Фестивал на музика од светот Archives - Република https://republika.mk/tema/festival-na-muzika-od-svetot/ За подобро да се разбереме Mon, 21 Nov 2022 08:19:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фестивал на музика од светот Archives - Република https://republika.mk/tema/festival-na-muzika-od-svetot/ 32 32 Центарот за култура-Битола и оваа година докажа дека може да се направи тридневен фестивал без големи средства и да се понуди необична и интересна програма https://republika.mk/vesti/kultura/centarot-za-kultura-bitola-i-ovaa-godina-dokaza-deka-moze-da-se-napravi-tridneven-festival-bez-golemi-sredstva-i-da-se-ponudi-neobichna-i-interesna-programa/ Mon, 21 Nov 2022 08:19:11 +0000 https://republika.mk/?p=576325

Синоќа во големата сала на Центарот за култура, кој е и организатор на овој необичен фестивал, со настапот на македонската група ЛИЛИТ заврши годинешното издание на овој фестивал кој го слави жанрот world music, еве веќе 14 години.


Жанр, кој добива на значење во последната деценија и на кого се посветени цели фестивали ширум светот. Таков е и овој во Битола, кој на две локации годинава понуди музика од различни меридијани.

И оваа година, одлични концерти, сјајна атмосфера, силни реакции на публиката, добар нетворкинг на домашните и странските гости на фестивалот, на нивните менаџери, промотери, новинарите…а ное како организатори, отсега размислуваме за идното јубилејно издание на овој необичен по многу нешта фестивал, рече Маја Андоновска Илијевски директор на НУ Центар за култура на синоќешното затворање.

Реално, ова е еден од фестивалите кои потешко се организираат во календарот на оваа национална установа, заради малиот буџет кој го има на располагање и кој ограничува да се обезбедат поголеми и позвучни имиња од светот, а тоа е поенатата на овој фестивал. Исто така, ова не е комерцијална музика, која може да издржи повисока цена на билет, а следствено на тоа и заинтересирани спонзори. Па така останува на средствата кои ги добива од Министерството за култура и градот Битола, сепак да се одржи континуитетот, зошто по многу нешта ова е значаен фестивал.


Ако зборуваме музички, ова е најекспортабилен домашен музички проект, со оглед на фактот што светот е жеден за егзотката на овој жанр, од друга страна нема голема продукција кај домашните музичари, заради ограничените средства и кај нив, за да работат на нова музика. Оттука и проблемот, што да се селектира од домашна музика и што од светот квалитетно да се донесе дома. Конечно, Центарот за култура од Битола сака да го привлече вниманието на пошироката публика, особено новите генерации со цел да ги поттикнат во правец на откривање на различни музички традиции, како и кон авторска музика инспирирана од најразлични културни наследства.

Со вакви размисли, оваа година организаторот се бореше неколку месеци пред самиот фестивал, но со изборот и концептот и оваа година докажа дека може да се направи тридневен фестивал без големи средства и да се понуди необична и интересна програма за широк појас на публика, полнејќи ги двете сцени кои функционираа за официјалната и офф програмата.

Под слоганот „Време е за светскиот звук, дома. Дојди и откриј нова музика„ и со необични визуали кои беа дело на графичкиот дизајнер Димитар Ристовски започна кампањата и преку социјалните медиуми и преку регуларните тв, радија и портали за да се анимира публика, која навистина дојде во огромен број, што секогаш е репер за успех на еден фестивал.

Од фадо звуците на брилијантната интернационална ѕвезда, португалката Joana Amendoeira, која дојде со нејзиниот бенд на отворањето, преку еден поинаков звук на Балканот споен преку Фонтана која негува традиционална македонска музика, збогатена со звуците на Битолскиот камерен оркестар IWConnect и гостите Даница КРСТИЌ вокалистка на Балканика од Србија,
Ангел Демирев на гитара од Бугарија и нашата домашна ѕвезда со светска слава


Џамбо Агушев на труба, до фузијата на џез и современа музика на Лилит, разиграниот и сосема свој звук на Фолтин, до електрониката на белградското ДЏ дуо Luton & Šćepine Vragolije, кои настапија во клубот Јагода кој е етаблирани место на андерграунд и електронска музика.


Така изгледаше програмата на ова 14. издание кое понуди од традиционален звук, преку музика на артисти кои имаат оригинален и необичен пристап на традиционалниот материјал, до време и простор за светска музикичка журка.

The post Центарот за култура-Битола и оваа година докажа дека може да се направи тридневен фестивал без големи средства и да се понуди необична и интересна програма appeared first on Република.

