Фридом хаус Archives - Република https://republika.mk/tema/fridom-haus/ За подобро да се разбереме Tue, 07 May 2024 18:51:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фридом хаус Archives - Република https://republika.mk/tema/fridom-haus/ 32 32 Руското обвинителство го прогласи „Фридом хаус“ за непожелна организација https://republika.mk/vesti/svet/ruskoto-obvinitelstvo-go-proglasi-fridom-haus-za-nepozhelna-organizatsija/ Tue, 07 May 2024 19:01:20 +0000 https://republika.mk/?p=775128

Руското обвинителство соопшти дека ја прогласило американската невладина организација Фридом хаус за „непожелна“ во Русија. Таа одлука е еднаква на забрана и може да го изложи на ризик од казнување на секој кој работи или соработува со ФХ.

Во својот извештај за 2024 година, Фридом Хаус ја оцени Русија како „неслободна“, доделувајќи и само 13 поени од можни 100 на Глобалниот индекс на слободата.

„Откако режимот започна целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година, властите ги зајакнаа ограничувањата на индивидуалните права и слободи за да го задушат домашното несогласување“, се вели во извештајот.

Рускиот јавен обвинител Игор Краснов на својот канал Телеграм рече дека Фридом Хаус е вклучена во промовирањето на таканаречената доминантна улога на САД во светот, ја дискредитира руската војска и се залага за помош на Украина и воведување санкции против Русија.

Претходно денеска, московскиот суд и одреди двомесечен притвор на руската новинарка Надежда Кеворкова (65), поради сомневање дека „оправдува тероризам“.

Кеворкова е воен дописник, авторка на бројни извештаи од Блискиот исток, како и на голем број книги за Палестинските територии. Таа била приведена вчера при претрес во нејзиниот дом.

The post Руското обвинителство го прогласи „Фридом хаус“ за непожелна организација appeared first on Република.

]]>

Руското обвинителство соопшти дека ја прогласило американската невладина организација Фридом хаус за „непожелна“ во Русија. Таа одлука е еднаква на забрана и може да го изложи на ризик од казнување на секој кој работи или соработува со ФХ. Во својот извештај за 2024 година, Фридом Хаус ја оцени Русија како „неслободна“, доделувајќи и само 13 поени од можни 100 на Глобалниот индекс на слободата.
„Откако режимот започна целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година, властите ги зајакнаа ограничувањата на индивидуалните права и слободи за да го задушат домашното несогласување“, се вели во извештајот.
Рускиот јавен обвинител Игор Краснов на својот канал Телеграм рече дека Фридом Хаус е вклучена во промовирањето на таканаречената доминантна улога на САД во светот, ја дискредитира руската војска и се залага за помош на Украина и воведување санкции против Русија. Претходно денеска, московскиот суд и одреди двомесечен притвор на руската новинарка Надежда Кеворкова (65), поради сомневање дека „оправдува тероризам“. Кеворкова е воен дописник, авторка на бројни извештаи од Блискиот исток, како и на голем број книги за Палестинските територии. Таа била приведена вчера при претрес во нејзиниот дом.

The post Руското обвинителство го прогласи „Фридом хаус“ за непожелна организација appeared first on Република.

]]>
Криминалот на СДСМ и ДУИ носи негативни извештаи за Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/kriminalot-na-sdsm-i-dui-nosi-negativni-izveshtai-za-makedonija/ Fri, 12 Apr 2024 07:08:58 +0000 https://republika.mk/?p=765204

Со СДС Македонија назадува на Извештајот на Фридом хаус. Државата е оквалификувана како цикличен хибрид.Криминалот на СДС и ДУИ носи негативни извештаи за Македонија.

Корупцијата е главен проблем во државата и претставува главен проблем, како на домашната јавност така и на меѓународната заедница е нотирано вo Извештајот. Како пример се наведува црната листа на САД, на која се најдоа политичари од власта, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Измените на КЗ кои како ВМРО-ДПМНЕ ги критикувавме исто така се посочени како негативен пример.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitsevski-t-n-evropski-front-vetuvashe-evropska-makedonija-a-isporacha-tsiklichen-hibrid/

Правосудниот систем, за чија контаминираност одамна зборуваме е исто така мета на критика на Фридом хаус, кој забележува дека судството не може да се спротивстави на политичкиот притисок на власта.

