фотограф Archives - Република https://republika.mk/tema/fotograf/ За подобро да се разбереме Mon, 15 Apr 2024 10:13:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фотограф Archives - Република https://republika.mk/tema/fotograf/ 32 32 Амзаи со своето „дукати“ излетал од автопатот пред тунелот Бадар https://republika.mk/vesti/crna-hronika/amzai-so-svoeto-dukati-izletal-od-avtopatot-pred-tunelot-badar/ Mon, 15 Apr 2024 10:13:07 +0000 https://republika.mk/?p=766253

Од полиција со детали за сообраќајната несреќа во која вчера животот го загуби 43-годишниот Едмонд Амзаи, познат фотограф од Гостивар и сопственик на фото-студиото „Акон“.

Во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје– Велес, во близина на тунел Бадар, мотоцикл „дукати“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Е.А.(42) од Гостивар, излетал надвор од коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, велат од МВР.

По смртта од гостиварецот на социјалните мрежи се простуваа неговите пријатели, а албанските партии ги откажаа активностите.

https://republika.mk/vesti/makedonija/zagina-poznat-fotograf-od-gostivar-albanskite-partii-gi-otkazhaa-mitinzite/

The post Амзаи со своето „дукати“ излетал од автопатот пред тунелот Бадар appeared first on Република.

]]>

Од полиција со детали за сообраќајната несреќа во која вчера животот го загуби 43-годишниот Едмонд Амзаи, познат фотограф од Гостивар и сопственик на фото-студиото „Акон“.
Во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје– Велес, во близина на тунел Бадар, мотоцикл „дукати“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Е.А.(42) од Гостивар, излетал надвор од коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, велат од МВР.
По смртта од гостиварецот на социјалните мрежи се простуваа неговите пријатели, а албанските партии ги откажаа активностите. https://republika.mk/vesti/makedonija/zagina-poznat-fotograf-od-gostivar-albanskite-partii-gi-otkazhaa-mitinzite/

The post Амзаи со своето „дукати“ излетал од автопатот пред тунелот Бадар appeared first on Република.

]]>
Загина познат фотограф од Гостивар, албанските партии ги откажаа митинзите https://republika.mk/vesti/makedonija/zagina-poznat-fotograf-od-gostivar-albanskite-partii-gi-otkazhaa-mitinzite/ Sun, 14 Apr 2024 16:28:15 +0000 https://republika.mk/?p=765984

Четириесет и тригодишниот Едмонд Амзаи, познат фотограф од Гостивар и сопственик на фото-студиото „Акон“, денеска загинал во тешка сообраќајна несреќа во Велес, пренесоа медиумите на албански јазик.

Зад себе остави сопруга и син.

Албанските партии најавија дека ги прекинат активностите на претседателската кампања.

Почитувани медиуми, ве известуваме дека митингот на коалицијата „Вреди“ закажан за вечерва во Гостивар во 20:30 часот ќе биде одложен бидејќи во текот на денот во сообраќајна несреќа животот го загуби младиот гостиварец Е.А., а како знак на почит ги откажуваме сите активности за денес. До семејството, пријателите и сите жители на Гостивар, изразуваме искрено сочувство!, велат од „Вреди“.

 

Потресени од веста за несреќата во која животот го загуби младиот гостиварец, со длабока тага изразуваме искрено сочувство до семејството. Воедно, ве известуваме дека општинските штабови на ДУИ во Гостивар и на Европскиот фронт ги прекинуваат предизборните активности за денеска и утре, соопштија од огранокот на ДУИ во Гостивар.

 

Потресна и неверојатна вест за прераната смрт на младиот гостиварец Едмонд Амзаи. Во овие тешки моменти сме со семејството, сопругата и пријателите и изразуваме најискрено сочувство за оваа незаменлива загуба. Ве известуваме и дека седиштето на Алијансата за Албанците - Гостивар ги откажува сите предизборни активности до понатамошно известување. Тагата и болката се големи за оваа трагична загуба. Почивај во мир драг Едмонд, соопштуваат од АА и Зиадин Села.

 

 

The post Загина познат фотограф од Гостивар, албанските партии ги откажаа митинзите appeared first on Република.

