Филхамронија Archives - Република https://republika.mk/tema/filhamronija/ За подобро да се разбереме Fri, 19 Apr 2024 09:33:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Филхамронија Archives - Република https://republika.mk/tema/filhamronija/ 32 32 „Божествен“ – Велигендски концерт во Филхармонија https://republika.mk/vesti/kultura/bozhestven-veligendski-kontsert-vo-filharmonija/ Fri, 19 Apr 2024 09:33:00 +0000 https://republika.mk/?p=767934

По повод најголемиот христијански празник Велигден, Македонската филхармонија го најавува концертот „Божествен“, кој ќе се одржи в четврток на 25 април, со почеток во 20 часот.

Премиерно во Македонија, ќе биде изведено едно од највеличествените дела на шкотскиот композитор Џејмс Мекмилан - „Седумте последни зборови од крстот“. Во вториот дел од програмата ќе биде изведена Симфонијата бр. 4 насловена „Трагична“ од австрискиот композитор Франц Шуберт.

Диригент на концертот „Божествен“ е маестро Конрад ван Алфен од Холандија, чест гостин-диригент со Македонската филхармонија, а заедно со оркестарот ќе настапи хорот „ПроАрс“, подготвен од маестро Сашо Татарчевски.

„Седумте последни зборови од крстот“ е и едно од највпечатливите вокално-инструментални дела од поновото време. Станува збор за нарачка од страна на Би-би-си ТВ и премиерно беше изведено во седум ноќни епизоди за време на Светата недела во 1994 година, од хорот „Капела Нова“ и Шкотскиот ансамбл, под диригенство на маестро Алан Тавенер. Текстот е традиционален и се базира на сите четири евангелија, за да се формира секвенцијална презентација на седумте последни реченици изговорени од Исус. „Седумте последни зборови од крстот“ со право се смета за ремек-дело на Мекмилан, затоа што е мошне комплексно и катарзично.

Австрискиот композитор Франц Шуберт, кој му припаѓа на доцниот класицизам и раниот романтизам зад себе има навистина импресивен опус. За разлика од неговите први три симфонии кои се покласични и лежерни, неговата Четврта „Трагична“, која ја напишал пред своите 20 години, е под влијание на Бетовеновиот опус, и според некои биографи, таа е обид за втора верзија на „Ероика“. Довршена е во 1816, но премиерно била изведена дури на 19 ноември 1849 во Лајпциг, две децении по смртта на авторот.

Маестро Конрад ван Алфен е „инспиративен диригент што прави нештата да се случуваат“, ќе напише критиката за овој етаблиран холандски/јужноафрикански диригент кој се стекна со својата популарност и кај оркестрите и кај публиката, благодарение на посебниот начин на кој тој ги води пробите и изведбите. Маестро Ван Алфен е уметнички директор и шеф-диригент на Симфонискиот оркестар во Ротердам. Во изминатите 16 години го издигна својот оркестар на ниво да биде интернационално признат оркестар и да стане домаќин на концертнисерии во Ротердам, Хаг и Амстердам.

 

The post „Божествен“ – Велигендски концерт во Филхармонија appeared first on Република.

]]>

По повод најголемиот христијански празник Велигден, Македонската филхармонија го најавува концертот „Божествен“, кој ќе се одржи в четврток на 25 април, со почеток во 20 часот. Премиерно во Македонија, ќе биде изведено едно од највеличествените дела на шкотскиот композитор Џејмс Мекмилан - „Седумте последни зборови од крстот“. Во вториот дел од програмата ќе биде изведена Симфонијата бр. 4 насловена „Трагична“ од австрискиот композитор Франц Шуберт. Диригент на концертот „Божествен“ е маестро Конрад ван Алфен од Холандија, чест гостин-диригент со Македонската филхармонија, а заедно со оркестарот ќе настапи хорот „ПроАрс“, подготвен од маестро Сашо Татарчевски. „Седумте последни зборови од крстот“ е и едно од највпечатливите вокално-инструментални дела од поновото време. Станува збор за нарачка од страна на Би-би-си ТВ и премиерно беше изведено во седум ноќни епизоди за време на Светата недела во 1994 година, од хорот „Капела Нова“ и Шкотскиот ансамбл, под диригенство на маестро Алан Тавенер. Текстот е традиционален и се базира на сите четири евангелија, за да се формира секвенцијална презентација на седумте последни реченици изговорени од Исус. „Седумте последни зборови од крстот“ со право се смета за ремек-дело на Мекмилан, затоа што е мошне комплексно и катарзично. Австрискиот композитор Франц Шуберт, кој му припаѓа на доцниот класицизам и раниот романтизам зад себе има навистина импресивен опус. За разлика од неговите први три симфонии кои се покласични и лежерни, неговата Четврта „Трагична“, која ја напишал пред своите 20 години, е под влијание на Бетовеновиот опус, и според некои биографи, таа е обид за втора верзија на „Ероика“. Довршена е во 1816, но премиерно била изведена дури на 19 ноември 1849 во Лајпциг, две децении по смртта на авторот. Маестро Конрад ван Алфен е „инспиративен диригент што прави нештата да се случуваат“, ќе напише критиката за овој етаблиран холандски/јужноафрикански диригент кој се стекна со својата популарност и кај оркестрите и кај публиката, благодарение на посебниот начин на кој тој ги води пробите и изведбите. Маестро Ван Алфен е уметнички директор и шеф-диригент на Симфонискиот оркестар во Ротердам. Во изминатите 16 години го издигна својот оркестар на ниво да биде интернационално признат оркестар и да стане домаќин на концертнисерии во Ротердам, Хаг и Амстердам.  

The post „Божествен“ – Велигендски концерт во Филхармонија appeared first on Република.

]]>
Македонска премиера на оркестарската верзија на „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите во Филхамронија https://republika.mk/vesti/kultura/makedonska-premiera-na-orkestarskata-verzija-na-makedonisimo-na-simon-trpcheski-i-prijatelite-vo-filhamronija/ Mon, 01 Apr 2024 07:30:18 +0000 https://republika.mk/?p=760753

Вечерва во 20 часот во Филхармонија ќе се одржи концерт на светски познатиот пијанист Симон Трпчески и пријателите кои заедно со Камерниот оркестар „Ајга“ ќе ја изведат македонската премиера на оркестарската верзија на проектот „Македонисимо“. Синоќа, на 31 март Трпчески и пријателите исто така имаа концерт во Филхамронија. Овие две концертни вечери го означија почетокот на првото издание на „Скопје интернационален музички фестивал“.

Два концерта се одржуваат поради големиот интерес за првично најавениот концерт на 1 април. Вториот концерт се одржа синоќа поради програмскиот распоред на учесниците и достапноста на големата сцена на Македонската филхармонија.

Оркестарската верзија на „Македонисимо“ се базира врз транскрипции на македонската традиционална музика од композиторот Панде Шахов, во соработка со врвниот пијанист Трпчески.

Квинтетот „Македонисимо“ го сочинуваат:  Симон Трпчески на пијано, Хидан Мамудов на кларинет, саксофон и кавал, Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело и Влатко Нушев на удиралки, кои ќе настапат заедно со Камерниот оркестар „Ајга“ под диригентската палка на Ана Спасовска.

Специјални гости на вечерта ќе бидат Владимир Крстев на виолина, Александар Димитров и Паскал Краповски на виолончело.

 

The post Македонска премиера на оркестарската верзија на „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите во Филхамронија appeared first on Република.

]]>

Вечерва во 20 часот во Филхармонија ќе се одржи концерт на светски познатиот пијанист Симон Трпчески и пријателите кои заедно со Камерниот оркестар „Ајга“ ќе ја изведат македонската премиера на оркестарската верзија на проектот „Македонисимо“. Синоќа, на 31 март Трпчески и пријателите исто така имаа концерт во Филхамронија. Овие две концертни вечери го означија почетокот на првото издание на „Скопје интернационален музички фестивал“. Два концерта се одржуваат поради големиот интерес за првично најавениот концерт на 1 април. Вториот концерт се одржа синоќа поради програмскиот распоред на учесниците и достапноста на големата сцена на Македонската филхармонија. Оркестарската верзија на „Македонисимо“ се базира врз транскрипции на македонската традиционална музика од композиторот Панде Шахов, во соработка со врвниот пијанист Трпчески. Квинтетот „Македонисимо“ го сочинуваат:  Симон Трпчески на пијано, Хидан Мамудов на кларинет, саксофон и кавал, Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело и Влатко Нушев на удиралки, кои ќе настапат заедно со Камерниот оркестар „Ајга“ под диригентската палка на Ана Спасовска. Специјални гости на вечерта ќе бидат Владимир Крстев на виолина, Александар Димитров и Паскал Краповски на виолончело.  

The post Македонска премиера на оркестарската верзија на „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите во Филхамронија appeared first on Република.

]]>
Концерт „Татковина“ во Филхармонија https://republika.mk/vesti/kultura/kontsert-tatkovina-vo-filharmonija/ Thu, 28 Mar 2024 08:04:42 +0000 https://republika.mk/?p=759591

Филхармонијата вечер ќе одржи концерт насловен „Татковина“ под диригентство на Сашо Татарчевски, на кој ќе настапи виолинистот Бојан Илкоски.

На програмата ќе бидат изведени виртуозниот Концерт за виолина и оркестар бр.1 од Николо Паганини (1782-1840) и Симфонија бр. 4 во де-мол, оп.120 од Роберт Шуман (1810-1856)

Дирирентот Татарчевски дипломирал и магистрирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на катедрите за хорско и оркестарско диригирање, а посетувал и мајсторски курсеви во Њујорк, Рим, Москва, Берлин, Фиренца, Санкт Петербург и Сартеано. Настапувал со различни ансамбли и на голем број фестивали на кои има освоено награди.

Редовен член е на неколку жири-комисии на интернационални хорски натпревари и раководител на меѓународниот хорски форум во Струга.

Во моментов работи како професор на ФМУ по група предмети од областа на диригирањето и диригент е на симфонискиот оркестар и мешаниот хор „Драган Шуплевски“, како и уметнички раководител на Женскиот младински хор при МКЦ и професионалниот мешан хор „Про Арс“.

Виолинистот Бојан Илкоски дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф.Олег Кондратенко. Досега остварил бројни настапи во земјата и во странство.

Во 2009 година го одржал својот прв самостоен целовечерен концерт во Даут-пашиниот амам. Неговото досегашно искуство како виолинист, вбројува и неколку соло рецитали без пијано придружба.

Илкоски е член на Меѓународниот младински камерен оркестар на Музичка младина, а од неодамна е редовен член на Симфонискиот оркестар при Македонската филхармонија, како и член на оркестарот за филмска музика „Фејмс“.

-Бојан Илкоски (1992) е еден од најпосветените музички уметници кај нас, кој постојано настапува во различни ансамбли. Неодамна, токму со изведба на Концертот за виолина и оркестар бр. 1 од Паганини, настапи како солист во Софија со оркестарот „Симфониета Софија“ и маестро Свилен Симеонов, соопшти Филхармонијата.

 

The post Концерт „Татковина“ во Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Филхармонијата вечер ќе одржи концерт насловен „Татковина“ под диригентство на Сашо Татарчевски, на кој ќе настапи виолинистот Бојан Илкоски. На програмата ќе бидат изведени виртуозниот Концерт за виолина и оркестар бр.1 од Николо Паганини (1782-1840) и Симфонија бр. 4 во де-мол, оп.120 од Роберт Шуман (1810-1856) Дирирентот Татарчевски дипломирал и магистрирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на катедрите за хорско и оркестарско диригирање, а посетувал и мајсторски курсеви во Њујорк, Рим, Москва, Берлин, Фиренца, Санкт Петербург и Сартеано. Настапувал со различни ансамбли и на голем број фестивали на кои има освоено награди. Редовен член е на неколку жири-комисии на интернационални хорски натпревари и раководител на меѓународниот хорски форум во Струга. Во моментов работи како професор на ФМУ по група предмети од областа на диригирањето и диригент е на симфонискиот оркестар и мешаниот хор „Драган Шуплевски“, како и уметнички раководител на Женскиот младински хор при МКЦ и професионалниот мешан хор „Про Арс“. Виолинистот Бојан Илкоски дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф.Олег Кондратенко. Досега остварил бројни настапи во земјата и во странство. Во 2009 година го одржал својот прв самостоен целовечерен концерт во Даут-пашиниот амам. Неговото досегашно искуство како виолинист, вбројува и неколку соло рецитали без пијано придружба. Илкоски е член на Меѓународниот младински камерен оркестар на Музичка младина, а од неодамна е редовен член на Симфонискиот оркестар при Македонската филхармонија, како и член на оркестарот за филмска музика „Фејмс“. -Бојан Илкоски (1992) е еден од најпосветените музички уметници кај нас, кој постојано настапува во различни ансамбли. Неодамна, токму со изведба на Концертот за виолина и оркестар бр. 1 од Паганини, настапи како солист во Софија со оркестарот „Симфониета Софија“ и маестро Свилен Симеонов, соопшти Филхармонијата.  

