енергетика Archives - Република https://republika.mk/tema/energetika/ За подобро да се разбереме Thu, 18 Jul 2024 15:31:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png енергетика Archives - Република https://republika.mk/tema/energetika/ 32 32 Мицкоски: Транзитот на гас низ Македонија е во корист на Европа – работиме на изградба на интерконектори https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-tranzitot-na-gas-niz-makedonija-e-vo-korist-na-evropa-rabotime-na-izgradba-na-interkonektori/ Thu, 18 Jul 2024 15:31:25 +0000 https://republika.mk/?p=798162

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска во своето обраќање на Самитот на европската политичка заедница, кој се одржа во Лондон, се осврна на енергетиката за која рече дека денес таа е важно прашање во светот во услови на руска агресија на Украина, соопшти владината прес-служба.

-Да се зборува за енергетика во политиката е една работа, а кога се зборува за реализација на енергетски проекти од технички аспект е сосема друга. Да нагласам дека реализацијата на енергетските проекти бара време, не може само да замислиш и веднаш истото да се реализира. Мора да направиш план, да ја завршиш домашната работа и потоа да следи една декада до реализација, истакна Мицкоски.

Тој посочи дека е неопходна регионална соработка на овој план, „бидејќи сите земји од регионот и Европа треба да најдат алтернатива на рускиот гас и неговата злоупотреба за политичко влијание“.

-Мора да ги консолидираме нашите планови и да работиме заедно, затоа што без разлика дали сме членови на ЕУ или кандидати за членство, ние мора да работиме заедно, затоа што сите ние сме поврзани. Ние сме мала земја, ние не сме голем консумер на енергија, но сме значен дел затоа што сите транзитни договори низ Украина истекуваат до крајот на годината. Единственото решение ќе останат јужниот и турскиот поток што значи руски гас и Русија ќе го искористи тоа за политичко влијание. Затоа мора да најдеме начин како да го замениме рускиот гас со други извори, кажа премиерот Мицкоски.

The post Мицкоски: Транзитот на гас низ Македонија е во корист на Европа – работиме на изградба на интерконектори appeared first on Република.

]]>

Поголеми инвестиции за помали ценовни шокови: Сања Божиновска за приоритетите во енергетиката https://republika.mk/vesti/ekonomija/pogolemi-investitsii-za-pomali-tsenovni-shokovi-sana-bozhinovska-za-prioritetite-vo-energetikata/ Fri, 21 Jun 2024 17:20:17 +0000 https://republika.mk/?p=789616

Македонија да биде енергетски независна – ова е главната амбиција на идната министерка за енергетика, Сања Божиновска. Таа уверува дека во следните четири години фокусот ќе биде ставен врз инвестициите, а не како што вели, врз потрошувачката.

Божиновска има амбициозни планови и стратегии, но и исто толку предизвици. Идната министерка за енергетика, вели дека ќе се обиде да го постигне она во што ниедна претходна влада не успеа – енергетска независност на државата.

Нашата цел ќе биде, Македонија да не е увозно зависна од енергетика. Тоа значи, дека нашата држава сите знаеме дека е земја која има многу сончеви денови, имаме природни ресурси и тоа ќе мора да го искористиме максимално. И ќе се трдуиме да го намалиме првенствено увозот на електрична енергија. Сакаме да ги искористиме сите експерти во оваа област,знаеме дека постојат многу…и ќе правиме се’ да ги зајакнеме домашните капацитети, изјави за Алфа, идната министерка за енергетика, Сања Божиновска.

Божиновска доаѓа на чело на Министерството за енергетика, во време кога треба да се донесе нова цена на струјата. Таа уверува дека благодарение на предлог законското решение на мандатарот Христијан Мицкоски, цената на струјата ќе остане иста, но во одреден временски период, можно е и нејзино намалување.

Вчера претседателот Мицкоски, поднесе амандман во Собранието, со што може да се олесни процедурата, односно лиценцата што ја има ЕВН хоум да се продолжи за да нема дополнителни импликации по граѓаните.Ние можеме да ветиме дека веднаш ќе почнеме да работиме во зајакнување на капацитетите и следниот период пресметковен, може да направиме ревизија на работењето и ќе направиме се да нема никакви поскапувања.Ќе се трудиме и можеби да има некое намалување на цената, но затоа ни треба временски период да видиме на што ќе наидеме, вели Божиновска.

Божиновска најави детална ревизија во работата на ЕСМ и МЕПСО.Таа вели дека ќе се стават под лупа сите сомнителни договори кои биле направени во четири очи. Според неа, коруптивните зделки се главната пречка во енергетиката.

Одговорно тврдам дека ќе имаме транспарентно работење, односно тендери во четири очи веќе нема да постојат, сајтот кој ќе го има министерството ќе биде целосно транспарентен, граѓаните во секој момент ќе можат да знаат колку се произведува електрична енергија во Македонија, за која цена се набавува,колку се увезува и колку се извезува.Сите договри кои биле направени ќе ги провериме, и ќе видиме што се работело досега, изјави идната министерка за енергетика Сања Божиновска.

Македонија за првпат добива посебно Министерство за енергетика рударство и минерални суровини, нешто што експертите долго време го бараа.

Сања Божиновска е експерт за енергетика и претходно има работено како консултант во Прага. Образована е на претстижни европски универзитети, а по две и пол децении со стекнатo европско искуство подготвена е да ги имплементира искуството и знаењето во енергетскиот сектор.

The post Поголеми инвестиции за помали ценовни шокови: Сања Божиновска за приоритетите во енергетиката appeared first on Република.

]]>

Македонија да биде енергетски независна – ова е главната амбиција на идната министерка за енергетика, Сања Божиновска. Таа уверува дека во следните четири години фокусот ќе биде ставен врз инвестициите, а не како што вели, врз потрошувачката. Божиновска има амбициозни планови и стратегии, но и исто толку предизвици. Идната министерка за енергетика, вели дека ќе се обиде да го постигне она во што ниедна претходна влада не успеа – енергетска независност на државата.
Нашата цел ќе биде, Македонија да не е увозно зависна од енергетика. Тоа значи, дека нашата држава сите знаеме дека е земја која има многу сончеви денови, имаме природни ресурси и тоа ќе мора да го искористиме максимално. И ќе се трдуиме да го намалиме првенствено увозот на електрична енергија. Сакаме да ги искористиме сите експерти во оваа област,знаеме дека постојат многу…и ќе правиме се’ да ги зајакнеме домашните капацитети, изјави за Алфа, идната министерка за енергетика, Сања Божиновска.
Божиновска доаѓа на чело на Министерството за енергетика, во време кога треба да се донесе нова цена на струјата. Таа уверува дека благодарение на предлог законското решение на мандатарот Христијан Мицкоски, цената на струјата ќе остане иста, но во одреден временски период, можно е и нејзино намалување.
Вчера претседателот Мицкоски, поднесе амандман во Собранието, со што може да се олесни процедурата, односно лиценцата што ја има ЕВН хоум да се продолжи за да нема дополнителни импликации по граѓаните.Ние можеме да ветиме дека веднаш ќе почнеме да работиме во зајакнување на капацитетите и следниот период пресметковен, може да направиме ревизија на работењето и ќе направиме се да нема никакви поскапувања.Ќе се трудиме и можеби да има некое намалување на цената, но затоа ни треба временски период да видиме на што ќе наидеме, вели Божиновска.
Божиновска најави детална ревизија во работата на ЕСМ и МЕПСО.Таа вели дека ќе се стават под лупа сите сомнителни договори кои биле направени во четири очи. Според неа, коруптивните зделки се главната пречка во енергетиката.
Одговорно тврдам дека ќе имаме транспарентно работење, односно тендери во четири очи веќе нема да постојат, сајтот кој ќе го има министерството ќе биде целосно транспарентен, граѓаните во секој момент ќе можат да знаат колку се произведува електрична енергија во Македонија, за која цена се набавува,колку се увезува и колку се извезува.Сите договри кои биле направени ќе ги провериме, и ќе видиме што се работело досега, изјави идната министерка за енергетика Сања Божиновска.
Македонија за првпат добива посебно Министерство за енергетика рударство и минерални суровини, нешто што експертите долго време го бараа. Сања Божиновска е експерт за енергетика и претходно има работено како консултант во Прага. Образована е на претстижни европски универзитети, а по две и пол децении со стекнатo европско искуство подготвена е да ги имплементира искуството и знаењето во енергетскиот сектор.  

The post Поголеми инвестиции за помали ценовни шокови: Сања Божиновска за приоритетите во енергетиката appeared first on Република.

]]>
Измените на Законот за енергетика ќе спречат поскапување на струјата за најголем дел од домаќинствата, ќе се работи на поевтинување по јануари https://republika.mk/vesti/ekonomija/izmenite-na-zakonot-za-energetika-ke-sprechat-poskapuvane-na-strujata-za-najgolem-del-od-domakinstvata-ke-se-raboti-na-poevtinuvane-po-januari/ Fri, 21 Jun 2024 11:47:06 +0000 https://republika.mk/?p=789540

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека при заминување на власта на СДСМ и ДУИ, се случува повторно ново поскапување на електричната енергија, со што директно се удира по стопанството и по буџетот на домаќинствата.

ВМРО-ДПМНЕ се грижи за стандардот на граѓаните и затоа поднесе Предлог закон за дополнување на законот за енергетика по скратена постапка, со кој ќе се спречи поскапувањето на цената на електричната енергија за најголем дел од домаќинствата сега на почетокот на јули.

Со оглед на тоа што универзалниот снабдувач од порано продолжува да ја врши истата услуга и во иднина, Регулаторна со измените треба само да му ја продолжи лиценцата, без да има дополнителни бирокартски процедури кои чинат пари и време и во исто време ќе се намали маржата од 11,5% на 9,9%. Овие промени но и оптимизацијата во работата на универзалниот снабдувач би ги заштитило граѓаните од поскапувања и со тоа дополнително загрозување на стандардот на граѓаните.

Овие мерки кои сега ги предлага ВМРО-ДПМНЕ, пред формирањето на владата се во насока на заштита на интересите на граѓаните. По формирањето на владата ќе следи силна и посветена работа во областа на енергетиката, што би требало да резултира со намалување на цената на електричната енергија во следниот регулационен период од јануари 2025, како за домаќинството така и за стопанството, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Измените на Законот за енергетика ќе спречат поскапување на струјата за најголем дел од домаќинствата, ќе се работи на поевтинување по јануари appeared first on Република.

]]>

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека при заминување на власта на СДСМ и ДУИ, се случува повторно ново поскапување на електричната енергија, со што директно се удира по стопанството и по буџетот на домаќинствата.
ВМРО-ДПМНЕ се грижи за стандардот на граѓаните и затоа поднесе Предлог закон за дополнување на законот за енергетика по скратена постапка, со кој ќе се спречи поскапувањето на цената на електричната енергија за најголем дел од домаќинствата сега на почетокот на јули.   Со оглед на тоа што универзалниот снабдувач од порано продолжува да ја врши истата услуга и во иднина, Регулаторна со измените треба само да му ја продолжи лиценцата, без да има дополнителни бирокартски процедури кои чинат пари и време и во исто време ќе се намали маржата од 11,5% на 9,9%. Овие промени но и оптимизацијата во работата на универзалниот снабдувач би ги заштитило граѓаните од поскапувања и со тоа дополнително загрозување на стандардот на граѓаните.   Овие мерки кои сега ги предлага ВМРО-ДПМНЕ, пред формирањето на владата се во насока на заштита на интересите на граѓаните. По формирањето на владата ќе следи силна и посветена работа во областа на енергетиката, што би требало да резултира со намалување на цената на електричната енергија во следниот регулационен период од јануари 2025, како за домаќинството така и за стопанството, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Измените на Законот за енергетика ќе спречат поскапување на струјата за најголем дел од домаќинствата, ќе се работи на поевтинување по јануари appeared first on Република.

]]>
Меѓу првите странски директни инвестиции на новата влада ќе е инвестиција во енергетиката https://republika.mk/vesti/ekonomija/megu-prvite-stranski-direktni-investitsii-na-novata-vlada-ke-e-investitsija-vo-energetikata/ Tue, 11 Jun 2024 10:16:10 +0000 https://republika.mk/?p=786515

Кога се работи за енергетската транзиција треба да имаме предвид дека е сложена и доста скапа таа транзиција. Секогаш кога се исклучува реалноста тогаш правиме грешки, за жал која е реалноста всушност нашата земја е сиромашна земја и вистинското прашање е тука дали Македонија може да си дозволи ваква енергетска транзиција за толку краток период без да добие поддршка од надвор? Дали ние имаме човечки капацитет за една таква транзиција и дали нашиот систем може да си дозволи една ваква транзиција? Кога зборувам за социјалното влијание од енергетската транзиција зборувам за иднината на луѓето кои се веќе ангажирани во нашите производствени капацитети кои користат јаглен, произведуваат електрична енергија. Не треба тука да се занемари фактот дека повеќе од 4,000 семејства зависат моментално од производството на електрична енергија од термо електраните, термо електраната во Битола и Осломеј - истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар на новата влада, Христијан Мицкоски на денешното обраќање на македонско енергетскиот форум.

