноафриканската рута за 100 проценти.

The post Номинираниот еврокомесар за внатрешни работи најавува можно тројно зголемување на припадниците на Фронтекс appeared first on Република.

]]>
Фронтекс тројно го зголеми своето присуство на бугарската граница со Турција https://republika.mk/vesti/svet/fronteks-trojno-go-zgolemi-svoeto-prisustvo-na-bugarskata-granitsa-so-turtsija/ Thu, 29 Feb 2024 17:59:28 +0000 https://republika.mk/?p=749759

Европската агенција за крајбрежна и гранична стража (ФРОНТЕКС) денеска соопшти дека од следниот месец ќе го зголеми бројот на свои припадници во Бугарија, за да помогне во намалување на бројот на луѓе кои преминуваат во ЕУ од Турција.

Тројното зголемувањето на персоналот доаѓа додека Бугарија се подготвува делумно да се приклучи на европската зона за слободно патување Шенген, во потег со кој од 31 март ќе се укинат пасошите за луѓето кои патуваат меѓу земјата и Шенген-зоната по воздушен и морски пат.

Граничните проверки за копнено патување ќе останат.

Со зголемувањето,бројот на полицајци кои работат таму ќе биде меѓу 500 и 600, рече шефот на Фронтекс, Ханс Лајтенс, стоејќи во близина на граничната ограда од бодликава жица.

- Бугарија е многу важен партнер. Без Бугарија не можеме да ги заштитиме нашите надворешни граници – додаде тој.

Фронтекс објави дека минатата година забележал 380.000 илегални преминувања на сите граници во Европската Унија, најмногу од 2016 година.

Вкупните бројки се уште се далеку од врвот во 2015 и 2016 година, што беше поттикнато од напливот на мигранти кои бегаат од војна и сиромаштија на Блискиот Исток и Африка.

The post Фронтекс тројно го зголеми своето присуство на бугарската граница со Турција appeared first on Република.

]]>

Европската агенција за крајбрежна и гранична стража (ФРОНТЕКС) денеска соопшти дека од следниот месец ќе го зголеми бројот на свои припадници во Бугарија, за да помогне во намалување на бројот на луѓе кои преминуваат во ЕУ од Турција. Тројното зголемувањето на персоналот доаѓа додека Бугарија се подготвува делумно да се приклучи на европската зона за слободно патување Шенген, во потег со кој од 31 март ќе се укинат пасошите за луѓето кои патуваат меѓу земјата и Шенген-зоната по воздушен и морски пат. Граничните проверки за копнено патување ќе останат. Со зголемувањето,бројот на полицајци кои работат таму ќе биде меѓу 500 и 600, рече шефот на Фронтекс, Ханс Лајтенс, стоејќи во близина на граничната ограда од бодликава жица. - Бугарија е многу важен партнер. Без Бугарија не можеме да ги заштитиме нашите надворешни граници – додаде тој. Фронтекс објави дека минатата година забележал 380.000 илегални преминувања на сите граници во Европската Унија, најмногу од 2016 година. Вкупните бројки се уште се далеку од врвот во 2015 и 2016 година, што беше поттикнато од напливот на мигранти кои бегаат од војна и сиромаштија на Блискиот Исток и Африка.

The post Фронтекс тројно го зголеми своето присуство на бугарската граница со Турција appeared first on Република.

]]>
Значителен пораст на илегалните гранични преминувања кон ЕУ во 2023 година https://republika.mk/vesti/svet/znachitelen-porast-na-ilegalnite-granichni-preminuvana-kon-eu-vo-2023-godina/ Tue, 16 Jan 2024 14:37:15 +0000 https://republika.mk/?p=733698

Бројот на илегални гранични преминувања на надворешната граница на ЕУ во 2023 година достигна вкупно приближно 380.000, според прелиминарните пресметки на Фронтекс.

Ова го означува највисокото ниво од 2016 година и претставува зголемување од 17 отсто во однос на бројките во 2022 година, што укажува на постојан нагорен тренд во последните три години.

Централниот Медитеран беше најактивната миграциска рута кон ЕУ, со две од секои пет илегални преминувања (41 отсто) во 2023 година, по што следат Западен Балкан (26 отсто) и Источен Медитеран (16 отсто).

Сиријци лани извршиле над 100.000 илегални преминувања, што е најголем број меѓу сите националности. По нив следат државјани на Гвинеја и Авганистан. Тие три националности сочинуваат над една третина од сите откриени нелегални преминувања. Статистичките податоци покажуваат дека жените учествувале со 10 отсто од вкупниот број на сите илегални преминувања минатата година, а децата со уште 10 отсто.

The post Значителен пораст на илегалните гранични преминувања кон ЕУ во 2023 година appeared first on Република.

]]>

Бројот на илегални гранични преминувања на надворешната граница на ЕУ во 2023 година достигна вкупно приближно 380.000, според прелиминарните пресметки на Фронтекс. Ова го означува највисокото ниво од 2016 година и претставува зголемување од 17 отсто во однос на бројките во 2022 година, што укажува на постојан нагорен тренд во последните три години. Централниот Медитеран беше најактивната миграциска рута кон ЕУ, со две од секои пет илегални преминувања (41 отсто) во 2023 година, по што следат Западен Балкан (26 отсто) и Источен Медитеран (16 отсто). Сиријци лани извршиле над 100.000 илегални преминувања, што е најголем број меѓу сите националности. По нив следат државјани на Гвинеја и Авганистан. Тие три националности сочинуваат над една третина од сите откриени нелегални преминувања. Статистичките податоци покажуваат дека жените учествувале со 10 отсто од вкупниот број на сите илегални преминувања минатата година, а децата со уште 10 отсто.

The post Значителен пораст на илегалните гранични преминувања кон ЕУ во 2023 година appeared first on Република.

]]>
Полицајци на Фронтекс распоредени на руско-финската граница https://republika.mk/vesti/svet/politsajtsi-na-fronteks-rasporedeni-na-rusko-finskata-granitsa/ Thu, 07 Dec 2023 17:15:42 +0000 https://republika.mk/?p=720826

На финско-руската граница се распоредени педесет и пет полицајци на Агенцијата за европска крајбрежна и гранична стража Фронтекс.

-Во моментов распоредуваме 55 персонал во Финска, од кои повеќето се членови на граничната полиција, изјави портпаролот на Фронтекс, Пјотр Свиталски.

Tој дополнителен контингент се очекува да биде на границатa до крајот на јануари. Портпаролот додаде дека се подготвени да го променат тоа во зависност од развојот на ситуацијата и дека Фронтекс може да биде присутен на границата пократко или подолго во зависност од потребите.

-Знаеме дека мигрантскиот притисок е една од алатките што ги користи Кремљ и затоа можеме да очекуваме дека ќе продолжи, рече тој.

Според финските власти, од почетокот на август на границата на двете земји пристигнале речиси илјада баратели на азил од Сомалија, Ирак и Јемен.

The post Полицајци на Фронтекс распоредени на руско-финската граница appeared first on Република.

]]>

На финско-руската граница се распоредени педесет и пет полицајци на Агенцијата за европска крајбрежна и гранична стража Фронтекс. -Во моментов распоредуваме 55 персонал во Финска, од кои повеќето се членови на граничната полиција, изјави портпаролот на Фронтекс, Пјотр Свиталски. Tој дополнителен контингент се очекува да биде на границатa до крајот на јануари. Портпаролот додаде дека се подготвени да го променат тоа во зависност од развојот на ситуацијата и дека Фронтекс може да биде присутен на границата пократко или подолго во зависност од потребите. -Знаеме дека мигрантскиот притисок е една од алатките што ги користи Кремљ и затоа можеме да очекуваме дека ќе продолжи, рече тој. Според финските власти, од почетокот на август на границата на двете земји пристигнале речиси илјада баратели на азил од Сомалија, Ирак и Јемен.

The post Полицајци на Фронтекс распоредени на руско-финската граница appeared first on Република.

]]>
50 припадници на ФРОНТЕКС ќе бидат распоредени на финската граница https://republika.mk/vesti/svet/50-pripadnitsi-na-fronteks-ke-bidat-rasporedeni-na-finskata-granitsa/ Thu, 23 Nov 2023 14:00:08 +0000 https://republika.mk/?p=715565

Европската агенција за крајбрежна и гранична стража (ФРОНТЕКС) денеска објави дека наскоро ќе распореди 50 припадници на финската граница, откако Хелсинки ја обвини Русија дека ја поттикнува мигрантската криза.

ФРОНТЕКС планира да распореди 50 граничари и друг персонал, како и опрема како што се патролни автомобили, за да ги зајакне активностите на граничната контрола во Финска.

Агенцијата на Европска унија со седиште во Варшава додаде дека распоредувањето се очекува следната недела.

Финските власти неодамна го ограничија граничниот сообраќај и затворија четири гранични премини со Русија.

Финска дели граница од 1.340 километри со Русија.

По почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година, Финска регистрира зголемен број на луѓе на границата со Русија, главно Руси и Украинци. Во последно време пристигнуваат и мигранти од Блискиот Исток и Африка.

The post 50 припадници на ФРОНТЕКС ќе бидат распоредени на финската граница appeared first on Република.

]]>

Европската агенција за крајбрежна и гранична стража (ФРОНТЕКС) денеска објави дека наскоро ќе распореди 50 припадници на финската граница, откако Хелсинки ја обвини Русија дека ја поттикнува мигрантската криза. ФРОНТЕКС планира да распореди 50 граничари и друг персонал, како и опрема како што се патролни автомобили, за да ги зајакне активностите на граничната контрола во Финска. Агенцијата на Европска унија со седиште во Варшава додаде дека распоредувањето се очекува следната недела. Финските власти неодамна го ограничија граничниот сообраќај и затворија четири гранични премини со Русија. Финска дели граница од 1.340 километри со Русија. По почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година, Финска регистрира зголемен број на луѓе на границата со Русија, главно Руси и Украинци. Во последно време пристигнуваат и мигранти од Блискиот Исток и Африка.

The post 50 припадници на ФРОНТЕКС ќе бидат распоредени на финската граница appeared first on Република.

]]>
Речиси двојно зголемен бројот на мигранти кои минуваат низ централниот Медитеран https://republika.mk/vesti/svet/rechisi-dvojno-zgolemen-brojot-na-migranti-koi-minuvaat-niz-tsentralniot-mediteran/ Thu, 14 Sep 2023 18:08:09 +0000 https://republika.mk/?p=682011

Бројот на илегални пристигнувања на мигранти во Италија преку Медитеранот од Северна Африка се зголеми на речиси 114.300 во периодот од јануари до август, што е речиси двојно повеќе од истиот период во 2022 година, покажуваат денеска податоците на европската гранична агенција Фронтекс.

Илјадници мигранти кои го минуваат централниот Медитеран заминуваат од Тунис и Либија кон Европа и пристигнуваат во Италија.

Таа многу опасна мигрантска рута во моментов претставува половина од нередовните пристигнувања во ЕУ оваа година, наведува агенцијата на ЕУ.

Мигрантите кои пристигнуваат преку централниот Медитеран се главно од Брегот на Слоновата Коска, Египет и Гвинеја.

