етички кодекс Archives - Република https://republika.mk/tema/etichki-kodeks/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Nov 2022 13:40:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png етички кодекс Archives - Република https://republika.mk/tema/etichki-kodeks/ 32 32 Војо Димоски: Абази за неколку часа беше демантиран со фотодокументација, тоj го крши Етичкиот кодекс на Јавните обвинители https://republika.mk/vesti/makedonija/vojo-dimoski-abazi-za-nekolku-chasa-beshe-demantiran-so-fotodokumentacija-toj-go-krshi-etichkiot-kodeks-na-javnite-obviniteli/ Wed, 09 Nov 2022 13:39:23 +0000 https://republika.mk/?p=571961

Војо Димоски, поранешен обвинител за Локално.мк вели дека незадоволството од изборот на Абази се базира на неколку основи, пред се тоа е професионалната биографија на обвинителот, која, како што вели, од една страна е скромна ако се види пописот на кривичните дела кои ги сработил, а од друга страна е пример за експресно напредување од Основен обвинител до Виш обвинител и веднаш до раководител на Вишото обвинителство во Гостивар.

Дополнително за нас кои сме луѓе од занаетот е скандалозно да се настапи на избори, а при тоа да не се достави програма за делување, ниту пак да се удостои стручната и општата јавност со учество на соочувањата со противкандидатите. Мојата перцепција е дека со овој избор се бетонира состојбата на статус кво во гонењето на сериозните форми на криминал и корупција и се потврдува заробеноста на институциите од политиката, објаснува екс-обвинителот.

Околноста еден правосуден функционер да познава некого од политиката сама по себе за мене не е проблематична, вели Димоски околу „блискоста“ Абази со членови на ДУИ, како и фактот што потекнуваат од исто село со претседателот на партијата, Али Ахмети.

На човек кој има професионален интегритет нема да му биде тешко да не дозволи мешање во неговата работа. Меѓутоа за мене е и тоа како проблематично, кога некој кој треба да е олицетворение на борбата со најсериозните форми на криминал, на јавноста и соопштува нешто кое после неколку часа е демантирано со фотодокументација. Тоа за мене е скандалозно и претставува сериозно кршење на Етичкиот кодекс на Јавните обвинители. Сега на потег е Државниот обвинител кој според мене е должен да му поведе постапка пред комисијата за етика, порачува поранешниот охридски обвинител.

Целиот текст овде.

The post Војо Димоски: Абази за неколку часа беше демантиран со фотодокументација, тоj го крши Етичкиот кодекс на Јавните обвинители appeared first on Република.

]]>

Тупанчески: Јакнењето на етичките вредности кај судиите е гарант за правдата и владеењето на правото во државата https://republika.mk/vesti/makedonija/tupancheski-jaknenjeto-na-etichkite-vrednosti-kaj-sudiite-e-garant-za-pravdata-i-vladeenjeto-na-pravoto-vo-drzavata/ Fri, 16 Sep 2022 14:36:44 +0000 https://republika.mk/?p=551240

Министерот за правда Никола Тупанчески присуствуваше  на тркалезната маса  “Превенција и следење на корупцијата во судството“.

Во обраќањеto се осврна на состојбите во судството и етичката одговорност на судиите.

Правосудството и борбата против корупцијата се дел од клучните точки на Кластерот "Основи" како еден од најважните во процесот на евроинтеграција. Почитувањето на етичките правила и принципи несомнено ќе ја подобри перцепцијата за судството, а во насока на зајакнување на довербата на јавноста. Очекувањата на граѓаните се секој судија да биде пример за судиската независност, објективност, правичност, што ќе ја гарантира правната сигурност и ќе придонесува за достоинствен живот, рече Тупанчески.

За унапредување на независноста на судството, преку низа законски решенија се обезбедени формалните гаранции за судската независност: траен мандат, формирање на судскиот совет, посебен судски буџет, соодветно уредена дисциплинска постапка и основи за нејзино поведување, доволно широк опсег на оценување и санкции и слично. Етичката одговорност е предвидена во Кодексот за судска етика, а неговата содржина и како и улогата на Советодавното тело за судска етика, како и измените во законите кои се однесуваат на одговорноста на судиите, се позитивно оценети во рамки на четвртиот круг на евалуација на ГРЕКО. Позитивно оценети се и новиот Кодекс за етика на судиите и судиите поротници, со кој се воведени јасни етички правила, дополнителните упатства, објаснувања и практични примери дадени во придружен прирачник и воведувањето на задолжителна обука за антикорупциски мерки и етика.

The post Тупанчески: Јакнењето на етичките вредности кај судиите е гарант за правдата и владеењето на правото во државата appeared first on Република.