Со СДС Македонија 7 години назадува. Време е да се запре пропаста. Промените се во рацете на граѓаните. Македонија повторно горда. Народот ќе си ја врати државата.

The post Криминалот на СДСМ и ДУИ носи негативни извештаи за Македонија appeared first on Република.

]]>

Со СДС Македонија назадува на Извештајот на Фридом хаус. Државата е оквалификувана како цикличен хибрид.Криминалот на СДС и ДУИ носи негативни извештаи за Македонија.
Корупцијата е главен проблем во државата и претставува главен проблем, како на домашната јавност така и на меѓународната заедница е нотирано вo Извештајот. Како пример се наведува црната листа на САД, на која се најдоа политичари од власта, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Измените на КЗ кои како ВМРО-ДПМНЕ ги критикувавме исто така се посочени како негативен пример.   https://republika.mk/vesti/makedonija/mitsevski-t-n-evropski-front-vetuvashe-evropska-makedonija-a-isporacha-tsiklichen-hibrid/ Правосудниот систем, за чија контаминираност одамна зборуваме е исто така мета на критика на Фридом хаус, кој забележува дека судството не може да се спротивстави на политичкиот притисок на власта. Со СДС Македонија 7 години назадува. Време е да се запре пропаста. Промените се во рацете на граѓаните. Македонија повторно горда. Народот ќе си ја врати државата.

The post Криминалот на СДСМ и ДУИ носи негативни извештаи за Македонија appeared first on Република.

]]>
Mицевски: T.н. „Европски фронт“ ветуваше европска Македонија, а испорача ,,цикличен хибрид“ https://republika.mk/vesti/makedonija/mitsevski-t-n-evropski-front-vetuvashe-evropska-makedonija-a-isporacha-tsiklichen-hibrid/ Fri, 12 Apr 2024 06:44:48 +0000 https://republika.mk/?p=765182

Пратеникот Никола Мицевски го коментираше најновиот извештај на Фридом хаус кој констатираше назадување на Македонија.

Според Мицевски, т.н „Европски фронт“ ветуваше европска Македонија со европски вредности, а испорача „Цикличен хибрид“ во Македонија.

The post Mицевски: T.н. „Европски фронт“ ветуваше европска Македонија, а испорача ,,цикличен хибрид“ appeared first on Република.

]]>

Пратеникот Никола Мицевски го коментираше најновиот извештај на Фридом хаус кој констатираше назадување на Македонија. Според Мицевски, т.н „Европски фронт“ ветуваше европска Македонија со европски вредности, а испорача „Цикличен хибрид“ во Македонија.

The post Mицевски: T.н. „Европски фронт“ ветуваше европска Македонија, а испорача ,,цикличен хибрид“ appeared first on Република.

]]>
Деспотовски: Извештајот на „Фридом хаус“ треба да биде добра почетна основа за следната влада во наредните 4 години https://republika.mk/vesti/makedonija/despotovski-izveshtajot-na-fridom-haus-treba-da-bide-dobra-pochetna-osnova-za-slednata-vlada-vo-narednite-4-godini/ Thu, 11 Apr 2024 21:16:03 +0000 https://republika.mk/?p=765154

Јован Деспотовски од СДСМ гостуваше во емисијата 24 анализа и кажа дека почетна основа за идната влада во следните четири години треба да биде извештајот на „Фридом хаус“, ако целта е да се делува чесно и фокусирано.

„Да се фокусира на слабите точки и да испорача добар резултат. Се нотираше дека големи биле очекувањата кај граѓаните во 2017, карактеристиката била недемократската влада и режимот. Добар дел од работите беа ветени од страна на СДСМ во 2017 и 2020 и дел од работите се реализирани. Реална ситуација и реален пресек на нештата и ова треба да е појдовна основа“, рече Деспотовски.

Според Деспотовски, нема нешто неочекувано со оглед на извештајот од ЕК и треба да си признаеме дека работите не секогаш се такви какви што посакуваме.

The post Деспотовски: Извештајот на „Фридом хаус“ треба да биде добра почетна основа за следната влада во наредните 4 години appeared first on Република.

