филмови Archives - Република https://republika.mk/tema/filmovi/ За подобро да се разбереме Tue, 14 May 2024 11:57:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png филмови Archives - Република https://republika.mk/tema/filmovi/ 32 32 ДЗС: Во кината лани биле прикажани 1. 027 филмови и 12. 596 кинопретстави https://republika.mk/scena/film/dzs-vo-kinata-lani-bile-prikazhani-1-027-filmovi-i-12-596-kinopretstavi/ Tue, 14 May 2024 11:56:15 +0000 https://republika.mk/?p=777980

Според евиденцијата на Државниот завод за статистика, во 2023 година во земјава имало 18 кина. Бројот на прикажани филмови лани изнесувал 1 027, на кинопретстави 12 596, а бројот на посетители бил 350 637.

Во 2023 година, во споредба со 2022 година, бројот на прикажаните филмски кинопретстави е зголемен за 11.2 %.

The post ДЗС: Во кината лани биле прикажани 1. 027 филмови и 12. 596 кинопретстави appeared first on Република.

]]>

Според евиденцијата на Државниот завод за статистика, во 2023 година во земјава имало 18 кина. Бројот на прикажани филмови лани изнесувал 1 027, на кинопретстави 12 596, а бројот на посетители бил 350 637.

Во 2023 година, во споредба со 2022 година, бројот на прикажаните филмски кинопретстави е зголемен за 11.2 %.

The post ДЗС: Во кината лани биле прикажани 1. 027 филмови и 12. 596 кинопретстави appeared first on Република.

]]>
Под мотото „Разлики кои не обeдинуваат“ од денеска во Кинотека проекции на „Големата вода“, „400 удари“ и „Црвените булки над ѕидовите“ https://republika.mk/scena/film/pod-mototo-razliki-koi-ne-obedinuvaat-od-deneska-vo-kinoteka-proektsii-na-golemata-voda-400-udari-i-tsrvenite-bulki-nad-zidovite/ Thu, 25 Apr 2024 12:01:51 +0000 https://republika.mk/?p=768552

За почит и за внимание е концептот, РАЗЛИКИ КОИ НÈ ОБЕДИНУВААТ. Тоа е, всушност, наслов за многу важна и повеќе од потребна пракса, за запознавање и вмрежување на филмолозите од регионов. Во рамките на овој нов концепт, ќе се одбележи дваесетгодишнината од премиерата на ГОЛЕМАТА ВОДА, во режија на Иво Трајков и по сценарио на Владимир Блажевски. Кинотеката потоа се враќа во 1976 година, кога е снимен албанскиот филм ЦРВЕНИТЕ БУЛКИ НАД ЅИДОВИТЕ, во режија на Димитер Анагности. Во 1980 година филмот го добива Гран при-то на Mеѓународниот филмски фестивал во Белград,

Функцијата на уметноста е и тоа да создава визија на кохерентен, унифицирачки модел што мора да биде во основата на фрагментарните слики на настаните кои ни ги открива нашата свест, како и со процесите на социјализацијата и дистрибуцијата на филмот кои во нашата свест обликуваат нов „календар“ – тогаш тоа секако ни налага филмот да го промислуваме и во еден поширок социјален и културолошки контекст.

И покрај бројните филмски продукции и филмови што се создаваат во нашата земја и во регионот, сепак постои парадокс. Тој парадокс е недоволното истражување на филмот како најпопуларен сегмент во културата.

Исто така, филмот како најпопуларен медиум, покрај докажаните епистемолошки дострели, останува парцијален во опфатот и третирањето на културните и општествените феномени. За ова можат да се лоцираат многу причини зошто не постојат обединети работилници и дискусии за кинематографиите на регионот, за да имаме увид во начинот и промислувањето на филмот кај нас и кај нашите соседи.

Препознавањето и класифицирањето на одредени филмови и филмски сцени со слична тематика/проблематика би билo од голема важност за подлабоко меѓусебно познавање. Заедничките филмски проекции, проследени со плодни дискусии на филмската екипа и филмските автори со публиката, медиумите и посебно помладата популација, се од големо значење.

Во минатото имало обиди да се направат заеднички студии и анализи на кинематографиите на помалите народи, но тие се ограничувале во рамките на пишувани анализи. Заедничките проекции на филмовите од земјите во регионот би овозможиле поинтересна интеракција меѓу филмските екипи и пошироката јавност. При посета на значајни филмски институции и лица во земјата и странство би можела да се развие плодна меѓународна и регионална соработка, под мотото РАЗЛИКИТЕ КОИ НÈ ОБЕДИНУВААТ. Се надеваме дека овој проект ќе го прошириме и со другите земји од регионот, со проекции и дискусии и надвор од киносалите, во смисла на прикажување на филмови под отворено небо, за да прерасне во убава и автентична традиција.

За почеток на реализацијата на овој проект, кој оди под мотото РАЗЛИКИТЕ КОИ НÈ ОБЕДИНУВААТ, во Кинотеката на 25 април ќе биде прикажан долгометражниот игран филм на Иво Трајков ГОЛЕМАТА ВОДА (The Great Water / Uji i madh), снимен во 2004 година, веднаш потоа, на 26 април ќе биде прикажан албанскиот игран филм ЦРВЕНИТЕ БУЛКИ НАД SИДОВИТЕ (Lulëkuqet mbi mure) од 1976 година во режија на Димитер Анагности (Dhimitër Anagnosti), и на 27 април, проектот ќе го заокружиме со 400 УДАРИ (Les quatre cents coups) на Франсоа Трифо, снимен во 1959 година.

Покрај многуте причини, овие филмови се, пред сè, избрани поради своите „сличности и паралели“ во тематиките, како и во нивната филмска обработка и пристап. Но, исто така, битно е да се истакне и дека ЦРВЕНИТЕ БУЛКИ НАД SИДОВИТЕ неодамна е дигитализиран во 4К резолуција, а ГОЛЕМАТА ВОДА оваа година го прославува дваесетгодишниот јубилеј од својата премиера. И, се разбира, дека филмот 400 УДАРИ на Трифо, според францускиот филмски магазин „Cahiers du cinema“ (Каје де Синема) е повеќе од ремек-дело и станува збор за еден од најaмблематичните филмови во поствоениот период на француската филмска продукција.

 

 

 

25 АПРИЛ (ЧЕТВРТОК) 20:00ч

ГОЛЕМАТА ВОДА

(Uji i madh / Тhe Great Water)

игран филм, Македонија / Чешка / САД / Германија

2004, 93 мин., колор, ДЦП

режија: Иво Трајков (Ivo Trajkov)

сценарио: Иво Трајков, Владимир Блажевски (Ivo Trajkov, Vladimir Blazhevski)

улоги: Апостоловски Митко, Мето Јовановски, Верица Најдоска, Ристо Гоговски, Сашо Кекеновски, Кујача Николина, Маја Станковска (Mitko Apostolovski, Meto Jovanovski, Verica Najdoska, Risto Gogovski, Sasho Kekenovski, Nikolina Kujacha, Maja Stankovska)

 

Политичарот Лем Никодиноски, кој е кандидат на престојните избори и е истакната личност во државата, е во критична здравствена состојба. На патот кон операционата сала тој се присетува на годините по Втората светска војна, кога своето детство го минува покрај големото езеро, во дом за сираци кои потекнуваат од семејствата на наводните „народни непријатели“. Малиот Лем е уловен како „диво ѕверче“ во оризовите полиња и е доведен во домот крај големата вода. Приказната што ќе ја раскаже стариот Лем за своето несреќно детство, не е обична приказна за страдањата на еден балкански сирак, туку приказна за пријателството, за љубовта, за добродетелта, за предавствата, и копнежот за слобода

ГОЛЕМАТА ВОДА во 2005 година ja добива „Златната палма“ за најдобар филм, како и наградите за најдобра режија (на Иво Трајков), најдобра фотографија (на Суки Меденчевиќ) и најдобар саундрак (на Кирил Џајковски) на Фестивалот на медитерански филм во Валенсија, Шпанија.

 

 

26 АПРИЛ (ПЕТОК) 20:00ч

ЦРВЕНИТЕ БУЛКИ НАД SИДОВИТЕ

(Lulëkuqet mbi mure / Red Poppies on the Wall):

игран филм, Албанија

1976, 100 мин., црно-бел, ДЦП

режија: Димитер Анагности (Dhimitër Anagnosti)

сценарио: Петраќ Ќафзези, Димитер Анагности (Petraq Qafzezi, Dhimitër Anagnosti)

улоги: Тимо Флоко, Агим Ќирјаќи, Кадри Роши, Алфред Коте, Лиза Ласку, Анастас Кристофори, Љуан Ќерими, Павлина Мани (Timo Flloko, Agim Qirjaqi, Kadri Roshi, Alfred Kote, Liza Laska, Anastas Kristofori, Luan Qerimi, Pavlina Mana)

 

Во едно сиропиталиште во Тирана, за време на Втората светска војна кога Албанија е окупирана од фашистичка Италија, децата се принудени да ги чистат паролите на ѕидовите кои антифашистите одвреме-навреме ги пишуваат против непријателот. Четири пријатели сирачиња, Јаќја, Лела, Барди и Томи, од кои едниот се дружи со Али, момче кое е отворен антифашист, почнуваат тајно да прават планови како да се одмаздат на омразените соработници на фашистите, познати слуги и шпиони на окупаторската власт. Двајца од тие „соработници“, кои се цел на бунтовниците, се токму директорот на домот за деца без родители и неговиот домар. Поттикнати од убиството на еден италијанскиот офицер од страна на Али, сираците стануваат смели и размислуваат како да го соборат својот предавнички старател од скалите на домот. Нивниот план една вечер и ќе се реализира – домарот, во пијана состојба, не го гледа јажето што го врзале децата од двете страни на скалите, паѓа и си ја крши раката. Директорот на сиропиталиштето ги известува окупаторите со цел да му пружат помош и да се овозможи фаќање на организаторите и учесниците. Но, тоа не ја постигнува целта, бидејќи децата молчат, одбиваат да соработуваат. Молчи и Суљо, едно од шесте деца на чистачката во сиропиталиштето, кој всушност не е ни сираче, туку како такво го пријавила неговата мајка, бидејќи не можела да се грижи за него и да го прехрани. Додека диркеторот го присилува Суљо да ги шпионира пријателите, дел од сирачиња бегаат и им се приклучуваат на единиците на отпорот.

