фрога Archives - Република https://republika.mk/tema/froga/ За подобро да се разбереме Sun, 17 Sep 2023 15:34:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фрога Archives - Република https://republika.mk/tema/froga/ 32 32 Половина тон психоген сканк фатен во камион со албански таблички https://republika.mk/vesti/balkan/polovina-ton-psihogen-skank-faten-vo-kamion-so-albanski-tablichki/ Sun, 17 Sep 2023 15:50:51 +0000 https://republika.mk/?p=682643

Црногорската полиција спречи шверц на дрога преку Албанија и Црна Гора во земјите на Европската унија (ЕУ) и заплени половина тон сканк, соопшти денеска Управата на полицијата.

Дрогата ја открија и запленија царинските службеници на Царинската управа на граничниот премин Божај, се додава во соопштението.

Сканк е дрога кој има исклучително силни психогени својства и ефекти поради значително поголемата концентрација на ТХЦ (тетрахидроканабинол) во него, многу поголема во споредба со „обичната“ марихуана. Сканк претставува сериозна опасност на домашниот и регионалниот нарко пазар

Цариниците го пронашле сканкот во камион со албански регистарски таблички и бил „обезбеден“ со печат на странска држава, соопшти полицијата.

При преглед на камионот, констатирано е дека меѓу дрвените палети има 185 пакувања со зелена растителна материја, за која постои сомневање дека е сканк. По извршениот преглед на камионот, стоката е предадена на Полициската управа за понатамошна обработка, се наведува во соопштението.

Во акцијата се приведени неколку лица.

Според албанските медиуми, крајната дестинација на дрогата, произведена во Албанија, требало да биде Австрија. Дрогата била откриена во камион кој транспортирал дрвени палети меѓу кои биле скриени 185 пакувања со марихуана.

Возилото било со албански регистарски ознаки, а приведени се две лица, татко и син, жители на Драч.

The post Половина тон психоген сканк фатен во камион со албански таблички appeared first on Република.

]]>

Црногорската полиција спречи шверц на дрога преку Албанија и Црна Гора во земјите на Европската унија (ЕУ) и заплени половина тон сканк, соопшти денеска Управата на полицијата.
Дрогата ја открија и запленија царинските службеници на Царинската управа на граничниот премин Божај, се додава во соопштението.
Сканк е дрога кој има исклучително силни психогени својства и ефекти поради значително поголемата концентрација на ТХЦ (тетрахидроканабинол) во него, многу поголема во споредба со „обичната“ марихуана. Сканк претставува сериозна опасност на домашниот и регионалниот нарко пазар
Цариниците го пронашле сканкот во камион со албански регистарски таблички и бил „обезбеден“ со печат на странска држава, соопшти полицијата.
При преглед на камионот, констатирано е дека меѓу дрвените палети има 185 пакувања со зелена растителна материја, за која постои сомневање дека е сканк. По извршениот преглед на камионот, стоката е предадена на Полициската управа за понатамошна обработка, се наведува во соопштението.
Во акцијата се приведени неколку лица. Според албанските медиуми, крајната дестинација на дрогата, произведена во Албанија, требало да биде Австрија. Дрогата била откриена во камион кој транспортирал дрвени палети меѓу кои биле скриени 185 пакувања со марихуана. Возилото било со албански регистарски ознаки, а приведени се две лица, татко и син, жители на Драч.  