фашисти Archives - Република https://republika.mk/tema/fashisti/ За подобро да се разбереме Wed, 12 Oct 2022 11:31:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фашисти Archives - Република https://republika.mk/tema/fashisti/ 32 32 Веќе не е случајност: Власта по втор пат цензуира стихови од песни, а химната сè почесто се пее без делот со Гоце Делчев и Илинденците https://republika.mk/vesti/makedonija/vekje-ne-e-sluchajnost-vlasta-po-vtor-pat-cenzuira-stihovi-od-pesni-a-himnata-se-pochesto-se-pee-bez-delot-so-goce-delchev-i-ilindencite/ Wed, 12 Oct 2022 11:22:09 +0000 https://republika.mk/?p=560082

Она што можеше да се насети од  потпишувањето на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија почнува да се реализира на дело. Македонија нема да смее да си ја прославува својата историја и култура преку песни, ора, стихови, книжевност, спортски натпревари...

Maкедонија веќе не смее да говори за теми поврзани со фашистичкиот период кој е факт, но е болна тема за Бугарија и Бугарите.

Таква порака дојде и од бугарското здружение „Македонија“, кое ни порача да не се надеваме на членство во ЕУ сè додека 11 октомври се прославува како државен празник.

Тоа се виде и вчера на одбележувањето на празникот 11 Октомври во Куманово.

Хор ја испеа и песната „А бре, Македонче“, химна на партизанското движење во Македонија. Напишана е од Крсте Црвенковски и Коле Чашуле, а ја помпонирал Ордан Михајлоски – Оцката.

Последниот стих во оргиналот гласи:

Нека разберат клетите фашисти македонско име нема да загине!

Ном поради притисок од власта „клетите фашисти“ исчезнаа и се пееше, „нека разберат душманите клети македонско име нема да загине“.

Дека ова не е случајност туку тенденција, се покажа уште на прославата на Илинден во Крушево.

Тогаш хорот во песната „Во борба, во борба“ го прескокна делот каде се споменува Гоце Делчев и „фашистичка крв се лее“.

Во последно време сè почесто и интонирањето на државнта химна на културни и спортски натпревари е скратено и без делот со „Гоце Делчев и Илинденците“.

Единствен позитивен пример е неодамнешниот натпревар меѓу Македонија и Бугарија кога нашата химна беше изведена во целост.

 

The post Веќе не е случајност: Власта по втор пат цензуира стихови од песни, а химната сè почесто се пее без делот со Гоце Делчев и Илинденците appeared first on Република.

]]>

Она што можеше да се насети од  потпишувањето на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија почнува да се реализира на дело. Македонија нема да смее да си ја прославува својата историја и култура преку песни, ора, стихови, книжевност, спортски натпревари... Maкедонија веќе не смее да говори за теми поврзани со фашистичкиот период кој е факт, но е болна тема за Бугарија и Бугарите. Таква порака дојде и од бугарското здружение „Македонија“, кое ни порача да не се надеваме на членство во ЕУ сè додека 11 октомври се прославува како државен празник. Тоа се виде и вчера на одбележувањето на празникот 11 Октомври во Куманово. Хор ја испеа и песната „А бре, Македонче“, химна на партизанското движење во Македонија. Напишана е од Крсте Црвенковски и Коле Чашуле, а ја помпонирал Ордан Михајлоски – Оцката. Последниот стих во оргиналот гласи:
Нека разберат клетите фашисти македонско име нема да загине!
Ном поради притисок од власта „клетите фашисти“ исчезнаа и се пееше, „нека разберат душманите клети македонско име нема да загине“. Дека ова не е случајност туку тенденција, се покажа уште на прославата на Илинден во Крушево. Тогаш хорот во песната „Во борба, во борба“ го прескокна делот каде се споменува Гоце Делчев и „фашистичка крв се лее“. Во последно време сè почесто и интонирањето на државнта химна на културни и спортски натпревари е скратено и без делот со „Гоце Делчев и Илинденците“. Единствен позитивен пример е неодамнешниот натпревар меѓу Македонија и Бугарија кога нашата химна беше изведена во целост.  

