фотоволтаици Archives - Република https://republika.mk/tema/fotovoltaici/ За подобро да се разбереме Wed, 25 Sep 2024 10:21:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фотоволтаици Archives - Република https://republika.mk/tema/fotovoltaici/ 32 32 Фотоволтаиците во градинката „Пепелашка“ носат заштеда од 50% на сметките за струја https://republika.mk/vesti/skopje/fotovoltaitsite-vo-gradinkata-pepelashka-nosat-zashteda-od-50-na-smetkite-za-struja/ Wed, 25 Sep 2024 10:21:35 +0000 https://republika.mk/?p=819516

Општина Центар е првата општина во државата која има оформено трговско друштво за продажба и производство на струја „Енергија Центар“. Првите фотоволтаици преку ова трговско друштво се поставени минатата година во август на покривот на градинката „Раде Јовчевски Корчагин“ објектот „Пепелашка“. Денеска истите носат заштеда од 50% од потрошувачката на електрична енергија. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски кој гостуваше во Стидио 10 на Телевизија 24 изјави дека неодамна општината поставила и нови фотоволтаици на ООУ „Киро Глигоров“ каде покрај покривањето на трошоците очекува и продажна на вишоци од прозиведена електрична енергија.

„Овде станува збор за поголем капацитет за поголеми киловати ставени на училиштето Киро Глигоров коешто набрзо очекуваме да бидат пуштени. Чекаме да ја добиеме лиценцата од Централен регистар, да се впишат во ЕВН и истите да почнат со работа. Целта ни е и да произведуваме за потребите на училиштето но и вишоците од електрична енергија да бидат продавани во систем и сите оние средства коишто во минатото се трошеле непотребно за електрична енергија ги трошиме за други цели како детски игралишта, спортски игралишта доопштемување на училиштата и слично. Во наредниот период планираме да се постават фотоволтаици на во останатите училишта Кочо Рацин, 11 Октомври и планот ни е да продолжиме во сите објекти коишто се под капата на општината со поставување на фотоволтаици да имаме огромни заштеди кадешто пак ќе повоторам средствата ќе ги пренамениме во други проекти“, изјави Герасимовски.

Герасимовски во гостувањето исто така зборуваше и за хигиената, начинот на избор на градоначалници, мораториумот како и престојниот концерт „Нешто што ќе остане“ кој ќе се случи во недела во Паркот на франкофонијата.

The post Фотоволтаиците во градинката „Пепелашка“ носат заштеда од 50% на сметките за струја appeared first on Република.

]]>

Општина Центар е првата општина во државата која има оформено трговско друштво за продажба и производство на струја „Енергија Центар“. Првите фотоволтаици преку ова трговско друштво се поставени минатата година во август на покривот на градинката „Раде Јовчевски Корчагин“ објектот „Пепелашка“. Денеска истите носат заштеда од 50% од потрошувачката на електрична енергија. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски кој гостуваше во Стидио 10 на Телевизија 24 изјави дека неодамна општината поставила и нови фотоволтаици на ООУ „Киро Глигоров“ каде покрај покривањето на трошоците очекува и продажна на вишоци од прозиведена електрична енергија. „Овде станува збор за поголем капацитет за поголеми киловати ставени на училиштето Киро Глигоров коешто набрзо очекуваме да бидат пуштени. Чекаме да ја добиеме лиценцата од Централен регистар, да се впишат во ЕВН и истите да почнат со работа. Целта ни е и да произведуваме за потребите на училиштето но и вишоците од електрична енергија да бидат продавани во систем и сите оние средства коишто во минатото се трошеле непотребно за електрична енергија ги трошиме за други цели како детски игралишта, спортски игралишта доопштемување на училиштата и слично. Во наредниот период планираме да се постават фотоволтаици на во останатите училишта Кочо Рацин, 11 Октомври и планот ни е да продолжиме во сите објекти коишто се под капата на општината со поставување на фотоволтаици да имаме огромни заштеди кадешто пак ќе повоторам средствата ќе ги пренамениме во други проекти“, изјави Герасимовски. Герасимовски во гостувањето исто така зборуваше и за хигиената, начинот на избор на градоначалници, мораториумот како и престојниот концерт „Нешто што ќе остане“ кој ќе се случи во недела во Паркот на франкофонијата.

The post Фотоволтаиците во градинката „Пепелашка“ носат заштеда од 50% на сметките за струја appeared first on Република.

]]>
Приклучени се нови 578,26 MW енергетски капацитети од обновливи извори https://republika.mk/vesti/ekonomija/priklucheni-se-novi-578-26-mw-energetski-kapatsiteti-od-obnovlivi-izvori/ Sat, 24 Feb 2024 10:56:04 +0000 https://republika.mk/?p=747774

За 25 месеци приклучени се нови 578,26 MW енергетски капацитети од обновливи извори кои произведуваат електрична енергија што е доволна за просечна потрошувачка на скоро 185 илјади домаќинства, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Во јануари, како што информира РКЕ, издадени се лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со инсталирана можност од 27,06 MW.

Според претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, овие бројки потврдуваат дека приватната иницијатива и капиталот што се инвестира во овој сектор се покажува како високо ефикасен и затоа реализацијата е брза.

– Ние за дваесет и пет месеци го имаме практично новиот еколошки РЕК Битола кога е во прашање инсталирана моќност, само сега тоа не е струја од јаглен, туку е струја доминантно од Сонце, но има и од ветер, вода и биомаса, вели Бислимоски.

Минатата година издадени се лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од скоро 399 MW што претставува раст од над 160 проценти на инсталираниот капацитет во споредба со 2022 година, кога се издадени 152,2 MW.

The post Приклучени се нови 578,26 MW енергетски капацитети од обновливи извори appeared first on Република.

]]>

За 25 месеци приклучени се нови 578,26 MW енергетски капацитети од обновливи извори кои произведуваат електрична енергија што е доволна за просечна потрошувачка на скоро 185 илјади домаќинства, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика. Во јануари, како што информира РКЕ, издадени се лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со инсталирана можност од 27,06 MW. Според претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, овие бројки потврдуваат дека приватната иницијатива и капиталот што се инвестира во овој сектор се покажува како високо ефикасен и затоа реализацијата е брза.
– Ние за дваесет и пет месеци го имаме практично новиот еколошки РЕК Битола кога е во прашање инсталирана моќност, само сега тоа не е струја од јаглен, туку е струја доминантно од Сонце, но има и од ветер, вода и биомаса, вели Бислимоски.
Минатата година издадени се лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од скоро 399 MW што претставува раст од над 160 проценти на инсталираниот капацитет во споредба со 2022 година, кога се издадени 152,2 MW.

The post Приклучени се нови 578,26 MW енергетски капацитети од обновливи извори appeared first on Република.

]]>
ДУИ и СДСМ даваат плодно македонско земјиште за изградба на фотоволтаици https://republika.mk/vesti/ekonomija/dui-i-sdsm-davaat-plodno-makedonsko-zemjishte-za-izgradba-na-fotovoltaitsi/ Fri, 09 Feb 2024 08:27:27 +0000 https://republika.mk/?p=742040

ДУИ и СДС имаат 2 нови бонбона бизниси, со кои сакаат да ги задолжат и неродените деца во Република Македонија.Се работи за 2 инвестиции, кои што македонската јавност треба да ги знае. Едната е изградба на т.н. агрофотоволтаик, кој што се протега во делот помеѓу Штип и Свети Николе, а втората е фотоволтаикот во општина Пехчево. Првиот агрофотоволтаик е француска инвестиција, а оној во Пехчево е бугарска инвестиција, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Со таканаречената инвестиција помеѓу Штип и Свети Николе, ќе има фотоволтаици на околу 500-тини хектари земјоделска плодна почва од прва, втора и трета категорија. Воедно сите земјоделци на тој потег, ќе го изгубат правото на користење на ова земјиште.

Таа земја ќе им се отстапи по 0,14 денари за м2 закуп, а имаат право потоа да ја дадат повторно, на некои индивидуални земјоделци, според ценовникот кој што го има државата, а тоа е 70 денари по м2. Значи тоа е 500 пати повеќе. Од ова само може да се заработи повеќе од 9 милиони евра годишно.

Таа енергија, која што ќе ја произведува инвеститорот, државата му гарантира цена во следните 30 години, дека ќе му ја откупува. Таа цена ќе биде 57 евра за мегават час. Со тоа што секоја година ќе расте до 2%, значи секоја година од прилика по едно евро ќе расте цената.

Годишниот приход од оваа загарантирана електрична енергија, што ќе ја продадат на државата е повеќе од 40 милиони евра. Што значи кога ќе се пресметаат добивката и сето она кое што претставува трошок, а е многу минимален како оперативен трошок, од 30 години за 7 ипол години ќе ја вратат инвестицијата. 22 и половина години тие ќе печалат на грбот на овој народ.

