Филипче Archives - Република https://republika.mk/tema/filipche/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Nov 2024 17:21:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Филипче Archives - Република https://republika.mk/tema/filipche/ 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: Филипче додека зема на сметка од народот треба да даде отчет за се, дури и за приватниот живот https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-filipche-dodeka-zema-na-smetka-od-narodot-treba-da-dade-otchet-za-se-duri-i-za-privatniot-zhivot/ Mon, 04 Nov 2024 21:23:58 +0000 https://republika.mk/?p=834147

Довчерашниот државен функционер и денес претседател на СДС, Венко Филипче иако плата земаше од пари на народот како министер, а сега како пратеник во Собранието сака никој да не се интересира за неговиот приватен живот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Епа Филипче додека зема на сметка од народот треба да даде отчет за се, дури и за приватниот живот.

Обичен граѓанин не може да собере пари да го скрпи животот од први до први, а не уште да оди на приватни и елитни места за забава.

Многу е едноставно, на СДС народот му даде црвен картон на изборите, а Филипче ако мисли дека е лидер на барем малку сериозна партија нека се погрижи истата да ја стави на нозе, а потоа да се вклучи како сериозен политичар во политичкиот и општествениот живот, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Филипче додека зема на сметка од народот треба да даде отчет за се, дури и за приватниот живот appeared first on Република.

]]>

Довчерашниот државен функционер и денес претседател на СДС, Венко Филипче иако плата земаше од пари на народот како министер, а сега како пратеник во Собранието сака никој да не се интересира за неговиот приватен живот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. -Епа Филипче додека зема на сметка од народот треба да даде отчет за се, дури и за приватниот живот. Обичен граѓанин не може да собере пари да го скрпи животот од први до први, а не уште да оди на приватни и елитни места за забава. Многу е едноставно, на СДС народот му даде црвен картон на изборите, а Филипче ако мисли дека е лидер на барем малку сериозна партија нека се погрижи истата да ја стави на нозе, а потоа да се вклучи како сериозен политичар во политичкиот и општествениот живот, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Филипче додека зема на сметка од народот треба да даде отчет за се, дури и за приватниот живот appeared first on Република.

]]>
Мицкоски кон Филипче: Вие коленичевте и ја распродававте Македонија за провизии, ние се бориме за националните интереси https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-kon-filipche-vie-kolenichevte-i-ja-rasprodavavte-makedonija-za-provizii-nie-se-borime-za-natsionalnite-interesi/ Thu, 31 Oct 2024 11:48:33 +0000 https://republika.mk/?p=832762

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес во Собранието на пленарната седница за пратенички прашања одговараше на прашањето на пратеникот Филипче за планот на Владата за европските интеграции. Претседателот на Владата истакна дека се работи и ќе се направи сè што е потребно Македонија да излезе на прав пат и да стане дел од Европската Унија каде што и е местото.

„Додека вие коленичевте и ја распродававте Македонија за провизиите кои што ги добивавте во Сингапур и Дубаи да извадите златна виза преку компанијата Стабри, ние работиме и ќе направиме сè што е потребно Македонија да ја извадиме на прав пат и да ја внесеме таму каде што и е местото, а тоа е Европската Унија. Сето она кое што вие го уништивте, наша задача и обврска е да го коригираме и бидете сигурни дека ќе го коригираме. Планот за ЕУ, откако вие го исплукавте и го уништивте, ние ќе се обидеме повторно да го вратиме во живот“, рече Мицкоски и продолжи дека овие изминати 7 години никој нема да ги заборави и ќе има одговорност за сите оние кои што сториле криминал.

„Денес Македонија е горда, исправена и секаде е дочекана онака како што доликува на една држава, а не со свиткана кичма и предмет за поткусурување, кога регионалните лидери си играа потсмев со водството на нашата држава, како што тоа беше напати во овие 7 години. Денес сме цврсти со јасен став и пркосиме и се бориме сето она што вие го уништивте да го вратиме во живот и да го исправиме и знам дека ќе ве разочарам со ова што ќе го кажам, ама на добар пат сме“, истакна премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски му порача на лидерот на СДСМ доколку сака да води лидерска политика да не дозволува луѓето околу него да го санкаат и „да го водат во длабоко“ преку лагите и клеветите.

„Вие каде што одите јас одамна сум се вратил, ова ви го кажувам како пријателски совет. Најголем срам и понижување е тоа кога слушам дипломати во Брисел кои што ми велат дека тие, Германци, Французи, Белгијци се бореле за нас отколку нашето водство во државата. Не можам да го опишам срамот кој што јас го чувствувам во тие моменти, затоа што навистина не можам да се изначудам на лековерноста со која што тие наши политичари пристапувале кон решавање на едни вакви проблеми. Вака не се решаваат проблеми“, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека тоа што денес се работи и во Вашингтон и во Брисел и во Виена претходната власт не можела ниту во сон да го замисли и од таа работа која денес се прави ќе има резултати.

„Планот е еден, а тоа е Европската Унија и се надевам дека еднаш ќе излезете од вашата партиска матрица и ќе му се извините на македонскиот народ и на граѓаните за сè што направивте во овие 7 години, ќе се оградите од криминалните политики кои што ги водевте во  овие 7 години, од срамните политики кои што ги водевте во овие 7 години. Сето она кое што му го нанесовте како болка, очекував од вас да ја искористите можноста овде денес пред говорницата и да се извините. Ја пропуштивте. Нема втора можност за прв впечаток, вашиот беше очаен“, му порача Мицкоски на Филипче и повика СДСМ и опозицијата да дадат поддршка во борбата за одбрана на стратешките интереси на Македонија.

