филип рикер Archives - Република https://republika.mk/tema/filip-riker/ За подобро да се разбереме Tue, 09 Jul 2024 13:20:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png филип рикер Archives - Република https://republika.mk/tema/filip-riker/ 32 32 Премиерот Мицкоски се сретна со Филип Рикер https://republika.mk/vesti/makedonija/premierot-mitskoski-se-sretna-so-filip-riker/ Tue, 09 Jul 2024 13:20:37 +0000 https://republika.mk/?p=795000

Премиерот Мицкоски во рамки на посетата на САД се сретна со поранешниот амбасадор Филип Рикер.

Посетата во Вашингтон ја искористив за средба со поранешниот амбасадор на САД Филип Рикер.Разговаравме за предизвиците со кои се соочува Македонија, поддршката која е потребна за остварување на стратешките интереси. Разговаравме и за потенцијалот кој го нуди регионот за економска и политичка соработка. Мораме да ја менуваме реалноста и да го подобруваме животот на граѓаните-напиша премиерот.

The post Премиерот Мицкоски се сретна со Филип Рикер appeared first on Република.

]]>

Вучиќ на средба со Филип Рикер, поранешниот в.д. помошник-државен секретар на САД https://republika.mk/vesti/balkan/vuchik-na-sredba-so-filip-riker-poraneshniot-v-d-pomoshnik-drzhaven-sekretar-na-sad/ Fri, 03 May 2024 12:52:00 +0000 https://republika.mk/?p=773798

Српскиот претседател Александар Вучиќ се сретна со поранешниот в.д. помошник-државен секретар на САД Филип Рикер, со кого разговараше за глобалните прашања и билатералната соработка меѓу Србија и Соединетите Американски Држави.

Тема на разговор беше претстојната изложба ЕКСПО 27, како и други значајни проекти.

„Разговор со мојот стар пријател Филип Рикер, за сите важни глобални прашања, но и за билатералните односи меѓу Србија и САД. Долго разговаравме за економскиот напредок на Србија, претстојната изложба ЕКСПО 27 и големите инфраструктурни проекти, напиша Вучиќ на Инстаграм.

The post Вучиќ на средба со Филип Рикер, поранешниот в.д. помошник-државен секретар на САД appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател Александар Вучиќ се сретна со поранешниот в.д. помошник-државен секретар на САД Филип Рикер, со кого разговараше за глобалните прашања и билатералната соработка меѓу Србија и Соединетите Американски Држави. Тема на разговор беше претстојната изложба ЕКСПО 27, како и други значајни проекти.
„Разговор со мојот стар пријател Филип Рикер, за сите важни глобални прашања, но и за билатералните односи меѓу Србија и САД. Долго разговаравме за економскиот напредок на Србија, претстојната изложба ЕКСПО 27 и големите инфраструктурни проекти, напиша Вучиќ на Инстаграм.

The post Вучиќ на средба со Филип Рикер, поранешниот в.д. помошник-државен секретар на САД appeared first on Република.

]]>
Рикер: САД ќе и помагаат на Македонија во борбата против дезинформациите https://republika.mk/vesti/makedonija/riker-sad-ke-i-pomagaat-namakedonija-vo-borbata-protiv-dezinformatsiite/ Fri, 12 May 2023 06:36:57 +0000 https://republika.mk/?p=639935

Меморандумот за разбирање што неодамна во Вашингтон го потпишаа македонскиот премиер Димитар Ковачевски и специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на Стејт департментот Џејмс Рубин со кој ја дефинира соработката меѓу двете држави во борбата против манипулациите и дезинформациите е многу важен, стратешки документ. Фокусот е на одбраната на Македонија и САД, како сојузници во НАТО, вели поранешниот американски амбасадор во Скопје и помошник - државен секретар Филип Рикер во интервју за Гласот на Америка.