ЦРВЕНИТЕ БУЛКИ НАД ЅИДОВИТЕ во 1980 година го добива Гран при-то на Mеѓународниот филмски фестивал во Белград, а во 1985 година ја добива Златната медала на Филмскиот фестивал „Џифони“ во Салерно, а во 1977 Димитер Анагности ја добива Големата републичка награда на Албанија за режијата на филмот.

 

27 АПРИЛ (САБОТА) 20:00ч

400 УДАРИ

(Les Quatre Cents Coups / 400 Goditje)

игран филм, Франција

1959, 99 мин., црно-бел, ХД видео

режија: Франсоа Трифо (François Truffaut)

сценарио: Франсоа Трифо, Марсел Муси (François Truffaut, Marcel Moussy)

улоги: Жан-Пјер Лео, Клер Морие, Албер Реми, Ги Декомбл, Жорж Фламан, Патрик Офе (Jean-Pierre Léaud, Claire Maurier, Albert Rémy, Guy Decomble, Georges Flamant, Patrick Auffay)

 

Антоан е 14-годишно дете, лош ученик и повеќе сака да се забавува отколку да ги исполнува ученичките и домашните обврски. Неговите родители често се отсутни од дома, а Антоан е на мета на строгиот наставник по француски јазик. Еден ден, наместо да оди на училиште, тој шета низ градот при што ја здогледува својата мајка како се бакнува со друг човек. Поради тоа, тој бега од дома, а неговиот најдобар другар му помага да преноќи во една печатница. Кога се враќа дома, неговите родители се обидуваат да го поправат односот кон него и тој минува една забавна вечер со нив, но неговата среќа трае кратко, затоа што набргу потоа мајка му и очувот продолжуваат со своите караници. Антоан повторно бега од дома и притоа ја краде машината за пишување од канцеларијата во која работи очувот. Бидејќи не може да ја продаде машината, се обидува да ја врати назад, но чуварот го открива и го пријавува кај очувот. Тој го пријавува Антоан во полиција, а потоа родителите одлучуваат да го испратат детето во поправен дом. Еден ден го посетува мајка му, која му соопштува дека нема да го примат назад дома, и тогаш Антоан решава да побегне од поправниот дом.

Филмот добил десетина награди, меѓу нив и три награди на Канскиот филмски фестивал („Златна палма“ за најдобар филм, за најдобар режисер, како и наградата OCIC), а во 1960 година бил номиниран за „Оскар“ во категоријата за најдобро сценарио.

Во овој прв „пилот-настан“ од проектот на Кинотеката на Македонија, исто така, ќе учествуваат и присуствуваат Хермелинда Троќе (сектор за реставрација), Еранд Меча (аудиовизуелен сектор) и Флодијан Коконози (сектор за скенирање и дигитализација на фототечни материјали) – како претставници на Државниот централен филмски архив на Албанија (AQSHF).

 

The post Под мотото „Разлики кои не обeдинуваат“ од денеска во Кинотека проекции на „Големата вода“, „400 удари“ и „Црвените булки над ѕидовите“ appeared first on Република.

]]>

За почит и за внимание е концептот, РАЗЛИКИ КОИ НÈ ОБЕДИНУВААТ. Тоа е, всушност, наслов за многу важна и повеќе од потребна пракса, за запознавање и вмрежување на филмолозите од регионов. Во рамките на овој нов концепт, ќе се одбележи дваесетгодишнината од премиерата на ГОЛЕМАТА ВОДА, во режија на Иво Трајков и по сценарио на Владимир Блажевски. Кинотеката потоа се враќа во 1976 година, кога е снимен албанскиот филм ЦРВЕНИТЕ БУЛКИ НАД ЅИДОВИТЕ, во режија на Димитер Анагности. Во 1980 година филмот го добива Гран при-то на Mеѓународниот филмски фестивал во Белград, Функцијата на уметноста е и тоа да создава визија на кохерентен, унифицирачки модел што мора да биде во основата на фрагментарните слики на настаните кои ни ги открива нашата свест, како и со процесите на социјализацијата и дистрибуцијата на филмот кои во нашата свест обликуваат нов „календар“ – тогаш тоа секако ни налага филмот да го промислуваме и во еден поширок социјален и културолошки контекст. И покрај бројните филмски продукции и филмови што се создаваат во нашата земја и во регионот, сепак постои парадокс. Тој парадокс е недоволното истражување на филмот како најпопуларен сегмент во културата. Исто така, филмот како најпопуларен медиум, покрај докажаните епистемолошки дострели, останува парцијален во опфатот и третирањето на културните и општествените феномени. За ова можат да се лоцираат многу причини зошто не постојат обединети работилници и дискусии за кинематографиите на регионот, за да имаме увид во начинот и промислувањето на филмот кај нас и кај нашите соседи. Препознавањето и класифицирањето на одредени филмови и филмски сцени со слична тематика/проблематика би билo од голема важност за подлабоко меѓусебно познавање. Заедничките филмски проекции, проследени со плодни дискусии на филмската екипа и филмските автори со публиката, медиумите и посебно помладата популација, се од големо значење. Во минатото имало обиди да се направат заеднички студии и анализи на кинематографиите на помалите народи, но тие се ограничувале во рамките на пишувани анализи. Заедничките проекции на филмовите од земјите во регионот би овозможиле поинтересна интеракција меѓу филмските екипи и пошироката јавност. При посета на значајни филмски институции и лица во земјата и странство би можела да се развие плодна меѓународна и регионална соработка, под мотото РАЗЛИКИТЕ КОИ НÈ ОБЕДИНУВААТ. Се надеваме дека овој проект ќе го прошириме и со другите земји од регионот, со проекции и дискусии и надвор од киносалите, во смисла на прикажување на филмови под отворено небо, за да прерасне во убава и автентична традиција. За почеток на реализацијата на овој проект, кој оди под мотото РАЗЛИКИТЕ КОИ НÈ ОБЕДИНУВААТ, во Кинотеката на 25 април ќе биде прикажан долгометражниот игран филм на Иво Трајков ГОЛЕМАТА ВОДА (The Great Water / Uji i madh), снимен во 2004 година, веднаш потоа, на 26 април ќе биде прикажан албанскиот игран филм ЦРВЕНИТЕ БУЛКИ НАД SИДОВИТЕ (Lulëkuqet mbi mure) од 1976 година во режија на Димитер Анагности (Dhimitër Anagnosti), и на 27 април, проектот ќе го заокружиме со 400 УДАРИ (Les quatre cents coups) на Франсоа Трифо, снимен во 1959 година. Покрај многуте причини, овие филмови се, пред сè, избрани поради своите „сличности и паралели“ во тематиките, како и во нивната филмска обработка и пристап. Но, исто така, битно е да се истакне и дека ЦРВЕНИТЕ БУЛКИ НАД SИДОВИТЕ неодамна е дигитализиран во 4К резолуција, а ГОЛЕМАТА ВОДА оваа година го прославува дваесетгодишниот јубилеј од својата премиера. И, се разбира, дека филмот 400 УДАРИ на Трифо, според францускиот филмски магазин „Cahiers du cinema“ (Каје де Синема) е повеќе од ремек-дело и станува збор за еден од најaмблематичните филмови во поствоениот период на француската филмска продукција.       25 АПРИЛ (ЧЕТВРТОК) 20:00ч ГОЛЕМАТА ВОДА (Uji i madh / Тhe Great Water) игран филм, Македонија / Чешка / САД / Германија 2004, 93 мин., колор, ДЦП режија: Иво Трајков (Ivo Trajkov) сценарио: Иво Трајков, Владимир Блажевски (Ivo Trajkov, Vladimir Blazhevski) улоги: Апостоловски Митко, Мето Јовановски, Верица Најдоска, Ристо Гоговски, Сашо Кекеновски, Кујача Николина, Маја Станковска (Mitko Apostolovski, Meto Jovanovski, Verica Najdoska, Risto Gogovski, Sasho Kekenovski, Nikolina Kujacha, Maja Stankovska)   Политичарот Лем Никодиноски, кој е кандидат на престојните избори и е истакната личност во државата, е во критична здравствена состојба. На патот кон операционата сала тој се присетува на годините по Втората светска војна, кога своето детство го минува покрај големото езеро, во дом за сираци кои потекнуваат од семејствата на наводните „народни непријатели“. Малиот Лем е уловен како „диво ѕверче“ во оризовите полиња и е доведен во домот крај големата вода. Приказната што ќе ја раскаже стариот Лем за своето несреќно детство, не е обична приказна за страдањата на еден балкански сирак, туку приказна за пријателството, за љубовта, за добродетелта, за предавствата, и копнежот за слобода ГОЛЕМАТА ВОДА во 2005 година ja добива „Златната палма“ за најдобар филм, како и наградите за најдобра режија (на Иво Трајков), најдобра фотографија (на Суки Меденчевиќ) и најдобар саундрак (на Кирил Џајковски) на Фестивалот на медитерански филм во Валенсија, Шпанија.     26 АПРИЛ (ПЕТОК) 20:00ч ЦРВЕНИТЕ БУЛКИ НАД SИДОВИТЕ (Lulëkuqet mbi mure / Red Poppies on the Wall): игран филм, Албанија 1976, 100 мин., црно-бел, ДЦП режија: Димитер Анагности (Dhimitër Anagnosti) сценарио: Петраќ Ќафзези, Димитер Анагности (Petraq Qafzezi, Dhimitër Anagnosti) улоги: Тимо Флоко, Агим Ќирјаќи, Кадри Роши, Алфред Коте, Лиза Ласку, Анастас Кристофори, Љуан Ќерими, Павлина Мани (Timo Flloko, Agim Qirjaqi, Kadri Roshi, Alfred Kote, Liza Laska, Anastas Kristofori, Luan Qerimi, Pavlina Mana)   Во едно сиропиталиште во Тирана, за време на Втората светска војна кога Албанија е окупирана од фашистичка Италија, децата се принудени да ги чистат паролите на ѕидовите кои антифашистите одвреме-навреме ги пишуваат против непријателот. Четири пријатели сирачиња, Јаќја, Лела, Барди и Томи, од кои едниот се дружи со Али, момче кое е отворен антифашист, почнуваат тајно да прават планови како да се одмаздат на омразените соработници на фашистите, познати слуги и шпиони на окупаторската власт. Двајца од тие „соработници“, кои се цел на бунтовниците, се токму директорот на домот за деца без родители и неговиот домар. Поттикнати од убиството на еден италијанскиот офицер од страна на Али, сираците стануваат смели и размислуваат како да го соборат својот предавнички старател од скалите на домот. Нивниот план една вечер и ќе се реализира – домарот, во пијана состојба, не го гледа јажето што го врзале децата од двете страни на скалите, паѓа и си ја крши раката. Директорот на сиропиталиштето ги известува окупаторите со цел да му пружат помош и да се овозможи фаќање на организаторите и учесниците. Но, тоа не ја постигнува целта, бидејќи децата молчат, одбиваат да соработуваат. Молчи и Суљо, едно од шесте деца на чистачката во сиропиталиштето, кој всушност не е ни сираче, туку како такво го пријавила неговата мајка, бидејќи не можела да се грижи за него и да го прехрани. Додека диркеторот го присилува Суљо да ги шпионира пријателите, дел од сирачиња бегаат и им се приклучуваат на единиците на отпорот. ЦРВЕНИТЕ БУЛКИ НАД ЅИДОВИТЕ во 1980 година го добива Гран при-то на Mеѓународниот филмски фестивал во Белград, а во 1985 година ја добива Златната медала на Филмскиот фестивал „Џифони“ во Салерно, а во 1977 Димитер Анагности ја добива Големата републичка награда на Албанија за режијата на филмот.   27 АПРИЛ (САБОТА) 20:00ч 400 УДАРИ (Les Quatre Cents Coups / 400 Goditje) игран филм, Франција 1959, 99 мин., црно-бел, ХД видео режија: Франсоа Трифо (François Truffaut) сценарио: Франсоа Трифо, Марсел Муси (François Truffaut, Marcel Moussy) улоги: Жан-Пјер Лео, Клер Морие, Албер Реми, Ги Декомбл, Жорж Фламан, Патрик Офе (Jean-Pierre Léaud, Claire Maurier, Albert Rémy, Guy Decomble, Georges Flamant, Patrick Auffay)   Антоан е 14-годишно дете, лош ученик и повеќе сака да се забавува отколку да ги исполнува ученичките и домашните обврски. Неговите родители често се отсутни од дома, а Антоан е на мета на строгиот наставник по француски јазик. Еден ден, наместо да оди на училиште, тој шета низ градот при што ја здогледува својата мајка како се бакнува со друг човек. Поради тоа, тој бега од дома, а неговиот најдобар другар му помага да преноќи во една печатница. Кога се враќа дома, неговите родители се обидуваат да го поправат односот кон него и тој минува една забавна вечер со нив, но неговата среќа трае кратко, затоа што набргу потоа мајка му и очувот продолжуваат со своите караници. Антоан повторно бега од дома и притоа ја краде машината за пишување од канцеларијата во која работи очувот. Бидејќи не може да ја продаде машината, се обидува да ја врати назад, но чуварот го открива и го пријавува кај очувот. Тој го пријавува Антоан во полиција, а потоа родителите одлучуваат да го испратат детето во поправен дом. Еден ден го посетува мајка му, која му соопштува дека нема да го примат назад дома, и тогаш Антоан решава да побегне од поправниот дом. Филмот добил десетина награди, меѓу нив и три награди на Канскиот филмски фестивал („Златна палма“ за најдобар филм, за најдобар режисер, како и наградата OCIC), а во 1960 година бил номиниран за „Оскар“ во категоријата за најдобро сценарио. Во овој прв „пилот-настан“ од проектот на Кинотеката на Македонија, исто така, ќе учествуваат и присуствуваат Хермелинда Троќе (сектор за реставрација), Еранд Меча (аудиовизуелен сектор) и Флодијан Коконози (сектор за скенирање и дигитализација на фототечни материјали) – како претставници на Државниот централен филмски архив на Албанија (AQSHF).  

