ф-35 Archives - Република https://republika.mk/tema/f-35/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Nov 2024 15:03:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ф-35 Archives - Република https://republika.mk/tema/f-35/ 32 32 Значајно се зголемува производството и испораката на американските борбени авиони Ф-35 https://republika.mk/vesti/svet/znachajno-se-zgolemuva-proizvodstvoto-i-isporakata-na-amerikanskite-borbeni-avioni-f-35/ Wed, 13 Nov 2024 15:02:38 +0000 https://republika.mk/?p=834878

Американската компанија „Локхид Мартин“ достигна стапка на производство од 20 борбени авиони Ф-35 месечно, што пак ќе го елиминира заостанатото производство предизвикано од едногодишното исклучување.

Производството на авионот беше прекинато во летото 2023 година поради дефекти во софтверот на комплексот „Tech Refresh 3“ (TR-3), кој не ги помина сите потребни тестови. Во јули 2024 година, американската влада продолжи да ги прифаќа авионите Ф-35, дозволувајќи и на компанијата да ги зголеми испораките и да почне со испорака на претпродукциски авиони што беа во складиште.

Според компанијата, за само три и пол месеци биле испорачани повеќе од 60 авиони. „Локхид Мартин“ планира да го зголеми бројот на испорачани Ф-35 на бројка од 90 до 110 до крајот на 2024 година, што бара месечни испораки од 15 до 23 авиони.

The post Значајно се зголемува производството и испораката на американските борбени авиони Ф-35 appeared first on Република.

]]>

Американската компанија „Локхид Мартин“ достигна стапка на производство од 20 борбени авиони Ф-35 месечно, што пак ќе го елиминира заостанатото производство предизвикано од едногодишното исклучување. Производството на авионот беше прекинато во летото 2023 година поради дефекти во софтверот на комплексот „Tech Refresh 3“ (TR-3), кој не ги помина сите потребни тестови. Во јули 2024 година, американската влада продолжи да ги прифаќа авионите Ф-35, дозволувајќи и на компанијата да ги зголеми испораките и да почне со испорака на претпродукциски авиони што беа во складиште. Според компанијата, за само три и пол месеци биле испорачани повеќе од 60 авиони. „Локхид Мартин“ планира да го зголеми бројот на испорачани Ф-35 на бројка од 90 до 110 до крајот на 2024 година, што бара месечни испораки од 15 до 23 авиони.

The post Значајно се зголемува производството и испораката на американските борбени авиони Ф-35 appeared first on Република.

]]>
Романија ќе купи американски Ф-35 https://republika.mk/vesti/svet/romanija-ke-kupi-amerikanski-f-35/ Tue, 11 Apr 2023 14:14:16 +0000 https://republika.mk/?p=629884

Романскиот Врховен совет за одбрана денеска соопшти дека Букурешт планира да купи американски борбени авиони Ф-35. Но, не е прецизира колку авиони ќе бидат купени, ниту кога ќе бидат набавени.

- Поседувањето на робусни, кредибилни, интероперабилни, флексибилни и ефективни оперативни способности за воздушна одбрана, во рамките на нашите обврски како земја-членка на НАТО и на ЕУ, е клучно за постигнување на целите на одбранбената политика на Романија. Процесот на модернизација на воздухопловните сили ќе продолжи преку набавка на авиони Ф-35, соопшти Врховниот совет за одбрана.

Минатата година романскиот претседател Клаус Јоханис изјави дека земјата размислува да го купи авионот Ф-35, кој го произведува американскиот производител на оружје „Локхид Мартин“, а минатиот месец беше најавено дека ќе ги купи и тенковите Абрамс произведени од „Џенерал Динамикс“

The post Романија ќе купи американски Ф-35 appeared first on Република.

]]>

Романскиот Врховен совет за одбрана денеска соопшти дека Букурешт планира да купи американски борбени авиони Ф-35. Но, не е прецизира колку авиони ќе бидат купени, ниту кога ќе бидат набавени. - Поседувањето на робусни, кредибилни, интероперабилни, флексибилни и ефективни оперативни способности за воздушна одбрана, во рамките на нашите обврски како земја-членка на НАТО и на ЕУ, е клучно за постигнување на целите на одбранбената политика на Романија. Процесот на модернизација на воздухопловните сили ќе продолжи преку набавка на авиони Ф-35, соопшти Врховниот совет за одбрана. Минатата година романскиот претседател Клаус Јоханис изјави дека земјата размислува да го купи авионот Ф-35, кој го произведува американскиот производител на оружје „Локхид Мартин“, а минатиот месец беше најавено дека ќе ги купи и тенковите Абрамс произведени од „Џенерал Динамикс“

The post Романија ќе купи американски Ф-35 appeared first on Република.