Криминалците од ДУИ и СДС, не мируваат ни во своите последни денови, ја користат секоја можност и секој ден, што повеќе да се збогатат на грбот на народот.

Сакаме да им порачаме дека им следи потоп во мај, од страна на граѓаните, а потоа граѓаните ќе добијат и правда, која сите ја бараат и на крај за криминалците ќе има одговорност.

The post ДУИ и СДСМ даваат плодно македонско земјиште за изградба на фотоволтаици appeared first on Република.

]]>

ДУИ и СДС имаат 2 нови бонбона бизниси, со кои сакаат да ги задолжат и неродените деца во Република Македонија.Се работи за 2 инвестиции, кои што македонската јавност треба да ги знае. Едната е изградба на т.н. агрофотоволтаик, кој што се протега во делот помеѓу Штип и Свети Николе, а втората е фотоволтаикот во општина Пехчево. Првиот агрофотоволтаик е француска инвестиција, а оној во Пехчево е бугарска инвестиција, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Со таканаречената инвестиција помеѓу Штип и Свети Николе, ќе има фотоволтаици на околу 500-тини хектари земјоделска плодна почва од прва, втора и трета категорија. Воедно сите земјоделци на тој потег, ќе го изгубат правото на користење на ова земјиште.
Таа земја ќе им се отстапи по 0,14 денари за м2 закуп, а имаат право потоа да ја дадат повторно, на некои индивидуални земјоделци, според ценовникот кој што го има државата, а тоа е 70 денари по м2. Значи тоа е 500 пати повеќе. Од ова само може да се заработи повеќе од 9 милиони евра годишно. Таа енергија, која што ќе ја произведува инвеститорот, државата му гарантира цена во следните 30 години, дека ќе му ја откупува. Таа цена ќе биде 57 евра за мегават час. Со тоа што секоја година ќе расте до 2%, значи секоја година од прилика по едно евро ќе расте цената. Годишниот приход од оваа загарантирана електрична енергија, што ќе ја продадат на државата е повеќе од 40 милиони евра. Што значи кога ќе се пресметаат добивката и сето она кое што претставува трошок, а е многу минимален како оперативен трошок, од 30 години за 7 ипол години ќе ја вратат инвестицијата. 22 и половина години тие ќе печалат на грбот на овој народ. Криминалците од ДУИ и СДС, не мируваат ни во своите последни денови, ја користат секоја можност и секој ден, што повеќе да се збогатат на грбот на народот. Сакаме да им порачаме дека им следи потоп во мај, од страна на граѓаните, а потоа граѓаните ќе добијат и правда, која сите ја бараат и на крај за криминалците ќе има одговорност.

The post ДУИ и СДСМ даваат плодно македонско земјиште за изградба на фотоволтаици appeared first on Република.

]]>
ДУИ и СДС плодното македонско земјиште, ќе го пренаменат во фотонапонски централи, за да ќарат уште некој милион повеќе https://republika.mk/vesti/makedonija/dui-i-sds-plodnoto-makedonsko-zemjishte-ke-go-prenamenat-vo-fotonaponski-tsentrali-za-da-karat-ushte-nekoj-milion-poveke/ Wed, 01 Nov 2023 08:01:44 +0000 https://republika.mk/?p=696918

Власта предлага преку Министерството за земјоделие, со Законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште, дури и најплодната македонска почва, да може да се пренамени за изградба на фотонапонски централи, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Земјоделското земјиште од трета и четврта класа ќе може да се пренамени во градежно, заради изградба на енергетски објекти во наменски зони, со измени во еден од членовите. Во Членот 51 исто така има и уште една голема измена, а тоа е, дека пасиштата како земјоделски површини, може да се пренаменат во градежни, наведувајќи дека и таму ќе се градат фотоцентрали. Додека во светот има недостиг на храна, додека храната во Македонија достигнува рекордни цени, власта сака да го уништи и тоа малку домашно производство што остана, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Место владата да го поттикнува и помага домашното производство на храна, таа се обидува тоа да не постои, за функционерите на ДУИ и СДС и нивните блиски роднини, да приграбат уште некои милион плус во нивните џебови.

За ваквите деструктивни потези, кон сопствената држава и народ, ќе има одговорност, граѓаните да бидат сигурни во тоа“ – посочуваат од партијата.

The post ДУИ и СДС плодното македонско земјиште, ќе го пренаменат во фотонапонски централи, за да ќарат уште некој милион повеќе appeared first on Република.

]]>

Власта предлага преку Министерството за земјоделие, со Законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште, дури и најплодната македонска почва, да може да се пренамени за изградба на фотонапонски централи, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Земјоделското земјиште од трета и четврта класа ќе може да се пренамени во градежно, заради изградба на енергетски објекти во наменски зони, со измени во еден од членовите. Во Членот 51 исто така има и уште една голема измена, а тоа е, дека пасиштата како земјоделски површини, може да се пренаменат во градежни, наведувајќи дека и таму ќе се градат фотоцентрали. Додека во светот има недостиг на храна, додека храната во Македонија достигнува рекордни цени, власта сака да го уништи и тоа малку домашно производство што остана, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Место владата да го поттикнува и помага домашното производство на храна, таа се обидува тоа да не постои, за функционерите на ДУИ и СДС и нивните блиски роднини, да приграбат уште некои милион плус во нивните џебови. За ваквите деструктивни потези, кон сопствената држава и народ, ќе има одговорност, граѓаните да бидат сигурни во тоа“ – посочуваат од партијата.

The post ДУИ и СДС плодното македонско земјиште, ќе го пренаменат во фотонапонски централи, за да ќарат уште некој милион повеќе appeared first on Република.

]]>
РКЕ за 18 месеци издала лиценци на 545 централи со вкупна моќност од 270 MW https://republika.mk/vesti/ekonomija/rke-za-18-mesetsi-izdala-litsentsi-na-545-tsentrali-so-vkupna-moknost-od-270-mw/ Sun, 02 Jul 2023 17:03:45 +0000 https://republika.mk/?p=657498

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) од јануари минатата година до 30 јуни годинава издадала лиценци на 545 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од скоро 270 MW.

Како што соопшти денеска РКЕ, со инсталираниот капацитет може да се задоволат потребите на над 104 илјади домаќинства со просечна потрошувачка на електрична енергија од 13 градови од државава: Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Св. Николе, Ресен, Дојран, Дебар, Виница, Струга, Неготино и Гевгелија.

Претседател на РКЕ Марко Бислимовски информира дека за шест месеци РКЕ издала лиценци на 278 централи, што е поголем број од централите што се стекнале со лиценци во 2022 година.

-Интересот кај компаниите е со зголемен интензитет, што се гледа и по бројките кои ги објавуваме и затоа се регистрира намален увоз на електрична енергија од 13 проценти годинава, за разлика од традиционалните 30 проценти, вели во пишана изјава Бислимовски.

The post РКЕ за 18 месеци издала лиценци на 545 централи со вкупна моќност од 270 MW appeared first on Република.

]]>

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) од јануари минатата година до 30 јуни годинава издадала лиценци на 545 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од скоро 270 MW. Како што соопшти денеска РКЕ, со инсталираниот капацитет може да се задоволат потребите на над 104 илјади домаќинства со просечна потрошувачка на електрична енергија од 13 градови од државава: Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Св. Николе, Ресен, Дојран, Дебар, Виница, Струга, Неготино и Гевгелија. Претседател на РКЕ Марко Бислимовски информира дека за шест месеци РКЕ издала лиценци на 278 централи, што е поголем број од централите што се стекнале со лиценци во 2022 година. -Интересот кај компаниите е со зголемен интензитет, што се гледа и по бројките кои ги објавуваме и затоа се регистрира намален увоз на електрична енергија од 13 проценти годинава, за разлика од традиционалните 30 проценти, вели во пишана изјава Бислимовски.

The post РКЕ за 18 месеци издала лиценци на 545 централи со вкупна моќност од 270 MW appeared first on Република.

]]>
Пенов: Фотоволтаици за три училишта и градинка во Чаир, се намалуваат трошоците за електрична енергија преку проектите за прекугранична соработка на ЕУ https://republika.mk/vesti/skopje/penov-fotovoltaitsi-za-tri-uchilishta-i-gradinka-vo-chair-se-namaluvaat-troshotsite-za-elektrichna-energija-preku-proektite-za-prekugranichna-sorabotka-na-eu/ Tue, 13 Jun 2023 15:29:58 +0000 https://republika.mk/?p=650950

Со проектот од Програмата за Прекугранична соработка меѓу Македонија и Косово, општина Чаир ќе ги намали трошоците за електрична енергија, а заштедите ќе може да ги вложи во подобрување на условите во училиштата, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.

