Ева Каили Archives - Република https://republika.mk/tema/eva-kaili/ За подобро да се разбереме Fri, 14 Apr 2023 09:46:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ева Каили Archives - Република https://republika.mk/tema/eva-kaili/ 32 32 Поранешната потпретседателка на ЕП, Каили пренесена во домашен притвор https://republika.mk/vesti/svet/poraneshnata-potpretsedatelka-na-ep-kaili-prenesena-vo-domashen-pritvor/ Fri, 14 Apr 2023 10:27:54 +0000 https://republika.mk/?p=630741

Ви благодарам многу. Ме чека ќерка ми, кусо им одговори на новинарите, поранешната потпретседателка на Европскиот парламент, Ева Каили, која денеска од белгискиот затвор беше пренесена во домашен притвор со електронска нараквица, јави дописничката на МИА од Атина.

По поминати четири месеци во затвор поради вмешаноста во скандалот „Катар гејт“, Каили денеска беше пренесена во нејзиниот дом во Брисел, каде што ја чекаа голем број новинари.

Белгискиот суд на 12 април одлучи поранешната потпретседателка на ЕП да биде пренесена во домашен притвор со електронска нараквица.

Каили воедно беше последната осомничена во скандалот „Катар гејт“, која сѐ уште беше во затвор, со оглед на тоа дека останатите, меѓу кои и нејзиниот партнер, веќе се во домашен притвор, додека истрагата за корупцискиот скандал е во тек.

The post Поранешната потпретседателка на ЕП, Каили пренесена во домашен притвор appeared first on Република.

]]>

Ви благодарам многу. Ме чека ќерка ми, кусо им одговори на новинарите, поранешната потпретседателка на Европскиот парламент, Ева Каили, која денеска од белгискиот затвор беше пренесена во домашен притвор со електронска нараквица, јави дописничката на МИА од Атина. По поминати четири месеци во затвор поради вмешаноста во скандалот „Катар гејт“, Каили денеска беше пренесена во нејзиниот дом во Брисел, каде што ја чекаа голем број новинари. Белгискиот суд на 12 април одлучи поранешната потпретседателка на ЕП да биде пренесена во домашен притвор со електронска нараквица. Каили воедно беше последната осомничена во скандалот „Катар гејт“, која сѐ уште беше во затвор, со оглед на тоа дека останатите, меѓу кои и нејзиниот партнер, веќе се во домашен притвор, додека истрагата за корупцискиот скандал е во тек.

The post Поранешната потпретседателка на ЕП, Каили пренесена во домашен притвор appeared first on Република.

]]>
Корупциски скандал „Катаргејт“: Обвинетата потпретседателката на ЕП оди во домашен притвор https://republika.mk/vesti/svet/koruptsiski-skandal-katargejt-obvinetata-potpretsedatelkata-na-ep-odi-vo-domashen-pritvor/ Wed, 12 Apr 2023 18:15:44 +0000 https://republika.mk/?p=630312

Белгискиот суд денеска одлучи да ја ослободи од притвор поранешната потпретседателка на Европскиот парламент Ева Каили.

Таа е последната осомничена која се уште е во притвор додека трае истрагата за корупцискиот скандал познат како „Катаргејт“ и да ја стави под домашен притвор, каде ќе биде под електронски надзор со електрична нараквица.

Ева Каили излегува од затвор и е ставена во домашен притвор во Белгија, каде што ќе биде под електронски надзор“, изјави за АФП Антон Шотсаерт, судија во белгиското федерално обвинителство. Одлуката ја донел истражниот судија Мишел Клез.

Грчката социјалистичка пратеничка „најверојатно ќе биде ослободена во петок или најдоцна во понеделник“, изјави нејзиниот адвокат Свен Мери за АФП, бидејќи нараквицата бара „административна подготовка“. Одлуката да ја ослободат од притвор беше „целосно очекувана“, рече тој.

Белгискиот суд неодамна одлучи белгискиот европратеник Марк Тарабела и поранешниот италијански европратеник Антонио Панцери, другите двајца главни осомничени во скандалот „Катаргејт“ што го потресе Европскиот парламент, да носат електронска нараквица.

Каили е осомничена дека повеќе години посредувала за странски земји, вклучително и за Катар, во одлуките на Европскиот парламент, за што добивала пари.