- Многу сме горди што ја имаме Македонија како 30-та членка на НАТО. Секретарот Блинкен го подвлече тоа на средбата со премиерот Димитар Ковачевски. Еден аспект на одбраната е дека сајбер-безбедноста е заштита од дезинформации. Живееме во ера на технологија што го прави многу тешко секогаш да се дојде до вистината, до фактите. Ова е нешто што НАТО го сфаќа многу сериозно. Сите земји во регионот се соочуваат со некои од истите предизвици. Ние сме многу свесни за дезинформациите што ги објавува Путин и Русија. Тоа го гледаме многу години. Тоа го знаеме овде, во САД. Знаеме за манипулација со социјалните медиуми, со други медиуми, со дезинформации. Мислам дека е одлично што специјалниот пратеник Џејмс Рубин можеше да патува во регионот, вклучително и во Македонија во април. Имаше средби, а со посетата на премиерот овде на Вашингтон, беше одлична можност прв да потпише еден од овие договори, што само ќе им овозможи на нашите две влади да работат заедно за да се справиме со предизвикот на дезинформациите во оваа ера на современи медиуми, вели Рикер.

Прашан дали е загрижен поради напорите на Русија да шири дезинформации за да ја поткопа демократијата и националната безбедност, особено во Македонија, Рикер истакнува дека е видливо влијанието на делот од пристапот на Москва да се обиде да создаде не само дезинформации, туку и немир.

- Тоа е дел од руските проекти за дестабилизација. Дел од тоа да се биде сојузник на НАТО е сите да работиме заедно и да се обидеме да се бориме против тие аспекти. НАТО е одбранбена Алијанса и е фокусирана на заштита на своите земји-членки од овие видови на деструктивни елементи, вели Рикер.

За тоа како може САД да ѝ помогнат на Македонија да се справи со руското влијание и ширењето дезинформации, тој посочува дека тоа е работа на специјалниот пратеник Рубин, кој раководи со Центарот за глобален ангажман во Стејт департментот, кој функционира под државниот секретар Блинкен.

- Ззаедно можеме да ги разгледаме напорите кои можат да помогнат во борбата против видот на дезинформации кои им помагаат на медиумите да се уверат дека се фокусирани на вистината. Да ги имаат фактите и да не бидат убедени во спротивното преку социјалните мрежи или други напори од Русија на Владимир Путин или други кои сакаат да нарушат и во регионот, вели Рикер.

Тој смета дека Македонија треба да го продолжи патот кон ЕУ и да ги изоди потребните чекори како што беше и во случајот со зачленувањето во НАТО, за што има поддршка од САД.

- Мислам дека е извонредно што Скопје ги започна разговорите со Брисел во однос на пристапните преговори. Очигледно има некои чекори на патот што треба да се изодат, што, пак, иако САД не се дел од Европската унија, се разбира, долго го поддржуваме членството на Македонија во ЕУ. Кога бев во американската влада, тоа секако го правев во Брисел, меѓу членките на Европската Унија. Македонија презеде големи реформи за да продолжи на тој пат, исто како што направија за членството во НАТО. Бев многу горд кога успеавме конечно да ја видиме Македонија и како 30-та членка на НАТО во 2020-та, изјави Филип Рикер.са/

The post Рикер: САД ќе и помагаат на Македонија во борбата против дезинформациите appeared first on Република.