The post Под мотото „Разлики кои не обeдинуваат“ од денеска во Кинотека проекции на „Големата вода“, „400 удари“ и „Црвените булки над ѕидовите“ appeared first on Република.

]]>
Проекции на филмови по повод 60-годишнината од смртта на Милтон Манаки вво Кинотека https://republika.mk/vesti/kultura/proektsii-na-filmovi-po-povod-60-godishninata-od-smrtta-na-milton-manaki-vvo-kinoteka/ Tue, 05 Mar 2024 08:27:16 +0000 https://republika.mk/?p=751310

По повод 60-годишнината од смртта на Милтон Манаки, во киносалата на Кинотеката вечерва ќе бидат прикажани документарниот филм „Манаки - Приказна во слики“ за фотографската дејност на Јанаки и Милтон Манаки, целокупниот опус од 42 филма кои овие балкански кинематографски пионери ги снимиле со култната Камера 300, како и филмска репортажа од 1956 година со тогаш „живата битолска легенда“ Милтон Манаки.

Најпрвин, со почеток во 18 часот, Роберт Јанкуловски, редовен професор на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ и основач на „Македонски центар за фотографија“, ќе одржи презентацијата под наслов „Фотографиите на Манаки, записи низ времето“.

Потоа следува проекцијата на документарниот филм „Манаки - Приказна во слики“ (2018, 70 мин., црно-бел/колор) во режија на самиот Јанкуловски, а по сценарио на Илинденка Петрушева и Јанкуловски. Филмот е посветен на фотографската работа на Јанаки и Милтон Манаки, првите балкански сниматели, и преку оригинални документарни фотографии го следи нивното професионално патешествие од отворањето на првото фотографско ателје во 1898 година во Јанина, се до нивната преселба во Битола каде покрај фотографско ателје, градат и киносала и почнуваат да се бават професионално со киноприкажување на филмови.

Веднаш по документарниот филм ќе биде прикажана и кратката филмска репортажа под наслов „Средба со нашиот прв филмски снимател“ снимена во 1956 за потребите на филмскиот журнал „Филмски репортер бр.4“ подготвен од страна на екипата на Вардар филм од Скопје.

Подоцна, со почеток во 20 часот, ќе се одржи проекција на 42-та наслови на браќата Манаки снимени со нивната камера со сериски бр.300, а кои помладиот брат Милтон во 1963 година, пред својата смрт, ги предал на чување во Државниот Архив на Македонија.

 

The post Проекции на филмови по повод 60-годишнината од смртта на Милтон Манаки вво Кинотека appeared first on Република.

]]>

По повод 60-годишнината од смртта на Милтон Манаки, во киносалата на Кинотеката вечерва ќе бидат прикажани документарниот филм „Манаки - Приказна во слики“ за фотографската дејност на Јанаки и Милтон Манаки, целокупниот опус од 42 филма кои овие балкански кинематографски пионери ги снимиле со култната Камера 300, како и филмска репортажа од 1956 година со тогаш „живата битолска легенда“ Милтон Манаки. Најпрвин, со почеток во 18 часот, Роберт Јанкуловски, редовен професор на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ и основач на „Македонски центар за фотографија“, ќе одржи презентацијата под наслов „Фотографиите на Манаки, записи низ времето“. Потоа следува проекцијата на документарниот филм „Манаки - Приказна во слики“ (2018, 70 мин., црно-бел/колор) во режија на самиот Јанкуловски, а по сценарио на Илинденка Петрушева и Јанкуловски. Филмот е посветен на фотографската работа на Јанаки и Милтон Манаки, првите балкански сниматели, и преку оригинални документарни фотографии го следи нивното професионално патешествие од отворањето на првото фотографско ателје во 1898 година во Јанина, се до нивната преселба во Битола каде покрај фотографско ателје, градат и киносала и почнуваат да се бават професионално со киноприкажување на филмови. Веднаш по документарниот филм ќе биде прикажана и кратката филмска репортажа под наслов „Средба со нашиот прв филмски снимател“ снимена во 1956 за потребите на филмскиот журнал „Филмски репортер бр.4“ подготвен од страна на екипата на Вардар филм од Скопје. Подоцна, со почеток во 20 часот, ќе се одржи проекција на 42-та наслови на браќата Манаки снимени со нивната камера со сериски бр.300, а кои помладиот брат Милтон во 1963 година, пред својата смрт, ги предал на чување во Државниот Архив на Македонија.  

The post Проекции на филмови по повод 60-годишнината од смртта на Милтон Манаки вво Кинотека appeared first on Република.

]]>
Блуреј изданието „Пет македонски ентолошки филма“ е значајно за идентитетот како дел од нашата колективна меморија, но и како наше аудиовизуелно културно наследство https://republika.mk/scena/film/blurej-izdanieto-pet-makedonski-entoloshki-filma-e-znachajno-za-identitetot-kako-del-od-nashata-kolektivna-memorija-no-i-kako-nashe-audiovizuelno-kulturno-nasledstvo/ Wed, 06 Dec 2023 14:53:45 +0000 https://republika.mk/?p=720396

Блуреј изданието под наслов „Пет македонски ентолошки филма“ може да се каже дека е подеднакво значајно за идентитетот како дел од нашата колективна меморија, но пред сѐ како наше аудиовизуелно културно наследство, беше истакното меѓу другото на денешната промоција на ова издание на Кинотеката на Македонија.