]]>

Четириесет и тригодишниот Едмонд Амзаи, познат фотограф од Гостивар и сопственик на фото-студиото „Акон“, денеска загинал во тешка сообраќајна несреќа во Велес, пренесоа медиумите на албански јазик. Зад себе остави сопруга и син. Албанските партии најавија дека ги прекинат активностите на претседателската кампања.
Почитувани медиуми, ве известуваме дека митингот на коалицијата „Вреди“ закажан за вечерва во Гостивар во 20:30 часот ќе биде одложен бидејќи во текот на денот во сообраќајна несреќа животот го загуби младиот гостиварец Е.А., а како знак на почит ги откажуваме сите активности за денес. До семејството, пријателите и сите жители на Гостивар, изразуваме искрено сочувство!, велат од „Вреди“.   Потресени од веста за несреќата во која животот го загуби младиот гостиварец, со длабока тага изразуваме искрено сочувство до семејството. Воедно, ве известуваме дека општинските штабови на ДУИ во Гостивар и на Европскиот фронт ги прекинуваат предизборните активности за денеска и утре, соопштија од огранокот на ДУИ во Гостивар.   Потресна и неверојатна вест за прераната смрт на младиот гостиварец Едмонд Амзаи. Во овие тешки моменти сме со семејството, сопругата и пријателите и изразуваме најискрено сочувство за оваа незаменлива загуба. Ве известуваме и дека седиштето на Алијансата за Албанците - Гостивар ги откажува сите предизборни активности до понатамошно известување. Тагата и болката се големи за оваа трагична загуба. Почивај во мир драг Едмонд, соопштуваат од АА и Зиадин Села.
   

The post Загина познат фотограф од Гостивар, албанските партии ги откажаа митинзите appeared first on Република.

]]>
Почина писателот и фотограф Владимир Плавевски https://republika.mk/vesti/kultura/pochina-pisatelot-i-fotograf-vladimir-plavevski/ Wed, 05 Jul 2023 12:15:40 +0000 https://republika.mk/?p=658384

Познатиот македонски писател, пасиониран фотограф и доктор Владимир Плавевски почина на 74-годишна возраст. Зад себе остави големо книжевно творештво, фотографии, сценарија за театарски драми, радиодрами и неколку филмови.

Плавевски е роден на 11 декември 1948 година во Скопје. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 1974 година. Својот работен век го помина како оториноларинголог. Од 2000 година е член и на Друштвото на писателите на Македонија.

Автор е на сценарија според кои за Македонската радио-телевизија досега се снимени повеќе од 40 епизоди од играните серии: „Еурека“, „Прекалени“, „Светски бајки“, „Македонски бајки“ и „Златни басни“. Сценарист е и на ТВ-филмовите: „Состојба пред инфаркт“ (1987), „Бог да ги убие шпионите“ (1993) и „Вампирџија“ (2002), „Бои во времето“ (2005, специјална награда „Златен проектор“ на Астер-фест 2006); „Нави“ (2007), а режисер и сценарист на ТВ-филмот „Мултиплеј“ (2008).

За Македонското радио има подготвено девет радиодрами. Неговите драмски текстови „Пипа ритам“ (1986), „Балерината“ (1994), „Кралот Хамлет“ (1995) и „Каста Дива“ (1997), детскиот драмски текст „Трагачи по виножитото“ (1988) и „Министерот и јас“ (2002) се поставени на сцената на Турскиот театар во Скопје; „Раскол“ во Народниот театар во Куманово (1998); а „Операција Лир“ во Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица (2002).

Во 2013 година ја добива наградата Роман на годината на „Утрински весник“ за романот „Јадица“.

Во 2020 година ја добива наградата „Стале Попов“ за „Боксерот од Ново маало“ (издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“).

Со аматерска фотографија почнал да се занимава од својата рана младешка возраст, а со интензивно излагање фотографии на многубројни групни изложби e активен во периодот од 1973 до 1990 година. Во седумдесеттите години бил член, а потоа и претседател на Фото-клубот „Вардар“ од Скопје (1978-1990) како и претседател на Фото-сојузот на Македонија (1982-1986). Член бил на ДЛУПУМ од 1983 година и бил предавач по предметот „Фотографија“ на Факултетот за драмска уметност во 1993/94 година. Учествувал на голем број групни изложби во земјата и во странство и е добитник на поголем број награди и признанија.

Во врска со фотографијата, ги објавил книгите: „Папарацо – феномен на денешнината“ (1997) и „Фотографија“ (1998).

The post Почина писателот и фотограф Владимир Плавевски appeared first on Република.

