евгениј пригожин Archives - Република https://republika.mk/tema/evgenij-prigozhin/ За подобро да се разбереме Fri, 06 Oct 2023 08:22:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png евгениј пригожин Archives - Република https://republika.mk/tema/evgenij-prigozhin/ 32 32 Се продава ексклузивната вила на Евгениј Пригожин на Црното Море https://republika.mk/vesti/svet/se-prodava-ekskluzivnata-vila-na-evgenij-prigozhin-na-tsrnoto-more/ Thu, 05 Oct 2023 19:47:56 +0000 https://republika.mk/?p=688257

За сума од милион и пол долари се продава вила на брегот на Црното Море, која наводно му припаѓала на починатиот шеф на Вагнер, Евгениј Пригожин.

На почетокот на октомври на веб-страница за недвижности е објавена продажбата на рекреативниот центар во Геленџик.

Во објавта се наведува дека објектот од 1.200 метри квадратни метри, заедно со парцелата на која се наоѓа ги продава правно лице кое е носител на договор за закуп од четири хектари за период од 49 години.

The post Се продава ексклузивната вила на Евгениј Пригожин на Црното Море appeared first on Република.

]]>

За сума од милион и пол долари се продава вила на брегот на Црното Море, која наводно му припаѓала на починатиот шеф на Вагнер, Евгениј Пригожин. На почетокот на октомври на веб-страница за недвижности е објавена продажбата на рекреативниот центар во Геленџик. Во објавта се наведува дека објектот од 1.200 метри квадратни метри, заедно со парцелата на која се наоѓа ги продава правно лице кое е носител на договор за закуп од четири хектари за период од 49 години.

The post Се продава ексклузивната вила на Евгениј Пригожин на Црното Море appeared first on Република.

]]>
Синот на Пригожин сака контрола над „Вагнер“ https://republika.mk/vesti/svet/sinot-na-prigozhin-saka-kontrola-nad-vagner/ Mon, 02 Oct 2023 07:44:56 +0000 https://republika.mk/?p=686942

Синот на Евгениј Пригожин, 25-годишниот Павел Пригожин, презема чекори за да ја преземе командата со групата „Вагнер“, објави Институтот за проучување на војната, објави Скај њуз.

Тој преговара со руската национална гарда Росгвардија во врска со повторното вклучување на оваа платеничка организација во борбите во Украина, пренесува ИСВ, повикувајќи се на профил на Телеграм поврзан со групата.

Тие цитираа извор од „Вагнер“ кој извести дека преговорите меѓу Павел Пригожин и Националната гарда вклучиле паравоена група која го задржала своето име, симболи, идеологија, команданти и управување

The post Синот на Пригожин сака контрола над „Вагнер“ appeared first on Република.

]]>

Синот на Евгениј Пригожин, 25-годишниот Павел Пригожин, презема чекори за да ја преземе командата со групата „Вагнер“, објави Институтот за проучување на војната, објави Скај њуз. Тој преговара со руската национална гарда Росгвардија во врска со повторното вклучување на оваа платеничка организација во борбите во Украина, пренесува ИСВ, повикувајќи се на профил на Телеграм поврзан со групата. Тие цитираа извор од „Вагнер“ кој извести дека преговорите меѓу Павел Пригожин и Националната гарда вклучиле паравоена група која го задржала своето име, симболи, идеологија, команданти и управување

The post Синот на Пригожин сака контрола над „Вагнер“ appeared first on Република.

]]>
Се појави споменик на местото каде што загина основачот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин https://republika.mk/vesti/svet/se-pojavi-spomenik-na-mestoto-kade-shto-zagina-osnovachot-na-vagner-evgenij-prigozhin/ Sat, 30 Sep 2023 15:02:03 +0000 https://republika.mk/?p=686639

На местото каде што загина основачот на руската приватна воена компанија „Вагнер“, Евгениј“ Пригожин, се појави спомен обележје во негова чест.

Споменикот е израбтен од монолитно парче карпа, на која е поставен заштитниот аблем на  „Вагнер“, а крај него има поставено знаме на групата, како и положено свежо цвеќе.

Пригожин загина на 23 август во авионска нереќа кога авионот во којшто патуваше се урна во руската област Твер.

https://republika.mk/vesti/svet/misterozna-poraka-na-grobot-na-prigozhin/

The post Се појави споменик на местото каде што загина основачот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин appeared first on Република.

]]>

На местото каде што загина основачот на руската приватна воена компанија „Вагнер“, Евгениј“ Пригожин, се појави спомен обележје во негова чест. Споменикот е израбтен од монолитно парче карпа, на која е поставен заштитниот аблем на  „Вагнер“, а крај него има поставено знаме на групата, како и положено свежо цвеќе. Пригожин загина на 23 август во авионска нереќа кога авионот во којшто патуваше се урна во руската област Твер. https://republika.mk/vesti/svet/misterozna-poraka-na-grobot-na-prigozhin/

The post Се појави споменик на местото каде што загина основачот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин appeared first on Република.

]]>
Путин во ресторанот на Пригожин го пречекуваше Жак Ширак https://republika.mk/vesti/svet/putin-vo-restoranot-na-prigozhin-go-prechekuvashe-zhak-shirak/ Wed, 30 Aug 2023 11:30:53 +0000 https://republika.mk/?p=677021

Пред неговата смрт, Евгениј Пригожин важеше за еден од најблиските луѓе на рускиот претседател, Владимир Путин.

Сега веќе починатиот водач на групата „Вагнер“ на почетокот на деведесеттите развивал бизнис со храна и угостителство. Тој во 1997 година отворил ресторан во Сант Петерзбург кој го нарекол „New Island“. Тоа бил еден од најлуксузните ресторани во тоа време во Русија, а Путин често ги носел високите гости таму на вечера.

