енергенси Archives - Република https://republika.mk/tema/energensi/ За подобро да се разбереме Wed, 26 Oct 2022 18:05:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png енергенси Archives - Република https://republika.mk/tema/energensi/ 32 32 Дали ќе се оствари:Светската банка прогнозира 11-процентен пад на цените на енергенсите наредната година https://republika.mk/vesti/svet/dali-kje-se-ostvari-svetskata-banka-prognozira-11-procenten-pad-na-cenite-na-energensite-narednata-godina/ Wed, 26 Oct 2022 18:05:28 +0000 https://republika.mk/?p=566035

Светската банка соопшти дека очекува цените на енергенсите идната година да паднат за 11 проценти, по 60-процентниот раст годинава по руската инвазија на Украина, со забелешка дека забавениот глобален раст и ограничувањата за коронавирусот во Кина би можеле да доведат и до подлабок пад.

Во својот најнов извештај за изгледите на пазарот на стоки, Светска банка за 2023 година проектираше просечна цена од 92 долари за сировата нафта „Брент“ и 80 долари за 2024, иако тоа е се уште многу над петгодишниот просек од 60 долари за барел.

Истовремено се посочува дека извозот на руска нафта може да падне за два милиони барели дневно поради ембаргото на Европската унија за руските нафтени и гасни производи, заедно со ограничувањата за осигурување и транспорт што стапуваат на сила на 5 декември.

Ограничувањето на цената на нафтата предложено од групата „Г7“, исто така може да влијае врз доставите нафта од Русија, но за тоа да биде ефективно потребно е и учеството на големите пазари во развој и земјите во развој, цени СБ опишувајќи го самиот механизам како „недоверлив“ .

Светската банка објави дека посилниот долар, како и падот на вредноста на валутите на повеќето економии во развој, го поттикнале растот на цените на храната и горивата, што може да ја влоши несигурноста во храната која веќе погодува 200 милиони луѓе во светот.

The post Дали ќе се оствари:Светската банка прогнозира 11-процентен пад на цените на енергенсите наредната година appeared first on Република.

]]>

Светската банка соопшти дека очекува цените на енергенсите идната година да паднат за 11 проценти, по 60-процентниот раст годинава по руската инвазија на Украина, со забелешка дека забавениот глобален раст и ограничувањата за коронавирусот во Кина би можеле да доведат и до подлабок пад. Во својот најнов извештај за изгледите на пазарот на стоки, Светска банка за 2023 година проектираше просечна цена од 92 долари за сировата нафта „Брент“ и 80 долари за 2024, иако тоа е се уште многу над петгодишниот просек од 60 долари за барел. Истовремено се посочува дека извозот на руска нафта може да падне за два милиони барели дневно поради ембаргото на Европската унија за руските нафтени и гасни производи, заедно со ограничувањата за осигурување и транспорт што стапуваат на сила на 5 декември. Ограничувањето на цената на нафтата предложено од групата „Г7“, исто така може да влијае врз доставите нафта од Русија, но за тоа да биде ефективно потребно е и учеството на големите пазари во развој и земјите во развој, цени СБ опишувајќи го самиот механизам како „недоверлив“ . Светската банка објави дека посилниот долар, како и падот на вредноста на валутите на повеќето економии во развој, го поттикнале растот на цените на храната и горивата, што може да ја влоши несигурноста во храната која веќе погодува 200 милиони луѓе во светот.

The post Дали ќе се оствари:Светската банка прогнозира 11-процентен пад на цените на енергенсите наредната година appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Најдовме поевтини количини мазут и природен гас, Владата да реагира најбрзо што може https://republika.mk/vesti/ekonomija/mickoski-najdovme-poevtini-kolichini-mazut-i-priroden-gas-vladata-da-reagira-najbrzo-shto-moze/ Thu, 29 Sep 2022 11:27:34 +0000 https://republika.mk/?p=555576

Христијан Мицкоски на денешниот брифинг со новинарите објави дека ВМРО-ДПМНЕ преку контакти во Швајцарија, Германија и Чешка нашле поевтини количини на мазут и природен гас. Тој потенцираше дека оваа понуда важи во текот на оваа недела. Затоа очекува Владата да реагира најбрзо што може.

– Од Западна Европа пронајдовме мазут за ТЕЦ Неготино кој ќе може да обезбеди од 160 до 180 мегавати моќност, но електричната енергија да му се отстапи на бизнисот. Мазутот ќе биде за 200 евра поевтин по тон и заштедите ќе бидат 40 милиони евра, вели Мицкоски.

