ФК Тетекс Archives - Република https://republika.mk/tema/fk-teteks/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Dec 2023 13:23:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ФК Тетекс Archives - Република https://republika.mk/tema/fk-teteks/ 32 32 Соучесници сте во неправдата: Отворено писмо од ФК Тетекс до ФФМ https://republika.mk/sport/fudbal/souchesnitsi-ste-vo-nepravdata-otvoreno-pismo-od-fk-teteks-do-ffm/ Sat, 23 Dec 2023 13:23:56 +0000 https://republika.mk/?p=725941

Фудбалскиот клуб Тетекс од Тетово упати отворено писмо до Фудбалската федерација и до пошироката јавност реагирајќи на одлуките на судиите во текот на полусезоната. Револтирани се што нема анализа на работата на судиите, која ја оценуваат како неправедна.

Оставивме простор за да направите судиска анализа на вашите таканаречени судии за последното коло, кое за жал не се случи и повторно е на штета на нас клубовите, па сакаме да поставиме неколку прашања до надлежните во случајов ФФМ и Судската комисија, но и до дотичниот кој ги делегира истите шарлатани. Зошто сè уште нема судиска анализа за последното коло од првата и втората македонска фудбалска лига? Дали сте свесни, покрај тоа што ништо не помагате во фудбалот во и онака катастрофалната ситуација, свесно со вакви потези сте соучесници со судиите и поради тоа константно се случуваат овие неправди, велат од ФК Тетекс.

Бараат некој да преземе одговорност за неправдите наместо тоа што оштетените клубови ќе добијат извинување кое, велат, никако не е од полза и исправање на неправдата.

Зарем не се гледа од ваша страна дека собирате еден гнев кај клубовите и оние кои вистински ги сакаат и чесно ги водат клубовите? Сакате ли да отиде предалеку работава со оваа ваша негрижа како да е сè ок, а не дека со срамни судиски одлуки од ваши судии кои поминуваат без ваша анализа и неказнето, сакате да демонстрирате сила? Господа од ФФМ, Судска комисија и претседателе кои ги делегираш твоите пајташи наречени судии, денес е Тетекс, Македонија ЃП, Воска, Гостивар и кој уште не, утре ќе биде некој нов, нема да ви помине, никогаш нема да ве оставиме на мир. Доколку нема казни, односно овој случај биде заташкан иако има од контролорот изнапишано четиво од нашиот натпревар против Башкими, поради неговите катастрофални одлуки, ќе бидеме приморани да се заштитиме на наш начин и да го покажеме другото лице на преостанатите натпревари кои само вие ќе бидете виновници, потенцираат од ФК Тетекс барајќи од ФФМ да се реши еднаш засекогаш овој проблем.

The post Соучесници сте во неправдата: Отворено писмо од ФК Тетекс до ФФМ appeared first on Република.

]]>

Фудбалскиот клуб Тетекс од Тетово упати отворено писмо до Фудбалската федерација и до пошироката јавност реагирајќи на одлуките на судиите во текот на полусезоната. Револтирани се што нема анализа на работата на судиите, која ја оценуваат како неправедна. Оставивме простор за да направите судиска анализа на вашите таканаречени судии за последното коло, кое за жал не се случи и повторно е на штета на нас клубовите, па сакаме да поставиме неколку прашања до надлежните во случајов ФФМ и Судската комисија, но и до дотичниот кој ги делегира истите шарлатани. Зошто сè уште нема судиска анализа за последното коло од првата и втората македонска фудбалска лига? Дали сте свесни, покрај тоа што ништо не помагате во фудбалот во и онака катастрофалната ситуација, свесно со вакви потези сте соучесници со судиите и поради тоа константно се случуваат овие неправди, велат од ФК Тетекс. Бараат некој да преземе одговорност за неправдите наместо тоа што оштетените клубови ќе добијат извинување кое, велат, никако не е од полза и исправање на неправдата. Зарем не се гледа од ваша страна дека собирате еден гнев кај клубовите и оние кои вистински ги сакаат и чесно ги водат клубовите? Сакате ли да отиде предалеку работава со оваа ваша негрижа како да е сè ок, а не дека со срамни судиски одлуки од ваши судии кои поминуваат без ваша анализа и неказнето, сакате да демонстрирате сила? Господа од ФФМ, Судска комисија и претседателе кои ги делегираш твоите пајташи наречени судии, денес е Тетекс, Македонија ЃП, Воска, Гостивар и кој уште не, утре ќе биде некој нов, нема да ви помине, никогаш нема да ве оставиме на мир. Доколку нема казни, односно овој случај биде заташкан иако има од контролорот изнапишано четиво од нашиот натпревар против Башкими, поради неговите катастрофални одлуки, ќе бидеме приморани да се заштитиме на наш начин и да го покажеме другото лице на преостанатите натпревари кои само вие ќе бидете виновници, потенцираат од ФК Тетекс барајќи од ФФМ да се реши еднаш засекогаш овој проблем.