Министрите и директорите опоменати, ќе си го подобруваат етичкото однесување https://republika.mk/vesti/makedonija/ministrite-i-direktorite-opomenati-kje-si-go-podobruvaat-etichkoto-odnesuvanje/ Wed, 06 Jul 2022 06:23:06 +0000 https://republika.mk/?p=524404

На редовната седница, беше разгледан и прифатен усогласениот текст на Спогодбата за имплементација на проект од Зелениот климатски фонд со Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) GmbH „Градење капацитети за одржлив развој на човечкиот капитал во Македонија (во секторите здравство, образование и социјална вклученост)“. Спогодбата ќе биде потпишана од заменикот на Претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, кој е назначен претставник за комуникација со Зелениот климатски фонд (Focal Point).

Денеска на предлог на заменичката на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжена за политики на добро владеење беше разгледана Информацијата за подобрување на кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата со Кодекс за етичко однесување на членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата.

Измените на Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и носителите на јавни функции, во најголем дел, се резултат на забелешките и препораките на ГРЕКО, а се однесуваат на унапредување на определбата на Владата за етичко однесување на членовите на Владата и другите јавни функционери, кои се должни да работат во интерес на граѓаните.

The post Министрите и директорите опоменати, ќе си го подобруваат етичкото однесување appeared first on Република.

]]>

На редовната седница, беше разгледан и прифатен усогласениот текст на Спогодбата за имплементација на проект од Зелениот климатски фонд со Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) GmbH „Градење капацитети за одржлив развој на човечкиот капитал во Македонија (во секторите здравство, образование и социјална вклученост)“. Спогодбата ќе биде потпишана од заменикот на Претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, кој е назначен претставник за комуникација со Зелениот климатски фонд (Focal Point). Денеска на предлог на заменичката на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжена за политики на добро владеење беше разгледана Информацијата за подобрување на кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата со Кодекс за етичко однесување на членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата. Измените на Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и носителите на јавни функции, во најголем дел, се резултат на забелешките и препораките на ГРЕКО, а се однесуваат на унапредување на определбата на Владата за етичко однесување на членовите на Владата и другите јавни функционери, кои се должни да работат во интерес на граѓаните.

The post Министрите и директорите опоменати, ќе си го подобруваат етичкото однесување appeared first on Република.

]]>
Ковачки: Однесувањето на Џафери е нецивилизирано, Етичкиот кодекс е прекршен по повеќе основи https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-odnesuvanjeto-na-dzaferi-e-necivilizirano-etichkiot-kodeks-e-prekrshen-po-povekje-osnovi/ Thu, 30 Jun 2022 17:54:48 +0000 https://republika.mk/?p=521775

Драган Ковачки, пратеник во македонското собрание од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница за интерпелација на собранискиот спикер Талат Џафери, вели дека Џафери неколку пати го прекршил Етичкиот кодекс и токму поради тоа треба да има одговорност за неговото недолично однесување кое што целата македонска јавноста го виде.

-За жал ќе споменам неколку работи кои што не одат во прилог на првиот човек кој што го води собранието. Прво во изминатиот период во јавноста се појавија информации дека Талат Џафери имал ненајавена средба со чеченска делегација предводена од Абдул Вајот Азов која според информациите бил марионета на Кремаљ, и основач на исламскиот културен центар кој што давал поддршка на здружението Муслимани во поддршка на претседателот Путин. Гостите од чеченската делегација го посетиле и Тетово каде што договарал изградба на парк и изградба на Ахмад Кадиров кој што е татко на сегашниот шеф на чеченските борци кои што војуваат во Украина. Ние како јавност не бевме запознаени за таа средба и ценам дека тоа е голем пропуст и на претседателот на собранието, можеби и на службите на собранието. Јавноста не доби одговор што било договарано на таа средба. Исто така по некои канали дознаваме дека и во службите нема таква информација дека таква средба е реализирана односно што се зборувало на таа средба, вели Ковачки.

Ковачки смета дека однесувањето на Џафери на 11 мај кога со пцовски им се обратил на вработените во собраниската служба е вулгарно и нецивилизирано како и дека изјавите на Џафери дека не ги пцуел вработените туку нивната работа се неодговорни, бидејќи, како што рече, ако вработените во собраниските служби не си ја вршат својата работа тогаш постои дисциплинска постапка, а не да бидат вулгарно нападнати пред целата јавност.