]]>

Познатиот македонски писател, пасиониран фотограф и доктор Владимир Плавевски почина на 74-годишна возраст. Зад себе остави големо книжевно творештво, фотографии, сценарија за театарски драми, радиодрами и неколку филмови. Плавевски е роден на 11 декември 1948 година во Скопје. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 1974 година. Својот работен век го помина како оториноларинголог. Од 2000 година е член и на Друштвото на писателите на Македонија. Автор е на сценарија според кои за Македонската радио-телевизија досега се снимени повеќе од 40 епизоди од играните серии: „Еурека“, „Прекалени“, „Светски бајки“, „Македонски бајки“ и „Златни басни“. Сценарист е и на ТВ-филмовите: „Состојба пред инфаркт“ (1987), „Бог да ги убие шпионите“ (1993) и „Вампирџија“ (2002), „Бои во времето“ (2005, специјална награда „Златен проектор“ на Астер-фест 2006); „Нави“ (2007), а режисер и сценарист на ТВ-филмот „Мултиплеј“ (2008). За Македонското радио има подготвено девет радиодрами. Неговите драмски текстови „Пипа ритам“ (1986), „Балерината“ (1994), „Кралот Хамлет“ (1995) и „Каста Дива“ (1997), детскиот драмски текст „Трагачи по виножитото“ (1988) и „Министерот и јас“ (2002) се поставени на сцената на Турскиот театар во Скопје; „Раскол“ во Народниот театар во Куманово (1998); а „Операција Лир“ во Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица (2002). Во 2013 година ја добива наградата Роман на годината на „Утрински весник“ за романот „Јадица“. Во 2020 година ја добива наградата „Стале Попов“ за „Боксерот од Ново маало“ (издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“). Со аматерска фотографија почнал да се занимава од својата рана младешка возраст, а со интензивно излагање фотографии на многубројни групни изложби e активен во периодот од 1973 до 1990 година. Во седумдесеттите години бил член, а потоа и претседател на Фото-клубот „Вардар“ од Скопје (1978-1990) како и претседател на Фото-сојузот на Македонија (1982-1986). Член бил на ДЛУПУМ од 1983 година и бил предавач по предметот „Фотографија“ на Факултетот за драмска уметност во 1993/94 година. Учествувал на голем број групни изложби во земјата и во странство и е добитник на поголем број награди и признанија. Во врска со фотографијата, ги објавил книгите: „Папарацо – феномен на денешнината“ (1997) и „Фотографија“ (1998).

The post Почина писателот и фотограф Владимир Плавевски appeared first on Република.

]]>
Отворањето на архивите стари по 20-30 години ја отвори и Пандорината кутија https://republika.mk/vesti/kultura/otvoranjeto-na-arhivite-stari-po-20-30-godini-ja-otvori-i-pandorinata-kutija/ Fri, 08 Apr 2022 07:37:51 +0000 https://republika.mk/?p=485076

На големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) вечерва, во 19 часот ќе се одржи промоцијата на монографијата „АКТ – Театарот низ фотографии” од Кире Галевски.

На 300 страници се објавени 405 фотографии од 40 претстави. Опфатен е периодот од 1993 година, со фотографии од претставата „Народен пратеник“ во режија на Димитрие Османли, па сѐ до „Работи за кои не зборуваме“ на Нела Витошевиќ од 2021 година.

Самото отворање на архивите стари по 20-30 години ја отвори и Пандорината кутија. Многу необјавени материјали за животот во и околу театарот, вели Галевски во разговор за „Република“.

Галевски работи театарска фотографија три децении. Како што вели, со текот на времето и општествените прилики, интересот го насочил повеќе кон портретната и рекламна фотографија, но театарот и театарската фотографија се во неговиот фокус.

Проектот на Галевски, е во соработка со издавачот на монографијата, Македонскиот народен театар, а автори на есеите се Искра Гешоска, Дејан Дуковски, Sвездан Георгиевски, Нина Николиќ, Ѓорѓи Јолевски, Срѓан Јаниќијевиќ и Ивана Јарчевска. Ликовното и графичкото уредување на монографијата е на Зоран Кардула, а уредник е Билјана Црвенковска.

