Ескобар Archives - Република https://republika.mk/tema/eskobar/ За подобро да се разбереме Wed, 08 May 2024 16:04:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ескобар Archives - Република https://republika.mk/tema/eskobar/ 32 32 Без разлика на изборите во Македонија, се надевам дека патот кон Европа ќе продолжи, рече Ескобар https://republika.mk/vesti/makedonija/bez-razlika-na-izborite-vo-severna-makedonija-se-nadevam-deka-patot-kon-evropa-ke-prodolzhi-reche-eskobar/ Wed, 08 May 2024 17:59:42 +0000 https://republika.mk/?p=775643

Уверен сум и се надевам дека без разлика на изборите во Македонија, патот кон Европа ќе продолжи, изјави денес претставникот на Стејт департмент за Западен Балкан Габриел Ескобар, на онлајн брифинг со новинарите.

Денес се гласа за избор на претседател и нова влада на Македонија.

Ескобар најави дека овој месец заминува од позицијата заменик-помошник секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан.

„Една од работите што сме многу среќни што ја постигнавме е тоа што неколку земји од Западен Балкан се солидно на патот кон евроатлантската интеграција, особено оние членки на НАТО - Албанија, Македонија и Црна Гора, се целосно ангажирани на целиот процес на пристапување во Европската Унија. Уверен сум и се надевам дека без разлика на изборите во Македонија патот кон Европа ќе продолжи “, рече Ескобар.

Дополнително, Ескобар вели дека би сакал да бил направен поголем напредок во европскиот процес на трите членки на НАТО.

„Сè уште се надевам дека сите три ќе се движат многу брзо, кога ќе се решат некои од нивните внатрешни прашања. Но, Црна Гора, навистина верувам дека тие ќе бидат следни, тие ќе бидат следна членка на Европската Унија“.

На новинарско прашање за Русија и за нејзините врски со Србија, Ескобар рече:

„Мојот аргумент отсекогаш беше дека би било грешка да се гледа на Русија како причина за проблемите на Балканот. Русија ги користи проблемите на Балканот, но проблемите се оние кои постојат во последните 25 години. И со решавање на проблемите мислам дека ги затвораме можностите за Русија да прави штета во регионот“.

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг неделава е во посета на Европа, прва во изминативе пет години. Тој вчера беше во Франција, а вчера вечерта отпатува во Србија. Утре ќе оди во Унгарија. Потоа се очекува средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Новинар на брифингот праша дали агендата на кинескиот претседател на Западен Балкан е бенигна, и дали треба да постои загриженост оти тој се обидува да изгради нови пријатели во регионот, што ќе застанат против поголема европска интеграција.

„Мислам дека земјите што тој ги избра се оние кои се отворени да го оспорат единството на евроатлантската заедница. И затоа ги предупредуваме сите наши партнери и сите наши соговорници да бидат многу свесни за агендата на Кина во Европа и за агендата на Кина во однос на евроатлантската заедница“, одговори Ескобар.

На крајот на брифинот, кој е последен за Ескобар на оваа функција, тој ги адресираше наводите оти бил отпуштен од работа за наводни сомнителни врски со српската влада.

Магазинот Фронтлајнер (The Frontliner) неодамна објави напис, во кој, меѓу другото, пишува дека „ се појавија наводи дека дејствијата на Ескобар на Косово се пристрасни и потенцијално компромитирани, со оглед на пријавените финансиски врски меѓу неговата сопруга и Министерството за надворешни работи на Србија“.

„Пред да заминам, знаете, сакам да се осврнам на една работа за која добивме многу прашања, а тоа е за неоснованите дезинформации што беа произведени во текот на викендов од наводен новинар кој рече дека, знаете, ме отпуштаат поради матни врски со српската влада. Затоа, сакам директно да кажам дека сè во тој извештај е лага“.

Ескобар нагласи дека „ како прво, не ме отпуштаат и сите во Стејт департментот го потврдија тоа. Второ, мојата сопруга не добива пари од ниту една федерална странска влада. Мојата сопруга во секоја амбасада што служевме - во Боливија, Португалија, Италија, па дури и Србија, беше горд поборник за врски меѓу луѓето. Контакти, но таа го прави тоа без никаква исплата и без никаков договор. Таа ќе продолжи да го прави тоа“.

Ескобар објасни дека нема никаква врска со адвокатска фирма во Тексас и оти секој професионален новинар тоа може да го провери.

Стејт департментот, претходно за Гласот на Америка, соопшти дека е лажна вест оти специјалниот претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар бил разрешен од неговата функција.

The post Без разлика на изборите во Македонија, се надевам дека патот кон Европа ќе продолжи, рече Ескобар appeared first on Република.

]]>

Ескобар во Приштина на разговори за Заедницата на српски општини и употребата на динарот https://republika.mk/vesti/balkan/eskobar-vo-prishtina-na-razgovori-za-zaednitsata-na-srpski-opshtini-i-upotrebata-na-dinarot/ Wed, 13 Mar 2024 08:09:38 +0000 https://republika.mk/?p=754243

– Специјалниот пратеник на американскиот претседател, Џо Бајден за Западен Балкан, Габриел Ескобар денеска ќе престојува во Косово на средби со државните челници, со кои ќе разговара за дијалогот со Србија, процесот на формирање на Заедницата на општини со српско мнозинство и прашањето за користењето на српскиот динар во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Американскиот емисар вчера во Брисел изјави дека неговата посета на Приштина ќе биде фокусирана на ефектите и на изнаоѓање можно решение за, како што рече „некоординираната одлука“ за забрана на динарот и трансферите од Србија.

Тој информира дека по Косово ќе ги посети Австрија и Црна Гора, а потоа ќе се врати во Вашингтон.

– Ќе отпатуваме во Приштина и ќе се фокусираме на ефектите и можното решение од некоординираната одлука за забраната на употребата на динарот и трансферите од Србија за српските граѓани кои примаат социјални исплати од Србија, рече Ескобар.

На вчерашната прес-конференција пред неговото патување во Приштина, тој рече дека САД ја повикуваат Владата на Косово многу сериозно да ја сфати загриженоста на меѓународната заедница.

Ескобар нагласи дека Вашингтон не ја оспорува легитимноста на одлуката, туку начинот и брзината со која таа е спроведена.

Според него, неопходно е Владата на Косово да работи со меѓународната заедница за изнаоѓање решение за одлуката за динарот, одлука која тој ја нарече „катастрофална“ и „некомпетентна“.

– Слушаме многу извештаи за тешкотии. Ја повикуваме Владата на Косово сериозно да ги сфати овие грижи на меѓународната заедница.

Не разговараме за легитимноста на одлуката, туку за брзината со која таа се спроведува. Владата не даде алтернативен пат, изјави заменик-помошникот државен секретар на САД.

На прашањето за Заедницата на општини со мнозинско срспко население, Ескобар рече дека Приштина никогаш не кажала дали го прифаќа предлогот за статут на Заедницата предложен од Европската унија и дека на САД им е тешко да разберат зошто не го прават тоа така.

– Слушнавме многу различни причини зошто не е оформена или зошто не напредува, од кои ниту една не прифаќаме. Треба да продолжиме понатаму, изјави Ескобар.

Ескобар во Приштина првично ќе биде примен од претседателката на Косово, Вјоса Османи, а по средбата е најавено нивно обраќање пред медиумите.

Освен со челниците на државните институции, Ескобар ќе се сретне и со лидерите на трите опозициски парламентарни партии: Мемли Красниќи, претседател на Демократската партија на Косово, Љумир Абдиџику од Демократскиот сојуз на Косово и Рамуш Харадинај од Алијансата за иднината на Косово.

Од трите партии е потврдена поканата за средба со американскиот емисар и нивното учество на неа, меѓутоа нема детали за форматот на средбата.

The post Ескобар во Приштина на разговори за Заедницата на српски општини и употребата на динарот appeared first on Република.

]]>

– Специјалниот пратеник на американскиот претседател, Џо Бајден за Западен Балкан, Габриел Ескобар денеска ќе престојува во Косово на средби со државните челници, со кои ќе разговара за дијалогот со Србија, процесот на формирање на Заедницата на општини со српско мнозинство и прашањето за користењето на српскиот динар во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.
  Американскиот емисар вчера во Брисел изјави дека неговата посета на Приштина ќе биде фокусирана на ефектите и на изнаоѓање можно решение за, како што рече „некоординираната одлука“ за забрана на динарот и трансферите од Србија.   Тој информира дека по Косово ќе ги посети Австрија и Црна Гора, а потоа ќе се врати во Вашингтон. – Ќе отпатуваме во Приштина и ќе се фокусираме на ефектите и можното решение од некоординираната одлука за забраната на употребата на динарот и трансферите од Србија за српските граѓани кои примаат социјални исплати од Србија, рече Ескобар.   На вчерашната прес-конференција пред неговото патување во Приштина, тој рече дека САД ја повикуваат Владата на Косово многу сериозно да ја сфати загриженоста на меѓународната заедница. Ескобар нагласи дека Вашингтон не ја оспорува легитимноста на одлуката, туку начинот и брзината со која таа е спроведена.   Според него, неопходно е Владата на Косово да работи со меѓународната заедница за изнаоѓање решение за одлуката за динарот, одлука која тој ја нарече „катастрофална“ и „некомпетентна“. – Слушаме многу извештаи за тешкотии. Ја повикуваме Владата на Косово сериозно да ги сфати овие грижи на меѓународната заедница.   Не разговараме за легитимноста на одлуката, туку за брзината со која таа се спроведува. Владата не даде алтернативен пат, изјави заменик-помошникот државен секретар на САД. На прашањето за Заедницата на општини со мнозинско срспко население, Ескобар рече дека Приштина никогаш не кажала дали го прифаќа предлогот за статут на Заедницата предложен од Европската унија и дека на САД им е тешко да разберат зошто не го прават тоа така. – Слушнавме многу различни причини зошто не е оформена или зошто не напредува, од кои ниту една не прифаќаме. Треба да продолжиме понатаму, изјави Ескобар. Ескобар во Приштина првично ќе биде примен од претседателката на Косово, Вјоса Османи, а по средбата е најавено нивно обраќање пред медиумите. Освен со челниците на државните институции, Ескобар ќе се сретне и со лидерите на трите опозициски парламентарни партии: Мемли Красниќи, претседател на Демократската партија на Косово, Љумир Абдиџику од Демократскиот сојуз на Косово и Рамуш Харадинај од Алијансата за иднината на Косово. Од трите партии е потврдена поканата за средба со американскиот емисар и нивното учество на неа, меѓутоа нема детали за форматот на средбата.