Мицкоски продолжи и додаде:

Лесно се зборува за таа транзиција, но не е толку лесно да се зборува за човечките животи, бидејќи ако се затворат тие производствени капацитети, прво ќе го изгубиме примарното производство што е многу важно за нашиот систем и ќе се соочиме со огромен предизвик енергетска криза како што беше пред неколку години бидејќи без примарно производство побарувачката ќе расте а со обновливите извори, јас сум инженер и не сум убеден дека за 365 дена дека може да имаме стабилно снабдување со електрична енергија од обновливи извори. Тука не зборувам само за домаќинствата туку и за економијата бидејќи побарувачката на стопанството на економијата е важно бидејќи треба да имаме стабилно и одржливо снабдување со електрична енергија ако сакаме да расте таа економија, во спротивно би оделе наназад и би се соочиле со одлив на мозоци како што се случува сега 8 од 10 мои студенти си одат надвор бидејќи тука не гледаат никаква перспектива и ова е огромен предизвик за нас како влада да реализираме нешто материјално и опипливо инаку би оделе во спротивна насока и наназад и за жал нема да има надеж - вели Мицкоски.

Мицкоски посочи дека со добар план и добар надзор во енергетските капацитети ќе може да се заврши оваа процедура.

Како електро енергетски сектор не сме подготвени, но со добар план со добар надзор електро енергетските капацитети ќе можат да се заврши оваа процедура успешно, но за тоа ќе треба време. Во енергетиката брзи резултати не се возможни бидејќи тоа би било чудо, но ние не правиме чуда, никој во светот не прави чуда затоа треба да ја имаме реалноста во предвид и треба да работиме врз основа на прецизни планови со конкретни одредници - истакна Мицкоски.

Мицкоски укажа на тоа дека производството на електрична енергија од обновливи извори треба да е во фокусот.

Производството на електрична енергија од обновливи извори треба да е во нашиот фокус, но чекор по чекор да се одвива тоа, бидејќи брзи резултати не се возможни. За тоа е потребно време и тоа треба да го имаме предвид инаку нема да успееме - рече Мицкоски.

Мицкоски ексклузивно најави прва странска директна инвестиција која ќе е во делот на енергетиката.

Очекуваме први странски директни инвестиции во земјата со новата влада тоа ќе е објавено и со фокус на секторот енергетика со фокус на инсталирање на нова ветерна фарма што ќе биде во источниот дел од земјата помеѓу Карбинци, Штип и Радовиш, три општини на истокот и ќе биде голема инвестиција колку што сум информиран и со податоците со кои располагам во моментов се предвидува производство на електрична енергија приближно еден терават час што е еден милион мегават часови што е приближно 20% од целокупното производство на електрична енергија во земјава и ова би било прва директна странска инвестиција која ќе ја објави новата влада во Македонија - истакна Мицкоски.

Мицкоски продолжи и укажа дека без владеење на правото нема развој.

Без владеењето на правото нема развој. Тоа е првиот столб, ако се избегнува владеењето на правото развојот на земјата не би бил возможен така што двојни стандарди не се возможни - заклучи Мицкоски.

The post Меѓу првите странски директни инвестиции на новата влада ќе е инвестиција во енергетиката appeared first on Република.

Мицкоски: Можеби сме мали, меѓутоа сме важни кога станува збор за припојувањето со соседните земји и пазари https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-mozhebi-sme-mali-megutoa-sme-vazhni-koga-stanuva-zbor-za-pripojuvaneto-so-sosednite-zemji-i-pazari/ Tue, 11 Jun 2024 10:04:16 +0000 https://republika.mk/?p=786505

Денес на 7. Македонски енергетски форум (МЕФ), мандатарот Христијан Мицкоски порача „можеби сме мали, но сме многу важни во овој дел од светот не само од аспект на струјата и прекуграничните трансакции. Треба да се земе предвид реалноста и да не се потцени овој мал, кревок пазар“.

Мицкоски вели дека енергетската ефикасност ќе биде приоритет на идната влада, но и дека завршувањето на грчко-македонскиот гасовод нема да ја комплетира сликата без дополнителни интерконектори кон централна и централно-источна Европа.

Според Мицкоски, паралелно со енергетската транзиција, земјава ќе мора да ги имаме предвид и социјалните аспекти, а ќе мора да се грижи и за загревањето, зашто и загадувањето треба да биде меѓу клучните приоритети.

Можеби сме мали, меѓутоа сме важни кога станува збор за припојувањето со соседните земји и пазари, па често велам дека многу важен дел сме во однос на енергетската мрежа во овој дел во светот. Нашиот најголем приоритет во иднина ќе биде да ги балансираме енергетското тргување, од една страна, зашто тековно сме земја која увезува и да креираме одржливи решенија, од друга страна, да го реорганизираме нашиот пазар на електрична енергија па наместо да увезуваме, да извезуваме струија. Тоа ќе го избалансира нашето портфолио и ќе придонесе за раст на домашниот производ и за поддршка на економијата - рече Мицкоски.

Пред него се обрати американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер, со порака дека енергетската сигурност и зелената енергија се двата приоритета кои треба да ги надминат партиските политики. Таа оцени и дека земјава треба да го заврши грчко-македонскиот гасовод кој ќе ги елиминира, како што рече, зависноста од Русија и заканите на одредени прекини во снабдувањето.

Со интерконекторот Македонија ќе може да гради централи со погон на гас и да ја олесни транзицијата од јаглен кон други извори, потенцира Агелер, потсетувајќи дека земјава ја има поддршката од САД за спроведување на зелената транзиција.

Учесниците на Форумот ќе ги отворат прашањата за воспоставување енергетска сигурност и безбедност во регионот, за трансформација на енергетската инфраструктура, за еколошка одржливост, за примената на технологијата и иновациите, како и за финансирањето на реформите кон зелена транзиција.

The post Мицкоски: Можеби сме мали, меѓутоа сме важни кога станува збор за припојувањето со соседните земји и пазари appeared first on Република.

]]>

Денес на 7. Македонски енергетски форум (МЕФ), мандатарот Христијан Мицкоски порача „можеби сме мали, но сме многу важни во овој дел од светот не само од аспект на струјата и прекуграничните трансакции. Треба да се земе предвид реалноста и да не се потцени овој мал, кревок пазар“. Мицкоски вели дека енергетската ефикасност ќе биде приоритет на идната влада, но и дека завршувањето на грчко-македонскиот гасовод нема да ја комплетира сликата без дополнителни интерконектори кон централна и централно-источна Европа. Според Мицкоски, паралелно со енергетската транзиција, земјава ќе мора да ги имаме предвид и социјалните аспекти, а ќе мора да се грижи и за загревањето, зашто и загадувањето треба да биде меѓу клучните приоритети.
Можеби сме мали, меѓутоа сме важни кога станува збор за припојувањето со соседните земји и пазари, па често велам дека многу важен дел сме во однос на енергетската мрежа во овој дел во светот. Нашиот најголем приоритет во иднина ќе биде да ги балансираме енергетското тргување, од една страна, зашто тековно сме земја која увезува и да креираме одржливи решенија, од друга страна, да го реорганизираме нашиот пазар на електрична енергија па наместо да увезуваме, да извезуваме струија. Тоа ќе го избалансира нашето портфолио и ќе придонесе за раст на домашниот производ и за поддршка на економијата - рече Мицкоски.
Пред него се обрати американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер, со порака дека енергетската сигурност и зелената енергија се двата приоритета кои треба да ги надминат партиските политики. Таа оцени и дека земјава треба да го заврши грчко-македонскиот гасовод кој ќе ги елиминира, како што рече, зависноста од Русија и заканите на одредени прекини во снабдувањето. Со интерконекторот Македонија ќе може да гради централи со погон на гас и да ја олесни транзицијата од јаглен кон други извори, потенцира Агелер, потсетувајќи дека земјава ја има поддршката од САД за спроведување на зелената транзиција. Учесниците на Форумот ќе ги отворат прашањата за воспоставување енергетска сигурност и безбедност во регионот, за трансформација на енергетската инфраструктура, за еколошка одржливост, за примената на технологијата и иновациите, како и за финансирањето на реформите кон зелена транзиција.

The post Мицкоски: Можеби сме мали, меѓутоа сме важни кога станува збор за припојувањето со соседните земји и пазари appeared first on Република.

]]>
Поврзувањето на регионот преку Берлинскиот процес е основа за креирањето на вистинските енергетски политики https://republika.mk/vesti/ekonomija/povrzuvaneto-na-regionot-preku-berlinskiot-protses-e-osnova-za-kreiraneto-na-vistinskite-energetski-politiki/ Tue, 11 Jun 2024 07:40:34 +0000 https://republika.mk/?p=786446

Првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања вечерва учествуваше на отворањето на Македонскиот енергетски форум  МЕФ 2024 кој оваа година се оддржува по 7ми пат.

Вечерашната воведна сесија на форумот со наслов ,,Декодирање на деценијата" беше посветена на значењето на Берлинскиот процес во однос на регионалната соработка , енергетската криза и транзицијата кон обновливи енергии.

Во своето обраќање Вицепремиерот Маричиќ се осврна на важноста на Берлинскиот процес со што значително се зголемила соработката на државите од Западен Балкан и регионот.

10-годишнината од Берлинскиот процес треба да ни даде поттик да вложиме повеќе труд и да работиме подобро во следните години, до постигнување на конечната цел за членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ, особено во овој геополитички моментум.

Маричиќ во своето обраќање ја нагласи важноста за поврзувањето на регионот во соработка со Европската Унија и креирањето на енергетските политики и развој на инфраструктурата со цел развој на државата и регионот.

Маричиќ во продолжение ја истакна важноста на Планот за раст и мерките кои се превземаат со Планот за раст, каде што голем дел од реформите се насочени кон решавање на предизвиците со енергијата на регионот на Западен Балкан.

За прв пат имаме точно определени мерки, поврзани со финансиски механизам за поддршка од Европската Унија кои ќе придонесат за развој на државата и решавање на предизвиците со енергијата, таа можност треба да се искористи со што ќе се создаде стратегија за развој на енергијата.

За крај Маричиќ истакна дека инфраструктурните проекти се поврзани со енергетски проекти, посочувајќи ја важноста на инвестициите потребни на институциите во процесот на реформи.

Помошта за време на енергетската криза од Европската Унија беше незаменлива. Соработката на регионот преку Берлинскиот процес во решавање на предизвиците со енергијата кои се фокус на регионот и Европа е клучна за стабилност и просперитет на државата.

На Македонскиот енергетски форум МЕФ 2024 во организација на невладината организација ЗИП институт во соработка со Делегацијата на Европската Унија во државата учество земаа германската амбасадорка Петра Дрекслер и сите релевантни учесници на  Берлинскиот процес за соработка на регионот.

The post Поврзувањето на регионот преку Берлинскиот процес е основа за креирањето на вистинските енергетски политики appeared first on Република.

]]>

Првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања вечерва учествуваше на отворањето на Македонскиот енергетски форум  МЕФ 2024 кој оваа година се оддржува по 7ми пат. Вечерашната воведна сесија на форумот со наслов ,,Декодирање на деценијата" беше посветена на значењето на Берлинскиот процес во однос на регионалната соработка , енергетската криза и транзицијата кон обновливи енергии. Во своето обраќање Вицепремиерот Маричиќ се осврна на важноста на Берлинскиот процес со што значително се зголемила соработката на државите од Западен Балкан и регионот.
10-годишнината од Берлинскиот процес треба да ни даде поттик да вложиме повеќе труд и да работиме подобро во следните години, до постигнување на конечната цел за членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ, особено во овој геополитички моментум.
Маричиќ во своето обраќање ја нагласи важноста за поврзувањето на регионот во соработка со Европската Унија и креирањето на енергетските политики и развој на инфраструктурата со цел развој на државата и регионот. Маричиќ во продолжение ја истакна важноста на Планот за раст и мерките кои се превземаат со Планот за раст, каде што голем дел од реформите се насочени кон решавање на предизвиците со енергијата на регионот на Западен Балкан.
За прв пат имаме точно определени мерки, поврзани со финансиски механизам за поддршка од Европската Унија кои ќе придонесат за развој на државата и решавање на предизвиците со енергијата, таа можност треба да се искористи со што ќе се создаде стратегија за развој на енергијата.
За крај Маричиќ истакна дека инфраструктурните проекти се поврзани со енергетски проекти, посочувајќи ја важноста на инвестициите потребни на институциите во процесот на реформи.
Помошта за време на енергетската криза од Европската Унија беше незаменлива. Соработката на регионот преку Берлинскиот процес во решавање на предизвиците со енергијата кои се фокус на регионот и Европа е клучна за стабилност и просперитет на државата.
На Македонскиот енергетски форум МЕФ 2024 во организација на невладината организација ЗИП институт во соработка со Делегацијата на Европската Унија во државата учество земаа германската амбасадорка Петра Дрекслер и сите релевантни учесници на  Берлинскиот процес за соработка на регионот.