-Втората точка за која сакам да зборувам а тоа е нарушувањето на Етичкиот кодекс. Јавноста на 11 мај во доцните часови беше сведок на едно вулгарно и нецивилизирано однесување на првиот помеѓу еднаквите кој што на еден начин на кој што не доликува на претседател на собрание, на носител на јавна функција да се однесува кон луѓето кои што ги раководи. Побаравме образложение и објаснување, меѓутоа претседателот на собранието две недели го немаше, еве третата недела се појави во јавност и на прес конференција изјави дека не ги пцуел службите, туку ја пцуел за жал нивната работа. Малку неодговорно и несоодветен пристап, бидејќи очекувавме барем во најмала рака да се извини на сите. Јавноста не дозна дали е тоа прв случај, дали имало поранешни такви случаеви, затоа што има начини како тоа да се превенира бидејќи постојат дисциплински комисии, дисциплински постапки за тие кои што не си ја вршеле работата можело да бидат санкционирани, а не да бидат вулгарно нападнати на очиглед на целата јавност и да бидат навредувани пред нивните семејства, кажа Ковачки.

Ковачки потенцираше дека Џафери го прекршил Етичкиот кодекс на Собранието по основ на повеќе точка, а како што рече да е срамот поголем самиот тој го потпишал.

-Јас би го споменал нарушувањето на кодексот во членот 4 во делот на објективноста, пишува дека пратеникот функцијата ја извршува без предрасуди и дискриминација на полот, расата, политичкото уверување. Сведоци сме дека од сегашниот претседател на собранието Џафери 35.000 амандмани беа фрлени во корпа. И тука има елементи и за дело, меѓутоа само за кодексот за кој што денеска зборуваме имаме постапување по основ на политичко уверување, рече пратеникот Ковачки.

The post Ковачки: Однесувањето на Џафери е нецивилизирано, Етичкиот кодекс е прекршен по повеќе основи appeared first on Република.

]]>

Драган Ковачки, пратеник во македонското собрание од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница за интерпелација на собранискиот спикер Талат Џафери, вели дека Џафери неколку пати го прекршил Етичкиот кодекс и токму поради тоа треба да има одговорност за неговото недолично однесување кое што целата македонска јавноста го виде. -За жал ќе споменам неколку работи кои што не одат во прилог на првиот човек кој што го води собранието. Прво во изминатиот период во јавноста се појавија информации дека Талат Џафери имал ненајавена средба со чеченска делегација предводена од Абдул Вајот Азов која според информациите бил марионета на Кремаљ, и основач на исламскиот културен центар кој што давал поддршка на здружението Муслимани во поддршка на претседателот Путин. Гостите од чеченската делегација го посетиле и Тетово каде што договарал изградба на парк и изградба на Ахмад Кадиров кој што е татко на сегашниот шеф на чеченските борци кои што војуваат во Украина. Ние како јавност не бевме запознаени за таа средба и ценам дека тоа е голем пропуст и на претседателот на собранието, можеби и на службите на собранието. Јавноста не доби одговор што било договарано на таа средба. Исто така по некои канали дознаваме дека и во службите нема таква информација дека таква средба е реализирана односно што се зборувало на таа средба, вели Ковачки. Ковачки смета дека однесувањето на Џафери на 11 мај кога со пцовски им се обратил на вработените во собраниската служба е вулгарно и нецивилизирано како и дека изјавите на Џафери дека не ги пцуел вработените туку нивната работа се неодговорни, бидејќи, како што рече, ако вработените во собраниските служби не си ја вршат својата работа тогаш постои дисциплинска постапка, а не да бидат вулгарно нападнати пред целата јавност. -Втората точка за која сакам да зборувам а тоа е нарушувањето на Етичкиот кодекс. Јавноста на 11 мај во доцните часови беше сведок на едно вулгарно и нецивилизирано однесување на првиот помеѓу еднаквите кој што на еден начин на кој што не доликува на претседател на собрание, на носител на јавна функција да се однесува кон луѓето кои што ги раководи. Побаравме образложение и објаснување, меѓутоа претседателот на собранието две недели го немаше, еве третата недела се појави во јавност и на прес конференција изјави дека не ги пцуел службите, туку ја пцуел за жал нивната работа. Малку неодговорно и несоодветен пристап, бидејќи очекувавме барем во најмала рака да се извини на сите. Јавноста не дозна дали е тоа прв случај, дали имало поранешни такви случаеви, затоа што има начини како тоа да се превенира бидејќи постојат дисциплински комисии, дисциплински постапки за тие кои што не си ја вршеле работата можело да бидат санкционирани, а не да бидат вулгарно нападнати на очиглед на целата јавност и да бидат навредувани пред нивните семејства, кажа Ковачки. Ковачки потенцираше дека Џафери го прекршил Етичкиот кодекс на Собранието по основ на повеќе точка, а како што рече да е срамот поголем самиот тој го потпишал. -Јас би го споменал нарушувањето на кодексот во членот 4 во делот на објективноста, пишува дека пратеникот функцијата ја извршува без предрасуди и дискриминација на полот, расата, политичкото уверување. Сведоци сме дека од сегашниот претседател на собранието Џафери 35.000 амандмани беа фрлени во корпа. И тука има елементи и за дело, меѓутоа само за кодексот за кој што денеска зборуваме имаме постапување по основ на политичко уверување, рече пратеникот Ковачки.