The post Ескобар во Приштина на разговори за Заедницата на српски општини и употребата на динарот appeared first on Република.

]]>
Ескобар патува во Австрија на средби во ОБСЕ/ОДИХР за да разговара за изборите во Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/eskobar-patuva-vo-avstrija-na-sredbi-vo-obse-odihr-za-da-razgovara-za-izborite-vo-makedonija/ Mon, 11 Mar 2024 09:29:05 +0000 https://republika.mk/?p=753542

Специјалниот претставник на Стејт департмент за Западен Балкан Габриел Ескобар патува во Австрија, каде ќе се сретне со канцеларијата на ОБСЕ/ОДИХР за да разговара за изборите во Македонија и Србија, соопшти Стејт департментот.

Освен во Австрија, Ескобар оди и во Белгија, Косово и Црна Гора од 10 до 18 март.

„Неговата посета ќе ја потврди посветеноста на САД кон земјите од Западен Балкан додека тие се стремат кон евроатлантска интеграција и подлабока регионална соработка“, се вели во соопштението од Стејт департментот.

За време на посетата на Белгија, Ескобар ќе се сретне со специјалниот претставник на Европската Унија (ЕУ) Мирослав Лајчак и други претставници на ЕУ и НАТО, за да разговараат за напорите за унапредување на реформите кои ќе донесат траен мир, стабилност и просперитет во регионот на Западен Балкан.

Во Косово, пак, тој ќе се сретне со косовските владини лидери, граѓанското општество и заедниците на косовските Срби за да ја нагласи континуираната силна поддршка на САД за дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, олеснет од ЕУ, кажа Стејт департментот.

Првиот круг на претседателски избори во Македонија ќе се одржи на 24 април, а вториот круг заедно со парламентарните избори ќе биде на 8 мај.

The post Ескобар патува во Австрија на средби во ОБСЕ/ОДИХР за да разговара за изборите во Македонија appeared first on Република.

]]>

Специјалниот претставник на Стејт департмент за Западен Балкан Габриел Ескобар патува во Австрија, каде ќе се сретне со канцеларијата на ОБСЕ/ОДИХР за да разговара за изборите во Македонија и Србија, соопшти Стејт департментот. Освен во Австрија, Ескобар оди и во Белгија, Косово и Црна Гора од 10 до 18 март. „Неговата посета ќе ја потврди посветеноста на САД кон земјите од Западен Балкан додека тие се стремат кон евроатлантска интеграција и подлабока регионална соработка“, се вели во соопштението од Стејт департментот. За време на посетата на Белгија, Ескобар ќе се сретне со специјалниот претставник на Европската Унија (ЕУ) Мирослав Лајчак и други претставници на ЕУ и НАТО, за да разговараат за напорите за унапредување на реформите кои ќе донесат траен мир, стабилност и просперитет во регионот на Западен Балкан. Во Косово, пак, тој ќе се сретне со косовските владини лидери, граѓанското општество и заедниците на косовските Срби за да ја нагласи континуираната силна поддршка на САД за дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, олеснет од ЕУ, кажа Стејт департментот. Првиот круг на претседателски избори во Македонија ќе се одржи на 24 април, а вториот круг заедно со парламентарните избори ќе биде на 8 мај.

The post Ескобар патува во Австрија на средби во ОБСЕ/ОДИХР за да разговара за изборите во Македонија appeared first on Република.

]]>
Ескобар: Бирократијата на ЕУ за проширување изгуби малку кредибилитет на Западен Балкан https://republika.mk/vesti/makedonija/eskobar-birokratijata-na-eu-za-proshiruvane-izgubi-malku-kredibilitet-na-zapaden-balkan/ Wed, 14 Feb 2024 09:23:13 +0000 https://republika.mk/?p=743949

Габриел Ескобар, заменик-помошник државен секретар на САД задолжен за Западен Балкан, вели дека идејата за Европа е многу жива во регионот, а она што малку изгубило кредибилитет е бирократијата на ЕУ за проширување, пишува „Гласот на Америка“.

Ескобар, на конференција во Вашингтон, организирана од економскиот форум „Делфи“, кажа дека граѓаните ги ризикуваат животите за да бидат дел од ЕУ.

Ве молам, не дозволувајте кој било да ви каже дека Европската Унија ја изгубила довербата кај народот. Луѓето ги ризикуваат животите за да отидат во ЕУ.

Според него, идејата за Европа е магнет за регионот.

Она што изгуби малку кредибилитет e бирократијата за проширување, но идејата е сè уште многу присутна.

Целиот текст овде.

The post Ескобар: Бирократијата на ЕУ за проширување изгуби малку кредибилитет на Западен Балкан appeared first on Република.

Ескобар: Бугарија нема да додаде повеќе услови за Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/eskobar-bugarija-nema-da-dodade-poveke-uslovi-za-severna-makedonija/ Sat, 04 Nov 2023 12:53:04 +0000 https://republika.mk/?p=698149

Бугарија нема да даде нови услови за целосна интеграција на Македонија во Европската унија, уверува заменик-помошникот државен секретар на САД задолжен за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Тој во телефонско интервју за Гласот на Америка на македонски, рече дека бугарските колеги го увериле оти немаат намера да додадат повеќе услови за Македонија на патот кон ЕУ и нагласи дека не се работи за гаранции, туку само за уверување од Бугарија оти сакала да го види регионот да се движи напред на европскиот пат.

Имав разговори со моите бугарски колеги и тие ме уверија дека немаат намера да додадат повеќе услови. Тие би сакале да видат напредок на патоказот што веќе е таму. И сакаме да бидеме сигурни дека можеме да работиме со сите страни за да осигураме дека тие услови се исполнети. Но, тоа треба да биде, да остане засновано на факти и вкоренето во постоечките обврски, за да осигураме дека Македонија ќе може да се движи напред во пристапниот процес, вели Ескобар во интервјуто.

На прашањето на Гласот на Америка - Значи нема да има ново вето ако другите услови се исполнат? Ескобар рече „Јас тоа така го протолкував“.

На прашањето дали САД се загрижени ако уставните измени бидат изгласани на сметка на поткопување на владеење на правото и правдата, со оглед на тоа што некои медиумски извештаи сугерираа оти намалувањето на затворските казни за функционерите било направено со цел да се обезбедат гласови за уставните измени, Ескобар рече дека нема да шпекулира за тоа што се случува на внатрешен план.

Тоа е на луѓето на Македонија да го одлучат. Сакам да бидам многу јасен дека нашиот став е дека секоја земја што влегува во Европската Унија е попросперитетна, подемократска и постабилна, поради посветеноста на вредностите и посветеноста на владеењето на правото. А оние реформи што се потребни за членство во ЕУ треба да се одржат, тие треба да бидат целта кон која се стреми Македонија, а не за домашна политичка добивка на која било од страните. Ние ќе продолжиме да стоиме покрај оние луѓе кои сакаат реформи и кои сакаат да ги исполнат европските барања, посочи Ескобар.

Според него, предизвиците со владеење на правото и корупцијата се веројатно најголемиот проблем на Западен Балкан.

Затоа, ние постојано ги охрабруваме владите да направат повеќе за да поттикнат исполнување на реформите и ги охрабруваме лидерите и во парламентите, и во владите, да покажат конкретни резултати во борбата против корупцијата и зајакнување на институциите, кои се основата на владеење на правото, рече Ескобар.

Истакна дека санкциите на САД против корумпираните актери се многу ефективни и може да се очекуваат повеќе.

На прашањето дали САД имаат партнери во земјава за заедничка борба против корупцијата, со оглед на тоа што лица што се на црна листа на САД дома добија намалени казни и рокови за застарување на кривични дела, рече дека санкциите се исклучително ефикасни.

Санкциите се исклучително ефикасни, поради што сите се плашат од нив и затоа се важна алатка за американската влада во помагањето во борбата против корупцијата. Значи, со или без партнери во регионот, санкциите ќе продолжат и тие ќе направат разлика. Можам да ви кажам дека во целиот регион имаме партнери кои се подготвени да работат со нас за да ги унапредиме целите за борбата против корупцијата и подобрување на примената на владеењето на правото, истакна Ескобар.

Тој додаде дека Македонија и остатокот од регионот „знаат дека таа борба против корупцијата, тоа зацврстување на владеење на правото треба да продолжи.

Мислам дека во некои земји движењето е премногу бавно. Но, ние сакаме да соработуваме со тие земји за да го подобриме. И тоа ја вклучува и Македонија. Мораме да бидеме многу јасни дека ова е проблем што го засега целиот регион, а не само една или две земји, посочи Ескобар.

The post Ескобар: Бугарија нема да додаде повеќе услови за Македонија appeared first on Република.

