Фатмир Дехари Archives - Република https://republika.mk/tema/fatmir-dehari/ За подобро да се разбереме Fri, 24 Mar 2023 07:46:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фатмир Дехари Archives - Република https://republika.mk/tema/fatmir-dehari/ 32 32 Од европските вредности на ДУИ ја издвојуваме прославата на 10-годишното албанско владеење со Кичево https://republika.mk/vesti/makedonija/od-evropskite-vrednosti-na-dui-ja-izdvojuvame-proslavata-na-10-godishnoto-albansko-vladeene-so-kichevo/ Fri, 24 Mar 2023 07:46:35 +0000 https://republika.mk/?p=623071

Градоначалникот на Кичево во последните 10 години Фатмир Дехари организира прослава од 10-годишното албанско владеење со општина Кичево „10 години ГОРДОСТ“.

Прославата на десетгодишното владеење на ДУИ со Кичево ќе се одржи денес, а програмата е составена од настапи на детски ансамбли, на Националниот албански симбол но и историски час насловен како „Кичево под албанска власт“. Не се знае кој ја финансира оваа прослава, дали средствата ги издвојува општината или се приватни донации.

На „приватната журка на која Дехари промовира национализам и иредентизам“ реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Кичево.

Што е гордо и достоинствено во неговото владеење, дали дека направи пустош и егзодус? Дека се иселени многу граѓани, пред сè Албанци, дека се затворени многу фирми, а тој соработува само со неколку? Опустошена е чаршијата, владее корупција! Еманципираните и образовани Албанци не може да ги задржи со приватна журка и со илјадници албански знамиња. На што е горд Дехари, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Кичево е една од најзапустените општини во Македонија, со голем број комунални проблеми и проблеми со инфраструктурата. Кичево е лидер во полицискиот билтен по пријави од каснувања од улични кучиња.

Кичево доби градоначалник од ДУИ по територијалната поделба во 2013 година кога на Кичево му се припоија помалите општини со доминантно албанско население, меѓу кои е и Зајас, родното место на лидерот на ДУИ Али АХмети.

Фатмир Дехари, пак, е поранешен телохранител на Ахмети, но и функционер на ДУИ во МВР и во УБК. За првпат стана градоначалник на 24 март 2013 година, а потоа победи и на локалните избори во 2017 и 2021 година.

The post Од европските вредности на ДУИ ја издвојуваме прославата на 10-годишното албанско владеење со Кичево appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Кичево во последните 10 години Фатмир Дехари организира прослава од 10-годишното албанско владеење со општина Кичево „10 години ГОРДОСТ“. Прославата на десетгодишното владеење на ДУИ со Кичево ќе се одржи денес, а програмата е составена од настапи на детски ансамбли, на Националниот албански симбол но и историски час насловен како „Кичево под албанска власт“. Не се знае кој ја финансира оваа прослава, дали средствата ги издвојува општината или се приватни донации. На „приватната журка на која Дехари промовира национализам и иредентизам“ реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Кичево.
Што е гордо и достоинствено во неговото владеење, дали дека направи пустош и егзодус? Дека се иселени многу граѓани, пред сè Албанци, дека се затворени многу фирми, а тој соработува само со неколку? Опустошена е чаршијата, владее корупција! Еманципираните и образовани Албанци не може да ги задржи со приватна журка и со илјадници албански знамиња. На што е горд Дехари, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Кичево е една од најзапустените општини во Македонија, со голем број комунални проблеми и проблеми со инфраструктурата. Кичево е лидер во полицискиот билтен по пријави од каснувања од улични кучиња. Кичево доби градоначалник од ДУИ по територијалната поделба во 2013 година кога на Кичево му се припоија помалите општини со доминантно албанско население, меѓу кои е и Зајас, родното место на лидерот на ДУИ Али АХмети. Фатмир Дехари, пак, е поранешен телохранител на Ахмети, но и функционер на ДУИ во МВР и во УБК. За првпат стана градоначалник на 24 март 2013 година, а потоа победи и на локалните избори во 2017 и 2021 година.  

The post Од европските вредности на ДУИ ја издвојуваме прославата на 10-годишното албанско владеење со Кичево appeared first on Република.