Каили, која има 44 години и е мајка на двегодишна ќерка, беше разрешена од функцијата потпретседател на ЕП во средината на декември. „Четири и пол месеци таа тврди дека не е виновна. Истрагата сè уште не е завршена“, изјави Свен Мери, кој забележува дека тој и неговиот клиент се подготвени да одговорат на „сите прашања“ на истражителите.

The post Корупциски скандал „Катаргејт“: Обвинетата потпретседателката на ЕП оди во домашен притвор appeared first on Република.

]]>

Белгискиот суд денеска одлучи да ја ослободи од притвор поранешната потпретседателка на Европскиот парламент Ева Каили. Таа е последната осомничена која се уште е во притвор додека трае истрагата за корупцискиот скандал познат како „Катаргејт“ и да ја стави под домашен притвор, каде ќе биде под електронски надзор со електрична нараквица. Ева Каили излегува од затвор и е ставена во домашен притвор во Белгија, каде што ќе биде под електронски надзор“, изјави за АФП Антон Шотсаерт, судија во белгиското федерално обвинителство. Одлуката ја донел истражниот судија Мишел Клез. Грчката социјалистичка пратеничка „најверојатно ќе биде ослободена во петок или најдоцна во понеделник“, изјави нејзиниот адвокат Свен Мери за АФП, бидејќи нараквицата бара „административна подготовка“. Одлуката да ја ослободат од притвор беше „целосно очекувана“, рече тој. Белгискиот суд неодамна одлучи белгискиот европратеник Марк Тарабела и поранешниот италијански европратеник Антонио Панцери, другите двајца главни осомничени во скандалот „Катаргејт“ што го потресе Европскиот парламент, да носат електронска нараквица. Каили е осомничена дека повеќе години посредувала за странски земји, вклучително и за Катар, во одлуките на Европскиот парламент, за што добивала пари. Каили, која има 44 години и е мајка на двегодишна ќерка, беше разрешена од функцијата потпретседател на ЕП во средината на декември. „Четири и пол месеци таа тврди дека не е виновна. Истрагата сè уште не е завршена“, изјави Свен Мери, кој забележува дека тој и неговиот клиент се подготвени да одговорат на „сите прашања“ на истражителите.

The post Корупциски скандал „Катаргејт“: Обвинетата потпретседателката на ЕП оди во домашен притвор appeared first on Република.

]]>
Гркинката од Европскиот Парламент останува во притвор https://republika.mk/vesti/balkan/grkinkata-od-evropskiot-parlament-ostanuva-vo-pritvor/ Fri, 03 Mar 2023 12:15:37 +0000 https://republika.mk/?p=615541

Европратеничката Ева Каили, до неодамна потпретседателка на Европскиот парламент, останува во затвор уште најмалку два месеца, одлучи денеска судот во Брисел. Претходно оваа недела, нејзината одбрана побара Каили да биде ослободена со нараквица за следење, објавија локалните медиуми.

Претходно денеска судот одлучи да го остави во затвор и европратеникот Марк Тарабела. Каили беше приведена во декември, а Тарабела на почетокот на февруари.

The post Гркинката од Европскиот Парламент останува во притвор appeared first on Република.

]]>

Европратеничката Ева Каили, до неодамна потпретседателка на Европскиот парламент, останува во затвор уште најмалку два месеца, одлучи денеска судот во Брисел. Претходно оваа недела, нејзината одбрана побара Каили да биде ослободена со нараквица за следење, објавија локалните медиуми.

Претходно денеска судот одлучи да го остави во затвор и европратеникот Марк Тарабела. Каили беше приведена во декември, а Тарабела на почетокот на февруари.

The post Гркинката од Европскиот Парламент останува во притвор appeared first on Република.

]]>
Адвокатот на Каили демантира дека ѝ биле префрлени пари во банка во Панама https://republika.mk/vesti/svet/advokatot-na-kaili-demantira-deka-bile-prefrleni-pari-vo-banka-vo-panama/ Fri, 30 Dec 2022 09:45:35 +0000 https://republika.mk/?p=591775

Адвокатот на поранешната потпретседателка на ЕП Ева Каили, преку соопштение испратено до грчките медиуми демантира дека на европратеничката ѝ биле префрлени пари од Катар на сметка во банка во Панама, јави дописничката на МИА од Атина.