Дигитална реставрација на петте етнолошки филмови беше извршена од страна на проф. Владимир Павловски, а промотор на блуреј изданието беше етнологот, м-р Елизабета Конеска, виш кустос во Музејот на Македонија и м-р Александар Трајковски, филмолог во Кинотека.

Ова издание е за нас исклучително значајно бидејќи се работи за првото блуреј изание кое сме го изработиле целосно во Македонија, односно не сме користеле руги лаборатории како што претходно сме го правеле. Сметаме дека со ова издание Кинотеката, но и нашата држава се побогати за уште едно издание кое ќе им послужи на новите генерации истражувачи, рече меѓу другото Трајковски.

Станува збор, како што посочува насловот, за пет документарни филмови со етнолошка тематика, снимени во 1950-ите и 1960-ите години на минатиот век, во продукција на Етнолошкиот музеј – Скопје и продуцентската куќа „Вардар филм“. Документарните филови поместени на овој блуреј – ВЕЛИГДЕНСКИ ОБИЧАИ (1954, р. Ацо Петровски), ГАЛИЧКА СВАДБА (1955, р. Ацо Петровски), ДЕРВИШИ (1955, р. Ацо Петровски), МАРИОВСКА СВАДБА(1966, р. Вера Кличкова) и РУСАЛИСКИ ОБИЧАИ ВО ГЕВГЕЛИСКО (1957, р. Благоја Дрнков) – минатата година беа дигитално реставрирани со средства од меѓународниот проект „Сезона на филмски класици“ на Аосцијацијата на европски кинотеки (ACE – Association des Cinémathèques Européennes), кој пак е финансиски помогнат од програмата МЕДИА на Европската комисија.

Особено се радувам на ова издание пред се бидејќи знам дека ова е долг процес, скап процес кој беше проблематичен да се работи во странство. Имаме среќа што овие филмови биле снимани во време кога традиционалната  култура имала сеуште жива, постоечка активност, а уште пофасцинантно ми е што имале можност да бидат на терен. Снимани се во реално време, за што сме неимерно благодарни и срдечно ги препорачувам бидејќи најавтентично ја прикажуваат и материјалната и духовната култура, рече етнологот, м-р Елизабета Конеска.

The post Блуреј изданието „Пет македонски ентолошки филма“ е значајно за идентитетот како дел од нашата колективна меморија, но и како наше аудиовизуелно културно наследство appeared first on Република.

]]>

Блуреј изданието под наслов „Пет македонски ентолошки филма“ може да се каже дека е подеднакво значајно за идентитетот како дел од нашата колективна меморија, но пред сѐ како наше аудиовизуелно културно наследство, беше истакното меѓу другото на денешната промоција на ова издание на Кинотеката на Македонија. Дигитална реставрација на петте етнолошки филмови беше извршена од страна на проф. Владимир Павловски, а промотор на блуреј изданието беше етнологот, м-р Елизабета Конеска, виш кустос во Музејот на Македонија и м-р Александар Трајковски, филмолог во Кинотека.
Ова издание е за нас исклучително значајно бидејќи се работи за првото блуреј изание кое сме го изработиле целосно во Македонија, односно не сме користеле руги лаборатории како што претходно сме го правеле. Сметаме дека со ова издание Кинотеката, но и нашата држава се побогати за уште едно издание кое ќе им послужи на новите генерации истражувачи, рече меѓу другото Трајковски.
Станува збор, како што посочува насловот, за пет документарни филмови со етнолошка тематика, снимени во 1950-ите и 1960-ите години на минатиот век, во продукција на Етнолошкиот музеј – Скопје и продуцентската куќа „Вардар филм“. Документарните филови поместени на овој блуреј – ВЕЛИГДЕНСКИ ОБИЧАИ (1954, р. Ацо Петровски), ГАЛИЧКА СВАДБА (1955, р. Ацо Петровски), ДЕРВИШИ (1955, р. Ацо Петровски), МАРИОВСКА СВАДБА(1966, р. Вера Кличкова) и РУСАЛИСКИ ОБИЧАИ ВО ГЕВГЕЛИСКО (1957, р. Благоја Дрнков) – минатата година беа дигитално реставрирани со средства од меѓународниот проект „Сезона на филмски класици“ на Аосцијацијата на европски кинотеки (ACE – Association des Cinémathèques Européennes), кој пак е финансиски помогнат од програмата МЕДИА на Европската комисија. Особено се радувам на ова издание пред се бидејќи знам дека ова е долг процес, скап процес кој беше проблематичен да се работи во странство. Имаме среќа што овие филмови биле снимани во време кога традиционалната  култура имала сеуште жива, постоечка активност, а уште пофасцинантно ми е што имале можност да бидат на терен. Снимани се во реално време, за што сме неимерно благодарни и срдечно ги препорачувам бидејќи најавтентично ја прикажуваат и материјалната и духовната култура, рече етнологот, м-р Елизабета Конеска.

The post Блуреј изданието „Пет македонски ентолошки филма“ е значајно за идентитетот како дел од нашата колективна меморија, но и како наше аудиовизуелно културно наследство appeared first on Република.

]]>
За најдобрите филмови на Киненова ќе одлучуваат Лех Мајевски, Дебора Ван Дам и Дејан Дуковски https://republika.mk/vesti/kultura/za-najdobrite-filmovi-na-kinenova-ke-odluchuvaat-leh-majevski-debora-van-dam-i-dejan-dukovski/ Tue, 17 Oct 2023 06:47:25 +0000 https://republika.mk/?p=691895

На 8.издание на МФФ Киненова за најдобрите филмови ќе одлучува меѓународно жири во состав Лех Мајевски, поет, сликар, писател, режисер и визуелен уметник од Полска, Дебора Ван Дам, режисерка и кинематограферка од Холандија и Дејан Дуковски, писател и сценарист од Македонија.
Низ играта на светлото, сенките и боите на филмската проекција се изнедрија универзуми на осум нови храбри филмски авторски гласови од цел свет со нивните деби филмови, преку кои публиката имаше можност да ги види актуелните приказни од Бразил, Англија, Шпанија, Иран, Грузија, Македонија, Србија и Украина.


Лех Мајевски е поет, сликар, писател, режисер и визуелен уметник. Член е на Академијата за филмски уметности и науки и Европската филмска академија. Работејќи во САД, Бразил, Англија, Полска, Германија, Литванија, Франција и Италија, Мајевски ги гради своите визии во неговите слики, филмови, инсталации, романи, театар и оперски постановки. Студирал на Краковската академија за ликовни уметности и дипломирал на Националното филмско училиште во Лоѓ, Полска. Неговиот режисерски потпис е на филмови како „Витез“, „Затвореникот од Рио“, „Евангелие според Хари“, „Собата на срна“, „Баскијат“, „Војачек“, „Ангелус“, „Градината на земните задоволства“, „Стаклени усни“, „Воденицата и крстот“, „Онирика“ и „Долина на боговите“. Презентирани на фестивали во Торонто, Њујорк, Рио де Жанеиро, Ерусалим, Москва, Берлин, Венеција и Кан, овие филмови добија бројни награди.
Неговите видеа, филмови и уметнички дела се прикажани во разни галерии и музеи, вклучувајќи ја и Националната галерија ду Жеу де Паум во Париз; Уметничката галерија Вајтчепел во Лондон; Museo des Belles Artes, Буенос Аирес; Форум за слики, Токио; Музеј на уметност во Тел-Авив; Националната галерија во Лондон; во Музејот Прадо во Мадрид; Уметнички институт во Чикаго; во Лувр и на Венециското биенале. Музејот на модерна уметност во Њујорк МОМА, му укажа чест со индивидуална ретроспектива изложба насловена „Лех Мајевски: поттикнување на подвижната слика“. Неговата инсталација Blood of a Poet/Glass Lips учествуваше на 52-то Венециско биеналe.


Дебора Ван Дам (Хаг) студирала право (магистерски и додипломски студии) во Лајден. По дипломирањето, таа работела во корпоративниот свет неколку години. Набргу потоа, таа се префрла на „раскажување приказни“. Во 2006 година, Дебора го имаше своето филмско деби со документарниот филм „Liesbeth List- Em brace Me“. Камерата и режијата се потпишани од неа. Ова дебитантско филмско дело на Дебора е добива номинација за наградата Имиџ и звук во 2007 година.
Филмовите на Дебора се карактеризираат со интимни набљудувања во кои се разоткрива личната „драма“. За документарниот филм „Бебето“ (2013) Дебора го добива признанието од жирито на Нипков. Со нејзиниот филм „KUYT“ (2017), Ван Дам ја освои меѓународната награда „Паладиум“, а нејзината прва документарна серија „Соочени едни со други“ доби силно медиумско внимание. Како резултат на тоа, Дебора Ван Дам стана незаменлив дел од холандскиот филмски пејзаж. Покрај тоа, Дебора сè повеќе го користи медиумот за фотографија за да раскажува приказни. И автономно и во комбинација со филм.


Дејан Дуковски е драмски писател и сценарист. Дипломира на отсек Драматургија на ФДУ, Скопје, во класата на европски прославениот драмски писател и професор Горан Стефановски. Предавал на ФДУ, Скопје, отсек Филмско и ТВ сценарио. Престојувал како писател во резиденција во Дојче Шаушпилхаус во Хамбург, Германија, а од 2015 година работи како драматург во Македонскиот народен театар, Скопје. Ги напишал драмските текстови: „Балканска“, „Балкански вампир“, „Силјан Штркот Шанца“„Балканот не е мртов“, „Буре барут“ (текстот е поставен на театарските сцени во цел свет и учествувал на голем број Европски и светски фестивали, каде што освоил бројни награди. Сите негови драмски текстови се преведени на многу јазици и повеќекратно наградувани, а статистички тој е најизведуван македонски драмски писател. Автор е на филмските сценарија: „Светло сиво“, „Како во лош сон“ (базирано на неговиот текст „Маме му ебам кој прв почна“), „Ѕвонење во глава“, „Балканот не е мртов“ (базирано на неговиот истоимен текст) и „Буре барут“. Филмот „Буре барут“, во режија на Горан Паскаљевиќ има освоено бројни награди: ФИПРЕСЦИ, Меѓународна награда на критиката за најдобар филм во сите категории на Меѓународниот филмски фестивал во Венеција, 1998 година, ФИПРЕСЦИ, награда за најдобар филм на Европската академија за филм, 1998, наградата „Бронзена камера 300“, на Меѓународниот филмски фестивал „Браќа Манаки“, Битола, Гран При на Меѓународниот филмски фестивал во Анталија, Турција, Гран При на Меѓународниот филмски фестивал во Хаифи, Израел итн.

