Фатмир Бесими Archives - Република https://republika.mk/tema/fatmir-besimi/ За подобро да се разбереме Mon, 08 Jan 2024 09:15:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фатмир Бесими Archives - Република https://republika.mk/tema/fatmir-besimi/ 32 32 Најтешкото е зад нас https://republika.mk/kolumni/najteshkoto-e-zad-nas/ Mon, 08 Jan 2024 09:50:14 +0000 https://republika.mk/?p=730785

Фатмир Бесими

На почетокот на новата година, сметководителите почнуваат со составување на финансиските извештаи, во кои ќе бидат прикажани компаниските резултати, а статистичарите ги подготвуваат годишните национални сметки. Во демократски амбиент, носителите на јавните функции прават осврт на постигнатото, негувајќи ги принципите на транспарентност и отчетност. Оваа демократска и цивилизациска придобивка бездруго отвора можност за критики, но овозможува и подобрување на идните перформанси. Тоа е општо правило и во животот, не случајно и во различните култури во нашата цивилизација низ историјата постојат празничните периоди кога после интензивни и бурни времиња во текот на годината во вид на консензус се прави една општа пауза за одмор и рефлексија на тоа што сме поминале и што сме научиле, со цел подобро да ја проектираме иднината. Во тој поглед и оваа колумна во овие празнични периоди ја искористив за рефлексија на тоа што ни се случуваше во овие години на повеќе кризи од глобални размери предизвикани од пандемијата и геостратешките турбуленции на глобално ниво, но и војната на европскиот континент со сериозни безбедносни, енергетски и економски ризици и последици. Сведоци сме дека и во поблиската историја имаше многу случувања без преседан во овие години за што има многу да се каже, но и да се научи. И покрај желбата да пренесам што сѐ сме поминале и направиле во овие години на кризи, особено во делот на јавните финансии, со ограничен простор во оваа колумна, а и со почит кон времето на читателите, решив да пишувам само за дел што сметам дека сепак ќе биде корисно како искуство, но во исто време и можност за критика и дебата како во иднина подобро да се справиме со слични предизвици.

СМАРТ Финансии

За СМАРТ финансии, или паметен систем на управување со јавните финансии, се залагам од првиот ден кога ја преземав функцијата на министер за финансии. Овој систем се базира на јасна стратегија, одржливост, одговорност, реформи и транспарентност (S-strategical, M-maintainable, A-accountable, R-reform-oriented, T-transparent). Кога се спроведува еден обемен реформски процес со кој се поставува нов систем како фундамент на јавниот сектор, економијата и општеството, добро е во тек на процесот да се навратиме, да видиме од каде сме тргнале, што сме постигнале и дали сме се на вистинската патека за остварување на целите. Впрочем, во менаџментот, контролата е суштински дел од процесот на раководење.

Во изминатите три години спроведени се повеќе системски реформи во јавните финансии, односно поставен е скелетот за стратегиско, одговорно, одржливо, ефикасно, отчетно и транспарентно управување со јавните финансии. На ова се надоврзуваат реформите за забрзување на растот и јакнење на конкурентноста и отпорноста на домашната економија. За релативно кус период поставена е нова среднорочна рамка за буџетирање, утврдени се правилата за прудентно фискално управување, мерки за оптимално распоредување на ресурсите во функција на одржливост, како и механизми за унапредување на реализацијата на буџетот. Поставени се системски законски решенија за праведно утврдување на минималната плата и усогласување на платите во јавниот сектор, како и усогласување на пензиите соодветно на растот на просечната плата и трошоците за живот. Утврдена е стратегиската рамка за даночната политика за поправедно, поефикасно и поефективно оданочување, кое исто така е во функција на фискалната одржливост. Утврдена е стратегија, план и мерки за намалување на сивата економија. Донесени се реформи за унапредување на процесот на фискалната децентрализација, придружени со поголема отчетност и поттикнување на доброто управување. Воведени се нови финансиски инструменти за диверзифицирање на должничкото портфолио и мобилизирање на капиталот во земјава во функција на растот и развојот. Утврдени се механизми за поттикнување на зеленото финансирање за справување со климатските промени. Се спроведуваат повеќе проекти во насока на подобрување на јавните услуги, преку дигитализација на процесите.

Во време додека се реализираше овој крупен реформски процес во јавните финансии, глобалната и домашната економија поминаа низ неколку кризи, кои се надоврзуваа една на друга, па дури и преклопуваа. Министерството за финансии имаше активна улога во справувањето со кризите преку непречено финансирање на сите функции на државата, преку учество во конципирање и спроведување на антикризните мерки, како и спроведување на политиките за одржување на макроекономската стабилност. Реформската агенда, рака под рака со најголемите турбуленции кои се случиле во глобалната економија во изминатиот половина век, се огромен предизвик за која било институција, не само кај нас, туку воопшто во меѓународни рамки.

Ќе се обидам накусо да дадам контекст во кој се случуваше најголемиот реформски процес во јавните финансии во изминатите две децении.

Глобален и домашен економски контекст

Во првото тримесечје од 2020 година започна најголемата криза со која глобалната економија се соочилa во изминатите сто години, позната како Ковид-19 криза или „Големото затворање“. Во текот на 2020 година кризата ги зафати сите економии во светот со остар пад на цената на нафтата и колапс на повеќе индустриски гранки, кои се најдоа директно изложени на здравствените мерки, како на пример најголем дел од услужната индустрија. Целосното запирање на економската активност во одделните гранки влијаеше на брз раст на невработеноста, потоа на потрoшувачката, резултирајќи со глобален економски резултат во 2020 година од -2,8% БДП.

Како резултат на пандемијата во 2020 година, нашата економија забележа намалување на БДП за 4,7%, што е еднакво на просекот во регионот на Југоисточна Европа, економии кои ни се географски, институционално, културно и структурно блиски. Сепак, доколку изостанеше силниот фискален одговор, во вид на шест пакети антикризни мерки (од вкупно девет донесени пакети антикризни мерки), проценките на меѓународните институции се дека падот ќе беше скоро двојно повисок. Владината реакција придонесе кон зачувување на работните места, ликвидноста на компаниите, социјалната сигурност и макроекономската стабилност.

Следната година, со спроведување на процесот на имунизација и отворање на економијата, глобалната економска активност забележа солидно опоравување. Нашата економијата во 2021 година забележа раст од 4,5%. Владата продолжи со финансиската поддршка за граѓаните и компаниите, со цел задржување на социјалната и економската стабилност и заздравување на економијата.

Сепак, патот на економското заздравување беше исполнет со препреки, кои главно потекнуваа од нарушувањето на пазарниот еквилибриум поради остриот пад на страната на понудата и побарувачката на ниво глобална и национална економија. Како резултат на пореметување на пазарните односи предизвикани од Ковид-кризата, кон крајот на 2021 година настапи енергетската криза. Карантинот во текот на претходната година и ограничувањата за патување, влијаеа на значајно намалување на побарувачката на горивата, како и на нивните цени, кои паднаа на најниско ниво во последните неколку децении. Но, кога се отстранија ограничувањата, побарувачката за енергија се врати, и додека употребата се зголемуваше, испораките продолжија да заостануваат, што влијаеше на цените. Сумарно, енергетската криза беше резултат на глобалниот недостиг на енергија, што се преточи во висок раст на цените. На почетокот на 2022 година, со почетокот на војната помеѓу Русија и Украина, состојбите со понудата на енергентите дополително се влоши. Имајќи предвид дека цените на енергентите се инпут во речиси секој производ, нивниот раст изврши притисок за раст на инфлацијата. Кон ценовната криза, исто така придонесе и растот на цените на храната, како резултат на војната во Украина, еден од најголемите извозници на житни култури во светот.

Реакцијата на нашата Влада преку антикризни мерки продолжи за целиот овој период. Се делуваше преку субвенционирање на цената на електричната енергија и ублажување на последиците од високите цени на храната, преку мерки за замрзнување на цените на основните производи, зголемување на минималната плата, пензиите, платите во јавниот сектор, како и еднократни финансиски додатоци кон најранливите категории на граѓани.

Во 2022 и 2023 година заздравувањето на економијата продолжи, иако не со посакуваните стапки на економски раст, што во најголема мерка се должи на надворешното окружување, на кое како мала и отворена економија (со трговска изложеност од 140% од БДП) ние сме подложни.

Борбата со кризите го чинеше буџетот 2,7 милијарди евра

Во неколку наврати во досегашниот период е презентирано како одговоривме кон кризите со повеќе мерки и политики како и посебни пакети на антикризни мерки кои вкупно го чинеа буџетот околу 2,7 милијарди евра дизајнирани во девет пакети. Тие содржеа различни мерки, во зависност од екстерните шокови и категориите на граѓани и фирми кои беше најнеопходно да се заштитат. Сетот на мерки за одговор кон пандемијата вкупно чинеше околу 1,2 милијарди евра со главна насока да се спасат животите и заштити здравјето на граѓаните, зачуваат работните места и да се одржи во живот економијата која хибернира. Втората група на мерки, односно сетот на мерки како одговор на енергетската и потоа ценовната криза го чинеше околу 760 милиони евра во главно за апсорбирање на ударот на кризата врз социјално ранливите категории на граѓаните и стопанството. Последниот пакет на мерки достигна 662 милиони евра, и главно, е одговор на продолжениот ефект на ценовната криза која се состои со мерки за заштита на стандардот на граѓаните, помош за најранливите категории на граѓани, но и поддршка на стопанството со поволни кредити во услови на високи каматни стапки, клучно за ликвидноста, но и за инвестициите во стопанството со развојна компонента за одржлив раст, зелена транзиција и дигитална трансформација. Со оглед на фактот дека кризите беа повеќекратни и испреплетени со различни импликации во повеќе области, а со самиот факт дека непредвидливоста стануваше сѐ поактуелно и се зголемуваше, а притоа фискалниот простор се стеснуваше, стратегијата на дизајнирање на антикризните мерки се одвиваше од општи и брзи интервенции, кон селективни, потаргетирани и попретпазливи интервенции за да не се нарушат пазарните принципи и да се зачува фискален простор за во иднина да се одговори на непредвидливи кризни состојби, но во исто време да се поддржат инвестициите и структурните реформи за постигнува одржлив и забрзан економски раст на среден и долг рок.

Стратешки пристап кон фискална консолидација

Но, да се вратам на главната тема, а тоа се спроведените реформи во јавните финансии и нивните ефекти. Кризите донесоа повеќе предизвици во економијата, од кои дел бараа поскоро спроведување на реформскиот процес. Како последица на пандемијата и агресивниот одговор за одржување на економската активност и работните места, кај најголем дел од економиите во развој дојде до продлабочување на јавниот долг. Со почетокот на енергетската криза и инфлацијата, трката на владите се претвори во маратон, додека фискалниот простор за реакција стануваше сѐ потесен.

Преку конзистентен план за фискална консолидација вграден во фискалните стратегии, стратегиите за управување со јавниот долг, но и план за фискална одржливост (со конкретни мерки на приходната и расходната страна), успеавме да ја задржиме стабилноста за целиот период на кризата, како и постепено да го намалуваме фискалниот дефицит и јавниот долг. Имено, од 2021 година јавниот и државниот долг се постојано во опаѓање, за, според последните податоци за третиот квартал од 2023 година, тие да се сведат на 55,3%, односно 47,8% од БДП, што е за 4,4, односно 3 процентни поени помалку во споредба со пандемиската година. Истовремено, буџетскиот дефицит е намален од 8% во 2020 година на 4,6% во 2023 година.

Заложбата за понатамошна фискална консолидација продолжува и со Буџетот за 2024 година. За годинава буџетскиот дефицит е проектиран на 3,4% од БДП, односно е намален за речиси една третина во однос на минатата година. Мора да се нагласи дека половина од дефицитот оди за плаќање на каматите за долгот акумулиран од минатото. Согласно среднорочните проекции опфатени во Фискалната стратегија до 2028 година, буџетскиот дефицит во 2025 и 2026 година треба да се сведе на 3% од БДП или во согласност со Мастришките критериуми, додека во 2027 и 2028 година да падне и под 3%, односно на 2,8% и 2,5% од БДП, респективно.

Би сакал да нагласам дека спроведувањето на фискалната консолидација, не е само во насока на рационализација на расходната страна на буџетот, туку и преку подобрување на наплатата на приходната страна. Тука ќе ја спомнам даночната реформа за проширување на даночната основа со која се подобри наплатата на приходите без притоа да се зголеми било кој данок. Во насока на подобрување на приходната страна на буџетот е и борбата за сузбивање на сивата економија, која се врши стратешки и плански, системски, преку низа мерки, кои вклучуваат дигитализација на процесите, како и јакнење на даночниот морал.

Намалување на каматните трошоци и покрај заострување на финансиските пазари

Една од клучните реформи кои се спроведени во јавните финансии во насока на фискалната одржливост е воведувањето на фискалните правила и на Фискален совет кој ќе го надгледува нивното спроведување. Со носењето на реформскиот Закон за буџети во 2022 година, утврдени се нумерички правила за висината на јавниот долг и буџетскиот дефицит согласно Мастришките критериуми. Инаку, Парламентот ги избра членовите на независното тело коешто го надгледува спроведувањето на фискалните правила, односно Фискалниот совет, и тој е целосно оперативен во моментов.

Фискалниот совет во своето мислење за Буџетот за 2024 година, даде многу значајна опсервација, која е уште еден показател за ефектите од управувањето со јавниот долг. Имено, тие посочуваат дека „сите анализи поврзани со цената на финансирање на тековните дефицити како и исплата на втасаните долгови и камата, покажуваат дека во последните 2-3 години е забележано подобрување, и покрај влошените состојби и кризните прилики на пазарите на капитал, што е охрабрувачки индикатор за прудентна фискална политика и одговорно управување со јавните финансии“. Со одговорно управување се намалува каматниот трошок кој државата го плаќа. Тоа е всушност нашата стратегија за одржливост на долгот - од една страна, сѐ повеќе да се намалува јазот помеѓу приходите и расходите во буџетот кој треба да се финансира, како и истовремено да се оптимизира цената на задолжувањето и рочноста. Тука значаен придонес имаат историски најниската каматна стапка на еврообврзница издадена во 2021 година со 1,65%, како и и портфолиото на буџетска поддршка со програмите склучени со меѓународните финансиски институции, како што се Меѓународниот Монетарен Фонд, Светската Банка, Германската Банка за Развој, ОПЕК, Банка на Советот на Европа, како и Макрофинансиската Рамка од Европската Унија и финансирање на инфраструктурни проекти со поволни заеми од ЕБРД, ЕИБ, Светска Банка и други институции. Сличен пристап се користеше за обезбедување поволни заеми за стопанството преку нашата Развојна Банка со заеми од горенаведените меѓународни финансиски институции.

Промена на буџетската структура: одржливост и развој

Третиот аспект за фискалната одржливост е за што се трошат парите. Од исклучително значење за развојот е јакнењето на инвестициска компонента на буџетот, односно промената на неговата структура. Имено, последните два буџети се скроени според златното правило во јавните финансии, задолжувањето да биде само за инвестиции, кои потоа ќе донесат додадена вредност во економијата. Значително е зголемена сумата за капитални владини инвестиции, односно удвоена во однос на периодот три години. Капиталните расходи минатата година ја надминуваат сумата на буџетскиот дефицит, додека нивната реализација е 707 милиони евра, што е всушност историски највисока реализација и како номинален износ и како релативен износ. Реализацијата во однос на планот е 97%. За споредба, низ годините, реализацијата на капиталните расходи се движела околу 70% (на пример, во 2005 година, изнесувале 69%, во 2016 година 76%). Во однос на 2022 година капитални расходи се повеќе за 52% и достигнуваат ниво од 4,9% од БДП за разлика од претходниот просек од 3% од БДП.

Подобрувањето на реализацијата на капиталните инвестиции, како развоен дел од буџетот се должи на повеќе механизми кои ги воведовме изминатите три години. Еден од тие механизми е „казнувањето“ и „наградувањето“ на институциите, согласно успешноста во реализацијата на капиталните расходи, попознат како КАПЕФ. Со овој механизам се премости еден значаен проблем кој со години постоеше во буџетирањето, односно капитални расходи „само на хартија“. Овој проблем дополнително се решава и преку среднорочното буџетирање кое го воведовме со усвојувањето на новиот Закон за буџети, со кој се зајакнува процесот на планирање според индикаторите за успешност, што е особено важно кај крупните капитални проекти, кои се реализираат во повеќе фискални години. Зајакнувањето на реализацијата на капиталните расходи се должи и на воведувањето на единиците за планирање и контрола на јавните инвестиции, односно Единицата за оценување на јавните инвестиции (ПИМА), како и Комитетот на ниво на Влада за утврдување на приоритетни проекти.

Над милијарда евра буџетска поддршка за компаниите

Кога зборуваме за структурата на буџетот, а во контекст на развојната компонента, би сакал да нагласам дека значајна поддршка за приватниот сектор и приватните инвестиции, се дава и преку директна буџетска поддршка, која во изминатите три години изнесува 550 милиони евра. Тука спаѓаат мерките и активностите на Развојната банка, на Фондот за иновации, Дирекцијата за ТИРЗ, како и поддршката според Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Со овие средства во изминатите три години се поддржани 11.491 компании со 119.000 вработени. Со тоа се поттикнати инвестиции од 2,1 милијарди евра од страна на стопанството во нашата економија. Кога на ова ќе се додаваат и средствата предвидени со буџетот на 2024 година и последниот пакет на антикризни мерки, поддршката за компаниите од буџетски средства и поволни заеми надминува една милијарда евра. Ќе истакнам и дека со издавање на нови финансиски инструменти на пазарот на капитал, се мобилизираат дополнителни средства во различни фондови (како на пример Фоднот за зелени инвестиции и слично) кои ќе се наменат за поддршка на инвестициската активност на приватниот сектор. Исто така, поддршка за приватниот сектор имаше во континуитет и преку други програми владини програми, како и активните мерки на пазарот на работна сила преку Агенцијата за вработување.

Одржлив систем за плати и пензии

Во насока на одржливоста на јавните финансии, во изминатите три години направени се многу важни, системски реформи, за утврдување на минималната плата, како и систем за усогласување на пензиите и платите во јавниот сектор. Овие системи се поставени на здрави основи за да обезбедат одржливост, а воедно и праведност и заштита на стандардот на граѓаните. Како резултат на нив, гледаме во континуитет зголемување на минималната плата, пензиите, а исто така во повеќе наврати секторски, како и со последното минатогодишното линеарно покачување, се обезбедува постојан раст и на платите на вработените во јавниот сектор. Тоа што не смее да се испушта во оваа прилика, е фактот дека клучно е во иднина да се поддржат структурни реформи кои ќе придонесат во зголемување на продуктивноста, а со тоа и конкурентноста на нашата економија со цел овие политики за подобрување на стандардот на граѓаните да бидат одржливи на среден и долг рок.

Унапредување на фискалната децентрализација

Една од значајните реформи, кои ја оставив за заокружување на ова излагање е унапредувањето на фискалната децентрализација, која игра значајна функција во економскиот развој. Реформата се состои од три столба – подобрување на фискалниот капацитет и зголемување на приходите на општините, зголемување на фискалната дисциплина, како и на транспарентоста и отчетноста во нивната работа. Во рамки на реформата е зголемување на средствата коишто им се распределуваат на општините од наплатените давачки во централниот буџет, но и зголемување на сопствените приходи на општините, како и фондови коишто го поддржуваат добриот перформанс, осносно Фонд за перформанси и Фонд за воедначување. Општините коишто покажуваат позитивни резултати и имаат повисока реализација на сопствените приходи ќе добијат средства од Фондот за перформанси, а од Фондот за воедначување ќе се обезбедат средства за општините коишто имаат пониски приходи, но истите покажуваат фискален напор и добри резултати во прибирањето на сопствените приходи.

Со буџетот за годинава и претходните две години по основ на планирано зголемување на процентот на приходите од ДДВ за општините, сумата е зголемена од 4,5% на 6% од сумата на наплатениот ДДВ во претходната година. Истиот пристап за зголемување на приходите за општините се примени и за Данокот на личен доход каде што уделот што оди за општините во последните три години се зголеми од 3% на 6%. Тука се и структурните обврзници за општините, со кои се олеснува управувањето со ликвидноста и општинските долгови.

За да ги сумирам пошироко сите реформи спроведени во изминатите три години во јавните финансии, ќе треба навистина многу повеќе простор. Но, целта а оваа колумна и не беше сумирање на се што е направено, туку разгледување на тековните ефекти од реформи кои требаат да дадат долгорочен придонес кон економскиот развој и фискалната одржливост.

Ниту 2024 година не навестува „мирна пловидба“

Живееме во многу непредвидливи времиња за глобалната економија, која, како што се констатира во Проспектите за 2024 година на Обединетите нации, „под превезот на ранливата отпорност, се соочува со ризици и ранливости“. Во извештајот се предупредува на ризиците од подолготрајните заострени кредитни услови, слабите инвестиции, и геофрагментацијата наспроти глобализацијата, поради што глобалната трговија ја губи улогата на придвижувач на економската активност. Фискалниот простор кај голем дел од земјите е доста стеснет, што ги прави ранливи на евентуални потреси. Економистите ги лоцираат ризиците во продолжувањето на војната во Украина и конфликтот на Блискиот Исток, кризата која потекна од пазарот на недвижности во Кина, германската индустрија, претпазливоста на централните банкари, иновациите во артифицијална интелегенција, нуклеарната енергија и други предизвици вклучително изборите во повеќе земји меѓу кои и изборите во ЕУ и САД. Сето ова ни кажува дека ниту во 2024 на глобален план не може да очекуваме „мирна пловидба“, а дополнително кај нас, во мај имаме и парламентарни и претседателски избори, кои секако ќе имаат свие влијание врз динамиката на економските активности.

Постојано ги спомнуваме стапките на економски раст од 5% за нашата економија побрзо да ја постигне конвергенцијата кон европската економија и повеќето граѓани да ги почувствуваат придобивките на тој раст. Тие стапки не се недостижни, напротив сметам дека доколку глобалниот контекст беше поинаков и доколку не се соочивме со кризи без преседан, какви што се гледаат можеби еднаш во едно столетие, многу веројатно ќе беше дека тие стапки ќе беа испорачани. Во оваа колумна ги дадов основите, а во следната ќе се надоврзам на градењето на економија која испорачува забрзан, инклузивен и одржлив развој, кој ни е потребен за обезбедување на попросперитетен живот за граѓаните. Евалуација, добра стратегија, солиден план, инклузивен пристап, детално конструирани мерки и реализација. Тоа е патеката кон економскиот развој.

The post Најтешкото е зад нас appeared first on Република.