Адвокатот Михалис Димитракопулос се повикува на соопштението на банката Бладекс од 21 декември за кое вели дека „ги побива клеветничките натписи во медиумите за дознаките од Катар за Ева Каили“ и додава дека банката по спроведената истрага „потврдува дека не постои директна или индиректна врска од било каков вид со лицата кои се сослушуваат во конкретниот случај, меѓу кои и Каили“.

-Сигурно е дека во блиска иднина ќе се докаже дека парите пронајдени во заедничкиот стан со нејзиниот партнер не се нејзини и немаат никаква врска со политичката активност на госпоѓата Каили, пишува Димитракопулос во соопштението објавено од грчките медиуми.

Медиумите во Грција пишуваат дека шефот на грчката Управа за перење пари Хараламбос Вурлиотис, испратил итен документ до Панама, со барање да биде информиран дали се префрлени дознаки од 20 милиони евра од Катар на сметки кои веројатно припаѓаат на Каили и нејзиниот партнер Џорџи.

The post Адвокатот на Каили демантира дека ѝ биле префрлени пари во банка во Панама appeared first on Република.

]]>

Адвокатот на поранешната потпретседателка на ЕП Ева Каили, преку соопштение испратено до грчките медиуми демантира дека на европратеничката ѝ биле префрлени пари од Катар на сметка во банка во Панама, јави дописничката на МИА од Атина. Адвокатот Михалис Димитракопулос се повикува на соопштението на банката Бладекс од 21 декември за кое вели дека „ги побива клеветничките натписи во медиумите за дознаките од Катар за Ева Каили“ и додава дека банката по спроведената истрага „потврдува дека не постои директна или индиректна врска од било каков вид со лицата кои се сослушуваат во конкретниот случај, меѓу кои и Каили“. -Сигурно е дека во блиска иднина ќе се докаже дека парите пронајдени во заедничкиот стан со нејзиниот партнер не се нејзини и немаат никаква врска со политичката активност на госпоѓата Каили, пишува Димитракопулос во соопштението објавено од грчките медиуми. Медиумите во Грција пишуваат дека шефот на грчката Управа за перење пари Хараламбос Вурлиотис, испратил итен документ до Панама, со барање да биде информиран дали се префрлени дознаки од 20 милиони евра од Катар на сметки кои веројатно припаѓаат на Каили и нејзиниот партнер Џорџи.

The post Адвокатот на Каили демантира дека ѝ биле префрлени пари во банка во Панама appeared first on Република.

]]>
Гркинката Каили призна вина дека земала пари од Катарците https://republika.mk/vesti/balkan/grkinkata-kaili-prizna-vina-deka-zemala-pari-od-katarcite/ Tue, 20 Dec 2022 21:05:11 +0000 https://republika.mk/?p=588152

Европратеничката Ева Каили во текот на истрагата за корупција во Европскиот парламент, признала дека побарала од нејзиниот татко да скрие дел од парите, кои подоцна биле пронајдени во нејзиниот дом.

Каили беше уапсена на 9 декември, истиот ден кога претходно беше уапсен нејзиниот татко со актовка полна со готовина. Се посочува дека тој носел околу 600 илјади евра, додека Каили е познато дека поседувала околу 150 илјади евра. Истиот ден беше претресен домот на европратеничката.

Каили веќе признала дека побарала од нејзиниот татко да скрие дел од парите, кои потоа биле пронајдени во нејзиниот дом. Медиумите пишуват дека таа му кажала на истражниот судија Мишел Клиз дека била свесна за минатите односи на нејзиниот сопруг со поранешниот европратеник Пјер Антонио Панцери и оти низ нејзиниот стан поминале куфери со пари.

Белгиските медиуми претходно објавија дека признание дал и сопругот на Каили, Франческо Џорџи. Тој признал дека е дел од организација што ја користат Мароко и Катар за мешање во работите на Европската унија. Во своето признание, Џорџи тврдел дека неговата улога во организацијата била да раководи со парите.

Според белгиските и италијанските медиуми, и Панцери делумно признал корумпираност и дејствување во интерес на Катар и на Мароко. Во своите признанија тој споменува дека европратеникот Марк Тарабела добивал подароци од Катар.

