Форино Archives - Република https://republika.mk/tema/forino/ За подобро да се разбереме Sun, 10 Mar 2024 10:57:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Форино Archives - Република https://republika.mk/tema/forino/ 32 32 Жител на Форино пријавил дека мечка му дошла во дворот на имотот https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zhitel-na-forino-prijavil-deka-mechka-mu-doshla-vo-dvorot-na-imotot/ Sun, 10 Mar 2024 10:57:42 +0000 https://republika.mk/?p=753258

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 2.175 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од кои „реални“ биле 38,34 отсто, а 61,66 процент се однесувале на други потреби на граѓаните што не биле итни.

Како што наведува ЦУК, од реалните повици, кон полицијата биле упатени 71,86 отсто, кон итната медицинска помош 21,67, кон пожарникарите 4,18, а кон АМСМ 0,38 отсто.

Регионалниот ЦУК - Тетово известил дека на бројот 112 граѓанин од село Форино во Општина Гостивар, доцна попладне пријавил дека мечка му дошла на имотот кај шталата, како и дека се движела околу шталата во моментот на пријавување. Веднаш била известена Полициската станица - Гостивар чија екипа излегла на местото на настанот. Случајот бил внимателно истражен по што е известено дека животното нема направено штета во шталата и на оградата околу куќата, но видно забележани биле траги од мечката. Паралелно со известувањето за мечката во гостиварската полиција, Регионалниот ЦУК - Тетово ги известил Општина Гостивар и Инспекторат за животна средина за преземање натамошни мерки во нивна надлежност.

ЦУК воедно апелирал да се одржуваат и чистат локалните канали за одводнување и да не се фрлаат отпадоци во нив со оглед дека според најавите на УХМР, во наредниот неколкудневен период на повеќе места времето ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и поројни проследени со грмежи.

Во последното деноноќие имаше евидентирано само еден пожар на отворено. Конкретно, Регионалниот ЦУК Скопје извести дека пожарникарите од БППЗ на Град Скопје од 17:20 до 18:05 часот, со три пожарникари и едно противпожарно возило гаснеле запалена трска на површина од 2.000 м2 во атарот на село Кадино, Општина Илинден, наведува ЦУК.

ЦУК потсетува дека сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

The post Жител на Форино пријавил дека мечка му дошла во дворот на имотот appeared first on Република.

]]>

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 2.175 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од кои „реални“ биле 38,34 отсто, а 61,66 процент се однесувале на други потреби на граѓаните што не биле итни. Како што наведува ЦУК, од реалните повици, кон полицијата биле упатени 71,86 отсто, кон итната медицинска помош 21,67, кон пожарникарите 4,18, а кон АМСМ 0,38 отсто. Регионалниот ЦУК - Тетово известил дека на бројот 112 граѓанин од село Форино во Општина Гостивар, доцна попладне пријавил дека мечка му дошла на имотот кај шталата, како и дека се движела околу шталата во моментот на пријавување. Веднаш била известена Полициската станица - Гостивар чија екипа излегла на местото на настанот. Случајот бил внимателно истражен по што е известено дека животното нема направено штета во шталата и на оградата околу куќата, но видно забележани биле траги од мечката. Паралелно со известувањето за мечката во гостиварската полиција, Регионалниот ЦУК - Тетово ги известил Општина Гостивар и Инспекторат за животна средина за преземање натамошни мерки во нивна надлежност. ЦУК воедно апелирал да се одржуваат и чистат локалните канали за одводнување и да не се фрлаат отпадоци во нив со оглед дека според најавите на УХМР, во наредниот неколкудневен период на повеќе места времето ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и поројни проследени со грмежи.
Во последното деноноќие имаше евидентирано само еден пожар на отворено. Конкретно, Регионалниот ЦУК Скопје извести дека пожарникарите од БППЗ на Град Скопје од 17:20 до 18:05 часот, со три пожарникари и едно противпожарно возило гаснеле запалена трска на површина од 2.000 м2 во атарот на село Кадино, Општина Илинден, наведува ЦУК.
ЦУК потсетува дека сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

The post Жител на Форино пријавил дека мечка му дошла во дворот на имотот appeared first on Република.

]]>
Знамето од Кутлеш ни се забранува, а за ова дивеење нема ни една осуда https://republika.mk/vesti/makedonija/znameto-od-kutlesh-ni-se-zabranuva-a-za-ova-diveene-nema-ni-edna-osuda/ Fri, 02 Feb 2024 11:59:46 +0000 https://republika.mk/?p=739700

За знамето од Кутлеш веќе се водат постапки, се брусат шахти, се забранува. За ова? Нема ни глас, ни осуда да има. Само што работите се менуваат и на ова дивеење ќе му дојди крај за брзо.