Според него гасот кој би се обезбедил ќе биде од Гаспром, како главен снабувач со гас. Транспортот, пак, би бил преку Крива Паланка.

– Можеме да договориме 250 милиони нормални метри кубн гас за централата ТЕ-ТО. Цената на гасот би била нешто повеќе од 200 евра. Инаку, во мометов за гасот што Владата го преговара со Србија треба да платиме повеќе од 700 евра, а притоа со тој купопродажен договор земјава треба да врати струја тврди Мицкоски.

Вкупните заштеди доколку се прифати понудата на ВМРО ДПМНЕ, според пресметките на Мицкоски, би биле 300 милиони евра.

The post Мицкоски: Најдовме поевтини количини мазут и природен гас, Владата да реагира најбрзо што може appeared first on Република.

Бектеши: И приватните компании имаат обврска да бидат општествено одговорни, посебно енергетските https://republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-i-privatnite-kompanii-imaat-obvrska-da-bidat-opshtestveno-odgovorni-posebno-energetskite/ Wed, 28 Sep 2022 18:32:35 +0000 https://republika.mk/?p=555331

И приватните компании имаат обврска да бидат општествено одговорни, посебно енергетските, зашто приходите и профитите ги прават тука, во Македонија, од овие граѓани, порача вечерва министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој е дециден дека гас ќе се обезбеди.

Не е време за воено профитерство. Во државава има прописи и закони и точно се знае какви одлуки може да донесат Владата и Собранието. Компаниите, посебно во енергетиката, треба да работат согласно прописите на државата, а ние треба да го изнајдеме најдоброто решение за граѓаните и стопанството, тоа е наша обврска, а уцени нема - истакна Бектеши во гостувањето на Топ Тема.

Во врска со цената на мазутот, министерот рече дека е регулирана од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Ако цената е повисока од таа што е регулирана, јавно го повикувам Обвинителството да направи контроли во ЕСМ - нагласи министерот.

На прашањето по која цена „Пуцко петрол“ превезува мазут, рече дека за ова одговор треба да се побара во ЕСМ.

Таму ќе ви кажат, ќе ви ги дадат договорите, напомена Бектеши.

Тој претходно објасни и зошто Бугарија не склучува договор со Србија за набавка на природен гас.

Бугарија може да и даде електрична енергија на Србија, но ние зборуваме за количини. Бугарија троши милијарди нормални метри кубни годишно природен гас, а ние околу 300 милиони. Србија нема толку природен гас колку што троши Бугарија. Затоа Бугарија не прави договор со Србија. Истото важи и за Грција - рече министерот.

The post Бектеши: И приватните компании имаат обврска да бидат општествено одговорни, посебно енергетските appeared first on Република.

]]>

И приватните компании имаат обврска да бидат општествено одговорни, посебно енергетските, зашто приходите и профитите ги прават тука, во Македонија, од овие граѓани, порача вечерва министерот за економија Крешник Бектеши. Тој е дециден дека гас ќе се обезбеди.
Не е време за воено профитерство. Во државава има прописи и закони и точно се знае какви одлуки може да донесат Владата и Собранието. Компаниите, посебно во енергетиката, треба да работат согласно прописите на државата, а ние треба да го изнајдеме најдоброто решение за граѓаните и стопанството, тоа е наша обврска, а уцени нема - истакна Бектеши во гостувањето на Топ Тема.
Во врска со цената на мазутот, министерот рече дека е регулирана од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Ако цената е повисока од таа што е регулирана, јавно го повикувам Обвинителството да направи контроли во ЕСМ - нагласи министерот.
На прашањето по која цена „Пуцко петрол“ превезува мазут, рече дека за ова одговор треба да се побара во ЕСМ. Таму ќе ви кажат, ќе ви ги дадат договорите, напомена Бектеши. Тој претходно објасни и зошто Бугарија не склучува договор со Србија за набавка на природен гас.
Бугарија може да и даде електрична енергија на Србија, но ние зборуваме за количини. Бугарија троши милијарди нормални метри кубни годишно природен гас, а ние околу 300 милиони. Србија нема толку природен гас колку што троши Бугарија. Затоа Бугарија не прави договор со Србија. Истото важи и за Грција - рече министерот.

The post Бектеши: И приватните компании имаат обврска да бидат општествено одговорни, посебно енергетските appeared first on Република.

