Алијанса за Албанците тврди дека опфатеноста на лица кои се вметнати без етничка припадност и необјавувањето на живеалиштето на лицата од дијаспората одиграле негативна улога во реалниот процент на етничките заедници во земјава и дека со тоа се загрозуваат колективните права кои ги уживале до сега.

Конкретно, процентот на Албанците во Кичево паднал под 50% и со тоа се загрозува употребата на националното знаме, вели Наим Бајрами.

Градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари не помислува да го тргне албанското знаме, зашто, како што вели во градот Албанци се повеќе од 55%.

Никако! Многу грешите, за жал! Кичево има над 55% Албанци, посочи Фатмир Дехари.

Според податоците на ДЗС, излегува дека Кичево има 41,27% албанско резидентно население, но тука не е опфатена дијаспората. Ова се очекува да се направи следниве денови, кога ќе се покаже од кои општини се печалбарите, појаснува за ТВ21 заменик-директорот на ДЗС Иљми Селами.

Кичевци се во дијаспората. Од нив 15,237 се Албанци, а остатокот се други. Не само за Кичево туку и за другите градови, бројот на нерезедентно население е предвидено да се преработи и објави во вториот сет од податоците на пописот, вели Иљми Селами.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.