-Во општина Чаир се поставени фотоволтаици на 3 основни училишта и на една градинка, а Министерството за локална самоуправа од Европската Унија и од Буџетот на државата обезбеди 212 000 евра за реализација на овој проект. Ова се конкретни придобивки од процесот на интегрирање на нашата земја во Европската Унија, кои што директно ги чувствуваат граѓаните.

Од ИПА фондовите на ЕУ, само преку Програмата за прекугранична соработка  со Косово во вториот програмски период се реализирани 15 проекти во вкупна вредност од 5,4 милиони евра, од кои што 4,2 милиони евра се средства од ЕУ. Останатите 1,2 милиони евра се од Буџетот на Министерството за локална самоуправа, кое што го обезбедува националното кофинансирање.

-Преку ИПА инструментот на Европската Унија се финансираат голем број на проекти во општините, без дополнително да се оптоварат општинските буџети, што е голема придобивка за нас. Со отворањето на преговорите со Унијата ќе се зголемат одговорностите, но и достапните средства за развој на државата и на општините. Ја имаме шансата да направиме историски пресврт за државата и пред се за граѓаните. Нашите граѓани да бидат рамноправни со сите други во Европската Унија, а тоа значи да имаат избор, да работат и да заработуваат подобро, да живеат подобро, додаде Пенов.

The post Пенов: Фотоволтаици за три училишта и градинка во Чаир, се намалуваат трошоците за електрична енергија преку проектите за прекугранична соработка на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Со проектот од Програмата за Прекугранична соработка меѓу Македонија и Косово, општина Чаир ќе ги намали трошоците за електрична енергија, а заштедите ќе може да ги вложи во подобрување на условите во училиштата, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов. -Во општина Чаир се поставени фотоволтаици на 3 основни училишта и на една градинка, а Министерството за локална самоуправа од Европската Унија и од Буџетот на државата обезбеди 212 000 евра за реализација на овој проект. Ова се конкретни придобивки од процесот на интегрирање на нашата земја во Европската Унија, кои што директно ги чувствуваат граѓаните. Од ИПА фондовите на ЕУ, само преку Програмата за прекугранична соработка  со Косово во вториот програмски период се реализирани 15 проекти во вкупна вредност од 5,4 милиони евра, од кои што 4,2 милиони евра се средства од ЕУ. Останатите 1,2 милиони евра се од Буџетот на Министерството за локална самоуправа, кое што го обезбедува националното кофинансирање. -Преку ИПА инструментот на Европската Унија се финансираат голем број на проекти во општините, без дополнително да се оптоварат општинските буџети, што е голема придобивка за нас. Со отворањето на преговорите со Унијата ќе се зголемат одговорностите, но и достапните средства за развој на државата и на општините. Ја имаме шансата да направиме историски пресврт за државата и пред се за граѓаните. Нашите граѓани да бидат рамноправни со сите други во Европската Унија, а тоа значи да имаат избор, да работат и да заработуваат подобро, да живеат подобро, додаде Пенов.

The post Пенов: Фотоволтаици за три училишта и градинка во Чаир, се намалуваат трошоците за електрична енергија преку проектите за прекугранична соработка на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Борови кои со генерации се садеа, некој си дозволува да ги сече за фотоволтаици, велат револтираните жители на Неокази https://republika.mk/vesti/makedonija/borovi-koi-so-generatsii-se-sadea-nekoj-si-dozvoluva-da-gi-seche-za-fotovoltaitsi-velat-revoltiranite-zhiteli-na-neokazi/ Mon, 05 Jun 2023 15:21:12 +0000 https://republika.mk/?p=648109

Поставување на фотоволтаици над селото Неокази во Општина Пробиштип ги загрижува мештаните. Тие го искажаа својот револт од сечата на дрвата и упатија низа прашања до надлежните во Општина Пробиштип. Прашуваат дали ова значи дека селото е пред уништување и има ли начин истото да се спречи.

Дали урбаната заедница Неокази е предодредена за селидба или за уништување, бидејќи од сите страни сме заобиколени со негативни елементи, така да сега ни е проблемот со боровите кои моите генерации ги садеа, а некој си дозволува да ги сече до уништување. Има ли начин ова да престане, велат жителите на село Неокази.

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов потенцираше дека станува збор за приватни парцели и дека општината овде нема никаква надлежност. Додава дека тие парцели претходно биле во сопственост на жители од Неокази кои сами одлучиле да ги продадат.

Околу земјиштето кое е во атарот на село Неокази, таму станува збор за земјиште кое е во приватна сопственост. Причината за продажбата на земјиштето веројатно е оти земјиштето тие не го обработуваат и за да нема дилема кај нашите граѓани повторувам, таму станува збор за приватни парцели. За инвестициите на фотоволтаици, сѐ она што е над петта категорија се добвива дозвола за поставување, вели Анастасов.

Тој ги охрабри граѓаните доколку е прекршен некој член од Закон да реагираат до наделжните институции.

The post Борови кои со генерации се садеа, некој си дозволува да ги сече за фотоволтаици, велат револтираните жители на Неокази appeared first on Република.

Бизнисот бара да не сe форсира градењето фотоволтаици, сега на ред се ветерните паркови, биогасните централи и малите хидроелектрани! https://republika.mk/vesti/ekonomija/biznisot-bara-da-ne-se-forsira-gradeneto-fotovoltaitsi-sega-na-red-se-veternite-parkovi-biogasnite-tsentrali-i-malite-hidroelektrani/ Fri, 19 May 2023 10:26:39 +0000 https://republika.mk/?p=642607

Девет предлог мерки кои државата треба да ги преземе за да се поддржи економијата во енергетска криза се испратени од Стопанската комора до сите државни и јавни институции кои имаат надлежност во енергетиката.

Дописот со мерките кои ги предлага бизнис заедницата се адресирани до Владата, Министерството за економија, АД ЕСМ, АД МЕПСО, НЕР, Регулаторната комисија за енергетика, Министерството за животна средина, МАНУ, МЕМО и други државни субјекти.

Мерките произлегоа од јавната седница на УО на Стопанската комора на Македонија и на Македонската енергетска асоцијација во рамките на Комората, а меѓу другото содржат и препораки до самите стопански субјекти.

Предлог-мерки:

1.АД ЕСМ, со поддршка на Владата како негов единствен и целосен сопственик, да го конципира производството од термоелектраните според цената на мазутот и јагленот, односно доколку во следниот периодкога ќе порасне производството на евтина електрична енергија од фотоволтаици, АД ЕСМ да се насочи кон откуп на таква енергија, наместо производство на поскапа електрична енергија од термоелектраните.
Претходната мерка за вклучување во работа на сите електрани веќе нема ефект во услови на зголемено производство од обновливи извори (фотоволтаични централи) и затоа треба да се следи состојбата со цените на електричната енергија и енергенсите да одлучува дали и кога е исплатливо да се вклучат одредени домашни енергетски капацитети, а кога да се увезе евтина енергија.

2.Државата, преку Министерството за економија и други органи, да стимулира изградба на различни видови електрани од обновливи извори, односно да обезбеди дисперзија во инвестирањето на обновливи извори на енергија и планска изградба на дистрибутивната мрежа, согласно Стратегијата за развој на енергетиката до 2030. Засиленото градење само на фотоволтаични електрани ќе доведе до енергетски дисбаланс. Потребно е да се стимулира изградба на биогасни и ветерни електрани, и да се доизградат малите хидро електрани кои државата ги планирала.

3.Складирањето на електричната енергија од обновливи извори веќе се појавува како потреба и решение, и државата е потребно да ги поддржи инвеститорите и индустриските капацитети да инсталираат батериски системи. Мерките се однесуваат на олеснување и намалување на постапки и давачките, како и намалување на царинските стапки до нивно елиминирање, следејќи го примерот на ЕУ, заради поттикнување на поголемо инвестирање.

4.Значаен систем за складирање на вишокот електрична енергија од фотоволтаици во иднина ќе биде хидроелектраната Чебрен, која како реверзибилна хидроелектрана ќе ја користи електричната енергија од евтините часови за пумпање вода во горниот басен, од кој потоа би се произведувала енергија во часовите на повисока побарувачка. Од тие причини потребно е да се дореализира постапката за капиталниот проект Чебрен, кој во секој случај ќе биде решение по подолг рок, односно по неговата изградба.

5.Компаниите треба да ја прифатат новата состојба со варијациите на цените во текот на денот и да пристапат кон набавката на електрична енергија согласно нивниот технолошки процес, односно доколку можат потребно е да ги менаџираат потрошувачката и производниот процес согласно берзанските цени во текот на денот, со цел да остварат енергетски заштеди.