The post Соучесници сте во неправдата: Отворено писмо од ФК Тетекс до ФФМ appeared first on Република.

]]>
Дали поради тоа што сме Македонци немаме право на стадионите, туку има само Шкендија?“ – Тетекс се жали на дискриминација https://republika.mk/sport/fudbal/dali-poradi-toa-shto-sme-makedontsi-nemame-pravo-na-stadionite-tuku-ima-samo-shkendija-teteks-se-zhali-na-diskriminatsija/ Fri, 18 Aug 2023 12:33:04 +0000 https://republika.mk/?p=673416

Фудбалскиот клуб Тетекс почнува институционална битка за докажување на дискриминација затоа што не им се дозволува користење на новиот и стариот градски стадион. Тие велат дека од март попусто ги чекаат општинските власти за спроведување на договорот дека ќе добијат терен со природна терен во селото Сараќино.

Од денес почнуваме со борба преку нашите институции, ќе се запознаат сите фактори, народен правобранител, меѓународна заедница, амбасада, Комисија за антидискриминација. Од март бараме средба за да се реши овој проблем, немаме добиено одговор, што уште да се чекаме. Второ коло веќе играме, дали треба уште да се чека. Има комуникација со општина Тетово, ама тоа останува на тоа дека ќе биде теренот во Сараќино, ама што до тогаш. Бараме писмени гаранции дека клубот ќе може да се натпреварува на Градскиот стадион, зошто да не го користиме стариот градски стадион, да видиме дали има договор кој било клуб, зошто не и Тетекс. И ако нема зошто само еден клуб може да го користи тој терен. Во Сараќино ништо не е почнато. Секоја општина помага во спортот ние немаме денар видено, изјави на денешната прес-конференција Бобан Мишевски, спортски директор.

Тој ја оспорува реакцијата на Општина Тетово дека новиот стадион е само за клубови од Прва лига

Општина вели дека градски стадион е само за прволигашки екипи, па ЖФК Љуботен е Прва лига. Како е осмислено дека само прволигашка екипа може да го користи. Таму е јасно наведено дека 24 часа пред одигрување на прволигашки натпревар не може да се користи теренот. Може да играме во гости кога другите ќе бидат домашни. Има примери каде се користи ист терен пример Воска и Охрид, пример Караорман и Струга, не гледам зошто е проблем, рече Мишевски.

Воедно клубот бара додека не се изгради нов терен за тренирање во Сараќино да им се овозможи подготвување на стариот градски стадион.

Бараме средба со сите клубови, градоначалникот и млади и женски клубови и да се најде решение да се најдат термини да се тренираат на овој терен тука. На тој терен не може да се излезе од нашите простории. Ограден е и само го користи екипата на првиот тим на Шкендија. Единствено нешто што бараме во моментов е само разумен договор каде што ќе може да се излезе и да се тренира на овој терен, поточно стариот градски стадион. На овој терен секогаш без никаков проблем тренирале првите тимови на Тетекс, Шкендија, прв тим на Љуботен, младите категории на овие три споменати клубови дури и една школа без никаков проблем со добра ординација. Немало апсолутно никаков проблем, истакна Мишевски.

Шефот на стручниот штаб Филип Деспотовски рече дека имаат многу тешки услови за работа на теренот со вештачка трева. Имаат термин во 10.30 часот кога е многу топло, што негативно влијание на здравствената состојба на фудбалерите.