The post За најдобрите филмови на Киненова ќе одлучуваат Лех Мајевски, Дебора Ван Дам и Дејан Дуковски appeared first on Република.

]]>

На 8.издание на МФФ Киненова за најдобрите филмови ќе одлучува меѓународно жири во состав Лех Мајевски, поет, сликар, писател, режисер и визуелен уметник од Полска, Дебора Ван Дам, режисерка и кинематограферка од Холандија и Дејан Дуковски, писател и сценарист од Македонија. Низ играта на светлото, сенките и боите на филмската проекција се изнедрија универзуми на осум нови храбри филмски авторски гласови од цел свет со нивните деби филмови, преку кои публиката имаше можност да ги види актуелните приказни од Бразил, Англија, Шпанија, Иран, Грузија, Македонија, Србија и Украина. Лех Мајевски е поет, сликар, писател, режисер и визуелен уметник. Член е на Академијата за филмски уметности и науки и Европската филмска академија. Работејќи во САД, Бразил, Англија, Полска, Германија, Литванија, Франција и Италија, Мајевски ги гради своите визии во неговите слики, филмови, инсталации, романи, театар и оперски постановки. Студирал на Краковската академија за ликовни уметности и дипломирал на Националното филмско училиште во Лоѓ, Полска. Неговиот режисерски потпис е на филмови како „Витез“, „Затвореникот од Рио“, „Евангелие според Хари“, „Собата на срна“, „Баскијат“, „Војачек“, „Ангелус“, „Градината на земните задоволства“, „Стаклени усни“, „Воденицата и крстот“, „Онирика“ и „Долина на боговите“. Презентирани на фестивали во Торонто, Њујорк, Рио де Жанеиро, Ерусалим, Москва, Берлин, Венеција и Кан, овие филмови добија бројни награди. Неговите видеа, филмови и уметнички дела се прикажани во разни галерии и музеи, вклучувајќи ја и Националната галерија ду Жеу де Паум во Париз; Уметничката галерија Вајтчепел во Лондон; Museo des Belles Artes, Буенос Аирес; Форум за слики, Токио; Музеј на уметност во Тел-Авив; Националната галерија во Лондон; во Музејот Прадо во Мадрид; Уметнички институт во Чикаго; во Лувр и на Венециското биенале. Музејот на модерна уметност во Њујорк МОМА, му укажа чест со индивидуална ретроспектива изложба насловена „Лех Мајевски: поттикнување на подвижната слика“. Неговата инсталација Blood of a Poet/Glass Lips учествуваше на 52-то Венециско биеналe. Дебора Ван Дам (Хаг) студирала право (магистерски и додипломски студии) во Лајден. По дипломирањето, таа работела во корпоративниот свет неколку години. Набргу потоа, таа се префрла на „раскажување приказни“. Во 2006 година, Дебора го имаше своето филмско деби со документарниот филм „Liesbeth List- Em brace Me“. Камерата и режијата се потпишани од неа. Ова дебитантско филмско дело на Дебора е добива номинација за наградата Имиџ и звук во 2007 година. Филмовите на Дебора се карактеризираат со интимни набљудувања во кои се разоткрива личната „драма“. За документарниот филм „Бебето“ (2013) Дебора го добива признанието од жирито на Нипков. Со нејзиниот филм „KUYT“ (2017), Ван Дам ја освои меѓународната награда „Паладиум“, а нејзината прва документарна серија „Соочени едни со други“ доби силно медиумско внимание. Како резултат на тоа, Дебора Ван Дам стана незаменлив дел од холандскиот филмски пејзаж. Покрај тоа, Дебора сè повеќе го користи медиумот за фотографија за да раскажува приказни. И автономно и во комбинација со филм. Дејан Дуковски е драмски писател и сценарист. Дипломира на отсек Драматургија на ФДУ, Скопје, во класата на европски прославениот драмски писател и професор Горан Стефановски. Предавал на ФДУ, Скопје, отсек Филмско и ТВ сценарио. Престојувал како писател во резиденција во Дојче Шаушпилхаус во Хамбург, Германија, а од 2015 година работи како драматург во Македонскиот народен театар, Скопје. Ги напишал драмските текстови: „Балканска“, „Балкански вампир“, „Силјан Штркот Шанца“„Балканот не е мртов“, „Буре барут“ (текстот е поставен на театарските сцени во цел свет и учествувал на голем број Европски и светски фестивали, каде што освоил бројни награди. Сите негови драмски текстови се преведени на многу јазици и повеќекратно наградувани, а статистички тој е најизведуван македонски драмски писател. Автор е на филмските сценарија: „Светло сиво“, „Како во лош сон“ (базирано на неговиот текст „Маме му ебам кој прв почна“), „Ѕвонење во глава“, „Балканот не е мртов“ (базирано на неговиот истоимен текст) и „Буре барут“. Филмот „Буре барут“, во режија на Горан Паскаљевиќ има освоено бројни награди: ФИПРЕСЦИ, Меѓународна награда на критиката за најдобар филм во сите категории на Меѓународниот филмски фестивал во Венеција, 1998 година, ФИПРЕСЦИ, награда за најдобар филм на Европската академија за филм, 1998, наградата „Бронзена камера 300“, на Меѓународниот филмски фестивал „Браќа Манаки“, Битола, Гран При на Меѓународниот филмски фестивал во Анталија, Турција, Гран При на Меѓународниот филмски фестивал во Хаифи, Израел итн.

The post За најдобрите филмови на Киненова ќе одлучуваат Лех Мајевски, Дебора Ван Дам и Дејан Дуковски appeared first on Република.

]]>
Гран при за „Заедно, сами“ на Касим Ордек на Галичник филм фестивал https://republika.mk/vesti/kultura/gran-pri-za-zaedno-sami-na-kasim-ordek-na-galichnik-film-festival/ Mon, 07 Aug 2023 09:01:18 +0000 https://republika.mk/?p=669489

Свеченото затворање на четвртиот Галичник филм фестивал се одржа синоќа со прогласување на добитниците на наградите за краткометражни филмови во три натпреварувачки категории. На фестивалот кој траеше од 4 до 6 август, бројната публика составена од љубители на седмата уметност уживаше во 33 краткометражни филмови од различни земји.

За организаторте Дарма филм, фестивалските денови оваа година беа уште побогати со содржини и со зголемен интерес од регионот и пошироко за учество на фестивалот, како и за едукативните работилници кои се одржаа под менторство на Дејан Дуковски и Андреј Волкашин.

Тричлената жири комисија составена од актерот Сашко Коцев, продуцентката Елена Станишева и режисерот Георги Унковски одлучија за добитниците на наградите.

Во конкуренција од 33 краткометражни филмови, Гранд при наградата на Галичник филм фестивалот 2023 ја понесе филмот „Заедно, сами“  на турскиот режисер Касим Ордек, за зрелиот израз на суптилно и емотивно раскажување на една навидум тривијална приказна, која допира длабоко до сечие срце. На главните протагонисти во „Заедно, сами“,  Еџем Узун и Мерт Доган им припаднаа и наградите за најдобра женска и најдобра машка улога за нивниот одличен актерски израз, кој со ненаметливост и со леснотија прикажува комплексни човечки судбини.

Наградата за најдобро сценариото му припадна на швајцарскиот режисер Зоел Ешбахер за неговиот краткометражен филм „Фер игра“ и начинот на кој што тој вешто преку игра и хумор мајсторски ги прикажува апсурдите на денешницата.

Поетичниот израз на една осетлива тема раскажана на храбар начин од страна на грчката режисерка Софија Георговасили во филмот „Мемоар за застрашувачка бура“ ја понесе наградата за најдобра режија.

Канадскиот режисер Лојд Ли Кои е добитник на наградата за најдобра кинематографија за неговиот филм „Сé по старо“.

Наградите за најдобар краткометражен филм според трите натпреварувачки категории на фестивалот припаднаа на филмот „Ти ветив рај“ на режисерот Морад Мостафа од Египет во категоријата за најдобар игран филм,  филмот „Ева“ на руската режисерка Олга Смирнова се закити со наградата за најдобар документарен филм, додека пак за најдобар анимиран филм, наградата ја понесе полската режисерка Ева Смик со „Носталгија за дома“.

The post Гран при за „Заедно, сами“ на Касим Ордек на Галичник филм фестивал appeared first on Република.