The post Концерт „Татковина“ во Филхармонија appeared first on Република.

]]>
Концерт „Татковина“ во Филхамронија https://republika.mk/vesti/kultura/kontsert-tatkovina-vo-filhamronija/ Mon, 25 Mar 2024 08:26:32 +0000 https://republika.mk/?p=758399

Овој четврток на концертот насловен „Татковина“ под диригентската палка на маестро Сашо Татарчевски, ќе настапи еден од најпосветените музички уметници кај нас, виолинистот Бојан Илкоски.

На програмата ќе бидат изведени виртуозниот Концерт за виолина и оркестар бр.1 од Николо Паганини (1782 – 1840), исклучително виртуозно дело кое не ги рефлектира само техничките способности на оној што го изведува, туку овде се јасно воочливи и квалитетите на композиторот и Симфонија бр. 4 во де-мол, оп.120 од германскиот композитор Роберт Шуман (1810 – 1856) опишана како негова најмаестрална композиција.

Според некои критичари, кога ја слушате Симфонијата бр. 4, се чувствувате како да сте научиле во музиката нешто што досега не сте знаеле.

Сашо Татарчевски е роден во Битола каде што се здобива со основно и средно музичко образование. Дипломира и магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на катедрите за хорско и оркестарско диригирање, а посетува и мајсторски курсеви во Њујорк, Рим, Москва, Берлин, Фиренца, Санкт Петербург и Сартеано.Настапувал со различни ансамбли, вклучувајќи ги Македонската филхармонија, Оркестарот на Македонската опера и балет, Симфонискиот оркестар на ИКО – Рим, Симфонискиот оркестар на Ермитаж од Санкт Петербург, Битолскиот камерен оркестар, Битолската опера, Симфонискиот оркестар на Битолско културно лето, Солисти на ФМУ, Симфонискиот оркестар на ФМУ, ансамблите за современа музика „Алеа“ и „КонТемпора“, Мандолинскиот оркестар при МКЦ и други камерни и симфониски состави. Во моментов работи како професор на ФМУ по група предмети од областа на диригирањето и диригент е на симфонискиот оркестар и мешаниот хор „Драган Шуплевски“, како и уметнички раководител на Женскиот младински хор при МКЦ и професионалниот мешан хор „Про Арс“.

Освен на сцените низ Македонија, вклучувајќи ги и најреномираните манифестации како Охридско лето, Скопско лето, Денови на македонска музика, Есенски музички свечености и многу други, има настапувано и освоено награди со различни ансамбли во Португалија, Словенија, Шкотска, Белгија, Грција, Швајцарија, Шпанија, Хрватска, Италија, Србија, Бугарија, Чешка, Турција, Австрија, Романија, Полска и Русија. Татарчевски е редовен член на неколку жири-комисии на интернационални хорски натпревари, како и раководител на меѓународниот хорски форум во Струга.

Виолинистот Бојан Илкоски (1992) е еден од најпосветените музички уметници кај нас, кој постојано настапува во различни ансамбли. Неодамна, токму со изведба на Концертот за виолина и оркестар бр. 1 од Паганини, настапи како солист во Софија со оркестарот „Симфониета Софија“ и маестро Свилен Симеонов. Музичкото образование го започнал во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, каде што ги завршил нижото и средното музичко образование, а првите контакти со виолината ги имал на седумгодишна возраст со проф.Румен Димитриев и проф. Зоран Џорлев. Дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф.Олег Кондратенко. Досега остварил бројни настапи во земјата и надвор од нејзините граници: Романија, Србија, Хрватска, Бугарија, неколкупати настапувал како солист со Македонската филхармонија, Камерниот оркестар при ФМУ, а во 2009 година го одржал и својот прв самостоен целовечерен концерт во Даут-пашиниот амам. Со пијанистот Дино Имери основаа Камерно дуо и во овој состав реализираат бројни настапи во земјата и надвор од неа, како што се: Европскиот концерт приреден од музичките и балетските педагози на Македонија, заедно со Europian union of music competitions for youth;свеченото отворање на реномираниот натпревар „Охридски бисери“(2015); на фестивалот „А-фест“ во Нови Сад, Србија; рецитал во циклусот концерти „Доаѓаме...“ (2013) во организација на КИЦ; во амбасадата на Шпанија по покана на амбасадорот Фернандо де Галаинена Родригез... Во досегашното искуство како виолинист, вбројува и неколку соло рецитали без пијано придружба кои се од исклучителна важност и претставуваат огромен предизвик за секој инструменталист, воопшто. Со концерти од овој тип се претставува и на фестивалот „Златна лира 2017“, во организација на СМУМ. Заедно со Симфонискиот и Камерниот оркестар при Факултетот за музичка уметност има настапувано во земјава, како и во Хрватска и во Босна и Херцеговина. Како камерен музичар, соработувал со светски реномирани имиња како што се Франсис Дирој и светски познатиот виолончелист и диригент Марк Копеј, а остварува соработка и со виолинистот Сретен Крстиќ, концерт-мајстор на Минхенската филхармонија. Илкоски е член на Меѓународниот младински камерен оркестар на Музичка младина, а од неодамна е редовен член на Симфонискиот оркестар при Македонската филхармонија, како и член на оркестарот за филмска музика „Фејмс“.

The post Концерт „Татковина“ во Филхамронија appeared first on Република.

]]>

Овој четврток на концертот насловен „Татковина“ под диригентската палка на маестро Сашо Татарчевски, ќе настапи еден од најпосветените музички уметници кај нас, виолинистот Бојан Илкоски. На програмата ќе бидат изведени виртуозниот Концерт за виолина и оркестар бр.1 од Николо Паганини (1782 – 1840), исклучително виртуозно дело кое не ги рефлектира само техничките способности на оној што го изведува, туку овде се јасно воочливи и квалитетите на композиторот и Симфонија бр. 4 во де-мол, оп.120 од германскиот композитор Роберт Шуман (1810 – 1856) опишана како негова најмаестрална композиција. Според некои критичари, кога ја слушате Симфонијата бр. 4, се чувствувате како да сте научиле во музиката нешто што досега не сте знаеле. Сашо Татарчевски е роден во Битола каде што се здобива со основно и средно музичко образование. Дипломира и магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на катедрите за хорско и оркестарско диригирање, а посетува и мајсторски курсеви во Њујорк, Рим, Москва, Берлин, Фиренца, Санкт Петербург и Сартеано.Настапувал со различни ансамбли, вклучувајќи ги Македонската филхармонија, Оркестарот на Македонската опера и балет, Симфонискиот оркестар на ИКО – Рим, Симфонискиот оркестар на Ермитаж од Санкт Петербург, Битолскиот камерен оркестар, Битолската опера, Симфонискиот оркестар на Битолско културно лето, Солисти на ФМУ, Симфонискиот оркестар на ФМУ, ансамблите за современа музика „Алеа“ и „КонТемпора“, Мандолинскиот оркестар при МКЦ и други камерни и симфониски состави. Во моментов работи како професор на ФМУ по група предмети од областа на диригирањето и диригент е на симфонискиот оркестар и мешаниот хор „Драган Шуплевски“, како и уметнички раководител на Женскиот младински хор при МКЦ и професионалниот мешан хор „Про Арс“. Освен на сцените низ Македонија, вклучувајќи ги и најреномираните манифестации како Охридско лето, Скопско лето, Денови на македонска музика, Есенски музички свечености и многу други, има настапувано и освоено награди со различни ансамбли во Португалија, Словенија, Шкотска, Белгија, Грција, Швајцарија, Шпанија, Хрватска, Италија, Србија, Бугарија, Чешка, Турција, Австрија, Романија, Полска и Русија. Татарчевски е редовен член на неколку жири-комисии на интернационални хорски натпревари, како и раководител на меѓународниот хорски форум во Струга. Виолинистот Бојан Илкоски (1992) е еден од најпосветените музички уметници кај нас, кој постојано настапува во различни ансамбли. Неодамна, токму со изведба на Концертот за виолина и оркестар бр. 1 од Паганини, настапи како солист во Софија со оркестарот „Симфониета Софија“ и маестро Свилен Симеонов. Музичкото образование го започнал во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, каде што ги завршил нижото и средното музичко образование, а првите контакти со виолината ги имал на седумгодишна возраст со проф.Румен Димитриев и проф. Зоран Џорлев. Дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф.Олег Кондратенко. Досега остварил бројни настапи во земјата и надвор од нејзините граници: Романија, Србија, Хрватска, Бугарија, неколкупати настапувал како солист со Македонската филхармонија, Камерниот оркестар при ФМУ, а во 2009 година го одржал и својот прв самостоен целовечерен концерт во Даут-пашиниот амам. Со пијанистот Дино Имери основаа Камерно дуо и во овој состав реализираат бројни настапи во земјата и надвор од неа, како што се: Европскиот концерт приреден од музичките и балетските педагози на Македонија, заедно со Europian union of music competitions for youth;свеченото отворање на реномираниот натпревар „Охридски бисери“(2015); на фестивалот „А-фест“ во Нови Сад, Србија; рецитал во циклусот концерти „Доаѓаме...“ (2013) во организација на КИЦ; во амбасадата на Шпанија по покана на амбасадорот Фернандо де Галаинена Родригез... Во досегашното искуство како виолинист, вбројува и неколку соло рецитали без пијано придружба кои се од исклучителна важност и претставуваат огромен предизвик за секој инструменталист, воопшто. Со концерти од овој тип се претставува и на фестивалот „Златна лира 2017“, во организација на СМУМ. Заедно со Симфонискиот и Камерниот оркестар при Факултетот за музичка уметност има настапувано во земјава, како и во Хрватска и во Босна и Херцеговина. Како камерен музичар, соработувал со светски реномирани имиња како што се Франсис Дирој и светски познатиот виолончелист и диригент Марк Копеј, а остварува соработка и со виолинистот Сретен Крстиќ, концерт-мајстор на Минхенската филхармонија. Илкоски е член на Меѓународниот младински камерен оркестар на Музичка младина, а од неодамна е редовен член на Симфонискиот оркестар при Македонската филхармонија, како и член на оркестарот за филмска музика „Фејмс“.

The post Концерт „Татковина“ во Филхамронија appeared first on Република.

]]>
Рафаел Агире, еден од најбараните гитаристи ќе настапи како солист на концертот „Поврзување“ во Филхармонија https://republika.mk/vesti/kultura/rafael-agire-eden-od-najbaranite-gitaristi-ke-nastapi-kako-solist-na-kontsertot-povrzuvane-vo-filharmonija/ Mon, 11 Mar 2024 08:16:04 +0000 https://republika.mk/?p=753497

„ПОВРЗУВАЊЕ“ е насловен концертот на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи овој четврток, 14 март во 20 часот. На програмата ќе бидат изведени, Интермецо од познатата опера на Џакомо Пучини, „Манон Леско“ (1892), Концертот за гитара и оркестар „Аранхуез“, најпознатото дело на шпанскиот композитор Хоакин Родриго (1901 – 1999) и Симфонија бр. 4, оп. 90,во А-дур, „Италијанска“ од германскиот композитор, пијанист и диригент Феликс Менделсон.

Диригент е маестра Бисера Чадловска, а како солист ќе настапи еден од најбараните гитаристи Рафаел Агире (Шпанија) на гитара.