6.Хидрогенот, како гориво на иднината и начин на конвертирање и складирање на вишокот електрична енергија, да биде имплементиран во Стратегијатаза развој на енергетиката до 2030 година, при нејзиното следно обновување, кое се врши на секои 5 години и во кое се вклучени владините институции и МАНУ.

7.Државата интернационално да се сертифицира за да може производителите на енергија од обновливи извори да издаваат зелени сертификати. Зелените сертификати се побарувани од стопанските субјекти кои користат значајна количина електрична енергија и на кои зелените сертификати им се значајна алатка пред странските пазари. Издавањето на сертификатите ќе обезбеди и постојан девизен прилив за државата.

8.Стопанската комора го поздравува отворањето на домашна берза на електрична енергија од страна на МЕМО. Со цел македонска берза на електрична енергија да биде ликвидна, потребно е да се донесе одлука сите државни купувачи да бидат на „wholesalе“ пазар, односно да не се набавува електрична енергија на тендери и преку билатерални договори, туку истото да се врши на македонската берза.

9.Магистралните гасоводи за кои е одговорен НЕР да се стават во функција, но притоа да се градат и дистрибутивни мрежи низ градовите.

The post Бизнисот бара да не сe форсира градењето фотоволтаици, сега на ред се ветерните паркови, биогасните централи и малите хидроелектрани! appeared first on Република.

]]>

Девет предлог мерки кои државата треба да ги преземе за да се поддржи економијата во енергетска криза се испратени од Стопанската комора до сите државни и јавни институции кои имаат надлежност во енергетиката. Дописот со мерките кои ги предлага бизнис заедницата се адресирани до Владата, Министерството за економија, АД ЕСМ, АД МЕПСО, НЕР, Регулаторната комисија за енергетика, Министерството за животна средина, МАНУ, МЕМО и други државни субјекти. Мерките произлегоа од јавната седница на УО на Стопанската комора на Македонија и на Македонската енергетска асоцијација во рамките на Комората, а меѓу другото содржат и препораки до самите стопански субјекти. Предлог-мерки: 1.АД ЕСМ, со поддршка на Владата како негов единствен и целосен сопственик, да го конципира производството од термоелектраните според цената на мазутот и јагленот, односно доколку во следниот периодкога ќе порасне производството на евтина електрична енергија од фотоволтаици, АД ЕСМ да се насочи кон откуп на таква енергија, наместо производство на поскапа електрична енергија од термоелектраните. Претходната мерка за вклучување во работа на сите електрани веќе нема ефект во услови на зголемено производство од обновливи извори (фотоволтаични централи) и затоа треба да се следи состојбата со цените на електричната енергија и енергенсите да одлучува дали и кога е исплатливо да се вклучат одредени домашни енергетски капацитети, а кога да се увезе евтина енергија. 2.Државата, преку Министерството за економија и други органи, да стимулира изградба на различни видови електрани од обновливи извори, односно да обезбеди дисперзија во инвестирањето на обновливи извори на енергија и планска изградба на дистрибутивната мрежа, согласно Стратегијата за развој на енергетиката до 2030. Засиленото градење само на фотоволтаични електрани ќе доведе до енергетски дисбаланс. Потребно е да се стимулира изградба на биогасни и ветерни електрани, и да се доизградат малите хидро електрани кои државата ги планирала. 3.Складирањето на електричната енергија од обновливи извори веќе се појавува како потреба и решение, и државата е потребно да ги поддржи инвеститорите и индустриските капацитети да инсталираат батериски системи. Мерките се однесуваат на олеснување и намалување на постапки и давачките, како и намалување на царинските стапки до нивно елиминирање, следејќи го примерот на ЕУ, заради поттикнување на поголемо инвестирање. 4.Значаен систем за складирање на вишокот електрична енергија од фотоволтаици во иднина ќе биде хидроелектраната Чебрен, која како реверзибилна хидроелектрана ќе ја користи електричната енергија од евтините часови за пумпање вода во горниот басен, од кој потоа би се произведувала енергија во часовите на повисока побарувачка. Од тие причини потребно е да се дореализира постапката за капиталниот проект Чебрен, кој во секој случај ќе биде решение по подолг рок, односно по неговата изградба. 5.Компаниите треба да ја прифатат новата состојба со варијациите на цените во текот на денот и да пристапат кон набавката на електрична енергија согласно нивниот технолошки процес, односно доколку можат потребно е да ги менаџираат потрошувачката и производниот процес согласно берзанските цени во текот на денот, со цел да остварат енергетски заштеди. 6.Хидрогенот, како гориво на иднината и начин на конвертирање и складирање на вишокот електрична енергија, да биде имплементиран во Стратегијатаза развој на енергетиката до 2030 година, при нејзиното следно обновување, кое се врши на секои 5 години и во кое се вклучени владините институции и МАНУ. 7.Државата интернационално да се сертифицира за да може производителите на енергија од обновливи извори да издаваат зелени сертификати. Зелените сертификати се побарувани од стопанските субјекти кои користат значајна количина електрична енергија и на кои зелените сертификати им се значајна алатка пред странските пазари. Издавањето на сертификатите ќе обезбеди и постојан девизен прилив за државата. 8.Стопанската комора го поздравува отворањето на домашна берза на електрична енергија од страна на МЕМО. Со цел македонска берза на електрична енергија да биде ликвидна, потребно е да се донесе одлука сите државни купувачи да бидат на „wholesalе“ пазар, односно да не се набавува електрична енергија на тендери и преку билатерални договори, туку истото да се врши на македонската берза. 9.Магистралните гасоводи за кои е одговорен НЕР да се стават во функција, но притоа да се градат и дистрибутивни мрежи низ градовите.

The post Бизнисот бара да не сe форсира градењето фотоволтаици, сега на ред се ветерните паркови, биогасните централи и малите хидроелектрани! appeared first on Република.

]]>
Измени во Правилникот за урбанистичко планирање за поставување фотоволтаици https://republika.mk/vesti/makedonija/izmeni-vo-pravilnikot-za-urbanistichko-planirane-za-postavuvane-fotovoltaitsi/ Sat, 13 May 2023 09:42:23 +0000 https://republika.mk/?p=640405

Министерството за транспорт и врски, водејќи се од транспарентноста во процесот при подготовка на законските и подзаконските акти и имајќи ја предвид енергетската криза, пристапи кон измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање во насока на овозможување реализација на фотонапонски електроцентрали во планови со исклучиво уредена намена од групата на класи на намени „Г”, соопштуваат оттаму.

Со оваа измена, како што информира, се доуредуваат постапките за поставување фотоволтаици за искористување на сончевата енергија како најевтин енергетски ресурс и како еколошки најисправен начин на производство на енергија.

Исто така, водејќи се од широката јавна расправа и вклучување на стручната јавност, граѓанскиот сектор и сите други заинтересирани страни, Министерството за транспорт и врски направи усогласување на членовите 117 и 122 во Правилникот за урбанистичко планирање во кој се брише терминот стекнати права за градење. Со измените уредуваме дека при изработка на нов урбанистички план планските одредби се усогласуваат со одредбите од правилникот и со планот од повисоко ниво. Исто така со измените на Правилникот се уредува начин доколку се утврди дека максималната висина и другите параметри што ја уредуваат големината и функционалниот капацитет на градбите утврдени во важечкиот урбанистички план ги надминуваат просторните можности за развој на конкретното или на друг начин се нарушува јавниот интерес, тогаш истите можат да се изменат со нов урбанистички план, наведува Министерството.

Владата и Министерството за транспорт и врски, стои во соопштението, се силно посветени на поедноставување на сите постапки за да се намали влијанието на енергетската криза и да се заштити животниот стандард на граѓаните, а притоа да не се влијае врз загадување на животната средина.

The post Измени во Правилникот за урбанистичко планирање за поставување фотоволтаици appeared first on Република.