]]>

Свеченото затворање на четвртиот Галичник филм фестивал се одржа синоќа со прогласување на добитниците на наградите за краткометражни филмови во три натпреварувачки категории. На фестивалот кој траеше од 4 до 6 август, бројната публика составена од љубители на седмата уметност уживаше во 33 краткометражни филмови од различни земји. За организаторте Дарма филм, фестивалските денови оваа година беа уште побогати со содржини и со зголемен интерес од регионот и пошироко за учество на фестивалот, како и за едукативните работилници кои се одржаа под менторство на Дејан Дуковски и Андреј Волкашин. Тричлената жири комисија составена од актерот Сашко Коцев, продуцентката Елена Станишева и режисерот Георги Унковски одлучија за добитниците на наградите. Во конкуренција од 33 краткометражни филмови, Гранд при наградата на Галичник филм фестивалот 2023 ја понесе филмот „Заедно, сами“  на турскиот режисер Касим Ордек, за зрелиот израз на суптилно и емотивно раскажување на една навидум тривијална приказна, која допира длабоко до сечие срце. На главните протагонисти во „Заедно, сами“,  Еџем Узун и Мерт Доган им припаднаа и наградите за најдобра женска и најдобра машка улога за нивниот одличен актерски израз, кој со ненаметливост и со леснотија прикажува комплексни човечки судбини. Наградата за најдобро сценариото му припадна на швајцарскиот режисер Зоел Ешбахер за неговиот краткометражен филм „Фер игра“ и начинот на кој што тој вешто преку игра и хумор мајсторски ги прикажува апсурдите на денешницата. Поетичниот израз на една осетлива тема раскажана на храбар начин од страна на грчката режисерка Софија Георговасили во филмот „Мемоар за застрашувачка бура“ ја понесе наградата за најдобра режија. Канадскиот режисер Лојд Ли Кои е добитник на наградата за најдобра кинематографија за неговиот филм „Сé по старо“. Наградите за најдобар краткометражен филм според трите натпреварувачки категории на фестивалот припаднаа на филмот „Ти ветив рај“ на режисерот Морад Мостафа од Египет во категоријата за најдобар игран филм,  филмот „Ева“ на руската режисерка Олга Смирнова се закити со наградата за најдобар документарен филм, додека пак за најдобар анимиран филм, наградата ја понесе полската режисерка Ева Смик со „Носталгија за дома“.

The post Гран при за „Заедно, сами“ на Касим Ордек на Галичник филм фестивал appeared first on Република.

]]>
Лани во 13 кина во Македонија биле прикажани 939 филма https://republika.mk/scena/film/lani-vo-13-kina-vo-makedonija-bile-prikazhani-939-filma/ Fri, 12 May 2023 11:55:06 +0000 https://republika.mk/?p=640145

Во кината низ земјава минатата година биле прикажани 939 филмови, имало 11.326 кинопретстави на кои присуствувале 274.289 посетители, соопшти Државниот завод за статистика.

Во 2022 година, во споредба со 2021 година, бројот на прикажаните филмски кинопретстави е зголемен за 5.4 %.

Со податоците се опфатени 13 кина.

 

The post Лани во 13 кина во Македонија биле прикажани 939 филма appeared first on Република.

]]>

Во кината низ земјава минатата година биле прикажани 939 филмови, имало 11.326 кинопретстави на кои присуствувале 274.289 посетители, соопшти Државниот завод за статистика. Во 2022 година, во споредба со 2021 година, бројот на прикажаните филмски кинопретстави е зголемен за 5.4 %. Со податоците се опфатени 13 кина.  

The post Лани во 13 кина во Македонија биле прикажани 939 филма appeared first on Република.

]]>
„Најдобриот роденден досега“, „Римини“ и „Корсет“ за почеток на мартовската програма во Кинотека https://republika.mk/vesti/kultura/najdobriot-rodenden-dosega-rimini-i-korset-za-pochetok-na-martovskata-programa-vo-kinoteka/ Tue, 28 Feb 2023 08:40:17 +0000 https://republika.mk/?p=614036

Еден од филмовите со кои ја започнуваме мартовската кинотечна програма е РИМИНИ (Rimini) на Урлих Зајдл (Ulrich Seidl), долгоочекуваното враќање кон играниот филм на познатиот австриски режисер. Неговата нова мрачна и комична драма е портрет на еден „жиголо“ – маж што спие со жени за пари. РИМИНИ на суров начин го прикажува декадентниот и осамен живот на заборавена ѕвезда на крајот од својата кариера, во спектакуларна изведба на харизматичниот австриски актер Михаел Томас. Најпознат по трилогијата РАЈ: ЉУБОВ, ВЕРА, НАДЕЖ (Paradise: Love / Paradies: Liebe; Paradise: Faith / Paradies: Glaube; Paradise: Hope / Paradies: Hoffnung; 2012/2013), Зајдл е предводник на новиот австриски филм од почетокот на овој милениум, кој ги освои европските филмски фестивали. Зајдл е и расен документаристички автор, потписник на некои од „најсировите“ документарни филмови како ВО ПОДРУМОТ (Im Keller / In the Basement, 2014) или САФАРИ (Safari, 2016). Во нив, без пардон, прави вивисекција на австриското и европското општество, преплетувајќи ги фикцијата и документарното, и на тој начин создава посебен авторски ракопис по кој е познат.

Заедно со него е и КОРСЕТ (Corsage) на уште едно авторско име со домицилно австриско потекло Мари Кројцер (Marie Kreutzer). КОРСЕТ е храбра и субверзивна костимирана драма за Сиси, царицата Елизабета од Австрија, која се бунтува за ограничувањата во кралското семејство и на нереалната слика што светот ја има за неа.

На програмата е и ВАВИЛОН (Babylon) на Дамиен Шазел (Damien Chazelle), веројатно еден од најзборуваните филмови на сезоната. Опишуван како „Љубовно писмо до Холивуд“, новиот филм на Шазел (автор на постмодерната мелодрама ЛА-ЛА-ЛЕНД) е приказна за преголема амбиција и големиот успех, која ги следи подемот и падот на неколку ликови низ ерата на нескротливиот раскош и изопаченост во раниот Холивуд.

ЛЕТОТО КОГА НАУЧИВ ДА ЛЕТАМ (Leto kada sam naučila da letim / How I Learned to Fly) на Радивое Раша Андриќ (Radivoje Raša Andrić), пак, е нежна приказна за созревањето и помирувањето на дванаесетгодишната девојка Софија, која мора да го мине летото со нејзините здодевни баби.

АЛКАРАЗ (Alcarràs) на шпанската авторка Карла Симон (Carla Simón), која ја освои главната награда на Берлинале 2022, „Златната мечка“, како и уште 15 други награди на светските фестивали, а освои 50-тина номинации за награди, е приказна за последиците од економската криза кое ќе го почуствува едно семејство во селото Алкарас од регионот на Каталонија, во Шпанија.

Од домашните кинотечни бисери го прикажуваме КАДЕ ПО ДОЖДОТ (Where After the Rain) во режија на Владан Слијепчевиќ (Vladan Slijepcevic). Со Али Ранер, Илија Џувалековски, Олга Спиридоновиќ и Станислава Пешиќ во главните улоги, овој македонски филм од 1967 година ја раскажува сторијата за Лела, ќерка на родители чие учество во војната им овозможило успешни кариери. Таа ги има сите предуслови за лесна и богата егзистенција. Можеби затоа, младата девојка се спротивставува на малограѓанското разбирање на животот.

СЕЧИ! (Coupez! / Final Cut) на Мишел Хaзанавициус (Michel Hazanavicius) е одлична вест за фановите на овој необичен автор, кој со АРТИСТОТ не само што победи на доделувањето на „Оскарите“ и наградите БАФТА во 2012 година, туку постави и нови стандарди со неговото видување на стариот црно-бел формат како посвета на ерата на немиот филм во Холивуд. Овој пат ни подготви хорор-комедија во која работите тргнуваат наопаку кога мала филмска екипа снима нискобуџетен зомби филм и истите се нападнати од вистински зомбија.

Можете ли да го замислите А.П. Чехов во една необична и суптилно креирана адаптација, но на јапонски јазик? ВОЗИ ЈА МОЈАТА КОЛА (Doraibu mai kâ / Drive My Car) на Ријусуке Хамагучи (Ryusuke Hamaguchi) е исклучителна филмска драма снимена според кратката приказна на Харуки Мураками – трогателен патувачки филм за љубовта, загубата, прифаќањето и мирот.

На мартовската програма во Кинотеката е и филмот МАГНЕТНА РЕЗОНАНЦА (R.M.N.), новиот филм на Кристијан Мунџиу (Cristian Mungiu), миленикот на фестивалската публика ширум Европа. Овој пат неговата сторија говори за лик кој ја напушта работата во Германија и се враќа во родното (мултиетничкотрансилванско село. Сака да биде повеќе вклучен во растењето на својот син и да му помогне на детето да се ослободи од своите нејасни стравови.

Мартовската програма, понатаму, содржи и неколку анимирани филмови наменети за најмладата публика, потоа едно пригодно навраќање кон успешните домашни остварувања од минатата година: СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА, НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ и МИМИ, како и неколку нови остварувања од европските копродукции...

ПРОГРАМА МАРТ

The post „Најдобриот роденден досега“, „Римини“ и „Корсет“ за почеток на мартовската програма во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Еден од филмовите со кои ја започнуваме мартовската кинотечна програма е РИМИНИ (Rimini) на Урлих Зајдл (Ulrich Seidl), долгоочекуваното враќање кон играниот филм на познатиот австриски режисер. Неговата нова мрачна и комична драма е портрет на еден „жиголо“ – маж што спие со жени за пари. РИМИНИ на суров начин го прикажува декадентниот и осамен живот на заборавена ѕвезда на крајот од својата кариера, во спектакуларна изведба на харизматичниот австриски актер Михаел Томас. Најпознат по трилогијата РАЈ: ЉУБОВ, ВЕРА, НАДЕЖ (Paradise: Love / Paradies: Liebe; Paradise: Faith / Paradies: Glaube; Paradise: Hope / Paradies: Hoffnung; 2012/2013), Зајдл е предводник на новиот австриски филм од почетокот на овој милениум, кој ги освои европските филмски фестивали. Зајдл е и расен документаристички автор, потписник на некои од „најсировите“ документарни филмови како ВО ПОДРУМОТ (Im Keller / In the Basement, 2014) или САФАРИ (Safari, 2016). Во нив, без пардон, прави вивисекција на австриското и европското општество, преплетувајќи ги фикцијата и документарното, и на тој начин создава посебен авторски ракопис по кој е познат.

Заедно со него е и КОРСЕТ (Corsage) на уште едно авторско име со домицилно австриско потекло Мари Кројцер (Marie Kreutzer). КОРСЕТ е храбра и субверзивна костимирана драма за Сиси, царицата Елизабета од Австрија, која се бунтува за ограничувањата во кралското семејство и на нереалната слика што светот ја има за неа.