Би било многу добро кога би имале избор за повеќе терени да користиме, затоа што развојот на децата кои сакаат да бидат фудбалери од Тетовско, тоа ќе им дозволи да им бидат достапни учењата кои ќе ги дадат тренерите. Но немаме такви услови за младите, а да не зборам за првиот тим, се натпреваруваме во Втора лига, искрено сакаме да идеме и понапред, имаме добри деца во клубот затоа што знаеме дека Тетово бил секогаш расадник на дорби фудбалери. Да се најде решение за да може да имаме мирна работа, да се сконцентрираме на фудбал, ние сме фудбалски работници, не сме политичари. Сакаме да си ја работиме нашата работа, затоа сме тука. И сакаме да си имаме мир во нашата работа. За прв тим може да кажам дека тренирам во термин во 10.30. кога е многу топло а тоа е вештачка трева, која се вжарува од топлината и многу играчи се повредуваат, што за сметка на теренот кој е со лоши услови, што за сметка на време топло е, се разболуваат, имаат добивано температура од сончаница и такви работи, потенцираше Деспотовски.

Капитенот Трајче Стојковски вели дека од просториите на ФК Тетекс фудбалерите самите возат комбе за до теренот со вештачка трева.

Се враќаме назад испотени, едно ниво коешто не доликува на фудбалско име како што е ФК Тетекс. Ни една школа не толерира такви работи, а ова е клуб со реноме, еден од најголемите македонски клубови и не заслужува ваков третман од кој било и да е. Ова тргаме политика на страна. Овде се замешани и многу други работи и затоа спортот оди назад. Не бараме многу, бараме да имаме многу, бараме да имаме терен, рече Стојковски.

Од раководството на Тетекс потенцираат иако Министерството за транспорт и врски дава позитивно мислење за легализација на нивните простории тоа не е одобрено од досегашните градоначалници Теута Арифи и Биљал Касами.

The post Дали поради тоа што сме Македонци немаме право на стадионите, туку има само Шкендија?“ – Тетекс се жали на дискриминација appeared first on Република.

На македонските клубови Љуботен и Тетекс не им се дозволува пристап на стадионот во Тетово https://republika.mk/sport/fudbal/na-makedonskite-klubovi-luboten-i-teteks-ne-im-se-dozvoluva-pristap-na-stadionot-vo-tetovo/ Wed, 16 Aug 2023 14:10:52 +0000 https://republika.mk/?p=672654

ФК Тетекс денес испрати соопштение до јавноста потенцирајќи дека како на фудбалска екипа не им е дозволено користење на двата фудбалски стадиони.

Велат дека имале повеќемесечни безуспешни обиди со општината за да им се овозможи да го користат стадионот.

- Ја користиме оваа прилика за да ја запознаеме пошироката јавност дека во моментов на стариот градски стадион, но и на новиот градски стадион, ФК Тетекс, ФК Љуботен и ЖФК Љуботен немаат право на нивно користење, тренинзи, одигрување на натпревари во лигата од засега непознати причини! Ексклузивно право на користење на двата стадиони има само ФК Шкендија! Се запрашуваме, дали во 21-от век е нормално само поради тоа што сме МАКЕДОНЦИ кои живеат во Општина Тетово да немаме право на тренинзи на природна трева?Со месеци, односно поточно од февруари навака одржани се неколку состаноци со градоначалникот и со челниците на општинската власт, но, од нив нема никаков договор и реализација на нашите барања, се вели во соопштението на ФК Тетекс.

Од таму посочуваат дека во минатото без никакви проблеми, со меѓусебна координација, сите клубови тренирале и ги играле своите натпревари на овие два стадиони.