]]>

Фатмир Бесими

На почетокот на новата година, сметководителите почнуваат со составување на финансиските извештаи, во кои ќе бидат прикажани компаниските резултати, а статистичарите ги подготвуваат годишните национални сметки. Во демократски амбиент, носителите на јавните функции прават осврт на постигнатото, негувајќи ги принципите на транспарентност и отчетност. Оваа демократска и цивилизациска придобивка бездруго отвора можност за критики, но овозможува и подобрување на идните перформанси. Тоа е општо правило и во животот, не случајно и во различните култури во нашата цивилизација низ историјата постојат празничните периоди кога после интензивни и бурни времиња во текот на годината во вид на консензус се прави една општа пауза за одмор и рефлексија на тоа што сме поминале и што сме научиле, со цел подобро да ја проектираме иднината. Во тој поглед и оваа колумна во овие празнични периоди ја искористив за рефлексија на тоа што ни се случуваше во овие години на повеќе кризи од глобални размери предизвикани од пандемијата и геостратешките турбуленции на глобално ниво, но и војната на европскиот континент со сериозни безбедносни, енергетски и економски ризици и последици. Сведоци сме дека и во поблиската историја имаше многу случувања без преседан во овие години за што има многу да се каже, но и да се научи. И покрај желбата да пренесам што сѐ сме поминале и направиле во овие години на кризи, особено во делот на јавните финансии, со ограничен простор во оваа колумна, а и со почит кон времето на читателите, решив да пишувам само за дел што сметам дека сепак ќе биде корисно како искуство, но во исто време и можност за критика и дебата како во иднина подобро да се справиме со слични предизвици. СМАРТ Финансии За СМАРТ финансии, или паметен систем на управување со јавните финансии, се залагам од првиот ден кога ја преземав функцијата на министер за финансии. Овој систем се базира на јасна стратегија, одржливост, одговорност, реформи и транспарентност (S-strategical, M-maintainable, A-accountable, R-reform-oriented, T-transparent). Кога се спроведува еден обемен реформски процес со кој се поставува нов систем како фундамент на јавниот сектор, економијата и општеството, добро е во тек на процесот да се навратиме, да видиме од каде сме тргнале, што сме постигнале и дали сме се на вистинската патека за остварување на целите. Впрочем, во менаџментот, контролата е суштински дел од процесот на раководење. Во изминатите три години спроведени се повеќе системски реформи во јавните финансии, односно поставен е скелетот за стратегиско, одговорно, одржливо, ефикасно, отчетно и транспарентно управување со јавните финансии. На ова се надоврзуваат реформите за забрзување на растот и јакнење на конкурентноста и отпорноста на домашната економија. За релативно кус период поставена е нова среднорочна рамка за буџетирање, утврдени се правилата за прудентно фискално управување, мерки за оптимално распоредување на ресурсите во функција на одржливост, како и механизми за унапредување на реализацијата на буџетот. Поставени се системски законски решенија за праведно утврдување на минималната плата и усогласување на платите во јавниот сектор, како и усогласување на пензиите соодветно на растот на просечната плата и трошоците за живот. Утврдена е стратегиската рамка за даночната политика за поправедно, поефикасно и поефективно оданочување, кое исто така е во функција на фискалната одржливост. Утврдена е стратегија, план и мерки за намалување на сивата економија. Донесени се реформи за унапредување на процесот на фискалната децентрализација, придружени со поголема отчетност и поттикнување на доброто управување. Воведени се нови финансиски инструменти за диверзифицирање на должничкото портфолио и мобилизирање на капиталот во земјава во функција на растот и развојот. Утврдени се механизми за поттикнување на зеленото финансирање за справување со климатските промени. Се спроведуваат повеќе проекти во насока на подобрување на јавните услуги, преку дигитализација на процесите. Во време додека се реализираше овој крупен реформски процес во јавните финансии, глобалната и домашната економија поминаа низ неколку кризи, кои се надоврзуваа една на друга, па дури и преклопуваа. Министерството за финансии имаше активна улога во справувањето со кризите преку непречено финансирање на сите функции на државата, преку учество во конципирање и спроведување на антикризните мерки, како и спроведување на политиките за одржување на макроекономската стабилност. Реформската агенда, рака под рака со најголемите турбуленции кои се случиле во глобалната економија во изминатиот половина век, се огромен предизвик за која било институција, не само кај нас, туку воопшто во меѓународни рамки. Ќе се обидам накусо да дадам контекст во кој се случуваше најголемиот реформски процес во јавните финансии во изминатите две децении. Глобален и домашен економски контекст Во првото тримесечје од 2020 година започна најголемата криза со која глобалната економија се соочилa во изминатите сто години, позната како Ковид-19 криза или „Големото затворање“. Во текот на 2020 година кризата ги зафати сите економии во светот со остар пад на цената на нафтата и колапс на повеќе индустриски гранки, кои се најдоа директно изложени на здравствените мерки, како на пример најголем дел од услужната индустрија. Целосното запирање на економската активност во одделните гранки влијаеше на брз раст на невработеноста, потоа на потрoшувачката, резултирајќи со глобален економски резултат во 2020 година од -2,8% БДП. Како резултат на пандемијата во 2020 година, нашата економија забележа намалување на БДП за 4,7%, што е еднакво на просекот во регионот на Југоисточна Европа, економии кои ни се географски, институционално, културно и структурно блиски. Сепак, доколку изостанеше силниот фискален одговор, во вид на шест пакети антикризни мерки (од вкупно девет донесени пакети антикризни мерки), проценките на меѓународните институции се дека падот ќе беше скоро двојно повисок. Владината реакција придонесе кон зачувување на работните места, ликвидноста на компаниите, социјалната сигурност и макроекономската стабилност. Следната година, со спроведување на процесот на имунизација и отворање на економијата, глобалната економска активност забележа солидно опоравување. Нашата економијата во 2021 година забележа раст од 4,5%. Владата продолжи со финансиската поддршка за граѓаните и компаниите, со цел задржување на социјалната и економската стабилност и заздравување на економијата. Сепак, патот на економското заздравување беше исполнет со препреки, кои главно потекнуваа од нарушувањето на пазарниот еквилибриум поради остриот пад на страната на понудата и побарувачката на ниво глобална и национална економија. Како резултат на пореметување на пазарните односи предизвикани од Ковид-кризата, кон крајот на 2021 година настапи енергетската криза. Карантинот во текот на претходната година и ограничувањата за патување, влијаеа на значајно намалување на побарувачката на горивата, како и на нивните цени, кои паднаа на најниско ниво во последните неколку децении. Но, кога се отстранија ограничувањата, побарувачката за енергија се врати, и додека употребата се зголемуваше, испораките продолжија да заостануваат, што влијаеше на цените. Сумарно, енергетската криза беше резултат на глобалниот недостиг на енергија, што се преточи во висок раст на цените. На почетокот на 2022 година, со почетокот на војната помеѓу Русија и Украина, состојбите со понудата на енергентите дополително се влоши. Имајќи предвид дека цените на енергентите се инпут во речиси секој производ, нивниот раст изврши притисок за раст на инфлацијата. Кон ценовната криза, исто така придонесе и растот на цените на храната, како резултат на војната во Украина, еден од најголемите извозници на житни култури во светот. Реакцијата на нашата Влада преку антикризни мерки продолжи за целиот овој период. Се делуваше преку субвенционирање на цената на електричната енергија и ублажување на последиците од високите цени на храната, преку мерки за замрзнување на цените на основните производи, зголемување на минималната плата, пензиите, платите во јавниот сектор, како и еднократни финансиски додатоци кон најранливите категории на граѓани. Во 2022 и 2023 година заздравувањето на економијата продолжи, иако не со посакуваните стапки на економски раст, што во најголема мерка се должи на надворешното окружување, на кое како мала и отворена економија (со трговска изложеност од 140% од БДП) ние сме подложни. Борбата со кризите го чинеше буџетот 2,7 милијарди евра Во неколку наврати во досегашниот период е презентирано како одговоривме кон кризите со повеќе мерки и политики како и посебни пакети на антикризни мерки кои вкупно го чинеа буџетот околу 2,7 милијарди евра дизајнирани во девет пакети. Тие содржеа различни мерки, во зависност од екстерните шокови и категориите на граѓани и фирми кои беше најнеопходно да се заштитат. Сетот на мерки за одговор кон пандемијата вкупно чинеше околу 1,2 милијарди евра со главна насока да се спасат животите и заштити здравјето на граѓаните, зачуваат работните места и да се одржи во живот економијата која хибернира. Втората група на мерки, односно сетот на мерки како одговор на енергетската и потоа ценовната криза го чинеше околу 760 милиони евра во главно за апсорбирање на ударот на кризата врз социјално ранливите категории на граѓаните и стопанството. Последниот пакет на мерки достигна 662 милиони евра, и главно, е одговор на продолжениот ефект на ценовната криза која се состои со мерки за заштита на стандардот на граѓаните, помош за најранливите категории на граѓани, но и поддршка на стопанството со поволни кредити во услови на високи каматни стапки, клучно за ликвидноста, но и за инвестициите во стопанството со развојна компонента за одржлив раст, зелена транзиција и дигитална трансформација. Со оглед на фактот дека кризите беа повеќекратни и испреплетени со различни импликации во повеќе области, а со самиот факт дека непредвидливоста стануваше сѐ поактуелно и се зголемуваше, а притоа фискалниот простор се стеснуваше, стратегијата на дизајнирање на антикризните мерки се одвиваше од општи и брзи интервенции, кон селективни, потаргетирани и попретпазливи интервенции за да не се нарушат пазарните принципи и да се зачува фискален простор за во иднина да се одговори на непредвидливи кризни состојби, но во исто време да се поддржат инвестициите и структурните реформи за постигнува одржлив и забрзан економски раст на среден и долг рок. Стратешки пристап кон фискална консолидација Но, да се вратам на главната тема, а тоа се спроведените реформи во јавните финансии и нивните ефекти. Кризите донесоа повеќе предизвици во економијата, од кои дел бараа поскоро спроведување на реформскиот процес. Како последица на пандемијата и агресивниот одговор за одржување на економската активност и работните места, кај најголем дел од економиите во развој дојде до продлабочување на јавниот долг. Со почетокот на енергетската криза и инфлацијата, трката на владите се претвори во маратон, додека фискалниот простор за реакција стануваше сѐ потесен. Преку конзистентен план за фискална консолидација вграден во фискалните стратегии, стратегиите за управување со јавниот долг, но и план за фискална одржливост (со конкретни мерки на приходната и расходната страна), успеавме да ја задржиме стабилноста за целиот период на кризата, како и постепено да го намалуваме фискалниот дефицит и јавниот долг. Имено, од 2021 година јавниот и државниот долг се постојано во опаѓање, за, според последните податоци за третиот квартал од 2023 година, тие да се сведат на 55,3%, односно 47,8% од БДП, што е за 4,4, односно 3 процентни поени помалку во споредба со пандемиската година. Истовремено, буџетскиот дефицит е намален од 8% во 2020 година на 4,6% во 2023 година. Заложбата за понатамошна фискална консолидација продолжува и со Буџетот за 2024 година. За годинава буџетскиот дефицит е проектиран на 3,4% од БДП, односно е намален за речиси една третина во однос на минатата година. Мора да се нагласи дека половина од дефицитот оди за плаќање на каматите за долгот акумулиран од минатото. Согласно среднорочните проекции опфатени во Фискалната стратегија до 2028 година, буџетскиот дефицит во 2025 и 2026 година треба да се сведе на 3% од БДП или во согласност со Мастришките критериуми, додека во 2027 и 2028 година да падне и под 3%, односно на 2,8% и 2,5% од БДП, респективно. Би сакал да нагласам дека спроведувањето на фискалната консолидација, не е само во насока на рационализација на расходната страна на буџетот, туку и преку подобрување на наплатата на приходната страна. Тука ќе ја спомнам даночната реформа за проширување на даночната основа со која се подобри наплатата на приходите без притоа да се зголеми било кој данок. Во насока на подобрување на приходната страна на буџетот е и борбата за сузбивање на сивата економија, која се врши стратешки и плански, системски, преку низа мерки, кои вклучуваат дигитализација на процесите, како и јакнење на даночниот морал. Намалување на каматните трошоци и покрај заострување на финансиските пазари Една од клучните реформи кои се спроведени во јавните финансии во насока на фискалната одржливост е воведувањето на фискалните правила и на Фискален совет кој ќе го надгледува нивното спроведување. Со носењето на реформскиот Закон за буџети во 2022 година, утврдени се нумерички правила за висината на јавниот долг и буџетскиот дефицит согласно Мастришките критериуми. Инаку, Парламентот ги избра членовите на независното тело коешто го надгледува спроведувањето на фискалните правила, односно Фискалниот совет, и тој е целосно оперативен во моментов. Фискалниот совет во своето мислење за Буџетот за 2024 година, даде многу значајна опсервација, која е уште еден показател за ефектите од управувањето со јавниот долг. Имено, тие посочуваат дека „сите анализи поврзани со цената на финансирање на тековните дефицити како и исплата на втасаните долгови и камата, покажуваат дека во последните 2-3 години е забележано подобрување, и покрај влошените состојби и кризните прилики на пазарите на капитал, што е охрабрувачки индикатор за прудентна фискална политика и одговорно управување со јавните финансии“. Со одговорно управување се намалува каматниот трошок кој државата го плаќа. Тоа е всушност нашата стратегија за одржливост на долгот - од една страна, сѐ повеќе да се намалува јазот помеѓу приходите и расходите во буџетот кој треба да се финансира, како и истовремено да се оптимизира цената на задолжувањето и рочноста. Тука значаен придонес имаат историски најниската каматна стапка на еврообврзница издадена во 2021 година со 1,65%, како и и портфолиото на буџетска поддршка со програмите склучени со меѓународните финансиски институции, како што се Меѓународниот Монетарен Фонд, Светската Банка, Германската Банка за Развој, ОПЕК, Банка на Советот на Европа, како и Макрофинансиската Рамка од Европската Унија и финансирање на инфраструктурни проекти со поволни заеми од ЕБРД, ЕИБ, Светска Банка и други институции. Сличен пристап се користеше за обезбедување поволни заеми за стопанството преку нашата Развојна Банка со заеми од горенаведените меѓународни финансиски институции. Промена на буџетската структура: одржливост и развој Третиот аспект за фискалната одржливост е за што се трошат парите. Од исклучително значење за развојот е јакнењето на инвестициска компонента на буџетот, односно промената на неговата структура. Имено, последните два буџети се скроени според златното правило во јавните финансии, задолжувањето да биде само за инвестиции, кои потоа ќе донесат додадена вредност во економијата. Значително е зголемена сумата за капитални владини инвестиции, односно удвоена во однос на периодот три години. Капиталните расходи минатата година ја надминуваат сумата на буџетскиот дефицит, додека нивната реализација е 707 милиони евра, што е всушност историски највисока реализација и како номинален износ и како релативен износ. Реализацијата во однос на планот е 97%. За споредба, низ годините, реализацијата на капиталните расходи се движела околу 70% (на пример, во 2005 година, изнесувале 69%, во 2016 година 76%). Во однос на 2022 година капитални расходи се повеќе за 52% и достигнуваат ниво од 4,9% од БДП за разлика од претходниот просек од 3% од БДП. Подобрувањето на реализацијата на капиталните инвестиции, како развоен дел од буџетот се должи на повеќе механизми кои ги воведовме изминатите три години. Еден од тие механизми е „казнувањето“ и „наградувањето“ на институциите, согласно успешноста во реализацијата на капиталните расходи, попознат како КАПЕФ. Со овој механизам се премости еден значаен проблем кој со години постоеше во буџетирањето, односно капитални расходи „само на хартија“. Овој проблем дополнително се решава и преку среднорочното буџетирање кое го воведовме со усвојувањето на новиот Закон за буџети, со кој се зајакнува процесот на планирање според индикаторите за успешност, што е особено важно кај крупните капитални проекти, кои се реализираат во повеќе фискални години. Зајакнувањето на реализацијата на капиталните расходи се должи и на воведувањето на единиците за планирање и контрола на јавните инвестиции, односно Единицата за оценување на јавните инвестиции (ПИМА), како и Комитетот на ниво на Влада за утврдување на приоритетни проекти. Над милијарда евра буџетска поддршка за компаниите Кога зборуваме за структурата на буџетот, а во контекст на развојната компонента, би сакал да нагласам дека значајна поддршка за приватниот сектор и приватните инвестиции, се дава и преку директна буџетска поддршка, која во изминатите три години изнесува 550 милиони евра. Тука спаѓаат мерките и активностите на Развојната банка, на Фондот за иновации, Дирекцијата за ТИРЗ, како и поддршката според Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Со овие средства во изминатите три години се поддржани 11.491 компании со 119.000 вработени. Со тоа се поттикнати инвестиции од 2,1 милијарди евра од страна на стопанството во нашата економија. Кога на ова ќе се додаваат и средствата предвидени со буџетот на 2024 година и последниот пакет на антикризни мерки, поддршката за компаниите од буџетски средства и поволни заеми надминува една милијарда евра. Ќе истакнам и дека со издавање на нови финансиски инструменти на пазарот на капитал, се мобилизираат дополнителни средства во различни фондови (како на пример Фоднот за зелени инвестиции и слично) кои ќе се наменат за поддршка на инвестициската активност на приватниот сектор. Исто така, поддршка за приватниот сектор имаше во континуитет и преку други програми владини програми, како и активните мерки на пазарот на работна сила преку Агенцијата за вработување. Одржлив систем за плати и пензии Во насока на одржливоста на јавните финансии, во изминатите три години направени се многу важни, системски реформи, за утврдување на минималната плата, како и систем за усогласување на пензиите и платите во јавниот сектор. Овие системи се поставени на здрави основи за да обезбедат одржливост, а воедно и праведност и заштита на стандардот на граѓаните. Како резултат на нив, гледаме во континуитет зголемување на минималната плата, пензиите, а исто така во повеќе наврати секторски, како и со последното минатогодишното линеарно покачување, се обезбедува постојан раст и на платите на вработените во јавниот сектор. Тоа што не смее да се испушта во оваа прилика, е фактот дека клучно е во иднина да се поддржат структурни реформи кои ќе придонесат во зголемување на продуктивноста, а со тоа и конкурентноста на нашата економија со цел овие политики за подобрување на стандардот на граѓаните да бидат одржливи на среден и долг рок. Унапредување на фискалната децентрализација Една од значајните реформи, кои ја оставив за заокружување на ова излагање е унапредувањето на фискалната децентрализација, која игра значајна функција во економскиот развој. Реформата се состои од три столба – подобрување на фискалниот капацитет и зголемување на приходите на општините, зголемување на фискалната дисциплина, како и на транспарентоста и отчетноста во нивната работа. Во рамки на реформата е зголемување на средствата коишто им се распределуваат на општините од наплатените давачки во централниот буџет, но и зголемување на сопствените приходи на општините, како и фондови коишто го поддржуваат добриот перформанс, осносно Фонд за перформанси и Фонд за воедначување. Општините коишто покажуваат позитивни резултати и имаат повисока реализација на сопствените приходи ќе добијат средства од Фондот за перформанси, а од Фондот за воедначување ќе се обезбедат средства за општините коишто имаат пониски приходи, но истите покажуваат фискален напор и добри резултати во прибирањето на сопствените приходи. Со буџетот за годинава и претходните две години по основ на планирано зголемување на процентот на приходите од ДДВ за општините, сумата е зголемена од 4,5% на 6% од сумата на наплатениот ДДВ во претходната година. Истиот пристап за зголемување на приходите за општините се примени и за Данокот на личен доход каде што уделот што оди за општините во последните три години се зголеми од 3% на 6%. Тука се и структурните обврзници за општините, со кои се олеснува управувањето со ликвидноста и општинските долгови. За да ги сумирам пошироко сите реформи спроведени во изминатите три години во јавните финансии, ќе треба навистина многу повеќе простор. Но, целта а оваа колумна и не беше сумирање на се што е направено, туку разгледување на тековните ефекти од реформи кои требаат да дадат долгорочен придонес кон економскиот развој и фискалната одржливост. Ниту 2024 година не навестува „мирна пловидба“ Живееме во многу непредвидливи времиња за глобалната економија, која, како што се констатира во Проспектите за 2024 година на Обединетите нации, „под превезот на ранливата отпорност, се соочува со ризици и ранливости“. Во извештајот се предупредува на ризиците од подолготрајните заострени кредитни услови, слабите инвестиции, и геофрагментацијата наспроти глобализацијата, поради што глобалната трговија ја губи улогата на придвижувач на економската активност. Фискалниот простор кај голем дел од земјите е доста стеснет, што ги прави ранливи на евентуални потреси. Економистите ги лоцираат ризиците во продолжувањето на војната во Украина и конфликтот на Блискиот Исток, кризата која потекна од пазарот на недвижности во Кина, германската индустрија, претпазливоста на централните банкари, иновациите во артифицијална интелегенција, нуклеарната енергија и други предизвици вклучително изборите во повеќе земји меѓу кои и изборите во ЕУ и САД. Сето ова ни кажува дека ниту во 2024 на глобален план не може да очекуваме „мирна пловидба“, а дополнително кај нас, во мај имаме и парламентарни и претседателски избори, кои секако ќе имаат свие влијание врз динамиката на економските активности. Постојано ги спомнуваме стапките на економски раст од 5% за нашата економија побрзо да ја постигне конвергенцијата кон европската економија и повеќето граѓани да ги почувствуваат придобивките на тој раст. Тие стапки не се недостижни, напротив сметам дека доколку глобалниот контекст беше поинаков и доколку не се соочивме со кризи без преседан, какви што се гледаат можеби еднаш во едно столетие, многу веројатно ќе беше дека тие стапки ќе беа испорачани. Во оваа колумна ги дадов основите, а во следната ќе се надоврзам на градењето на економија која испорачува забрзан, инклузивен и одржлив развој, кој ни е потребен за обезбедување на попросперитетен живот за граѓаните. Евалуација, добра стратегија, солиден план, инклузивен пристап, детално конструирани мерки и реализација. Тоа е патеката кон економскиот развој.

The post Најтешкото е зад нас appeared first on Република.

]]>
Новогодишна: Општествен консензус за просперитетна иднина https://republika.mk/kolumni/novogodishna-opshtestven-konsenzus-za-prosperitetna-idnina/ Sat, 23 Dec 2023 15:26:37 +0000 https://republika.mk/?p=725971

Фатмир Бесими

Во текот на годината којашто изминува редовно ѝ се обраќав на јавноста, читателите, преку моите колумни. Иако, признавам, пишувам многу екстензивно и детално, како економист стојам зад тоа дека за да се формира  мислење за одредена тема, треба да се имаат сите информации, или како што често велам „да се има целосната слика“. Така, пишувајќи за буџетот, за даночната политика, реформите во јавните финансии, системските реформи во јавниот сектор, стратегиите за заздравување од неколкуте глобални кризи кои ја погодија економијата, како и плановите за забрзување на растот и европската иднина, преку факти и бројки поткрепени со економска теорија, сакав да придонесам кон транспарентноста и отчетноста, како и разбирањето на состојбите, процесите и целите за нашата економија.

 

Додека стоиме на прагот на новата година, најпогоден момент e да размислиме за патот којшто го минавме и за она што ни претстои. Догодина на економски план ни претстои многу работа, затоа да видиме до каде сме сега, што е следно и кои се нашите цели. Крајната цел секако е подобра и попросперитена, европска иднина за нашите граѓани преку економски раст, подобрување на јавните услуги, јакнење на конкурентноста, инвестиции во човечкиот капитал и во стратешки капитални проекти.

 

Дозволете ми преку оваа колумна, преку елаборирање на макроекономските показатели и развојни стратегии, да дадам една севкупна слика за остварувањата годинава и очекувањата за догодина и на среден рок.

 

  1. БДП: ТЕШКА ГОДИНА, ОТПОРНА ЕКОНОМИЈА

 

Во годината која изминува глобалната економија продолжи да заздравува од шоковите поврзани со пандемијата, руската инвазија на Украина и двоцифрената инфлација. Сепак, не може да се каже дека светската економија заплови во мирни води, имајќи ги предвид заострувањето на финансиските услови, а воедно и намалениот простор за фискална поддршка поради повисоките нивоа на јавен долг, понатаму, геополитичката и геоекономската фрагментација, како и ризиците поврзани со климатските промени. Глобалната економија покажа висока отпорност и покрај нарушувањата на пазарите за енергија и храна, и продолжи да бележи позитивни економски резултати, со тоа што растот на глобалната економија забави, но не запре. Според есенските проекции на ММФ растот на глобалната економија се очекува да забави од 3,5% во 2022 година на 3% годинава и 2,9% во 2024 година. Економската активност во ЕУ во 2023 година се очекува да остане слаба и да забележи раст од 0,7%, додека во 2024 година растот е проектиран на 1,5%. СР Германија, земја во која е насочен најголемиот дел од извозот на домашните компании, се очекува да закрепне и да забележи раст од 0,9% во 2024 година, по проектираниот пад од 0,5% во 2023 година.

 

Догодина забрзување на растот на домашната економија

 

Во услови на континуирана криза и неизвесност предизвикана од неповолни надворешни фактори, нашата домашна економија се покажа отпорна и остана на патеката на растот, иако, како и глобалната економија се забележува забавување на економската активност. За следната година се очекува забрзување на економската активност, помогнато од повисокиот раст кај нашите најголеми трговски партнери, а со тоа и раст на странската побарувачка, како и напреднувањето на најголемиот инвестициски циклус во кој е влезена нашата земја преку крупните инфраструктурни проекти. Економскиот раст во 2024 година се очекува да изнесува 3,4%, во услови на зголемување на инвестициите, раст на потрошувачката на солидно ниво и закрепнување на надворешната побарувачка. Најголем придонес кон растот се очекува да имаат бруто-инвестициите, пред сѐ како резултат на интензивирањето на реализацијата на големите инфраструктурни проекти финансирани од државата, односно коридорите 8 и 10, како и државната поддршка за унапредување на приватниот сектор и зајакнување на конкурентноста, иновативноста и технолошкиот развој на претпријатијата преку алтернативни извори и инструменти за финансирање и најавените инвестиции за проширување и изградба на нови капацитети во технолошко-индустриските развојни зони за раст на приватните инвестиции. Исто така, се очекува започнувањето на пристапниот процес кон ЕУ, да ги зајакне реформските процеси во земјата и да обезбеди зголемена поддршка за инвестции со што дополнително ќе се унапреди довербата кај инвеститорите. Поволните услови во земјата како и зголемениот интерес и поддршка за инвестиции во обновливи извори на енергија дополнително ќе ја поддржи инвестициската активност.

 

Просечни годишни стапки од над 5% со Планот за забрзување на растот

 

Очекувањата на среден рок се дека економскиот раст ќе забрзува, со спроведување активностите и мерките од развојните планови, за да ги достигне потребните стапки за побрза конвергенција, од околу 5%. Ова е под претпоставка дека нема да се соочиме со поголеми шокови, каков што беше случајот со изминатите години.

 

Тука, накусо би се осврнал на стратегијата и политиките кои би се спроведувале на среден рок за да се забрза економскиот раст, односно Планот за забрзан економски раст и Планот за јавни инвестиции, поддржани со политики за макроекономска стабилност и фискална одржливост. Планот за забрзан економски раст 2022-2026 година е општа рамка која ги зема предвид сите елементи, што можат да придонесат кон зајакнување на потенцијалот за раст на среднорочна основа и претставува надоврзување на Стратегијата за економско заздравување и забрзан раст („SmartER Growth“). Со Планот се предлагаат иновативни начини за финансирање на инвестициите, јавни и приватни, преку користење на сите расположливи средства понудени од официјалните кредитори и користење на сите можности за мобилизација на приватниот капитал. Покрај буџетските средства, предвидено е и финансирање преку грантови, акции, концесии, нови видови обврзници, јавно-приватни партнерства итн. Во рамки на Планот за забрзан економски раст, Министерството за финансии веќе успешно ги реализира првите емисии на граѓанската и зелената обврзница, а во наредниот период се планира да бидат воведени и проектната и развојната обврзница, средства кои се наменети кон развојни и зелени проекти.

 

Во Планот на јавни инвестиции се утврдени повеќегодишните, стратешки важни капитални проекти, како инфраструктурните проекти во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот систем, земјоделството и заштитата на животната средина. Тие се финансираат преку диверзифицирани извори и тоа од буџетски средства,  донации, пред се ИПА фондови, како и заеми од меѓународни финансиски институции/билатерални кредитори. Тука спаѓаат автопатските делници и пругите на Коридорот 8 и 10, гасификацијата, ХЕЦ „Чебрен“, ветерни паркови и фотонапонски електрани, пречистителна станица за отпадни води во Скопје и станици за цврст отпад и многу други проекти.

 

Кон забрзување на економскиот раст ќе придонесе и понатамошниот напредок во интегративниот процес кон ЕУ, како и Планот за раст на Западен Балкан, на кој ќе се осврнам кон крајот на овој текст.

 

  1. ИНФЛАЦИЈА: ВРАЌАЊЕ НА ИСТОРИСКИОТ ПРОСЕК

 

Глобално, по достигнување на највисоката стапка на инфлација минатата година, од ‘80-тите години од минатиот век наваму, инфлацијата и инфлациските очекувања годинава се стабилизираат. Глобалната инфлација се очекува да се намали од 8,7% во 2022 година на 6,9% во 2023 и 5,8% во 2024 година. Инфлацијата во Еврозоната е проектирана на 5,6% во 2023 година и 3,3% во 2024 година. Враќање на историски ниските стапки на инфлација од 2% се очекува да се постигне на среден рок, односно 2025 година.

 

И кај нас, откако во октомври 2022 година инфлацијата го достигна своето највисоко ниво од 19,8%, натаму таа во континуитет се намалува и согласно последните расположиви податоци годишната инфлација во ноември изнесува 3,1%. Кумулативно во периодот јануари-ноември 2023 година стапката на инфлација изнесува 10,2%, додека нашата проекција е дека за цела година ќе се вратиме на едноцифрена просечна стапка од околу 9%. Следната година се очекува понатамошно намалување на стапката на инфлацијата. Очекувањата за неа во 2024 година се 3,6% во услови на одржување на стабилно ниво на цени на енергенси и храна на меѓународните пазари, како и понатамошно забавување на базичната инфлација, додека на среден рок, односно 2025 година би се вратиле на историски ниските стапки од 2%.

 

Надминат јазот помеѓу домашната и европската стапка на инфлација

 

Мерките кои ги презема Владата, во комбинација со затегнатата монетарна политика на Народната банка, дадоа резултати, ако се земе трендот на движење на инфлацијата минатата и оваа година, каде забележуваме остар пад, како и надминување на јазот кој постоеше во однос на просечната стапка на инфлација во ЕУ поради структурните разлики на економијата. Имено, ако во ноември минатата година во ЕУ годишната стапка на инфлација изнесуваше 10,1%, а кај нас 19,5%, односно разликата е 9,4 п.п., во ноември 2023 година и кај нас и во ЕУ стапката на инфлација е 3,1%. Големото учество на храната во индексот на потрошувачките цени и увозот на енергенти имаа силно влијание врз домашната инфлација.

 

Ќе истакнам дека од почетокот на енергетската криза досега, Владата донесе три пакета на мерки за справување со енергетската и ценовната криза (со овие три, од почетокот на пандемијата наваму, Владата донесе вкупно девет пакети антикризни мерки). Мерките за справување со енергетската и ценовната криза на почетокот беа насочени кон ублажување на ценовниот шок од растот на цените на енергенсите врз населението и компаниите, преку субвенционирање на цената на електричната енергија и повластена стапка на ДДВ за електричната енергија. Подоцна мерките ги насочивме кон ублажување на последиците од високите цени на храната, преку мерки за замрзнување на основните производи, зголемување на минималната плата, пензии, плати во јавниот сектор, како и еднократни финансиски додатоци кон најранливите категории на граѓани. Мерките кои ги преземавме овозможија да се забави ефектот на пренос на увезената инфлација и спречување на повисоки ценовни шокови.

 

Догодина, најавувам дека продолжува реализацијата на антикризните мерки, преку понатамошно спроведување на деветиот пакт, кој е во износ од 662,4 милиони евра. Десетина од мерките предвидени со деветиот пакет ќе се реализираат во 2024 година и со тоа ќе продолжи да се дава поддршка на граѓаните и стопанството во насока на нивна заштита и поттикнување на конкурентноста.

 

  1. ВРАБОТЕНОСТ, ПЛАТИ, ПЕНЗИИ: РАСТ ГОДИНАВА, РАСТ И ДОГОДИНА

 

Во 2023 година продолжи трендот на намалување на невработеноста и пораст на вработеноста. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, стапката на невработеност во третото тримесечје годинава е на историски најниско ниво и изнесува 12,8% во категоријата 15-74 и истата е намалена за 0,5 п.п. во споредба со почетокот на годината, односно со првото тримесечје. Стапката на вработеност во категоријата 15-89 во третото тримесечје изнесува 45,7% и во однос на првото тримесечје е зголемена за 0,6 п.п. притоа, бројот на вкупно вработени лица од првото до третото тримесечје е зголемен за околу 9.500 лица. Позитивните движења на пазарот на труд се очекува да продолжат и во 2024 година, како резултат на зголемените инвестиции и потребата од работна сила, активните мерки и програми за вработување и поддршката на домашните и странските претпријатија за отворање нови работни места. Така, догодина се очекува раст на бројот на вработени од 2%, што ќе резултира со дополнително намалување на стапката на невработеност наредната година.

 

Просечната плата во 2023 година имаше изразен раст, кој согласно последните податоци во октомври покажува годишен раст од околу 17%, односно просечната нето-плата достигна 38.843 денари, што е зголемување за 66% во изминатите шест години. Растот на платите во изминатиот период е резултат на Владините мерки за покачување минималната плата за над 100%. Влијание на ова има и повеќекратното зголемување на платите во јавниот сектор низ годините, вклучително и последното за целиот јавен сектор од 10%.  Исто така, Владата во неколку наврати субвенционираше покачување на платите во приватниот сектор, преку финансиска поддршка и даночни олеснувања. Кај пензиите продолжи трендот на зголемување преку нивно усогласување, со раст од 21%. Растот на просечната нето-плата следната година се очекува да изнесува 8,4% на номинална основа. Исто така, и недостигот на работна сила за некои позиции во приватниот сектор дополнително придонесува за раст на платите.

 

Донесени системски мерки за плати и вработување во јавниот сектор

 

Она што е многу важно да се истакне е дека во изминатиот период се донесоа многу системски решенија во поглед на утврдувањето на минималната плата согласно порастот на трошоците за живот и порастот на просечната плата, како и кај пензиите. Исто така, беше договорено системско решение за исплатата на плати во јавниот сектор согласно методологија која ќе стапи на сила од 2025 година, а вратена е и исплатата на К-15.

 

Во поглед на вработувањата во јавниот сектор донесено е правилото да не се вработуваат нови лица, освен за пополнување на места на пензионирани лица или одлив по друг основ. Процесот на вработување во јавната администрација од догодина, исто така, ќе биде помалку бирократизиран, а со поголема одговорност за одговорните лица од институциите, со што ќе се подобри и ефикасноста и ефективноста. Ова e системска промена во процесот на вработување во јавниот сектор, при што тој ќе се врши врз основа на одобрен годишен план за вработување во буџетскиот корисник или институцијата и врз основа на изгласаниот Буџет во Собранието, надополнето со изјава од страна на раководното лице на институцијата за обезбедени средства за вработување за која сноси одговорност.

 

  1. РЕФОРМИ ВО ЈАВНИТЕ ФИНАНСИИ

 

Во поглед на реформите во јавните финансии, годинава направен е напредок кон спроведување на Законот за буџети. Пред се, ќе истакнам дека е избран составот на Фискалниот совет, независен орган, кој е веќе оперативен и ќе почне  да го надгледува спроведувањето на фискалните правила, како и стратешките документи и извештаи поврзани фискалните и макроекономски политики.

 

Направени се и чекори понатаму кон обезбедување на финансирање и понатамошно спроведување на интегрираните системи во јавните финансии, односно Интегрираниот информациски систем за финансиско управување во Министерството за финансии – ИФМИС, потоа  Информациски систем за управување со државна помош – САМИС, како целосно нов информациски систем за управување со државна помош кој ќе биде лоциран во Кабинетот за заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економските ресори, како и  целосно нов Информациски систем за управување со даночните приходи на Управата за јавни приходи (ИДИС). Преку дигитализацијата на јавните финансии ќе се придонесе за промовирање на транспарентноста, отчетноста и ефикасноста во управувањето со јавните финансии и обезбедување подобри услуги за граѓаните.

 

Би сакал да истакнам дека Законот за буџетите воспоставува современ концепт на среднорочно буџетско планирање, согласно ЕУ директивите и најдобрите меѓународни пракси. Тој поставува рамка на одржлива фискална политика, висока буџетската дисциплина и транспарентост. Со овој закон во наредниот среднорочен период, се очекува фискалната политика да биде насочена кон консолидација на јавните расходи, преку постепено намалување на нивото на дефицитот, согласно воспоставените фискални правила. Во наредниот период, со меѓународна поддршка, Министерството за финансии ќе продолжи да работи на изработка на подзаконски акти за операционализирање на Закнот.

 

  1. НАЦИОНАЛНИ РАЗВОЈНИ СТРАТЕГИИ

 

Националната развојна стратегија за периодот 2024-2044 се темели на следните приоритетни области: 1. Одржлива, иновативна и конкурентна економија, 2. Одржлив локален и регионален развој, кој обезбедува кохезија, 3. Демографска ревитализација и социјален и културен развој, 4. Владеење на правото и добро управување, 5. Сигурно, безбедно и отпорно општество, и 6. Зелена трансформација.

 

Според сценаријата за раст на економијата во наредните дваесет години се проектира просечен годишен реален раст на БДП за 2,6% во базичното сценарио и 4,7% според интегралното сценарио, односно со примена на реформите според стратешките приоритетни области од стратегијата. Со интегралното сценарио како преферирана опција во 2044 година во однос на 2024 година ќе оствариме побрз раст на животниот стандард (БДП по глава на жител ќе биде за 70% повисок), позначајно ќе се намали нивото на сиромаштијата (од 6,1% на 0,4% лица со дневен доход од 2.15 УСД), приходите во буџетот ќе достигнат ниво од 43,5% од БДП, што е значително повисоко во однос на сегашната проекција за 2024 година на ниво од 31,7% од БДП. За да се постигне побрза конвергенција со земјите на ЕУ во однос на новите земји членки (Хрватска и други), нашиот економски раст ќе треба дабиде над 5%. Нешто повеќе што ќе ни го обезбеди епитетот на „економско чудо на Балканот“.

 

За успешна реализација на Националната развојна стратегија неопходни се и секторски стратегии и програми со акциски планови. Значајна улога во ова ќе имаат и имплементацијата на новите стратегии по области и приоритети кои се ревидирани и подготвени во последните две години, и тоа: Стратегијата за развој на човечкиот капитал, Стратегијата за паметна специјализација, Стратегијата за унапредување на извозот, Стратегијата за одржлив развој, Стратегијата за развој на енергетиката, Стратегијата за дигитализација и сајбер безбедност, Стратегијата за локален и регионален развој Стратегијата за управување со јавните финансии, Стратегијата за формализација на неформалната економија, како и стратегии во областа на развојот на земјоделството и безбедноста на храна, стратегии во областа на социјалната заштита, здравството, образованието, културата, туризмот, поддршката на млади и спорт, безбедноста и одбраната.

 

Интензивно работиме на развојни стратегии во соработка со други меѓународни институции и Европска Унија, меѓу кои би ги издвоил: Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан 2024-2027 во износ од 6 милијарди евра за цел регион, од кои околу 900 милиони евра ќе бидат за нашата економија, како и Рамката за партнерство со Светска Банка 2024-2028 проектиран во износ од околу 900 милиони евра за развој на нашата економија.

 

  1. ПРОСПЕРИТЕТНА И ЕВРОПСКА ИДНИНА

 

Посебно би сакал да се осврнам на Планот за раст на Западен Балкан, кој е голема шанса дадена од Европската унија за земјите од регионот за побрза конверегенција и присоединување кон ЕУ. Овој План практично им овозможува на земјите од регионот да користат дел од придобивките на ЕУ уште пред да станат нејзини членки. Преку негова реализација, целта е да се поттикне економскиот раст и да се забрза социоекономската конвергенција на земјите од Западен Балкан кон ЕУ, а со тоа и нивното приклучување кон Унијата. Планот во вредност се состои од четири столба: 1) Зголемување на економската интеграција со единствениот пазар на Европската Унија; 2) Поттикнување на регионалната економска интеграција на Западен Балкан; 3) Забрзување на структурните реформи и поддршка на евроинтеграцискиот процес на Западен Балкан, подобрување на одржливоста на економскиот раст, привлекување странски инвестиции и зајакнување на регионалната стабилност и 4) Зголемување на финансиската поддршка за реформи и раст на земјите во регионот преку Фондот за реформи и раст.

 

Покрај значајната финансиска поддршка која како земја ќе ја добиеме преку овој План, дополнително добиваме можност да ја забрзаме реформската агенда, да се приближиме повеќе до ЕУ и како што често пишувам, „да ја донесеме ЕУ дома, пред да станеме дел од ЕУ“. Реализацијата на планот, кој е трае четири години, треба да започне веќе догодина и треба да бидеме подготвени максимално да ја искористиме оваа подадена рака.