The post Мицкоски кон Филипче: Вие коленичевте и ја распродававте Македонија за провизии, ние се бориме за националните интереси appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес во Собранието на пленарната седница за пратенички прашања одговараше на прашањето на пратеникот Филипче за планот на Владата за европските интеграции. Претседателот на Владата истакна дека се работи и ќе се направи сè што е потребно Македонија да излезе на прав пат и да стане дел од Европската Унија каде што и е местото. „Додека вие коленичевте и ја распродававте Македонија за провизиите кои што ги добивавте во Сингапур и Дубаи да извадите златна виза преку компанијата Стабри, ние работиме и ќе направиме сè што е потребно Македонија да ја извадиме на прав пат и да ја внесеме таму каде што и е местото, а тоа е Европската Унија. Сето она кое што вие го уништивте, наша задача и обврска е да го коригираме и бидете сигурни дека ќе го коригираме. Планот за ЕУ, откако вие го исплукавте и го уништивте, ние ќе се обидеме повторно да го вратиме во живот“, рече Мицкоски и продолжи дека овие изминати 7 години никој нема да ги заборави и ќе има одговорност за сите оние кои што сториле криминал. „Денес Македонија е горда, исправена и секаде е дочекана онака како што доликува на една држава, а не со свиткана кичма и предмет за поткусурување, кога регионалните лидери си играа потсмев со водството на нашата држава, како што тоа беше напати во овие 7 години. Денес сме цврсти со јасен став и пркосиме и се бориме сето она што вие го уништивте да го вратиме во живот и да го исправиме и знам дека ќе ве разочарам со ова што ќе го кажам, ама на добар пат сме“, истакна премиерот Мицкоски. Премиерот Мицкоски му порача на лидерот на СДСМ доколку сака да води лидерска политика да не дозволува луѓето околу него да го санкаат и „да го водат во длабоко“ преку лагите и клеветите. „Вие каде што одите јас одамна сум се вратил, ова ви го кажувам како пријателски совет. Најголем срам и понижување е тоа кога слушам дипломати во Брисел кои што ми велат дека тие, Германци, Французи, Белгијци се бореле за нас отколку нашето водство во државата. Не можам да го опишам срамот кој што јас го чувствувам во тие моменти, затоа што навистина не можам да се изначудам на лековерноста со која што тие наши политичари пристапувале кон решавање на едни вакви проблеми. Вака не се решаваат проблеми“, рече Мицкоски. Мицкоски посочи дека тоа што денес се работи и во Вашингтон и во Брисел и во Виена претходната власт не можела ниту во сон да го замисли и од таа работа која денес се прави ќе има резултати. „Планот е еден, а тоа е Европската Унија и се надевам дека еднаш ќе излезете од вашата партиска матрица и ќе му се извините на македонскиот народ и на граѓаните за сè што направивте во овие 7 години, ќе се оградите од криминалните политики кои што ги водевте во  овие 7 години, од срамните политики кои што ги водевте во овие 7 години. Сето она кое што му го нанесовте како болка, очекував од вас да ја искористите можноста овде денес пред говорницата и да се извините. Ја пропуштивте. Нема втора можност за прв впечаток, вашиот беше очаен“, му порача Мицкоски на Филипче и повика СДСМ и опозицијата да дадат поддршка во борбата за одбрана на стратешките интереси на Македонија.

The post Мицкоски кон Филипче: Вие коленичевте и ја распродававте Македонија за провизии, ние се бориме за националните интереси appeared first on Република.

]]>
Митева: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе претставка до ДКСК за различните имотни листови на Венко Филипче од 2018 и 2024 https://republika.mk/vesti/makedonija/miteva-vmro-dpmne-ke-podnese-pretstavka-do-dksk-za-razlichnite-imotni-listovi-na-venko-filipche-od-2018-i-2024/ Tue, 10 Sep 2024 10:51:23 +0000 https://republika.mk/?p=814922

,,Венко Филипче и СДС и понатаму молчат и не кажуваат зошто Филипче има два различни анкетни листови каде има разлика во недвижниот имот.

ВМРО-ДПМНЕ поаѓајќи од законските надлежности на ДКСК ќе поднесе претставка со копија од електронскиот приказ на анкетните листови на Венко Филипче од 2018 и 2024 година, од кои јасно може да се заклучи дека податоците од двата анкетни листа не соодветсвуваат еден со друг.

Венко Филипче како министер за здравство во својот Анкетен лист пријавил куќа од 464 м2 изградена во 2017 година како и стан од 130 м2 стекнат како подарок во 2016 година. Додека пак на име заеднички имот пријавил уште еден стан во Скопје од 50 м2 стекнат со договор за купопродажба во 2010 година.

Пратеникот Венко Филипче во 2024 година пријавил дека го поседува следниот имот: Стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година, кој не го пријавил кога бил министер, а според тоа што навел го стекнал пред да стапи на функцијата; Втор стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година кој исто така не го пријавил додека бил министер; Два стана во Скопје од по 12 милиони денари, стекнати со договор за градба во 2017 година, кои исто така ги немал пријавено во анкетниот лист додека бил министер; и стан во Центар стекнат во 2008 година со договор за купопродажба, кој исто така не го навел додека бил министер.

Очигледно е дека во 2024 година Венко Филипче навел дека поседува имот кој во 2018 година не го пријавил, а морал истото да го стори. Зошто не е пријавен тоа треба самиот Филипче да одговори, а институциите да истражат.

Очекуваме брза и транспарентна постапка.”, вели Марија Митева, портпарол, пратеник, челн на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Митева: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе претставка до ДКСК за различните имотни листови на Венко Филипче од 2018 и 2024 appeared first on Република.