The post Поврзувањето на регионот преку Берлинскиот процес е основа за креирањето на вистинските енергетски политики appeared first on Република.

]]>
Oштетената енергетска инфраструктура на Украина чини милијарди https://republika.mk/vesti/svet/oshtetenata-energetska-struktura-na-ukraina-chini-milijardi/ Mon, 25 Mar 2024 21:24:51 +0000 https://republika.mk/?p=758707

Украинскиот министер за енергетика, Герман Галушченко денеска изјави дека санацијата на оштетената енергетска инфраструктура при минатонеделните руски напади најверојатно ќе чини милијарди.

- Што се однесува до трошоците за поправка, реалните бројки по процената на штетите ќе бидат поголеми, мислам дека тоа ќе биде во милијарди, Галушченко.

Повеќе од еден милион Украинци останаа без електрична енергија на 22 март, откако Русија го изврши еден од најголемите напади врз енергетската инфраструктура на земјата до сега.

Украинските воздухопловни сили објавија дека Русија лансирала 88 ракети и 63 беспилотни летала Шахед од иранско производство.

Иако, како што тврди Киев, од нив 37 биле соборени, била погодена најголемата брана на хидроцентрала во Украина, што предизвика прекин на електричната енергија во неколку региони

The post Oштетената енергетска инфраструктура на Украина чини милијарди appeared first on Република.

]]>

Украинскиот министер за енергетика, Герман Галушченко денеска изјави дека санацијата на оштетената енергетска инфраструктура при минатонеделните руски напади најверојатно ќе чини милијарди.
- Што се однесува до трошоците за поправка, реалните бројки по процената на штетите ќе бидат поголеми, мислам дека тоа ќе биде во милијарди, Галушченко.
Повеќе од еден милион Украинци останаа без електрична енергија на 22 март, откако Русија го изврши еден од најголемите напади врз енергетската инфраструктура на земјата до сега. Украинските воздухопловни сили објавија дека Русија лансирала 88 ракети и 63 беспилотни летала Шахед од иранско производство. Иако, како што тврди Киев, од нив 37 биле соборени, била погодена најголемата брана на хидроцентрала во Украина, што предизвика прекин на електричната енергија во неколку региони

The post Oштетената енергетска инфраструктура на Украина чини милијарди appeared first on Република.

]]>
За Македонија да биде енергетско независна земја: Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, ќе работи на нови проекти во енергетиката https://republika.mk/vesti/makedonija/za-makedonija-da-bide-energetsko-nezavisna-zemja-novata-vlada-na-vmro-dpmne-ke-raboti-na-novi-proekti-vo-energetikata/ Mon, 26 Feb 2024 07:46:26 +0000 https://republika.mk/?p=748300

Веднаш по формирањето на новата влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, главен акцент во работењето ќе биде, спроведување на проекти во енергетиката, преку кои, Македонија ќе стане независно енергетска земја, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ

Посебно внимание ќе се обрне на дистрибутивниот систем за природен гас и тоа со правилна стратегија, со паролата „Гас до секое домаќинство во Македонија“ се со цел секој граѓанин да му биде овозможен пристап до природен гас.

По преземањето на власта ќе се посвети внимание на гасификација, како изградба на интерконекторите за природен гас, со соседните земји, потоа изградба на примарната инфраструктура, со цел да можеме без проблем да се поврзат двете когенеративни постројки, но истовремено и на примарна преносна мрежа за гас и за другите градови, со цел во иднина и таму да се направат постројки за топлинска и електрична енергија

Интензивно ќе се започне со градба на топлификациони мрежи за почеток, Битола и Скопје, односно Скопје има но не во цел град и затоа ќе се продолжи. Најважното што го интересира секое домаќинство, тоа е електричната енергија, бомбардирани сме од фотоволтаици и ветерни електрани, кои ги градат приватни тајкуни од кастата на СДС и ДУИ, земјата ни е одземена, а од таа енергија нема ни трага ни глас, се продава по белиот свет.

Проектот за изградба на централата Чебрен, ќе биде предмет на една сериозна, научна физибилити студија која треба да е дело на македонските универзитети, експерти и стручњаци, МАНУ и македонските компании.

На Македонија од стратешка природа и е потребен уште еден голем резервоар на вода. Тоа е проект кој треба да се гледа долгорочно и тоа е проект за иднината, не само за Македонија како држава, туку и за иднината на идните генерации, кои се неродени, тој проект нема само енергетско значење, туку може да има социоекономско и да има огромно значење во земјоделието, бидејќи системот кој понатаму каскадно ќе следи, практично служи за наводнување на десетици илјади хектари земјоделска површина.

Катастрофалната состојба во енергетиката, во Македонија, која ја оставија ДУИ и СДС, ќе биде исправена, со многубројни значајни проекти, преку кои бенефит ќе имаат како граѓаните така и државата.

Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме, нагласуваат од ВМРО ДПМНЕ.

The post За Македонија да биде енергетско независна земја: Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, ќе работи на нови проекти во енергетиката appeared first on Република.

]]>

Веднаш по формирањето на новата влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, главен акцент во работењето ќе биде, спроведување на проекти во енергетиката, преку кои, Македонија ќе стане независно енергетска земја, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ Посебно внимание ќе се обрне на дистрибутивниот систем за природен гас и тоа со правилна стратегија, со паролата „Гас до секое домаќинство во Македонија“ се со цел секој граѓанин да му биде овозможен пристап до природен гас. По преземањето на власта ќе се посвети внимание на гасификација, како изградба на интерконекторите за природен гас, со соседните земји, потоа изградба на примарната инфраструктура, со цел да можеме без проблем да се поврзат двете когенеративни постројки, но истовремено и на примарна преносна мрежа за гас и за другите градови, со цел во иднина и таму да се направат постројки за топлинска и електрична енергија Интензивно ќе се започне со градба на топлификациони мрежи за почеток, Битола и Скопје, односно Скопје има но не во цел град и затоа ќе се продолжи. Најважното што го интересира секое домаќинство, тоа е електричната енергија, бомбардирани сме од фотоволтаици и ветерни електрани, кои ги градат приватни тајкуни од кастата на СДС и ДУИ, земјата ни е одземена, а од таа енергија нема ни трага ни глас, се продава по белиот свет. Проектот за изградба на централата Чебрен, ќе биде предмет на една сериозна, научна физибилити студија која треба да е дело на македонските универзитети, експерти и стручњаци, МАНУ и македонските компании. На Македонија од стратешка природа и е потребен уште еден голем резервоар на вода. Тоа е проект кој треба да се гледа долгорочно и тоа е проект за иднината, не само за Македонија како држава, туку и за иднината на идните генерации, кои се неродени, тој проект нема само енергетско значење, туку може да има социоекономско и да има огромно значење во земјоделието, бидејќи системот кој понатаму каскадно ќе следи, практично служи за наводнување на десетици илјади хектари земјоделска површина. Катастрофалната состојба во енергетиката, во Македонија, која ја оставија ДУИ и СДС, ќе биде исправена, со многубројни значајни проекти, преку кои бенефит ќе имаат како граѓаните така и државата. Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме, нагласуваат од ВМРО ДПМНЕ.

The post За Македонија да биде енергетско независна земја: Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, ќе работи на нови проекти во енергетиката appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Енергетиката е геостратегиско прашање https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-energetikata-e-geostrategisko-prashane/ Sun, 25 Feb 2024 14:30:14 +0000 https://republika.mk/?p=748146

Енергетиката е геостратегиско прашање. РЕК Битола нема да се затвори, имаме план за нејзина модернизација, а сериозно ќе се позанимаваме и со проектот „Чебрен“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на јавната дебата „Концепт за инвестиции во енергетиката“ што денеска се одржа во Битола.

Според Мицкоски, термоелектраните Битола, односно РЕК Битола вклучувајќи го и рудникот како дел од неа, се значајни, но, како што рече, откако дошла Владата на СДСМ и ДУИ се помалку се ископува јаглен од рудникот, а се увезува јаглен со сомнителен квалитет.

- Тоа е набавка на увозен јаглен за една година од близу 100 милиони евра или попрецизно 5 милијарди и 950 милиони денари и таа сума треба да ја добијат неколку фирми кои ни се познати за увоз на јаглен со сомнителен квалитет, а од информациите кои се добиваат е полн со сулфур и тој сулфур ќе ги труе Битола и битолчани и граѓаните од регионот како општините Новаци и Могила. Покрај овој голем тендер има уште еден рекорден епски, кој трае 18 месеци и тоа е од околу 2 милијарди и 400 милиони денари односно околу 40 милиони евра плус ДДВ што значи околу 46-47 милиони евра кои ги доби позната компанија, а ние како партија имавме многу прес конференции за овој епски криминал. Веќе има 150 милиони евра тендери кои треба да бидат завршени пред изборите за кои постои сомнение дека се исплаќаат авансни провизии во вредност од 20 проценти и постои основано сомнение дека првите 10 проценти ќе се исплатат сега, а вторите во мај-јуни кога оваа влада на СДСМ и ДУИ ќе замине, рече Мицкоски.

И порача на надлежните да ги откажат овие набавки и во следните три ипол месеци пристојно да го водат РЕК Битола.

Посочи дека РЕК Битола нема да се затвори и дека имаат план за нејзина модернизација, односно имаат начин како да продолжи да работи се додека има ресурс за производство на електрична енергија, но исто така посочи и како ќе се пристапи кон проектот Чебрен.

- Убеден сум дека уште еден таков резервоар за вода на Македонија како држава ќе и биде многу важен и затоа кон овој проект треба да гледаме можеби за еден век од денес. Тоа е проект за иднината не само за Македонија како држава, туку и за иднината на идните генерации кои се неродени, бидејќи тој проект нема само енергетско значење, туку може да има социоекономско и да има огромно значење во земјоделието бидејќи системот кој понатаму каскадно ќе следи практично служи за наводнување на десетици илјади хектари земјоделска површина. Така што овој проект е мултифункционален и треба така и да се гледа, но за да дојдеме до сериозна и сигурна реализација на овој проект, ни треба сериозна анализа, рече Мицкоски.

На јавната дебата во Битола се обратија и професорот Константин Димитров, кој посочи дека итно е потребна изградба на две когеративни постројки на природен гас во Комбинатот. Претседателката на партиската комисија за енергетика Елена Маркова Велинова најави проширување на топлификациската мрежа во Скопје и сериозен пристап кон топлификацијата на Битола, а Сања Божиновска, членка на ИК на ВМРО ДПМНЕ, најави основање на Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.

Потпретседателката на ВМРО ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска најави преиспитување на, како што рече, криминалните тендери.

The post Мицкоски: Енергетиката е геостратегиско прашање appeared first on Република.