Диригентката Бисера Чадловска (1978, Скопје), дипломира во 2001 година на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на oтсекот по оркестарско диригирање, во класата на проф. Фимчо Муратовски. Постдипломските студии по симфониско и оперско диригирање ги завршува на Државната музичка академија во Софија. По завршувањето на студиите почнува да работи како хор-мајстор во Македонската опера и балет. Набрзо почнува да напредува и да асистира во подготовките на сите нови премиери на сцената на МОБ. По неколку години работа како хор-мајстор и асистент диригент, ја добива својата прва премиера – операта „Таен брак“од Доменико Чимароза, за отворањето на манифестација„Скопско лето“ во 2005 година. Како резултат на работата на оваа опера, добива стипендија од фондацијата CEE Eastern Musiktheater, со што ѝ се овозможува посета на семинари и настап со оперскиот оркестар од Темишвар, Романија. Потоа се редат голем број претстави од репертоарот на МОБ. Се докажува како оперски и балетски диригент и денес го диригира скоро целокупниот репертоар на сцената на МОБ. На сцената на МНТ, како диригент го поставува првиот лиценциран мјузикл во Македонија – „Чикаго“. Добитничка е на наградата „Георги Божиков“(2015) за континуирана изведба на дела од македонски композитори.

Рафаел Агире денес е еден од најбараните гитаристи, кој има освоено 13 први награди на значајни натпревари и настапувано во над 40 земји како солист. Минатата сезона реализираше турнеја во САД, меѓудругото и во „Карнеги хол“ во Њујорк, но дебитираше и во Кина, а настапи и со Прашката филхармонија, со Филхармонијата на Монте Карло, Националниот оркестар на Шпанија, премиерно изведувајќи го Концертот за гитара од познатиот современ композитор Јоан Валент. Секако, во неговата досегашна концертна кариера се вбројуваат настапи и во „Концертгебау“ во Амстердам, Фестивалот „Вербие“, „Чајковски“ во Москва, во Филхармонијата Елб во Хамбург, Кралскиот театар во Мадрид итн., а настапувал и со музичари од Берлинската филхармонија, пијанистот Ланг Ланг, сопранот Фатма Саид..., што е доволен репер на кое ниво е овој славен уметник. Рафаел Агире е посветен на проширување на репертоарот на инструментот што го свири, па така соработува со многу живи композитори кои пишуваат специјални дела за него, вклучувајќи и фламенко, шпанска популарна, латиноамериканска, поп- и филмска музика. Неговиот прв албум е рецитал издаден за RTVE Musica, а со германската издавачка куќа KSGEХ audio издаде албум со дела од Бах, Скарлати, Менделсон, Шуман, Дебиси, Равел и Гершвин, транскрибирани за гитара. Соработува со врвната виолончелистка Надеж Роша, со која го издаде „La Vida Breve“ за Ars Produktion. Значајна е неговата изведба на светската премиера на делото „Fulgores“ од Лоренцо Паоломо, за издавачката куќа Naxos, а скоро за Warner Classics издаде албум со сопранот Фатма Саид. Агире добива фантастични критики за неговите изведби, а исто така беше и номиниран за латинското „Греми“.

The post Рафаел Агире, еден од најбараните гитаристи ќе настапи како солист на концертот „Поврзување“ во Филхармонија appeared first on Република.

]]>

„ПОВРЗУВАЊЕ“ е насловен концертот на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи овој четврток, 14 март во 20 часот. На програмата ќе бидат изведени, Интермецо од познатата опера на Џакомо Пучини, „Манон Леско“ (1892), Концертот за гитара и оркестар „Аранхуез“, најпознатото дело на шпанскиот композитор Хоакин Родриго (1901 – 1999) и Симфонија бр. 4, оп. 90,во А-дур, „Италијанска“ од германскиот композитор, пијанист и диригент Феликс Менделсон. Диригент е маестра Бисера Чадловска, а како солист ќе настапи еден од најбараните гитаристи Рафаел Агире (Шпанија) на гитара. Диригентката Бисера Чадловска (1978, Скопје), дипломира во 2001 година на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на oтсекот по оркестарско диригирање, во класата на проф. Фимчо Муратовски. Постдипломските студии по симфониско и оперско диригирање ги завршува на Државната музичка академија во Софија. По завршувањето на студиите почнува да работи како хор-мајстор во Македонската опера и балет. Набрзо почнува да напредува и да асистира во подготовките на сите нови премиери на сцената на МОБ. По неколку години работа како хор-мајстор и асистент диригент, ја добива својата прва премиера – операта „Таен брак“од Доменико Чимароза, за отворањето на манифестација„Скопско лето“ во 2005 година. Како резултат на работата на оваа опера, добива стипендија од фондацијата CEE Eastern Musiktheater, со што ѝ се овозможува посета на семинари и настап со оперскиот оркестар од Темишвар, Романија. Потоа се редат голем број претстави од репертоарот на МОБ. Се докажува како оперски и балетски диригент и денес го диригира скоро целокупниот репертоар на сцената на МОБ. На сцената на МНТ, како диригент го поставува првиот лиценциран мјузикл во Македонија – „Чикаго“. Добитничка е на наградата „Георги Божиков“(2015) за континуирана изведба на дела од македонски композитори. Рафаел Агире денес е еден од најбараните гитаристи, кој има освоено 13 први награди на значајни натпревари и настапувано во над 40 земји како солист. Минатата сезона реализираше турнеја во САД, меѓудругото и во „Карнеги хол“ во Њујорк, но дебитираше и во Кина, а настапи и со Прашката филхармонија, со Филхармонијата на Монте Карло, Националниот оркестар на Шпанија, премиерно изведувајќи го Концертот за гитара од познатиот современ композитор Јоан Валент. Секако, во неговата досегашна концертна кариера се вбројуваат настапи и во „Концертгебау“ во Амстердам, Фестивалот „Вербие“, „Чајковски“ во Москва, во Филхармонијата Елб во Хамбург, Кралскиот театар во Мадрид итн., а настапувал и со музичари од Берлинската филхармонија, пијанистот Ланг Ланг, сопранот Фатма Саид..., што е доволен репер на кое ниво е овој славен уметник. Рафаел Агире е посветен на проширување на репертоарот на инструментот што го свири, па така соработува со многу живи композитори кои пишуваат специјални дела за него, вклучувајќи и фламенко, шпанска популарна, латиноамериканска, поп- и филмска музика. Неговиот прв албум е рецитал издаден за RTVE Musica, а со германската издавачка куќа KSGEХ audio издаде албум со дела од Бах, Скарлати, Менделсон, Шуман, Дебиси, Равел и Гершвин, транскрибирани за гитара. Соработува со врвната виолончелистка Надеж Роша, со која го издаде „La Vida Breve“ за Ars Produktion. Значајна е неговата изведба на светската премиера на делото „Fulgores“ од Лоренцо Паоломо, за издавачката куќа Naxos, а скоро за Warner Classics издаде албум со сопранот Фатма Саид. Агире добива фантастични критики за неговите изведби, а исто така беше и номиниран за латинското „Греми“.

The post Рафаел Агире, еден од најбараните гитаристи ќе настапи како солист на концертот „Поврзување“ во Филхармонија appeared first on Република.

]]>
„Хармонија“ на Филхармонија со дела од Бернштајн, Гершвин и Гулда https://republika.mk/vesti/kultura/harmonija-na-filharmonija-so-dela-od-bernshtajn-gershvin-i-gulda/ Thu, 22 Feb 2024 08:20:52 +0000 https://republika.mk/?p=746804

Оркестарот на Македонската филхармонија вечер, во 20 часот, ќе одржи концерт на кој како солист ќе настапи српскиот виолончелист со интернационална кариера – Драган Ѓорѓевиќ. Концертот е насловен „Хармонија”, а диригент е маестро Мануел Хернандез-Силва од Венецуела/Шпанија.

Како што информираат од Македонската филхармонија, на програмата се Концертот за виолончело и дувачки оркестар од Фридрих Гулда, симфониските танци „Приказна од западната страна“ од Леонард Бернштајн и симфониската поема „Американец во Париз“ од Џорџ Гершвин.

Оркестарот на Македонската филхармонија в четврток, со почеток во 20 часот, ќе одржи концерт на кој како солист ќе настапи српскиот виолончелист со интернационална кариера - Драган Ѓорѓевиќ.

Мануел Хернандез-Силва –диригент дипломира на престижниот Државен конзерваториум во Виена со највисоки оценки, а професори му биле Рејнхард Шварц и Георг Марк. Добитник е на наградата на натпреварот за диригирање „Јунгер Кунстлер“, што ја доделува Виенскиот камерен оркестар, со кој Силва диригира во Виена. Диригирал на значајни интернационални фестивали, а често настапува како гостин диригент со шпански и со други оркестри во Европа. Маестро Хернандез-Силва работи и како професор, постојано е активен во педагошката сфера, каде посветено едуцира млади диригенти.

Драган Ѓорѓевиќ, виолончелист е една од најоригиналните уметнички појави на неговата генерација. Тој е признат за амбасадор на српската школа за виолончело, основач е на ансамблот „Вива виолончело“, на фестивалот „Равенелиус“, соосновач на квартетот „Рубикон“ и програмски директор на „Виолончело фест“ во Белград.

Во музичкиот свет Ѓорѓевиќ влегол на шестгодишна возраст, свирејќи виолина во училиште за музички надарени деца во неговиот роден град Ќуприја, а две години подоцна почнал да изучува виолончело. По студиите во Белград, на Факултетот за музичка уметност, во класата на проф. Сандра Белиќ, образованието го продолжил на Гилдхал школата за музика и драма во Лондон, во класата на проф. Стефан Попов. По Лондон, Ѓорѓевиќ се запознал со корејскиот виолончелист Јанг Чанг Чо, кога продолжил да студира на Школата за музика во Есен, Германија. Уште како млад бил назначен да биде професор по виолончело на ФМУ во Белград, време кое го означил и како период да учи со славните виолончелисти како Миша Мајски, Тобијас Кун, Давид Такено итн. Добитник е на специјални награди на разни натпревари во Белград, а како солист настапувал во Велика Британија, Германија, Холандија, Шведска, САД, Русија, Белгија, Кина, Швајцарија, Франција, Норвешка, Јужна Кореја…, на истакнати меѓународни музички фестивали како „Би-би-си промс“, „Георг Енеску“, „Охридско лето“, „Челисимо“, „БЕМУС“… Соработувал со уметници како Џулијан Рахлин, Итамар Голан, Емил Табаков, Клеменс Шулд, Немања Радуловиќ, Роман Симовиќ, Џон Адамс… Почнувајќи од 2011 година, на покана на славниот маестро Валери Гергиев, свири како главен гостин виолончелист на Симфонискиот оркестар на театарот „Марински“, ја освоил наградата на Загрепски концертен менаџмент, му бил понуден и рецитал во новата концертна сала на „Марински“ во Санкт Петербург, како и деби со квартетот „Рубикон“ на Лондонскиот фестивал. И покрај тоа што е редовен професор по виолончело на ФМУ во Белград, одржува мастер-часови во Кина, Шведска, Бугарија, Романија, Словенија… Свири на виолончело направено 1797 година, од Џејмс и Хенри Бенкс.

 

The post „Хармонија“ на Филхармонија со дела од Бернштајн, Гершвин и Гулда appeared first on Република.