The post Ковачки: Однесувањето на Џафери е нецивилизирано, Етичкиот кодекс е прекршен по повеќе основи appeared first on Република.

]]>
Левица поднесе претставка за утврдување повреда на Кодексот за етичко однесување против претседателот на Сообранието https://republika.mk/vesti/makedonija/levica-podnese-pretstavka-za-utvrduvanje-povreda-na-kodeksot-za-etichko-odnesuvanje-protiv-pretsedatelot-na-soobranieto/ Wed, 18 May 2022 16:42:13 +0000 https://republika.mk/?p=503968

Политичката партија Левица, до надлежната Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, поднесе Претставка со барање за поведување на постапка за утврдување на тешка повреда на Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието на Република Македонија, против Претседател на Собранието, Талат Џафери.

Видно од телевизиската снимка на собранискиот канал, која се појави во јавноста, по завршување на собраниската седница, Џафери предизвикал скандалозен и примитивен вербален инцидент, со употреба на вулгарен речник т.е. навредливи зборови и изрази насочени кон собраниските служби.

Однесување, насочено директно кон нарушување на угледот и достоинството на собраниската служба, не доликува на лице кое ја извршува функцијата Претседател на Собранието на РМ.

Во конкретниов случај сметаме дека се прекршени:

(1) основните етички начела предвидени во Кодексот, конкретно начелото на заемно почитување и почитување на личниот интегритет на другите, кое предвидува пратеникот при извршувањето на функцијата да го почитува угледот на секој поединец, воздржувајќи се од постапки и говори со кои може да предизвика омраза или нетрпеливост и

(2) основните правила за однесување, кои претставуваат основен постулат во градењето на заемна почит меѓу пратениците и останатите во законодавниот дом, а кои вклучуваат пратеничка должност за внимателно однесување и почитување на личноста и угледот на секој поединец, воздржувајќи се од зборови и изрази со кои ќе повреди или омаловажат други лица.

Најостро го осудуваме ваквото скандалозно однесување и доколку собраниската комисија утврди сторена тешка повреда од страна на спикерот Џафери, бараме да му биде изречена јавна опомена, по која собранискиот спикер нема да има морален кредибилитет да остане и да ја извршува позицијата – Претседател на Собранието на Република Македонија.

The post Левица поднесе претставка за утврдување повреда на Кодексот за етичко однесување против претседателот на Сообранието appeared first on Република.

]]>

Политичката партија Левица, до надлежната Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, поднесе Претставка со барање за поведување на постапка за утврдување на тешка повреда на Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието на Република Македонија, против Претседател на Собранието, Талат Џафери. Видно од телевизиската снимка на собранискиот канал, која се појави во јавноста, по завршување на собраниската седница, Џафери предизвикал скандалозен и примитивен вербален инцидент, со употреба на вулгарен речник т.е. навредливи зборови и изрази насочени кон собраниските служби. Однесување, насочено директно кон нарушување на угледот и достоинството на собраниската служба, не доликува на лице кое ја извршува функцијата Претседател на Собранието на РМ. Во конкретниов случај сметаме дека се прекршени: (1) основните етички начела предвидени во Кодексот, конкретно начелото на заемно почитување и почитување на личниот интегритет на другите, кое предвидува пратеникот при извршувањето на функцијата да го почитува угледот на секој поединец, воздржувајќи се од постапки и говори со кои може да предизвика омраза или нетрпеливост и (2) основните правила за однесување, кои претставуваат основен постулат во градењето на заемна почит меѓу пратениците и останатите во законодавниот дом, а кои вклучуваат пратеничка должност за внимателно однесување и почитување на личноста и угледот на секој поединец, воздржувајќи се од зборови и изрази со кои ќе повреди или омаловажат други лица. Најостро го осудуваме ваквото скандалозно однесување и доколку собраниската комисија утврди сторена тешка повреда од страна на спикерот Џафери, бараме да му биде изречена јавна опомена, по која собранискиот спикер нема да има морален кредибилитет да остане и да ја извршува позицијата – Претседател на Собранието на Република Македонија.

The post Левица поднесе претставка за утврдување повреда на Кодексот за етичко однесување против претседателот на Сообранието appeared first on Република.

]]>