 

  1. ОПШТЕСТВЕН КОНСЕНЗУС И ДОГОВОР

 

Иднината е тоа што им припаѓа на идните генерации, а таа зависи од нашите одлуки во сегашноста. Од тие одлуки зависи и опстанокот на нашето битие. Затоа е клучно да постои меѓугенерациски општествен договор. Всушност, договор што се докажал како најнапредна форма на општествена свест што бил клучен за развојот на човечката цивилизација и неспорно тоа што го разликува човекот од сите други живи суштества во нашата планета. Пренесувањето на „штафетата на достигнатото ниво на знаење“ од една на друга генерација нѐ направи најинтелигентните суштества што би ни завидувале и највредните пчели кои целиот свој трудољубив живот го посветуваат во хармонија со природата за креирање на мед за себе и останатите. Тие се така програмирани биолошки и нивниот животен век е ист за секоја пчела и секоја генерација. Нивниот животен циклус е идентичен за секоја генерација. Затоа што тие, за жал, ја немаат интелигенцијата и колективната свест којашто ја поседува човекот.

 

За да бидеме „економското чудо на Балканот“ потребен е еден општествен консензус за стратешките приоритети, еден општествен отворен дијалог за сите клучни прашања. Потребно е лидерство коешто ќе ја одрази колективната свест за подобра иднина и меѓугенерацискиот договор дека оваа генерација ќе обезбеди подобра иднина за идната генерација тука, а таа ќе продолжи и ќе остане тука за да го пренесе овој аманет на наредната генерација, таа на следната и така натаму. Убеден сум дека ова е возможно. Со лидерство и јасна визија за иднината, да преминеме преку разликите и краткорочните убедувања кон постигнување на договор за стратешките приоритети. Консензус и договор за клучните развојни приоритети, поконкурентна економија, напредни технологии и одржлив развој, повисок стандард и квалитет на живеење, чиста животна средина, безбедна и просперитетна земја!

 

На крајот, би сакал да истакнам дека по карактер сум реалист и иако сумарно во оваа колумна провејуваат позитивни очекувања за економијата, мора да нагласам дека ризиците се сѐ уште присутни. Затоа мора да бидеме будни и внимателни, да ги користиме можностите и да преземаме соодветни мерки и политики за надминување на опасностите. Градењето на попросперитетна иднина за сите нас се заснова на добра стратегија, план за реализација и доследност и посветеност кон тој план, како и општествен консензус за стратешките приоритети. Тогаш, резултатите нема да изостанат!

 

Ви посакувам на сите среќна и успешна Нова 2024 година!

The post Новогодишна: Општествен консензус за просперитетна иднина appeared first on Република.

]]>

Фатмир Бесими

Во текот на годината којашто изминува редовно ѝ се обраќав на јавноста, читателите, преку моите колумни. Иако, признавам, пишувам многу екстензивно и детално, како економист стојам зад тоа дека за да се формира  мислење за одредена тема, треба да се имаат сите информации, или како што често велам „да се има целосната слика“. Така, пишувајќи за буџетот, за даночната политика, реформите во јавните финансии, системските реформи во јавниот сектор, стратегиите за заздравување од неколкуте глобални кризи кои ја погодија економијата, како и плановите за забрзување на растот и европската иднина, преку факти и бројки поткрепени со економска теорија, сакав да придонесам кон транспарентноста и отчетноста, како и разбирањето на состојбите, процесите и целите за нашата економија.   Додека стоиме на прагот на новата година, најпогоден момент e да размислиме за патот којшто го минавме и за она што ни претстои. Догодина на економски план ни претстои многу работа, затоа да видиме до каде сме сега, што е следно и кои се нашите цели. Крајната цел секако е подобра и попросперитена, европска иднина за нашите граѓани преку економски раст, подобрување на јавните услуги, јакнење на конкурентноста, инвестиции во човечкиот капитал и во стратешки капитални проекти.   Дозволете ми преку оваа колумна, преку елаборирање на макроекономските показатели и развојни стратегии, да дадам една севкупна слика за остварувањата годинава и очекувањата за догодина и на среден рок.  
  1. БДП: ТЕШКА ГОДИНА, ОТПОРНА ЕКОНОМИЈА
  Во годината која изминува глобалната економија продолжи да заздравува од шоковите поврзани со пандемијата, руската инвазија на Украина и двоцифрената инфлација. Сепак, не може да се каже дека светската економија заплови во мирни води, имајќи ги предвид заострувањето на финансиските услови, а воедно и намалениот простор за фискална поддршка поради повисоките нивоа на јавен долг, понатаму, геополитичката и геоекономската фрагментација, како и ризиците поврзани со климатските промени. Глобалната економија покажа висока отпорност и покрај нарушувањата на пазарите за енергија и храна, и продолжи да бележи позитивни економски резултати, со тоа што растот на глобалната економија забави, но не запре. Според есенските проекции на ММФ растот на глобалната економија се очекува да забави од 3,5% во 2022 година на 3% годинава и 2,9% во 2024 година. Економската активност во ЕУ во 2023 година се очекува да остане слаба и да забележи раст од 0,7%, додека во 2024 година растот е проектиран на 1,5%. СР Германија, земја во која е насочен најголемиот дел од извозот на домашните компании, се очекува да закрепне и да забележи раст од 0,9% во 2024 година, по проектираниот пад од 0,5% во 2023 година.   Догодина забрзување на растот на домашната економија   Во услови на континуирана криза и неизвесност предизвикана од неповолни надворешни фактори, нашата домашна економија се покажа отпорна и остана на патеката на растот, иако, како и глобалната економија се забележува забавување на економската активност. За следната година се очекува забрзување на економската активност, помогнато од повисокиот раст кај нашите најголеми трговски партнери, а со тоа и раст на странската побарувачка, како и напреднувањето на најголемиот инвестициски циклус во кој е влезена нашата земја преку крупните инфраструктурни проекти. Економскиот раст во 2024 година се очекува да изнесува 3,4%, во услови на зголемување на инвестициите, раст на потрошувачката на солидно ниво и закрепнување на надворешната побарувачка. Најголем придонес кон растот се очекува да имаат бруто-инвестициите, пред сѐ како резултат на интензивирањето на реализацијата на големите инфраструктурни проекти финансирани од државата, односно коридорите 8 и 10, како и државната поддршка за унапредување на приватниот сектор и зајакнување на конкурентноста, иновативноста и технолошкиот развој на претпријатијата преку алтернативни извори и инструменти за финансирање и најавените инвестиции за проширување и изградба на нови капацитети во технолошко-индустриските развојни зони за раст на приватните инвестиции. Исто така, се очекува започнувањето на пристапниот процес кон ЕУ, да ги зајакне реформските процеси во земјата и да обезбеди зголемена поддршка за инвестции со што дополнително ќе се унапреди довербата кај инвеститорите. Поволните услови во земјата како и зголемениот интерес и поддршка за инвестиции во обновливи извори на енергија дополнително ќе ја поддржи инвестициската активност.   Просечни годишни стапки од над 5% со Планот за забрзување на растот   Очекувањата на среден рок се дека економскиот раст ќе забрзува, со спроведување активностите и мерките од развојните планови, за да ги достигне потребните стапки за побрза конвергенција, од околу 5%. Ова е под претпоставка дека нема да се соочиме со поголеми шокови, каков што беше случајот со изминатите години.   Тука, накусо би се осврнал на стратегијата и политиките кои би се спроведувале на среден рок за да се забрза економскиот раст, односно Планот за забрзан економски раст и Планот за јавни инвестиции, поддржани со политики за макроекономска стабилност и фискална одржливост. Планот за забрзан економски раст 2022-2026 година е општа рамка која ги зема предвид сите елементи, што можат да придонесат кон зајакнување на потенцијалот за раст на среднорочна основа и претставува надоврзување на Стратегијата за економско заздравување и забрзан раст („SmartER Growth“). Со Планот се предлагаат иновативни начини за финансирање на инвестициите, јавни и приватни, преку користење на сите расположливи средства понудени од официјалните кредитори и користење на сите можности за мобилизација на приватниот капитал. Покрај буџетските средства, предвидено е и финансирање преку грантови, акции, концесии, нови видови обврзници, јавно-приватни партнерства итн. Во рамки на Планот за забрзан економски раст, Министерството за финансии веќе успешно ги реализира првите емисии на граѓанската и зелената обврзница, а во наредниот период се планира да бидат воведени и проектната и развојната обврзница, средства кои се наменети кон развојни и зелени проекти.   Во Планот на јавни инвестиции се утврдени повеќегодишните, стратешки важни капитални проекти, како инфраструктурните проекти во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот систем, земјоделството и заштитата на животната средина. Тие се финансираат преку диверзифицирани извори и тоа од буџетски средства,  донации, пред се ИПА фондови, како и заеми од меѓународни финансиски институции/билатерални кредитори. Тука спаѓаат автопатските делници и пругите на Коридорот 8 и 10, гасификацијата, ХЕЦ „Чебрен“, ветерни паркови и фотонапонски електрани, пречистителна станица за отпадни води во Скопје и станици за цврст отпад и многу други проекти.   Кон забрзување на економскиот раст ќе придонесе и понатамошниот напредок во интегративниот процес кон ЕУ, како и Планот за раст на Западен Балкан, на кој ќе се осврнам кон крајот на овој текст.  
  1. ИНФЛАЦИЈА: ВРАЌАЊЕ НА ИСТОРИСКИОТ ПРОСЕК
  Глобално, по достигнување на највисоката стапка на инфлација минатата година, од ‘80-тите години од минатиот век наваму, инфлацијата и инфлациските очекувања годинава се стабилизираат. Глобалната инфлација се очекува да се намали од 8,7% во 2022 година на 6,9% во 2023 и 5,8% во 2024 година. Инфлацијата во Еврозоната е проектирана на 5,6% во 2023 година и 3,3% во 2024 година. Враќање на историски ниските стапки на инфлација од 2% се очекува да се постигне на среден рок, односно 2025 година.   И кај нас, откако во октомври 2022 година инфлацијата го достигна своето највисоко ниво од 19,8%, натаму таа во континуитет се намалува и согласно последните расположиви податоци годишната инфлација во ноември изнесува 3,1%. Кумулативно во периодот јануари-ноември 2023 година стапката на инфлација изнесува 10,2%, додека нашата проекција е дека за цела година ќе се вратиме на едноцифрена просечна стапка од околу 9%. Следната година се очекува понатамошно намалување на стапката на инфлацијата. Очекувањата за неа во 2024 година се 3,6% во услови на одржување на стабилно ниво на цени на енергенси и храна на меѓународните пазари, како и понатамошно забавување на базичната инфлација, додека на среден рок, односно 2025 година би се вратиле на историски ниските стапки од 2%.   Надминат јазот помеѓу домашната и европската стапка на инфлација   Мерките кои ги презема Владата, во комбинација со затегнатата монетарна политика на Народната банка, дадоа резултати, ако се земе трендот на движење на инфлацијата минатата и оваа година, каде забележуваме остар пад, како и надминување на јазот кој постоеше во однос на просечната стапка на инфлација во ЕУ поради структурните разлики на економијата. Имено, ако во ноември минатата година во ЕУ годишната стапка на инфлација изнесуваше 10,1%, а кај нас 19,5%, односно разликата е 9,4 п.п., во ноември 2023 година и кај нас и во ЕУ стапката на инфлација е 3,1%. Големото учество на храната во индексот на потрошувачките цени и увозот на енергенти имаа силно влијание врз домашната инфлација.   Ќе истакнам дека од почетокот на енергетската криза досега, Владата донесе три пакета на мерки за справување со енергетската и ценовната криза (со овие три, од почетокот на пандемијата наваму, Владата донесе вкупно девет пакети антикризни мерки). Мерките за справување со енергетската и ценовната криза на почетокот беа насочени кон ублажување на ценовниот шок од растот на цените на енергенсите врз населението и компаниите, преку субвенционирање на цената на електричната енергија и повластена стапка на ДДВ за електричната енергија. Подоцна мерките ги насочивме кон ублажување на последиците од високите цени на храната, преку мерки за замрзнување на основните производи, зголемување на минималната плата, пензии, плати во јавниот сектор, како и еднократни финансиски додатоци кон најранливите категории на граѓани. Мерките кои ги преземавме овозможија да се забави ефектот на пренос на увезената инфлација и спречување на повисоки ценовни шокови.   Догодина, најавувам дека продолжува реализацијата на антикризните мерки, преку понатамошно спроведување на деветиот пакт, кој е во износ од 662,4 милиони евра. Десетина од мерките предвидени со деветиот пакет ќе се реализираат во 2024 година и со тоа ќе продолжи да се дава поддршка на граѓаните и стопанството во насока на нивна заштита и поттикнување на конкурентноста.  
  1. ВРАБОТЕНОСТ, ПЛАТИ, ПЕНЗИИ: РАСТ ГОДИНАВА, РАСТ И ДОГОДИНА
  Во 2023 година продолжи трендот на намалување на невработеноста и пораст на вработеноста. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, стапката на невработеност во третото тримесечје годинава е на историски најниско ниво и изнесува 12,8% во категоријата 15-74 и истата е намалена за 0,5 п.п. во споредба со почетокот на годината, односно со првото тримесечје. Стапката на вработеност во категоријата 15-89 во третото тримесечје изнесува 45,7% и во однос на првото тримесечје е зголемена за 0,6 п.п. притоа, бројот на вкупно вработени лица од првото до третото тримесечје е зголемен за околу 9.500 лица. Позитивните движења на пазарот на труд се очекува да продолжат и во 2024 година, како резултат на зголемените инвестиции и потребата од работна сила, активните мерки и програми за вработување и поддршката на домашните и странските претпријатија за отворање нови работни места. Така, догодина се очекува раст на бројот на вработени од 2%, што ќе резултира со дополнително намалување на стапката на невработеност наредната година.   Просечната плата во 2023 година имаше изразен раст, кој согласно последните податоци во октомври покажува годишен раст од околу 17%, односно просечната нето-плата достигна 38.843 денари, што е зголемување за 66% во изминатите шест години. Растот на платите во изминатиот период е резултат на Владините мерки за покачување минималната плата за над 100%. Влијание на ова има и повеќекратното зголемување на платите во јавниот сектор низ годините, вклучително и последното за целиот јавен сектор од 10%.  Исто така, Владата во неколку наврати субвенционираше покачување на платите во приватниот сектор, преку финансиска поддршка и даночни олеснувања. Кај пензиите продолжи трендот на зголемување преку нивно усогласување, со раст од 21%. Растот на просечната нето-плата следната година се очекува да изнесува 8,4% на номинална основа. Исто така, и недостигот на работна сила за некои позиции во приватниот сектор дополнително придонесува за раст на платите.   Донесени системски мерки за плати и вработување во јавниот сектор   Она што е многу важно да се истакне е дека во изминатиот период се донесоа многу системски решенија во поглед на утврдувањето на минималната плата согласно порастот на трошоците за живот и порастот на просечната плата, како и кај пензиите. Исто така, беше договорено системско решение за исплатата на плати во јавниот сектор согласно методологија која ќе стапи на сила од 2025 година, а вратена е и исплатата на К-15.   Во поглед на вработувањата во јавниот сектор донесено е правилото да не се вработуваат нови лица, освен за пополнување на места на пензионирани лица или одлив по друг основ. Процесот на вработување во јавната администрација од догодина, исто така, ќе биде помалку бирократизиран, а со поголема одговорност за одговорните лица од институциите, со што ќе се подобри и ефикасноста и ефективноста. Ова e системска промена во процесот на вработување во јавниот сектор, при што тој ќе се врши врз основа на одобрен годишен план за вработување во буџетскиот корисник или институцијата и врз основа на изгласаниот Буџет во Собранието, надополнето со изјава од страна на раководното лице на институцијата за обезбедени средства за вработување за која сноси одговорност.  
  1. РЕФОРМИ ВО ЈАВНИТЕ ФИНАНСИИ
  Во поглед на реформите во јавните финансии, годинава направен е напредок кон спроведување на Законот за буџети. Пред се, ќе истакнам дека е избран составот на Фискалниот совет, независен орган, кој е веќе оперативен и ќе почне  да го надгледува спроведувањето на фискалните правила, како и стратешките документи и извештаи поврзани фискалните и макроекономски политики.   Направени се и чекори понатаму кон обезбедување на финансирање и понатамошно спроведување на интегрираните системи во јавните финансии, односно Интегрираниот информациски систем за финансиско управување во Министерството за финансии – ИФМИС, потоа  Информациски систем за управување со државна помош – САМИС, како целосно нов информациски систем за управување со државна помош кој ќе биде лоциран во Кабинетот за заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економските ресори, како и  целосно нов Информациски систем за управување со даночните приходи на Управата за јавни приходи (ИДИС). Преку дигитализацијата на јавните финансии ќе се придонесе за промовирање на транспарентноста, отчетноста и ефикасноста во управувањето со јавните финансии и обезбедување подобри услуги за граѓаните.   Би сакал да истакнам дека Законот за буџетите воспоставува современ концепт на среднорочно буџетско планирање, согласно ЕУ директивите и најдобрите меѓународни пракси. Тој поставува рамка на одржлива фискална политика, висока буџетската дисциплина и транспарентост. Со овој закон во наредниот среднорочен период, се очекува фискалната политика да биде насочена кон консолидација на јавните расходи, преку постепено намалување на нивото на дефицитот, согласно воспоставените фискални правила. Во наредниот период, со меѓународна поддршка, Министерството за финансии ќе продолжи да работи на изработка на подзаконски акти за операционализирање на Закнот.  
  1. НАЦИОНАЛНИ РАЗВОЈНИ СТРАТЕГИИ
  Националната развојна стратегија за периодот 2024-2044 се темели на следните приоритетни области: 1. Одржлива, иновативна и конкурентна економија, 2. Одржлив локален и регионален развој, кој обезбедува кохезија, 3. Демографска ревитализација и социјален и културен развој, 4. Владеење на правото и добро управување, 5. Сигурно, безбедно и отпорно општество, и 6. Зелена трансформација.   Според сценаријата за раст на економијата во наредните дваесет години се проектира просечен годишен реален раст на БДП за 2,6% во базичното сценарио и 4,7% според интегралното сценарио, односно со примена на реформите според стратешките приоритетни области од стратегијата. Со интегралното сценарио како преферирана опција во 2044 година во однос на 2024 година ќе оствариме побрз раст на животниот стандард (БДП по глава на жител ќе биде за 70% повисок), позначајно ќе се намали нивото на сиромаштијата (од 6,1% на 0,4% лица со дневен доход од 2.15 УСД), приходите во буџетот ќе достигнат ниво од 43,5% од БДП, што е значително повисоко во однос на сегашната проекција за 2024 година на ниво од 31,7% од БДП. За да се постигне побрза конвергенција со земјите на ЕУ во однос на новите земји членки (Хрватска и други), нашиот економски раст ќе треба дабиде над 5%. Нешто повеќе што ќе ни го обезбеди епитетот на „економско чудо на Балканот“.   За успешна реализација на Националната развојна стратегија неопходни се и секторски стратегии и програми со акциски планови. Значајна улога во ова ќе имаат и имплементацијата на новите стратегии по области и приоритети кои се ревидирани и подготвени во последните две години, и тоа: Стратегијата за развој на човечкиот капитал, Стратегијата за паметна специјализација, Стратегијата за унапредување на извозот, Стратегијата за одржлив развој, Стратегијата за развој на енергетиката, Стратегијата за дигитализација и сајбер безбедност, Стратегијата за локален и регионален развој Стратегијата за управување со јавните финансии, Стратегијата за формализација на неформалната економија, како и стратегии во областа на развојот на земјоделството и безбедноста на храна, стратегии во областа на социјалната заштита, здравството, образованието, културата, туризмот, поддршката на млади и спорт, безбедноста и одбраната.   Интензивно работиме на развојни стратегии во соработка со други меѓународни институции и Европска Унија, меѓу кои би ги издвоил: Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан 2024-2027 во износ од 6 милијарди евра за цел регион, од кои околу 900 милиони евра ќе бидат за нашата економија, како и Рамката за партнерство со Светска Банка 2024-2028 проектиран во износ од околу 900 милиони евра за развој на нашата економија.  
  1. ПРОСПЕРИТЕТНА И ЕВРОПСКА ИДНИНА
  Посебно би сакал да се осврнам на Планот за раст на Западен Балкан, кој е голема шанса дадена од Европската унија за земјите од регионот за побрза конверегенција и присоединување кон ЕУ. Овој План практично им овозможува на земјите од регионот да користат дел од придобивките на ЕУ уште пред да станат нејзини членки. Преку негова реализација, целта е да се поттикне економскиот раст и да се забрза социоекономската конвергенција на земјите од Западен Балкан кон ЕУ, а со тоа и нивното приклучување кон Унијата. Планот во вредност се состои од четири столба: 1) Зголемување на економската интеграција со единствениот пазар на Европската Унија; 2) Поттикнување на регионалната економска интеграција на Западен Балкан; 3) Забрзување на структурните реформи и поддршка на евроинтеграцискиот процес на Западен Балкан, подобрување на одржливоста на економскиот раст, привлекување странски инвестиции и зајакнување на регионалната стабилност и 4) Зголемување на финансиската поддршка за реформи и раст на земјите во регионот преку Фондот за реформи и раст.   Покрај значајната финансиска поддршка која како земја ќе ја добиеме преку овој План, дополнително добиваме можност да ја забрзаме реформската агенда, да се приближиме повеќе до ЕУ и како што често пишувам, „да ја донесеме ЕУ дома, пред да станеме дел од ЕУ“. Реализацијата на планот, кој е трае четири години, треба да започне веќе догодина и треба да бидеме подготвени максимално да ја искористиме оваа подадена рака.  
  1. ОПШТЕСТВЕН КОНСЕНЗУС И ДОГОВОР
  Иднината е тоа што им припаѓа на идните генерации, а таа зависи од нашите одлуки во сегашноста. Од тие одлуки зависи и опстанокот на нашето битие. Затоа е клучно да постои меѓугенерациски општествен договор. Всушност, договор што се докажал како најнапредна форма на општествена свест што бил клучен за развојот на човечката цивилизација и неспорно тоа што го разликува човекот од сите други живи суштества во нашата планета. Пренесувањето на „штафетата на достигнатото ниво на знаење“ од една на друга генерација нѐ направи најинтелигентните суштества што би ни завидувале и највредните пчели кои целиот свој трудољубив живот го посветуваат во хармонија со природата за креирање на мед за себе и останатите. Тие се така програмирани биолошки и нивниот животен век е ист за секоја пчела и секоја генерација. Нивниот животен циклус е идентичен за секоја генерација. Затоа што тие, за жал, ја немаат интелигенцијата и колективната свест којашто ја поседува човекот.   За да бидеме „економското чудо на Балканот“ потребен е еден општествен консензус за стратешките приоритети, еден општествен отворен дијалог за сите клучни прашања. Потребно е лидерство коешто ќе ја одрази колективната свест за подобра иднина и меѓугенерацискиот договор дека оваа генерација ќе обезбеди подобра иднина за идната генерација тука, а таа ќе продолжи и ќе остане тука за да го пренесе овој аманет на наредната генерација, таа на следната и така натаму. Убеден сум дека ова е возможно. Со лидерство и јасна визија за иднината, да преминеме преку разликите и краткорочните убедувања кон постигнување на договор за стратешките приоритети. Консензус и договор за клучните развојни приоритети, поконкурентна економија, напредни технологии и одржлив развој, повисок стандард и квалитет на живеење, чиста животна средина, безбедна и просперитетна земја!   На крајот, би сакал да истакнам дека по карактер сум реалист и иако сумарно во оваа колумна провејуваат позитивни очекувања за економијата, мора да нагласам дека ризиците се сѐ уште присутни. Затоа мора да бидеме будни и внимателни, да ги користиме можностите и да преземаме соодветни мерки и политики за надминување на опасностите. Градењето на попросперитетна иднина за сите нас се заснова на добра стратегија, план за реализација и доследност и посветеност кон тој план, како и општествен консензус за стратешките приоритети. Тогаш, резултатите нема да изостанат!   Ви посакувам на сите среќна и успешна Нова 2024 година!

The post Новогодишна: Општествен консензус за просперитетна иднина appeared first on Република.

]]>
Бесими: Даночните работници имаат клучна улога во борбата со неформалната економија https://republika.mk/vesti/ekonomija/besimi-danochnite-rabotnitsi-imaat-kluchna-uloga-vo-borbata-so-neformalnata-ekonomija/ Sat, 02 Dec 2023 09:07:02 +0000 https://republika.mk/?p=718573

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, на свеченост по повод одбележување на Денот на даночните работници, организиран од Управата за јавни приходи, изјави дека јавните приходи се темелот на системот на јавни финансии, од чиј интензитет и динамика на наплата зависи испорачувањето на јавните услуги кон граѓаните и компаниите, а клучна улога во тоа имаат даночните работници.

Со прибирање на јавните приходи се обезбедуваат средства за финансирање на образованието, здравството, инфраструктурата, социјалната заштита, како и за сите останати јавни услуги во државата. Вие, како даночни работници, ја имате една од најзначајните улоги во спроведување на словото на даночните закони и борба против неформалната економија. Почитување на законските обврски значат еднакви услови за работа за сите и еднаквост пред законот, а со тоа и намалување на неформалната економија. Презедовме значајни мерки, донесовме акциски план и заедно ќе продолжиме во справување со оваа појава, во градењето подобар даночен систем за да обезбедиме повисок квалитет на јавните услуги и забрзан раст и развој на домашната економија“, истакна Бесими.

Бесими напомена дека во изминатиот период се работело на  конципирање на даночни политики кои се во насока на исполнување на целите и приоритетите на Стратегијата за реформа на даночниот систем 2021-2025, а тоа се: обезбедување  праведен, ефикасен, транспарентен и современ даночен систем којшто ќе се темели на современи дигитални технологиии и иновации во оданочувањето, во функција на постигнување забрзан, инклузивен и одржлив економски раст, а паралелно се преземаат чекори за дигитализација на даночните процедури и за интензивирање на интероперабилноста меѓу надлежните институции.

Исто така, Бесими потенцира дека во услови на криза се врши редовен и непречен поврат на ДДВ кон стопанството, а за граѓаните продолжува примената на мерката МојДДВ.

Ќе продолжиме и потнатаму со блиска соработка со Управата за јавни приходи и заеднички ќе работиме на реализација на низа приоритети во даночната сфера, меѓу кои и континуриано унапредување на даночното законодавство, зголемување на ефикасноста и ефективноста во прибирањето на даночните приходи, борба против неформалната економија, зголемување на транспарентоста на даночниот систем и зајакнување на соработката со министерствата за финансии и даночните администрации од регионот и пошироко“, посочи Бесими.

The post Бесими: Даночните работници имаат клучна улога во борбата со неформалната економија appeared first on Република.

]]>

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, на свеченост по повод одбележување на Денот на даночните работници, организиран од Управата за јавни приходи, изјави дека јавните приходи се темелот на системот на јавни финансии, од чиј интензитет и динамика на наплата зависи испорачувањето на јавните услуги кон граѓаните и компаниите, а клучна улога во тоа имаат даночните работници.
Со прибирање на јавните приходи се обезбедуваат средства за финансирање на образованието, здравството, инфраструктурата, социјалната заштита, како и за сите останати јавни услуги во државата. Вие, како даночни работници, ја имате една од најзначајните улоги во спроведување на словото на даночните закони и борба против неформалната економија. Почитување на законските обврски значат еднакви услови за работа за сите и еднаквост пред законот, а со тоа и намалување на неформалната економија. Презедовме значајни мерки, донесовме акциски план и заедно ќе продолжиме во справување со оваа појава, во градењето подобар даночен систем за да обезбедиме повисок квалитет на јавните услуги и забрзан раст и развој на домашната економија“, истакна Бесими.
Бесими напомена дека во изминатиот период се работело на  конципирање на даночни политики кои се во насока на исполнување на целите и приоритетите на Стратегијата за реформа на даночниот систем 2021-2025, а тоа се: обезбедување  праведен, ефикасен, транспарентен и современ даночен систем којшто ќе се темели на современи дигитални технологиии и иновации во оданочувањето, во функција на постигнување забрзан, инклузивен и одржлив економски раст, а паралелно се преземаат чекори за дигитализација на даночните процедури и за интензивирање на интероперабилноста меѓу надлежните институции. Исто така, Бесими потенцира дека во услови на криза се врши редовен и непречен поврат на ДДВ кон стопанството, а за граѓаните продолжува примената на мерката МојДДВ.
Ќе продолжиме и потнатаму со блиска соработка со Управата за јавни приходи и заеднички ќе работиме на реализација на низа приоритети во даночната сфера, меѓу кои и континуриано унапредување на даночното законодавство, зголемување на ефикасноста и ефективноста во прибирањето на даночните приходи, борба против неформалната економија, зголемување на транспарентоста на даночниот систем и зајакнување на соработката со министерствата за финансии и даночните администрации од регионот и пошироко“, посочи Бесими.

The post Бесими: Даночните работници имаат клучна улога во борбата со неформалната економија appeared first on Република.

]]>
Бесими: Не размислувам за премиер на техничката Влада, во ДУИ има доста кадровски решенија кои може да го направат тоа https://republika.mk/vesti/makedonija/besimi-ne-razmisluvam-za-premier-na-tehnichkata-vlada-vo-dui-ima-dosta-kadrovski-reshenija-koi-mozhe-da-go-napravat-toa/ Tue, 28 Nov 2023 20:59:30 +0000 https://republika.mk/?p=717330

Министерот за финансии и член на високото раководство на Демократската унија за интеграција, Фатмир Бесими истакна дека не размислувал за премиер на техничката Влада. Тој потенцира дека во ДУИ има доста кадровски решенија кои може да го направат тоа.

-Јас лично во овој период кога сум министер за финансии во време на криза, сум бил свесен за многу предизвици и многу ми е преоптoварена агендата. Не размислувам на таа тема, зошто има кој да размислува. Претседателот на ДУИ Ахмети кога ќе го има предлогот, јавноста ќе знае. Во однос на кадровските решенија, има доста кадри кои може да го направат тоа. Ниту сум размислувал, ниту сметам дека во оваа фаза треба да ја извршувам таа задача. Во ДУИ има доста солидни кадри кои може да ја вршат таа функција, рече Бесими во емисијата „24 Отворено“.

Бесими нагласи дека во моментов негова главна преокупација и главен фокус во овој период кога економски не сме заздравени, е справувањето со предизвиците – предлог-буџетот за 2024 година.

Според Бесими, „темата за премиер Албанец не е само предизборно ветување на ДУИ, туку суштинска инвестиција за градење на државата“.

-Да се создаде клима на еднакви можности и да се расчисти со сите предрасуди, табуа и стереотипи од минатото. Ние во НАТО имаме позиции каде во различни мисии учествуваме со сите други држави. Не е само лицитација на имиња. Но, битна е темата, секој граѓанин треба да знае дека кој и да биде премиер, дури и Албанец, тоа ќе биде за сите граѓани, рече Бесими.

The post Бесими: Не размислувам за премиер на техничката Влада, во ДУИ има доста кадровски решенија кои може да го направат тоа appeared first on Република.