]]>

Оркестарот на Македонската филхармонија вечер, во 20 часот, ќе одржи концерт на кој како солист ќе настапи српскиот виолончелист со интернационална кариера – Драган Ѓорѓевиќ. Концертот е насловен „Хармонија”, а диригент е маестро Мануел Хернандез-Силва од Венецуела/Шпанија. Како што информираат од Македонската филхармонија, на програмата се Концертот за виолончело и дувачки оркестар од Фридрих Гулда, симфониските танци „Приказна од западната страна“ од Леонард Бернштајн и симфониската поема „Американец во Париз“ од Џорџ Гершвин. Оркестарот на Македонската филхармонија в четврток, со почеток во 20 часот, ќе одржи концерт на кој како солист ќе настапи српскиот виолончелист со интернационална кариера - Драган Ѓорѓевиќ. Мануел Хернандез-Силва –диригент дипломира на престижниот Државен конзерваториум во Виена со највисоки оценки, а професори му биле Рејнхард Шварц и Георг Марк. Добитник е на наградата на натпреварот за диригирање „Јунгер Кунстлер“, што ја доделува Виенскиот камерен оркестар, со кој Силва диригира во Виена. Диригирал на значајни интернационални фестивали, а често настапува како гостин диригент со шпански и со други оркестри во Европа. Маестро Хернандез-Силва работи и како професор, постојано е активен во педагошката сфера, каде посветено едуцира млади диригенти. Драган Ѓорѓевиќ, виолончелист е една од најоригиналните уметнички појави на неговата генерација. Тој е признат за амбасадор на српската школа за виолончело, основач е на ансамблот „Вива виолончело“, на фестивалот „Равенелиус“, соосновач на квартетот „Рубикон“ и програмски директор на „Виолончело фест“ во Белград. Во музичкиот свет Ѓорѓевиќ влегол на шестгодишна возраст, свирејќи виолина во училиште за музички надарени деца во неговиот роден град Ќуприја, а две години подоцна почнал да изучува виолончело. По студиите во Белград, на Факултетот за музичка уметност, во класата на проф. Сандра Белиќ, образованието го продолжил на Гилдхал школата за музика и драма во Лондон, во класата на проф. Стефан Попов. По Лондон, Ѓорѓевиќ се запознал со корејскиот виолончелист Јанг Чанг Чо, кога продолжил да студира на Школата за музика во Есен, Германија. Уште како млад бил назначен да биде професор по виолончело на ФМУ во Белград, време кое го означил и како период да учи со славните виолончелисти како Миша Мајски, Тобијас Кун, Давид Такено итн. Добитник е на специјални награди на разни натпревари во Белград, а како солист настапувал во Велика Британија, Германија, Холандија, Шведска, САД, Русија, Белгија, Кина, Швајцарија, Франција, Норвешка, Јужна Кореја…, на истакнати меѓународни музички фестивали како „Би-би-си промс“, „Георг Енеску“, „Охридско лето“, „Челисимо“, „БЕМУС“… Соработувал со уметници како Џулијан Рахлин, Итамар Голан, Емил Табаков, Клеменс Шулд, Немања Радуловиќ, Роман Симовиќ, Џон Адамс… Почнувајќи од 2011 година, на покана на славниот маестро Валери Гергиев, свири како главен гостин виолончелист на Симфонискиот оркестар на театарот „Марински“, ја освоил наградата на Загрепски концертен менаџмент, му бил понуден и рецитал во новата концертна сала на „Марински“ во Санкт Петербург, како и деби со квартетот „Рубикон“ на Лондонскиот фестивал. И покрај тоа што е редовен професор по виолончело на ФМУ во Белград, одржува мастер-часови во Кина, Шведска, Бугарија, Романија, Словенија… Свири на виолончело направено 1797 година, од Џејмс и Хенри Бенкс.  

The post „Хармонија“ на Филхармонија со дела од Бернштајн, Гершвин и Гулда appeared first on Република.

]]>
„Чистина“ – концерт на Македонската филхармонија со Табаков и Колева од Бугарија https://republika.mk/vesti/kultura/chistina-kontsert-na-makedonskata-filharmonija-so-tabakov-i-koleva-od-bugarija/ Thu, 01 Feb 2024 07:49:34 +0000 https://republika.mk/?p=739189

Вечерва, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи концертот „Чистина“, на кој како солистка ќе настапи перкусионистката Татиана Колева (Холандија/Бугарија), а диригент е маестро Емил Табаков од Бугарија. На програмата се Концерт за маримба, вибрафон и тапан од Емил Табаков, кој ќе биде изведен премиерно, и Симфонијата бр.2 во Де-дур од Лудвиг ван Бетовен.

Оваа симфонија Бетовен ја напишал во време на голема лична криза, кога се соочувал се сериозни проблеми со ушите и кога во голема мера почнал да го губи својот слух, но во неа не се чувствува фрустрацијата. Напротив, напишана е во сончевиот Де-дур, полна е со живот, елан и енергија. Одвреме-навреме оваа позитивна атмосфера е нарушена од брутални сфорцанда и драматични промени во динамиката. Емотивниот период низ кој поминувал се провлекува само како сенка низ ова маестрално оркестарско дело – како облак што набрзо го разбива ветрот и сонцето повторно излегува со својот полн сјај. Симфонијата е полна со енергија, комичност, со интензитет што не попушта во ниту еден став.

Татиана Колева, која критиката ја препознава како виртуоз и иновативна уметница перкусионистка, досега премиерно извела повеќе од сто дела напишани специјално за неа како солистка и за нејзините проекти со поголеми ансамбли. Родена е во Бугарија, а моментално живее во Холандија, каде што ја комбинира својата интензивна концертна агенда со едукативните активности, меѓу кои и работата како професорка на Конзерваториумот во Гронинген. Колева настапувала како солистка на најзначајните музички сцени во Европа, САД, Канада, Јапонија, Бразил, Јордан, Мексико, каде што настапувала со водечки оркестри и диригенти. Редовно настапува и во проекти на камерни ансамбли и театарски групи – меѓу кои и со органистот Јан Хаге, флејтистката Елeоноре Пејмајер, како и со џез-саксофонистот Руџер ван Отерло. Покрај нејзините активности како класична музичарка, таа често е дел и од т.н. „кросовер проекти“, во кои импровизира со различни жанрови: џез, рок, филмска и театарска музика. Членка е и на познатиот холандски бенд „Рубатонг“. Снимала за нејзината издавачка куќа „Нова линија рекордс“, за „Дека“, „Атака“, „Верго“… Добитничка е на повеќе интернационални награди.

Маестро Емил Табаков (1947) од Бугарија се смета за еден од најзначајните диригенти на овие простори. Образованието го завршува на Бугарската државна академија, студирајќи контрабас на Гудачкиот оддел. Паралелно студира и дипломира на Одделот за диригирање, а во 1978 година дипломира и на Одделот по композиција. Една година пред тоа, Табаков ја освојува првата награда на натпреварот за млади диригенти „Николај Малко“ во Копенхаген и оттогаш неговата кариера рапидно расте. Од 1976 до 1979 работи како диригент на Филхармонијата во Русе, а од 1979 до 1988 година тој е уметнички раководител и диригент на реномираниот камерен оркестар „Софиски солисти“, со кој остварува значајни концерти низ светот. Во 1985 година станува диригент на Софиската филхармонија, од 1987 година е нејзин главен диригент, а од 1988 до 2000 година – музички директор и уметнички раководител. Од 1994 до 1999 година, маестро Табаков наедно е диригент и музички директор на Белградскиот филхармониски оркестар. Од 2002 до 2008 година, тој е главен диригент и музички директор на симфонискиот оркестар „Билкент“ во Анкара, Турција, а од 2008 година и главен диригент на Симфонискиот оркестар на Бугарското национално радио. Маестро Табаков диригирал и многу оперски спектакли во Венеција и во Торино, а на репертоарот на овој диригент се наоѓаат многубројни симфониски оперски дела од класичните, романтичните и современите композитори.

 

The post „Чистина“ – концерт на Македонската филхармонија со Табаков и Колева од Бугарија appeared first on Република.

]]>

Вечерва, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи концертот „Чистина“, на кој како солистка ќе настапи перкусионистката Татиана Колева (Холандија/Бугарија), а диригент е маестро Емил Табаков од Бугарија. На програмата се Концерт за маримба, вибрафон и тапан од Емил Табаков, кој ќе биде изведен премиерно, и Симфонијата бр.2 во Де-дур од Лудвиг ван Бетовен. Оваа симфонија Бетовен ја напишал во време на голема лична криза, кога се соочувал се сериозни проблеми со ушите и кога во голема мера почнал да го губи својот слух, но во неа не се чувствува фрустрацијата. Напротив, напишана е во сончевиот Де-дур, полна е со живот, елан и енергија. Одвреме-навреме оваа позитивна атмосфера е нарушена од брутални сфорцанда и драматични промени во динамиката. Емотивниот период низ кој поминувал се провлекува само како сенка низ ова маестрално оркестарско дело – како облак што набрзо го разбива ветрот и сонцето повторно излегува со својот полн сјај. Симфонијата е полна со енергија, комичност, со интензитет што не попушта во ниту еден став. Татиана Колева, која критиката ја препознава како виртуоз и иновативна уметница перкусионистка, досега премиерно извела повеќе од сто дела напишани специјално за неа како солистка и за нејзините проекти со поголеми ансамбли. Родена е во Бугарија, а моментално живее во Холандија, каде што ја комбинира својата интензивна концертна агенда со едукативните активности, меѓу кои и работата како професорка на Конзерваториумот во Гронинген. Колева настапувала како солистка на најзначајните музички сцени во Европа, САД, Канада, Јапонија, Бразил, Јордан, Мексико, каде што настапувала со водечки оркестри и диригенти. Редовно настапува и во проекти на камерни ансамбли и театарски групи – меѓу кои и со органистот Јан Хаге, флејтистката Елeоноре Пејмајер, како и со џез-саксофонистот Руџер ван Отерло. Покрај нејзините активности како класична музичарка, таа често е дел и од т.н. „кросовер проекти“, во кои импровизира со различни жанрови: џез, рок, филмска и театарска музика. Членка е и на познатиот холандски бенд „Рубатонг“. Снимала за нејзината издавачка куќа „Нова линија рекордс“, за „Дека“, „Атака“, „Верго“… Добитничка е на повеќе интернационални награди. Маестро Емил Табаков (1947) од Бугарија се смета за еден од најзначајните диригенти на овие простори. Образованието го завршува на Бугарската државна академија, студирајќи контрабас на Гудачкиот оддел. Паралелно студира и дипломира на Одделот за диригирање, а во 1978 година дипломира и на Одделот по композиција. Една година пред тоа, Табаков ја освојува првата награда на натпреварот за млади диригенти „Николај Малко“ во Копенхаген и оттогаш неговата кариера рапидно расте. Од 1976 до 1979 работи како диригент на Филхармонијата во Русе, а од 1979 до 1988 година тој е уметнички раководител и диригент на реномираниот камерен оркестар „Софиски солисти“, со кој остварува значајни концерти низ светот. Во 1985 година станува диригент на Софиската филхармонија, од 1987 година е нејзин главен диригент, а од 1988 до 2000 година – музички директор и уметнички раководител. Од 1994 до 1999 година, маестро Табаков наедно е диригент и музички директор на Белградскиот филхармониски оркестар. Од 2002 до 2008 година, тој е главен диригент и музички директор на симфонискиот оркестар „Билкент“ во Анкара, Турција, а од 2008 година и главен диригент на Симфонискиот оркестар на Бугарското национално радио. Маестро Табаков диригирал и многу оперски спектакли во Венеција и во Торино, а на репертоарот на овој диригент се наоѓаат многубројни симфониски оперски дела од класичните, романтичните и современите композитори.  

The post „Чистина“ – концерт на Македонската филхармонија со Табаков и Колева од Бугарија appeared first on Република.

]]>
„Одисеја“ – концерт на Филхармонијата со Афродити Патулиду и Кристијан Рајф https://republika.mk/vesti/kultura/odiseja-kontsert-na-filharmonijata-so-afroditi-patulidu-i-kristijan-rajf/ Thu, 25 Jan 2024 08:38:32 +0000 https://republika.mk/?p=736573

Оркестарот на Филхармонијата вечерва во 20 часот ќе одржи концерт насловен „Одисеја“ со изведба на дела од скандинавските композитори Едвард Григ и Јан Сибелиус. Диригент е Кристијан Рајф од Германија, а како солист ќе настапи Афродити Патулиду од Грција.

Германскиот диригент Кристијан Рајф е новоименуван шеф-диригент на Симфонискиот оркестар во Гавле, Шведска, позиција на којашто ќе остане до сезоната 2025/26. Во изминатиот период, тој воспостави висока репутација на светските сцени, особено поради неговата природна музикалност, иновативност и висока техничка прецизност во водењето на оркестрите. Со Гавле оркестарот, покрај тековната програма, ќе ја предводи и турнејата во Шведска, во март 2024.