]]>

Бугарија нема да даде нови услови за целосна интеграција на Македонија во Европската унија, уверува заменик-помошникот државен секретар на САД задолжен за Западен Балкан, Габриел Ескобар. Тој во телефонско интервју за Гласот на Америка на македонски, рече дека бугарските колеги го увериле оти немаат намера да додадат повеќе услови за Македонија на патот кон ЕУ и нагласи дека не се работи за гаранции, туку само за уверување од Бугарија оти сакала да го види регионот да се движи напред на европскиот пат.
Имав разговори со моите бугарски колеги и тие ме уверија дека немаат намера да додадат повеќе услови. Тие би сакале да видат напредок на патоказот што веќе е таму. И сакаме да бидеме сигурни дека можеме да работиме со сите страни за да осигураме дека тие услови се исполнети. Но, тоа треба да биде, да остане засновано на факти и вкоренето во постоечките обврски, за да осигураме дека Македонија ќе може да се движи напред во пристапниот процес, вели Ескобар во интервјуто.
На прашањето на Гласот на Америка - Значи нема да има ново вето ако другите услови се исполнат? Ескобар рече „Јас тоа така го протолкував“. На прашањето дали САД се загрижени ако уставните измени бидат изгласани на сметка на поткопување на владеење на правото и правдата, со оглед на тоа што некои медиумски извештаи сугерираа оти намалувањето на затворските казни за функционерите било направено со цел да се обезбедат гласови за уставните измени, Ескобар рече дека нема да шпекулира за тоа што се случува на внатрешен план.
Тоа е на луѓето на Македонија да го одлучат. Сакам да бидам многу јасен дека нашиот став е дека секоја земја што влегува во Европската Унија е попросперитетна, подемократска и постабилна, поради посветеноста на вредностите и посветеноста на владеењето на правото. А оние реформи што се потребни за членство во ЕУ треба да се одржат, тие треба да бидат целта кон која се стреми Македонија, а не за домашна политичка добивка на која било од страните. Ние ќе продолжиме да стоиме покрај оние луѓе кои сакаат реформи и кои сакаат да ги исполнат европските барања, посочи Ескобар.
Според него, предизвиците со владеење на правото и корупцијата се веројатно најголемиот проблем на Западен Балкан.
Затоа, ние постојано ги охрабруваме владите да направат повеќе за да поттикнат исполнување на реформите и ги охрабруваме лидерите и во парламентите, и во владите, да покажат конкретни резултати во борбата против корупцијата и зајакнување на институциите, кои се основата на владеење на правото, рече Ескобар.
Истакна дека санкциите на САД против корумпираните актери се многу ефективни и може да се очекуваат повеќе. На прашањето дали САД имаат партнери во земјава за заедничка борба против корупцијата, со оглед на тоа што лица што се на црна листа на САД дома добија намалени казни и рокови за застарување на кривични дела, рече дека санкциите се исклучително ефикасни.
Санкциите се исклучително ефикасни, поради што сите се плашат од нив и затоа се важна алатка за американската влада во помагањето во борбата против корупцијата. Значи, со или без партнери во регионот, санкциите ќе продолжат и тие ќе направат разлика. Можам да ви кажам дека во целиот регион имаме партнери кои се подготвени да работат со нас за да ги унапредиме целите за борбата против корупцијата и подобрување на примената на владеењето на правото, истакна Ескобар.
Тој додаде дека Македонија и остатокот од регионот „знаат дека таа борба против корупцијата, тоа зацврстување на владеење на правото треба да продолжи.
Мислам дека во некои земји движењето е премногу бавно. Но, ние сакаме да соработуваме со тие земји за да го подобриме. И тоа ја вклучува и Македонија. Мораме да бидеме многу јасни дека ова е проблем што го засега целиот регион, а не само една или две земји, посочи Ескобар.
 
The post Ескобар: Бугарија нема да додаде повеќе услови за Македонија appeared first on Република.

]]>
Ескобар: Косово треба да го промени пристапот „земи или остави“ https://republika.mk/vesti/balkan/eskobar-kosovo-treba-da-go-promeni-pristapot-zemi-ili-ostavi/ Thu, 21 Sep 2023 07:58:16 +0000 https://republika.mk/?p=683665

Време е за нов пристап на партнерите во рамките на дијалогот меѓу Србија и Косово, изјави заменикот-помошник државен секретар на САД Габриел Ескобар, со оценка дека по новиот неуспех на разговорите меѓу Белград и Приштина, пристапот треба да го менува страната која постапува по принципот - земи или остави.

- Конкретно мислам на Владата на Косово. Јасно им е кои се нивните обврски. И мислам дека изјавата на (шефот на европската дипломатија Жозеп) Борел беше многу јасна. Ние продолжуваме да ја охрабруваме Србија да биде конструктивна и трпелива. Продолжуваме да бараме од неа да не прави ништо што придонесува за дестабилизација на Косово. Мора да продолжиме да работиме на дијалог. Нема друга алтернатива за регионот освен европската интеграција, истакна Ескобар во интервју за Гласот на Америка.

Тој додаде дека не прифаќа критики на сметка на посредникот во разговорите, дипломатот Мирослав Лајчак.

- Лајчак ја ужива целосната доверба на Европската Унија и САД. По пропаѓањето на разговорите, 27 земји членки на Европската Унија јавно му изразија поддршка на Лајчак. Значи, тоа е нешто со што тој (Курти) ќе мора да се справи. Лајчак и дијалог нема да исчезнат. Земја од милион и пол жители нема да ја убеди трансатлантската заедница со 700.000.000 луѓе да ја смени тактиката, рече Ескобар - додавајќи дека е потребен попрагматичен пристап на Владата на Косово.

- Морам да додадам уште нешто. Во текот на минатата недела ме вознемири информацијата дека Лајчак е цел на напади на социјалните мрежи во Косово. Ги замолив претседателката (Вјоса) Османи и премиерот Курти да ги осудат. Не велам дека доаѓаат од редовите на Владата на Косово, но потребно е јасно да се истакне дека нападите од лична природа врз специјалниот пратеник се неприфатливи, прецизира Ескобар.

Во врска со тоа што Србија повторно не се усогласи со казнената политика на западните сојузници кон Русија - Ескобар посочи дека таа земја не треба да биде, како што рече, странец во европското семејство.

- Ќе кажам дека сметаме дека Србија треба да воведе санкции. Таа нема законска обврска да го прави тоа и очигледно е дека е држава која самостојно ја спроведува својата надворешна политика. Така, тоа е она што постојано го пренесуваме и ќе го повторам, истакна Ескобар - кој, како што наведе, се уште не разговарал со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, поради згуснатиот распоред.

- Се надевам дека ќе се видиме во текот на неделата, додаде Ескобар.

The post Ескобар: Косово треба да го промени пристапот „земи или остави“ appeared first on Република.

]]>

Време е за нов пристап на партнерите во рамките на дијалогот меѓу Србија и Косово, изјави заменикот-помошник државен секретар на САД Габриел Ескобар, со оценка дека по новиот неуспех на разговорите меѓу Белград и Приштина, пристапот треба да го менува страната која постапува по принципот - земи или остави. - Конкретно мислам на Владата на Косово. Јасно им е кои се нивните обврски. И мислам дека изјавата на (шефот на европската дипломатија Жозеп) Борел беше многу јасна. Ние продолжуваме да ја охрабруваме Србија да биде конструктивна и трпелива. Продолжуваме да бараме од неа да не прави ништо што придонесува за дестабилизација на Косово. Мора да продолжиме да работиме на дијалог. Нема друга алтернатива за регионот освен европската интеграција, истакна Ескобар во интервју за Гласот на Америка. Тој додаде дека не прифаќа критики на сметка на посредникот во разговорите, дипломатот Мирослав Лајчак. - Лајчак ја ужива целосната доверба на Европската Унија и САД. По пропаѓањето на разговорите, 27 земји членки на Европската Унија јавно му изразија поддршка на Лајчак. Значи, тоа е нешто со што тој (Курти) ќе мора да се справи. Лајчак и дијалог нема да исчезнат. Земја од милион и пол жители нема да ја убеди трансатлантската заедница со 700.000.000 луѓе да ја смени тактиката, рече Ескобар - додавајќи дека е потребен попрагматичен пристап на Владата на Косово. - Морам да додадам уште нешто. Во текот на минатата недела ме вознемири информацијата дека Лајчак е цел на напади на социјалните мрежи во Косово. Ги замолив претседателката (Вјоса) Османи и премиерот Курти да ги осудат. Не велам дека доаѓаат од редовите на Владата на Косово, но потребно е јасно да се истакне дека нападите од лична природа врз специјалниот пратеник се неприфатливи, прецизира Ескобар. Во врска со тоа што Србија повторно не се усогласи со казнената политика на западните сојузници кон Русија - Ескобар посочи дека таа земја не треба да биде, како што рече, странец во европското семејство. - Ќе кажам дека сметаме дека Србија треба да воведе санкции. Таа нема законска обврска да го прави тоа и очигледно е дека е држава која самостојно ја спроведува својата надворешна политика. Така, тоа е она што постојано го пренесуваме и ќе го повторам, истакна Ескобар - кој, како што наведе, се уште не разговарал со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, поради згуснатиот распоред. - Се надевам дека ќе се видиме во текот на неделата, додаде Ескобар.

The post Ескобар: Косово треба да го промени пристапот „земи или остави“ appeared first on Република.

]]>
Мицкоски средбата со Ескобар ја оцени како конструктивна и пријателска помеѓу стратешки партнери https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-sredbata-so-eskobar-ja-otseni-kako-konstruktivna-i-prijatelska-pomegu-strateshki-partneri/ Sat, 26 Aug 2023 13:28:06 +0000 https://republika.mk/?p=676024

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја оцени средбата со американскиот заменик-помошник државен секретар, Габриел Ескобар како конструктивна и пријателска помеѓу стратешки партнери и рече дека значајна е соработката со сите наши стратешки партнери, со меѓународната заедница, но најголем приоритет има квалитетот на животот на нашите сограѓани.

Оваа Влада и покрај тоа што има кредибилитет нула, ги злоупотребува претставниците на меѓународната заедница, чиј што дел се и САД, со лажни информации, и дел од тие лажни информации моравме да ги дебрифираме за време на состанокот на средбата со господинот Ескобар и амбасадорот Ангела Агелер и ценам дека лично на господинот Ескобар позициите на ВМРО-ДПМНЕ му се појасни. Ние сме исто така како и тие загрижени за актуелната состојба на Македонија иако нашата загриженост е поголема затоа што сепак ние живееме во оваа држава, рече Мицкоски, на новинарско прашање

Повтори дека иако се ближат редовните избори, тој бара што поскоро да има предвремени избори, бидејќи, како што рече, единствената политика што ја има сегашната Влада, е прифаќање на бугарски диктат.

Немаат две третини, немаат 80 пратеника и не постои ниту една друга сврзна точка којашто на нив би им била оправдување да останат ден повеќе таму каде што се. Оваа Влада, без народен легитимитет и политички кредибилитет еднаков на нула, не може да испорача реформи, не може Македонија да ја придвижи на патот кон Европа, додаде Мицкоски.

На прашањето зошто смета дека Владата нема легитимитет рече дека тоа е така затоа што единствената политика што Владата ја форсирала минатиот период, како што рече, „се уставни измени под бугарски диктат и дека се удриле во ѕид“.

Мицкоски тврди дека сегашната власт откако виделе дека нема да имаат 80 пратеника сега веќе не закажуваат продолжение кршејќи го Деловникот на работа на Собранието и рече дека тоа само по себе претставува кривично дело.