]]>
Израелски експерт за војната во Украина: САД клекнуваат на колена еден свој ривал, но тоа не е Русија https://republika.mk/vesti/svet/izraelski-ekspert-za-vojnata-vo-ukraina-sad-kleknuvaat-na-kolena-eden-svoj-rival-no-toa-ne-e-rusija/ Sun, 10 Apr 2022 13:09:55 +0000 https://republika.mk/?p=486206

Поранешниот шеф на израелската воена служба Натив, Јаков Кедми, во анализа на случувањата во Украина вели дека Европа многу губи, додека САД имаат двојна корист.

Европа самоволно ја уништува својата индустрија и на тој начин нанесува непоправлива штета на сопствената економија. И сето тоа во корист на САД.

Земјите од ЕУ се заробија себеси со тоа што донесоа погрешна одлука за зголемување на притисокот од санкциите против Русија.

Иницирајќи прекин на трговско-економските односи со Москва за да му угодат на Вашингтон, тие предизвикаа сериозни проблеми во енергетскиот сектор, што веќе ги предизвикува страдањата на индустријата на голем број европски земји - вели Кедми.

Како што резонира експертот, интересно во оваа ситуација е што Европската Унија при нејзиното формирање беше позиционирана како „сојуз на јаглен и челик“, а сегашната политика на ЕУ може да доведе до речиси целосно исчезнување и на првата и на втората компонента.

Кедми истакнува дека САД се обидуваат да го постигнат тоа, со тоа што решиле да ја клекнат европската индустрија на колена со помош на антируски санкции. Во исто време, Вашингтон не само што вешто се ослободува од силниот конкурент, туку го прави зависен на америанскиот ЛНГ.

Американската индустрија ќе има само корист од ова, бидејќи главната компонента на секоја индустрија се цените на енергијата. Американците имаат енергетски ресурси, но Европејците немаат. Зароа, Американците ќе победат двапати - вели израелскиот експерт.

Тој објаснува дека не е тајна дека ЛНГ, што се испорачува од САД, е многу поскап од природниот гас што го извезува Русија.

Со тоа што ја принудуваат ЕУ да плати повеќе, Американците ја зајакнуваат својата индустрија и остваруваат супер профит од продажбата на енергија. Европејците трпат континуирани загуби во оваа шема, но не брзаат да ја прилагодат својата политика кон Руската Федерација - вели Кедми.

The post Израелски експерт за војната во Украина: САД клекнуваат на колена еден свој ривал, но тоа не е Русија appeared first on Република.

]]>

Поранешниот шеф на израелската воена служба Натив, Јаков Кедми, во анализа на случувањата во Украина вели дека Европа многу губи, додека САД имаат двојна корист.
Европа самоволно ја уништува својата индустрија и на тој начин нанесува непоправлива штета на сопствената економија. И сето тоа во корист на САД.   Земјите од ЕУ се заробија себеси со тоа што донесоа погрешна одлука за зголемување на притисокот од санкциите против Русија.   Иницирајќи прекин на трговско-економските односи со Москва за да му угодат на Вашингтон, тие предизвикаа сериозни проблеми во енергетскиот сектор, што веќе ги предизвикува страдањата на индустријата на голем број европски земји - вели Кедми.
Како што резонира експертот, интересно во оваа ситуација е што Европската Унија при нејзиното формирање беше позиционирана како „сојуз на јаглен и челик“, а сегашната политика на ЕУ може да доведе до речиси целосно исчезнување и на првата и на втората компонента. Кедми истакнува дека САД се обидуваат да го постигнат тоа, со тоа што решиле да ја клекнат европската индустрија на колена со помош на антируски санкции. Во исто време, Вашингтон не само што вешто се ослободува од силниот конкурент, туку го прави зависен на америанскиот ЛНГ.
Американската индустрија ќе има само корист од ова, бидејќи главната компонента на секоја индустрија се цените на енергијата. Американците имаат енергетски ресурси, но Европејците немаат. Зароа, Американците ќе победат двапати - вели израелскиот експерт.
Тој објаснува дека не е тајна дека ЛНГ, што се испорачува од САД, е многу поскап од природниот гас што го извезува Русија.
Со тоа што ја принудуваат ЕУ да плати повеќе, Американците ја зајакнуваат својата индустрија и остваруваат супер профит од продажбата на енергија. Европејците трпат континуирани загуби во оваа шема, но не брзаат да ја прилагодат својата политика кон Руската Федерација - вели Кедми.