Според пишувањето на медиумите, во една прилика во овој ресторан, Путин дошол и со поранешниот претседател на Франција Жак Ширак.

Подоцна Пригожин станал и главен добавувач на храна во Кремљ, како и еден од најдобрите пријатели на Путин.

The post Путин во ресторанот на Пригожин го пречекуваше Жак Ширак appeared first on Република.

]]>

Пред неговата смрт, Евгениј Пригожин важеше за еден од најблиските луѓе на рускиот претседател, Владимир Путин. Сега веќе починатиот водач на групата „Вагнер“ на почетокот на деведесеттите развивал бизнис со храна и угостителство. Тој во 1997 година отворил ресторан во Сант Петерзбург кој го нарекол „New Island“. Тоа бил еден од најлуксузните ресторани во тоа време во Русија, а Путин често ги носел високите гости таму на вечера. Според пишувањето на медиумите, во една прилика во овој ресторан, Путин дошол и со поранешниот претседател на Франција Жак Ширак. Подоцна Пригожин станал и главен добавувач на храна во Кремљ, како и еден од најдобрите пријатели на Путин.

The post Путин во ресторанот на Пригожин го пречекуваше Жак Ширак appeared first on Република.

]]>
Погребан до неговиот татко: Објавени првите фотографии од гробот на Пригожин https://republika.mk/vesti/svet/pogreban-do-negoviot-tatko-objaveni-prvite-fotografii-od-grobot-na-prigozhin/ Tue, 29 Aug 2023 15:43:50 +0000 https://republika.mk/?p=677051

На социјалните мрежи се појавија првите слики од гробот на Евгениј Пригожин на гробиштата Порохов во Санкт Петербург.

Таму утринава се одржа затворена церемонија за збогување со досегашниот лидер на приватната воена компанија „Вагнер“.

Според информациите од руските медиуми, Пригожин е погребан до неговиот татко.

Според најавите, на погребот не присуствуваше рускиот претседател Владимир Путин.

https://republika.mk/vesti/svet/putin-nema-da-prisustvuva-na-pogrebot-na-prigozhin/

The post Погребан до неговиот татко: Објавени првите фотографии од гробот на Пригожин appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи се појавија првите слики од гробот на Евгениј Пригожин на гробиштата Порохов во Санкт Петербург. Таму утринава се одржа затворена церемонија за збогување со досегашниот лидер на приватната воена компанија „Вагнер“. Според информациите од руските медиуми, Пригожин е погребан до неговиот татко. Според најавите, на погребот не присуствуваше рускиот претседател Владимир Путин. https://republika.mk/vesti/svet/putin-nema-da-prisustvuva-na-pogrebot-na-prigozhin/

The post Погребан до неговиот татко: Објавени првите фотографии од гробот на Пригожин appeared first on Република.

]]>
Само осум проценти од Русите веруваат дека Путин е одговорен за смртта на Пригожин https://republika.mk/vesti/svet/samo-osum-protsenti-od-rusite-veruvaat-deka-putin-e-odgovoren-za-smrtta-na-prigozhin/ Sun, 27 Aug 2023 20:27:05 +0000 https://republika.mk/?p=676470

Само осум проценти од Русите веруваат дека рускиот претседател Владимир Путин е одговорен за смртта на шефот на руската приватна воена група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, покажува анкетата што за лондонски „Сандеј тајмс“, ја изработил Институтот „Отворени умови“ (Open Minds) само девет часа по падот на авионот.

Рускиот истражен комитет потврди дека Пригожин загинал во авионска несреќа во средата вечерта во областа Твер, во близина на Москва. Сите 10 патници и членови на екипажот загинале во падот на авионот „Ембраер“, што летал од Москва за Санкт Петербург.

Истражувањето на меѓународниот тинк-тенк, покажало и дека само два отсто од поддржувачите на руската власт го гледаат Путин како виновник за смртта на Пригожин.

Најголем број од испитаниците, односно 28,4 отсто, сметаат дека несреќата била монтирана, додека 28,3 отсто како причина за падот на авионот ги навеле техничките тешкотии или пилотската грешка.

Истражувањето покажува дека дури 70 отсто од испитаниците се согласиле дека Пригожин е херој на воената операција во Украина.

Рускиот претседател пред два дена потпиша Указ со кој ги повикува членовите на „Вагнер“ и другите руски приватни паравоени групи да положат заклетва за верност кон руската држава и армија.

The post Само осум проценти од Русите веруваат дека Путин е одговорен за смртта на Пригожин appeared first on Република.

]]>

Само осум проценти од Русите веруваат дека рускиот претседател Владимир Путин е одговорен за смртта на шефот на руската приватна воена група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, покажува анкетата што за лондонски „Сандеј тајмс“, ја изработил Институтот „Отворени умови“ (Open Minds) само девет часа по падот на авионот. Рускиот истражен комитет потврди дека Пригожин загинал во авионска несреќа во средата вечерта во областа Твер, во близина на Москва. Сите 10 патници и членови на екипажот загинале во падот на авионот „Ембраер“, што летал од Москва за Санкт Петербург. Истражувањето на меѓународниот тинк-тенк, покажало и дека само два отсто од поддржувачите на руската власт го гледаат Путин како виновник за смртта на Пригожин. Најголем број од испитаниците, односно 28,4 отсто, сметаат дека несреќата била монтирана, додека 28,3 отсто како причина за падот на авионот ги навеле техничките тешкотии или пилотската грешка. Истражувањето покажува дека дури 70 отсто од испитаниците се согласиле дека Пригожин е херој на воената операција во Украина. Рускиот претседател пред два дена потпиша Указ со кој ги повикува членовите на „Вагнер“ и другите руски приватни паравоени групи да положат заклетва за верност кон руската држава и армија.