Зголемениот мигрантски притисок на оваа рута би можел да продолжи и во наредните месеци, шверцерите ги намалуваат цените за мигрантите кои заминуваат од Либија и Тунис во контекст на жестоката конкуренција меѓу криминалните групи, се наведува во соопштението на Фронтекс.

Според податоците на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), од почетокот на годината повеќе од 2.000 луѓе ги загубиле животите или се водат како исчезнати обидувајќи се да го поминат преминот.

The post Речиси двојно зголемен бројот на мигранти кои минуваат низ централниот Медитеран appeared first on Република.

]]>

Бројот на илегални пристигнувања на мигранти во Италија преку Медитеранот од Северна Африка се зголеми на речиси 114.300 во периодот од јануари до август, што е речиси двојно повеќе од истиот период во 2022 година, покажуваат денеска податоците на европската гранична агенција Фронтекс. Илјадници мигранти кои го минуваат централниот Медитеран заминуваат од Тунис и Либија кон Европа и пристигнуваат во Италија. Таа многу опасна мигрантска рута во моментов претставува половина од нередовните пристигнувања во ЕУ оваа година, наведува агенцијата на ЕУ. Мигрантите кои пристигнуваат преку централниот Медитеран се главно од Брегот на Слоновата Коска, Египет и Гвинеја. Зголемениот мигрантски притисок на оваа рута би можел да продолжи и во наредните месеци, шверцерите ги намалуваат цените за мигрантите кои заминуваат од Либија и Тунис во контекст на жестоката конкуренција меѓу криминалните групи, се наведува во соопштението на Фронтекс. Според податоците на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), од почетокот на годината повеќе од 2.000 луѓе ги загубиле животите или се водат како исчезнати обидувајќи се да го поминат преминот.

The post Речиси двојно зголемен бројот на мигранти кои минуваат низ централниот Медитеран appeared first on Република.

]]>
Фронтекс: Во првата половина од годината илегалната имиграција во ЕУ зголемена за 10 отсто https://republika.mk/vesti/svet/fronteks-vo-prvata-polovina-od-godinata-ilegalnata-imigratsija-vo-eu-zgolemena-za-10-otsto/ Mon, 31 Jul 2023 16:50:09 +0000 https://republika.mk/?p=667380

Илегалната имиграција во Европска Унија е зголемена за 10 отсто во првата половина на 2023 година во споредба со истиот период минатата година. Најголем дел од пристигнувањата се по медитеранските рути, соопшти Фронтекс.

Според Фронтекс, од почетокот на годината до крајот на јуни имало 132.370 обиди за влез на територијата на ЕУ надвор од редовните гранични премини, што е за 10 отсто повеќе од истиот период минатата година.

Во извештајот на Фронтекс се наведува дека премините кон централниот Медитеран се зголемиле за повеќе од една третина и сочинуваат половина од вкупниот број, бидејќи има пораст на пристигнувања од Тунис во Италија.

Нелегалниот шверц на мигранти на сите други рути кон ЕУ е намален во споредба со првите шест месеци од 2022 година.

The post Фронтекс: Во првата половина од годината илегалната имиграција во ЕУ зголемена за 10 отсто appeared first on Република.

]]>

Илегалната имиграција во Европска Унија е зголемена за 10 отсто во првата половина на 2023 година во споредба со истиот период минатата година. Најголем дел од пристигнувањата се по медитеранските рути, соопшти Фронтекс. Според Фронтекс, од почетокот на годината до крајот на јуни имало 132.370 обиди за влез на територијата на ЕУ надвор од редовните гранични премини, што е за 10 отсто повеќе од истиот период минатата година. Во извештајот на Фронтекс се наведува дека премините кон централниот Медитеран се зголемиле за повеќе од една третина и сочинуваат половина од вкупниот број, бидејќи има пораст на пристигнувања од Тунис во Италија. Нелегалниот шверц на мигранти на сите други рути кон ЕУ е намален во споредба со првите шест месеци од 2022 година.

The post Фронтекс: Во првата половина од годината илегалната имиграција во ЕУ зголемена за 10 отсто appeared first on Република.

]]>
Почна заедничката операција со ФРОНТЕКС https://republika.mk/vesti/makedonija/pochna-zaednichkata-operatsija-so-fronteks/ Thu, 20 Apr 2023 13:21:40 +0000 https://republika.mk/?p=632507

Горди сме како нација, што Договорот со ФРОНТЕКС е прв потпишан со Европската унија на македонски јазик, без додавки, фусноти и ѕвездички, што е доказ за заштита на македонскиот јазик и македонскиот идентитет и со овој документ тие се поставени на европско рамниште, заедно со сите други јазици и идентитети на земјите членки на ЕУ. На овој начин, македонскиот јазик и идентитет се неприкосновени и втемелени и во европското законодавство.

Ова го истакна премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на свеченото одбележување на почетокот на „Заедничката операција на ФРОНТЕКС во Република Македонија“, како дел од договорот за оперативни активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража (ФРОНТЕКС) во соработка со нашите припадници на полицијата, кои ја претставуваат нашата држава.

Тој им се заблагодарам на пратениците кои што гласаа за ратификување на овој Договор и ги повика оние кои што изразија сомневање дека тој ќе се имплементира, критикуваа, фрлаа молотови коктели врз Собранието, врз Владата и врз МНР, да им се извинат и нему и на министерот за надворешни работи.

- За нас ФРОНТЕКС значи заштита на нашите граници, значи заштита на територијалниот интегритет и суверенитет на нашата држава, значи навремен одговор за сите безбедносни ризици по нашата земја, значи безбедност и мирен сон за нашите деца, значи контрола на миграциските движења, значи справување со меѓународниот криминал, значи признавање на нашите цврсти заложби за зачувување и промовирање на македонскиот јазик на нашиот евроинтеграциски пат, значи можности за примена на професионални европски стандарди и зачувување на меѓународниот мир и безбедност, рече Ковачевски.

Тој подвлече дека освен преку Договорот со ФРОНТЕКС и преку носењето на заеднички одлуки за светската безбедност и учество во заеднички операции во рамките на НАТО, за што неодамна ја одбележавме и тригодишнината од нашето членство во Северноатлантската алијанса, меѓународното признавање за напредокот кој го постигнува земјава се реализира и преку нашето претседавање со Организацијата за безбедност и соработка во Европа, во годината на најголем предизвик на европскиот континент после Втората светска војна.

- Со решителни чекори, продолжуваме со европската агенда, продолжуваме со исполнување на сите неопходни критериуми за членство во Европската унија, како и усогласување на нашето со европското законодавство. Свесни сме за предизвиците, свесни сме и за тежината со која понекогаш треба да се носат храбри и вистински одлуки како во минатото така и во претстојниот период. Свесни сме и за дезинформациите и за лагите кои што ги имало, ги има и ќе ги има во иднина. Меѓутоа нема враќање назад кога верувате во праведна и кога верувате во голема цел. Единствениот стабилен и безбеден пат за нас е ЕУ, порача Ковачевски.

Еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон, која заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во октомври лани го потпишаа Договорот со ФРОНТЕКС, изрази задоволство што по повеќе од пет години планирање, конечно имаме полициски службеници од ФРОНТЕКС заедно со нивните колеги од македонската гранична полиција, кои ќе обезбедат сигурност и ефективно менаџирање на границите.

- Во изминатите години Република Македонија ја покажа својата посветеност да ги спречи нелегалните гранични преминувања и да се бори со криминалните групи кои демнат во сенките, профитирајќи од човечките катастрофи. Властите во Република Македонија, ги пресретнаа овие предизвици, задржувајќи ги заедничките вредности, осигурувајќи дека границите на државата се обезбедени, во хармонија со заштитеното достоинство на оние кои се обидуваат да ги преминат, рече Јохансон.

Евроамбасадорот Дејвид Гир истакна дека одбележувањето на почетокот на операциите на ФРОНТЕКС во земјава е уште еден позитивен развој во односите помеѓу Европската Унија и Македонија.

- Во пракса, благодарение на оваа заедничка соработка помеѓу ФРОНТЕКС и граничната полиција, границите на Република Македонија ќе бидат побезбедни, а напорите на Европа за борба со илегалната миграција, криумчарењето мигранти и други криминални активности ќе бидат засилени, што е заеднички интерес на сите нас, истакна Гир.

Извршниот директор на ФРОНТЕКС, Ханс Лајтенс, оцени дека денешниот ден претставува значајна позитивна пресвртница, подвлекувајќи дека започнувањето на заедничката ФРОНТЕКС мисија ќе ги зајакне границите на земјава.

- Овде најдовме посветен партнер кој ја дели нашата посветеност на одржување на интегритетот на нашите граници. Заедно ќе работиме неуморно за заштита на нашите граѓани и да обезбедиме безбедност и сигурност за целиот регион, рече Лајтенс кој беше кодомаќин на настанот.

 Министерот Спасовски,пак, како домаќин на церемонијата, потенцираше дека овој заеднички настан со ФРОНТЕКС испраќа една многу важна порака - дека не сме сами во справувањето со илегалната миграција, а современите безбедносни предизвици бараат партнерски пристап и заеднички одговор.

- Зајакнувањето на соработката со ЕУ и, воопшто, исполнувањето на приоритетите од европската агенда носат конкретен бенефит за нашите граѓани. Бидејќи нашата заедничка посветеност во справувањето со илегалната миграција и прекуграничниот криминал неминовно ќе обезбеди поголема безбедност како за граѓаните на нашата држава, така

и на Европската Унија. Во оваа заедничка акција чекориме заедно, како рамноправни партнери, бидејќи единствено со заеднички, координиран пристап можеме успешно да се справиме со глобалните предизвици, потенцираше министерот Спасовски.

Операциите на ФРОНТЕКС првично ќе ја покриваат јужната граница со Грција, а подоцна е предвидено да се прошират и да ги опфатат границите со Србија и Албанија.

Полициските службеници од ФРОНТЕКС и нашите гранични полицајци ќе учествуваат во заеднички тренинг активности за развој на капацитетите на гранична контрола преку размена на оперативни информации, професионално искуство и најдобри воспоставени практики, а ќе работат под команда и контрола на македонската Гранична полиција

The post Почна заедничката операција со ФРОНТЕКС appeared first on Република.

