фрижидер Archives - Република https://republika.mk/tema/frizider/ За подобро да се разбереме Mon, 21 Aug 2023 13:25:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фрижидер Archives - Република https://republika.mk/tema/frizider/ 32 32 „Не го ранеше детето, туку сопругот“: Грчки газда ѝ врати на мајка што се жалеше на лоша услуга https://republika.mk/zivot/patuvanja/ne-go-raneshe-deteto-tuku-soprugot-grchki-gazda-vrati-na-majka-shto-se-zhaleshe-na-losha-usluga/ Sun, 20 Aug 2023 14:25:03 +0000 https://republika.mk/?p=672913

Мајка на социјалните мрежи се пожали дека вработените во барот на една плажа на Халкидики не ѝ дозволиле да го нахрани своето мало дете со храната што ја донела од дома.

Целата плажа е окупирана од барови. Не можете ни да дојдете на плажа ако не изнајмите лежалки или не седите во нивното кафуле. Имаме две мали деца и во хаосот го заборавивме чадорот. Немавме друг избор освен да платиме лежалки, се пожалила мајката.

Таа вели дека платиле 10 евра за изнајмувањето на лежалките, а порачале и пијалоци, но проблемот настанал кога ја извадила храната што ја донеле во фрижидерчето за да го нахрани детето.

Храната овде е очајна, па храната за децата ја носиме во фрижидерче. За ќерка ми направивме посебно јадење, а кога ме видоа како ја одвиткувам храната, веднаш пријдоа и направија проблем. На крајот грубо ми рекоа да одам во кола да го нахранам детето. Иако веќе плативме лежалки и сè, на крај порачавме од нивната очајна храна по прескапи цени, вели мајката додавајќи дека никогаш не доживеала таков „атак врз семејство“ во нејзиниот живот.

Не само што ви е забрането да лежите на пешкирот на плажа, додава таа, туку ви е забрането и да го нахраните детето и мора скапо да платите за нивните бајати плескавици.

Таа тврди дека била на работ да повика полиција кога вработен во барот ѝ рекол дека веќе им излегле доволно пресрет со тоа што им дозволиле да го донесат рачниот фрижидер на плажата на прво место.

Луѓе, лежалките ги плативме како од злато. Трагедија, ова никаде не сум го видела, напишамајката на Фејсбук и доби многу коментари за поддршка.

Но, набрзо се огласи и самиот сопственик на барот кој рече дека ситуацијата не е баш како што вели мајката. Тој тврди дека не е точно дека во нивното кафуле им прават проблем на родителите кои сакаат да ги прехранат децата.

Не само што не правиме проблем, туки и редовно им ја причувуваме храната што гостите ја донеле за своите малечки во нашите фрижидери, тврди сопственикот.

Запрашан што беше проблемот во овој случај, сопственикот тврди дека мајката воопшто не ги хранела децата.

Госпоѓата донесе лазањи во фрижидерот. Ни тоа не е спорно, но прво почна таа да јаде, а потоа и да го храни сопругот. Келнерот е должен да ги извести гостите дека возрасните не смеат да јадат храна што ја носат од надвор. Никогаш не правиме проблем околу децата, изјави сопственикот.

Извор: Курир.рс

The post „Не го ранеше детето, туку сопругот“: Грчки газда ѝ врати на мајка што се жалеше на лоша услуга appeared first on Република.