The post Веќе не е случајност: Власта по втор пат цензуира стихови од песни, а химната сè почесто се пее без делот со Гоце Делчев и Илинденците appeared first on Република.

]]>
Евреите од Македонија прашуваат: До кога Владата ќе го толерира бугарскиот фашизам, што е следно, здружение „Адолф Хитлер“?! https://republika.mk/vesti/makedonija/evreite-od-makedonija-prashuvaat-do-koga-vladata-kje-go-tolerira-bugarskiot-fashizam-shto-e-sledno-zdruzenie-adolf-hitler/ Thu, 11 Aug 2022 19:22:23 +0000 https://republika.mk/?p=539271

Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија се згрозени и навредени од регистрaцијата на Здружението Цар Борис III Охрид и од леснотијата со која во нашата држава се глорифицираат нацизмот, фашизмот и се шири говор на омраза.

Очигледно е дека зачестија регистрации на здруженија со бугарска самосвест кои носат називи на докажани соработници на нацистичка Германија. Тоа е свесна провокација и навреда за Еврејската заедница, навреда за македонската држaва и за нејзините граѓани... или некој можеби мисли поинаку, дека на овој начин, со промоција и величење на фашизмот и нацизмот, се зајакнуваат добрососедските односи?!

Името цар Борис III е поврзано со прогонот и уништувањето на Евреите од окупираните територии од страна на фашистичка Бугарија за време на Втората светска војна. Да потсетиме, цар Борис III и владата на Царска Бугарија се директни виновници за депортацијата на повеќе од 11.300 Евреи од окупираните територии во Македонија, Грција и Србија, од кои 7.144 се Евреи од Македонија, во центарот за убивање Треблика, во окупирана Полска. Цар Борис III на 21 јануари 1941 година го потпишува антиеврејскиот Закон за заштита на нацијата, ја презема паролата на нацистичка Германија „Eден цар, еден народ, една држава“ и е докажан заговорник за спроведување на таканараченото „Конечно решение на еврејското прашање“.

Ова е еклатантен пример на негирање и искривоколчување на холокаустот, на исмевање и навреда за Евреите.

На 18.04.2022 година во нашата реакција за отворањето на културниот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола повикавме „Да се поведе постапка околу правната издржаност културни и други центри, граѓански здруженија и сл. да носат имиња на потврдени фашисти и докажани соработници на нацистите“.

Што треба да очекуваме да се случи следно? Регистрација на здруженија што го носат името на Александар Белев – комесар за еврејски прашања, Петар Габровски – министер за внатрешни работи и јавно здравје, Богдан Филов – премиер на Царска Бугарија, или можеби на Адолф Хитлер?

Несфатлива е рамнодушноста на надлежните органи во прилики кога одредени поединци на најгруб начин ја искривуваат историјата и газат по достоинството на Евреите и на сите граѓани на Македонија.

Кои се тие лојални граѓани на Македонија кои сеат омраза и глорифицираат антисемити, фашисти и нацисти основајќи вакви и слични „културни здруженија“?

Почитувани претставници на Владата, до каде е спроведувањето на двете заложби на државата преземени во Малме на Меѓународниот форум за сеќавање на холокаустот и борбата против антисемитизмот „Remember - React”, 12-14.10.2021 год., а поврзани со Заклучоците на Владата на Р Македонија од 14 септември 2021 година: 1. проширување на наставната програма за борба против антисемитизмот и негирање на холокаустот за учениците од 8. и 9. одделение; 2. задолжителна посета на Меморијалниот центар на холокаустот за учениците од основното и од средното образование?

Тоа е вистинскиот пат и начин како да се сузбие говорот на омраза и да се оневозможи искривување на историјата.

