фактури Archives - Република https://republika.mk/tema/fakturi/ За подобро да се разбереме Sat, 30 Dec 2023 16:05:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фактури Archives - Република https://republika.mk/tema/fakturi/ 32 32 Демократски сојуз: СДСМ ги плаќа „фактурите“ на ДУИ и на Алијанса аа Албанците https://republika.mk/vesti/makedonija/demokratski-sojuz-sdsm-gi-plaka-fakturite-na-dui-i-na-alijansa-aa-albantsite/ Sat, 30 Dec 2023 16:05:48 +0000 https://republika.mk/?p=728248

Деновиве, на крајот на оваа година, СДСМ ги плаќа „фактурите” на ДУИ и АА, за да биде на власт уште неколку денови, посочуваат од Демократски сојуз.

„Медиумите од соседна Албанија се мајтапат со тоа што командант на УЧК ќе биде технички премиер на Македонија, невиден скандал во Судскиот совет каде кадар на ДУИ бара смена на претседателот на Врховниот суд, поради тоа што бил против повторно активирање на аболицијата на Ѓорге Иванов. Скандалозни конкурси за вработување во врвни здравствени институции (терциарна здравствена заштита) со елиминација на Македонци, конкурс во Македонски шуми за вработување на Албанци во Берово, Крива Паланка, Демир Капија, каде што не живеат Албанци, а се елиминираат Македонци. Ја привршуваат постапката за распродажба на водени ресурси, продолжуваат со најкриминалниот проект со Бехтел и Енка, блокадата од Бугарија на евроинтеграциите на Македонија ја маргинализираат и на големо промовираат наводни големи дипломатски успеси итн.

Сите овие и уште многу други коруптивни скандали длабоко ги фрустрираат сите граѓани, се изгуби довербата во државата, а младите масовно бегаат во странство.

Алчноста на власта предизвика колапс на институциите, сè повеке се задолжува државата во странските банки, се предвидуваат над 600 милиони евра за изборен поткуп, спречуваат да се комплетира ДИК итн.

Наместо предновогодишно расположение, граѓаните со неверување слушаат и гледат како СДСМ ги распродава националните и граѓанските интереси, но наскоро за сè што се случува граѓаните ќе го кажат својот суд“ – стои во реакцијата од Демократски сојуз.

The post Демократски сојуз: СДСМ ги плаќа „фактурите“ на ДУИ и на Алијанса аа Албанците appeared first on Република.

]]>

Деновиве, на крајот на оваа година, СДСМ ги плаќа „фактурите” на ДУИ и АА, за да биде на власт уште неколку денови, посочуваат од Демократски сојуз.
„Медиумите од соседна Албанија се мајтапат со тоа што командант на УЧК ќе биде технички премиер на Македонија, невиден скандал во Судскиот совет каде кадар на ДУИ бара смена на претседателот на Врховниот суд, поради тоа што бил против повторно активирање на аболицијата на Ѓорге Иванов. Скандалозни конкурси за вработување во врвни здравствени институции (терциарна здравствена заштита) со елиминација на Македонци, конкурс во Македонски шуми за вработување на Албанци во Берово, Крива Паланка, Демир Капија, каде што не живеат Албанци, а се елиминираат Македонци. Ја привршуваат постапката за распродажба на водени ресурси, продолжуваат со најкриминалниот проект со Бехтел и Енка, блокадата од Бугарија на евроинтеграциите на Македонија ја маргинализираат и на големо промовираат наводни големи дипломатски успеси итн.
Сите овие и уште многу други коруптивни скандали длабоко ги фрустрираат сите граѓани, се изгуби довербата во државата, а младите масовно бегаат во странство. Алчноста на власта предизвика колапс на институциите, сè повеке се задолжува државата во странските банки, се предвидуваат над 600 милиони евра за изборен поткуп, спречуваат да се комплетира ДИК итн.
Наместо предновогодишно расположение, граѓаните со неверување слушаат и гледат како СДСМ ги распродава националните и граѓанските интереси, но наскоро за сè што се случува граѓаните ќе го кажат својот суд“ – стои во реакцијата од Демократски сојуз.

The post Демократски сојуз: СДСМ ги плаќа „фактурите“ на ДУИ и на Алијанса аа Албанците appeared first on Република.

]]>
Изработени се сметките за парно за октомври, во тек е нивна достава https://republika.mk/vesti/ekonomija/izraboteni-se-smetkite-za-parno-za-oktomvri-vo-tek-e-nivna-dostava/ Wed, 30 Nov 2022 13:18:54 +0000 https://republika.mk/?p=580064

Фактурите за топлинска енергија за месец октомври се изработени и во тек е нивна достава.

Од ЕСМ известуваат дека износот на фактурите за топлинска енергија на потрошувачите кои плаќаат на 12 рати ќе бидe ист со оние за август и септември.