]]>

Енергетиката е геостратегиско прашање. РЕК Битола нема да се затвори, имаме план за нејзина модернизација, а сериозно ќе се позанимаваме и со проектот „Чебрен“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на јавната дебата „Концепт за инвестиции во енергетиката“ што денеска се одржа во Битола. Според Мицкоски, термоелектраните Битола, односно РЕК Битола вклучувајќи го и рудникот како дел од неа, се значајни, но, како што рече, откако дошла Владата на СДСМ и ДУИ се помалку се ископува јаглен од рудникот, а се увезува јаглен со сомнителен квалитет. - Тоа е набавка на увозен јаглен за една година од близу 100 милиони евра или попрецизно 5 милијарди и 950 милиони денари и таа сума треба да ја добијат неколку фирми кои ни се познати за увоз на јаглен со сомнителен квалитет, а од информациите кои се добиваат е полн со сулфур и тој сулфур ќе ги труе Битола и битолчани и граѓаните од регионот како општините Новаци и Могила. Покрај овој голем тендер има уште еден рекорден епски, кој трае 18 месеци и тоа е од околу 2 милијарди и 400 милиони денари односно околу 40 милиони евра плус ДДВ што значи околу 46-47 милиони евра кои ги доби позната компанија, а ние како партија имавме многу прес конференции за овој епски криминал. Веќе има 150 милиони евра тендери кои треба да бидат завршени пред изборите за кои постои сомнение дека се исплаќаат авансни провизии во вредност од 20 проценти и постои основано сомнение дека првите 10 проценти ќе се исплатат сега, а вторите во мај-јуни кога оваа влада на СДСМ и ДУИ ќе замине, рече Мицкоски. И порача на надлежните да ги откажат овие набавки и во следните три ипол месеци пристојно да го водат РЕК Битола. Посочи дека РЕК Битола нема да се затвори и дека имаат план за нејзина модернизација, односно имаат начин како да продолжи да работи се додека има ресурс за производство на електрична енергија, но исто така посочи и како ќе се пристапи кон проектот Чебрен. - Убеден сум дека уште еден таков резервоар за вода на Македонија како држава ќе и биде многу важен и затоа кон овој проект треба да гледаме можеби за еден век од денес. Тоа е проект за иднината не само за Македонија како држава, туку и за иднината на идните генерации кои се неродени, бидејќи тој проект нема само енергетско значење, туку може да има социоекономско и да има огромно значење во земјоделието бидејќи системот кој понатаму каскадно ќе следи практично служи за наводнување на десетици илјади хектари земјоделска површина. Така што овој проект е мултифункционален и треба така и да се гледа, но за да дојдеме до сериозна и сигурна реализација на овој проект, ни треба сериозна анализа, рече Мицкоски. На јавната дебата во Битола се обратија и професорот Константин Димитров, кој посочи дека итно е потребна изградба на две когеративни постројки на природен гас во Комбинатот. Претседателката на партиската комисија за енергетика Елена Маркова Велинова најави проширување на топлификациската мрежа во Скопје и сериозен пристап кон топлификацијата на Битола, а Сања Божиновска, членка на ИК на ВМРО ДПМНЕ, најави основање на Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини. Потпретседателката на ВМРО ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска најави преиспитување на, како што рече, криминалните тендери.

The post Мицкоски: Енергетиката е геостратегиско прашање appeared first on Република.

]]>
Димитриеска Кочоска: Последниот тендер од 46 милиони евра за компанија Марковски е комплетна пљачка и фиктивен договор преку кој ќе се вршат исплати https://republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-posledniot-tender-od-46-milioni-evra-za-kompanija-markovski-e-kompletna-plachka-i-fiktiven-dogovor-preku-koj-ke-se-vrshat-isplati/ Sun, 25 Feb 2024 14:01:23 +0000 https://republika.mk/?p=748137

Како ВМРО-ДПМНЕ порачуваме дека имаме поразличен пристап од тоа што го имаат СДСМ и ДУИ, односно во исто време, секој проект го гледаме од различни аспекти, односно правиме длабински анализи и гледаме се што може позитивни да се искористи. Ова го кажувам навраќајќи се на последниот тендер на Марковски во износ од 46 милиони евра што е за 30% повисока од вообичаената, за што јас кажувам дека 46 милиони евра е комплетна пљачка, односно тоа е на некој начин фиктивен договор преку кој ќе се вршат исплати, вели потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска на денешната дебата во Битола „Енергетска платформа за иднина“ на тема „Концепт за инвестиции во енергетиката“.

Таа додаде дека ако се погледне тендерската документација, ќе се види дека со истите машини, истата компанија аплицирала на три тендери, што е невозможно тие машини во исто време да работат по три тендери, што значи дека нешто се случува таму, се врата празни камиони, се даваат фиктивни фактури, се врши исплати.

“За мене, криминалот не е ти 30 проценти, туку вкупниот износ на тој тендер, затоа што треба да ги гледаме работите малку подлабоко. Значи не само тој тендер, туку и уште еден друг од сите три е со истите машини на овие 46 милиони евра имаме плус уште дополнителен износ од друг тендер, кој што повторно функционира на истиот начин. Истата таа компанија доби уште еден тендер за префрлање на некаква опрема од Осломеј во Битола, покрај тоа што нема квалификации да го направи тоа. Сега ќе треба да размонтира нешто таму, ќе треба да го пренесе, и не е сега прашањето дали навистина толку вреди тоа размонтирање и тој пренос, туку ќе го направат нестручно, дополнително ќе ја оштетат и ние ќе имаме многу поголем проблем, после тоа, со целокупната таа опрема. Значи, покрај тоа што се краде, се прават штети кој што дополнително ќе прават трошоци и ќе го оптеретуваат претпријатието, вели Димитриеска Кочоска.

Во однос на квалитетот на јагленот кој што го увезуваат, Кочоска посочи дека ВМРО-ДПМНЕ како партија многупати зборуваше дека квалитетот на јагленот не е соодветен и дека не е добар за постројките и дека се случуваат проблеми, за што од власта негираат,

„Меѓутоа, има еден факт кој што е непобитен. Кока ќе ги погледнете финансиските извештаи на сегашно ЕСМ ќе видите дека приходите од наплата на штети, а тоа во суштина е активирањето на осигурувањето, е многу зголемено што јасно покажува дека компанијата има штети на својата опрема. Од каде доаѓаат тие штети? Токму од овој проблем. И сега доаѓаме до клучниот момент, ние не увезуваме јаглен, увезуваме земја“, рече Кочоска.

Може да замислите, додаде Димитриеска Кочоска, колку криминал има во тој дел имајќи во предвид колку чини јагленот, а колку земјата, затоа што ние реално не добиваме соодветен ресурс, за производство, туку добиваме земја која што е многу поевтина

https://www.youtube.com/watch?v=W7iWGECa01U

The post Димитриеска Кочоска: Последниот тендер од 46 милиони евра за компанија Марковски е комплетна пљачка и фиктивен договор преку кој ќе се вршат исплати appeared first on Република.

]]>

Како ВМРО-ДПМНЕ порачуваме дека имаме поразличен пристап од тоа што го имаат СДСМ и ДУИ, односно во исто време, секој проект го гледаме од различни аспекти, односно правиме длабински анализи и гледаме се што може позитивни да се искористи. Ова го кажувам навраќајќи се на последниот тендер на Марковски во износ од 46 милиони евра што е за 30% повисока од вообичаената, за што јас кажувам дека 46 милиони евра е комплетна пљачка, односно тоа е на некој начин фиктивен договор преку кој ќе се вршат исплати, вели потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска на денешната дебата во Битола „Енергетска платформа за иднина“ на тема „Концепт за инвестиции во енергетиката“. Таа додаде дека ако се погледне тендерската документација, ќе се види дека со истите машини, истата компанија аплицирала на три тендери, што е невозможно тие машини во исто време да работат по три тендери, што значи дека нешто се случува таму, се врата празни камиони, се даваат фиктивни фактури, се врши исплати. “За мене, криминалот не е ти 30 проценти, туку вкупниот износ на тој тендер, затоа што треба да ги гледаме работите малку подлабоко. Значи не само тој тендер, туку и уште еден друг од сите три е со истите машини на овие 46 милиони евра имаме плус уште дополнителен износ од друг тендер, кој што повторно функционира на истиот начин. Истата таа компанија доби уште еден тендер за префрлање на некаква опрема од Осломеј во Битола, покрај тоа што нема квалификации да го направи тоа. Сега ќе треба да размонтира нешто таму, ќе треба да го пренесе, и не е сега прашањето дали навистина толку вреди тоа размонтирање и тој пренос, туку ќе го направат нестручно, дополнително ќе ја оштетат и ние ќе имаме многу поголем проблем, после тоа, со целокупната таа опрема. Значи, покрај тоа што се краде, се прават штети кој што дополнително ќе прават трошоци и ќе го оптеретуваат претпријатието, вели Димитриеска Кочоска. Во однос на квалитетот на јагленот кој што го увезуваат, Кочоска посочи дека ВМРО-ДПМНЕ како партија многупати зборуваше дека квалитетот на јагленот не е соодветен и дека не е добар за постројките и дека се случуваат проблеми, за што од власта негираат, „Меѓутоа, има еден факт кој што е непобитен. Кока ќе ги погледнете финансиските извештаи на сегашно ЕСМ ќе видите дека приходите од наплата на штети, а тоа во суштина е активирањето на осигурувањето, е многу зголемено што јасно покажува дека компанијата има штети на својата опрема. Од каде доаѓаат тие штети? Токму од овој проблем. И сега доаѓаме до клучниот момент, ние не увезуваме јаглен, увезуваме земја“, рече Кочоска. Може да замислите, додаде Димитриеска Кочоска, колку криминал има во тој дел имајќи во предвид колку чини јагленот, а колку земјата, затоа што ние реално не добиваме соодветен ресурс, за производство, туку добиваме земја која што е многу поевтина https://www.youtube.com/watch?v=W7iWGECa01U

The post Димитриеска Кочоска: Последниот тендер од 46 милиони евра за компанија Марковски е комплетна пљачка и фиктивен договор преку кој ќе се вршат исплати appeared first on Република.

]]>
За да не се затовраат и други големи фирми, потребно е формирање на посебна институција за и стратегија за рударството и енергетиката https://republika.mk/vesti/ekonomija/za-da-ne-se-zatovraat-i-drugi-golemi-firmi-potrebno-e-formirane-na-posebna-institutsija-za-i-strategija-za-rudarstvoto-i-energetikata/ Mon, 27 Nov 2023 10:47:50 +0000 https://republika.mk/?p=716666

Немањето на стратегија за рударството и енергетиката како клучен сегмент за секоја држава, и погрешните политики во оваа област нанесоа голема штета како на државата воопшто, така и на граѓаните. Дополнително, како што низ годините коментираат експертите од оваа област, политиките кои ги води Владата за овој сегмент се дневни, без никаква визија. Ова води кон потребата за формирање на посебно министерството, посебна институција која ќе се занимава со оваа област.

Формирање на истото најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашниот настан „Важно е! Платформа за иднина“. Мицкоски укажа дека партијата има визија за тоа како да функционира овој сегмент во иднина, дополнително поради важноста на истиот рече дека партијата на маса ќе го стави и ова прашање со коалициските партнери. Според Мицкоски области како енергетика, рударство и минерални суровини не можат да бидат организирани на ниво на одделение или сектор во Министерството за економија.

Тие треба да бидат дел од посебно министерство. Ова ќе биде и услов за следно коалицирање, рече Мицкоски на вчерашниот настан.

СДСМ во изминатите две три години, години на енергетска криза како 2021 и 2022 година во јавноста излегуваше само со лаги. Во годините на енергетска криза се остана на ниво на лажни ветувања. На почетокот на минатата годината или во јануари 2022 година од СДСМ која ја предводи Владата велеа дека во услови на глобална енергетска криза Владата, институциите предводени од СДСМ преземаат мерки за справување со истата како и за заштита на стандардот на граѓаните и стопанството.

Инаку тоа беше период кога ширум светот растеше цената на електричната енергија и природниот гас, како за домаќинствата така и за стопанството. Колку за илустрација, најизразено е поскапувањето на цената на струјата во Турција која за домаќинствата е поскапена за 50 отсто, додека за компаниите и до 125 отсто. Во Италија цената на струјата за домаќинствата е поскапена за 55 отсто, додека цената на природниот гас се зголемува за 41 отсто.

Тогаш од СДСМ се фалеа дека со навремена интервенција Владата е успеано да се спречи енормен раст на цената на електричната енергија и оти истата поскапува за околу 10 проценти.

Но, која беше реалната слика во 2022 година во Македонија?

Вестите беа дека скапата струја го затвора големиот бизнис. Поради кризата загрозени беа скоро сите комбинати кои набавуваат струја на слободниот пазар. Компанијата Еуроникел Индустри, која управува со фабриката за преработка на никел во Кавадарци (ФЕНИ), во септември минатата година ги имаше угасено печките, а голем дел од вработените прати на принуден одмор кој траеше до 15 декември 2022 година. Во тој период поради високата цена на струјата од почетокот на септември минатата година и рудникот за бакар „Боров Дол“, поранешен Бучим од Радовиш, беше во застој каде исто така работниците се пратени на принуден одмор.

Кон крајот на септември 2022 година, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рече дека Владата во тој период „имала панична реакција како резултат на предлогот на опозициската партија за тоа како да се ублажат последиците од енергетската криза“. Планот кој го презентираше минатата година ВМРО-ДПМНЕ за обезбедување на дополнителни количини на електрична енергија и топлина за граѓаните и индустријата предвидуваше во функција да бидат сите капацитети без да има затворање на фирмите и праќање на вработените на принуден одмор.