]]>

Министерството за транспорт и врски, водејќи се од транспарентноста во процесот при подготовка на законските и подзаконските акти и имајќи ја предвид енергетската криза, пристапи кон измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање во насока на овозможување реализација на фотонапонски електроцентрали во планови со исклучиво уредена намена од групата на класи на намени „Г”, соопштуваат оттаму. Со оваа измена, како што информира, се доуредуваат постапките за поставување фотоволтаици за искористување на сончевата енергија како најевтин енергетски ресурс и како еколошки најисправен начин на производство на енергија.
Исто така, водејќи се од широката јавна расправа и вклучување на стручната јавност, граѓанскиот сектор и сите други заинтересирани страни, Министерството за транспорт и врски направи усогласување на членовите 117 и 122 во Правилникот за урбанистичко планирање во кој се брише терминот стекнати права за градење. Со измените уредуваме дека при изработка на нов урбанистички план планските одредби се усогласуваат со одредбите од правилникот и со планот од повисоко ниво. Исто така со измените на Правилникот се уредува начин доколку се утврди дека максималната висина и другите параметри што ја уредуваат големината и функционалниот капацитет на градбите утврдени во важечкиот урбанистички план ги надминуваат просторните можности за развој на конкретното или на друг начин се нарушува јавниот интерес, тогаш истите можат да се изменат со нов урбанистички план, наведува Министерството.
Владата и Министерството за транспорт и врски, стои во соопштението, се силно посветени на поедноставување на сите постапки за да се намали влијанието на енергетската криза и да се заштити животниот стандард на граѓаните, а притоа да не се влијае врз загадување на животната средина.

The post Измени во Правилникот за урбанистичко планирање за поставување фотоволтаици appeared first on Република.

]]>
Плативме за фотоволтаици поставени на север https://republika.mk/vesti/makedonija/plativme-za-fotovoltaitsi-postaveni-na-sever/ Mon, 08 May 2023 14:33:07 +0000 https://republika.mk/?p=638447

И на покривот на гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес се инсталирани фотоволтаични панели со цел од сопствено производство да ги задоволува своите потреби или да ја намали сметката за електрична енергија откако училиштата излегоа од регулираниот пазар.

Арно ама, наместо само на јужната страна, каде во најголем дел од денот би греело сонце, панели се поставени и на северната страна на покривот.

Фотоволтаициве насочени кон север? Со средства од Владата и МОН општините местат фотонапонски панели за сопствено производство на струја во училиштата. Кој паметен постави скоро половина од панелите насочени кон север? Дали основниот проект е згрешен или изведувачот толку си ја знае работата, прашува пратеникот Ненад Коциќ.

Подоцна во коментар објасни дека, според неговите информации, основниот проект бил изработен од консултант на училиштето и проектот воопшто не бил таков.

Изгледа некој не знае што е север, што е југ, пишува Коциќ.

The post Плативме за фотоволтаици поставени на север appeared first on Република.

]]>

И на покривот на гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес се инсталирани фотоволтаични панели со цел од сопствено производство да ги задоволува своите потреби или да ја намали сметката за електрична енергија откако училиштата излегоа од регулираниот пазар. Арно ама, наместо само на јужната страна, каде во најголем дел од денот би греело сонце, панели се поставени и на северната страна на покривот.
Фотоволтаициве насочени кон север? Со средства од Владата и МОН општините местат фотонапонски панели за сопствено производство на струја во училиштата. Кој паметен постави скоро половина од панелите насочени кон север? Дали основниот проект е згрешен или изведувачот толку си ја знае работата, прашува пратеникот Ненад Коциќ.
Подоцна во коментар објасни дека, според неговите информации, основниот проект бил изработен од консултант на училиштето и проектот воопшто не бил таков.
Изгледа некој не знае што е север, што е југ, пишува Коциќ.

The post Плативме за фотоволтаици поставени на север appeared first on Република.

]]>
Со потпис на Артан Груби фирма на сопругата на Ковачевски купува државно земјиште во Радовиш за фотоволтаици по цена од 70 денари за м2 https://republika.mk/vesti/makedonija/so-potpis-na-artan-grubi-firma-na-soprugata-na-kovachevski-kupuva-drzhavno-zemjishte-vo-radovish-za-fotovoltaitsi-po-tsena-od-70-denari-za-m2/ Wed, 05 Apr 2023 10:25:26 +0000 https://republika.mk/?p=627496

Наместо Ковачевски, потпишал Груби, имено додека Ковачевски го брани Артан Груби за криминалниот надзор од 22 милиони евра, Артан Груби потпишува Одлука за продажба на земјиште за фотоволтаична централа на сопругата на Ковачевски по цена од 70 денари за метар квадратен.На 14 март на седница на владата, со која претседава Груби, е донесена Одлука со која што се задолжува општина Радовиш да се продаде државно земјиште од 1.119 м2 на фирмата Сол Груп 5 ДОО Скопје, каде  сопственик е сопругата на Ковачевски, oбвини Миле Левков од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата, во случајов Груби, прави непосредна спогодба со фирмата на сопругата на Ковачевски, и врз основа на таа непосредна спогодба е донесена Одлуката за продажба на 1.119 м2 државно земјиште по цена од 70 денари за м2.

Фирмата на сопругата на Ковачевски ќе купи 1.119 м2 земјиште за вкупно 1.273 евра.

https://www.youtube.com/watch?v=pdC5bseK4js

Ова е последната сложувалка која е потребна за фирмата на сопругата на Ковачевски да ја дооформи парцелата и да пристапи кон вадење на дозволи од институциите за изградба на фотоволтаичната централа, и тоа е направено со потпис на Груби.

Да потсетиме ова е втор бизнис на семејството Ковачевски со фотоволтаици, првиот е основан од Димитар Ковачевски преку фирмата Пиксел Груп, која сега е во посед на неговиот кум Горан Паунов, фирма за производство на фотоволтаични панели, која својот бизнис забрзано го шири со доаѓањето на СДС на власт, кога е и формирана.

Ја повикуваме ДКСК да отвори случај и да ја испита Одлуката потпишана од Груби со фирмата на сопругата на Ковачевски.

The post Со потпис на Артан Груби фирма на сопругата на Ковачевски купува државно земјиште во Радовиш за фотоволтаици по цена од 70 денари за м2 appeared first on Република.

]]>

Наместо Ковачевски, потпишал Груби, имено додека Ковачевски го брани Артан Груби за криминалниот надзор од 22 милиони евра, Артан Груби потпишува Одлука за продажба на земјиште за фотоволтаична централа на сопругата на Ковачевски по цена од 70 денари за метар квадратен.На 14 март на седница на владата, со која претседава Груби, е донесена Одлука со која што се задолжува општина Радовиш да се продаде државно земјиште од 1.119 м2 на фирмата Сол Груп 5 ДОО Скопје, каде  сопственик е сопругата на Ковачевски, oбвини Миле Левков од ВМРО-ДПМНЕ.
Владата, во случајов Груби, прави непосредна спогодба со фирмата на сопругата на Ковачевски, и врз основа на таа непосредна спогодба е донесена Одлуката за продажба на 1.119 м2 државно земјиште по цена од 70 денари за м2.
Фирмата на сопругата на Ковачевски ќе купи 1.119 м2 земјиште за вкупно 1.273 евра. https://www.youtube.com/watch?v=pdC5bseK4js
Ова е последната сложувалка која е потребна за фирмата на сопругата на Ковачевски да ја дооформи парцелата и да пристапи кон вадење на дозволи од институциите за изградба на фотоволтаичната централа, и тоа е направено со потпис на Груби.
  Да потсетиме ова е втор бизнис на семејството Ковачевски со фотоволтаици, првиот е основан од Димитар Ковачевски преку фирмата Пиксел Груп, која сега е во посед на неговиот кум Горан Паунов, фирма за производство на фотоволтаични панели, која својот бизнис забрзано го шири со доаѓањето на СДС на власт, кога е и формирана.
Ја повикуваме ДКСК да отвори случај и да ја испита Одлуката потпишана од Груби со фирмата на сопругата на Ковачевски.

The post Со потпис на Артан Груби фирма на сопругата на Ковачевски купува државно земјиште во Радовиш за фотоволтаици по цена од 70 денари за м2 appeared first on Република.

]]>
Со потпис на Груби: Фирмата на сопругата е на премиерот на чекор до изградба на фотоволтаична централа https://republika.mk/vesti/makedonija/so-potpis-na-grubi-firmata-na-soprugata-e-na-premierot-na-chekor-do-izgradba-na-fotovoltaichna-tsentrala/ Tue, 04 Apr 2023 11:23:34 +0000 https://republika.mk/?p=627089

Владата ја задолжи општината Радовиш да ѝ продаде на фирмата во која една од сопственичките е Елена Ковачевска, државна парцела за изградба на фотоволтаична централа, открива „Радио слободна Европа“, додавајќи дека иако Владата не кажува по која цена ја продала парцелата, според тафирникот, цената е 70 денари за метар квадратен.

Фирмата во која сопственички удел има сопругата на премиерот Димитар Ковачевски ќе добие државно земјиште по цена од 70 денари за метар квадратен за изградба на планирана фотоволтаична централа. Владината одлука за продажба на 1.119 метри квадратни земјиште во радовишкото село Раклиш ја потпишал првиот вицепремиер Артан Груби на владината седница на 14 март годинава.