Во периодот октомври-април кога се испорачува топлинска енергија, цената на ангажираната моќност и испорачаната топлинска енергија за домаќинствата е финансиски подржана од Буџетот на Р.Македонија преку АД ЕСМ со одлука на Владата, со цел обезбедување на сигурност во снабдувањето со топлинска енергија во услови на постоење на кризна состојба. Износот на финансиската поддршка за секој потрошувач одделно е прикажана во фактурата како поединечна финансиска поддршка за фиксните и варијабилните трошоци. Потрошувачите ќе ги добијат фактурите во следните денови на ист начин на достава како и претходно, односно оние кои ја користеле услугата „е-фактура“ фактурата ќе ја добијат во електронска форма, додека останатите потрошувачи ќе ја добијат фактурaта во хартиена форма, се вели во соопштението.

Во врска со начините на плаќање, потрошувачите ќе можат без провизија да ги плаќаат фактурите на наплатните пунктови на ЕСМ Снабдување.

Потрошувачите кои имаат склучено договор за наплата на фактурите за топлинска енергија преку траен налог, од матичната банка ќе добијат инструкции за постапување или ќе бидат известени за насочување на уплатата кон новиот снабдувач.

Оние потрошувачи кои плаќаат со налог за плаќање, шалтерски во банка или преку електронско банкарство, во зачуваните шаблони односно ПП налози за плаќање ќе биде потребно да ја проверат и да ја внесат жиро-сметката на ЕСМ Снабдување наведена на фактурите.

Од ЕСМ додаваат и дека интензивно се подготвуваат потрошувачите да ги имаат сите можности за плаќање како и претходно, како услугата “Брзо плаќање” и “EPAY” услугата за што дополнително ќе известат.

The post Изработени се сметките за парно за октомври, во тек е нивна достава appeared first on Република.

]]>

Фактурите за топлинска енергија за месец октомври се изработени и во тек е нивна достава. Од ЕСМ известуваат дека износот на фактурите за топлинска енергија на потрошувачите кои плаќаат на 12 рати ќе бидe ист со оние за август и септември.
Во периодот октомври-април кога се испорачува топлинска енергија, цената на ангажираната моќност и испорачаната топлинска енергија за домаќинствата е финансиски подржана од Буџетот на Р.Македонија преку АД ЕСМ со одлука на Владата, со цел обезбедување на сигурност во снабдувањето со топлинска енергија во услови на постоење на кризна состојба. Износот на финансиската поддршка за секој потрошувач одделно е прикажана во фактурата како поединечна финансиска поддршка за фиксните и варијабилните трошоци. Потрошувачите ќе ги добијат фактурите во следните денови на ист начин на достава како и претходно, односно оние кои ја користеле услугата „е-фактура“ фактурата ќе ја добијат во електронска форма, додека останатите потрошувачи ќе ја добијат фактурaта во хартиена форма, се вели во соопштението.
Во врска со начините на плаќање, потрошувачите ќе можат без провизија да ги плаќаат фактурите на наплатните пунктови на ЕСМ Снабдување. Потрошувачите кои имаат склучено договор за наплата на фактурите за топлинска енергија преку траен налог, од матичната банка ќе добијат инструкции за постапување или ќе бидат известени за насочување на уплатата кон новиот снабдувач. Оние потрошувачи кои плаќаат со налог за плаќање, шалтерски во банка или преку електронско банкарство, во зачуваните шаблони односно ПП налози за плаќање ќе биде потребно да ја проверат и да ја внесат жиро-сметката на ЕСМ Снабдување наведена на фактурите. Од ЕСМ додаваат и дека интензивно се подготвуваат потрошувачите да ги имаат сите можности за плаќање како и претходно, како услугата “Брзо плаќање” и “EPAY” услугата за што дополнително ќе известат.  

The post Изработени се сметките за парно за октомври, во тек е нивна достава appeared first on Република.

]]>
ЕСМ ги изработува фактурите за парно за октомври https://republika.mk/vesti/ekonomija/esm-gi-izrabotuva-fakturite-za-parno-za-oktomvri/ Tue, 29 Nov 2022 16:20:50 +0000 https://republika.mk/?p=579694

ЕСМ соопшти дека во тек е изработка на фактурите за топлинска енергија за октомври. Изработката на фактурите вклучуваше и постапка за преземање на податоците на потрошувачите од страна на „ЕСМ – Снабдување со топлина“ од претходниот снабдувач со топлинска енергија „Снабдување со топлина – Балкан енерџи“.

„ЕСМ- Снабдување со топлина“ во законска постапка ја презеде целокупната база на податоци потребна за изработка, достава и наплата на фактурите, вклучително и личните податоци за потрошувачите (субјекти на лични податоци) на централниот систем за греење и/или сопствениците на посебен дел во станбени, станбено-деловни, деловно-станбени и деловни објекти лоцирани на подрачјето на општините: Аеродром, дел од Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар и Чаир во градот Скопје.