Вака Божидар Божниовски ја коментира веста дека Талат Џафери во родното Форино беше пречекан со факели, огномети, aлбански знамиња и поздрав од неговите соселани кои извикуваа „Косово“ и „Илирида“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-vo-rodnoto-selo-prechekan-so-izvitsi-ilirida-i-kosovo/

The post Знамето од Кутлеш ни се забранува, а за ова дивеење нема ни една осуда appeared first on Република.

]]>

За знамето од Кутлеш веќе се водат постапки, се брусат шахти, се забранува. За ова? Нема ни глас, ни осуда да има. Само што работите се менуваат и на ова дивеење ќе му дојди крај за брзо. Вака Божидар Божниовски ја коментира веста дека Талат Џафери во родното Форино беше пречекан со факели, огномети, aлбански знамиња и поздрав од неговите соселани кои извикуваа „Косово“ и „Илирида“. https://republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-vo-rodnoto-selo-prechekan-so-izvitsi-ilirida-i-kosovo/

The post Знамето од Кутлеш ни се забранува, а за ова дивеење нема ни една осуда appeared first on Република.

]]>
Трагедија на гостиварска фарма, син го пронашол таткото мртов целосно изгризан од животни https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tragedija-na-gostivarska-farma-sin-go-pronashol-tatkoto-mrtov-tselosno-izgrizan-od-zhivotni/ Sun, 24 Dec 2023 15:07:57 +0000 https://republika.mk/?p=726184

Повозрасен жител на гостиварското село Форино бил пронајден мртов со рани нанесени од животни во близина на добиточната фарма во атарот на селото Форино.

Од СВР Тетово информираат дека телото го пронашол неговиот син Р.Е. (48) вчера попладне во близина на штала која ја користел.

Според пријавата, Џ.Е. (83) бил паднат на земја и имал повеќе рани по телото, најверојатно нанесени од животни.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гостивар, а по насоки од Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција, наведуваат од СВР Тетово.

The post Трагедија на гостиварска фарма, син го пронашол таткото мртов целосно изгризан од животни appeared first on Република.

]]>

Повозрасен жител на гостиварското село Форино бил пронајден мртов со рани нанесени од животни во близина на добиточната фарма во атарот на селото Форино. Од СВР Тетово информираат дека телото го пронашол неговиот син Р.Е. (48) вчера попладне во близина на штала која ја користел. Според пријавата, Џ.Е. (83) бил паднат на земја и имал повеќе рани по телото, најверојатно нанесени од животни.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гостивар, а по насоки од Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција, наведуваат од СВР Тетово.

The post Трагедија на гостиварска фарма, син го пронашол таткото мртов целосно изгризан од животни appeared first on Република.

]]>
Aлбанското знаме во Форино е провокација и доказ за беззаконието кое владее во оваа држава https://republika.mk/vesti/makedonija/albanskoto-zname-vo-forino-e-provokacija-i-dokaz-za-bezzakonieto-koe-vladee-vo-ovaa-drzava/ Wed, 27 Apr 2022 15:22:54 +0000 https://republika.mk/?p=494357

Во гостиварското село Форино, кое воедно е родното село на претседателот на Собранието Талат Џафери, е истактнато албанско знаме од барем 10 метри на плоштадот на селото - во спротивност на Уставот и Законот за употреба на знаминњата на заедниците во Република Македонија, реагираат од Секторот за политички систем на партијата Левица, од каде потенцираат дека станува збор за самостојно истакнато албанско знаме во центарот на с. Форино, без притоа до него да е истакнато македонското знаме, како што се превидува со Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија.

▪️ Според чл. 5 од Уставот на Република Македонија, Државни симболи на Република Македонија се: грб, знаме и химна.
▪️ Според Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија, при истакнување на знамето на другите етнички заедници на плоштади и други јавни места, мора да биде истакнато и знамето на Република Македонија.
Истакнувањето само на албанското знаме, без притоа до него да се истакне и македонското, во соглсност со одредбите на гореспоменатиот закон претставува казниво дело.
Дополнително, оваа постапка на локалните власти е доказ за беззаконието кое владее во оваа држава, и своевидна провокација со цел да се подгреат етнички тензии, алармираат од Левица.

The post Aлбанското знаме во Форино е провокација и доказ за беззаконието кое владее во оваа држава appeared first on Република.

]]>

Во гостиварското село Форино, кое воедно е родното село на претседателот на Собранието Талат Џафери, е истактнато албанско знаме од барем 10 метри на плоштадот на селото - во спротивност на Уставот и Законот за употреба на знаминњата на заедниците во Република Македонија, реагираат од Секторот за политички систем на партијата Левица, од каде потенцираат дека станува збор за самостојно истакнато албанско знаме во центарот на с. Форино, без притоа до него да е истакнато македонското знаме, како што се превидува со Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија.
▪️ Според чл. 5 од Уставот на Република Македонија, Државни симболи на Република Македонија се: грб, знаме и химна. ▪️ Според Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија, при истакнување на знамето на другите етнички заедници на плоштади и други јавни места, мора да биде истакнато и знамето на Република Македонија. Истакнувањето само на албанското знаме, без притоа до него да се истакне и македонското, во соглсност со одредбите на гореспоменатиот закон претставува казниво дело. Дополнително, оваа постапка на локалните власти е доказ за беззаконието кое владее во оваа држава, и своевидна провокација со цел да се подгреат етнички тензии, алармираат од Левица.

