фрајле Archives - Република https://republika.mk/tema/frajle/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Mar 2024 13:26:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фрајле Archives - Република https://republika.mk/tema/frajle/ 32 32 Со целосно распродадени концерти, „Фрајле“ ја разиграа македонската публика https://republika.mk/scena/estrada/so-tselosno-rasprodadeni-kontserti-frajle-ja-razigraa-makedonskata-publika/ Mon, 18 Mar 2024 13:25:24 +0000 https://republika.mk/?p=755920

Со вчерашниот концерт во Струмица, успешно заврши концертната турнеја на „Фрајле“ во Македонија, со целосно распродадени концерти.

Имено, изминатата недела, женското трио „Фрајле“ одржа 5 концерти во 4 различни градови низ Македонија. Почнувајќи од Битола и Штип, па се до Скопје и Струмица.

Пеејќи песни од нивната Војводина, како и нивни авторски песни, македонски народни песни и поп-хитови, Јелена Буча, Невена Буча и Наташа Михајловиќ ја разиграа македонската публика, која беше на нозе повеќе од два часа и во еден глас ги пееше песните на „Фрајле“, а тие пак возвратија со енергичен настап и фантастична интерпретација, како што впрочем сме навикнати од нив.

„Фрајле“ уште еден покажаа како се доминира на сцената и докажаа зошто се автентични во секој поглед.

Она што остави најголем впечаток кај публиката буквално на сите концерти, дефинитивно беше изведбата на „Јовано Јованке“, а девојките не заборавија да го испочитуваат и нашиот Тоше Проески, пеејќи ја неговата песна „Во коси да ти спијам“.

Со громогласен аплауз што траеше неколку минути и стоечки овации беа поздравени од присутните кога на публиката, со знаковен јазик и порачаа: „Ако се обидат да ве скршат и да ве повредат, бидете силни и пејте, затоа што песната е лек за сите ваши грижи“.

По завршување на концертите, „Фрајле“ се дружеа со своите фанови, а љубителите на пишаниот збор имаа можност да ја купат автобиографијата на Јелена Буча со наслов „Како станав Фрајла“, каде што добија потпис лично од нив.

Со оглед на тоа што интересот за нив после овие концерти е се поголем, нема да се изненадиме ако ги видиме наскоро повторно кај нас. Бидете во исчекување на нови датуми.

The post Со целосно распродадени концерти, „Фрајле“ ја разиграа македонската публика appeared first on Република.

]]>

Со вчерашниот концерт во Струмица, успешно заврши концертната турнеја на „Фрајле“ во Македонија, со целосно распродадени концерти. Имено, изминатата недела, женското трио „Фрајле“ одржа 5 концерти во 4 различни градови низ Македонија. Почнувајќи од Битола и Штип, па се до Скопје и Струмица. Пеејќи песни од нивната Војводина, како и нивни авторски песни, македонски народни песни и поп-хитови, Јелена Буча, Невена Буча и Наташа Михајловиќ ја разиграа македонската публика, која беше на нозе повеќе од два часа и во еден глас ги пееше песните на „Фрајле“, а тие пак возвратија со енергичен настап и фантастична интерпретација, како што впрочем сме навикнати од нив. „Фрајле“ уште еден покажаа како се доминира на сцената и докажаа зошто се автентични во секој поглед. Она што остави најголем впечаток кај публиката буквално на сите концерти, дефинитивно беше изведбата на „Јовано Јованке“, а девојките не заборавија да го испочитуваат и нашиот Тоше Проески, пеејќи ја неговата песна „Во коси да ти спијам“. Со громогласен аплауз што траеше неколку минути и стоечки овации беа поздравени од присутните кога на публиката, со знаковен јазик и порачаа: „Ако се обидат да ве скршат и да ве повредат, бидете силни и пејте, затоа што песната е лек за сите ваши грижи“. По завршување на концертите, „Фрајле“ се дружеа со своите фанови, а љубителите на пишаниот збор имаа можност да ја купат автобиографијата на Јелена Буча со наслов „Како станав Фрајла“, каде што добија потпис лично од нив. Со оглед на тоа што интересот за нив после овие концерти е се поголем, нема да се изненадиме ако ги видиме наскоро повторно кај нас. Бидете во исчекување на нови датуми.

The post Со целосно распродадени концерти, „Фрајле“ ја разиграа македонската публика appeared first on Република.

]]>
Влатко Лозаноски, Сања Долежал и Сергеј Ќетковиќ гости на најновата песна на „Фрајле“ https://republika.mk/scena/vlatko-lozanoski-sana-dolezhal-i-sergej-ketkovik-gosti-na-najnovata-pesna-na-frajle/ Tue, 05 Mar 2024 10:19:02 +0000 https://republika.mk/?p=751411

15 години поминаа за миг кога станува збор за Наташа Михајловиќ, Јелена и Невена Буча, како и за верната публика на женското трио „Фрајле“. 15 години постоење и јубилеј кој го одбележаа со нов албум кој го носи насловот „Дневник душе“.