]]>
САД прифатиле Грција да набави стелт авиони Ф-35 https://republika.mk/vesti/balkan/sad-prifatile-grcija-da-nabavi-stelt-avioni-f-35/ Tue, 19 Jul 2022 09:34:36 +0000 https://republika.mk/?p=530955

Одлуката на САД да испратат поголема група современи борбени авиони од петта генерација Ф-35 на воени маневри на Пелопонез, се смета како потврда дека Вашингтон во Атина гледа како на доверлив балкански сојузник и како еден вид на американско „да“, за барањето на Грција и самата да ги набави тие стелт авиони.

Како што наведува порталот „Балканска безбедносна мрежа“, по барањето на Атина да набави американски Ф-35, Вашингтон упати такви стелт авиони во Грција на големи заеднички маневри, со што е потврдена подготвеноста да се направи на земјата да ѝ бидат достапни најновите воени технологи.

Авионите се испратени на грчко-американските маневри „Гневот на Посејдон 22“, што ќе траат до 20 јули, а набљудувачите забележаа дека за првпат во заедничките вежби на вооружените сили на двете земји, учествуваат борбени авиони од четврта и петта генерација Ф-15 и Ф-35.

Истовремено, началникот на Генералштабот на грчката војска, генералот Константинос Флорос, е во официјална посета на САД. Покрај средбите со највисоки воени официјални лица, тој го разгледа производствениот погон на Ф-35 на Локид Мартин во Тексас - се наведува во текстот.

Формалното барање за набавка на Ф-35 го најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, за време на неодамнешниот НАТО самит во Мадрид.

Грција очекува авионите да бидат испорачани 2027 или 2028 година. Тоа е долг процес и ние имаме простор во буџетот за купување - појасни грчкиот премиер.

Според грчки медиуми, една ескадрила ќе има 20 авиони, а доколку се набават две, ќе бидат вкупно 40 авиони Ф-35.

Западни медиуми во извештаи за грчкото купување истакнуваат дека Грција планира модернизација на 38 авиони Ф-16, што е уште една работа со Американците, како и купување 24 авиони Рафал и воени бродови од Франција.

Набавката на воена опрема се гледа во светло на растечките тензии со Турција. Со гранични инциденти, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган одби состанок со грчкиот премиер Мицотакис за време на НАТО самитот во Мадрид.

Како што пишуваа американски медиуми во мај, за време на посетата на Мицотакис на Вашингтон, Грција истовремено лобирала против потенцијални американски продажби на авиони Ф-16 на Турција, но и за влез на грчката авио-индустрија во програмата Ф-35.

Авионот Ф-35 има стелт можности за намалена радарска видливост, а учесници во програмата се САД и уште седум земји. Одобрено е купување за уште шест земји. Грција може да биде деветта членка на програмата за производство, 15 корисничка на овој модерен авион и прва на Балканот.

The post САД прифатиле Грција да набави стелт авиони Ф-35 appeared first on Република.

]]>

Одлуката на САД да испратат поголема група современи борбени авиони од петта генерација Ф-35 на воени маневри на Пелопонез, се смета како потврда дека Вашингтон во Атина гледа како на доверлив балкански сојузник и како еден вид на американско „да“, за барањето на Грција и самата да ги набави тие стелт авиони. Како што наведува порталот „Балканска безбедносна мрежа“, по барањето на Атина да набави американски Ф-35, Вашингтон упати такви стелт авиони во Грција на големи заеднички маневри, со што е потврдена подготвеноста да се направи на земјата да ѝ бидат достапни најновите воени технологи. Авионите се испратени на грчко-американските маневри „Гневот на Посејдон 22“, што ќе траат до 20 јули, а набљудувачите забележаа дека за првпат во заедничките вежби на вооружените сили на двете земји, учествуваат борбени авиони од четврта и петта генерација Ф-15 и Ф-35.
Истовремено, началникот на Генералштабот на грчката војска, генералот Константинос Флорос, е во официјална посета на САД. Покрај средбите со највисоки воени официјални лица, тој го разгледа производствениот погон на Ф-35 на Локид Мартин во Тексас - се наведува во текстот.
Формалното барање за набавка на Ф-35 го најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, за време на неодамнешниот НАТО самит во Мадрид.
Грција очекува авионите да бидат испорачани 2027 или 2028 година. Тоа е долг процес и ние имаме простор во буџетот за купување - појасни грчкиот премиер.
Според грчки медиуми, една ескадрила ќе има 20 авиони, а доколку се набават две, ќе бидат вкупно 40 авиони Ф-35. Западни медиуми во извештаи за грчкото купување истакнуваат дека Грција планира модернизација на 38 авиони Ф-16, што е уште една работа со Американците, како и купување 24 авиони Рафал и воени бродови од Франција. Набавката на воена опрема се гледа во светло на растечките тензии со Турција. Со гранични инциденти, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган одби состанок со грчкиот премиер Мицотакис за време на НАТО самитот во Мадрид. Како што пишуваа американски медиуми во мај, за време на посетата на Мицотакис на Вашингтон, Грција истовремено лобирала против потенцијални американски продажби на авиони Ф-16 на Турција, но и за влез на грчката авио-индустрија во програмата Ф-35. Авионот Ф-35 има стелт можности за намалена радарска видливост, а учесници во програмата се САД и уште седум земји. Одобрено е купување за уште шест земји. Грција може да биде деветта членка на програмата за производство, 15 корисничка на овој модерен авион и прва на Балканот.

