ЕУРО 7 Archives - Република https://republika.mk/tema/euro-7/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Dec 2023 09:30:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЕУРО 7 Archives - Република https://republika.mk/tema/euro-7/ 32 32 Постигнат договор за текстот на регулативата „Евро 7“ за емисии на штетни гасови од возилата https://republika.mk/vesti/svet/postignat-dogovor-za-tekstot-na-regulativata-evro-7-za-emisii-na-shtetni-gasovi-od-vozilata/ Tue, 19 Dec 2023 09:30:05 +0000 https://republika.mk/?p=724470

Советот на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа привремен договор за регулативата за намалување на емисиите на штетни гасови од автомобилите, комбињата, автобусите и камионите и за издржливост на батериите на електричните возила, позната како „Евро 7“.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, со овој акт се задржува истото ниво на максимални количества на емисии на издувни гасови од автомобилите и комбињата како и во претходната регулатива што го уредуваше овој сектор „Евро 6“, но се намалуваат дозволените лимити на емисии од автобусите и камионите и се воведуваат ограничувања за испуштените честички од сопирачките и гумите и се бара подолго времетраење на батериите кај електричните возила.

Регулативата „Евро 7“ треба да ја замени „Евро 6“, со која се утврдени правилата за емисии на штетни гасови од автомобилите и комбињата, како и „Евро VI“ со која се регулира овој сегмент за камиони и автобуси.

Со „Евро 7“ се воведува единствен сет на правила за ограничувања за емисиите и за лесни и за тешки возила, односно за автомобили, комбиња, автобуси и камиони.

Регулативата „Евро 7“, која Европската комисија ја претстави на 10 ноември 2022 година, е дел од Стратегијата за одржлива и паметна мобилност на ЕК од 2020 година и Акцискиот план за нулто ниво на загадување за 2021 година.

Овој законски текст се надоврзува на Регулативата за зајакнување на стандардите за емисии јаглерод диоксид од новите патнички возила, усвоена на 19 април 2023 година, со која се предвидува целосна забрана на производство на автомобили и комбиња со мотори со внатрешно согорување од 2035 година. Од друга страна, производството на камиони, автобуси и други тешки возила со мотори со внатрешно согорување ќе биде дозволено и по овој датум.

Привремениот договор постигнат меѓу Европскиот совет и парламент сега треба да биде одобрен и формално усвоен од двете институции.

The post Постигнат договор за текстот на регулативата „Евро 7“ за емисии на штетни гасови од возилата appeared first on Република.

]]>

Советот на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа привремен договор за регулативата за намалување на емисиите на штетни гасови од автомобилите, комбињата, автобусите и камионите и за издржливост на батериите на електричните возила, позната како „Евро 7“. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, со овој акт се задржува истото ниво на максимални количества на емисии на издувни гасови од автомобилите и комбињата како и во претходната регулатива што го уредуваше овој сектор „Евро 6“, но се намалуваат дозволените лимити на емисии од автобусите и камионите и се воведуваат ограничувања за испуштените честички од сопирачките и гумите и се бара подолго времетраење на батериите кај електричните возила. Регулативата „Евро 7“ треба да ја замени „Евро 6“, со која се утврдени правилата за емисии на штетни гасови од автомобилите и комбињата, како и „Евро VI“ со која се регулира овој сегмент за камиони и автобуси. Со „Евро 7“ се воведува единствен сет на правила за ограничувања за емисиите и за лесни и за тешки возила, односно за автомобили, комбиња, автобуси и камиони. Регулативата „Евро 7“, која Европската комисија ја претстави на 10 ноември 2022 година, е дел од Стратегијата за одржлива и паметна мобилност на ЕК од 2020 година и Акцискиот план за нулто ниво на загадување за 2021 година. Овој законски текст се надоврзува на Регулативата за зајакнување на стандардите за емисии јаглерод диоксид од новите патнички возила, усвоена на 19 април 2023 година, со која се предвидува целосна забрана на производство на автомобили и комбиња со мотори со внатрешно согорување од 2035 година. Од друга страна, производството на камиони, автобуси и други тешки возила со мотори со внатрешно согорување ќе биде дозволено и по овој датум. Привремениот договор постигнат меѓу Европскиот совет и парламент сега треба да биде одобрен и формално усвоен од двете институции.

The post Постигнат договор за текстот на регулативата „Евро 7“ за емисии на штетни гасови од возилата appeared first on Република.