„Дневник душе“ дојде како круна на нашата досегашна кариера и музичко искуство, а песната „Пријател“ како драгоцен камен на таа круна. - кажа женското трио „Фрајле“ за новата песна од албумот, на која како гостин се појавува и нашиот Влатко Лозаноски, заедно со хрватската пејачка Сања Долежал од групата „Нови Фосили“ и црногорскиот кантавтор Сергеј Ќетковиќ.

Во песната „Пријател“ пеат и младите пејачи Ади Шоше од Босна и Херцеговина и Лука Баси од Словенија.

Да се работи со уметници како Сергеј, Ади, Лозано, Лука е универзален јазик на музиката кој како Фрајле го негуваме последните 15 години. Овој јубилеј сакаме да го споделиме со нашата верна публика, но и да одиме чекор понатаму, со нашите драги колеги. Траењето значи квалитет. Нам музиката ни даде се. И љубов и одобрување и публика, а ние се одѕиваме преку новите песни и уште подобрите настапи во текот на овие години, на турнеите кои се исполнети до последното место. Најголем комплимент кој музичарот може да го добие е љубовта од публиката“, велат девојките од „Фрајле“.

https://www.youtube.com/watch?v=qe9VgBFn84Y&fbclid=IwAR3tn22WoUVTGeS-vmz5Df9XiMHG90dof-XW06uuzPNbWAvhr7mjakD85P4

Освен одбележување на овој 15 годишен јубилеј и промоција на новиот албум, „Фрајле“ ја најавија и својата регионална турнеја, а Македонија ќе биде дел од истата. На 13-ти март „Фрајле“ имаат концерт Битола, 15-ти и 16-ти март во Скопје, а на 17-ти во Струмица. Доколку се уште не сте си обезбедиле влезница, истото можете да го направите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com Розе Веро 2, како и ЈК травел во Бисер.

The post Влатко Лозаноски, Сања Долежал и Сергеј Ќетковиќ гости на најновата песна на „Фрајле“ appeared first on Република.

]]>

15 години поминаа за миг кога станува збор за Наташа Михајловиќ, Јелена и Невена Буча, како и за верната публика на женското трио „Фрајле“. 15 години постоење и јубилеј кој го одбележаа со нов албум кој го носи насловот „Дневник душе“.
„Дневник душе“ дојде како круна на нашата досегашна кариера и музичко искуство, а песната „Пријател“ како драгоцен камен на таа круна. - кажа женското трио „Фрајле“ за новата песна од албумот, на која како гостин се појавува и нашиот Влатко Лозаноски, заедно со хрватската пејачка Сања Долежал од групата „Нови Фосили“ и црногорскиот кантавтор Сергеј Ќетковиќ.
Во песната „Пријател“ пеат и младите пејачи Ади Шоше од Босна и Херцеговина и Лука Баси од Словенија.
Да се работи со уметници како Сергеј, Ади, Лозано, Лука е универзален јазик на музиката кој како Фрајле го негуваме последните 15 години. Овој јубилеј сакаме да го споделиме со нашата верна публика, но и да одиме чекор понатаму, со нашите драги колеги. Траењето значи квалитет. Нам музиката ни даде се. И љубов и одобрување и публика, а ние се одѕиваме преку новите песни и уште подобрите настапи во текот на овие години, на турнеите кои се исполнети до последното место. Најголем комплимент кој музичарот може да го добие е љубовта од публиката“, велат девојките од „Фрајле“.
https://www.youtube.com/watch?v=qe9VgBFn84Y&fbclid=IwAR3tn22WoUVTGeS-vmz5Df9XiMHG90dof-XW06uuzPNbWAvhr7mjakD85P4 Освен одбележување на овој 15 годишен јубилеј и промоција на новиот албум, „Фрајле“ ја најавија и својата регионална турнеја, а Македонија ќе биде дел од истата. На 13-ти март „Фрајле“ имаат концерт Битола, 15-ти и 16-ти март во Скопје, а на 17-ти во Струмица. Доколку се уште не сте си обезбедиле влезница, истото можете да го направите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com Розе Веро 2, како и ЈК травел во Бисер.

The post Влатко Лозаноски, Сања Долежал и Сергеј Ќетковиќ гости на најновата песна на „Фрајле“ appeared first on Република.

]]>
„И покрај сите проблеми, вие го живеете животот“: „Фрајле“ доаѓаат два дена пред концерт за да поуживаат во Скопје https://republika.mk/scena/muzika/i-pokraj-site-problemi-vie-go-ziveete-zivotot-frajle-doagjaat-dva-dena-pred-koncert-za-da-pouzivaat-vo-skopje/ Thu, 16 Jun 2022 11:52:56 +0000 https://republika.mk/?p=515958

Уште само два дена до концертот на миленичките на македонската публика, одличните „Фрајле“. Во сабота на 18-ти пред платото на МОБ, Наташа, Невена и Јелена ќе ги забавуваат скопјани со неколкучасовен концерт.