]]>

Меморандумот за разбирање што неодамна во Вашингтон го потпишаа македонскиот премиер Димитар Ковачевски и специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на Стејт департментот Џејмс Рубин со кој ја дефинира соработката меѓу двете држави во борбата против манипулациите и дезинформациите е многу важен, стратешки документ. Фокусот е на одбраната на Македонија и САД, како сојузници во НАТО, вели поранешниот американски амбасадор во Скопје и помошник - државен секретар Филип Рикер во интервју за Гласот на Америка. - Многу сме горди што ја имаме Македонија како 30-та членка на НАТО. Секретарот Блинкен го подвлече тоа на средбата со премиерот Димитар Ковачевски. Еден аспект на одбраната е дека сајбер-безбедноста е заштита од дезинформации. Живееме во ера на технологија што го прави многу тешко секогаш да се дојде до вистината, до фактите. Ова е нешто што НАТО го сфаќа многу сериозно. Сите земји во регионот се соочуваат со некои од истите предизвици. Ние сме многу свесни за дезинформациите што ги објавува Путин и Русија. Тоа го гледаме многу години. Тоа го знаеме овде, во САД. Знаеме за манипулација со социјалните медиуми, со други медиуми, со дезинформации. Мислам дека е одлично што специјалниот пратеник Џејмс Рубин можеше да патува во регионот, вклучително и во Македонија во април. Имаше средби, а со посетата на премиерот овде на Вашингтон, беше одлична можност прв да потпише еден од овие договори, што само ќе им овозможи на нашите две влади да работат заедно за да се справиме со предизвикот на дезинформациите во оваа ера на современи медиуми, вели Рикер. Прашан дали е загрижен поради напорите на Русија да шири дезинформации за да ја поткопа демократијата и националната безбедност, особено во Македонија, Рикер истакнува дека е видливо влијанието на делот од пристапот на Москва да се обиде да создаде не само дезинформации, туку и немир. - Тоа е дел од руските проекти за дестабилизација. Дел од тоа да се биде сојузник на НАТО е сите да работиме заедно и да се обидеме да се бориме против тие аспекти. НАТО е одбранбена Алијанса и е фокусирана на заштита на своите земји-членки од овие видови на деструктивни елементи, вели Рикер. За тоа како може САД да ѝ помогнат на Македонија да се справи со руското влијание и ширењето дезинформации, тој посочува дека тоа е работа на специјалниот пратеник Рубин, кој раководи со Центарот за глобален ангажман во Стејт департментот, кој функционира под државниот секретар Блинкен. - Ззаедно можеме да ги разгледаме напорите кои можат да помогнат во борбата против видот на дезинформации кои им помагаат на медиумите да се уверат дека се фокусирани на вистината. Да ги имаат фактите и да не бидат убедени во спротивното преку социјалните мрежи или други напори од Русија на Владимир Путин или други кои сакаат да нарушат и во регионот, вели Рикер. Тој смета дека Македонија треба да го продолжи патот кон ЕУ и да ги изоди потребните чекори како што беше и во случајот со зачленувањето во НАТО, за што има поддршка од САД.
- Мислам дека е извонредно што Скопје ги започна разговорите со Брисел во однос на пристапните преговори. Очигледно има некои чекори на патот што треба да се изодат, што, пак, иако САД не се дел од Европската унија, се разбира, долго го поддржуваме членството на Македонија во ЕУ. Кога бев во американската влада, тоа секако го правев во Брисел, меѓу членките на Европската Унија. Македонија презеде големи реформи за да продолжи на тој пат, исто како што направија за членството во НАТО. Бев многу горд кога успеавме конечно да ја видиме Македонија и како 30-та членка на НАТО во 2020-та, изјави Филип Рикер.са/

The post Рикер: САД ќе и помагаат на Македонија во борбата против дезинформациите appeared first on Република.

]]>
Димитров на средби со Ескобар и Рикер во Вашингтон https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrov-na-sredbi-so-eskobar-i-riker-vo-vashington/ Tue, 07 Feb 2023 13:33:51 +0000 https://republika.mk/?p=606041

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров е во Вашингтон каде има средби со високите претставници на Стејт Департментот Габриел Ескобар и Филип.

Освен фотографии на социјалните мрежи од нивнтото дружење нема информации која е целта на средбите но по она што се гледа е дека дружбата била пријатна. Димитров објави фотографија и како поранешниот амбасадор во Скопје вози „Фиат 500“ низ улиците на Вашингтон.

The post Димитров на средби со Ескобар и Рикер во Вашингтон appeared first on Република.

