И на покривот на гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес се инсталирани фотоволтаични панели со цел од сопствено производство да ги задоволува своите потреби или да ја намали сметката за електрична енергија откако училиштата излегоа од регулираниот пазар.

Арно ама, наместо само на јужната страна, каде во најголем дел од денот би греело сонце, панели се поставени и на северната страна на покривот.

Фотоволтаициве насочени кон север? Со средства од Владата и МОН општините местат фотонапонски панели за сопствено производство на струја во училиштата. Кој паметен постави скоро половина од панелите насочени кон север? Дали основниот проект е згрешен или изведувачот толку си ја знае работата, прашува пратеникот Ненад Коциќ.

Подоцна во коментар објасни дека, според неговите информации, основниот проект бил изработен од консултант на училиштето и проектот воопшто не бил таков.

Изгледа некој не знае што е север, што е југ, пишува Коциќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.