Белгиското федерално обвинителство и адвокатите на инволвираните во скандалот одбиваат да ги коментираат овие тврдења

The post Гркинката Каили призна вина дека земала пари од Катарците appeared first on Република.

]]>

Европратеничката Ева Каили во текот на истрагата за корупција во Европскиот парламент, признала дека побарала од нејзиниот татко да скрие дел од парите, кои подоцна биле пронајдени во нејзиниот дом. Каили беше уапсена на 9 декември, истиот ден кога претходно беше уапсен нејзиниот татко со актовка полна со готовина. Се посочува дека тој носел околу 600 илјади евра, додека Каили е познато дека поседувала околу 150 илјади евра. Истиот ден беше претресен домот на европратеничката. Каили веќе признала дека побарала од нејзиниот татко да скрие дел од парите, кои потоа биле пронајдени во нејзиниот дом. Медиумите пишуват дека таа му кажала на истражниот судија Мишел Клиз дека била свесна за минатите односи на нејзиниот сопруг со поранешниот европратеник Пјер Антонио Панцери и оти низ нејзиниот стан поминале куфери со пари. Белгиските медиуми претходно објавија дека признание дал и сопругот на Каили, Франческо Џорџи. Тој признал дека е дел од организација што ја користат Мароко и Катар за мешање во работите на Европската унија. Во своето признание, Џорџи тврдел дека неговата улога во организацијата била да раководи со парите. Според белгиските и италијанските медиуми, и Панцери делумно признал корумпираност и дејствување во интерес на Катар и на Мароко. Во своите признанија тој споменува дека европратеникот Марк Тарабела добивал подароци од Катар. Белгиското федерално обвинителство и адвокатите на инволвираните во скандалот одбиваат да ги коментираат овие тврдења

The post Гркинката Каили призна вина дека земала пари од Катарците appeared first on Република.

]]>
ЕП ја разреши потпретседателката Каили https://republika.mk/vesti/svet/ep-ja-razreshi-potpretsedatelkata-kaili/ Tue, 13 Dec 2022 11:56:56 +0000 https://republika.mk/?p=585168

Европскиот парламент денеска ја разреши осомничената за корупција Ева Каили од функцијата потпретседателка на Парламентот.

За предвремено прекинување на мандатот на грчкат пратеничка гласаа 625 пратеници, еден беше против, а двајца беа воздржани.

За смена на Каили од функцијата на еден од 14-те потпретседатели на ЕП, потребни беа гласовите на две третини од европратениците.

Каили беше меѓу четворицата уапсени и обвинети во Белгија во текот на викендот поради наводите дека Катар им дал пари и подароци за да влијае врз одлучувањето.

Тие утре треба да се појават пред судот.

Каили ги отфрли обвинувањата, како и Катар.

The post ЕП ја разреши потпретседателката Каили appeared first on Република.

]]>

Европскиот парламент денеска ја разреши осомничената за корупција Ева Каили од функцијата потпретседателка на Парламентот. За предвремено прекинување на мандатот на грчкат пратеничка гласаа 625 пратеници, еден беше против, а двајца беа воздржани. За смена на Каили од функцијата на еден од 14-те потпретседатели на ЕП, потребни беа гласовите на две третини од европратениците. Каили беше меѓу четворицата уапсени и обвинети во Белгија во текот на викендот поради наводите дека Катар им дал пари и подароци за да влијае врз одлучувањето. Тие утре треба да се појават пред судот. Каили ги отфрли обвинувањата, како и Катар.

The post ЕП ја разреши потпретседателката Каили appeared first on Република.

]]>
Гркинката Ева која има четири станови и 460.000 евра во банка: Невина сум https://republika.mk/vesti/balkan/grkinkata-eva-koja-ima-chetiri-stanovi-i-460-000-evra-vo-banka-nevina-sum/ Tue, 13 Dec 2022 09:20:13 +0000 https://republika.mk/?p=585059

Преку адвокатот во Грција, потпретседателката на Европскиот Парламент и европратеничка Ева Каили, тврди дека е невина за скандалот со корупција од Катар, јави дописничката на МИА од Атина.