The post Само осум проценти од Русите веруваат дека Путин е одговорен за смртта на Пригожин appeared first on Република.

]]>
Бугарскиот бизнисмен обвинет за нарачка на убиство, вели дека биле „глупости“ тврдењата на обвинителството дека се допишувал со Пригожин https://republika.mk/vesti/balkan/bugarskiot-biznismen-obvinet-za-narachka-na-ubistvo-veli-deka-bile-gluposti-tvrdenata-na-obvinitelstvoto-deka-se-dopishuval-so-prigozhin/ Sat, 26 Aug 2023 19:31:32 +0000 https://republika.mk/?p=676162

Бизнисменот Васил Божков, кого софискиот градски суд го стави трајно во притвор, ги оцени како „глупости“ тврдењата на обвинителството дека се допишувал со Евгениј Пригожин.

„Глупости, ми поставувате глупави прашања, погледнете каков е правосудниот систем во Бугарија“, рече Божков на новинарите по излегувањето од судницата.

Тој додаде дека ќе поднесе жалба против неговото трајно апсење.

Неговиот адвокат Георги Гатев пред медиумите посочи дека првпат слуша за овие работи и нема начин да се поврзе со случајот.

Тоа се работи за кои не е јасно како и кога биле вклучени во случајот, приказни за Крим, за војната во Украина, Африка. Одамна знам дека има тајни податоци во случајот, но ова е незаконски бидејќи се работи за коцкарска дејност, коментира Гатев. Тој одби конкретно да одговори на прашање на БТА за тоа кои луѓе имаат интерес Божков да биде во притвор. Начинот на кој се покриваат настаните во последните денови покажува дека јавно некој има интерес, смета тој.

Изминативе денови се појави информација дека Божков го нарачал убиството на Алексеј Петров.

Адвокатот истакна дека во Обединетите Арапски Емирати има посебни традиции и никој не може да каже зошто Емиратите до сега не дозволувале Божков да се врати. Тамошните власти имале свое видуваме и никому не дадоа објаснување.

Обвинителот во случајот Ангел Канев за медиумите коментира дека поврзаноста со Пригожин е изведена од доказите собрани во случајот. На прашањето на БТА како е утврдено дека од другата страна на преписката навистина се работи за Евгениј Пригожин, а не некој друг со лажно име, Канев само рече дека тоа е утврдено со распит на сведоци, техничко и сметководствено вештачење.

The post Бугарскиот бизнисмен обвинет за нарачка на убиство, вели дека биле „глупости“ тврдењата на обвинителството дека се допишувал со Пригожин appeared first on Република.

]]>

Бизнисменот Васил Божков, кого софискиот градски суд го стави трајно во притвор, ги оцени како „глупости“ тврдењата на обвинителството дека се допишувал со Евгениј Пригожин.
„Глупости, ми поставувате глупави прашања, погледнете каков е правосудниот систем во Бугарија“, рече Божков на новинарите по излегувањето од судницата.
Тој додаде дека ќе поднесе жалба против неговото трајно апсење. Неговиот адвокат Георги Гатев пред медиумите посочи дека првпат слуша за овие работи и нема начин да се поврзе со случајот.
Тоа се работи за кои не е јасно како и кога биле вклучени во случајот, приказни за Крим, за војната во Украина, Африка. Одамна знам дека има тајни податоци во случајот, но ова е незаконски бидејќи се работи за коцкарска дејност, коментира Гатев. Тој одби конкретно да одговори на прашање на БТА за тоа кои луѓе имаат интерес Божков да биде во притвор. Начинот на кој се покриваат настаните во последните денови покажува дека јавно некој има интерес, смета тој.
Изминативе денови се појави информација дека Божков го нарачал убиството на Алексеј Петров. Адвокатот истакна дека во Обединетите Арапски Емирати има посебни традиции и никој не може да каже зошто Емиратите до сега не дозволувале Божков да се врати. Тамошните власти имале свое видуваме и никому не дадоа објаснување. Обвинителот во случајот Ангел Канев за медиумите коментира дека поврзаноста со Пригожин е изведена од доказите собрани во случајот. На прашањето на БТА како е утврдено дека од другата страна на преписката навистина се работи за Евгениј Пригожин, а не некој друг со лажно име, Канев само рече дека тоа е утврдено со распит на сведоци, техничко и сметководствено вештачење.

The post Бугарскиот бизнисмен обвинет за нарачка на убиство, вели дека биле „глупости“ тврдењата на обвинителството дека се допишувал со Пригожин appeared first on Република.

]]>
Лукашенко: Во два наврати го предупредив Пригожин дека ќе биде убиен https://republika.mk/vesti/svet/lukashenko-vo-dva-navrati-go-preduprediv-prigozhin-deka-ke-bide-ubien/ Fri, 25 Aug 2023 20:18:18 +0000 https://republika.mk/?p=675893

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека ги предупредил лидерите на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин и Дмитриј Уткин, за кои се верува дека загинале во авионска несреќа во Русија, да бидат внимателни и тврди дека борците на групата ќе останат во Белорусија.

Лукашенко вели дека двапати на Пригожин му изразил загриженост за неговата безбедност, но двата пати Пригожин ги отфрлил таквите предупредувања. Лукашенко додаде дека за време на маршот кон Москва го предупредил Пригожин дека ќе „умре“ ако продолжи да маршира кон Москва.

По ѓаволите со тоа „Ќе умрам““, одговорил Пригожин.

Лукашенко вели дека ги предупредил Пригожин и Уткин по втор пат кога дошле да го посетат. Уткин помогнал во основањето на групата „Вагнер“ и е наведен како патник во соборениот авион.

