ферус мустафов Archives - Република https://republika.mk/tema/ferus-mustafov/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Dec 2023 14:47:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ферус мустафов Archives - Република https://republika.mk/tema/ferus-mustafov/ 32 32 Внукот на Ферус го објави последното оро на великанот и неговиот син: Сите неодговорени прашања ги има во оваа мелодија https://republika.mk/scena/muzika/vnukot-na-ferus-go-objavi-poslednoto-oro-na-velikanot-i-negoviot-sin-site-neodgovoreni-prashana-gi-ima-vo-ovaa-melodija/ Fri, 22 Dec 2023 15:10:30 +0000 https://republika.mk/?p=725748

Ферчо Мустафов, наследникот на кралот на саксафонот, го објави заедничкото оро кое го снимил со неговиот дедо и татко му Илми Мустафов пред година дена, но за жал, судбината не дозволи и тие заедно да го снимаат видеоспотот...

Овој музички проект носи наслов „Спомен“, а Ферчо изминатите месеци го снимаше спотот во соседна Србија, а во кадрите се појавуваат и нивни заеднички фотографии направени од нивните телевизиски гостувања.

Најскапоцено нешто што останува како највреден спомен со Вас мои Кралеви. Секој момент поминат заедно, сите неодговорени прашања и недокажани нешта ги има во оваа мелодија, стои во објавата на социјалните мрежи на младиот Ферчо.

https://youtu.be/ctuLwMzk5dw?si=pqlFQDEE4iUnHK6w

Кралот на саксафонот нè напушти на 22 мај по кратко боледување, а само три месеци потоа, на 15 август почина и неговиот син Илми Мустафов, таткото на Ферчо.

Инаку нивниот наследник веќе некое време живее и работи во Србија, каде соработува со најпознатите тамошни музички ѕвезди, а полека, но сигурно тој станува еден од најбараните дувачи на овие простори...

 

 

The post Внукот на Ферус го објави последното оро на великанот и неговиот син: Сите неодговорени прашања ги има во оваа мелодија appeared first on Република.

]]>

Ферчо Мустафов, наследникот на кралот на саксафонот, го објави заедничкото оро кое го снимил со неговиот дедо и татко му Илми Мустафов пред година дена, но за жал, судбината не дозволи и тие заедно да го снимаат видеоспотот... Овој музички проект носи наслов „Спомен“, а Ферчо изминатите месеци го снимаше спотот во соседна Србија, а во кадрите се појавуваат и нивни заеднички фотографии направени од нивните телевизиски гостувања.
Најскапоцено нешто што останува како највреден спомен со Вас мои Кралеви. Секој момент поминат заедно, сите неодговорени прашања и недокажани нешта ги има во оваа мелодија, стои во објавата на социјалните мрежи на младиот Ферчо.
https://youtu.be/ctuLwMzk5dw?si=pqlFQDEE4iUnHK6w Кралот на саксафонот нè напушти на 22 мај по кратко боледување, а само три месеци потоа, на 15 август почина и неговиот син Илми Мустафов, таткото на Ферчо. Инаку нивниот наследник веќе некое време живее и работи во Србија, каде соработува со најпознатите тамошни музички ѕвезди, а полека, но сигурно тој станува еден од најбараните дувачи на овие простори...    

The post Внукот на Ферус го објави последното оро на великанот и неговиот син: Сите неодговорени прашања ги има во оваа мелодија appeared first on Република.

]]>
Соња ја отпеа последната песна на Ферус https://republika.mk/scena/estrada/sona-ja-otpea-poslednata-pesna-na-ferus/ Thu, 02 Nov 2023 09:01:39 +0000 https://republika.mk/?p=697414

Познатата македонска пејачка, која живее и работи во Австралија, Соња, која сите ја познаваат по прекарот Динамит, добиен по нејзин познат хит, ја отпеа последната песна на кралот на ромската музика Ферус Мустафов.
За песната „Опасно ме гледаш“, музиката ја напиша токму Ферус, текстот и аранжманот се на Љупчо Соколовски, а снимена е во студиото „Сити саунд“.
За оваа песна Соња, заедно со „Блек меџик“ сними и спот. Видеото е направено во Скопје, а во него се појавуваат музичарите Новица Соколовски и Зоран Стефаноски, танчерки, но и Ферус, во негов стил, во познатиот бел костум. Спотот и песната се снимени во април и ова е негово последно појавување, пред сериозно да се разболи, а потоа и почине.