The post За да не се затовраат и други големи фирми, потребно е формирање на посебна институција за и стратегија за рударството и енергетиката appeared first on Република.

]]>

Немањето на стратегија за рударството и енергетиката како клучен сегмент за секоја држава, и погрешните политики во оваа област нанесоа голема штета како на државата воопшто, така и на граѓаните. Дополнително, како што низ годините коментираат експертите од оваа област, политиките кои ги води Владата за овој сегмент се дневни, без никаква визија. Ова води кон потребата за формирање на посебно министерството, посебна институција која ќе се занимава со оваа област. Формирање на истото најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашниот настан „Важно е! Платформа за иднина“. Мицкоски укажа дека партијата има визија за тоа како да функционира овој сегмент во иднина, дополнително поради важноста на истиот рече дека партијата на маса ќе го стави и ова прашање со коалициските партнери. Според Мицкоски области како енергетика, рударство и минерални суровини не можат да бидат организирани на ниво на одделение или сектор во Министерството за економија.
Тие треба да бидат дел од посебно министерство. Ова ќе биде и услов за следно коалицирање, рече Мицкоски на вчерашниот настан.
СДСМ во изминатите две три години, години на енергетска криза како 2021 и 2022 година во јавноста излегуваше само со лаги. Во годините на енергетска криза се остана на ниво на лажни ветувања. На почетокот на минатата годината или во јануари 2022 година од СДСМ која ја предводи Владата велеа дека во услови на глобална енергетска криза Владата, институциите предводени од СДСМ преземаат мерки за справување со истата како и за заштита на стандардот на граѓаните и стопанството. Инаку тоа беше период кога ширум светот растеше цената на електричната енергија и природниот гас, како за домаќинствата така и за стопанството. Колку за илустрација, најизразено е поскапувањето на цената на струјата во Турција која за домаќинствата е поскапена за 50 отсто, додека за компаниите и до 125 отсто. Во Италија цената на струјата за домаќинствата е поскапена за 55 отсто, додека цената на природниот гас се зголемува за 41 отсто. Тогаш од СДСМ се фалеа дека со навремена интервенција Владата е успеано да се спречи енормен раст на цената на електричната енергија и оти истата поскапува за околу 10 проценти. Но, која беше реалната слика во 2022 година во Македонија? Вестите беа дека скапата струја го затвора големиот бизнис. Поради кризата загрозени беа скоро сите комбинати кои набавуваат струја на слободниот пазар. Компанијата Еуроникел Индустри, која управува со фабриката за преработка на никел во Кавадарци (ФЕНИ), во септември минатата година ги имаше угасено печките, а голем дел од вработените прати на принуден одмор кој траеше до 15 декември 2022 година. Во тој период поради високата цена на струјата од почетокот на септември минатата година и рудникот за бакар „Боров Дол“, поранешен Бучим од Радовиш, беше во застој каде исто така работниците се пратени на принуден одмор. Кон крајот на септември 2022 година, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рече дека Владата во тој период „имала панична реакција како резултат на предлогот на опозициската партија за тоа како да се ублажат последиците од енергетската криза“. Планот кој го презентираше минатата година ВМРО-ДПМНЕ за обезбедување на дополнителни количини на електрична енергија и топлина за граѓаните и индустријата предвидуваше во функција да бидат сите капацитети без да има затворање на фирмите и праќање на вработените на принуден одмор.

The post За да не се затовраат и други големи фирми, потребно е формирање на посебна институција за и стратегија за рударството и енергетиката appeared first on Република.

]]>
Мицкоски најави ново министерство за енергетика, рударство и минерални суровини во идната влада https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-najavi-novo-ministerstvo-za-energetika-rudarstvo-i-mineralni-surovini-vo-idnata-vlada/ Sun, 26 Nov 2023 18:16:10 +0000 https://republika.mk/?p=716439

Како ВМРО-ДПМНЕ имаме намера покрај политичките договори кои што би ги имале како идна влада со коалиционите партнери, сериозно на маса да ја ставиме идејата за реструктуирање на владините кабинети, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната на денешната дебата на тема „Економски принципи“ која е во рамки на настанот „Важно е! Платформа за иднина“ кој е дел од кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Мицкоски истакна дека енергетиката, рударството и минералните суровини не можат да бидат на ниво на одделение или сектор во министерството за економија, туку како што рече тој тие треба да бидат посебна институција и посебно министерство.

-Ценам дека енергетиката, рударството и минералните суровини не можат да бидат на ниво на одделение или сектор во министерството за економија. Ценам дека тие треба да бидат посебна институција и посебно министерство, смета тој.

Претседателот Мицкоски потенцираше дека услов за следно коалицирање е токму ова барање на ВМРО-ДПМНЕ да се интервенира во Законот за влада.

И тоа би било едно од условите тој кој што би сакал да прави влада со ВМРО-ДПМНЕ да интервенираме во законот за влада и да имаме министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, дециден е претседателот Мицкоски.

The post Мицкоски најави ново министерство за енергетика, рударство и минерални суровини во идната влада appeared first on Република.

]]>

Како ВМРО-ДПМНЕ имаме намера покрај политичките договори кои што би ги имале како идна влада со коалиционите партнери, сериозно на маса да ја ставиме идејата за реструктуирање на владините кабинети, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната на денешната дебата на тема „Економски принципи“ која е во рамки на настанот „Важно е! Платформа за иднина“ кој е дел од кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“. Мицкоски истакна дека енергетиката, рударството и минералните суровини не можат да бидат на ниво на одделение или сектор во министерството за економија, туку како што рече тој тие треба да бидат посебна институција и посебно министерство.
-Ценам дека енергетиката, рударството и минералните суровини не можат да бидат на ниво на одделение или сектор во министерството за економија. Ценам дека тие треба да бидат посебна институција и посебно министерство, смета тој.
Претседателот Мицкоски потенцираше дека услов за следно коалицирање е токму ова барање на ВМРО-ДПМНЕ да се интервенира во Законот за влада. И тоа би било едно од условите тој кој што би сакал да прави влада со ВМРО-ДПМНЕ да интервенираме во законот за влада и да имаме министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, дециден е претседателот Мицкоски.

The post Мицкоски најави ново министерство за енергетика, рударство и минерални суровини во идната влада appeared first on Република.

]]>
Нема област каде сме добри: ЕК нотира дека Македонија е умерено подготвена во делот на енергетиката https://republika.mk/vesti/ekonomija/nema-oblast-kaj-sme-dobri-ek-notira-deka-makedonija-e-umereno-podgotvena-vo-delot-na-energetikata/ Fri, 10 Nov 2023 08:06:03 +0000 https://republika.mk/?p=700109

Македонија е умерено подготвена во делот на енергетиката. Постигнат е одреден напредок во регионалните интерконекции за гас и во обновливата енергија, со инвестиции во соларни електрани, но сепак во целост не се имплементирани минатогодишните препораки, констатира Европската комисија (ЕК) во Извештајот за напредокот на земјава во 2023 година.

Од ЕК посочуваат дека енергетската криза покажала дека земјава треба да ја забрза транзиција кон зелена енергија и да ја намали зависноста од гас и јаглен.

За наредната година препорачуваат земјава да обезбеди кохерентна енергетска политика, да го подобри управувањето и институционалниот капацитет во енергетскиот сектор и да го подобри стратешкото инвестициско програмирање, како и да ја забрза транзицијата кон зелена енергија во согласност со Зелената агенда за Западен Балкан и националната енергетска стратегија. Водено препорачуваат да се ажурира и спроведе Националниот енергетски и климатски план-NECP, во согласност со климатските и енергетските цели на Енергетската заедница за 2030 година, да се усвои и спроведе законодавството за подобрување на енергетската ефикасност, да се заврши раздвојувањето (сертификацијата) на операторите на системи за пренос на гас и да се поттикне развојот на пазарот и регионалната пазарна интеграција.

Во делот на електричната енергија се потсетува дека е во тек изградбата на нов 400 киловолтен електропреносен интерконекторен вод со Албанија, дека е воспоставен пазар на електрична енергија ден однапред и дека се уште е во тек формирањето на пазарот во текот на денот. Учеството на обновливите извори на енергија во бруто потрошувачката на финална енергија за 2022 година, какао што се посочува, изнесува 18,8 отсто, а инвестиции во хидроенергијата треба да биде во согласност со релевантното законодавство за животната средина. За гасните интерконекции, се вели дека е финализирна почетната фаза на проектирање за изградба на интерконекторот со Грција и дека се изготвени физибилити студии за линија до Србија и Косово. Се нагласува дека залихите на нафта се доволни за најмалку 53 дена и дека цените на нафтените деривати на големо се целосно дерегулирани. Во делот на енергетската ефикасност се вели дека се формира структурата на фондот за енергетска ефикасност и дека општините се охрабруваат да преземат чекори за целосно почитување на нивните обврски за развој и спроведување на програми за енергетска ефикасност.

Потребата од кохерентна и координирана енергетска политика стана уште поочигледна со енергетските кризи. Владата треба да го зголеми својот административен капацитет за справување со енергетската политика, стратешкото планирање и инвестициите во енергетскиот сектор, се вели во извештајот од ЕК.

Се нагласува дека енергетските кризи ја покажаа зависноста на земјата од јаглен и потребата да се забрза транзицијата кон зелена енергија.

И термоелектраните Битола и Осломеј работеа на јаглен од ограничени домашни ресурси и увоз. Недостигот од достапност на јаглен за битолската термоелектрана се уште треба итно да се реши, со инвестирање во нови обновливи извори. Што се однесува до внатрешниот пазар на енергија, националното рамковно законодавство е во согласност со третиот енергетски пакет на ЕУ за гас и електрична енергија, а пазарите на електрична енергија и гас во земјата се отворени за конкуренција. Сепак, се чека транспонирањето и имплементацијата на новоусвоениот пакет за интеграција на електрична енергија. Операторите на мрежата за пренос и дистрибуција на електрична енергија се раздвоени, во согласност со правото на ЕУ. Операторот на системот за пренос на гас сè уште не е сертифициран како што налага третиот енергетски пакет, се вели во извештајот од ЕК.

Се потсетува дека се усвоени измените на Законот за енергетика, со кои се транспонира Регулативата за интегритет и транспарентност на пазарот на енергија на големо (REMIT) и регулативите TEN-E.

Треба да се промовира оптимизирање на услугите за балансирање и инвестиции во пренос на енергија и складирање енергија за да се подобри интеграцијата на обновливите извори на енергија во мрежата. Неопходна е надградба на мрежниот систем. Ограничувањето на капацитетот по тип на технологија за обновлива енергија треба да се отстрани за да се овозможи постигнување на целите за обновлива енергија до 2025 година. Електронски систем за издавање, пренесување и откажување гаранции за потекло не е воспоставен. Производителите на електрична енергија се поддржани со правилникот за обновливи извори на енергија, а имплементацијата треба да се подобри. Процедурите за поставување фотоволтаици на згради се комплицирани и пречка за нови инвестиции. Владата усвои патоказ за праведна транзиција и механизам за координација за управување и следење, во јуни 2023 година, се дел од констатациите во извештајот.

Транзицијата кон чиста енергија, се додава, треба да вклучи мерки за ублажување на негативните социјални и економски влијанија од планираното постепено укинување на електраните на јаглен.

Пристапот на трети лица до инфраструктурата за природен гас е во согласност со правото на ЕУ, но транспарентноста треба да се подобри. Работите за изградба на гасоводот меѓу Скопје, Тетово и Гостивар напредуваат. Тендерската постапка за доделување на јавно приватно партнерство за систем за дистрибуција на гас е во тек, се посочува во извештајот во делот за гас.

Се нагласува дека Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) е функционална и дека продолжила да демонстрира регулаторна независност.

Комисијата за заштита на конкуренцијата спроведе истрага за продажба на електрична енергија на универзалниот снабдувач. Државниот завод за ревизија изврши повеќе ревизии во врска со енергетските кризи и операторите. Операторот на електропреносниот систем МЕПСО мора да се осврне на наодите од ревизорските извештаи за 2016 и 2023 година и да го подобри своето работење, се вели во извештајот.

Се препорачува Законот за минерални суровини да се усогласи со Директивата за лиценцирање на јаглеводороди.

Законот за енергетска ефикасност е усогласен со Директивата за енергетска ефикасност и Директивата за

енергетски карактеристики на зградите. По последните измени на Директивата за енергетска ефикасност, во тек е ажурирањето на Законот за енергетска ефикасност. Имплементацијата на сегашното законодавство не е подобрена. Барањата за сертификација за енергетски карактеристики за згради не се применуваат според законската регулатива, се истакнува во извештајот.

