Поради војната во Украина, се зголемија цените на нафтените деривати, особено на керозинот, кој поскапе и до шест пати. Нискотарифната компанија „Рајанер“ објави дека заврши ерата на евтини билети од 10 евра.

Одлуката повеќе да нема евтини билети нема да биде краткотрајна. Нискобуџетните компании ќе продолжат со работа, но нема да има подрастични разлики од 80 отсто во цената на билетите за истата дестинација.

„Досега билетите беа на пример 80 фунти, новите цени за повратните билети ќе бидат 120 фунти, но повторно 50 отсто поевтини од билетите кај официјалните превозници. Веќе нема да има систем евтините билети први да го полнат авионот, цените ќе бидат исти за сите седишта“, изјави Мајк О’Лири од Рајанер.

Во меѓувреме, унгарски „Визер“ е првиот што воведува летови од Европа до Москва преку Турција. Велат дека мора да обезбедат евтин превоз и да вработат возен парк.

„Тоа е моментално најбараната дестинација, не водиме друга политика освен бизнис. Иако сме од Европската унија, ќе летаме за Русија“, нагласи Јожеф Варади од „Визер“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.