[caption id="attachment_485123" align="alignnone" width="500"] Галевски: При селекцијата се водев строго од естетско-визуелните квалитети на материјалот Фотографија: Игор Тодоровски[/caption]

Пред повеќе од една година, кога поради пандемијата на ковид-19, театарот кај нас замре, го создадовте веб-проектот „Театарот и градот“ кој содржеше објавени и необјавени фотогафии од татарската сцена кај нас. Дали тој проект ја разработи идејата за создавање на монографијата „АКТ - Театарот низ фотографии”?

ГАЛЕВСКИ: Пред околу три години почнав да ја формирам идејата за една ваква публикација. Уште веднаш, Македонскиот народен театар застана зад оваа идеја и оттогаш го „туркаме“ проектов. Како придружен настан беше планирана и изложба на фотографии насловена како „Театарот и градот“ за која добивме поддршка од Градот Скопје.
Но, кога почна пандемијата, ни стана јасно дека долго време нема да бидат можни јавни настани од ваков тип и речиси се откажав од идејата за изложба. Во меѓувреме, Градот Скопје ја отвори програмата „Култура за време на корона“ која поттикна многу автори своите дела да ги стават на располагање на јавноста преку он-лајн платформи. Едноставно, почуствував обврска дел од материјалот да го подготвам за он-лајн презентација како би станал достапен до љубителите на театарот и така се роди веб-проектот „Театарот и градот“.

Колку театарски фотографии содржи Монографијата? Како го направивте изборот? Што беше пресудно кога решававте што ќе влезе. а што ќе отпадне?

ГАЛЕВСКИ: На 300 страници се објавени 405 фотографии од 40 претстави. Опфатен е периодот од 1993 година, со фотографии од претставата „Народен пратеник“ во режија на Димитрие Османли, па сѐ до „Работи за кои не зборуваме“ на Нела Витошевиќ од 2021 година.
Најтежок дел од уредувањето на публикацијата беше токму финалниот избор на фотографии. Дополнително, не се водев по оние селекции кои сме ги правеле во времето кога беа фотографирани претставите, туку сакав да го прегледам целиот материјал и да направам една свежа селекција гледана од денешна перспектива.

Со самото тоа што ова е фотомонографско дело, при селекцијата се водев строго од естетско-визуелните квалитети на материјалот. Јас лично со многу од фотографиите сум и емотивно врзан и тоа можеби во некои случаи ме прави и некомпетентен реално да ги оценам. Затоа во целиот процес ми беше потребен и уште еден пар очи кои независно и од друга перспектива ќе го гледаат материјалот и во тоа многу ми помогна уредничката на оваа публикација Билјана Црвенковска.

При распоредот на фотографиите и претставите како целини се водевме според фото-наративни принципи при што целта ни беше гледачот да може да си склопи приказна гледајќи ги фотографиите и ако не го гледал конкретното дело во театар. Сепак, поради ограничениот простор многу фотографии кои ми се драги не влегоа во финалниот избор и ќе чекаат своја шанса во некоја друга прилика.

[caption id="attachment_485104" align="alignnone" width="1000"] Ирена Ристиќ, „Аферата Елсинор“[/caption]

Освен на сцената, театарската уметност е присутна и зад неа. Дали во Монографијата има фотографии од зад сцената, додека се подготовува една претстава или пак се спрема актерот да излезе на сцената?

ГАЛЕВСКИ: Последниве неколку години се трудам да го сменам процесот на фотографирање токму во таа насока. Ако во минатото пробите, подготовките и сѐ она што се случува зад сцената го фотографирав инцидентно, сега настојувам тоа да го правам плански и во договор со режисерот и целата екипа. Крајната цел е да добиеме материјал кој ќе сведочи за процесот на создавање на едно театарско дело. Во монографијава ќе видите и дел од тие фотографии.

Се занимавате со различни видови фотографии во текот на вашата кариера, но интересот за театарската фотографија ви е постојан. Што е тоа што постојано го откривате?

ГАЛЕВСКИ: Преку новинската фотографија и мојот прв сериозен ангажман како фоторепортер во неделникот „Пулс“, ја почнав и соработката со скопските театри. Отпрвин намената на тие фотографии беше да се одбележи некоја премиера или јубилејна изведба на станиците на весникот, за подоцна да ги добијам и првите понуди од театрите за фотографирање на претставите. Едноставно, растеше свеста за важноста на татарската фотографија од една страна за маркетиншки цели, а од друга страна, во еден подолгорочен план за архивирање на живата македонска уметност.