Од 2022 година, Рајф бил на функцијата музички директор на фестивалот во Минесота „Lakes Area“, кој е посветен на нарачка на нови дела од областа на камерната музика, како и од оперскиот и симфонискиот репертоар. Најистакнатите моменти од сезоната 2023/24 вклучуваат и негови настапи со Симфонискиот оркестар на Синсинати, Симфонијата на Сент Луис, Симфонијата на Сиетл, Симфонијата на Милвоки, Шведскиот радио-симфониски оркестар, Филхармонискиот оркестар на Брно, како и настапот на летниот музички фестивал „Grand Teton“.

Мошне значаен е неговиот настап како диригент на грандиозното дело на славниот композитор Џон Адамс – „Ел Нињо“ (опера-ораториум), за кое направи свој аранжман, а кое ќе го изведува со Симфонијата Синсинати, како и со Американската модерна оперска компанија, на турнеја низ САД.

Студирал со Алан Гилберт на „Џулијард“ и со Денис Расел Дејвис во „Моцартеум“ во Салцбург. Добитник е на повеќе значајни награди за диригирање.

Сопранот Афродити Патулиду, родена во Солун се смета за една од најинтересните пејачки ѕвезди во подем. Таа е и текстописец и фотограф, но негува и огромна страст кон сликарството и поезијата. Настапува во театри како Државната опера во Берлин, Кралскиот театар во Мадрид, Грчката национална опера, во концертни сали како Берлинската филхармонија или „Концертгебау“ во Амстердам. Нејзините улоги на Ана Трулова во „Животот на развратникот“ од Игор Стравински, Ел во „Човечкиот глас“ на Франсис Пуланк,Сузана во „Свадбата на Фигаро“ од Моцарт, Белинда во „Дидо и Енеј“ од Хенри Персл, Софи Шол во „Бела роза“ од Удо Цимерман, се мошне позитивно оценети од меѓународната критика.

Соработувала со врвни диригенти како Барбара Ханиган, Кирил Петренко, Мануел Наври, Тито Чекерини... Патулиду беше една од првите уметници која зема учество во „Еквилибриум“ – Иницијативата за млади уметници на Барбара Ханиган. Таа гостува и во познатата компанија на германската кореографка и танчарка Саша Валц, а беше и главен вокал во хеви метал бендот „Игоррр“. Како композиторка, пишува во различни музички манири и жанрови. Живее во Берлин, а студирала на Универзитетот „Македонија“ во Солун, потоа на Кралскиот фламански конзерваториум во Брисел, како и на Универзитетот за уметности во Берлин. Исто така, учела и народно пеење, а свири пијано, гитара и никелхарфа. Добитничка е на повеќе значајни стипендии, наведуваат од Филхармонијата.

 

The post „Одисеја“ – концерт на Филхармонијата со Афродити Патулиду и Кристијан Рајф appeared first on Република.

]]>

Оркестарот на Филхармонијата вечерва во 20 часот ќе одржи концерт насловен „Одисеја“ со изведба на дела од скандинавските композитори Едвард Григ и Јан Сибелиус. Диригент е Кристијан Рајф од Германија, а како солист ќе настапи Афродити Патулиду од Грција. Германскиот диригент Кристијан Рајф е новоименуван шеф-диригент на Симфонискиот оркестар во Гавле, Шведска, позиција на којашто ќе остане до сезоната 2025/26. Во изминатиот период, тој воспостави висока репутација на светските сцени, особено поради неговата природна музикалност, иновативност и висока техничка прецизност во водењето на оркестрите. Со Гавле оркестарот, покрај тековната програма, ќе ја предводи и турнејата во Шведска, во март 2024. Од 2022 година, Рајф бил на функцијата музички директор на фестивалот во Минесота „Lakes Area“, кој е посветен на нарачка на нови дела од областа на камерната музика, како и од оперскиот и симфонискиот репертоар. Најистакнатите моменти од сезоната 2023/24 вклучуваат и негови настапи со Симфонискиот оркестар на Синсинати, Симфонијата на Сент Луис, Симфонијата на Сиетл, Симфонијата на Милвоки, Шведскиот радио-симфониски оркестар, Филхармонискиот оркестар на Брно, како и настапот на летниот музички фестивал „Grand Teton“. Мошне значаен е неговиот настап како диригент на грандиозното дело на славниот композитор Џон Адамс – „Ел Нињо“ (опера-ораториум), за кое направи свој аранжман, а кое ќе го изведува со Симфонијата Синсинати, како и со Американската модерна оперска компанија, на турнеја низ САД. Студирал со Алан Гилберт на „Џулијард“ и со Денис Расел Дејвис во „Моцартеум“ во Салцбург. Добитник е на повеќе значајни награди за диригирање. Сопранот Афродити Патулиду, родена во Солун се смета за една од најинтересните пејачки ѕвезди во подем. Таа е и текстописец и фотограф, но негува и огромна страст кон сликарството и поезијата. Настапува во театри како Државната опера во Берлин, Кралскиот театар во Мадрид, Грчката национална опера, во концертни сали како Берлинската филхармонија или „Концертгебау“ во Амстердам. Нејзините улоги на Ана Трулова во „Животот на развратникот“ од Игор Стравински, Ел во „Човечкиот глас“ на Франсис Пуланк,Сузана во „Свадбата на Фигаро“ од Моцарт, Белинда во „Дидо и Енеј“ од Хенри Персл, Софи Шол во „Бела роза“ од Удо Цимерман, се мошне позитивно оценети од меѓународната критика. Соработувала со врвни диригенти како Барбара Ханиган, Кирил Петренко, Мануел Наври, Тито Чекерини... Патулиду беше една од првите уметници која зема учество во „Еквилибриум“ – Иницијативата за млади уметници на Барбара Ханиган. Таа гостува и во познатата компанија на германската кореографка и танчарка Саша Валц, а беше и главен вокал во хеви метал бендот „Игоррр“. Како композиторка, пишува во различни музички манири и жанрови. Живее во Берлин, а студирала на Универзитетот „Македонија“ во Солун, потоа на Кралскиот фламански конзерваториум во Брисел, како и на Универзитетот за уметности во Берлин. Исто така, учела и народно пеење, а свири пијано, гитара и никелхарфа. Добитничка е на повеќе значајни стипендии, наведуваат од Филхармонијата.  

The post „Одисеја“ – концерт на Филхармонијата со Афродити Патулиду и Кристијан Рајф appeared first on Република.

]]>
„Почеток“ со кларинетистот Здравко Ангелов за вториот дел од концертната сезона на Филхармонија https://republika.mk/vesti/kultura/pochetok-so-klarinetistot-zdravko-angelov-za-vtoriot-del-od-kontsertnata-sezona-na-filharmonija/ Thu, 18 Jan 2024 08:10:59 +0000 https://republika.mk/?p=734241

„Почеток“ е насловен концертот на Филхармонијата вечер од 20 часот со кој ќе биде отворен вториот дел од концертната сезона „80 години – Љубов!“. Како солист ќе настапи кларинетистот Здравко Ангелов, а оркестарот ќе го води диригентот Алфонсо Скарано од Италија.

На програмата се симфониската поема „Ноќ на голото брдо“ и суитата „Слики од изложба“ од рускиот композитор Модест Мусоргски. Премиерно ќе биде изведена и Сонатата бр. 1 за кларинет и симфониски оркестар од Јоханес Брамс во аранжман на Лучано Берио.

Здравко Ангелов (1978, Струмица) 11 години е вработен како прв кларинетист на Македонската филхармонија. Претходно работел во Државното музичко училиште во Скопје и бил надворешен соработник на Македонската опера и балет. Учествувал на значајни фестивали и концерти и е носител на бројни награди и признанија.

-Исклучителната музикалност и посветеност на Ангелов е препознаена од многу светски имиња кои сведочат за прекрасната атмосфера која тој ја создава музицирајќи. Настапува под палката на исклучителни диригенти, како Борјан Цанев, Саша Николовски-Ѓумар, Даниел Рајскин, Урош Лајовиц, Јерухам Шаровски, Владимир Ашкенази, Јануш Пшибилски, Антон Нанут, Пол Меер, Емил Табаков и многу други светски познати диригенти, наведува Филхармонијата.

Италијанскиот диригент Алфонсо Скарано, кој вечер ќе го води оркестарот на Филхармонијата, веќе седма сезона е шеф-диригент на Тајландскиот филхармониски оркестар, откако работел како гостин диригент шест сезони, од 2011/2012.

Покрај неговата работна позиција во Бангкок, Скарано редовно диригира со оркестарот на Симфонискиот оркестар на Ерусалим, „Оркестро симфоника“ во Бразил, со Рускиот симфониски оркестар во Москва, Државниот оркестар во Истанбул, Киевскиот симфониски оркестар на Националната радио и телевизија, Прашката филхармонија.

Соработувал со врвни инструменталисти, диригирал и оперски репертоар, поддржувач и промотор е на современата музика, диригирал повеќе праизведби на дела од Наронг Прангкаорен, Герхард Кофман, Симон Лакс, Паоло Уголети, Роберто ди Марино, Фредерик Остерлинг, Колин Рајли... Покрај класичните балети („Лебедово езеро“, „Дон Кихот“ и „Рајмонда“), Скарано, исто така, е фокусиран и на современ балет.

The post „Почеток“ со кларинетистот Здравко Ангелов за вториот дел од концертната сезона на Филхармонија appeared first on Република.

]]>

„Почеток“ е насловен концертот на Филхармонијата вечер од 20 часот со кој ќе биде отворен вториот дел од концертната сезона „80 години – Љубов!“. Како солист ќе настапи кларинетистот Здравко Ангелов, а оркестарот ќе го води диригентот Алфонсо Скарано од Италија. На програмата се симфониската поема „Ноќ на голото брдо“ и суитата „Слики од изложба“ од рускиот композитор Модест Мусоргски. Премиерно ќе биде изведена и Сонатата бр. 1 за кларинет и симфониски оркестар од Јоханес Брамс во аранжман на Лучано Берио. Здравко Ангелов (1978, Струмица) 11 години е вработен како прв кларинетист на Македонската филхармонија. Претходно работел во Државното музичко училиште во Скопје и бил надворешен соработник на Македонската опера и балет. Учествувал на значајни фестивали и концерти и е носител на бројни награди и признанија. -Исклучителната музикалност и посветеност на Ангелов е препознаена од многу светски имиња кои сведочат за прекрасната атмосфера која тој ја создава музицирајќи. Настапува под палката на исклучителни диригенти, како Борјан Цанев, Саша Николовски-Ѓумар, Даниел Рајскин, Урош Лајовиц, Јерухам Шаровски, Владимир Ашкенази, Јануш Пшибилски, Антон Нанут, Пол Меер, Емил Табаков и многу други светски познати диригенти, наведува Филхармонијата. Италијанскиот диригент Алфонсо Скарано, кој вечер ќе го води оркестарот на Филхармонијата, веќе седма сезона е шеф-диригент на Тајландскиот филхармониски оркестар, откако работел како гостин диригент шест сезони, од 2011/2012. Покрај неговата работна позиција во Бангкок, Скарано редовно диригира со оркестарот на Симфонискиот оркестар на Ерусалим, „Оркестро симфоника“ во Бразил, со Рускиот симфониски оркестар во Москва, Државниот оркестар во Истанбул, Киевскиот симфониски оркестар на Националната радио и телевизија, Прашката филхармонија. Соработувал со врвни инструменталисти, диригирал и оперски репертоар, поддржувач и промотор е на современата музика, диригирал повеќе праизведби на дела од Наронг Прангкаорен, Герхард Кофман, Симон Лакс, Паоло Уголети, Роберто ди Марино, Фредерик Остерлинг, Колин Рајли... Покрај класичните балети („Лебедово езеро“, „Дон Кихот“ и „Рајмонда“), Скарано, исто така, е фокусиран и на современ балет.

The post „Почеток“ со кларинетистот Здравко Ангелов за вториот дел од концертната сезона на Филхармонија appeared first on Република.

]]>
„Мистика“ со музиката на Пјетро Маскањи во Филхармонија https://republika.mk/vesti/kultura/mistika-so-muzikata-na-pjetro-maskani-vo-filharmonija/ Mon, 11 Dec 2023 07:57:13 +0000 https://republika.mk/?p=721621

Овој четврток, со почеток во 20 часот оркестарот на Македонската филхармонија ќе го изведе концертот насловен „Мистика“ – посветен на опусот на италијанскиот композитор Пјетро Маскањи. На програмата се Интермецо „Il sogno“ од операта „Гуљелмо Ратклиф“, Интермецо од операта „Пријателот Фриц“ и музиката за филмот „Сатанска рапсодија“ кој во соработка со Кинотеката на  Македонија паралелно ќе се прикажува во текот на изведбата. Диригент е Масимилијано Калди од Италија.