]]>

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров е во Вашингтон каде има средби со високите претставници на Стејт Департментот Габриел Ескобар и Филип. Освен фотографии на социјалните мрежи од нивнтото дружење нема информации која е целта на средбите но по она што се гледа е дека дружбата била пријатна. Димитров објави фотографија и како поранешниот амбасадор во Скопје вози „Фиат 500“ низ улиците на Вашингтон.  

The post Димитров на средби со Ескобар и Рикер во Вашингтон appeared first on Република.

]]>
Османи на заедничка средба со амбасадорите Рикер и Карпентер https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-na-zaednichka-sredba-so-ambasadorite-riker-i-karpenter/ Sat, 10 Dec 2022 10:53:50 +0000 https://republika.mk/?p=583960

Министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со амбасадорот Филип Рикер, виш советник за процесите на преговори во регионот на Кавказот при Стејт департментот и амбасадорот Мајкл Карпентер, постојан претставник на САД при ОБСЕ во Виена.

Како што информираат од кабинетот на Османи, на средбата се дискутирало за претстојното претседавање на Македонија со ОБСЕ во 2023 година, приоритетите и можностите кои треба да се искористат за справување со геополитичките предизвици, како и поддршката на САД во овој процес.

ОБСЕ треба да има неминовна, би рекол, клучна улога во менаџирањето, стабилизацијата, но и во процесите на постконфликтното градење мир и доверба во Украина и пошироко во регионот на ОБСЕ. Како претседавач со Организацијата ќе работиме на зајакнување на улогата на ОБСЕ во оваа смисла, во поддршка на нејзината релевантност. Самите предизвици ја прават Организација денес порелевантна од било кога и наша задача ќе биде да ја зачуваме и да овозможиме адекватни услови да функционира со полн потенцијал, посочил Османи.

Соговорниците се согласиле дека функционалноста и зајакната улога на ОБСЕ, како регионална безбедносна организација, е особено потребна со цел да се овозможи теренска поддршка на обидите за прекин на воените дејствија и одржувањето стабилноста на територијата на Украина.

На средбата било реафирмирано стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД, како и основните постулати на соработка дефинирани во Стратешкиот дијалог кој се одржа во јуни оваа година во Вашингтон.

САД продолжуваат со силна поддршка за земјава, вклучувајќи ја и поддршката и во делот за претстојното претседавање на земјава со ОБСЕ, велат од МНР.

The post Османи на заедничка средба со амбасадорите Рикер и Карпентер appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со амбасадорот Филип Рикер, виш советник за процесите на преговори во регионот на Кавказот при Стејт департментот и амбасадорот Мајкл Карпентер, постојан претставник на САД при ОБСЕ во Виена. Како што информираат од кабинетот на Османи, на средбата се дискутирало за претстојното претседавање на Македонија со ОБСЕ во 2023 година, приоритетите и можностите кои треба да се искористат за справување со геополитичките предизвици, како и поддршката на САД во овој процес.
ОБСЕ треба да има неминовна, би рекол, клучна улога во менаџирањето, стабилизацијата, но и во процесите на постконфликтното градење мир и доверба во Украина и пошироко во регионот на ОБСЕ. Како претседавач со Организацијата ќе работиме на зајакнување на улогата на ОБСЕ во оваа смисла, во поддршка на нејзината релевантност. Самите предизвици ја прават Организација денес порелевантна од било кога и наша задача ќе биде да ја зачуваме и да овозможиме адекватни услови да функционира со полн потенцијал, посочил Османи.
Соговорниците се согласиле дека функционалноста и зајакната улога на ОБСЕ, како регионална безбедносна организација, е особено потребна со цел да се овозможи теренска поддршка на обидите за прекин на воените дејствија и одржувањето стабилноста на територијата на Украина. На средбата било реафирмирано стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД, како и основните постулати на соработка дефинирани во Стратешкиот дијалог кој се одржа во јуни оваа година во Вашингтон.