Ерик Кантона Archives - Република https://republika.mk/tema/erik-kantona/ За подобро да се разбереме Fri, 14 Jul 2023 13:45:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ерик Кантона Archives - Република https://republika.mk/tema/erik-kantona/ 32 32 Кантона и во пензија брка рекорди https://republika.mk/sport/fudbal/kantona-i-vo-penzija-brka-rekordi/ Fri, 14 Jul 2023 14:43:35 +0000 https://republika.mk/?p=661418

Новинарите на лондонски „Дејли Мејл“ составија листа на играчи чии трансфери оставиле голема трага во англискиот фудбал, а за нив или воопшто не било платено обесштетување или биле ангажирани за симболична сума.

Број еден во изборот на „Дејли Мејл“ е Французинот Ерик Кантона, кој во 1992 година дојде во Манчестер јунајтед од Лидс за 1.5 милиони евра. Неговиот трансфер не беше ниту меѓу првите пет тоа лето.

Втор на листата е сонародникот на Кантона, Патрик Виера, кој од Милан за 3.5 милиони евра го засили Арсенал во 1996 години.

Меѓу Топ 3 највредни трансфери во историјата на Премиер лигата во изборот на лондонскиот весник е и доаѓањето на Џејми Варди од нисколигашот Флитвуд во Лестер во 2012 година.

Варди со Лестер ја освои шампионската титула, стекнувајќи и статус на репрезентативец, а Лестер за неговите услуги плати 1.2 милиони евра

The post Кантона и во пензија брка рекорди appeared first on Република.

]]>

Новинарите на лондонски „Дејли Мејл“ составија листа на играчи чии трансфери оставиле голема трага во англискиот фудбал, а за нив или воопшто не било платено обесштетување или биле ангажирани за симболична сума. Број еден во изборот на „Дејли Мејл“ е Французинот Ерик Кантона, кој во 1992 година дојде во Манчестер јунајтед од Лидс за 1.5 милиони евра. Неговиот трансфер не беше ниту меѓу првите пет тоа лето. Втор на листата е сонародникот на Кантона, Патрик Виера, кој од Милан за 3.5 милиони евра го засили Арсенал во 1996 години. Меѓу Топ 3 највредни трансфери во историјата на Премиер лигата во изборот на лондонскиот весник е и доаѓањето на Џејми Варди од нисколигашот Флитвуд во Лестер во 2012 година. Варди со Лестер ја освои шампионската титула, стекнувајќи и статус на репрезентативец, а Лестер за неговите услуги плати 1.2 милиони евра

The post Кантона и во пензија брка рекорди appeared first on Република.

]]>
Кантона за СП во Катар: Ова првенство е заеб…ија https://republika.mk/sport/fudbal/kantona-za-sp-vo-katar-ova-prvenstvo-e-zaeb-ija/ Wed, 14 Sep 2022 10:53:50 +0000 https://republika.mk/?p=550674

Во писмото објавено на социјалните мрежи, поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед и француската фудбалска репрезентација, Ерик Кантона, вели дека „неволно“ ќе се откаже од овој настан, што го смета за „аберација“, јави дописникот на МИА од Париз.

Следејќи го патот што го трасираа други поранешни играчи како Филип Лам, јавни личности како актерот Винсент Линдон или дури и медиумите (Котидијан де ла Реунион), Ерик Кантона ја објави својата намера да го бојкотира Светското првенство во Катар 2022 година (20 ноември – 18 декември ).

– Да бидеме искрени со себе! Ова Светско првенство нема смисла! Уште полошо, тоа е аберација! – вели поранешниот напаѓач (56), кој ги осудува „илјадниците смртни случаи“ и лудилото на климатизираните стадиони на овој „голем маскенбал“, чиешто единствено значење, според него, се „парите“.

На за него својствен јазик, Кантона тврди дека нема „ништо да го интересира“ она што ќе направи репрезентацијата на Франција таму, притоа признавајќи дека оваа одлука го чини: „Од кога бев дете, тоа беше настан што го сакам“.
Но, како што вели и самиот: „Понекогаш во животот мораме да носиме одлуки, дури и ако тоа не чини“

The post Кантона за СП во Катар: Ова првенство е заеб…ија appeared first on Република.

]]>

Во писмото објавено на социјалните мрежи, поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед и француската фудбалска репрезентација, Ерик Кантона, вели дека „неволно“ ќе се откаже од овој настан, што го смета за „аберација“, јави дописникот на МИА од Париз. Следејќи го патот што го трасираа други поранешни играчи како Филип Лам, јавни личности како актерот Винсент Линдон или дури и медиумите (Котидијан де ла Реунион), Ерик Кантона ја објави својата намера да го бојкотира Светското првенство во Катар 2022 година (20 ноември – 18 декември ). – Да бидеме искрени со себе! Ова Светско првенство нема смисла! Уште полошо, тоа е аберација! – вели поранешниот напаѓач (56), кој ги осудува „илјадниците смртни случаи“ и лудилото на климатизираните стадиони на овој „голем маскенбал“, чиешто единствено значење, според него, се „парите“. На за него својствен јазик, Кантона тврди дека нема „ништо да го интересира“ она што ќе направи репрезентацијата на Франција таму, притоа признавајќи дека оваа одлука го чини: „Од кога бев дете, тоа беше настан што го сакам“. Но, како што вели и самиот: „Понекогаш во животот мораме да носиме одлуки, дури и ако тоа не чини“

The post Кантона за СП во Катар: Ова првенство е заеб…ија appeared first on Република.

]]>