Со текот на времето и општествените прилики, својот интерес го насочив повеќе кон портретната и рекламна фотографија, но театарот и театарската фотографија ми остана во фокусот. Едноставно тука го гледам својот креативен вентил и се чувствувам најкомотно. Работата со врвни уметници посветени на својата работа прави секој проект, секој процес да е толку различен еден од друг и открива слоеви и слоеви на содржини кои чекаат да го видат светлото на денот.

[caption id="attachment_485107" align="alignnone" width="1000"] Драгана Костадиновска и Дејан Лилиќ во „Мајсторот и Маргарита“[/caption]

Вашите театарски фотографии функционираат како независно уметничко дело. Што е потребно за таква фотографија? Лично познаство со екипата, текстот кој се работи, мотивот да се направи добра фотографија?

ГАЛЕВСКИ: Би рекол дека е спој на сево ова што го наброивте. Тука мислам дека многу ми помага и моето искуство во life и новинската фотографија. Таа нѐ учи дека за фотографот еден настан не трае колку што е неговото апсолутно времетраење туку само еден момент. Сѐ пред тоа е подготовка за тој момент на кулминација и сѐ потоа е со помал интензитет.
Тој момент е всушност фотографијата што ја барам во одредена сцена. Тоа сепак е субјективен момент, кој се разликува од фотограф до фотограф, и нѐ прави сите различни.

Личното познанство, односно претходните соработки со екипата многу го олеснува самиот чин на фотографирање и за мене а и за оние од другата страна на фото-апаратот. Да ги познаваш навиките, да знаеш што од кој актер да очекуваш во даден момент, да ти е познат сензибилитетот на режисерот кој го работи делото, да ја познаваш сцената и нејзините можности - само ме растеретува од непотребните дистракции и ми овозможува да се фокусирам на својата работа.

[caption id="attachment_485130" align="alignnone" width="700"] Игор Стојчевски и Дениз Абдула во „Ромео и Џулиета“[/caption]

Со децении сте дел од сцената, сигурно сте изградиле и лични пријателства со дел од актерите, режисерите...Како Вие ги доживавте премиерите на претставите и подоцна животот на една претстава?

ГАЛЕВСКИ: Во овие речиси 30 години на соработка со македонските театри се родија многу пријателства. Живееме, се дружиме и работиме на проекти во и вон театарот.
Премиерите, како круна на театарскиот проект се врвот на возбудата кај секој еден член во тимот. Воедно и голем фотографски предизвик, зад сцената да се регистрира тој емотивен набој. Често ми се случува откако некоја претстава ќе заживее на сцената, после поголем временски период да направам нова серија на фотографии. Понекогаш е многу интересно да се компарираат исти сцени во различни временски периоди. Во монографијава тоа може да го забележите кај „Животот на Молиер“ на Александар Поповски, сликана во 2012 и во 2019 година.

[caption id="attachment_485108" align="alignnone" width="1000"] Билјана Танески и Тони Михајловски во „Едмонд“[/caption]

Создавање архива е еден вид создавање историја за идните поколенија. Колку македонската култура се грижи за архивирање на најважните настани?

ГАЛЕВСКИ: Кога ги започнавме подготовките околу проектов, баравме некаков репер, нешто слично како насока издадено во нашава земја. Не најдовме. Слободан Унковски ми даде монографија на ЈДП издадена во 2018 и тоа ни беше единствен репер од регионов за сличен тип на монографија, но сепак многу различно од тоа што сакавме да го добиеме. Тоа мислам е доволен одговор на вашево прашање. Македонскиот народен театар направи еден исчекор во тој поглед и се надевам дека примерот ќе биде следен и од другите институции и дека ќе зачести продукцијата на вакви дела.

Монографијата е во соработка со издавачот, Македонски народен театар, а во неа како автори на есеите се потпишуваат драматурзи, актери, режисери, театролози. Сигурно имате материјал за уште најмалку две-три книги, но што следно ќе работите?

ГАЛЕВСКИ: Уште од самиот зачеток на идејата, добивме поддршка од МНТ и Симона Угриновска како директор на театарот. Составивме одличен тим. Есеите ги пишуваа Искра Гешоска, Дејан Дуковски, Срѓан Јаниќиевиќ, Ивана Јарчевска, Нина Николиќ, Sвездан Георгиевски и Ѓорѓи Јолевски. Предговорот е на Билјана Црвенковска која е и уредничка на публикацијата. Дизајнот е на Зоран Кардула, а координатор на проектот Виктор Рубен. На сите сум им благодарен за одличната соработка.