]]>

Мајка на социјалните мрежи се пожали дека вработените во барот на една плажа на Халкидики не ѝ дозволиле да го нахрани своето мало дете со храната што ја донела од дома.
Целата плажа е окупирана од барови. Не можете ни да дојдете на плажа ако не изнајмите лежалки или не седите во нивното кафуле. Имаме две мали деца и во хаосот го заборавивме чадорот. Немавме друг избор освен да платиме лежалки, се пожалила мајката.
Таа вели дека платиле 10 евра за изнајмувањето на лежалките, а порачале и пијалоци, но проблемот настанал кога ја извадила храната што ја донеле во фрижидерчето за да го нахрани детето.
Храната овде е очајна, па храната за децата ја носиме во фрижидерче. За ќерка ми направивме посебно јадење, а кога ме видоа како ја одвиткувам храната, веднаш пријдоа и направија проблем. На крајот грубо ми рекоа да одам во кола да го нахранам детето. Иако веќе плативме лежалки и сè, на крај порачавме од нивната очајна храна по прескапи цени, вели мајката додавајќи дека никогаш не доживеала таков „атак врз семејство“ во нејзиниот живот.
Не само што ви е забрането да лежите на пешкирот на плажа, додава таа, туку ви е забрането и да го нахраните детето и мора скапо да платите за нивните бајати плескавици. Таа тврди дека била на работ да повика полиција кога вработен во барот ѝ рекол дека веќе им излегле доволно пресрет со тоа што им дозволиле да го донесат рачниот фрижидер на плажата на прво место.
Луѓе, лежалките ги плативме како од злато. Трагедија, ова никаде не сум го видела, напишамајката на Фејсбук и доби многу коментари за поддршка.
Но, набрзо се огласи и самиот сопственик на барот кој рече дека ситуацијата не е баш како што вели мајката. Тој тврди дека не е точно дека во нивното кафуле им прават проблем на родителите кои сакаат да ги прехранат децата.
Не само што не правиме проблем, туки и редовно им ја причувуваме храната што гостите ја донеле за своите малечки во нашите фрижидери, тврди сопственикот.
Запрашан што беше проблемот во овој случај, сопственикот тврди дека мајката воопшто не ги хранела децата.
Госпоѓата донесе лазањи во фрижидерот. Ни тоа не е спорно, но прво почна таа да јаде, а потоа и да го храни сопругот. Келнерот е должен да ги извести гостите дека возрасните не смеат да јадат храна што ја носат од надвор. Никогаш не правиме проблем околу децата, изјави сопственикот.
Извор: Курир.рс

The post „Не го ранеше детето, туку сопругот“: Грчки газда ѝ врати на мајка што се жалеше на лоша услуга appeared first on Република.

]]>
Jајцата не треба да се чуваат во фрижидер, а уште помалку на вратата https://republika.mk/zivot/kujnski-tefter/jajcata-ne-treba-da-se-chuvaat-vo-frizider-a-ushte-pomalku-na-vratata/ Fri, 02 Dec 2022 18:26:17 +0000 https://republika.mk/?p=581068

Популарниот британски готвач Џејмс Мартин советува да не се чуваат јајца во фрижидер бидејќи, како што вели, тоа влијае на нивниот вкус.

„Причината е тоа што јајцата го собираат мирисот на друга храна во фрижидерот, што може да влијае на нивниот вкус“, објасни тој.

Лушпата од јајцето е порозна, па лесно може да ги собере другите мириси, а овој готвач, како што вели, често го користи ова во својот ресторан за да ги подобри омлетите.

„Кога имам тартуфи, на пример, ги ставам во сад со ориз и одозгора ставам јајца, потоа се покриваме со проѕирна фолија и оставам преку ноќ. Кога наутро ќе ги скршам јајцата што беа покрај тартуфите и ќе направам омлет само со нив, ќе има вкус како да е направен од тартуфи“, рекол Џејмс.

Прехранбениот стручњак Крис Бисли, пак, делумно се сложува со Џејмс. Точно е дека не треба да се чуваат на променлива темепратура, вели тој, но препорачува сепак јајцата да останат во фрижидер. Но, не на вратата иако повеќето производители токму таму предвиделе место за јајца.

Најдобро е да се чуваат на константна температура, но на горната полица од фрижидерот, советува Бисли.

Иако можеби звучи како непотребен совет, причината на Бисли има смисла. Имено, вратата е најтоплото место во фрижидерот, а воедно е и местото каде што температурата постојано малку опаѓа, па повторно расте, поради отворање и затворање.

Затоа, како и сите високо расипливи намирници, најбезбедно е да ги ставите на горната полица, која е најстудена - изјави тој.

Освен тоа, тој советува јајцата да не се вадат од картонската кутија во која се купени, бидејќи тоа има своја намена. Имено, лушпата од јајцето е покриена со илјадници ситни пори кои лесно ги апсорбираат несаканите мириси и бактерии.