Според објавата во Службен весник Владата донела одлука за продажба на државно земјиште на компанијата „Сол Груп 5“ по пат на непосредна спогодба за дооформување на градежна парцела за која фирмата веќе имала во сопственост 30 проценти. Оваа одлука стапи на сила на 21 март и треба да ја спроведе општината Радовиш. Компанијата имала план да изгради фотоволтаичнa централа со енергетски капацитет од 1,8 мегавати.

Целата сторија на РСЕ

The post Со потпис на Груби: Фирмата на сопругата е на премиерот на чекор до изградба на фотоволтаична централа appeared first on Република.

]]>

Владата ја задолжи општината Радовиш да ѝ продаде на фирмата во која една од сопственичките е Елена Ковачевска, државна парцела за изградба на фотоволтаична централа, открива „Радио слободна Европа“, додавајќи дека иако Владата не кажува по која цена ја продала парцелата, според тафирникот, цената е 70 денари за метар квадратен. Фирмата во која сопственички удел има сопругата на премиерот Димитар Ковачевски ќе добие државно земјиште по цена од 70 денари за метар квадратен за изградба на планирана фотоволтаична централа. Владината одлука за продажба на 1.119 метри квадратни земјиште во радовишкото село Раклиш ја потпишал првиот вицепремиер Артан Груби на владината седница на 14 март годинава. Според објавата во Службен весник Владата донела одлука за продажба на државно земјиште на компанијата „Сол Груп 5“ по пат на непосредна спогодба за дооформување на градежна парцела за која фирмата веќе имала во сопственост 30 проценти. Оваа одлука стапи на сила на 21 март и треба да ја спроведе општината Радовиш. Компанијата имала план да изгради фотоволтаичнa централа со енергетски капацитет од 1,8 мегавати. Целата сторија на РСЕ

The post Со потпис на Груби: Фирмата на сопругата е на премиерот на чекор до изградба на фотоволтаична централа appeared first on Република.

]]>
Фотопанели на општинската зграда во Илинден за промоција на енергетската ефикасност во општината https://republika.mk/vesti/skopje/fotopaneli-na-opshtinskata-zgrada-vo-ilinden-za-promotsija-na-energetskata-efikasnost-vo-opshtinata/ Tue, 28 Feb 2023 12:23:36 +0000 https://republika.mk/?p=614251

На предлог на Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски Советот на Општина Илинден на 18 седница ја усвои програмата за енергетска ефикасност. Главната цел на оваа програма е намалување на трошоците за енергија во општината, пред се во општинските објекти, осигурување на стандардно комфорни услови за престој и работа во сите простории, намалување на емисиите на штетни материи во воздухот и околината и поголема примена на обновливи извори на енергија.
Со реализација на Програмата ќе се овозможи обновени енергетски системи и објекти, подобрени санитарни услови, зголемена продуктивност и свест за енергетска заштеда и подигнување на јавната свест за рационално користење на енергијата.
Според градоначалникот Александар Георгиевски со изработка на Програмата за енергетска ефикасност, Општината има за цел рационално и ефикасно да ги користи сите видови на енергија и на тој начин да оствари заштеда во буџетот, при што ќе се придонесе за подобрување на услугите и квалитетот на живеење на жителите во општина Илинден.
На овој начин општината се грижи за подобрување и унапредување на животната средина и условите за живот на нејзините граѓани и развој на локалната економија.

The post Фотопанели на општинската зграда во Илинден за промоција на енергетската ефикасност во општината appeared first on Република.

]]>

На предлог на Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски Советот на Општина Илинден на 18 седница ја усвои програмата за енергетска ефикасност. Главната цел на оваа програма е намалување на трошоците за енергија во општината, пред се во општинските објекти, осигурување на стандардно комфорни услови за престој и работа во сите простории, намалување на емисиите на штетни материи во воздухот и околината и поголема примена на обновливи извори на енергија. Со реализација на Програмата ќе се овозможи обновени енергетски системи и објекти, подобрени санитарни услови, зголемена продуктивност и свест за енергетска заштеда и подигнување на јавната свест за рационално користење на енергијата. Според градоначалникот Александар Георгиевски со изработка на Програмата за енергетска ефикасност, Општината има за цел рационално и ефикасно да ги користи сите видови на енергија и на тој начин да оствари заштеда во буџетот, при што ќе се придонесе за подобрување на услугите и квалитетот на живеење на жителите во општина Илинден. На овој начин општината се грижи за подобрување и унапредување на животната средина и условите за живот на нејзините граѓани и развој на локалната економија.

The post Фотопанели на општинската зграда во Илинден за промоција на енергетската ефикасност во општината appeared first on Република.

]]>
Струјата добиена од сонце ќе ја врати евтината тарифа преку ден?! https://republika.mk/vesti/ekonomija/strujata-dobiena-od-sontse-ke-ja-vrati-evtinata-tarifa-preku-den/ Wed, 22 Feb 2023 19:52:02 +0000 https://republika.mk/?p=612077

Со инвестицискиот бум во изградбата на соларни централи за производство на струја, кои произведуваат само додека има сонце, може да дојде до ситуација во исто време да се произведе многу повеќе струја од потребното, па нејзината цена во одредени периоди да биде речиси нула, објави Радио слободна Европа.

Тоа е една од причините што се отвори дебатата за враќањето на денската евтина струја за граѓаните, која беше укината на почетокот на 2022 година, поради енергетската криза.

Пред десетина дена, министерот за економија Крешник Бектеши, а потоа и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски најавија дека се прават анализи дали е возможно од економска гледна точка да се врати евтината струја во текот на денот.

Според Бислимоски предвид се земаат три работи:

– колкаво ќе биде производството на државниот производител ЕСМ,

– бројот на изградени фотоволтаици и

– цената на струјата кога фотоволтаиците произведуваат.

Одлуката треба да биде донесена до 1 јули.

Во периодот кога произведуваат фотоволтаиците, цената на електрична енергија на берзите паѓа. Како ќе се градат сè повеќе и повеќе фотоволтаици, а ќе се градат, ние ќе имаме периоди кога е можно, во летен период, да имаме и цени коишто ќе бидат блиску до нула, а можно е да имаме и цени коишто ќе бидат негативни“, изјави Бислимоски во интервју за ТВ 24.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/bislimoski-od-1-juli-mozhe-da-se-vrati-dnevnata-evtina-struja/

На дистрибутивна мрежа веќе се приклучени околу 180 мегавати фотонапонски централи по сите основи, а издадени се согласности за околу 300 мегавати и овој број се зголемува, велат во компанијата ЕВН, дистрибутер и снабдувач со струја за граѓаните и малите фирми.

Најголем дел од овие централи се изградени од фирми за сопствени потреби, а дел имаат ставено и граѓаните за лична употреба. Со тоа што произведуваат за себе, ја намалуваат побарувачката, а вишоците ги продаваат, па струјата за другите може да поевтини.

The post Струјата добиена од сонце ќе ја врати евтината тарифа преку ден?! appeared first on Република.

]]>

Со инвестицискиот бум во изградбата на соларни централи за производство на струја, кои произведуваат само додека има сонце, може да дојде до ситуација во исто време да се произведе многу повеќе струја од потребното, па нејзината цена во одредени периоди да биде речиси нула, објави Радио слободна Европа. Тоа е една од причините што се отвори дебатата за враќањето на денската евтина струја за граѓаните, која беше укината на почетокот на 2022 година, поради енергетската криза. Пред десетина дена, министерот за економија Крешник Бектеши, а потоа и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски најавија дека се прават анализи дали е возможно од економска гледна точка да се врати евтината струја во текот на денот. Според Бислимоски предвид се земаат три работи: – колкаво ќе биде производството на државниот производител ЕСМ, – бројот на изградени фотоволтаици и – цената на струјата кога фотоволтаиците произведуваат. Одлуката треба да биде донесена до 1 јули.
Во периодот кога произведуваат фотоволтаиците, цената на електрична енергија на берзите паѓа. Како ќе се градат сè повеќе и повеќе фотоволтаици, а ќе се градат, ние ќе имаме периоди кога е можно, во летен период, да имаме и цени коишто ќе бидат блиску до нула, а можно е да имаме и цени коишто ќе бидат негативни“, изјави Бислимоски во интервју за ТВ 24.
https://republika.mk/vesti/ekonomija/bislimoski-od-1-juli-mozhe-da-se-vrati-dnevnata-evtina-struja/ На дистрибутивна мрежа веќе се приклучени околу 180 мегавати фотонапонски централи по сите основи, а издадени се согласности за околу 300 мегавати и овој број се зголемува, велат во компанијата ЕВН, дистрибутер и снабдувач со струја за граѓаните и малите фирми. Најголем дел од овие централи се изградени од фирми за сопствени потреби, а дел имаат ставено и граѓаните за лична употреба. Со тоа што произведуваат за себе, ја намалуваат побарувачката, а вишоците ги продаваат, па струјата за другите може да поевтини.