Еден од адвокатите Михалис Димитракопулос за грчката телевизија „Опен“ категорично отфрли поврзаност на Каили со било какво финансирање од Катар.

https://republika.mk/vesti/svet/ep-kje-ja-razreshuva-grniknkata-eva-koja-beshe-uapsena-za-korupcija/

-Нејзината позиција е дека е невина. Ова можам да ви го кажам. Но, и дека нема никаква врска со финансирање од Катар. Никаква. Јасно и категорично. Ова е нејзината позиција. Детали не можам да откријам, рече Димитракопулос, кој додаде дека не знае дали биле навистина биле пронајдени пари, колкав бил износот и сл.

Адвокатот отфрли било каква бизнис активност на Каили и истакна дека единствената нејзина професија е европратеничка.

Според имотниот лист на Каили, кој го објавуваат медиумите во Грција, сопственичка е на четири недвижнини, од кои три стана во Грција и еден во Белгија, а во грчките и белгиските банки има над 460.000 евра.

Шефот на Управата за спречување перење пари Хараламбос Вурлиотис вчера наредил замрзнување на имотот на Каили, како и на членовите на нејзиното семејство и нејзиниот партнер со цел да се обезбедат податоци за имоти, сметки, фирми итн во Грција кои можеби потекнуваат од незаконски активности,

Ева Каили е меѓу четворицата уапсени и осомничени за скандалот со корупција, а според грчките и белгиските медиуми утре ќе биде одлучено дали ќе ѝ се одреди мерка притвор.

Како што претходно објави МИА, шефовите на сите политички групи во Европскиот парламент денеска се согласија да ја сменат потпретседателката Ева Каили, пред гласање на пленарна седница.

Конечната одлука за смена на Каили од функцијата треба да ја одобри двотретинско мнозинство од пратениците на ЕУ, а гласањето може да се одржи уште денеска.

The post Гркинката Ева која има четири станови и 460.000 евра во банка: Невина сум appeared first on Република.

]]>

Преку адвокатот во Грција, потпретседателката на Европскиот Парламент и европратеничка Ева Каили, тврди дека е невина за скандалот со корупција од Катар, јави дописничката на МИА од Атина. Еден од адвокатите Михалис Димитракопулос за грчката телевизија „Опен“ категорично отфрли поврзаност на Каили со било какво финансирање од Катар. https://republika.mk/vesti/svet/ep-kje-ja-razreshuva-grniknkata-eva-koja-beshe-uapsena-za-korupcija/
-Нејзината позиција е дека е невина. Ова можам да ви го кажам. Но, и дека нема никаква врска со финансирање од Катар. Никаква. Јасно и категорично. Ова е нејзината позиција. Детали не можам да откријам, рече Димитракопулос, кој додаде дека не знае дали биле навистина биле пронајдени пари, колкав бил износот и сл.
Адвокатот отфрли било каква бизнис активност на Каили и истакна дека единствената нејзина професија е европратеничка. Според имотниот лист на Каили, кој го објавуваат медиумите во Грција, сопственичка е на четири недвижнини, од кои три стана во Грција и еден во Белгија, а во грчките и белгиските банки има над 460.000 евра. Шефот на Управата за спречување перење пари Хараламбос Вурлиотис вчера наредил замрзнување на имотот на Каили, како и на членовите на нејзиното семејство и нејзиниот партнер со цел да се обезбедат податоци за имоти, сметки, фирми итн во Грција кои можеби потекнуваат од незаконски активности, Ева Каили е меѓу четворицата уапсени и осомничени за скандалот со корупција, а според грчките и белгиските медиуми утре ќе биде одлучено дали ќе ѝ се одреди мерка притвор. Како што претходно објави МИА, шефовите на сите политички групи во Европскиот парламент денеска се согласија да ја сменат потпретседателката Ева Каили, пред гласање на пленарна седница. Конечната одлука за смена на Каили од функцијата треба да ја одобри двотретинско мнозинство од пратениците на ЕУ, а гласањето може да се одржи уште денеска.

The post Гркинката Ева која има четири станови и 460.000 евра во банка: Невина сум appeared first on Република.