Момци – внимавајте“, наводно им рекол Лукашенко.

https://republika.mk/vesti/svet/koj-ke-go-predvodi-vagner-po-smrtta-na-prigozhin-vo-nesrekata-zaginaa-i-site-mozhni-naslednitsi/

Лукашенко, стар познаник на Пригожин и близок сојузник на Русија, изјави дека Путин нема никаква врска со авионската несреќа.

Го познавам Путин: тој се пресметува, многу мирно, дури и бавно. Не можам да замислам дека Путин го направи тоа и дека Путин е виновен. Тоа е едноставно премногу груба и непрофесионална работа. „Вагнер“ живееше, „Вагнер“ живее и „Вагнер“ ќе живее во Белорусија. Се додека ни треба оваа единица, тие ќе живеат и работат со нас“, вели белорускиот лидер.

The post Лукашенко: Во два наврати го предупредив Пригожин дека ќе биде убиен appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека ги предупредил лидерите на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин и Дмитриј Уткин, за кои се верува дека загинале во авионска несреќа во Русија, да бидат внимателни и тврди дека борците на групата ќе останат во Белорусија. Лукашенко вели дека двапати на Пригожин му изразил загриженост за неговата безбедност, но двата пати Пригожин ги отфрлил таквите предупредувања. Лукашенко додаде дека за време на маршот кон Москва го предупредил Пригожин дека ќе „умре“ ако продолжи да маршира кон Москва.
По ѓаволите со тоа „Ќе умрам““, одговорил Пригожин.
Лукашенко вели дека ги предупредил Пригожин и Уткин по втор пат кога дошле да го посетат. Уткин помогнал во основањето на групата „Вагнер“ и е наведен како патник во соборениот авион.
Момци – внимавајте“, наводно им рекол Лукашенко.
https://republika.mk/vesti/svet/koj-ke-go-predvodi-vagner-po-smrtta-na-prigozhin-vo-nesrekata-zaginaa-i-site-mozhni-naslednitsi/ Лукашенко, стар познаник на Пригожин и близок сојузник на Русија, изјави дека Путин нема никаква врска со авионската несреќа.
Го познавам Путин: тој се пресметува, многу мирно, дури и бавно. Не можам да замислам дека Путин го направи тоа и дека Путин е виновен. Тоа е едноставно премногу груба и непрофесионална работа. „Вагнер“ живееше, „Вагнер“ живее и „Вагнер“ ќе живее во Белорусија. Се додека ни треба оваа единица, тие ќе живеат и работат со нас“, вели белорускиот лидер.

The post Лукашенко: Во два наврати го предупредив Пригожин дека ќе биде убиен appeared first on Република.

]]>
Десет тела и црната кутија пронајдени на местото на падот на авионот во кој бил Пригожин https://republika.mk/vesti/svet/deset-tela-i-tsrnata-kutija-pronajdeni-na-mestoto-na-padot-na-avionot-vo-koj-bil-prigozhin/ Fri, 25 Aug 2023 18:20:13 +0000 https://republika.mk/?p=675875

Десет тела и црната кутија, како и бројни документи на жртвите, кои ќе бидат важни во понатамошниот тек на истрагата, се пронајдени во Тверската област каде се урна авионот во кој се наоѓаше водачот на руската паравоена група „Вагнер“, Евгениј Пригожин.

Во текот на почетните истражни активности, на местото на несреќата се пронајдени тела на десет загинати. Во тек се молекуларни генетски испитувања за да се утврди нивниот идентитет“, објави Рускиот истражен комитет на својот канал на Телеграм, пренесува Руската државна новинска агенција.

„Сите можни верзии за тоа што се случи ќе бидат внимателно испитани“, се вели во соопштението.

 

The post Десет тела и црната кутија пронајдени на местото на падот на авионот во кој бил Пригожин appeared first on Република.

]]>

Десет тела и црната кутија, како и бројни документи на жртвите, кои ќе бидат важни во понатамошниот тек на истрагата, се пронајдени во Тверската област каде се урна авионот во кој се наоѓаше водачот на руската паравоена група „Вагнер“, Евгениј Пригожин.
Во текот на почетните истражни активности, на местото на несреќата се пронајдени тела на десет загинати. Во тек се молекуларни генетски испитувања за да се утврди нивниот идентитет“, објави Рускиот истражен комитет на својот канал на Телеграм, пренесува Руската државна новинска агенција.
„Сите можни верзии за тоа што се случи ќе бидат внимателно испитани“, се вели во соопштението.  

The post Десет тела и црната кутија пронајдени на местото на падот на авионот во кој бил Пригожин appeared first on Република.

]]>
Објавено ново видео од моментот кога се сруши авионот на Пригожин https://republika.mk/vesti/svet/objaveno-novo-video-od-momentot-koga-se-srushi-avionot-na-prigozhin/ Fri, 25 Aug 2023 11:10:26 +0000 https://republika.mk/?p=675720

На социјалните мрежи е објавено ново видео од моментот кога паѓа авионот в кој загина лидерот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин.

The post Објавено ново видео од моментот кога се сруши авионот на Пригожин appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи е објавено ново видео од моментот кога паѓа авионот в кој загина лидерот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин.

The post Објавено ново видео од моментот кога се сруши авионот на Пригожин appeared first on Република.

]]>
Кој ќе го предводи „Вагнер“ по смртта на Пригожин: Во несреќата загинаа и сите можни наследници https://republika.mk/vesti/svet/koj-ke-go-predvodi-vagner-po-smrtta-na-prigozhin-vo-nesrekata-zaginaa-i-site-mozhni-naslednitsi/ Fri, 25 Aug 2023 08:18:27 +0000 https://republika.mk/?p=675629

По трагичната авионска несреќа во која загина Евгениј Пригожин, водачот на „Вагнер“, иднината на групата руски платеници останува нејасна. Причина за таквата загриженост е тоа што во авионската несреќа биле и некои од видливите главни луѓе на групата платеници.