]]>

Горди сме како нација, што Договорот со ФРОНТЕКС е прв потпишан со Европската унија на македонски јазик, без додавки, фусноти и ѕвездички, што е доказ за заштита на македонскиот јазик и македонскиот идентитет и со овој документ тие се поставени на европско рамниште, заедно со сите други јазици и идентитети на земјите членки на ЕУ. На овој начин, македонскиот јазик и идентитет се неприкосновени и втемелени и во европското законодавство.
Ова го истакна премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на свеченото одбележување на почетокот на „Заедничката операција на ФРОНТЕКС во Република Македонија“, како дел од договорот за оперативни активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража (ФРОНТЕКС) во соработка со нашите припадници на полицијата, кои ја претставуваат нашата држава. Тој им се заблагодарам на пратениците кои што гласаа за ратификување на овој Договор и ги повика оние кои што изразија сомневање дека тој ќе се имплементира, критикуваа, фрлаа молотови коктели врз Собранието, врз Владата и врз МНР, да им се извинат и нему и на министерот за надворешни работи.
- За нас ФРОНТЕКС значи заштита на нашите граници, значи заштита на територијалниот интегритет и суверенитет на нашата држава, значи навремен одговор за сите безбедносни ризици по нашата земја, значи безбедност и мирен сон за нашите деца, значи контрола на миграциските движења, значи справување со меѓународниот криминал, значи признавање на нашите цврсти заложби за зачувување и промовирање на македонскиот јазик на нашиот евроинтеграциски пат, значи можности за примена на професионални европски стандарди и зачувување на меѓународниот мир и безбедност, рече Ковачевски.
Тој подвлече дека освен преку Договорот со ФРОНТЕКС и преку носењето на заеднички одлуки за светската безбедност и учество во заеднички операции во рамките на НАТО, за што неодамна ја одбележавме и тригодишнината од нашето членство во Северноатлантската алијанса, меѓународното признавање за напредокот кој го постигнува земјава се реализира и преку нашето претседавање со Организацијата за безбедност и соработка во Европа, во годината на најголем предизвик на европскиот континент после Втората светска војна. - Со решителни чекори, продолжуваме со европската агенда, продолжуваме со исполнување на сите неопходни критериуми за членство во Европската унија, како и усогласување на нашето со европското законодавство. Свесни сме за предизвиците, свесни сме и за тежината со која понекогаш треба да се носат храбри и вистински одлуки како во минатото така и во претстојниот период. Свесни сме и за дезинформациите и за лагите кои што ги имало, ги има и ќе ги има во иднина. Меѓутоа нема враќање назад кога верувате во праведна и кога верувате во голема цел. Единствениот стабилен и безбеден пат за нас е ЕУ, порача Ковачевски. Еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон, која заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во октомври лани го потпишаа Договорот со ФРОНТЕКС, изрази задоволство што по повеќе од пет години планирање, конечно имаме полициски службеници од ФРОНТЕКС заедно со нивните колеги од македонската гранична полиција, кои ќе обезбедат сигурност и ефективно менаџирање на границите. - Во изминатите години Република Македонија ја покажа својата посветеност да ги спречи нелегалните гранични преминувања и да се бори со криминалните групи кои демнат во сенките, профитирајќи од човечките катастрофи. Властите во Република Македонија, ги пресретнаа овие предизвици, задржувајќи ги заедничките вредности, осигурувајќи дека границите на државата се обезбедени, во хармонија со заштитеното достоинство на оние кои се обидуваат да ги преминат, рече Јохансон. Евроамбасадорот Дејвид Гир истакна дека одбележувањето на почетокот на операциите на ФРОНТЕКС во земјава е уште еден позитивен развој во односите помеѓу Европската Унија и Македонија.

- Во пракса, благодарение на оваа заедничка соработка помеѓу ФРОНТЕКС и граничната полиција, границите на Република Македонија ќе бидат побезбедни, а напорите на Европа за борба со илегалната миграција, криумчарењето мигранти и други криминални активности ќе бидат засилени, што е заеднички интерес на сите нас, истакна Гир.

Извршниот директор на ФРОНТЕКС, Ханс Лајтенс, оцени дека денешниот ден претставува значајна позитивна пресвртница, подвлекувајќи дека започнувањето на заедничката ФРОНТЕКС мисија ќе ги зајакне границите на земјава.

- Овде најдовме посветен партнер кој ја дели нашата посветеност на одржување на интегритетот на нашите граници. Заедно ќе работиме неуморно за заштита на нашите граѓани и да обезбедиме безбедност и сигурност за целиот регион, рече Лајтенс кој беше кодомаќин на настанот.

 Министерот Спасовски,пак, како домаќин на церемонијата, потенцираше дека овој заеднички настан со ФРОНТЕКС испраќа една многу важна порака - дека не сме сами во справувањето со илегалната миграција, а современите безбедносни предизвици бараат партнерски пристап и заеднички одговор.

- Зајакнувањето на соработката со ЕУ и, воопшто, исполнувањето на приоритетите од европската агенда носат конкретен бенефит за нашите граѓани. Бидејќи нашата заедничка посветеност во справувањето со илегалната миграција и прекуграничниот криминал неминовно ќе обезбеди поголема безбедност како за граѓаните на нашата држава, така

и на Европската Унија. Во оваа заедничка акција чекориме заедно, како рамноправни партнери, бидејќи единствено со заеднички, координиран пристап можеме успешно да се справиме со глобалните предизвици, потенцираше министерот Спасовски.

Операциите на ФРОНТЕКС првично ќе ја покриваат јужната граница со Грција, а подоцна е предвидено да се прошират и да ги опфатат границите со Србија и Албанија.

Полициските службеници од ФРОНТЕКС и нашите гранични полицајци ќе учествуваат во заеднички тренинг активности за развој на капацитетите на гранична контрола преку размена на оперативни информации, професионално искуство и најдобри воспоставени практики, а ќе работат под команда и контрола на македонската Гранична полиција

The post Почна заедничката операција со ФРОНТЕКС appeared first on Република.

]]>
„Фронтекс“ укажува на брутални методи на југоисточната граница на Бугарија, нѐ тепаа со палки, сведочат бегалците https://republika.mk/vesti/balkan/fronteks-ukazhuva-na-brutalni-metodi-na-jugoistochnata-granitsa-na-bugarija-n-tepaa-so-palki-svedochat-begaltsite/ Wed, 08 Feb 2023 13:35:28 +0000 https://republika.mk/?p=606529

Бугарија се соочува со сè поголеми обвинувања дека ги злоупотребува луѓето кои се обидуваат да ја преминат нејзината граница со Турција, а барателите на азил велат дека биле насилно вратени назад, затворани, соблечени и тепани, пишува во средата AFP.

Балканската земја членка на Европската унија и на НАТО служи како порта кон Унијата и се обидува да ги заостри граничните премини за да го спречи зголемениот број луѓе кои се обидуваат да преминат, кој достигна ниво што не е забележано од гелоемата европска мигрантска криза во 2015 година.

Од почетокот на минатата година, сведоци сме на многу интензивно и брутално враќање на луѓето, што е незаконска практика во ЕУ, изјави Дијана Димова, шеф на бугарската група за помош на бегалци Mission Wings.

Сведоштвата на барателите на азил собрани од AFP и извештаите на европската гранична агенција Frontex укажуваат на употреба на брутални методи на југоисточната граница на балканската држава. Граничната полиција спречила 164.000 обиди за „илегално преминување“ во 2022 година, во споредба со 55.000 во текот на претходната 2021 година, покажуваат бројките на Министерството за внатрешни работи во Софија.

Зголемувањето на бројките во Бугарија веќе придонесува за блокадата од страна на Австрија и Холандија на нејзиниот влез во Шенген зоната, а прашањето ќе биде високо на агендата на самитот на ЕУ во Брисел подоцна оваа седмица.

Во обид да го спречат протокот на мигранти, бугарските власти ја засилија контролата по должината на 234 километри оградата од бодликава жица што ја покрива речиси целата граница со Турција.

 

„Нѐ тепаа со палки“

Имаше пријави за злоупотреба. Еден 16-годишен Сириец, интервјуиран од AFP во пограничен град кој не се споменува, рече дека бил приведен откако преминал во Бугарија и бил задржан во „затворен камп со висока ограда“, кој тој го нарекол „затвор“.

Една вечер, заедно со другите приведени го однеле до оградата на границата со Турција.

Таму нѐ поделија на Арапи и Авганистанци и почнаа да нѐ тепаат. Нѐ тепаа со палкии, рекол мигрантот кој сакал наводно да остане анонимен. Додал дека бил вратен преку граница во Турција.

Неколку европски медиуми објавија видео во декември, во соработка со организацијата Lighthouse Reports, на кое се прикажани група луѓе во импровизирана установа за притвор, барака налик на кафез, во јужниот пограничен град Средец. Истиот истражувачки извештај го вклучуваше и сведочењето на еден млад Сириец кој рече дека бил застрелан во градите од бугарската гранична полиција. Бугарските власти ги отфрлија обвинувањата како инсинуација.

Еден човек кој веќе добил статус на заштита во Бугарија, Али Хусеини, изјавил за AFP дека бил соблечен, ограбен и протеран во Турција минатата пролет додека се упатил кон границата за да го најде својот брат.

Овој 20-годишен Авганистанец се сретнал со својот брат и уште две лица, но вели дека рече дека маскирани полицајци „нѐ однесоа во шумата и ни ја зедоа облеката, вклучувајќи ги и моите пари, iPad-от и чевли… Потоа ја отворија оградата и не испратија кај другиот страна – кон Турција, еден по еден“. Откако истиот ден се врати „бос“ преку границата, тој вели дека повторно бил фатен, „удрен“ и „тепан“ пред уште еднаш присилно да биде вратен во Турција.

 

„Загрозување на основните права“

Нему му бела потребни цела седмица и патување во Истанбул за да се врати во Бугарија, а потоа уште пет месеци за повторно издавање на личната карта. Неговиот брат е депортиран од Турција во Авганистан.

Агенцијата за заштита на границите на ЕУ, Frontex спровела 25 постапки за „пријавување сериозни инциденти“ поврзани со активности во Бугарија во 2021 и 2022 година.

Враќањата се случуваат редовно во оперативната област и персоналот на Frontexс намерно се држи подалеку кога тоа ќе се случи, напишал еден офицер во извештајот во кој увид имал AFP.

Тоа „се случува во плитки области на реката, дури и кога нивото на водата е високо, кога мигрантите се принудени да пливаат без оглед на нивната способност или сила да го сторат тоа, додава офицерот.

Еден извештај ги детализирал „понижувачкиот и расистички јазик од страна на некои бугарски граничари, како што е нарекувањето на мигрантите ‘талибани’“, напишал офицерот.

Отсуството на веродостојно оперативно известување (од бугарската гранична полиција) може да сигнализира недостатоци во механизмот за известување или, уште позагрижувачки, постоење премолчена политика на непријавување дејствија кои сериозно ги загрозуваат основните права на мигрантите, заклучува Frontex.

Бугарија повеќепати ги отфрли обвинувањата од Брисел за наводно злоставувања на илегалните мигранти.

Во изминатата година, притисокот на нашата граница остро се зголеми и… дејствата на мигрантите стануваат сè поагресивни, рече бугарскиот претседател Румен Радев во јануари.

Најмалце тројца бугарски полицајци загинаа кога возила со илегални мигранти удриле во нивните автомобили минатата година.

Софија побара од ЕУ две милијарди евра за зајакнување на граничната ограда и подобрување на надзорот, но Брисел досега го одби тоа барање.

The post „Фронтекс“ укажува на брутални методи на југоисточната граница на Бугарија, нѐ тепаа со палки, сведочат бегалците appeared first on Република.