]]>
ЕК го претстави новиот стандард Еуро 7 за сите возила https://republika.mk/vesti/svet/ek-go-pretstavi-noviot-standard-euro-7-za-site-vozila/ Thu, 10 Nov 2022 14:25:13 +0000 https://republika.mk/?p=572364

Европската комисија денеска предложи регулатива со нови правила за намалување на штетните издувни гасови од моторните возила наречена – Еуро 7, во која првпат се регулираат емисиите на честички и микропластика генерирани од користењето на гуми и сопирачки.

Новата норма Еуро 7 ќе ја замени претходната, која има посебни правила за емисиите од автомобили и комбиња (Еуро 6) и за камиони и автобуси (Еуро VI).

Новиот стандард Еуро 7 воведува единствен сет на правила за ограничувања на емисијата за сите моторни возила. Новиот стандард поставува исти ограничувања за емисија на штетни гасови за сите возила без оглед дали возилото користи бензин, дизел, електричен погон или алтернативни горива.

Нацрт-регулативата вклучува емисии од издувните цевки, како и од сопирачките и гумите.

Сите автомобили и комбиња кои ќе влезат на пазарот на ЕУ ќе мора да имаат нула емисии на јаглерод диоксид од 2035 година, но повеќе од 20 проценти од автомобилите и комбињата и повеќе од половина од тешките возила во 2050 година се очекува сè уште да испуштаат емисии на штетни гасови.

За разлика од моторите со внатрешно согорување, електричните возила не испуштаат издувни гасови, но сепак предизвикуваат загадување поради сопирачките и микропластиката од гумите.

Новите правила поставуваат дополнителни ограничувања за емисиите на честички од сопирачките и микропластиката од гумите и ќе важат за сите возила, вклучувајќи ги и електричните.

– Ние сме први во светот што ги регулираме емисиите од гумите и сопирачките, изјави комесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон.

Новите правила, исто така, поставуваат ограничувања за емисиите за претходно нерегулирани загадувачи, како што се емисиите на азотни оксиди од тешките возила.

ЕК проценува дека емисиите на цврсти честички, кои се предизвикани од употребата на сопирачките на автомобилите и комбињата, ќе се намалат за 27 отсто до 2035 година.

The post ЕК го претстави новиот стандард Еуро 7 за сите возила appeared first on Република.

]]>

Европската комисија денеска предложи регулатива со нови правила за намалување на штетните издувни гасови од моторните возила наречена – Еуро 7, во која првпат се регулираат емисиите на честички и микропластика генерирани од користењето на гуми и сопирачки. Новата норма Еуро 7 ќе ја замени претходната, која има посебни правила за емисиите од автомобили и комбиња (Еуро 6) и за камиони и автобуси (Еуро VI). Новиот стандард Еуро 7 воведува единствен сет на правила за ограничувања на емисијата за сите моторни возила. Новиот стандард поставува исти ограничувања за емисија на штетни гасови за сите возила без оглед дали возилото користи бензин, дизел, електричен погон или алтернативни горива. Нацрт-регулативата вклучува емисии од издувните цевки, како и од сопирачките и гумите. Сите автомобили и комбиња кои ќе влезат на пазарот на ЕУ ќе мора да имаат нула емисии на јаглерод диоксид од 2035 година, но повеќе од 20 проценти од автомобилите и комбињата и повеќе од половина од тешките возила во 2050 година се очекува сè уште да испуштаат емисии на штетни гасови. За разлика од моторите со внатрешно согорување, електричните возила не испуштаат издувни гасови, но сепак предизвикуваат загадување поради сопирачките и микропластиката од гумите. Новите правила поставуваат дополнителни ограничувања за емисиите на честички од сопирачките и микропластиката од гумите и ќе важат за сите возила, вклучувајќи ги и електричните. – Ние сме први во светот што ги регулираме емисиите од гумите и сопирачките, изјави комесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон. Новите правила, исто така, поставуваат ограничувања за емисиите за претходно нерегулирани загадувачи, како што се емисиите на азотни оксиди од тешките возила. ЕК проценува дека емисиите на цврсти честички, кои се предизвикани од употребата на сопирачките на автомобилите и комбињата, ќе се намалат за 27 отсто до 2035 година.

The post ЕК го претстави новиот стандард Еуро 7 за сите возила appeared first on Република.

]]>