Пјетро Маскањи е италијански композитор и диригент (1863 – 1945). Музика учел во родниот град Ливорно и на Конзерваториумот во Милано. По завршувањето на студиите настапувал како диригент низ повеќе италијански градови. Стекнувајќи животни искуства, увидел колку вистинскиот живот се разликува од она што романтизмот привидно го покривал во музиката и сосема јасно ја воочил перспективата, новиот пат по кој треба понатаму да се движи и да се развива музичката драма. Постепено ослободувајќи се од влијанието на Вагнер, тој, врз основа на новиот реалистичен правец веризам, го напишал своето најдобро дело „Кавалерија Рустикана“, со која на 27 години ја освоил првата награда во конкуренција од 73 дела, на конкурс за најдобра опера во еден чин. Со својата музика богата со колоризам и белканто пеење, со мелодиското богатство и интересно користените хармонски ефекти, Маскањи отворил нов прозорец во италијанската оперска музика. Иако напишал 14 опери, три оперети и повеќе вокални дела, кантати и соло песни, ниту една опера не го постигнала успехот што му го донела „Кавалерија Рустикана“, која извршила големо влијание на неговите современици.

Маскањи често знаел да каже дека „Гуљелмо Ратклиф“ е неговата најдобра опера. За жал, таа никогаш не влегла во железниот оперски репертоар, а една од причините за тоа е и „тежината“ на музиката што ја напишал за главната улога, една од најкомплексните партии напишани за тенор.

„Пријателот Фриц“ е опера во три чина, која премиерно била изведена во 1891 година. Иако оваа опера имала голема популарност во времето кога била напишана и по „Кавалерија Рустикана“ е едно од најпознатите дела на Маскањи, денес таа ретко се изведува на светските оперски подиуми. Токму интермецото е еден од најизведуваните фрагменти од операта и често се изведува самостојно на концертните подиуми.

„Сатанска рапсодија“ е нем италијански филм од 1915 година во режија на Нино Оксилија, со актерката Лида Борели. Италијанскиот композитор Пјетро Маскањи е автор на музиката во овој филм и ја диригирал премиерата на филмот, во 1917 година. Во 1910 година, во италијанскиот филм се случуваат значајни естетски поместувања и се прифаќа како легитимен уметнички медиум. Многу филмови од 1910, вклучуваат референци со други медиуми, како литературата, театарот, танцот и операта преку кои ги потенцираат разликите и сличностите меѓу филмот и останатите уметнички медиуми. Иако овие референци биле составен дел од филмовите уште од раните денови на кинематографијата, нивна примарна културолошка функција била да го подобрат прифаќањето на филмовите. Во овој контекст „Сатанска рапсодија“ на режисерот Нино Оксилија, и музика на Пјетро Маскањи, има посебно место во италијанската кинематографија. Во овој период филмот честопати знаел да се споредува со музичките драми на Вагнер. Иако оваа компарација се користела најмногу за комерцијални цели, „Сатанска рапсодија“ во себе интегрира препознатливи референци од литературата и музичкиот театар. Она што е најзначајно е фактот дека овој филм во себе ја интегрира оперската сензација како составен дел од целокупната естетика и форма. Оваа оперска сензација не се креира само преку музиката на Маскањи, туку примарно преку врската меѓу сликите и музиката и останатите имплицитни референци. Со вклучувањето на друг медиум во филмот, „Сатанска рапсодија“ во тоа време важела за уникатен пример кој во себе обединува два моќни уметнички медиума. Филмот „Сатанска рапсодија“ докажал дека кинематографијата може да продуцира високи уметнички вредности на буржоаската публика од тоа време.

Масимилијано Калди (Милано, 1967) е диригент со интернационална кариера на полето на симфониската музика, опера, оперета и балет, како и со својот фокус кон современата музика и повторното оживување на операта од 19 век. Калди е диригент кој поседува врвна професионалност и светол и линеарен диригентски стил. Добитникот на првата награда на интернационалниот натпревар „Г. Фителберг“ е шеф-диригент на Филхармонијата во Жежов и прв гостин диригент на филхармонијата „Ф. Шопен“ во Гданск. Бил шеф-диригент и уметнички консултант на Филхармонија во Кошалин, Полска и уметнички директор на камерниот оркестар „Милано Класика“ (1998 – 2009). Во последните десет години настапува на турнеи во Израел, Ома, САД, Чиле, Бразил, Германија, Русија и Турција. Активен е во оперската сфера, во 2017 година го диригира „Севилскиот берберин“ од Росини, „Набуко“ од Верди, „Ластовичка“ на Пучини во Варшава, на 19. издание на Велигденскиот фестивал „Лудвиг ван Бетовен“, „Мефистотел“ со филхармонискиот хор и оркестар „А. Рубинштајн“ во Лоѓ. Музиката за филмот „Сатанска рапсодија“ од Пјетро Маскањи ја диригираше во театарот во Познан во рамките на „Светската недела на италијански филм“. Диригирал во Берлин, Москва, со Државниот симфониски оркестар на Истанбул, како и со Филхармонискиот оркестар на Санкт Петербург.

 

The post „Мистика“ со музиката на Пјетро Маскањи во Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Овој четврток, со почеток во 20 часот оркестарот на Македонската филхармонија ќе го изведе концертот насловен „Мистика“ – посветен на опусот на италијанскиот композитор Пјетро Маскањи. На програмата се Интермецо „Il sogno“ од операта „Гуљелмо Ратклиф“, Интермецо од операта „Пријателот Фриц“ и музиката за филмот „Сатанска рапсодија“ кој во соработка со Кинотеката на  Македонија паралелно ќе се прикажува во текот на изведбата. Диригент е Масимилијано Калди од Италија. Пјетро Маскањи е италијански композитор и диригент (1863 – 1945). Музика учел во родниот град Ливорно и на Конзерваториумот во Милано. По завршувањето на студиите настапувал како диригент низ повеќе италијански градови. Стекнувајќи животни искуства, увидел колку вистинскиот живот се разликува од она што романтизмот привидно го покривал во музиката и сосема јасно ја воочил перспективата, новиот пат по кој треба понатаму да се движи и да се развива музичката драма. Постепено ослободувајќи се од влијанието на Вагнер, тој, врз основа на новиот реалистичен правец веризам, го напишал своето најдобро дело „Кавалерија Рустикана“, со која на 27 години ја освоил првата награда во конкуренција од 73 дела, на конкурс за најдобра опера во еден чин. Со својата музика богата со колоризам и белканто пеење, со мелодиското богатство и интересно користените хармонски ефекти, Маскањи отворил нов прозорец во италијанската оперска музика. Иако напишал 14 опери, три оперети и повеќе вокални дела, кантати и соло песни, ниту една опера не го постигнала успехот што му го донела „Кавалерија Рустикана“, која извршила големо влијание на неговите современици. Маскањи често знаел да каже дека „Гуљелмо Ратклиф“ е неговата најдобра опера. За жал, таа никогаш не влегла во железниот оперски репертоар, а една од причините за тоа е и „тежината“ на музиката што ја напишал за главната улога, една од најкомплексните партии напишани за тенор. „Пријателот Фриц“ е опера во три чина, која премиерно била изведена во 1891 година. Иако оваа опера имала голема популарност во времето кога била напишана и по „Кавалерија Рустикана“ е едно од најпознатите дела на Маскањи, денес таа ретко се изведува на светските оперски подиуми. Токму интермецото е еден од најизведуваните фрагменти од операта и често се изведува самостојно на концертните подиуми. „Сатанска рапсодија“ е нем италијански филм од 1915 година во режија на Нино Оксилија, со актерката Лида Борели. Италијанскиот композитор Пјетро Маскањи е автор на музиката во овој филм и ја диригирал премиерата на филмот, во 1917 година. Во 1910 година, во италијанскиот филм се случуваат значајни естетски поместувања и се прифаќа како легитимен уметнички медиум. Многу филмови од 1910, вклучуваат референци со други медиуми, како литературата, театарот, танцот и операта преку кои ги потенцираат разликите и сличностите меѓу филмот и останатите уметнички медиуми. Иако овие референци биле составен дел од филмовите уште од раните денови на кинематографијата, нивна примарна културолошка функција била да го подобрат прифаќањето на филмовите. Во овој контекст „Сатанска рапсодија“ на режисерот Нино Оксилија, и музика на Пјетро Маскањи, има посебно место во италијанската кинематографија. Во овој период филмот честопати знаел да се споредува со музичките драми на Вагнер. Иако оваа компарација се користела најмногу за комерцијални цели, „Сатанска рапсодија“ во себе интегрира препознатливи референци од литературата и музичкиот театар. Она што е најзначајно е фактот дека овој филм во себе ја интегрира оперската сензација како составен дел од целокупната естетика и форма. Оваа оперска сензација не се креира само преку музиката на Маскањи, туку примарно преку врската меѓу сликите и музиката и останатите имплицитни референци. Со вклучувањето на друг медиум во филмот, „Сатанска рапсодија“ во тоа време важела за уникатен пример кој во себе обединува два моќни уметнички медиума. Филмот „Сатанска рапсодија“ докажал дека кинематографијата може да продуцира високи уметнички вредности на буржоаската публика од тоа време. Масимилијано Калди (Милано, 1967) е диригент со интернационална кариера на полето на симфониската музика, опера, оперета и балет, како и со својот фокус кон современата музика и повторното оживување на операта од 19 век. Калди е диригент кој поседува врвна професионалност и светол и линеарен диригентски стил. Добитникот на првата награда на интернационалниот натпревар „Г. Фителберг“ е шеф-диригент на Филхармонијата во Жежов и прв гостин диригент на филхармонијата „Ф. Шопен“ во Гданск. Бил шеф-диригент и уметнички консултант на Филхармонија во Кошалин, Полска и уметнички директор на камерниот оркестар „Милано Класика“ (1998 – 2009). Во последните десет години настапува на турнеи во Израел, Ома, САД, Чиле, Бразил, Германија, Русија и Турција. Активен е во оперската сфера, во 2017 година го диригира „Севилскиот берберин“ од Росини, „Набуко“ од Верди, „Ластовичка“ на Пучини во Варшава, на 19. издание на Велигденскиот фестивал „Лудвиг ван Бетовен“, „Мефистотел“ со филхармонискиот хор и оркестар „А. Рубинштајн“ во Лоѓ. Музиката за филмот „Сатанска рапсодија“ од Пјетро Маскањи ја диригираше во театарот во Познан во рамките на „Светската недела на италијански филм“. Диригирал во Берлин, Москва, со Државниот симфониски оркестар на Истанбул, како и со Филхармонискиот оркестар на Санкт Петербург.  

The post „Мистика“ со музиката на Пјетро Маскањи во Филхармонија appeared first on Република.

]]>
Концерт во Филхармонија со дела од класични мајстори овековечени во познати филмови https://republika.mk/vesti/kultura/kontsert-vo-filharmonija-so-dela-od-klasichni-majstori-ovekovecheni-vo-poznati-filmovi/ Thu, 07 Dec 2023 08:18:33 +0000 https://republika.mk/?p=720550

Во Филхармонија вечерва ќе се одржи концерт насловен „Бесмртност“, на кој ќе прозвучат дела од класичните мајстори Маскањи, Моцарт, Бетовен, Мусоргски, Штраус, Барток, Вагнер, овековечени во филмските ремек-дела на браќата Коен, Скорцезе, Форман, Кјубрик, Аронофски, Копола. Диригент е местро Вања Ѓумар Николовски.

Како што соопштија од Филхармонија, концертот претставува возбудлива музичка одисеја во која класиката создава паралелна приказна на големото филмско платно.