]]>

Бугарија се соочува со сè поголеми обвинувања дека ги злоупотребува луѓето кои се обидуваат да ја преминат нејзината граница со Турција, а барателите на азил велат дека биле насилно вратени назад, затворани, соблечени и тепани, пишува во средата AFP. Балканската земја членка на Европската унија и на НАТО служи како порта кон Унијата и се обидува да ги заостри граничните премини за да го спречи зголемениот број луѓе кои се обидуваат да преминат, кој достигна ниво што не е забележано од гелоемата европска мигрантска криза во 2015 година.
Од почетокот на минатата година, сведоци сме на многу интензивно и брутално враќање на луѓето, што е незаконска практика во ЕУ, изјави Дијана Димова, шеф на бугарската група за помош на бегалци Mission Wings.
Сведоштвата на барателите на азил собрани од AFP и извештаите на европската гранична агенција Frontex укажуваат на употреба на брутални методи на југоисточната граница на балканската држава. Граничната полиција спречила 164.000 обиди за „илегално преминување“ во 2022 година, во споредба со 55.000 во текот на претходната 2021 година, покажуваат бројките на Министерството за внатрешни работи во Софија. Зголемувањето на бројките во Бугарија веќе придонесува за блокадата од страна на Австрија и Холандија на нејзиниот влез во Шенген зоната, а прашањето ќе биде високо на агендата на самитот на ЕУ во Брисел подоцна оваа седмица. Во обид да го спречат протокот на мигранти, бугарските власти ја засилија контролата по должината на 234 километри оградата од бодликава жица што ја покрива речиси целата граница со Турција.  

„Нѐ тепаа со палки“

Имаше пријави за злоупотреба. Еден 16-годишен Сириец, интервјуиран од AFP во пограничен град кој не се споменува, рече дека бил приведен откако преминал во Бугарија и бил задржан во „затворен камп со висока ограда“, кој тој го нарекол „затвор“. Една вечер, заедно со другите приведени го однеле до оградата на границата со Турција.
Таму нѐ поделија на Арапи и Авганистанци и почнаа да нѐ тепаат. Нѐ тепаа со палкии, рекол мигрантот кој сакал наводно да остане анонимен. Додал дека бил вратен преку граница во Турција.
Неколку европски медиуми објавија видео во декември, во соработка со организацијата Lighthouse Reports, на кое се прикажани група луѓе во импровизирана установа за притвор, барака налик на кафез, во јужниот пограничен град Средец. Истиот истражувачки извештај го вклучуваше и сведочењето на еден млад Сириец кој рече дека бил застрелан во градите од бугарската гранична полиција. Бугарските власти ги отфрлија обвинувањата како инсинуација. Еден човек кој веќе добил статус на заштита во Бугарија, Али Хусеини, изјавил за AFP дека бил соблечен, ограбен и протеран во Турција минатата пролет додека се упатил кон границата за да го најде својот брат. Овој 20-годишен Авганистанец се сретнал со својот брат и уште две лица, но вели дека рече дека маскирани полицајци „нѐ однесоа во шумата и ни ја зедоа облеката, вклучувајќи ги и моите пари, iPad-от и чевли… Потоа ја отворија оградата и не испратија кај другиот страна – кон Турција, еден по еден“. Откако истиот ден се врати „бос“ преку границата, тој вели дека повторно бил фатен, „удрен“ и „тепан“ пред уште еднаш присилно да биде вратен во Турција.  

„Загрозување на основните права“

Нему му бела потребни цела седмица и патување во Истанбул за да се врати во Бугарија, а потоа уште пет месеци за повторно издавање на личната карта. Неговиот брат е депортиран од Турција во Авганистан. Агенцијата за заштита на границите на ЕУ, Frontex спровела 25 постапки за „пријавување сериозни инциденти“ поврзани со активности во Бугарија во 2021 и 2022 година.
Враќањата се случуваат редовно во оперативната област и персоналот на Frontexс намерно се држи подалеку кога тоа ќе се случи, напишал еден офицер во извештајот во кој увид имал AFP. Тоа „се случува во плитки области на реката, дури и кога нивото на водата е високо, кога мигрантите се принудени да пливаат без оглед на нивната способност или сила да го сторат тоа, додава офицерот.
Еден извештај ги детализирал „понижувачкиот и расистички јазик од страна на некои бугарски граничари, како што е нарекувањето на мигрантите ‘талибани’“, напишал офицерот.
Отсуството на веродостојно оперативно известување (од бугарската гранична полиција) може да сигнализира недостатоци во механизмот за известување или, уште позагрижувачки, постоење премолчена политика на непријавување дејствија кои сериозно ги загрозуваат основните права на мигрантите, заклучува Frontex.
Бугарија повеќепати ги отфрли обвинувањата од Брисел за наводно злоставувања на илегалните мигранти.
Во изминатата година, притисокот на нашата граница остро се зголеми и… дејствата на мигрантите стануваат сè поагресивни, рече бугарскиот претседател Румен Радев во јануари.
Најмалце тројца бугарски полицајци загинаа кога возила со илегални мигранти удриле во нивните автомобили минатата година. Софија побара од ЕУ две милијарди евра за зајакнување на граничната ограда и подобрување на надзорот, но Брисел досега го одби тоа барање.

The post „Фронтекс“ укажува на брутални методи на југоисточната граница на Бугарија, нѐ тепаа со палки, сведочат бегалците appeared first on Република.

]]>
Договорот за Фронтекс ги помина комисиите, ратификацијата оди на пленарна седница https://republika.mk/vesti/makedonija/dogovorot-za-fronteks-gi-pomina-komisiite-ratifikatsijata-odi-na-plenarna-sednitsa/ Tue, 10 Jan 2023 16:14:24 +0000 https://republika.mk/?p=595479

Предлог-законот за ратификација на Договорот со европската Агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) денеска, покрај на матичната Комисија за надворешна политика, беше одобрен и од Законодавно-правната комисија. Законскиот предлог за ратификација на Договорот за Фронтекс е ставен на дневен ред на денешната пленарна собраниска седница.

На собраниската Комисија за надворешна политика денеска едногласно беше поддржана потребната за донесување на законот за ратификација на Договорот за Фронтекс склучен меѓу Македонија и Европската Унија.

Пред членовите на Комисијата министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски појасни дека подготовките за овој закон биле започнати уште во декември 2015 година, но поради противењето на Бугарија во однос на формулацијата за јазикот беше одложено неговото официјално потпишување. Договорот конечно беше потпишан на 26 октомври 2022 година во Скопје.

Додека да се операционализира Договорот од Фронтекс веќе ги добивме писмата и продолжува билатералната акција која ја имаме со неколку држави од ЕУ и од регионот за обезбедување на нашата јужна граница каде имаме некаде околу 160 полициски службеници од држави земји членки и од регионот, а од регионот е Србија. Така што ова ќе биде еден преоден период во којшто ќе можеме сите подготовки коишто се оперативни да ги завршиме и конечно да се започне со имплементацијата на Договорот“, рече Спасовски.

На прашањето од претседателот на Комисијата Антонио Милошоски за тоа дали постојните билатерални ангажмани на полициски службеници и безбедносни сили од ЕУ-членки кои се ангажирани на јужната граница ќе бидат заменети со тимови на Фронтекс, Спасовски рече дека Договорот склучен со Фронтекс не ги исклучува овие билатерални договори, туку, вели, започнале и процес на склучување анекси на постојните договори со цел да се доуредат одредени прашања.

Министерот за внатрешни работи додаде и дека до крајот на 2023 година се обезбедени финансиски средства и полициски службеници кои ќе учествуваат во овие билатерални акции и врз основа на потребите ќе се цени бројот на полициски службеници којшто ќе биде ангажиран на основа на оперативниот план на Фронтекс по што ќе се знае дали би продолжиле и дел од билатералните акции.

Пратеничката од НСДП Соња Мираковска меѓу другото потенцира дека Договорот за Фронтекс е потпишан и составен на 25 јазици меѓу кои и на македонскиот јазик со што, според неа, уште еднаш се потврдува дека македонскиот е дел од европските јазици. – Со тоа стравовите кои се наметнуваа на граѓаните се непотребни. Ние ќе го сочуваме нашиот јазик и идентитет. Ова е првиот пример за тоа и тоа претставува успех, рече Мираковска.

Договорот со Фронтгекс ќе овозможи подобра заштита на границите, брзо распоредување персонал и опрема на Фронтекс или на странски полициски службеници на критични точки на границите при ненадејно брзо влошување на состојбите, а се овозможува и сигурна размена на информации и податоци, односно оперативни сознанија, разузнавачки податоци, продукти од видео и воздушен надзор и сателитски снимки и слично за спречување на прекуграничен криминал и илегална миграција.

The post Договорот за Фронтекс ги помина комисиите, ратификацијата оди на пленарна седница appeared first on Република.

]]>

Предлог-законот за ратификација на Договорот со европската Агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) денеска, покрај на матичната Комисија за надворешна политика, беше одобрен и од Законодавно-правната комисија. Законскиот предлог за ратификација на Договорот за Фронтекс е ставен на дневен ред на денешната пленарна собраниска седница. На собраниската Комисија за надворешна политика денеска едногласно беше поддржана потребната за донесување на законот за ратификација на Договорот за Фронтекс склучен меѓу Македонија и Европската Унија. Пред членовите на Комисијата министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски појасни дека подготовките за овој закон биле започнати уште во декември 2015 година, но поради противењето на Бугарија во однос на формулацијата за јазикот беше одложено неговото официјално потпишување. Договорот конечно беше потпишан на 26 октомври 2022 година во Скопје.
Додека да се операционализира Договорот од Фронтекс веќе ги добивме писмата и продолжува билатералната акција која ја имаме со неколку држави од ЕУ и од регионот за обезбедување на нашата јужна граница каде имаме некаде околу 160 полициски службеници од држави земји членки и од регионот, а од регионот е Србија. Така што ова ќе биде еден преоден период во којшто ќе можеме сите подготовки коишто се оперативни да ги завршиме и конечно да се започне со имплементацијата на Договорот“, рече Спасовски.
На прашањето од претседателот на Комисијата Антонио Милошоски за тоа дали постојните билатерални ангажмани на полициски службеници и безбедносни сили од ЕУ-членки кои се ангажирани на јужната граница ќе бидат заменети со тимови на Фронтекс, Спасовски рече дека Договорот склучен со Фронтекс не ги исклучува овие билатерални договори, туку, вели, започнале и процес на склучување анекси на постојните договори со цел да се доуредат одредени прашања. Министерот за внатрешни работи додаде и дека до крајот на 2023 година се обезбедени финансиски средства и полициски службеници кои ќе учествуваат во овие билатерални акции и врз основа на потребите ќе се цени бројот на полициски службеници којшто ќе биде ангажиран на основа на оперативниот план на Фронтекс по што ќе се знае дали би продолжиле и дел од билатералните акции. Пратеничката од НСДП Соња Мираковска меѓу другото потенцира дека Договорот за Фронтекс е потпишан и составен на 25 јазици меѓу кои и на македонскиот јазик со што, според неа, уште еднаш се потврдува дека македонскиот е дел од европските јазици. – Со тоа стравовите кои се наметнуваа на граѓаните се непотребни. Ние ќе го сочуваме нашиот јазик и идентитет. Ова е првиот пример за тоа и тоа претставува успех, рече Мираковска. Договорот со Фронтгекс ќе овозможи подобра заштита на границите, брзо распоредување персонал и опрема на Фронтекс или на странски полициски службеници на критични точки на границите при ненадејно брзо влошување на состојбите, а се овозможува и сигурна размена на информации и податоци, односно оперативни сознанија, разузнавачки податоци, продукти од видео и воздушен надзор и сателитски снимки и слично за спречување на прекуграничен криминал и илегална миграција.

The post Договорот за Фронтекс ги помина комисиите, ратификацијата оди на пленарна седница appeared first on Република.