]]>

,,Венко Филипче и СДС и понатаму молчат и не кажуваат зошто Филипче има два различни анкетни листови каде има разлика во недвижниот имот. ВМРО-ДПМНЕ поаѓајќи од законските надлежности на ДКСК ќе поднесе претставка со копија од електронскиот приказ на анкетните листови на Венко Филипче од 2018 и 2024 година, од кои јасно може да се заклучи дека податоците од двата анкетни листа не соодветсвуваат еден со друг. Венко Филипче како министер за здравство во својот Анкетен лист пријавил куќа од 464 м2 изградена во 2017 година како и стан од 130 м2 стекнат како подарок во 2016 година. Додека пак на име заеднички имот пријавил уште еден стан во Скопје од 50 м2 стекнат со договор за купопродажба во 2010 година. Пратеникот Венко Филипче во 2024 година пријавил дека го поседува следниот имот: Стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година, кој не го пријавил кога бил министер, а според тоа што навел го стекнал пред да стапи на функцијата; Втор стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година кој исто така не го пријавил додека бил министер; Два стана во Скопје од по 12 милиони денари, стекнати со договор за градба во 2017 година, кои исто така ги немал пријавено во анкетниот лист додека бил министер; и стан во Центар стекнат во 2008 година со договор за купопродажба, кој исто така не го навел додека бил министер. Очигледно е дека во 2024 година Венко Филипче навел дека поседува имот кој во 2018 година не го пријавил, а морал истото да го стори. Зошто не е пријавен тоа треба самиот Филипче да одговори, а институциите да истражат. Очекуваме брза и транспарентна постапка.”, вели Марија Митева, портпарол, пратеник, челн на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Митева: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе претставка до ДКСК за различните имотни листови на Венко Филипче од 2018 и 2024 appeared first on Република.

]]>
Се соочуваме со поделба, одлучувачки момент за иднината на СДСМ, призна Филипче пред радовишани https://republika.mk/vesti/makedonija/se-soochuvame-so-podelba-odluchuvachki-moment-za-idninata-na-sdsm-prizna-filipche-pred-radovishani/ Thu, 02 May 2024 18:59:10 +0000 https://republika.mk/?p=773621

Носителот на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Венко Филипче вечерва се обрати на централниот митинг во Изборната единица 4 што се одржа во Радовиш.

Пред присутните Филипче истакна дека се исправени пред одлучувачки момент за иднината на државата, но и иднината на СДСМ.

-Предизвикот пред нас е голем. По резултатот во првиот круг, нè чека тешка задача да ги подобриме работите. Тешка, но не и невозможна задача е пред нас која може да ја оствариме ако се обединиме на 8 мај. Секоја партија силата ја црпи од единството. За жал, ни се повторува историјата од 2006 година и повторно се соочуваме со поделба. Секој кој вистински ја поддржува СДСМ, кој е социјалдемократ и верува во вредности на слобода, правда, еднаквост, не може и не смее да остане рамнодушен на оваа состојба. Сите добро знаат што значи слаб и поделен СДСМ за иднината на државата. Тоа значи власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ без контрола, насилна власт која ќе злоупотребува и гази сè пред себе. Ова не го кажувам за да заплашам никого. Ова го кажувам затоа што во ВМРО-ДПМНЕ нема суштинска промена. А кога нема суштинска промена не може да се очекува различно владеење, истакна Филипче.

Посочи дека пораката кон нив е дека граѓаните сакаат промени во нивните политики, во нивното однесување кон нив.

-И ова мора да го испочитуваме веднаш по изборите. Само така ќе ја вратиме довербата и ќе ја издигнеме СДСМ онаму каде што и е местото, на врвот на политичката сцена. Дадов многу ветувања и тие ветувања немам намера да ги изневерам. Во овој момент не е клучното прашање дали СДСМ ќе оди во опозиција. Клучното прашање е што е на другата страна, која е алтернативата, дали Македонија може да остане на стратешкиот колосек со нив? Ниту една грешка на СДСМ не е толку голема за да го оставиме ВМРО-ДПМНЕ да нè враќа назад како држава. Ниту една грешка не е толку голема да ги оставиме да нè понижуваат и потценуваат. Затоа, апелирам до секој од вас да смогнете сила, заедно да одработиме за достоинствен изборен резултат. Ние мора да се исправиме и да се соочиме со предизвиците. Јунаците се препознаваат кога е тешко. Затоа победите имаат многу татковци, а поразот само еден. Ајде сега да се фокусираме на второто полувреме од оваа тешка битка, посочи тој.

Филипче им порача на граѓаните уште еднаш добро да размислат пред гласањето на 8 мај, да се мобилизираат и да постигнат добар резултат.

The post Се соочуваме со поделба, одлучувачки момент за иднината на СДСМ, призна Филипче пред радовишани appeared first on Република.