The post Израелски експерт за војната во Украина: САД клекнуваат на колена еден свој ривал, но тоа не е Русија appeared first on Република.

]]>
„Блумберг“: Русија ќе заработи големи пари со продажба на нафта и гас и покрај санкциите https://republika.mk/vesti/svet/blumberg-rusija-kje-zaraboti-golemi-pari-so-prodazba-na-nafta-i-gas-i-pokraj-sankciite/ Wed, 06 Apr 2022 08:22:39 +0000 https://republika.mk/?p=483898

Руските енергетски приходи нагло ќе пораснат оваа година доколку трговските партнери продолжат да купуваат нафта и гас од земјата погодена од западните санкции, пишува „Блумберг“.

Се проценува дека Русија во 2022 година ќе извезе енергија во износ од 321 милијарда долари, што е зголемување за повеќе од една третина во однос на минатата година, се вели во анализата.

Со сегашните санкции, се чини дека значителниот прилив на цврсти валути во Русија ќе продолжи - се наведува во извештајот на економисти од Институтот за меѓународни финансии (ИФФ), што го цитира го цитира „Блумберг“.

Сепак, аналитичарите на ИФФ посочуваат дека потенцијалното енергетско ембарго од страна на ЕУ, Велика Британија и САД ќе доведе до неизбежен пад на производството за повеќе од 20% и може да ја чини Русија големо намалување на приходите од извоз на енергенси, во зависност од промени на цените.

Наводно, земјата е на пат и до рекорден суфицит на тековната сметка, кој според експертите може да достигне и до 240 милијарди долари.

Русија е најголемиот светски извозник на природен гас и трет по големина извозник на нафта. Некои земји, вклучувајќи ги САД и Обединетото Кралство, го забранија увозот на руска енергија како дел од санкциите поради конфликтот во Украина. Сепак, ЕУ одби да го стори тоа, додека САД и Велика Британија продолжуваат да купуваат руска нафта и гас.

Глобалните цени на суровата нафта се зголемија за повеќе од 30 отсто досега оваа година, а цените надминаа 100 долари за барел поради загриженоста дека ќе има недостиг на испораки од Русија во време на висока глобална побарувачка. Цените на бензинот исто така достигнаа повеќегодишни максимални вредности.

Во март, рускиот претседател Владимир Путин порача дека Русија ќе прифаќа плаќања за извоз на енергија само во рубли од земји кои Кремљ ги смета за „непријателски“ поради нивната политика на санкции, што предизвика бес на Западот, каде што се надеваат дека санкциите ќе ја принудат Русија да се откаже од својата воена операција во Украина.

The post „Блумберг“: Русија ќе заработи големи пари со продажба на нафта и гас и покрај санкциите appeared first on Република.

]]>

Руските енергетски приходи нагло ќе пораснат оваа година доколку трговските партнери продолжат да купуваат нафта и гас од земјата погодена од западните санкции, пишува „Блумберг“. Се проценува дека Русија во 2022 година ќе извезе енергија во износ од 321 милијарда долари, што е зголемување за повеќе од една третина во однос на минатата година, се вели во анализата.
Со сегашните санкции, се чини дека значителниот прилив на цврсти валути во Русија ќе продолжи - се наведува во извештајот на економисти од Институтот за меѓународни финансии (ИФФ), што го цитира го цитира „Блумберг“.
Сепак, аналитичарите на ИФФ посочуваат дека потенцијалното енергетско ембарго од страна на ЕУ, Велика Британија и САД ќе доведе до неизбежен пад на производството за повеќе од 20% и може да ја чини Русија големо намалување на приходите од извоз на енергенси, во зависност од промени на цените. Наводно, земјата е на пат и до рекорден суфицит на тековната сметка, кој според експертите може да достигне и до 240 милијарди долари. Русија е најголемиот светски извозник на природен гас и трет по големина извозник на нафта. Некои земји, вклучувајќи ги САД и Обединетото Кралство, го забранија увозот на руска енергија како дел од санкциите поради конфликтот во Украина. Сепак, ЕУ одби да го стори тоа, додека САД и Велика Британија продолжуваат да купуваат руска нафта и гас. Глобалните цени на суровата нафта се зголемија за повеќе од 30 отсто досега оваа година, а цените надминаа 100 долари за барел поради загриженоста дека ќе има недостиг на испораки од Русија во време на висока глобална побарувачка. Цените на бензинот исто така достигнаа повеќегодишни максимални вредности. Во март, рускиот претседател Владимир Путин порача дека Русија ќе прифаќа плаќања за извоз на енергија само во рубли од земји кои Кремљ ги смета за „непријателски“ поради нивната политика на санкции, што предизвика бес на Западот, каде што се надеваат дека санкциите ќе ја принудат Русија да се откаже од својата воена операција во Украина.