]]>
Фронтекс ќе патролира и на македонско-српската граница https://republika.mk/vesti/balkan/fronteks-kje-patrolira-i-na-makedonsko-srpskata-granica/ Mon, 07 Nov 2022 12:43:25 +0000 https://republika.mk/?p=570940

Потетседателелот на ЕК Схинас смета е дека „потребен ни е Фронтекс насекаде“, а наскоро ќе биде распределен и на границата меѓу Србија и Македонија.

-Бидејќи Фронтекс има законски мандат да дејствува на границите само со државите на ЕУ, а ние сакаме тоа да се прави и меѓу трети земји, како на пример меѓу Србија и Македонија, исто така ни треба и согласност од овие држави, која исто така го добив. Се согласија и наскоро ќе имаме Фронтекс на границата меѓу Србија и Македонија, вели Схинас за „Катимерини“.

The post Фронтекс ќе патролира и на македонско-српската граница appeared first on Република.

]]>

Потетседателелот на ЕК Схинас смета е дека „потребен ни е Фронтекс насекаде“, а наскоро ќе биде распределен и на границата меѓу Србија и Македонија.
-Бидејќи Фронтекс има законски мандат да дејствува на границите само со државите на ЕУ, а ние сакаме тоа да се прави и меѓу трети земји, како на пример меѓу Србија и Македонија, исто така ни треба и согласност од овие држави, која исто така го добив. Се согласија и наскоро ќе имаме Фронтекс на границата меѓу Србија и Македонија, вели Схинас за „Катимерини“.

The post Фронтекс ќе патролира и на македонско-српската граница appeared first on Република.

]]>
Што е ФРОНТЕКС?: Агенција на ЕУ со речиси никакви овластувања, за време на мигрантска криза ги пропуштаа бегалците од Грција слободно да влегуваат во Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/shto-e-fronteks-agencija-na-eu-so-rechisi-nikakvi-ovlastuvanja-za-vreme-na-migrantska-kriza-gi-propushtaa-begalcite-od-grcija-slobodno-da-vleguvaat-vo-makedonija/ Thu, 27 Oct 2022 14:19:28 +0000 https://republika.mk/?p=566473

Власта веќе два дена се фали дека потпишала догововор со ФРОНТЕКС на чист македонски јазик. Обичните граѓани со право се прашуваат што е тоа ФРОНТЕКС и посебно каков е тој чист македонски јазик? Зар постои валкан македонски јазик за овој да се нарекува чист?

„Република“ накратко ќе ги објасни овие две работи.

ФРОНТЕКС или Агенција на ЕУ за гранична и крајбрежна заштита е служба на Унијата подобра заштита на границите, брзо распоредување на персонал и опрема на ФРОНТЕКС или на странски полициски службеници на критични точки на границите, а во случаи на ненадејно и брзо влошување на состојбата се обезбедуваат можности за сигурна и континуирана размена на информации и податоци, вклучувајќи оперативни сознанија, разузнавачки податоци, продукти од видео и воздушен надзор, сателитски снимки.

Но, ФРОНТЕКС слично како т.н полиција на ЕУ ЕУРОПОЛ нема речиси никакви овластувања и нивната улога повеќе е набљудувачка.

Во тоа бевме сведоци и за време на мигрантската криза во 2015 година. Бегалци од Сирија, Ирак, Авганситан слободно влегуваа во Македонија во близина на Гевгелија. ФРОНТЕКС кој беше распореден долж границата тоа го гледаше и замижуваше.

Тогашната власт реагираше кај грчките власти дека мигрантите влегуваат од територија на земја-членка на ЕУ. Но, илегалните влегувања продолжија и затоа беше поставена жичена ограда за да може нашата војска и полиција да го контролира влезот на бегалците.

Пред неколку недели се случи голем скандал со ФРОНТЕКС кога беше откриено дека ги ги протерувале илегалните мигранти во Tурција.

Во извештајот стои дека ФРОНТЕКС прикривале кршење на „фундаменталните права“ на луѓето и не успеале да ги истражат инцидентите.Насилното враќање на луѓето преку меѓународна граница без да сепроценат нивните права да аплицираат за азил или други форми на заштита ги прекршува и меѓународното и правото на ЕУ.

За терминот „чист македонски јазик“

Договорите со ЕУ и досега беа потпишувани на македонски јазик. Единствената разлика е што во клаузулата за јазикот стоеше формулацијата „службените јазици на страните“ а сега тие се наведени со име.

The post Што е ФРОНТЕКС?: Агенција на ЕУ со речиси никакви овластувања, за време на мигрантска криза ги пропуштаа бегалците од Грција слободно да влегуваат во Македонија appeared first on Република.

]]>

Власта веќе два дена се фали дека потпишала догововор со ФРОНТЕКС на чист македонски јазик. Обичните граѓани со право се прашуваат што е тоа ФРОНТЕКС и посебно каков е тој чист македонски јазик? Зар постои валкан македонски јазик за овој да се нарекува чист? „Република“ накратко ќе ги објасни овие две работи. ФРОНТЕКС или Агенција на ЕУ за гранична и крајбрежна заштита е служба на Унијата подобра заштита на границите, брзо распоредување на персонал и опрема на ФРОНТЕКС или на странски полициски службеници на критични точки на границите, а во случаи на ненадејно и брзо влошување на состојбата се обезбедуваат можности за сигурна и континуирана размена на информации и податоци, вклучувајќи оперативни сознанија, разузнавачки податоци, продукти од видео и воздушен надзор, сателитски снимки. Но, ФРОНТЕКС слично како т.н полиција на ЕУ ЕУРОПОЛ нема речиси никакви овластувања и нивната улога повеќе е набљудувачка. Во тоа бевме сведоци и за време на мигрантската криза во 2015 година. Бегалци од Сирија, Ирак, Авганситан слободно влегуваа во Македонија во близина на Гевгелија. ФРОНТЕКС кој беше распореден долж границата тоа го гледаше и замижуваше. Тогашната власт реагираше кај грчките власти дека мигрантите влегуваат од територија на земја-членка на ЕУ. Но, илегалните влегувања продолжија и затоа беше поставена жичена ограда за да може нашата војска и полиција да го контролира влезот на бегалците. Пред неколку недели се случи голем скандал со ФРОНТЕКС кога беше откриено дека ги ги протерувале илегалните мигранти во Tурција. Во извештајот стои дека ФРОНТЕКС прикривале кршење на „фундаменталните права“ на луѓето и не успеале да ги истражат инцидентите.Насилното враќање на луѓето преку меѓународна граница без да сепроценат нивните права да аплицираат за азил или други форми на заштита ги прекршува и меѓународното и правото на ЕУ.

За терминот „чист македонски јазик“

Договорите со ЕУ и досега беа потпишувани на македонски јазик. Единствената разлика е што во клаузулата за јазикот стоеше формулацијата „службените јазици на страните“ а сега тие се наведени со име.

The post Што е ФРОНТЕКС?: Агенција на ЕУ со речиси никакви овластувања, за време на мигрантска криза ги пропуштаа бегалците од Грција слободно да влегуваат во Македонија appeared first on Република.

]]>
Груевски: Потпишувањето на договорот со ФРОНТЕКС на „најчист“ македонски е кампања за некоја следна отстапка на национален план https://republika.mk/vesti/makedonija/gruevski-potpishuvanjeto-na-dogovorot-so-fronteks-na-najchist-makedonski-e-kampanja-za-nekoja-sledna-otstapka-na-nacionalen-plan/ Thu, 27 Oct 2022 12:15:05 +0000 https://republika.mk/?p=566400

Ова со потпишувањето на договорот со ФРОНТЕКС на „најчист” македонски јазик, разбирам дека е некаква кампања за некоја следна отстапка на национален план, со која треба да ни се набилда егото дека поразите и капитулациите на национален план всушност се победи, но незнам дали навистина народот толку затупел или овие од власта така го третираат и доживуваат?, пишува во статус на Фејсбук поранешниот премиер Никола Груевски.

Сите меѓудржавни договори и договори со меѓународни институтиции, и порано и сега, и во иднина се потпишуваат и ќе се потпишуваат на македонски јазик, со кирилично писмо, кој нема чиста или нечиста верзија, нема две или повеќе верзии, ниту се потпишува на дијалекти и најчесто покрај на македонски јазик се потпишува уште и на англиски и/или некој друг јазик, зависно со кого потпишуваме.

На ист начин функционираат сите држави.
Никој досега не побарал од Македонија да не биде така.
Тоа не е предмет на спор или дебата со никого.
Тоа не е тема во ниту еден спор.

Отворениот спор од надвор е за тоа како се викал тој јазик(плус нација/националност и историја) до 2. Август 1944 година, а не како се вика потоа и денес.

Како се викале јазикот, историјата и нацијата до августц1944 година. Дали сите предци на оние кои денес се произнесуваме Македонци, реално се чуствувале бугари по националност, говореле бугарски јазик а нашата историја до тој момент дали е бугарска.

Никој, апсолутно никој, досега не побарал од Македонија да не го користи македонскиот јазик во усна или писмена комуникација со неговото кирилично писмо во земјата или надвор, како и во меѓународните договори или да го замени со чешки, грчки или дански или пак бугарски или српски.

Од секогаш во политиката насекаде имало т.н. спинови и пропагандни кампањи и флоскули, ама никогаш немало толку евтини и приземни.
На прва би рекол дека ја потценуваат интелегенцијата на цел еден народ, но кога подобро ќе се размисли всушност тоа е само ниско ниво на интелегенција на власта и оние кои им ги осмислуваат, подржуваат и учествуваат во овие кампањи.

По оваа логика, власта може да направи нова кампања, а потоа да прослави голем успех и јавно на плоштадот Македонија да отвори можеби и славенички шампањ, дека на пример владата испратила телеграма со честитки за католички Божиќ до папата, или до некој претседател или премиер на ЧИСТ, НАЈЧИСТ, НАЈ НАЈ ЧИСТ, ОРГИНАЛЕН, ОРТОДОКСЕН и 100% македонски јазик. И плус литературен! Или каков друг збор нема да им падне на памет…

И?

Ние сите демек треба да “паднеме во несвест” и да го отцениме тоа како некоја голема победа за Македонија и да честитаме на владата?

Неверојатно е со какви глупости го занимаваат или само мислат дека го занимаваат.
После поминат долг период во политиката одговорно им тврдам дека помала фрустрација и бес ќе создадат, иако и таа сеуште ќе биде мошне голема, ако отворено, искрено и без интриги и вакви трикови кажат што и зошто прават, колку и тоа да не е исправно, наместо луѓето да ги прават “будали” кои не само што ќе треба веруваат во тоа, туку и да прослават триумф!
Народот, граѓаните, луѓето во Македонија, дури и кога длабоко не се согласуваат со нешто, ја ценат искреноста, која сама по себе преставува искажување на минимално ниво на почит кон другиот.

И спротивно, бесот и гневот се удвојува кога покрај се, уште и се мамат со трикови кои тешко поминуваат и кај деца од 10-12 годишна возраст.

Всушност тоа е универзално правило, пишува Груевски.

The post Груевски: Потпишувањето на договорот со ФРОНТЕКС на „најчист“ македонски е кампања за некоја следна отстапка на национален план appeared first on Република.

