евтини летови Archives - Република https://republika.mk/tema/evtini-letovi/ За подобро да се разбереме Sat, 20 May 2023 09:28:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png евтини летови Archives - Република https://republika.mk/tema/evtini-letovi/ 32 32 Извршниот директор во „Визер Унгарија“: Не е дојден крајот на евтините авиобилети, но на цените влијаат бројни фактори https://republika.mk/vesti/ekonomija/izvrshniot-direktor-vo-vizer-ungarija-ne-e-dojden-krajot-na-evtinite-aviobileti-no-na-tsenite-vlijaat-brojni-faktori/ Sat, 20 May 2023 09:28:52 +0000 https://republika.mk/?p=642923

Колку порано го купите авиобилетот, толку подобра цена може да добиете за него. Евтини цени на летовите се важни и она што јас би го препорачал на сите, е, да си ги набават, односно да ги купат авиобилетите, што порано, во интервју за МИА, вели Роланд Тишнер, извршен директор и офицер за операции во „Визер Унгарија“.

Тој деновиве присуствуваше на настанот на скопскиот аеродром, каде беше најавен нов, шести воздухоплов на „Виз ер“ во базата во Скопје со што најавија оперирање до 35 дестинации во 15 држави.

Во интервјуто се зборува и за интересот за работен ангажман на макеоднски државјаниво авиокомпанијата, за најавите на нови летови со субвенции од Владата, како и за цената на авиобилетите.

Во продолжение целото интервју на МИА со Тишнер.

Ставате шести воздухоплов тука во базата во Скопје. Што значи тоа?

- Toa значи нови авиолинии, нови дестинации, нови вработувања како директни во авиокомпанијата, така и индиректни во авиосекторот, и во целост значи пораст, односно добро за целата држава.

Колку кадри се ангажирани од Македонија, има ли интерес за работен ангажман од македонски граѓани и колку луѓе имате ангажирано досега за овој нов проект?

- Моментално имаме околу 250 лица што се директно вработени од страна на „Виз ер“, пилоти и кабински екипаж. Но, исто така имаме и луѓе коишто работат во нашите канцеларии. Кога станува збор за новиот воздухоплов, во просек како се нашите пресметки триесетина луѓе би биле дополнително ангажирани како кабински екипаж и околу 12 пилоти. Тоа се однесува на главните капетани на воздухопловите и првите офицери.

Министерството за транспорт и врски најави дека до крајот на годината ќе има можеби уште еден повик за субвенционирани летови. Најавени се нови летови со субвенции од Владата. Може ли да очекуваме во иднина и други летови, доколку има повторно повик?

- Дефинитивно секогаш сме отворени за соработка за нови можности коишто се одржуваат тука и за пораст нели на работењето. Секако дека би биле отворени за нови можности штом има отворен нов повик.

Што со постојните линии на коишто опериравте со субвенции од Владата, а сега ги опслужувате комерцијално? Дали ги опслужувате сите линии за кои изминатите години добивавте субвенции и кои се плановите за тие релации по истекот на рокот за кој сте обврзани за оперирање?

- Не знам, не сум сигурен точно кои линии ги имале, тоа е комерцијален дел, односно во друг сектор. Но, она што можам да го кажам е дека во моментов оперираме на преку 30 авиолинии, и секогаш гледаме напред, односно се радуваме на нови можности, без разлика дали со поддршка или без, за пораст на нашата авиокомпанија и операциите.

Дали е веќе дојден крајот на евтини авиобилети, бидејќи е евидентна разликата на цените?

- Не, дефинитивно не. Одредувањето на цените е секогаш динамично. Одредувањето на цените секогаш е нели под влијание на бројни други фактори и секогаш ние го правиме, динамиката ни е на одредување на цените, како и на останатите авио компании. Еден од факторите којшто влијае врз одредувањето на цените, е, секако побарувачката. И од особено значење е, кога патниците ги купуваат нивните авиобилети, односно датумот нели кога се купува, до датумот кога треба да се реализира летот.

Она што сакам да го кажам со ова, е, дека колку порано го купите авиобилетот, толку подобра цена може да добиете за истиот. Исто така, други трошоци, односно фактори, коишто влијаат врз одредувањето на цената, се трошоците за самото работење односно за операциите. Цените на горивото и секако трошоците за работна сила, односно за вработувањата и нашите вработени. Но, сите овие фактори може да бидат, нели се променливи, сите може во исто време и да влијаат и да не влијаат на одредувањето на цените.