]]>
Градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари со критики до власта за градската болница и автопатот Кичево-Охрид https://republika.mk/vesti/makedonija/gradonachalnikot-na-kichevo-fatmir-dehari-so-kritiki-do-vlasta-za-gradskata-bolnica-i-avtopatot-kichevo-ohrid/ Tue, 04 Oct 2022 14:30:26 +0000 https://republika.mk/?p=557293

Покрај членовите на таканаречената „огнена група“, незадоволство од министрите на ДУИ изрази и градоначалникот на Кичево од редовите на оваа партија, Фатмир Дехари, кој упати јавни критики поради одолговлекувањето на изградбата на кичевската болница, но и поради застојот на автопатот Кичево-Охрид.

Говорејќи на овие теми во емисија на МТВ 2, Дехари го спомена и министерот за економија Крешник Бектеши, кој доаѓа токму од Кичево. Според кичевскиот градоначалник, Бектеши треба да биде, како што вели, погласен во насока на реализација на овие проекти.

The post Градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари со критики до власта за градската болница и автопатот Кичево-Охрид appeared first on Република.

]]>

Покрај членовите на таканаречената „огнена група“, незадоволство од министрите на ДУИ изрази и градоначалникот на Кичево од редовите на оваа партија, Фатмир Дехари, кој упати јавни критики поради одолговлекувањето на изградбата на кичевската болница, но и поради застојот на автопатот Кичево-Охрид. Говорејќи на овие теми во емисија на МТВ 2, Дехари го спомена и министерот за економија Крешник Бектеши, кој доаѓа токму од Кичево. Според кичевскиот градоначалник, Бектеши треба да биде, како што вели, погласен во насока на реализација на овие проекти.

The post Градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари со критики до власта за градската болница и автопатот Кичево-Охрид appeared first on Република.

]]>
Биле Албанците по пописот 41,7% или над 55%, Дехари не помислува да го симне албанското знаме https://republika.mk/vesti/makedonija/bile-albancite-po-popisot-41-7-ili-nad-55-dehari-ne-pomisluva-da-go-simne-albanskoto-zname/ Sun, 03 Apr 2022 15:58:11 +0000 https://republika.mk/?p=482684

Алијанса за Албанците тврди дека опфатеноста на лица кои се вметнати без етничка припадност и необјавувањето на живеалиштето на лицата од дијаспората одиграле негативна улога во реалниот процент на етничките заедници во земјава и дека со тоа се загрозуваат колективните права кои ги уживале до сега.

Конкретно, процентот на Албанците во Кичево паднал под 50% и со тоа се загрозува употребата на националното знаме, вели Наим Бајрами.

https://republika.mk/vesti/makedonija/aa-da-se-ostranat-imputiranite-132-000-nepopishani-vaka-albancite-vo-kichevo-padnaa-pod-50/

Градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари не помислува да го тргне албанското знаме, зашто, како што вели во градот Албанци се повеќе од 55%.

Никако! Многу грешите, за жал! Кичево има над 55% Албанци, посочи Фатмир Дехари.

Според податоците на ДЗС, излегува дека Кичево има 41,27% албанско резидентно население, но тука не е опфатена дијаспората. Ова се очекува да се направи следниве денови, кога ќе се покаже од кои општини се печалбарите, појаснува за ТВ21 заменик-директорот на ДЗС Иљми Селами.

Кичевци се во дијаспората. Од нив 15,237 се Албанци, а остатокот се други. Не само за Кичево туку и за другите градови, бројот на нерезедентно население е предвидено да се преработи и објави во вториот сет од податоците на пописот, вели Иљми Селами.

The post Биле Албанците по пописот 41,7% или над 55%, Дехари не помислува да го симне албанското знаме appeared first on Република.

]]>

Алијанса за Албанците тврди дека опфатеноста на лица кои се вметнати без етничка припадност и необјавувањето на живеалиштето на лицата од дијаспората одиграле негативна улога во реалниот процент на етничките заедници во земјава и дека со тоа се загрозуваат колективните права кои ги уживале до сега.
Конкретно, процентот на Албанците во Кичево паднал под 50% и со тоа се загрозува употребата на националното знаме, вели Наим Бајрами.
https://republika.mk/vesti/makedonija/aa-da-se-ostranat-imputiranite-132-000-nepopishani-vaka-albancite-vo-kichevo-padnaa-pod-50/ Градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари не помислува да го тргне албанското знаме, зашто, како што вели во градот Албанци се повеќе од 55%.