]]>

Носителот на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Венко Филипче вечерва се обрати на централниот митинг во Изборната единица 4 што се одржа во Радовиш. Пред присутните Филипче истакна дека се исправени пред одлучувачки момент за иднината на државата, но и иднината на СДСМ. -Предизвикот пред нас е голем. По резултатот во првиот круг, нè чека тешка задача да ги подобриме работите. Тешка, но не и невозможна задача е пред нас која може да ја оствариме ако се обединиме на 8 мај. Секоја партија силата ја црпи од единството. За жал, ни се повторува историјата од 2006 година и повторно се соочуваме со поделба. Секој кој вистински ја поддржува СДСМ, кој е социјалдемократ и верува во вредности на слобода, правда, еднаквост, не може и не смее да остане рамнодушен на оваа состојба. Сите добро знаат што значи слаб и поделен СДСМ за иднината на државата. Тоа значи власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ без контрола, насилна власт која ќе злоупотребува и гази сè пред себе. Ова не го кажувам за да заплашам никого. Ова го кажувам затоа што во ВМРО-ДПМНЕ нема суштинска промена. А кога нема суштинска промена не може да се очекува различно владеење, истакна Филипче. Посочи дека пораката кон нив е дека граѓаните сакаат промени во нивните политики, во нивното однесување кон нив. -И ова мора да го испочитуваме веднаш по изборите. Само така ќе ја вратиме довербата и ќе ја издигнеме СДСМ онаму каде што и е местото, на врвот на политичката сцена. Дадов многу ветувања и тие ветувања немам намера да ги изневерам. Во овој момент не е клучното прашање дали СДСМ ќе оди во опозиција. Клучното прашање е што е на другата страна, која е алтернативата, дали Македонија може да остане на стратешкиот колосек со нив? Ниту една грешка на СДСМ не е толку голема за да го оставиме ВМРО-ДПМНЕ да нè враќа назад како држава. Ниту една грешка не е толку голема да ги оставиме да нè понижуваат и потценуваат. Затоа, апелирам до секој од вас да смогнете сила, заедно да одработиме за достоинствен изборен резултат. Ние мора да се исправиме и да се соочиме со предизвиците. Јунаците се препознаваат кога е тешко. Затоа победите имаат многу татковци, а поразот само еден. Ајде сега да се фокусираме на второто полувреме од оваа тешка битка, посочи тој. Филипче им порача на граѓаните уште еднаш добро да размислат пред гласањето на 8 мај, да се мобилизираат и да постигнат добар резултат.

The post Се соочуваме со поделба, одлучувачки момент за иднината на СДСМ, призна Филипче пред радовишани appeared first on Република.

]]>
Средби на Филипче со граѓански здруженија во рамки на предизборните активности https://republika.mk/vesti/makedonija/sredbi-na-filipche-so-graganski-zdruzhenija-vo-ramki-na-predizbornite-aktivnosti/ Sat, 20 Apr 2024 17:49:45 +0000 https://republika.mk/?p=768577

За време на мојот мандат како министер за здравство најдобрите искуства, најпозитивните дискусии и едни од најдобрите резултати во моето работење ги постигнавме заедно со граѓански организации.

Ова го истакна д-р Венко Филипче, кој денеска во рамки на своите предизборни активности како носител на листа во Изборната единица 4, во Струмица оствари средба со претставници на граѓанските организации од овој регион.

„Сметам дека најдобри познавачи на одредени проблематики во различни општествени сфери се токму граѓанските организации, а следствено на тоа, тие се и оние кои најдобро знаат да понудат решенија коишто ќе бидат применливи и ќе им служат на тие за коишто се наменети“, рече Филипче.

И не само во Министерството за здравство, Владата на СДСМ во изминатиот седумгодишен мандат покажа како се креираат политики по мерка на граѓаните. Изминатите седум години сите процеси што ги водевме беа инклузивни и во нив беа вклучени сите засегнати страни и сите претставници на граѓаните што придонесе за креирање на политики кои одговараат на потребите на граѓаните, ги адресираат нивните барања и влијаат позитивно на нивното севкупно живеење.

„Јас верувам во тоа дека политиките се реални и рационални и треба да се носат за да служат на тие коишто се наменети. Не верувам во наметнати политики“, потенцира Филипче.

Филипче потсети дека во времето додека тој беше министер за здравство, беа направени измени во Законот за здравствена заштита со коишто се овозможи цели програми да се спроведуваат од страна на граѓанските организации.

„Има програми за сексуално репродуктивно здравје, превентивни ХИВ програми, коишто Министерството за здравство целосно ги финансира, а ги спроведуваат граѓанските организации. Го признава и го поддржува нивното знаење, нивните контакти, нивните активности поради тоа што токму тие организации ги знаат проблемите во јадрото. Тие се меѓу тие луѓе, дури и лично ги знаат луѓето на коишто се однесуваат тие активности и програми и можат најдобро да одговорат на нивните потреби“, вели Филипче.

Невладините организации и граѓанскиот сектор секогаш беа дел од процесите на креирање стратегии, закони и други политики преку консултации, советувања и нивна директна вклученост во бројни работни групи и ваквата соработка ќе продолжи и во иднина, рече Филипче.

Покрај вклучувањето на невладините организации и граѓанскиот сектор во процесите на одлучување, големо внимание посветуваме и на поддршка на нивната работа и вреднување на нивната експертиза во бројни области. Без разлика дали станува збор за усогласување на македонското со европското законодавство или пак креирање на здравствените политики, граѓанските организации и невладиниот сектор од една страна се најважниот партнер бидејќи се формирани од граѓаните и најдобро ги познаваат нивните проблеми, а од друга страна нудат експертски познавања што заеднички ги преточуваме во закони и политики, истакна Филипче.

The post Средби на Филипче со граѓански здруженија во рамки на предизборните активности appeared first on Република.