Самото отварање на архивите стари по 20-30 години ја отвори и Пандорината кутија. Многу необјавени материјали за животот во и околу театарот. Тие материјали, заедно со фотографиите од претстави сликани во останатите скопски театри - Драмскиот, Тетарот за деца и младинци, сцената на МКЦ, Турската драма, и други независни проекти ги планирам за следната изложба за која ми е повод 30 годишната работа врзана за театарската фотографија.

Разговараше: Александра М. Бундалевска

 

The post Отворањето на архивите стари по 20-30 години ја отвори и Пандорината кутија appeared first on Република.

]]>

На големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) вечерва, во 19 часот ќе се одржи промоцијата на монографијата „АКТ – Театарот низ фотографии” од Кире Галевски. На 300 страници се објавени 405 фотографии од 40 претстави. Опфатен е периодот од 1993 година, со фотографии од претставата „Народен пратеник“ во режија на Димитрие Османли, па сѐ до „Работи за кои не зборуваме“ на Нела Витошевиќ од 2021 година.
Самото отворање на архивите стари по 20-30 години ја отвори и Пандорината кутија. Многу необјавени материјали за животот во и околу театарот, вели Галевски во разговор за „Република“.
Галевски работи театарска фотографија три децении. Како што вели, со текот на времето и општествените прилики, интересот го насочил повеќе кон портретната и рекламна фотографија, но театарот и театарската фотографија се во неговиот фокус. Проектот на Галевски, е во соработка со издавачот на монографијата, Македонскиот народен театар, а автори на есеите се Искра Гешоска, Дејан Дуковски, Sвездан Георгиевски, Нина Николиќ, Ѓорѓи Јолевски, Срѓан Јаниќијевиќ и Ивана Јарчевска. Ликовното и графичкото уредување на монографијата е на Зоран Кардула, а уредник е Билјана Црвенковска. [caption id="attachment_485123" align="alignnone" width="500"] Галевски: При селекцијата се водев строго од естетско-визуелните квалитети на материјалот Фотографија: Игор Тодоровски[/caption] Пред повеќе од една година, кога поради пандемијата на ковид-19, театарот кај нас замре, го создадовте веб-проектот „Театарот и градот“ кој содржеше објавени и необјавени фотогафии од татарската сцена кај нас. Дали тој проект ја разработи идејата за создавање на монографијата „АКТ - Театарот низ фотографии”? ГАЛЕВСКИ: Пред околу три години почнав да ја формирам идејата за една ваква публикација. Уште веднаш, Македонскиот народен театар застана зад оваа идеја и оттогаш го „туркаме“ проектов. Како придружен настан беше планирана и изложба на фотографии насловена како „Театарот и градот“ за која добивме поддршка од Градот Скопје. Но, кога почна пандемијата, ни стана јасно дека долго време нема да бидат можни јавни настани од ваков тип и речиси се откажав од идејата за изложба. Во меѓувреме, Градот Скопје ја отвори програмата „Култура за време на корона“ која поттикна многу автори своите дела да ги стават на располагање на јавноста преку он-лајн платформи. Едноставно, почуствував обврска дел од материјалот да го подготвам за он-лајн презентација како би станал достапен до љубителите на театарот и така се роди веб-проектот „Театарот и градот“. Колку театарски фотографии содржи Монографијата? Како го направивте изборот? Што беше пресудно кога решававте што ќе влезе. а што ќе отпадне? ГАЛЕВСКИ: На 300 страници се објавени 405 фотографии од 40 претстави. Опфатен е периодот од 1993 година, со фотографии од претставата „Народен пратеник“ во режија на Димитрие Османли, па сѐ до „Работи за кои не зборуваме“ на Нела Витошевиќ од 2021 година. Најтежок дел од уредувањето на публикацијата беше токму финалниот избор на фотографии. Дополнително, не се водев по оние селекции кои сме ги правеле во времето кога беа фотографирани претставите, туку сакав да го прегледам целиот материјал и да направам една свежа селекција гледана од денешна перспектива. Со самото тоа што ова е фотомонографско дело, при селекцијата се водев строго од естетско-визуелните квалитети на материјалот. Јас лично со многу од фотографиите сум и емотивно врзан и тоа можеби во некои случаи ме прави и некомпетентен реално да ги оценам. Затоа во целиот процес ми беше потребен и уште еден пар очи кои независно и од друга перспектива ќе го гледаат материјалот и во тоа многу ми помогна уредничката на оваа публикација Билјана Црвенковска. При распоредот на фотографиите и претставите како целини се водевме според фото-наративни принципи при што целта ни беше гледачот да може да си склопи приказна гледајќи ги фотографиите и ако не го гледал конкретното дело во театар. Сепак, поради ограничениот простор многу фотографии кои ми се драги не влегоа во финалниот избор и ќе чекаат своја шанса во некоја друга прилика. [caption id="attachment_485104" align="alignnone" width="1000"] Ирена Ристиќ, „Аферата Елсинор“[/caption] Освен на сцената, театарската уметност е присутна и зад неа. Дали во Монографијата има фотографии од зад сцената, додека се подготовува една претстава или пак се спрема актерот да излезе на сцената? ГАЛЕВСКИ: Последниве неколку години се трудам да го сменам процесот на фотографирање токму во таа насока. Ако во минатото пробите, подготовките и сѐ она што се случува зад сцената го фотографирав инцидентно, сега настојувам тоа да го правам плански и во договор со режисерот и целата екипа. Крајната цел е да добиеме материјал кој ќе сведочи за процесот на создавање на едно театарско дело. Во монографијава ќе видите и дел од тие фотографии. Се занимавате со различни видови фотографии