Правниот основ за преземање на целокупната база на податоци вклучително и личните податоци за потрошувачите потребни за вршење на дејноста снабдување со топлинска енергија произлегува од обврската за вршење јавна услуга во согласност со Законот за енергетиката, како и одлуката за давање лиценца за вршење дејност снабдување со топлинска енергија на друштвото „ЕСМ – Снабдување со топлина“ ДООЕЛ Скопје, а со цел обезбедување континуитет, односно непрекинато вршење на енергетската дејност и заштита на јавниот интерес.

„ЕСМ – Снабдување со топлина“ во иднина ќе биде контролор на личните податоци на потрошувачите и ќе ги обработува во согласност со важечките законски прописи и Законот за заштита на личните податоци за што потрошувачите на топлинска енергија – субјектите на личните податоци ги имаат сите права пропишани со Законот за заштита на личните податоци во однос на обработката на нивните лични податоци – велат од компанијата.

The post ЕСМ ги изработува фактурите за парно за октомври appeared first on Република.

Сите фактури кон приватните автобуски превозници се платени, тврди директорот на ЈСП https://republika.mk/vesti/skopje/site-fakturi-kon-privatnite-avtobuski-prevoznici-se-plateni-tvrdi-direktorot-na-jsp/ Mon, 28 Nov 2022 15:09:42 +0000 https://republika.mk/?p=579285

Сите фактури кон приватните превозници се исплатени, изјави денеска директорот на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, Александар Стојковски, на продолжението на 19-та седница на Советот на Град Скопје посветена на советнички прашања, во однос на проблемите со приватните автобуски превозници.

Во период од моето доаѓање, па до овој ден, сите нивни фактури од моја страна се исплатени. Долгот кој ЈСП го има кон приватните превозници е нивно тековно побарување. Ако сметаат дека се пробиени роковите нека поднесат тужба, рече Стојковски.

Според него, договорите со приватните превозници остануваат исти, како што биле и досега.

The post Сите фактури кон приватните автобуски превозници се платени, тврди директорот на ЈСП appeared first on Република.

Бислимовски: Неиспорачана топлинска енергија нема да им биде фактурирана на потрошувачите кога ќе се прави порамнување во мај https://republika.mk/vesti/ekonomija/bislimovski-neisporachana-toplinska-energija-nema-da-im-bide-fakturirana-na-potroshuvachite-koga-kje-se-pravi-poramnuvanje-vo-maj/ Mon, 17 Jan 2022 09:04:39 +0000 https://republika.mk/?p=445640

Во однос на неиспорачана топлинска енергија, ниту еден киловат час од оваа неиспорачана топлинска енергија нема да им биде фактуриран на потрошувачите кога ќе се прави порамнување во мај. Ние како Регулаторна комисија добивме многу поплаки од незадоволни корисници на парно греење и голем број беа надминати. Ситуацијата сега е далеку подобрена, но не може да се очекува дека ќе се обезбеди температура од 24-25 степени како што имаше во минатото, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика во „Утрински брифинг“.

Целиот разговор овде.

The post Бислимовски: Неиспорачана топлинска енергија нема да им биде фактурирана на потрошувачите кога ќе се прави порамнување во мај appeared first on Република.

Сопственик на фирма му се заканувал на градоначалникот на Јегуновце, па го пријавил во полиција https://republika.mk/vesti/crna-hronika/sopstvenik-na-firma-mu-se-zakanuval-na-gradonachalnikot-na-jegunovce-pa-go-prijavil-vo-policija/ Thu, 06 Jan 2022 14:19:49 +0000 https://republika.mk/?p=441342

Наместо празнична честитка за Бадник, денес сум принуден како Градоначалник да Ве известам за заканите и уцените со кои се соочувам секој ден, вели Димитар Костадиноски, градоначалник на Општина Јегуновце.

Имено, вчера на ден 05.01.2022 година, во 11:30 часот, во просториите на Oпштина Јегуновце, поточно пред архивата, додека поминував слушнав арогантен однос спрема архиварката од лице кое инсистира да направи фалсификување на документи односно да повлече фактури од 17.09.2021 и да внесе нови изменети фактури со ист датум.

Лицето кое се закануваше на архиваркате е управител на фирма за електро материјали кој два месеци се обидува преку архивата да антидатира 4 договори и 4 фактури односно да ги внесе во деловодникот.

Најучтиво му укажав дека обидите за фалсификување нема да ги дозволам и доколку се чувствува оштетен слободно да востанови судски спор.

Управителот на фирмата се нафрли и на мене и со најпогрдни зборови пред архиварката и уште една вработена, ме омаловажуваше и ми се закануваше.