Но, она што секогаш го правиме, е, да понудиме најдобри, да дадеме најдобра понуда и најпристапна за нашите патници. Така што, евтини цени на летовите се важни и она што јас би го препорачал на сите, е, да си ги набават, односно да ги купат авиобилетите што порано, нели, да добијат подобра цена и да ги купуваат директно од нашата веб-страница, каде што, нели, може лесно да си добијат подобра цена.

Дали ќе го вратите повторно летот за Барселона, бидејќи има интерес?

- Да, дефинитивно слушнав за Барселона неколкупати денес, за враќањето на овој лет. Очигледно со овој капацитет и со моменталната побарувачка, секако, имаме повеќе побарувачка во моментов. Секогаш побарувачката ја оценуваме и правиме анализи на нашата мрежа и секако Барселона, ја разгледуваме нашата мрежа на авиолинии во целост, а секако и Барселона не е изоставена со тоа што не можам да ветам ништо, но, сепак се разгледува.

The post Извршниот директор во „Визер Унгарија“: Не е дојден крајот на евтините авиобилети, но на цените влијаат бројни фактори appeared first on Република.

]]>

Колку порано го купите авиобилетот, толку подобра цена може да добиете за него. Евтини цени на летовите се важни и она што јас би го препорачал на сите, е, да си ги набават, односно да ги купат авиобилетите, што порано, во интервју за МИА, вели Роланд Тишнер, извршен директор и офицер за операции во „Визер Унгарија“.
Тој деновиве присуствуваше на настанот на скопскиот аеродром, каде беше најавен нов, шести воздухоплов на „Виз ер“ во базата во Скопје со што најавија оперирање до 35 дестинации во 15 држави. Во интервјуто се зборува и за интересот за работен ангажман на макеоднски државјаниво авиокомпанијата, за најавите на нови летови со субвенции од Владата, како и за цената на авиобилетите. Во продолжение целото интервју на МИА со Тишнер. Ставате шести воздухоплов тука во базата во Скопје. Што значи тоа? - Toa значи нови авиолинии, нови дестинации, нови вработувања како директни во авиокомпанијата, така и индиректни во авиосекторот, и во целост значи пораст, односно добро за целата држава. Колку кадри се ангажирани од Македонија, има ли интерес за работен ангажман од македонски граѓани и колку луѓе имате ангажирано досега за овој нов проект? - Моментално имаме околу 250 лица што се директно вработени од страна на „Виз ер“, пилоти и кабински екипаж. Но, исто така имаме и луѓе коишто работат во нашите канцеларии. Кога станува збор за новиот воздухоплов, во просек како се нашите пресметки триесетина луѓе би биле дополнително ангажирани како кабински екипаж и околу 12 пилоти. Тоа се однесува на главните капетани на воздухопловите и првите офицери. Министерството за транспорт и врски најави дека до крајот на годината ќе има можеби уште еден повик за субвенционирани летови. Најавени се нови летови со субвенции од Владата. Може ли да очекуваме во иднина и други летови, доколку има повторно повик? - Дефинитивно секогаш сме отворени за соработка за нови можности коишто се одржуваат тука и за пораст нели на работењето. Секако дека би биле отворени за нови можности штом има отворен нов повик. Што со постојните линии на коишто опериравте со субвенции од Владата, а сега ги опслужувате комерцијално? Дали ги опслужувате сите линии за кои изминатите години добивавте субвенции и кои се плановите за тие релации по истекот на рокот за кој сте обврзани за оперирање? - Не знам, не сум сигурен точно кои линии ги имале, тоа е комерцијален дел, односно во друг сектор. Но, она што можам да го кажам е дека во моментов оперираме на преку 30 авиолинии, и секогаш гледаме напред, односно се радуваме на нови можности, без разлика дали со поддршка или без, за пораст на нашата авиокомпанија и операциите. Дали е веќе дојден крајот на евтини авиобилети, бидејќи е евидентна разликата на цените? - Не, дефинитивно не. Одредувањето на цените е секогаш динамично. Одредувањето на цените секогаш е нели под влијание на бројни други фактори и секогаш ние го правиме, динамиката ни е на одредување на цените, како и на останатите авио компании. Еден од факторите којшто влијае врз одредувањето на цените, е, секако побарувачката. И од особено значење е, кога патниците ги купуваат нивните авиобилети, односно датумот нели кога се купува, до датумот кога треба да се реализира летот. Она што сакам да го кажам со ова, е, дека колку порано го купите авиобилетот, толку подобра цена може да добиете за истиот. Исто така, други трошоци, односно фактори, коишто влијаат врз одредувањето на цената, се трошоците за самото работење односно за операциите. Цените на горивото и секако трошоците за работна сила, односно за вработувањата и нашите вработени. Но, сите овие фактори може да бидат, нели се променливи, сите може во исто време и да влијаат и да не влијаат на одредувањето на цените. Но, она што секогаш го правиме, е, да понудиме најдобри, да дадеме најдобра понуда и најпристапна за нашите патници. Така што, евтини цени на летовите се важни и она што јас би го препорачал на сите, е, да си ги набават, односно да ги купат авиобилетите што порано, нели, да добијат подобра цена и да ги купуваат директно од нашата веб-страница, каде што, нели, може лесно да си добијат подобра цена. Дали ќе го вратите повторно летот за Барселона, бидејќи има интерес? - Да, дефинитивно слушнав за Барселона неколкупати денес, за враќањето на овој лет. Очигледно со овој капацитет и со моменталната побарувачка, секако, имаме повеќе побарувачка во моментов. Секогаш побарувачката ја оценуваме и правиме анализи на нашата мрежа и секако Барселона, ја разгледуваме нашата мрежа на авиолинии во целост, а секако и Барселона не е изоставена со тоа што не можам да ветам ништо, но, сепак се разгледува.