The post САД прифатиле Грција да набави стелт авиони Ф-35 appeared first on Република.

]]>
Грција барa од САД борбени авиони Ф-35 https://republika.mk/vesti/balkan/grcija-bara-od-sad-borbeni-avioni-f-35/ Thu, 30 Jun 2022 07:59:48 +0000 https://republika.mk/?p=521418

Грција потпиша и испрати барање до САД за набавка на американски борбени авиони Ф-35, што е прв чекор од долгиот и планиран процес, брифирале грчки владини извори за грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Според информациите во медиумите во Грција земјата планира да набави 20 авиони во првата фаза, со можност за уште дополнителни 20 во иднина.

Министерот за одбрана на Грција, Никос Панајотпулос, пред еден месец соопшти дека веднаш ќе се почне со процесот за набавка на американски воени авиони Ф-35, а самата набавка ја најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговата посета на САД кон средината на мај.

The post Грција барa од САД борбени авиони Ф-35 appeared first on Република.

]]>

Грција потпиша и испрати барање до САД за набавка на американски борбени авиони Ф-35, што е прв чекор од долгиот и планиран процес, брифирале грчки владини извори за грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина. Според информациите во медиумите во Грција земјата планира да набави 20 авиони во првата фаза, со можност за уште дополнителни 20 во иднина. Министерот за одбрана на Грција, Никос Панајотпулос, пред еден месец соопшти дека веднаш ќе се почне со процесот за набавка на американски воени авиони Ф-35, а самата набавка ја најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговата посета на САД кон средината на мај.

The post Грција барa од САД борбени авиони Ф-35 appeared first on Република.

]]>
Американски „Ф-35“ го чуваат бугарскиот воздушен простор https://republika.mk/vesti/balkan/amerikanski-f-35-go-chuvaat-bugarskiot-vozdushen-prostor/ Wed, 01 Jun 2022 07:34:21 +0000 https://republika.mk/?p=509582

Американски ловци „Ф-35“ слетаа во воздухопловната база „Граф Игнатиево“ во Бугарија како продолжение на мисијата на НАТО за заштита на воздушниот простор, јави БНР.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, веста на Твитер ја потврди Сојузна воздушна команда на НАТО.

Во пораката не се наведува бројот на авиони. Кон крајот на мај требаше да заврши мисијата на четирите холандски „Ф-35“ во Бугарија. Сепак, во соопштението се нагласува дека американските ловци се приклучиле на холандската мисија во Бугарија.

Бугарскиот министер за одбрана, Драгомир Заков, кажа дека има многу процедури кои овозможуваат прекугранично користење на „Air Policing“, така што ќе има многу опции и Бугарија ќе продолжи да биде поддржувана.

-Таа нема да биде оставена, рече министерот за одбрана.

Во соопштението на командата со седиште во Рамштајн, во Германија, се наведува дека распоредувањето на американските „Ф-35“ во Бугарија значи извршување на мисија со долг дострел во Бугарија, како поддршка на будните активности на НАТО на источното крило.

The post Американски „Ф-35“ го чуваат бугарскиот воздушен простор appeared first on Република.

]]>

Американски ловци „Ф-35“ слетаа во воздухопловната база „Граф Игнатиево“ во Бугарија како продолжение на мисијата на НАТО за заштита на воздушниот простор, јави БНР. Како што јави дописникот на МИА од Софија, веста на Твитер ја потврди Сојузна воздушна команда на НАТО. Во пораката не се наведува бројот на авиони. Кон крајот на мај требаше да заврши мисијата на четирите холандски „Ф-35“ во Бугарија. Сепак, во соопштението се нагласува дека американските ловци се приклучиле на холандската мисија во Бугарија. Бугарскиот министер за одбрана, Драгомир Заков, кажа дека има многу процедури кои овозможуваат прекугранично користење на „Air Policing“, така што ќе има многу опции и Бугарија ќе продолжи да биде поддржувана. -Таа нема да биде оставена, рече министерот за одбрана. Во соопштението на командата со седиште во Рамштајн, во Германија, се наведува дека распоредувањето на американските „Ф-35“ во Бугарија значи извршување на мисија со долг дострел во Бугарија, како поддршка на будните активности на НАТО на источното крило.

The post Американски „Ф-35“ го чуваат бугарскиот воздушен простор appeared first on Република.

]]>