]]>

Синоќа во големата сала на Центарот за култура, кој е и организатор на овој необичен фестивал, со настапот на македонската група ЛИЛИТ заврши годинешното издание на овој фестивал кој го слави жанрот world music, еве веќе 14 години. Жанр, кој добива на значење во последната деценија и на кого се посветени цели фестивали ширум светот. Таков е и овој во Битола, кој на две локации годинава понуди музика од различни меридијани.
И оваа година, одлични концерти, сјајна атмосфера, силни реакции на публиката, добар нетворкинг на домашните и странските гости на фестивалот, на нивните менаџери, промотери, новинарите…а ное како организатори, отсега размислуваме за идното јубилејно издание на овој необичен по многу нешта фестивал, рече Маја Андоновска Илијевски директор на НУ Центар за култура на синоќешното затворање.
Реално, ова е еден од фестивалите кои потешко се организираат во календарот на оваа национална установа, заради малиот буџет кој го има на располагање и кој ограничува да се обезбедат поголеми и позвучни имиња од светот, а тоа е поенатата на овој фестивал. Исто така, ова не е комерцијална музика, која може да издржи повисока цена на билет, а следствено на тоа и заинтересирани спонзори. Па така останува на средствата кои ги добива од Министерството за култура и градот Битола, сепак да се одржи континуитетот, зошто по многу нешта ова е значаен фестивал. Ако зборуваме музички, ова е најекспортабилен домашен музички проект, со оглед на фактот што светот е жеден за егзотката на овој жанр, од друга страна нема голема продукција кај домашните музичари, заради ограничените средства и кај нив, за да работат на нова музика. Оттука и проблемот, што да се селектира од домашна музика и што од светот квалитетно да се донесе дома. Конечно, Центарот за култура од Битола сака да го привлече вниманието на пошироката публика, особено новите генерации со цел да ги поттикнат во правец на откривање на различни музички традиции, како и кон авторска музика инспирирана од најразлични културни наследства. Со вакви размисли, оваа година организаторот се бореше неколку месеци пред самиот фестивал, но со изборот и концептот и оваа година докажа дека може да се направи тридневен фестивал без големи средства и да се понуди необична и интересна програма за широк појас на публика, полнејќи ги двете сцени кои функционираа за официјалната и офф програмата. Под слоганот „Време е за светскиот звук, дома. Дојди и откриј нова музика„ и со необични визуали кои беа дело на графичкиот дизајнер Димитар Ристовски започна кампањата и преку социјалните медиуми и преку регуларните тв, радија и портали за да се анимира публика, која навистина дојде во огромен број, што секогаш е репер за успех на еден фестивал. Од фадо звуците на брилијантната интернационална ѕвезда, португалката Joana Amendoeira, која дојде со нејзиниот бенд на отворањето, преку еден поинаков звук на Балканот споен преку Фонтана која негува традиционална македонска музика, збогатена со звуците на Битолскиот камерен оркестар IWConnect и гостите Даница КРСТИЌ вокалистка на Балканика од Србија, Ангел Демирев на гитара од Бугарија и нашата домашна ѕвезда со светска слава Џамбо Агушев на труба, до фузијата на џез и современа музика на Лилит, разиграниот и сосема свој звук на Фолтин, до електрониката на белградското ДЏ дуо Luton & Šćepine Vragolije, кои настапија во клубот Јагода кој е етаблирани место на андерграунд и електронска музика. Така изгледаше програмата на ова 14. издание кое понуди од традиционален звук, преку музика на артисти кои имаат оригинален и необичен пристап на традиционалниот материјал, до време и простор за светска музикичка журка.

The post Центарот за култура-Битола и оваа година докажа дека може да се направи тридневен фестивал без големи средства и да се понуди необична и интересна програма appeared first on Република.

]]>
Tретиот ден од Фестивалот на музика од светот е резервиран за македонскиот музички состав „Лилит“ https://republika.mk/vesti/kultura/tretiot-den-od-festivalot-na-muzika-od-svetot-e-rezerviran-za-makedonskiot-muzichki-sostav-lilit/ Sun, 20 Nov 2022 13:45:52 +0000 https://republika.mk/?p=576127

После концертите на фадо пејачката Јоана Амендоеира со нејзиниот бенд од Португалија и концертот на „Фонтана“ & Камерниот оркестар на Битола со специјалните гости Даница Крстиќ – вокал, Р.Србија, Ангел Демирев – гитара, Р.Бугарија и Џамбо Агушев – труба, Македонија, третиот ден од Фестивалот на музика од светот е резервиран за македонскиот музички состав „Лилит“ кои ќе настапат денес во Центарот за култура од 20 часот. Во Битола Лилит „ќе дојде меѓу луѓето“ и ќе го отсвират албумот „Чудо“ кој беше претходно промовиран во Скопје и во Охрид.

Дел од композициите на „Чудо“ се збогатени со виртуозноста на неколку еминентни музичари, и тоа Сашко Николовски, Иван Иванов, Дамир Имери, Зоран Костадиновски, Игор Атанасовски Харе, Дарко Илиевски, Јадранка Кристов и Петрит Сарачини.