На програмата е и ВАВИЛОН (Babylon) на Дамиен Шазел (Damien Chazelle), веројатно еден од најзборуваните филмови на сезоната. Опишуван како „Љубовно писмо до Холивуд“, новиот филм на Шазел (автор на постмодерната мелодрама ЛА-ЛА-ЛЕНД) е приказна за преголема амбиција и големиот успех, која ги следи подемот и падот на неколку ликови низ ерата на нескротливиот раскош и изопаченост во раниот Холивуд.

ЛЕТОТО КОГА НАУЧИВ ДА ЛЕТАМ (Leto kada sam naučila da letim / How I Learned to Fly) на Радивое Раша Андриќ (Radivoje Raša Andrić), пак, е нежна приказна за созревањето и помирувањето на дванаесетгодишната девојка Софија, која мора да го мине летото со нејзините здодевни баби.

АЛКАРАЗ (Alcarràs) на шпанската авторка Карла Симон (Carla Simón), која ја освои главната награда на Берлинале 2022, „Златната мечка“, како и уште 15 други награди на светските фестивали, а освои 50-тина номинации за награди, е приказна за последиците од економската криза кое ќе го почуствува едно семејство во селото Алкарас од регионот на Каталонија, во Шпанија.

Од домашните кинотечни бисери го прикажуваме КАДЕ ПО ДОЖДОТ (Where After the Rain) во режија на Владан Слијепчевиќ (Vladan Slijepcevic). Со Али Ранер, Илија Џувалековски, Олга Спиридоновиќ и Станислава Пешиќ во главните улоги, овој македонски филм од 1967 година ја раскажува сторијата за Лела, ќерка на родители чие учество во војната им овозможило успешни кариери. Таа ги има сите предуслови за лесна и богата егзистенција. Можеби затоа, младата девојка се спротивставува на малограѓанското разбирање на животот.

СЕЧИ! (Coupez! / Final Cut) на Мишел Хaзанавициус (Michel Hazanavicius) е одлична вест за фановите на овој необичен автор, кој со АРТИСТОТ не само што победи на доделувањето на „Оскарите“ и наградите БАФТА во 2012 година, туку постави и нови стандарди со неговото видување на стариот црно-бел формат како посвета на ерата на немиот филм во Холивуд. Овој пат ни подготви хорор-комедија во која работите тргнуваат наопаку кога мала филмска екипа снима нискобуџетен зомби филм и истите се нападнати од вистински зомбија.

Можете ли да го замислите А.П. Чехов во една необична и суптилно креирана адаптација, но на јапонски јазик? ВОЗИ ЈА МОЈАТА КОЛА (Doraibu mai kâ / Drive My Car) на Ријусуке Хамагучи (Ryusuke Hamaguchi) е исклучителна филмска драма снимена според кратката приказна на Харуки Мураками – трогателен патувачки филм за љубовта, загубата, прифаќањето и мирот.

На мартовската програма во Кинотеката е и филмот МАГНЕТНА РЕЗОНАНЦА (R.M.N.), новиот филм на Кристијан Мунџиу (Cristian Mungiu), миленикот на фестивалската публика ширум Европа. Овој пат неговата сторија говори за лик кој ја напушта работата во Германија и се враќа во родното (мултиетничкотрансилванско село. Сака да биде повеќе вклучен во растењето на својот син и да му помогне на детето да се ослободи од своите нејасни стравови.

Мартовската програма, понатаму, содржи и неколку анимирани филмови наменети за најмладата публика, потоа едно пригодно навраќање кон успешните домашни остварувања од минатата година: СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА, НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ и МИМИ, како и неколку нови остварувања од европските копродукции...

ПРОГРАМА МАРТ

The post „Најдобриот роденден досега“, „Римини“ и „Корсет“ за почеток на мартовската програма во Кинотека appeared first on Република.

]]>
Том Круз за секој збор заработува над 7.000 долари https://republika.mk/scena/film/tom-kruz-za-sekoj-zbor-zarabotuva-nad-7-000-dolari/ Wed, 01 Feb 2023 11:53:33 +0000 https://republika.mk/?p=603336

Според податоците на веб-страницата „Казумо“, Круз заработува 7.091 долари по изговорен збор или 205.639 долари за 10 секунди дијалог.

Круз не добива стандардна плата, туку зема одреден процент од заработката на филмот, бидејќи заработил повеќе од 200 милиони долари на франшизата „Mission Impossible“.

По Том, на второ место е актерот Курт Расел (71) кој заработува 5.682 долари по изговорен збор, а на трето место е Џони Деп кој заработува 4.877 долари по збор.

The post Том Круз за секој збор заработува над 7.000 долари appeared first on Република.

]]>

Според податоците на веб-страницата „Казумо“, Круз заработува 7.091 долари по изговорен збор или 205.639 долари за 10 секунди дијалог. Круз не добива стандардна плата, туку зема одреден процент од заработката на филмот, бидејќи заработил повеќе од 200 милиони долари на франшизата „Mission Impossible“. По Том, на второ место е актерот Курт Расел (71) кој заработува 5.682 долари по изговорен збор, а на трето место е Џони Деп кој заработува 4.877 долари по збор.

The post Том Круз за секој збор заработува над 7.000 долари appeared first on Република.

]]>
Путин нареди: Во кината да се прикажуваат документарни филмови за војната во Украина https://republika.mk/vesti/svet/putin-naredi-vo-kinata-da-se-prikazhuvaat-dokumentarni-filmovi-za-vojnata-vo-ukraina/ Tue, 03 Jan 2023 20:01:51 +0000 https://republika.mk/?p=593318

Рускиот претседател Владимир Путин и нареди на Владата до февруари да организира во кината прикажување на „документарни филмови за офанзивата на руската армија во Украина“.

На Министерството за култура е да достави предлози и да се гарантира прикажување на национални документарни филмови во кината на теми поврзани со специјалната воена операција и сузбивањето на ширењето на неонацистичката и неофашистичката идеологија, се вели во пораката објавена на веб-страницата на Кремљ.

Русија соопшти дека со офанзивата во Украина сака да ја „денацифицира“ земјата, а Кремљ го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски и властите во Кијив за соработка со ултранационалистичките сили. Одлуката доаѓа по серијата порази кои руската армија ги претрпе во Украина, па во последните месеци мораше да се повлече од регионот Харкив на североисток и од градот Херсон на југ.

Руската армија вчера мораше да ги признае загубите во Макијивка во источна Украина, каде загинаа најмалку 63 војници во напад на украинските сили. Русија веќе усвои низа закони кои го контролираат јавниот говор во врска со таканаречената „специјална воена операција“, како што го нарекува конфликт. Според овој закон, најстрого се казнува секој што ќе објави информации за вооружените сили за кои судството смета дека се лажни.

The post Путин нареди: Во кината да се прикажуваат документарни филмови за војната во Украина appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин и нареди на Владата до февруари да организира во кината прикажување на „документарни филмови за офанзивата на руската армија во Украина“. На Министерството за култура е да достави предлози и да се гарантира прикажување на национални документарни филмови во кината на теми поврзани со специјалната воена операција и сузбивањето на ширењето на неонацистичката и неофашистичката идеологија, се вели во пораката објавена на веб-страницата на Кремљ. Русија соопшти дека со офанзивата во Украина сака да ја „денацифицира“ земјата, а Кремљ го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски и властите во Кијив за соработка со ултранационалистичките сили. Одлуката доаѓа по серијата порази кои руската армија ги претрпе во Украина, па во последните месеци мораше да се повлече од регионот Харкив на североисток и од градот Херсон на југ. Руската армија вчера мораше да ги признае загубите во Макијивка во источна Украина, каде загинаа најмалку 63 војници во напад на украинските сили. Русија веќе усвои низа закони кои го контролираат јавниот говор во врска со таканаречената „специјална воена операција“, како што го нарекува конфликт. Според овој закон, најстрого се казнува секој што ќе објави информации за вооружените сили за кои судството смета дека се лажни.

The post Путин нареди: Во кината да се прикажуваат документарни филмови за војната во Украина appeared first on Република.

]]>
Македонски филмови во програмата „Млади и одважни“ во Загреб https://republika.mk/vesti/kultura/makedonski-filmovi-vo-programata-mladi-i-odvazni-vo-zagreb/ Wed, 01 Jun 2022 08:59:35 +0000 https://republika.mk/?p=509632

Во киносалата на Културно-информативниот центар на град Загреб, во програмата „Млади и одважни“ вечер ќе бидат прикажани пет кратки филмови од пет млади македонски филмски автори во селекција на филмската критичарка Гена Теодосиевска.

Хрватската публика ќе има можност да ги види филмовите „Северен пол“ на Марија Апчевска, „Награда“ на Лидија Мојсовска, „Ќе се вратат децата“ на Ана Јакимска, „Малина“ на Анастасија Лазарова Пилинг и „Зелени ѕидови, црна храна“ на Сандра Ѓорѓиева.

Организатор е Културниот центар на Република Македонија во Загреб.

Во избраните, четири играни и еден документарен филм, младите авторки одважно и храбро се зафаќаат да третираат деликатни социјални и културни превирања кои мапираат промени во реакциите кај публиката. Со освежени режисерски концепти, овие филмови заслужено беа присутни на голем број меѓународни филмски фестивали, соопшти организаторот.

По проекцијата присутните ќе имаат можност да поставуваат прашања во присуство на селекторката Теодосиевска и режисерките Ана Јакимска и Сандра Ѓорѓиева.

Настанот е поддржан од Министерството за култура.

The post Македонски филмови во програмата „Млади и одважни“ во Загреб appeared first on Република.