]]>
ЕП ќе ја разрешува Грникнката Ева која беше уапсена за корупција https://republika.mk/vesti/svet/ep-kje-ja-razreshuva-grniknkata-eva-koja-beshe-uapsena-za-korupcija/ Tue, 13 Dec 2022 08:34:39 +0000 https://republika.mk/?p=585027

Шефовите на сите политички групи во Европскиот парламент се согласија да ја сменат потпретседателката Ева Каили, пред гласање на пленарна седница, откако таа беше уапсена во корупциски скандал поврзан со Катар, изјавија извори за ДПА.

Каили (44) веќе е суспендирана од должноста потпретседател на Европскиот парламент по нејзиното апсење поради обвиненијата за корупција во петокот.

Конечната одлука за смена на Каили од функцијата треба да ја одобри двотретинско мнозинство од пратениците на ЕУ. Гласањето може да се одржи уште денеска.

Каили и уште тројца се уапсени под обвинение за учество во криминална организација, перење пари и корупција, според белгиското обвинителство.

Четворицата осомничени се обвинети дека влијаеле на одлуки на Европскиот парламент во корист на Катар во замена за пари и подароци. Катар ги негира наводите

The post ЕП ќе ја разрешува Грникнката Ева која беше уапсена за корупција appeared first on Република.

]]>

Шефовите на сите политички групи во Европскиот парламент се согласија да ја сменат потпретседателката Ева Каили, пред гласање на пленарна седница, откако таа беше уапсена во корупциски скандал поврзан со Катар, изјавија извори за ДПА. Каили (44) веќе е суспендирана од должноста потпретседател на Европскиот парламент по нејзиното апсење поради обвиненијата за корупција во петокот. Конечната одлука за смена на Каили од функцијата треба да ја одобри двотретинско мнозинство од пратениците на ЕУ. Гласањето може да се одржи уште денеска. Каили и уште тројца се уапсени под обвинение за учество во криминална организација, перење пари и корупција, според белгиското обвинителство. Четворицата осомничени се обвинети дека влијаеле на одлуки на Европскиот парламент во корист на Катар во замена за пари и подароци. Катар ги негира наводите

The post ЕП ќе ја разрешува Грникнката Ева која беше уапсена за корупција appeared first on Република.

]]>
Уапсената Гркинка Ева има 44 години: Го батали новинарството и влезе во политиката https://republika.mk/vesti/balkan/uapsenata-grkinka-eva-ima-44-godini-go-batali-novinarstvoto-i-vleze-vo-politikata/ Mon, 12 Dec 2022 08:21:57 +0000 https://republika.mk/?p=584542

Потпретседателката на Европскиот парламент, Ева Каили и уште четири лица се упасени под сомнение за корупција и перење пари, во случај што белгиските медиуми го поврзуваат со незаконското лобирање на претставници на државата Катар во Брисел.

Ева Каили е една од 14-те потпретседатели на Европскиот парламент, од кои пет се од групата претставници на S&D. Каили, родена 1978 година, стана член на подмладокот на ПАСОК во гимназијата, на 14-годишна возраст, а на 24-годишна возраст стана најмладата членка на Советот на град Солун.

Од 2003 до 2007 година, таа работеше и стана позната како водител на вести на грчкиот телевизиски канал Мега. Таа ја напушти телевизијата кога беше избрана за пратеник во грчкиот парламент

The post Уапсената Гркинка Ева има 44 години: Го батали новинарството и влезе во политиката appeared first on Република.

]]>

Потпретседателката на Европскиот парламент, Ева Каили и уште четири лица се упасени под сомнение за корупција и перење пари, во случај што белгиските медиуми го поврзуваат со незаконското лобирање на претставници на државата Катар во Брисел. Ева Каили е една од 14-те потпретседатели на Европскиот парламент, од кои пет се од групата претставници на S&D. Каили, родена 1978 година, стана член на подмладокот на ПАСОК во гимназијата, на 14-годишна возраст, а на 24-годишна возраст стана најмладата членка на Советот на град Солун. Од 2003 до 2007 година, таа работеше и стана позната како водител на вести на грчкиот телевизиски канал Мега. Таа ја напушти телевизијата кога беше избрана за пратеник во грчкиот парламент

The post Уапсената Гркинка Ева има 44 години: Го батали новинарството и влезе во политиката appeared first on Република.

]]>