The post Извршниот директор во „Визер Унгарија“: Не е дојден крајот на евтините авиобилети, но на цените влијаат бројни фактори appeared first on Република.

]]>
Ништо од нови евтини летови: Поништен повикот за субвенции за нови авиолинии https://republika.mk/vesti/ekonomija/nishto-od-novi-evtini-letovi-ponishten-povikot-za-subventsii-za-novi-aviolinii/ Fri, 10 Feb 2023 15:41:49 +0000 https://republika.mk/?p=607478

Поништен е повикот за субвенционирани летови од двата аеродрома во државава и ќе биде распишан нов.

Комисијата за евалуација на понудите што на повикот ги доставија авиокомпаниите „Визер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан ерлајнс“ констатирала дека не ја доставиле пропишаната комплетна документација и го поништила повикот.

Од страна на Комисија составена од членови од неколку државни институции се изврши евалуација на доставените понуди и притоа Комисијата констатира дека авиокомпаниите не ја доставиле комплетната документација пропишана во условите од јавниот повик. Согласно тоа, Комисијата донесе одлука за поништување на јавниот повик, соопштија од Министерството за транспорт и врски.

Оттаму очекуваат во најбрз врменски период Комисијата да распише нов јавен повик за финансиска поддршка за нови авиолинии за период 2023-2025 година. Најавуваат дека јавниот повик ќе се објави во согласност со политиките на фер и конкурентски услови согласно регулативата на Европска Унија.

Целта е да се поттикне и развива воздушниот сообраќај во Република Македонија и да се овозможи поголем број на дестинации за граѓаните, стои во соопштението.

Ресорното Министерство потенцира Владата, преку Министерството за транспорт и врски е силно посветена на реализација на програмската определба за развој на авиосообраќајот.

Нашата цел е да ги искористиме капацитетите што ги нуди Меѓународниот аеродром Скопје и Охридскиот аеродром Св. Апостол Павле и да овозможиме квалитетни услуги со поширок спектар на дестинации за граѓаните преку конкурентни цени на авио билетите, посочуваат од Министерството за транспорт.

Со поништениот повик, што траеше од 20 декември лани до 26 јануари годинава, за разлика од претходните, можеа да се изберат повеќе авиокомпании што ќе добијат субвенции за нови авиолинии. Се предвидуваше да се доделува субвенција од седум евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром „Скопје“ и од 4,5 евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид.

За годинава се предвидени 1,1 милион евра за финаниска поддршка за нови авиолинии.

На 1 март минатата година заврши последниот од трите договори за субвенционирани летови со унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Визер“.

The post Ништо од нови евтини летови: Поништен повикот за субвенции за нови авиолинии appeared first on Република.