Се воздржав од било каква конфронтација и го замолив да ја напушти општинската зграда и дека пет пат му укажав дека за неговото побарување е избегнато тендерска постапка за набавка на сијалици за улично осветлување, дека и покрај избрана на тендер друга фирма за електро материјали, неговата фирма без заведен договор за набавка и без заведени фактури во архивата, бара исплата на 4 000 евра, односно 4 фактури по илјада евра плус ДДВ, за заменети 6 сијалици за улично осветлување во центарот на с.Јегуновце и 19 сијалици во приватен имот.

Управителот на фирмата револтиран ме пријавил во полиција. Полицијата направи увид во 13 часот, зеде изјави од мене и од вработените присутни на настанот и констатираше дека се работи за лажна пријава и дека пријавителот бил тој што навредувал и омаловажувал.

Веднаш после увидот на полицијата започнаа притисоци врз вработени да даваат лажни изјави, во полиција Записникот наместо лажно пријавување и омаловажување кон мене, хибридниот режим предводен од СДСМ прави преквалификација и пишуваат пријава за вербален напад од моја страна спрема управителот на фирмата со незаконски побарувања од општина Јегуновце.

Почитувани,

Јас ќе ја заштитам Општина Јегуновце и Буџетот на општината од сите незаконски побарувања и фиктивни трошоци и ќе одолеам на сите притисоци и закани кон мене.

Во понеделник ќе поднесам соодветни поднесоци до Јавното обвинителство за до крај да се обелодени како се работело и како се обидуваат да продолжат да испумпуваат пари од Буџетот на општината, и да не дозволам со измислени и сценирани настани да ми вршат притисок да плаќам незаконски фактури.

За многу години да ни е Бадник и денешниов ден“, додаде тој.

The post Сопственик на фирма му се заканувал на градоначалникот на Јегуновце, па го пријавил во полиција appeared first on Република.

]]>

Наместо празнична честитка за Бадник, денес сум принуден како Градоначалник да Ве известам за заканите и уцените со кои се соочувам секој ден, вели Димитар Костадиноски, градоначалник на Општина Јегуновце.
Имено, вчера на ден 05.01.2022 година, во 11:30 часот, во просториите на Oпштина Јегуновце, поточно пред архивата, додека поминував слушнав арогантен однос спрема архиварката од лице кое инсистира да направи фалсификување на документи односно да повлече фактури од 17.09.2021 и да внесе нови изменети фактури со ист датум.
Лицето кое се закануваше на архиваркате е управител на фирма за електро материјали кој два месеци се обидува преку архивата да антидатира 4 договори и 4 фактури односно да ги внесе во деловодникот. Најучтиво му укажав дека обидите за фалсификување нема да ги дозволам и доколку се чувствува оштетен слободно да востанови судски спор. Управителот на фирмата се нафрли и на мене и со најпогрдни зборови пред архиварката и уште една вработена, ме омаловажуваше и ми се закануваше. Се воздржав од било каква конфронтација и го замолив да ја напушти општинската зграда и дека пет пат му укажав дека за неговото побарување е избегнато тендерска постапка за набавка на сијалици за улично осветлување, дека и покрај избрана на тендер друга фирма за електро материјали, неговата фирма без заведен договор за набавка и без заведени фактури во архивата, бара исплата на 4 000 евра, односно 4 фактури по илјада евра плус ДДВ, за заменети 6 сијалици за улично осветлување во центарот на с.Јегуновце и 19 сијалици во приватен имот. Управителот на фирмата револтиран ме пријавил во полиција. Полицијата направи увид во 13 часот, зеде изјави од мене и од вработените присутни на настанот и констатираше дека се работи за лажна пријава и дека пријавителот бил тој што навредувал и омаловажувал. Веднаш после увидот на полицијата започнаа притисоци врз вработени да даваат лажни изјави, во полиција Записникот наместо лажно пријавување и омаловажување кон мене, хибридниот режим предводен од СДСМ прави преквалификација и пишуваат пријава за вербален напад од моја страна спрема управителот на фирмата со незаконски побарувања од општина Јегуновце. Почитувани, Јас ќе ја заштитам Општина Јегуновце и Буџетот на општината од сите незаконски побарувања и фиктивни трошоци и ќе одолеам на сите притисоци и закани кон мене. Во понеделник ќе поднесам соодветни поднесоци до Јавното обвинителство за до крај да се обелодени како се работело и како се обидуваат да продолжат да испумпуваат пари од Буџетот на општината, и да не дозволам со измислени и сценирани настани да ми вршат притисок да плаќам незаконски фактури. За многу години да ни е Бадник и денешниов ден“, додаде тој.

The post Сопственик на фирма му се заканувал на градоначалникот на Јегуновце, па го пријавил во полиција appeared first on Република.

]]>