Вања Ѓумар Николовски се школува во Скопје, каде што на Факултетот за музичка уметност во 1992 година дипломира на Одделот за диригирање, а во 1993 година на Одделот за композиција. Во 1995 и 1996 година специјализира диригирање во Санкт Петербург, на конзерваториумот „Николај Римски Корсаков“, во класите на Илија Мусин и Михаил Кукушкин. Во почетокот на овој век се преселува во САД каде што ја продолжува својата диригентска, педагошка и композиторска дејност.

 

The post Концерт во Филхармонија со дела од класични мајстори овековечени во познати филмови appeared first on Република.

]]>

Во Филхармонија вечерва ќе се одржи концерт насловен „Бесмртност“, на кој ќе прозвучат дела од класичните мајстори Маскањи, Моцарт, Бетовен, Мусоргски, Штраус, Барток, Вагнер, овековечени во филмските ремек-дела на браќата Коен, Скорцезе, Форман, Кјубрик, Аронофски, Копола. Диригент е местро Вања Ѓумар Николовски. Како што соопштија од Филхармонија, концертот претставува возбудлива музичка одисеја во која класиката создава паралелна приказна на големото филмско платно. Вања Ѓумар Николовски се школува во Скопје, каде што на Факултетот за музичка уметност во 1992 година дипломира на Одделот за диригирање, а во 1993 година на Одделот за композиција. Во 1995 и 1996 година специјализира диригирање во Санкт Петербург, на конзерваториумот „Николај Римски Корсаков“, во класите на Илија Мусин и Михаил Кукушкин. Во почетокот на овој век се преселува во САД каде што ја продолжува својата диригентска, педагошка и композиторска дејност.  

The post Концерт во Филхармонија со дела од класични мајстори овековечени во познати филмови appeared first on Република.

]]>
Македонска филхармонија ќе свири класика овечковечена на големото филмско платно https://republika.mk/vesti/kultura/makedonska-filharmonija-ke-sviri-klasika-ovechkovechena-na-golemoto-filmsko-platno/ Mon, 04 Dec 2023 07:55:05 +0000 https://republika.mk/?p=719146

Во четврток, на 7 декември, од 20 часот оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт кој претставува возбудлива музичка одисеја во која класиката создава паралелна приказна на големото филмско платно. Концертот е насловен „Бесмртност“, а ќе прозвучат дела од големите класични мајстори Маскањи, Моцарт, Бетовен, Мусоргски, Штраус, Барток, Вагнер овековечени во филмските ремек -дела на браќата Коен, Скорцезе, Форман, Кјубрик, Аронофски, Копола…

Диригент е местро Вања Ѓумар Николовски.

Вања Ѓумар Николовски се школува во Скопје, каде што на Факултетот за музичка уметност во 1992 година дипломира на Одделот за диригирање (класа на проф. Фимчо Муратовски), а во 1993 година на Одделот за композиција (класа на проф. Властимир Николовски). Во 1995 и 1996 година специјализира диригирање во Санкт Петербург, на конзерваториумот “Николај Римски Корсаков“, во класите на Илија Мусин и Михаил Кукушкин. Во овој период активно соработува со Јури Темирканов и Валери Гергиев. Мастер студиите по композиција ги продолжува во 1999 година во Скопје, во класата на проф. Гоце Коларовски. Во деведесеттите години развива богата диригентска дејност настапувајќи со повеќе хорски и инструментални ансамбли во Македонија (меѓу кои и Македонската филхармонија, хорот на Македонската радио-телевизија, хорот „Мирче Ацев“ и др.), а Македонската опера и балет е неговата матична куќа. Остварува и голем број настапи во странство: Санкт Петербург (Русија), Белград (Србија), Виена (Австрија), Порто (Португалија), а подоцна и низа настапи во САД (Феникс, Сан Диего, Вашингтон, Лос Анџелес…). Паралелно со ова, активен е на полето на музичкото творештво, а неговите дела се изведуваат на „Денови на македонската музика“, „Охридско лето“, средбите на музичките академии од поранешна Југославија. Во почетокот на овој век се преселува во САД каде што ја продолжува својата диригентска, педагошка и композиторска дејност. Во своето творештво минува низ различни фази. За време на студентските години, трагајќи по сопствен музички израз, неговите дела носат и неоромантичарски и неокласицистички елементи. Бескрајната творечка љубопитност подоцна го води и во други творечки правци – минимализмот, џезот, фолклорот, не само на сопствената земја туку и на другите народи од различни континенти.

 

The post Македонска филхармонија ќе свири класика овечковечена на големото филмско платно appeared first on Република.

]]>

Во четврток, на 7 декември, од 20 часот оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт кој претставува возбудлива музичка одисеја во која класиката создава паралелна приказна на големото филмско платно. Концертот е насловен „Бесмртност“, а ќе прозвучат дела од големите класични мајстори Маскањи, Моцарт, Бетовен, Мусоргски, Штраус, Барток, Вагнер овековечени во филмските ремек -дела на браќата Коен, Скорцезе, Форман, Кјубрик, Аронофски, Копола… Диригент е местро Вања Ѓумар Николовски. Вања Ѓумар Николовски се школува во Скопје, каде што на Факултетот за музичка уметност во 1992 година дипломира на Одделот за диригирање (класа на проф. Фимчо Муратовски), а во 1993 година на Одделот за композиција (класа на проф. Властимир Николовски). Во 1995 и 1996 година специјализира диригирање во Санкт Петербург, на конзерваториумот “Николај Римски Корсаков“, во класите на Илија Мусин и Михаил Кукушкин. Во овој период активно соработува со Јури Темирканов и Валери Гергиев. Мастер студиите по композиција ги продолжува во 1999 година во Скопје, во класата на проф. Гоце Коларовски. Во деведесеттите години развива богата диригентска дејност настапувајќи со повеќе хорски и инструментални ансамбли во Македонија (меѓу кои и Македонската филхармонија, хорот на Македонската радио-телевизија, хорот „Мирче Ацев“ и др.), а Македонската опера и балет е неговата матична куќа. Остварува и голем број настапи во странство: Санкт Петербург (Русија), Белград (Србија), Виена (Австрија), Порто (Португалија), а подоцна и низа настапи во САД (Феникс, Сан Диего, Вашингтон, Лос Анџелес…). Паралелно со ова, активен е на полето на музичкото творештво, а неговите дела се изведуваат на „Денови на македонската музика“, „Охридско лето“, средбите на музичките академии од поранешна Југославија. Во почетокот на овој век се преселува во САД каде што ја продолжува својата диригентска, педагошка и композиторска дејност. Во своето творештво минува низ различни фази. За време на студентските години, трагајќи по сопствен музички израз, неговите дела носат и неоромантичарски и неокласицистички елементи. Бескрајната творечка љубопитност подоцна го води и во други творечки правци – минимализмот, џезот, фолклорот, не само на сопствената земја туку и на другите народи од различни континенти.  

The post Македонска филхармонија ќе свири класика овечковечена на големото филмско платно appeared first on Република.

]]>
Вечерва роденденски концерт во Филхармонија https://republika.mk/vesti/kultura/vecherva-rodendenski-kontsert-vo-filharmonija/ Thu, 23 Nov 2023 07:51:25 +0000 https://republika.mk/?p=715347

Македонската филхармонија вечер ќе го одржи својот роденденски концерт „Вдахновение“. Концертот ќе биде под диригентство на Конрад ван Алфен (Холандија), а како солисти ќе настапат врвните инструменталисти Даниел Роланд – виолина (Англија/Холандија) и Маја Богдановиќ – виолончело (Србија). На програмата се Концерт за виолина и виолончело во а-мол, оп. 102 од Јоханес Брамс и Симфонијата бр. 2 во е-мол, оп. 2 од Сергеј Рахмањинов.

Оркестарот на Македонската филхармонија е формиран на 24 ноември 1944 година, по завршувањето на Втората светска војна и само 11 дена по ослободувањето на Скопје. На улицата „Крушовска“ бр. 27, во домот на композиторот Тодор Скаловски, биле поставени темелниците на најстарата институција од културата во државата, прва од таков вид во ослободена Македонија

Филхармонија е единствена институција во земјава која го афирмира и го изведува симфониското музичко творештво. Преку редовните концерти постојано ја развива и ја промовира класичната музика, приближувајќи ѝ ја оваа форма на музицирање на публика од различни генерации, се наведува во најавата за вечерашниот концерт.

Виолинистот Даниел Роланд е еден од водечките на светската музичка сцена. За него велат дека „звучи како ниту еден друг виолинист, и дека креира специфичен звук на инструментот на кој свири“ (Шарлот Гарднер, „Грамофон“), дека поседува „гламурозен тон“ (Ричард Бретби, „Грамофон“), „фасцинантен тон во кој има деликатни финеси“ (Тим Ешли, „Гардијан“)… Роланд изведува музика од Бетовен, Брамс, Елгар, Корнголд, Прокофјев, Шнитке, а соработувал со водечки диригенти и солисти. Изведува и современа музика – концертите на Вакск, Линдберг, Глас, Саариаго и Ван дер Аа. Бил член и на квартетот „Бродски“, еден од водечките камерни состави во светот. Освен што редовно настапува на светските музички сцени, Роланд работи и како професор на Кралскиот колеџ во Лондон. Роден е во Лондон, а со часови по виолина почнал кога неговите родители се преселиле во Холандија. Студирал со Јан Репко, Давина ван Вели, Херман Креберс, Виктор Либерман и Игор Ојстрах. Добитник е на првата награда на натпреварот „Оскар Бак“ во Концертгебау во Амстердам и на Брамсовата награда во Баден Баден. Неговата виолина е изработена од Лоренцо Сториони (Кремона, 1796).

Маја Богдановиќ е една од најдобрите виолончелисти на денешнината. Како солистка настапила со швајцарскиот Тонхале оркестар, со Берлинскиот симфониски оркестар во салата на Берлинската филхармонија, со Токиската филхармонија, Државниот оркестар од Бремерхавен, со Словенечката, Белградската и Македонската филхармонија, со Камерниот оркестар на Минхен, оркестарот „Св. Бартоломео“ од Лондон и многу други. Има неколку музички изданија зад себе, а најновото е со виолинистот Даниел Роланд, кое вклучува светска изведба на дела од Пендерецки, Васкс, Солима и Нисимен. Критичарите го опишаа како „волшебна средба меѓу челото и виолината“. Иако има широк репертоар, Богдановиќ на својата програма посебно место издвојува за современата музика. Премиерно извела дела од Софија Губадулина, Кшиштоф Пендерецки, Филип Сојерс, Бенџамин Јусупов и др. Свири на инструмент изработен за неа од францускиот мајстор Франк Раватин.

Етаблираниот холандски/јужноафрикански диригент Конрад ван Алфен се стекнал со својата популарност и кај оркестрите и кај публиката, благодарение на посебниот начин на кој тој ги води пробите и изведбите. Маестро Ван Алфен е уметнички директор и шеф-диригент на Симфонискиот оркестар во Ротердам. Во изминатите 16 години го издигнал својот оркестар на ниво да биде интернационално признат оркестар и да стане домаќин на концертни серии во Ротердам, Хаг и Амстердам. Скорешните интернационални турнеи на оркестарот ги вклучуваат: Русија, Мексико, Бразил, Колумбија и Чиле. Од 2005 до 2009 година, Конрад ван Алфен бил на позицијата шеф-диригент на Државниот симфониски оркестар „Сафонов“ во Русија, каде што се здобил со наградата за својот придонес во културата во Јужна Русија. Во моментот е уметнички директор на Московското филхармониско здружение, во чии рамки редовно диригира со оркестрите од Москва, во познатата сала „Чајковски“.