https://www.youtube.com/watch?v=xXfXzXwIso8&fbclid=IwAR345se5K9xPzd21uquRh6VNOngg2iN5XdggR6vm-3MAPg0BKUUIdOnLUKI

Познатата македонска пејачка, која живее и работи во Австралија, Соња, која сите ја познаваат по прекарот Динамит, добиен по нејзин познат хит, ја отпеа последната песна на кралот на ромската музика Ферус Мустафов.
За песната „Опасно ме гледаш“, музиката ја напиша токму Ферус, текстот и аранжманот се на Љупчо Соколовски, а снимена е во студиото „Сити саунд“.
За оваа песна Соња, заедно со „Блек меџик“ сними и спот. Видеото е направено во Скопје, а во него се појавуваат музичарите Новица Соколовски и Зоран Стефаноски, танчерки, но и Ферус, во негов стил, во познатиот бел костум. Спотот и песната се снимени во април и ова е негово последно појавување, пред сериозно да се разболи, а потоа и почине.
Затоа, како што вели Соња, почекала со промоција на песната и спотот бидејќи веста за неговата смрт ја шокирала и не можела да се соземе, особено што засекогаш ќе и останат сеќавањата на тоа дружење.

Јас и Ферус работно ги поминавме тие денови и во дружење, не знаејки дека се тоа негови последни денови. Многу ми е жал што Ферус не успеа да се израдува на тоа што го направивме. Неговиот тон нема да го има ниеден саксофонист. Беше маестрален. Се дружевме две недели. Последниот ден побара да одиме во слаткара. Бевме со Зоран, неговиот син Илми и ќеркичката Мелек. Последното парче торта во неговиот живот го изедовме заедно, вели тажно Соња и додава, со неговите шеги и денес живееме. И во Австралија секогаш кога доаѓал сме настапувале заедно. Навистина беше народен човек. На секој сакал да му помогне, да му биде „отскочна даска“. Кога се договаравме за спотот, тој рече и јас ќе дојдам. И дојде, во неговиот препознатлив бел костум. Цел ден снимавме и се смеевме. Па дури и ме советуваше. Ми рече – вака потпри се како Лепа Брена. Се изнасмеавме. Остави Ферус простор и да го споменуваме и да пееме, вели Соња.

Соња е при крај и со нејзниниот втор албум, на кој ќе има нови фолк хитови, преработки, но и едно изненадување. Албумот ќе излезе идниот месец.

The post Соња ја отпеа последната песна на Ферус appeared first on Република.

]]>

Познатата македонска пејачка, која живее и работи во Австралија, Соња, која сите ја познаваат по прекарот Динамит, добиен по нејзин познат хит, ја отпеа последната песна на кралот на ромската музика Ферус Мустафов. За песната „Опасно ме гледаш“, музиката ја напиша токму Ферус, текстот и аранжманот се на Љупчо Соколовски, а снимена е во студиото „Сити саунд“. За оваа песна Соња, заедно со „Блек меџик“ сними и спот. Видеото е направено во Скопје, а во него се појавуваат музичарите Новица Соколовски и Зоран Стефаноски, танчерки, но и Ферус, во негов стил, во познатиот бел костум. Спотот и песната се снимени во април и ова е негово последно појавување, пред сериозно да се разболи, а потоа и почине. https://www.youtube.com/watch?v=xXfXzXwIso8&fbclid=IwAR345se5K9xPzd21uquRh6VNOngg2iN5XdggR6vm-3MAPg0BKUUIdOnLUKI Познатата македонска пејачка, која живее и работи во Австралија, Соња, која сите ја познаваат по прекарот Динамит, добиен по нејзин познат хит, ја отпеа последната песна на кралот на ромската музика Ферус Мустафов. За песната „Опасно ме гледаш“, музиката ја напиша токму Ферус, текстот и аранжманот се на Љупчо Соколовски, а снимена е во студиото „Сити саунд“. За оваа песна Соња, заедно со „Блек меџик“ сними и спот. Видеото е направено во Скопје, а во него се појавуваат музичарите Новица Соколовски и Зоран Стефаноски, танчерки, но и Ферус, во негов стил, во познатиот бел костум. Спотот и песната се снимени во април и ова е негово последно појавување, пред сериозно да се разболи, а потоа и почине. Затоа, како што вели Соња, почекала со промоција на песната и спотот бидејќи веста за неговата смрт ја шокирала и не можела да се соземе, особено што засекогаш ќе и останат сеќавањата на тоа дружење.
Јас и Ферус работно ги поминавме тие денови и во дружење, не знаејки дека се тоа негови последни денови. Многу ми е жал што Ферус не успеа да се израдува на тоа што го направивме. Неговиот тон нема да го има ниеден саксофонист. Беше маестрален. Се дружевме две недели. Последниот ден побара да одиме во слаткара. Бевме со Зоран, неговиот син Илми и ќеркичката Мелек. Последното парче торта во неговиот живот го изедовме заедно, вели тажно Соња и додава, со неговите шеги и денес живееме. И во Австралија секогаш кога доаѓал сме настапувале заедно. Навистина беше народен човек. На секој сакал да му помогне, да му биде „отскочна даска“. Кога се договаравме за спотот, тој рече и јас ќе дојдам. И дојде, во неговиот препознатлив бел костум. Цел ден снимавме и се смеевме. Па дури и ме советуваше. Ми рече – вака потпри се како Лепа Брена. Се изнасмеавме. Остави Ферус простор и да го споменуваме и да пееме, вели Соња.
Соња е при крај и со нејзниниот втор албум, на кој ќе има нови фолк хитови, преработки, но и едно изненадување. Албумот ќе излезе идниот месец.