]]>

Јован Деспотовски од СДСМ гостуваше во емисијата 24 анализа и кажа дека почетна основа за идната влада во следните четири години треба да биде извештајот на „Фридом хаус“, ако целта е да се делува чесно и фокусирано. „Да се фокусира на слабите точки и да испорача добар резултат. Се нотираше дека големи биле очекувањата кај граѓаните во 2017, карактеристиката била недемократската влада и режимот. Добар дел од работите беа ветени од страна на СДСМ во 2017 и 2020 и дел од работите се реализирани. Реална ситуација и реален пресек на нештата и ова треба да е појдовна основа“, рече Деспотовски. Според Деспотовски, нема нешто неочекувано со оглед на извештајот од ЕК и треба да си признаеме дека работите не секогаш се такви какви што посакуваме.

The post Деспотовски: Извештајот на „Фридом хаус“ треба да биде добра почетна основа за следната влада во наредните 4 години appeared first on Република.

]]>
„Фридом хаус“: Македонија бележи назадување во владеење на правото и борбата против корупција https://republika.mk/vesti/makedonija/fridom-haus-makedonija-belezhi-nazaduvane-vo-vladeene-na-pravoto-i-borbata-protiv-koruptsija/ Thu, 11 Apr 2024 09:21:23 +0000 https://republika.mk/?p=764861

Македонија е „цикличен хибрид“ заедно со Црна Гора во однос на правото и борбата со корупција. Фридом Хаус го објави годинашниот извештај за земјите од целиот свет. Транзициски, „цикличен хибрид“ е систем во кој смената на власта и елитите оневозможува да се донесат клучни структурни промени, односно реформи.

Македонија назадувала во демократијата.

Рејтингот за судска рамка и независност се намали од 3,25 на 3,00 поради лошото работење на Државниот судски совет и наводите за непотизам при именувањата на обвинители и судии, се вели во извештајот.

Се додава и дека рејтингот за корупција се намалил од 3,25 на 3,00 поради голем број наводи за корупција против високи функционери, како и поради измените во Кривичниот законик со кои се намалија казните за корупција и доведоа до отпуштање на случаи против поранешни и сегашни владини функционери.

Како резултат на тоа, збирната оценка за демократија на Македонија се намали од 3,86 на 3,79. Процентот на демократија изнесува 46,43 проценти.

„Фридом Хаус“ нваедува дека „судството и понатаму е една од најкритикуваните и најнедоверливи институции во Македонија“. Извештајот ги споменува контроверзите околу смената на лидерот на Советот на судии, но и други скандали.

Дополнително, назначувањето на нови обвинители и судии со семејни врски со истакнати политичари ги зацврсти перцепциите на јавноста за непотизам во судството, се вели во анализата.

Извештајот се осврнува и на поголемите корупциски скандали во изминатите години како што е скандалот со клиниката на Онкологија, пожарот во модуларната болница во Тетово и други скандали.

Се спомнува и воведувањето на измените на Кривичниот законик која била „рационализрана“ со процедура во која се користи европското знаменце, а овие измени, според „Фридом Хаус“, биле „неочекувани“ и предизвикале јавен бес кај домашната јавност.

„Фридом Хаус“ забележува дека во Македонија има зголемена политичка тензија меѓу власта и опозицијата поради уставните измени и бугарското вето, но дека таа теннзија почнала уште од усвојувањето на Преспанскиот договор од 2018 година.

Слободата на изразување генерално се почитува, но медиумскиот пејзаж останува значително фрагментиран, вклучително и по етничка линија. Новинарите, особено оние кои известуваат за корупција и злоупотреба на власта, продолжуваат да се соочуваат со малтретирање и други предизвици, се вели во извештајот.

The post „Фридом хаус“: Македонија бележи назадување во владеење на правото и борбата против корупција appeared first on Република.