]]>

За време на мојот мандат како министер за здравство најдобрите искуства, најпозитивните дискусии и едни од најдобрите резултати во моето работење ги постигнавме заедно со граѓански организации. Ова го истакна д-р Венко Филипче, кој денеска во рамки на своите предизборни активности како носител на листа во Изборната единица 4, во Струмица оствари средба со претставници на граѓанските организации од овој регион. „Сметам дека најдобри познавачи на одредени проблематики во различни општествени сфери се токму граѓанските организации, а следствено на тоа, тие се и оние кои најдобро знаат да понудат решенија коишто ќе бидат применливи и ќе им служат на тие за коишто се наменети“, рече Филипче. И не само во Министерството за здравство, Владата на СДСМ во изминатиот седумгодишен мандат покажа како се креираат политики по мерка на граѓаните. Изминатите седум години сите процеси што ги водевме беа инклузивни и во нив беа вклучени сите засегнати страни и сите претставници на граѓаните што придонесе за креирање на политики кои одговараат на потребите на граѓаните, ги адресираат нивните барања и влијаат позитивно на нивното севкупно живеење. „Јас верувам во тоа дека политиките се реални и рационални и треба да се носат за да служат на тие коишто се наменети. Не верувам во наметнати политики“, потенцира Филипче. Филипче потсети дека во времето додека тој беше министер за здравство, беа направени измени во Законот за здравствена заштита со коишто се овозможи цели програми да се спроведуваат од страна на граѓанските организации. „Има програми за сексуално репродуктивно здравје, превентивни ХИВ програми, коишто Министерството за здравство целосно ги финансира, а ги спроведуваат граѓанските организации. Го признава и го поддржува нивното знаење, нивните контакти, нивните активности поради тоа што токму тие организации ги знаат проблемите во јадрото. Тие се меѓу тие луѓе, дури и лично ги знаат луѓето на коишто се однесуваат тие активности и програми и можат најдобро да одговорат на нивните потреби“, вели Филипче. Невладините организации и граѓанскиот сектор секогаш беа дел од процесите на креирање стратегии, закони и други политики преку консултации, советувања и нивна директна вклученост во бројни работни групи и ваквата соработка ќе продолжи и во иднина, рече Филипче. Покрај вклучувањето на невладините организации и граѓанскиот сектор во процесите на одлучување, големо внимание посветуваме и на поддршка на нивната работа и вреднување на нивната експертиза во бројни области. Без разлика дали станува збор за усогласување на македонското со европското законодавство или пак креирање на здравствените политики, граѓанските организации и невладиниот сектор од една страна се најважниот партнер бидејќи се формирани од граѓаните и најдобро ги познаваат нивните проблеми, а од друга страна нудат експертски познавања што заеднички ги преточуваме во закони и политики, истакна Филипче.

The post Средби на Филипче со граѓански здруженија во рамки на предизборните активности appeared first on Република.

]]>
Филипче ги поддржа приватните специјализанти во барањата за покачување на примањата https://republika.mk/zivot/zdravje/filipche-gi-poddrzha-privatnite-spetsijalizanti-vo-baranata-za-pokachuvane-na-primanata/ Thu, 21 Mar 2024 18:11:11 +0000 https://republika.mk/?p=757171

Во целост ги поддржувам приватните специјализанти во барањата за покачување на примањата, согласно растот на платите.

Тие го бараат само она што и го заслужуваат.

Обезбедувањето на плата за приватните специјализанти за прв пат во историјата, беше плод на мојата соработка со нив додека бев министер. Одлуките за нивните права и барања секогаш ги носевме заедно во еден инклузивен процес. Тоа така мора да продолжи и во иднина. Приватните специјализанти треба да бидат платени и понатаму во согласност со растот на платите на лекарите.

Колешките кои работат со мене на оваа операција се специјализантките Катерина и Марина. Клучно за развојот на сите млади лекари е да им пренесуваме знаење. Но, тоа не е доволно, потребно е тие да бидат соодветно платени за својот труд. Од нивната работа зависи здравјето на граѓаните и денес и во иднина, објави на ФБ поранешниот министер за здравство, Венко Филипче.

The post Филипче ги поддржа приватните специјализанти во барањата за покачување на примањата appeared first on Република.

]]>

Во целост ги поддржувам приватните специјализанти во барањата за покачување на примањата, согласно растот на платите.

Тие го бараат само она што и го заслужуваат. Обезбедувањето на плата за приватните специјализанти за прв пат во историјата, беше плод на мојата соработка со нив додека бев министер. Одлуките за нивните права и барања секогаш ги носевме заедно во еден инклузивен процес. Тоа така мора да продолжи и во иднина. Приватните специјализанти треба да бидат платени и понатаму во согласност со растот на платите на лекарите. Колешките кои работат со мене на оваа операција се специјализантките Катерина и Марина. Клучно за развојот на сите млади лекари е да им пренесуваме знаење. Но, тоа не е доволно, потребно е тие да бидат соодветно платени за својот труд. Од нивната работа зависи здравјето на граѓаните и денес и во иднина, објави на ФБ поранешниот министер за здравство, Венко Филипче.

The post Филипче ги поддржа приватните специјализанти во барањата за покачување на примањата appeared first on Република.

]]>
Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Филипче без одговор зошто акцелераторот за болните од рак фаќа прашина https://republika.mk/vesti/makedonija/komisija-za-zdravstvo-na-vmro-dpmne-filipche-bez-odgovor-zoshto-aktseleratorot-za-bolnite-od-rak-faka-prashina/ Sun, 03 Dec 2023 13:04:17 +0000 https://republika.mk/?p=718921

Нема отчет за сработеното на партиската трибија на СДС во Битола, а Филипче без одговор зошто акцелераторот за болните од рак 7 години фаќа прашина, се вели во Фејсбук статусот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Неработењето и немањето чувство за отчетност за сработеното е основна карактеристика на владеењето на СДС, а тоа се потврди и со партиската трибина на СДС за здравство во Битола. Зема отчет затоа што Државниот завод за ревизија констатираше низа нерегуларности, а Венко Филипче без одговори за беззаконието и анархијата кои се случувале во Клиничката болница Битола и во негов мандат, а чиј статус денес е доведен под знак прашалник, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