The post Струјата добиена од сонце ќе ја врати евтината тарифа преку ден?! appeared first on Република.

]]>
Се уриваат рекорди со инсталирани соларни панели, се пофали министерот https://republika.mk/vesti/ekonomija/se-urivaat-rekordi-so-instalirani-solarni-paneli-se-pofali-ministerot/ Sat, 11 Feb 2023 09:45:29 +0000 https://republika.mk/?p=607608

Во завршна фаза со добиени градежни дозволи се фотонапонски централи со инсталирана моќност од над 400 мегавати, информираше министерот за економија Крешник Бектеши на денешниот брифинг со медиумите.

Според министерот ова е рекорден број на фотонспонски централи кои што се градат во државата досега.

Министерот потенцираше дека интересот за изградба на на фотонапонски централи е посебно зголемен, посебно откако беа олеснети условите и постапките за добивање на дозвола.

The post Се уриваат рекорди со инсталирани соларни панели, се пофали министерот appeared first on Република.

]]>

Во завршна фаза со добиени градежни дозволи се фотонапонски централи со инсталирана моќност од над 400 мегавати, информираше министерот за економија Крешник Бектеши на денешниот брифинг со медиумите. Според министерот ова е рекорден број на фотонспонски централи кои што се градат во државата досега. Министерот потенцираше дека интересот за изградба на на фотонапонски централи е посебно зголемен, посебно откако беа олеснети условите и постапките за добивање на дозвола.

The post Се уриваат рекорди со инсталирани соларни панели, се пофали министерот appeared first on Република.

]]>
Бислимовски: Инвестирањето во фотоволтаици ќе ни ја зголеми енергетската независност https://republika.mk/vesti/ekonomija/bislimovski-investiraneto-vo-fotovoltaitsi-ke-ni-ja-zgolemi-energetskata-nezavisnost/ Tue, 31 Jan 2023 12:20:53 +0000 https://republika.mk/?p=602965

Директорот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски изјави дека инвестирањето во фотоволтаици во државата ќе ни ја зголеми енергетската независност.

Фирмите и приватните инвеститори не штедат во инвестиции за фотоволатиаци. Рекордни 260 лиценци за градба на фотоволатиаци издал регулаторот, 150 се разгледуваат, а во јануари се кренале 30 фотоволтаични централи.

Над 150 мегават часови се произведуваат зелена енергија во моментот, но претседателот на регуалторната комисија за енергетика предупредува. Потребни се паралелни инвестиции, затоа што постоечката мрежа нема да го издржи домашното производство.

The post Бислимовски: Инвестирањето во фотоволтаици ќе ни ја зголеми енергетската независност appeared first on Република.

]]>

Директорот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски изјави дека инвестирањето во фотоволтаици во државата ќе ни ја зголеми енергетската независност. Фирмите и приватните инвеститори не штедат во инвестиции за фотоволатиаци. Рекордни 260 лиценци за градба на фотоволатиаци издал регулаторот, 150 се разгледуваат, а во јануари се кренале 30 фотоволтаични централи. Над 150 мегават часови се произведуваат зелена енергија во моментот, но претседателот на регуалторната комисија за енергетика предупредува. Потребни се паралелни инвестиции, затоа што постоечката мрежа нема да го издржи домашното производство.

The post Бислимовски: Инвестирањето во фотоволтаици ќе ни ја зголеми енергетската независност appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Ќе бидат изградени фотоволтаични централи на пет јавни објекти во Радовиш во вредност од 37 милиони денари https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ke-bidat-izgradeni-fotovoltaichni-tsentrali-na-pet-javni-objekti-vo-radovish-vo-vrednost-od-37-milioni-denari/ Sun, 15 Jan 2023 09:42:44 +0000 https://republika.mk/?p=597024

Радовиш повеќе не е зафрлено место на југоистокот на Македонија. Работиме тимски и најважните одлуки ги заеднички и транспарентно. Радовиш ги живее промените и проектите на дела. Согласно барањата на граѓаните суштински започнавме да ги решаваме најгорливите проблеми, проблемот со сообраќајот, проблемот со недостатокот на модерни и уредени површини за рекреација, спорт и дружење“, изјави во своето обраќање градоначалникот на Општина Радовиш, Ацо Ристов во кампањата „Промените на дело“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

Ристов додаде дека со нов режим на сообраќај и нова хоризонтална и вертикална сигнализација, се воведе и зонско паркирање кое сериозно го подобри сообраќајот во Радовиш.

Почнавме и постапка за изработка на проектно техничка документација за изградба на новиот рекреативен парк, Канлиева воденица со пристапна инфраструктура. За првпат во Македонија воведуваме централно греење со најсовремена технологија за пет згради во општина Радовиш. И ова е само мал дел од многуте проекти и тука нема да застанеме“, нагласи градоначалникот на општина Радовиш.

Ристов најави дека со новото модерно и софтверско решение се воведува нов електронски систем за следење и наплата на даночните побарувања. Се подобри и наплатата на данокот за цели 50% во минатата година.

Годинава ќе изградиме 5 фотоволтаични централи на пет јавни објекти, со вредност на проектот од 37 милиони денари. Ќе изградиме диспензиран систем за греење од обновливи извори на енергија вреден преку 56 милиони денари. Новиот обиколен пат вреден 10 милиони денари конечно ќе ја реши обиколницата околу Радовиш. Осум милиони денари изреализиравме за новите речни корита на река Оравиочка и Радовишка река“, рече Ристов.

Тој додаде дека се постави целта, а тоа е развиен, модерен, добро уреден, убав и посакуван Радовиш.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, нагласи дека изминатата година во општина Радовиш се реализирале сериозни проекти за да се подобри квалитетот на животот на граѓаните.

Заедно со Ацо за Радовиш ветивме сериозни проекти кои ќе го подобрат квалитетот на животот во општината и немаме намера да застанеме. Радовиш годинава ќе почне изградба на градски пазар со катна гаража, капитален проект вреден 124 милиони денари. Мора да размислуваме 20-30 години во иднината, стратешките прашања за развој на општината се решаваат со визија, а не со дневна политика. Одлучни сме за целта која е поставена пред нас. Радовиш да ги живее проектите на дела“, нагласи Мицкоски.

The post Мицкоски: Ќе бидат изградени фотоволтаични централи на пет јавни објекти во Радовиш во вредност од 37 милиони денари appeared first on Република.

]]>

Радовиш повеќе не е зафрлено место на југоистокот на Македонија. Работиме тимски и најважните одлуки ги заеднички и транспарентно. Радовиш ги живее промените и проектите на дела. Согласно барањата на граѓаните суштински започнавме да ги решаваме најгорливите проблеми, проблемот со сообраќајот, проблемот со недостатокот на модерни и уредени површини за рекреација, спорт и дружење“, изјави во своето обраќање градоначалникот на Општина Радовиш, Ацо Ристов во кампањата „Промените на дело“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ.
Ристов додаде дека со нов режим на сообраќај и нова хоризонтална и вертикална сигнализација, се воведе и зонско паркирање кое сериозно го подобри сообраќајот во Радовиш.
Почнавме и постапка за изработка на проектно техничка документација за изградба на новиот рекреативен парк, Канлиева воденица со пристапна инфраструктура. За првпат во Македонија воведуваме централно греење со најсовремена технологија за пет згради во општина Радовиш. И ова е само мал дел од многуте проекти и тука нема да застанеме“, нагласи градоначалникот на општина Радовиш.
Ристов најави дека со новото модерно и софтверско решение се воведува нов електронски систем за следење и наплата на даночните побарувања. Се подобри и наплатата на данокот за цели 50% во минатата година.
Годинава ќе изградиме 5 фотоволтаични централи на пет јавни објекти, со вредност на проектот од 37 милиони денари. Ќе изградиме диспензиран систем за греење од обновливи извори на енергија вреден преку 56 милиони денари. Новиот обиколен пат вреден 10 милиони денари конечно ќе ја реши обиколницата околу Радовиш. Осум милиони денари изреализиравме за новите речни корита на река Оравиочка и Радовишка река“, рече Ристов.
Тој додаде дека се постави целта, а тоа е развиен, модерен, добро уреден, убав и посакуван Радовиш. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, нагласи дека изминатата година во општина Радовиш се реализирале сериозни проекти за да се подобри квалитетот на животот на граѓаните.
Заедно со Ацо за Радовиш ветивме сериозни проекти кои ќе го подобрат квалитетот на животот во општината и немаме намера да застанеме. Радовиш годинава ќе почне изградба на градски пазар со катна гаража, капитален проект вреден 124 милиони денари. Мора да размислуваме 20-30 години во иднината, стратешките прашања за развој на општината се решаваат со визија, а не со дневна политика. Одлучни сме за целта која е поставена пред нас. Радовиш да ги живее проектите на дела“, нагласи Мицкоски.