Чувањето на јајцата во кутија е најдобар начин да спречите бактериите да завршат на нив – рече тој. Инаку, јајцата кои се правилно чувани во фрижидер го одржуваат својот квалитет и свежина најмалку двојно подолго од оние кои се оставени на собна температура. Потоа треба да се јадат во рок од една до три недели, додека во фрижидер можат да траат и до шест недели.

The post Jајцата не треба да се чуваат во фрижидер, а уште помалку на вратата appeared first on Република.

]]>

Популарниот британски готвач Џејмс Мартин советува да не се чуваат јајца во фрижидер бидејќи, како што вели, тоа влијае на нивниот вкус. „Причината е тоа што јајцата го собираат мирисот на друга храна во фрижидерот, што може да влијае на нивниот вкус“, објасни тој. Лушпата од јајцето е порозна, па лесно може да ги собере другите мириси, а овој готвач, како што вели, често го користи ова во својот ресторан за да ги подобри омлетите.
„Кога имам тартуфи, на пример, ги ставам во сад со ориз и одозгора ставам јајца, потоа се покриваме со проѕирна фолија и оставам преку ноќ. Кога наутро ќе ги скршам јајцата што беа покрај тартуфите и ќе направам омлет само со нив, ќе има вкус како да е направен од тартуфи“, рекол Џејмс.
Прехранбениот стручњак Крис Бисли, пак, делумно се сложува со Џејмс. Точно е дека не треба да се чуваат на променлива темепратура, вели тој, но препорачува сепак јајцата да останат во фрижидер. Но, не на вратата иако повеќето производители токму таму предвиделе место за јајца.
Најдобро е да се чуваат на константна температура, но на горната полица од фрижидерот, советува Бисли.
Иако можеби звучи како непотребен совет, причината на Бисли има смисла. Имено, вратата е најтоплото место во фрижидерот, а воедно е и местото каде што температурата постојано малку опаѓа, па повторно расте, поради отворање и затворање.
Затоа, како и сите високо расипливи намирници, најбезбедно е да ги ставите на горната полица, која е најстудена - изјави тој.
Освен тоа, тој советува јајцата да не се вадат од картонската кутија во која се купени, бидејќи тоа има своја намена. Имено, лушпата од јајцето е покриена со илјадници ситни пори кои лесно ги апсорбираат несаканите мириси и бактерии.
Чувањето на јајцата во кутија е најдобар начин да спречите бактериите да завршат на нив – рече тој. Инаку, јајцата кои се правилно чувани во фрижидер го одржуваат својот квалитет и свежина најмалку двојно подолго од оние кои се оставени на собна температура. Потоа треба да се јадат во рок од една до три недели, додека во фрижидер можат да траат и до шест недели.

The post Jајцата не треба да се чуваат во фрижидер, а уште помалку на вратата appeared first on Република.

]]>
Торта фрижидер и мал Вучиќ кој излегува од него за прославата на уште една победа https://republika.mk/vesti/balkan/torta-frizider-i-mal-vuchikj-koj-izleguva-od-nego-za-proslavata-na-ushte-edna-pobeda/ Mon, 04 Apr 2022 11:01:34 +0000 https://republika.mk/?p=483076

Српската напредна партија (СНС) на Александар Вучиќ вчерашната победа на претседателските и парламентарните избори ја прослави во своето седиште со шампањ, торта и трубачи.

Посебно интересен момент од вчерашната прослава беше тортата во форма на фрижидер од која излегува Александар Вучиќ, реклама која ја одбележа предизборната кампања на старо-новиот српски претседател.

The post Торта фрижидер и мал Вучиќ кој излегува од него за прославата на уште една победа appeared first on Република.

]]>

Српската напредна партија (СНС) на Александар Вучиќ вчерашната победа на претседателските и парламентарните избори ја прослави во своето седиште со шампањ, торта и трубачи. Посебно интересен момент од вчерашната прослава беше тортата во форма на фрижидер од која излегува Александар Вучиќ, реклама која ја одбележа предизборната кампања на старо-новиот српски претседател.  