- Денеска, наместо да се работи на што поголема кохезија кога е спортот во прашање, очигледно некои работаат на тоа македонските клубови да се дестабилизираат и дефоксуираат од целта. Во истиот контекст, сакаме да потенцираме дека на стариот градски стадион се наоѓаат и нашите простории, соблекувална, простор за перална и слично, а тренинзите и натпреварите се играат на стадиончето на АМС, на вештачка трева. Чиста небулоза! Па оттука сакаме да прашаме: Дали Шкендија е единствен клуб од Тетово кој има право на ова или се игра некоја друга игра во позадина? Апелираме до општинските власти за итно свикување на заедничка средба на сите тетовски фудбалски клубови и под нивно покровителство итно да се изнајде решение за овој проблем, без никој да е оштетен. Во спротивно, ќе бидеме принудени да повикаме на протести се додека не обезбедиме фундаментални право за спортот и развој на спортскиот дух кај младите, стои во соопштението на ФК Тетекс

The post На македонските клубови Љуботен и Тетекс не им се дозволува пристап на стадионот во Тетово appeared first on Република.

]]>

ФК Тетекс денес испрати соопштение до јавноста потенцирајќи дека како на фудбалска екипа не им е дозволено користење на двата фудбалски стадиони. Велат дека имале повеќемесечни безуспешни обиди со општината за да им се овозможи да го користат стадионот.  
- Ја користиме оваа прилика за да ја запознаеме пошироката јавност дека во моментов на стариот градски стадион, но и на новиот градски стадион, ФК Тетекс, ФК Љуботен и ЖФК Љуботен немаат право на нивно користење, тренинзи, одигрување на натпревари во лигата од засега непознати причини! Ексклузивно право на користење на двата стадиони има само ФК Шкендија! Се запрашуваме, дали во 21-от век е нормално само поради тоа што сме МАКЕДОНЦИ кои живеат во Општина Тетово да немаме право на тренинзи на природна трева?Со месеци, односно поточно од февруари навака одржани се неколку состаноци со градоначалникот и со челниците на општинската власт, но, од нив нема никаков договор и реализација на нашите барања, се вели во соопштението на ФК Тетекс.
  Од таму посочуваат дека во минатото без никакви проблеми, со меѓусебна координација, сите клубови тренирале и ги играле своите натпревари на овие два стадиони.  
- Денеска, наместо да се работи на што поголема кохезија кога е спортот во прашање, очигледно некои работаат на тоа македонските клубови да се дестабилизираат и дефоксуираат од целта. Во истиот контекст, сакаме да потенцираме дека на стариот градски стадион се наоѓаат и нашите простории, соблекувална, простор за перална и слично, а тренинзите и натпреварите се играат на стадиончето на АМС, на вештачка трева. Чиста небулоза! Па оттука сакаме да прашаме: Дали Шкендија е единствен клуб од Тетово кој има право на ова или се игра некоја друга игра во позадина? Апелираме до општинските власти за итно свикување на заедничка средба на сите тетовски фудбалски клубови и под нивно покровителство итно да се изнајде решение за овој проблем, без никој да е оштетен. Во спротивно, ќе бидеме принудени да повикаме на протести се додека не обезбедиме фундаментални право за спортот и развој на спортскиот дух кај младите, стои во соопштението на ФК Тетекс

The post На македонските клубови Љуботен и Тетекс не им се дозволува пристап на стадионот во Тетово appeared first on Република.

]]>
Апартхејд? Само Шкендија смее да тренира и игра на двата стадиони во Тетово https://republika.mk/sport/fudbal/aparthejd-samo-shkendija-smee-da-trenira-i-igra-na-dvata-stadioni-vo-tetovo/ Wed, 16 Aug 2023 10:49:58 +0000 https://republika.mk/?p=672671

Во моментов на стариот градски стадион, но и на новиот градски стадион, ФК Тетекс, ФК Љуботен и ЖФК Љуботен немаат право на нивно користење, тренинзи, одигрување на натпревари во лигата од засега непознати причини, информираат од фудбалскиот клуб Тетекс Тетово, додавајќи дека екслузивно право на користење на двата стадиони има само фк шкендија!

Се запрашуваме, дали во 21-от век е нормално само поради тоа што сме МАКЕДОНЦИ кои живеат во Општина Тетово да немаме право на тренинзи на природна трева?, прашуваат од ФК Тетекс.

Информираат дека со месеци, односно поточно од февруари навака одржани се неколку состаноци со градоначалникот и со челниците на општинската власт, но, од нив нема никаков договор и реализација на нивните барања.