]]>

Министерот за финансии и член на високото раководство на Демократската унија за интеграција, Фатмир Бесими истакна дека не размислувал за премиер на техничката Влада. Тој потенцира дека во ДУИ има доста кадровски решенија кои може да го направат тоа.
-Јас лично во овој период кога сум министер за финансии во време на криза, сум бил свесен за многу предизвици и многу ми е преоптoварена агендата. Не размислувам на таа тема, зошто има кој да размислува. Претседателот на ДУИ Ахмети кога ќе го има предлогот, јавноста ќе знае. Во однос на кадровските решенија, има доста кадри кои може да го направат тоа. Ниту сум размислувал, ниту сметам дека во оваа фаза треба да ја извршувам таа задача. Во ДУИ има доста солидни кадри кои може да ја вршат таа функција, рече Бесими во емисијата „24 Отворено“.
Бесими нагласи дека во моментов негова главна преокупација и главен фокус во овој период кога економски не сме заздравени, е справувањето со предизвиците – предлог-буџетот за 2024 година. Според Бесими, „темата за премиер Албанец не е само предизборно ветување на ДУИ, туку суштинска инвестиција за градење на државата“.
-Да се создаде клима на еднакви можности и да се расчисти со сите предрасуди, табуа и стереотипи од минатото. Ние во НАТО имаме позиции каде во различни мисии учествуваме со сите други држави. Не е само лицитација на имиња. Но, битна е темата, секој граѓанин треба да знае дека кој и да биде премиер, дури и Албанец, тоа ќе биде за сите граѓани, рече Бесими.

The post Бесими: Не размислувам за премиер на техничката Влада, во ДУИ има доста кадровски решенија кои може да го направат тоа appeared first on Република.

]]>
Колумна на Бесими за Буџетот за 2024 година: Високи капитални расходи, натамошно намалување на дефицитот https://republika.mk/kolumni/kolumna-na-besimi-za-budhetot-za-2024-godina-visoki-kapitalni-rashodi-natamoshno-namaluvane-na-defitsitot/ Sat, 25 Nov 2023 10:59:33 +0000 https://republika.mk/?p=716118

Државниот буџет е најсеопфатниот програмски документ, предложен од Владата, а дискутиран и усвоен од народните избраници. Тој е приказ на сите политики, мерки и активности кои се спроведуваат од страна на државата во еден фискален период. Како таков, буџетот заслужува големо внимание во јавноста, особено во време исполнето со предизвици и глобални економски кризи. Во „новата реалност“, претставена низ поликризното глобално окружување, добрата стратегија и соодветниот план, ќе не направат поотпорни, а нашата економија поефективна.

Препознавајќи ги предизвиците на глобалното окружување и развојните потреби на домашната економија, минатата година го зајакнавме стратегиското планирање преку воведување на среднорочното буџетирање и буџетирање според успешност во реализација, мерено преку индикатори (Key performance indicators). Тоа е дел од големата реформа во јавните финансии, од која дел е и Законот за буџети, кој ги вклучува најдобрите практики на меѓународните финансиски институции и директивите на Европската Унија. Реформата во процесот на планирање и спроведување на буџетот е препознаена како суштински напредок во управувањето со јавните финансии од страна на меѓународните институции, вклучително и од Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.

Покрај унапредување на процесот на буџетирање, насочени сме и кон подобрување на структурата на буџетот преку зголемување на развојната компонента (капиталните расходи) согласно Планот за забрзан економски раст и Планот за јавни инвестиции, додека паралелно остануваме на правецот на фискална консолидација или постепено намалување на јазот помеѓу приходната и расходната страна на буџетот, согласно Планот за фискална одржливост. Нашата цел е секој иден буџет да има изразена развојна компонента, а воедно да биде и фискално одржлив, односно буџети скроени според златното правило во јавните финансии (инвестиции повисоки од дефицитот).

Врз основа на заложбата за поттикнување на економскиот развој и зачувување на стабилноста го конципиравме и Предлог-буџетот за 2024 година. Пред една недела предлог-буџетот го претставивме во јавноста, откако истиот беше усвоен од Владата. Буџетот за 2024 година проектира повисок раст во однос на годинава (3,4% во однос на 2,3%), пониска инфлација (3,6% наспроти 9,2%) и буџетски дефицит (3,4% наспроти 4,8%), повисоки приходи (без притоа да се зголемуваат јавните давачки), повисоки капитални инвестиции во однос на дефицитот, повисоки плати (за 160 милиони евра), пензии (за 170 милиони евра) и социјални надоместоци (за 60 милиони евра), повеќе средства за активни мерки за вработување, како и средства за здравствена заштита, повеќе средства за студентите за стипендии и студентски оброк, реформи во субвенциите во земјоделството и повеќе средства за општините. Приота, се проектирани околу 60 милиони евра за антикризни мерки. Накусо, овој буџет е конципиран да обезбеди поддршка за забрзување на растот преку изразена инвестициска компонента, поддршка на стандардот на граѓаните, унапредување на јавните услуги и обезбедување на фискална одржливост, а со тоа и на макроекономската стабилност.

Поликризно глобално окружување

Во изминатите три години скоро сите економии во светот се соочија со шоковите поврзани со пандемијата, Руската инвазија во Украина и двоцифрената инфлација, како и стеснетиот фискален простор, заострените финансиски услови, зголемената геополитичка и геоекономска фрагментација, како и климатските промени. Сепак, имајќи ги предвид сите овие околности, глобалната економија покажа висока отпорност - растот забави, но не запре. Според есенските проекции на ММФ растот на глобалната економија се очекува да забави од 3,5% во 2022 година на 3% годинава и 2,9% во 2024 година, со посилни негативни ефекти кај развиените во однос на економиите во развој. Економската активност во ЕУ во 2023 година се очекува да остане слаба и да забележи раст од 0,7%, додека во 2024 година растот е проектиран на 1,5%, со тоа што кај нашиот најголем трговски партнер СР Германија, се очекува раст од 0,9% во 2024 година, по проектираниот пад од 0,5% во 2023 година.

Очекувањата за инфлацијата се дека таа ќе продолжи да се намалува понатаму, но кај европските земји не се очекува постигнување на целната инфлација од 2% пред 2025 година.

Домашната економија покажува висока отпорност

И покрај предизвиците од надворешното окружување, домашната економија покажа високо ниво на отпорност и остана на патеката на растот. Во првата половина од 2023 година БДП забележа раст од 1,6%, при што производствениот раст беше на широка основа, со најголем придонес од услужниот сектор, но и позитивни резултати кај индустриското производство. Според расходната страна, растот во првото полугодие од 2023 година се должи на позитивниот придонес на нето извозот, со намалување на домашната побарувачка, при раст на приватната и пад на јавната потрошувачка, како резултат на политиката за кратење на неприоритетните трошоци.

Во услови на економска стагнација на Европа, кај нас, во 2023 година се очекува помал, но позитивен економски резултат со раст на БДП од 2,3%. Притоа, стапката на инфлација во 2023 година значително се намали, до 3,5% во октомври и се очекува до крајот на годината просечно годишната инфлација да остане на едноцифрено ниво (9,2%). Стапката на невработеност, исто така, се намалува, додека се забележува и реален раст на платите од вториот квартал годинава наваму.

Забрзување на економскиот раст во 2024 година

Во 2024 гoдина економскиот раст во земјата се очекува да забрза и да изнесува 3,4%, во услови на зголемување на инвестициите, раст на потрошувачката на солидно ниво и закрепнување на надворешната побарувачка. Најголем придонес кон растот во 2024 година се очекува да имаат бруто-инвестициите со раст од 8,4%, главно како резултат на интензивирањето на реализацијата на големите државни инфраструктурни проекти (Коридорите 8 и 10, автопатот и железницата, преносната мрежа за гасификација и др.), заедно со мерките за поголема реализација на капиталните инвестиции предвидени со Планот за забрзан економски раст. Државната поддршка за унапредување на приватниот сектор и зајакнување на конкурентноста, иновативноста и технолошкиот развој на претпријатијата, преку обезбедување на алтернативни извори и инструменти за финансирање, како и најавените инвестиции за проширување и изградба на нови капацитети во технолошко-индустриските развојни зони се очекува да придонесе кон раст на приватните инвестиции, а исто така пристапниот процес кон ЕУ, ќе ги зајакне реформските процеси во земјата и ќе обезбеди зголемена поддршка за инвестиции. Дополнителен потстрек за раст на инвестициите ќе обезбеди зелената агенда.

Позитивен придонес кон растот ќе има и приватната потрошувачка при намалени инфлациски притисоци, натамошен реален раст на платите и вработеноста, раст на кредитирањето и одржување на солидно ниво на дознаките од странство. Закрепнување на економската активност кај нашите најголеми трговски партнери и на глобалните синџири на производство ќе придонесат кон динамизирање на надворешно-трговската размена и раст на извозната активност на домашните компании.

Стапката на инфлацијата во 2024 година се очекува да се стабилизира и е проектирана на 3,6% во услови на одржување на стабилно ниво на цени на енергенси и храна на меѓународните пазари, како и понатамошно забавување на базичната инфлација.

Позитивните движења на пазарот на труд се очекува да продолжат во 2024 година, со раст на бројот на вработени за 2% и раст на просечната нето-плата за 8,4% на номинална, односно 4,8% на реална основа.

Контурите на буџетот за 2024 година

Развој и одржливост - тоа се двата клучни збора кои го опишуваат буџетот за 2024 година. Буџетот за 2024 година е развоен, поради силниот инвестициски циклус во инфраструктурата кој продолжува следната година. Буџетот е одржлив, бидејќи и покрај високата инфраструктурна компонента, како што истакнав и на почетокот, продолжуваме со фискалната консолидација. Буџетскиот дефицит е намален за скоро третина во однос на проектираното ниво за годинава на 3,4% од БДП (од тоа само половина е примарниот дефицит, односно 1,7% од БДП, додека остатокот од дефицитот оди за плаќање на каматите за долгот акумулиаран од минатото до сегашниот период). Ова ниво соодвествува со среднорочните проекции во Фискалната стратегија до 2028 година, буџетскиот дефицит во 2025 и 2026 година да се сведе на 3% или согласно Мастришките критериуми, додека во 2027 и 2028 година да падне и под 3%, односно 2,8% и 2,5%, респективно.

Приходите во буџетот се проектирани на 310,1 милијарди денари и истите се за 10% повисоки во однос на 2023 година, додека расходите се планирани на ниво од 343,6 милијарди денари или за 5,8% повисоки во однос на 2023 година. Вака планираните приходи и расходи резултираат со намален буџетски дефицит во 2024 година во однос на 2023 година за 9,2 милијарди денари што ќе значи помалку задолжување за 150 милиони евра.

Повисоки приходи во буџетот без зголемување на јавните давачки

Проекциите за приходите на Буџетот за 2024 година ги засниваме на реализацијата на приходите во 2023 година, очекувања за економскиот раст и подобрување на ефикасноста и ефективноста на системот за наплата на јавните приходи. Тука би сакал да ги истакнам и мерките и активностите кои ги спроведуваме и кои и во иднина ќе ги спороведуваме за намалување на даночната евазија преку мерките за формализација на неформалната економија, воведувањето на напредни технологии, модернизација и автоматизација на работните процеси, зајакнувањето на капацитетите на институциите за зголемена и поефикасна наплата на даночните приходи, како и зајакнувањето на институционалната координација.

Притоа, вкупните даночни приходи во Буџетот за 2024 година се проектирани во износ од 178,1 милијарди денари, што е за околу 10% над износот на приходи планиран за 2023 година и истите учествуваат со 18,1% во БДП за 2024 година, што е приближно еднакво на учеството во претходната година. Проекцијата ги содржи и очекуваните фискални ефекти од имплементација на даночните реформи кај данокот на додадена вредност, данокот од добивка, данокот на личен доход, акцизите и данокот на моторни возила. Исто така, во предвид се земаат и макроекономските проекции за номиналниот БДП, финалната потрошувачка, пораст на бројот на вработени и на просечната плата, зголемениот увоз и профитабилност на приватниот сектор. Најголем пораст кај даночните приходи е проектиран кај приходите од данокот на личен доход во однос на годинава, согласно очекувањата за зголемување на бројот на вработени, порастот на платите и зголемувањето на даночната основа и можноста за доброволно приклучување во системот од страна на дел од привремено вработените. Се очекува подобро остварување кај данокот на добивка, но и на данокот на додадена вредност, што се должи на проектираниот пораст на финалната потрошувачка.

Главната цел на даночната политика останува фер наплатата на јавните давачки со цел обезбедување на средства за поддршка на економскиот раст и обезбедување на квалитетни јавни услуги. Притоа, приоритети остануваат праведност, ефикасност и продуктивност на даночниот систем, висока даночна транспарентност, подобар квалитет на услугите и зелено оданочување.

Социјалните придонеси се планирани на ниво повисоко за 11% во однос на 2023 година, како резултат на сите причини кои ги наведов и кај данокот на личен доход.

На што ќе се троши буџетот за 2024?

Економско заздравување и забрзан раст; редовно и непречено извршување на сите законски обврски; непречено спроведување на изборните активности; спроведување на обврските кои произлегуваат од членството во НАТО; поддршка на приватниот сектор и граѓаните; зголемена и забрзана реализација на инфраструктурните проекти; привлекување на странски инвестиции и иновативност на домашните компании - кон ова ќе биде насочена расходната страна на Буџетот за 2024 година.

Со Буџетот за 2024 година се планирани расходи за исплата на плати на ниво од 41,2 милијарди денари, односно за 18% повисоко во однос на иницијалниот буџет за 2023 година или 10% во однос на одлуката за прераспределба. Со овие средства ќе се овозможи целосно спроведување на одредбите на Општиот колективен договор за вработените во јавниот сектор. Притоа, мора да нагласам дека оваа сума е проектирана на ниво на постојниот број на вработени во јавната администрација, односно нови вработувања може да се реализираат првенствено преку мобилност и преземање на вработени од други институции од јавниот сектор или преку пополнување на испразнети работни места по сите основи, согласно владините мерки за рационализација и оптимизација на вработените во јавниот сектор.

Расходите за стоки и услуги учествуваат со еднакво ниво во вкупните расходи со околу 7,5%, а притоа се обезбедуваат средства за непречено функционирање на институциите, како и неопходните средства за исполнување на обврските кои произлегуваат од НАТО стандардите.

За исплата на пензии планирани се 83,6 милијарди денари, или повисоко за 170 милиони евра, согласно воспоставената методологија на пресметка на пензиите (50% раст на трошоци за живот, 50% раст на просечна плата).

Обезбедени се средства за исплата на социјална заштита на најранливите слоеви на населението повисоки за 60 милиони евра (гарантиран минимален приход, социјална сигурност, социјални трансфери). Обезбедени се и повисоки средства за активните мерки за вработување (2 милијарди денари), но и за исплата на паричен надоместок во случај на невработеност.

Здравствената заштита е планирана исто така на повисоко ниво за околу 45 милиони евра во однос на лани, со што ќе се обезбедат средства и за лекот Трикафта и други програми за лекови, за здравствените услуги, за исплата на обврски на јавните здравствени установи, како и обезбедување на средства за зголемени плати за сите вработени во јавното здравство согласно Општиот колективен договор.

Во текот 2024 година ќе се спроведуваат новите модели за субвенционирање на земјоделството со нови критериуми на доделување на субвенции (основна субвенција и дополнителна поддршка), со цел зголемување на производството на храна, која ќе се базира на остварениот принос. Со новиот модел се дава приоритет на стратешки важните култури и производи за државата.

Во рамки на субвенциите за приватниот сектор предвидени се средства за поддршка на мали и средни претпријатија, зголемување на конкурентноста, иновативна дејност, технолошки развој и истражување, нови инвестициски вложувања, поддршка на извозот и освојување нови пазари, поддршка за создавање на нови вработувања и слично.

Предвидени се и зголемувања на трансферите до единиците на локална самоуправа (ЕЛС), по основ на планирано зголемување на процентот на приходите од ДДВ кои се распределуваат на општините (од 4,5% на 6% од наплатениот ДДВ во претходната година). Обезбеден е пораст на општата дотација кон општините за 15,5% во споредба со 2023 година, со цел зголемување на фискалниот капацитет на општините. Истите ќе се распределуваат во три дела и тоа: основен дел – 4,5%, дел за перформанси - 0,75% и дел за вооедначување - 0,75%. Ќе се обезбедат и средства за зголемување на платите во општините преку блок дотациите.

Предвидени се средства за антикризни мерки во висина од 60 милиони евра со цел поддршка на најраливите категории на граѓани и поддршка на стопанството. Средства за оваа намена обезбедени се и во други програми на министерствата, како што се Програмата за енергетска сиромаштија во Министерството за екномија и Програмата за гарантиран минимален приход во Министерството за труд и социјална политика. Исто така, покрај владините програми за поддршка на инвестициите и економскиот развој, обезбедени се поволни кредити од Европска Инветициска Банка (ЕИБ), Банката на Советот на Европа (ЦЕБ) и Француската Развојна Агенција (АДФ) во висина од 200 милиони евра, кои ќе се реализираат преку Развојната Банка и комерцијалните Банки кои ќе обезбедат дополнителни 200 милиони евра од своите средства за овие кредитни линии за стопанството и тоа за зелена транзиција, дигитализација, ликвидност и инвестиции. Тоа се 400 милиони евра поволни кредити за стопанството наредната година. Овде секако би требало да се спомнат и системските мерки што веќе се применуваат во тековната, а ќе продолжат и во наредната година и потоа, односно законските решенија со методологија за континуирано усогласување на минималната плата, пензиите и платите во јавниот сектор согласно движењата на цените и растот на екномијата, а со тоа се обезбедува подобар животен стандард на нашите граѓани. Средства што Буџетот во 2023 година го чинеше околу 190 милиони евра, додека во 2024 година тој износ ќе биде околу 330 милиони евра.

Капитални расходи според „златното правило“ во јавните финансии

Во текот на 2024 година со буџетски средства во износ од околу 15,1 милијарди денари, или за 5,9 милијарди денари (95,9 милиони евра) капиталните расходи се повисоки во однос на буџетскиот дефицит, согласно златното фискално правило. Планирани се значајни инвестициски вложувања во областа на патната инфраструктура, поврзани со проектирање и изградба на дел од Коридор 8, и тоа проширување на автопатот Тетово-Гостивар, изградба на нов автопат Требеништа – Струга – Ќафасан, изградба на делницата Гостивар-Букојчани. На Коридорот 10 д планирана е изведбата на делницата Прилеп–Битола. Планирана е и подготовка на физибилити студија за изградба на патот Тетово-Призрен.

Планирано е и да продолжи изградбата на источниот дел од патниот Коридор 8, делницата Ранковце-Крива Паланка, финансирана со заем од Светска банка и делницата Крива Паланка до границата со Бугарија, со средства од ЕБОР и грант од ВБИФ. Ќе се финансира и западниот дел од патниот Коридор 8 преку изградба на автопатска делница Кичево-Букојчани, со заем од ЕБОР и делницата Кичево-Охрид, со заем од ЕКСИМ банка. Исто така, со заем од ЕБОР ќе се финансира изградбата на автопатската делница Скопје-Блаце, додека подобрувањето на патната инфраструктура на општините ќе се реализира преку Проектот за поврзување на локални патишта на Светската банка. Продолжуваат и активностите за реализација на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан.

Во текот на 2024 година предвидени се средства за продолжување на реализацијата на првата и втората фаза од проектот за изградба и рехабилитација на источниот дел од железничката пруга на Коридор 8, вклучително, а во 2024 ќе започне реализацијата на третата фаза за изградба на источниот дел од железничката пруга на Коридор 8. Во рамки на железничката инфраструктура, во 2024 година во соработка со ЕБОР ќе се подготвува и спроведува проектот со кој е предвидено изградба на заеднички железнички граничен премин со Република Србија, односно изградба и опремување на железничка станица Табановце. Преку ИПА средства се имплементира проектот за изградба на патната делница Градско - Дреново, како дел од патниот правец на Коридор 10 d.

Во областа на комуналната инфраструктура и управување со отпад ќе се продолжи со интензивирана динамика на изградбата на водоводните и канализациските системи во општините, а значајани капитални проекти во оваа област се Регионалниот проект за цврст отпад како и Пречистителната станица за отпадни води во Скопје.

Во 2024 година во соработка со Светска банка ќе започне новиот проект за одржлив развој на општините, преку кој ќе продолжи поддршката на Владата на општините, а ќе продолжи реализацијата на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор.

Ќе се продолжи со уредување на технолошко индустриските развојни зони, а планирани се и значајни капитални инвестиции во здравствениот и образовниот сектор, детската заштита и спортот. Би ја истакнал набавката на медицинска опрема и реконструкција на Општа болница во Кичево, иако е долг списокот на проекти.

Во насока на поддршка на земјоделскиот сектор предвидени се значителни капитални инвестиции кои се наменети за рурален развој, изградба на хидросистеми и инвестиции за подобрување на конкурентноста и модернизација на земјоделските стопанства.

Ќе се спроведуваат и активности за воведување на Интегрираниот систем за управување со финансиски информации, Интегрираниот систем за управување со даночни информации и Системот за управување со информации за државна помошкако дел од концептот на SMART Finance.

Финансирање на дефицитот и отплата на долг

Проектираниот дефицит за 2024 година, како и отплатата на долгот кој доспева во износ од 45 милијарди денари ќе се финансираат преку домашно и странско задолжување. Домашното задолжување е предвидено преку државни хартии од вредност (ДХВ) и/или домашен заем, под поволни услови, користејќи ги поповолните каматни стапки. Задолжувањето во странство може да се реализира со издавање на должнички хартии од вредност на меѓународниот пазар на капитал, преку повлекување на заем од ЕУ за макрофинансиска поддршка, од банката за развој при Совет на Европа и преку повлекување средства од поволни кредити од странски финансиски институции и кредитни линии наменети за финансирање на одделни проекти и буџетски дефицит. Изборот на извор за финансирање ќе се темели на поволните тековни состојби на меѓународните пазари на капитал.

Со цел да се управува прудентно со јавните финансии, Министерството за финансии ќе ја разгледа можноста за активно управување со должничкото портфолио и примена на иновативни финансиски инструменти.

Значителен дел од странското финансирање на буџетот веќе е обезбеден со репрограмирање на старото задолжување и обезбедување програмско финансирање на буџетот базирано на реформи и политики со поволни кредити од меѓународните финансиски институции. Во текот на 2022 година склучивме Програма за претпазливост и ликвидност со Меѓународниот Монетарен Фонд во износ од 530 милиони евра од кои 260 милиони евра се за ликвидност (100 милиони евра во 2022 година и 160 во 2023 година), тоа беше основа за дополнителни средства од 100 милиони евра за Макрофинансиска поддршка од Европска Комисија, потоа 150 милиони евра за Програма за развојни политики од Светската банка и ОПЕК, 90 милиони евра од Германската развојна Банка (КФВ) и се очекуваат уште 50 милиони евра на првиот квартал од 2024 година од Баката на Советот на Европа (ЦЕБ). Вкупното портфолио достигнува 650 милиони евра пакет за буџетско финансирање со поволни услови, со рок на доспевање над 10 години и грејс период на исплата до 5 години, и со камати пониски во просек за 4 процентни поени од приносот на нашата еврообрзница на светските финансиски пазари. Само по основ на камата заштедите во буџетот од овој пакет достигнуваат износ од 260 милиони евра за период од десет години колку што е приближно рокот на доспевање на овој пакет. Тука само ќе додадам дека гаранциите за заемите обезбедени за инфраструктурните проекти споменати погоре носат уште поповолни кредити за долгорочно финансирање на инфраструктурните проекти за развој со рок на доспевање од 20 години, грејс период од 5 години и уште поповолни каматни стапки.

Важно за напоменување во финансирање на нашиот економски раст и развој, е новонајавениот План за раст на Западен Балкан од страна на Европската Комисија 2024-2027, која за регионот ќе обезбеди 6 милијарди евра, од кои 2 милијарди ќе бидат грант и 4 милијарди поволни заеми со период на доспевање од 20 до 40 години. Средствата ќе бидат распоредени во износ од 3 милијарди евра за буџетска поддршка за реформи и развојни политики и 3 милијарди евра за инфраструктурни развојни инвестиции.

Доследност на буџетската реформа

Доколку треба да ги сумирам видувањата за буџетот за догодина, ќе истакнам дека сум задоволен што останавме доследни и со овој буџет на она што сакавме да го постигнеме со реформата со Законот за буџети. Тука пред се, ќе го истакнам обезбедувањето на фискална одржливост, како предуслов за макроекономска стабилност и економски развој Остануваме доследни и на сите останати системски документи кои се дел од реформите на јавните финансии - Планот за забрзување на растот, Планот за јавни инвестиции, Даночната реформа (од аспект на проширување на даночната основа, а не зголемување на даноците), Стратегијата за формализација на неформалната економија итн. Во економијата и менаџментот, доброто поставување на цели, стратегија и акциски план, е суштинско за понатамошната реализација. Фискалната транспарентност, пак, е највисока форма на контрола, соодветно се надевам на плодна дискусија во домот на демократијата во наредните денови.

Најдобар опис на „новата нормалност„ што ја поминуваме во овој мултикризен период заликува на народната поговорка: „Лошите работи доаѓаат брзо и неочекувано, додека добрите работи доаѓаат полека со многу труд и трпение.„

The post Колумна на Бесими за Буџетот за 2024 година: Високи капитални расходи, натамошно намалување на дефицитот appeared first on Република.

]]>

Државниот буџет е најсеопфатниот програмски документ, предложен од Владата, а дискутиран и усвоен од народните избраници. Тој е приказ на сите политики, мерки и активности кои се спроведуваат од страна на државата во еден фискален период. Како таков, буџетот заслужува големо внимание во јавноста, особено во време исполнето со предизвици и глобални економски кризи. Во „новата реалност“, претставена низ поликризното глобално окружување, добрата стратегија и соодветниот план, ќе не направат поотпорни, а нашата економија поефективна. Препознавајќи ги предизвиците на глобалното окружување и развојните потреби на домашната економија, минатата година го зајакнавме стратегиското планирање преку воведување на среднорочното буџетирање и буџетирање според успешност во реализација, мерено преку индикатори (Key performance indicators). Тоа е дел од големата реформа во јавните финансии, од која дел е и Законот за буџети, кој ги вклучува најдобрите практики на меѓународните финансиски институции и директивите на Европската Унија. Реформата во процесот на планирање и спроведување на буџетот е препознаена како суштински напредок во управувањето со јавните финансии од страна на меѓународните институции, вклучително и од Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка. Покрај унапредување на процесот на буџетирање, насочени сме и кон подобрување на структурата на буџетот преку зголемување на развојната компонента (капиталните расходи) согласно Планот за забрзан економски раст и Планот за јавни инвестиции, додека паралелно остануваме на правецот на фискална консолидација или постепено намалување на јазот помеѓу приходната и расходната страна на буџетот, согласно Планот за фискална одржливост. Нашата цел е секој иден буџет да има изразена развојна компонента, а воедно да биде и фискално одржлив, односно буџети скроени според златното правило во јавните финансии (инвестиции повисоки од дефицитот). Врз основа на заложбата за поттикнување на економскиот развој и зачувување на стабилноста го конципиравме и Предлог-буџетот за 2024 година. Пред една недела предлог-буџетот го претставивме во јавноста, откако истиот беше усвоен од Владата. Буџетот за 2024 година проектира повисок раст во однос на годинава (3,4% во однос на 2,3%), пониска инфлација (3,6% наспроти 9,2%) и буџетски дефицит (3,4% наспроти 4,8%), повисоки приходи (без притоа да се зголемуваат јавните давачки), повисоки капитални инвестиции во однос на дефицитот, повисоки плати (за 160 милиони евра), пензии (за 170 милиони евра) и социјални надоместоци (за 60 милиони евра), повеќе средства за активни мерки за вработување, како и средства за здравствена заштита, повеќе средства за студентите за стипендии и студентски оброк, реформи во субвенциите во земјоделството и повеќе средства за општините. Приота, се проектирани околу 60 милиони евра за антикризни мерки. Накусо, овој буџет е конципиран да обезбеди поддршка за забрзување на растот преку изразена инвестициска компонента, поддршка на стандардот на граѓаните, унапредување на јавните услуги и обезбедување на фискална одржливост, а со тоа и на макроекономската стабилност.

Поликризно глобално окружување

Во изминатите три години скоро сите економии во светот се соочија со шоковите поврзани со пандемијата, Руската инвазија во Украина и двоцифрената инфлација, како и стеснетиот фискален простор, заострените финансиски услови, зголемената геополитичка и геоекономска фрагментација, како и климатските промени. Сепак, имајќи ги предвид сите овие околности, глобалната економија покажа висока отпорност - растот забави, но не запре. Според есенските проекции на ММФ растот на глобалната економија се очекува да забави од 3,5% во 2022 година на 3% годинава и 2,9% во 2024 година, со посилни негативни ефекти кај развиените во однос на економиите во развој. Економската активност во ЕУ во 2023 година се очекува да остане слаба и да забележи раст од 0,7%, додека во 2024 година растот е проектиран на 1,5%, со тоа што кај нашиот најголем трговски партнер СР Германија, се очекува раст од 0,9% во 2024 година, по проектираниот пад од 0,5% во 2023 година. Очекувањата за инфлацијата се дека таа ќе продолжи да се намалува понатаму, но кај европските земји не се очекува постигнување на целната инфлација од 2% пред 2025 година.

Домашната економија покажува висока отпорност

И покрај предизвиците од надворешното окружување, домашната економија покажа високо ниво на отпорност и остана на патеката на растот. Во првата половина од 2023 година БДП забележа раст од 1,6%, при што производствениот раст беше на широка основа, со најголем придонес од услужниот сектор, но и позитивни резултати кај индустриското производство. Според расходната страна, растот во првото полугодие од 2023 година се должи на позитивниот придонес на нето извозот, со намалување на домашната побарувачка, при раст на приватната и пад на јавната потрошувачка, како резултат на политиката за кратење на неприоритетните трошоци. Во услови на економска стагнација на Европа, кај нас, во 2023 година се очекува помал, но позитивен економски резултат со раст на БДП од 2,3%. Притоа, стапката на инфлација во 2023 година значително се намали, до 3,5% во октомври и се очекува до крајот на годината просечно годишната инфлација да остане на едноцифрено ниво (9,2%). Стапката на невработеност, исто така, се намалува, додека се забележува и реален раст на платите од вториот квартал годинава наваму.

Забрзување на економскиот раст во 2024 година

Во 2024 гoдина економскиот раст во земјата се очекува да забрза и да изнесува 3,4%, во услови на зголемување на инвестициите, раст на потрошувачката на солидно ниво и закрепнување на надворешната побарувачка. Најголем придонес кон растот во 2024 година се очекува да имаат бруто-инвестициите со раст од 8,4%, главно како резултат на интензивирањето на реализацијата на големите државни инфраструктурни проекти (Коридорите 8 и 10, автопатот и железницата, преносната мрежа за гасификација и др.), заедно со мерките за поголема реализација на капиталните инвестиции предвидени со Планот за забрзан економски раст. Државната поддршка за унапредување на приватниот сектор и зајакнување на конкурентноста, иновативноста и технолошкиот развој на претпријатијата, преку обезбедување на алтернативни извори и инструменти за финансирање, како и најавените инвестиции за проширување и изградба на нови капацитети во технолошко-индустриските развојни зони се очекува да придонесе кон раст на приватните инвестиции, а исто така пристапниот процес кон ЕУ, ќе ги зајакне реформските процеси во земјата и ќе обезбеди зголемена поддршка за инвестиции. Дополнителен потстрек за раст на инвестициите ќе обезбеди зелената агенда. Позитивен придонес кон растот ќе има и приватната потрошувачка при намалени инфлациски притисоци, натамошен реален раст на платите и вработеноста, раст на кредитирањето и одржување на солидно ниво на дознаките од странство. Закрепнување на економската активност кај нашите најголеми трговски партнери и на глобалните синџири на производство ќе придонесат кон динамизирање на надворешно-трговската размена и раст на извозната активност на домашните компании. Стапката на инфлацијата во 2024 година се очекува да се стабилизира и е проектирана на 3,6% во услови на одржување на стабилно ниво на цени на енергенси и храна на меѓународните пазари, како и понатамошно забавување на базичната инфлација. Позитивните движења на пазарот на труд се очекува да продолжат во 2024 година, со раст на бројот на вработени за 2% и раст на просечната нето-плата за 8,4% на номинална, односно 4,8% на реална основа.