]]>

Македонија е „цикличен хибрид“ заедно со Црна Гора во однос на правото и борбата со корупција. Фридом Хаус го објави годинашниот извештај за земјите од целиот свет. Транзициски, „цикличен хибрид“ е систем во кој смената на власта и елитите оневозможува да се донесат клучни структурни промени, односно реформи. Македонија назадувала во демократијата.
Рејтингот за судска рамка и независност се намали од 3,25 на 3,00 поради лошото работење на Државниот судски совет и наводите за непотизам при именувањата на обвинители и судии, се вели во извештајот.
Се додава и дека рејтингот за корупција се намалил од 3,25 на 3,00 поради голем број наводи за корупција против високи функционери, како и поради измените во Кривичниот законик со кои се намалија казните за корупција и доведоа до отпуштање на случаи против поранешни и сегашни владини функционери. Како резултат на тоа, збирната оценка за демократија на Македонија се намали од 3,86 на 3,79. Процентот на демократија изнесува 46,43 проценти. „Фридом Хаус“ нваедува дека „судството и понатаму е една од најкритикуваните и најнедоверливи институции во Македонија“. Извештајот ги споменува контроверзите околу смената на лидерот на Советот на судии, но и други скандали.
Дополнително, назначувањето на нови обвинители и судии со семејни врски со истакнати политичари ги зацврсти перцепциите на јавноста за непотизам во судството, се вели во анализата.
Извештајот се осврнува и на поголемите корупциски скандали во изминатите години како што е скандалот со клиниката на Онкологија, пожарот во модуларната болница во Тетово и други скандали. Се спомнува и воведувањето на измените на Кривичниот законик која била „рационализрана“ со процедура во која се користи европското знаменце, а овие измени, според „Фридом Хаус“, биле „неочекувани“ и предизвикале јавен бес кај домашната јавност. „Фридом Хаус“ забележува дека во Македонија има зголемена политичка тензија меѓу власта и опозицијата поради уставните измени и бугарското вето, но дека таа теннзија почнала уште од усвојувањето на Преспанскиот договор од 2018 година.
Слободата на изразување генерално се почитува, но медиумскиот пејзаж останува значително фрагментиран, вклучително и по етничка линија. Новинарите, особено оние кои известуваат за корупција и злоупотреба на власта, продолжуваат да се соочуваат со малтретирање и други предизвици, се вели во извештајот.
 
The post „Фридом хаус“: Македонија бележи назадување во владеење на правото и борбата против корупција appeared first on Република.

]]>
„Фридом хаус“: Македонија останува во категоријата делумно слободни земји https://republika.mk/vesti/makedonija/fridom-haus-makedonija-ostanuva-vo-kategorijata-delumno-slobodni-zemji/ Thu, 29 Feb 2024 08:31:11 +0000 https://republika.mk/?p=749490

Глобалната слобода продолжи да се влошува и во 2023 година, што е тренд кој трае 18 години по ред, соопшти „Фридом хаус“ во штотуку објавен годишен извештај „Слободата во светот“.

Македонија, како што пренесува Гласот на Америка на македонски јазик, останува во категоријата делумно слободни земји во друштво со Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Унгарија, Украина и Молдавија.

Најголем пад за последниве десет години од државите во регионот имаат Србија која бележи пад за 21 поен, како и Босна и Херцеговина со намалување на 10 поени.

Изборни манипулации, војни и напади врз плурализмот се клучни двигатели на глобалниот пад, според „Фридом хаус“. Речиси 38 отсто од луѓето во светот сега живеат во земји оценети како неслободни, 42 отсто живеат во делумно слободни земји и само 20 отсто живеат во слободни земји.

Глобалната слобода направи голем чекор наназад во 2023 година. Светот се соочува со уште еден клучен тест во 2024 година, бидејќи милијарди луѓе се упатуваат на гласање, како и заради повеќето вооружени конфликти, вклучително и во Источна Европа, Јужен Кавказ и Блискиот Исток, на поголем дел од глобалното население ќе им бидат ускратени основните слободи во годините што следат, што на крајот ќе влијае на мирот, просперитетот и безбедноста, рече Мајкл Џеј Абрамовиц, претседател на „Фридом хаус“.

Руската инвазија на Украина продолжи втора година, дополнително понижувајќи ги основните права во окупираните области и предизвикувајќи поинтензивна репресија во самата Русија.

Негирањето на политичките права и граѓанските слободи на спорните територии ја повлече слободата во одредени земји, вклучително и некои демократии, посочува „Фридом хаус“.

Репресијата на спорните територии во голема мера беше извршена од автократски режими, но демократски избраните влади на Израел и Индија придонесоа за кршењето на основните права на Западниот Брег и Појасот Газа и во Кашмир под индиска управа, се вели во извештајот.