Низ историјата, без никакви проблеми, со меѓусебна координација, сите клубови тренирале и ги играле своите натпревари на овие два стадиони. Денеска, наместо да се работи на што погоема кохезија кога е спортот во прашање, очигледно некои работаат на тоа македонските клубови да се дестабилизираат и дефоксуираат од целта. Во истиот контекст, сакаме да потенцираме дека на стариот градски стадион се наоѓаат и нашите простории, соблекувална, простор за перална и слично, а тренинзите и натпреварите се играат на стадиончето на АМС, на вештачка трева. Чиста небулоза! Па оттука сакаме да прашаме: Дали Шкендија е единствен клуб од Тетово кој има право на ова или се игра некоја дргуа игра во поаздина? Апелираме до општинските власти за итно свикување на заедничка средба на сите тетовски фудбалски клубови и под нивно покровителство итно да се изнајде решение за овој проблем, без никој да е оштетен. Во спротивно, ќе бидеме принудени да повикаме на протести се додека не обезбедиме фундаментални право за спортот и развој на спотрскиот дух кај младите, велат од ФК Тетекс.

The post Апартхејд? Само Шкендија смее да тренира и игра на двата стадиони во Тетово appeared first on Република.

]]>

Во моментов на стариот градски стадион, но и на новиот градски стадион, ФК Тетекс, ФК Љуботен и ЖФК Љуботен немаат право на нивно користење, тренинзи, одигрување на натпревари во лигата од засега непознати причини, информираат од фудбалскиот клуб Тетекс Тетово, додавајќи дека екслузивно право на користење на двата стадиони има само фк шкендија!
Се запрашуваме, дали во 21-от век е нормално само поради тоа што сме МАКЕДОНЦИ кои живеат во Општина Тетово да немаме право на тренинзи на природна трева?, прашуваат од ФК Тетекс.
Информираат дека со месеци, односно поточно од февруари навака одржани се неколку состаноци со градоначалникот и со челниците на општинската власт, но, од нив нема никаков договор и реализација на нивните барања. Низ историјата, без никакви проблеми, со меѓусебна координација, сите клубови тренирале и ги играле своите натпревари на овие два стадиони. Денеска, наместо да се работи на што погоема кохезија кога е спортот во прашање, очигледно некои работаат на тоа македонските клубови да се дестабилизираат и дефоксуираат од целта. Во истиот контекст, сакаме да потенцираме дека на стариот градски стадион се наоѓаат и нашите простории, соблекувална, простор за перална и слично, а тренинзите и натпреварите се играат на стадиончето на АМС, на вештачка трева. Чиста небулоза! Па оттука сакаме да прашаме: Дали Шкендија е единствен клуб од Тетово кој има право на ова или се игра некоја дргуа игра во поаздина? Апелираме до општинските власти за итно свикување на заедничка средба на сите тетовски фудбалски клубови и под нивно покровителство итно да се изнајде решение за овој проблем, без никој да е оштетен. Во спротивно, ќе бидеме принудени да повикаме на протести се додека не обезбедиме фундаментални право за спортот и развој на спотрскиот дух кај младите, велат од ФК Тетекс.

The post Апартхејд? Само Шкендија смее да тренира и игра на двата стадиони во Тетово appeared first on Република.

]]>
ФК Љуботен го презеде ФК Тетекс https://republika.mk/sport/fudbal/fk-ljuboten-go-prezede-fk-teteks/ Sat, 22 Oct 2022 11:37:12 +0000 https://republika.mk/?p=564280

Раководството на ФК и ЖФК Љуботен го превзема под своја капа и ФК Тетекс, информираа од клубот. Ќе биде составен нов Управен одбор за ФК Тетекс во кој покрај претставниците на ФК и ЖФК Љуботен ќе членуваат и претставници на навивачката група Војводи. Целта е стабилизација на тетовскиот фудбалски второлигаш кој се соочува и со финансиски проблеми.