Контурите на буџетот за 2024 година

Развој и одржливост - тоа се двата клучни збора кои го опишуваат буџетот за 2024 година. Буџетот за 2024 година е развоен, поради силниот инвестициски циклус во инфраструктурата кој продолжува следната година. Буџетот е одржлив, бидејќи и покрај високата инфраструктурна компонента, како што истакнав и на почетокот, продолжуваме со фискалната консолидација. Буџетскиот дефицит е намален за скоро третина во однос на проектираното ниво за годинава на 3,4% од БДП (од тоа само половина е примарниот дефицит, односно 1,7% од БДП, додека остатокот од дефицитот оди за плаќање на каматите за долгот акумулиаран од минатото до сегашниот период). Ова ниво соодвествува со среднорочните проекции во Фискалната стратегија до 2028 година, буџетскиот дефицит во 2025 и 2026 година да се сведе на 3% или согласно Мастришките критериуми, додека во 2027 и 2028 година да падне и под 3%, односно 2,8% и 2,5%, респективно. Приходите во буџетот се проектирани на 310,1 милијарди денари и истите се за 10% повисоки во однос на 2023 година, додека расходите се планирани на ниво од 343,6 милијарди денари или за 5,8% повисоки во однос на 2023 година. Вака планираните приходи и расходи резултираат со намален буџетски дефицит во 2024 година во однос на 2023 година за 9,2 милијарди денари што ќе значи помалку задолжување за 150 милиони евра.

Повисоки приходи во буџетот без зголемување на јавните давачки

Проекциите за приходите на Буџетот за 2024 година ги засниваме на реализацијата на приходите во 2023 година, очекувања за економскиот раст и подобрување на ефикасноста и ефективноста на системот за наплата на јавните приходи. Тука би сакал да ги истакнам и мерките и активностите кои ги спроведуваме и кои и во иднина ќе ги спороведуваме за намалување на даночната евазија преку мерките за формализација на неформалната економија, воведувањето на напредни технологии, модернизација и автоматизација на работните процеси, зајакнувањето на капацитетите на институциите за зголемена и поефикасна наплата на даночните приходи, како и зајакнувањето на институционалната координација. Притоа, вкупните даночни приходи во Буџетот за 2024 година се проектирани во износ од 178,1 милијарди денари, што е за околу 10% над износот на приходи планиран за 2023 година и истите учествуваат со 18,1% во БДП за 2024 година, што е приближно еднакво на учеството во претходната година. Проекцијата ги содржи и очекуваните фискални ефекти од имплементација на даночните реформи кај данокот на додадена вредност, данокот од добивка, данокот на личен доход, акцизите и данокот на моторни возила. Исто така, во предвид се земаат и макроекономските проекции за номиналниот БДП, финалната потрошувачка, пораст на бројот на вработени и на просечната плата, зголемениот увоз и профитабилност на приватниот сектор. Најголем пораст кај даночните приходи е проектиран кај приходите од данокот на личен доход во однос на годинава, согласно очекувањата за зголемување на бројот на вработени, порастот на платите и зголемувањето на даночната основа и можноста за доброволно приклучување во системот од страна на дел од привремено вработените. Се очекува подобро остварување кај данокот на добивка, но и на данокот на додадена вредност, што се должи на проектираниот пораст на финалната потрошувачка. Главната цел на даночната политика останува фер наплатата на јавните давачки со цел обезбедување на средства за поддршка на економскиот раст и обезбедување на квалитетни јавни услуги. Притоа, приоритети остануваат праведност, ефикасност и продуктивност на даночниот систем, висока даночна транспарентност, подобар квалитет на услугите и зелено оданочување. Социјалните придонеси се планирани на ниво повисоко за 11% во однос на 2023 година, како резултат на сите причини кои ги наведов и кај данокот на личен доход.

На што ќе се троши буџетот за 2024?

Економско заздравување и забрзан раст; редовно и непречено извршување на сите законски обврски; непречено спроведување на изборните активности; спроведување на обврските кои произлегуваат од членството во НАТО; поддршка на приватниот сектор и граѓаните; зголемена и забрзана реализација на инфраструктурните проекти; привлекување на странски инвестиции и иновативност на домашните компании - кон ова ќе биде насочена расходната страна на Буџетот за 2024 година. Со Буџетот за 2024 година се планирани расходи за исплата на плати на ниво од 41,2 милијарди денари, односно за 18% повисоко во однос на иницијалниот буџет за 2023 година или 10% во однос на одлуката за прераспределба. Со овие средства ќе се овозможи целосно спроведување на одредбите на Општиот колективен договор за вработените во јавниот сектор. Притоа, мора да нагласам дека оваа сума е проектирана на ниво на постојниот број на вработени во јавната администрација, односно нови вработувања може да се реализираат првенствено преку мобилност и преземање на вработени од други институции од јавниот сектор или преку пополнување на испразнети работни места по сите основи, согласно владините мерки за рационализација и оптимизација на вработените во јавниот сектор. Расходите за стоки и услуги учествуваат со еднакво ниво во вкупните расходи со околу 7,5%, а притоа се обезбедуваат средства за непречено функционирање на институциите, како и неопходните средства за исполнување на обврските кои произлегуваат од НАТО стандардите. За исплата на пензии планирани се 83,6 милијарди денари, или повисоко за 170 милиони евра, согласно воспоставената методологија на пресметка на пензиите (50% раст на трошоци за живот, 50% раст на просечна плата). Обезбедени се средства за исплата на социјална заштита на најранливите слоеви на населението повисоки за 60 милиони евра (гарантиран минимален приход, социјална сигурност, социјални трансфери). Обезбедени се и повисоки средства за активните мерки за вработување (2 милијарди денари), но и за исплата на паричен надоместок во случај на невработеност. Здравствената заштита е планирана исто така на повисоко ниво за околу 45 милиони евра во однос на лани, со што ќе се обезбедат средства и за лекот Трикафта и други програми за лекови, за здравствените услуги, за исплата на обврски на јавните здравствени установи, како и обезбедување на средства за зголемени плати за сите вработени во јавното здравство согласно Општиот колективен договор. Во текот 2024 година ќе се спроведуваат новите модели за субвенционирање на земјоделството со нови критериуми на доделување на субвенции (основна субвенција и дополнителна поддршка), со цел зголемување на производството на храна, која ќе се базира на остварениот принос. Со новиот модел се дава приоритет на стратешки важните култури и производи за државата. Во рамки на субвенциите за приватниот сектор предвидени се средства за поддршка на мали и средни претпријатија, зголемување на конкурентноста, иновативна дејност, технолошки развој и истражување, нови инвестициски вложувања, поддршка на извозот и освојување нови пазари, поддршка за создавање на нови вработувања и слично. Предвидени се и зголемувања на трансферите до единиците на локална самоуправа (ЕЛС), по основ на планирано зголемување на процентот на приходите од ДДВ кои се распределуваат на општините (од 4,5% на 6% од наплатениот ДДВ во претходната година). Обезбеден е пораст на општата дотација кон општините за 15,5% во споредба со 2023 година, со цел зголемување на фискалниот капацитет на општините. Истите ќе се распределуваат во три дела и тоа: основен дел – 4,5%, дел за перформанси - 0,75% и дел за вооедначување - 0,75%. Ќе се обезбедат и средства за зголемување на платите во општините преку блок дотациите. Предвидени се средства за антикризни мерки во висина од 60 милиони евра со цел поддршка на најраливите категории на граѓани и поддршка на стопанството. Средства за оваа намена обезбедени се и во други програми на министерствата, како што се Програмата за енергетска сиромаштија во Министерството за екномија и Програмата за гарантиран минимален приход во Министерството за труд и социјална политика. Исто така, покрај владините програми за поддршка на инвестициите и економскиот развој, обезбедени се поволни кредити од Европска Инветициска Банка (ЕИБ), Банката на Советот на Европа (ЦЕБ) и Француската Развојна Агенција (АДФ) во висина од 200 милиони евра, кои ќе се реализираат преку Развојната Банка и комерцијалните Банки кои ќе обезбедат дополнителни 200 милиони евра од своите средства за овие кредитни линии за стопанството и тоа за зелена транзиција, дигитализација, ликвидност и инвестиции. Тоа се 400 милиони евра поволни кредити за стопанството наредната година. Овде секако би требало да се спомнат и системските мерки што веќе се применуваат во тековната, а ќе продолжат и во наредната година и потоа, односно законските решенија со методологија за континуирано усогласување на минималната плата, пензиите и платите во јавниот сектор согласно движењата на цените и растот на екномијата, а со тоа се обезбедува подобар животен стандард на нашите граѓани. Средства што Буџетот во 2023 година го чинеше околу 190 милиони евра, додека во 2024 година тој износ ќе биде околу 330 милиони евра.

Капитални расходи според „златното правило“ во јавните финансии

Во текот на 2024 година со буџетски средства во износ од околу 15,1 милијарди денари, или за 5,9 милијарди денари (95,9 милиони евра) капиталните расходи се повисоки во однос на буџетскиот дефицит, согласно златното фискално правило. Планирани се значајни инвестициски вложувања во областа на патната инфраструктура, поврзани со проектирање и изградба на дел од Коридор 8, и тоа проширување на автопатот Тетово-Гостивар, изградба на нов автопат Требеништа – Струга – Ќафасан, изградба на делницата Гостивар-Букојчани. На Коридорот 10 д планирана е изведбата на делницата Прилеп–Битола. Планирана е и подготовка на физибилити студија за изградба на патот Тетово-Призрен. Планирано е и да продолжи изградбата на источниот дел од патниот Коридор 8, делницата Ранковце-Крива Паланка, финансирана со заем од Светска банка и делницата Крива Паланка до границата со Бугарија, со средства од ЕБОР и грант од ВБИФ. Ќе се финансира и западниот дел од патниот Коридор 8 преку изградба на автопатска делница Кичево-Букојчани, со заем од ЕБОР и делницата Кичево-Охрид, со заем од ЕКСИМ банка. Исто така, со заем од ЕБОР ќе се финансира изградбата на автопатската делница Скопје-Блаце, додека подобрувањето на патната инфраструктура на општините ќе се реализира преку Проектот за поврзување на локални патишта на Светската банка. Продолжуваат и активностите за реализација на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан. Во текот на 2024 година предвидени се средства за продолжување на реализацијата на првата и втората фаза од проектот за изградба и рехабилитација на источниот дел од железничката пруга на Коридор 8, вклучително, а во 2024 ќе започне реализацијата на третата фаза за изградба на источниот дел од железничката пруга на Коридор 8. Во рамки на железничката инфраструктура, во 2024 година во соработка со ЕБОР ќе се подготвува и спроведува проектот со кој е предвидено изградба на заеднички железнички граничен премин со Република Србија, односно изградба и опремување на железничка станица Табановце. Преку ИПА средства се имплементира проектот за изградба на патната делница Градско - Дреново, како дел од патниот правец на Коридор 10 d. Во областа на комуналната инфраструктура и управување со отпад ќе се продолжи со интензивирана динамика на изградбата на водоводните и канализациските системи во општините, а значајани капитални проекти во оваа област се Регионалниот проект за цврст отпад како и Пречистителната станица за отпадни води во Скопје. Во 2024 година во соработка со Светска банка ќе започне новиот проект за одржлив развој на општините, преку кој ќе продолжи поддршката на Владата на општините, а ќе продолжи реализацијата на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор. Ќе се продолжи со уредување на технолошко индустриските развојни зони, а планирани се и значајни капитални инвестиции во здравствениот и образовниот сектор, детската заштита и спортот. Би ја истакнал набавката на медицинска опрема и реконструкција на Општа болница во Кичево, иако е долг списокот на проекти. Во насока на поддршка на земјоделскиот сектор предвидени се значителни капитални инвестиции кои се наменети за рурален развој, изградба на хидросистеми и инвестиции за подобрување на конкурентноста и модернизација на земјоделските стопанства. Ќе се спроведуваат и активности за воведување на Интегрираниот систем за управување со финансиски информации, Интегрираниот систем за управување со даночни информации и Системот за управување со информации за државна помошкако дел од концептот на SMART Finance.

Финансирање на дефицитот и отплата на долг

Проектираниот дефицит за 2024 година, како и отплатата на долгот кој доспева во износ од 45 милијарди денари ќе се финансираат преку домашно и странско задолжување. Домашното задолжување е предвидено преку државни хартии од вредност (ДХВ) и/или домашен заем, под поволни услови, користејќи ги поповолните каматни стапки. Задолжувањето во странство може да се реализира со издавање на должнички хартии од вредност на меѓународниот пазар на капитал, преку повлекување на заем од ЕУ за макрофинансиска поддршка, од банката за развој при Совет на Европа и преку повлекување средства од поволни кредити од странски финансиски институции и кредитни линии наменети за финансирање на одделни проекти и буџетски дефицит. Изборот на извор за финансирање ќе се темели на поволните тековни состојби на меѓународните пазари на капитал. Со цел да се управува прудентно со јавните финансии, Министерството за финансии ќе ја разгледа можноста за активно управување со должничкото портфолио и примена на иновативни финансиски инструменти. Значителен дел од странското финансирање на буџетот веќе е обезбеден со репрограмирање на старото задолжување и обезбедување програмско финансирање на буџетот базирано на реформи и политики со поволни кредити од меѓународните финансиски институции. Во текот на 2022 година склучивме Програма за претпазливост и ликвидност со Меѓународниот Монетарен Фонд во износ од 530 милиони евра од кои 260 милиони евра се за ликвидност (100 милиони евра во 2022 година и 160 во 2023 година), тоа беше основа за дополнителни средства од 100 милиони евра за Макрофинансиска поддршка од Европска Комисија, потоа 150 милиони евра за Програма за развојни политики од Светската банка и ОПЕК, 90 милиони евра од Германската развојна Банка (КФВ) и се очекуваат уште 50 милиони евра на првиот квартал од 2024 година од Баката на Советот на Европа (ЦЕБ). Вкупното портфолио достигнува 650 милиони евра пакет за буџетско финансирање со поволни услови, со рок на доспевање над 10 години и грејс период на исплата до 5 години, и со камати пониски во просек за 4 процентни поени од приносот на нашата еврообрзница на светските финансиски пазари. Само по основ на камата заштедите во буџетот од овој пакет достигнуваат износ од 260 милиони евра за период од десет години колку што е приближно рокот на доспевање на овој пакет. Тука само ќе додадам дека гаранциите за заемите обезбедени за инфраструктурните проекти споменати погоре носат уште поповолни кредити за долгорочно финансирање на инфраструктурните проекти за развој со рок на доспевање од 20 години, грејс период од 5 години и уште поповолни каматни стапки. Важно за напоменување во финансирање на нашиот економски раст и развој, е новонајавениот План за раст на Западен Балкан од страна на Европската Комисија 2024-2027, која за регионот ќе обезбеди 6 милијарди евра, од кои 2 милијарди ќе бидат грант и 4 милијарди поволни заеми со период на доспевање од 20 до 40 години. Средствата ќе бидат распоредени во износ од 3 милијарди евра за буџетска поддршка за реформи и развојни политики и 3 милијарди евра за инфраструктурни развојни инвестиции.

Доследност на буџетската реформа

Доколку треба да ги сумирам видувањата за буџетот за догодина, ќе истакнам дека сум задоволен што останавме доследни и со овој буџет на она што сакавме да го постигнеме со реформата со Законот за буџети. Тука пред се, ќе го истакнам обезбедувањето на фискална одржливост, како предуслов за макроекономска стабилност и економски развој Остануваме доследни и на сите останати системски документи кои се дел од реформите на јавните финансии - Планот за забрзување на растот, Планот за јавни инвестиции, Даночната реформа (од аспект на проширување на даночната основа, а не зголемување на даноците), Стратегијата за формализација на неформалната економија итн. Во економијата и менаџментот, доброто поставување на цели, стратегија и акциски план, е суштинско за понатамошната реализација. Фискалната транспарентност, пак, е највисока форма на контрола, соодветно се надевам на плодна дискусија во домот на демократијата во наредните денови. Најдобар опис на „новата нормалност„ што ја поминуваме во овој мултикризен период заликува на народната поговорка: „Лошите работи доаѓаат брзо и неочекувано, додека добрите работи доаѓаат полека со многу труд и трпение.„

The post Колумна на Бесими за Буџетот за 2024 година: Високи капитални расходи, натамошно намалување на дефицитот appeared first on Република.

]]>
Бесими: Со ЕК ги поставивме основите за нашата реформска агенда за Планот за раст, продолжува работата на домашните задачи https://republika.mk/vesti/ekonomija/besimi-so-ek-gi-postavivme-osnovite-za-nashata-reformska-agenda-za-planot-za-rast-prodolzhuva-rabotata-na-domashnite-zadachi/ Thu, 23 Nov 2023 17:57:57 +0000 https://republika.mk/?p=715597

Република Македонија, заедно со другите земји од Западен Балкан, денеска на билатерални состаноци во Брисел ги утврдуваа основните елементи на реформските агенди што треба да ги подготват за Планот за раст на ЗБ . Во рамки на тој процес во Брисел на билатерален состанок учествуваше делегација на РС Македонија предводена од министерот за финансии Фатмир Бесими.

„Имавме навистина корисен состанок на кој се исцртаа основните контури по кои треба да се движиме во подготовката на нашата реформска агенда во рамки на процесот на имплементација на Планот за раст на ЗБ. Процесот се одвива со голем интензитет и таа динамика е посакувана и од страна на ЕУ и од страна на нашата земја. За неполни 10 дена се реализираа два чекори во тој процес и тоа дава основа дека посветеноста и од двете страни е на високо ниво“, рече министерот Бесими.

Тој потенцира дека Македонија и Владата ја истакнуваат евроинтеграцијата како врвен приоритет и дека реформите што ќе бидат содржани во новата реформска агенда не се непозната, но дека она што е важно со овој План е давањето поголем фокус на спроведувањето на приоритетните реформи и поголем фокус од ЕУ во поддршката за спроведување на тие реформи.

„По овој состанок следува домашната задача во координација со ЕК. Ќе ги вложиме сите напори да ја одработиме на потребното ниво и во најкраток можен рок, за да може спроведувањето на реформите да ги носат бенефитите дома побрзо“, потенцира Бесими и додаде дека реформската агенда ќе опфати структурни реформи од најновата Програма на економски реформи (ПЕР) и поврзаните Заеднички заклучоци договорени на Економскиот и финансиски дијалог, како и од ревидираната методологија за проширување, најновиот пакет за проширување и од Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан.

Согласно утврдената динамика во рамки на процесот на имплеменетација на Планот за раст на ЗБ, првичните елементи на реформските агенди треба да бидат испратени до ЕК во текот на наредниот месец, а целосната реформска агенда да биде завршена до почетокот на вториот квартал од 2024 година, по што ќе следува и конкретната реализација на реформите по утврдена динамика и исплата на средствата кон земјите за поддршката на таа реформска агенда.

Со Планот за раст на ЗБ е предвидена финансиска поддршка до 6 милијарди евра за земјите од Западен Балкан. Согласно распределбата на Македонија и стојат на располгање 860 милиони евра, за кои ќе има однапред утврдена динамика на повлекување.

Реализацијата на овој реформски процес во земјата ќе го следат Секретаријатот за европски прашања и Министерството за финансии.

The post Бесими: Со ЕК ги поставивме основите за нашата реформска агенда за Планот за раст, продолжува работата на домашните задачи appeared first on Република.

]]>

Република Македонија, заедно со другите земји од Западен Балкан, денеска на билатерални состаноци во Брисел ги утврдуваа основните елементи на реформските агенди што треба да ги подготват за Планот за раст на ЗБ . Во рамки на тој процес во Брисел на билатерален состанок учествуваше делегација на РС Македонија предводена од министерот за финансии Фатмир Бесими.

„Имавме навистина корисен состанок на кој се исцртаа основните контури по кои треба да се движиме во подготовката на нашата реформска агенда во рамки на процесот на имплементација на Планот за раст на ЗБ. Процесот се одвива со голем интензитет и таа динамика е посакувана и од страна на ЕУ и од страна на нашата земја. За неполни 10 дена се реализираа два чекори во тој процес и тоа дава основа дека посветеноста и од двете страни е на високо ниво“, рече министерот Бесими.

Тој потенцира дека Македонија и Владата ја истакнуваат евроинтеграцијата како врвен приоритет и дека реформите што ќе бидат содржани во новата реформска агенда не се непозната, но дека она што е важно со овој План е давањето поголем фокус на спроведувањето на приоритетните реформи и поголем фокус од ЕУ во поддршката за спроведување на тие реформи.

„По овој состанок следува домашната задача во координација со ЕК. Ќе ги вложиме сите напори да ја одработиме на потребното ниво и во најкраток можен рок, за да може спроведувањето на реформите да ги носат бенефитите дома побрзо“, потенцира Бесими и додаде дека реформската агенда ќе опфати структурни реформи од најновата Програма на економски реформи (ПЕР) и поврзаните Заеднички заклучоци договорени на Економскиот и финансиски дијалог, како и од ревидираната методологија за проширување, најновиот пакет за проширување и од Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан.

Согласно утврдената динамика во рамки на процесот на имплеменетација на Планот за раст на ЗБ, првичните елементи на реформските агенди треба да бидат испратени до ЕК во текот на наредниот месец, а целосната реформска агенда да биде завршена до почетокот на вториот квартал од 2024 година, по што ќе следува и конкретната реализација на реформите по утврдена динамика и исплата на средствата кон земјите за поддршката на таа реформска агенда.

Со Планот за раст на ЗБ е предвидена финансиска поддршка до 6 милијарди евра за земјите од Западен Балкан. Согласно распределбата на Македонија и стојат на располгање 860 милиони евра, за кои ќе има однапред утврдена динамика на повлекување.

Реализацијата на овој реформски процес во земјата ќе го следат Секретаријатот за европски прашања и Министерството за финансии.

The post Бесими: Со ЕК ги поставивме основите за нашата реформска агенда за Планот за раст, продолжува работата на домашните задачи appeared first on Република.

]]>
Бесими: Во Буџетот 2024 планирани се повисоки плати и пензии, со исклучок на функционерските плати https://republika.mk/vesti/ekonomija/besimi-vo-budhetot-2024-planirani-se-povisoki-plati-i-penzii-so-iskluchok-na-funktsionerskite-plati/ Thu, 16 Nov 2023 10:33:06 +0000 https://republika.mk/?p=702098

Во Предлог-буџетот за 2024 година се проектирани средства за исплата на повисоките плати за вработените во јавната администрација, за исплата на повисоки пензии согласно утврденото системско решение, но нема да има повисоки плати за функционерите. Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју во Централниот дневник на МРТ.

За она што е предвидено со потпишаниот Општ колективен договор, со кој од септември оваа година платите на сите вработени во јавниот сектор се зголемени за 10%, се обезбедени средства во Предлог-буџетот за 2024 година. Исто така исплата на К-15 кое оваа година е во износ од 10.000 денари, а наредната во износ од 30% од просечната нето-плата. Она што не е планирано во Предлог-буџетот се средства за раст на платите на функционерите - рече министерот Бесими, кој посочи дека за исплата на зголемените плати се обезбедени дополнителни 160 милиони евра.

Тој додаде дека она што беше важно во услови на инфлација е да се одржи нивото на платите и да се заштити стандардот на граѓаните и веќе од април има реален раст на платите, бидејќи имаме раст на платите, а инфлацијата е едноцифрена.

Исто така, посочи дека повеќе средства се обезбедени и за исплата на пензиите согласно законските решенија.

Кај пензиите воспоставивме системско решение кое гарантира раст на пензиите. И пензионерите ќе го добијат во 2024 година она што следува согласно Закон, односно усогласување согласно растот на просечната плата и растот на трошоците на живот, односно инфлацијата - наведе министерот за финансии.

Се осврна и на Програмата за претпазливост и ликвидност од ММФ која, како што рече, имаше позитивно влијание врз кредитниот рејтинг на земјата. Досега се искористени 100 милиони евра и во процес на одобрување е нова транша од 160 милиони евра. Тоа се средства, како што посочи министерот, кои овозможија финансирање со пониски трошоци и заштеда од 30 милиони евра годишно само по основ на камати.

The post Бесими: Во Буџетот 2024 планирани се повисоки плати и пензии, со исклучок на функционерските плати appeared first on Република.

]]>

Во Предлог-буџетот за 2024 година се проектирани средства за исплата на повисоките плати за вработените во јавната администрација, за исплата на повисоки пензии согласно утврденото системско решение, но нема да има повисоки плати за функционерите. Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју во Централниот дневник на МРТ.
За она што е предвидено со потпишаниот Општ колективен договор, со кој од септември оваа година платите на сите вработени во јавниот сектор се зголемени за 10%, се обезбедени средства во Предлог-буџетот за 2024 година. Исто така исплата на К-15 кое оваа година е во износ од 10.000 денари, а наредната во износ од 30% од просечната нето-плата. Она што не е планирано во Предлог-буџетот се средства за раст на платите на функционерите - рече министерот Бесими, кој посочи дека за исплата на зголемените плати се обезбедени дополнителни 160 милиони евра.
Тој додаде дека она што беше важно во услови на инфлација е да се одржи нивото на платите и да се заштити стандардот на граѓаните и веќе од април има реален раст на платите, бидејќи имаме раст на платите, а инфлацијата е едноцифрена. Исто така, посочи дека повеќе средства се обезбедени и за исплата на пензиите согласно законските решенија.
Кај пензиите воспоставивме системско решение кое гарантира раст на пензиите. И пензионерите ќе го добијат во 2024 година она што следува согласно Закон, односно усогласување согласно растот на просечната плата и растот на трошоците на живот, односно инфлацијата - наведе министерот за финансии.
Се осврна и на Програмата за претпазливост и ликвидност од ММФ која, како што рече, имаше позитивно влијание врз кредитниот рејтинг на земјата. Досега се искористени 100 милиони евра и во процес на одобрување е нова транша од 160 милиони евра. Тоа се средства, како што посочи министерот, кои овозможија финансирање со пониски трошоци и заштеда од 30 милиони евра годишно само по основ на камати.

The post Бесими: Во Буџетот 2024 планирани се повисоки плати и пензии, со исклучок на функционерските плати appeared first on Република.

]]>
Бесими: Не е предвиден раст на платите на функционерите во буџетот за идната година https://republika.mk/vesti/ekonomija/besimi-ne-e-predviden-rast-na-platite-na-funktsionerite-vo-budhetot-za-idnata-godina/ Tue, 14 Nov 2023 15:49:08 +0000 https://republika.mk/?p=701511

Во буџетот за 2024 година не е предвидено зголемување на платите на функционерите, истакна денеска министерот за финансии Фатмир Бесими, а во изборниот процес ќе нема ниту нови вработувања во јавниот сектор.

Одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција на која беше промовиран буџетот за идната година, тој нагласи дека не е предвидено раст на платите на функционерите во март наредната година според проекциите на овој буџет.

Во однос на проектираните средства за јавната администрација, тој посочи дека наредната е изборна година и согласно Законот за спречување корупција, за време на кампања, односно откако се објавуваат избори неможе да почне ниту една нова постапка за вработување, а се прекинуваат и веќе почнатите.

Ќе има еден период кога нема да има вработувања во текот на наредната година. Ние оваа година во однос на 2022 имаме намалено 1.500 вработени во јавниот сектор и тоа 1.000 на централно и 500 во регионални институции во државата. Тоа се одразува и беше план лани во буџетот го кажавме при фискалната консолидација дека ќе се пополнат испразнетите места. Имаме над 80 отсто од тоа дека ќе се пополнат. Таму каде што имаше потреба се пополнува целосно и тоа резултат на таа политика што минатата година беше презентирана и во текот на потребите што ги имаше во одредени институции се користеа трансфери од една во друга институција – појасни Бесими.

The post Бесими: Не е предвиден раст на платите на функционерите во буџетот за идната година appeared first on Република.

]]>

Во буџетот за 2024 година не е предвидено зголемување на платите на функционерите, истакна денеска министерот за финансии Фатмир Бесими, а во изборниот процес ќе нема ниту нови вработувања во јавниот сектор. Одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција на која беше промовиран буџетот за идната година, тој нагласи дека не е предвидено раст на платите на функционерите во март наредната година според проекциите на овој буџет. Во однос на проектираните средства за јавната администрација, тој посочи дека наредната е изборна година и согласно Законот за спречување корупција, за време на кампања, односно откако се објавуваат избори неможе да почне ниту една нова постапка за вработување, а се прекинуваат и веќе почнатите.
Ќе има еден период кога нема да има вработувања во текот на наредната година. Ние оваа година во однос на 2022 имаме намалено 1.500 вработени во јавниот сектор и тоа 1.000 на централно и 500 во регионални институции во државата. Тоа се одразува и беше план лани во буџетот го кажавме при фискалната консолидација дека ќе се пополнат испразнетите места. Имаме над 80 отсто од тоа дека ќе се пополнат. Таму каде што имаше потреба се пополнува целосно и тоа резултат на таа политика што минатата година беше презентирана и во текот на потребите што ги имаше во одредени институции се користеа трансфери од една во друга институција – појасни Бесими.

The post Бесими: Не е предвиден раст на платите на функционерите во буџетот за идната година appeared first on Република.

]]>
Бесими: Во 2024 година економскиот раст ќе биде повисок од годинашниот, дефицитот и инфлацијата пониски https://republika.mk/vesti/ekonomija/besimi-vo-2024-godina-ekonomskiot-rast-ke-bide-povisok-od-godinashniot-defitsitot-i-inflatsijata-poniski/ Thu, 02 Nov 2023 18:40:38 +0000 https://republika.mk/?p=697558

Повисок економски раст од оваа година, пониско ниво на инфлација и продолжување на фискалната консолидација се очекувањата за наредната 2024 година како основни постулати во Буџетот, кој до средината на овој месец треба да се достави до Собранието на усвојување, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими денеска на средба со новинарите.

„Наредната година очекуваме поповолен тренд на раст на БДП од овој во 2023 година и да продолжиме со фискална консолидација која ја започнавме уште од 2021 година намалувајќи го буџетскиот дефицит од 8%, колку што беше во 2020 година на 4,6% оваа година и тој ќе продолжи да се намалува следната година кој ќе биде под 4% од БДП. Капиталните расходи, како и оваа година ќе бидат во износ над дефицитот, а средства ќе бидат предвидени и за антикризни мерки“, рече министерот Бесими.

Тој потенцира дека иако годината е изборна основните постулати ќе бидат обезбедување одржливи финансии и одржлив раст, односно дека растот ќе оди нагоре, односно над она што е планирано во 2023 година, а дефицитот надолу.

Во оваа година имаме реализација на капиталните инвестиции за 110% повеќе во однос на претходната година, а раст покажуваат и други параметри како инвестициите и домашната потрошувачка од која беше движен растот.

Надолен тренд се очекува кај инфлацијата, кој веќе е започнат и достигна 6,6% во септември, а се очекува тој да продолжи и во наредниот период и следната година да биде просечната инфлација двојно намалена односно околу 5%.

Во исто време, потенцира дека има реален раст кај платите, особено од април тие растат повеќе од инфлацијата.

Како што посочи наскоро ќе биде објавен деветтиот пакет антикризни мерки. Мерките ќе се спроведуваат до крајот на оваа година и на почетокот на следната година, а средства се одвоени во износ од 4,6 милијарди денари во Буџетот за оваа година со направената прераспределба усвоена во септември во Собранието и во Буџетот за наредната година. Ќе бидат насочени кон ранливите категории и за поддршка на компаниите.

The post Бесими: Во 2024 година економскиот раст ќе биде повисок од годинашниот, дефицитот и инфлацијата пониски appeared first on Република.