-️Кога веќе без срам се појавувате на партиска трибина во Битола без да дадете отчет пред битолчани зошто со прст не сте мрднале за битолското здравство, прашуваме:
1.Зошто акцелераторот кој се користи за пациенти со канцер дозволивте 7 години да фаќа прашина во Болницата во Битола и истиот не е внесен во сметководствената евиденција?
2.Зошто пред битолчани не одговоривте дека за овие тешко болни пациенти не направивте ништо за децентрализирање на здравствените услуги за онколошките пациенти?
3.За какво здравје зборувате кога болницата ја уназадивте, а цели оддели се затвораат како резултат токму на негрижата на учесниците на партиската трибина?
4.Што досега преземавте за незаконските исплати на немедицинскиот кадар
во износ од 919 илјади денари?
5.Кој ќе сноси одговорност за фактот дека 36 милиони денари се исплатени по основ на дежурство, без побарана согласност од Министерството за здравство за воведување на истите?
6.Што досега е преземено за невоспоставените контроли на бројот на реализирани часови? Или поради ова 41 вработен оствариле прекувремена работа над дозволениот максимум од 190 часови, за што се исплатени околу еден милион денари
7.Кои се корективните мерки што Болницата ги презема по однос на забелешките дека по основ на користење приватни услуги, уплатени се за 2 милиони денари помалку, односно за 63% пресметани по овој основ, истакнуваат од Комисијата.

Нема одговори на партиската трибина на СДС во Битола ниту зошто битолчани не можат да дојдат до здравствена услуга односно само 39 проценти од законски задолжителните термини за здравствени услуги генерирани во Мој термин. Јасно е дека нема отчет кога нема работа па поради неработата денес гледаме уназадување на работата на Клиничката болница во Битола за што директна одговорност имаат истите ликови кои без срам организираат трибина, но имале можност, а не ги решавале проблемите со кои се соочуваат пациентите од овој регион, додаваат од таму.

The post Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Филипче без одговор зошто акцелераторот за болните од рак фаќа прашина appeared first on Република.

]]>

Нема отчет за сработеното на партиската трибија на СДС во Битола, а Филипче без одговор зошто акцелераторот за болните од рак 7 години фаќа прашина, се вели во Фејсбук статусот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. Неработењето и немањето чувство за отчетност за сработеното е основна карактеристика на владеењето на СДС, а тоа се потврди и со партиската трибина на СДС за здравство во Битола. Зема отчет затоа што Државниот завод за ревизија констатираше низа нерегуларности, а Венко Филипче без одговори за беззаконието и анархијата кои се случувале во Клиничката болница Битола и во негов мандат, а чиј статус денес е доведен под знак прашалник, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. -️Кога веќе без срам се појавувате на партиска трибина во Битола без да дадете отчет пред битолчани зошто со прст не сте мрднале за битолското здравство, прашуваме: 1.Зошто акцелераторот кој се користи за пациенти со канцер дозволивте 7 години да фаќа прашина во Болницата во Битола и истиот не е внесен во сметководствената евиденција? 2.Зошто пред битолчани не одговоривте дека за овие тешко болни пациенти не направивте ништо за децентрализирање на здравствените услуги за онколошките пациенти? 3.За какво здравје зборувате кога болницата ја уназадивте, а цели оддели се затвораат како резултат токму на негрижата на учесниците на партиската трибина? 4.Што досега преземавте за незаконските исплати на немедицинскиот кадар во износ од 919 илјади денари? 5.Кој ќе сноси одговорност за фактот дека 36 милиони денари се исплатени по основ на дежурство, без побарана согласност од Министерството за здравство за воведување на истите? 6.Што досега е преземено за невоспоставените контроли на бројот на реализирани часови? Или поради ова 41 вработен оствариле прекувремена работа над дозволениот максимум од 190 часови, за што се исплатени околу еден милион денари 7.Кои се корективните мерки што Болницата ги презема по однос на забелешките дека по основ на користење приватни услуги, уплатени се за 2 милиони денари помалку, односно за 63% пресметани по овој основ, истакнуваат од Комисијата. Нема одговори на партиската трибина на СДС во Битола ниту зошто битолчани не можат да дојдат до здравствена услуга односно само 39 проценти од законски задолжителните термини за здравствени услуги генерирани во Мој термин. Јасно е дека нема отчет кога нема работа па поради неработата денес гледаме уназадување на работата на Клиничката болница во Битола за што директна одговорност имаат истите ликови кои без срам организираат трибина, но имале можност, а не ги решавале проблемите со кои се соочуваат пациентите од овој регион, додаваат од таму.

The post Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Филипче без одговор зошто акцелераторот за болните од рак фаќа прашина appeared first on Република.

]]>
Ивор Мицковски: Не зборете само ЕУ, однесувајте се како во ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/ivor-mitskovski-ne-zborete-samo-eu-odnesuvajte-se-kako-vo-eu/ Thu, 02 Mar 2023 13:24:22 +0000 https://republika.mk/?p=615128

Главниот обвинител на Бергамо имал отворено истрага околу раководењето со пандемијата во што под истрага се 19 лица, меѓу кои поранешниот премиер Џузепе Конте и поранешниот Министер за здравство, Роберто Сперанца, пишува Ивор Мицковски на својот фејсбук профил.

Е сега замислете кај нас некој обвинител да отвореше истрага за фактот дека бевме земја со најголем процент на одвишок смртни случаи, поради фактот што Филипче сакаше да прави дубари со вакцините, затоа што МВР имаше двојни или тројни стандарди во наметнувањето на мерките.

Грешки секаде беа направени, и поентата на слични истраги е да се фрли светло врз причините и одговорните.

Се разбира такво нешто кај нас нема да се случи, ама уште еднаш потврдува колку не не интересира вистината, колку ни е кратко сеќавањето и грижата за загубените животи.

Не зборете само ЕУ, однесувајте се како во ЕУ.