– На ФК Тетекс по турбулентниот период му е време за стабилизација, и враќање на старите победнички патеки. Заедно со навивачката група „Војводи“ решивме на задоволство на сите, клубот постепено да се врати таму каде што заслужува. Се надеваме дека успешната приказна на ЖФК Љуботен ќе ја продолжиме и во ФК Тетекс, и во клубот ќе го вратиме стариот сјај. За крај на сите искрени вљубеници во ФК Тетекс им порачуваме дека ФК Тетекс опстојува и ќе опстојува, а ние сме застанати на чело, најчесно да го стабилизираме и вратиме на старите патеки. Цело Тетово едно фудбалско семејство, информираа од ФК Љуботен.

Поради финансиската нестабилност на ФК Тетекс навивачката група Војводи упати апел до граѓаните со купување на повеќе билети за следење на фудбалските натпревари да му помогнат клубот од згаснување. За непречено да функционира клубот започната е кампања и повици од повеќе поранешни фудбалери за купување на што е можно повеќе билети со цел да се соберат средства за опстојување на ФК Тетекс

The post ФК Љуботен го презеде ФК Тетекс appeared first on Република.

]]>

Раководството на ФК и ЖФК Љуботен го превзема под своја капа и ФК Тетекс, информираа од клубот. Ќе биде составен нов Управен одбор за ФК Тетекс во кој покрај претставниците на ФК и ЖФК Љуботен ќе членуваат и претставници на навивачката група Војводи. Целта е стабилизација на тетовскиот фудбалски второлигаш кој се соочува и со финансиски проблеми. – На ФК Тетекс по турбулентниот период му е време за стабилизација, и враќање на старите победнички патеки. Заедно со навивачката група „Војводи“ решивме на задоволство на сите, клубот постепено да се врати таму каде што заслужува. Се надеваме дека успешната приказна на ЖФК Љуботен ќе ја продолжиме и во ФК Тетекс, и во клубот ќе го вратиме стариот сјај. За крај на сите искрени вљубеници во ФК Тетекс им порачуваме дека ФК Тетекс опстојува и ќе опстојува, а ние сме застанати на чело, најчесно да го стабилизираме и вратиме на старите патеки. Цело Тетово едно фудбалско семејство, информираа од ФК Љуботен. Поради финансиската нестабилност на ФК Тетекс навивачката група Војводи упати апел до граѓаните со купување на повеќе билети за следење на фудбалските натпревари да му помогнат клубот од згаснување. За непречено да функционира клубот започната е кампања и повици од повеќе поранешни фудбалери за купување на што е можно повеќе билети со цел да се соберат средства за опстојување на ФК Тетекс

The post ФК Љуботен го презеде ФК Тетекс appeared first on Република.

]]>
Уапсен навивачот кој со бокс го удри Ступиќ сред натпреварот во Тетово https://republika.mk/sport/fudbal/uapsen-navivachot-koj-so-boks-go-udri-stupikj-sred-natprevarot-vo-tetovo/ Sat, 01 Oct 2022 18:41:49 +0000 https://republika.mk/?p=556422

Пред самиот крај на натпреварот  Тетекс – Каменица Саса во Втората македонска фудбалска лига, навивач од трибините влезе на теренот му удри бокс на гостинскиот фудбалер Бошко Ступиќ. Судијата набрзо по инцидентот означи крај на мечот.

Тетовската полиција соопшти дека го уапсила лицето набрзо по завршувањето на натпреварот.

Полициски службеници на СВР Тетово денеска (1 октомври) во 17 часот и 25 минути, во продолжението од првенствениот фудбалски натпревар Тетекс-Каменица Саса, во 94-та минута, го лишиле од слобода Н.А.(18) од Тетово, кој ја прескокнал оградата од главната трибина и физички го нападнал гостинскиот фудбалер Б.С.(38).од Пробиштип, велат оттаму.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

The post Уапсен навивачот кој со бокс го удри Ступиќ сред натпреварот во Тетово appeared first on Република.

]]>

Пред самиот крај на натпреварот  Тетекс – Каменица Саса во Втората македонска фудбалска лига, навивач од трибините влезе на теренот му удри бокс на гостинскиот фудбалер Бошко Ступиќ. Судијата набрзо по инцидентот означи крај на мечот. Тетовската полиција соопшти дека го уапсила лицето набрзо по завршувањето на натпреварот.