]]>

Повисок економски раст од оваа година, пониско ниво на инфлација и продолжување на фискалната консолидација се очекувањата за наредната 2024 година како основни постулати во Буџетот, кој до средината на овој месец треба да се достави до Собранието на усвојување, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими денеска на средба со новинарите.
„Наредната година очекуваме поповолен тренд на раст на БДП од овој во 2023 година и да продолжиме со фискална консолидација која ја започнавме уште од 2021 година намалувајќи го буџетскиот дефицит од 8%, колку што беше во 2020 година на 4,6% оваа година и тој ќе продолжи да се намалува следната година кој ќе биде под 4% од БДП. Капиталните расходи, како и оваа година ќе бидат во износ над дефицитот, а средства ќе бидат предвидени и за антикризни мерки“, рече министерот Бесими.
Тој потенцира дека иако годината е изборна основните постулати ќе бидат обезбедување одржливи финансии и одржлив раст, односно дека растот ќе оди нагоре, односно над она што е планирано во 2023 година, а дефицитот надолу. Во оваа година имаме реализација на капиталните инвестиции за 110% повеќе во однос на претходната година, а раст покажуваат и други параметри како инвестициите и домашната потрошувачка од која беше движен растот. Надолен тренд се очекува кај инфлацијата, кој веќе е започнат и достигна 6,6% во септември, а се очекува тој да продолжи и во наредниот период и следната година да биде просечната инфлација двојно намалена односно околу 5%. Во исто време, потенцира дека има реален раст кај платите, особено од април тие растат повеќе од инфлацијата. Како што посочи наскоро ќе биде објавен деветтиот пакет антикризни мерки. Мерките ќе се спроведуваат до крајот на оваа година и на почетокот на следната година, а средства се одвоени во износ од 4,6 милијарди денари во Буџетот за оваа година со направената прераспределба усвоена во септември во Собранието и во Буџетот за наредната година. Ќе бидат насочени кон ранливите категории и за поддршка на компаниите.

The post Бесими: Во 2024 година економскиот раст ќе биде повисок од годинашниот, дефицитот и инфлацијата пониски appeared first on Република.

]]>
Бесими: Испраќаме јасни сигнали за справување со инфлацијата https://republika.mk/vesti/ekonomija/besimi-isprakame-jasni-signali-za-spravuvane-so-inflatsijata/ Sat, 21 Oct 2023 09:15:33 +0000 https://republika.mk/?p=693532

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, вели дека политиките што ги спроведуваат како Влада во справување со ценовната криза се покажуваат преку намалување на инфлацијата која од 19,8 проценти во октомври сега е намалена на 6,6 отсто и тоа се јасни сигнали и кон граѓаните и кон бизнисот дека како и другите земји се бориме со инфлацијата.

Во гостување во „Тема на денот“, на ТВ Сител, Беими поочи дека клучно е да се стабилизираат очекувањата и дека за тоа треба координиран систем на пазарот, затоа што зголемените цени вршат притисок врз платите, а тие повторно врз цените и таа инфлаторна спирала тешко е да се врати назад.

Затоа спроведуваме различни мерки, антиркизни насочени кон поддршка на граѓаните и компаниите, замрзнување на цените, административни мерки, времени мерки и слично како што тоа го прават и другите земји со цел да се стабилизираат очекувањата. Од друга страна монетарната политика ја зголемува каматната стапка што пак се одразува на економскиот раст, но тоа е цената кога се бориме со инфлацијата. Тоа се случува и во Европа, тоа се случуваше и во САД и во земјите од регионот. Се соочуваме со фактот да се стабилизираат очекувањата и да се стабилизира и инфлациајта и да се придонесе кон раст, вели Бесими.

Тој додаде дека четири години по ред период во кој се соочуваме со криза се спроведува фискална консолидација при што дефицитот од над 8 отсто во време на ковид--кризата постепено се намалува, а при тоа има раст на инвестициите, раст на платите при истовремено спроведување на антикризни мерки.

Во буџетот издвојувавме она што порано го немало. Издојуваме средства за антиркизни мерки. Субвенционираме цена на електричната енергија за над 600 илјади домаќинства. Сега разговараме за нов пакет мерки за најранливите категории, разни поволни кредити за компаниите, а и граѓанската обврзница, посочи Бесими.

Тој потенцира дека во услови на криза се намалува сиромаштијата и невработеноста, што е нотирано од Светската банка во најновиот извештај. Односно евидентирано е дека и во време на криза земјата успеала да го продолжи трендот на намалуање на невработеноста и сиромаштијата. Исто така, растат и платите, што е нотирано во извештајот и дека тие од април наваму номинално растат повеќе од инфлацијата, а тој раст ќе продолжи и во иднина имајќи го предвид системот што го воспоставивме и што е голем успех за нашата економија и општество.

Како што вели министерот, позитивните оценки во извештајот се однесуваат и на отворањето на ЕУ преговорите, инвестицискиот циклус, што е забележано со зголеменото учество во БДП, но и во самиот проектиран Буџетот. Бесими вели дека тоа се фактори што ќе влијаат на растот на среден рок, кој пак во моменов е под силно влијание на надворешни фактори, односно на случувањата во ЕУ и особено во Германија како наш најголем трговски партнер.

Во интервјуто, Бесими се осврна и на прашањето за платите на функционерите при што напомена дека во Владата веќе се разговара за да се најде решение кое ќе биде одржливо.

The post Бесими: Испраќаме јасни сигнали за справување со инфлацијата appeared first on Република.

]]>

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, вели дека политиките што ги спроведуваат како Влада во справување со ценовната криза се покажуваат преку намалување на инфлацијата која од 19,8 проценти во октомври сега е намалена на 6,6 отсто и тоа се јасни сигнали и кон граѓаните и кон бизнисот дека како и другите земји се бориме со инфлацијата. Во гостување во „Тема на денот“, на ТВ Сител, Беими поочи дека клучно е да се стабилизираат очекувањата и дека за тоа треба координиран систем на пазарот, затоа што зголемените цени вршат притисок врз платите, а тие повторно врз цените и таа инфлаторна спирала тешко е да се врати назад.
Затоа спроведуваме различни мерки, антиркизни насочени кон поддршка на граѓаните и компаниите, замрзнување на цените, административни мерки, времени мерки и слично како што тоа го прават и другите земји со цел да се стабилизираат очекувањата. Од друга страна монетарната политика ја зголемува каматната стапка што пак се одразува на економскиот раст, но тоа е цената кога се бориме со инфлацијата. Тоа се случува и во Европа, тоа се случуваше и во САД и во земјите од регионот. Се соочуваме со фактот да се стабилизираат очекувањата и да се стабилизира и инфлациајта и да се придонесе кон раст, вели Бесими.
Тој додаде дека четири години по ред период во кој се соочуваме со криза се спроведува фискална консолидација при што дефицитот од над 8 отсто во време на ковид--кризата постепено се намалува, а при тоа има раст на инвестициите, раст на платите при истовремено спроведување на антикризни мерки.
Во буџетот издвојувавме она што порано го немало. Издојуваме средства за антиркизни мерки. Субвенционираме цена на електричната енергија за над 600 илјади домаќинства. Сега разговараме за нов пакет мерки за најранливите категории, разни поволни кредити за компаниите, а и граѓанската обврзница, посочи Бесими.
Тој потенцира дека во услови на криза се намалува сиромаштијата и невработеноста, што е нотирано од Светската банка во најновиот извештај. Односно евидентирано е дека и во време на криза земјата успеала да го продолжи трендот на намалуање на невработеноста и сиромаштијата. Исто така, растат и платите, што е нотирано во извештајот и дека тие од април наваму номинално растат повеќе од инфлацијата, а тој раст ќе продолжи и во иднина имајќи го предвид системот што го воспоставивме и што е голем успех за нашата економија и општество. Како што вели министерот, позитивните оценки во извештајот се однесуваат и на отворањето на ЕУ преговорите, инвестицискиот циклус, што е забележано со зголеменото учество во БДП, но и во самиот проектиран Буџетот. Бесими вели дека тоа се фактори што ќе влијаат на растот на среден рок, кој пак во моменов е под силно влијание на надворешни фактори, односно на случувањата во ЕУ и особено во Германија како наш најголем трговски партнер. Во интервјуто, Бесими се осврна и на прашањето за платите на функционерите при што напомена дека во Владата веќе се разговара за да се најде решение кое ќе биде одржливо.

The post Бесими: Испраќаме јасни сигнали за справување со инфлацијата appeared first on Република.

]]>
Бесими го прими новонаименуваниот австриски амбасадор во земјава https://republika.mk/vesti/makedonija/besimi-go-primi-novonaimenuvaniot-avstriski-ambasador-vo-zemjava/ Thu, 05 Oct 2023 14:44:32 +0000 https://republika.mk/?p=688277

 Австрија е значаен поддржувач на евроинтегративните процеси и инвеститор во земјава, а во иднина очекуваме дека тие процеси да се надоградуваат и надополнуваат, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими на средба со новонаименуваниот амбасадор на Република Австрија во земјава, Мартин Памер.

На средбата била потврдена досегашната успешна соработка помеѓу двете земји и поддршката што земјава ја добива за европската перспектива.

Како што информираат од Министерството за финансии, со поддршка од Австрија се спроведуваат повеќе проекти во насока на зајакнување на капацитетите на институциите со цел нивна подготвеност за европските процеси. Потпишани се договори меѓу двете земји за заштита на инвеститорите, што е значајно за остварување повеќе странски инвестиции во земјава, кои од оваа земја во последните 10 години се на ниво над 500 милиони евра. Дополнително активностите што се преземаат ќе влијаат и на зголемување на трговската размена која оваа година бележи двоцифрен раст.

Министерот Бесими му посакал добредојде на амбасадорот Памер во земјава и му посакал успешен мандат и продолжување и унапредување на соработката.

The post Бесими го прими новонаименуваниот австриски амбасадор во земјава appeared first on Република.

]]>

 Австрија е значаен поддржувач на евроинтегративните процеси и инвеститор во земјава, а во иднина очекуваме дека тие процеси да се надоградуваат и надополнуваат, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими на средба со новонаименуваниот амбасадор на Република Австрија во земјава, Мартин Памер.
На средбата била потврдена досегашната успешна соработка помеѓу двете земји и поддршката што земјава ја добива за европската перспектива. Како што информираат од Министерството за финансии, со поддршка од Австрија се спроведуваат повеќе проекти во насока на зајакнување на капацитетите на институциите со цел нивна подготвеност за европските процеси. Потпишани се договори меѓу двете земји за заштита на инвеститорите, што е значајно за остварување повеќе странски инвестиции во земјава, кои од оваа земја во последните 10 години се на ниво над 500 милиони евра. Дополнително активностите што се преземаат ќе влијаат и на зголемување на трговската размена која оваа година бележи двоцифрен раст. Министерот Бесими му посакал добредојде на амбасадорот Памер во земјава и му посакал успешен мандат и продолжување и унапредување на соработката.

The post Бесими го прими новонаименуваниот австриски амбасадор во земјава appeared first on Република.

]]>
Бесими: Милион евра фискалниот ефект од намалените царински давачки, но ќе влијаат за пониски цени https://republika.mk/vesti/ekonomija/besimi-milion-evra-fiskalniot-efekt-od-namalenite-tsarinski-davachki-no-ke-vlijaat-za-poniski-tseni/ Mon, 02 Oct 2023 12:22:46 +0000 https://republika.mk/?p=687119

Милион евра се очекува да изнесува негативната финансиска импликација врз Буџетот со владината одлука за намалување на увозните давачки на одредени видови овошје и зеленчук, но со неа, според министерот за финансии Фатмир Бесими, значително ќе се влијае на цените на овие производи.

Одговарајќи на новинарско прашање колкави негативни ефекти врз Буџетот има укинувањето на овие давачки, Бесими денеска изјави дека клучно било намалувањето на цените, а не буџетските финансиски импликации.

Главната цел беше да се влијае на цените на овие производи за да бидат пониски на пазарот, а фискалните давачки не беа приоритет особено поради фактот што се работи за автономни мерки со времено траење. Сметавме дека ќе се влијае директно позитивно на пазарот затоа што вкупните давачки, и царински и даночни, за овие производи достигнуваат 65 проценти и сметавме дека таму ќе има позитивно влијание. Но, фискалните импликации се помалку поради МФН правилата на повластени тарифи, согласно Светската трговска организација во голем дел имаме нула тарифа, а во некои имаме и квантитативни мерки. Според некои првични проценки од тоа што го гледавме нема да достигне милион евра вкупниот фискален ефект од овие мерки, а во стопанството во нашата економија значително ќе влијае на цените на овие производи - изјави Бесими по потпишувањето на Фискалната спогодба за ИПАРД 3.

Прашан како се доведовме во ситуација субвенционирано овошје и зеленчук да се извезува, а истите трговци да увезуваат поскапо овошје и зеленчук, министерот Бесими посочи дека сме либерална економија со обврски согласно членството во СТО, кандидатскиот статус за ЕУ и Договорот за стабилизација и асоцијација.

По основ на тие меѓународни договори сме земја која е со слободна трговија на овие производи, вклучително и дел од земјоделските производи. И во текот на 2021 година имавме закон со кој за голем дел од производите беа намалени царинските давачки, така што и во овој дел тоа е во однос на интеграциите. Но, во однос на субвенциите главно е поддршка на домашното производство и во рамки на меѓународни договори даваме можност со автономни мерки на пазарот да влезат производи со пониски крајни цени на потрошувачи - рече Бесими.

Трговците, дополни тој, покрај тоа што се носат од мотивацијата за зголемување на профит сепак ако цените беа поволни треба да се понудат на домашниот пазар. Од формален аспект не можеме да ограничиме затоа што сме обврзани со меѓународни договори во однос на интеграција на пазарите, но во другиот дел гима и доста мерки и активности што Владата ги презема, за ограничување на маржите, како и гарантирање на цените кои се времени мерки. Овие се административни мерки, но се поддржани со многу други мерки за ефектот врз трговците да не биде директен на штета на нивниот бизнис и функционирање, но сепак како Влада одговорни сме цените да не влегуваат во фазата на шпекулативни цени кои ќе значат повисоки цени за нашите граѓани, потрошувачите, изјави Бесими.

Тој очекува утре на пленарна седница да се изгласа Предлог одлуката за прераспределба на средства во Буџетот, со која се предвидени 4,5 милијарди денари за антикризни мерки.

Владата ќе излезе со конкретен предлог, како и досега субвенционирањето на електричната енергија за домаќинствата, а ќе има и мерки за поддршка најранливите категории на граѓани, но и поддршка на стопанството. Една од мерките за поддршка на стопанството е и зелената обврзница во износ од 10 милиони евра за која минатата среда беше објавен проспектот, а оваа среда ќе има аукција. Средствата ќе одат во Развојната банка за поддршка на стопанството за обврски и кредити за енергетска ефикасност - изјави Бесими.

Најави дека во текот на годинава за стопанството ќе станат оперативни и 100-те милиони евра што се обезбедени од Европската инвестициска банка, како и дополнителни 50 милиони евра за мали и средни претпријатија за поддршка на зелена транзиција и на жени претприемачи.

Веќе се прават мерките, Владата ќе излезе со конкретниот пакет и во наредниот период ќе се знае кои мерки ќе бидат презентирани, рече министерот за финансии.

The post Бесими: Милион евра фискалниот ефект од намалените царински давачки, но ќе влијаат за пониски цени appeared first on Република.

]]>

Милион евра се очекува да изнесува негативната финансиска импликација врз Буџетот со владината одлука за намалување на увозните давачки на одредени видови овошје и зеленчук, но со неа, според министерот за финансии Фатмир Бесими, значително ќе се влијае на цените на овие производи. Одговарајќи на новинарско прашање колкави негативни ефекти врз Буџетот има укинувањето на овие давачки, Бесими денеска изјави дека клучно било намалувањето на цените, а не буџетските финансиски импликации.
Главната цел беше да се влијае на цените на овие производи за да бидат пониски на пазарот, а фискалните давачки не беа приоритет особено поради фактот што се работи за автономни мерки со времено траење. Сметавме дека ќе се влијае директно позитивно на пазарот затоа што вкупните давачки, и царински и даночни, за овие производи достигнуваат 65 проценти и сметавме дека таму ќе има позитивно влијание. Но, фискалните импликации се помалку поради МФН правилата на повластени тарифи, согласно Светската трговска организација во голем дел имаме нула тарифа, а во некои имаме и квантитативни мерки. Според некои првични проценки од тоа што го гледавме нема да достигне милион евра вкупниот фискален ефект од овие мерки, а во стопанството во нашата економија значително ќе влијае на цените на овие производи - изјави Бесими по потпишувањето на Фискалната спогодба за ИПАРД 3.
Прашан како се доведовме во ситуација субвенционирано овошје и зеленчук да се извезува, а истите трговци да увезуваат поскапо овошје и зеленчук, министерот Бесими посочи дека сме либерална економија со обврски согласно членството во СТО, кандидатскиот статус за ЕУ и Договорот за стабилизација и асоцијација.
По основ на тие меѓународни договори сме земја која е со слободна трговија на овие производи, вклучително и дел од земјоделските производи. И во текот на 2021 година имавме закон со кој за голем дел од производите беа намалени царинските давачки, така што и во овој дел тоа е во однос на интеграциите. Но, во однос на субвенциите главно е поддршка на домашното производство и во рамки на меѓународни договори даваме можност со автономни мерки на пазарот да влезат производи со пониски крајни цени на потрошувачи - рече Бесими.
Трговците, дополни тој, покрај тоа што се носат од мотивацијата за зголемување на профит сепак ако цените беа поволни треба да се понудат на домашниот пазар. Од формален аспект не можеме да ограничиме затоа што сме обврзани со меѓународни договори во однос на интеграција на пазарите, но во другиот дел гима и доста мерки и активности што Владата ги презема, за ограничување на маржите, како и гарантирање на цените кои се времени мерки. Овие се административни мерки, но се поддржани со многу други мерки за ефектот врз трговците да не биде директен на штета на нивниот бизнис и функционирање, но сепак како Влада одговорни сме цените да не влегуваат во фазата на шпекулативни цени кои ќе значат повисоки цени за нашите граѓани, потрошувачите, изјави Бесими. Тој очекува утре на пленарна седница да се изгласа Предлог одлуката за прераспределба на средства во Буџетот, со која се предвидени 4,5 милијарди денари за антикризни мерки.
Владата ќе излезе со конкретен предлог, како и досега субвенционирањето на електричната енергија за домаќинствата, а ќе има и мерки за поддршка најранливите категории на граѓани, но и поддршка на стопанството. Една од мерките за поддршка на стопанството е и зелената обврзница во износ од 10 милиони евра за која минатата среда беше објавен проспектот, а оваа среда ќе има аукција. Средствата ќе одат во Развојната банка за поддршка на стопанството за обврски и кредити за енергетска ефикасност - изјави Бесими.
Најави дека во текот на годинава за стопанството ќе станат оперативни и 100-те милиони евра што се обезбедени од Европската инвестициска банка, како и дополнителни 50 милиони евра за мали и средни претпријатија за поддршка на зелена транзиција и на жени претприемачи. Веќе се прават мерките, Владата ќе излезе со конкретниот пакет и во наредниот период ќе се знае кои мерки ќе бидат презентирани, рече министерот за финансии.

The post Бесими: Милион евра фискалниот ефект од намалените царински давачки, но ќе влијаат за пониски цени appeared first on Република.

]]>
Белиот леб е 33 денари, во време на криза да не се шпекулира со поскапувања, апелира Бесими https://republika.mk/vesti/ekonomija/beliot-leb-e-33-denari-vo-vreme-na-kriza-da-ne-se-shpekulira-so-poskapuvana-apelira-besimi/ Tue, 22 Aug 2023 10:33:19 +0000 https://republika.mk/?p=674551

Во време на криза не треба шпекулативно да се зголемуваат цените. Владата е подготвена да разговара со мелничката индустрија и да реагира соодветно за да ги заштити граѓаните. Но, секој носи дел од одговорноста, рече денеска министерот за финансии Фатмир Бесими во врска со најавите во медиумите за поскапување на лебот.

Според Бесими, најавите за поскапувањата само влијаат врз очекувањата на пазарот и дополнително ги оптоваруваат и загреваат очекувањата за цените. Медиумските укажувања на работи кои влијаат врз очекувањата на стопанството, вели Бесими, не помагаат во економијата, туку дополнително создаваат очекувања за зголемување на трошоците.

Цената на белиот леб, нагласи Бесими, е 33 денари и тука нема поскапувања. Како што најави, можно е уште денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на владина седница да излезе со нова предлог-мерка.

Ги прочитав сите најави од мелничката индустрија. Дали откупната цена на пченицата е повисока во однос на минатата година? Не. Дали електричната енергија е поскапа? Не. Што во меѓувреме се случило за да најават поскапување на лебот? Во постојана комуникација сум со двајцата министри, за економија и за земјоделство, како и со премиерот. Ние сме отворени да разговараме за која било тема, но најавите за поскапувањата само влијаат врз очекувањата на пазарот и дополнително ги оптоваруваат и загреваат очекувањата за цените. Ќе се разговара со нив и ќе излеземе во пресрет на секоја ситуација во однос на овие ситуации што може да влијаат од аспект на ценовната криза. Сите ние, ресорните министри, ќе разговараме со нив и во секоја фаза сме подготвени да реагираме со мерки - истакна Бесими, одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Договорот за заем од ЕБОР.

Министерот уште еднаш напомена дека Владата е подготвена да разговара за секое прашање.

Секој си носи дел од својата одговорвност. Во време на криза не треба шпекулативно да се зголемуваат цените. Не прејудицирам дека тука има шпекулации, но сакам да кажам дека за кое било такво прашање сме подготвени да разговараме, зашто медиумски укажувања на работи кои влијаат врз очекувањата на стопанството не помагаат во економијата, туку дополнтелно создаваат очекувања за зголемување на трошоците - рече Бесими.

The post Белиот леб е 33 денари, во време на криза да не се шпекулира со поскапувања, апелира Бесими appeared first on Република.

]]>

Во време на криза не треба шпекулативно да се зголемуваат цените. Владата е подготвена да разговара со мелничката индустрија и да реагира соодветно за да ги заштити граѓаните. Но, секој носи дел од одговорноста, рече денеска министерот за финансии Фатмир Бесими во врска со најавите во медиумите за поскапување на лебот. Според Бесими, најавите за поскапувањата само влијаат врз очекувањата на пазарот и дополнително ги оптоваруваат и загреваат очекувањата за цените. Медиумските укажувања на работи кои влијаат врз очекувањата на стопанството, вели Бесими, не помагаат во економијата, туку дополнително создаваат очекувања за зголемување на трошоците. Цената на белиот леб, нагласи Бесими, е 33 денари и тука нема поскапувања. Како што најави, можно е уште денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на владина седница да излезе со нова предлог-мерка.
Ги прочитав сите најави од мелничката индустрија. Дали откупната цена на пченицата е повисока во однос на минатата година? Не. Дали електричната енергија е поскапа? Не. Што во меѓувреме се случило за да најават поскапување на лебот? Во постојана комуникација сум со двајцата министри, за економија и за земјоделство, како и со премиерот. Ние сме отворени да разговараме за која било тема, но најавите за поскапувањата само влијаат врз очекувањата на пазарот и дополнително ги оптоваруваат и загреваат очекувањата за цените. Ќе се разговара со нив и ќе излеземе во пресрет на секоја ситуација во однос на овие ситуации што може да влијаат од аспект на ценовната криза. Сите ние, ресорните министри, ќе разговараме со нив и во секоја фаза сме подготвени да реагираме со мерки - истакна Бесими, одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Договорот за заем од ЕБОР.
Министерот уште еднаш напомена дека Владата е подготвена да разговара за секое прашање.
Секој си носи дел од својата одговорвност. Во време на криза не треба шпекулативно да се зголемуваат цените. Не прејудицирам дека тука има шпекулации, но сакам да кажам дека за кое било такво прашање сме подготвени да разговараме, зашто медиумски укажувања на работи кои влијаат врз очекувањата на стопанството не помагаат во економијата, туку дополнтелно создаваат очекувања за зголемување на трошоците - рече Бесими.

The post Белиот леб е 33 денари, во време на криза да не се шпекулира со поскапувања, апелира Бесими appeared first on Република.

]]>
Солидарност е прераспределба на дополнителната добивка за поддршка на граѓаните и стопанството https://republika.mk/kolumni/solidarnost-e-preraspredelba-na-dopolnitelnata-dobivka-za-poddrshka-na-graganite-i-stopanstvoto/ Sat, 29 Jul 2023 11:16:01 +0000 https://republika.mk/?p=666605

Солидарност е прераспределба на дополнителната добивка за поддршка на граѓаните и стопанството.

Генералното Собрание на Обединетите Нации, на 22 декември 2005 година, со Резолуцијата 60/209 ја дефинира солидарноста како една од основните и универзални вредности што треба да бидат во основата на односите меѓу луѓето во 21-от век, и во тој поглед одлучи да го прогласи 20 декември секоја година меѓународен Ден на човековата солидарност. Во декември 2022 година, по коинциденција, ние ги почнавме јавните дебати и консултации за данокот за солидарност.

Концептот на данокот на солидарност се заснова на тројството заедништво, општествена одговорност и правичност. Тоа се три принципи или три столба на кои се темели решението.

Заедништво: Речиси две милијарди евра од државниот буџет во изминатите три години беа насочени за мерки за стопанството и за граѓаните кои имаа потреба од поддршка. Тоа беа средства од сите нас, даночните обврзници, за оние на кои им беше најпотребно. На тој начин се зачува куповната моќ и се подобри кредитната и платежната способност на многу наши граѓани, а на ранливите категории на фирми им се овозможи да продолжат со секојдневните деловни активности. Во спротивно, рецесијата ќе беше многу подлабока, а невработеноста ќе отстапеше од сегашниот надолен тренд и ќе беше на многу повисоко ниво. Данокот на солидарност ја има истата намена - да обезбеди средства за П1 програмата во буџетот (или уште позната во јавноста како антикризна програма), преку која се исплаќаа и ќе се исплаќаат сите антикризни мерки. Иако според економската теорија, даноците се недестиниран (општонаменски) приход, сепак приходот од данокот на солидарност како вонреден и еднократен данок ќе го овозможи финансирањето на антикризната програма.

Општествена одговорност: Во криза, секогаш има одредени дејности, сектори, фирми, кои имаат бенефит од состојбите и заработуваат повеќе. Да се врати дел од профитот, за да се поддржи економијата, развојот и социјалата, претставува општествена одговорност. Општествена одговорност е да го поддржиш општеството, кое ги создава условите за да функционираш и за да бидеш успешен.

Праведност: Сите треба да го плаќаме својот праведен дел од давачките, за да може целата економија и општество да просперираат. Во суштина, секој даночен систем се темели на придонес сразмерен на заработката/добивката. Оние кои се најуспешни треба да влечат напред и да придонесуваат кон општото добро.

„Солидарност“ е морална појава која се однесува на заемна помош или соработка помеѓу поединци и групи, особено во тешки околности и кризи. Оттаму, сметам дека името „Закон за данок на солидарност“ многу добро му прилега на законското решение кое го дискутираме во Собранието, а чие работно име првично беше Закон за данок на дополнителна добивка (екстра профит).

Низ економската историја, понова и подалечна, гледаме повеќе примери за данок на солидарност. Франција во осумдесеттите, Германија во деведесеттите години на минатиот век, а во поново време повторно Франција, Шпанија, Хрватска, Унгарија, Италија, Полска, Чешка, Белгија итн. Данокот на солидарност или солидарниот данок е давачка пропишана од државата за финансирање проект или цел која ги обединува општите интереси. Така, во Франција со данок на солидарност се оданочуваат високите приходи или високата вредност на имотот. Во Германија данокот на солидарност бил воведен за да се обнови источна Германија и да се собере фонд за економска поддршка. Со наглиот раст на цените во енергетскиот сектор минатата година, повеќе европски земји најавија и спроведоа закони за солидарност, а засегнати беа компаниите кои просперираа во тој период (но, за овие примери ќе елаборирам подолу во текстот). Тоа што сакам да го истакнам е дека даноците за солидарност се применувале низ историјата и се применуваат сѐ уште, од повеќе земји. Тие имаат за цел да се помогне и поддржи одредена кауза поврзана со подобрување на ситуацијата во економијата и општеството.

За спроведување на целите за фискална одржливост преку фискална консолидација, која меѓу другото значи и подобрување на наплатата на приходите, минатата година, по широка консултација со деловната, експертската и меѓународната јавност, започнавме со спроведување на даночната реформа, која се заснова на проширување на даночната база. Даночната реформа е еден обемен процес којшто ќе се реализира во повеќе фази, но кој главно се заснива на принципите праведност. За тоа сум пишувал во моите претходни колумни.

Усогласување на европската регулатива и следење на препораките од ММФ

Данокот на солидарност, кој е еднократна давачка, е дел од овој процес. Истиот како предлог произлезе од Стратегијата за даночна реформа, но и Регулативата на Советот на ЕУ (2022/1854), донесена на 6 октомври 2022 година за решавање на проблемот со високите цени на енергијата. Регулативата предвидува носење вонредни и временски ограничени мерки, вклучително, задолжителен привремен придонес за солидарност од страна на профитабилните компаниие во енергетскиот сектор.

Повеќе земји-членки на Унијата согласно донесената регулатива, пристапија кон законски измени за дополнителни еднократни давачки за субјектите од енергетскиот сектор со екстра-профити. Но, исто така, како резултат на ценовната криза, многу земји од ЕУ воведоа дополнителни давачки на екстра профит и за компании од други дејности (Хрватска, Унгарија и други). Во однос на кризните околности од времето на Ковид и енргетската криза препораки за данок на солидарност имаше и во неколку студии и анализи на ММФ:

Инклузивен процес: Консултации со бизнис-заедницата и опозицијата

По дизајнирањето на предлог-решението за Данокот на солидарност, согласно примерот на дел од земјите од ЕУ, во текот на декември минатата година, Министерството за финансии спроведе инклузивен консултативен процес со деловната заедница. Нацрт-текстот на предлогот на закон, прво го доставивме на разгледување до коморите, а на 23 декември 2022 година, во Министерството за финансии беше одржана средба со претставниците на најголемите коморски здруженија. На средбата од наша страна беше презентирано нацрт-решението и причините за предлогот, а беа објаснети и основите на Регулативата на Советот на ЕУ и хрватскиот предлог-закон за солидарност, кој е најсличен на нашиот. Претставниците на стопанските комори, пак, искажаа разбирање за состојбите во земјава, земајќи ги предвид и пакетите на мерките за поддршка на економијата со кои Владата интервенираше во изминатиот период, а беше посочено и дека големите компании треба да покажат солидарност со буџетот и помалите стопански субјекти во вакви тешки околности.

Претставниците на деловната заедница беа вклучени во процесот на дизјанирање на законското решение. Тие дискутираа, пред и по средбата изнесуваа предлози за подобрување на предлогот на закон. Покрај деловната заедница, во интерес на комуникација на законот со сите општествени чинители, одржавме и средба со најголемата опозициска партија.

Кој и колку е засегнат од данокот на солидарност?

По завршување на консултативниот процес, ги разгледавме предлозите и голем дел од нив ги вградивме во законското решение. Согласно решението, данокот на солидарност го плаќа обврзникот за данок на добивка, кој во 2022 година остварил вкупен приход поголем од 615 милиони денари (10 милиони евра). Притоа даночна основа за данокот на добивка е добивката после сите ослободувања, вклучително и ослободувањата за реинвестирана добивка. Даночната основа за данокот на солидарност е добивката после ослободувањата остварена за 2022 година или просекот од 2021 и 2022 година (се зема поволната варијанта за претпријатието) доколку истата е повисока од просекот на добивката во претходни три години зголемена за 20%, почнувајќи од 2017 година, без да се земе предвид пандемиската 2020 година. Данокот на оваа сума е 30% и ќе се плати само еднаш, односно само годинава. На пример, ако препријатието во 2022 година има остварена добивка од три милиони евра, притоа реинвестира еден милион евра, даночната основа за добивката е два милиони евра.