Во авионот се наоѓал и „десната рака“ на Пригожин, Дмитри Уткин, кој се смета за основач на групата и за кого се претпоставуваше дека во случај на смрт на Пригожин, тој ќе биде негов наследник.

Еден од кандидатите за наследник на Пригожин по неговата смрт беше и Валериј Чекалов, но и тој загина заедно со другите двајца во мистериозната авионска несреќа. Чекалов беше задолжен за логистиката на групата и ги надгледуваше договорите за снабдување со храна и опрема. Тој работеше со лидерот „Вагнер“ од раните 2000-ти.

Друг член на екипажот на авионот бил Евгени Макаријан, поранешен полициски специјалец кој бил во групата од 2016 година. Во авионот бил и Сергеј Пропустин, кој му припаѓал на „Вагнер“ од 2015 година, а бил во специјалната единица која имала улога на лични телохранители на Пригожин.

Сепак, иако во моментов се чини дека групата нема јасна команда, политичкиот познавач и коментатор, литванскиот новинар Мариус Лауринавичиус, не верува дека „Вагнер“ може да продолжи да функционира без лидер.

Со оглед на тоа што ова раководство е уништено, тоа значи дека во Русија било одлучено да се уништи „Вагнер“. Втората работа е што воената група не може многу да направи без адекватно управување, планирање и логистика. Во основа, по она што се случи, да се зборува за групата „Вагнер“ како еден вид оперативна воена единица, мислам дека повеќе нема смисла“, анализира новинарот.

The post Кој ќе го предводи „Вагнер“ по смртта на Пригожин: Во несреќата загинаа и сите можни наследници appeared first on Република.

]]>

По трагичната авионска несреќа во која загина Евгениј Пригожин, водачот на „Вагнер“, иднината на групата руски платеници останува нејасна. Причина за таквата загриженост е тоа што во авионската несреќа биле и некои од видливите главни луѓе на групата платеници. Во авионот се наоѓал и „десната рака“ на Пригожин, Дмитри Уткин, кој се смета за основач на групата и за кого се претпоставуваше дека во случај на смрт на Пригожин, тој ќе биде негов наследник. Еден од кандидатите за наследник на Пригожин по неговата смрт беше и Валериј Чекалов, но и тој загина заедно со другите двајца во мистериозната авионска несреќа. Чекалов беше задолжен за логистиката на групата и ги надгледуваше договорите за снабдување со храна и опрема. Тој работеше со лидерот „Вагнер“ од раните 2000-ти. Друг член на екипажот на авионот бил Евгени Макаријан, поранешен полициски специјалец кој бил во групата од 2016 година. Во авионот бил и Сергеј Пропустин, кој му припаѓал на „Вагнер“ од 2015 година, а бил во специјалната единица која имала улога на лични телохранители на Пригожин. Сепак, иако во моментов се чини дека групата нема јасна команда, политичкиот познавач и коментатор, литванскиот новинар Мариус Лауринавичиус, не верува дека „Вагнер“ може да продолжи да функционира без лидер.
Со оглед на тоа што ова раководство е уништено, тоа значи дека во Русија било одлучено да се уништи „Вагнер“. Втората работа е што воената група не може многу да направи без адекватно управување, планирање и логистика. Во основа, по она што се случи, да се зборува за групата „Вагнер“ како еден вид оперативна воена единица, мислам дека повеќе нема смисла“, анализира новинарот.

The post Кој ќе го предводи „Вагнер“ по смртта на Пригожин: Во несреќата загинаа и сите можни наследници appeared first on Република.

]]>
Ова е семејството Пригожин: Сопругата има „музеи на чоколади“, спа центар, ќерката акции https://republika.mk/vesti/svet/ova-e-semejstvoto-prigozhin-soprugata-ima-muzei-na-chokoladi-spa-tsentar-kerkata-aktsii/ Fri, 25 Aug 2023 07:37:45 +0000 https://republika.mk/?p=675613

Не се знае многу за  семејство Пригожин и дали шефот на Вагнер има наследници.

Тој е  оженет со три деца. Сопругата на Пригожин е Валентиновна Пригожина, која исто така е богата.

Љубова е фармацевт кој поседува бутици познати како „Музеј на чоколади“ во Санкт Петербург, пишува порталот Thedistin.com. Таа во 2012 година го отвори спа центарот „Кристал“ во Санкт Петербург, кој следната година ја доби наградата „Перфект спа проект“. Таа е сопственик на компаниите „Њу Технолоџис СПА ДООЕЛ“ и „Агат“, дел од групацијата „Конкорд“.

„Фајненшл тајмс“ пишува дека Љубов играла „разни улоги“ во деловната империја на нејзиниот сопруг, заедно со другите членови на семејството. Според весникот, децата на Пригожин сите имале акции во компаниите на нивниот татко и тие често биле разменети меѓу нив.

Децата на Пригожин

Во 2019 година, постарата ќерка Полина беше акционер во руската компанија „Лахта Плаза“, која во март 2022 година беше под санкции на САД. Сега е под контрола на синот на Пригожин, Павел.

Лахта Плаза, според корпоративните документи, споделила ревизор и телефонски број со руски компании кои снабдувале тешка индустриска опрема за рударски и шумарски компании во Африка, кои подоцна беа санкционирани од САД и ЕУ како фронт за Вагнер.

The post Ова е семејството Пригожин: Сопругата има „музеи на чоколади“, спа центар, ќерката акции appeared first on Република.