]]>

Поништен е повикот за субвенционирани летови од двата аеродрома во државава и ќе биде распишан нов. Комисијата за евалуација на понудите што на повикот ги доставија авиокомпаниите „Визер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан ерлајнс“ констатирала дека не ја доставиле пропишаната комплетна документација и го поништила повикот. Од страна на Комисија составена од членови од неколку државни институции се изврши евалуација на доставените понуди и притоа Комисијата констатира дека авиокомпаниите не ја доставиле комплетната документација пропишана во условите од јавниот повик. Согласно тоа, Комисијата донесе одлука за поништување на јавниот повик, соопштија од Министерството за транспорт и врски. Оттаму очекуваат во најбрз врменски период Комисијата да распише нов јавен повик за финансиска поддршка за нови авиолинии за период 2023-2025 година. Најавуваат дека јавниот повик ќе се објави во согласност со политиките на фер и конкурентски услови согласно регулативата на Европска Унија.
Целта е да се поттикне и развива воздушниот сообраќај во Република Македонија и да се овозможи поголем број на дестинации за граѓаните, стои во соопштението.
Ресорното Министерство потенцира Владата, преку Министерството за транспорт и врски е силно посветена на реализација на програмската определба за развој на авиосообраќајот.
Нашата цел е да ги искористиме капацитетите што ги нуди Меѓународниот аеродром Скопје и Охридскиот аеродром Св. Апостол Павле и да овозможиме квалитетни услуги со поширок спектар на дестинации за граѓаните преку конкурентни цени на авио билетите, посочуваат од Министерството за транспорт.
Со поништениот повик, што траеше од 20 декември лани до 26 јануари годинава, за разлика од претходните, можеа да се изберат повеќе авиокомпании што ќе добијат субвенции за нови авиолинии. Се предвидуваше да се доделува субвенција од седум евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром „Скопје“ и од 4,5 евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид. За годинава се предвидени 1,1 милион евра за финаниска поддршка за нови авиолинии. На 1 март минатата година заврши последниот од трите договори за субвенционирани летови со унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Визер“.

The post Ништо од нови евтини летови: Поништен повикот за субвенции за нови авиолинии appeared first on Република.

]]>
Рајанер: Заврши ерата на евтини билети од 10 евра https://republika.mk/vesti/ekonomija/rajaner-zavrshi-erata-na-evtini-bileti-od-10-evra/ Fri, 12 Aug 2022 06:12:55 +0000 https://republika.mk/?p=539319

Поради војната во Украина, се зголемија цените на нафтените деривати, особено на керозинот, кој поскапе и до шест пати. Нискотарифната компанија „Рајанер“ објави дека заврши ерата на евтини билети од 10 евра.

Одлуката повеќе да нема евтини билети нема да биде краткотрајна. Нискобуџетните компании ќе продолжат со работа, но нема да има подрастични разлики од 80 отсто во цената на билетите за истата дестинација.

„Досега билетите беа на пример 80 фунти, новите цени за повратните билети ќе бидат 120 фунти, но повторно 50 отсто поевтини од билетите кај официјалните превозници. Веќе нема да има систем евтините билети први да го полнат авионот, цените ќе бидат исти за сите седишта“, изјави Мајк О’Лири од Рајанер.

Во меѓувреме, унгарски „Визер“ е првиот што воведува летови од Европа до Москва преку Турција. Велат дека мора да обезбедат евтин превоз и да вработат возен парк.

„Тоа е моментално најбараната дестинација, не водиме друга политика освен бизнис. Иако сме од Европската унија, ќе летаме за Русија“, нагласи Јожеф Варади од „Визер“.

The post Рајанер: Заврши ерата на евтини билети од 10 евра appeared first on Република.

]]>

Поради војната во Украина, се зголемија цените на нафтените деривати, особено на керозинот, кој поскапе и до шест пати. Нискотарифната компанија „Рајанер“ објави дека заврши ерата на евтини билети од 10 евра. Одлуката повеќе да нема евтини билети нема да биде краткотрајна. Нискобуџетните компании ќе продолжат со работа, но нема да има подрастични разлики од 80 отсто во цената на билетите за истата дестинација.
„Досега билетите беа на пример 80 фунти, новите цени за повратните билети ќе бидат 120 фунти, но повторно 50 отсто поевтини од билетите кај официјалните превозници. Веќе нема да има систем евтините билети први да го полнат авионот, цените ќе бидат исти за сите седишта“, изјави Мајк О’Лири од Рајанер.
Во меѓувреме, унгарски „Визер“ е првиот што воведува летови од Европа до Москва преку Турција. Велат дека мора да обезбедат евтин превоз и да вработат возен парк.
„Тоа е моментално најбараната дестинација, не водиме друга политика освен бизнис. Иако сме од Европската унија, ќе летаме за Русија“, нагласи Јожеф Варади од „Визер“.

The post Рајанер: Заврши ерата на евтини билети од 10 евра appeared first on Република.