The post Мицкоски: Ќе бидат изградени фотоволтаични централи на пет јавни објекти во Радовиш во вредност од 37 милиони денари appeared first on Република.

]]>
Штипјани не се заинтересирани за поставување фотоволтаици за легализација на објекти, рокот е до 26 јануари, а нема ниту едно барање https://republika.mk/vesti/makedonija/shtipjani-ne-se-zainteresirani-za-postavuvane-fotovoltaitsi-za-legalizatsija-na-objekti-rokot-e-do-26-januari-a-nema-nitu-edno-barane/ Sat, 14 Jan 2023 19:34:19 +0000 https://republika.mk/?p=596910

До Општина Штип не пристигнало ниту едно барање за поставување фотоволтаици на индустриски градби со цел да добијат легален статус на објектот.

Раководителот на Сектор за урбанизам при Општина Штип, Лазар Хаџи Николов, вели дека интерес има, но официјално барање до нив не е пристигнато, а рокот истекува на 26 јануари годинава.

Можат да се поднесат барања за издавање одобрение за градење во случаите кога истите се изградени согласно со параметрите со постоечките урбанистичко-плански документации. Услов за ова беше истите да имаат извршено и извештај за извршен технички преглед и да се изградени на земјиште со решени имотно-правни односи. Законската регулатива како рок за поднесување ваков тип барање предвиде три месеци од стапување на сила на овој Закон, што значи дека веќе на 26 јануари 2023 година рокот за поднесување на вакви барања истекува. Досега во Општина Штип неколку заинтересирани субјекти пројавија интерес и истите вршеа консултации околу текот на постапката, но до денес нема ни едно барање за издавање одобрение за ваков тип објекти, вели Хаџи Николов.

Еден од условите за добивање легален статус на дивоизградениот стопански објект е фотонапонските панели да се постават во рок од една година, во спротивно одобрението се поништува.

Од друга страна, пак, интересот за поставување фотонапонски панели на објекти и на земјиште расте. Пред Општината има неколку постапки кои се во тек за добивање акт за фотонапонски панели.

The post Штипјани не се заинтересирани за поставување фотоволтаици за легализација на објекти, рокот е до 26 јануари, а нема ниту едно барање appeared first on Република.

]]>

До Општина Штип не пристигнало ниту едно барање за поставување фотоволтаици на индустриски градби со цел да добијат легален статус на објектот. Раководителот на Сектор за урбанизам при Општина Штип, Лазар Хаџи Николов, вели дека интерес има, но официјално барање до нив не е пристигнато, а рокот истекува на 26 јануари годинава.
Можат да се поднесат барања за издавање одобрение за градење во случаите кога истите се изградени согласно со параметрите со постоечките урбанистичко-плански документации. Услов за ова беше истите да имаат извршено и извештај за извршен технички преглед и да се изградени на земјиште со решени имотно-правни односи. Законската регулатива како рок за поднесување ваков тип барање предвиде три месеци од стапување на сила на овој Закон, што значи дека веќе на 26 јануари 2023 година рокот за поднесување на вакви барања истекува. Досега во Општина Штип неколку заинтересирани субјекти пројавија интерес и истите вршеа консултации околу текот на постапката, но до денес нема ни едно барање за издавање одобрение за ваков тип објекти, вели Хаџи Николов.
Еден од условите за добивање легален статус на дивоизградениот стопански објект е фотонапонските панели да се постават во рок од една година, во спротивно одобрението се поништува. Од друга страна, пак, интересот за поставување фотонапонски панели на објекти и на земјиште расте. Пред Општината има неколку постапки кои се во тек за добивање акт за фотонапонски панели.

The post Штипјани не се заинтересирани за поставување фотоволтаици за легализација на објекти, рокот е до 26 јануари, а нема ниту едно барање appeared first on Република.

]]>
И синот на Али Ахмети ќе произведува струја https://republika.mk/vesti/makedonija/i-sinot-na-ali-ahmeti-ke-proizveduva-struja/ Fri, 30 Dec 2022 08:44:21 +0000 https://republika.mk/?p=591729

Иако за семејниот живот на Али Ахмети речиси не се знае ништо, едно име секако се врзува за него. Тоа е Шкумбин Ахмети, кој од неодамна е впишан како управител на новорегистрирана фирма за производство на електрична енергија во Зајас „Тхеас Енергу ДООЕЛ“, објави Фактор.

Сопственик на претпријатието кое извршило упис во изминатите денови е друштвото за консалтинг, посредување, проектирање, инжинеринг и услуги „Архитектас Пројоект Студио“ од Зајас.

Шкумбин е син на Али, за кого јавноста не знае ништо освен дека дипломирал архитектура на тетовскиот универзитет и не се занимава со политика.

Инаку изминатите денови операторот за пренос на електрична енергија МЕПСО објави дека во изминатиот период добил барања од инвеститори за изградба на фотоцентрали и ветерници со капацитет од неверојатни 8.000 мегавати.

The post И синот на Али Ахмети ќе произведува струја appeared first on Република.

]]>

Иако за семејниот живот на Али Ахмети речиси не се знае ништо, едно име секако се врзува за него. Тоа е Шкумбин Ахмети, кој од неодамна е впишан како управител на новорегистрирана фирма за производство на електрична енергија во Зајас „Тхеас Енергу ДООЕЛ“, објави Фактор. Сопственик на претпријатието кое извршило упис во изминатите денови е друштвото за консалтинг, посредување, проектирање, инжинеринг и услуги „Архитектас Пројоект Студио“ од Зајас. Шкумбин е син на Али, за кого јавноста не знае ништо освен дека дипломирал архитектура на тетовскиот универзитет и не се занимава со политика. Инаку изминатите денови операторот за пренос на електрична енергија МЕПСО објави дека во изминатиот период добил барања од инвеститори за изградба на фотоцентрали и ветерници со капацитет од неверојатни 8.000 мегавати.

The post И синот на Али Ахмети ќе произведува струја appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Инвестираме во зелена енергија, за 10 месеци инсталиравме 141 мегават енергија од обновливи извори https://republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-investirame-vo-zelena-energija-za-10-mesetsi-instaliravme-141-megavat-energija-od-obnovlivi-izvori/ Wed, 28 Dec 2022 22:37:19 +0000 https://republika.mk/?p=591233

Во мандатот на оваа влада од 10 месеци во државата имаме инсталирано 141 мегават обновливи извори на енергија, веќе ставени во употреба, истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за Нациоаналиот сервис, МТВ.

Ковачевски додаде дека и понатаму се инвестира во зелена енергија и до крајот на мандатот инсталираната моќ ќе биде 300 мегавати, што значи практично колку половина од капацитетот на РЕК Битола, ќе биде од нови обновливи извори на енергија.

-Дополнително преку програмите на министерството за економија се определени финансиски средства за граѓаните за дополнителна субвенција за инсталирање на топлински колектори за вода, фото-напонски централи за домаќинствата. Сменета е комплетно регулативата во делот на инсталирање на фото-напонски централи за домаќинствата ако порано не можеше да се приклучат на универзален снабдувач, сега можат. Ако процедурите со сите дозволи траеја 30, 60 и повеќе денови сега со поедноставувањето на постапката таа е еден ден, нагласи Ковачевски.

Претседателот Ковачевски истакна дека за индустриските капацитети е зголемен лимитот до којшто можат да инсталираат фотоволтаици на крововите на капацитетите.

-Се тоа се мерки, одлуки, закони и инвестиции кои што на долг и среден рок ќе ја унапредат животната средина во нашата држава. Јас верувам дека тоа и ќе се случи. Сите мора да работат кога се работи за таква стратешка цел. И Владата меѓутоа и општините мора да го стават тоа прашање како приоритет, а не внатрепартиска борба и собирање на политички поени, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, во интервју за МТВ.

The post Ковачевски: Инвестираме во зелена енергија, за 10 месеци инсталиравме 141 мегават енергија од обновливи извори appeared first on Република.

]]>

Во мандатот на оваа влада од 10 месеци во државата имаме инсталирано 141 мегават обновливи извори на енергија, веќе ставени во употреба, истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за Нациоаналиот сервис, МТВ. Ковачевски додаде дека и понатаму се инвестира во зелена енергија и до крајот на мандатот инсталираната моќ ќе биде 300 мегавати, што значи практично колку половина од капацитетот на РЕК Битола, ќе биде од нови обновливи извори на енергија.