Доколку просекот за 2021 и 2022 година на даночната основа за добивката по ослободувањата за истото претпријатие е четири милиона евра, тогаш за пресметка на данокот на солидарност се зема пониската даночна основа, односно два милиона евра добивка после ослободувањата остварено во 2022 година. Според методологијата во Законот за данок на солидарност, со избор на 2022 година, за споредба се зема просекот на добивката после ослободувањата за три години (2021, 2019 и 2018 година) зголемен за 20%, односно ако просекот на добивката во 2021, 2019 и 2018 година изнесува милион евра за пресметка ќе се зема 1,2 милиони евра. Даночната основа за данокот на солидарност е разликата од 800 илијади евра (2.000.000-1.200.000=800.000), при што данокот на солидарност ќе изнесе 240 илијади евра (800*30%=240.000) и истиот ќе се смета за расход во финансиските биланси за 2023 година.

Олеснувачка одредба

Можноста за избор на поповолна опција за пресметковен период е олеснувачка одредба за даночните обврзници при пресметка на даночната основица да го земат предвид даночниот период кој за нив е поповолен, што не е предвидено во хрватскиот закон. Согласно најновите проекции на фискалниот ефект, спроведени врз основа на реални податоци од даночните биланси за 2022 година, државата со внесувањето на оваа одредба се откажува од дополнителни приходи во износ од околу половина од вкупната сума која можеше да ја наплати од обврзниците, односно околу 3 милијарди денари. Ова е доказ дека како Влада слушаме, отворени сме за сугестии, но и правично постапуваме.

Самиот факт дека фискалниот ефект од предложеното решение, согласно даночните пријави за 2022 година ќе изнесуваше 5,5 милијарди денари, доколку не беше предвидена олеснителната одредба, говори за висок раст на приходите минатата година. Согласно законското решение обврската за пресметување и плаќање на данок на солидарност опфаќа 160 даночни обврзници, чии вкупни годишни приходи се над 10 милиони евра. Притоа, зголемена добивка во 2022 година за повеќе од 20% во однос на просекот од даночните периоди од 2017 до 2019 година (со исклучок на 2020 година) е забележана во сите сектори на економијата.

Доколку се земат предвид остварените профити само од 2022 година, најголемо учество во данокот на солидарност би имале токму компаниите во дејноста „производство и трговија со електрична енергија“ со удел од околу 40%, околу 40% се дејностите финансии, трговците на мало и големо и игри на среќа и остатокот од 20% се други сектори. И согласно структурата на дејности е видливо дека енергетската и ценовната криза имале удел во високиот раст на приходите. Со Законот за данок на солидарност се прави извесна редистрибуција на доходот од оние кои најмногу заработиле кон оние кои биле најмногу погодени за време на кризата преку издвојување на дел од профитот за антикризни мерки.

Редистрибуција за корекција на дисторзиите

Би сакал да истакнам, посочив и претходно, дека не е невообичаено во исклучителни состојби, кризи, земјите да воведуваат даноци од привремен карактер за да ги коригираат дисторзиите на пазарот. Економската теорија и политика вели дека ваквите даноци се алатка за редистрибуција на дел од неочекуваните високи приходи кои одредени компании ги стекнуваат заради невообичаени случувања на пазарот или вонредни состојби. На крајот на декември, Шпанија предвиде воведување дополнителен данок на енергетскиот и банкарскиот сектор и привремен данок на солидарност за физички лица. Кон средината на 2022 година Италија, воведе еднократeн данок за „солидарност“ за компании од енергетскиот сектор кои имаат зголемување на нето-продажбите за најмалку 5 милиони евра.

Минатата година и Унгарија објави дополнителен данок на добивка во енергетскиот сектор, финансискиот сектор, телекомуникацискиот сектор, комерцијалните авиокомпании и трговијата на мало за периодот 2022-2023 година. Согласно Законот за дополнителен данок на добивка усвоен во декември 2022 година, Хрватска воведе данок на екстра добивка според кој компаниите со зголемена добивка ќе бидат обврзани за овој данок без оглед на дејноста со која се занимаваат, а собраните средства првенствено ќе одат за поддршка на крајните корисници на енергија, особено за ранливите домаќинства.

Нова нормалност: Спас и раст

Живееме во време на повеќекратни кризи континуирано неколку години по ред, Ковид-пандемијата, енергетската криза, ценовната криза, војната во Украина и геополитичките превирања, високи технолошки промени, преструктуирање на глобалните синџири на вредности, како и климатските промени. Во услови на потребни реформи за подобрување на конкурентноста на нашата економија и интеграција кон европскиот пазар, во време на кризите од 2020 до 2022 година само за антикризни мерки беа извдвоени околу две милијарди евра и дополнителни 225 милиони се обезбедени за 2023 година или вкупно околу 18% од просекот на БДП во последните четири години. Според извештајот на Светска Банка тоа се смета за највисоката финансиска поддршка од сите држави на Западниот Балкан со што меѓу друго се заштитија над 80.000 работни места за време на Ковид во над 15.000 претпријатија.

Исто така, финансиска поддршка имаше за над 180.000 работни места, разни финансиски стимули беа користени за целото стопнаството, како и за ранливите категории на граѓани, и тоа над 330.000 пензионери, над 80.000 корисници на социјална помош, студенти и други категории на граѓани, како и субвенционирање електрична енергија за околу 610.000 домаќинства и 70.000 мали потрошувачи од стопанството, како и поддршка со други антикризни мерки во однос на заштита на животниот стандрад на граѓаните и сузбивање на инфлацијата, која во јуни успеавме да ја симнеме на едноцифрена бројка од 9,3% и со тоа да се преполови во однос на истата во октомври 2022 година кога изнесуваше 19,8%.„Новата нормалност„ во која живееме бара и нов пристап на економските политики со симултан фокус на приоритетите за поддршка на растот на среден рок и агилен одговор за ублажување на ефектите од кризите, а притоа да со одржи макроекономска стабилност. Спас и раст во исто време.

Солидарноста на ЕУ и препораките на ММФ

На крајот би сакал да посочам дека покрај солидарноста и правичноста, што секако се најважни во носењето на овој закон, ова решение е нешто што од нас се очекува. Меѓународниот монетарен фонд во заклучоците од својата последна мисија посочува дека јавните финансии се на вистинска патека, но дека одложувањето на носењето на даночната реформа и данокот на солидарност можат да влијаат негативно на приоритетните расходи. Како што наведуваат, даночната реформа треба да биде усвоена без оддолжување, имајќи го предвид долгиот консултативен процес, а истото се однесува и на данокот на солидарност.

Солидарноста е еден од основните принципи и на Европската Унија кон која се стремиме. Во знакот на таа солидарност, ЕУ ни додели 80 милиони евра грант за антикризни мерки и 100 милиони евра кредит со поволни услови за макрофинансиска поддршка. Исто така, поддршка добивме и од Европската инвестициска банка. Доколку солидарноста постои од страна на нивните даночни обврзници, кои не се дел од нашето општество, зошто не би постоела меѓу нашите даночни обврзници, во овој случај од успешни компании кои ја натфрлиле добивката за 20% изминатата година во однос на нивниот просек од претходните три години. Тоа е одговорност кон нашето општество, или општествена одговорност, како што спомнав на почетокот на текстот.

За резиме, ќе посочам дека како прв финансиер се борам и ќе продолжам да се борам за здрав и праведен систем на јавни финансии, кој е одржлив и кој ќе биде база за економскиот раст. Тука ја вклучувам и борбата за сузбивање на сивата економија, која се наметнува секогаш кога пишувам за даночниот систем. Потребни се само фер однос и фер придонес, ако сакаме доверба во Владата и стопанството и чекор напред. Сите ние сме дел од ова општество и оваа економија и ако тие отидат чекор напред, тоа ќе биде голем скок за секој од нас одделно.

На крај, би истакнал дека нема простор за стигматизирање на данокот на солидарност, затоа што тие што ќе го платат овој данок заслужуваат големо признание како чин на општествена одговорност.

The post Солидарност е прераспределба на дополнителната добивка за поддршка на граѓаните и стопанството appeared first on Република.

]]>

Солидарност е прераспределба на дополнителната добивка за поддршка на граѓаните и стопанството. Генералното Собрание на Обединетите Нации, на 22 декември 2005 година, со Резолуцијата 60/209 ја дефинира солидарноста како една од основните и универзални вредности што треба да бидат во основата на односите меѓу луѓето во 21-от век, и во тој поглед одлучи да го прогласи 20 декември секоја година меѓународен Ден на човековата солидарност. Во декември 2022 година, по коинциденција, ние ги почнавме јавните дебати и консултации за данокот за солидарност. Концептот на данокот на солидарност се заснова на тројството заедништво, општествена одговорност и правичност. Тоа се три принципи или три столба на кои се темели решението. Заедништво: Речиси две милијарди евра од државниот буџет во изминатите три години беа насочени за мерки за стопанството и за граѓаните кои имаа потреба од поддршка. Тоа беа средства од сите нас, даночните обврзници, за оние на кои им беше најпотребно. На тој начин се зачува куповната моќ и се подобри кредитната и платежната способност на многу наши граѓани, а на ранливите категории на фирми им се овозможи да продолжат со секојдневните деловни активности. Во спротивно, рецесијата ќе беше многу подлабока, а невработеноста ќе отстапеше од сегашниот надолен тренд и ќе беше на многу повисоко ниво. Данокот на солидарност ја има истата намена - да обезбеди средства за П1 програмата во буџетот (или уште позната во јавноста како антикризна програма), преку која се исплаќаа и ќе се исплаќаат сите антикризни мерки. Иако според економската теорија, даноците се недестиниран (општонаменски) приход, сепак приходот од данокот на солидарност како вонреден и еднократен данок ќе го овозможи финансирањето на антикризната програма. Општествена одговорност: Во криза, секогаш има одредени дејности, сектори, фирми, кои имаат бенефит од состојбите и заработуваат повеќе. Да се врати дел од профитот, за да се поддржи економијата, развојот и социјалата, претставува општествена одговорност. Општествена одговорност е да го поддржиш општеството, кое ги создава условите за да функционираш и за да бидеш успешен. Праведност: Сите треба да го плаќаме својот праведен дел од давачките, за да може целата економија и општество да просперираат. Во суштина, секој даночен систем се темели на придонес сразмерен на заработката/добивката. Оние кои се најуспешни треба да влечат напред и да придонесуваат кон општото добро. „Солидарност“ е морална појава која се однесува на заемна помош или соработка помеѓу поединци и групи, особено во тешки околности и кризи. Оттаму, сметам дека името „Закон за данок на солидарност“ многу добро му прилега на законското решение кое го дискутираме во Собранието, а чие работно име првично беше Закон за данок на дополнителна добивка (екстра профит). Низ економската историја, понова и подалечна, гледаме повеќе примери за данок на солидарност. Франција во осумдесеттите, Германија во деведесеттите години на минатиот век, а во поново време повторно Франција, Шпанија, Хрватска, Унгарија, Италија, Полска, Чешка, Белгија итн. Данокот на солидарност или солидарниот данок е давачка пропишана од државата за финансирање проект или цел која ги обединува општите интереси. Така, во Франција со данок на солидарност се оданочуваат високите приходи или високата вредност на имотот. Во Германија данокот на солидарност бил воведен за да се обнови источна Германија и да се собере фонд за економска поддршка. Со наглиот раст на цените во енергетскиот сектор минатата година, повеќе европски земји најавија и спроведоа закони за солидарност, а засегнати беа компаниите кои просперираа во тој период (но, за овие примери ќе елаборирам подолу во текстот). Тоа што сакам да го истакнам е дека даноците за солидарност се применувале низ историјата и се применуваат сѐ уште, од повеќе земји. Тие имаат за цел да се помогне и поддржи одредена кауза поврзана со подобрување на ситуацијата во економијата и општеството. За спроведување на целите за фискална одржливост преку фискална консолидација, која меѓу другото значи и подобрување на наплатата на приходите, минатата година, по широка консултација со деловната, експертската и меѓународната јавност, започнавме со спроведување на даночната реформа, која се заснова на проширување на даночната база. Даночната реформа е еден обемен процес којшто ќе се реализира во повеќе фази, но кој главно се заснива на принципите праведност. За тоа сум пишувал во моите претходни колумни.

Усогласување на европската регулатива и следење на препораките од ММФ

Данокот на солидарност, кој е еднократна давачка, е дел од овој процес. Истиот како предлог произлезе од Стратегијата за даночна реформа, но и Регулативата на Советот на ЕУ (2022/1854), донесена на 6 октомври 2022 година за решавање на проблемот со високите цени на енергијата. Регулативата предвидува носење вонредни и временски ограничени мерки, вклучително, задолжителен привремен придонес за солидарност од страна на профитабилните компаниие во енергетскиот сектор. Повеќе земји-членки на Унијата согласно донесената регулатива, пристапија кон законски измени за дополнителни еднократни давачки за субјектите од енергетскиот сектор со екстра-профити. Но, исто така, како резултат на ценовната криза, многу земји од ЕУ воведоа дополнителни давачки на екстра профит и за компании од други дејности (Хрватска, Унгарија и други). Во однос на кризните околности од времето на Ковид и енргетската криза препораки за данок на солидарност имаше и во неколку студии и анализи на ММФ:

Инклузивен процес: Консултации со бизнис-заедницата и опозицијата

По дизајнирањето на предлог-решението за Данокот на солидарност, согласно примерот на дел од земјите од ЕУ, во текот на декември минатата година, Министерството за финансии спроведе инклузивен консултативен процес со деловната заедница. Нацрт-текстот на предлогот на закон, прво го доставивме на разгледување до коморите, а на 23 декември 2022 година, во Министерството за финансии беше одржана средба со претставниците на најголемите коморски здруженија. На средбата од наша страна беше презентирано нацрт-решението и причините за предлогот, а беа објаснети и основите на Регулативата на Советот на ЕУ и хрватскиот предлог-закон за солидарност, кој е најсличен на нашиот. Претставниците на стопанските комори, пак, искажаа разбирање за состојбите во земјава, земајќи ги предвид и пакетите на мерките за поддршка на економијата со кои Владата интервенираше во изминатиот период, а беше посочено и дека големите компании треба да покажат солидарност со буџетот и помалите стопански субјекти во вакви тешки околности. Претставниците на деловната заедница беа вклучени во процесот на дизјанирање на законското решение. Тие дискутираа, пред и по средбата изнесуваа предлози за подобрување на предлогот на закон. Покрај деловната заедница, во интерес на комуникација на законот со сите општествени чинители, одржавме и средба со најголемата опозициска партија.

Кој и колку е засегнат од данокот на солидарност?

По завршување на консултативниот процес, ги разгледавме предлозите и голем дел од нив ги вградивме во законското решение. Согласно решението, данокот на солидарност го плаќа обврзникот за данок на добивка, кој во 2022 година остварил вкупен приход поголем од 615 милиони денари (10 милиони евра). Притоа даночна основа за данокот на добивка е добивката после сите ослободувања, вклучително и ослободувањата за реинвестирана добивка. Даночната основа за данокот на солидарност е добивката после ослободувањата остварена за 2022 година или просекот од 2021 и 2022 година (се зема поволната варијанта за претпријатието) доколку истата е повисока од просекот на добивката во претходни три години зголемена за 20%, почнувајќи од 2017 година, без да се земе предвид пандемиската 2020 година. Данокот на оваа сума е 30% и ќе се плати само еднаш, односно само годинава. На пример, ако препријатието во 2022 година има остварена добивка од три милиони евра, притоа реинвестира еден милион евра, даночната основа за добивката е два милиони евра. Доколку просекот за 2021 и 2022 година на даночната основа за добивката по ослободувањата за истото претпријатие е четири милиона евра, тогаш за пресметка на данокот на солидарност се зема пониската даночна основа, односно два милиона евра добивка после ослободувањата остварено во 2022 година. Според методологијата во Законот за данок на солидарност, со избор на 2022 година, за споредба се зема просекот на добивката после ослободувањата за три години (2021, 2019 и 2018 година) зголемен за 20%, односно ако просекот на добивката во 2021, 2019 и 2018 година изнесува милион евра за пресметка ќе се зема 1,2 милиони евра. Даночната основа за данокот на солидарност е разликата од 800 илијади евра (2.000.000-1.200.000=800.000), при што данокот на солидарност ќе изнесе 240 илијади евра (800*30%=240.000) и истиот ќе се смета за расход во финансиските биланси за 2023 година.

Олеснувачка одредба

Можноста за избор на поповолна опција за пресметковен период е олеснувачка одредба за даночните обврзници при пресметка на даночната основица да го земат предвид даночниот период кој за нив е поповолен, што не е предвидено во хрватскиот закон. Согласно најновите проекции на фискалниот ефект, спроведени врз основа на реални податоци од даночните биланси за 2022 година, државата со внесувањето на оваа одредба се откажува од дополнителни приходи во износ од околу половина од вкупната сума која можеше да ја наплати од обврзниците, односно околу 3 милијарди денари. Ова е доказ дека како Влада слушаме, отворени сме за сугестии, но и правично постапуваме. Самиот факт дека фискалниот ефект од предложеното решение, согласно даночните пријави за 2022 година ќе изнесуваше 5,5 милијарди денари, доколку не беше предвидена олеснителната одредба, говори за висок раст на приходите минатата година. Согласно законското решение обврската за пресметување и плаќање на данок на солидарност опфаќа 160 даночни обврзници, чии вкупни годишни приходи се над 10 милиони евра. Притоа, зголемена добивка во 2022 година за повеќе од 20% во однос на просекот од даночните периоди од 2017 до 2019 година (со исклучок на 2020 година) е забележана во сите сектори на економијата. Доколку се земат предвид остварените профити само од 2022 година, најголемо учество во данокот на солидарност би имале токму компаниите во дејноста „производство и трговија со електрична енергија“ со удел од околу 40%, околу 40% се дејностите финансии, трговците на мало и големо и игри на среќа и остатокот од 20% се други сектори. И согласно структурата на дејности е видливо дека енергетската и ценовната криза имале удел во високиот раст на приходите. Со Законот за данок на солидарност се прави извесна редистрибуција на доходот од оние кои најмногу заработиле кон оние кои биле најмногу погодени за време на кризата преку издвојување на дел од профитот за антикризни мерки.

Редистрибуција за корекција на дисторзиите

Би сакал да истакнам, посочив и претходно, дека не е невообичаено во исклучителни состојби, кризи, земјите да воведуваат даноци од привремен карактер за да ги коригираат дисторзиите на пазарот. Економската теорија и политика вели дека ваквите даноци се алатка за редистрибуција на дел од неочекуваните високи приходи кои одредени компании ги стекнуваат заради невообичаени случувања на пазарот или вонредни состојби. На крајот на декември, Шпанија предвиде воведување дополнителен данок на енергетскиот и банкарскиот сектор и привремен данок на солидарност за физички лица. Кон средината на 2022 година Италија, воведе еднократeн данок за „солидарност“ за компании од енергетскиот сектор кои имаат зголемување на нето-продажбите за најмалку 5 милиони евра. Минатата година и Унгарија објави дополнителен данок на добивка во енергетскиот сектор, финансискиот сектор, телекомуникацискиот сектор, комерцијалните авиокомпании и трговијата на мало за периодот 2022-2023 година. Согласно Законот за дополнителен данок на добивка усвоен во декември 2022 година, Хрватска воведе данок на екстра добивка според кој компаниите со зголемена добивка ќе бидат обврзани за овој данок без оглед на дејноста со која се занимаваат, а собраните средства првенствено ќе одат за поддршка на крајните корисници на енергија, особено за ранливите домаќинства.

Нова нормалност: Спас и раст

Живееме во време на повеќекратни кризи континуирано неколку години по ред, Ковид-пандемијата, енергетската криза, ценовната криза, војната во Украина и геополитичките превирања, високи технолошки промени, преструктуирање на глобалните синџири на вредности, како и климатските промени. Во услови на потребни реформи за подобрување на конкурентноста на нашата економија и интеграција кон европскиот пазар, во време на кризите од 2020 до 2022 година само за антикризни мерки беа извдвоени околу две милијарди евра и дополнителни 225 милиони се обезбедени за 2023 година или вкупно околу 18% од просекот на БДП во последните четири години. Според извештајот на Светска Банка тоа се смета за највисоката финансиска поддршка од сите држави на Западниот Балкан со што меѓу друго се заштитија над 80.000 работни места за време на Ковид во над 15.000 претпријатија. Исто така, финансиска поддршка имаше за над 180.000 работни места, разни финансиски стимули беа користени за целото стопнаството, како и за ранливите категории на граѓани, и тоа над 330.000 пензионери, над 80.000 корисници на социјална помош, студенти и други категории на граѓани, како и субвенционирање електрична енергија за околу 610.000 домаќинства и 70.000 мали потрошувачи од стопанството, како и поддршка со други антикризни мерки во однос на заштита на животниот стандрад на граѓаните и сузбивање на инфлацијата, која во јуни успеавме да ја симнеме на едноцифрена бројка од 9,3% и со тоа да се преполови во однос на истата во октомври 2022 година кога изнесуваше 19,8%.„Новата нормалност„ во која живееме бара и нов пристап на економските политики со симултан фокус на приоритетите за поддршка на растот на среден рок и агилен одговор за ублажување на ефектите од кризите, а притоа да со одржи макроекономска стабилност. Спас и раст во исто време.

Солидарноста на ЕУ и препораките на ММФ

На крајот би сакал да посочам дека покрај солидарноста и правичноста, што секако се најважни во носењето на овој закон, ова решение е нешто што од нас се очекува. Меѓународниот монетарен фонд во заклучоците од својата последна мисија посочува дека јавните финансии се на вистинска патека, но дека одложувањето на носењето на даночната реформа и данокот на солидарност можат да влијаат негативно на приоритетните расходи. Како што наведуваат, даночната реформа треба да биде усвоена без оддолжување, имајќи го предвид долгиот консултативен процес, а истото се однесува и на данокот на солидарност. Солидарноста е еден од основните принципи и на Европската Унија кон која се стремиме. Во знакот на таа солидарност, ЕУ ни додели 80 милиони евра грант за антикризни мерки и 100 милиони евра кредит со поволни услови за макрофинансиска поддршка. Исто така, поддршка добивме и од Европската инвестициска банка. Доколку солидарноста постои од страна на нивните даночни обврзници, кои не се дел од нашето општество, зошто не би постоела меѓу нашите даночни обврзници, во овој случај од успешни компании кои ја натфрлиле добивката за 20% изминатата година во однос на нивниот просек од претходните три години. Тоа е одговорност кон нашето општество, или општествена одговорност, како што спомнав на почетокот на текстот. За резиме, ќе посочам дека како прв финансиер се борам и ќе продолжам да се борам за здрав и праведен систем на јавни финансии, кој е одржлив и кој ќе биде база за економскиот раст. Тука ја вклучувам и борбата за сузбивање на сивата економија, која се наметнува секогаш кога пишувам за даночниот систем. Потребни се само фер однос и фер придонес, ако сакаме доверба во Владата и стопанството и чекор напред. Сите ние сме дел од ова општество и оваа економија и ако тие отидат чекор напред, тоа ќе биде голем скок за секој од нас одделно. На крај, би истакнал дека нема простор за стигматизирање на данокот на солидарност, затоа што тие што ќе го платат овој данок заслужуваат големо признание како чин на општествена одговорност.

The post Солидарност е прераспределба на дополнителната добивка за поддршка на граѓаните и стопанството appeared first on Република.

]]>
Бесими: Индексирањето со просечната плата во јавниот сектор е историска одлука https://republika.mk/vesti/ekonomija/besimi-indeksiraneto-so-prosechnata-plata-vo-javniot-sektor-e-istoriska-odluka/ Sun, 16 Jul 2023 10:34:58 +0000 https://republika.mk/?p=661901

Владата никогаш не беше „спротивставена страна“ во преговорите за плата со синдикатите, туку менаџер во процесот кон утврдување на оптимален исход. Активно водевме преговори со синдикатите, но ни беше значајно и да понудиме соодветно решение пред ММФ, за да и тие согледаат дека предлогот има фискална издржаност и дека нема да направи притисоци врз макроекономската стабилност“, пишува министерот за финансии, Фатмир Бесими во својата најнова колумна посветена на воспоставувањето систем на индексирање на платите во јавниот сектор. Министерот истакнува дека за првпат од осамостојувањето, утврдено е системско решение за платите во јавниот сектор, кое е во интерес на вработените, чии плати континуирано ќе растат, но и во интерес на фискалната одржливост и зачувувањето на макроекономската стабилност.

Најважната одлука која ја донесовме е системското решение за индексирање на платите во јавниот сектор со просечната плата на ниво на економијата во рамките на номиналниот раст на БДП. Усогласувањето на платата во јавниот сектор од март 2025 година ќе се врши такашто просечната плата ќе се множи со коефициент. Со овој чекор ќе добиеме еден реален систем на плати, усогласени со состојбите на пазарот на труд, кој ќе биде праведен и транспарентен за целиот јавен сектор. Имаме транзициски период од околу две години за имплементација на ова решение, што е сосема доволен период со оглед на тоа дека станува збор за крупна реформа и треба беспрекорно да се спроведат сите активности поврзани со неа, вклучително и измена на законската рамка, општиот колективен договор и утврдување на коефициентите“, пишува Бесими и напоменува дека најверојатно ние ќе бидеме првата земја во светот која платите во јавниот сектор ќе ги индексира со просечната плата, што ќе обезбеди континуирано прилагодување на платите преку следење на движењата на пазарот на труд и продуктивноста.

Министерот во колумната истакнува дека целта на Владата е платите да растат, како во јавниот така и во приватниот сектор и тоа да биде придружено со раст на продуктивноста и на бруто-домашниот производ. Наведува и дека во изминатите пет години, имајќи ги во предвид барањата и потребите во јавниот сектор, имаше повеќе покачувања на платите, како за целиот јавен сектор, така и за одделни дејности, како образование, детска грижа, здравство, судство, култура, АРМ, МВР, ДЗР, ИПА структури, државна управа итн..Растат платите и во приватниот сектор, што најдобро се огледа од податоците за просечна плата, која во изминатите 5 години е повисока за 50%.

Јавниот сектор, особено државната администрација може и треба да биде важен чинител во промените за економски развој. Јавниот сектор е служител на приватниот сектор и негова должност е да обезбеди услови за развој и конкурентност на приватниот сектор. Оттаму, покрај систем на достојно вреднување на јавните работници, неопходно е да се направи оптимизација. Тоа би значело функционална анализа за оптимално искористување на капацитетите и унапредување на квалитетот на услугите кои ги нуди јавниот сектор. Рационализацијата нема да значи отпуштања на вработените, туку добро поставена програма со поволни и атрактивни мерки за трансфер на вработените во приватниот сектор, каде што веќе се чуствува потребата на пазарот на труд за поголем број на работна сила, која пак од друга страна влијае врз конкурентноста и растот на економијата“, посочува Бесими.

Инаку, со решението кое Владата го усогласи заедно со синдикатите, со септемвриската плата годинава, сите вработени во јавниот сектор ќе добијат покачување од 10% на постојните плати, што следува по усогласувањето од 5% во март по основ на минималната плата. На сите вработени во јавниот сектор до крајот на годинава ќе им биде исплатен и регрес за 2023 година во износ од 10.000 денари, додека понатаму во општиот колективен договор регресот ќе се дефинира на минимум 30% од просечната нето плата.

The post Бесими: Индексирањето со просечната плата во јавниот сектор е историска одлука appeared first on Република.

]]>

Владата никогаш не беше „спротивставена страна“ во преговорите за плата со синдикатите, туку менаџер во процесот кон утврдување на оптимален исход. Активно водевме преговори со синдикатите, но ни беше значајно и да понудиме соодветно решение пред ММФ, за да и тие согледаат дека предлогот има фискална издржаност и дека нема да направи притисоци врз макроекономската стабилност“, пишува министерот за финансии, Фатмир Бесими во својата најнова колумна посветена на воспоставувањето систем на индексирање на платите во јавниот сектор. Министерот истакнува дека за првпат од осамостојувањето, утврдено е системско решение за платите во јавниот сектор, кое е во интерес на вработените, чии плати континуирано ќе растат, но и во интерес на фискалната одржливост и зачувувањето на макроекономската стабилност.
Најважната одлука која ја донесовме е системското решение за индексирање на платите во јавниот сектор со просечната плата на ниво на економијата во рамките на номиналниот раст на БДП. Усогласувањето на платата во јавниот сектор од март 2025 година ќе се врши такашто просечната плата ќе се множи со коефициент. Со овој чекор ќе добиеме еден реален систем на плати, усогласени со состојбите на пазарот на труд, кој ќе биде праведен и транспарентен за целиот јавен сектор. Имаме транзициски период од околу две години за имплементација на ова решение, што е сосема доволен период со оглед на тоа дека станува збор за крупна реформа и треба беспрекорно да се спроведат сите активности поврзани со неа, вклучително и измена на законската рамка, општиот колективен договор и утврдување на коефициентите“, пишува Бесими и напоменува дека најверојатно ние ќе бидеме првата земја во светот која платите во јавниот сектор ќе ги индексира со просечната плата, што ќе обезбеди континуирано прилагодување на платите преку следење на движењата на пазарот на труд и продуктивноста.
Министерот во колумната истакнува дека целта на Владата е платите да растат, како во јавниот така и во приватниот сектор и тоа да биде придружено со раст на продуктивноста и на бруто-домашниот производ. Наведува и дека во изминатите пет години, имајќи ги во предвид барањата и потребите во јавниот сектор, имаше повеќе покачувања на платите, како за целиот јавен сектор, така и за одделни дејности, како образование, детска грижа, здравство, судство, култура, АРМ, МВР, ДЗР, ИПА структури, државна управа итн..Растат платите и во приватниот сектор, што најдобро се огледа од податоците за просечна плата, која во изминатите 5 години е повисока за 50%.
Јавниот сектор, особено државната администрација може и треба да биде важен чинител во промените за економски развој. Јавниот сектор е служител на приватниот сектор и негова должност е да обезбеди услови за развој и конкурентност на приватниот сектор. Оттаму, покрај систем на достојно вреднување на јавните работници, неопходно е да се направи оптимизација. Тоа би значело функционална анализа за оптимално искористување на капацитетите и унапредување на квалитетот на услугите кои ги нуди јавниот сектор. Рационализацијата нема да значи отпуштања на вработените, туку добро поставена програма со поволни и атрактивни мерки за трансфер на вработените во приватниот сектор, каде што веќе се чуствува потребата на пазарот на труд за поголем број на работна сила, која пак од друга страна влијае врз конкурентноста и растот на економијата“, посочува Бесими.
Инаку, со решението кое Владата го усогласи заедно со синдикатите, со септемвриската плата годинава, сите вработени во јавниот сектор ќе добијат покачување од 10% на постојните плати, што следува по усогласувањето од 5% во март по основ на минималната плата. На сите вработени во јавниот сектор до крајот на годинава ќе им биде исплатен и регрес за 2023 година во износ од 10.000 денари, додека понатаму во општиот колективен договор регресот ќе се дефинира на минимум 30% од просечната нето плата.

The post Бесими: Индексирањето со просечната плата во јавниот сектор е историска одлука appeared first on Република.

]]>
Бесими: Има интерес за граѓанската обврзница, до крајот на неделава се очекува да надмине 50 проценти од понудениот износ https://republika.mk/vesti/ekonomija/besimi-ima-interes-za-graganskata-obvrznitsa-do-krajot-na-nedelava-se-ochekuva-da-nadmine-50-protsenti-od-ponudeniot-iznos/ Sat, 08 Jul 2023 10:08:51 +0000 https://republika.mk/?p=659155

Има интерес за граѓанската обврзница и до крајот на неделата се очекува да надмине 50 проценти од предвидениот износ од 10 милиони евра, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во видео интервјуто за МИА.

Аукцијата е закажана за четврток (13 јули), а министерот Бесими посочува дека се работи за транспарентна, едноставна и поволна безризична финансиска инвестиција која нуди низа поволности за граѓаните.