Се потсетува дека земјава ги има ратификувано релевантните меѓународни конвенции за нуклеарна енергија, нуклеарна безбедност и радијациска заштита и е полноправна членка на системот за итна размена на радиолошки информации на Европската заедница (ECURIE).

Сепак се вели дека земјава се уште нема поставено долгорочно и безбедно складирање на радиоактивен отпад и дека треба да се зајакне капацитетот на Дирекцијата за радијациона сигурност.

Во извештајот се констатира дека усвојувањето на законодавството за имплементација останува предизвик поради ограничениот човечки и технички капацитет во Секторот за енергетика на Министерството за економија и Агенцијата за енергетска ефикасност.

Енергетската политика на ЕУ го опфаќа снабдувањето со енергија, инфраструктурата, внатрешниот пазар на енергија, потрошувачите, обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност, нуклеарната енергија и нуклеарната безбедност, заштитата од радијација и нуклеарните заштитни мерки.

The post Нема област каде сме добри: ЕК нотира дека Македонија е умерено подготвена во делот на енергетиката appeared first on Република.

]]>

Македонија е умерено подготвена во делот на енергетиката. Постигнат е одреден напредок во регионалните интерконекции за гас и во обновливата енергија, со инвестиции во соларни електрани, но сепак во целост не се имплементирани минатогодишните препораки, констатира Европската комисија (ЕК) во Извештајот за напредокот на земјава во 2023 година. Од ЕК посочуваат дека енергетската криза покажала дека земјава треба да ја забрза транзиција кон зелена енергија и да ја намали зависноста од гас и јаглен. За наредната година препорачуваат земјава да обезбеди кохерентна енергетска политика, да го подобри управувањето и институционалниот капацитет во енергетскиот сектор и да го подобри стратешкото инвестициско програмирање, како и да ја забрза транзицијата кон зелена енергија во согласност со Зелената агенда за Западен Балкан и националната енергетска стратегија. Водено препорачуваат да се ажурира и спроведе Националниот енергетски и климатски план-NECP, во согласност со климатските и енергетските цели на Енергетската заедница за 2030 година, да се усвои и спроведе законодавството за подобрување на енергетската ефикасност, да се заврши раздвојувањето (сертификацијата) на операторите на системи за пренос на гас и да се поттикне развојот на пазарот и регионалната пазарна интеграција. Во делот на електричната енергија се потсетува дека е во тек изградбата на нов 400 киловолтен електропреносен интерконекторен вод со Албанија, дека е воспоставен пазар на електрична енергија ден однапред и дека се уште е во тек формирањето на пазарот во текот на денот. Учеството на обновливите извори на енергија во бруто потрошувачката на финална енергија за 2022 година, какао што се посочува, изнесува 18,8 отсто, а инвестиции во хидроенергијата треба да биде во согласност со релевантното законодавство за животната средина. За гасните интерконекции, се вели дека е финализирна почетната фаза на проектирање за изградба на интерконекторот со Грција и дека се изготвени физибилити студии за линија до Србија и Косово. Се нагласува дека залихите на нафта се доволни за најмалку 53 дена и дека цените на нафтените деривати на големо се целосно дерегулирани. Во делот на енергетската ефикасност се вели дека се формира структурата на фондот за енергетска ефикасност и дека општините се охрабруваат да преземат чекори за целосно почитување на нивните обврски за развој и спроведување на програми за енергетска ефикасност. Потребата од кохерентна и координирана енергетска политика стана уште поочигледна со енергетските кризи. Владата треба да го зголеми својот административен капацитет за справување со енергетската политика, стратешкото планирање и инвестициите во енергетскиот сектор, се вели во извештајот од ЕК. Се нагласува дека енергетските кризи ја покажаа зависноста на земјата од јаглен и потребата да се забрза транзицијата кон зелена енергија.
И термоелектраните Битола и Осломеј работеа на јаглен од ограничени домашни ресурси и увоз. Недостигот од достапност на јаглен за битолската термоелектрана се уште треба итно да се реши, со инвестирање во нови обновливи извори. Што се однесува до внатрешниот пазар на енергија, националното рамковно законодавство е во согласност со третиот енергетски пакет на ЕУ за гас и електрична енергија, а пазарите на електрична енергија и гас во земјата се отворени за конкуренција. Сепак, се чека транспонирањето и имплементацијата на новоусвоениот пакет за интеграција на електрична енергија. Операторите на мрежата за пренос и дистрибуција на електрична енергија се раздвоени, во согласност со правото на ЕУ. Операторот на системот за пренос на гас сè уште не е сертифициран како што налага третиот енергетски пакет, се вели во извештајот од ЕК.
Се потсетува дека се усвоени измените на Законот за енергетика, со кои се транспонира Регулативата за интегритет и транспарентност на пазарот на енергија на големо (REMIT) и регулативите TEN-E.
Треба да се промовира оптимизирање на услугите за балансирање и инвестиции во пренос на енергија и складирање енергија за да се подобри интеграцијата на обновливите извори на енергија во мрежата. Неопходна е надградба на мрежниот систем. Ограничувањето на капацитетот по тип на технологија за обновлива енергија треба да се отстрани за да се овозможи постигнување на целите за обновлива енергија до 2025 година. Електронски систем за издавање, пренесување и откажување гаранции за потекло не е воспоставен. Производителите на електрична енергија се поддржани со правилникот за обновливи извори на енергија, а имплементацијата треба да се подобри. Процедурите за поставување фотоволтаици на згради се комплицирани и пречка за нови инвестиции. Владата усвои патоказ за праведна транзиција и механизам за координација за управување и следење, во јуни 2023 година, се дел од констатациите во извештајот.
Транзицијата кон чиста енергија, се додава, треба да вклучи мерки за ублажување на негативните социјални и економски влијанија од планираното постепено укинување на електраните на јаглен.
Пристапот на трети лица до инфраструктурата за природен гас е во согласност со правото на ЕУ, но транспарентноста треба да се подобри. Работите за изградба на гасоводот меѓу Скопје, Тетово и Гостивар напредуваат. Тендерската постапка за доделување на јавно приватно партнерство за систем за дистрибуција на гас е во тек, се посочува во извештајот во делот за гас.
Се нагласува дека Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) е функционална и дека продолжила да демонстрира регулаторна независност. Комисијата за заштита на конкуренцијата спроведе истрага за продажба на електрична енергија на универзалниот снабдувач. Државниот завод за ревизија изврши повеќе ревизии во врска со енергетските кризи и операторите. Операторот на електропреносниот систем МЕПСО мора да се осврне на наодите од ревизорските извештаи за 2016 и 2023 година и да го подобри своето работење, се вели во извештајот. Се препорачува Законот за минерални суровини да се усогласи со Директивата за лиценцирање на јаглеводороди. Законот за енергетска ефикасност е усогласен со Директивата за енергетска ефикасност и Директивата за енергетски карактеристики на зградите. По последните измени на Директивата за енергетска ефикасност, во тек е ажурирањето на Законот за енергетска ефикасност. Имплементацијата на сегашното законодавство не е подобрена. Барањата за сертификација за енергетски карактеристики за згради не се применуваат според законската регулатива, се истакнува во извештајот. Се потсетува дека земјава ги има ратификувано релевантните меѓународни конвенции за нуклеарна енергија, нуклеарна безбедност и радијациска заштита и е полноправна членка на системот за итна размена на радиолошки информации на Европската заедница (ECURIE). Сепак се вели дека земјава се уште нема поставено долгорочно и безбедно складирање на радиоактивен отпад и дека треба да се зајакне капацитетот на Дирекцијата за радијациона сигурност. Во извештајот се констатира дека усвојувањето на законодавството за имплементација останува предизвик поради ограничениот човечки и технички капацитет во Секторот за енергетика на Министерството за економија и Агенцијата за енергетска ефикасност. Енергетската политика на ЕУ го опфаќа снабдувањето со енергија, инфраструктурата, внатрешниот пазар на енергија, потрошувачите, обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност, нуклеарната енергија и нуклеарната безбедност, заштитата од радијација и нуклеарните заштитни мерки.

The post Нема област каде сме добри: ЕК нотира дека Македонија е умерено подготвена во делот на енергетиката appeared first on Република.

]]>
Стоилковски: ВМРО-ДПМНЕ нуди решенија во енергетиката за како држава да не зависиме само од соседите и да создадиме капацитети https://republika.mk/vesti/ekonomija/stoilkovski-vmro-dpmne-nudi-reshenija-vo-energetikata-za-kako-drzhava-da-ne-zavisime-samo-od-sosedite-i-da-sozdadime-kapatsiteti/ Wed, 01 Nov 2023 20:46:09 +0000 https://republika.mk/?p=697226

Во вечерашната емисија „24 анализа“ на 24 ТВ гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски кој што во однос на најавата дека можеби ќе поскапат струјата и парното за 20 проценти заради бугарската такса за транзит на руски гас истакна дека ВМРО-ДПМНЕ сериозно ја сфаќа ситуацијата и уште во минатото понуди решенија и солуции за да не зависиме како држава само од соседите туку и самите да создадеме капацитети.

Како ВМРО-ДПМНЕ ја сфаќаме сериозноста на ситуацијата во моментот сме во една тешка економска состојба која што влијае и во севкупните односи во општеството и ги разгледуваме состојбите во моментот очекуваме документи да видиме каков би бил ставот завземен од ВМРО-ДПМНЕ по денешните случувања но не може со сарказам и маалски муабети да се објаснат овие ситуации бидејќи станува збор за еден сериозен удар врз економијата стопанството врз она што ќе значи Македонија во следниот период затоа што се очекува поскапување за 20 проценти каков што ќе биде ефектот што слушнавме од предвидувањата на економистите. Ова може да биде само една школа што може да се очекува од Софија по системот награда или казна во следниот период, нагласи Стоилковски.

Стоилковски потсети и на понудените решенија и солуции од страна на ВМРО-ДПМНЕ за решавање на ваквите ситуации и укажа на тоа дека Македонија треба и самата да создаде капацитети за да не зависиме само од соседите.

Да потсетам само на состојбата кога почна целата криза и кога ВМРО-ДПМНЕ понуди решенија и солуции на тоа како се решаваат тие ситуации со закупување на танкови каде што може да се складира гас, да направиш резерва, да се создаде систем за да не дојде до ваква ситуација бидејќи не е од вчера состојбата помеѓу ЕУ и Русија или влијанието на Русија врз Софија, или воопшто односите на Македонија и Софија за да може да се очекува дека може да направи едноставно затворање на вентилот. Прашање е до кога македонија ќе се доведува во состојба да зависи од соседите наместо сама да создаде капацитети“ кажа Стоилковски.

The post Стоилковски: ВМРО-ДПМНЕ нуди решенија во енергетиката за како држава да не зависиме само од соседите и да создадиме капацитети appeared first on Република.

Еко-свест: Доцниме со инвестициите и 30 години скоро ништо не е направено во секторот енергетика https://republika.mk/vesti/ekonomija/eko-svest-docnime-so-investiciite-i-30-godini-skoro-nishto-ne-e-napraveno-vo-sektorot-energetika/ Mon, 05 Dec 2022 12:37:25 +0000 https://republika.mk/?p=582211

Децении чекаме да се случи енергетската транзиција и гледаме само години изгубени во неинвестирање, со планови и акции без видливи резултати во животната средина, за државата и граѓаните. Доцниме со инвестициите и 30 години скоро ништо не е направено во секторот енергетика. Имаме проблем со спроведување на нашите обврски, но и обврските што сами сме си ги дале. Енергетската стратегија треба да почне активно да се спроведува, тоа што сега го гледаме од владата не само што не нè води напред, туку нè носи назад во енергетиката, порачува Давор Пехчевски програмски координатор за енергија на Еко-свест.

Еко-свест работи 20 години и скоро сето ова време зборува дека треба да има фонд за енергетска ефикасност и фонд за животна средина. Скоро сите приходи на државата по основ такси за животна средина одат во централен буџет, а доколку одат во посебен фонд ќе може со сопствени финансии да ги поддржуваме овие работи што се проблем во државата. Треба сериозно да инвестираме во спроведување на обврските кон ЕУ директивите, сериозно да почнеме со спроведување на нашите стратегии кои се добри и инвестициите да ги насочиме на право место. Одговорот е големи и забрзани инвестиции во обновливи извори на енергија, пред сè со искористување на деградираните подрачја за фотоволтаици и ветерници“, вели Давор Пехчевски од Еко-свест.

Единствено решение како одговор на енергетската криза на долг рок и кое би дало резултати за година-две, од Еко-Свест сметаат дека е искористување на деградираните објекти и земјиште, по примерот на тоа што започна во Осломеј.