Покрај тоа ќе изведат дел од композициите на вториот албум кој во моментов е во фаза на продукција.

The post Tретиот ден од Фестивалот на музика од светот е резервиран за македонскиот музички состав „Лилит“ appeared first on Република.

]]>

После концертите на фадо пејачката Јоана Амендоеира со нејзиниот бенд од Португалија и концертот на „Фонтана“ & Камерниот оркестар на Битола со специјалните гости Даница Крстиќ – вокал, Р.Србија, Ангел Демирев – гитара, Р.Бугарија и Џамбо Агушев – труба, Македонија, третиот ден од Фестивалот на музика од светот е резервиран за македонскиот музички состав „Лилит“ кои ќе настапат денес во Центарот за култура од 20 часот. Во Битола Лилит „ќе дојде меѓу луѓето“ и ќе го отсвират албумот „Чудо“ кој беше претходно промовиран во Скопје и во Охрид. Дел од композициите на „Чудо“ се збогатени со виртуозноста на неколку еминентни музичари, и тоа Сашко Николовски, Иван Иванов, Дамир Имери, Зоран Костадиновски, Игор Атанасовски Харе, Дарко Илиевски, Јадранка Кристов и Петрит Сарачини. Покрај тоа ќе изведат дел од композициите на вториот албум кој во моментов е во фаза на продукција.

The post Tретиот ден од Фестивалот на музика од светот е резервиран за македонскиот музички состав „Лилит“ appeared first on Република.

]]>
Група „Фонтана“ и битолскиот камерен оркестар вечерва на Фестивал на музика од светот https://republika.mk/vesti/kultura/grupa-fontana-i-bitolskiot-kameren-orkestar-vecherva-na-festival-na-muzika-od-svetot/ Sat, 19 Nov 2022 09:33:07 +0000 https://republika.mk/?p=575764

Групата Фонтана заедно со Камерниот Оркестар на Битола, како и нивните специјални гости ќе одржат голем концерт во големата сала на Центарот за Култура во Битола на 19ти ноември сабота со почеток од 20 часот. Овој концерт ќе биде во рамките на престижниот Фестивал на музика од Светот кој традиционално се одржува во овој период од годината. Како специјални гости ги најавуваат: Даница Крстиќ од Србија, една од водечките балкански вокални интерпретаторки кога е во прашање етно музиката, Ангел Демирев од Бугарија, гитарист кој има светска кариера, како и најдобриот трубач во овие простори Џамбо Агушев, човек кој што е еден од најголемите пријатели и соработници на група ФОНТАНА.

- Ова ќе биде посебно музичко патување кое што од душа и срце ќе го подариме на нашата верна битолска публика. Драго ни е што имаме прекрасни гости, кои имаат сериозно значење во Балканската и светската музика, но посебно сме среќни затоа што за прв пат на сцена ги соединуваме Фонтана и Камерниот Оркестар на Битола и тоа се случува токму на Фестивалот на музика од светот, изјавуваат Благојче Трајковски од група Фонтана и диригентот Владимир Димовски. 

Се очекува голем број на гости и интерес како локално така и национално.

 

The post Група „Фонтана“ и битолскиот камерен оркестар вечерва на Фестивал на музика од светот appeared first on Република.

]]>

Групата Фонтана заедно со Камерниот Оркестар на Битола, како и нивните специјални гости ќе одржат голем концерт во големата сала на Центарот за Култура во Битола на 19ти ноември сабота со почеток од 20 часот. Овој концерт ќе биде во рамките на престижниот Фестивал на музика од Светот кој традиционално се одржува во овој период од годината. Како специјални гости ги најавуваат: Даница Крстиќ од Србија, една од водечките балкански вокални интерпретаторки кога е во прашање етно музиката, Ангел Демирев од Бугарија, гитарист кој има светска кариера, како и најдобриот трубач во овие простори Џамбо Агушев, човек кој што е еден од најголемите пријатели и соработници на група ФОНТАНА.

- Ова ќе биде посебно музичко патување кое што од душа и срце ќе го подариме на нашата верна битолска публика. Драго ни е што имаме прекрасни гости, кои имаат сериозно значење во Балканската и светската музика, но посебно сме среќни затоа што за прв пат на сцена ги соединуваме Фонтана и Камерниот Оркестар на Битола и тоа се случува токму на Фестивалот на музика од светот, изјавуваат Благојче Трајковски од група Фонтана и диригентот Владимир Димовски. 

Се очекува голем број на гости и интерес како локално така и национално.

 

The post Група „Фонтана“ и битолскиот камерен оркестар вечерва на Фестивал на музика од светот appeared first on Република.

]]>