Нашата држава може и мора да застане на патот на сè позачестените појави на регистрирање вакви здруженија, кои со своите провокации и навреди шират говор на омраза и остануваат неказнети под превезот на слобода на говорот или добрососедство. Тоа е класичен пример за искривување на историските факти и величење на фашизмот и нацизмот. Чин што не е во духот на мултикултурализмот во нашата држава и не е во духот на добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија.

The post Евреите од Македонија прашуваат: До кога Владата ќе го толерира бугарскиот фашизам, што е следно, здружение „Адолф Хитлер“?! appeared first on Република.

]]>

Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија се згрозени и навредени од регистрaцијата на Здружението Цар Борис III Охрид и од леснотијата со која во нашата држава се глорифицираат нацизмот, фашизмот и се шири говор на омраза. Очигледно е дека зачестија регистрации на здруженија со бугарска самосвест кои носат називи на докажани соработници на нацистичка Германија. Тоа е свесна провокација и навреда за Еврејската заедница, навреда за македонската држaва и за нејзините граѓани... или некој можеби мисли поинаку, дека на овој начин, со промоција и величење на фашизмот и нацизмот, се зајакнуваат добрососедските односи?! Името цар Борис III е поврзано со прогонот и уништувањето на Евреите од окупираните територии од страна на фашистичка Бугарија за време на Втората светска војна. Да потсетиме, цар Борис III и владата на Царска Бугарија се директни виновници за депортацијата на повеќе од 11.300 Евреи од окупираните територии во Македонија, Грција и Србија, од кои 7.144 се Евреи од Македонија, во центарот за убивање Треблика, во окупирана Полска. Цар Борис III на 21 јануари 1941 година го потпишува антиеврејскиот Закон за заштита на нацијата, ја презема паролата на нацистичка Германија „Eден цар, еден народ, една држава“ и е докажан заговорник за спроведување на таканараченото „Конечно решение на еврејското прашање“. Ова е еклатантен пример на негирање и искривоколчување на холокаустот, на исмевање и навреда за Евреите. На 18.04.2022 година во нашата реакција за отворањето на културниот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола повикавме „Да се поведе постапка околу правната издржаност културни и други центри, граѓански здруженија и сл. да носат имиња на потврдени фашисти и докажани соработници на нацистите“. Што треба да очекуваме да се случи следно? Регистрација на здруженија што го носат името на Александар Белев – комесар за еврејски прашања, Петар Габровски – министер за внатрешни работи и јавно здравје, Богдан Филов – премиер на Царска Бугарија, или можеби на Адолф Хитлер? Несфатлива е рамнодушноста на надлежните органи во прилики кога одредени поединци на најгруб начин ја искривуваат историјата и газат по достоинството на Евреите и на сите граѓани на Македонија. Кои се тие лојални граѓани на Македонија кои сеат омраза и глорифицираат антисемити, фашисти и нацисти основајќи вакви и слични „културни здруженија“? Почитувани претставници на Владата, до каде е спроведувањето на двете заложби на државата преземени во Малме на Меѓународниот форум за сеќавање на холокаустот и борбата против антисемитизмот „Remember - React”, 12-14.10.2021 год., а поврзани со Заклучоците на Владата на Р Македонија од 14 септември 2021 година: 1. проширување на наставната програма за борба против антисемитизмот и негирање на холокаустот за учениците од 8. и 9. одделение; 2. задолжителна посета на Меморијалниот центар на холокаустот за учениците од основното и од средното образование? Тоа е вистинскиот пат и начин како да се сузбие говорот на омраза и да се оневозможи искривување на историјата. Нашата држава може и мора да застане на патот на сè позачестените појави на регистрирање вакви здруженија, кои со своите провокации и навреди шират говор на омраза и остануваат неказнети под превезот на слобода на говорот или добрососедство. Тоа е класичен пример за искривување на историските факти и величење на фашизмот и нацизмот. Чин што не е во духот на мултикултурализмот во нашата држава и не е во духот на добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија.

The post Евреите од Македонија прашуваат: До кога Владата ќе го толерира бугарскиот фашизам, што е следно, здружение „Адолф Хитлер“?! appeared first on Република.

]]>