]]>

Ова со потпишувањето на договорот со ФРОНТЕКС на „најчист” македонски јазик, разбирам дека е некаква кампања за некоја следна отстапка на национален план, со која треба да ни се набилда егото дека поразите и капитулациите на национален план всушност се победи, но незнам дали навистина народот толку затупел или овие од власта така го третираат и доживуваат?, пишува во статус на Фејсбук поранешниот премиер Никола Груевски. Сите меѓудржавни договори и договори со меѓународни институтиции, и порано и сега, и во иднина се потпишуваат и ќе се потпишуваат на македонски јазик, со кирилично писмо, кој нема чиста или нечиста верзија, нема две или повеќе верзии, ниту се потпишува на дијалекти и најчесто покрај на македонски јазик се потпишува уште и на англиски и/или некој друг јазик, зависно со кого потпишуваме. На ист начин функционираат сите држави. Никој досега не побарал од Македонија да не биде така. Тоа не е предмет на спор или дебата со никого. Тоа не е тема во ниту еден спор. Отворениот спор од надвор е за тоа како се викал тој јазик(плус нација/националност и историја) до 2. Август 1944 година, а не како се вика потоа и денес. Како се викале јазикот, историјата и нацијата до августц1944 година. Дали сите предци на оние кои денес се произнесуваме Македонци, реално се чуствувале бугари по националност, говореле бугарски јазик а нашата историја до тој момент дали е бугарска. Никој, апсолутно никој, досега не побарал од Македонија да не го користи македонскиот јазик во усна или писмена комуникација со неговото кирилично писмо во земјата или надвор, како и во меѓународните договори или да го замени со чешки, грчки или дански или пак бугарски или српски. Од секогаш во политиката насекаде имало т.н. спинови и пропагандни кампањи и флоскули, ама никогаш немало толку евтини и приземни. На прва би рекол дека ја потценуваат интелегенцијата на цел еден народ, но кога подобро ќе се размисли всушност тоа е само ниско ниво на интелегенција на власта и оние кои им ги осмислуваат, подржуваат и учествуваат во овие кампањи. По оваа логика, власта може да направи нова кампања, а потоа да прослави голем успех и јавно на плоштадот Македонија да отвори можеби и славенички шампањ, дека на пример владата испратила телеграма со честитки за католички Божиќ до папата, или до некој претседател или премиер на ЧИСТ, НАЈЧИСТ, НАЈ НАЈ ЧИСТ, ОРГИНАЛЕН, ОРТОДОКСЕН и 100% македонски јазик. И плус литературен! Или каков друг збор нема да им падне на памет… И? Ние сите демек треба да “паднеме во несвест” и да го отцениме тоа како некоја голема победа за Македонија и да честитаме на владата? Неверојатно е со какви глупости го занимаваат или само мислат дека го занимаваат. После поминат долг период во политиката одговорно им тврдам дека помала фрустрација и бес ќе создадат, иако и таа сеуште ќе биде мошне голема, ако отворено, искрено и без интриги и вакви трикови кажат што и зошто прават, колку и тоа да не е исправно, наместо луѓето да ги прават “будали” кои не само што ќе треба веруваат во тоа, туку и да прослават триумф! Народот, граѓаните, луѓето во Македонија, дури и кога длабоко не се согласуваат со нешто, ја ценат искреноста, која сама по себе преставува искажување на минимално ниво на почит кон другиот. И спротивно, бесот и гневот се удвојува кога покрај се, уште и се мамат со трикови кои тешко поминуваат и кај деца од 10-12 годишна возраст. Всушност тоа е универзално правило, пишува Груевски.

The post Груевски: Потпишувањето на договорот со ФРОНТЕКС на „најчист“ македонски е кампања за некоја следна отстапка на национален план appeared first on Република.

]]>
„Којзнае шо јазик има сочувано…“, вели Божиновски споделувајќи ги „најдобрите“ изјави на Заев https://republika.mk/vesti/makedonija/kojznae-sho-jazik-ima-sochuvano-veli-bozinovski-spodeluvajkji-gi-najdobrite-izjavi-na-zaev/ Thu, 27 Oct 2022 10:32:35 +0000 https://republika.mk/?p=566264

Нашиот македонски сон стана реалност !
Потпишавме договор со Европската Унија на македонски јазик, се пофали денеска поранешниот премиер Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

https://republika.mk/vesti/makedonija/zaev-se-izraduva-eeeej-grcija-i-bugarija-potpishaa-dogovor-so-nas-na-makedonski-jazik/

На ова активистот и писател Божидар Божиновски коментира: Којзнае шо јазик има сочувано…

Некој ги има собрано најдобрите изјави на Заев, ова е нивно собрано дело. Којзнае шо јазик има сочувано…

- „Господ ме црпна од нивите.“
- „Јас сум Зоран Заев од село Муртино, некои ме викаат Зајче.“
- „Ено опшесво за сите.“
- „Да живее животот.“
- „Го донеле Заев на власт за да го смени името - ајде мајката!“
- „Рибата смрди од опашката.“
- „Да го поставиме таргетот или летвата малку повисоко.“
- „Го пробивме звучниот ѕид на сите времиња.“
- „Да поставиме сидро кое ќе влече напред.“
- „Го прелапуваме големиот заб.“
- „Нема да дозволиме ширење на Пандорината кутија.“
- „Дури и да е противправно, не може не бива - ќе се најде начин.”
- „Со сила на човека можеш да му дадеш.“
- „Сите оние коишто имат уши, а се прават слепи.“
- „Се случи дожд од 93 литра во секунда.“
- „Гарантираме средна плата 500€, минимална плата 1000€.“
- „Ќе ги намалиме глобите за 150%."
- „Железни опинци ќе облечам.“
- „Да направиме брејн дрејн.“
- „Ни треба камшикар.“
- „Весламе со палка.“
- „Закукулено, замумулено.“
- „Да ги начучулите ушите.“
- „Нема да се срамуваме.“
- „Нема воздух, а велат - ајро, ајро.“
- „Сакам барем една фасада да ја соблечам.“
- „По пола диазапамче.“
- „Нешто шупоти.“
- „Хајуду? Добри сте? Све е океј?“
- „Хев а њу јар еврибоди.“
- „Јуроп ис морр сексипил грл.“
- „Но дискасисти.“
- „Чукамо се ударамо у градима нашима."
- „Цар Самуил је пуно шетао, а и Кирил и Методиј су радили исто такве ствари.“
- „Одозгора на тога.“
- „Ставичемо плочке.“
- „Јас сум првиот премиер што се поклонил на гробот на Гоце Делчев во Благоевград.“
- „Холокаустот е еврејска традиција.“
- „Турците се бореле против османлиите.“
- „Aко баклавата е изедена, типсијата стоо!“
- „Ние го наметнавме, го тупосавме.“
- „Брат ми е душа напатена.“
- „Иднината веќе не ни е судбина.“
- „Ќе ја дадеме Македонија во богато семејство.“
- „Не гибајте ми ја жицата македонска оти изгубен во времето, би го барал семето одејќи по жица.“
- „Датум за преговори имаме! А вие, мож да пукнете ако сакате што не го решивте ова прашање!“

The post „Којзнае шо јазик има сочувано…“, вели Божиновски споделувајќи ги „најдобрите“ изјави на Заев appeared first on Република.

]]>

Нашиот македонски сон стана реалност ! Потпишавме договор со Европската Унија на македонски јазик, се пофали денеска поранешниот премиер Зоран Заев на својот Фејсбук профил. https://republika.mk/vesti/makedonija/zaev-se-izraduva-eeeej-grcija-i-bugarija-potpishaa-dogovor-so-nas-na-makedonski-jazik/ На ова активистот и писател Божидар Божиновски коментира: Којзнае шо јазик има сочувано…
Некој ги има собрано најдобрите изјави на Заев, ова е нивно собрано дело. Којзнае шо јазик има сочувано… - „Господ ме црпна од нивите.“ - „Јас сум Зоран Заев од село Муртино, некои ме викаат Зајче.“ - „Ено опшесво за сите.“ - „Да живее животот.“ - „Го донеле Заев на власт за да го смени името - ајде мајката!“ - „Рибата смрди од опашката.“ - „Да го поставиме таргетот или летвата малку повисоко.“ - „Го пробивме звучниот ѕид на сите времиња.“ - „Да поставиме сидро кое ќе влече напред.“ - „Го прелапуваме големиот заб.“ - „Нема да дозволиме ширење на Пандорината кутија.“ - „Дури и да е противправно, не може не бива - ќе се најде начин.” - „Со сила на човека можеш да му дадеш.“ - „Сите оние коишто имат уши, а се прават слепи.“ - „Се случи дожд од 93 литра во секунда.“ - „Гарантираме средна плата 500€, минимална плата 1000€.“ - „Ќе ги намалиме глобите за 150%." - „Железни опинци ќе облечам.“ - „Да направиме брејн дрејн.“ - „Ни треба камшикар.“ - „Весламе со палка.“ - „Закукулено, замумулено.“ - „Да ги начучулите ушите.“ - „Нема да се срамуваме.“ - „Нема воздух, а велат - ајро, ајро.“ - „Сакам барем една фасада да ја соблечам.“ - „По пола диазапамче.“ - „Нешто шупоти.“ - „Хајуду? Добри сте? Све е океј?“ - „Хев а њу јар еврибоди.“ - „Јуроп ис морр сексипил грл.“ - „Но дискасисти.“ - „Чукамо се ударамо у градима нашима." - „Цар Самуил је пуно шетао, а и Кирил и Методиј су радили исто такве ствари.“ - „Одозгора на тога.“ - „Ставичемо плочке.“ - „Јас сум првиот премиер што се поклонил на гробот на Гоце Делчев во Благоевград.“ - „Холокаустот е еврејска традиција.“ - „Турците се бореле против османлиите.“ - „Aко баклавата е изедена, типсијата стоо!“ - „Ние го наметнавме, го тупосавме.“ - „Брат ми е душа напатена.“ - „Иднината веќе не ни е судбина.“ - „Ќе ја дадеме Македонија во богато семејство.“ - „Не гибајте ми ја жицата македонска оти изгубен во времето, би го барал семето одејќи по жица.“ - „Датум за преговори имаме! А вие, мож да пукнете ако сакате што не го решивте ова прашање!“

The post „Којзнае шо јазик има сочувано…“, вели Божиновски споделувајќи ги „најдобрите“ изјави на Заев appeared first on Република.

]]>
СДСМ: Ковачевски го исполни ветувањето, Фронтекс на македонски јазик https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-kovachevski-go-ispolni-vetuvanjeto-fronteks-na-makedonski-jazik/ Thu, 27 Oct 2022 07:38:13 +0000 https://republika.mk/?p=566136

Договорот за гранично управување попознат како Фронтекс е потпишан на македонски јазик без фусноти, без ѕвездички, без никакви додавки и забелешки, без нејасни формулации, велат од СДСМ, додавајќи дека тоа е ветувањето кое претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски го даде и „што е поважно го исполни во целост“.

Јасно и гласно, во официјални изјави, на сите европски лидери, на претставници на меѓународната заедница, прецизно се употребува терминот „македонски јазик“. Целото европско законодавство се преведува на македонски јазик. Македонскиот јазик е рамноправно застапен, заедно со сите други европски јазици, во Европската Унија. Со потпишувањето на овој документ на врвно рамниште се издигнува статусот на службената употреба на македонскиот стандарден јазик. На овој начин гордо ги заокружуваме заложбите на нашите претходници за еманципација на македонскиот јазик и македонската култура на европско рамниште, велат од СДСМ.