]]>

Не се знае многу за  семејство Пригожин и дали шефот на Вагнер има наследници. Тој е  оженет со три деца. Сопругата на Пригожин е Валентиновна Пригожина, која исто така е богата. Љубова е фармацевт кој поседува бутици познати како „Музеј на чоколади“ во Санкт Петербург, пишува порталот Thedistin.com. Таа во 2012 година го отвори спа центарот „Кристал“ во Санкт Петербург, кој следната година ја доби наградата „Перфект спа проект“. Таа е сопственик на компаниите „Њу Технолоџис СПА ДООЕЛ“ и „Агат“, дел од групацијата „Конкорд“. „Фајненшл тајмс“ пишува дека Љубов играла „разни улоги“ во деловната империја на нејзиниот сопруг, заедно со другите членови на семејството. Според весникот, децата на Пригожин сите имале акции во компаниите на нивниот татко и тие често биле разменети меѓу нив. Децата на Пригожин Во 2019 година, постарата ќерка Полина беше акционер во руската компанија „Лахта Плаза“, која во март 2022 година беше под санкции на САД. Сега е под контрола на синот на Пригожин, Павел. Лахта Плаза, според корпоративните документи, споделила ревизор и телефонски број со руски компании кои снабдувале тешка индустриска опрема за рударски и шумарски компании во Африка, кои подоцна беа санкционирани од САД и ЕУ како фронт за Вагнер.

The post Ова е семејството Пригожин: Сопругата има „музеи на чоколади“, спа центар, ќерката акции appeared first on Република.

]]>
САД немаат индиции дека авионот на Пригожин бил соборен со ракети земја-воздух https://republika.mk/vesti/svet/sad-nemaat-inditsii-deka-avionot-na-prigozhin-bil-soboren-so-raketi-zemja-vozduh/ Fri, 25 Aug 2023 06:22:44 +0000 https://republika.mk/?p=675591

Портпаролот на Пентагон, Пет Рајдер, соопшти дека САД немаат индиции дека авионот на шефот на руската паравоена група „Вагнер“ Евгениј Пригожин, што се урна во средата во руската област Твер, бил соборен со ракети земја-воздух.

-Оценуваме дека таквите информации се неточни, рече Рајдер и додал дека Пентагон верува дека Пригожин е мртов, но дека тоа се уште не е потврдено, пренесува Гардијан.

„Јасно е дека знаеме дека групата „Вагнер“ има многу пипала, некои од воена природа, некои од криминална природа, во Африка. Мислам дека никој нема да ја намали опасноста од таа група или нејзините остатоци“, додаде портпаролот на Пентагон.

Тој посочи дека американските претставници ќе продолжат да ги следат активностите на „Вагнер“ во Африка.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно вчера им изрази сочувство на семејствата на загинатите во авионската несреќа, во која, како што се наведува, покрај Пригожин загинаа уште девет лица.

„Пригожин беше човек со сложена судбина, но талентиран“, рече Путин на средбата со вршителот на должноста лидер на самопрогласената ДНР, Денис Пушилин, и додаде дека групата „Вагнер“ дала значаен придонес во борбата против нацизмот во Украина

The post САД немаат индиции дека авионот на Пригожин бил соборен со ракети земја-воздух appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Пентагон, Пет Рајдер, соопшти дека САД немаат индиции дека авионот на шефот на руската паравоена група „Вагнер“ Евгениј Пригожин, што се урна во средата во руската област Твер, бил соборен со ракети земја-воздух. -Оценуваме дека таквите информации се неточни, рече Рајдер и додал дека Пентагон верува дека Пригожин е мртов, но дека тоа се уште не е потврдено, пренесува Гардијан.
„Јасно е дека знаеме дека групата „Вагнер“ има многу пипала, некои од воена природа, некои од криминална природа, во Африка. Мислам дека никој нема да ја намали опасноста од таа група или нејзините остатоци“, додаде портпаролот на Пентагон.
Тој посочи дека американските претставници ќе продолжат да ги следат активностите на „Вагнер“ во Африка. Рускиот претседател Владимир Путин претходно вчера им изрази сочувство на семејствата на загинатите во авионската несреќа, во која, како што се наведува, покрај Пригожин загинаа уште девет лица. „Пригожин беше човек со сложена судбина, но талентиран“, рече Путин на средбата со вршителот на должноста лидер на самопрогласената ДНР, Денис Пушилин, и додаде дека групата „Вагнер“ дала значаен придонес во борбата против нацизмот во Украина

The post САД немаат индиции дека авионот на Пригожин бил соборен со ракети земја-воздух appeared first on Република.

]]>
Портпаролот на ЕУ: Тешко е да се поверува дека Пригожин навистина загинал https://republika.mk/vesti/svet/portparolot-na-eu-teshko-e-da-se-poveruva-deka-prigozhin-navistina-zaginal/ Thu, 24 Aug 2023 16:04:37 +0000 https://republika.mk/?p=675479

Европската Унија соопшти дека е „тешко да се проверат“ извештаите дека лидерот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин, загинал во авионската несреќа.

Видовме извештај за авионската несреќа во која наводно загинал Евгениј Пригожин, заедно со членовите на неговата придружба и членовите на екипажот. Меѓутоа, како и многу други работи во Русија, многу тешко ни е да потврдиме за тоа, а не е наше да коментираме, изјави Петер Стано, портпарол на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика.

Портпаролот на ЕУ истакна дека се добро познати „негативните акции“ на Пригожин и групата „Вагнер“, посочувајќи на нивното учество во војната во Украина и операциите во африканските земји.