Оваа година ќе биде клучна за демократските општества и нивните напори да ја унапредат каузата за слобода низ целиот свет. Задржувањето на правата на оние на спорните територии, зајакнувањето на заштитните огради за слободни и фер избори и брзото реагирање кога антидемократските лидери се обидуваат да ги соборат избраните влади се само дел од активностите што мора постојано да се преземаат за да се запре глобалниот пад, изјави Јана Гороховскаја, коавторка на извештајот и истражувачка директорка за стратегија и дизајн на „Фридом хаус“.

Во земји како Камбоџа, Гватемала, Полска, Турција и Зимбабве, актуелните претседатели се обидоа да ја контролираат изборната конкуренција, да ги попречат нивните политички противници или да ги спречат да ја преземат власта по денот на изборите. Ваквите напори особено не успеаја да ги блокираат промените во владата во Гватемала и Полска, се нотира во извештајот.

„Фридом хаус“, меѓу другото препорачува да се обезбеди стабилна поддршка и флексибилно финансирање на оние кои се на првите линии на борбата против тиранијата, да се почитуваат правата на луѓето кои живеат на спорни територии, да се заштитат слободните и фер избори во 2024 година, доследно да се реагира на обидите за соборување на демократски избраните влади, како и да се заштитат активистите за човекови права во егзил.

Слободата во светот вклучува резултати и детални извештаи за политичките права и граѓански слободи за 195 земји и 15 територии низ целиот свет.

The post „Фридом хаус“: Македонија останува во категоријата делумно слободни земји appeared first on Република.

]]>

Глобалната слобода продолжи да се влошува и во 2023 година, што е тренд кој трае 18 години по ред, соопшти „Фридом хаус“ во штотуку објавен годишен извештај „Слободата во светот“. Македонија, како што пренесува Гласот на Америка на македонски јазик, останува во категоријата делумно слободни земји во друштво со Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Унгарија, Украина и Молдавија. Најголем пад за последниве десет години од државите во регионот имаат Србија која бележи пад за 21 поен, како и Босна и Херцеговина со намалување на 10 поени. Изборни манипулации, војни и напади врз плурализмот се клучни двигатели на глобалниот пад, според „Фридом хаус“. Речиси 38 отсто од луѓето во светот сега живеат во земји оценети како неслободни, 42 отсто живеат во делумно слободни земји и само 20 отсто живеат во слободни земји.
Глобалната слобода направи голем чекор наназад во 2023 година. Светот се соочува со уште еден клучен тест во 2024 година, бидејќи милијарди луѓе се упатуваат на гласање, како и заради повеќето вооружени конфликти, вклучително и во Источна Европа, Јужен Кавказ и Блискиот Исток, на поголем дел од глобалното население ќе им бидат ускратени основните слободи во годините што следат, што на крајот ќе влијае на мирот, просперитетот и безбедноста, рече Мајкл Џеј Абрамовиц, претседател на „Фридом хаус“.
Руската инвазија на Украина продолжи втора година, дополнително понижувајќи ги основните права во окупираните области и предизвикувајќи поинтензивна репресија во самата Русија. Негирањето на политичките права и граѓанските слободи на спорните територии ја повлече слободата во одредени земји, вклучително и некои демократии, посочува „Фридом хаус“. Репресијата на спорните територии во голема мера беше извршена од автократски режими, но демократски избраните влади на Израел и Индија придонесоа за кршењето на основните права на Западниот Брег и Појасот Газа и во Кашмир под индиска управа, се вели во извештајот.
Оваа година ќе биде клучна за демократските општества и нивните напори да ја унапредат каузата за слобода низ целиот свет. Задржувањето на правата на оние на спорните територии, зајакнувањето на заштитните огради за слободни и фер избори и брзото реагирање кога антидемократските лидери се обидуваат да ги соборат избраните влади се само дел од активностите што мора постојано да се преземаат за да се запре глобалниот пад, изјави Јана Гороховскаја, коавторка на извештајот и истражувачка директорка за стратегија и дизајн на „Фридом хаус“.
Во земји како Камбоџа, Гватемала, Полска, Турција и Зимбабве, актуелните претседатели се обидоа да ја контролираат изборната конкуренција, да ги попречат нивните политички противници или да ги спречат да ја преземат власта по денот на изборите. Ваквите напори особено не успеаја да ги блокираат промените во владата во Гватемала и Полска, се нотира во извештајот. „Фридом хаус“, меѓу другото препорачува да се обезбеди стабилна поддршка и флексибилно финансирање на оние кои се на првите линии на борбата против тиранијата, да се почитуваат правата на луѓето кои живеат на спорни територии, да се заштитат слободните и фер избори во 2024 година, доследно да се реагира на обидите за соборување на демократски избраните влади, како и да се заштитат активистите за човекови права во егзил. Слободата во светот вклучува резултати и детални извештаи за политичките права и граѓански слободи за 195 земји и 15 територии низ целиот свет.