The post Соња ја отпеа последната песна на Ферус appeared first on Република.

]]>
20 луѓе дојдоа на комеморацијата на Ферус Мустафов https://republika.mk/scena/estrada/20-luge-dojdoa-na-komemoratsijata-na-ferus-mustafov/ Thu, 25 May 2023 11:24:12 +0000 https://republika.mk/?p=644520

Едвај 20 луѓе дојдоа на комеморацијата на музичарот Ферус Мустафов, кој почина на 22 мај на 72-годишна возраст.

Освен семејството, претставник од Министерството за култура и  претставници од Здружението на естрадни уметници, кои на Фејсбук објавија пред три дена дека последното збогување со кралот на ромската музика ќе се одржи во холот на Националната опера и балет денеска во 11 часот, немаше други музичари и пејачи со кои соработувал Мустафов во неговата долга, богата и успешна кариера.

[caption id="attachment_644546" align="alignnone" width="910"] фото: Република[/caption]

Многу ми е жал што денеска нема колеги, можеби дека испаќањето е во работно време. Човекот заслужува. Јас не зборувам зад грб, но да останеме позитивни, рече композиторот Сашо Ливрински.

Тој кажа дека Мустафов не си ја ставил сам круната дека е крал на ромската музика, туку дека сосема ја заслужил, додавајќи дека според него, тој освен ромска, одлично свирел македонска, српска и грчка музика и така ги обединил народите.

Тој не е само крал на ромската музика, туку крал на македонската музика. Ако се погледнеме и денес меѓу нас, нè има од сите нацоналности, нешто што ниту еден политичар не успеал да го постигне. Покрај тоа што беше беспрекорен виртуоз, беспрекорен на својот инструмент, беше и општествено значаен во обединување на сите националности, кажа Ливрински.

Според него, Мустафов бил бил музичар кому не му било потребно да му се зборува како треба да свири.

Тој само ќе ја слушнеше песната и тоа беше отсвирено онака како што треба да биде. Тој постигна личен бренд. Беше многу харизматичен, хуман, многу си ја сакаше својата земја. Ферус е пример за макотрпна работа. Човек кој не живееше на стара слава, свиреше до крај, иако имаше четири бајпаса. и реши животот да го заврши на музички начин, кажа Ливрински.

Мустафов беше многу популарен во земјава и пошироко на Балканот. Има издадено над 20 албуми и отсвирено на многу самостојни концерти во земјава и во светот. Неговата професионална кариера започнала на седумнаесетгодишна возраст, додека студирал виолина и кларинет.

Мустафов со Росана Сариќ Тодоровска ја смени многу популарната „Свири ми брате цигане“, а свирел и со Сузана Спасовска, Сузана Гавазова, ДНК, Слаткаристика, Џамбо Анѓушев...Мустафов свирше и со естрадните ѕвезди од поранешна Југославија, меѓу кои и Лепа Брена.

[caption id="attachment_644532" align="alignnone" width="906"] фото: Република[/caption]

The post 20 луѓе дојдоа на комеморацијата на Ферус Мустафов appeared first on Република.