Стано кажа дека ЕУ се надева дека ќе престане „негативното влијание“ на операциите на „Вагнер“, додавајќи дека е свесен дека платеничката група „не се врзува само за името на нејзиниот водач“. Тој посочи дека поврзаноста на групата со Кремљ е едно од неколкуте „комплексни прашања“, истовремено нагласувајќи дека не е на ЕУ да „погодува дали наводната смрт на Пригожин во авионска несреќа ќе има некои конкретни последици за активностите на „Вагнер“.

The post Портпаролот на ЕУ: Тешко е да се поверува дека Пригожин навистина загинал appeared first on Република.

]]>

Европската Унија соопшти дека е „тешко да се проверат“ извештаите дека лидерот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин, загинал во авионската несреќа.
Видовме извештај за авионската несреќа во која наводно загинал Евгениј Пригожин, заедно со членовите на неговата придружба и членовите на екипажот. Меѓутоа, како и многу други работи во Русија, многу тешко ни е да потврдиме за тоа, а не е наше да коментираме, изјави Петер Стано, портпарол на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика.
Портпаролот на ЕУ истакна дека се добро познати „негативните акции“ на Пригожин и групата „Вагнер“, посочувајќи на нивното учество во војната во Украина и операциите во африканските земји. Стано кажа дека ЕУ се надева дека ќе престане „негативното влијание“ на операциите на „Вагнер“, додавајќи дека е свесен дека платеничката група „не се врзува само за името на нејзиниот водач“. Тој посочи дека поврзаноста на групата со Кремљ е едно од неколкуте „комплексни прашања“, истовремено нагласувајќи дека не е на ЕУ да „погодува дали наводната смрт на Пригожин во авионска несреќа ќе има некои конкретни последици за активностите на „Вагнер“.

The post Портпаролот на ЕУ: Тешко е да се поверува дека Пригожин навистина загинал appeared first on Република.

]]>
Дали е ова телото на Пригожин? https://republika.mk/vesti/svet/dali-e-ova-teloto-na-priozhin/ Thu, 24 Aug 2023 09:30:32 +0000 https://republika.mk/?p=675283

Медиумските агенции објавија нови фотографии од местото на инцидентот.Како што може да се види на сликите, руските специјални служби почнаа да ги отстрануваат телата на загинатите во авионската несреќа, во која загина шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, како и неговиот прв заменик.

[caption id="attachment_675282" align="alignnone" width="567"] foto AP[/caption]

Засега нема потврда дали авионот паднал поради дефект, или пак е соборен од противвоздушни ракети, како што се почесто се шпекулира во медиумите.

The post Дали е ова телото на Пригожин? appeared first on Република.

]]>

Медиумските агенции објавија нови фотографии од местото на инцидентот.Како што може да се види на сликите, руските специјални служби почнаа да ги отстрануваат телата на загинатите во авионската несреќа, во која загина шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, како и неговиот прв заменик. [caption id="attachment_675282" align="alignnone" width="567"] foto AP[/caption] Засега нема потврда дали авионот паднал поради дефект, или пак е соборен од противвоздушни ракети, како што се почесто се шпекулира во медиумите.

The post Дали е ова телото на Пригожин? appeared first on Република.

]]>
„Предавство не можам да простам“: Дали овие зборови на Путин му пресудија на Пригожин https://republika.mk/vesti/svet/predavstvo-ne-mozham-da-prostam-dali-ovie-zborovi-na-putin-mu-presudija-na-prigozhin/ Thu, 24 Aug 2023 08:01:39 +0000 https://republika.mk/?p=675190

Обидот за државен удар на Вагнер во Русија на 24 јуни оваа година, го шокираше целиот свет, а на денот на смртта на Евгениј Пригожин и неговиот близок соработник Дмитриј Уткин, многумина сметаат дека нивната смрт е одмазда за Владимир Путин. претседателот на Руската Федерација.

Затоа многумина на социјалните мрежи се сеќаваат на неговиот разговор во форма на интервју за документарен филм во 2018 година, во кој тој рече дека може да прости се освен едно - предавство.

Во тој одговор, многумина ја гледаат причината за тоа што се случи со Пригожин, врвот на Вагнер и сите патници на соборениот авион во средата, и по обидот за пуч на таа платеничка единица во јуни и краткиот напад на Москва.

„Дали сте во можност да простите“, го прашала водителот тогаш Путин

„Да, но не сите“, одговори тој.

Што е невозможно да се прости?

„Предавство“, студено додаде Путин

The post „Предавство не можам да простам“: Дали овие зборови на Путин му пресудија на Пригожин appeared first on Република.

]]>

Обидот за државен удар на Вагнер во Русија на 24 јуни оваа година, го шокираше целиот свет, а на денот на смртта на Евгениј Пригожин и неговиот близок соработник Дмитриј Уткин, многумина сметаат дека нивната смрт е одмазда за Владимир Путин. претседателот на Руската Федерација. Затоа многумина на социјалните мрежи се сеќаваат на неговиот разговор во форма на интервју за документарен филм во 2018 година, во кој тој рече дека може да прости се освен едно - предавство. Во тој одговор, многумина ја гледаат причината за тоа што се случи со Пригожин, врвот на Вагнер и сите патници на соборениот авион во средата, и по обидот за пуч на таа платеничка единица во јуни и краткиот напад на Москва. „Дали сте во можност да простите“, го прашала водителот тогаш Путин „Да, но не сите“, одговори тој. Што е невозможно да се прости? „Предавство“, студено додаде Путин

The post „Предавство не можам да простам“: Дали овие зборови на Путин му пресудија на Пригожин appeared first on Република.

]]>
Бајден: Не сум изненаден од веста за Пригожин https://republika.mk/vesti/svet/bajden-ne-sum-iznenaden-od-vesta-za-prigozhin/ Wed, 23 Aug 2023 20:00:54 +0000 https://republika.mk/?p=675113

Американскиот претседател Џо Бајден ја коментираше авионската несреќа во која наводно загина Евгениј Пригожин, велејќи дека „не е изненаден“ од извештаите.