The post „Фридом хаус“: Македонија останува во категоријата делумно слободни земји appeared first on Република.

]]>
Извештај на „Фридом хаус“: Македонија има демократски напредок и политичка дисфункција https://republika.mk/vesti/makedonija/izveshtaj-na-fridom-haus-makedonija-ima-demokratski-napredok-i-politichka-disfunktsija/ Wed, 24 May 2023 12:21:34 +0000 https://republika.mk/?p=644250

Во извештајот на „Фридом хаус“ за „Државите во транзиција за 2023“, кога станува збор за состојбата на демократијата, Србија остана на исто ниво, мали подобрувања се забележани во Албанија, Косово и Македонија, а пад е забележан во Црна Гора и Босна и Херцеговина, објави Гласот на Америка.

Земјава добила оценка 3.86 за демократски прогрес, за разлика од 3.82 во претходниот извештај, на скала од 1 до 7.

Во регионот најдобро рангирана е Хрватска со 4,25, а најниска е Босна и Херцеговина со 3,21. Албанија и Црна Гора беа оценети со 3,79, исто како и Србија. Повеќето земји од Балканот се во категоријата влади во транзиција или хибридни режими.

Во извештајот се наведува дека долготрајниот процес на пристапување во Европската унија на Западен Балкан го зголемува разочарувањето од Унијата и ја ослабува нејзината моќ да поттикнува реформи.

Македонија во извештајот постигна скор од 48 поени од можни сто, а лани имаше 47 поени.

Во извештајот се забележува и дека Македонија и Црна Гора доживеале акутна политичка дисфункција во текот на 2022 година, но нивните резултати во демократскиот развој се движеле во спротивни насоки.

The post Извештај на „Фридом хаус“: Македонија има демократски напредок и политичка дисфункција appeared first on Република.

]]>

Во извештајот на „Фридом хаус“ за „Државите во транзиција за 2023“, кога станува збор за состојбата на демократијата, Србија остана на исто ниво, мали подобрувања се забележани во Албанија, Косово и Македонија, а пад е забележан во Црна Гора и Босна и Херцеговина, објави Гласот на Америка. Земјава добила оценка 3.86 за демократски прогрес, за разлика од 3.82 во претходниот извештај, на скала од 1 до 7.
Во регионот најдобро рангирана е Хрватска со 4,25, а најниска е Босна и Херцеговина со 3,21. Албанија и Црна Гора беа оценети со 3,79, исто како и Србија. Повеќето земји од Балканот се во категоријата влади во транзиција или хибридни режими.
Во извештајот се наведува дека долготрајниот процес на пристапување во Европската унија на Западен Балкан го зголемува разочарувањето од Унијата и ја ослабува нејзината моќ да поттикнува реформи. Македонија во извештајот постигна скор од 48 поени од можни сто, а лани имаше 47 поени. Во извештајот се забележува и дека Македонија и Црна Гора доживеале акутна политичка дисфункција во текот на 2022 година, но нивните резултати во демократскиот развој се движеле во спротивни насоки.

The post Извештај на „Фридом хаус“: Македонија има демократски напредок и политичка дисфункција appeared first on Република.

]]>
„Фридом хаус“: Македонија останува „делумно слободна“ земја, напредна само еден поен https://republika.mk/vesti/makedonija/fridom-haus-makedonija-ostanuva-delumno-slobodna-zemja-napredna-samo-eden-poen/ Thu, 09 Mar 2023 14:19:14 +0000 https://republika.mk/?p=617773

Македонија во најновиот извештај на „Фридом хаус“ насловен „Слободата во светот 2023“, има годишен индекс на слободата од 68 од можни сто поени, што е напредок од еден индексен поен во споредба со лани.