Девојките во Скопје ќе допатуваат уште денеска во Скопје, но тоа не е поради проби за концертот или слично, туку само поради тоа што тие се заљубени во нашата земја. Тие веќе имаат и широк круг на пријатели, а во многу интервјуа кажале дека Македонија е нивниот втор дом.

Како да сме родени тука, не знам, некоја чудна енергија чуствуваме уште кога ќе го поминеме граничниот премин Табановце. Да не зборуваме за народот кај вас, прекрасен е, роден за музика. И покрај сите проблеми кои ги имате, вие го живеете животот и ви завидуваме поради тоа, велат девојките од „Фрајле“ и додаваат дека едвај чекаат да дојде сабота.

Она што е важно е тоа што во сабота на 18-ти времето е идеално за интимен концерт, бидејќи се очекуваат вистински летни температури.

The post „И покрај сите проблеми, вие го живеете животот“: „Фрајле“ доаѓаат два дена пред концерт за да поуживаат во Скопје appeared first on Република.

]]>

Уште само два дена до концертот на миленичките на македонската публика, одличните „Фрајле“. Во сабота на 18-ти пред платото на МОБ, Наташа, Невена и Јелена ќе ги забавуваат скопјани со неколкучасовен концерт. Девојките во Скопје ќе допатуваат уште денеска во Скопје, но тоа не е поради проби за концертот или слично, туку само поради тоа што тие се заљубени во нашата земја. Тие веќе имаат и широк круг на пријатели, а во многу интервјуа кажале дека Македонија е нивниот втор дом.
Како да сме родени тука, не знам, некоја чудна енергија чуствуваме уште кога ќе го поминеме граничниот премин Табановце. Да не зборуваме за народот кај вас, прекрасен е, роден за музика. И покрај сите проблеми кои ги имате, вие го живеете животот и ви завидуваме поради тоа, велат девојките од „Фрајле“ и додаваат дека едвај чекаат да дојде сабота.
Она што е важно е тоа што во сабота на 18-ти времето е идеално за интимен концерт, бидејќи се очекуваат вистински летни температури.

The post „И покрај сите проблеми, вие го живеете животот“: „Фрајле“ доаѓаат два дена пред концерт за да поуживаат во Скопје appeared first on Република.

]]>
Девојките од „Фрајле“ со голем концерт на отворено во Скопје https://republika.mk/scena/muzika/devojkite-od-frajle-so-golem-koncert-na-otvoreno-vo-skopje/ Thu, 21 Apr 2022 13:24:50 +0000 https://republika.mk/?p=491308

Тие се миленички на македонската публика, па токму поради тоа и тие често во нивните интервјуа споменуваат дека од Македонија ги носат најубавите спомени...

Поради таа причина, Наташа, Јелена и Невена од триото „Фрајле“ повторно ни доаѓаат во нашата метропола, но овојпат на еден голем концерт и тоа на отворено.
Овие популарни новосаѓанки закажаа неколкучасовно дружење со публиката пред платото на МОБ на 18 јуни.

Нивните бројни хитови и преработки како што се: „Мењам дане“, „Мени требаш ти“, „Ich Liebe Dich“, „Битола мој роден крај“ и многу други ќе бидат само дел од нивниот пребогат музички репертоар, а нека не ве чуди ако вечерта на 11-ти изненадат со некоја нова преработка на песна...

Доста беше од корона, карантини и слично. Време е да се вратиме на оној „стариот“, но добар живот, каде што никој никому забранува да пее и да се смее на глас. Искрено се радуваме на повторната средба со македонската публика, велат популарните девојки од Војводина.

Организаторите на овој настан - „Прагма продукција“ велат дека скопјани заслужуваат еден ваков музички подарок.

Публиката во Македонија ги обожава овие девојки и она што тие го прават. Интересот е преголем, а ние може да ветиме одлична музичка вечер, велат од продукцијата.

Влезниците се веќе пуштени во продажба и истите може да се купат онлајн преку продажната мрежа на „www.kupikarta.com - како и во „Југотон“ и „Розе Веро 2“.

The post Девојките од „Фрајле“ со голем концерт на отворено во Скопје appeared first on Република.

]]>

Тие се миленички на македонската публика, па токму поради тоа и тие често во нивните интервјуа споменуваат дека од Македонија ги носат најубавите спомени... Поради таа причина, Наташа, Јелена и Невена од триото „Фрајле“ повторно ни доаѓаат во нашата метропола, но овојпат на еден голем концерт и тоа на отворено. Овие популарни новосаѓанки закажаа неколкучасовно дружење со публиката пред платото на МОБ на 18 јуни. Нивните бројни хитови и преработки како што се: „Мењам дане“, „Мени требаш ти“, „Ich Liebe Dich“, „Битола мој роден крај“ и многу други ќе бидат само дел од нивниот пребогат музички репертоар, а нека не ве чуди ако вечерта на 11-ти изненадат со некоја нова преработка на песна...