Бајден разговараше со новинарите кај езерото Тахо, каде што моментално се одмара со своето семејство, објавуваат светските медиуми.

Не знам што точно се случи, но не сум изненаден, рече тој.

The post Бајден: Не сум изненаден од веста за Пригожин appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден ја коментираше авионската несреќа во која наводно загина Евгениј Пригожин, велејќи дека „не е изненаден“ од извештаите. Бајден разговараше со новинарите кај езерото Тахо, каде што моментално се одмара со своето семејство, објавуваат светските медиуми.
Не знам што точно се случи, но не сум изненаден, рече тој.

The post Бајден: Не сум изненаден од веста за Пригожин appeared first on Република.

]]>
И Дмитриј Уткин бил во авионот во кој загина Пригожин https://republika.mk/vesti/svet/i-dmitrij-utkin-bil-vo-avionot-vo-koj-zagina-prigozhin/ Wed, 23 Aug 2023 18:20:56 +0000 https://republika.mk/?p=675097

Дмитриј Уткин, ветеран од чеченските војни и поранешен командант на специјалната единица на руската разузнавачка служба ГРУ бил еден од десетте патници во авионот кој се урна, а во кој беше Евгениј Пригожин, сопственикот на руската приватна армија Вагнер.

Ова го јавуваат телеграмските канали поврзани со приватната воена компанија Вагнер.

 

The post И Дмитриј Уткин бил во авионот во кој загина Пригожин appeared first on Република.

]]>

Дмитриј Уткин, ветеран од чеченските војни и поранешен командант на специјалната единица на руската разузнавачка служба ГРУ бил еден од десетте патници во авионот кој се урна, а во кој беше Евгениј Пригожин, сопственикот на руската приватна армија Вагнер. Ова го јавуваат телеграмските канали поврзани со приватната воена компанија Вагнер.  

The post И Дмитриј Уткин бил во авионот во кој загина Пригожин appeared first on Република.

]]>
Се појавија снимки од урнатиот на авион во кој загина Пригожин https://republika.mk/vesti/svet/se-pojavija-snimki-od-urnatiot-na-avion-vo-koj-zagina-prigozhin/ Wed, 23 Aug 2023 18:09:30 +0000 https://republika.mk/?p=675094

Шефот на руската паравоена група „Вагнер“ Евгениј Пригожин загина денеска откако приватен авион се урна во руската област Твер, соопшти руската Федерална агенција за воздушен сообраќај.

Покрената е истрага за падот на авионот Ембраер, што се случи вечерва во регионот Твер. Според списокот на патници, меѓу жртвите е и Евгениј Пригожин“, се наведува во соопштението, пренесува ТАСС.

Покрај Пригожин, загинаа уште девет лица.

 

The post Се појавија снимки од урнатиот на авион во кој загина Пригожин appeared first on Република.

]]>

Шефот на руската паравоена група „Вагнер“ Евгениј Пригожин загина денеска откако приватен авион се урна во руската област Твер, соопшти руската Федерална агенција за воздушен сообраќај.
Покрената е истрага за падот на авионот Ембраер, што се случи вечерва во регионот Твер. Според списокот на патници, меѓу жртвите е и Евгениј Пригожин“, се наведува во соопштението, пренесува ТАСС.
Покрај Пригожин, загинаа уште девет лица.  

The post Се појавија снимки од урнатиот на авион во кој загина Пригожин appeared first on Република.

]]>
Загина Евгениј Пригожин, се урна авионот со кој патувал https://republika.mk/vesti/svet/zagina-evgenij-prigozhin-se-urna-avionot-so-koj-patuval/ Wed, 23 Aug 2023 17:30:27 +0000 https://republika.mk/?p=675085

Авионот на Евгениј Пригожин се урна во близина на селото Куженкино во областа Твер.

Според податоците на руската служба за итни случаи, во авионот имало 10 лица, меѓу кои и 3 членови на екипажот. Според првичните информации, сите во авионот загинале.

Авионот летал од Москва за Санкт Петербург. Од Министерството за вонредни состојби соопштуваат дека се работи за деловен авион Embraer ERJ-135, додека на Телеграм канал 112 е наведено дека регистарскиот број на авионот е RA-RA-02795. Тој бил во роднинска врска со Евгениј Пригожин.

Телеграмскиот канал Сива зона, поврзан со Wagner PMC, тврди дека Embraer Legaci 600 бил „соборен со оган од противвоздушна одбрана во Министерството за одбрана на Руската Федерација во областа Бологовски во Тверската област“, објави Дојче веле.

 

The post Загина Евгениј Пригожин, се урна авионот со кој патувал appeared first on Република.

]]>

Авионот на Евгениј Пригожин се урна во близина на селото Куженкино во областа Твер. Според податоците на руската служба за итни случаи, во авионот имало 10 лица, меѓу кои и 3 членови на екипажот. Според првичните информации, сите во авионот загинале. Авионот летал од Москва за Санкт Петербург. Од Министерството за вонредни состојби соопштуваат дека се работи за деловен авион Embraer ERJ-135, додека на Телеграм канал 112 е наведено дека регистарскиот број на авионот е RA-RA-02795. Тој бил во роднинска врска со Евгениј Пригожин. Телеграмскиот канал Сива зона, поврзан со Wagner PMC, тврди дека Embraer Legaci 600 бил „соборен со оган од противвоздушна одбрана во Министерството за одбрана на Руската Федерација во областа Бологовски во Тверската област“, објави Дојче веле.  

The post Загина Евгениј Пригожин, се урна авионот со кој патувал appeared first on Република.

]]>