]]>

Едвај 20 луѓе дојдоа на комеморацијата на музичарот Ферус Мустафов, кој почина на 22 мај на 72-годишна возраст. Освен семејството, претставник од Министерството за култура и  претставници од Здружението на естрадни уметници, кои на Фејсбук објавија пред три дена дека последното збогување со кралот на ромската музика ќе се одржи во холот на Националната опера и балет денеска во 11 часот, немаше други музичари и пејачи со кои соработувал Мустафов во неговата долга, богата и успешна кариера. [caption id="attachment_644546" align="alignnone" width="910"] фото: Република[/caption]
Многу ми е жал што денеска нема колеги, можеби дека испаќањето е во работно време. Човекот заслужува. Јас не зборувам зад грб, но да останеме позитивни, рече композиторот Сашо Ливрински.
Тој кажа дека Мустафов не си ја ставил сам круната дека е крал на ромската музика, туку дека сосема ја заслужил, додавајќи дека според него, тој освен ромска, одлично свирел македонска, српска и грчка музика и така ги обединил народите.
Тој не е само крал на ромската музика, туку крал на македонската музика. Ако се погледнеме и денес меѓу нас, нè има од сите нацоналности, нешто што ниту еден политичар не успеал да го постигне. Покрај тоа што беше беспрекорен виртуоз, беспрекорен на својот инструмент, беше и општествено значаен во обединување на сите националности, кажа Ливрински.
Според него, Мустафов бил бил музичар кому не му било потребно да му се зборува како треба да свири.
Тој само ќе ја слушнеше песната и тоа беше отсвирено онака како што треба да биде. Тој постигна личен бренд. Беше многу харизматичен, хуман, многу си ја сакаше својата земја. Ферус е пример за макотрпна работа. Човек кој не живееше на стара слава, свиреше до крај, иако имаше четири бајпаса. и реши животот да го заврши на музички начин, кажа Ливрински.
Мустафов беше многу популарен во земјава и пошироко на Балканот. Има издадено над 20 албуми и отсвирено на многу самостојни концерти во земјава и во светот. Неговата професионална кариера започнала на седумнаесетгодишна возраст, додека студирал виолина и кларинет. Мустафов со Росана Сариќ Тодоровска ја смени многу популарната „Свири ми брате цигане“, а свирел и со Сузана Спасовска, Сузана Гавазова, ДНК, Слаткаристика, Џамбо Анѓушев...Мустафов свирше и со естрадните ѕвезди од поранешна Југославија, меѓу кои и Лепа Брена. [caption id="attachment_644532" align="alignnone" width="906"] фото: Република[/caption]

The post 20 луѓе дојдоа на комеморацијата на Ферус Мустафов appeared first on Република.

]]>
Почина Ферус Мустафов https://republika.mk/scena/muzika/pochina-ferus-mustafov/ Mon, 22 May 2023 07:55:06 +0000 https://republika.mk/?p=643454

По кусо боледување ноќеска на 72 години почина кралот на ромската музика, Ферус Мустафов, објави порталот ММС.

Мустафов ќе биде погребан во Штип, каде е роден и каде последните години живеел со семејството.

Ферус имаше мозочен удар на 26 април и оттогаш беше во болницата „8 Септември“.

Мустафов е роден во Штип во ромско семејство на музичари. Неговата професионална кариера започнала на седумнаесетгодишна возраст, додека студирал виолина и кларинет.

Мустафов беше многу популарен во својата земја поради неговиот репертоар на балканска народна и ромска свадбена музика. Има издадено над 20 албуми и безброј самостојни концерти во земјава и во светот, но и настапи на светски музички фестивали, каде често свирел и со славни џез музичари, со кои соработувал и на албуми.

The post Почина Ферус Мустафов appeared first on Република.

]]>

По кусо боледување ноќеска на 72 години почина кралот на ромската музика, Ферус Мустафов, објави порталот ММС. Мустафов ќе биде погребан во Штип, каде е роден и каде последните години живеел со семејството. Ферус имаше мозочен удар на 26 април и оттогаш беше во болницата „8 Септември“. Мустафов е роден во Штип во ромско семејство на музичари. Неговата професионална кариера започнала на седумнаесетгодишна возраст, додека студирал виолина и кларинет. Мустафов беше многу популарен во својата земја поради неговиот репертоар на балканска народна и ромска свадбена музика. Има издадено над 20 албуми и безброј самостојни концерти во земјава и во светот, но и настапи на светски музички фестивали, каде често свирел и со славни џез музичари, со кои соработувал и на албуми.

The post Почина Ферус Мустафов appeared first on Република.

]]>