Со оценката 68, Македонија е рангирана во групата на „делумно слободни“ држави. Во истата група се и повеќето земји во регионот. Србија бележи пад и има 60 поени, исто колку и Косово кое, пак, има напредок од четири поени. Албанија и Црна Гора имаат оценка 67, Бугарија 79, Хрватска, 84 и Грција 86. Највисок индекс на слободи меѓу земјите во регионот има Словенија - 95, а најнизок Босна и Херцеговина - 52.

„Фридом хаус“ во најновиот извештај забележува дека глобалната слобода се намалува 17-та година по ред. Руската инвазија доведе до катастрофални нарушувања на човековите права во Украина, а новите преврати и други обиди за поткопување на избраните власти ги дестабилизираа Буркина Фасо, Тунис, Перу и Бразил, оценува организацијата.

Земји со најголеми слободи во светот се Шведска, Норвешка и Финска со маскимални 100 поени, САД имаат 83, Русија 16, Кина 9, а Украина 50. Најнеслободни држави се Северна Кореја со три и Сирија со еден поен.

The post „Фридом хаус“: Македонија останува „делумно слободна“ земја, напредна само еден поен appeared first on Република.

]]>

Македонија во најновиот извештај на „Фридом хаус“ насловен „Слободата во светот 2023“, има годишен индекс на слободата од 68 од можни сто поени, што е напредок од еден индексен поен во споредба со лани. Со оценката 68, Македонија е рангирана во групата на „делумно слободни“ држави. Во истата група се и повеќето земји во регионот. Србија бележи пад и има 60 поени, исто колку и Косово кое, пак, има напредок од четири поени. Албанија и Црна Гора имаат оценка 67, Бугарија 79, Хрватска, 84 и Грција 86. Највисок индекс на слободи меѓу земјите во регионот има Словенија - 95, а најнизок Босна и Херцеговина - 52. „Фридом хаус“ во најновиот извештај забележува дека глобалната слобода се намалува 17-та година по ред. Руската инвазија доведе до катастрофални нарушувања на човековите права во Украина, а новите преврати и други обиди за поткопување на избраните власти ги дестабилизираа Буркина Фасо, Тунис, Перу и Бразил, оценува организацијата. Земји со најголеми слободи во светот се Шведска, Норвешка и Финска со маскимални 100 поени, САД имаат 83, Русија 16, Кина 9, а Украина 50. Најнеслободни држави се Северна Кореја со три и Сирија со еден поен.

The post „Фридом хаус“: Македонија останува „делумно слободна“ земја, напредна само еден поен appeared first on Република.

]]>
Фридом Хаус: Македонија е рангирана како хибриден режим https://republika.mk/vesti/makedonija/fridom-haus-makedonija-e-rangirana-kako-hibriden-rezim/ Wed, 20 Apr 2022 12:22:13 +0000 https://republika.mk/?p=491160

Портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа на денешната прес-конференција, информираа за донесените одлуки и заклучоци од 40-тата седница на Владата и одговараа на прашања од интерес на јавноста и медиумите.

На медиумскиот интерес за податоците изнесени во извештајот на „Фридом Хаус“, беше нагласено дека овој извештај се однесува на подолг период, односно опфаќа и дел од периодот пред 2017 година, пред формирањето на Владата предводена од СДСМ, кога бевме сведоци дека има сериозни назадувања во политичките процеси, предавањето на власта и справувањето со корупцијата.

Во изминатите пет години, како што подвлекоа портпаролите, Владата успеа да ја врати слободата во општеството, вербата во институциите и продолжува да гради слободно и демократско општество во кое на прво место се почитувањето и заштитата на правата на секој граѓанин. Тоа, како што подвлекоа, се гледа и од подобрениот рејтинг на владеењето кој според извештајот е зголемен од 2,25 на 2,5.

Дополнително, Република Македонија е посочена како земја која го има задржано либерално демократскиот развој во 2021 година, и дека останува доследна на целта за постигнување уште подобри резултати во однос на градење општество во кое се почитуваат граѓанските вредности, права и слободи.