 

The post СДСМ: Ковачевски го исполни ветувањето, Фронтекс на македонски јазик appeared first on Република.

]]>

Договорот за гранично управување попознат како Фронтекс е потпишан на македонски јазик без фусноти, без ѕвездички, без никакви додавки и забелешки, без нејасни формулации, велат од СДСМ, додавајќи дека тоа е ветувањето кое претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски го даде и „што е поважно го исполни во целост“.
Јасно и гласно, во официјални изјави, на сите европски лидери, на претставници на меѓународната заедница, прецизно се употребува терминот „македонски јазик“. Целото европско законодавство се преведува на македонски јазик. Македонскиот јазик е рамноправно застапен, заедно со сите други европски јазици, во Европската Унија. Со потпишувањето на овој документ на врвно рамниште се издигнува статусот на службената употреба на македонскиот стандарден јазик. На овој начин гордо ги заокружуваме заложбите на нашите претходници за еманципација на македонскиот јазик и македонската култура на европско рамниште, велат од СДСМ.
 

The post СДСМ: Ковачевски го исполни ветувањето, Фронтекс на македонски јазик appeared first on Република.

]]>
Потпишан е ФРОНТЕКС, првиот договор со Европската комисија на чист македонски јазик https://republika.mk/vesti/makedonija/potpishan-e-fronteks-prviot-dogovor-so-evropskata-komisija-na-chist-makedonski-jazik/ Wed, 26 Oct 2022 17:56:16 +0000 https://republika.mk/?p=566028

Денеска во свечената сала на Владата на Република  Македонија е потпишан т.н. „Договор за Фронтекс“, првиот ваков договор помеѓу Европската комисија и Република Македонија на македонски јазик, во присуство на премиерот Димитар Ковачевски и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Договорот го потпишаа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон и амбасадорот на Чешката Република во земјава, Јарослав Лудва, во име на чешкото претседателство со Советот на ЕУ.

Станува збор за договор помеѓу Република  Македонија и Европската Унија за оперативни активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република  Македонија.

Овој Договор има оперативно и политичко значење и за  Македонија и за Европската Унија.

Од страна на претставниците на Владата на Република  Македонија и на претставниците од Европската комисија е споделена заедничка согласност дека потпишувањето на овој прв договор помеѓу  Македонија и Унијата е на македонски јазик, без какви било ѕвездички и фусноти, покрај јазиците на земјите членки на ЕУ, е потврда на дело за почитувањето на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, од страна на Европската Унија.

Со договорот ФРОНТЕКС, заеднички е оценето дека е направен нов чекор напред во европското единство, во коешто активно придонесува Република  Македонија и од позицијата на земја преговарач со Европската Унија, а којашто, како што е безрезервно изразено, е очекувана и добредојдена во скоро време во Унијата, како полноправна членка.

Договорот ФРОНТЕКС, на оперативно ниво ќе овозможи подобра заштита на границите, брзо распоредување на персонал и опрема на ФРОНТЕКС или на странски полициски службеници на критични точки на границите, а во случаи на ненадејно и брзо влошување на состојбата се обезбедуваат можности за сигурна и континуирана размена на информации и податоци, вклучувајќи оперативни сознанија, разузнавачки податоци, продукти од видео и воздушен надзор, сателитски снимки и слично.

Потпишувањето на договорот ФРОНТЕКС е израз на заедничка посветеност на Република  Македонија и на Европската Унија за дефинирање одржливи, трајни решенија во справувањето со илегалната миграција и прекуграничниот криминал, пришто, почитувањето на човековите права и демократските принципи се основни темелни принципи на коишто се темели меѓусебната соработка. На овој начин, со имплементацијата на Договорот ќе се придонесе кон ефикасно управување и справување со предизвиците од миграцијата и евентуални потенцијални идни закани, а со тоа и кон справувањето со сериозниот криминал со прекугранична димензија. Договорот ги уредува сите прашања неопходни за распоредување тимови за управување со границите од постојаниот корпус на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража на територијата на Република Македонија, пришто членовите на тимот можат да вршат извршни овластувања.

Оперативната активност, според овој Договор, започнува со писмена одлука на извршниот директор на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Македонија, по писмено барање на надлежните органи на нашата држава, а соработката се заснова врз принципите на партнерство и меѓусебно почитување, како и одржување на највисоките стандарди на интегритет, етичко однесување, професионализам.

The post Потпишан е ФРОНТЕКС, првиот договор со Европската комисија на чист македонски јазик appeared first on Република.

]]>

Денеска во свечената сала на Владата на Република  Македонија е потпишан т.н. „Договор за Фронтекс“, првиот ваков договор помеѓу Европската комисија и Република Македонија на македонски јазик, во присуство на премиерот Димитар Ковачевски и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Договорот го потпишаа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон и амбасадорот на Чешката Република во земјава, Јарослав Лудва, во име на чешкото претседателство со Советот на ЕУ. Станува збор за договор помеѓу Република  Македонија и Европската Унија за оперативни активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република  Македонија. Овој Договор има оперативно и политичко значење и за  Македонија и за Европската Унија. Од страна на претставниците на Владата на Република  Македонија и на претставниците од Европската комисија е споделена заедничка согласност дека потпишувањето на овој прв договор помеѓу  Македонија и Унијата е на македонски јазик, без какви било ѕвездички и фусноти, покрај јазиците на земјите членки на ЕУ, е потврда на дело за почитувањето на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, од страна на Европската Унија. Со договорот ФРОНТЕКС, заеднички е оценето дека е направен нов чекор напред во европското единство, во коешто активно придонесува Република  Македонија и од позицијата на земја преговарач со Европската Унија, а којашто, како што е безрезервно изразено, е очекувана и добредојдена во скоро време во Унијата, како полноправна членка. Договорот ФРОНТЕКС, на оперативно ниво ќе овозможи подобра заштита на границите, брзо распоредување на персонал и опрема на ФРОНТЕКС или на странски полициски службеници на критични точки на границите, а во случаи на ненадејно и брзо влошување на состојбата се обезбедуваат можности за сигурна и континуирана размена на информации и податоци, вклучувајќи оперативни сознанија, разузнавачки податоци, продукти од видео и воздушен надзор, сателитски снимки и слично. Потпишувањето на договорот ФРОНТЕКС е израз на заедничка посветеност на Република  Македонија и на Европската Унија за дефинирање одржливи, трајни решенија во справувањето со илегалната миграција и прекуграничниот криминал, пришто, почитувањето на човековите права и демократските принципи се основни темелни принципи на коишто се темели меѓусебната соработка. На овој начин, со имплементацијата на Договорот ќе се придонесе кон ефикасно управување и справување со предизвиците од миграцијата и евентуални потенцијални идни закани, а со тоа и кон справувањето со сериозниот криминал со прекугранична димензија. Договорот ги уредува сите прашања неопходни за распоредување тимови за управување со границите од постојаниот корпус на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража на територијата на Република Македонија, пришто членовите на тимот можат да вршат извршни овластувања. Оперативната активност, според овој Договор, започнува со писмена одлука на извршниот директор на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Македонија, по писмено барање на надлежните органи на нашата држава, а соработката се заснова врз принципите на партнерство и меѓусебно почитување, како и одржување на највисоките стандарди на интегритет, етичко однесување, професионализам.

The post Потпишан е ФРОНТЕКС, првиот договор со Европската комисија на чист македонски јазик appeared first on Република.

]]>
Денеска ќе биде потпишан договорот со Фронтекс https://republika.mk/vesti/makedonija/deneska-kje-bide-potpishan-dogovorot-so-fronteks/ Wed, 26 Oct 2022 11:50:36 +0000 https://republika.mk/?p=565893

Во присуство на претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен и премиерот Димитар Ковачевски во Скопје денеска во Владата ќе биде потпишат Договорот за статус со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража, Фронтекс. Договорот ќе биде потпишан на македонски јазик.

Како што информираа од Делегацијата на ЕК во земјава, Договорот во име на Европската Унија ќе биде потпишан од страна на амбасадорот на Чешка Јарослав Лудва како претставник на чешкото претседателство со Советот на ЕУ и еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон која е дел од делгацијата на Фон дер Лајен и од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во име на Македонија.

-Потпишувањето на договорот за статусот на Фронтекс претставува уште еден чекор во продлабочувањето на односите меѓу ЕУ и Македонија. Тоа ќе донесе практични придобивки преку подобрување на граничната безбедност на земјата. Договорот е на македонски јазик, како и на сите 24 јазици на ЕУ, а сите јазични верзии се подеднакво валидни, се наведува во соопштението.

Премиерот Димитар Ковачевски во обраќање вчера до пратениците истакна дека на европскиот пат чекориме со една многу значајна придобивка за која се изборивме – целосно заштитен македонскиот јазик, а со тоа и македонски идентитет. Македонскиот јазик, како што рече, е признаен и потврден, како рамноправен со сите други јазици во Европа.

– Првиот договор, Фронтекс, Советот на ЕУ веќе одлучи да се потпише и на македонски јазик, без какви било ѕвездички или фусноти. Првите документи во Брисел веќе се преведуваат на македонски јазик. Почетокот на преговорите со Европската Унија по 17-години чекање, со целосна заштита на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, изградбата на едно општество за сите и мирот што го негуваме преку меѓуетничкото единство на домашен план, потврдуваат дека Владата е успешен и достоинствен претставник на народот, неговиот заштитник, чувар и водач напред, порача Ковачевски.

Договорот за гранично управување, инаку познат како Фронтекс, беше блокиран од страна на Бугарија поради употребата на зборовите „македонски јазик“. Советот на ЕУ на 13 октомври ја усвои одлуката за потпишување на Договорот за гранично управување меѓу ЕУ и Македонија, откако Софија всушност го крена ветото, оставајќи ја формулата македонски јазик недопрена, како што е случај за сите други земји од регионот кои имаат договор со агенцијата Фронтекс. Договорот потоа беше одобрен и од страна на Европскиот Парламент.

Откако ќе стапи на сила Фронтекс ќе може да биде повеќе инволвиран во управувањето со границите во Македонија во однос на миграциските текови и борбата против „илегалната миграција“. ЕУ смета дека зајакнувањето на контролите на македонските граници ќе помогне да се подобри безбедноста на границите на ЕУ. 

The post Денеска ќе биде потпишан договорот со Фронтекс appeared first on Република.