Она што се очекува следната недела е првата емисија и нудиме поволни услови – пет проценти камата, рокот на доспевање е две години. Тоа значи дека граѓаните што ќе се одлучат да вложат во оваа обврзница, имаат неколку бенефиции. Прво, ова е безризична инвестиција. Второ, граѓаните ќе добијат околу пет проценти камата во однос на влогот. Една обврзница што ќе се издава на аукција е 10.000 денари и доколку некој се реши да инвестира околу 100 илјади денари на 20 јули следната година ќе има пет илјади денари принос од камата. Наредната година уште пет илјади денари што значи вкупно 10.000 денари камата за 100.000 денари - истакнува Бесими.

Преку објава на Фејсбук вчера министерот соопшти дека поднел барање за купување на една обврзница.

За МИА појаснува вели дека како Министерство писмено се обратиле до Комисијата за хартии од вредност со цел да се утврди дали има конфликт на интереси.

Во постапка сме со Државната комисија за хартии од вредност и се имаме обратено писмено со цел да разјасниме дали има конфликт на интереси. Лично од економски аспект мислам дека не би требало да има конфликт на интереси од неколку причини – постапката е транспарентна, се врши на јавна аукција, инструментот се нуди под исти услови за сите граѓани и количините не се ограничени. По дефиниција, според закон- конфликт на интереси има доколку се користи одредена јавна функција за лична корист. Во конкретниот случај, нема да има никаква поповолна позиција или корист за издавачот. Тоа е исто како некој што произведува производ на пазарот, кој како што го продава на другите, го користи и за себе. Но, сепак тоа е ингеренција на Државната комисија за хартии од вредност и очекуваме официјален одговор од нив бидејќи прашањето не е само за финансии, туку и за сите именувани и избрани функционери - вели Бесими во интервјуто.

The post Бесими: Има интерес за граѓанската обврзница, до крајот на неделава се очекува да надмине 50 проценти од понудениот износ appeared first on Република.

]]>

Има интерес за граѓанската обврзница и до крајот на неделата се очекува да надмине 50 проценти од предвидениот износ од 10 милиони евра, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во видео интервјуто за МИА. Аукцијата е закажана за четврток (13 јули), а министерот Бесими посочува дека се работи за транспарентна, едноставна и поволна безризична финансиска инвестиција која нуди низа поволности за граѓаните.
Она што се очекува следната недела е првата емисија и нудиме поволни услови – пет проценти камата, рокот на доспевање е две години. Тоа значи дека граѓаните што ќе се одлучат да вложат во оваа обврзница, имаат неколку бенефиции. Прво, ова е безризична инвестиција. Второ, граѓаните ќе добијат околу пет проценти камата во однос на влогот. Една обврзница што ќе се издава на аукција е 10.000 денари и доколку некој се реши да инвестира околу 100 илјади денари на 20 јули следната година ќе има пет илјади денари принос од камата. Наредната година уште пет илјади денари што значи вкупно 10.000 денари камата за 100.000 денари - истакнува Бесими.
Преку објава на Фејсбук вчера министерот соопшти дека поднел барање за купување на една обврзница. За МИА појаснува вели дека како Министерство писмено се обратиле до Комисијата за хартии од вредност со цел да се утврди дали има конфликт на интереси.
Во постапка сме со Државната комисија за хартии од вредност и се имаме обратено писмено со цел да разјасниме дали има конфликт на интереси. Лично од економски аспект мислам дека не би требало да има конфликт на интереси од неколку причини – постапката е транспарентна, се врши на јавна аукција, инструментот се нуди под исти услови за сите граѓани и количините не се ограничени. По дефиниција, според закон- конфликт на интереси има доколку се користи одредена јавна функција за лична корист. Во конкретниот случај, нема да има никаква поповолна позиција или корист за издавачот. Тоа е исто како некој што произведува производ на пазарот, кој како што го продава на другите, го користи и за себе. Но, сепак тоа е ингеренција на Државната комисија за хартии од вредност и очекуваме официјален одговор од нив бидејќи прашањето не е само за финансии, туку и за сите именувани и избрани функционери - вели Бесими во интервјуто.

The post Бесими: Има интерес за граѓанската обврзница, до крајот на неделава се очекува да надмине 50 проценти од понудениот износ appeared first on Република.

]]>
Бесими: Мислам дека сме блиску до решение со синдикатите https://republika.mk/vesti/ekonomija/besimi-mislam-deka-sme-blisku-do-reshenie-so-sindikatite/ Fri, 07 Jul 2023 08:44:15 +0000 https://republika.mk/?p=658827

Мислам дека сме блиску до решение со синдикатите, ако продолжиме со овој интензитет, прашање на денови е кога ќе го заокружиме ова прашање, вели во интервју за МИА министерот за финансии Фатмир Бесими кој е директно вклучен во преговорите со синдикатите за зголемувањето на платите и за новата методологија на плати во јавниот сектор.

Има солидна клима, меѓусебна доверба, волја за решение, треба уште некои финеси да ги завршиме, истакнува Бесими, додавајќи дека е рационален оптимист.

Видео интервјутово целост ќе биде објавено утре.

The post Бесими: Мислам дека сме блиску до решение со синдикатите appeared first on Република.

]]>

Мислам дека сме блиску до решение со синдикатите, ако продолжиме со овој интензитет, прашање на денови е кога ќе го заокружиме ова прашање, вели во интервју за МИА министерот за финансии Фатмир Бесими кој е директно вклучен во преговорите со синдикатите за зголемувањето на платите и за новата методологија на плати во јавниот сектор.
Има солидна клима, меѓусебна доверба, волја за решение, треба уште некои финеси да ги завршиме, истакнува Бесими, додавајќи дека е рационален оптимист.
Видео интервјутово целост ќе биде објавено утре.

The post Бесими: Мислам дека сме блиску до решение со синдикатите appeared first on Република.

]]>
Бесими: Македонија ќе биде прва држава во светот што ќе ги индексира платите во јавниот сектор со просечната бруто плата https://republika.mk/vesti/ekonomija/besimi-makedonija-ke-bide-prva-drzhava-vo-svetot-shto-ke-gi-indeksira-platite-vo-javniot-sektor-so-prosechnata-bruto-plata/ Tue, 04 Jul 2023 20:01:42 +0000 https://republika.mk/?p=658168

Министерот за финансии Фатмир Бесими смета дека барањата на синдикатите се легитимни зашто тие се борат за одржување на животниот стандард пред инфлацијата. На секоја средба со нив, рече вечерва, има атмосфера и волја да се дојде до решение, но тоа, напомена, мора да биде здраво, системско и одржливо.

Според Бесими, Северна Македонија ќе биде прва држава во светот што ќе ги индексира платите во јавниот сектор со просечната бруто плата.

-Има неколку работи испреплетени со кризата, посебно кога зборуваме за инфлацијата - таа е феномен кој носи многу предизвици, а друг момент е и спиралата. Тука барањата на синдикатите се легитимни, зашто тие се борат за одржување на животниот стандрад пред инфлацијата. И ние за тоа се залагаме, но разговараме со нив за чекор понатаму. Разговорите се во тек, не можеме сите аспекти во детали да ги објавиме, зашто не се целосно усогласени, но генерално, начелно сме согласни и ќе бидеме прва држава во светот што ќе ги индексира платите во јавниот сектор со просечната бруто плата. Има примери со инфлација и со минимална плата, а со просечна бруто плата што е во интерес на вработените можеби ќе бидеме први што користиме ваков модел. Еден предлог е дека март 2025 целосно ќе биде, но очекуваме процесот да се заокружи, истакна министерот во интервју за ТВ Сител.

На прашањето дали утре од состанокот на Економскиот-социјален совет очекува некаков договор, тој одговорите дека се работи секој ден и на секоја средба за да се доближат позициите.

-Морам во оваа фаза да кажам дека иако во разни моменти имаме различни ставови или погледи за одредени прашања, има атмосфера и волја од сите страни да дојдеме до решение. Презентираме различни позиции, но битно е во период на инфлација, кога се бориме да ја сузбиеме од сите аспекти, и динамиката на раст на платите да може да помогне во тој процес зашто тоа што ќе биде резултат е - колку реално ќе расте платата. Инаку, и административците се граѓани кои бараат јавни услуги. Тука и претставниците на синдикатите се свесни, сите сакаме да постигнеме ефикасна админситрација, но треба да се прави баланс - колку расте реалната економија кај нас, колку расте конкурентноста во стопанството и колку тоа може да го придвижи растот, ако стопанството или економијата не расте, може да разговараме цел ден колку ќе биде платата во однос на просечната плата, но ако платата не расте, колку и да ставиш коефициент, ќе стагнира. Ни треба ефикасна, професионална админситрација која ќе биде поддршка на стопанството, покрај другите развојни фактори, за тоа да се раздвижи и да расте побрзо. Тоа се врзани садови и во тој дел, ако поставиме здрав систем, здраво системско решение, ќе направиме основа за во иднина, децениски, да имаме етаблиран систем кој ќе донесе и поквалитетен јавен сектор, потенцира Бесими.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/poteklo-na-parite-nema-da-se-bara-vlasta-e-reshena-da-se-isperat-tsrnite-pari-so-graganska-obrznitsa-za-100-000-denari-ke-dava-5-000-denari-kamata/

Во врска со барањата на вработените од УЈП да имаат 30 отсто повисоки плати, Бесими очекува дека ќе се најде решение.

-Тоа е  во однос на новиот закон кај нив и спецификите зашто генерално, и инспекциските и безбедносните служби во УЈП, во Царинската управа, финансиските служби, имаат друг систем на вреднување или оценување на бодови. Сега со синикдатите решаваме динамика на плати општо во јавниот сектор каде на крај и тие ќе бидат вклучени. И таму се водат разговори со посредник, медијатор, мислам дека ќе стигнеме до некое разбирливо решение, да имаме квалитетна админситрација и јавен сектор за граѓаните и стопанството, рече министерот за финансии во телевизиското гостување. 

The post Бесими: Македонија ќе биде прва држава во светот што ќе ги индексира платите во јавниот сектор со просечната бруто плата appeared first on Република.

]]>

Министерот за финансии Фатмир Бесими смета дека барањата на синдикатите се легитимни зашто тие се борат за одржување на животниот стандард пред инфлацијата. На секоја средба со нив, рече вечерва, има атмосфера и волја да се дојде до решение, но тоа, напомена, мора да биде здраво, системско и одржливо. Според Бесими, Северна Македонија ќе биде прва држава во светот што ќе ги индексира платите во јавниот сектор со просечната бруто плата.
-Има неколку работи испреплетени со кризата, посебно кога зборуваме за инфлацијата - таа е феномен кој носи многу предизвици, а друг момент е и спиралата. Тука барањата на синдикатите се легитимни, зашто тие се борат за одржување на животниот стандрад пред инфлацијата. И ние за тоа се залагаме, но разговараме со нив за чекор понатаму. Разговорите се во тек, не можеме сите аспекти во детали да ги објавиме, зашто не се целосно усогласени, но генерално, начелно сме согласни и ќе бидеме прва држава во светот што ќе ги индексира платите во јавниот сектор со просечната бруто плата. Има примери со инфлација и со минимална плата, а со просечна бруто плата што е во интерес на вработените можеби ќе бидеме први што користиме ваков модел. Еден предлог е дека март 2025 целосно ќе биде, но очекуваме процесот да се заокружи, истакна министерот во интервју за ТВ Сител.
На прашањето дали утре од состанокот на Економскиот-социјален совет очекува некаков договор, тој одговорите дека се работи секој ден и на секоја средба за да се доближат позициите.
-Морам во оваа фаза да кажам дека иако во разни моменти имаме различни ставови или погледи за одредени прашања, има атмосфера и волја од сите страни да дојдеме до решение. Презентираме различни позиции, но битно е во период на инфлација, кога се бориме да ја сузбиеме од сите аспекти, и динамиката на раст на платите да може да помогне во тој процес зашто тоа што ќе биде резултат е - колку реално ќе расте платата. Инаку, и административците се граѓани кои бараат јавни услуги. Тука и претставниците на синдикатите се свесни, сите сакаме да постигнеме ефикасна админситрација, но треба да се прави баланс - колку расте реалната економија кај нас, колку расте конкурентноста во стопанството и колку тоа може да го придвижи растот, ако стопанството или економијата не расте, може да разговараме цел ден колку ќе биде платата во однос на просечната плата, но ако платата не расте, колку и да ставиш коефициент, ќе стагнира. Ни треба ефикасна, професионална админситрација која ќе биде поддршка на стопанството, покрај другите развојни фактори, за тоа да се раздвижи и да расте побрзо. Тоа се врзани садови и во тој дел, ако поставиме здрав систем, здраво системско решение, ќе направиме основа за во иднина, децениски, да имаме етаблиран систем кој ќе донесе и поквалитетен јавен сектор, потенцира Бесими.
https://republika.mk/vesti/ekonomija/poteklo-na-parite-nema-da-se-bara-vlasta-e-reshena-da-se-isperat-tsrnite-pari-so-graganska-obrznitsa-za-100-000-denari-ke-dava-5-000-denari-kamata/ Во врска со барањата на вработените од УЈП да имаат 30 отсто повисоки плати, Бесими очекува дека ќе се најде решение.
-Тоа е  во однос на новиот закон кај нив и спецификите зашто генерално, и инспекциските и безбедносните служби во УЈП, во Царинската управа, финансиските служби, имаат друг систем на вреднување или оценување на бодови. Сега со синикдатите решаваме динамика на плати општо во јавниот сектор каде на крај и тие ќе бидат вклучени. И таму се водат разговори со посредник, медијатор, мислам дека ќе стигнеме до некое разбирливо решение, да имаме квалитетна админситрација и јавен сектор за граѓаните и стопанството, рече министерот за финансии во телевизиското гостување. 

The post Бесими: Македонија ќе биде прва држава во светот што ќе ги индексира платите во јавниот сектор со просечната бруто плата appeared first on Република.

]]>
Потеклото на парите нема да се бара: Власта е решена да се исперат црните пари-со граѓанска обврзница за 100.000 денари ќе дава 5.000 денари камата https://republika.mk/vesti/ekonomija/potekloto-na-parite-nema-da-se-bara-vlasta-e-reshena-da-se-isperat-tsrnite-pari-so-graganska-obvrznitsa-za-100-000-denari-ke-dava-5-000-denari-kamata/ Tue, 04 Jul 2023 19:48:55 +0000 https://republika.mk/?p=658162

Ако некој купил 10 обврзници за 100 000 денари, првата година ќе добие 5 000 денари камата, а втората година уште толку или вкупно 10 000 за 100 000 денари инвестиција. На крај на втората година ќе ги добие повторно парите назад доколку се реши да ги земе или да направи повторна емисија. Вака вечерва министерот за финансии Фатмир Бесими отприлика објасни каква ќе биде придобивката од граѓанската обврзница. Овој нов, иновативен инструмент, рече, до 12 јули, секој ден, од 9 до 14 часот, може многу едноставно да се купи во банките - преку средствата на трансакциска сметка или во кеш.

Како што напомена Бесими, граѓанската обврзница е исклучително транспарентен и безбеден процес на вложување, посебно на оние пари што луѓето ги чуваат дома, „под перница“.

Аукцијата ќе биде на 13 јули. Тогаш ќе се соберат сите налози, сите плаќања што се направени преку банките.

Граѓаните на 20 јули 2024 година ќе можат да ја добијат првата камата од 5 проценти од вредноста на обврзницата, а на 20 јули 2025 и втората камата, како и целиот износ на купонот.

--Битно е граѓаните да знаат, оние што имаат заштеди „под перница“, дека со ова им овозможуваме во период на инфлација, кога парите губат вредност, да вложат во државни обврзници кои даваат добри приноси. Тие што имаат намера да „перат“ пари, корситат други канали и за тоа се свесни државните институции. Тие, пак, што имаат милионски суми, бркаат други бизниси, канали и инвестиции, рече Бесими.

Според Бесими, треба да се прави баланс - колку расте реалната економија кај нас, колку расте конкурентноста во стопанството и колку тоа може да го придвижи растот, ако стопанството или еконо

Според него, постапката е многу едноставна, а емисии ќе има постојано.

-Постапката е наједноставна што може. Дури и каматната стапка е заокружена на пет проценти заради порака, симболика. Значи, граѓаните ќе можат да одат во банка каде што имаат сметка или која било друга банка каде што ќе можат да отворат сметка. Ќе бараат на шалтер во банката едноставно како и секоја друга работа или плаќање, да купат обврзници на државата. Сите банки во земјата се вклучени во процесот да нудат како решение плаќање за граѓаните и тоа ќе можат да го направат дали со средствата што ги имаат во банка, трансакциска сметка или некоја друга нивна сметка во банка или со готовина. На 13 јули се прави аукцијата и после тоа неколку дена ќе се регистрира, се вика она порамнување, а де-факто се регистрираат во депозитар на хартија од вредност. Секој според регистарот на депозитар на хартија од вредност ќе може да си провери и во својата банка дека таму стои како сопственик на граѓанските обврзници, објасни министерот.

Каматната стапка на банките, потенцира, е во делот на монетарната политика.

-Граѓански обврзници ќе има постојано. Ова е првпат што го воведуваме како инструмент, но ќе го има постојано на пазарот. По втората година, кога ќе доспее оваа обврзница, ќе има запишување или обновување и граѓаните ќе може да инвестираат повторно. Во врска со каматата на банките, тоа е во делот на монетарната политика, Централната банка и банките и трансмисиониот механизам. Ние нудиме нов инструмент на пазарот кој ќе дава можност во однос на понудата на парите што ги имаат граѓаните да го вложат во овој инструмент. Пред се во интерес на граѓаните. Инаку, од аспект на вкупните депозити на граѓаните во банките ова не е ни еден отсто од 50-те милиони евра што ги најавивме. На првата аукција што го објавивме за 10 милиони евра или во противвредност 615 милиони денари е далеку од тоа што може да влијае врз пазарот, но како инструмент ќе постои во иднина и во иднина ќе има такво влијание кај банките, но тоа е во некоја подалечна иднина кога пазарот ќе се етаблира така што ова сега е директно во интерес на граѓаните. И ние со банките го дискутиравме ова и заедно сме во овој процес затоа се продаваат и преку банките, рече Бесими.

Алудирајќи на обвинувањата од опозицијата дека на овој начин ќе може да се исперат нелегално стекнатите пари, Бесими подвлече дека граѓанската обврзница, како инструмент, е имуна на политички изјави. Процесот, повтори, е исклучително транспарентен, безбеден и многу едноставен, како и секое најобично плаќање во банка.

-Овој инструмент е транспарентен и во интерес на граѓаните и мислам дека ќе ги даде очекуваните резултати, дециден е Бесими.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-so-graganskata-obvrznitsa-sakaat-da-gi-isperat-tsrnite-pari/

Гордана Димитриска-Кочоска во интервјуто за „Република“ објасни и што значи најавата за издавање на граѓанска обврзница. Според неа, целта на оваа обврзница е да се исперат црните пари а во прилог на ова тврдење е и фактот што оние што ќе донесат над 15.000 евра и ќе ги вложат во граѓанската обврзница немаат обврска да докажуваат потекло на парите.

Државата издава државни хартии од вреднот кои и досега можеа да ги купат и физички лица преку брокери.Но која е крајната цел со граѓанската обврзница. Министерот за финансии кажа дека обрзницата ќе биде биде наменета за граѓаните и оти целта било да се извлечат парите од граѓаните кои ги чуваат дома под перница и да ги вложат. Потоа стигна известување од банките дека секое лице што ќе отиде во банка и ќе донесе од дома повеќе од 15.000 евра нема да има обврска да донесе документ за потекло на своите пари.Ова јасно покажува дека сакаат да ги исперат црните пари.Притоа многу ни е јасно каде има црни пари.Не очекувам дека во Свети Николе, Берово или Делчево ќе најдеме црни пари, но во некои други делови ќе најдеме. Со ова ги ставаат во нерамноправна положба тие што ќе ги донесат црните пари над 15.000 евра и кои нема да ги прашате од каде им се со тие што ќе ги прашате од каде им се затоа што ќе ги вложат парите како депозит во банка и нема да купат граѓанска обврзница.Само за граѓанска обврзница нема да имаат обврска да објаснуваат од каде им се, за се друго имаат.Тој што има црни пари дома значи дека има пари, нашите граѓани немаат.Им нудите каматни стапки кои се повисоки и правите притисок кон оние граѓани кои имаат депозити во банка да ги пренасочат кон граѓанската обвзница затоа што таму каматната стапка ќе биде попривлечна. За да може обврзицата на министерот да биде привлечна тој треба да понуди повисока камата од онаа што ја имаат на депозитие во банките. Ќе понуди повисока камата, а банките за да се изборат своите депозити да не им се одлеваат во граѓанската обрзница ќе понудат повисоки камати и повторно ќе ги качи каматите на кредитите затоа што каматата на кредитот е приход за банката, а каматата за депозитот е трошок. И сега трошокот ако им расте тие мора да ги зголемат каматите на кредитите. Граѓаните во Македонија живеат од кредити, не од депозити,нема пари под перница. Едвај се прехрануваат од месец до месец и ваквата одлука во суштина само штетно влијае на најголемиот процент на граѓаните.Не може ние да се фокусираме и да ја гледаме онаа мала група на луѓе кои што имаат.СДСМ кога доаѓаше на власт една од приказните што ја продаваше беше „праведност и рамноправност“-ќе земеме од богатите а ќе дадеме на сиромашните.Сега во пракса гледаме дека се зема од сиромашните а сите привилегии ги уживаат богатите.

The post Потеклото на парите нема да се бара: Власта е решена да се исперат црните пари-со граѓанска обврзница за 100.000 денари ќе дава 5.000 денари камата appeared first on Република.

]]>

Ако некој купил 10 обврзници за 100 000 денари, првата година ќе добие 5 000 денари камата, а втората година уште толку или вкупно 10 000 за 100 000 денари инвестиција. На крај на втората година ќе ги добие повторно парите назад доколку се реши да ги земе или да направи повторна емисија. Вака вечерва министерот за финансии Фатмир Бесими отприлика објасни каква ќе биде придобивката од граѓанската обврзница. Овој нов, иновативен инструмент, рече, до 12 јули, секој ден, од 9 до 14 часот, може многу едноставно да се купи во банките - преку средствата на трансакциска сметка или во кеш. Како што напомена Бесими, граѓанската обврзница е исклучително транспарентен и безбеден процес на вложување, посебно на оние пари што луѓето ги чуваат дома, „под перница“. Аукцијата ќе биде на 13 јули. Тогаш ќе се соберат сите налози, сите плаќања што се направени преку банките. Граѓаните на 20 јули 2024 година ќе можат да ја добијат првата камата од 5 проценти од вредноста на обврзницата, а на 20 јули 2025 и втората камата, како и целиот износ на купонот.
--Битно е граѓаните да знаат, оние што имаат заштеди „под перница“, дека со ова им овозможуваме во период на инфлација, кога парите губат вредност, да вложат во државни обврзници кои даваат добри приноси. Тие што имаат намера да „перат“ пари, корситат други канали и за тоа се свесни државните институции. Тие, пак, што имаат милионски суми, бркаат други бизниси, канали и инвестиции, рече Бесими.
Според Бесими, треба да се прави баланс - колку расте реалната економија кај нас, колку расте конкурентноста во стопанството и колку тоа може да го придвижи растот, ако стопанството или еконо Според него, постапката е многу едноставна, а емисии ќе има постојано.
-Постапката е наједноставна што може. Дури и каматната стапка е заокружена на пет проценти заради порака, симболика. Значи, граѓаните ќе можат да одат во банка каде што имаат сметка или која било друга банка каде што ќе можат да отворат сметка. Ќе бараат на шалтер во банката едноставно како и секоја друга работа или плаќање, да купат обврзници на државата. Сите банки во земјата се вклучени во процесот да нудат како решение плаќање за граѓаните и тоа ќе можат да го направат дали со средствата што ги имаат во банка, трансакциска сметка или некоја друга нивна сметка во банка или со готовина. На 13 јули се прави аукцијата и после тоа неколку дена ќе се регистрира, се вика она порамнување, а де-факто се регистрираат во депозитар на хартија од вредност. Секој според регистарот на депозитар на хартија од вредност ќе може да си провери и во својата банка дека таму стои како сопственик на граѓанските обврзници, објасни министерот.
Каматната стапка на банките, потенцира, е во делот на монетарната политика.
-Граѓански обврзници ќе има постојано. Ова е првпат што го воведуваме како инструмент, но ќе го има постојано на пазарот. По втората година, кога ќе доспее оваа обврзница, ќе има запишување или обновување и граѓаните ќе може да инвестираат повторно. Во врска со каматата на банките, тоа е во делот на монетарната политика, Централната банка и банките и трансмисиониот механизам. Ние нудиме нов инструмент на пазарот кој ќе дава можност во однос на понудата на парите што ги имаат граѓаните да го вложат во овој инструмент. Пред се во интерес на граѓаните. Инаку, од аспект на вкупните депозити на граѓаните во банките ова не е ни еден отсто од 50-те милиони евра што ги најавивме. На првата аукција што го објавивме за 10 милиони евра или во противвредност 615 милиони денари е далеку од тоа што може да влијае врз пазарот, но како инструмент ќе постои во иднина и во иднина ќе има такво влијание кај банките, но тоа е во некоја подалечна иднина кога пазарот ќе се етаблира така што ова сега е директно во интерес на граѓаните. И ние со банките го дискутиравме ова и заедно сме во овој процес затоа се продаваат и преку банките, рече Бесими.
Алудирајќи на обвинувањата од опозицијата дека на овој начин ќе може да се исперат нелегално стекнатите пари, Бесими подвлече дека граѓанската обврзница, како инструмент, е имуна на политички изјави. Процесот, повтори, е исклучително транспарентен, безбеден и многу едноставен, како и секое најобично плаќање во банка.
-Овој инструмент е транспарентен и во интерес на граѓаните и мислам дека ќе ги даде очекуваните резултати, дециден е Бесими.
https://republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-so-graganskata-obvrznitsa-sakaat-da-gi-isperat-tsrnite-pari/ Гордана Димитриска-Кочоска во интервјуто за „Република“ објасни и што значи најавата за издавање на граѓанска обврзница. Според неа, целта на оваа обврзница е да се исперат црните пари а во прилог на ова тврдење е и фактот што оние што ќе донесат над 15.000 евра и ќе ги вложат во граѓанската обврзница немаат обврска да докажуваат потекло на парите.
Државата издава државни хартии од вреднот кои и досега можеа да ги купат и физички лица преку брокери.Но која е крајната цел со граѓанската обврзница. Министерот за финансии кажа дека обрзницата ќе биде биде наменета за граѓаните и оти целта било да се извлечат парите од граѓаните кои ги чуваат дома под перница и да ги вложат. Потоа стигна известување од банките дека секое лице што ќе отиде во банка и ќе донесе од дома повеќе од 15.000 евра нема да има обврска да донесе документ за потекло на своите пари.Ова јасно покажува дека сакаат да ги исперат црните пари.Притоа многу ни е јасно каде има црни пари.Не очекувам дека во Свети Николе, Берово или Делчево ќе најдеме црни пари, но во некои други делови ќе најдеме. Со ова ги ставаат во нерамноправна положба тие што ќе ги донесат црните пари над 15.000 евра и кои нема да ги прашате од каде им се со тие што ќе ги прашате од каде им се затоа што ќе ги вложат парите како депозит во банка и нема да купат граѓанска обврзница.Само за граѓанска обврзница нема да имаат обврска да објаснуваат од каде им се, за се друго имаат.Тој што има црни пари дома значи дека има пари, нашите граѓани немаат.Им нудите каматни стапки кои се повисоки и правите притисок кон оние граѓани кои имаат депозити во банка да ги пренасочат кон граѓанската обвзница затоа што таму каматната стапка ќе биде попривлечна. За да може обврзицата на министерот да биде привлечна тој треба да понуди повисока камата од онаа што ја имаат на депозитие во банките. Ќе понуди повисока камата, а банките за да се изборат своите депозити да не им се одлеваат во граѓанската обрзница ќе понудат повисоки камати и повторно ќе ги качи каматите на кредитите затоа што каматата на кредитот е приход за банката, а каматата за депозитот е трошок. И сега трошокот ако им расте тие мора да ги зголемат каматите на кредитите. Граѓаните во Македонија живеат од кредити, не од депозити,нема пари под перница. Едвај се прехрануваат од месец до месец и ваквата одлука во суштина само штетно влијае на најголемиот процент на граѓаните.Не може ние да се фокусираме и да ја гледаме онаа мала група на луѓе кои што имаат.СДСМ кога доаѓаше на власт една од приказните што ја продаваше беше „праведност и рамноправност“-ќе земеме од богатите а ќе дадеме на сиромашните.Сега во пракса гледаме дека се зема од сиромашните а сите привилегии ги уживаат богатите.

The post Потеклото на парите нема да се бара: Власта е решена да се исперат црните пари-со граѓанска обврзница за 100.000 денари ќе дава 5.000 денари камата appeared first on Република.

]]>
Бесими уште не е сигурен дали ќе се прави ребаланс на буџетот https://republika.mk/vesti/ekonomija/besimi-ushte-ne-e-siguren-dali-ke-se-pravi-rebalans-na-budhetot/ Tue, 04 Jul 2023 18:40:28 +0000 https://republika.mk/?p=658149

Ако се оцени дека е потребно, можно е во септември да има ребаланс на Буџетот, рече вечерва министерот за финансии Фатмир Бесими.

Како што истакна Бесими во интервју за телевизија Сител, досега средствата се реализираат според планот, а во Буџетот се обезбедени и 225 милиони евра за антикризни мерки кои стојат како резерва.

-Досега, тоа што го имавме планирано, го реализираме. Во однос на приходи и расходи сме блиску до 50 отсто, во однос на дефицитот сме на 55 отсто зашто капиталните расходи годинава имаат значително поголем раст и во однос на лани за 1,5 пати имаме поголем степен на реализација, над 45 отсто во оваа фаза. Се уште сме во планот, сметаме дека до крајот на годината ќе остане во рамките на планот, може да има во септември евентуално, ако се покаже потреба, и тоа е, во вакви улсови на кризни ситуации може, ако има потреба, да се редефинираат работите. Во Буџетот имаме обезбедено и 225 милиони евра за антикризни мерки кои ни стојат како резерва, веќе 60 милиони имаме исплатено за ЕСМ во однос на субвенции за цената на струјата. Останува уште простор за поддршка до крајот на годината за потребите на граѓаните и стопанствтоо кои се најпогодени од инфлацијата и енергетската криза, истакна Бесими.

The post Бесими уште не е сигурен дали ќе се прави ребаланс на буџетот appeared first on Република.

]]>

Ако се оцени дека е потребно, можно е во септември да има ребаланс на Буџетот, рече вечерва министерот за финансии Фатмир Бесими. Како што истакна Бесими во интервју за телевизија Сител, досега средствата се реализираат според планот, а во Буџетот се обезбедени и 225 милиони евра за антикризни мерки кои стојат како резерва.
-Досега, тоа што го имавме планирано, го реализираме. Во однос на приходи и расходи сме блиску до 50 отсто, во однос на дефицитот сме на 55 отсто зашто капиталните расходи годинава имаат значително поголем раст и во однос на лани за 1,5 пати имаме поголем степен на реализација, над 45 отсто во оваа фаза. Се уште сме во планот, сметаме дека до крајот на годината ќе остане во рамките на планот, може да има во септември евентуално, ако се покаже потреба, и тоа е, во вакви улсови на кризни ситуации може, ако има потреба, да се редефинираат работите. Во Буџетот имаме обезбедено и 225 милиони евра за антикризни мерки кои ни стојат како резерва, веќе 60 милиони имаме исплатено за ЕСМ во однос на субвенции за цената на струјата. Останува уште простор за поддршка до крајот на годината за потребите на граѓаните и стопанствтоо кои се најпогодени од инфлацијата и енергетската криза, истакна Бесими.

The post Бесими уште не е сигурен дали ќе се прави ребаланс на буџетот appeared first on Република.

]]>