во текот на вашата кариера, но интересот за театарската фотографија ви е постојан. Што е тоа што постојано го откривате? ГАЛЕВСКИ: Преку новинската фотографија и мојот прв сериозен ангажман како фоторепортер во неделникот „Пулс“, ја почнав и соработката со скопските театри. Отпрвин намената на тие фотографии беше да се одбележи некоја премиера или јубилејна изведба на станиците на весникот, за подоцна да ги добијам и првите понуди од театрите за фотографирање на претставите. Едноставно, растеше свеста за важноста на татарската фотографија од една страна за маркетиншки цели, а од друга страна, во еден подолгорочен план за архивирање на живата македонска уметност. Со текот на времето и општествените прилики, својот интерес го насочив повеќе кон портретната и рекламна фотографија, но театарот и театарската фотографија ми остана во фокусот. Едноставно тука го гледам својот креативен вентил и се чувствувам најкомотно. Работата со врвни уметници посветени на својата работа прави секој проект, секој процес да е толку различен еден од друг и открива слоеви и слоеви на содржини кои чекаат да го видат светлото на денот. [caption id="attachment_485107" align="alignnone" width="1000"] Драгана Костадиновска и Дејан Лилиќ во „Мајсторот и Маргарита“[/caption] Вашите театарски фотографии функционираат како независно уметничко дело. Што е потребно за таква фотографија? Лично познаство со екипата, текстот кој се работи, мотивот да се направи добра фотографија? ГАЛЕВСКИ: Би рекол дека е спој на сево ова што го наброивте. Тука мислам дека многу ми помага и моето искуство во life и новинската фотографија. Таа нѐ учи дека за фотографот еден настан не трае колку што е неговото апсолутно времетраење туку само еден момент. Сѐ пред тоа е подготовка за тој момент на кулминација и сѐ потоа е со помал интензитет. Тој момент е всушност фотографијата што ја барам во одредена сцена. Тоа сепак е субјективен момент, кој се разликува од фотограф до фотограф, и нѐ прави сите различни. Личното познанство, односно претходните соработки со екипата многу го олеснува самиот чин на фотографирање и за мене а и за оние од другата страна на фото-апаратот. Да ги познаваш навиките, да знаеш што од кој актер да очекуваш во даден момент, да ти е познат сензибилитетот на режисерот кој го работи делото, да ја познаваш сцената и нејзините можности - само ме растеретува од непотребните дистракции и ми овозможува да се фокусирам на својата работа. [caption id="attachment_485130" align="alignnone" width="700"] Игор Стојчевски и Дениз Абдула во „Ромео и Џулиета“[/caption] Со децении сте дел од сцената, сигурно сте изградиле и лични пријателства со дел од актерите, режисерите...Како Вие ги доживавте премиерите на претставите и подоцна животот на една претстава? ГАЛЕВСКИ: Во овие речиси 30 години на соработка со македонските театри се родија многу пријателства. Живееме, се дружиме и работиме на проекти во и вон театарот. Премиерите, како круна на театарскиот проект се врвот на возбудата кај секој еден член во тимот. Воедно и голем фотографски предизвик, зад сцената да се регистрира тој емотивен набој. Често ми се случува откако некоја претстава ќе заживее на сцената, после поголем временски период да направам нова серија на фотографии. Понекогаш е многу интересно да се компарираат исти сцени во различни временски периоди. Во монографијава тоа може да го забележите кај „Животот на Молиер“ на Александар Поповски, сликана во 2012 и во 2019 година. [caption id="attachment_485108" align="alignnone" width="1000"] Билјана Танески и Тони Михајловски во „Едмонд“[/caption] Создавање архива е еден вид создавање историја за идните поколенија. Колку македонската култура се грижи за архивирање на најважните настани? ГАЛЕВСКИ: Кога ги започнавме подготовките околу проектов, баравме некаков репер, нешто слично како насока издадено во нашава земја. Не најдовме. Слободан Унковски ми даде монографија на ЈДП издадена во 2018 и тоа ни беше единствен репер од регионов за сличен тип на монографија, но сепак многу различно од тоа што сакавме да го добиеме. Тоа мислам е доволен одговор на вашево прашање. Македонскиот народен театар направи еден исчекор во тој поглед и се надевам дека примерот ќе биде следен и од другите институции и дека ќе зачести продукцијата на вакви дела. Монографијата е во соработка со издавачот, Македонски народен театар, а во неа како автори на есеите се потпишуваат драматурзи, актери, режисери, театролози. Сигурно имате материјал за уште најмалку две-три книги, но што следно ќе работите? ГАЛЕВСКИ: Уште од самиот зачеток на идејата, добивме поддршка од МНТ и Симона Угриновска како директор на театарот. Составивме одличен тим. Есеите ги пишуваа Искра Гешоска, Дејан Дуковски, Срѓан Јаниќиевиќ, Ивана Јарчевска, Нина Николиќ, Sвездан Георгиевски и Ѓорѓи Јолевски. Предговорот е на Билјана Црвенковска која е и уредничка на публикацијата. Дизајнот е на Зоран Кардула, а координатор на проектот Виктор Рубен. На сите сум им благодарен за одличната соработка. Самото отварање на архивите стари по 20-30 години ја отвори и Пандорината кутија. Многу необјавени материјали за животот во и околу театарот. Тие материјали, заедно со фотографиите од претстави сликани во останатите скопски театри - Драмскиот, Тетарот за деца и младинци, сцената на МКЦ, Турската драма, и други независни проекти ги планирам за следната изложба за која ми е повод 30 годишната работа врзана за театарската фотографија. Разговараше: Александра М. Бундалевска  