The post „Блумберг“: Русија ќе заработи големи пари со продажба на нафта и гас и покрај санкциите appeared first on Република.

]]>
Влада: Спречуваме ценовен шок на енергенсите со мерките за намалено ДДВ и акцизи https://republika.mk/vesti/ekonomija/vlada-sprechuvame-cenoven-shok-na-energensite-so-merkite-za-namaleno-ddv-i-akcizi/ Fri, 18 Mar 2022 11:53:14 +0000 https://republika.mk/?p=474931

Во услови на светска криза и нарушувања на пазарот на храна и енергенски, донесовме сет од 26 мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и спречување на ценовен шок, велат од Владата на Република Македонија.

Од Владата посочуваат дека државата има најниска цена на нафта и нафтени деривати во регионот.

Регулаторната комисија за енергетика ја следи состојбата на дневна основа и цената се определува врз основа на методологија којашто е пропишана, во однос на цената на нафтата и нафтени деривати. Промените на цената на енергенсите на светските берзи на дневна основа се резултат на светските случувања, пред сè воената агресија врз Украина, што влијае исклучително негативно и со далекусежни последици не само врз цената на енергенсите, туку и на цената на храната и останатите основни суровини, се вели во соопштението од Владата.

Оттаму додаваат дека заедно со ресорните министерства и институции континуирано ја следат состојбата и делуваат за зачувување на општата благосостојба во услови на светска криза.

The post Влада: Спречуваме ценовен шок на енергенсите со мерките за намалено ДДВ и акцизи appeared first on Република.

]]>

Во услови на светска криза и нарушувања на пазарот на храна и енергенски, донесовме сет од 26 мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и спречување на ценовен шок, велат од Владата на Република Македонија. Од Владата посочуваат дека државата има најниска цена на нафта и нафтени деривати во регионот. Регулаторната комисија за енергетика ја следи состојбата на дневна основа и цената се определува врз основа на методологија којашто е пропишана, во однос на цената на нафтата и нафтени деривати. Промените на цената на енергенсите на светските берзи на дневна основа се резултат на светските случувања, пред сè воената агресија врз Украина, што влијае исклучително негативно и со далекусежни последици не само врз цената на енергенсите, туку и на цената на храната и останатите основни суровини, се вели во соопштението од Владата. Оттаму додаваат дека заедно со ресорните министерства и институции континуирано ја следат состојбата и делуваат за зачувување на општата благосостојба во услови на светска криза.

The post Влада: Спречуваме ценовен шок на енергенсите со мерките за намалено ДДВ и акцизи appeared first on Република.

]]>
ЕУ планира огромно задолжување заради финансирање на одбраната и купување енергенси https://republika.mk/vesti/svet/eu-planira-ogromno-zadolzuvanje-zaradi-finansiranje-na-odbranata-i-kupuvanje-energensi/ Tue, 08 Mar 2022 17:45:48 +0000 https://republika.mk/?p=469764

Европската Унија неделава би можела да го претстави планот за издавање заеднички обврзници, чиј износ би можел да биде огромен и би се искористил за финансирање на трошоците во енергетскиот и одбранбениот сектор, објави „Блумберг“.

Предлогот би можел да биде претставен по вонредниот самит на ЕУ, што во четврток почнува во Версај. Според планот, Европската комисија ќе издава обврзници и ќе ги канализира парите до земјите-членки преку поволни заеми за да ги финансира трошоците во наведените области - изјавиле официјални лица запознаени со подготовките, кои сакале да останат анонимни, бидејќи плановите сè уште не се објавени во јавноста.

Официјалните лица додаваат дека надлежните се уште ги разработуваат деталите за продажбата на обврзниците и висината на долгот.

Треба да најдеме нови алатки за да ги решиме новите прашања што ни ги поставува оваа криза - изјави синоќа еврокомесарот за економија Паоло Џентилони пред европратениците во Стразбур.