Не постои ниту една друга политика којашто би била сврзна точка и оправдување оваа Влада да остане ден повеќе. Да ја спасиме и Македонија и граѓаните неколку месеци, затоа повикуваме на предвремени парламентарни избори што ќе се случат оваа есен, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Мицкоски средбата со Ескобар ја оцени како конструктивна и пријателска помеѓу стратешки партнери appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја оцени средбата со американскиот заменик-помошник државен секретар, Габриел Ескобар како конструктивна и пријателска помеѓу стратешки партнери и рече дека значајна е соработката со сите наши стратешки партнери, со меѓународната заедница, но најголем приоритет има квалитетот на животот на нашите сограѓани.
Оваа Влада и покрај тоа што има кредибилитет нула, ги злоупотребува претставниците на меѓународната заедница, чиј што дел се и САД, со лажни информации, и дел од тие лажни информации моравме да ги дебрифираме за време на состанокот на средбата со господинот Ескобар и амбасадорот Ангела Агелер и ценам дека лично на господинот Ескобар позициите на ВМРО-ДПМНЕ му се појасни. Ние сме исто така како и тие загрижени за актуелната состојба на Македонија иако нашата загриженост е поголема затоа што сепак ние живееме во оваа држава, рече Мицкоски, на новинарско прашање
Повтори дека иако се ближат редовните избори, тој бара што поскоро да има предвремени избори, бидејќи, како што рече, единствената политика што ја има сегашната Влада, е прифаќање на бугарски диктат.
Немаат две третини, немаат 80 пратеника и не постои ниту една друга сврзна точка којашто на нив би им била оправдување да останат ден повеќе таму каде што се. Оваа Влада, без народен легитимитет и политички кредибилитет еднаков на нула, не може да испорача реформи, не може Македонија да ја придвижи на патот кон Европа, додаде Мицкоски.
На прашањето зошто смета дека Владата нема легитимитет рече дека тоа е така затоа што единствената политика што Владата ја форсирала минатиот период, како што рече, „се уставни измени под бугарски диктат и дека се удриле во ѕид“. Мицкоски тврди дека сегашната власт откако виделе дека нема да имаат 80 пратеника сега веќе не закажуваат продолжение кршејќи го Деловникот на работа на Собранието и рече дека тоа само по себе претставува кривично дело.
Не постои ниту една друга политика којашто би била сврзна точка и оправдување оваа Влада да остане ден повеќе. Да ја спасиме и Македонија и граѓаните неколку месеци, затоа повикуваме на предвремени парламентарни избори што ќе се случат оваа есен, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Мицкоски средбата со Ескобар ја оцени како конструктивна и пријателска помеѓу стратешки партнери appeared first on Република.

]]>
СП ја поздравува искрената намера на САД и на Ескобар да помогнат за зачленување во ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/sp-ja-pozdravuva-iskrenata-namera-na-sad-i-na-eskobar-da-pomognat-za-zachlenuvane-vo-eu/ Fri, 25 Aug 2023 16:24:16 +0000 https://republika.mk/?p=675844

Социјалистичка Партија на Македонија проследувајќи ги средбите на Заменикот помошник на државениот секретар на САД укажува на спротивставеноста на ставовите за уставни измени кај неговите соговорници, стои во соопштението на СПМ.

Истовремено како крајно штетна ја оценуваме изјавата на Ковачевски дека мора, по секоја цена да се прифати штетниот договор.

Со искажаниот став дека наводната дебата за Уставни измени ќе трае „онолку колку што треба“ тој ја потенцира нескриената намера на власта да ги искористи сите методи, надвор од Деловникот на Собранието, да врши притисок врз опозициските пратеници во намера да се обезбеди изгласување на уставните измени.

На Ковачевски му укажуваме дека листата на пријавени говорници е исцрпена, а со тоа и дебатата е завршена, но Деловникот е прекршен и погазен, за што се сноси одговорност и политичка и кривична.

Истовремено непримерено изјавувајќи ги овие ставови на заедничката конференција за медиумите не значи дека високиот гостин се согласува со тоа, односно очигледна е манипулацијата на Ковачевски и во оваа пригода, како и до сега.

Социјалистичката партија на Македонија ја поздравува искрената намера на САД и личните заложби на г-дин Ескобар да и помогнат на Република Македонија на нејзиниот пат кон зачленување во ЕУ. Како заеднички партнери убедени сме во демократското и логично размислување дека до таа цел може да се дојде само преку брзи предвремени парламентарни избори. САД е изразено демократска држава и оттаму без сомнение сме убедени во нивното разбирање на внатрешната состојба и расположението во јавноста, подеднакво во нивното поттикнување граѓаните да одлучуваат, а најдемократски граѓаните одлучуваат на избори.

Социјалистичката партија на Македонија и укажува на македонската јавност дека единственото решение од оваа политичка, економска и уставна криза се исклучиво предвремените парламентарни избори, на кои заедно со Македонскиот народ ќе извојуваме уште една победа и ќе ја сочуваме македонската сувереност.

The post СП ја поздравува искрената намера на САД и на Ескобар да помогнат за зачленување во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Социјалистичка Партија на Македонија проследувајќи ги средбите на Заменикот помошник на државениот секретар на САД укажува на спротивставеноста на ставовите за уставни измени кај неговите соговорници, стои во соопштението на СПМ.
Истовремено како крајно штетна ја оценуваме изјавата на Ковачевски дека мора, по секоја цена да се прифати штетниот договор. Со искажаниот став дека наводната дебата за Уставни измени ќе трае „онолку колку што треба“ тој ја потенцира нескриената намера на власта да ги искористи сите методи, надвор од Деловникот на Собранието, да врши притисок врз опозициските пратеници во намера да се обезбеди изгласување на уставните измени. На Ковачевски му укажуваме дека листата на пријавени говорници е исцрпена, а со тоа и дебатата е завршена, но Деловникот е прекршен и погазен, за што се сноси одговорност и политичка и кривична. Истовремено непримерено изјавувајќи ги овие ставови на заедничката конференција за медиумите не значи дека високиот гостин се согласува со тоа, односно очигледна е манипулацијата на Ковачевски и во оваа пригода, како и до сега. Социјалистичката партија на Македонија ја поздравува искрената намера на САД и личните заложби на г-дин Ескобар да и помогнат на Република Македонија на нејзиниот пат кон зачленување во ЕУ. Како заеднички партнери убедени сме во демократското и логично размислување дека до таа цел може да се дојде само преку брзи предвремени парламентарни избори. САД е изразено демократска држава и оттаму без сомнение сме убедени во нивното разбирање на внатрешната состојба и расположението во јавноста, подеднакво во нивното поттикнување граѓаните да одлучуваат, а најдемократски граѓаните одлучуваат на избори. Социјалистичката партија на Македонија и укажува на македонската јавност дека единственото решение од оваа политичка, економска и уставна криза се исклучиво предвремените парламентарни избори, на кои заедно со Македонскиот народ ќе извојуваме уште една победа и ќе ја сочуваме македонската сувереност.

The post СП ја поздравува искрената намера на САД и на Ескобар да помогнат за зачленување во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Османи до Ескобар: Блокадата нѐ чини една милијарди евра годишно финансиска поддршка од ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-do-eskobar-blokadata-n-chini-edna-milijardi-evra-godishno-finansiska-poddrshka-od-eu/ Fri, 25 Aug 2023 14:14:34 +0000 https://republika.mk/?p=675787

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан, кој е во посета на нашата земја.

Соговорниците разменија мислења за актуелните политички случувања, со акцент на европското досие на Република Македонија, како и потребата од продолжување на процесот на преговори со ЕУ преку спроведување на уставните измени.

“САД имаат клучна улога во сите поважни внатрешни и надворешно-политички моменти од поновата историја на Македонија, давајќи цврста поддршка за нашето успешно етаблирање како независна држава, длабоко интегрирана во трансатлантското семејство на модерни и функционални демократии“, истакна Османи додавајќи дека блокадата на евроинтегративниот процес нѐ чини една милијарди евра годишно финансиска поддршка од ЕУ.

Османи искажа благодарност и за долгорочната поддршка од САД за севкупните реформски процеси, нагласувајќи дека Владата и останатите институции продолжуваат да работат со силна посветеност на спроведувањето на реформите во областа на доброто владеење, владеењето на правото и борбата против корупцијата.

На средбата беше направен осврт на соработката меѓу двете земји, во рамки на Стратешкиот дијалог, а стана збор и за сојузништвото во рамки на НАТО, со акцент на поддршката за Украина, како и претседавањето на Македонија со ОБСЕ, САД – Јадранската повелба и Процесот за соработка во Југо-источна Европа.

The post Османи до Ескобар: Блокадата нѐ чини една милијарди евра годишно финансиска поддршка од ЕУ appeared first on Република.

Мицкоски на средба со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Ескобар https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-na-sredba-so-zamenik-pomoshnikot-drzhaven-sekretar-na-sad-i-spetsijalen-pretstavnik-za-zapaden-balkan-eskobar/ Fri, 25 Aug 2023 12:18:37 +0000 https://republika.mk/?p=675764

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Проф. д-р Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска оствари средба со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар и Амбасадорот на САД, Ангела Агелер.

На средбата беше потврден ставот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во врска со уставните измени.

Исто така беше потенцирана од двете страни потребата за јакнење и продлабочување на стратешкото пријателство меѓу двете држави.

Претседателот Мицкоски потенцираше дека актуелната власт во Македонија за многу внатрешни политички прашања погрешно ја информира меѓународната заедница вклучително и САД.

Уште еднаш беше афирмиран ставот на партијата дека суштинската заложба и приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е ЕУ и евроатланските вредности.

Воедно, претседателот Мицкоски укажа дека единствено решение за излез од една ваква исклучително тешка ситуација, се одржување на предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе изберат влада со легитимитет.

The post Мицкоски на средба со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Ескобар appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Проф. д-р Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска оствари средба со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар и Амбасадорот на САД, Ангела Агелер. На средбата беше потврден ставот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во врска со уставните измени. Исто така беше потенцирана од двете страни потребата за јакнење и продлабочување на стратешкото пријателство меѓу двете држави. Претседателот Мицкоски потенцираше дека актуелната власт во Македонија за многу внатрешни политички прашања погрешно ја информира меѓународната заедница вклучително и САД. Уште еднаш беше афирмиран ставот на партијата дека суштинската заложба и приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е ЕУ и евроатланските вредности. Воедно, претседателот Мицкоски укажа дека единствено решение за излез од една ваква исклучително тешка ситуација, се одржување на предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе изберат влада со легитимитет.

The post Мицкоски на средба со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Ескобар appeared first on Република.