]]>
Шефот на „Рајанер“: Крај на ерата на евтини летови од 10 евра https://republika.mk/vesti/svet/shefot-na-rajaner-kraj-na-erata-na-evtini-letovi-od-10-evra/ Thu, 11 Aug 2022 08:25:47 +0000 https://republika.mk/?p=538959

Мајкл О’Лири, извршен директор на „Ryanair“, изјави дека ерата на евтини билети од 10 евра е завршена и дека нискобуџетната компанија повеќе нема да нуди летови по најниски цени поради зголемените трошоци за гориво.

Просечната цена на билетите на авиокомпанијата ќе се зголеми од околу 40 евра минатата година на околу 50 евра во следните пет години, изјави О’Лири за Би-Би-Си, додавајќи дека верува дека луѓето ќе продолжат да летаат често, и покрај зголемените трошоци за живот.

„Нема сомнеж дека на пазарот со ниски цени, нема да ги видите нашите навистина евтини промотивни цени од 9,99 евра во следните неколку години“, рече О’Лири.

Зголемените цени на енергијата што ги зголемуваат цените на авионските билети, исто така, ги зголемуваат сметките за електрична енергија во домаќинствата, намалувајќи ги расположливите приходи на луѓето.

Шефот на „Ryanair“ е на мислење дека, и покрај тоа, клиентите нема да ги намалат летовите, туку ќе бараат поевтини опции.

„Сметаме дека луѓето сè уште ќе летаат многу. Мислам дека луѓето ќе станат многу почувствителни на цените и затоа ќе ги тргуваат своите милиони на основа на продажба-повисоко-купи-пониски“, рече тој.

Би-Би-Си забележува дека комерцијалните летови сега сочинуваат околу 2,4 отсто од глобалните емисии на CO2, а воздухопловниот сектор се соочува со притисок да го намали неговото влијание врз климата, со кампања да ги убеди луѓето да се префрлат на железничкиот и патниот транспорт.

О’Лири, сепак, тврди дека патиштата и превозот придонесуваат повеќе за севкупните емисии на CO2 и дека фокусот на намалување на емисиите од воздушниот транспорт е погрешен.

Тој изјави дека „Ryanair“ инвестира во поефикасни авиони и заклучи дека поголемо намалување на употребата на фосилни горива ќе дојде од префрлањето од бензин и дизел кон електрични патни возила.

The post Шефот на „Рајанер“: Крај на ерата на евтини летови од 10 евра appeared first on Република.

]]>

Мајкл О’Лири, извршен директор на „Ryanair“, изјави дека ерата на евтини билети од 10 евра е завршена и дека нискобуџетната компанија повеќе нема да нуди летови по најниски цени поради зголемените трошоци за гориво. Просечната цена на билетите на авиокомпанијата ќе се зголеми од околу 40 евра минатата година на околу 50 евра во следните пет години, изјави О’Лири за Би-Би-Си, додавајќи дека верува дека луѓето ќе продолжат да летаат често, и покрај зголемените трошоци за живот. „Нема сомнеж дека на пазарот со ниски цени, нема да ги видите нашите навистина евтини промотивни цени од 9,99 евра во следните неколку години“, рече О’Лири. Зголемените цени на енергијата што ги зголемуваат цените на авионските билети, исто така, ги зголемуваат сметките за електрична енергија во домаќинствата, намалувајќи ги расположливите приходи на луѓето. Шефот на „Ryanair“ е на мислење дека, и покрај тоа, клиентите нема да ги намалат летовите, туку ќе бараат поевтини опции. „Сметаме дека луѓето сè уште ќе летаат многу. Мислам дека луѓето ќе станат многу почувствителни на цените и затоа ќе ги тргуваат своите милиони на основа на продажба-повисоко-купи-пониски“, рече тој. Би-Би-Си забележува дека комерцијалните летови сега сочинуваат околу 2,4 отсто од глобалните емисии на CO2, а воздухопловниот сектор се соочува со притисок да го намали неговото влијание врз климата, со кампања да ги убеди луѓето да се префрлат на железничкиот и патниот транспорт. О’Лири, сепак, тврди дека патиштата и превозот придонесуваат повеќе за севкупните емисии на CO2 и дека фокусот на намалување на емисиите од воздушниот транспорт е погрешен. Тој изјави дека „Ryanair“ инвестира во поефикасни авиони и заклучи дека поголемо намалување на употребата на фосилни горива ќе дојде од префрлањето од бензин и дизел кон електрични патни возила.

The post Шефот на „Рајанер“: Крај на ерата на евтини летови од 10 евра appeared first on Република.

]]>