The post Вечерва роденденски концерт во Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Македонската филхармонија вечер ќе го одржи својот роденденски концерт „Вдахновение“. Концертот ќе биде под диригентство на Конрад ван Алфен (Холандија), а како солисти ќе настапат врвните инструменталисти Даниел Роланд – виолина (Англија/Холандија) и Маја Богдановиќ – виолончело (Србија). На програмата се Концерт за виолина и виолончело во а-мол, оп. 102 од Јоханес Брамс и Симфонијата бр. 2 во е-мол, оп. 2 од Сергеј Рахмањинов. Оркестарот на Македонската филхармонија е формиран на 24 ноември 1944 година, по завршувањето на Втората светска војна и само 11 дена по ослободувањето на Скопје. На улицата „Крушовска“ бр. 27, во домот на композиторот Тодор Скаловски, биле поставени темелниците на најстарата институција од културата во државата, прва од таков вид во ослободена Македонија
Филхармонија е единствена институција во земјава која го афирмира и го изведува симфониското музичко творештво. Преку редовните концерти постојано ја развива и ја промовира класичната музика, приближувајќи ѝ ја оваа форма на музицирање на публика од различни генерации, се наведува во најавата за вечерашниот концерт.
Виолинистот Даниел Роланд е еден од водечките на светската музичка сцена. За него велат дека „звучи како ниту еден друг виолинист, и дека креира специфичен звук на инструментот на кој свири“ (Шарлот Гарднер, „Грамофон“), дека поседува „гламурозен тон“ (Ричард Бретби, „Грамофон“), „фасцинантен тон во кој има деликатни финеси“ (Тим Ешли, „Гардијан“)… Роланд изведува музика од Бетовен, Брамс, Елгар, Корнголд, Прокофјев, Шнитке, а соработувал со водечки диригенти и солисти. Изведува и современа музика – концертите на Вакск, Линдберг, Глас, Саариаго и Ван дер Аа. Бил член и на квартетот „Бродски“, еден од водечките камерни состави во светот. Освен што редовно настапува на светските музички сцени, Роланд работи и како професор на Кралскиот колеџ во Лондон. Роден е во Лондон, а со часови по виолина почнал кога неговите родители се преселиле во Холандија. Студирал со Јан Репко, Давина ван Вели, Херман Креберс, Виктор Либерман и Игор Ојстрах. Добитник е на првата награда на натпреварот „Оскар Бак“ во Концертгебау во Амстердам и на Брамсовата награда во Баден Баден. Неговата виолина е изработена од Лоренцо Сториони (Кремона, 1796). Маја Богдановиќ е една од најдобрите виолончелисти на денешнината. Како солистка настапила со швајцарскиот Тонхале оркестар, со Берлинскиот симфониски оркестар во салата на Берлинската филхармонија, со Токиската филхармонија, Државниот оркестар од Бремерхавен, со Словенечката, Белградската и Македонската филхармонија, со Камерниот оркестар на Минхен, оркестарот „Св. Бартоломео“ од Лондон и многу други. Има неколку музички изданија зад себе, а најновото е со виолинистот Даниел Роланд, кое вклучува светска изведба на дела од Пендерецки, Васкс, Солима и Нисимен. Критичарите го опишаа како „волшебна средба меѓу челото и виолината“. Иако има широк репертоар, Богдановиќ на својата програма посебно место издвојува за современата музика. Премиерно извела дела од Софија Губадулина, Кшиштоф Пендерецки, Филип Сојерс, Бенџамин Јусупов и др. Свири на инструмент изработен за неа од францускиот мајстор Франк Раватин. Етаблираниот холандски/јужноафрикански диригент Конрад ван Алфен се стекнал со својата популарност и кај оркестрите и кај публиката, благодарение на посебниот начин на кој тој ги води пробите и изведбите. Маестро Ван Алфен е уметнички директор и шеф-диригент на Симфонискиот оркестар во Ротердам. Во изминатите 16 години го издигнал својот оркестар на ниво да биде интернационално признат оркестар и да стане домаќин на концертни серии во Ротердам, Хаг и Амстердам. Скорешните интернационални турнеи на оркестарот ги вклучуваат: Русија, Мексико, Бразил, Колумбија и Чиле. Од 2005 до 2009 година, Конрад ван Алфен бил на позицијата шеф-диригент на Државниот симфониски оркестар „Сафонов“ во Русија, каде што се здобил со наградата за својот придонес во културата во Јужна Русија. Во моментот е уметнички директор на Московското филхармониско здружение, во чии рамки редовно диригира со оркестрите од Москва, во познатата сала „Чајковски“.

The post Вечерва роденденски концерт во Филхармонија appeared first on Република.

]]>
Концерт на гитарскиот виртуоз Мухамед Ибрахими во камерната сала на Филхармонија https://republika.mk/vesti/kultura/kontsert-na-gitarskiot-virtuoz-muhamed-ibrahimi-vo-kamernata-sala-na-filharmonija/ Mon, 06 Nov 2023 07:24:36 +0000 https://republika.mk/?p=698598

Во камерната сала на Филхармонија вечер ќе биде одржан концерт на гитарскиот вуртуоз Мухамед Ибрахими.

Специјални гости на Мухамед на овој концерт ќе бидат Агни Авшар, Ратко Даутовски и Бобан Мирковски.

Мухамед Ибрахими е скромен, но маестрален на сцена. Го нарекуваат скриен гитарски бисер, а за секој негов концерт секогаш се бара место повеќе. Тој својата гитара (мандолина, саз итн.) ја третира на многу неконвенционален начин, доста интуитивен и инспиративен. Неговите композиции се автентична мешавина на повеќе музички стилови, како блуз, рок или амбиентален, но длабоко вкоренети во ориенталната (суфи) традиција и балканскиот фолклор. Овие храбри и елегантни комбинации честопати даваат неочекувани резултати среде уникатен и прекрасен звучен пејзаж. Исклучително импресивно за гледање/слушање во живо.

Инаку, Мухамед Ибрахими го паметиме како гитарист на групата БЛА БЛА БЛА, а многумина го познаваат и како творец кој практикува соработки со различни уметници. За себе вели дека е самоук, дека свири од својата 5 година на различни инструменти, но ако треба да бира, би ја одбрал гитарата. Има издадено два албума, Fly во 2014 и Devotion во 2019 година. Ова ќе биде втор негов солистички концерт оваа година, а веќе за следната година се подготвува нов материјал и нови соработки.

 

The post Концерт на гитарскиот виртуоз Мухамед Ибрахими во камерната сала на Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Во камерната сала на Филхармонија вечер ќе биде одржан концерт на гитарскиот вуртуоз Мухамед Ибрахими. Специјални гости на Мухамед на овој концерт ќе бидат Агни Авшар, Ратко Даутовски и Бобан Мирковски. Мухамед Ибрахими е скромен, но маестрален на сцена. Го нарекуваат скриен гитарски бисер, а за секој негов концерт секогаш се бара место повеќе. Тој својата гитара (мандолина, саз итн.) ја третира на многу неконвенционален начин, доста интуитивен и инспиративен. Неговите композиции се автентична мешавина на повеќе музички стилови, како блуз, рок или амбиентален, но длабоко вкоренети во ориенталната (суфи) традиција и балканскиот фолклор. Овие храбри и елегантни комбинации честопати даваат неочекувани резултати среде уникатен и прекрасен звучен пејзаж. Исклучително импресивно за гледање/слушање во живо. Инаку, Мухамед Ибрахими го паметиме како гитарист на групата БЛА БЛА БЛА, а многумина го познаваат и како творец кој практикува соработки со различни уметници. За себе вели дека е самоук, дека свири од својата 5 година на различни инструменти, но ако треба да бира, би ја одбрал гитарата. Има издадено два албума, Fly во 2014 и Devotion во 2019 година. Ова ќе биде втор негов солистички концерт оваа година, а веќе за следната година се подготвува нов материјал и нови соработки.  

The post Концерт на гитарскиот виртуоз Мухамед Ибрахими во камерната сала на Филхармонија appeared first on Република.

]]>
Костадиновска – Стојчевска: Чесно е директорката на Филхармонија и УО кои свесно манипулираа со врвни музичари, да им се извинат на јавноста и публиката https://republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-chesno-e-direktorkata-na-filharmonija-i-uo-koi-svesno-manipuliraa-so-vrvni-muzichari-da-se-izvinat-na-javnosta-i-publikata/ Tue, 20 Jun 2023 13:21:02 +0000 https://republika.mk/?p=653416

Јас моето ветување кон јавноста, а пред се кон вработените кон Филхармонија го исполнив и со оглед на обемноста на документацијата и запазување на сите неопходни процедури, ова ветување го доржив во реално најкус можен временски период. Ветив и ветувањето го исполнив. Чесен епилог на сево ова е извинувања кон јавноста и публиката од директорката и управниот одбор кои свесно манипулираа со врвни музичари, но и со авторитети од светот на културата, убедувајќи ги дека јас и оваа Влада сакаме да ја земеме зградата на Филхармонија и воедно свесно ги изложија на критики од јавноста како нетрпеливи и безобзирни домаќини, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска - Стојчевска на денешната прес-конфренција.

Новоформираната Национална установа Џез оркестар, со одлука на Владата, ќе има нова трајна адреса, под Националната опера и балет, информираше на денешната прес-конференција Костадиновска Стојчевска.

https://republika.mk/vesti/kultura/natsionalnata-ustanova-dhez-orkestar-do-krajot-na-godinata-ke-se-smesti-pod-natsionalnata-opera-i-balet/

Костадиновска - Стојчевска рече дека верува оти вработените во Филхармонија ќе си останат на зборот дека нивните колеги од Џез оркестарот ќе можат да ги одржат своите генерални проби и концерти во зградата на Филхармонија.

Ги повикувам сите вработени во Филхармонија да ги запрат протестите и да се вратат во нормалниот ритам на работа, да се посветат на творештвото и да дадат придонес во нормализација на односите. Тоа сите и го должиме на публиката. Да го дочекаме големиот Мехта достоинствено. Ова е крај на манипулативните и непотребно создадени тензии меѓу колеги музичари. Не сакам да навлегувам во тоа кому и зошто му беа потребни, но тие тензии се создадени и прават штета. Сите имаме одговорност да создаваме решенија. А тие што одбиваат да градат мир, чесно е да се повлечат, додаде Костадиновска Стојчевска.

https://republika.mk/vesti/kultura/natsionalnata-ustanova-dhez-orkestar-do-krajot-na-godinata-ke-se-smesti-pod-natsionalnata-opera-i-balet/

The post Костадиновска – Стојчевска: Чесно е директорката на Филхармонија и УО кои свесно манипулираа со врвни музичари, да им се извинат на јавноста и публиката appeared first on Република.

]]>

Јас моето ветување кон јавноста, а пред се кон вработените кон Филхармонија го исполнив и со оглед на обемноста на документацијата и запазување на сите неопходни процедури, ова ветување го доржив во реално најкус можен временски период. Ветив и ветувањето го исполнив. Чесен епилог на сево ова е извинувања кон јавноста и публиката од директорката и управниот одбор кои свесно манипулираа со врвни музичари, но и со авторитети од светот на културата, убедувајќи ги дека јас и оваа Влада сакаме да ја земеме зградата на Филхармонија и воедно свесно ги изложија на критики од јавноста како нетрпеливи и безобзирни домаќини, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска - Стојчевска на денешната прес-конфренција. Новоформираната Национална установа Џез оркестар, со одлука на Владата, ќе има нова трајна адреса, под Националната опера и балет, информираше на денешната прес-конференција Костадиновска Стојчевска. https://republika.mk/vesti/kultura/natsionalnata-ustanova-dhez-orkestar-do-krajot-na-godinata-ke-se-smesti-pod-natsionalnata-opera-i-balet/ Костадиновска - Стојчевска рече дека верува оти вработените во Филхармонија ќе си останат на зборот дека нивните колеги од Џез оркестарот ќе можат да ги одржат своите генерални проби и концерти во зградата на Филхармонија.
Ги повикувам сите вработени во Филхармонија да ги запрат протестите и да се вратат во нормалниот ритам на работа, да се посветат на творештвото и да дадат придонес во нормализација на односите. Тоа сите и го должиме на публиката. Да го дочекаме големиот Мехта достоинствено. Ова е крај на манипулативните и непотребно создадени тензии меѓу колеги музичари. Не сакам да навлегувам во тоа кому и зошто му беа потребни, но тие тензии се создадени и прават штета. Сите имаме одговорност да создаваме решенија. А тие што одбиваат да градат мир, чесно е да се повлечат, додаде Костадиновска Стојчевска.
https://republika.mk/vesti/kultura/natsionalnata-ustanova-dhez-orkestar-do-krajot-na-godinata-ke-se-smesti-pod-natsionalnata-opera-i-balet/

The post Костадиновска – Стојчевска: Чесно е директорката на Филхармонија и УО кои свесно манипулираа со врвни музичари, да им се извинат на јавноста и публиката appeared first on Република.

]]>