]]>
Ескобар ќе се сретне со Ковачевски и Мицкоски https://republika.mk/vesti/makedonija/eskobar-ke-se-sretne-so-kovachevski-i-mitskoski/ Fri, 25 Aug 2023 06:00:18 +0000 https://republika.mk/?p=675578

Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, денеска ја продолжува посетата на државава со средби со премиерот Димитар Ковачевски и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. По средбата на Ковачевски и Ескобар тие претпладне ќе одржат заедничка прес-конференција во Владата.

Ескобар е во дводневна посета на државава, а следува по започнувањето на собраниската процедура за усвојување на уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот како услов земјава да ја одржи втората меѓувладина седница и да ги продолжи преговорите со Европската Унија. Првата средба на Ескобар беше вчера со претседателот Стево Пендаровски, и на неа, како што информираше претседателскиот Кабинет, е изразено очекувањето на официјален Вашингтон дека Македонија ќе го продолжи патот кон полноправно членство во Европската Унија.

Gabriel Escobar, US Department of State's Deputy Assistant Secretary for the Bureau of European and Eurasian Affairs and Special Representative to the Western Balkans, met Thursday afternoon

- На средбата беше потврдена и поддршката на САД за европските аспирации на нашата земја и се разговараше за следните чекори кои треба да ги преземе Македонија со цел да напредува во ЕУ интегративниот процес, како и за состојбите во поширокиот регион, во контекст на руската агресија врз Украина, соопшти Кабинетот на Претседателот.

Во пресрет на посетата на Ескобар премиерот Ковачевски вчера најави дека со американскиот функционер ќе разговараат за национални, билатерални и регионални прашања од интерес на Македонија. Порача дека уставните измени се исклучително важна одлука за иднината на државата, која што е пред пратениците и која не задира во ниту едно идентитетско прашање на македонскиот народ.

- Уставните измени така како што се предложени во Собранието за кои отпочна процесот во Собранието преку усвојување на дневниот ред и изнесување на ставовите на политичките партии, сите се уверивте дека не предизвикаа никакви турбуленции или негативни коментари од кој било во државата. Тие беа консултирани и со експертската јавност и со невладиниот сектор, и со политичките партии и изработена од експертско-политичка група – работна група која што беше формирана од Министерството за правда, рече премиерот.

Мицкоски, пак, пред посетата на Ескобар порача дека е важно секој кој доаѓа во нашата држава без разлика од каде доаѓа, да има добра намера. Го повтори барањето за предвремени парламентарни избори и ставот дека нема поддршка за уставните измени од опозициската партија.

- Важно е секој кој доаѓа во нашата држава, без разлика од каде доаѓа, да има добра намера. Кога зборувам за добрата намера, зборувам за аргументите кои што очекуваме да ги слушнеме, а очекуваме другата страна да ги слушне и нашите аргументи. Она што е важно и што треба секој да го знае е дека Владата на ДУИ и СДСМ го изгуби кредибилитетот и таа е единствената пречка за интеграција на Македонија во ЕУ. Колку побргу ова го сфатат, толку побргу ќе се придвижат работите напред. Брзи парламентарни избори се единственото решение ако сакаме да се движиме напред. Сѐ останато е дополнително тапкање во место, рече Мицкоски.

Според мего, можна е лидерска средба, но, како што рече, на која ќе се разговара само околу датумот за предвремени парламентарни избори и динамиката на законските измени во делот на техничка влада.

- Подготвени сме на брзи парламентарни избори без техничка влада. Сега само тоа е на маса, изјави вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Потенцираше дека секој оној кој што сака да разговара за ова прашање е добредојден. Додаде дека сѐ останато што се случува во моментот го смета за тортура и притисок кој се случува и во јавноста и ВМРО-ДПМНЕ на тоа ќе се спротистави.

Неговиот ставот што го изнесе претходно „дека има обиди од Европа и од светот да ја скршат ВМРО-ДПМНЕ нивните пратеници да гласаат за уставни измени“,  вчера го коментираше Ковачевски, кој вели дека тоа го потсетува на 11-те години на претходниот прв човек на опозициската партија.

Пласирање на тези дека постои светска завера, наведе премиерот, во ниту еден случај не им оди во прилог на граѓаните ниту на државата, освен на политичка кариера на тој што го кажува.

Дополни дека покрај сите хистерии и лажни обвинувања дека ќе настанела бугаризација,  асимилација, губење на јазик и на идентитет, ние ги почнавме преговорите со ЕУ со заштитен и признаен македонски јазик и идентитет преку резолуции на германскиот Бундестаг.

-Она што следува во американскиот Конгрес преку изјави на сите највисоки раководители од Европа тука во нашиот Парламент за значењето на македонската култура, историја, идентитет итн. Затоа сметам дека една држава која што има стратешко партнерство со САД како ниедна друга земја во овој регион, која што е земја членка на НАТО пласирање на тези дека постои светска завера во ниту еден случај не им оди во прилог на граѓаните ниту на државата, освен во политичка кариера на тој што го кажува, изјави премиерот Ковачевски.

Од прес-службата на Стејт департментот  вчера порачаа дека заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар се надева на продуктивни и заеднички дискусии со владините лидери за време на неговата посета на Македонија.

- Ескобар патува во Македонија за да разговара за билатерални и регионални прашања и да продолжи да го зајакнува нашето партнерство со ценет НАТО сојузник. Тој се надева на продуктивни и заеднички дискусии со владините лидери за време на неговата посета, особено поврзани со идната интеграција во ЕУ и долгорочниот просперитет на Западен Балкан, изјавија од прес-службата на Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски

The post Ескобар ќе се сретне со Ковачевски и Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, денеска ја продолжува посетата на државава со средби со премиерот Димитар Ковачевски и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. По средбата на Ковачевски и Ескобар тие претпладне ќе одржат заедничка прес-конференција во Владата. Ескобар е во дводневна посета на државава, а следува по започнувањето на собраниската процедура за усвојување на уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот како услов земјава да ја одржи втората меѓувладина седница и да ги продолжи преговорите со Европската Унија. Првата средба на Ескобар беше вчера со претседателот Стево Пендаровски, и на неа, како што информираше претседателскиот Кабинет, е изразено очекувањето на официјален Вашингтон дека Македонија ќе го продолжи патот кон полноправно членство во Европската Унија. Gabriel Escobar, US Department of State's Deputy Assistant Secretary for the Bureau of European and Eurasian Affairs and Special Representative to the Western Balkans, met Thursday afternoon - На средбата беше потврдена и поддршката на САД за европските аспирации на нашата земја и се разговараше за следните чекори кои треба да ги преземе Македонија со цел да напредува во ЕУ интегративниот процес, како и за состојбите во поширокиот регион, во контекст на руската агресија врз Украина, соопшти Кабинетот на Претседателот. Во пресрет на посетата на Ескобар премиерот Ковачевски вчера најави дека со американскиот функционер ќе разговараат за национални, билатерални и регионални прашања од интерес на Македонија. Порача дека уставните измени се исклучително важна одлука за иднината на државата, која што е пред пратениците и која не задира во ниту едно идентитетско прашање на македонскиот народ. - Уставните измени така како што се предложени во Собранието за кои отпочна процесот во Собранието преку усвојување на дневниот ред и изнесување на ставовите на политичките партии, сите се уверивте дека не предизвикаа никакви турбуленции или негативни коментари од кој било во државата. Тие беа консултирани и со експертската јавност и со невладиниот сектор, и со политичките партии и изработена од експертско-политичка група – работна група која што беше формирана од Министерството за правда, рече премиерот. Мицкоски, пак, пред посетата на Ескобар порача дека е важно секој кој доаѓа во нашата држава без разлика од каде доаѓа, да има добра намера. Го повтори барањето за предвремени парламентарни избори и ставот дека нема поддршка за уставните измени од опозициската партија. - Важно е секој кој доаѓа во нашата држава, без разлика од каде доаѓа, да има добра намера. Кога зборувам за добрата намера, зборувам за аргументите кои што очекуваме да ги слушнеме, а очекуваме другата страна да ги слушне и нашите аргументи. Она што е важно и што треба секој да го знае е дека Владата на ДУИ и СДСМ го изгуби кредибилитетот и таа е единствената пречка за интеграција на Македонија во ЕУ. Колку побргу ова го сфатат, толку побргу ќе се придвижат работите напред. Брзи парламентарни избори се единственото решение ако сакаме да се движиме напред. Сѐ останато е дополнително тапкање во место, рече Мицкоски. Според мего, можна е лидерска средба, но, како што рече, на која ќе се разговара само околу датумот за предвремени парламентарни избори и динамиката на законските измени во делот на техничка влада. - Подготвени сме на брзи парламентарни избори без техничка влада. Сега само тоа е на маса, изјави вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Потенцираше дека секој оној кој што сака да разговара за ова прашање е добредојден. Додаде дека сѐ останато што се случува во моментот го смета за тортура и притисок кој се случува и во јавноста и ВМРО-ДПМНЕ на тоа ќе се спротистави. Неговиот ставот што го изнесе претходно „дека има обиди од Европа и од светот да ја скршат ВМРО-ДПМНЕ нивните пратеници да гласаат за уставни измени“,  вчера го коментираше Ковачевски, кој вели дека тоа го потсетува на 11-те години на претходниот прв човек на опозициската партија. Пласирање на тези дека постои светска завера, наведе премиерот, во ниту еден случај не им оди во прилог на граѓаните ниту на државата, освен на политичка кариера на тој што го кажува. Дополни дека покрај сите хистерии и лажни обвинувања дека ќе настанела бугаризација,  асимилација, губење на јазик и на идентитет, ние ги почнавме преговорите со ЕУ со заштитен и признаен македонски јазик и идентитет преку резолуции на германскиот Бундестаг. -Она што следува во американскиот Конгрес преку изјави на сите највисоки раководители од Европа тука во нашиот Парламент за значењето на македонската култура, историја, идентитет итн. Затоа сметам дека една држава која што има стратешко партнерство со САД како ниедна друга земја во овој регион, која што е земја членка на НАТО пласирање на тези дека постои светска завера во ниту еден случај не им оди во прилог на граѓаните ниту на државата, освен во политичка кариера на тој што го кажува, изјави премиерот Ковачевски. Од прес-службата на Стејт департментот  вчера порачаа дека заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар се надева на продуктивни и заеднички дискусии со владините лидери за време на неговата посета на Македонија. - Ескобар патува во Македонија за да разговара за билатерални и регионални прашања и да продолжи да го зајакнува нашето партнерство со ценет НАТО сојузник. Тој се надева на продуктивни и заеднички дискусии со владините лидери за време на неговата посета, особено поврзани со идната интеграција во ЕУ и долгорочниот просперитет на Западен Балкан, изјавија од прес-службата на Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски

The post Ескобар ќе се сретне со Ковачевски и Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Стејт департмент: Ескобар се надева на продуктивни дискусии во Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/stejt-department-eskobar-se-nadeva-na-produktivni-diskusii-vo-skopje/ Thu, 24 Aug 2023 07:43:52 +0000 https://republika.mk/?p=675182

Заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар се надева на продуктивни и заеднички дискусии со владините лидери за време на неговата посета на Македонија, изјавија од прес-службата на Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски, на барањето коментар за реакцијата на опозицијата пред посетата на Ескобар на Скопје.