]]>

Во присуство на претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен и премиерот Димитар Ковачевски во Скопје денеска во Владата ќе биде потпишат Договорот за статус со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража, Фронтекс. Договорот ќе биде потпишан на македонски јазик. Како што информираа од Делегацијата на ЕК во земјава, Договорот во име на Европската Унија ќе биде потпишан од страна на амбасадорот на Чешка Јарослав Лудва како претставник на чешкото претседателство со Советот на ЕУ и еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон која е дел од делгацијата на Фон дер Лајен и од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во име на Македонија. -Потпишувањето на договорот за статусот на Фронтекс претставува уште еден чекор во продлабочувањето на односите меѓу ЕУ и Македонија. Тоа ќе донесе практични придобивки преку подобрување на граничната безбедност на земјата. Договорот е на македонски јазик, како и на сите 24 јазици на ЕУ, а сите јазични верзии се подеднакво валидни, се наведува во соопштението. Премиерот Димитар Ковачевски во обраќање вчера до пратениците истакна дека на европскиот пат чекориме со една многу значајна придобивка за која се изборивме – целосно заштитен македонскиот јазик, а со тоа и македонски идентитет. Македонскиот јазик, како што рече, е признаен и потврден, како рамноправен со сите други јазици во Европа. – Првиот договор, Фронтекс, Советот на ЕУ веќе одлучи да се потпише и на македонски јазик, без какви било ѕвездички или фусноти. Првите документи во Брисел веќе се преведуваат на македонски јазик. Почетокот на преговорите со Европската Унија по 17-години чекање, со целосна заштита на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, изградбата на едно општество за сите и мирот што го негуваме преку меѓуетничкото единство на домашен план, потврдуваат дека Владата е успешен и достоинствен претставник на народот, неговиот заштитник, чувар и водач напред, порача Ковачевски. Договорот за гранично управување, инаку познат како Фронтекс, беше блокиран од страна на Бугарија поради употребата на зборовите „македонски јазик“. Советот на ЕУ на 13 октомври ја усвои одлуката за потпишување на Договорот за гранично управување меѓу ЕУ и Македонија, откако Софија всушност го крена ветото, оставајќи ја формулата македонски јазик недопрена, како што е случај за сите други земји од регионот кои имаат договор со агенцијата Фронтекс. Договорот потоа беше одобрен и од страна на Европскиот Парламент. Откако ќе стапи на сила Фронтекс ќе може да биде повеќе инволвиран во управувањето со границите во Македонија во однос на миграциските текови и борбата против „илегалната миграција“. ЕУ смета дека зајакнувањето на контролите на македонските граници ќе помогне да се подобри безбедноста на границите на ЕУ. 

The post Денеска ќе биде потпишан договорот со Фронтекс appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Во ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет – ФРОНТЕКС се потпишува на чист македонски јазик https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-vo-eu-so-zashtiten-makedonski-jazik-i-identitet-fronteks-se-potpishuva-na-chist-makedonski-jazik/ Tue, 25 Oct 2022 13:24:37 +0000 https://republika.mk/?p=565481

Премиерот  Ковачевски во денешното обраќање до пратениците истакна дека на нашиот европски пат чекориме со една многу значајна придобивка за која се изборивме - целосно заштитен македонскиот јазик, а со тоа и македонски идентитет. Македонскиот јазик е признаен и потврден, како рамноправен со сите други јазици во Европа.

Првиот договор, ФРОНТЕКС, Советот на ЕУ веќе одлучи да се потпише и на македонски јазик, без какви било ѕвездички или фусноти. Првите документи во Брисел веќе се преведуваат на македонски јазик. Почетокот на преговорите со Европската Унија по 17-години чекање, со целосна заштита на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, изградбата на едно општество за сите и мирот што го негуваме преку меѓуетничкото единство на домашен план, потврдуваат дека Владата е успешен и достоинствен претставник на народот, неговиот заштитник, чувар и водач напред“, порача премиерот Ковачевски.

The post Ковачевски: Во ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет – ФРОНТЕКС се потпишува на чист македонски јазик appeared first on Република.

]]>

Премиерот  Ковачевски во денешното обраќање до пратениците истакна дека на нашиот европски пат чекориме со една многу значајна придобивка за која се изборивме - целосно заштитен македонскиот јазик, а со тоа и македонски идентитет. Македонскиот јазик е признаен и потврден, како рамноправен со сите други јазици во Европа.
Првиот договор, ФРОНТЕКС, Советот на ЕУ веќе одлучи да се потпише и на македонски јазик, без какви било ѕвездички или фусноти. Првите документи во Брисел веќе се преведуваат на македонски јазик. Почетокот на преговорите со Европската Унија по 17-години чекање, со целосна заштита на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, изградбата на едно општество за сите и мирот што го негуваме преку меѓуетничкото единство на домашен план, потврдуваат дека Владата е успешен и достоинствен претставник на народот, неговиот заштитник, чувар и водач напред“, порача премиерот Ковачевски.

The post Ковачевски: Во ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет – ФРОНТЕКС се потпишува на чист македонски јазик appeared first on Република.

]]>
Еврокомесарката Јохансон и Спасовски в среда ќе го потпишат Договорот за ФРОНТЕКС https://republika.mk/vesti/makedonija/evrokomesarkata-johanson-i-spasovski-v-sreda-kje-go-potpishat-dogovorot-za-fronteks/ Mon, 24 Oct 2022 19:10:08 +0000 https://republika.mk/?p=565085

Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон на прес-конференцијата по Министерската конференција Прашки процес, најави дека в среда во Скопје заедно со министерот Оливер Спасовски ќе го потпишат Договорот за ФРОНТЕКС помеѓу ЕУ и Македонија.

Мора да го поддржиме ФРОНТЕКС во земјите партнери од Западен Балкан, каде веќе имаме 300 мажи и жени кои овозможуваат поддршка на границите на нашите партнери од Западен Балкан, утре веќе очекуваме предлог за ново преговарање на постојниот договор, со што тој ќе може да се прошири и на границите помеѓу земјите на Западен Балкан, а во среда ќе одам во Скопје за со министерот Оливер Спасовски да го потпишеме Договорот за ФРОНТЕКС помеѓу ЕУ и Македонија, што мислам дека ќе биде уште еден важен чекор напред, рече Јохансон.

Покрај ова, кажа таа, треба да ја зајакнаме поддршката кон нашите партнери од Западен Балкан околу враќањето и реадмисијата и да ја интензивираме нашата поддршка и активностите во врска со сузбивањето на криумчарите со мигранти, па се надевам, рече, дека следната недела веќе ќе можеме да зборуваме за отпочнување на оперативно партнерство против криумчарењето мигранти заедно со партнерите од Западен Баллкан.

Оценувајќи ја како успешна и конструктивна дискусијата на министрите во текот на Четвртата конференција во рамки на Прашкиот процес, еврокомесарката Јохансон се осврна на глобалните случувања, меѓу кои и војната во Украина, која уште повеќе ја наметна потребата од европско единство, како основа за успех.

Во делот на миграциите, Јохансон се задржа на неопходноста од усогласување на политиките на визен режим помеѓу партнерските земји од Западен Балкан со оние на ЕУ за да се спречи злоупотребата на слободниот визен режим што придонесува за наплив на мигранти од Индија, Бурунди, Куба во земјите од ЕУ.

The post Еврокомесарката Јохансон и Спасовски в среда ќе го потпишат Договорот за ФРОНТЕКС appeared first on Република.

]]>

Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон на прес-конференцијата по Министерската конференција Прашки процес, најави дека в среда во Скопје заедно со министерот Оливер Спасовски ќе го потпишат Договорот за ФРОНТЕКС помеѓу ЕУ и Македонија.
Мора да го поддржиме ФРОНТЕКС во земјите партнери од Западен Балкан, каде веќе имаме 300 мажи и жени кои овозможуваат поддршка на границите на нашите партнери од Западен Балкан, утре веќе очекуваме предлог за ново преговарање на постојниот договор, со што тој ќе може да се прошири и на границите помеѓу земјите на Западен Балкан, а во среда ќе одам во Скопје за со министерот Оливер Спасовски да го потпишеме Договорот за ФРОНТЕКС помеѓу ЕУ и Македонија, што мислам дека ќе биде уште еден важен чекор напред, рече Јохансон.
Покрај ова, кажа таа, треба да ја зајакнаме поддршката кон нашите партнери од Западен Балкан околу враќањето и реадмисијата и да ја интензивираме нашата поддршка и активностите во врска со сузбивањето на криумчарите со мигранти, па се надевам, рече, дека следната недела веќе ќе можеме да зборуваме за отпочнување на оперативно партнерство против криумчарењето мигранти заедно со партнерите од Западен Баллкан. Оценувајќи ја како успешна и конструктивна дискусијата на министрите во текот на Четвртата конференција во рамки на Прашкиот процес, еврокомесарката Јохансон се осврна на глобалните случувања, меѓу кои и војната во Украина, која уште повеќе ја наметна потребата од европско единство, како основа за успех. Во делот на миграциите, Јохансон се задржа на неопходноста од усогласување на политиките на визен режим помеѓу партнерските земји од Западен Балкан со оние на ЕУ за да се спречи злоупотребата на слободниот визен режим што придонесува за наплив на мигранти од Индија, Бурунди, Куба во земјите од ЕУ.

The post Еврокомесарката Јохансон и Спасовски в среда ќе го потпишат Договорот за ФРОНТЕКС appeared first on Република.

]]>
Спасовски: Договорот со ФРОНТЕКС е прв официјален договор којшто ќе се потпише на македонски јазик помеѓу Македонија и ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-dogovorot-so-fronteks-e-prv-oficijalen-dogovor-kojshto-kje-se-potpishe-na-makedonski-jazik-pomegju-makedonija-i-eu/ Sat, 15 Oct 2022 08:30:12 +0000 https://republika.mk/?p=561379

Први го парафиравме текстот на договорот со ФРОНТЕКС, усогласен со ЕУ од сите држави во регионот, а не се потпиша тогаш, токму затоа што јас и Владата инсистиравме договорот да се потпише на македонски јазик. И, во тој процес настана блокада од страна на Бугарија, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Сега ги обновивме преговорите за потпишување на договорот со Фронтекс, и од аспект на тоа што е прв официјален документ или прв официјален договор не само што ќе се преведе, туку е прв официјален договор којшто ќе се потпише на македонски јазик, помеѓу ЕУ и РСМ, го потенцира неговото значење. Притоа, нема да има никакви дообјаснувања и фусноти, туку едноставно ќе биде на македонски јазик, истакнува Спасовски.

Ова покажува дека тоа што говоревме при започнување на преговорите – дека македонскиот јазик е гарантиран, едноставно со овој договор ќе го потврдиме, додаде тој.

The post Спасовски: Договорот со ФРОНТЕКС е прв официјален договор којшто ќе се потпише на македонски јазик помеѓу Македонија и ЕУ appeared first on Република.

]]>

Први го парафиравме текстот на договорот со ФРОНТЕКС, усогласен со ЕУ од сите држави во регионот, а не се потпиша тогаш, токму затоа што јас и Владата инсистиравме договорот да се потпише на македонски јазик. И, во тој процес настана блокада од страна на Бугарија, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Сега ги обновивме преговорите за потпишување на договорот со Фронтекс, и од аспект на тоа што е прв официјален документ или прв официјален договор не само што ќе се преведе, туку е прв официјален договор којшто ќе се потпише на македонски јазик, помеѓу ЕУ и РСМ, го потенцира неговото значење. Притоа, нема да има никакви дообјаснувања и фусноти, туку едноставно ќе биде на македонски јазик, истакнува Спасовски.
Ова покажува дека тоа што говоревме при започнување на преговорите – дека македонскиот јазик е гарантиран, едноставно со овој договор ќе го потврдиме, додаде тој.

The post Спасовски: Договорот со ФРОНТЕКС е прв официјален договор којшто ќе се потпише на македонски јазик помеѓу Македонија и ЕУ appeared first on Република.

]]>