The post Aлбанското знаме во Форино е провокација и доказ за беззаконието кое владее во оваа држава appeared first on Република.

]]>
Малолетник прободен во грб по тепачка во гостиварско Форино https://republika.mk/vesti/crna-hronika/maloletnik-proboden-vo-grb-po-tepachka-vo-gostivarsko-forino/ Wed, 20 Apr 2022 11:48:11 +0000 https://republika.mk/?p=491136

Еден малолетник завршил со убодни рани на грбот во гостиварската болница по тепачка со други малолетни лица. Полицијата сомничи двајца малолетници и работи на расчистување на случајот.

Според СВР – Тетово, синоќа во 22 часот и 30 минути било пријавено дека половина час пред тоа во гостиварско Форино еден малолетник бил повреден со остар предмет. На повредувањето му претходела вербална расправија, по што настанала физичка пресметка помеѓу тројца малолетници.

Еден од малолетниците со остар предмет му нанел повреди на друг малолетник, кој е пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош. Повредениот е задржан на лекување.

На местото на настанот увид извршиле јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи – Гостивар. Се очекува во текот на денот да биде извршен разговор со двајцата малолетници, во присуство на родители, претставник од Центарот за социјални работи и адвокат.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде изготвен поднесок, информираат од СВР Тетово.

The post Малолетник прободен во грб по тепачка во гостиварско Форино appeared first on Република.

]]>

Еден малолетник завршил со убодни рани на грбот во гостиварската болница по тепачка со други малолетни лица. Полицијата сомничи двајца малолетници и работи на расчистување на случајот. Според СВР – Тетово, синоќа во 22 часот и 30 минути било пријавено дека половина час пред тоа во гостиварско Форино еден малолетник бил повреден со остар предмет. На повредувањето му претходела вербална расправија, по што настанала физичка пресметка помеѓу тројца малолетници. Еден од малолетниците со остар предмет му нанел повреди на друг малолетник, кој е пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош. Повредениот е задржан на лекување. На местото на настанот увид извршиле јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи – Гостивар. Се очекува во текот на денот да биде извршен разговор со двајцата малолетници, во присуство на родители, претставник од Центарот за социјални работи и адвокат. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде изготвен поднесок, информираат од СВР Тетово.

The post Малолетник прободен во грб по тепачка во гостиварско Форино appeared first on Република.

]]>
„Ќе го тепам“: 40-годишник од Форино со нож му излегол на скопјанец со „порше“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kje-go-tepam-40-godishnik-od-forino-so-noz-mu-izlegol-na-skopjanec-so-porshe/ Thu, 17 Feb 2022 10:09:32 +0000 https://republika.mk/?p=459737

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 40-годишен жител на Форино кој се товари дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.

Како што информираат од Јавното обвинителство, на 27 октомври минатата година на регионалниот пат Чегране-Форино, обвинетиот при караница посегнал по опасно орудие со кое може тешко да го повреди телото или тешко да го наруши здравјето.

Тој го забележал оштетениот паркиран покрај патот и излезен од своето возило „Порше кајен“ со скопски регистарски ознаки, па го запрел својот автомобил „Тојота“ со гостиварски ознаки веднаш до него. Започнал да го навредува, а потоа од јакната извадил нож со кој замавнал кон оштетениот. Оштетеното лице веднаш влегло во својот автомобил и го напуштило местото, а настанот го пријавило во полициска станица.

The post „Ќе го тепам“: 40-годишник од Форино со нож му излегол на скопјанец со „порше“ appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 40-годишен жител на Форино кој се товари дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница. Како што информираат од Јавното обвинителство, на 27 октомври минатата година на регионалниот пат Чегране-Форино, обвинетиот при караница посегнал по опасно орудие со кое може тешко да го повреди телото или тешко да го наруши здравјето. Тој го забележал оштетениот паркиран покрај патот и излезен од своето возило „Порше кајен“ со скопски регистарски ознаки, па го запрел својот автомобил „Тојота“ со гостиварски ознаки веднаш до него. Започнал да го навредува, а потоа од јакната извадил нож со кој замавнал кон оштетениот. Оштетеното лице веднаш влегло во својот автомобил и го напуштило местото, а настанот го пријавило во полициска станица.

The post „Ќе го тепам“: 40-годишник од Форино со нож му излегол на скопјанец со „порше“ appeared first on Република.

]]>