- Ескобар патува во Македонија за да разговара за билатерални и регионални прашања и да продолжи да го зајакнува нашето партнерство со ценет НАТО сојузник. Тој се надева на продуктивни и заеднички дискусии со владините лидери за време на неговата посета, особено поврзани со идната интеграција во ЕУ и долгорочниот просперитет на Западен Балкан, велат од Стејт департментот.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера изјави дека „тоа што сега власта се обидува посетата на Ескобар да ја претстави, условно кажано, како дипломатски булдожер којшто тука е повикан од Владата за да врши тортура и притисок, е веќе слабост на овие криминалци во Владата. Тортура и притисок во 21-от век веќе никој не врши, а и да вршат тогаш одбрале погрешни соговорници“.

Мицкоски, исто така, рече дека посетата на Ескобар ја оценува како и секоја друга посета.

- Изминатиот период имавме многу посети од високи странски претставници. Ќе ги слушнеме аргументите од таа страна, ќе ги кажеме нашите аргументи, отприлика содржината на тој состанок се наѕира, ја знаеме што е, така што секој добронамерен соговорник е добредојден, секој оној кој сака да ги слушне аргументите на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и на народот е добредојден, рече Мицкоски.

Габриел Ескобар денеска во Скопје ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, а предвиденое да има средби и со премиерот Димитар Ковачевски, како и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Доаѓањето на Ескобар во Скопје следува по започнувањето на собраниската седница за усвојување на уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот како услов земјава да ја одржи втората меѓувладина седница и да ги продолжи преговорите со Европската Унија. Гласањето за Предлогот за пристапување кон измена на Уставо беше одложено до обезбедување потребното двотретинско мнозинство.

The post Стејт департмент: Ескобар се надева на продуктивни дискусии во Скопје appeared first on Република.

]]>

Заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар се надева на продуктивни и заеднички дискусии со владините лидери за време на неговата посета на Македонија, изјавија од прес-службата на Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски, на барањето коментар за реакцијата на опозицијата пред посетата на Ескобар на Скопје. - Ескобар патува во Македонија за да разговара за билатерални и регионални прашања и да продолжи да го зајакнува нашето партнерство со ценет НАТО сојузник. Тој се надева на продуктивни и заеднички дискусии со владините лидери за време на неговата посета, особено поврзани со идната интеграција во ЕУ и долгорочниот просперитет на Западен Балкан, велат од Стејт департментот. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера изјави дека „тоа што сега власта се обидува посетата на Ескобар да ја претстави, условно кажано, како дипломатски булдожер којшто тука е повикан од Владата за да врши тортура и притисок, е веќе слабост на овие криминалци во Владата. Тортура и притисок во 21-от век веќе никој не врши, а и да вршат тогаш одбрале погрешни соговорници“. Мицкоски, исто така, рече дека посетата на Ескобар ја оценува како и секоја друга посета. - Изминатиот период имавме многу посети од високи странски претставници. Ќе ги слушнеме аргументите од таа страна, ќе ги кажеме нашите аргументи, отприлика содржината на тој состанок се наѕира, ја знаеме што е, така што секој добронамерен соговорник е добредојден, секој оној кој сака да ги слушне аргументите на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и на народот е добредојден, рече Мицкоски. Габриел Ескобар денеска во Скопје ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, а предвиденое да има средби и со премиерот Димитар Ковачевски, како и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Доаѓањето на Ескобар во Скопје следува по започнувањето на собраниската седница за усвојување на уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот како услов земјава да ја одржи втората меѓувладина седница и да ги продолжи преговорите со Европската Унија. Гласањето за Предлогот за пристапување кон измена на Уставо беше одложено до обезбедување потребното двотретинско мнозинство.

The post Стејт департмент: Ескобар се надева на продуктивни дискусии во Скопје appeared first on Република.

]]>
Пендаровски утре на средба со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар на САД https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-utre-na-sredba-so-gabriel-eskobar-zamenik-pomoshnik-drzhaven-sekretar-na-sad/ Wed, 23 Aug 2023 12:27:14 +0000 https://republika.mk/?p=675001

Претседателот Стево Пендаровски утре – 24 август 2023 година, четврток, во 16:00 часот ќе го прими Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар на Соединетите Американски Држави.

The post Пендаровски утре на средба со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар на САД appeared first on Република.

Ескобар: Одлуката на Стејт департментот за Мерко ќе и помогне на Владата да продолжи со борбата против корупцијата https://republika.mk/vesti/eskobar-odlukata-na-stejt-departmentot-za-merko-ke-i-pomogne-na-vladata-da-prodolzhi-so-borbata-protiv-koruptsijata/ Wed, 21 Jun 2023 10:37:09 +0000 https://republika.mk/?p=653671

Се надевам дека одлуката на американскиот Стејт департмент за ставање на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на „црната листа“ на САД поради „значителна корупција“, ќе и помогне на Владата на Македонија да продолжи со напорите за борба против корупцијата, изјави американскиот заменик-помошник државен секретар за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Ваквата изјава Ескобар ја даде вчера за Програмата на Гласот на Америка на албански јазик во заедничко гостување координаторот за антикорупција во Стејт департментот, Ричард Нефју, кој нагласи дека одлуката е донесена затоа што „државниот секретар на САД имал веродостојни информации кои сугерираат дека Мерко бил вмешан во голема корупција“.

Според законите, кога државниот секретар ќе дојде до таков заклучок, таквата определба е правно обврзувачка, како што се случи денеска, изјави Нефју.

Според него, ако државниот секретарот има веродостојни информации што укажуваат на вмешаност во значителна корупција тогаш треба да воведе визни ограничувања и затоа што законот „бара да се дејствува кога тие информации се достапни“.

Нефју нагласи дека засега не може да сподели конкретни докази за тоа зошто градоначалникот на Струга е ставен на американската „црна листа“, но потенцира дека според објавените информации се работи за „злоупотреба на средства и мешање во судските постапки“.

Со оглед на природата на одлуките и нивната правна основа, тоа се информациите што можеме да ги објавиме во јавноста за овој случај, изјави Нефју.

Тој истакна дека ваквите одлуки имаат цел да ја покажат поддршката на САД за владеењето на правото и напорите за борба против корупцијата низ целиот свет.

Секогаш кога зборувате за нешто што вклучува визни ограничувања или санкции, секогаш ќе има прашања за нивната ефикасност. Мислам дека во голема мера, сепак, успеавме да покажеме значајни резултати во однос на помагањето на актерите на граѓанското општество и другите институции дека тие не се сами и дека кога се соочуваат со корумпирани актери, имаат поддршка и имаат поддршка од меѓународната заедница, рече Нефју.

Координаторот за антикорупција во Стејт департментот додаде дека САД не прават разлика дали санкциите се однесуваат на поранешен или актуелен функционер.

Повторно, дел од причината зошто ги правиме овие работи е да ги поддржиме актерите од граѓанското општество и оние кои се обидуваат да бараат одговорност од корумпираните актери, рече тој.

Стејт департментот вчера го прогласи градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за „персона нон грата“ за влез во САД, поради, како што беше наведено во соопштението, негова вмешаност во значителна корупција.

The post Ескобар: Одлуката на Стејт департментот за Мерко ќе и помогне на Владата да продолжи со борбата против корупцијата appeared first on Република.

]]>

Се надевам дека одлуката на американскиот Стејт департмент за ставање на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на „црната листа“ на САД поради „значителна корупција“, ќе и помогне на Владата на Македонија да продолжи со напорите за борба против корупцијата, изјави американскиот заменик-помошник државен секретар за Западен Балкан, Габриел Ескобар. Ваквата изјава Ескобар ја даде вчера за Програмата на Гласот на Америка на албански јазик во заедничко гостување координаторот за антикорупција во Стејт департментот, Ричард Нефју, кој нагласи дека одлуката е донесена затоа што „државниот секретар на САД имал веродостојни информации кои сугерираат дека Мерко бил вмешан во голема корупција“.
Според законите, кога државниот секретар ќе дојде до таков заклучок, таквата определба е правно обврзувачка, како што се случи денеска, изјави Нефју.
Според него, ако државниот секретарот има веродостојни информации што укажуваат на вмешаност во значителна корупција тогаш треба да воведе визни ограничувања и затоа што законот „бара да се дејствува кога тие информации се достапни“. Нефју нагласи дека засега не може да сподели конкретни докази за тоа зошто градоначалникот на Струга е ставен на американската „црна листа“, но потенцира дека според објавените информации се работи за „злоупотреба на средства и мешање во судските постапки“.
Со оглед на природата на одлуките и нивната правна основа, тоа се информациите што можеме да ги објавиме во јавноста за овој случај, изјави Нефју.
Тој истакна дека ваквите одлуки имаат цел да ја покажат поддршката на САД за владеењето на правото и напорите за борба против корупцијата низ целиот свет.
Секогаш кога зборувате за нешто што вклучува визни ограничувања или санкции, секогаш ќе има прашања за нивната ефикасност. Мислам дека во голема мера, сепак, успеавме да покажеме значајни резултати во однос на помагањето на актерите на граѓанското општество и другите институции дека тие не се сами и дека кога се соочуваат со корумпирани актери, имаат поддршка и имаат поддршка од меѓународната заедница, рече Нефју.
Координаторот за антикорупција во Стејт департментот додаде дека САД не прават разлика дали санкциите се однесуваат на поранешен или актуелен функционер.
Повторно, дел од причината зошто ги правиме овие работи е да ги поддржиме актерите од граѓанското општество и оние кои се обидуваат да бараат одговорност од корумпираните актери, рече тој.
Стејт департментот вчера го прогласи градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за „персона нон грата“ за влез во САД, поради, како што беше наведено во соопштението, негова вмешаност во значителна корупција.