]]>

Во киносалата на Културно-информативниот центар на град Загреб, во програмата „Млади и одважни“ вечер ќе бидат прикажани пет кратки филмови од пет млади македонски филмски автори во селекција на филмската критичарка Гена Теодосиевска. Хрватската публика ќе има можност да ги види филмовите „Северен пол“ на Марија Апчевска, „Награда“ на Лидија Мојсовска, „Ќе се вратат децата“ на Ана Јакимска, „Малина“ на Анастасија Лазарова Пилинг и „Зелени ѕидови, црна храна“ на Сандра Ѓорѓиева. Организатор е Културниот центар на Република Македонија во Загреб.
Во избраните, четири играни и еден документарен филм, младите авторки одважно и храбро се зафаќаат да третираат деликатни социјални и културни превирања кои мапираат промени во реакциите кај публиката. Со освежени режисерски концепти, овие филмови заслужено беа присутни на голем број меѓународни филмски фестивали, соопшти организаторот.
По проекцијата присутните ќе имаат можност да поставуваат прашања во присуство на селекторката Теодосиевска и режисерките Ана Јакимска и Сандра Ѓорѓиева. Настанот е поддржан од Министерството за култура.

The post Македонски филмови во програмата „Млади и одважни“ во Загреб appeared first on Република.

]]>
„Амазон“ го купи филмското студио „MГM“ https://republika.mk/scena/film/amazon-go-kupi-filmskoto-studio-mgm/ Fri, 18 Mar 2022 09:06:50 +0000 https://republika.mk/?p=474794

Amazon.com Inc во четвртокот соопшти дека го заклучил договорот вреден 8,5 милијарди долари за купување на MGM.

Овој потег резултира во спојување на легендарното холивудско филмско студио – кое, меѓу другото, стои зад серијалот филмови за Роки и Џејмс Бонд – со гигантот за онлајн трговија, кој сака да ја зголеми понудата на својот сервис за стриминг „Амазон прајм“ и да привлече нови корисници.

Во соопштението, „Амазон“ наведува дека ќе им посака добредојде на сите вработени од „МГМ“ во компанијата и ќе работи со раководството на студиото, што укажува дека нема да има отпуштања.

Одлуката на „Амазон“ да го финализира договорот доаѓа откако истече рокот на американската Федерална трговска комисија да го оспори овој договор.

Гигантот за онлајн купување со седиште во Сиетл ја објави трансакцијата во мај 2021 година, додавајќи дека МГМ понудил ризница на содржини за да ги привлече потрошувачите во својот клуб за брза испорака и стриминг, „Прајм“, кој чини 14,99 долари месечно во САД.

Амазон плати 8.5 милијарди долари за MGM што е втора најголема аквизиција од страна на компанијата откако во 2017-та плати речиси 14 милијарди долари за синџирот супермаркети Whole Foods.

The post „Амазон“ го купи филмското студио „MГM“ appeared first on Република.

]]>

Amazon.com Inc во четвртокот соопшти дека го заклучил договорот вреден 8,5 милијарди долари за купување на MGM. Овој потег резултира во спојување на легендарното холивудско филмско студио – кое, меѓу другото, стои зад серијалот филмови за Роки и Џејмс Бонд – со гигантот за онлајн трговија, кој сака да ја зголеми понудата на својот сервис за стриминг „Амазон прајм“ и да привлече нови корисници. Во соопштението, „Амазон“ наведува дека ќе им посака добредојде на сите вработени од „МГМ“ во компанијата и ќе работи со раководството на студиото, што укажува дека нема да има отпуштања. Одлуката на „Амазон“ да го финализира договорот доаѓа откако истече рокот на американската Федерална трговска комисија да го оспори овој договор. Гигантот за онлајн купување со седиште во Сиетл ја објави трансакцијата во мај 2021 година, додавајќи дека МГМ понудил ризница на содржини за да ги привлече потрошувачите во својот клуб за брза испорака и стриминг, „Прајм“, кој чини 14,99 долари месечно во САД. Амазон плати 8.5 милијарди долари за MGM што е втора најголема аквизиција од страна на компанијата откако во 2017-та плати речиси 14 милијарди долари за синџирот супермаркети Whole Foods.

The post „Амазон“ го купи филмското студио „MГM“ appeared first on Република.

]]>
„Биби, Боби и една снешкастична Нова година“ и „Антоанета во Севените“ денеска во Кинотека https://republika.mk/vesti/kultura/bibi-bobi-i-edna-sneshkastichna-nova-godina-i-antoaneta-vo-sevenite-deneska-vo-kinoteka/ Sat, 15 Jan 2022 12:52:02 +0000 https://republika.mk/?p=444957

Кинотеката, по традиција, првите денови од Новата година им ги посветува на најмладите љубители на филмот и на тинејџерите. Тие од средината на јануари 2022 година ќе имаат можност да погледнат неколку интересни наслови.

Денеска на програмата се филмовите „Биби, Боби и една снешкастична Нова година“ и „Антоанета во Севените“ .

15 ЈАНУАРИ (САБОТА), 12:00 ч. 13:00 ч. 18:00 ч.

БИБИ, БОБИ И ЕДНА СНЕШКАСТИЧНА НОВА ГОДИНА

15 ЈАНУАРИ (САБОТА), 19:00 ч.

АНТОАНЕТА ВО СЕВЕНИТЕ

БИБИ, БОБИ И ЕДНА СНЕШКАСТИЧНА НОВА ГОДИНА

(Волшебна новогодишна бајка со Биби и Боби)

Анимиран филм, Македонија

2021, 40 мин., колор, ДЦП

Режија: Никола Чикос

Гласови: Слаѓана Вујошевиќ, Сашко Коцев, Никола Ристановски, Сашка Димитровска

 

Весела новогодишна ноќ во домот на Биби. Биби, Зази, мама Ана и тато Тино се подготвуваат да ја китат елката, а на гости се дојдени и Боби и Зина. Некој прави колачиња, некој изведува магионичарски трикови, се пеат весели песнички и... никој не насетува какви волшепства, изненадувања и најнеобични пријателства ќе им донесе на Биби и Боби оваа „снешкастична“ Нова година. Јееј!

Возрасна категорија: за сите возрасти

Влезница: 150 денари

АНТОАНЕТА ВО СЕВЕНИТЕ

(Antoinette dans les Cévennes / Antoinette in the Cevennes)

Игран филм, Франција

2020, 97 мин., колор, ДЦП

Режија и сценарио: Каролин Вињал (Caroline Vignal)

Улоги: Лор Калами, Бенжамен Лаверн, Оливија Кот (Laure Calamy, Benjamin Lavernhe, Olivia Côte)

 

Филмот на Вињал е инспириран од романот „Парување на Севените со магаре“ (Travels with a Donkey in the Cévennes) на шкотскиот писател Роберт Луис Стивенсон (Robert Louis Stevenson), кој творел кон крајот на 19 век.

Антоанета со нетрпение со месеци го чека летото поради ветувањето за една недела одмор со нејзиниот љубовник Владимир. Но, кога тој го ќе го откаже одморот за да замине на Севените со жена му и со ќерка му, Антоанета не се мисли: и таа заминува по него!

Кога ќе стигне таму, нема никого, освен магарето Патрик, кое ќе ѝ се придружи во текот на ова оригинална авантура…

Актерката Лор Калами ја освои националната француска награда „Цезар“ за најдобра глума, а филмот беше номиниран во десетина категории за оваа награда.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

The post „Биби, Боби и една снешкастична Нова година“ и „Антоанета во Севените“ денеска во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Кинотеката, по традиција, првите денови од Новата година им ги посветува на најмладите љубители на филмот и на тинејџерите. Тие од средината на јануари 2022 година ќе имаат можност да погледнат неколку интересни наслови. Денеска на програмата се филмовите „Биби, Боби и една снешкастична Нова година“ и „Антоанета во Севените“ . 15 ЈАНУАРИ (САБОТА), 12:00 ч. 13:00 ч. 18:00 ч. БИБИ, БОБИ И ЕДНА СНЕШКАСТИЧНА НОВА ГОДИНА 15 ЈАНУАРИ (САБОТА), 19:00 ч. АНТОАНЕТА ВО СЕВЕНИТЕ БИБИ, БОБИ И ЕДНА СНЕШКАСТИЧНА НОВА ГОДИНА (Волшебна новогодишна бајка со Биби и Боби) Анимиран филм, Македонија 2021, 40 мин., колор, ДЦП Режија: Никола Чикос Гласови: Слаѓана Вујошевиќ, Сашко Коцев, Никола Ристановски, Сашка Димитровска   Весела новогодишна ноќ во домот на Биби. Биби, Зази, мама Ана и тато Тино се подготвуваат да ја китат елката, а на гости се дојдени и Боби и Зина. Некој прави колачиња, некој изведува магионичарски трикови, се пеат весели песнички и... никој не насетува какви волшепства, изненадувања и најнеобични пријателства ќе им донесе на Биби и Боби оваа „снешкастична“ Нова година. Јееј! Возрасна категорија: за сите возрасти Влезница: 150 денари АНТОАНЕТА ВО СЕВЕНИТЕ (Antoinette dans les Cévennes / Antoinette in the Cevennes) Игран филм, Франција 2020, 97 мин., колор, ДЦП Режија и сценарио: Каролин Вињал (Caroline Vignal) Улоги: Лор Калами, Бенжамен Лаверн, Оливија Кот (Laure Calamy, Benjamin Lavernhe, Olivia Côte)   Филмот на Вињал е инспириран од романот „Парување на Севените со магаре“ (Travels with a Donkey in the Cévennes) на шкотскиот писател Роберт Луис Стивенсон (Robert Louis Stevenson), кој творел кон крајот на 19 век. Антоанета со нетрпение со месеци го чека летото поради ветувањето за една недела одмор со нејзиниот љубовник Владимир. Но, кога тој го ќе го откаже одморот за да замине на Севените со жена му и со ќерка му, Антоанета не се мисли: и таа заминува по него! Кога ќе стигне таму, нема никого, освен магарето Патрик, кое ќе ѝ се придружи во текот на ова оригинална авантура… Актерката Лор Калами ја освои националната француска награда „Цезар“ за најдобра глума, а филмот беше номиниран во десетина категории за оваа награда.   Возрасна категорија: 12 години Влезница: 100 денари

The post „Биби, Боби и една снешкастична Нова година“ и „Антоанета во Севените“ денеска во Кинотека appeared first on Република.

]]>