Тој додаде дека е на мислење оти лидерите на ЕУ на претстојниот самит во Версај ќе дадат политички насоки за натамошните чекори на Унијата.

„Блумберг“ наведува дека портпаролот на ЕК одбива да ги коментира деталите, изјавувајќи само дека официјалните лица продолжуваат да ја следат ситуацијата и се подготвени да одговорат на променливите околности.

The post ЕУ планира огромно задолжување заради финансирање на одбраната и купување енергенси appeared first on Република.

]]>

Европската Унија неделава би можела да го претстави планот за издавање заеднички обврзници, чиј износ би можел да биде огромен и би се искористил за финансирање на трошоците во енергетскиот и одбранбениот сектор, објави „Блумберг“.
Предлогот би можел да биде претставен по вонредниот самит на ЕУ, што во четврток почнува во Версај. Според планот, Европската комисија ќе издава обврзници и ќе ги канализира парите до земјите-членки преку поволни заеми за да ги финансира трошоците во наведените области - изјавиле официјални лица запознаени со подготовките, кои сакале да останат анонимни, бидејќи плановите сè уште не се објавени во јавноста.
Официјалните лица додаваат дека надлежните се уште ги разработуваат деталите за продажбата на обврзниците и висината на долгот.
Треба да најдеме нови алатки за да ги решиме новите прашања што ни ги поставува оваа криза - изјави синоќа еврокомесарот за економија Паоло Џентилони пред европратениците во Стразбур.
Тој додаде дека е на мислење оти лидерите на ЕУ на претстојниот самит во Версај ќе дадат политички насоки за натамошните чекори на Унијата. „Блумберг“ наведува дека портпаролот на ЕК одбива да ги коментира деталите, изјавувајќи само дека официјалните лица продолжуваат да ја следат ситуацијата и се подготвени да одговорат на променливите околности.

The post ЕУ планира огромно задолжување заради финансирање на одбраната и купување енергенси appeared first on Република.

]]>
Димитриеска Кочоска: Загрижувачки е што нема средства да се плати гасот, ситуацијата може да стане алармантна https://republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-zagrizuvachki-e-shto-nema-sredstva-da-se-plati-gasot-situacijata-moze-da-stane-alarmantna/ Mon, 10 Jan 2022 20:42:30 +0000 https://republika.mk/?p=442829

Загрижувачка е изјавата на претседателот на Регулаторна комисија за енергетика дека нема финансиски средства да се плати гасот, затоа што ако се нема пари што ќе добиеме, вели Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за Анализа на ТВ24, додавајќи дека тоа објаснува зошто граѓаните имаат послабо греење во домовите.

Димитриеска Кочоска потенцира дека затоа не е прашање дали БЕГ испорачува или не, туку прашањето е која е температурата на радијаторите во просториите дома, бидејќи ако ги слушнете граѓаните секаде има премногу поплаки.

Тоа е така затоа што ТЕ-ТО кој произведува електрична енергија за цел месец јануари има договорено производство за периодот од понеделник до петок, а за сабота и недела нема производство. ТЕ-ТО е приватна фирма, работи за профит, тоа значи дека кога произведува струја има остатоци на топлинска енергија која ја предава, на БЕГ, односно во ситуацијата тоа е од понеделник до петок, рече Димитриеска Кочоска.

Таа истакна дека прашањето е колку гас има затоа што очигледно не е доволен, и радијаторите кај граѓаните дома послабо грејат.

Финансиската состојба на БЕГ загрижува и ако не се во состојба да ги платат обврските тоа е аларматно и владата треба да разговара по ова прашање. Граѓаните ќе се доведат во тешка состојба дома, некои се грејат со клима плус и дополнително ќе го оптовари тој систем, но и финансиите, нагласи Димитриеска Кочоска.

The post Димитриеска Кочоска: Загрижувачки е што нема средства да се плати гасот, ситуацијата може да стане алармантна appeared first on Република.

]]>

Загрижувачка е изјавата на претседателот на Регулаторна комисија за енергетика дека нема финансиски средства да се плати гасот, затоа што ако се нема пари што ќе добиеме, вели Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за Анализа на ТВ24, додавајќи дека тоа објаснува зошто граѓаните имаат послабо греење во домовите. Димитриеска Кочоска потенцира дека затоа не е прашање дали БЕГ испорачува или не, туку прашањето е која е температурата на радијаторите во просториите дома, бидејќи ако ги слушнете граѓаните секаде има премногу поплаки.