The post Ивор Мицковски: Не зборете само ЕУ, однесувајте се како во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Главниот обвинител на Бергамо имал отворено истрага околу раководењето со пандемијата во што под истрага се 19 лица, меѓу кои поранешниот премиер Џузепе Конте и поранешниот Министер за здравство, Роберто Сперанца, пишува Ивор Мицковски на својот фејсбук профил.

Е сега замислете кај нас некој обвинител да отвореше истрага за фактот дека бевме земја со најголем процент на одвишок смртни случаи, поради фактот што Филипче сакаше да прави дубари со вакцините, затоа што МВР имаше двојни или тројни стандарди во наметнувањето на мерките.

Грешки секаде беа направени, и поентата на слични истраги е да се фрли светло врз причините и одговорните.

Се разбира такво нешто кај нас нема да се случи, ама уште еднаш потврдува колку не не интересира вистината, колку ни е кратко сеќавањето и грижата за загубените животи.

Не зборете само ЕУ, однесувајте се како во ЕУ.

The post Ивор Мицковски: Не зборете само ЕУ, однесувајте се како во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Арсовски: Филипче наместо да раскине договор со фирмата што го гради Клинички во Штип, им исплатил 2.5 милиони евра https://republika.mk/vesti/makedonija/arsovski-filipche-namesto-da-raskine-dogovor-so-firmata-shto-go-gradi-klinichki-vo-shtip-im-isplatil-2-5-milioni-evra/ Sun, 27 Feb 2022 14:44:36 +0000 https://republika.mk/?p=464722

Пет години владеење на СДСМ и на оваа влада која како што видовме освен расипничка не е ништо друго и се уште нема ниту трага ниту глас од Клиничкиот центар во Штип. Како и секој еден крупен капитален проект во време на СДСМ, ниту овој проект нема да види бел ден со нив, рече на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Цели пет години поминаа, а СДСМ не стави ниту една цигла и не закова ниту една шајка во Клиничкиот центар во Штип.

Откако го доживеаја огромниот пораз на локалните избори и свесни дека ќе си заминат од позициите во Владата, Венко Филипче прв побрза и се сети на Клиничкиот центар во Штип, но не за да го гради, и за да биде во корист на граѓаните,  туку за да Венко Филипче исплати 2.5 милиони кон грчката фирма која го гради, Интракат и тоа изведувајќи сериозна операција каде биле вклучени најверојатно според пишувањата на медиумите, повеќе министри од владата на СДСМ што е и извршен притисок врз судството за да се одблокира сметката токму на оваа фирма Интракат, која должи на над 600 македонски компании подизведувачи.

Според написите во медиумите тогашниот министер за правда Маричиќ издејствувал  во месец ноември 2021 веднаш по локалните избори да се одблокира сметката на фирмата Интракат од страна на Судот и баш тогаш кога била одблокирана, Венко Филипче во неколку трансакции во неколку наврати ги префрлил тие 2.5 милиони евра. Филипче платил 2.5 милиони евра, на фирма која повеќе од 1.5 година нема ниту еден вработен на објектот и е со блокирана сметка до неодамна. Наместо да го раскине договорот Филипче, тој им исплатил сериозна сума на пари. Милионска сума на пари буквално за ништо.

Веднаш потоа, сите пари биле испумпани надвор од Македонија во странство. Долгот кон тие над 600 компании во Македонија кои биле подизведувачи останува неисплатен.

Повторно прашуваме,

Дали Бојан Маричиќ извршил притисок врз граѓанскиот суд да ја тргне блокадата на сметката на Интракат?

Дали фирмата Интракат преку странски сметки ќе дава провизии и ќе исплаќќа провизии за овие милионски трансакции на македонски политичари?

Проценете сами.

Едно е јасно. Криминалот на СДСМ секогаш од далеку мириса и се гледа.

https://www.youtube.com/watch?v=Y-zQ66X0mU8&t=2s

The post Арсовски: Филипче наместо да раскине договор со фирмата што го гради Клинички во Штип, им исплатил 2.5 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Пет години владеење на СДСМ и на оваа влада која како што видовме освен расипничка не е ништо друго и се уште нема ниту трага ниту глас од Клиничкиот центар во Штип. Како и секој еден крупен капитален проект во време на СДСМ, ниту овој проект нема да види бел ден со нив, рече на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Цели пет години поминаа, а СДСМ не стави ниту една цигла и не закова ниту една шајка во Клиничкиот центар во Штип.

Откако го доживеаја огромниот пораз на локалните избори и свесни дека ќе си заминат од позициите во Владата, Венко Филипче прв побрза и се сети на Клиничкиот центар во Штип, но не за да го гради, и за да биде во корист на граѓаните,  туку за да Венко Филипче исплати 2.5 милиони кон грчката фирма која го гради, Интракат и тоа изведувајќи сериозна операција каде биле вклучени најверојатно според пишувањата на медиумите, повеќе министри од владата на СДСМ што е и извршен притисок врз судството за да се одблокира сметката токму на оваа фирма Интракат, која должи на над 600 македонски компании подизведувачи.

Според написите во медиумите тогашниот министер за правда Маричиќ издејствувал  во месец ноември 2021 веднаш по локалните избори да се одблокира сметката на фирмата Интракат од страна на Судот и баш тогаш кога била одблокирана, Венко Филипче во неколку трансакции во неколку наврати ги префрлил тие 2.5 милиони евра. Филипче платил 2.5 милиони евра, на фирма која повеќе од 1.5 година нема ниту еден вработен на објектот и е со блокирана сметка до неодамна. Наместо да го раскине договорот Филипче, тој им исплатил сериозна сума на пари. Милионска сума на пари буквално за ништо.

Веднаш потоа, сите пари биле испумпани надвор од Македонија во странство. Долгот кон тие над 600 компании во Македонија кои биле подизведувачи останува неисплатен.