The post Ескобар: Одлуката на Стејт департментот за Мерко ќе и помогне на Владата да продолжи со борбата против корупцијата appeared first on Република.

]]>
Лајчак: Јас и Ескобар се надевавме на подобар резултат од нашата мисија на Косово https://republika.mk/vesti/balkan/lajchak-jas-i-eskobar-se-nadevavme-na-podobar-rezultat-od-nashata-misija-na-kosovo/ Mon, 12 Jun 2023 06:55:03 +0000 https://republika.mk/?p=650282

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, денеска на својот Фејсбук профил објави дека се надевал на подобар резултат од минатонеделната мисија на Косово со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

„Отпатувавме во регионот со цел да се справиме со тензичната ситуација во северно Косово на која сите бевме сведоци во текот на изминатата недела и да го истражиме потенцијалот за политичко решение. Во Косово се сретнавме со највисокото раководство, вклучително и претседателката Османи. Премиерот Курти и првиот вицепремиер Бислими. Дискусијата беше долга. Ја пренесовме нашата загриженост за ситуацијата на северот и ја истакнавме потребата од итна деескалација“, посочи Лајчак.

Тој потврди дека и ЕУ и САД побараа итна деескалација, предвремени избори со учество на косовските Срби и враќање на дијалогот за нормализација.

Според него, заедно со Ескобар бил воспоставен контакт со опозициските лидери на косовските Албанци, на кои им биле претставени последиците од актуелната криза и штетата што таа ја нанесува на меѓународниот углед на на Косово и апелираше до нив да ја поддржат потрагата по политичко решение.

„Јас и Ескобар се сретнавме и со претставници на Српската листа и граѓанското општество, со цел да го слушнеме нивното мислење и да им објасниме зошто е важно косовските Срби да учествуваат на новите избори. Од Приштина ја продолживме нашата мисија во Белград, каде имавме подеднакво долги, воопшто не лесни разговори со претседателот Вучиќ“, рече Лајчак.

Според неговите зборови, на претседателот на Србија, Александар Вучиќ му било кажано дека треба да придонесе за излез од актуелната криза.

„Се занимававме со сложената ситуација на Србите во Косово. Посебно нагласивме дека, иако сите граѓани имаат право на мирни протести, насилството никогаш не е прифатливо и не може да помине неказнето“, наведе Лајчак и додаде дека и покрај некои позитивни сигнали, тензиите продолжуваат да растат.

„Сега сум назад во Брисел за да ги информирам ЕУ и земјите-членки за моите наоди и следни чекори. Продолжуваме со нашите напори да овозможиме и поддржиме одржливо политичко решение“.

The post Лајчак: Јас и Ескобар се надевавме на подобар резултат од нашата мисија на Косово appeared first on Република.

]]>

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, денеска на својот Фејсбук профил објави дека се надевал на подобар резултат од минатонеделната мисија на Косово со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.
„Отпатувавме во регионот со цел да се справиме со тензичната ситуација во северно Косово на која сите бевме сведоци во текот на изминатата недела и да го истражиме потенцијалот за политичко решение. Во Косово се сретнавме со највисокото раководство, вклучително и претседателката Османи. Премиерот Курти и првиот вицепремиер Бислими. Дискусијата беше долга. Ја пренесовме нашата загриженост за ситуацијата на северот и ја истакнавме потребата од итна деескалација“, посочи Лајчак.
Тој потврди дека и ЕУ и САД побараа итна деескалација, предвремени избори со учество на косовските Срби и враќање на дијалогот за нормализација. Според него, заедно со Ескобар бил воспоставен контакт со опозициските лидери на косовските Албанци, на кои им биле претставени последиците од актуелната криза и штетата што таа ја нанесува на меѓународниот углед на на Косово и апелираше до нив да ја поддржат потрагата по политичко решение.
„Јас и Ескобар се сретнавме и со претставници на Српската листа и граѓанското општество, со цел да го слушнеме нивното мислење и да им објасниме зошто е важно косовските Срби да учествуваат на новите избори. Од Приштина ја продолживме нашата мисија во Белград, каде имавме подеднакво долги, воопшто не лесни разговори со претседателот Вучиќ“, рече Лајчак.
Според неговите зборови, на претседателот на Србија, Александар Вучиќ му било кажано дека треба да придонесе за излез од актуелната криза.
„Се занимававме со сложената ситуација на Србите во Косово. Посебно нагласивме дека, иако сите граѓани имаат право на мирни протести, насилството никогаш не е прифатливо и не може да помине неказнето“, наведе Лајчак и додаде дека и покрај некои позитивни сигнали, тензиите продолжуваат да растат. „Сега сум назад во Брисел за да ги информирам ЕУ и земјите-членки за моите наоди и следни чекори. Продолжуваме со нашите напори да овозможиме и поддржиме одржливо политичко решение“.

The post Лајчак: Јас и Ескобар се надевавме на подобар резултат од нашата мисија на Косово appeared first on Република.

]]>
Ескобар: Курти и да не сака сепак ќе се формира ЗСО https://republika.mk/vesti/balkan/eskobar-kurti-i-da-ne-saka-sepak-ke-se-formira-zso/ Tue, 06 Jun 2023 07:38:12 +0000 https://republika.mk/?p=648260

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар во интервју за виенскиот весник „Пресе“ изјави дека мора да се формира Заедница на српски општини.

Тој рече и дека единственото прашање е дали Косово сака да чека на евроатланска интеграција додека премиерот Курти не ја исполни својата обврска.

Ескобар истакна дека „Косово сега мора итно да се придвижи“ и посочи дека формирањето на ЗСО е меѓународна, законска, преземена обврска.

„Тоа не зависи од него. Ова не е прашање меѓу Курти и Србија. Ова е прашање меѓу Косово и Србија. Курти и да не сака, ќе се формира ЗСО“, нагласи Ескобар на прашањето за отпорот на косовскиот премиер Аљбин Курти кон формирањето на ЗСО.

Тој посочи дека единствено прашање е дали Косово сака да чека евроатланска интеграција додека премиерот не ги исполни своите обврски.

Како што вели, ако Косово не сака нова Република Српска како во БиХ, тогаш треба да го претстави својот предлог што сака.

„Ни кажаа што не сакаат. Сега треба да ни кажат што сакаат, тоа го чекаме“, рече Ескобар.

Неподготвеноста на Приштина да се движи по ова прашање, според него, покажува „неподготвеност да се помири во сопствената земја“.

„Нашата порака до Косово и Србија е - додека двете страни не ги спроведат важните договори од договорот за нормализација, не е време за „business as usual“, подвлече Ескобар.

Тој рече и дека Србија треба да испрати јасна порака дека не толерира насилство, како врз мировните сили на КФОР, така и врз косовската полиција.

The post Ескобар: Курти и да не сака сепак ќе се формира ЗСО appeared first on Република.

]]>

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар во интервју за виенскиот весник „Пресе“ изјави дека мора да се формира Заедница на српски општини. Тој рече и дека единственото прашање е дали Косово сака да чека на евроатланска интеграција додека премиерот Курти не ја исполни својата обврска. Ескобар истакна дека „Косово сега мора итно да се придвижи“ и посочи дека формирањето на ЗСО е меѓународна, законска, преземена обврска. „Тоа не зависи од него. Ова не е прашање меѓу Курти и Србија. Ова е прашање меѓу Косово и Србија. Курти и да не сака, ќе се формира ЗСО“, нагласи Ескобар на прашањето за отпорот на косовскиот премиер Аљбин Курти кон формирањето на ЗСО. Тој посочи дека единствено прашање е дали Косово сака да чека евроатланска интеграција додека премиерот не ги исполни своите обврски. Како што вели, ако Косово не сака нова Република Српска како во БиХ, тогаш треба да го претстави својот предлог што сака. „Ни кажаа што не сакаат. Сега треба да ни кажат што сакаат, тоа го чекаме“, рече Ескобар. Неподготвеноста на Приштина да се движи по ова прашање, според него, покажува „неподготвеност да се помири во сопствената земја“. „Нашата порака до Косово и Србија е - додека двете страни не ги спроведат важните договори од договорот за нормализација, не е време за „business as usual“, подвлече Ескобар. Тој рече и дека Србија треба да испрати јасна порака дека не толерира насилство, како врз мировните сили на КФОР, така и врз косовската полиција.

The post Ескобар: Курти и да не сака сепак ќе се формира ЗСО appeared first on Република.

]]>
Курти: Прво српските банди во затвор, па отстранување на полицијата https://republika.mk/vesti/balkan/kurti-prvo-srpskite-bandi-vo-zatvor-pa-otstranuvane-na-politsijata/ Sun, 04 Jun 2023 19:37:16 +0000 https://republika.mk/?p=647747

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека отстранувањето на полицијата од општинските згради на север може да се разгледа, но прво насилните криминални банди мора да се вратат во Србија или да одат во затвор. Курти за Би-Би-Си изјави дека градоначалниците на општините на север се во нивните канцеларии и како што рече, така треба да биде.

„Во овие три општини Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан имаме три згради, а ако не градоначалниците, тогаш кој треба да биде во нив? Ако не се за лидерите, кому му служат? Претседателите се во нивните канцеларии и така треба да биде. Можеме да го разгледаме отстранувањето на полицијата од овие згради, но прво насилните криминални банди, кои нападнаа и повредија новинари, наши полицајци и војници на НАТО, мора да се вратат во Србија или да одат во затвор“, рече
Курти.

Тој рече дека демократската Република не може да се предаде на „фашистичката полиција“.

„Не можеме да ја предадеме Демократската Република на оваа фашистичка полиција, која ја плаќа автократ во Белград, кој беше и министер за пропаганда на Милошевиќ. Не се оддалечуваат од минатото од Милошевиќ, не се оддалечуваат од сегашноста од деспотот Владимир Путин“, додаде Курти.

Американскиот пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар зборуваше за тензиите на северот на Косово. Тој за Би-Би-Си изјави дека ескалацијата на тензиите на северот можеле да се избегнат. Тој рече дека напорите на меѓународниот фактор да се координира со Владата на Косово наишла на отпор.

„Оваа ескалација делумно беше резултат на неподготвеноста на косовската страна да ја слуша меѓународната заедница. Таа непотребно предизвика тензии со инсистирањето на користење на општинските објекти. Немаше потреба да се оди во тие згради. Тие немаат вистинска вредност. Курти не увери дека тие градоначалници ќе вршат само административни овластувања, за вршење на основни општински услуги“, рече Ескобар.