Македонија и годинава е хибриден режим. На оваа позиција според „Фридом хаус“ земјава е од 2013 година. Во најновиот извештај „Нации во транзиција“ на „Фридом хаус“ на скала од еден до седум, генералната оценка за земјава е иста како и ланската и изнесува, 3,82. За демократско вледеење земјава има оценка од 3,5, за изборен процес 4,25, за граѓанско општество 5,25, за независни медиуми и судство оценката е иста – 3,25, додека оценката за корупција изнесува 3.

Оваа година, за првпат во 21. век, форма на управување што преовладува во регионот на нации во транзиција е хибриден режим. Четири демократии паднаа во оваа сива зона откако непрекинатиот период на демократски пад започна во 2004 година: Унгарија, Црна Гора, Македонија и Србија. Во истиот период три авторитарни режими направија демократски чекори и се приклучија во редот на хибридни режими: Молдавија, Косово и сега Ерменија“, наведуваат од Фридом Хаус.

Во извештајот е наведено иако овие земји можат да имаат демократски избори, сепак нефукнционалните институции не се во состојба да ги испорачаат демократија, како што се проверките, балансот, владеењето на правото и цврстата заштита на правата и слободите.

„Фрудом хаус“ нотира и дека кризата дава можност да се преиспита процесот за пристапување во Европската Унија.

Блокот треба конечно да ги започне пристапните преговори со Албанија и Македонија, притискајќи ја Бугарија да се откаже од приговорите за кандидатурата на втората земја. ЕУ, исто така, треба да го забрза разгледувањето на апликациите за членство поднесени од Грузија, Молдавија и Украина…, нотира Фридом Хаус.

The post Фридом Хаус: Македонија е рангирана како хибриден режим appeared first on Република.

]]>

Портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа на денешната прес-конференција, информираа за донесените одлуки и заклучоци од 40-тата седница на Владата и одговараа на прашања од интерес на јавноста и медиумите.

На медиумскиот интерес за податоците изнесени во извештајот на „Фридом Хаус“, беше нагласено дека овој извештај се однесува на подолг период, односно опфаќа и дел од периодот пред 2017 година, пред формирањето на Владата предводена од СДСМ, кога бевме сведоци дека има сериозни назадувања во политичките процеси, предавањето на власта и справувањето со корупцијата.

Во изминатите пет години, како што подвлекоа портпаролите, Владата успеа да ја врати слободата во општеството, вербата во институциите и продолжува да гради слободно и демократско општество во кое на прво место се почитувањето и заштитата на правата на секој граѓанин. Тоа, како што подвлекоа, се гледа и од подобрениот рејтинг на владеењето кој според извештајот е зголемен од 2,25 на 2,5. Дополнително, Република Македонија е посочена како земја која го има задржано либерално демократскиот развој во 2021 година, и дека останува доследна на целта за постигнување уште подобри резултати во однос на градење општество во кое се почитуваат граѓанските вредности, права и слободи. Македонија и годинава е хибриден режим. На оваа позиција според „Фридом хаус“ земјава е од 2013 година. Во најновиот извештај „Нации во транзиција“ на „Фридом хаус“ на скала од еден до седум, генералната оценка за земјава е иста како и ланската и изнесува, 3,82. За демократско вледеење земјава има оценка од 3,5, за изборен процес 4,25, за граѓанско општество 5,25, за независни медиуми и судство оценката е иста – 3,25, додека оценката за корупција изнесува 3.
Оваа година, за првпат во 21. век, форма на управување што преовладува во регионот на нации во транзиција е хибриден режим. Четири демократии паднаа во оваа сива зона откако непрекинатиот период на демократски пад започна во 2004 година: Унгарија, Црна Гора, Македонија и Србија. Во истиот период три авторитарни режими направија демократски чекори и се приклучија во редот на хибридни режими: Молдавија, Косово и сега Ерменија“, наведуваат од Фридом Хаус.
Во извештајот е наведено иако овие земји можат да имаат демократски избори, сепак нефукнционалните институции не се во состојба да ги испорачаат демократија, како што се проверките, балансот, владеењето на правото и цврстата заштита на правата и слободите. „Фрудом хаус“ нотира и дека кризата дава можност да се преиспита процесот за пристапување во Европската Унија.