Повторно прашуваме,

Дали Бојан Маричиќ извршил притисок врз граѓанскиот суд да ја тргне блокадата на сметката на Интракат?

Дали фирмата Интракат преку странски сметки ќе дава провизии и ќе исплаќќа провизии за овие милионски трансакции на македонски политичари?

Проценете сами.

Едно е јасно. Криминалот на СДСМ секогаш од далеку мириса и се гледа.

https://www.youtube.com/watch?v=Y-zQ66X0mU8&t=2s

The post Арсовски: Филипче наместо да раскине договор со фирмата што го гради Клинички во Штип, им исплатил 2.5 милиони евра appeared first on Република.

]]>
На ГАК во текот на новогодишната ноќ се родиле три бебиња https://republika.mk/vesti/makedonija/na-gak-vo-tekot-na-novogodishnata-nokj-se-rodile-tri-bebinja/ Sat, 01 Jan 2022 11:54:49 +0000 https://republika.mk/?p=439285

Првите две бебиња се родени во првата и втората минута по полноќ. Третото е родено околу 5 часот во ковид-центарот. Сите бебиња и мајки се добри

Кога станува збор за тоа како поминала новогодишната ноќ во другите здравствени установи, на Токсикологија биле примени 17 пациенти, а во Итната медицинска помош имало 50 јавувања, најмногу поради алкохолизирана состојба

Вкупно три бебиња се родите на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) во текот на новогодишната ноќ, информираа денеска министерот за здравство Венко Филипче и директорката на Клиниката, Викторија Јовановска.

Првото бебе, како што претходно информираа од ГАК, е машко и се родило една минута по полноќ.

„Првото бебе родено е машко. Четврто во семејството Стошиќ, на Сузана и на Горан. Посакувам да расте здраво, да биде успешно, има 3 килограми и 70 грама и има 50 сантиметри. Родено е во првата минута после полноќ, а во втората уште едно бебе е породено. Ова првото е со спонтано породување, а второто е со цезареа и е женско бебе, 3 килограми и 50 грама. Има исто така 50 сантиметри и е прво бебе на мајката Симона. И тоа посакувам да биде здраво, успешно“,

рече министерот Филипче.

Третото бебе е родено во ковид-центарот затоа што мајката е позитивна на ковид-19. Станува збор за машко бебе кое тежело 2 килограми и 440 грама, а се родило околу 5 часот.

„Сите деца породени после полноќ се добри, вклучувајќи го и тоа бебе што се роди во ковид-центарот. И мајката е добра, спонтано породена и набрзо ќе замине дома“,

рече директорката Јовановска.

Министерот сподели и информации како минала новогодишната ноќ во останатите здравствени установи во Скопје, меѓу кои и на Клиниката за токсикологија каде биле примени 17 пациенти. Околу 50 јавувања имало во Итната медицинска помош.

Во службата за Итна медицинска помош имало околу 50 повици и во најголем број на случаи заради пациенти кои се алкохолизирани, помалку повредени во физичка пресметка и неколку помали и една посериозна сообраќајна несреќа, рече Филипче.

Кога станува збор за ковид-пациентите, на Инфективната клиника се хоспитализирани околу 60 од кои 40-тина се на кислородна поддршка.

The post На ГАК во текот на новогодишната ноќ се родиле три бебиња appeared first on Република.

]]>

Првите две бебиња се родени во првата и втората минута по полноќ. Третото е родено околу 5 часот во ковид-центарот. Сите бебиња и мајки се добри Кога станува збор за тоа како поминала новогодишната ноќ во другите здравствени установи, на Токсикологија биле примени 17 пациенти, а во Итната медицинска помош имало 50 јавувања, најмногу поради алкохолизирана состојба Вкупно три бебиња се родите на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) во текот на новогодишната ноќ, информираа денеска министерот за здравство Венко Филипче и директорката на Клиниката, Викторија Јовановска. Првото бебе, како што претходно информираа од ГАК, е машко и се родило една минута по полноќ.
„Првото бебе родено е машко. Четврто во семејството Стошиќ, на Сузана и на Горан. Посакувам да расте здраво, да биде успешно, има 3 килограми и 70 грама и има 50 сантиметри. Родено е во првата минута после полноќ, а во втората уште едно бебе е породено. Ова првото е со спонтано породување, а второто е со цезареа и е женско бебе, 3 килограми и 50 грама. Има исто така 50 сантиметри и е прво бебе на мајката Симона. И тоа посакувам да биде здраво, успешно“, рече министерот Филипче.
Третото бебе е родено во ковид-центарот затоа што мајката е позитивна на ковид-19. Станува збор за машко бебе кое тежело 2 килограми и 440 грама, а се родило околу 5 часот.
„Сите деца породени после полноќ се добри, вклучувајќи го и тоа бебе што се роди во ковид-центарот. И мајката е добра, спонтано породена и набрзо ќе замине дома“, рече директорката Јовановска.
Министерот сподели и информации како минала новогодишната ноќ во останатите здравствени установи во Скопје, меѓу кои и на Клиниката за токсикологија каде биле примени 17 пациенти. Околу 50 јавувања имало во Итната медицинска помош.
Во службата за Итна медицинска помош имало околу 50 повици и во најголем број на случаи заради пациенти кои се алкохолизирани, помалку повредени во физичка пресметка и неколку помали и една посериозна сообраќајна несреќа, рече Филипче.
Кога станува збор за ковид-пациентите, на Инфективната клиника се хоспитализирани околу 60 од кои 40-тина се на кислородна поддршка.

The post На ГАК во текот на новогодишната ноќ се родиле три бебиња appeared first on Република.

]]>