The post Отворањето на архивите стари по 20-30 години ја отвори и Пандорината кутија appeared first on Република.

]]>
Професионален фотограф прободен и ограбен на Гази Баба, му ја украле опремата https://republika.mk/vesti/crna-hronika/profesionalen-fotograf-proboden-i-ograben-na-gazi-baba-mu-ja-ukrale-opremata/ Sun, 02 Jan 2022 18:33:38 +0000 https://republika.mk/?p=439691

Триесетгодишен скопјанец бил прободен и ограбен кај рампата за влез во парк-шумата Гази Баба.

При нападот, на нападнатиот му била украден професионален фотоапарат.

На 02.01.2022 во 01.30 часот во СВР Скопје И.Н.(30) од Скопје пријавил дека на 01.01.2022 околу 23.00 часот, пред рампа за влез во парк-шума „Гази Баба“, четири лица му одзеле јакна и ранец со професионална опрема за фотографирање, при што едно од нив со остар предмет му нанело повреда - информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Професионален фотограф прободен и ограбен на Гази Баба, му ја украле опремата appeared first on Република.

]]>

Триесетгодишен скопјанец бил прободен и ограбен кај рампата за влез во парк-шумата Гази Баба. При нападот, на нападнатиот му била украден професионален фотоапарат.
На 02.01.2022 во 01.30 часот во СВР Скопје И.Н.(30) од Скопје пријавил дека на 01.01.2022 околу 23.00 часот, пред рампа за влез во парк-шума „Гази Баба“, четири лица му одзеле јакна и ранец со професионална опрема за фотографирање, при што едно од нив со остар предмет му нанело повреда - информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Професионален фотограф прободен и ограбен на Гази Баба, му ја украле опремата appeared first on Република.

]]>