Како дел од одговор на кризата мора да се работи на поголеми капацитети на обновливи извори на енергија. Да се поставуваат фотоволтаици на веќе деградирани подрачја. Има 5 локации кои се прироритетни каде може да се направи. Станува збор за околу 630 мегавати инсталирани фотоволтаици на петте приоритетни локации што е скоро колку и инсталираниот капацитет на РЕК Битола. Анализата е резултат од соработка со МАНУ и би требало да влезе во акцискиот план за искористување на обновливи извори на енергија”, истакнуваат од таму.

Скопје, со години е еден од најзагадените градови во светот. Постојано се зборува и за преземање мерки за намалување на загадувањето и заштита на животната средина, но истите според Еко-свест се неконкретни или половични и во исто време не носат значително подобрување на долг рок. Токму затоа и од Еко-свест упатија апел до Владата за поголема транспарентност во процесот на набавка на енергенси, објавување на податоците за загадување и зголемен инспекциски надзор.

Активностите поврзани со ублажување на енергетската криза не се транспарентни, а воедно и немаме можност да го дадеме своето мислење пред институциите. Дополнително, зеленото сценарио што е направено пред 2 години е доста добро и носи во правилна насока, но откако е усвоено на Влада, многу мал дел е реализиран. Во овој дел голема улога имаат медиумите, да ја пренесете нашата порака и заедно да седнеме со институциите на маса и следната година да имаме друг одговор што ќе ни овозможи намалено загадување”, потенцира Пехчевски.

Од Еко-свест информираат дека е тешко во моментов да проценат како ќе се движи загадувањето на амбиенталниот воздух затоа што зависи од повеќе фактори, но очекуваат зголемување на емисиите што нè става во редовната листа на топ 3 најзагадени земји во Европа според концентрациите на ПМ 2.5 честички, создавајќи сериозни последици по здравјето на граѓаните. Пехчевски од Еко-свест посебен акцент става на пораките дека сѐ е дозволено сѐ додека обезбедуваме топлина и струја, за која вели дека е погрешна.

Со години наназад Македонија е во топ 3 загадени земји во Европа. Според анализите од Европската агенција за животна средина има 3 до 4 илјади предвремени смртни случаи годишно само од загадениот воздух и тоа од некои сегменти од аерозагадувањето, дури не ги обработуваат сите. Воедно, гледаме дека ТЕЦ Осломеј работи 7-8 пати повеќе отколку што работеше претходните години и тоа со увозен јаглен набавен од други земји, на нетранспарентен начин, со непознат квалитет и хемиски состав. Не може да знаеме какви последици предизвикува употребата на ова гориво. Исто така, ТЕЦ „Неготино“ повеќе од 10 години беше ладна резерва, сега активно работи веќе цела година. Последиците од нивното работење најлесно се гледаат по аерозагадувањето затоа што сите термоелектрани работат без соодветни филтри. Испраќаат порака дека сè е дозволено, додека си обезбедуваме топлина и струја. Тоа значи дека и луѓето ќе можат да пристапат кон поевтини методи на затоплување и место да користат дрва или пелети, ќе користат отпад”, смета Пехчевски од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест од Скопје.

The post Еко-свест: Доцниме со инвестициите и 30 години скоро ништо не е направено во секторот енергетика appeared first on Република.

Николоски: Македонија со оваа власт нема план за справување со енергетската криза- ВМРО-ДПМНЕ предлага пакет мерки, ако нема респонзивност тогаш најдобро е да одиме на брзи предвремени избори https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-makedonija-so-ovaa-vlast-nema-plan-za-spravuvanje-so-energetskata-kriza-vmro-dpmne-predlaga-paket-merki-ako-nema-responzivnost-togash-najdobro-e-da-odime-na-brzi-predvremeni-izbori/ Sun, 27 Nov 2022 12:28:26 +0000 https://republika.mk/?p=578689

Изминативе три дена се случува конференција на тема „Енергенсите и економската криза и улогата на парламентот“. Конференцијата е во организација на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во соработка со шведската фондација Jarl Hjamarson, која што е официјална фондација на Модератерна партија од Шведска, таа моментално владејачката партија која што од скоро го има премиерот на Шведска. Нас  многу ни значи што покрај традиционалните партнери како Конрад Аденауер од Германија и ИРИ од САД, да оствариме соработка и со фондацијата на најголемата политичка партија во Шведска.

Тоа многу значи за да се споделат искуства и знаења и со членовите на ВМРО-ДПМНЕ и пратениците и секако со идните носители на извршната власт.

https://www.youtube.com/watch?v=zzTSk8CPlYU

Овие три дена се разговараше за катастрофалната економска состојба во којашто е Македонија и исто така немањето план за справување со енергетската криза. Веќе сме на крајот на ноември, почеток на декември, зимата е пред нас, нема се уште јасен план за континуирано производство на електрична енергија, домашните капацитети не се користат, има масовен увоз на електрична енергија и компаниите ден за ден затвораат, затоа што мора да купуваат електрична енергија од берза која што е далеку поскапа од тоа што претходно го добиваат и стануваат некомпетативни на пазарот и за жал мора да затворат.

Да не зборувам за состојбата со централното греење во Скопје или со начинот на греење на остатокот во државата, каде што електричната енергија, но и сите други енергенси од типот на дрва и се останато е далеку поскапено и народот тоа го чувствува на сопствена кожа

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе сет на закони и законски измени со кои предлагаме мерки за намалување на енергетската криза и економската сиромаштија. За жал не гледаме голема респонзивност и затоа најдобар начин да се реши оваа криза се брзи предвремени избори, најдоцна пролет 2023 година. Затоа што не смееме да заборавиме дека кризата ќе е малце подолга, и дека доаѓа уште потешка зима а тоа е зимата во 2023 година.

Ако оваа година некои од земјите успеаја да ги наполнат резервите со гас и колку толку да има некакво производство на електрична енергија по вакви високи цени сепак го има, големо прашање е што ќе се случува во текот на 2023 година и затоа не смее неспособна влада која нема одговори за економските проблеми на граѓаните да остане на власт цела година. Најдоцна на пролет мора да има избори за нова власт да се спреми и организира и спремно да ја дочека зимата 2023 како би се намалиле економските последици и би можело стопанството да се врати во нормала и да се врати животниот стандард на граѓаните.

The post Николоски: Македонија со оваа власт нема план за справување со енергетската криза- ВМРО-ДПМНЕ предлага пакет мерки, ако нема респонзивност тогаш најдобро е да одиме на брзи предвремени избори appeared first on Република.

]]>

Изминативе три дена се случува конференција на тема „Енергенсите и економската криза и улогата на парламентот“. Конференцијата е во организација на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во соработка со шведската фондација Jarl Hjamarson, која што е официјална фондација на Модератерна партија од Шведска, таа моментално владејачката партија која што од скоро го има премиерот на Шведска. Нас  многу ни значи што покрај традиционалните партнери како Конрад Аденауер од Германија и ИРИ од САД, да оствариме соработка и со фондацијата на најголемата политичка партија во Шведска. Тоа многу значи за да се споделат искуства и знаења и со членовите на ВМРО-ДПМНЕ и пратениците и секако со идните носители на извршната власт. https://www.youtube.com/watch?v=zzTSk8CPlYU
Овие три дена се разговараше за катастрофалната економска состојба во којашто е Македонија и исто така немањето план за справување со енергетската криза. Веќе сме на крајот на ноември, почеток на декември, зимата е пред нас, нема се уште јасен план за континуирано производство на електрична енергија, домашните капацитети не се користат, има масовен увоз на електрична енергија и компаниите ден за ден затвораат, затоа што мора да купуваат електрична енергија од берза која што е далеку поскапа од тоа што претходно го добиваат и стануваат некомпетативни на пазарот и за жал мора да затворат.
Да не зборувам за состојбата со централното греење во Скопје или со начинот на греење на остатокот во државата, каде што електричната енергија, но и сите други енергенси од типот на дрва и се останато е далеку поскапено и народот тоа го чувствува на сопствена кожа Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе сет на закони и законски измени со кои предлагаме мерки за намалување на енергетската криза и економската сиромаштија. За жал не гледаме голема респонзивност и затоа најдобар начин да се реши оваа криза се брзи предвремени избори, најдоцна пролет 2023 година. Затоа што не смееме да заборавиме дека кризата ќе е малце подолга, и дека доаѓа уште потешка зима а тоа е зимата во 2023 година.
Ако оваа година некои од земјите успеаја да ги наполнат резервите со гас и колку толку да има некакво производство на електрична енергија по вакви високи цени сепак го има, големо прашање е што ќе се случува во текот на 2023 година и затоа не смее неспособна влада која нема одговори за економските проблеми на граѓаните да остане на власт цела година. Најдоцна на пролет мора да има избори за нова власт да се спреми и организира и спремно да ја дочека зимата 2023 како би се намалиле економските последици и би можело стопанството да се врати во нормала и да се врати животниот стандард на граѓаните.

The post Николоски: Македонија со оваа власт нема план за справување со енергетската криза- ВМРО-ДПМНЕ предлага пакет мерки, ако нема респонзивност тогаш најдобро е да одиме на брзи предвремени избори appeared first on Република.

]]>
Славески: Одбројува часовникот, компаниите се при крај со ресурсите и пред затворање, замислете да се затвори компанија од која зависи некој град https://republika.mk/vesti/makedonija/slaveski-odbrojuva-chasovnikot-kompaniite-se-pri-kraj-so-resursite-i-pred-zatvoranje-zamislete-da-se-zatvori-kompanija-od-koja-zavisi-nekoj-grad/ Tue, 18 Oct 2022 20:58:50 +0000 https://republika.mk/?p=562718

Ни од далеку не може да бидеме спокојни дека сме обезбедени енергетски. Нема некој во земјава кој може да каже дека сме целосно енергетски обезбедени и дека може да се опуштиме. Знаеме дека зависиме од набавка на рускиот гас. Дефицитарни сме со набавка на јаглен, тоа што имаме од далеку не ги задоволува потребите, и да има од каде да се купи, прашање е по која цена е и кој ќе го донесе, изјави Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески за Отворено на ТВ24.

Славески истакна дека во ваква ситуација што побрзо е потребна, затоа што тие се при крај со своите ресурси и дека може да затворат.

Замислете што може да се случи ако затвори компанија од која зависи некој град, треба да им се помогне што поскоро. Така што помошта треба да се очекува во најскоро време, одбројува часовникот, тие се при крај со своите ресурси, рече Славески.

Славески во однос на тоа што компаниите најмногу ги погоди цената на струјата посочи дека добро е што власта се премисли и почна ноќните вишоци да им ги нуди на нашите компании, нешто што ВМРО-ДПМНЕ го бараше многу порано.

Со недели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој е експерт за енергетика ја прозиваше власта и надлежните дека прават голема грешка што продаваат ноќни вишоци, а не ги нудат на нашите компании. Треба да се поздрави пресвртот кој настана во власта, што ги понудија на нашите компании, истакна тој.

The post Славески: Одбројува часовникот, компаниите се при крај со ресурсите и пред затворање, замислете да се затвори компанија од која зависи некој град appeared first on Република.

]]>

Ни од далеку не може да бидеме спокојни дека сме обезбедени енергетски. Нема некој во земјава кој може да каже дека сме целосно енергетски обезбедени и дека може да се опуштиме. Знаеме дека зависиме од набавка на рускиот гас. Дефицитарни сме со набавка на јаглен, тоа што имаме од далеку не ги задоволува потребите, и да има од каде да се купи, прашање е по која цена е и кој ќе го донесе, изјави Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески за Отворено на ТВ24. Славески истакна дека во ваква ситуација што побрзо е потребна, затоа што тие се при крај со своите ресурси и дека може да затворат.
Замислете што може да се случи ако затвори компанија од која зависи некој град, треба да им се помогне што поскоро. Така што помошта треба да се очекува во најскоро време, одбројува часовникот, тие се при крај со своите ресурси, рече Славески.
Славески во однос на тоа што компаниите најмногу ги погоди цената на струјата посочи дека добро е што власта се премисли и почна ноќните вишоци да им ги нуди на нашите компании, нешто што ВМРО-ДПМНЕ го бараше многу порано.
Со недели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој е експерт за енергетика ја прозиваше власта и надлежните дека прават голема грешка што продаваат ноќни вишоци, а не ги нудат на нашите компании. Треба да се поздрави пресвртот кој настана во власта, што ги понудија на нашите компании, истакна тој.