Двајцата меѓународни претставници Ескобар и Лајчак ќе престојуваат во понеделник и вторник во Косово и Србија, каде ќе се заложат за деескалација на тензиите на северот на Косово.

The post Курти: Прво српските банди во затвор, па отстранување на полицијата appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека отстранувањето на полицијата од општинските згради на север може да се разгледа, но прво насилните криминални банди мора да се вратат во Србија или да одат во затвор. Курти за Би-Би-Си изјави дека градоначалниците на општините на север се во нивните канцеларии и како што рече, така треба да биде. „Во овие три општини Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан имаме три згради, а ако не градоначалниците, тогаш кој треба да биде во нив? Ако не се за лидерите, кому му служат? Претседателите се во нивните канцеларии и така треба да биде. Можеме да го разгледаме отстранувањето на полицијата од овие згради, но прво насилните криминални банди, кои нападнаа и повредија новинари, наши полицајци и војници на НАТО, мора да се вратат во Србија или да одат во затвор“, рече Курти. Тој рече дека демократската Република не може да се предаде на „фашистичката полиција“. „Не можеме да ја предадеме Демократската Република на оваа фашистичка полиција, која ја плаќа автократ во Белград, кој беше и министер за пропаганда на Милошевиќ. Не се оддалечуваат од минатото од Милошевиќ, не се оддалечуваат од сегашноста од деспотот Владимир Путин“, додаде Курти. Американскиот пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар зборуваше за тензиите на северот на Косово. Тој за Би-Би-Си изјави дека ескалацијата на тензиите на северот можеле да се избегнат. Тој рече дека напорите на меѓународниот фактор да се координира со Владата на Косово наишла на отпор. „Оваа ескалација делумно беше резултат на неподготвеноста на косовската страна да ја слуша меѓународната заедница. Таа непотребно предизвика тензии со инсистирањето на користење на општинските објекти. Немаше потреба да се оди во тие згради. Тие немаат вистинска вредност. Курти не увери дека тие градоначалници ќе вршат само административни овластувања, за вршење на основни општински услуги“, рече Ескобар. Двајцата меѓународни претставници Ескобар и Лајчак ќе престојуваат во понеделник и вторник во Косово и Србија, каде ќе се заложат за деескалација на тензиите на северот на Косово.

The post Курти: Прво српските банди во затвор, па отстранување на полицијата appeared first on Република.

]]>
Ескобар: Договор помеѓу Србија и Косово можен е до крајот на летото https://republika.mk/vesti/balkan/eskobar-dogovor-pomegu-srbija-i-kosovo-mozhen-e-do-krajot-na-letoto/ Mon, 22 May 2023 08:26:32 +0000 https://republika.mk/?p=643487

– Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар оцени дека договорот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина е „огромно достигнување“ и дека договорот претставува „историски чекор напред“ во развојот на односите помеѓу Србија и Косово.

Во вчерашното интервју за агенцијата Мина, Ескобар изјави дека „не гледа причина“ зошто договорот за преостанатите прашања не може да биде склучен до крајот на летото.

– Со Србија има одредени елементи, што мора да се исполнат во однос на признавањето на регистарските таблички на автомобилите, личните карти и некои други работи.

И од Косово се очекува да формира Заедница на српски општини. Се извинувам, тоа не е очекување. Тоа е обврска, рече Ескобар. Тој додаде дека САД сакаат овие процеси да се случат што е можно побрзо.

– Не гледам причина зошто тоа не може да се заврши до крајот на летото, истакна Ескобар.

Претходно, Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак изјави дека целта на средбата на главните преговарачи меѓу Белград и Приштина минатата недела во Брисел е да се разјаснат преостанатите отворени прашања и оти разговорите ќе продолжат во следните недели.

– Разговаравме за понатамошниот пат за спроведување на Договорот од 27 февруари и имавме за цел да ги разјасниме преостанатите отворени прашања.

Иако наоѓањето заеднички јазик може да биде предизвик, успеавме да постигнеме одреден напредок, напиша Лајчак на Фејсбук, сумирајќи ја минатата недела.

Според него, разговорите ќе продолжат и во наредните недели. об/ми/фото: ЕПА .

The post Ескобар: Договор помеѓу Србија и Косово можен е до крајот на летото appeared first on Република.

]]>

– Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар оцени дека договорот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина е „огромно достигнување“ и дека договорот претставува „историски чекор напред“ во развојот на односите помеѓу Србија и Косово.
  Во вчерашното интервју за агенцијата Мина, Ескобар изјави дека „не гледа причина“ зошто договорот за преостанатите прашања не може да биде склучен до крајот на летото.   – Со Србија има одредени елементи, што мора да се исполнат во однос на признавањето на регистарските таблички на автомобилите, личните карти и некои други работи. И од Косово се очекува да формира Заедница на српски општини. Се извинувам, тоа не е очекување. Тоа е обврска, рече Ескобар. Тој додаде дека САД сакаат овие процеси да се случат што е можно побрзо.   – Не гледам причина зошто тоа не може да се заврши до крајот на летото, истакна Ескобар. Претходно, Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак изјави дека целта на средбата на главните преговарачи меѓу Белград и Приштина минатата недела во Брисел е да се разјаснат преостанатите отворени прашања и оти разговорите ќе продолжат во следните недели.   – Разговаравме за понатамошниот пат за спроведување на Договорот од 27 февруари и имавме за цел да ги разјасниме преостанатите отворени прашања. Иако наоѓањето заеднички јазик може да биде предизвик, успеавме да постигнеме одреден напредок, напиша Лајчак на Фејсбук, сумирајќи ја минатата недела.   Според него, разговорите ќе продолжат и во наредните недели. об/ми/фото: ЕПА .

The post Ескобар: Договор помеѓу Србија и Косово можен е до крајот на летото appeared first on Република.

]]>
И Ранко Ескобар како Јетон од Кале бил многу добар човек и хуманист https://republika.mk/vesti/balkan/i-ranko-eskobar-kako-jeton-od-kale-bil-mnogu-dobar-chovek-i-humanist/ Fri, 10 Mar 2023 08:46:50 +0000 https://republika.mk/?p=617997

Ранко Радошевиќ (54), познат како Ранко Ескобар, кој вчера беше убиен на пумпа во Рушње, блиските го опишуваат како хуманист и човек посветен на семејството.

Иако се занимавал со матни бизниси и често бил предмет на полициски истраги, тој се трудел слободното време да го поминува со семејството, а често оделе и на патувања заедно.

[caption id="attachment_617995" align="alignnone" width="636"] foto kurir.rs[/caption]

Тој се трудел да избегнува конфликти и да се држи настрана од криминалот, а најмногу сакал да поминува време со своите најблиски.

Една од последните фотографии го кажува тоа. Радошевиќ минатото лето се фотографирал со своите најблиски роднини и ништо не покажувало дека за една година ќе биде ликвидиран.

https://republika.mk/vesti/balkan/fotografii-od-likvidatsijata-na-eskobar-ubijtsite-pukaat-ushte-ednash-za-da-se-uverat-deka-e-mrtov/

The post И Ранко Ескобар како Јетон од Кале бил многу добар човек и хуманист appeared first on Република.

]]>

Ранко Радошевиќ (54), познат како Ранко Ескобар, кој вчера беше убиен на пумпа во Рушње, блиските го опишуваат како хуманист и човек посветен на семејството. Иако се занимавал со матни бизниси и често бил предмет на полициски истраги, тој се трудел слободното време да го поминува со семејството, а често оделе и на патувања заедно. [caption id="attachment_617995" align="alignnone" width="636"] foto kurir.rs[/caption] Тој се трудел да избегнува конфликти и да се држи настрана од криминалот, а најмногу сакал да поминува време со своите најблиски. Една од последните фотографии го кажува тоа. Радошевиќ минатото лето се фотографирал со своите најблиски роднини и ништо не покажувало дека за една година ќе биде ликвидиран. https://republika.mk/vesti/balkan/fotografii-od-likvidatsijata-na-eskobar-ubijtsite-pukaat-ushte-ednash-za-da-se-uverat-deka-e-mrtov/

The post И Ранко Ескобар како Јетон од Кале бил многу добар човек и хуманист appeared first on Република.

]]>
Фотографии од ликвидацијата на Ескобар: Убијците пукаат уште еднаш за да се уверат дека е мртов https://republika.mk/vesti/balkan/fotografii-od-likvidatsijata-na-eskobar-ubijtsite-pukaat-ushte-ednash-za-da-se-uverat-deka-e-mrtov/ Fri, 10 Mar 2023 08:10:17 +0000 https://republika.mk/?p=617981

Oбјавени се фотографии од убиството на Ранко Радошевиќ со прекар Ескобар. На нив се гледа како убиецот се осигурува дали е завршена работата.

Убиството се случи вчера околу 11 часот на бензинската пумпа „Кнез петрол“ во Рушње, по што полицијата го стегна обрачот околу цел Белград.

[caption id="attachment_617734" align="alignnone" width="640"] foto tanjug[/caption]

На фотографиите од внатрешноста на локалот се гледа како убијците му приоѓаат на Радошевиќ и пукаат во него, додека тој неуспешно се обидува да се сокрие. А потоа следи најгрозоморниот момент - еден од џелатите му приоѓа и го застрелува со уште неколку куршуми во главата.

The post Фотографии од ликвидацијата на Ескобар: Убијците пукаат уште еднаш за да се уверат дека е мртов appeared first on Република.

]]>

Oбјавени се фотографии од убиството на Ранко Радошевиќ со прекар Ескобар. На нив се гледа како убиецот се осигурува дали е завршена работата. Убиството се случи вчера околу 11 часот на бензинската пумпа „Кнез петрол“ во Рушње, по што полицијата го стегна обрачот околу цел Белград. [caption id="attachment_617734" align="alignnone" width="640"] foto tanjug[/caption] На фотографиите од внатрешноста на локалот се гледа како убијците му приоѓаат на Радошевиќ и пукаат во него, додека тој неуспешно се обидува да се сокрие. А потоа следи најгрозоморниот момент - еден од џелатите му приоѓа и го застрелува со уште неколку куршуми во главата.

The post Фотографии од ликвидацијата на Ескобар: Убијците пукаат уште еднаш за да се уверат дека е мртов appeared first on Република.

]]>