The post Славески: Одбројува часовникот, компаниите се при крај со ресурсите и пред затворање, замислете да се затвори компанија од која зависи некој град appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Состојбата во енергетиката е алармантна, за тоа главен виновник е власта која работеше недомаќински и неодговорно https://republika.mk/vesti/ekonomija/mickoski-sostojbata-vo-energetikata-e-alarmantna-za-toa-glaven-vinovnik-e-vlasta-koja-raboteshe-nedomakjinski-i-neodgovorno/ Sun, 11 Sep 2022 16:43:18 +0000 https://republika.mk/?p=549795

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета во Кавдарци одговараше и на прашање поврзано со енергетската криза односно дали се можни рестрикции затоа што се најавуваа и потенцираше дека од оваа власт се може да се очекува затоа што тие целосно го заборавија стопанството и граѓаните.

Едно знам дека многу пари ќе ни требаат. Најпрвин ако се сеќавате најавуваа од Владата дека ќе им требаат 150 милиони евра за да ја поминеме годината и да ја совладаме енергетската криза. После оној состанок кај Пендаровски кој што навистина не знам за што беше одржан, излегоа со бројка од 300 милиони. Еве јас ви велам 500 милиони можеби ќе бидат малку, зошто? Затоа што тие го забораваат стопанството, тие гледаат само тоа што нив ги интересира, а забораваат на стопанството, забораваат на локаните единици на управување кој што имаат екстремно големи трошкови. Еве до мене е и градоначалникот на Прилеп, директно можеме да посведочиме за огромни потешкотии во работењето на комуналните претпријатија во водоводите и така натаму, поради високите сметки на струја. Тие само сметката за струја е за 30 проценти од вкупниот приход  за месец јули и месец август, за месец септември. Значи само сметката за струја, не зборувам за трошоците кои што се поврзани со оперативното работење на комуналните претпријатија и на водоводот. Замислете ако вие имате сметка за струја која што 20, 30,40 проценти го надминува приходот на вашето претпријатие, а владата ве остава на милост и немилост, вие што треба да направите, рече Мицкоски.

Мицкоски во текот на своето обраќање потенцираше дека  власта не мислеше ниту на стопанството, ниту на граѓаните односно работеа неодговорно и недомаќински и само договараат и крадеа тендери во четири очи.

Еве слушаме дека следно ќе биде зголемување на комуналните услуги и водата, повторно ќе удирме по џебот на граѓаните и по стандардот на граѓаните. Затоа велам тие ги гледаат само директните последици. Јас велам половина милијарда  можеби  ќе биде малку, можеби ќе биде малку  и сето тоа е резултат на неодговорното работење и недомаќинско работење, не произведуваа, кога требаше да произведуваат и да се организираат  тие крадеа, договараа тендери во четири очи, кој ќе го врши превозот на увезениот јаглен, кој ќе го прави ископот во четири очи, кој ќе го вози мазутот до ТЕЦ Неготино и до Битола и Кичево. Тоа е суштината, тие тука гледаа колкава да биде провизијата,  не гледаа како да ја поминеме зимата, иако предупредувавме  една година претходно. Можам, да сумирам дека состојбата е алармантна и доколку нема обид од страна на Владата да се корегира, се е можно, додаде Мицкоски.

The post Мицкоски: Состојбата во енергетиката е алармантна, за тоа главен виновник е власта која работеше недомаќински и неодговорно appeared first on Република.

ЕУ ја разгледува можноста за замрзнување на цените на енергенсите https://republika.mk/vesti/svet/eu-ja-razgleduva-moznosta-za-zamrznuvanje-na-cenite-na-energensite/ Thu, 01 Sep 2022 11:15:02 +0000 https://republika.mk/?p=546421

Европска комисија ја разгледува можноста за замрзнување на цената на енергенсите и намалување на потрошувачката на електрична енергија, изјави денеска заменичката директор на Одделот за енергетика на ЕК, Мехтилд Воерсдоерфер на состанокот на Комитетот за енергетика во Европскиот парламент.

Работиме на итни мерки поврзани со цената на електричната енергија. Можно е да има и намалување на потрошувачката на електрична енергија, посочи Воерсдоерфер.

Таа најави дека претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен идеите за замрзнување на цените на енергенсите ќе ги презентира пред ЕК на 14 септември.

Говорот на Лајен ќе уследи неколку дена откако министрите за енергетика на земјите-членки на Европска Унија на 9 септември ќе одржаа итен состанок. Земјите-членки на ЕУ се повеќе бараат Унијата да преземе мерки за да ги ограничи трошоците. Италија, Белгија и Чешка се залагаат за замрзнување на цената на гасот во цела ЕУ блок, додека Франција и Грција сакаат одвојување на цената на електричната енергија од цената на гасот.

The post ЕУ ја разгледува можноста за замрзнување на цените на енергенсите appeared first on Република.

]]>

Европска комисија ја разгледува можноста за замрзнување на цената на енергенсите и намалување на потрошувачката на електрична енергија, изјави денеска заменичката директор на Одделот за енергетика на ЕК, Мехтилд Воерсдоерфер на состанокот на Комитетот за енергетика во Европскиот парламент.
Работиме на итни мерки поврзани со цената на електричната енергија. Можно е да има и намалување на потрошувачката на електрична енергија, посочи Воерсдоерфер.
Таа најави дека претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен идеите за замрзнување на цените на енергенсите ќе ги презентира пред ЕК на 14 септември. Говорот на Лајен ќе уследи неколку дена откако министрите за енергетика на земјите-членки на Европска Унија на 9 септември ќе одржаа итен состанок. Земјите-членки на ЕУ се повеќе бараат Унијата да преземе мерки за да ги ограничи трошоците. Италија, Белгија и Чешка се залагаат за замрзнување на цената на гасот во цела ЕУ блок, додека Франција и Грција сакаат одвојување на цената на електричната енергија од цената на гасот.

The post ЕУ ја разгледува можноста за замрзнување на цените на енергенсите appeared first on Република.

]]>
Србија, Македонија и Албанија формираа работна група за соработка во енергетиката https://republika.mk/vesti/balkan/srbija-makedonija-i-albanija-formiraa-rabotna-grupa-za-sorabotka-vo-energetikata/ Mon, 25 Jul 2022 18:58:09 +0000 https://republika.mk/?p=533144

Вицепремиерката на Србија и министер за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ, денеска во Тирана изјави дека министрите од Македонија и Албанија ја прифатиле иницијативата на Србија за формирање заедничка работна група за соработка во енергетската криза и за стратешки проекти, јави дописникот на МИА од Белград.

Таа рече дека за енергетска безбедност на регионот во кризни услови потребна е солидарност, поврзаност и заедничка работа на стратешки проекти.

-Сите ние во регионот сме под голем притисок да се осигураме дека се ќе биде доволно за зимата, но важно е, покрај решавањето на тековните проблеми со снабдувањето, да разговараме и за стратешки проекти и потенцијални заеднички инвестиции, кои ќе го направат целиот регион енергетски постабилен. Треба на двете патеки да работиме истовремено. Сите ние имаме одредени компаративни предности, одредени недостатоци и потреба да се обезбеди долгорочна енергетска стабилност. Нашиот предлог беше да се формира заедничка работна група на Србија, Македонија и Албанија, која ќе се занимава со решавање на проблемите оваа зима, но и со потенцијална соработка на големи стратешки проекти и драго ми е што другите министри го прифатија овој предлог, рече Михајловиќ која зборуваше на панелот за енергетска безбедност на состанокот на Групата за ублажување на кризи во рамките на иницијативата Отворен Балкан во Тирана, соопштија од нејзиниот кабинет.

Таа изјави дека нема причина да не се разговара само за поврзување на пазарите, туку и за заедничко балансирање, што е неопходно во сите земји од регионот.

-Албанија е доста зависна од обновливи изворина енергија (ОИЕ) и во моментот кога има проблем со ОИЕ треба да има базна енергија и ова прашање е важно и за Србија и за Македонија, рече Михајловиќ.

Очекувам, додаде, од следната недела да почнеме да работиме во рамките на работната група и на претседателите и премиерите на нашите земји да им презентираме предлози за заеднички инвестиции, без разлика дали се работи за соларни електрани, ветерни електрани, заеднички балансирање, пазарно поврзување, гасни интерконекции или можеби дури и подземни складишта за гас.

Таа нагласи дека не е доволно само една земја да биде енергетски сигурна, туку потребно е меѓусебно да си помагаме, да бидеме солидарни бидејќи никој не знае точно каква ќе биде состојбата зимава.

-Србија донесе нови закони во областа на енергетиката, најголем дел од подзаконските акти, при крај е со изработката на стратешките документи и има нов инвестициски план. Во тек е изградба на гасна интерконекција со Бугарија, која ќе овозможи диверзификација на изворите на снабдување, а планираме да се поврземе и со другите соседи, пред се со Македонија и Романија. Заинтересирани сме и за можностите за подобра соработка и поврзување со Албанија, кога станува збор за планираниот терминал за ЛНГ, како и за подобро поврзување во регионот кога станува збор за високонапонската мрежа. Сите овие меѓусебни врски ќе овозможат поголема енергетска стабилност не само за Србија, туку и за регионот, рече Михајловиќ.

На панелот на кој учествуваа ресорните министри од Албанија, Србија и Македонија разговарано е за актуелната состојба во енергетскиот сектор во сите три земји, како и можностите да се придонесе за поголема енергетска стабилност во регионот преку поблиска соработка и искористување на компаративните предности на секоја земја.

The post Србија, Македонија и Албанија формираа работна група за соработка во енергетиката appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерката на Србија и министер за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ, денеска во Тирана изјави дека министрите од Македонија и Албанија ја прифатиле иницијативата на Србија за формирање заедничка работна група за соработка во енергетската криза и за стратешки проекти, јави дописникот на МИА од Белград. Таа рече дека за енергетска безбедност на регионот во кризни услови потребна е солидарност, поврзаност и заедничка работа на стратешки проекти.
-Сите ние во регионот сме под голем притисок да се осигураме дека се ќе биде доволно за зимата, но важно е, покрај решавањето на тековните проблеми со снабдувањето, да разговараме и за стратешки проекти и потенцијални заеднички инвестиции, кои ќе го направат целиот регион енергетски постабилен. Треба на двете патеки да работиме истовремено. Сите ние имаме одредени компаративни предности, одредени недостатоци и потреба да се обезбеди долгорочна енергетска стабилност. Нашиот предлог беше да се формира заедничка работна група на Србија, Македонија и Албанија, која ќе се занимава со решавање на проблемите оваа зима, но и со потенцијална соработка на големи стратешки проекти и драго ми е што другите министри го прифатија овој предлог, рече Михајловиќ која зборуваше на панелот за енергетска безбедност на состанокот на Групата за ублажување на кризи во рамките на иницијативата Отворен Балкан во Тирана, соопштија од нејзиниот кабинет.
Таа изјави дека нема причина да не се разговара само за поврзување на пазарите, туку и за заедничко балансирање, што е неопходно во сите земји од регионот. -Албанија е доста зависна од обновливи изворина енергија (ОИЕ) и во моментот кога има проблем со ОИЕ треба да има базна енергија и ова прашање е важно и за Србија и за Македонија, рече Михајловиќ. Очекувам, додаде, од следната недела да почнеме да работиме во рамките на работната група и на претседателите и премиерите на нашите земји да им презентираме предлози за заеднички инвестиции, без разлика дали се работи за соларни електрани, ветерни електрани, заеднички балансирање, пазарно поврзување, гасни интерконекции или можеби дури и подземни складишта за гас. Таа нагласи дека не е доволно само една земја да биде енергетски сигурна, туку потребно е меѓусебно да си помагаме, да бидеме солидарни бидејќи никој не знае точно каква ќе биде состојбата зимава. -Србија донесе нови закони во областа на енергетиката, најголем дел од подзаконските акти, при крај е со изработката на стратешките документи и има нов инвестициски план. Во тек е изградба на гасна интерконекција со Бугарија, која ќе овозможи диверзификација на изворите на снабдување, а планираме да се поврземе и со другите соседи, пред се со Македонија и Романија. Заинтересирани сме и за можностите за подобра соработка и поврзување со Албанија, кога станува збор за планираниот терминал за ЛНГ, како и за подобро поврзување во регионот кога станува збор за високонапонската мрежа. Сите овие меѓусебни врски ќе овозможат поголема енергетска стабилност не само за Србија, туку и за регионот, рече Михајловиќ. На панелот на кој учествуваа ресорните министри од Албанија, Србија и Македонија разговарано е за актуелната состојба во енергетскиот сектор во сите три земји, како и можностите да се придонесе за поголема енергетска стабилност во регионот преку поблиска соработка и искористување на компаративните предности на секоја земја.

The post Србија, Македонија и Албанија формираа работна група за соработка во енергетиката appeared first on Република.

]]>